Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
345 Број 402
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
КИФ
ОФИЦИЈАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ ЗА ПОКОНКУРЕНТЕН РЕГИОН
1
97 godini
192
2 - 2019
23.03.2018 05.07.2019
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
2
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Меѓународниот стандард за безбедност на храната – ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ
Безбедноста на храната добива се` поголемо значење и важност во сферата на прехранбената индустрија, не само поради законските обврски и казни за непочитување, туку и поради сериозни финансиски последици кои може да произлезат од намалената побарувачка или дури и целосен бојкот на производот на производителот, ако се утврди дека истиот го загрозува здравјето на потрошувачите. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) го говорат следното: ¤ се проценува дека болест предизвикана од небезбедна храна доведува до 128.000 хоспитализации и 3000 смртни случаи секоја година; ¤ болестите кои се пренесуваат преку храната се дефинирани како болести кои се обично или инфективни или од токсична природа; ¤ предизвикани се од страна на агенси кои влегуваат во организмот преку голтање на храната, се распространуваат и претставуваат растечки јавен здравствен проблем, како во развиените, така и во неразвиените земји во светот; ¤ небезбедна храна предизвикува бројни акутни и доживотни заболувања, од болести на дијареја до разни облици на канцери. Светската здравствена организација проценува дека болестите кои се пренесуваат преку храната и водата заедно убиваат околу 2,2 милиона луѓе годишно, од кои 1,9 милиони деца. -Имајѓи го предвид гореспоменатото, уште во септември 2005 година, Меѓународната организација за стандардизација (ISO) го објави стандардот ISO 22000:2005 - Систем за управување со безбедност на храната, но истиот го ревидираше во 2018 година - ISO 22000:2018, потенцирајќи ја примената на HLS (структура на високо ниво) во сопствената содржина, што пак овозможи лесна
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА интеграција со останатите меѓународни стандарди, кои сега даваат поголем акцент на контекстот на организацијата и нејзиното управување со ризици и можности, - истакна Емилија Тодоровска, коорднатор за квалитет во Стопанската комора на Македонија. -Тоа е првиот меѓународен стандард кој ја третира безбедноста на храната преку воведување систем за управување со истата и кој веќе во многу европски земји на големо го има заземено местото на HACCP-от во релевантната индустрија. Овој стандард се однесува на сите компании во синџирот на исхрана и ги дефинира барањата за безбедност на храната во системот за управување со истата, засновани врз принципите на HACCP-от и насочени кон обезбедување безбеден краен прехранбен производ, - посочи Тодоровска. Стандардот: • е меѓународно признат и се развива врз основа на глобалната побарувачка; • третира сеопфатна безбедност на храната преку систем за управување, кој ги надминува барањата на HACCP-от; • е базиран на принципите на Комисијата HACCP Codex Alimentarius и е погоден за сите компании кои се во синџирот на снабдување со храна. Тодоровска потенцираше дека ISO 22000:2018 е првиот стандард кој може да се користи од страна на сите учесници во синџирот на снабдување со храна, познат како „од нива до трпеза“ и ги вклучува и добавувачите на непрехранбени производи и услуги, како што се производители на опрема и пакување, како и даватели на логистички услуги. Целта на стандардот, новоревидираниот ISO 22000:2018 е да се усогласат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехранбената индустрија и индустриите поврзани со неа и официјално да се утврдат елементите кои влегуваат во состав на еден систем за управување со безбедноста на храната, а тоа се: фокусираност кон потрошувачите; демонстрирање лидерство; инволвирање на сите вработени; процесен пристап во работењето; подобрување; донесување одлуки врз база на факти; негување коректни односи со сите заинтересирани страни. Овој стандард е развиен на ист начин како и другите стандарди за системи на управување, а пред се` ја потенцира безбедноста на храната, но обезбедува и можност за демонстрирање ефективност, ефикасност и континуирано подобрување на компанијата во сопственото работење, фокусирајќи се на основните принципи на добро познатиот во терминологијата на стандардите, Демингов циклус „Plan-Do-Check-Act“. Компаниите имаат широк спектар на бенефиции од примената и одржувањето на стандардот ISO 22000:2018, а тоа се: - оптимизација на ресурси (интерно и низ целиот синџир на исхрана); - поефикасна и динамична безбедност на храната преку контрола на сите можни опасности
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
5
Коморски инвестициски форум (КИФ) (биолошки, физички, хемиски);
- дополнување на празнините помеѓу ISO - систематски и проактивен пристап кон 9001 стандардот и HACCP-системот; идентификацијата на опасностите по однос - создава рамка за третостепена на безбедноста на храната, како и развој и сертификација; имплементација на контроли; - претставува стандард лесно проверлив и - насочување на сите контролни мерки кон со јасни барања; анализа на опасностите; - одговара на регулаторите; - усвојување на моделот на размислување - претставува основа за хармонизација на базиран на ризици и можности за делување (risk националните стандарди. thinking model); - подобро планирање, помалку после Апликативноста на стандардите во бизнис процесни верификации; процесите (независно од која и да се дејност), - подобрена документација, интегрирана нивното одржување и секако подобрување со сите други меѓународни стандарди; на воспоставените системи, потврдени преку - систематско управување со сертификации и континуирани надзори, треба предподготвителните и оперативно да се приоритет на секоја компанија. Тие ја предподготвителните програми; зголемуваат довербата на корисниците, односно - насоченост на контролата кон она што е купувачите кон нивните производи и услуги и со тоа придонесуваат за поголема конкурентност и навистина неопходно; транспарентност на пазарот. - валидна основа за преземање одлуки; Во контекст на сето веќе кажано - зголемена одговорност на сите претставникот на Стопанската комора на инволвирани во работењето; Македонија потенцираше дека анализата на - динамична комуникација во однос на ISO организацијата за 2017 година ја рангираше прашања поврзани со храната со нашата земја во првите 10 земји со растечки број добавувачите, купувачите (консументите), на применливи и сертифицирани стандарди, регулаторните тела и други што до сега не беше случај. заинтересирани страни; На прес-конференцијата учество зедоа
