Бизнис ИНФО, број 395

Page 1

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

345 Број 395

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 17.5.2019

KОИ СЕ НАСОКИТЕ ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА АГРО СЕКТОРОТ ВО ДРЖАВАТА ?


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПОДДРШКА НА ЕСКО КОМПАНИИTE - МОЖНОСТ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНИТЕ

Со проект од Европската банка за обнова и развој ќе се финансира енергетска ефикасност во општините и тоа во три сегменти, улично осветлување, водоснабдување и мали системи за затоплување. Целта на проектот е надминување на сите пречки за имплементација на проекти за енергетска ефикасност врз основа на ЕСКО моделот во јавниот сектор (во овој случај општините) и да ја идентификува нивната финансиска исплатливост, истакна Здравко Стефановски, координатор на проектот на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), на прес конференцијата во Стопансата комора на Македонија. Стефановски посочи дека Проектот е инициран од (ЕБОР) и е финансиран од Европската унија (ЕУ). ESCO Компании се фирми кои даваат услуги во енергетскиот сектор или т.н. “Energy Service Company”. Важно е да се напомене дека целата финансиска конструкција за набавка на опремата и нејзино одржување е во надлежност на ESCO компаниите за целото времетраење на Договорот. Крајниот корисник (во овој случај општините) ја отплаќаат истата месечно, преку заштедата на енергија. По истекот на времетраењето на Договорот опремата станува во целосна сопственост на крајниот корисник, како и целокупно остварената заштеда со имплементација на проектот, потенцираше Стефановски. Во првата фаза на проектот се опфатени проекти за јавно осветлување кои даваат брза имплементација и заштеда на енергија (општините веќе во првите месеци по имплементација на проектите го имаат финансискиот бенефит од заштедата не енергија), а понатаму би можело да биде


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА проширен со проекти за енергетска ефикасност на јавни објекти, како мали централни системи за греење, пумпни станици за водоснабдување итн. Проектот содржи неколку главни задачи: 1. Разгледување на регулаторната рамка за инвестиции од страна на ESCO компаниите и разработка на моделот на Договорот за енергетски услуги. 2.Техничка помош, поддршка и идентификација на проекти, нивна подготовка, тендерска документација поврзана со организација и објава на повик за прибирање понуди од ЕСКО компании. Поддршка при имплементацијата и развојот на капацитетите на јавните институции како сопствениците на јавни објекти (“потенцијални клиенти на ЕСКО”); и 3. Инструменти за финансирање и елементи на грантови за конкретни инвестиции во енергетска ефикасност или обновливи извори на енергија со јасни проценки за заштеда на енергија и намалување на емисиите на јаглерод. Во таа насока, а со цел информирање да се претстави моделот на Договорот за енергетски услуги пред засегнатите страни, на 15 мај 2019 година во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи Работилница на која се поканети општините кои веќе изразија интерес за учество во овој проект со потпишување на Меморандум за разбирање. Истовремено учесници ќе бидат и банките како финансиски институции кои што треба да дадат финансиска подршка на проектот и заинтересираните компании кои се подготвени да започнат со имплементација на проекти по ESCO моделот. Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Нехри Емрула, истакна дека Агенцијата ги подржува можностите кои придонесуваат за зголемување на енергетската ефикасност во државата. Тој истакна дека рзавојот на ЕСКО компании во државата, и покрај законските можности, е многу малку развиен. Очекуваме овој Проект да го раздвижи и развие полето на ЕСКО услуги во државата.

Перо Авакумовски


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ САЕМ ВО НОВИ САД

Претседателот на Владата на покраината Војводина Игор Мирович одржа состанок со преставниците на Стопанските комори на земјите од регионот на Западен Балкан. На состанокот кој се одржа во зградата на покраинската влада се разговараше за јакнење на меѓусебната соработка на економски план и интензивирање на регионалното поврзување, активности кои тековно се реализираат и во рамки на проектите на КИФ. Нашата цел е преку соработката на Коморите да се зголеми и продлабочи регионалната соработка, а регионот да се отвори за нови инветсициони вложувања од трети земји бидејки Западен Балкан има огромен потенцијал, посочи Мирович. На состанкот присуствуваа и покраинскиот секретар за регионален развој, за меѓународна соработка и за локална самоуправа, како и претстваници од Стопанскките комори на Војводина и Србија. Состанокот на претседателите на Коморите од регионот се реализира за време на Новосадскиот саем за земјоделство кој се одржува до 17 мај годинава. На саемот кој има меѓуароден карактер покрај другите, како изложувачи настапуваат и македонските компании ВИПРО од Гевгелија и ЛАРС ДООЕЛ Штип. Даниела Михајловска


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

РАБОТИЛНИЦА

ЕСКО КОНЦЕПТОТ ПРЕСТАВЕН ПРЕД ОПШТИНИТЕ, БАНКИТЕ И КОМПАНИИТЕ Македонската енергетска асоцијација(МЕА) при Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за енергетика и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), денес на 15,05,2019 година релаизираа Работилница за подготовка на тендерска документација за ЕСКО понудувачи и склучување договори за имплементација на ЕСКО проекти за јавно осветлување во рамки на Проектот за воспоставување на инвестициска рамка за Западен Балкан - Подготовка на услови за реализација на ЕСКО проекти. Проектот е инициран од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и финансиран од Европската унија (ЕУ). Целта на проектот е надминување на сите пречки за имплементација на проекти за енергетска ефикасност врз основа на ЕСКО моделот во јавниот сектор (во овој случај Општините) и да ја идентификува нивната финансиска исплатливост. Во првата фаза, со проектот се опфатени проекти за јавно осветлување кои што даваат брза имплементација и заштеда на енергија , а понатаму би можело да биде проширен со проекти за енергетска ефикасност на јавни објекти како мали централни системи за греење, пумпни станици за водоснабдување итн. Во рамките на работилницата беше преставен, Модел договор за енергетски услуги , каде беа опфатени следниве аспекти: 1) Правни аспекти - сообразност со применливите прописи - услови на договорот - гаранција за имплементација и перформанси 2) Финансиски аспекти - финансиски услови (критериуми за избор на проект и понудувач) - финансиски заштеди, ЕСКО надомест и нето заштеди за корисникот - договорни услови (финансиски и економски ризици, осигурување) 3) Технички аспекти - структура на проект/процес на имплементација - Процедури за мерење и верификација (примена на протоколите за мерење


