Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
345 Број 399
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
97 godini
192
2 - 2019
23.03.2018 14.6.2019
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
2
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ
Презентацијата на условите за учество на јавниот оглас за доделување премии за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште, пред членките на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) направи вицепремиерот задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев. Тој истакна дека јавниот повик ќе се однесува за изградба на фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 35 мегавати, а сите заинтересирани инвеститори ќе може да ја подигнат тендерската документација и да аплицираат во рок од 60 дена, по што ќе биде извршено јавно отворање на доставените понуди на 21 август 2019 година. Владата, преку овој повик ги олеснува и скусува административните процедури за инвеститорите. За земјиштето каде што ќе се градат фотонапонските електрани, Владата ги презема административните обврски за пренамена и урбанизација на земјиштето, а во име на сите инвеститори преговараше за цената на приклучок кон дистрибутивниот систем. На овој начин процедурите кои би траеле до година и пол ќе се скусат на околу половина година, со што ќе се забрза процесот на изградба. Главниот критериум кој ќе треба да го запазат инвеститорите е висината на Премиумот, односно инвеститорите ќе се натпреваруваат на аукција, со негативно поддавање за висината на понудениот Премиум. Ова е првиот чекор кон изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност до 200 MW. На јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани, кој ќе биде објавен во „Службен весник на РСМ“, заинтересираните инвеститори ќе може да аплицираат за изградба на следниве
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
локации, во месноста Азамбегово – Свети Николе и во месноста Манастирец – Македонски Брод. Во Македонски Брод ќе може да се аплицира за една електрана од 10 MW, додека во месноста Азамбегово- Свети Николе ќе може да се аплицира за една од 10 MW, една од 5 MW, две од по 2 MW и шест електрани од по 1 MW. Потребната документација што треба да ја достават инвеститорите за да учествуваат на јавниот повик е поделена во три дела и тоа: • докажување на личната состојба; • способност за вршење професионална дејност и • економско-финансиска способност. Исклучување од постапка за доделување право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотоволтаична електрана ќе се случи доколку: • во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; • е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; • има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; • е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; • е изречена споредна казна, привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; • е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност; • дава лажни податоци или не ги доставува бараните податоци.
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Професионалната способност на економските оператори се докажува на следниов начин: • за да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ дека е регистриран како домашно трговско друштво во Централниот регистар на Република Северна Македонија, или доказ за упис во соодветниот регистар во земјата каде што е основано доколку економскиот оператор е странско правно лице; • понудувачот, во последните три години да има остварено кумулативен вкупен приход еднаков на 500€ по киловат инсталирана моќност за фотонапонската централа за која ја поднесува понудата; • доколку еден понудувач достави понуди за повеќе локации, при евалуацијата на доставените понуди, вкупниот приход кој е предмет на евалуацијата се однесува за вкупната понудена инсталирана моќност за сите парцели; • економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество). Висината на гаранцијата за учество не смее да биде пониска од 1.200,00 денари по kW инсталирана моќност, а доколку економскиот оператор е странско лице доставената гаранција за учество не треба да е пониска од 20,00 € по kW планирана инсталирана моќност на фотонапонската централа Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување неотповиклива гаранција на прв повик од страна на избраниот најповолен понудувач за навремено и квалитетно извршување на договорот во износ од 4.650,00 денари по kW инсталирана моќност, или доколку најповолниот понудувач е странско лице, во износ од 75,00 € по kW планирана инсталирана моќност на фотонапонската централа до денот на комерцијално започнување со работа. Понудувачите можат да поднесат понуди за најмногу четири фотонапонски електроцентрали од вкупно 11, односно најмногу три за локацијата Азамбегово - Свети Николе и една за локацијата Манастирец - Македонски Брод. Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ Македонски и јапонски компании од областа на: металната индустрија, енергетиката и животна средина, градежништвото, хемиската индустрија, прехранбената индустрија, ИТ-компании и компании од областа на финансиите и осигурувањето, во Стопанската комора на Македонија одржаа деловни средби со цел воспоставување идна соработка. Ова е прва официјална бизнис делегација која доаѓа во нашата земја за да реализира бизнис активности со домашни компании. Во официјалниот дел од овој настан, пред повеќе од 50-тина бизнисмени од двете земји, свое обраќање имаа претседавачот на Собранието на Стопанската Комора на Македонија, Антони Пешев, како и Такуро Нозава, директор во Јапонската надворешно–трговска организација (JETRO) која е задолжена за промоција на јапонската трговија и инвестиции. Во името на Комората претседавачот на Собранието, Антони Пешев, изрази задоволство што јапонските компании се гости на најголемата бизнис асоцијација во државава. -Јапонија е пријателска земја на нашата држава и истата активно ја поддржува нашата земја, - посочи Пешев. На полето на економската соработка досега има обезбедено над 272 милиона евра грантови за здравството, образованието и развојот на локалните заедници, како и близу 100 милиони евра кредити за развој на инфраструктурата. За техничка поддршка преку програми за размена на експерти и обуки обезбедени се над 47 милиони евра и над 500 стипендии за постдипломски студии, истражувања, обуки и јакнење на капацитетите. Претседавачот на Собранието на Комората исто така посочи дека добрата меѓувладина соработка за што потврда е и отворањето на македонската Амбасада во Токио во 2015 година и отворањето на јапонската Амбасада во Скопје во 2017 година, треба во иднина да се ефектуира и со подобрени економски резултати, бидејќи истите се на незадоволително ниво. Тој се повика на познатата јапонска поговорка, која вели дека: „ВИЗИЈАТА БЕЗ АКЦИЈА, БЕЗ ДЕЛУВАЊЕ Е СОН, А АКЦИЈАТА БЕЗ ВИЗИЈА Е КОШМАР“ и истакна дека Стопанската комора на Македонија има визија, а за да не остане истата само сон, ќе продолжи со акција, со активности за поддршка на компаниите со цел зголемена соработка помеѓу македонските и јапонските компании. Господинот Нозава се заблагодари на амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Н.Е. Ханеда, за организацијата и поддршката во реализација на активностите поврзани со деловните средби. Тој истакна дека ова е прва официјална делегација во посета на нашата држава, составена
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
7
БИЗНИС СРЕДБИ од 17 членови кои во претходните денови имале прилика од страна на владини претставници на највисоко ниво да се запознаат со условите што ги нуди државата на странските инвеститори. Тој исто така ја претстави единствената директна јапонска инвестиција во Македонија „Writerity“, Inc., компанија која во Македонија од 2017 година развива веб-апликации и нуди услуги од областа на ИКТ, првенствено наменети за јапонскиот пазар, како и за други држави од Далечниот исток (како на пример, Филипини и Бангладеш). м-р Анета Димовска
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП“ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА
Во просториите на „Раде Кончар Сервис и РЕЦ“ и „Раде Кончар – ТЕП“, беше реализирана презентација на производните програми на овие македонски компании пред претставници на јапонски фирми кои ја скенираат бизнис климата во земјата со интерес за инвестирање. „Раде Кончар Сервис и РЕЦ“ каде се врши деконтаминирање на трансформаторско масло од ПСБ е компанија која од 2012 година применува најсовремена опрема на Балканот со надзор од Јапонија за реализирање на законска обврска за деконтаминирање. „Раде Кончар – ТЕП“ има комплетно производство на електро ормари за ниско напонска мрежа, трафостаници, услуги за метална преработка, како и изработка на проекти за јака и слаба струја на објекти до клуч на рака. Дел од производството е наменето за домашниот пазар, но многу позначајно е позиционирањето на пазарите надвор. Генералниот директор на „Раде Кончар – ТЕП“, Горан Антевски информираше дека дел од нивните вработени пред се` на менаџерски позиции имаат поминато обуки во Јапонија во рамките на Програмата за менаџери и претприемачи, преку Асоцијацијата АОТС.