- зголемена доверба кон организациите претставничките на „Витаминка“ од Прилеп кои го имаат имплементирано овој Олга Ристеска, магистер по биолошки науки стандард во смисла на нивна способност и Жаклина Георгиева, хемиски инженер, кои констатираа дека нивната компанија ја потврдува за идентификација и контрола на сопствената доследност во имплементацијата опасностите; - подобра референца и конкурентност во на стандардите и ставот дека тие се навистина алатка за континуирано подобрување во и за целиот синџир на исхрана; работењето, зголемена доверба и поголема - подобро разбирање и иден развој на конкурентност на пазарот. Кодексот за HACCP; - постоење системски проактивен пристап, а не само производен;
Емилија Тодоровска
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
Коморски инвестициски форум (КИФ)
КИФ – ОФИЦИЈАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ ЗА ПОКОНКУРЕНТЕН РЕГИОН Повеќе од 1.200 мали и средни претпријатија од шесте држави од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Северна Македонија и Црна Гора) во следните три години ќе можат да добијат конкретна поддршка од Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за унапредување на нивните производни и извозни капацитети, за зголемување на нивното присуство на регионалните и на светските пазари, како и за зголемување на нивната подготвеност да станат добавувачи на големите мултинационални корпорации, да добијат средства од европските фондови и да привлечат странски инвестиции. Партнерството на тригодишниот проект за подигнување на конкурентноста на стопанството од регионот, кој ќе го имплементира Коморскиот инвестициски форум, а за којшто Европската унија издвои 2,5 милиони евра, ќе биде официјализирано денес, во рамките на Бизнис Форумот на Самитот за Западен Балкан во Познањ, од страна на европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан и претседателот на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж. Потпишувањето на договорот е планирано за септември, почетокот на реализацијата на проектните активности во октомври, а првите услуги од заедничката регионална стопанска соработка, за стопанствениците ќе бидат достапни до крајот на годината. - Европската унија преку овој проект помага за зајакнување на капацитетите на Коморскиот инвестициски форум и на коморите основачи на КИФ за поддршка на стопанството, но главните корисници на овие средства, односно на услугите од овој проект ќе бидат самите стопанственици, - посочува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-претседател на КИФ. Во рамките на овој проект, околу 200 компании од регионот ќе можат да се поврзат и да договорат билатерална соработка на деловните средби организирани од КИФ, повеќе од 60 компании ќе добијат поддршка да влезат во меѓународните синџири за добавување, а исто толку компании заеднички ќе настапат на три големи меѓународни саеми. Планирани се и три големи инвестициски конференции за промоција на регионот и на успешните бизнис приказни од регионот пред странските инвеститори. Дополнително, околу 20 компании ќе можат да добијат техничка помош во подготовката на проектите при аплицирањето за средства од програмите и фондовите на ЕУ, како што се „Хоризонт 2020“, „КОСМЕ“ или „Креативна Европа“. Азески посочува дека на стопанствениците ќе им се стават на располагање „онлајн“ бази на податоци со квалитетни информации за одделни странски пазари, како и специјално креирани информации за нивните потреби, а ќе се организираат и инфо-денови, семинари
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
7
Коморски инвестициски форум (КИФ)
и работилници на кои стопанствениците ќе се едуцираат за придобивките кои ги носи регионалната економска област и ќе добијат совети како да ја зајакнат меѓусебната регионална соработка и да го интернационализираат своето работење. Посебно внимание ќе биде посветено на унапредувањето на комуникацијата помеѓу јавниот и приватниот сектор во регионот, но и со Европската унија, во насока на унапредување на процесот на воспоставување на регионалната економска област. Планирано е одржување на три бизнис платформи помеѓу бизнисот од регионот и носителите на одлуки во ЕУ, со учество на повеќе од 300 стопанственици од регионот. Ќе бидат подготвени и 9 студии и анализи, со кои ќе се идентификуваат препреките за деловна соработка во регионот, со препораки до надлежните органи за нивно отстранување. -Конкретната поддршка за компаниите, посочува Азески, ќе донесе и конкретни придобивки и за економиите на државите од Западен Балкан во целина. - Целта ни е во текот на проектот, компаниите од регионот меѓусебно, но и со компании од трети пазари, да потпишат договори вредни околу 50 милиони евра . Истовремено, анализите укажуваат дека овој проект ќе придонесе до 2022 година БДП по глава на жител во регионот да порасн е од сегашното ниво од една третина на просекот на ЕУ, до 40% од просекот во Унијата. Увозот и извозот на стоки и услуги да пораснат на 57%, односно на 70% од регионалниот БДП, а меѓусебната размена во рамките на регионот да порасне од постојните 4,5 милијарди на 6,6 милијарди евра, - посочува Азески. Коморите основачи на КИФ, помеѓу кои е и Стопанската комора на Македонија, на Самитот на Западен Балкан ќе го претстават стопанството од регионот на заеднички штанд на КИФ. По потпишувањето на писмото за намери за реализација на проектот за поконкурентен регион и обраќањата на Јоханес Хан и Марко Чадеж, ќе се одржи панелот:„Регионална економска област - што очекува бизнисот?“, на којшто претставниците од коморите и ЦЕФТА -Секретаријатот ќе говорат за досегашниот напредок, препораките на бизнисот и заедничките активности за отстранување на препреките за прекугранична размена во регионот на Западен Балкан.