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

7

РАБОТИЛНИЦА

и верификација - IPMVP) - одржување - гаранција на опрема - технички ризици 4) Правила за набавка кај проекти за енергетски услуги 5) Важност и бенефит од проектите за енергетски услуги во Северна Македонија Целта на Работилницата беше да им се претстави моделот на Договорот за енергетски услуги на општините, банките и фирмите, за да можат да бидат спремни за негова имплементација. Од општините се бара да направат енергетски контроли, преку кој ке се види потрошувачката на уличното осветление, и врз основа на тие сознанија ќе може да се распише тендер за ЕСКО услуги. Банките се потребни да ги подржат ЕСКо фирмите , финансиски да ги затворат проектите, а Еско компаниите да понудат добри договори со општините , како би имале сеопшта корист, зголемена енергетската ефикасност, што е основна цел. Перо Авакумовски


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

АГРО СЕКТОР

KОИ СЕ НАСОКИТЕ ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА АГРО СЕКТОРОТ ВО ДРЖАВАТА ?

Земјоделството (вклучително и лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Неговото учество во вкупниот БДП остана релативно стабилно изминатиот период, со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18%. Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија согласно расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови. Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка. За таа цел, на меѓународната конференцијата што се одржува во Стопанската комора на Македонија во организација Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“, присутните говорници преку компаративните искуства кои може да послужат


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

9

АГРО СЕКТОР како позитивни примери, во дебата со претставници од компаниите, здруженија, асоцијации и државни институции, ќе треба да дадат придонес да се предложат мерки и насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор. Во земјата постои неконзистентна земјоделска политика, а субвенциите не се гаранција за успешен агро сектор, констатираше проф. д-р Благица Сековска од Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Агро секторот се соочува со повеќе проблеми, но за подинамичен земјоделски развој треба да се даде пред се одговор на неколку прашања. Имаме ли ние села, дали има луѓе во селата и конечно, дали луѓето што се останати во селатат се обучени да имплементираат современи ИТ практики и технолошки решенија. Професор Сековска констатираше дека, сакаме да збориме за информатизација и роботика како модерни текови за развој на секој сектор вклучително и земјоделско прехранбениот, но реалноста вели таа, е дека главно сеуште се зборува за начинот на одржување на шталите, дали се тие на соодветно ниво за чување на кравите. За таа цел професорката порачува дека освен мерката субвенции, треба да се најде начин какосо друг тип на мерки и политики да се задржат луѓето во селата, но не по цена сите да се занимаваат со земјоделство. За да се реализира овапотребно е да се направи сеопфатна анализа. И натаму остануваат проблемите со неискористени средства од ипард програма, потешкотии во пристап до финансии за фармери, пренамена на земјоделско земјиште во градежно, не постои грижа кон системите за наводнување, недостиг на работна сила, недостаток на здружување на фармерите, посочи проф. д-р Благица Сековска. Проф. д-р Ордан Чукалиев од Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје акцентот го стави на проблемот со образовниот систем, науката е искулчена од донесувањето на одлуките во сферата на земјоделството, вели тој. Како проблематични ги посочи нестандардното производство, ниското ниво на специјализација, а просечното земјоделско стопанство има 2 хектари. Во таа насока проф. Чукалиев констатира


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

АГРО СЕКТОР

декапотребен е советодавен систем за земјоделците, потребни се транспаренти и достапни податоци кои ќе водат до едукација на земјоделците и унапредување на земјоделството. Македонија е земја со 220 сончеви денови од кои 50 дена се топлотен стрес и го забавуваат производството . Поради тоа вели професорот невозможно е да кажеме дека имаме конкурентска предност, единствено како предност е вкусот на производите. Македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги проширија можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција. Создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на нашата земја, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективни пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот. Преставникот на Стопанска комора на Хрватска Жаклина Јуришиќ, говореше за предизвикот со кој ќе се соочи земјата но особено агро секторот со велзот на Северна Македнија во Европската унија. За таа цел Јуришич со присутните ги сподели искуствата на


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

11

АГРО СЕКТОР Хрватска. Што значи прилагодување на целиот земјоделски сектор на политиката што се води во ЕУ, со исти царински прописи, фитосанитарни и ветеринарни правила, потоа почитување на заедничка земјоделска политика, заедничко регулирање на пазарот. На Македонија и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари. Предлог-Буџетот за оваа година за секторот земјоделство, предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство. Во таа насока, неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да во еден догледен перод може да се видат резултатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација кон климатските промени (како во растителното производство, така и во анималното), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и бидиверзитетот во државата, истака д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Македонија на отворањето на Конференцијата. Основен проблем со кој се соочува земјоделскоот сектор според Никола Деребанов од „Перминдекс“ Градско е големината на земјоделските стопанства. Истовремено во последните 10 години се соочуваме и со нјиски приноси, ниска продуктивност, ниски примања. Се намалува и бројот на земјоделски семејства. Од 190 на 170 илјади. Во просек од 1,8 до 2 хектари земјоделската површина отпаѓа на земјоделско семејство. Тоа е мал прцент на земја, ако се спореди со регионот. Во Бугарија дури 10 пати е поголем односот. 18 хектари отпаѓа на едно семејство. Во Хрватска 5 пати поголем поднос. 10 хектари земја на семејство. Ова го дефинира и проблемот, вели Деребанов. При тоа прашува, кои мерки се превземени. Во 2011 година беше донесен нов Закон за земјоделско земјиште кој ја влоши ситуацијата. Просекот на земјоделско стопанство е битен и се врзува со обезбедување на пристојни примања за едно земјоделско семејство. Пребавната администрација која споро реагира на тековните проблеми. Нерешен проблем со Законот за наследство, сакајќи да се спречи раситнување на земјиштата доаѓаме до ситуација да креираме непродуктивно искористено земјиште, констатира Деребанов. Конференцијата која се одржува во Стопанската комора на Македонија има за цел ставовите и пораките што ќе ги испорачаат бинзис секторот и домашните и меѓународни експерти од областа, да ги дефинираат насоките на идниот развој на агро секторот во државата. Даниела Михајловска-Василевска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