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
9
„Раде Кончар – ТЕП“ како водечка компанија во металопреработувачката и електроиндустријата вчера беше посетена од страна на јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јошихиро Секи. За Антевски кој е и претседател на Здружението на македонско-јапонско пријателство, посетата на јапонскиот министер создава нови можности за земјава. Од своето основање во 2006 година, „Раде Кончар – ТЕП“, како дел од „Раде Кончар – Сервис“, континуирано се развива во насока на иновација на нови производи, иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија. Даниела Михајловска Василевска
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
ЈАПОНСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА „СЕАВУС“
Делегацијата на јапонските бизнисмени кои се во посета на нашата земја со цел да го скенираат бизнис амбиентот и можностите за инвестирање, реализираа посета на ИТ-компанијата „СЕАВУС“. Во рамките на посетата и по запознавање со општите податоци и карактеристики за фирмата, претставниците на 17 јапонските компании кои работат на европскиот пазар се интересираа за можностите за соработка со ИТ-компаниите, за кадарот кој е на располагање и висината на приходите на вработените. Во таа насока беа претставени и капацитетите на „СЕАВУС“ како образовна институција, односно академија. На средбата „СЕАВУС“ ја потенцираше и Наградата „Sarajevo Business Bridge Awards“ која оваа компанија ја доби во категоријата „Youth Employer of the Year“ за најбрзо растечка компанија во регионот на Западен Балкан за вработување млади лица, доделена на 10. Сараево Бизнис форум“. Академијата нуди можности за 300 студенти на годишно ниво. Дел од нив за универзитетско образование, дел за преквалификација. Но клучно е дека 80% од
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
11
студентите веднаш по завршување на образованието се вработуваат. Јапонските компании се интересираа за бројот на деловни субјекти кои како ИТкомпании работат во нашата земја и како се организирани. „СЕАВУС“ е меѓународна компанија за развој на софтвер и советодавни услуги. Групацијата обезбедува производи за различни оддели во големи компании и владини агенции. „СЕАВУС“ опфаќа над 50 милиони мобилни претплатници преку своите клиенти. Даниела Михајловска Василевска
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
Светски ден на безбедна храна
СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА БЕЗБЕДНА ХРАНА
Светскиот ден на безбедна храна (7 Јуни) во нашата земја се одбележа првпат годинава откако Обединетите нации донесоа Резолуција во декември минатата година. Покрај тркалезната маса, што ја организираше Агенцијата за храна и ветеринарство како носител на активностите, а на која учество земаа и претставници од Стопанската комора на Македонија, во Градскиот трговски центар беше организиран и едукативно-информативен настан за важноста на безбедноста на храната. Согласно Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесена во декември 2018 година, 7 Јуни е прогласен за Светски ден за безбедност на храна. Овој ден се одбележува со цел да привлече внимание и да инспирира спроведување активности кои ќе придонесат во спречувањето, откривањето и управувањето со ризиците поврзани со храната, а со цел безбедност на храната, заштита на здравјето на луѓето, економски просперитет, напредок и промовирање на земјоделството, пристап до пазарот, и одржлив развој. Безбедната храна е од клучно значење за промовирање на здравјето на луѓето и справување со гладот, кои се две од главните цели на Агендата на ФАО за 2030 година. Храната не може да биде безбедна доколку претходно не се обезбеди нејзина сигурност, секој негативен инцидент поврзан со безбедност на храната може да има глобални негативни ефекти врз
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
13
Светски ден на безбедна храна јавното здравје, трговијата и економијата. Одбележувањето на Светскиот ден за безбедност на храна претставува можност за глобална промоција на улогите на сите засегнати страни во насока на зајакнување на системите за безбедност на храна. Сите чинители во синџирот на исхрана се одговорни за безбедност на храната. Безбедноста на храната се постигнува кога сите луѓе, во секое време, имаат физички и економски пристап до храна која ги задоволува нивните диететски потреби за активен и здрав живот. Безбедноста на храната е клучен сегмент од компонентата за искористување на четирите димензии на безбедноста на храната - достапност, пристап, искористеност и баланс. Светската здравствена организација проценува дека повеќе од 600 милиони луѓе заболуваат и 420 000 умираат секоја година од конзумирање храна контаминирана со микробиолошки или хемиски контаминенти. Според податоците на Светска банка, небезбедна храна придонесува до економска загуба од 95 милијарди американски долари годишно. Безбедноста на храната е сечија одговорност и секој треба да има пристап до безбедна храна. Денес повеќе од кога било до сега, храната се произведува во огромни количини и се дистрибуира на глобални размери. Меѓусебната соработка и придонесот на сите засегнати страни во синџирот на исхрана, како и примената на добрите пракси и законските прописи, се од суштинско значење за постигнување високо ниво на безбедност на храната. Конзумирањето безбедна храна овозможува соодветен внес на хранливи материи и промовира долгорочен економски развој и намалување на сиромаштијата, особено во руралните средини. Здравјето на луѓето е тесно поврзано со здравствената заштита на животните и животната средина. Патогени пренесени од животни на луѓето преку директен контакт или преку храна, вода и животната средина имаат влијание врз јавното здравје и социјално-економската благосостојба. Надлежните органи на земјите, заедно со експертите во различни области, невладините и меѓународните организации прават заеднички напори за борба против ризиците по безбедност на храната како што е антимикробната отпорност, патогените бактерии на овошјето и зеленчукот кои се појавуваат како резултат на контакт со контаминирана почва или вода и во храна од животинско потекло. Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации им дава поддршка на земјите кои членуваат во овие организации во активностите кои се спроведуваат за спречување, управување и справување со ризиците кои се појавуваат во синџирот на исхрана. Од друга страна, Светската здравствена организација ја олеснува глобалната превенција, откривање и одговор на заканите поврзани со јавното здравје а кои се предизвикани од конзумирање небезбедна храна. Двете организации делуваат во насока на зајакнување на довербата на потрошувачите во надлежните органи и доверба во безбедно снабдување со храна. Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
ПОСЕТИ
СЛОВЕНЕЧКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На 12 jуни 2019 година, потпретседателката на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, оствари работна средба со бизнис делегација од словенечката компанија за пренос на електрична енергија „ЕЛЕС Груп“ - Словенија. Целта на посетата беше унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу двете држави во делот на проектните активности од областа на енергетиката, иновациите и модерните технологии. Д-р Георгиева-Јовевска накратко пред присутните ги претстави целокупната работа и функционирањето на Комората и потенцираше дека во соработка со Стопанската комора на Словенија интензивно низ годините се работи токму на јакнење на капацитетите и можностите за продлабочување на соработката меѓу бизнис заедниците од двете земји. Во изминатиот период двете комори организираа заеднички бизнис настани и средби со што значително придонесуваат за подобрување на деловната клима во двете земји, но и потпомагање на македонските компании за полесен пристап