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ОД КОМОРАТА
СУБВЕНЦИИ ЗА МЕЛНИЧАРИТЕ И ПОВИСОКА ЦЕНА ЗА ЧУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ПЧЕНИЦА Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија ја разгледа актуелната состојба пред почеток на овогодишна жетва на пченица, како и барањето на Групацијата за зголемување на цената за чување пченица во Агенцијата за стоковни резерви. Групацијата го покрена прашањето за цената на фитоанализата при транзит низ Србија, кое таа го наплаќа по многу повисока цена отколку што е истата кај нас (95 евра наспроти 45 евра). Компаниите бараат АХВ да воведе реципроцитет, односно да ја изедначи цената со српската. Во земјата моментално работат 24 мелници, од кои десетина се во подобра ситуација, додека останатите се на граница на рентабилност. Жетвата е веќе започната. Квалитетот на домашната пченица до скоро беше добар, но со последните дождови се очекува да биде намален. Слична е ситуацијата и во соседството, што ќе резултира со проблем во набавката на пченица и повисоки цени. Актуелната цена на пченицата се движи околу 150 евра/тон на берза, односно 135-140 евра од земјоделец. Домашното земјоделие од година во година е во се` полоша состојба. Потребно е земјоделците да се стимулираат, за да бидат задоволни. Понуда на пченица нема, потребно е долгорочно решение, особено за поголемите компании, како и окрупнување на производството. Заменикот на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, им вети на мелничарите 1 ден/кг за откуп на домашна пченица минатата година, но истата се` уште не е исплатена. Мелничарството е под Министерството за економија и за пченицата не се предвидени субвенции кои ги дава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Само оваа индустрија не се субвенционира, а мелничарите веќе подолго време бараат да бидат под ресорното Министерство, како и производителите на пченица. Во 2017 година се покрена проект за давање семе на производителите од страна на мелничарите, но проблем беше цената и тоа не се реализира. Потребно е да се вклучи и науката. Пред дваесетина година домашната пченица беше добра, а во периодот кој следуваше производството на пченица опадна, и со
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
9
ОД КОМОРАТА квалитет и со произведени количини. Од друга страна, при увоз на брашно не се почитува Правилникот, односно истото се транспортира директно до трговците наместо во магацин до добивање на анализата. Минатата година беше ветена повисока цена од страна на Агенцијата за стоковни резерви за чување на домашна пченица. На состанокот минатата година во МЗШВ, на којшто присуствуваше и сегашниот министер Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за стоковни резерви се заложи за зголемување на цената за складирање на пченицата во приватни складови, во висина со истата онаа што Агенцијата за стоковни резерви ја плаќа на ЈП „Агроберза“ - Прилеп (40 ден/нето тон наспроти 20 ден/нето тон која се плаќа на домашните компании). Компаниите бараат да се исполни ветеното и да се зголеми цената која не е променета долги години наназад, со цел да се избегнат сегашните загуби. Цената на електричната енергија последните 20 години е зголемена за 300%. На седницата, што се реализираше во Стопанската комора на Македонија, присуствуваше и претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Домашните мелничари се согласија да се побара и од МЗШВ и од Владата на СРМ субвенционирање во висина од 2 ден/кг откупена меркантилна пченица за преработка согласно Правилникот за квалитет, а мелничко-пекарската индустрија да влезе во надлежност на МЗШВ, како и производството на пченица. Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ПРОЕКТИ
ПОДДРШКА НА СТАРТАПИ ПРЕКУ „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“
Со можност за подобро и навремено имплементирање на законите во Република Северна Македонија се одржа информативна сесија на тема: „Законските прописи како можност и предизвик на формирање стартап компании“, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, преку Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Што е потребно за поддршка на стартап еко-системот, кои иницијативи и програми треба да се воведат и какви интервенции треба да се преземат во законите - се дел од прашањата кои беа поставувани на оваа информативна сесија и по која говорниците се произнесоа.
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
11
ПРОЕКТИ - Беше предизвик да го отвориме Технолошкиот парк на Универзитетот на Југоисточна Европа, а сега веќе имаме Центар за развој на бизниси, истакна професор Азир Алиу и посочи дека целта е да создаваме стартапи како и да им помогнеме на постојните компании да растат и да создадеме синергија. Долгорочно посакуваме да дојдеме и до спиноф компании, - нагласи Алиу. - Постојниот Закон за трговски друштва има одредени пречки за стартап компаниите кои имаат иновативна компонента која може многу брзо да се развие. Ова особено важи во делот на влез и излез на основачи и инвеститори, бидејќи многу брзо се одвиваат и се менуваат работите за разлика од традиционалните компании, - истакна Дејан Алексов, претседател на „Стартап Македонија“ (Startup Macedonia). - Младите ИКТ-кадри од старт додека се студенти имаат високи почетни плати и тешко е да се мотивираат да започнат бизнис или да развијат стартап, па затоа мора да најдеме начини да ги стимулираме и таков однос да негуваме од самиот почеток за да може да го прифатат ризикот, - посочи професор Игор Неделковски, декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола. На информативната сесија присуствуваа околу 30-тина учесници, претставници на компании од повеќе сектори. Од учесниците беше побарано активно да учествуваат во дискусијата, по што голем дел од учесниците поставуваа прашања, се произнесоа за своите мислења и проблеми и отворено дискутираа за темата. Информативниот настан беше во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) во соработка со Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. м-р Ирена Мојсовска
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ЗДРУЖЕНИЕТО „ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА“ НА САМИТОТ ВО ПОЗНАЊ
Во рамки на Самитот на Западен Балкан, којшто се одржува денес, на националниот штанд на Република Северна Македонија, Здружението „Вина од Македонија“ („Wines of Macedonia“) се претстави како успешен пример на асоцијација од регионот на Западен Балкан и ги претстави еден од најпознатите и најуспешните домашни производи - македонското вино. На националниот штанд минувачите имаа можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарници, како и да се запознаат со начинот на производство на истите. Извршниот директор на Здружението, Елена Младеновска-Јеленковиќ, истакна дека учеството на овие настани ни овозможува подобро да се промовираме како земја, но и подобро да се запознаеме со најновите трендови и навики на потрошувачите од Европската унија. - Преку ваков вид на промоција и во контакт со чинителите на политиките, имаме можност да ги истакнеме потенцијалите на македонската винска индустрија, но и приоритетите во однос на унапредувањето на конкурентноста, заштитата на географското потекло и регистрацијата на географските ознаки за вино во Македонија, - додаде Јеленковиќ. Промоцијата на македонските вина, како и секогаш, па така и денес, предизвика голем интерес кај претставниците од 16-те земји учеснички на овогодишниот Самит. м-р Сања Николова
T
O
15
БИЗНИС ИНФО
IS
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
13
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЕУ м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Покрај силните политички пораки коишто беа испратени во изминатите два дена од Самитот на Западен Балкан во Познањ, коморите - основачи на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), меѓу кои е и Стопанската комора на Македонија, на вчерашната панел-дискусија на тема: „Регионална економска област - што очекува бизнисот?“, успешно го претставија стопанството од регионот и препораките за креирање на поконкурентен регион. Токму во насока на подигање на конкурентноста на стопанството од регионот, претседателот на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж, со претставниците од Европската комисија, официјално го претставија и го најавија започнувањето на ЕУ-Проектот за поконкурентен регион.
