КЛУБ 100

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA

99 ãîäèíè

Osnov a 1922 an


ШТО Е

Нов орган формиран по повод 100 годишнината од нашето постоење, кои брои 5 члена со статус на заменик претседател на Стопанската комора на Северна Македонија. „Клуб 100“ има водечка улога во менаџирањето на Комората, тој е најрепрезентативен претставник на приватниот сектор во нашата држава и е преговарачки тим на Комората на највисоко ниво, и во домашните, и во меѓународните релации. Нивните компании (бизниси) остваруваат годишен обрт од над милијарда евра, вработуваат над 5.300 вработени, остваруваат над 100 милиони евра профит и со години наназад се во врвот на листата на најуспешните компании.

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA

?


НАДЛЕЖНОСТИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА РАБОТА • главен преговарачки тим на Комората на највисоко ниво, и во домашните и во меѓународните релации, но и во процесот на преговорите за пристапување на РС Македонија за членство во Европската Унија; • д ефинираат и утврдуваат стратешки правци на работење и делување на Комората; • с е состанува еднаш месечно, секој вторник по првиот понеделник во месецот, со почеток во 15 часот; • О д работата на Седниците на Клубот 100 се води записник, по чии заклучоци ќе се постапува од страна на Стручната служба или проследува за соодветно информирање, дискутирање, разгледување и одлучување до другите органи и тела на Комората.


ИСКУСТВОТО, ЗНАЕЊЕТО И ПРОФЕСИОНАЛНОСТА ШТО ГИ КРАСАТ М-р Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје М-р Живко Мукаетов своето образование го стекнал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на насоката индустриски менаџмент, а магистрирал во областа на маркетингот Лондон Сити Колеџот (London City College), и дополнително го усовршил своето знаење на Кенсингтон Бизнис Колеџот (Kensington College of Business). М-р Мукаетов континуирано го надградува и го усовршува своето знаење преку учеството на повеќе различни конференции, форуми, самити. Од 1999 година е на позицијата на генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Паралелно со ангажманите во компанијата, тој е активен во повеќе различни области извршувајќи високи функции, тој е член на Управниот одбор на организацијата „Македонија 2025“, член на Управниот одбор на организацијата „Самит на 100 Бизнис лидери на Југоисточна Европа“, член на групата на „Форум на млади глобални лидери“ за 2014 година, Почесен генерален конзул на Кралството Данска во Република Северна Македонија, а истовремено е активен и во повеќе различни области од општествениот живот – м-р Мукаетов е претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, како и претседател на СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA


Ракометната федерација на Република Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија за својата работа, со кои се оддава признание на неговите исклучителни достигнувања. Скромните почетоци на Алкалоид датираат од 1936 година, кога во два погона 15 работници произведувале 350 кг фармацевтски суровини. Благодарение на несебичното залагање, посветената работа и стремежот за постојан напредок, „Алкалоид“ има над 55.000 m2 производни капацитети, 19 канцеларии надвор од Македонија, повеќе од 1.800 вработени во земјата и над 500 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од државата. Континуираниот деловен успех и одржлив развој на „Алкалоид“ се должи пред сè на квалитетот на производите, на квалитетот на кадарот кој работи во компанијата, на брендот „Алкалоид“ и на поединечните брендови кои ги имаат, а кои ги граделе генерациите години наназад. „Алкалоид“ денес е водечка фармацевтска индустрија не само во РС Македонија туку и 6-та фармацевтска индустрија во регионот на Југоисточна Европа. Преку своите 17 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, во Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, во Руската Федерација и во САД) сите раководени од базата во Македонија, компанијата во моментов пласира над 60% од своето производство во над 30 земји во светот. Имаат неколку производни локалитети во Скопје и еден во Белград, Р. Србија. Во изминативе две децении „Алкалоид“ АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање, вложувајќи преку 200 милиони евра. Во таа насока се и инвестициите во новите производствени капацитети, кои ги пушти во употреба во 2020 година – инвестиција вредна 11 милиони евра.


Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Генерален директор на една од најголемите банки во Македонија, „Комерцијална банка“. Македонската јавност го памети како поранешен премиер на Република Македонија, министер за внатрешни работи, но и помошен извршен директор во Светска банка. Но сепак, за човекот, родум од с.Пишица, Пробиштипско на 13 ноември 1959 година, банкарството, му било, и му останало главна и најзначајна професионална преокупација. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Кариерата ја започнал во Владата на Република Македонија во 1983 година, каде, меѓу другото, работел како стручен соработник, а потоа како советник во Кабинетот на Претседателот и советник во Извршниот совет на Собранието на Република Македонија. По осамостојувањето на Македонија, работел како советник во Кабинетот на Претседателот на Владата, а подоцна, во 1994 година, бил именуван за заменик-министер за финансии. Во 1995 година заминал во САД како помошник-извршен директор во Светска банка. Како генерален директор на „Комерцијална Банка“, АД Скопје, дошол во 1996 година. Во периодот од 2002 до 2004 година повторно бил во Владата на Република Македонија како министер за внатрешни работи, а по изборот на тогашниот премиер на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски за претседател на државата, станал

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA


премиер на Владата на Република Македонија, но набрзо на 15 ноември истата година, поднел оставка на функцијата премиер. Од 2004 година продолжил да работи во „Комерцијална банка“ ,АД Скопје како прв генерален директор, а од 2008 година ја извршува функцијата главен извршен директор и претседател на Управниот одбор. „Комерцијална банка“ АД Скопје е една од водечките банки во Република Северна Македонија која во своето долгогодишно постоење изгради имиџ на банка со традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација. Како универзална македонска приватна независна банка, нуди широк асортиман на банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во меѓународниот и домашниот платен промет, посредување во купопродажбата на девизи, хартии од вредност, форфетирање и слично. Преку широко распространетата мрежа на филијали, експозитури, банкомати и ПОС терминали, која постојано се зголемува, Банката е блиску и секогаш на услуга на крајните корисници. Деловната мрежа на Банката се состои од 11 филијали (Прилеп, Охрид, Велес, Струмица, Кочани, Штип, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово) и 51 експозитури од кои, 33 се лоцирани во Скопје. До денес на територијата на Република Северна Македонија има инсталирано 166 банкомати и голем број на постерминали. Во функција на вршeње брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти, Банката има воспоставено кореспондентски односи со 515 банки од 71 земја, од кои контокорентски односи (ностро и лоро сметки) со 28 банки.


Андреја Јосифовски, претседател на Управен одбор на „Макпетрол“ АД Скопје Дипломиран економист, активен стопанственик и истакнат доајен во енергетскиот сектор во Република Македонија. Андреја Јосифовски од 1978 година станал дел од тимот на „Макпетрол“, а од јуни 1993 до април 1995 година заминал како претставник на „Макпетрол“ во Лондон, Англија, на позицијата директор на одделот за енергетика на компанијата „Пемед ЛТД“ (Pemed LTD). За претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“АД, Скопје е назначен на 4 април 1995 година, а паралелно со тоа учествува и во организацијата и раководењето на повеќе трговски друштва и осигурителни компании. Член е на Надзорниот одбор на „Осигурување Македонија“ АД Скопје-Виена Иншуренс Груп (VIG), комплементар во „ОИЛКО КДА“ Скопје, член на управните одбори на „Комерцијална банка“ и на „Стопанска банка“, претседател на Македонската асоцијација за гас, член на Интернационалната унија за гас (International Gas Union), претседател на Националниот комитет на Република Maкедонија на Светскиот нафтен конгрес (World Petroleum Council), член на Клубот Кран Монтана (Crans Montana Club) и многу други. Јосифовски е добитник на бројни престижни награди и признанија за неговите лични залагања и деловни достигнувања, како и награди наменети за заслугите и достигнувањата на „Макпетрол“АД, Скопје. СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA


Почетоците на „Макпетрол“ АД датираат во 1947 година, кога е основано трговското претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати „Југопетрол“, Скопје. Тогашното претпријатие броeло 85 вработени и мрежа од неколку бензински станици. Денес, со вкупно 126 станици и повеќе од 1800 вработени, со современа понуда на производи и услуги, „Макпетрол“ располага со најголемата мрежа од бензински станици во Република Македонија. Уште од основањето, повеќе од седум децении, „Макпетрол“ отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години успеа да ја задржи лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во државата. Преку нивната современа лабораторија, која што работи според најстроги светски стандарди, обезбедуваат постојаност на квалитетот на нивните горива, исто како и преку редовната контрола и врвната техничка изведба на инфраструктурата на бензинските станици. Во 2008 година ја отворија и фабриката за биодизел гориво со годишен капацитет од 20.000 тони, со што уште еднаш ја потврдија нивната посветеност во примената на обновливи извори на енергија. Со високо поставените стандарди успеаја да постигнат конкурентност и на регионално ниво, преку нивните филијали во „Петролмак“ во Грција и „Макпетрол“, Белград во Србија. Повеќе подружници оперираат во групата „Макпетрол“, како специјализирани субјекти во своите области: „Макпетрол ПромГас“ како компанија специјализирана за снабдување со природен гас, „Оилко“ за транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, „ГА-МА“ за пренос и управување со преносот на природен гас, како и националната телевизиска куќа „Телма“. Покрај тоа, во нивното портфолио се и застапништвата на најреномираните светски марки, меѓу кои „Хонда“, „Дел“, „Гудијар“ и „Нолан“.


Илија Гечев, Генерален директор на „ИГМ Трејд„ АД Кавадарци Родум од Кавадарци, на 24.10.1955 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1979 година. Работниот стаж го започнал во „Метал Промет“, Кавадарци (19801989), најпрво како комерцијален референт, а потоа бил унапреден во директор на сектор за продажба за црна металургија. Претпријатието било комерцијален дел на „Фени“ при неговата изградба и неговиот почеток со работа. Во периодот од 1989 до 1994 година работел како заменик директор во претпријатието „ИКТ“, Кавадарци, кој тргувал со метали на територијата на Балканот. Во 1994 година, ја основал „ИГМ ТРЕЈД“ со почетна форма на работење како трговско претпријатие за метали која подоцна прераснува од фамилијарна компанија за трговија во една од најголемите фабрики за челични цевки и профили во Југоисточна Европа. Во 2006 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, но на првата седница го откажува мандатот и се посветува на бизнисот. Покрај професионалниот ангажман извршувал и други функции како: член на Екомонскиот совет на Владата на премиерот Бранко Црвенковски; економски советник во Владата на премиерот Владо Бучковски; почесен конзул на Република Молдова во Република Македонија (2005) претседател на Собранието на „Комерцијална Банка“ АД Скопје. За остварените резултати има добиено повеќе награди. Од своето основање како трговска компанија во 1994 година, „ИГМ-Трејд“ брзо се развива како гринфилд инвестиција, СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA


станувајќи еден од најголемите производители на челични заварени цевки и профили во Југоисточна Европа. Денес има над 450 вработени кои работат во нивните простории во Кавадарци на површина од 400.000 м2 со покриен простор од 280.000 м2, а за остварените резултати е добитник на бројни и престижни награди. Нивните производствени капацитети имаат комбиниран годишен капацитет од 200.000 тони. Континуирано инвестираат во нова технологија со цел да ја одржат нивната позиција како лидер на пазарот. „ИГМ-Трејд“ е компанија ориентирана кон извоз со 95% од вкупното производство продадено надвор од Македонија, на пазарите во ЕУ и ЦЕФТА. Нивниот високо-мотивиран и искусен продажен тим е обучен да работи тесно со нивниот оддел за производство за да обезбеди брзо производство, брза испорака и висок степен на задоволство на клиентите. Нивна секундарна активност вклучува обработка на челични калеми во лимови и ленти со планови за понатамошно развивање на нивните можности за внатрешен сервисен центар. Производството се одвива според светски признатите стандарди за производство и квалитет ISO 9001: 2008. Како дел од нивната инвестициска стратегија, сега работат со производствен капацитет за челични конструкции и градежна компанија, кои се користат многу во изградбата на новите проекти на „“ИГМ. На крајот на 2015 година „ИГМ-Трејд“ ги прошири своите активности надвор од РС Македонија со купување на поранешна „АЛПОС“, фабрика за заварени челични цевки и профили лоцирани во Чентур, Словенија. Оваа инвестиција нуди многу технолошки, логистички и маркетиншки придобивки и овозможува на компанијата да го зголеми своето присуство на пазарите во ЕУ и подобро да им служи на клиентите во Западна Европа. Производството започна во 2017 година со капацитет од 100.000 тони годишно.


Проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на Управен одбор на „Брако Групација“ Македонски стопанственик и сопственик на индустрискиот погон „Брако“. Родум од Велес, на 20 јуни 1969 година. Дипломирал на Машинскиот факултет Скопје во 1992 година. Магистрирал во 1995 година, а во 1998 година станал доктор на науки и редовен професор на факултетот. Во периодот 2000 до 2002 година бил помошник на генералниот директор за производство и управување во „Електростопанство на Македонија“. Во 2003 година ја основал фирмата „Фероинвест“ која добила концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија, а истата година Анѓушев купил мнозинство од акциите во фабриката за жичени производи „Брако“. Подоцна го основал претставништвото на групацијата „Електрисити Деливери Солушнс“ (ЕДС) во Македонија, кое се занимава со трговија на електрична енергија. Во периодот од 2017 до 2020 година бил заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања. Во моментов ја извршува функцијата претседател на УО на „Брако Групацијата“. Компанијата “БРАКО” е основана во 1947 година во Велес, Р.Македонија. Во 1994 година навлегува во финансиски потешкотии и е отворена стечајна постапка, а после близу една деценија компанијата, по завршувањето на сечајната постапка и приватизацијата на компанијата започнува новата ера во работењето и континуиран развој. Од „Брако“ кој имаше 80 стечајни работници, денеска „Брако“ е фабрика којашто има СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA


вработено околу 420 вработени, 93% од производството е за извоз, со повеќе од 20 милиони евра приходи, со повеќе области на производство од кои многу се апсолутно нови и развиени од нула. Месечното производство на жичани производи од 400 тона прерасна на производство од 1200 тона. Ваквото зголемување се должи на визијата за успешно раководење на компанијата, како и континуитетот од инвестиции, кои што се направени во компанијата. Денес основната дејност на оваа компанија е производството на жичани производи, програм по кој што компанијата е препознатлива на многу пазари, како на Балканскиот полуостров, така и во Европа. Со достигнувањето на производството од 1400 тона на жичани производи месечно, на почетокот од 2005 година, компанијата „Брако”, се наметна како сериозен лидер во производството на жичани производи во државата, и во региононот. Иако производите на „Брако” прераснаа во препознатлив бренд, по својот квалитет и широк асортиман на производи, со визија за успех и развој, како и имплементирање на новите современи трендови во оваа областа, „Брако” постојано го подобрува досегашното производство во смисла на инвестирање во нови современи технологии од оваа областа, иновирање на постоечкиот начин на менаџирање со компанијата, како и проширување на постојниот асортиман на производи, од сите сфери на работењето на компанијата. Покрај постојното производството на жичани производи, како и досегашната производствена палета на медицински мебел и товарни приколки, компанијата „Брако”, воведе нова производствена програма на транспортни ленти. Сакајќи компанијата да се развива во повеќе области од потребите на општеството „Брако” отвори и своја бензинска пумпа „Брако Петрол”, која што даде една нова димензија на работењето во оваа област.


СОЗДАВАМЕ КОМОРА НА ИДНИНАТА - Стопанската комора на Северна Македонија на услуга на бизнисот -

ШТО ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВА КОМОРАТА? Бизнис асоцијација на новиот век во која компаниите го идентификуваат својот: • • • • •

Економски информатор Помошник Партнер Советник Промотор во земјата и странство

Три клучни групи на активности • Традиционални коморски активности • Комората како консултант • Линк помеѓу образованието и бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA


ПРЕЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА КОМОРАТА • Измена на статутот на Стопанската комора на Северна Македонија и дефинирање на стратешки правци за развој на Комората • 24.09.2019 – Управниот одбор на Комората донесе одлука за спроведување на јавна расправа по Нацртодлуката за изменување и дополнување на Статутот на Комората • До 31.10.2019 – организирана беше Јавна расправа по предложените измени на 23 седници на формите на организирање и работење на Комората • 11.11.2019 – Управниот одбор на Комората го утврди текстот на Предлог-одлуката нацрт-Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Комората • 26.12.2019 – Собранието на Комората ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Комората


®

1

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF NORTH MACEDONIA

99 ãîäèíè

Osnov a 1922 an


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.