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
15
ПОСЕТИ до европскиот пазар. -„ЕЛЕС Груп“ од Словенија e компанија на којашто основна дејност е сигурен и непрекинат пренос на електрична енергија во земјите од регионот и ЕУ, - истакна Александер Мервар, извршен директор на компанијата. Тој додаде дека компанијата работи на голем број проекти од областа на енергетиката и во моментот е координатор на најголемиот проект од Програмата „Хоризонт 2020“ во којашто активно е вклучена и Република Северна Македонија. Двете страни едногласно се согласија дека во наредниот период е потребно да се разгледаат можностите за заедничка соработка особено во делот на унапредување на енергетскиот сектор во Република С. Македонија. За постигнување на таа цел, беше предложено до крајот на летото да се потпише меморандум за соработка во делот на развојни проекти за пренос на технологии и знаење. Потпишувањето на меморандум ќе претставува одлична можност за размена на know-how, иновативни технологии и информации, како и воспоставување партнерски односи на македонските со словенечките компании во енергетскиот сектор и заедничко учество во проекти финансирани преку европски фондови со што ќе се овозможи подигање на капацитетите на компаниите за аплицирање на европски проекти. Вкупната трговска размена на Република С. Македонија со Република Словенија за првиот квартал од тековната 2019 година изнесува 62,7 милиони САД$, со раст од 2,45% во однос на истиот од 2018 година. Остварен е извоз во вредност од 23,5 милиони САД$, со раст од22,1%, a увозот изнесува 39,2 милиони САД$, со опаѓање од 6,6%, во споредба со I-III-2018 година. Дефицитот на македонска страна од 15,7 милиони САД$ остварен во периодот I-III-2019 година е намален за 30,9% во споредба со истиот период лани. Во вкупната надворешно-трговска размена за периодот I-III-2019 година, Република Словенија е 17-ти трговски партнер на Република С. Македонија. м-р Ивана Крстевска
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СОРАБОТКА
ВО КИЧЕВО ДЕНЕС НА ВОЗВРАТЕНА СРЕДБА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ОД ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И СВЕТИ НИКОЛЕ Локалниот економско социјален совет од Општина Кичево е домаќин на средбата со локалните економско социјални совети на општините Куманово и Свети Николе, по реализираните посети од ЛЕСС - Кичево заедно со ЛЕСС - Струга на 10 јуни 2019 година во Свети Николе и на 11 јуни 2019 година во Куманово. На овие средби од локално значење како надворешен член присуствуваше и Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија На средбите што ги организираше Меѓународната организација на трудот присуствуваа членови на советите кои се трипартитни, односно има пристапници од локалната самoуправа, од бизнис секторот и синдикатите. Целта на средбите е размена на искуства, a се презентираa идни планови и насоки за работа, со цел подобрување на социо-економските состојби во општините. Во дискусијата, како значајно за бизнис секторот се потенцираше недостатокот на стручен кадар и искуство во средното образование, особено во Општина Свети Николе, а се изрази и поддршка за дуалното образование. Локалниот економско социјален совет од Општина Кичево, кој е формиран во 2016 година, ги презентираше активностите кои се реализирани и неговото функционирање. Се дискутираше и за овластувањата и улогата на Локалниот економско социјален совет, за оперативниот процес, техничката и административната поддршка, буџетот на ЛЕСС, за процесот за давање мислења и препораки за подобрување на процесите. Средбите продолжуваат и утре во ЛЕСС на Општина Струга со презентација на активностите. Во иднина од средбите се очекува зголемена соработка и поголема ефективност и ефикасност и подобрување на состојбите. Дијана Лазороска Јованоска
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
17
СОРАБОТКА
ЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО УЧЕСНИК НА ЛОКАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА Општина Кичево организираше Саем за вработување и кариера на локално ниво, во рамките на Проектот “Transnational Educational Network for young people - new technologies and entrepreneurial thinking in the tourism industry”, од Програмата „INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020“, во Кичево. Целта на организирање на Саемот беше да им се даде можност на бизнисите, универзитетите, средните училишта, центрите за стручно образование и обука и работодавачите да ги промовираат своите активности и да презентираат отворени работни места. Саемската манифестација ја отвори градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, кој ги претстави активностите на проектот и ги посети штандовите на излагачите. И Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија ги претстави и ги презентираше активностите на најстарата и најбројната бизнис асоцијација. На Саемот присуствува и компании - членки на Комората кои на посетителите - ученици, студенти, идни работници и други учесници, им ги претставија можностите за бизнис, претприемништво и вработување. Преку саемската манифестација присутните доколку имаа интерес можеа да се пријават за бесплатни практични обуки и да учествуваат во образовната „онлајн“ платформа, играта за бизнис симулација и стартап натпреварот со едукативни кампови и работилници во Софија, Валона, Солун и Кичево. Во рамките на Проектот се одржа и Промотивниот настан за вмрежување кој вклучува ученици, студенти, локални претприемачи и други засегнати страни во „TRANS-EDU-NET“ - иницијативата. Дијана Лазороска Јованоска
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
Четири столба за имплементација на агендата на КИФ м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Институционално вмрежување, креирање продукти и услуги, обезбедување дополнителни финансиски средства (II) Како што веќе претходно споменав, на иницијатива на потпретседателот на КИФ, Бранко Азески, на состанок на Управниот одбор на КИФ на почетокот на оваа година, едногласно беше донесена одлука за спроведување оперативен план со конкретни мерки, изразени во четири столба со заеднички активности на шесте комори од земјите на Западен Балкан. Во преостанатите три столба предвидени се следните мерки: II. Вмрежување на институциите во регионот на Западен Балкан Вмрежувањето на институциите на регионално ниво се одвива во соработка на регионални експерти кои добро го познаваат законодавството на земјите од Западен Балкан, со цел да се креира иницијатива прифатлива и образложена на регионално ниво. Со оглед на тоа што во моментот се работи на формирање заеднички регионални институции, поради различните правни системи во сите шест земји, ангажирање на надворешни регионални експерти е од особена важност. Институционално се работи на: - формирање министерства за регионален развој во владите на секоја од земјите на
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
19
