Бизнис ИНФО, број 394

Page 1

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

345 Број 394

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 10.5.2019

Меѓународна конференција за унапредување на земјоделскопрехранбениот сектор 6.5.2019 година


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР

Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија континуирано презема активности во насока на поголема препознатливост и промоција на Комората, како институција, која се залага за развој на домашното земјоделство, поставување идни насоки за негов развој со целосно прилагодување на секторот кон зголемените очекувања на потрошувачите и кон добрите практики на европската регулатива од оваа област, со што придонесува за работење на компаниите во овој сектор. За таа цел, Стопанската Комората на Македонија организира меѓународна конференција на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“. Во фокусот на програмата на Конференцијата ќе бидат актуелни теми од областа на агро секторот, вклучувајќи ги прашањата за рурален развој, традиционални земјоделски производи, земјоделско земјиште, подобрување на пазарните механизми за продажба на земјоделски производи, зајакнување на свеста за заштитените ознаки за потекло, заштитените географски ознаки и загарантираните традиционални специјалитети, органски производи, Hi’teh во земјоделството, како и низа други актуелни прашања за секторот, информираше Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија на денешната прес конференција. На наведените теми на меѓународната конференција која ќе се одржи на 16 мај во Комората, ќе говорат признати меѓународни и домашни експерти со богато искуство од областа на земјоделскопрехранбениот сектор, кои своите согледувања и ставови во врска со актуелните прашања ќе ги


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА презентираат пред претставници на Владата и нејзините институции, науката, бизнис – секторот и пошироката јавност. Создавањето конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на Република Северна Македонија, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективен пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотребата на заштитените имиња на пазарот. Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да може, во еден догледен период, да се видат резутатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација кон климатските промени (како во растителното, така и во анималното производство), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и бидиверзитетот во државата. Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината). Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота, тие беа искористени како социјално-политичка алатка. Но македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција. На нашата земја и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ке придонесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари заснована на балансиран развој во сите региони и потребата да се обезбедат перспективи за раст на руралните области и села. Идејата за “паметни” села не може да се направи изолирано и треба да биде вградена во пошироките стратегии за регионален развој. Зајакнувањето на врските помеѓу руралните и урбаните области е клучно за постигнување на ваквата цел со што би се надминал јазот помеѓу руралните и урбаните области, како и да го развијат потенцијалот што го нудат поврзувањето и дигитализацијата на руралните области. На нашите рурални заедници им се потребни работни места, основни услуги, поврзување и паметни транспортни решенија, како и поволна клима за претприемништво. Мораме да им се овозможи да се појават нови типови на бизнис модели, како што се услуги базирани на портал, и да им се помогне на постојните рурални бизниси да се поврзат, да се интегрираат и да соработуваат подобро со урбаниот бизнис. Руралните области се места на големи средства и тие можат да станат уште попривлечни ако им овозможиме на локалните актери да го откријат својот потенцијал. Тие обезбедуваат неопходни придонеси за решавање на многу од големите општествени предизвици,


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА како што се климатските промени или одржливото обезбедување храна, биомаса и енергија. “Паметни” села е релативно нов концепт во рамките на креирањето на политиките на ЕУ кој се однесува на руралните средини и заедници кои ги градат своите постоечки сили и средства, како и за развој на нови можности. Во Smart селата традиционалните и новите мрежи и услуги би се засилиле преку дигитални, телекомуникациски технологии, иновации и подобра употреба на знаењето, во корист на жителите и бизнисите. Дигиталните технологии и иновации можат да го поддржат квалитетот на животот, повисокиот животен стандард, јавните услуги за граѓаните, подобра употреба на ресурсите, помалку влијание врз животната средина и нови можности за руралните синџири на вредности во однос на производите и подобрените процеси. Ваквиот концепт особено треба да обрне внимание на вештините за е-писменост, пристап до е-здравство и други основни услуги, иновативни решенија во насока на грижа за животната средина, примена на циркуларна економија за земјоделски отпад, промоција на локални производи поддржани од технологија и ИКТ, корист од паметни специјализирани агро-прехранбени проекти, туризам и културни активности итн. Македонското земјоделство се наоѓа на раскрсница, и согласно наведените податоци, се наметнува потреба од нови, јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика и мерки и дејствија за нејзино остварување. Освен светските движења и климатските промени кои несомено ќе имаат влијание на насоката на развој на македонскиот аграр, важен фактор во создавањето на конкурентно и прецизно земјоделство е употребата на ИТ технологијата во овој сектор. ИТ секторот нуди софтверско решение кое овозможува целосна поддршка на работењето во земјоделството и претставува систем за управување со фарми од секаква големина и дејност. Употребата на софтверски решенија од страна на земјоделските компании денеска станува неминовност, бидејќи единствено на тој начин можат прецизно да го предвидат своето производство, да превземат соодветни корективни мерки и да донесуваат квалитетни одлуки. Преку ваквите алатки ќе се подобри квалитетот на нивните производи и ќе се минимизира економската загуба од неправилно користење на ресурсите. Посебно треба да се напомене дека располагањето со податоци за претходните години, драстично може да ги подобрат резултатите во работењето, бидејќи со правилно планирање значително се намалуваат трошоците. Менаџирањето на фармите, со помош на софтверски решенија е пракса во европските земји. Досегашните искуства покажуваат дека земјоделците кои користат напредни алакти го зголемиле квалитетот и квантитетот на своите насади, обезбедиле повисок квалитет и успеале на пазарот да пласираат поконкурентни производи. Со воведувањето на софтверски решенија од овој тип во Република Северна Македонија, на нашите земјоделци им е овозможен навремен увид на посевите, информации за настаните на фармата, како и можност за спроведување навремени корективни мерки за повисок квалитет на здрава храна. Употребата на современи технологии станува неминовност за земјоделците, бидејќи без навремени податоци и информации кои гарантираат следливост и потврдуваат потекло и квалитет, иднината на земјоделските компании до одреден степен е неизвесна. Нашето земјоделство е на прагот за трансформација во модерно земјоделство што ќе значи повисок профит за фармерите и агрокомпаниите, поголема конкурентност на домашните и странски пазари и истовремено, намалување на трошоците. Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО АЗЕСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПОЧЕСНИТЕ КОНЗУЛИ ВО ЦРНА ГОРА Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој е и Почесен конзул на Црна Гора во земјава, учествуваше на Третата Конференција на почесни конзули што се одржа на 6 и 7 мај 2019 година. Конференцијата ја отворија претседателот на Собранието на Црна Гора, г-дин Иван Брајовиќ и министерот за надворешни работи во Владата на Црна Гора, г-дин Срѓан Дармановиќ, а свои обраќања имаа и министрите во Владата на Црна Гора кои ги покриваат ресорите за култура, здравство, одржлив развој и туризам. Г-дин Брајовиќ им се заблагодари на почесните конзули на Црна Гора што своето време, углед, контакти и ресурси неуморно ги ставаат во служба на Црна Гора, при што посочи дека е навистина голема чест да се биде претставник на слободарска земја како што е Црна Гора, чија илјадагодишна историја, како сегашноста ги обврзува сите и е во чест на сите. Во воведното обраќање, г-дин Дармановиќ ја нагласи важната улога на почесните конзули во позиционирањето на Црна Гора на светскиот пазар како атратктивна инвестициона и туристичка дестинација. На конференцијата, на која учествуваа повече од 40 почесни конзули, беа