ПОКРОВИТЕЛ

ЕВН: Македонија е подготвена за универзален снабдувач од 1 јули Штефан Петер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, за „Фактор“ вели дека оваа година неговата компанија нема да бара поскапување на дистрибуцијата на електрична енергија до Регулаторната комисија за енергетика затоа што тоа прашање е замрзнато со договорот за универзален снабдувач. Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување на почетокот на годината беше избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија со најниска маржа, односно процент на профитна маргина од 11,5 проценти. Петер вели дека до Регулаторната комисија за енергетика ќе биде поднесена формална апликација за тоа дали се намалени трошоците или пак се зголемени, но не очекува да има поскапување на сметките за електрична енергија кај оние кои не купуваат од слободниот пазар, бидејќи компанијата веќе има постигнато таков договор. Македонија е подготвена, компанијата е подготвена, како и Регулаторна комисија за енергетика и Министерството за економија. Започнуваме од 1 јули како дефиниран датум“, вели Петер за „Фактор“. До крајот на јуни ќе се знае новата цена на струјата со која ќе се снабдуваат малите потрошувачи и домаќинства кои решиле да останат на регулираниот пазар на електрична енергија, по цени одобрени од Регулаторната комисија за енергетика.


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

13

ПОКРОВИТЕЛ „Секогаш тоа зависи од тоа со какви трошоци ќе се соочиме. Повисоки цени баравме само кога имавме поголеми трошоци, но во последните години имавме помали трошоци и немавме против да се намали и цената. Ситуацијата оваа година е дека со добиениот тендер за универзален снабдувач тоа не е неопходно да се бара. Ние ќе поднесеме формална апликација во која само ќе ги претставиме нашите трошоци за 2019, но тоа не игра релевантна улога овој пат и не очекувам да има поскапување“, вели Петер. Вели дека ЕВН Македонија се уште не ги враќа парите од инвестицијата при купувањето на ЕСМ Дистрибуција во 2006. „Ако ги видите податоците на Централниот регистар таму тие покажуваат дека остваруваме профит само во последните четири години. Засега се уште имаме повеќе вложено отколку остварено и по моја проценка тоа се уште ќе биде така и во 2019. Ситуацијата нема да се промени ниту оваа година. Кога ќе биде преодната точка не би можел со сигурност да знам, но по мое мислење тоа би требало да биде 2021 кога за прв пат во историјата според тоа ќе треба да поделиме и дивиденда“, смета првиот човек на ЕВН Македонија. Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во иницијалниот промотивен период до сега постави педесетина станица за полнење на електрични возила. Тој смета дека во моментов има мошне мал број на електрични автомобили во Македонија но очекува период на брзо зголемување на пазарот. „Би сакал ситуацијата да биде како во Норвешка каде што секој втор автомобил е таков, но во Македонија со 100 до 200 вакви возила тоа е далеку дури и од просекот. Но она од што сум задоволен е од купувањето на електротротинети и електромопеди, што покажува дека се зголемува свеста за тоа. Доколку еден час седите на главниот плоштад во Скопје ќе видите дека ги има многу. Затоа очекувам еден позитивен тренд. Ние веќе го подготвивме теренот и чекаме потрошувачкиот сектор да фати приклучок“, вели Петер.


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

ЗДРУЖЕНИЈА

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОСИГУРИТЕЛНО-БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА

Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелни теми и состојби во овој сектор. Главна точка на дневен ред беше избор на претседател и потпретседатели на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва. Присутните компании-членки на Асоцијацијата ја избраа Елена Тодорова од АМ Брокер – АД Скопје за нов претседател, а Верица Ѓоргиевска од Наше осигурување АД и Даниела Илиоска од ОБД Полиса Плус АД се избрани за потпретседатели на Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва Досегашниот претседател на Асоцијацијата Верица Ѓоргиевска ги презентираше досегашните резултати и реализирани активности во изминатиот период, додека новоизбраниот претседател најави дека приритет во наредниот период ќе биде зголемување на бројот на членови во Асоцијацијата, поголема транспарентност и препознатливост во јавноста, институционално решавање на актуелните проблеми со кои се соочуваат компаниите од овој сектор, како и носење објективни заеднички решенија за професионално да одговори на предизивиците и за подобрување на работењето и развој на целокупниот сектор. Влатко Стојановски


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

15

ПОКРОВИТЕЛ

Македонски телеком обезбеди 5Г опрема за Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи при Институтот на ФЕИТ Студентите и професорите на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе можат да тестираат нова 5Г технологија во денеска промовираната лабораторија на Институтот за телекомуникации. Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи при Институтот на ФЕИТ ќе се надгради со нова 5Г опрема обезбедена од телекомуникациската компанија Македонски телеком. По повод Светскиот ден на телекомуникациите – 17 Мај, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски и извршниот директор на МТ Никола Љушев денеска потпишаа меморандум за спроведување на проектот за тестирање на мрежата на петтата генерација којшто треба да овозможи огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и да смени многу области во функционирањето на општеството. Опремата, подигањето на хардверската платформа и новиот софтвер ќе овозможат тестирања на најновите мобилни технологии и системи со што академскиот кадар заедно со студентите ќе имаат можност да работат во првата лабораторија за тестирање на 5G во земјава. – Со новата 5Г опрема и уреди во новоформираната лабораторија ќе ја имаме првата и единствена можност во земјава за тестирање, експериментирање и проучување на реални сценарија поврзани со идните технологии. Реалното тестирање на оваа технологија ќе им даде голема предност на нашите професори, соработници и студенти и сигурна сум дека ќе продуцира нови решенија, изјави Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ. Според Љушев , студентите и наставниот кадар првпат ќе имаат реални услови да ги тестираат придобивките од новата револуционерна технологија, а Телеком ќе може да ги процени комерцијалните бенефити. Минатата година МТ изведе прва демонстрација на 5 Г во регионот со којашто постигна брзини на проток од над три гигабити во секунда.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

СОРАБОТКА

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФАКТОРИНГ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