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) Западен Балкан; - воспоставување арбитражна институција на регионално ниво; - формирање регионални кредитни бироа. III. Подготовка на заеднички регионален производ и формирање заеднички услуги Преку вмрежување на бизнис заедниците од Западен Балкан и претставување на сериозни компании кои сакаат да соработуваат со партнери од регионот, ќе се креира заеднички производ за полесен пласман на европскиот пазар, но и на пазарите на Блискиот Исток и МАГРЕБ. Со формирање работен тим, составен од по еден експерт од коморите, во моментот се спроведува анкетен прашалник меѓу компаниите од шесте земји, со цел да се идентификува кои услуги им се потребни на компаниите во регионот, како, на пример, заеднички настапи на саеми, заеднички проектни активности на странски пазари, присуство на билатерални средби во странство како дел од делегациите на премиерите од шесте земји, и др. Овие активности ќе резултираат со креирање посебни пакет-услуги коишто коморите ќе ги обезбедат за компаниите кои работат и дејствуваат на регионално ниво. За ефикасно спроведување на овие активности е задолжен посебен тим за креирање и спроведување на производи и услуги, координиран од страна на претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Властимир Голубовиќ, како и претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ., во соработка со националниот координатор од Комората на Босна и Херцеговина. IV. Дополнително финансирање на КИФ Заради обезбедување одржливост на работењето на КИФ, покрај обезбедување средства со проектните активности, преку соработка со најмалку три компании од регионот, лидери во својата област преку склучување меморандуми за соработка ќе се воспостави стратешко партнерство меѓу КИФ и компаниите, а за возврат компаниите ќе обезбедат спонзорство за работењето на КИФ. Компаниите со коишто преговорите за склучување ваков вид партнерски договори се во тек, се од банкарскиот и финансискиот сектор, од услужните дејности и индустрискиот сектор каде што предвид се земени компании регионални лидери и најголеми дистрибутери во регионот. Коморскиот инвестициски форум (КИФ) активно работи на спроведување на мерките дефинирани во четирите столба и до крај на годината со помош на коморските капацитети, но и со поддршка од владите на шесте земји од регионот на Западен Балкан, истите ќе бидат ефективно имплементирани.
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
ДАНОЦИ И ЦАРИНИ
НОВ СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија
Царинските политики на ниво на Европската унија и фокусираноста на царинските служби се водат од потребата за олеснување на трговијата во рамките на Унијата и со трети земји, како и од потребата за заштита на финансиските интереси на Европската унија и нејзините граѓани, заштита на нивната безбедност и сигурност. Значи, традиционалната улога на царинските служби која првенствено се состоеше во грижата за наплата на царински давачки и индиректни даноци при увоз, се менува при што сé повеќе фокусот се става на безбедноста и сигурноста, како и на заштита на интересите на граѓаните на ЕУ. Сите земји-членки на Европската унија се дел од Царинската унија на ЕУ и ги следат истите царински правила и процедури, за што е неопходна целосна усогласеност на законодавството на државите членки и адекватно спроведување на истото, како и соодветен капацитет за негово спроведување и пристап до заедничкиот компјутеризиран царински систем. Во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на нашата држава (COMMISSION STAFF WORKING DOCUMENT North Macedonia 2019 Report), за Поглавјето 29 кое се однесува на Царинската унија се констатира дека земјата одржува добро ниво на подготвеност. Констатиран е добар напредок заради подготовката на новиот електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи. Понатаму, во Извештајот се препорачува комплетирање и примена на ИТ-системите и обезбедување на нивно континуирано следење, надградба и одржување. Непосредно по објавувањето на Извештајот, нашата Царинската управа од 1 јуни 2019 година стартуваше со примена на новиот електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи. Со негова примена се поедноставува работата на сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка, а нашата
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
21
ДАНОЦИ И ЦАРИНИ земја е чекор понапред кон исполнување на барањата на ЕУ. Имплементирањето на овој систем овозможува царинските постапки кои досега се реализираа на хартија да бидат заменети со електронски постапки. Со автоматизирањето на постапките се намалува можноста за човечки грешки, како и ризикот од недозволени дејствија и корупција. За бизнисот, односно за економските оператори, примената на новиот систем треба да овозможи намалување на времето на поднесување на царински декларации, поедноставување на процесите и намалување на трошоците. За да се обезбеди пристап до новиот електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи економските оператори мора да поседуваат електронски потпис (сертификат), да имаат одобрен пристап до системот, а ако поднесуваат царински декларации како застапници да имаат добиено Одобрение за застапување. Економските оператори до новиот електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи можат да пристапуваат преку сопствени системи или со користење на Порталот за трговци на Царинската управа. Иако, во почетната фаза од примена на новиот електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи постапките се спроведуваат паралелно во електронска и во хартиена форма со цел да се избегнат одредени пропусти до моментот на утврдување на целосна функционалност на истиот, во иднина овој систем ќе овозможи значително поедноставување на процесите и тpoшоците, како резултат на протокот на електронски информации помеѓу сите учесници во процесот на царинските и акцизните постапки во националниот, надворешниот и заедничкиот домен на ЕУ.
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
ОБРАЗОВАНИЕ
ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИДОБИВКИ И ПРОЦЕНКА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Генерално е размислувањето дека имаме потреба од воведување дуален систем на образование во нашата земја за да обезбедиме поголема флексибилност на образованието кога е во прашање приспособување кон потребата на пазарот на работна сила. Извештајот на ЕК за напредокот на нашата земја констатира дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како одраз на неусогласеност на вештините и компетенциите. Стапката на вработеност е зголемена, од 44% во 2012 година, на 51,7% во 2018 година, но споредено со останатите земји во регионот останува на ниско ниво. Според Извештајот, во последните 5 години, работната сила се намалила за речиси 1%, но тоа се должи на високата емиграција . Но, илузија е ако се мисли дека дуалниот систем на образование веднаш ќе можеме да го воспоставиме. Тоа е долгорочен процес, потребни се сериозни зафати и затоа, во моментов, во образованието започнавме со проектни иницијативи. Важно е да се доближи компанијата до ученикот за да го почувствува духот на компанијата и да се демистифицира поимот „работа кај работодавач“. Тоа значи „она што ќе го слушнам - бргу го заборавам, она што го гледам – го помнам, но она што сам ќе го направам - добро го знам“. Само на таков начин ќе ја разбереме потребата на новото време - оспособени и стручни лица, со што ќе се зголеми конкурентноста на претпријатијата, но и ќе се намали стапката на невработеност. Дуалното образование со себе носи нови предизвици, но тоа не значи дека не сме во состојба да ги решаваме. Истите треба да ги преточиме во седум наши придобивки: Прво , поттикнува динамичност и приспособливост на образованието за релевантните потреби на реалниот сектор и економијата, а со тоа придонесува за намалување на невработеноста и конкурентна економија. Во Извештајот на ЕК е забележано дека несогласувањето во вештините ја попречува конкурентноста и растот, а јазот помеѓу вештините што ги стекнале учениците и оние што ги бараат компаниите, го ограничува потенцијалниот раст.