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

7

БИЗНИС ПРОЕКТИ

презентирани актуелните проекти и развојните приоритети на Црна Гора, со цел натамошно унапредување на економската и културната соработка со земјите од каде што доаѓаат почесните конзули на Црна Гора. Во рамки на конференцијата, се одржаа и посебни средби за взаемно запознавање и соработка со почесните конзули што доаѓаат од различни страни на светот, а претседателот на Стопанската комора на Македонија и почесен конзул на Црна Гора во земјава оствари средби и со претседателот на Собранието г-дин Брајовиќ и министерот за надворешни работи на Црна Гора, г-дин Дармановиќ. На средбата, г-дин Азески изрази уверување дека конференцијата ќе придонесе за зајакнување на контактите, партнерствата и деловните врски на почесните конзули кои се во насока на промоција на потенцијалите на Црна Гора, но и на унапредување на соработката меѓу македонските и црногорските компании, како и соработката меѓу двете земји во насока на унапредување на туризмот и промовирање на културните вредности како на Црна Гора, така и на земјите од кадешто доаѓаат почесните конзули, меѓу кои и Република Северна Македонија. Во таа насока, првата наредна активност која е во насока на унапредување на економската соработка меѓу македонските и црногорските компании, е и организацијата на македонско-црногорски бизнис форум кој ќе се одржи на 24 мај оваа година, во Подгорица. д-р Елена Милевска Штрбевска


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

АНАЛИЗИ

ДАЛИ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА 5G?

Конференција на тема “Оформување доверлив интернет за сите” – SEED 5G се одржа во Букурешт Романија, организирана од Југоисточен европски дијалог за управување со интернет. На конференцијата учествуваше Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија како претставник на Комората. Во своето излагање Христов посочи дека 5G технологијата е технолошка еволуција која подржана од сите учесници во процесот - државата, бизнис секторот и научната фела ќе доведе до технолошка револуција. Лансирањето на 5G технологијата и нејзината комерцијализација е силно поврзано со дигитилизацијата адаптирање на постојни услуги и бизнис решенија, но и иновирање на нови продукти и услуги. Со дигитализацијата се дава нова „додадена“ вредност, особено предзвик за нашата земја со трудоинтензивни и ниско репродукциони индустрии, како мерка за забрзан економски раст. Дигиталната траснформација, како што акцентира претседателот на Здружението на ИКТ


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

9

БИЗНИС ПРОЕКТИ

при Комората Христов, креира економски раст, така што со 10% од растот на индексот на дигитализаиција влијае врз 0,63% раст на БДП на Западен Балкан. Ова се податоци добиени од студијата - Учеството на Дигиталната трансформација на Западен Балкан - справување со предизвиците на политичката стабилност и економскиот просперитет. Сепак за да се реализира инвестирање во нови технологии вклучително и 5G (за да се постигне економска оправданост, економија на обем, реален поврат на инвестициите), неопходна е поддршка од државата и стимулации во намалување на пара-фискалните оптоварувања на операторите како поддршка за инвестиција во 5G технологија и „супер брзи“ мрежи, надминување на „дигиталниот јаз“, предизвик за заедничко градење на мрежи и користење на капацитетите на “utility” компаниите за струја, водовод, гас и сл.).


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СОРАБОТКА

ЕВРОПСКИТЕ МУЛТИЛАТЕРАЛНИ ИНСТИТУЦИИ СО ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕС ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ ОД РЕГИОНОТ Редовните т.н. Годишни средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 2019 година се одржуваат во Сараево, БиХ. На настанот учествуваат премиери, високи претставници на финансиски институции и на бизнис секторот. Се одржуваат бројни и разновидни настани и средби.

Во текот на првиот ден, двете панел дискусии посветени на бизнис секторот во земјите од Западниот Балкан и Турција беа главен настан. На првиот панел беа презентирани наодите од Индексот на политиките за мали и средни претпријатија за земјите од овој регион. По тој повод, меѓу другите се обрати и Катарина Матернова од Директоратот на ЕУ за проширување и земјите во „соседството“, која истакна дека Рамката за инвестирање во регионот на Западен Балкан ќе се модифицира за да ги усогласи процедурите на досегашните механизми за финансирање. Крајниот резултат од таквата промена ќе биде спојувањето на дебатата за политиките и целите за кои постои стремеж да се постигнат, од една страна, и одлуките за инвестирање, од друга страна.