На 14 мај 2019 година во хотелот Хилтон, Скопје, се одржа “Првата регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање“ во организација на Проектот на УСАИД за Факторинг, имплементиран од Фактор Труст, а во соработка со Стопанската комора на Македонија, Меѓународната организација за факторинг-Factor Chain International и Македонската банкарска асоцијација,. Целта на настанот е да се зголеми разбирањето за факторингот како алтернативен извор на финансирање кај компаните и пошироката јавност, како и да ги упати домашните финансиски институции кои работат со факторинг за тоа како да ги применат најдобрите практики за финансирање. На Конференцијата свое обраќање имаше проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој го поздрави денешниот настан и истакна дека поддршката за малите и средни компании, кои се двигател на економијата, е од големо значење кога се реализира во која било форма. Нивниот развој значи и развој на економијата во целина. Оттука, секоја алатка која помага во одржувањето на растот и развојот на компаниите треба да биде препознаена, и да се обезбеди нејзина максимална примена и корист. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата, обезбедувајќи брз пристап до финансиски средства, ја подобрува ликвидноста на фирмите, помага за нивно поефикасно развивање и нуди флексибилни финансиски решенија, прилагодени кон деловните потреби, додаде д-р Анѓушев.


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

17

СОРАБОТКА Претставникот од Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија Гречен Брикл, во своето обраќање посочи дека факторингот има огромен потенцијал да помогне во развојот на бизнисот. Како финансиско решение тој нуди непосредна и достапна ликвидност за микро, мали и средни претпријатија и им овозможува да го зголемат производството, продажбата и приходите. -Со помош на нашите експерти од проектот на УСАИД за факторинг, веќе им помогнавме на 60 компании во Северна Македонија да добијат финансии преку овој алтернативен начин на финансирање, истакна Брикл. Целта на факторингот е да се информираат компаниите и финансиските институции за начинот на неговата примена како финансиски инструмент за финансирање и во наредниот период да видиме успешно имплементирани приказни -посочи Ширет Елези, заменик министер за финансии во Владата. Најновите трендови за факторингот беа презентирани од страна на Панос Папатеодору, член на Извршниот комитет на Factor Chain International, кој истакна дека Factor Chain International е водечка меѓународна организација за факторинг на независни факторинг компании низ целиот свет со репрезентативна мрежа за факторинг од околу 400 членови во 90 земји. Оваа организација има за цел да го воведе факторингот во земјите каде што сè уште не е достапен како и да развие рамка (платформа) за меѓународно финансирање што ќе им овозможи на факторинг компаниите, членки на Factor Chain International, извозниците и увозниците да воспостават блиски меѓусебни односи и соработка. Концептот на двостепен факторинг и можноста тој да се работи без регрес сѐ уште е нов, но нуди огромни можности за малите и средните претпријатија. Factor Chain International е глобален претставник на факторинг индустријата во светски рамки. На панел дискусијата, панелистите Сузана Тунтева, претседател на Надзорен одбор на Фактор Труст, Дарко Гичев, заменик директор на Секторот за корпоративно банкарство при Стопанска банка АД Скопје, Даниела Лопичиќ, извршен директор во АБЛ Фактор ДОО Белград и Дејан Барбутовски, управен директор на А.Б.С. Факторинг д.о.о. Словенија, дискутираа и споделија позитивни искуства за можностите и предизвиците со коишто се соочува финансиската индустрија за побарувања и обезбедување на финансиски решенија за малите и средните претпријатија. Проектот за факторинг е тригодишна активност која започна во октомври 2017 година, и има за цел да ја зголеми конкурентноста на малите и средните претпријатија (МСП) во Северна Македонија и да ги прошири нивните пазарни можности преку искористување на алтернативни извори на финансирање. Проектот ги поддржува малите и средните претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни можности за финансирање. Факторингот го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, и забрзување на готовинскиот тек на фирмите со што се поттикнува нивниот поефикасен развој. м-р Ивана Крстевска


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ

УПОТРЕБА НА ПСИХОМЕТРИСКИ ПРОФИЛИ ВО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИ

Следејќи ја годишната програма за работа на Клубот на менаџери претприемачи,а со цел обезбедување предности и бенефиции за своите членови, на 15.5.2019 година беше реализирано предавањето на тема: „Да ги разбереме луѓето со кои работиме - употреба на психометриски профили во менаџирање со вработени“, во соработка со Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“ од Скопје. Во рамки на предавањето беа презентирани моделите на мотивација за менаџерите и вработените во компаниите и како тимот да се справи со личностите со кои соработува. Психометриските тестови се стандарден и научен метод кој се користи за мерење на когнитивните способности и стилови на однесување на поединците кои се предмет на евалуација. Алексовска во своето излагање посочи дека менаџерите кои што не се плашат да ги корегираат своите одлуки, да носат тешки решенија и да воспостават стандарди во однесувањето, но и да се надградуваат постојано, имаат шанса за успех. Со цел да остварите продуктивен разговор, многу е важно да се бара и повратна информација од вработените. Клучно е разговорот да биде двонасочен, односно вработениот би требало да се чувствува слободен дека може да се изрази, а менаџерот би требало активно да слуша и да одговара. Активното слушање им создава чувство на вработените дека можат слободно да се изразуваат и да ги споделуваат своите грижи и потреби. Токму поради сето погоре кажано успехот на


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

19

КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ една организација во најголема мера зависи од квалитетот на лидерството и менаџментот на сите ниво во неа. Способност да се се сватат луѓето и да се водат процесите е гаранција дека сите тешки ситуации низ кои ќе помине организацијата ќе бидат надминати на ефикасен начин. Во зависност од потребата, психометрисаките тестови се дизајнирани да мерат интелигенција, начини на носење одлука, однесување во тим, лидерски стилови, мотивација и слично. Валентина Цветковска