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
23
ОБРАЗОВАНИЕ Второ , поттикнува модернизација на образовните програми за постојните квалификации и дизајнирање нови квалификации според економските и технолошките потреби изајакнување на улогата на Националната рамка на квалификации. Извештајот на ЕК ја истакнува улогата на формираните секторски комисии за квалификации како одговорни за анализа на постојните квалификации, предлагање нови квалификации и давање мислења за усогласеноста на стандардите за занимања и стандардите за квалификации со програмите за испитување. Трето , насочува процес за постигнување релевантни резултати од учење преку модуларизација на образовните програми и овозможува флексибилен пристап на практичната обука кај работодавачите. Истовремено ја поттикнува атрактивноста на стручното образование. Во Извештајот е констатирано дека во тек е учењето преку работа и подобрување на квалитетот на практичната обука, но мора да се фокусираме на воведување пофлексибилен, модуларен наставен план за стручно образование и обука со директно вклучување на работодавачите. Четврто , поттикнува примена на кредитен систем во стручното образование и обука и преносливост на кредити од еден модул во друг, движење низ рамката на квалификации и стекнување една или повеќе квалификации на полесен и брз начин . Претставува потенцијал за зајакнување на социјалната вклученост, подобрување на инклузивноста и еднаквите можности. Според Извештајот на ЕК, родовиот јаз е забележителен, околу 78% од мажите учествуваат на пазарот на трудот, во споредба со 52% од жените, со мали промени во изминатите 5 години. Петто , обезбедува нов пристап во наставата и практичната обука и стручно оспособени наставници за ваков тип настава, споделени финансиски средства помеѓу државата и компаниите и намалување на трошоците на компаниите за доквалификација. Во Извештајот на ЕК фокусот е ставен на зголемување на поддршката за обука и понатамошно вложување во професионалниот развој на наставниците во стручното образование и обука и обезбедување ефикасен процес на проценка. Шесто , поттикнува квалитетна соработка помеѓу училиштата и реалниот сектор преку синергија помеѓу образовниот систем и пазарот на работна сила на сите нивоа и зајакната улога на Комората во целиот процес. Извештајот на ЕК нотира дека недостатокот на квалификувани работници дополнително ја отежнува соработката помеѓу странските и домашните компании, што ја попречува структурната трансформација на економијата . Седмо , обезбедува практично работно искуство и заработка на ученикот, како позитивен придонес за вработување. Токму затоа, синтагмата дуално образование - инвестирање во иднината станува реалност. Тоа значи, квалификувани стручни кадри, конкурентност на компаниите, зголемена продуктивност и трансфер на знаење.
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ? М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања
Деновиве јавноста е заплисната од добри податоци за состојбата во која се наоѓа македонската економија. Статистичките податоци укажуваат дека реалниот раст на економијата во првиот квартал од годинава е 4,1%, при што растот има широк опфат и е регистриран во сите освен во два сектори. Во првите четири месеци од годинава во споредба со истиот период од минатата година индустриското производство е зголемено за 7,9%. Во истиот период, извозот, изразен во евра, порасна за 16%, а покриеноста на увозот со извоз е 75,1%. Во првиот квартал од годинава стапката на невработеност е намалена на 17,8%, најниското ниво откако се прави Анкетата за работната сила. Со еден збор, охрабрувачки статистички податоци за македонската економија. Дали има место за еуфорија? Не! Статистиката покажува дека има позитивни поместувања, но јас би истакнал неколку работи за кои мислам дека се добри стратешки определби во пристапот на водење на економските политики. Тие би требале да продолжат и да станат трајна определба, без оглед на тоа кој е во позиција да ги креира и имплементира економските политики. Зошто? Затоа што позитивно влијаат на економскиот амбиент и поттикнуваат инвестиции во приватниот сектор, а со тоа ги зголемуваат шансите за нови позитивни економски вести. Кои се тие добри стратешки определби? Прво, значително е зголемена транспарентноста во дизајнирањето и водењето на фискалната политика. Граѓаните сега имаат појасна слика во однос на буџетот и водењето на јавните финансии. Зголемената транспарентност по правило оди рака под рака со зголемена отчетност. Во тој контекст, мислам дека сега е многу помала опасноста од нетранспарентно акумулирање на внатрешен долг на државата кон бизнис секторот.
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
25
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР Второ, зголемена е фискалната прудентност. Искажано е јасно разбирање за потребата од постепена фискална консолидација и сведување на буџетскиот дефицит на земјава на ниво што е долгорочно одржливо. Ова е важно за да се обезбеди маневарски простор, за секој случај, за заштита и евентуална буџетска инјекција за македонската економија, она што го прават и најразвиените земји, доколку во иднина дојде до силно изразени неповолни влијанија од светската економија. Притоа, треба да се има предвид дека фискалната консолидација мора да се одвива постепено, умерено, без нагли движења. Трето, стабилизирано е движењето на јавниот долг. Тој сега има траекторија што е придружена од поголема предвидливост, со што се релаксира загриженоста за долгорочната одржливост на јавните финансии. Четврто, макроекономските проекции на носителите на економските политики ги карактеризира професионален степен на реалност. Се добива впечаток дека отсуствува порив проекцијата за економскиот раст, на пример, да се прави нереално оптимистичка, што никому не би користело. Со пристапот што сака да се базира на реалност се создава можност со текот на времето институциите да акумулираат кредибилитет во однос на сегашните и идните макроекономските проекции, што креира дополнителна предвидливост на економскиот амбиент и ги поттикнува домашните инвестиции на приватниот сектор. Петто, социјалната политика покажува повисок степен на ефикасност, преку подобро таргетирање на корисниците на разновидна социјална помош од државата. Шесто, прудентните потези во водењето на економските политики што овозможуваат долгорочна одржливост на позитивните движења, по правило, се препознаени од агенциите за одредување на кредитниот ризик на државите и од меѓународните финансиски пазари. Тоа резултира со нивна подобра перцепција за економијата на земјата, намалување на ризикот и намалување на каматните стапки по кои земјата би се задолжила во земјата или во странство. Ова е важно за земји што имаат стар долг за чија отплата мораат повторно да се задолжат, но сега веќе тоа можат да го направат по пониска цена. За ваквите земји тоа значи заштеда на пари во однос на отплатата на долгот. Се разбира, состојбите во македонската економија се далеку од розеви. Има уште многу работи за кои треба да се најдат решенија и да се преземат чекори. Но, за тоа наредната недела.