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
15
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
Целта на Проектот е Европската унија да помогне во зајакнувањето на капацитетите на коморите - основачи на Коморскиот инвестициски форум, со тоа што ќе можат на компаниите да им понудат подобрени услуги и полесен пристап до пазарите на Европската унија. Во рамките на овој проект, околу 200 компании од регионот ќе можат да се поврзат и да склучат договори за билатерална соработка на деловните средби организирани од КИФ, повеќе од 60 компании ќе добијат поддршка да влезат во меѓународните синџири за добавување, а исто толку компании заеднички ќе настапат на три големи меѓународни саеми. Планирани се и три големи инвестициски конференции за промоција на регионот и на успешните бизнис приказни од регионот пред странските инвеститори. Дополнително, околу 20 компании ќе можат да добијат техничка помош во подготовката на проектите при аплицирањето за средства од програмите и фондовите на ЕУ, како што се „Хоризонт 2020“, „КОСМЕ“ или „Креативна Европа“. Стопанствениците на располагање ќе имаат „онлајн“ бази на податоци со квалитетни информации за одделни странски пазари, како и специјално креирани информации за нивните потреби, а ќе се организираат и инфо-денови, семинари и работилници на коишто стопанствениците ќе се едуцираат за придобивките кои ги носи регионалната економска област и ќе добијат совети како да ја зајакнат меѓусебната регионална соработка и да го интернационализираат своето работење. Проектот којшто е во времетраење од три години, ќе биде потпишан во септември, со тоа што почетокот на реализацијата на проектните активности е планиран за октомври, а за компаниите коморските услуги ќе бидат достапни до крајот на годината.
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ДАНОЦИ И ЦАРИНИ
МОЈОТ ДАНОК Е НАШ ДАНОК Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија
Започна да се применува Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Согласно овој закон може да се оствари право на враќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) искажан во поединечна фискална сметка во висина од 15% од наплатениот данок. Правото на враќање на данокот се остварува за секое календарско тримесечје, а највисока основица за пресметување на данокот за враќање е искажаниот ДДВ во фискалните сметки во висина од 12.000,00 денари, што значи дека максималниот износ кој може да го врати едно физичко лице во едно тримесечје е 1.800,00 денари. Правото на враќање на данокот не може да се оствари за фискалните сметки чиј вкупен промет надминува 30.000 денари, за фискалните сметки кои се веќе пријавени или кои се сторнирани, ниту за фискалните сметки кои се издадени за извршен континуиран промет за испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго. Јавноста во нашата држава, вклучително и бизнис секторот треба да има одговори на следните суштински прашања: „Која е целта на носењето на овој Закон?“ и „Кои ќе бидат ефектите од неговата примена?“. Во писменото Образложение на Законот кое беше доставено до Собранието на нашата држава стои дека: „намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон“ и понатаму стои дека „физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што истите самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки“. Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници“. Значи, официјално според овластениот предлагач целта е да се намали даночната евазија. Дополнително, пред јавноста како приоритетно се истакнува дека цел е да се врати данокот кај граѓаните, па оттаму и називот на Проектот „Мој данок“. Првата цел - намалувањето на даночната евазија е неспорно исправна, а за втората цел - да се врати данокот кај граѓаните, може да се дебатира и да постојат различни убедувања, но едната и другата цел се легитимни. Прашањето е дали целите ќе се постигнат со конкретната мерка?!
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
17
ДАНОЦИ И ЦАРИНИ Решеноста за спречување на затајувањето на данокот е исклучително важно и придонесува за добар амбиент за работа на фирмите и граѓаните, но во однос на намалувањето на даночната евазија со мерката популарно наречена „Мој данок“ постојат неколку сегменти кои истата не ги решава. Даночна евазија постои и во претходни фази на производство и промет, а мерката е насочена само кон последната фаза на промет. Оттаму, хипотетички, ако мерката придонесе за зголемена фискализација, резултатот ќе е зголемување на регистрирањето на прометот во малопродажба, додека во претходните фази мерката нема значително да влијае. Граѓаните доколку се доволно мотивирани може да ја прифатат улогата на „инспектори“, но сепак за постигнување на суштински резултати борбата за намалување на даночната евазија првенствено треба да ја водат инспекторите од надлежните органи кои имаат компетенции и реални механизми за справување со истата. Понатаму, а во контекст на намалување на даночната евазија, Законот не предвидува како ќе постапи надлежниот орган во случај ако лице кое, на пример, заработува и пријавува приход од 20.000,00 денари месечно, извршило поврат на средства од ДДВ за потрошени 30.000,00 денари месечно и дали ова ќе е индикатор за надлежните органи за преземање дополнителни активности за проверка на потекло на средствата во насока дали тие се претходно оданочени. Последново е суштинско за намалување на даночната евазија. Важно е и прашањето колку чини системот преку кој се спроведува Проектот „Мој данок“, бидејќи „Мој данок“ е наш данок и за да се цени неговата успешност неопходно е да се знае колкави се трошоците за неговото спроведување наспроти ефектите кои се очекуваат. Да се надеваме дека овој проект ќе ги даде очекуваните резултати, бидејќи за бизнис секторот, односно за деловните субјекти кои плаќаат даноци и го полнат државниот Буџет намалувањето на даночната евазија и преку неа справувањето со нелојалната конкуренција се од најголема важност. Времето ќе покаже...