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

ФЕЉТОН – Регионално обединување

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – ТРГОВСКИ ПАРТНЕР СО НЕИСКОРИСТЕН ЕКОНОМСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ Сашо Деспотоски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Кога зборуваме за Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија зборуваме за две многу слични мултиетнички земји во овој специфичен Балкан, кои што го негуваат мултикултурализмот, мултирелигизмот и мултиетничноста, која генерално претставува склоп на различности и вредности кои воедно се и европски вредности. Регионалните односи и односите меѓу овие две земји, но и севкупните односи во регионот на Западен Балкан се наоѓаат на една нагорна линија но истовремено може и многу повеќе да се унапреди соработка во секој аспект од секојдневниот живот. Ако Србијае наш најголем трговски партнер во регионот на Западен Балкан, a Косово е земјата со кој остваруваме најголем суфицит во трговската размена , тогаш Босна и Херцеговина е земја со која во иднина мора да се залагаме за што поголемо искористување на економскиот потенцијал. Секако дека постои солидна основа за унапредување на економската соработка, односно двете држави ги имаат главните предуслови како што се заемна доверба, препознатливи и прифатени брендови, како и отворени и пријателски пазари. Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Босна и Херцеговина во 2018 година изнесува 162,2 милиони САД $, со раст од 2,43% споредено со 2017 година и е 25-ти трговски партнер. При тоа остварен е извозот од 93,3 милиони САД $, со зголемување од 10,4%, додека увозното салдо изнесува 68,9 милиони САД $, со намалување од 6,7% во однос на 2017 година и остварен е суфицит од 24,46 милиони САД $, кој во однос на 2017 година е зголемен за 129,5%. Споредувајќи го периодот од 2010 до 2018 година, во надворешно-трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, може да се забележи варијабилен трговски суфицит на македонска страна. Најголемиот суфицит е забележан во 2010 година во износ од 35,8 милиони САД$, додека пак најнискиот е евидентиран во 2011 година од само 2,97 милиони САД$. Во однос на размената, од макроекономска гледна точка можно е да се претпостави дека освен традиционалниот извоз во делот на фармацијата, металната индустрија и земјоделските култури, како и увозот од БиХ во истиве дејности освен фармацијата, нашите две држави немаат постојана цврста трговска соработка со можност за зголемување за производи кои не припаѓаат во горе


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

21

ФЕЉТОН – Регионално обединување наведените сектори на дејности. Поради сето тоа државните органи треба да ги поддржуваат иницијативите на бизнис-заедницата кои можат да донесат поголем просперитет во регионот, вклучувајќи го и предлогот за воведување на авионската линија Скопје-Подгорица-Сараево, која значително ќе придонесе за унапредување на соработката помеѓу трите држави, поради што државите треба безрезервно да се заложат што побрзо таа идеја да биде спроведена . Продолжува успешното учество на македонските градежни компании во реализацијата на инфраструктурни проекти, каде истите долго време се присутни на пазарот на Босна и Херцеговина и според податоците на Државниот завод за статистика, најголем дел од градежните работи во странство во последните две години се договорени и извршени токму во оваа земја, каде е изразено високо задоволство од професионалното постапување на компаниите од страна тамошните надлежните органи. Иако во 2018 година има намалување на обемот на договорени и извршени градежни работи во Босна и Херцеговина која вредноста на договорените градежни работи е за 44 % помалку во споредба со 2017 година, таквата состојба се очекува да се подобри во наредниот период, согласно однапред договорените и прецизирани градежни активности. Конзорциумот од компаниите Гранит АД Скопје и Интеграл Инженеринг од Лакташи, оваа година потпиша договор за изградба на првата фаза на автопатот во рамки на коридорот 5Ц кој минува низ Република Српска, во вредност од 62,5 милиона евра меѓу кои и автопатот „9 јануари“ од Бања Лука до Добој како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Република Српска. Неопходна е и соработка преку реализирање на разни проекти за остварување на заеднички производ со повисоки вредности и заеднички настап на компании од двете земји кои имаат компатабилни техничко-технолошки капацитети за трети пазари и заедничко учество на тендери како и иницијатива за формирање на заеднички институции кои му се потребни на бизнис секторот за да се зголеми соработката. Исто така потребно е финализирање на преговорите за склучување на Договор за економска соработка меѓу двете земји , со оглед на фактот што Босна и Херцеговина е единствената земја од балканската шесторка со која Република Северна Македонија нема потпишано ваков Договор. Eкономскиот потенцијал на Босна и Херцеговина беше презентиран и на неодамна одржаниот „Сараево бизнис форум 2019“ кој е еден од најистакнатите и најголеми бизнис форуми во Југоисточна Европа на кој претставува меѓународна платформа за бизнис средби, размена на нови идеи, искуства и можности за соработка, за вмрежување и истражување на можностите за инвестирање во регионов се со цел зголемување на неговиот развој. На форумот беа претставени и за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочуваат претприемачите во Југоисточна Европа, каде посебен акцент на годинешниот форум беше ставен на тема одржлив развој, интересот за соработка и инвестициите во регионот, а посебно внимание се посвети на економските потенцијали со кои располага Босна и Херцеговина. Ваквата состојба, во услови кога нашата земја се стреми трговската размена со земјите од регионот на Западен Балкан да оди во нагорна линија, целосното и целокупното искористување на економскиот потенцијал прво помеѓу овие две земјите, а потоа и на ниво на регион е повеќе од потребно, за да економската соработка се повеќе се интензивира и развива.


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ (I дел) м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Активностите на Коморскиот инвестициски форум уште од неговото основање се детално зацртани и се целосно посветени кон продлабочување на соработката меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и светот. Целта на шестте Комори е да ја водат имплементацијата на активностите преку збогатување на целиот процес и решавање на постоечките проблеми, во насока на целосно максимизирање на придобивките за бизнис заедниците . Со цел реализирање на активностите, Коморскиот инвестициски форум активно работи на зацртаната агенда, односно; 1. Создавање на ефективни институционални и политички структури на високо политичко ниво од страна на владите на ЗБ6 за поддршка и овозможување на имплементација на Регионална економска област (РЕО). Институционалната соработка е клучна за успехот на Регионалната економска област и треба повеќе да се работи на подобрување на капацитетите во институциите со цел да се адресираат проблемите и предизвиците. Потребно е институционалните и политичките структури да воспостават рамка за соработка, вклучувајќи почести средби меѓу државните институции и бизнис заедницата за да се унапреди јавноприватниот дијалог како алатка за успешна имплементација на која било од мерките чија цел е подобра регионална соработка. Коморскиот инвестициски форум, како регионална асоцијација на стопански комори, е единственото регионално тело што ја претставува целата бизнис заедница во регионот и е вистинската платформа за потпомогање на ваквиот дијалог.