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

11

СОРАБОТКА Годишното истражување за Индексот на политиките за мали и средни претпријатија за земјите од Западен Балкан и Турција покажа дека најголема слабост е недостигот од соработка помеѓу владите и приватниот сектор. Други клучни слабости се носењето на важни промени во регулативата во итна постапка, отсуството од централизиран пристап кај процедурите за лиценцирање, отсуството од независни евалуатори за ефективноста на проектите што се финансиски поддржани од владите, итн. Вториот панел беше фокусиран на пристапот до финансиски средства. Марко Мароне, од Европскиот фонд за инвестиции и координатор на Механизмот за финансирање на развој на претпријатијата и иновации (EDIF) посочи дека двата столба на програмата, финансиските инструменти и техничката помош за градење на капацитетот на претпријатијата и понатаму ќе продолжат. Механизмот за давање гаранции и Програмата за конкурентност, како програми за споделување на ризикот со деловните банки, продолжуваат. Европските мултилатерални финансиски институции активно работат на изнаоѓање решенија што ќе овозможат малите и средни претпријатија полесно да дојдат до финансиски средства. Ова е многу важно за малите и средни претпријатија во услови кога, согласно кажаното на панелот, и самите банки се соочуваат со потребата од сопствена трансформација во начинот на приоѓање кон потребите на бизнис секторот од финансиски средства. Зоран Јовановски


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ

АСЕРТИВНА КОМУНИКАЦИЈА Клубот на менаџерипретприемачи во рамки на своите редовни активности, на денешната средба на членките, имаше предавање на темa: „Асервативна комуникација“, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“. Целтта преку предавањето на тема од ваков специфичен вид на тематика е да се образложи однесувањето на поединците во специфични ситуации. На пример кога поединците се вознемирени или разочарани; кога чувствуваат дека се неправедно третирани; кога се критикувани; кога не се согласуваат со некого; кога преговараат. Според д-р Ѓуров, „Асервативна комуникација“ е модел на комуникација кој одредува како ќе се однесуваме се нашите емоции. Некои лица стануваат несигурни, вознемирени или уплашени кога се пронаоѓаат во ситуација во која е потребно на било кој начин да се конфронтираат со другите, а многу често поради тоа се чувствуваат несреќно поради долгорочното незавземање на ставови, изразување на своите желби и потреби, а други пак стануваат бесни кога нештата не ‘’течат’’ по нивна замисла. Асертацијата вклучува самопочит која е еднаква со почитувањето на правата и вредностите на другите лица. Асертивната комуникација е тренд во последните неколку години. Таа настанала при потребатa да се справиме со луѓето што нè опкружуваат, во времето и просторот во кој живееме. Денешната средина ја поттикнува родовата еднаквост; се очекува од поединци да придонесат за развојот на општеството, дека тие знаат како да ги изразат своите ставови и мислења; а уште повеќе и мислењето кое е спротивно на мислењето на другите луѓе.


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

13

КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ Ако знаеме како да комуницираме асертивно, можеме да се осигуриме дека нашето ментално здравје и благосостојба ќе останат во одлична состојба , бидејќи постои помала можност за конфликт. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

ПРЕЗЕНТИРАНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолскa на 9.5.2019 година имаше работна средба со членовите на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на која беа претставени измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Осврнувајќи се отвореноста на Владата кон бизнис заедницата во моделирањето на економските политики, министерката Апостолска истакна дека Планот за економски раст е резултат на активниот и креативен дијалог со претставниците на стопанството. „На овој начин ги артикулиравме нивните потреби, проблеми и создадовме пакет на стимулативни мерки кои дадоа резултати. Во минатата 2018 година ги пробивме сите рекорди за странски директни инвестиции, 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повеќе од просекот во изминатите 8 години. Индустријата забележа раст од 5,4%, што е највисок во последните седум години. Целта на Законот за финансиска поддршка за инвестиции беше токму ова, да се поттикне индустрискиот раст, за кој сме сведоци“, рече министерката Апостолска пред претставниците на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Зборувајќи за определбите на Владата економскиот раст и развој да ги постави на цврсти темели, министеркта Апостолска нагласи дека и оваа средба е продолжување на


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

15

СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

воспоставената култура на редовна комуникација со бизнис заедницата, а со крајна цел заеднички да се постави динамичен и одржлив економски систем. “Во нашата посветеност да ги продолжиме овие позитивни трендови во економијата, беа направени и измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во насока на олеснување на административните процедури за аплицирање за финансиската поддршка и проширување на опфатот на компаниите кои се квалификуваат за мерките. Овие измени се одговор на идеите што произлегуваат од бизнис секторот, од економските субјекти за кои е создаден овој Закон да ги поддржат“, рече министерката Апостолска. Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер изрази задоволство што измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите се во насока на определено либерализирање на постапката и проширување на можностсите за аплицирање на поширок круг на заинтересирани компании кои би биле потенцијални корисници на финансиската поддршка. „Во интерес на сите заинтересирани страни е што изменетите законски решенија се резултат на активниот и креативен дијалог со бизнис-заедницата и верувам дека овој процес е отворен и ќе продолжи и понатаму“, истакна Петер. Петер изрази надеж дека ќе се зголеми опфатот на успешни компании и од делот на странските инвеститори во земјава што може да имаат пристап за финансиска поддршка согласно овој закон и со тоа уште повеќе да се забрза темпото на раст на индустриското производство и на економијата во целост, притоа најави дека дополнително ќе достават нивни сугестии за надградување на постоечките измени. Влатко Стојановски