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ? д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања Имајќи го предвид фактот дека во изминатите години државава се оценуваше како земја со високо ниво на корупција во јавните набавки, согласно документите на меѓународните организации кои го следат развојот на демократските капацитети на државата и подготвеноста за приклучување кон големото европско семејство, особено е важно да се следат ефектите од примената на новиот Закон за јавните набавки, од страна на сите општествени чинители, со цел да се утврди дали направените подобрувања во регулативата ефикасно ќе придонесат за подобрување на состојбите на овој план. Новиот Закон за јавните набавки отпочна да се применува од 1 април 2019 година и, на големо задоволство на бизнис-заедницата, беше донесен во широк консултативен процес, со учество сите засегнати страни. За разлика од претходните години, кога во Државната програма за спречување на корупцијата беа наведувани голем број пропусти во системот на јавни набавки во поглед на преземање на одредени дејствија и донесување одлуки во постапките на доделување на договорите за јавни набавки, во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси, со Акционен план, за периодот 2016-2019 година, се наведува дека е забележан напредок во отстранувањето на констатираните слабости, но сепак евидентна е потребата од подобрување на контролните механизми за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки, преку зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, како и обезбедување поголема отвореност и вклученост на јавноста при донесување на планови набавки и нивните измени и дополнувања. Ако се анализираат приоритетите што биле предвидени да се преземат, ќе се констатира дека истите, од законодавен аспект, се применети, односно се вградени во новиот Закон за јавните набавки. Тоа, пред се, се однесува на воведената обврска за договорните органи за задолжително објавување на годишните планови за јавни набавки, како и нивните измени за тековната година, кои треба да содржат образложение за потребата од секоја набавка, а при пресметка на проценката на вредноста на набавките задолжително да се земаат предвид пазарните услови, со што се очекува дека ќе се надминат слабостите во почетната фаза на определување на потребите и во планирањето на набавките. Исто така, подобрување има и во делот на проширување на примената на Законот за јавните набавки и на фазата на спроведување на договорите, преку воведување обврска за договорните органи за задолжителна контрола врз спроведувањето на договорите за јавни набавки, како и за задолжително составување и објавување извештаи за спроведените набавки. Во старото решение не беше предвидена котрола на спроведувањето на договорите за јавни набавки, односно како што се посочуваше од компаниите „законот завршува со склучувањето на договорот за јавна набавка, а треба да се прошири неговата примена и на следењето на реализацијата на договорите“. Истовремено, како една позитивна придобивка на новиот закон е и задолжителното објавување на склучените договори, нивните измени и извештаите за реализирани договори, како конкретен позитивен чекор кон подобрување на транспарентноста, од една страна, и намалување на можностите за коруптивни однесувања, од друга страна. Ако се има предвид фактот дека пазарот на јавни набавки претставува 9% од БДП на земјава и 20.6% од државниот
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
27
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР буџет во 2018 година, лесно ќе дојдеме до заклучок дека клучен приоритет во земјава треба да биде континуираното унапредување на системот за јавни набавки, врз основа на принципите на транспарентност, конкурентност, отчетност и доследно спроведување на процедурите во постапките за јавните набавки, сè со цел зголемување на ефикасноста во превенцијата на корупцијата и судирот на интереси. Од таа причина, третирањето на ова прашање е и еден од приоритетите во работењето на Стопанската комора на Македонија во 2019 година. Во таа насока, се и планираните мерки кои бизнис-заедницата организирана преку Стопанската комора на Македонија ќе се залага за преземање во наредниот период, од кои посебно значајни се следнитe: 1. Комората во соработка со државните органи ќе иницира нормирање на стандарди и критериуми за избор на економски најповолна понуда во постапките за јавни набавки. Критериумот најниска цена, кој во стариот Закон за јавните набавки беше единствен одлучувачки критериум при изборот на најповолната понуда во постапките за јавни набавки и кој беше најчесто посочуван проблем што го засега работењето на компаниите се замени со критериумот економски најповолна понуда во новиот Закон, со што се очекува дека ќе се надминат ситуациите на понуди и набавки со невообичаено ниски цени и низок квалитет. Цената, може да биде доминантен фактор но само за набавка на стандардизирани стоки и услуги со добро дефинирани технички спецификации. Со оглед на тоа дека овој критериум е прешироко дефиниран во Законот, потребно е изработка на методологија за негова примена и тоа бизнис секторот бараше да го предвиди Законот, со определување на рок во која ќе се донесе како подзаконски акт, но со оглед дека тоа не го предвидува законот, преземена е горенаведената мерка. 2. Се побара да се вклучи бизнис-заедницата во поднесувањето на подзаконски акти (правилници, упатства) со кои ќе се пропише и изработи стандардна тендерска документација по одделни стопански сектори/дејности, што би опфатило пропишување на технички спецификации (примероци на технички спецификации) на предметот на набавката, стандардизирани модели на договори за јавни набавки, со цел подобрување на квалитетот на набавките, но и заради обезбедување на поголема конкурентност на економските оператори и спречување на можностите за фаворизирање на определени економски оператори, како облик на потенцијално коруптивно однесување и постапување. 3. Ќе се иницираат измени во Законот за јавни набавки со кои ќе се предвиди вршење на контрола на Бирото за јавни набавки по барање на стопанските комори, во насока на поефикасно спроведување на управната контрола од страна на Бирото за јавни набавки на огласите и на тендерската документација, која се воведува во новиот закон и отстранување на повредите на законот уште пред почетокот на постапките за јавни набавки, со што се намалуваат можностите за неоправдано ограничување на конкуренцијата меѓу економските оператори, дискриминација на понудувачите, несразмерност на постапките со предметот на набавките и сл. Своевидна потврда дека се потребни дополнителни напори за отстранување на коруптивните дејствија во постапките за јавни набавки е и овогодишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, во кој се констатира дека во делот на јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, земјата е умерено подготвена, поради фактот што е особено подложна на корупција. Несомнено е дека за да имаме голем напредок на овој план, решението не треба да се гледа само во новините што се направени со Законот за јавните набавки, кои се секако позитивен сигнал за подобрување на состојбите, туку особено значајно прашање е и соодветното процесуирање на случаите на корупција во јавните набавки и казнување на сторителите, поголема соработка помеѓу органите за јавни набавки и засегнатите страни, вклучувајќи ја Државната комисија за жалби по јавни набавки, Државната комисија за заштита на конкуренцијата и Државната комисија за спречување на корупцијата, зголемување на административниот капацитет на Министерството за финансии и Бирото за јавните набавки и многу други слични активности на кои треба да се работи во наредниот период. Оттука, јасно е дека свеста за правилно спроведување на постапките за јавни набавки сеуште не е на посакуваното ниво. И покрај континуираното унапредување на Законот за јавни набавки, останува потребата од подигање на интегритетот во јавните набавки и интегрален пристап на сите надлежни институции во системот за превенција и репресија на коруптивните постапувања во постапките за јавните набавки.