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

23

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) 2. Креирање заедничка стратегија за дигитална трансформација што ќе доведе до трансформација на компаниите, бизнис моделите и цели индустрии. Ако се користи навремено, дигиталната трансформација ќе придонесе за економскиот раст, создавањето на работни места и ќе ја подобри конкурентноста и деловниот просперитет на регионот. Дигиталната трансформација ќе се однесува на ИКТ индустриите и ќе доведе до обемни промени на традиционалните индустрии (автомобилската, енергетика, потрошувачките добра и др.). Бројот на направи поврзани на интернет до 2030 се очекува да порасне на 1 трилион година што создава простор за раст на поврзаноста, економијата на податоци и поголемото користење на напредните технологии (поврзани направи (IoT), роботика и вештачка интелигенција). За да се вклучи во вредноста на оваа индустриска револуција, регионот ЗБ6 треба да создаде хармонизирана регулаторна основа која ќе ја поддржува економијата на податоци (е-трговија, e/mlD, e/m владини решенија, и др.) и ќе ја стимулира вредноста на создавањето преку дигитализација на операциите на традиционалните индустрии . Овој процес на трансформација треба исто така да ги вклучи и општествените придобивки од процесот на дигитализација како што е влијанието врз животната средина преку намалени емисии на СО2 и подобрени здравствени системи. Со воведувањето на дигитализацијата во земјите од ЗБ6, ќе се овозможи прекуграничен пренос на податоци во рамките на регионот, во согласност со безбедносните политики на земјите. За постигнување на оваа цел ќе биде потребно во секоја од владите во регионот да се воведе позицијата на Главен информатички службеник за да се олесни координацијата и имплементацијата на дигиталната трансформација и соработка во дигиталните работи за олеснување на процесот на интеграција во единствениот дигитален пазар на ЕУ. 3. Заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестиции преку здружување на фондовите и напорите за претставување на инвестицискиот потенцијал на регионот, креативноста, храната и традиционалната кујна, туристичките атракции, со посебен акцент на потребите на бизнисите. На овој начин бизнис заедниците ќе имаат можност за настап на заеднички штандови на меѓународните саеми на кои ќе се презентира регионалната понуда кога е тоа возможно, како и за заедничко креирање и промоција на интегрирани туристички понуди за регионот. Покрај тоа, потребно е да се интензивира и инволвираноста на бизнис заедницата во активностите на владините структури. Затоа, потребно е претседателите, премиерите и другите владини претставници од земјите од регионот на Западен Балкан, при посетите на странски земји да бидат придружувани од делегација составена од регионални бизнис претставници. Продолжува...


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ДА СИ ПОВТОРИМЕ М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Добро е од време на време да си повториме некои од главните работи за да не заборавиме каде се наоѓаме и каде сме тргнале. Нашава земја се наоѓа во чувствителна фаза. Договорот за пристапување кон НАТО е во процес на ратификација од страна на сите негови членки. Чекаме добивање датум и почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ. Кога и да го добиеме датумот веројатно ќе поминат десетина години до зачленувањето во ЕУ. Како што сме кажале во повеќе наврати досега, НАТО и ЕУ не се цел сами по себе и не носат сами по себе подобар животен стандард. Што во меѓувреме со македонската економија? Работите мораме да ги направиме заради самите себе. Првиот чекор е дефинирање на целта. Треба да си одговориме две едноставни прашања. Првото прашање е каков капитализам сакаме, која е нашата цел? Капитализам има и во САД, и во Германија, и во Шведска и на Балканот. И сите тие се, на свој начин, различни видови на капитализам, произведуваат различни општества и односи внатре во општествата. Одговорот на ова прашање треба да биде еден од патоказите низ нашиот процес на преговори за пристапување кон ЕУ. Второто прашање е дали е за нас прифатливо македонската економија да расте побавно од просекот на другите пет земји во нашиот регион на Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Косово)? Бројките тоа го покажуваат, значи не за година или две, од 2001 до 2018 година, во просек македонската економија растела побавно од просекот од другите земји од нашиот регион за речиси цел еден процентен поен годишно! Значи, прифатливо ни е ова или не? Од одговорот на овие две прашање зависат и сите економски политики и оперативни


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

25

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР чекори што потоа би биле дизајнирани и применети. Се разбира, добивањето опипливи резултати од економските политики ќе бара време. Но, што е она на што може, или подобро кажано мора, да се стави фокусот веднаш? Предзвикот број еден за бизнис секторот во земјава денес не се ниту пристапот до финансиски средства, ниту проблемите во судството, ниту било што друго. Главниот предизвик е недостигот на работна сила. Од една страна веќе подолг временски период ни се случува депопулација на населението, стотици илјадници луѓе си заминаа од земјава, а од друга страна имаме многу дипломи, а малку вештини за пазарот на работна сила. Земјава мора да се фокусира на секој од сегментите на образованието. Пред неколку месеци една госпоѓа од Британија, дојдена во земјава преку Британскиот Совет, во интервју за еден бизнис магазин рече дека таму во моментов 70% од вештините што децата во основното образование ги учат се за работни места што денес не постојат. Кај средното образование, без оглед што резултатите нема да дојдат веднаш ама барем проблемите ќе се ублажат, фокусот мора да се стави на дуалното образование. Конечно, во високото образование потребно е прилагодување и насочување кон она што значи наука, технологија, инженерство, математика (STEM). Во целина, потребна е коренита и сеопфатна реформа на образованието од која што прилично зависи и опстанокот на земјава на долг рок. Вториот предизвик што бара внимание е креирање на економски амбиент што поттикнува. Тоа значи да постои амбиент што поттикнува секој сам да се труди, професионално да се гради, да стекнува вештини, да има мотив да заработи, да создаде, за себе и за семејството, а не да има мотив да биде пасивен, да чека државата да земе од поуспешните и да му прераспредели. Понатаму, економскиот амбиент мора да биде максимално предвидлив, да се потсетиме на идејата за воведување на даночен календар кој ќе му овозможи на бизнис секторот однапред да знае какви измени го чекаат во однос на давачките кон државата. Само со стабилен и предвидлив економски амбиент приватниот сектор ќе се решава да прави значајни инвестиции, а токму таквите инвестиции создаваат одржливи работни места. Патем, регулативата мора да се поедностави, тоа ќе овозможи поголема ефикасност во работењето на бизнис секторот. Да си го повториме и тоа дека предизвици секогаш ќе постојат. За мала земја како нашата тие некогаш ќе изгледаат големи како планина. Но, со долгорочна визија, внатрешна кохезија во земјата, и со изразено чувство на ургентност за менување на работите – резултатите ќе дојдат. Важно е за предизвиците отворено да се разговара и да се има храброст да се носат одлуки, понекогаш и непопуларни.