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

ФЕЉТОН – Регионално обединување

КОСОВО – ПАРТНЕР СО КОЈ ОСТВАРУВАМЕ НАЈГОЛЕМ СУФИЦИТ ВО РАЗМЕНАТА Сашо Деспотоски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Ако Србија е наш најголем трговски партнер анализирајќи го регионот на Западен Балкан, Косово е земјата со кој остваруваме најголем суфицит во трговската размена, односно поголема извозна активност за сметка на увозот. Ваквата состојба, во услови кога нашата земја во трговската размена со земјите од регионот, евидентира континуиран раст на трговскиот дефицит, косовскиот пазар, со кој остваруваме суфицит во размената, треба да се гледа како добра шанса во која само треба да се инвестира и да се бараат начини како истиот да се одржува и зголемува. Република Северна Македонија и Република Косово традиционално и економски соработуваат, а имаат соработка и во различни регионални и мултилатерални иницијативи. Унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји е од особено значење за регионот, како дел на кој припаѓаме. Постои голем потенцијал за интензивирање и продлабочување на директната соработка меѓу бизнис секторот од двете земји и тие меѓу себе не треба да се гледаат како конкуренција. Двете земји треба да работат и во насока на градење заедничка стратегија за настап на трети пазари. Во таа насока, главен акцент за продлабочување на економската и трговската соработка треба да биде ставен на воспоставување системски решенија помеѓу двете земји, имајќи го предвид фактот дека станува збор за комлементарно, две, сосема различни економии. Блиски географски, но далечни според економскиот систем на функционирање. Двете земји, се две мали економии, кои самостојно тешко успеваат да обезбедат долгорочен стабилен раст и развој. Но, земјите од Западен Балкан како мали економии можат да ја подобрат алокацијата на ресурсите и да ја зголемат својата продуктивност единствено преку искористување на економијата од обем со поголема регионална и меѓународна интеграција. Тие можат да ја подобрат својата позиција на глобалните пазари само ако соработуваат прво меѓусебно, а потоа и со други поразвиени земји, обезбедувајќи на тој начин трансфер на технологија и знаење што ќе им овозможи да се вклучат во нивните синџири на снабдување преку производство и извоз на производи со повисок степен на финализација и додадена вредност. Се повеќе е јасно дека за да може компаниите од Западен Балкан да бидат поконкурентни на пазарот и да се приближат кон Европската Унија, неопходна е регионалната економска соработка. Ако се анализираат статистичките податоци, вкупната трговска размена на нашата земја со Република Косово во 2018 година достигна вредност од скоро 300 милиони САД$, со раст од 14,2% во споредба со 2017 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 265,8 милиони САД $ со раст од 17,78%, додека пак увозот


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

17

ФЕЉТОН – Регионално обединување изнесува 34,7 милиони САД $ каде се бележи намалување од 6,7% споредено со 2017 година, и евидентиран е суфицит во трговската размена за 2018 година во износ од 231 милиони САД$, каде што истиот во однос на 2017 година е зголемен за 22,67%. Од бизнис аспект гледано, поради недостиг на политичка волја, а во услови на немање соодветна инфраструктура, изминатите години, двете соседни земји имаат намалена економска и трговска соработка на сите полиња. Дури за половина споредено со 2011 година. Имено, пред 7 години, размената изнесувала 589 милиони долари, што е двојно повеќе од 2018 година. При тоа беше реализиран суфицит од 516,8 милиони долари, што е 85% од вкупниот обем на трговска размена. Косовскиот пазар е значаен за македонските земјоделски производители, за прехранбениот сектор, градежништвото, трговијата, хемиската, нафтената индустрија, но поле за соработка има и во сите други дејности. Двете земји имаа неискористен потенцијал во делот на туризмот и тоа од два аспекта. Прво, во промоција на македонскиот и косовскиот туристички потенцијал за туристи од двете земји и второ, во креирање заеднички туристички понуди за туристи од трети земји. Имајќи го предвид фактот дека бизнисот нема време за чекање и покрај намалената трговска активност, стопанството прави напори за придвижување на процесите и надминување на проблемите кои ја кочат економската соработка да се одвива со поголемо темпо и динамика. Приоритет и акцент во поттикнување на соработката е ставен на решавање на инфраструктурното поврзување на нашата земја со Косово, прашање кое се актуализираше во последните години, откако повеќе од една деценија беше ставено во мирување. Со реализација на овој проект, Косово ќе биде трет сосед на Македонија, со кој земјата ќе има директна конекција преку автопат. Засега, тоа е случај само со Грција и Србија, а во најскоро време треба да се реализираат и најавите за автопатско поврзување со Албанија и Бугарија. Во таа насока, ако се има во предвид фактот дека Косовската страна е при крај со изградба на целата траса на автопатско поврзување, останува изградба на само 13 километри автопат од македонска страна, што е главната рута од Скопје до Приштина. Започнати се подготвителни работи за проектирање и реализација на нашиот дел од автопатот и според најавите овој проект - автопатот Скопје - Блаце треба да биде реализиран до крајот на 2022 година. Не помалку важно прашање кое треба да придонесе за побрз и полесен транспот на стоки и луѓе помеѓу двете земји е заедничкото управување на граничните премини, односно да постоење на една контролна точка на границата каде најголема придобивка ќе биде кај протокот на стоки со што ќе се одбегнат двојните контроли на самите премини. Од голема важност е и изградбата на царински терминал на преминот Јажинце кој ќе помогне за подобрување на размената меѓу двете земји и ќе значи олеснување пред се, за компаниите од Полошкиот регион, а со тоа се отвора и постои можноста извозно ориентираните косовски фирми да можат да ја користат слободната економска зона во Тетово. Согласно погоре нотираните потенцијални полиња за соработка, Македонија и Косово треба да продолжат со одржување и на седниците на Мешовитиот комитет за економска соработка, на кој ќе ги отвораат и решаваат сите актуелни прашања кои постојат, се со цел интензивирање и продлабочување на соработката, како и надминувањето на сите трговски бариери и решавање на сите проблеми кои се од заеднички интерес за двете страни. Податокот дека Косово е земјата со која остваруваме најголем суфицит во размената во регионот на Западен Балкан, надополнет со податокот дека Србија е наш најголем Балкански трговски партнер, само го потврдува фактот дека соработка прво меѓу земјите, а потоа и на ниво на регион е повеќе од потребно да се интензивира и развива. Близината, соседските односи, познавањето на културата, традицијата, обичаите се само причина повеќе бизнисот да стане доминантен во креирање и водење на регионалните иницијативи и активности, со крајна цел, развој на сите земји од Западен Балкан и приближување кон Европската унија кон која стремат.