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ОБРАЗОВАНИЕ
ИМА ЛИ ИЗЛЕЗ? Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија
Јули е месец на високи температури, одмори, но и месец кога стивнува еуфоријата за учење и училиште. Завршија уписите во средните училишта, завршија притисоците за намалување на критериумите за упис во гимназиите и во медицинските и економските стручни училишта. За останатите стручни училишта - ако не бидеме примени во првите три. И се` така со години. Но што правиме ние тоа да го смениме? Претходниот текст беше посветен на забелешките што ги нотирала Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата земја во областа на образованието, кој се движи од ограничен до умерен напредок. Тоа значи квалитетни реформи, релевантни квалификации на барање на реалниот сектор, процедури, квалитет, доверба, но и конкурентност, продуктивност и просперитет. Затоа треба да се фокусираме на тоа што постојано ни го забележува ЕК во сите извештаи: ,,Подобрување на вработливоста на работниците преку усогласување на образованието со потребите од побарувачката на работна сила и подобрување на основните и трансверзални вештини на учениците од сите нивоа на образование.“ Образовниот систем во нашата земја е многу бавен во решавањето на неусогласеноста на вештините со потребите на бизнис заедницата. Нивото на образование и вештини што ги поседува работната сила не се соодветни на потребите на економијата како резултат на несоодветните образовни програми, ниските стапки на иновации и вложувања во инвестициите. Недостатоц ите кои се јавуваат во стручното и високото образование ги попречуваат учениците да се стекнат со потребните вештини и компетенции за работните процеси , посебно во индустријата и тех нолошки интензивни те сектори. Иако се прават напори да се модернизираат програмите и да се направат пазарно ориентирани, јазот помеѓу вештините што ги поседуваат завршените ученици и дипломираните студенти и потребите на компаниите се` уште e голем и го ограничува потенцијалниот раст. Странските компании, кои се активни во производството, честопати се соочуваат со тешкотии во наоѓањето на потребните вештини во работната
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
19
ОБРАЗОВАНИЕ сила. Сето ова го ограничува излезниот потенцијал и ја назадува домашната економија. Затоа, во најскоро време мора: да се идентификуваат мисијата и визијата на образованието, кои се целите за 5 години, вклучително и политиките за економски раст на земјата и да се дефинираат улогите на сите партнери; да се направи промена на пристапот на учење од традиционалното учење базирано на факти кон учење за стекнување на општи, трансверзални и практични вештини, на што веќе работи Стопанската комора на Македонија преку поддршката за дуалното образование и реализацијата на практичната обука на ученикот во компанија; пошироко вклучување на бизнис-секторот во профилирањето и спроведувањето на образовните програми на што постојано укажува Комората , како најстара бизнис асоцијација, која преку своите членки директно е вклучува во дизајнирањето на образовните програми и профилирањето на работните задачи во стандардите на занимања и резултатите од учење во стандардите на квалификации; зголемување на јавните трошоци за образование - околу 6% од БДП во просек во текот на последните 5 години и зголемување на платите на наставниците; подигнување на нивото на квалитетот на реализацијата на практичната обука на учениците во компаниите за стекнување на практичните вештини и компетенции на учениците и примена на нивното теоретско знаење. Стопанската комора на Македонија директно е вклучена во подигање на квалитетот на практичната настава преку проверката на компанијата дали ги исполнува условите за реализација на практичната обука на учениците во компаниите. Исто така, преку Анализата на Програмата за обука на ментори, Комората поттикна модернизација на Програмата согласно релевантните потреби. Но целта не е само Комората да биде вклучена во овој процес. Тоа треба да биде синергија помеѓу училиштето, ученикот, компаниите и коморите. Истовремено, многу е важно, на почетокот да се фокусираме на занимањата кои најмногу ќе придонесат за индустрискиот раст на земјата и оној дел на стопанството кој најмногу извезува и придонесува во економскиот раст на државата. Доколку сериозно се зафатиме со решавање на забелешките на кои ни укажува ЕК, ќе го намалиме недостатокот на квалификувани работници, бидејќи недостатокот на квалификувани работници дополнително ја отежнува соработката помеѓу странските и домашните компании и ја попречува структурната трансформација на економијата.