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања Општествено одговорното работење станува долгорочна, конкурентска предност и услов за опстојување на пазарот, како за компаниите со странски капитал, така и за домашните компании. Стандардот за корпоративна општествена одговорност ISO 26000 ја дефинира општествената одговорност како одговорност на организацијата/компанијата за влијание на нејзините одлуки и активности врз општеството и животната средина преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува за одржлив развој и благосостојба на општеството, ги зема предвид очекувањата на заинтересираните страни, работи во согласност со важечките закони и меѓународните норми на однесување и таквото однесување го спроведува во односите со своите клиенти или заинтересираните страни. Ако ги земеме како пример компаниите од каде што доаѓа раководството на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија (претседателот и потпретседателите на оваа асоцијација), а тоа се ЕВН Македонија, Комфи Ангел Скопје, Арцелормиттал Скопје, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои општествено одговорното работење претставува нераскинлив дел од нивната корпоративна стратегија. Такви се, на пример,активностите на ЕВН Македонија за подигање на свеста за разумно користење на електричната енергија, заштитата на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување опасни материјали од трансформаторските станици, поддршката на настани поврзани со македонската традиција, инвестирањето во промоцијата на спортот и здравјето и тн. Проектот на Комфи Ангел Прилеп насловен „Караван на среќата“ кој традиционално се организира секоја година, со цел собраните средства од купените производи на оваа компанија ширум државава да се донираат за поддршка на младите и спортот е исто така значаен придонес за подигнување на јавната свест за потребата од практикување на општествено корисно однесување. Бројните хуманитарни акции на Арцелормиттал за децата без родители, за Заводот за


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

27

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР рехабилитација на деца и младинци, за поддршка на културата и негувањето на пишаниот збор, како и за заштита на животната средина се исто така дел од активностите на странските инвеститори во земјата, со кои, на дело покажуваат дека нивната цел не е само остварување на профит и други компаниски цели, туку и грижа за општото добро на средината во која работат. И ова не се единствените примери. Ги има многу. Впрочем, нема компанија- странски инвеститор која на некој начин, со дел од своите активности, не придонела за промовирање на општествените вредности, насочени кон економска и социјална благосостојба, преку кои, во суштина, се постигнувa подобрување на сопственото реноме на компаниите, но и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото општествено окружување. Во тој контекст, би го споменала „Светскиот пикник“, кој веќе стана традиционален настан од хуманитарен тип, во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Оваа година ќе се организира на 9 јуни во Градскиот парк, кадешто преку мноштво забавни содржини за младите, но и за возрасните, граѓаните ќе имаат можност да ја вкусат традиционалната храна на земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава, а средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се доделат на оние на кои тоа им е најпотребно, како што се народните кујни, социјално ранливите категории и слично. На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење. Со раздвојувањето на сопственоста од управувањето со капиталот, неминовно доаѓа и до промени во начинот на управување на компаниите, па сите чинители имаат директен или индиректен поединечен интерес од работата на компаниите: вработените и менаџментот добиваат плати и награди, акционерите добиваат приходи од капиталот, купувачите ги добиваат потребните добра и услуги, а добавувачите добиваат соодветен надомест за продадените добра. Со тоа, сите чинители обезбедуваат определена вредност, но доколку кон сите овие вредности не се додаде и јасно прокламира и стремежот на компанијата кон некоја јасно определена заедничка цел, која е општествено корисна за еден поширок круг во заедницата, тогаш и компаниските поединечни цели остануваат незабележани. Токму затоа, општествената одговорност на компаниите е прашање кое е дискрециона одлука на секоја компанија, односно прашање кое не треба да се уредува со прописи, туку треба да биде дел од една високо развиена јавна свест, корпоративна култура и вредности , чија цел не се состои во обезбедување на определени даночни повластици заради дадените донации или спонзорства во јавните дејности, туку истата придонесува кон јакнење на нивната конкурентност во глобалната економија преку зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, придонесува за подобрување на угледот и имиџот, заштита на животната средина, подобрување на социјалните услови во заедницата, како и промовирање на етичкото управување.


28

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

29

НОВИ ПРОПИСИ

10.05.2019 ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Предложените измени и дополнувања предвидени со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина се однесуваат на следните прашања:- пропишување на одредби со кои се дефинираат контаминирани по ... 10.05.2019 ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ Со Предлог – законот за управување со отпад се предлага воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено затворање на сите нестандардни депонии и ѓуб ... 13.05.2019 СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ НА ВЛАДАТА ВО 2020 Врз основа на член 15 став 1 од Законот за буџетите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/05, 4/08, 103/08, 156/09, 95/10, 180/11, 171/12, 192/15 и 167/16) и член 27-а став 3 од Деловникот за работа на Владата ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


30

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

31


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21.5.2019 година 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

COLD CALLING МЕТОДОЛОГИЈА НАПРЕДНА ТЕХНИКИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА

Cold Calling техниките претставуваат предизвик за многу професионалци кои се занимаваат со продажба. Пoстојат различни начини за да се развијат нови можности како што се Cold Calling техниките или потрагата по нови купувачи. Cold Calling техниките создаваат можност за зголемени резултати, преку вистинска стратегија, обука и пракса. Овој еднодневен семинар за Cold Calling ќе ви даде знаење и вештини кои ви се потребни за да најдете квалитетни потенцијални клиенти. Во текот на предавањата, ќе откриете како брзо да го стекнете знаењето во однос на првичниот контакт, да ги примените докажаните техники на активно слушање, за да ги разберете потребите на клиентот и да направите ефективни продажни техники (соодветни реченици) кои ќе ви дадат можност да ја објасните вашата целосна понуда. Во текот на оваа интерактивна и практична обука ќе добиете конкретно знаење преку вежби за симулирани повици, така што ќе можете да ги примените своите нови вештини за работа веднаш по обуката. Предавач: - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Стопанската комора на Црна Гора, во Подгорица, адреса: (Novaka Miloševa 29/II, Podgorica 81000)., Црна Гора

Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Црна Гора

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 24 мај 2019 година, во Подгорица, Црна Гора. На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Црна Гора, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и црногорски компании. Настанот ќе се одржи на 24 мај 2019 година (петок), со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанската комора на Црна Гора, во Подгорица, адреса: (Novaka Miloševa 29/II, Podgorica 81000). Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 17 мај 2019 година (петок) со пополнување на Пријавниот Лист во прилог, до контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk или на телефон: ++ 389 2 3244 051.


