Бизнис ИНФО, број 396

Page 1

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

345 Број 396

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОТРЕБНАТА РАБОТНА СИЛА

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 23.5.2019


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОТРЕБНАТА РАБОТНА СИЛА“

На 20.5.2019 година, Стопанската комора на Македонија одржа прес-конференција на тема: „Директна финансиска поддршка на компаниите за потребната работна сила“. Формалниот систем за стручно образование не може на краток рок да излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор, а недостатокот на работна сила истовремено претставува најголем ограничувачки фактор за раст на економијата, посочи м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. За таа цел Стопанската комора на Македонија како стратешки партнер во проектот: „Образование за вработување“ ја креираше алатката „Фонд на можности“ која води кон поддршка на реалниот сектор во нивната заложба за обезбедување на соодветен стручен кадар со потребни знаења и вештини . Станува збор за алатка која преку финансиска поддршка ќе им овозможи на компаниите како работодавачи да извршат обуки во нивните простории на лица, за кои ќе треба да гарантираат дека 50% од истите - учесниците на обуката ќе ги вработат, најдоцна во рок од 3 месеци по завршување на обуката, додаде м-р Трајковска. Вработувањето и економскиот развој се една од трите фокусни области на програмите на Швајцарската агенција за развој и соработка во Северна Македонија. Од нашите досегашни средби постојано се нагласува едно исто прашање а тоа е неусогласеноста помеѓу потребните знаења на учениците и побаруваните вештини од страна на работодавачите – нагласи Стефани Томагиан, заменик шеф на мисијата на Швајцарската Агенција за развој и соработка. Преку Фондот на


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА можности целиме кон подобрување на соработката помеѓу компаниите и приватните понудувачи на образовни услуги, за таа цел денес сме тука да го официјализираме склучувањето на првите договори за доделување средства преку Фондот на можности. Овие три партнерства се одлични вести и нивниот ангажман ќе биде од корист не само за компаниите, туку и за целото општество во целина. Веќе ги имаме официјализирано и првите договори за доделување средства преку Фондот на можности три компании од различни дејности кои во тековниот период добиените средства ќе ги инвестираат во обука на невработени лица кои по стекнувањето на знаења и вештини ќе бидат компетентни за да може да се вработат во овие компании, што всушност претставува и обврска на компанијата и наша крајна цел како Стопанска комора на Македонија и Проект „Образование за вработување“. Тоа се компаниите: „Ронтис“ од Велес, компанија која се занимава со производство на медицински помагала, КАК- македонска компанија сопственик на повеќе угостителски објекти, а препознатлива преку Хотелите Бистра Маврово и Хотел Епинал Битола и Ски Центарот Заре Лазаревски Маврово и Костал Охрид- германската компанија за автомобилски компоненти, истакна Трајковска. Бојана Димовска, директор на компанијата „Ронтис“ од Велес, компанија која се занимава со производство на медицински помагала, компанија која досега самоиницијативно вложувала во обучување на кадар, пред присутните го поздрави постоењето на алатките како Фондот на можности кој покрај финансиска поддршка овозможуваат соработка средните стручни училишта и креирање на јавно-приватно партнерство. Таа исто така најави дека сите лица кои ќе ја започнат обуката ќе бидат вработени во компанијата. Од страна на г-дин Огњан Циговски, директор на КАК, македонска компанија сопственик на повеќе угостителски објекти беше истакнато дека оваа алатка ќе даде поттик и на другите компании во угостителскиот сектор преку обука на на кадар од страна на тренери во кои компанијата вложила во изминатите 4 години. Потребата од стручен кадар беше мотив и за вклучување на компанијата „Костал Македонија“ преку свој придонес да се вклучи во изведување на практичниот дел наставата и да обезбеди продуцирање на кадар кој ќе одговара на барањата и потребите на компанијата, а токму Фондот на можности ќе ни овозможи развивање на програма која ќе одговара на потребите за секторотдодаде Нада Мисоска, од „Костал“ Македонија. Стопанската комора на Македонија со Проектот E4E @ mk и Фондот за можности се на самиот почеток, што значи дека се повеќе и повеќе поддршка ќе им биде достапна на компании за обука и вработување на млади луѓе во следниот период. Во текот на годината ќе следат и уште два повика до крајот на 2019 година, едниот во месец јуни, а другиот кон крајот на годината, затоа ги поттикнуваме компаниите да ја искористат и да ја користат финансиската поддршка и достапните ресурси на пазарот, со што ја подобруваат нивната ефикасност, а со тоа и ќе придонесат и за раст на економија во целина , истакна опертаивниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска Михајло Донев