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

Препораки за создавање Регионална Економска Област (РЕО) м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Создавањето на целосно функционална РЕО е најважната цел на Берлинскиот процес која треба да се реализира преку активностите што ги спроведува Коморскиот инвестициски форум. Преку формирање на Регионална економска област во земјите од Западен Балкан, интенцијата е да се создаде поконкурентен регион на глобалната инвестициска мапа, која ќе придонесе и повисок економски раст во земјите од ЗБ, а индиректно ќе биде фактор во обезбедувањето стабилност и развој на целиот регион. Оваа цел е поткрепена и со минатогодишната студија на ММФ и Светската банка која покажува дека доколку мерките за регионална интеграција биле спроведени, растот во регионот во периодот 2018-2022 би бил повисок од 4% годишно, што ќе резултира со 15-17 милијарди повеќе во номиналниот БДП, регионално, со тенденција за понатамошен раст дури и по 2022 година. Коморите од земјите на Западен Балкан се свесни дека е потребно време за да се почувствуваат резултатите од инфраструктурниот развој, промената на регулаторната рамка, зацврстувањето на владеењето на правото, градењето доверба и градењето на работните односи меѓу владините институции. Сепак, за процесот на регионална економска интеграција да може целосно да се спроведува, владите во регионот треба активно да работат на планирањето и спроведувањето на агендата за регионална соработка, при што ќе ги земат предвид моменталните фази на усогласување со регулативата на ЕУ и нејзината имплементација , сè уште кревките политички односи во регионот и различните нивоа на економски развој. Процесот на ратификација на Протоколот 5 на ЦЕФТА - Договорот, кој треба да донесе поедноставување на царинските контроли и намалување на формалностите се одвива бавно , иако Македонија беше меѓу првите држави кои го ратификуваа, процесот се движи полека, поради причини кои не секогаш се примарно поврзани со економијата. Бројките покажуваат дека сé уште имаме многу предизвици пред нас. Во секојдневното функционирање бизнис секторот се уште се


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

19

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) соочува со големи проблеми во непречено функционирање на протокот на стоки и услуги од една во друга земја во регионот на ЦЕФТА. Камионите чекајќи на граничните премини во просек губат 26 милиони часови годишно. Тоа нé чини загуби од 1% од БДП и намалување на вредноста на извозот од 1%, односно 7% кога станува збор за земјоделски производи. Агендата за регионална соработка треба да биде резултат од заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни при што ќе се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и ќе се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво. З аедничкиот пристап на регионално ниво е потребен за да се поддржи и покаже важноста за реализација на пристапување на земјите од регионот во европскиот интегративен процес, како што е наведено и во заедничкиот став на EUROCHEMBERS И КИФ ЗБ6. Коморскиот инвестициски форум , преку својот Секретаријат и мрежата од членки-комори што претставуваат повеќе од 350,000 компании во регионот, смета дека сите засегнати страни-владите од ЗБ6, Европската комисија, земјите-членки од ЕУ во Берлинскиот процес, Советот за регионална соработка и сите други заинтересирани страни, во насока на зајакнување на економската соработка во регионот на Западен Балкан, потребно да ги земат предвид следниве препораки: За да се обезбеди подобра координација и имплементација на политиките што треба да водат до создавање на единствена економска област, потребно е да се воспостават на министерства за регионална соработка во сите влади од ЗБ6 . Оваа мерка ќе обезбеди поголема политичка моќ и имплементација на договорените политики, а дополнително на тоа, ќе придонесе и за градење доверба меѓу политичките чинители во регионот. Да се работи заедно на тоа регионот да стане поконкурентен во привлекувањето СДИ и поттикнувањето интрарегионални инвестиции со намалување на бариерите и поедноставување на постапките и регулативите. Да се предвидат пречките за имплементација кога се креираат политиките и стратегиите со цел да се намали времето меѓу дефинирањето на политиките и нивното целосно спроведување. Да се овозможи побрза трговија со добра со намалени цени во регионот и да се елиминираат долгите редици од камиони на граничните премини со тоа ќе се отстранат нетарифните бариери, при што ќе се овозможи заемно признавање на сертификатите и забрзување на процесот за усвојување на стандардите на ЕУ и воведувањето електронски документи. Да се овозможи подобар и полесен пристап до финансии за МСЕ во регионот како средство за обезбедување побрз раст и отворање на работни места . Треба повеќе да се инвестира во намалување на бариерите за пристап до заеми од банките и унапредување на алтернативните форми на финансирање (сопствен капитал, полу-сопствен капитал, краудфандинг, лизинг, итн.) Да се работи на дигиталната агенда, да се обезбеди еднакво образованиe до кое сите ќе имаат пристап, вклучувајќи и стручно образование, и да се обезбеди мобилност на луѓето за да овозможи високо образуваните кадри да останат и да работат во регионот. Бизнис секторот преку активностите на Стопанските комори од шесте земји од регионот на Западен Балкан, целосно се посветени да работат на постојан, структуриран и интерактивен јавноприватен дијалог, со цел исполнување на препораките за постигнување заеднички напредок во регионот. За таа цел во наредниот период ќе бидат имплементирани и низа проекти коишто ќе придонесат за успешно креирање на единствена Регионална Економска Област (РЕО).