28
БИЗНИС ИНФО
ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
29
НОВИ ПРОПИСИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ 10.06.2019 Според известувањето на Министерството за информатичко општество и администрација, со предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, се предвидува формирање на Национална канцеларија за бродбенд компетенции (Broadband Competence Office - БЦО), со што ќе се обезбеди имплементација на Националниот оперативен бродбенд план, подобрување на ефикасноста и ефективноста на бродбенд инвестициите, координација во развојот на бродбенд мрежите, ќе се следи исполнувањето на националните бродбенд таргети и ќе се учествува во работата на БЦО мрежата на Европската Унија. Целта на Предлог – законот е со предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации да се обезбеди можност за влез на бродбенд во сите области во државата и подобра регулација во областа на електронските комуникации, соодветна на воспоставените БЦО во рамки на Европската Унија.
30
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СТОПАНСКА КОМО
Osnovan
ECONOMIC CHAM
Founded
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОРА НА МАКЕДОНИЈА
na 1922
FS 549642
MBER OF MACEDONIA
d 1922
31
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.06.2019 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат
ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАЧЕЛА НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на организација на водење и управување со документите, нивна распределба, чување и складирање, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување. Целна група за семинарот се директори, раководители на сектори за нормативноправни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење. Предавач: м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
33
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.06.2019 година (среда) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
НАПРЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА MICROSOFT EXCEL
Многу организации и поединци во својата секојдневна работа го користат Excel, но повеќето корисници не употребуваат дури 95% од неговите функции со што губат од својата ефикасност, односно не го користат времето кое им е на располагање на вистински начин. Excel претставува моќна алатка во аналитичките процеси чии резултати можат да се употребат за донесување на многу значајни деловни одлуки од каде и произлегува потребата за подлабоко запознавање со оваа програма за табеларно пресметување. Овој семинар има за цел учесниците да стекнат понапредни вештини и знаења во Excel – да се запознаат со користењето на многубројните напредни опции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од работата ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин. Семинарот е наменет за претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини, за лица кои се занимаваат со напредна калкулација на трошоци и обработка на податоци, за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите аналитички способности во насока на донесување правилни одлуки или едноставно кажано семинарот е наменет за секој кој веќе имал прилика да се запознае со основите на користењето на Excel, а има желба или потреба стекнатите знаења да ги подигне на едно повисоко ниво. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер, со посебен акцент на основното користење на програмата Excel. НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19 јуни 2019 година (среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПРАВЕН ТРЕТМАН НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА - ДОВЕРИТЕЛИ СО ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА, ИЗЛАЧНИ И РАЗЛАЧНИ ДОВЕРИТЕЛИ
Стопанската комора на Македонија, на 19 јуни 2019 година организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со прваниот третман на доверителите во стечајната постапка (доверителите со парични побарувања, излачните и разлачните доверители). Предмет на анализа ќе бидат одредбите од Законот за стечај („Сл.весник на РМ” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13,164/13, 29/14,98/15,192/15) кои се однесуваат на правата и обврските на доверителите во стечајната постака и нивна имплементација во судската пракса. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови и проблеми во врска со практичната имплементација на одредбите на Законот за стечај и другите посебни закони (Закон за нотаријат , Закон за извршување) поврзани со остварување на правата на доверителите по отварањето на стечајната постапка на стечајниот должник
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
35
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19.06.2019 - 20.06.2019 Коаџели, Турција
Co-Matching билатерални средби, 19 и 20 јуни 2019 година во Коаџели, Турција
На 19 и 20 јуни 2019 година во Коаџели, Турција, се организираат Co-Matching билатерални средби, во организација на Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), Doğu Marmara ABİGEM и Трговско индустриска комора на Коџаели со Европска претприемачка мрежа. Компаниите на Б2Б деловните средби ќе можат да ги презентираат производите, проектите и услугите на водечките индустриски компании, да развиваат деловни мрежи, да воспостават нови трговски и технолошки соработки и да остварат проектни партнерства. Брошурата за настанот Ви ја проследуваме во прилог. Во рамките на настанот, турските компании можат да ги угостат преставниците на компаниите од странство и во нивните фирми. На првиот ден од настанот ќе се остварат посети на водечките компании од регионот и на странските учесници ќе им се овозможи на лице место и од првата рака да се запознаат со деловната клима во индустријските зони на Коџаели. На вториот ден од настанот турските и странските компании ќе имаат пожност да остварат билатерални средби во Стопанска комора на Коџаели. За бесплатно учество на билатералните средби можете да се регистрирате на https://co-matching2019.b2match.io во делот “Register”. За да ја погледнете листата на учесници на домашни и странски компании на истиот линк во делот “Participants”.