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

5

РАБОТНА СРЕДБА АЗЕСКИ-МАРТЕНС На 20 мај 2019 година во просториите на Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс. На состанокот и двете страни ги презентираа своите тековни и идни проекти и ги разгледаа можностите за понатамошна заедничка соработка. Претседателот Азески истакна дека Германија низ годините стана еден од основните стратешки партнери за раст и развој и пробивање на македонските компании на европскиот пазар. Германија е земја со којашто трговската соработка бележи значителни зголемувања во последните неколку години, за што говорат и статистичките податоци- вкупната трговска размена за првиот квартал од 2019 година во износ од 1,12 милијарди САД$ е со пораст од 6,7% во однос на истиот период од 2018 година. Извозот во вредност од 873,5 милиони САД$, бележи зголемување од 10,4%, додека увозот во износ од 251,3 милиони САД$, бележи намалување од 4% во споредба со анализираниот период од 2018 година. Во вкупната трговска размена се бележи суфицит од 622,2 милиони САД$, кој во однос на првиот квартал од минатата година е зголемен за 17,5%, рангирајќи ја Германија прва на листата трговски партнери на Република Северна Македонија и една од ретките земји со коишто бележи суфицит во трговската размена. Делегацијата на германското стопанство во земјава има за цел да им помогне на германските, но и на домашните компании во насока на зголемување на економската соработка меѓу двете земји, истакна Мартенс. Токму поради истите ставови по одделни прашања и заедничките гледишта за идна соработка, тој смета дека двете Комори во наредниот период со заеднички сили ќе можат интензивно да работат на креирање на заеднички проекти и комплементарни услуги за помош на стопанствениците од двете земји. Двете страни едногласно се согласија дека во наредниот период потребно е интензивирање на меѓу-институционалната соработка бидејќи постојат многу проектни активности преку коишто може да се работи за подобрување на реалниот сектор и да придонесе за раст на економиите на двете земји. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

ЗДРУЖЕНИЈА

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОМОЦИЈА НА САЕМИТЕ DESIGN DISTRICT ВО РОВИЊ И ДУБРОВНИК Во просториите на Стопанската комора на Македонија беше реализирана работна средба со Татјана Кос, директорка на саемите Design District, Ровињ и Design District, Дубровник и Драго Веселчиќ, директор на фирмата Ера Група ДОО Загреб. На состанокот беше присутен и Љубе Неделковски, претседател на Здужението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел и претставници на стручната служба на Стопанската комора на Македонија На состанокот од страна на Татјана Кос беа презентирани можностите на големите дизајнерски приредби посветени на уредувањето на интериери и екстериери во туризмот * Design District, Ровињ, кој се одржува од 17 до 20 октомври 2019 година и * Design District, Дубровник, од 21 до 23 ноември 2019 година. Ровињ и Дубровник се две посебни места на кои според Кос македонските компании имаат деловни шанси и не се случајно одбрани, бидејќи сѐ до 2025 година на тие дестинации најмногу ќе се вложува во изградба и подобрување на туристичката понуда со цел зголемување на категоризацијата. Тоа значи дека туристичките објекти ќе имаат потреба од набавка на опрема и мебел и тоа од повисоката и високата ценовна класа, бидејќи во таа насока се движат плановите за видот на гостите и туристичката понуда. Отворањето на многубројни хотели, преуредување на постоечките, подигање на категоризацијата во приватното сместување и други активности кои ќе се спроведуваат во следните неколку години, на понудувачите на намештај и опрема за уредување на интериери им нуди можности да станат добавувачи на туристичкиот сектор. Исто како и минатогодишниот саем, се предвидува дека посетители и на годинашните саемски манифестации ќе бидат главно архитекти, големи хотелиери, сопственици на мали и семејни хотели, од подрачјето на Истра, Кварнер, другите делови на Хрватска, Словенија и Италија. Минатата година Design District Ровињ го посетиле 7500 професионални посетители од подрачјето на туризмот, 300 архитекти и дизајнери на интериери, 109 излагачи а саемот е реализиран на 4.700 м2 површина Валентина Цветкова