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Ние ни во лудило не можеме да произведеме подобар компјутер од Јапонците, но можеме подобар ајвар, рече Влатко Стефановски на едно телевизиско гостување пред многу години. Една реченица, илјада зборови! Нашава земја има потенцијал и за производство на високотехнолошки производи, но набљудувано на краток рок, потенцијалот да се зголеми обемот, квалитетот и додадената вредност на домашното земјоделско производство е далеку поголем. Природните погодности на нашето поднебје, глобалниот раст на населението и можностите за инвестирање го прават македонското земјоделско производство податливо за релативно брз раст. Неспорно е, земјоделството заслужува сериозно внимание како на креаторите на домашните економски политики така и на потенцијалните инвеститори во тој сектор. Учеството на земјоделството, шумарството и рибарството, прикажани како една ставка од страна на Државниот завод за статистика, во изминатите десетина година, со минимални отстапувања, се одржуваше во распонот од 9 до 10% од БДП на земјава. Но, од 2014 година кога учеството беше 10,2% на БДП тоа се намали на 7,2% во 2018 година. Намаленото учество на земјоделството во БДП е глобален тренд, бидејќи економскиот раст првенствено го движат други сектори, но тоа не смее да биде причина за индиферентност, особено кога станува збор економија каква што е македонската. Суштината на развојот на македонското земјоделство не е во тоа дали ќе се исплатат најавените субвенции. Главната тема е да се дефинира одржлив систем што ќе го направи амбиентот податлив за инвестирање од страна на приватниот сектор


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

21

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР и примена на бизнис модел кој ќе овозможи фундаментална трансформација и брз раст на земјоделството, како по обем така и во квалитет. Во тој контекст, има повеќе прашања за македонското земјоделие што заслужуваат сериозен одговор . Еве само неколку. Прво, зошто не се обработува една третина од обработливото земјоделско земјиште во земјава? Значи земја има, ама земјата е на луѓе што не се заинтересирани за производство, нема пристојни услови за живеење во руралните средини, младите не ги интересира, не е исплатливо, нема доволна или добро насочена финансиска помош или пристап до финансиски средства, си заминаа луѓето во странство, премногу е раситнето земјоделското земјиште, не се употребува механизација? Второ, кој каква улога има или треба да има во ланецот „од нива до трпеза“? Што се случува кај непосредните производители, кај откупувачите и дистрибутерите, кај продавачите во малопродажбата? Како потенцијалните решенија можат да го избалансираат учеството на секој од вклучените играчи во поделбата на финансискиот ефект? Во овој процес каква е улогата на приватниот сектор и како може да помогне државата, во взаемна координација за градење одржлив пазарен модел? Дали и како државата може да помогне околу пласманот на земјоделските производи, но и за елиминирање на високите ценовни флуктуации во овој сектор? Трето, како да се искористат новите технологии во земјоделското производство? Дали примената на новите технологии, првенствено од ИТ секторот, е решение за проблемот со големиот одлив во странство на луѓе од руралните средини? Како притоа да се сочува природниот карактер на произведената храна во форма на органско производство? Четврто, како развојот на земјоделството оптимално да се интегрира во политиките за регионален економски развој? Зависи ли опстанокот на цели рурални региони во земјава од брзината на наоѓање одржливи решенија за земјоделството? Петто, какви се странските искуства за сé што е претходно спомнато? На 16 мај Стопанската Комората на Македонија организира меѓународна конференција на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“. Сериозна конференција за сериозни одговори на прашањата.


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања Иако процесот на децентрализација во Македонија официјално се спроведува веќе речиси 15 години, реалните ефекти од тој процес се уште се занемарливи. Во текот на спроведувањето на процесот на децентрализација се отвораат низа прашања на кои сеуште се бараат одговори, а со тоа се успорува нејзиното натамошно спроведување во практиката. Ако се имаат предвид општите проблеми кои постојат во скоро сите системи на државната власт, не е чудо што Македонија сè уште е една од фискално најцентрализираните држави во Европа во која најголем дел од општините немаат доволно финансиски средства за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Сигурно дека во почетоците на осамостојувањето на државата одредена улога во централизирањето на власта имале и напорите за воспоставување независна и самостојна држава, преминот кон повеќепартиски систем и пазарна економија, што логично ја наметнало и потребата за што поголемо зацврстување на деловите на управниот систем својствен за секоја самостојна држава. Но, со текот на времето, се менуваат приликите и приоритетите, а и потребите и на граѓаните, и на стопанството и на државата. Токму во таа насока, децентрализацијата на државната власт и спроведувањето на надлежностите на урбанизмот, комуналните дејности, предучилишното воспитување, основното и средното образование, основната здравствена заштита, социјалната и детската заштита, културата, спортот и многу други прашања конечно би требало да станат прашања од надлежност на единиците на локалната самоуправа, а не на централната власт. Руралниот развој, а со тоа и обезбедувањето на рамномерен регионален развој е прашање кое е од повеќестран интерес и за граѓаните и локалната власт и за државата. Во моментов, и да е така на хартија, во праксата не е така. Сите овие надлежности, иако навидум локални, во многу аспекти се зависни од централната власт. Една од причините, ако не и најзначајната е непостоењето на соодветен систем на финансирање на единиците на локалната самоуправа, кои ги прави зависни од централната власт. Не е премногу остро ако се каже дека