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ? М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања
Оптимистите велат, во октомври или до крајот на годината ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Оптимизмот го темелат на ставот дека земјава со потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција ја направи најголемата можна отстапка. Следствено, според оптимистите, земјата го заврши својот дел од работата, ја покажа на дело својата проевропска ориентација и заслужува да биде наградена со добивање датум за почеток на преговорите. Песимистите, од друга страна, сметаат дека земјава датум нема да добие, ниту во октомври, ниту до крајот на годинава. Дел од нив причината за тоа ја гледаат во несреќниот сплет на околности, каде што домашните проблеми на најмоќните земји-членки на Унијата ги одредуваат и приоритетите на ЕУ („продлабочување пред проширување“), што придонесува како последица темата за проширување суштински да не е на агендата на Унијата. Макрон вели дека „се спротивставува на какво било проширување пред да се направи длабока реформа на институционалното функционирање на Унијата“, а Меркел ублажува со ставот дека „Германија цврсто стои зад европската перспектива на Западниот Балкан и ги поддржува земјите од регионот во нивните реформски напори“. Има и песимисти кои причините ги бараат на домашен план. Тие мислат дека потпишувањето на Преспанскиот договор само по себе не е доволно, потребно е да се направат и некои важни домашни реформи. Кога работите ќе се сумираат, се наметнува заклучокот дека датум за почеток на преговорите со ЕУ можеби ќе добиеме наскоро, а можеби и не, но едно е сигурно, ќе поминат години, веројатно и деценија (две?) пред да станеме членка на Унијата. Во такви околности се поставува логичното прашање: што сега? Да чекаме беспомошно, секоја земја во својата чекална или нешто да правиме? Се разбира, неизбежно треба да си ја сработиме домашната задача и сé она што зависи од нас самите. Но, можностите за просперитет не завршуваат тука. За почеток, треба да погледнеме и пошироко, кон регионот на кој припаѓаме. Не сме сами во нашата приказна. Заедно со нас, на
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
21
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР помалку или повеќе сличен начин, се и останатите земји од регионот на Западен Балкан - Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово. Некои земји со започнати, но не и многу далеку напреднати преговори, некои чекаат датум за почеток на преговори, а некои се уште поназад. Но, тука не мислам на сличноста само во поглед на оддалеченоста од влезот во ЕУ, туку на нашите економски приказни, сиромаштијата, одливот на луѓе од регионот, опустошените рурални средини, губењето на надежта... Чекалната за Западен Балкан не е нов изум. Таа на одреден начин беше предвидена уште пред неколку години. Од Кабинетот на канцеларката Меркел излезе дипломатската иницијатива наречена „Берлински процес“. По Самитот во Берлин во 2014 година, следеа годишни самити во Виена, во Париз, во Трст, во Лондон. Основната цел е да се создаде регионална економска област Западен Балкан. Индивидуалните патеки на приближување кон ЕУ преку евроинтеграциските процеси нема да бидат прекинати, ќе бидат временски пролонгирани, но идејата е целиот регион да се подигне на економски план. За оваа цел се предвидени и финансиски средства од разни извори. Деновиве во Познањ се одржува и најновиот Самит во рамките на „Берлинскиот процес“. Тоа е голем настан, ќе има Форум на тинк-тенк организации, Форум за граѓанско општество, Бизнис форум, министерски средби и Самит на лидерите. Една широка агенда што треба да укаже на потребата од сеопфатен пристап кон барањето решенија за проблемите кои го мачат целиот регион. Во економскиот дел, конкретно во Познањ, фокусот е ставен на обновливата енергија, развојот на дигиталната инфраструктура, прехранбениот сектор и употребата на технологијата во тој сектор. Но, не помалку важни се и инфраструктурните прашања во рамките на Агендата за поврзување, каде што фокусот е на обновата на пристаништа и на железнички пруги, изградба на интерконектори за земен гас, итн. Во процесот што следува, важна улога, како крвоток на соработката, ќе имаат стопанските комори. Уште во 2015 година, во рамките на „Берлинскиот процес“ формиран е Коморскиот инвестициски форум (КИФ) што ги опфаќа стопанските комори од шесте земји од регионот, а од нашава земја учесник е Стопанската комора на Македонија. На крајот, кога се сумира, работите во основа се многу едноставни. Има две патеки. Едната патека е секоја земја да си чека во својата чекална на претстојниот долгогодишен пат до влезот во ЕУ. Или, втората патека е патеката на интензивирана регионална економска соработка. Да бидеме умни и прагматични, сите во регионот, со цел да видиме како можеме повеќе да соработуваме и преку соработката да си ги олесниме и подобриме животите, поединечно како земји, но и групно како регион. Да се поврземе инфраструктурно, да ги поедноставиме процедурите, на пример, на царинска контрола. Да го промовираме регионот како инвестициска целина за странските инвеститори. Еве, драстичното поевтинување на роамингот во нашиот регион е убав пример за регионална соработка.
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања
Прашањето за консултирањето на бизнис-заедницата за правната регулатива е суштинско прашање кое треба да го има предвид секој овластен предлагач на оние закони и други прописи кои може да имаат некакви импликации врз работењето на деловните субјекти. Тоа е и една од најчестите и најлегитимните заложби на Стопанската комора на Македонија, како бизнис-асоцијација, која ги претставува и ги застапува интересите на своите компании-членки. Во таа насока, често знаеме да ги потсетиме надлежните институции на ставот на познатиот британски премиер Харолд Вилсон, во седумдесеттите години на минатиот век, кој вели: „Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите, отколку како опонент во нивната примена“. Тоа укажува на фактот дека прашањето за бизнис-заедницата како конструктивен учесник во процесот на консултации при донесувањето на прописите не е нешто ново и непознато, туку напротив, тоа е прашање кое треба да биде третирано најсериозно, доколку предлагачите на прописите имаат намера да создадат недвосмислена, јасна и применлива регулатива, која ќе биде и предуслов за поттикнување на економскиот раст во здрави и стабилни правно уредени услови на стопанисување. Наспроти примерите на своевидно „заобиколување“ на консултациите со бизнисот, како што се донесувањето закони по итна постапка, кратките рокови за доставување мислења по одредени прописи и слично, вреди да се споменат и позитивните искуства од консултативните процеси, како доказ дека сепак постои јасно изразена волја на носителите на државната власт да се создаде предвидливо бизнисопкружување и поголем степен на правна сигурност во државата, преку почитувањето на сите претходно споменати консултативни процеси при создавањето на регулативата. На пример, по барање на Комората, беше вклучен претставник во работната група која ги подготвува измените на Законот за прекршоци. Со овој закон во голем дел се усвоени барањата на бизнис-заедницата, односно се воведува разграничување на административен престап и судски прекршок, се пропишува забрана за изрекување кривична санкција и прекршок за исто дејствие, се доуредуваат опомените, се уредува можноста за ослободување од санкција кога прекршителот сам го увидел прекршокот и ги отстранил последиците, се ревидира моделот на одмерување на глобите, во насока на нивно намалување, се укинува мандатниот платен налог. Токму ова е едно позитивно искуство, кое покажува колку конструктивни предлози може да произлезат од консултативните процеси, а притоа тие да бидат од интерес не само за бизнисзаедницата како имплементатор на таквите одредби, туку и за доносителите на прописите и надлежните