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

7

КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕНЕРГИЈАТА ДА СЕ НАСОЧИ ВО ЕКОНОМСКИТЕ РЕФОРМИ Северна Македонија го отвора процесот на подготовка на Програмата за економски реформи заедно со ЕУ. Ова е вистинскиот момент да се почнат економските реформи. Земјата е политички стабилна, го реши проблемот со името и сега целата енергија може да ја насочи кон спроведување економски реформи. Ова беше порачано на денешна конференција што се одржа во Скопје за ПЕР за период 2020-2022 година. -Ова е вистински момент да зборуваме за економски реформи. Остварена е политичка стабилност, решено е прашањето за името. Има јасна перспектива за интегрирање во просперитетниот и динамичен европски пазар. Енергијата што беше фокусирана кон решавање на името и договорот, може да се ослободи за спроведување реформи во економските политики и има големи очекувања кај населението, истакна Валтер Дефа, советник на Владата на Република Северна Македонија. Порача дека сега е момент да се оди чекор понатаму и да се тргне напред, а најважна е имплементацијата и тоа не само од Министерството за финансии, туку и од сите институции и засегнати страни. Според него, она што треба да го направи земјата е повеќе инвестиции, но не повеќе јавен долг, зашто тоа е ризик што е товар за идните генерации. – Нема фискален простор за дополнителни расходи. Да се фокусираме на јавните финансии, на реформи во образованието и да се почне со подготовка на стратегиите уште сега, а не да се чека на одлуката на ЕУ, порача Дефа, кој додаде дека за сите реформи е потребно време и тоа не од една година, туку и по 2022 година. Минисерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека земјата прави реформи, и оти Владата гледа да се движат работите напред. – Членството во ЕУ е јасен приоритет на Владата. Тоа се гледа и од спроведувањето на мерките од Програмата за економски реформи. За споредба, откако започна да се подготвува Програмата, до 2017 година, реализацијата на препораките од заедничките заклучоци, беше доста ниска. Постојано беше посочувано дека земјата нема стратегија за реформи во јавните финансии, недоволна транспарентност во јавните финансии, честа промена на законите и некористење на алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони, како и непреземање на активности во однос на неформалната економија, рече Тевдовски, додавајќи дека со последните две програми за економски


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

СОРАБОТКА реформи, поконкретно Програмата 2018 и Програмата 2019, направен е целосен пресврт во поставување и реализација на мерките. Министерот потенцира дека првпат имаме јасна и кредибилна Стратегија за реформи во јавните финансии, значително е подобрена транспарентноста во јавните финансии, стабилизирано е нивото на јавниот долг, зпочна отплатата на доспеани неплатени обврски на јавниот сектор, редовно се користи алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони, донесена е Стратегија за формализација на неформалната економија и веќе има спроведено активности предвидени со Акцискиот план 20182020 година. Потенцира дека фокусот во наредната програма ќе биде ставен на намалување на невработеноста и на сивата економија. Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, истакна дека главна цел на подготовката на Програмата за економски реформи е да го подобри среднорочното економско планирање со цел подобро дизајнирање и имплементирање на структурните реформи што ќе го поттикнат инклузивниот раст и конкурентноста. -Програмата за економски развој им помага на земјите кандидати постепено да се приспособат на критериумите за членство – постоење на функционална пазарна економија и конкурентност на пазарот, рече Пападопулос порачувајќи дека е важно одговорност за спроведување на препораките. Словенечките искуства ги пренесе Саша Јазбец, државен секретар во Министерството за финансии, кој аистакна дека е важно да се преземе одговорност, политичка волја за спроведување на реформите и имплеметација на сите нивоа. Јана Репаншек, директорката на Центарот за извонредност на финансиите (ЦЕФ) на конференцијата посочи дека Центарот започнал со имплементација на регионален проект за поддршка на земјите во процесот на подготовка на програмите за економски реформи.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