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.05.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПО ОСНОВ НА ОТСУСТВА ОД РАБОТА, ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија, на 27 мај 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Преглед и анализа на правата и обврските од работен однос по основ на отсуства од работа, евиденција на работно време и услови и правила за спроведување дисциплинска постапка“, во насока на обезбедување добро разбирање за законски предвидените отсуства од работа на работниците, како тие влијаат врз работниот процес преку нивен одраз во рамки на предвиденото работно време, за кое пак постои точно определен модус на евидентирање. Во корелација со претходно наведеното, работилницата исто така има за цел да направи осврт на отсуствата од работа по основ на боледување, раѓање и мајчинство, при што детално ќе бидат разгледани сите можни дилеми кои во секојдневното работење се јавуваат во врска со предметната материја. Во пресрет на годишните одмори, ќе се направи исцрпна анализа и на отсуството од работа поради користење годишен одмор, при што ќе се објаснат правата и обврските на работодавачите и работниците. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, при што акцент ќе биде ставен на дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, а сé во насока на поголема правна заштита и сигурност. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - м-р Викторија Спасовска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

35

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.05.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,

КАКО ДА СЕ ПОДИГНЕ ВАШАТА КОМПАНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО? МАПИРАЊЕ ПРОЦЕСИ, KPI, LEAN-SIX SIGMA

Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на современи алатки, техники и методологии, со чија правилна примена можеме: да го организираме и управуваме производството преку сите негови процеси и тоа преку зголемување на ефективноста и ефикасноста; оптимизацијата и организацијата на работните места, штедејќи ги човечките ресурси и при тоа директно влијаејќи на зголемување на продуктивноста и намалување на повредата на работа; да се препознаат местата во прозиводството каде се додава вредноста на производот; да се воспостави и да се одржува ефикасна комуникација помеѓу производството со продажбата и набавката; да се оптимизира времето потребно за производство на одреден производ преку оптимизација на ресурсите; да се изгради систем на континуирано подобрување со што секој вработен ќе придонесе за унапредување на начинот на работа на своето работно место, со тоа што истите ќе се да се мотивираат и ќе бидат активни чинители за воспоставување систем за континуирано подобрување.

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 мај 2019 година, Стопанската комора на Словенија, Љубљана

Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Словенија

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 28 мај 2019 година, во Љубљана, Словенија. На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Словенија, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и словенечки компании. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2019 година (вторник), со почеток во 15:00 часот во просториите на Стопанската комора на Љубљана, во Словенија, адреса: Dimičeva ulica 13, 1000, Љубљана. Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 20 мај 2019 година (понеделник) со пополнување на Пријавниот Лист, до контакт лицето: Ирена Мојсовска, е-адреса: irena@mchamber.mk, телефон: ++ 389 2 3244 009. Со можност да добиете подобра цена, во прилог е Списокот на хотели, а формуларот за избор на хотел се наоѓа во Пријавниот Лист: Hotel Request Form, кој треба да се пополни и електронски да се достави до: irena@mchamber.mk.


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

37

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.5.2019 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА – СПОЈ НА МАРКЕТИНГ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистичка комуникација со сите инволвирани страни, од кој неодвоив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. Функционирањето на компаниите е сложен процес. Тој опфаќа постојана размена на информации. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на секоја компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и компанијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на балансиран екстерен и интерен маркетинг насочен кон надворешната публика и вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен и екстерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТ-индустријата и останатите динамични индустрии. Ќе биде допрена и формата гејмификација како напреден модел на комуникација.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

38

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.5.2019 година (четврток) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАВЕН АСПЕКТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА – ПРАВА, ОБВРСКИ И ВИДОВИ ДОКАЗИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, согласно видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право. Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување. Предавач: Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

БИЗНИС ИНФО

39

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Бизнис средби и форум со компании од Бугарија и Србија, од Агро секторот во Пловдив, Бугарија, на 30 мај и 01 јуни 2019 година

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да дојдете до контакти со странски деловни партнери

Ве покануваме да учествувате на Компаниската мисијата од агро секторот, која ќе се одржи за време на меѓународниот ден на земјоделството 2019 година во Пловдив, Бугарија, од 30 мај 2019 до 01 јуни 2019 година, со компании од Србија и Бугарија. Партнери од Enterprise Europe Network од Србија и од Северна Македонија се ко-организатори на мисијата на компаниите во Бугарија и ќе учествуваат со компании од нивните земји. Учеството на настанот не е ограничено само на клиенти на организаторите. Сите заинтересирани учесници се поканети да се регистрираат преку електронска пошта на laze@mchamber.mk, до 28 мај 2019 година. Мисијата на Агро компанијата за време на интернационалните земјоделскотеренски денови во Бугарија 2019 ќе им се придружи на земјоделците, производителите на зеленчук, жито, семенски и саден материјал, консултанти за заштита на растенијата, производители на земјоделски машини и нови технологии и ќе им овозможи на учесниците да споделат искуство на терен во реални земјоделски услови. Повеќе информации за настанот на: http://dlgbulgaria.com/ и на http://www. mchamber.mk/Default.aspx?mId=4&evid=2882&lng=1 Место на настанот: Демонстрационен центар за нови технологии во земјоделството на Земјоделскиот универзитет во Пловдив. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


40

БИЗНИС ИНФО

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

41


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 17 мај 2019, Бр. 395

T

15

42

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.