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
23
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР органи и тела кои вршат надзор над нивното спроведување. Ова особено треба да се има предвид поради фактот што доколку одреден пропис е неприменлив, тој ќе создаде проблеми во практиката, не само за оној кој е должен да го спроведува прописот, туку и за оној кој го утврдил, донел или врши контрола над неговото спроведување. Позитивни примери, кои се резултат на активната улога на бизнис-секторот при донесување или менување на регулативата, се и донесените измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка од декември 2018 година, со кој се создаде законска основа салдото на трансферираните парични средства кои по својата економска суштина се заеми, да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година; прифаќањето на Иницијатива за изменување на одредбите од Законот за трговија со кои се укина временското ограничување за продажба на алкохолни пијалаци, како и измените на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремените работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат. Исто така, едно позитивно искуство од процесот на консултации со Комората, како засегната страна, е и прифаќањето на голем дел од предлозите на бизнис-заедницата во Законот за јавните набавки, што се однесуваат на укинување на критериумот најниска цена како единствено одлучувачки при изборот на најповолна понуда, воведените одредби во насока на поголема транспарентност во постапките, како што се задолжителното објавување на склучените договори, нивните измени и извештаите за реализирани договори; одредбите во функција на спречување на корупцијата и зголемување на конкуренцијата, како што се воведената обврска за договорните органи за задолжително објавување на годишните планови за јавни набавки, како и нивните измени за тековната година, воведената обврска за договорните органи за задолжителна контрола врз спроведувањето на договорите за јавни набавки, воведената управна контрола на спроведување на постапките за јавни набавки и слично. Постојат и многу примери на неприфатени забелешки на бизнис-заедницата по одредени закони или други прописи, иако претставници од бизнисот биле вклучени во подготовката на конкретниот правен акт , но самиот факт што не била изоставена или прескокната фазата на консултација, не ни дава за право да сметаме дека таквите случаи треба да бидат обележани како негативно искуство. Такви се примерите на Законот за трговски друштва, Законот за извршување и Законот за нотаријат , кај кои претставници од Стопанската комора на Македонија беа вклучени во работните групи за подготовка на измените и дополнувањата на истите, но определени барања на бизнис-заедницата сепак не беа прифатени, и покрај дадените предлози со детални образложенија. Тоа укажува на фактот дека процесот на консултации во постапката на донесување или менување на регулативата не мора секогаш да заврши со успех за сите засегнати страни, но секако дека значи поголем степен на одговорност и подготвеност на носителите на државната власт да ги образложат причините за неприфаќањето на одреден предлог. Во спротивно, предлагачите на законот се соочуваат со ризикот да бидат оценети како неподготвени, нестручни, неиздржани или површни во своите ставови по одредена регулатива. Свесни дека сите барања на бизнисот не може да бидат прифатени во целост, но и упорни во барањата, Комората како една од најрепрезентативните бизнис-асоцијации во земјава, и понатаму треба да продолжи да ја остварува својата основна цел, а тоа е ефикасно претставување и застапување на интересите на бизнисзаедницата пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдувањето на макроекономската и развојната политика на државата.
24
БИЗНИС ИНФО
ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
25
НОВИ ПРОПИСИ 02.07.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА Според Известувањето на Министерство за информатичко општество и администрација, досегашната примена на Законот за општа управна постапка покажува дека не е воспоставен систем на воедначена управна пракса на ниво на јавн ... 28.06.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ („Службен весник на РСМ“ бр. 124 од 18 јуни 2019) Со измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции се врши прецизирање на одредбите за тоа кој субјект не може да стане корисник на финансиска поддршка, односно се прецизира дека корисници не мож ... 28.06.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА („Службен весник на РСМ“ бр. 124 од 18 јуни 2019) Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина се врши понатамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ, во делот на презицирање н ... 28.06.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ („Службен весник на РСМ“ бр. 124 од 18 јуни 2019) Со овој закон се врши допрецизирање и дополнување на ослободувањата без право на одбивка на претходен данок во делот на образовните услуги притоа вклучувајќи ги и услугите кои се вршат кон високо образовните установи со ... 28.06.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТЕХНИЧКИТЕ И ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ („Службен весник на РСМ“ бр. 128 од 24 јуни 2019) Во Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на РМ“ број 161/2015), се допрецизира дека основното ниво на техничките и организ ... 28.06.2019 „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ бр. 129/2019, I. Врз основа на член 4 став 1 од Одлуката за начинот и постапката при
распределба на стоки во рамките на тарифни квоти („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/07, 168/08, 26/10, 6/11, 122/11, 5/12, 53/12, 53/13 и 31/15), Министерството за економија ги објави листите на стоки за второ полугодие од 2019 година, за кои ќе се користи принципот на распределба „прв дојден, прв корисник” (first come, first served) и тоа: I. Врз основа на член 4 став 1 од Одлуката за начинот и постапката при распределба на стоки во рамките на тарифни квоти („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/07, 168/08, 26/10, 6/11, 122/11, 5/12, 53/12, 53/1 ... 02.07.2019 Донесен подзаконски акт на Законот за данокот на личен доход, „Службен весник на РСМ“ бр. 132 од 28 јуни 2019 година Врз основа на член 85 став (8), член 88 став (5) и член 89 став (2) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18), министерот за финансии, донесеПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСME ... 02.07.2019 Донесен подзаконски акт на Законот за електронските комуникации, „Службен весник на РСМ“ бр. 132 од 28 јуни 2019 година Врз основа на член 24 став (1) алинеја 5 и член 75-a од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018, 21/2018 и Службен весник на Репуб ... 05.07.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНО-МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ ВО ОДДЕЛНИ КАТЕГОРИИ И НАЧИНОТ НА ПРЕПИШУВАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНО-МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.135 ОД 2 ЈУЛИ 2019 ГОДИНА) Во Правилникот за начинот на распоредување на ветеринарно-медицински препарати во одделни категории и начинот на препишување и издавање на ветеринарномедицински препарати (Службен весник на РМ бр.70/12) во член 3, став ... 05.07.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОТВРДАТА ЗА СТЕКНАТИ ЗНАЕЊА, ВЕШТИНИ И КОМПЕТЕНЦИИ НА ПРАКТИКАНТОТ, ОПИСОТ НА ПРАКТИКАНТСКАТА РАБОТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ПРАКТИКАНТСКАТА РАБОТА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.136 ОД 3 ЈУЛИ 2019 ГОДИНА) Во Правилникот за формата и содржината на потврдата за стекнати знаења, вештини и компетенции на практикантот, описот на практикантската работа и времетраењето на практикантската работа (Службен весник на РСМ бр.127/19) ...