9


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

ФЕЉТОН – Регионално обединување

РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА ПАРТНЕР СО ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА ВО МЕСТО Сашо Деспотоски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Две соседни земји, и двете дел од Западен Балкан, двете со аспирации за членство во Европската унија. Република Северна Македонија и Република Албанија го препознаваат Берлинскиот процес како модел и насока за побрзо и полесно интегрирање во европското семејство, што само по себе наведува на продлабочување и поттикнување пред се на меѓусебната економската соработка, која сега е на исклучително ниско ниво и по обем и по структура. Вкупниот обем на размената на двете земји во 2018 година изнесува 166,1 милиони САД $, со раст од 15,6% споредено со 2017 година. Извозот изнесува 89,2 милиони американски долари и евидентира зголемување од 20%, додека увозното салдо е 76,9 милиони долари, со зголемување од 11,1% во однос на претходната 2017 година. Во меѓусбената размена, евидентиран е суфицит од 12,27 милиони долари, кој во однос на 2017 година е зголемен за 237,8%. Суфицитот во размената на македонска страна се евиденотра и во претходниот период од 2006 година наваму. Сепак, ваквата трговска соработка не кореспондира со нивото на добрите политичките и дипломатските односи, со можностите со кои располагаат двете економии, со фактот дека сме блиски соседи со отворени и пријателски пазари. Како членки на Светската трговска организација (СТО) и потписнички на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) 2006, Македонија и Албанија се земји со средно висок доход, кои поминаа долг процес на транзиција кон пазарно ориентирано стопанство и спроведоа голем број реформи насочени кон подобрување на деловното окружување и привлекување на странски инвеститори се со цел да се зголеми економскиот раст. Помеѓу двете земји постои солидна основа за продлабочување и проширување на соработката, особено во делот за заедничкиот настап на трговски саеми, организирање билатерални деловни средби и форуми, поттикнување на формите на прекугранична соработка и изработка на заедничка туристичка понуда. Во таа насока треба и да се дефинираат насоките како и потребата од утврдување на стратешка програма за зголемување на соработката со вклучување како на политичките така и на економските чинители. Но ако се има во предвид дека нашата земја и Албанија имаат многу слаба развиена