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

23

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР општините во денешни услови имаат средства единствено за покривање на платите на вработените и некои основни тековни активности. Но, основните прашања што го поставува бизнисот се : Ø Kаде се можностите за инвестициона активност на општините? Ø Постојат ли можности за заживување на јавно-приватното партнерство? Ø Дали вистински се размислува за заживување на руралните подрачја и земјоделството, како една од најзначајните гранки во државата или сето тоа е некако подзаборавено? Наследените и изострени проблеми сврзани со нерамномерниот регионален развој лимитирачки влијаат врз рационалното користење на расположливите производствени ресурси и на развојот не само на регионите, туку и на земјата во целост, а овластувањата кои локалните власти ги имаат во моментот не оставаат простор за подобрување на состојбите. Конкретно, на Македонија и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари заснована на балансиран развој во сите региони и потребата да се обезбедат перспективи за раст на руралните области и села. Идејата за “паметни” села не може да се направи изолирано и треба да биде вградена во пошироките стратегии за регионален развој. Неопходно е да се намали јазот помеѓу руралните и урбаните области и да се размислува за развивање на потенцијалите за зајакнување на врските меѓу руралните и урбаните области и дигитализација на руралните области, што во овој момент ни изгледа недостижна. Во вакви услови, кога општините имаат ограничени овластувања и ресурси, речиси е невозможно да се размислува за зајакнување на активности кои општините би можеле да ги преземаат за унапредување на локалниот економски развој, а со тоа и постигнување на економски раст и развој на државата. Еден од аспектите кој е еден од најзначајните за да се направи чекор напред во ефикасното спроведување на процесот на децентрализација е и прашањето за руралниот развој, што ќе биде и една од темите на меѓународната конференција на тема „Насоки за унапредување на земјоделскопрехранбениот сектор во Република Северна Македонија “, што ќе се одржи на 16 мај 2019 година во Стопанската комора на Македонија. На нашите рурални заедници им се потребни работни места, основни услуги, поврзување и паметни транспортни решенија, како и поволна клима за претприемништво. Мора да им се помогне на постојните рурални бизниси да се поврзат, да се интегрираат и да соработуваат подобро со урбаниот бизнис. Руралните области имаат големи можности за развој и тие можат да станат уште попривлечни ако им овозможиме на локалните актери да го откријат својот потенцијал. Од овие причини, Стопанската комора на Македонија, поттикната од барањата на бизнисзаедницата цени дека е потребно целосно да се спроведе процесот на реформата на локалната самоуправа , кој ги вклучува прашањата за д ецентрализација на власта , фискална децентрализација , територијална организација , рамномерен регионален развој, развој на руралните подрачја и јакнење на капацитетите на општините. Иако бизнис заедницата е свесна за состојбите и ризиците кои би можел да ги покрене ваквиот процес, апелира да се изнајде соодветно решение за ова прашање, на начин што ќе обезбеди забрзан локален економски развој.


24

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

25

НОВИ ПРОПИСИ

10.05.2019 ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Предложените измени и дополнувања предвидени со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина се однесуваат на следните прашања: - пропишување на одредби со кои се дефинираат контаминирани подрачја, како и воспоставување на правен основ за донесување на методологија за идентификување на контаминирани подрачја, односно воспоставување на одредби со кои се уредува планот за ремедијација; - усогласување на статусот на експертите за оцена на влијание на проектот врз животната средина и експерт за стратегиска оцена на животната средина; - доуредување на практичниот дел од испитот за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење и - доуредување на делот за финансирање во животната средина.

10.05.2019 ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

Со Предлог – законот за управување со отпад се предлага воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено затворање на сите нестандардни депонии и ѓубришта. Воедно, се овозможува регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, во насока на зголемување на степенот на заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, и овозможување на циркуларна економија за овој сектор. Предлог - законот има за цел подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот преку: - намалување на депонирањето, односно намалени количини на отстранет отпад, а зголемување на преработката и рециклирањето на отпадот; - намалување на нелегално депонирање, кое покрај заштитата на животната средина ќе доведе до зголемување и на приходите; - зголемување на вработеноста во индустријата за отпад и обезбедување на поврзан пораст на приходите што ќе придонесат за зголемување на бруто домашниот производ; - развивање на циркуларна економија со што ќе се овозможи поголема искористенот на ресурсите, а самото тоа ќе доведе и до економски развој; - апроксимација на националното со европското законодавство во областа на управувањето со отпадот.

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


26

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

27


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17.5.2019 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВРЗ ОСНОВА НА ПОДОБНИ ИЗВРШНИ ИСПРАВИ

Стопанската комора на Македонија, на 17 мај 2019 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за облигациони односи, Законот за нотаријат и Законот за извршување, кои се однесуваат на извршните исправи и предвидените постапки врз основа на кои правните субјекти кои се во меѓусебни облигациони односи ги остваруваат своите побарувања. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и практичен дел поврзан со дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во постапката за извршување и во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. Ќе биде опфатена и анализирана постапката за извршување од која произлегуваат и судски постапки и граѓански спорови поврзани со извршувањето или подобноста на извршните исправи, постапката пред нотарите, нотарските акти со извршни клаузули, судски постапки и спорови поврзани со нотарските исправи, спорните прашања во судската практика во врска со подобноста на нотарските извршни исправи, подобноста за извршување на правосилните и извршни судски одлуки, постапки во врска со укинување на клаузулите за правосилност и извршност и привремени мерки поврзани со темата. Предавачи: - Љубица Колиќ судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје; - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