26
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
СТОПАНСКА КОМО
Osnovan
ECONOMIC CHAM
Founded
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОРА НА МАКЕДОНИЈА
na 1922
FS 549642
MBER OF MACEDONIA
d 1922
27
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1 октомври 2019 година Стопанска комора на Австрија, Виена https://food2019. b2match.io
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD 2019“
Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, и оваа година организираат деловни средби меѓу австриски фирми-производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 14-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. Настанот ќе се одржи на 1.10.2019 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Исто така Ве информираме дека дололку сакате да учествувате на овој настан како и на B2B средбите, задолжително треба да се регистрирате на следниот линк: https://food2019. b2match.io, каде можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот. Рокот на пријавување е до 31.08.2019 година. Контакт лице: Ирена Мојсовска Стопанска комора на Македонија Телефон: ++ 389 2 3244 009 E-адреса: irena@mchamber.mk http://www.mchamber.mk
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
29
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.7.2019 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ПРАКТИКАНТОТ И РАБОТОДАВАЧОТ И АНАЛИЗА И ПРЕГЛЕД НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ОД АСПЕКТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ И КОРИСТЕЊЕТО ОДМОРИ
Стопанската комора на Македонија, на 11 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „Новиот закон за практикантство низ призмата на правата и обврските на практикантот и работодавачот и анализа и преглед на законот за работните односи од аспект на работното време и користењето одмори“. Примарна цел на семинарот е да се запознаат посетителите со сите актуелни одредби кои ги предвидува новиот Закон за практикантство („Службен весник на РСМ“ бр.98/19), а особено како точно е регулирана практикантската работа, колку таа може да трае и како се врши нејзина евиденција, како и каков надоместок треба да се предвиди за практикантите. Особено внимание ќе се посвети на важноста од составување добар договор во насока на максимална заштита на засегнатите страни. Ќе се направи осврт и на прекршочните одредби од законот поради подобро разбирање на обврските на работодавачите. Дополнително, ќе се анализира и Законот за работни односи од аспект на неговите одредби за работното време, во кои ситуации може да дојде до прекувремена работа и до дополнително работење. Уште повеќе, ќе се понуди преглед на правилата за користење годишен одмор. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата и воедно, ќе се направи обид за практично расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12.7.2018 година (петок) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО
Стопанската комора на Македонија, на 12 јули 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Пресметка на плата, надоместоци на плата и трошоци поврзани со работењето, порамнување и задржување на исплаќање на плата и боледување, паузи и одмори како основи за отсуство од работа“ во насока на стекнување практични знаења за правилното применување на легислативата која ги уредува некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од плаќањето на работата како еден од фундаментите на работните односи. Особено ќе се анализира: кои се најновите параметри за пресметка на плата, што се надоместоци и трошоци поврзани со работењето, како се постапува во ситуации на постоење услови за порамнување и задржување на исплаќање на плата, кои се спецификите на отсуствата од работа по основ на боледување и користење годишен одмор, како и која е правилната имплементација на законските одредби за користење паузи и одмори. На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
БИЗНИС ИНФО
31
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.7.2019 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА
Стопанската комора на Македонија, на 12 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА. SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА е една од LEAN методите која драстично го намалува времето кое е потребно да се заврши промена на алатот како дел од машината. Во пракса под терминот „замена на алатот“ не се подразбира само замена на алатот како дел од машината, туку севкупното време кое ќе се потроши од моментот на завршување на производот А на една машина и отпочнувањето на производство на друг производ Б на истата машина. Ова време кое ќе се се потроши терминолошки се нарекува Changeover-Време на промена, во кое спаѓаат и сите подесувања на машината за производство на производот Б. Суштината од примената на SMED методологијата е да го намалиме драстично времето за промена на алатот како дел од машината. Во пракса се покажало дека ако процесот за замена на алатот од машината не е детално анализиран, постои можност за замена на истиот да се смали времето на замена и до 80%. Постојат екстремни примери каде замената на алатот на големи преси која траела еден ден (и за тоа време пресата била нефункционална), се смалило на 30 минити. Секој чекор за замена на алатот детално се анализира како би се видело дали може да биде елиминиран, временски преместен и да се работи на истиот додека и машината работи), воедно да биде поедноставен и автоматизиран. Творец на SMED-методологијата е Шингео Шинго, кој воедно е творец на TPS- Toyota Production System кој успеал со првата примена на SMED-методологија, замената на алат како дел од пресата во Тојота да го смали од 4 часа на 3 минути.
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
32
БИЗНИС ИНФО
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019
Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
T
O
15
БИЗНИС ИНФО
IS
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
33
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 5 јули 2019, Бр. 402
T
15
34
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
97 godini 1
922 - 2019
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088