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

11

ФЕЉТОН – Регионално обединување инфраструктурна поврзаност, како еден од општите предуслови за поттикнување и продлабочување на трговската и економска соработка, тогаш сосем извесно е дела приоритет за развој на регионалниот бизнис е изградбата на патната и железничката инфраструктура меѓу двете соседни земји. Кога се потенцира инфраструктурата мора да се забележи дека од албанска страна се направени многу поинтензивни чекори за патно и железничко поврзување, но за да може ваквата инвестиција да се материјализира и да биде одржлива на долг рок, потребно е да се инвестира и во изградба на инфраструктурата и од другата страна, конкретно во нашата земја. Токму затоа бизнис секторот и од двете земји бара од државните органи на двете држави, да ги подржуваат нивните иницијативи и вложат поголеми напори во оваа насока. При тоа акцент се става на потребата за инвестирање пред се на „Коридорот 8“ што ги поврзува двете земји, но и земјите помеѓу Црното Море преку Бугарија преку Јадранското и Јонското Море до Италија. Во оваа насока не помало значење има патното поврзување заради поголема искористеност на пристаништето во Драч. Не помалку значаен е и патниот правец од Дебар кон Тирана, со што патувањето се крати за околу еден час. Посебен предизвик ќе претставува интензивирање на соработката за доизградба на неопходните железнички линии, како иден економски крвоток помеѓу двете земји. Енергетиката претставува клучен економски двигател и затоа, во наредниот период потребно е поголемо заедничко ангажирање на надлежните институции за дефинирање на можните решенија за интерконективно поврзување на двете земји во делот на електроенергетскиот и гасоводниот систем. Од големо значење е продолжување и поттикнување на инфраструктурните инвестиции во енергетскиот сектор и соработката во областа на природниот гас како стратешко партнерство меѓу двете земји, што ќе овозможи обезбедување на сигурност и диверзификација на снабдувањето со природен гас. Двете земји имаат различно ниво на развој на туризмот и инфраструктура поврзана со туризмот. Сепак, имајќи ја во предвид близината, како и припадноста на еден исто регион, постои голем потенцијал, да се подготви заедничка туристичка понуда со цел да се привлечат туристи заинтересирани за различни видови на туризам. Општата карактеристика е дека Македонија и Албанија се соседни земји, блиски народи, со исти проблеми, исти надежи кон иднината, со исти евроатлански стремежи, кои паралелно чекорат кон Европската Унија. На тој пат, бизнисот ги препознава сличностите и потенцијалите за заедничко дејствување. Сепак потребни е што поскоро заживување и имплементирање на заедничко гранично управување „One Stop Shop“ на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане, што ќе овозможи унапредување на економска соработка помеѓу двете земји, каде од воведувањето заеднички контроли на надлежните органи најголема придобивка ќе биде кај протокот на стоки, каде нема да има двојна царинска, санитарна, ветеринарна контрола на стоката а со тоа ќе го преполовиме времето на чекање на камионите, на стоките, па и на патниците.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ (II дел) м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Како што веќе споменавме и претходно, мисијата на Коморскиот инвестициски форум од неговото основање е детално зацртана и целосно посветена кон продлабочување на соработката меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и светот, и креирање на Единствена Регионална Економска област (РЕО) со цел соединување на регионот и овозможување на заеднички напредок на бизнис заедниците и економиите на шесте земји. Една од основните активности за коишто се залага КИФ, а е во насока на креирање на РЕО, е унифицирање на граничните премини и застапување на слободното движење на добра/услуги низ регионот со цел да се намалат трошоците и да се направат добрата и услугите поконкурентни на глобалниот пазар. Потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапи на интернет страниците на Царинските администрации во регионот, со што истите ќе бидат потранспарентни, пристапни и предвидливи. Унифицирањето на сите царински декларации, постапки (како и овозможување на целосна акумулација на потекло и поврат) и стандардизација на сите инспекции вклучувајќи ја санитарната, фитосанитарната, ветеринарната и други, на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, ќе овозможи секоја земја да ги признае истите гранични декларации, документација за одреден вид производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајн и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот ќе придонесе за полесна поддршка на усогласените регионални царински


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

13

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) документи и царински постапки кои исто така ќе бидат усогласени со оние на ЕУ. Овој систем од друга страна пак ќе овозможи нивото на чекање на граничните премини да се сведе ја минимум (според проценката оптималното време што еден камион треба да го помине во чекање на граничен премин би требало да биде 7.5 минути). На овој начин проверката на документацијата и на добрата ќе се спроведува на првиот граничен премин од Регионалната економска област на ЗБ6, исто како што тоа функционира и во ЕУ со почитување на следните услови: Сета документација да биде електронски доставена, и непосредно дистрибуирана преку ИТ системот до сите царини во регионот, сите царински давачки да бидат соодветно подмирени и кога сето тоа ќе се одобри, добрата да можат да патуваат низ целиот регион без да подлежат на понатамошна гранична контрола. Граничните проверки на добрата треба да се применуваат само врз основа на анализа на ризик . Управувањето со ризик треба да биде координирано на регионално ниво. Со воведување на унифицирана царинска документација и ефективни царински ИТ системи, ќе се елиминираат и сите нетарифни бариери коишто постојат низ регионот (царински гаранции за потекло, дополнителни ад-хок анализи, посебни ознаки, итн.). За постигнување на оваа цел потребно е да се воспостави систем- владина работна групаво секоја земја, за да ги надгледува, идентификува и елиминира нетарифните бариери со обврска да реагира во рок од 15 дена од барањето на бизнис заедницата. Шесте земји од регионот на Западен Балкан потребно е забрзано да работат на подобрување на инфраструктурата на граничните премини, со цел за да се овозможи отворање на повеќе порти за премин на камиони и транспортни возила , со што ќе се разграничат премините за камионите со дозвола Т од останатите, итн. Елиминацијата на бариерите за пристап до пазарот на целиот регион, ќе обезбеди подобри и поконкурентни цени за производство но и за пласман на производите на странските пазари. Покрај либерализација на трговијата со производи, либерализација на трговијата со услуги особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот, туризмот, либерализација на електронската трговија, либерализација во прекуграничниот трансфер на податоци, итн. ќе придонесе за уште поголем раст и развој на регионот како целина. Со цел полесен пристап до резултати од регионалната соработка, потребна е координација и соработка на заводите за статистика во регионот за да се измерат трговските индекси на регионално ниво и да се овозможат подобри регионални статистички податоци. Продолжува...