29

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ

Цел на семинарот: Целта на семинарот е запознавање на учесниците на семинарот со управувањето со процесот на набавка, учесниците во набавките - купувачите, добавувачите, интерната комуникација во организацијата - набавка - нарачател, комуникација со добавувачите, приоритети кај набавките, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, оценување на добавувачите - критериуми за оценување. За кого е наменет семинарот? За сите вработени кои се вклучени во управување со процесот на набавка раководители на набавки, менаџери на набавки и останатите кои се занимаваат со логистичка работа во организацијата (набавки, магацинско работење, транспорт). Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.5.2019 година 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

COLD CALLING МЕТОДОЛОГИЈА НАПРЕДНА ТЕХНИКИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА

Cold Calling техниките претставуваат предизвик за многу професионалци кои се занимаваат со продажба. Пoстојат различни начини за да се развијат нови можности како што се Cold Calling техниките или потрагата по нови купувачи. Cold Calling техниките создаваат можност за зголемени резултати, преку вистинска стратегија, обука и пракса. Овој еднодневен семинар за Cold Calling ќе ви даде знаење и вештини кои ви се потребни за да најдете квалитетни потенцијални клиенти. Во текот на предавањата, ќе откриете како брзо да го стекнете знаењето во однос на првичниот контакт, да ги примените докажаните техники на активно слушање, за да ги разберете потребите на клиентот и да направите ефективни продажни техники (соодветни реченици) кои ќе ви дадат можност да ја објасните вашата целосна понуда. Во текот на оваа интерактивна и практична обука ќе добиете конкретно знаење преку вежби за симулирани повици, така што ќе можете да ги примените своите нови вештини за работа веднаш по обуката. Предавач: - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Стопанската комора на Црна Гора, во Подгорица, адреса: (Novaka Miloševa 29/II, Podgorica 81000)., Црна Гора

Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Црна Гора

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 24 мај 2019 година, во Подгорица, Црна Гора. На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Црна Гора, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и црногорски компании. Настанот ќе се одржи на 24 мај 2019 година (петок), со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанската комора на Црна Гора, во Подгорица, адреса: (Novaka Miloševa 29/II, Podgorica 81000). Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 17 мај 2019 година (петок) со пополнување на Пријавниот Лист во прилог, до контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk или на телефон: ++ 389 2 3244 051.


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.05.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПО ОСНОВ НА ОТСУСТВА ОД РАБОТА, ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија, на 27 мај 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Преглед и анализа на правата и обврските од работен однос по основ на отсуства од работа, евиденција на работно време и услови и правила за спроведување дисциплинска постапка“, во насока на обезбедување добро разбирање за законски предвидените отсуства од работа на работниците, како тие влијаат врз работниот процес преку нивен одраз во рамки на предвиденото работно време, за кое пак постои точно определен модус на евидентирање. Во корелација со претходно наведеното, работилницата исто така има за цел да направи осврт на отсуствата од работа по основ на боледување, раѓање и мајчинство, при што детално ќе бидат разгледани сите можни дилеми кои во секојдневното работење се јавуваат во врска со предметната материја. Во пресрет на годишните одмори, ќе се направи исцрпна анализа и на отсуството од работа поради користење годишен одмор, при што ќе се објаснат правата и обврските на работодавачите и работниците. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, при што акцент ќе биде ставен на дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, а сé во насока на поголема правна заштита и сигурност. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - м-р Викторија Спасовска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.05.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,

КАКО ДА СЕ ПОДИГНЕ ВАШАТА КОМПАНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО? МАПИРАЊЕ ПРОЦЕСИ, KPI, LEAN-SIX SIGMA

Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на современи алатки, техники и методологии, со чија правилна примена можеме: да го организираме и управуваме производството преку сите негови процеси и тоа преку зголемување на ефективноста и ефикасноста; оптимизацијата и организацијата на работните места, штедејќи ги човечките ресурси и при тоа директно влијаејќи на зголемување на продуктивноста и намалување на повредата на работа; да се препознаат местата во прозиводството каде се додава вредноста на производот; да се воспостави и да се одржува ефикасна комуникација помеѓу производството со продажбата и набавката; да се оптимизира времето потребно за производство на одреден производ преку оптимизација на ресурсите; да се изгради систем на континуирано подобрување со што секој вработен ќе придонесе за унапредување на начинот на работа на своето работно место, со тоа што истите ќе се да се мотивираат и ќе бидат активни чинители за воспоставување систем за континуирано подобрување.

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 мај 2019 година, Стопанската комора на Словенија, Љубљана

Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Словенија

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 28 мај 2019 година, во Љубљана, Словенија. На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Словенија, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и словенечки компании. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2019 година (вторник), со почеток во 15:00 часот во просториите на Стопанската комора на Љубљана, во Словенија, адреса: Dimičeva ulica 13, 1000, Љубљана. Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 20 мај 2019 година (понеделник) со пополнување на Пријавниот Лист, до контакт лицето: Ирена Мојсовска, е-адреса: irena@mchamber.mk, телефон: ++ 389 2 3244 009. Со можност да добиете подобра цена, во прилог е Списокот на хотели, а формуларот за избор на хотел се наоѓа во Пријавниот Лист: Hotel Request Form, кој треба да се пополни и електронски да се достави до: irena@mchamber.mk.


Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

БИЗНИС ИНФО

35

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.5.2019 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА – СПОЈ НА МАРКЕТИНГ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистичка комуникација со сите инволвирани страни, од кој неодвоив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. Функционирањето на компаниите е сложен процес. Тој опфаќа постојана размена на информации. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на секоја компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и компанијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на балансиран екстерен и интерен маркетинг насочен кон надворешната публика и вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен и екстерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТ-индустријата и останатите динамични индустрии. Ќе биде допрена и формата гејмификација како напреден модел на комуникација.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

37


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 10 мај 2019, Бр. 394

T

15

38

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.