Ивана Крстевска Телефон: ++ 389 2 3244051 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Ivana@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Ирена Мојсовска Телефон: ++ 389 2 3244009 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber. mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
36
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.06.2019 Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат
KAIZEN – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ
Стопанската комора на Македонија, на 21 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „KAIZEN – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ“. Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на KAIZEN работната филозофија. Етимолошки, овој збор доаѓа од два јапонски поими и тоа KAI што во превод значи промена и ZEN што значи добра. Буквален превод би било одржување на состојбата на добро работење, низ континуирана “промена на подобро”, а во пракса тоа би значело константно унапредување, што всушност преставува и најкратката дефиниција за основниот принцип на KAIZEN. Некои од практичните аспекти од примена на KAIZEN се: според концептот на KAIZEN одржување на постојана/непроменлива состојба на организацијата воопшто не е добра, бидејќи се` во светот брзо се менува, па оттука секоја организација која сака да опстои, треба да ги следи светските трендови и потреби од постојани промени, се` со цел одржување и напредок на организација, а тоа се постигнува со автоматско менување на сите системи кои не функционираат во организацијата, вклучување на вработените во стратешкото креирање и промени во организацијата, изнаоѓање економични извори во тековното работење како и имплементирање на нови стандарди и технологии. Еден од клучни поими врзан за KAIZEN e GEMBA што во слободен превод значи “на лице место”, а тоа би значело увид на самото место каде што настанал проблемот (магацин, производството или слично), а не решавање на проблемот од канцеларија. Семинарот е наменет за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа во организацијата и тоа од секторите човечки ресури, производство, логистика, финасии, сите структури на вработени кои се вклучени во оптимизација на процесите и стандардите за квалитет, анализа и планирање и останатите системи за управување во самата организација.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
37
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.06.2019 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРАВА И ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ И РАБОТОДАВАЧОТ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ОСНОВИ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Стопанската комора на Македонија, на 21 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Права и обврски на работникот и работодавачот од работен однос, основи за отказ на договорот за вработување, суспензија на вработениот до конечна одлука за отказ на договорот за вработување, задолжителност /незадолжителност на водење на дисциплинска постапка пред отказот на договорот за вработување, улогата на инспекторатот за труд во случаи на отказ на договорот за вработување. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - м-р Бојана Велковска, Претседател на одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II-Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
38
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.06.2019 година 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА И ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Овој семинар пред се, има за цел да ги појасни и доближи пропишаните законски измени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Службен весник на РСМ, бр. 98 од 2019 година кој влегува во сила на 29 Мај 2019 година и Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Службен весник на РСМ, бр. 120 од 2018 година, а согласно член 182 став 2 кој влегува на сила од 1 Јуни 2019 година. На еднодневниот семинар, учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за пропишаните законски измени кои имаат за цел појаснување на одредбите на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, во делот на издавањето фискална сметка, временско ограничување на издавањето на сторно сметка кај угостителите, кај вршителите на промет на храна и пијалоци и обложувалниците како и описот на плаќањето- со платежна картичка или во готово. Учесниците ќе добијат и подлабоко разбирање за начинот и контролата од страна на УЈП во делот на двата Закони. Предавач: Мери Каровска, Дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Со искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација Achieve Global потоа Link Across и Американ Колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран Корисник.
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
39
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25 јуни 2019 година 10:00 -16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
НОВИНИ ВО ПРЕКРШОЧНАТА ПОСТАПКА НИЗ ПРИЗМА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Имајќи предвид дека на 17 мај 2019 година стапи на сила новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19), Стопанската комора на Македонија, на 25 јуни 2019 година организира еднодневен семинар на тема: „Новини во прекршочната постапка низ призма на новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19 од 15.5.2019 година)“. Семинарот е наменет за сите приватни компании кои во текот на своето работење може да сторат прекршок од било каков вид, а особено за оние компании кои се учесници во царинските постапки (во својство на увозници / извозници / застапницишпедитери / превозници и др.). Целта на овој семинар е компаниите да се запознаат со целите, новините и очекуваните ефекти од новиот Закон за прекршоците, правата и обврските кои ги имаат сторителите на прекршок во прекршочната постапка, а пред се дејствијата кои истите треба да ги преземат во моментот на сторување на прекршок како и во натамошниот тек на постапката, а воедно да се запознаат со погодностите кои за сторителите на прекршок ги нуди новиот Закон за прекршоците споредбено со стариот закон, со крајна цел компаниите што поуспешно да ги заштитат своите права и интереси во прекршочната постапка
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
40
БИЗНИС ИНФО
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.06.2019 - 26.06.2019 Тренинг обука
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат
РАЗВИВАЊЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ЗНАЕЊА ПОТРЕБНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА СИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА
Цел на обуката: • Разбирање на барањата GDPR и основните принципи на приватност; • Разбирање на улогите, обврските и одговорностите DPO – data protection officer; • Разбирање на концептот, пристапот, методите и техниките неопходни за имплементација на законската рамка за заштита на податоци. За кого е наменет семинарот? За сите работни организации, без разлика на нивната дејност и големина, за сите вработени кои обработуваат и чуваат лични податоци, како и сите останати кои се вклучени во процесите на заштита на лични податоци и информатичка безбедност, како и поединци кои сакаат да се стекнат со вештини и знаења во принципите на приватност и да изградат кариера во областа на заштита на лични податоци. ПРОГРАМА o Секција 01: General Data Protection Regulation (GDPR); o Секција 02: Core consideration for the GDPR (Основи на GDPR); o Секција 03: Roles, obligations, and processing activities (Улоги, одговорности и овластувања); o Секција 04: Data protection policy (Политика за заштита на податоци); o Секција 05: Risk assessment and Privacy Impact Assessment /PIA (Процена на ризикот и процена на приватноста на податоците) o Секција 06: Documentation management and communication plan (Управување со документацијата и план за комуникација): o Секција 07: Data protection controls and technology (Технологија и контрола на заштита на лични податоци); o Секција 08: Incident reporting and management (Управување со инциденти и извештаи); o Секција 09: Consent and subject access requests and transfer of data (Барања за прифаќање, пристап и пренос на податоци); o Секција 10: Monitoring, measurement, analysis, and evaluation (Мониторинг, мерење, анализа и евалуација од примената на GDPR); o Секција 11: Corrective actions and continual improvement (Корективна акција и постојано подобрување); o Секција 12: Competency, evaluation and closing the training (Компетенции, евалуација и затварање на обуката)..
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
БИЗНИС ИНФО
41
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.06.2019 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА – ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПАНИСКАТА ЕФИКАСНОСТ
Во модерното деловно опкружување, улогата на деловните асистенти е се поголема. Како расте комплексноста на активностите на една компанија, тие преземаат се повеќе и поголеми одговорности. На семинарот ќе се обработат сегментите како зголемување на самодовербата, техники за ефективна деловна комуникација и услуга кај извршните асистенти, методи кои ќе помогнат како да се завршат повеќе работи за пократко време, техники за зајакнување на комуникациските вештини кај деловните асистенти и што е најважно - станување незаменлив деловен асистент. Програмата на семинарот ќе придонесе во унапредувањето на вештините на овие клучни човечки ресурси, ќе се идентификуваат клучните области во кои треба да се работи на едукација за унапредување на потребните вештини и клучни карактеристики кои треба да ги поседува еден “современ” деловен асистент во услови на динамичниот развој на компаниите. Семинарот ќе ви помогне: - Да научите да завршите повеќе активности за пократко време; - Да научите да ја контролирате Вашата работа и да не дозволите таа Вас да Ве контролира; - Да ја потенцирате важноста на деловниот асистент и неговото место во компанијата; - Да станете незаменлив деловен асистент; - Да научите да ги унапредете Вашите деловни вештини кои се неопходни за успех и напредок во кариерата; - Да се стекнете со практични решенија за ефикасно управување со времето и приоритетите; - Да размените искуства со други деловни административни професионалци; - Да се стекнете со ефективна деловна комуникација која е 100% употреблива во пракса.
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
42
БИЗНИС ИНФО
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019
Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
T
O
15
БИЗНИС ИНФО
IS
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
43
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 14 јуни 2019, Бр. 399
T
15
44
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
97 godini 1
922 - 2019
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088