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ДА СИ ПОВТОРИМЕ М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Добро е од време на време да си повториме некои од главните работи за да не заборавиме каде се наоѓаме и каде сме тргнале. Нашава земја се наоѓа во чувствителна фаза. Договорот за пристапување кон НАТО е во процес на ратификација од страна на сите негови членки. Чекаме добивање датум и почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ. Кога и да го добиеме датумот веројатно ќе поминат десетина години до зачленувањето во ЕУ. Како што сме кажале во повеќе наврати досега, НАТО и ЕУ не се цел сами по себе и не носат сами по себе подобар животен стандард. Што во меѓувреме со македонската економија? Работите мораме да ги направиме заради самите себе. Првиот чекор е дефинирање на целта. Треба да си одговориме две едноставни прашања. Првото прашање е каков капитализам сакаме, која е нашата цел? Капитализам има и во САД, и во Германија, и во Шведска и на Балканот. И сите тие се, на свој начин, различни видови на капитализам, произведуваат различни општества и односи внатре во општествата. Одговорот на ова прашање треба да биде еден од патоказите низ нашиот процес на преговори за пристапување кон ЕУ. Второто прашање е дали е за нас прифатливо македонската економија да расте побавно од просекот на другите пет земји во нашиот регион на Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Косово)? Бројките тоа го покажуваат, значи не за година или две, од 2001 до 2018 година, во просек македонската економија растела побавно од просекот од другите земји од нашиот регион за речиси цел еден процентен поен годишно! Значи, прифатливо ни е ова или не? Од одговорот на овие две прашање зависат и сите економски политики и оперативни


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

15

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР чекори што потоа би биле дизајнирани и применети. Се разбира, добивањето опипливи резултати од економските политики ќе бара време. Но, што е она на што може, или подобро кажано мора, да се стави фокусот веднаш? Предзвикот број еден за бизнис секторот во земјава денес не се ниту пристапот до финансиски средства, ниту проблемите во судството, ниту било што друго. Главниот предизвик е недостигот на работна сила. Од една страна веќе подолг временски период ни се случува депопулација на населението, стотици илјадници луѓе си заминаа од земјава, а од друга страна имаме многу дипломи, а малку вештини за пазарот на работна сила. Земјава мора да се фокусира на секој од сегментите на образованието. Пред неколку месеци една госпоѓа од Британија, дојдена во земјава преку Британскиот Совет, во интервју за еден бизнис магазин рече дека таму во моментов 70% од вештините што децата во основното образование ги учат се за работни места што денес не постојат. Кај средното образование, без оглед што резултатите нема да дојдат веднаш ама барем проблемите ќе се ублажат, фокусот мора да се стави на дуалното образование. Конечно, во високото образование потребно е прилагодување и насочување кон она што значи наука, технологија, инженерство, математика (STEM). Во целина, потребна е коренита и сеопфатна реформа на образованието од која што прилично зависи и опстанокот на земјава на долг рок. Вториот предизвик што бара внимание е креирање на економски амбиент што поттикнува. Тоа значи да постои амбиент што поттикнува секој сам да се труди, професионално да се гради, да стекнува вештини, да има мотив да заработи, да создаде, за себе и за семејството, а не да има мотив да биде пасивен, да чека државата да земе од поуспешните и да му прераспредели. Понатаму, економскиот амбиент мора да биде максимално предвидлив, да се потсетиме на идејата за воведување на даночен календар кој ќе му овозможи на бизнис секторот однапред да знае какви измени го чекаат во однос на давачките кон државата. Само со стабилен и предвидлив економски амбиент приватниот сектор ќе се решава да прави значајни инвестиции, а токму таквите инвестиции создаваат одржливи работни места. Патем, регулативата мора да се поедностави, тоа ќе овозможи поголема ефикасност во работењето на бизнис секторот. Да си го повториме и тоа дека предизвици секогаш ќе постојат. За мала земја како нашата тие некогаш ќе изгледаат големи како планина. Но, со долгорочна визија, внатрешна кохезија во земјата, и со изразено чувство на ургентност за менување на работите – резултатите ќе дојдат. Важно е за предизвиците отворено да се разговара и да се има храброст да се носат одлуки, понекогаш и непопуларни.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања Општествено одговорното работење станува долгорочна, конкурентска предност и услов за опстојување на пазарот, како за компаниите со странски капитал, така и за домашните компании. Стандардот за корпоративна општествена одговорност ISO 26000 ја дефинира општествената одговорност како одговорност на организацијата/компанијата за влијание на нејзините одлуки и активности врз општеството и животната средина преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува за одржлив развој и благосостојба на општеството, ги зема предвид очекувањата на заинтересираните страни, работи во согласност со важечките закони и меѓународните норми на однесување и таквото однесување го спроведува во односите со своите клиенти или заинтересираните страни. Ако ги земеме како пример компаниите од каде што доаѓа раководството на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија (претседателот и потпретседателите на оваа асоцијација), а тоа се ЕВН Македонија, Комфи Ангел Скопје, Арцелормиттал Скопје, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои општествено одговорното работење претставува нераскинлив дел од нивната корпоративна стратегија. Такви се, на пример,активностите на ЕВН Македонија за подигање на свеста за разумно користење на електричната енергија, заштитата на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување опасни материјали од трансформаторските станици, поддршката на настани поврзани со македонската традиција, инвестирањето во промоцијата на спортот и здравјето и тн. Проектот на Комфи Ангел Прилеп насловен „Караван на среќата“ кој традиционално се организира секоја година, со цел собраните средства од купените производи на оваа компанија ширум државава да се донираат за поддршка на младите и спортот е исто така значаен придонес за подигнување на јавната свест за потребата од практикување на општествено корисно однесување. Бројните хуманитарни акции на Арцелормиттал за децата без родители, за Заводот за


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

17

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР рехабилитација на деца и младинци, за поддршка на културата и негувањето на пишаниот збор, како и за заштита на животната средина се исто така дел од активностите на странските инвеститори во земјата, со кои, на дело покажуваат дека нивната цел не е само остварување на профит и други компаниски цели, туку и грижа за општото добро на средината во која работат. И ова не се единствените примери. Ги има многу. Впрочем, нема компанија- странски инвеститор која на некој начин, со дел од своите активности, не придонела за промовирање на општествените вредности, насочени кон економска и социјална благосостојба, преку кои, во суштина, се постигнувa подобрување на сопственото реноме на компаниите, но и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото општествено окружување. Во тој контекст, би го споменала „Светскиот пикник“, кој веќе стана традиционален настан од хуманитарен тип, во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Оваа година ќе се организира на 9 јуни во Градскиот парк, кадешто преку мноштво забавни содржини за младите, но и за возрасните, граѓаните ќе имаат можност да ја вкусат традиционалната храна на земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава, а средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се доделат на оние на кои тоа им е најпотребно, како што се народните кујни, социјално ранливите категории и слично. На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење. Со раздвојувањето на сопственоста од управувањето со капиталот, неминовно доаѓа и до промени во начинот на управување на компаниите, па сите чинители имаат директен или индиректен поединечен интерес од работата на компаниите: вработените и менаџментот добиваат плати и награди, акционерите добиваат приходи од капиталот, купувачите ги добиваат потребните добра и услуги, а добавувачите добиваат соодветен надомест за продадените добра. Со тоа, сите чинители обезбедуваат определена вредност, но доколку кон сите овие вредности не се додаде и јасно прокламира и стремежот на компанијата кон некоја јасно определена заедничка цел, која е општествено корисна за еден поширок круг во заедницата, тогаш и компаниските поединечни цели остануваат незабележани. Токму затоа, општествената одговорност на компаниите е прашање кое е дискрециона одлука на секоја компанија, односно прашање кое не треба да се уредува со прописи, туку треба да биде дел од една високо развиена јавна свест, корпоративна култура и вредности , чија цел не се состои во обезбедување на определени даночни повластици заради дадените донации или спонзорства во јавните дејности, туку истата придонесува кон јакнење на нивната конкурентност во глобалната економија преку зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, придонесува за подобрување на угледот и имиџот, заштита на животната средина, подобрување на социјалните услови во заедницата, како и промовирање на етичкото управување.


18

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

19

НОВИ ПРОПИСИ 21.05.2019 ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ („Службен весник на РСМ“ бр. 96 од 17 мај 2019) Во Законот за прекршоците предвидено е начелото на законитост во определувањето на прекршоците и видови на прекршочни санкции, начелото забрана за двојно изрекување санкции и начелото на пропорционалност како и субјектит ... 21.05.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА („Службен весник на РСМ“ бр. 96 од 17 мај 2019) Со членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика се утврдува како општа надлежност на Регулаторната комисија за енергетика да го донесе правилникот и методологија за формирање на највисоките ма ... 21.05.2019 ЗАКОН ЗА УПРАВНИ СПОРОВИ („Службен весник на РСМ“ бр. 96 од 17 мај 2019) Со Законот за управните спорови се предвидува надминување на евидентираните слабости, во смисла на обезбедување на поголема ефикасност на управниот спор, намалување на должината на управно - судската постапка, усогласува ... 21.05.2019 АВТЕНТИЧНИ ТОЛКУВАЊА НА ЗАКОНИ НА СОБРАНИЕТО НА РСМ ОБЈАВЕНИ ВО „Службен весник на РСМ“ бр. 96 од 17 мај 2019: Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 16 мај 2019 година, ги даде следните автентични толкувања: I. АВТЕН ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

21


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.05.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПО ОСНОВ НА ОТСУСТВА ОД РАБОТА, ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија, на 27 мај 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Преглед и анализа на правата и обврските од работен однос по основ на отсуства од работа, евиденција на работно време и услови и правила за спроведување дисциплинска постапка“, во насока на обезбедување добро разбирање за законски предвидените отсуства од работа на работниците, како тие влијаат врз работниот процес преку нивен одраз во рамки на предвиденото работно време, за кое пак постои точно определен модус на евидентирање. Во корелација со претходно наведеното, работилницата исто така има за цел да направи осврт на отсуствата од работа по основ на боледување, раѓање и мајчинство, при што детално ќе бидат разгледани сите можни дилеми кои во секојдневното работење се јавуваат во врска со предметната материја. Во пресрет на годишните одмори, ќе се направи исцрпна анализа и на отсуството од работа поради користење годишен одмор, при што ќе се објаснат правата и обврските на работодавачите и работниците. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, при што акцент ќе биде ставен на дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, а сé во насока на поголема правна заштита и сигурност. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - м-р Викторија Спасовска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

23

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.05.2019 Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,

КАКО ДА СЕ ПОДИГНЕ ВАШАТА КОМПАНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО? МАПИРАЊЕ ПРОЦЕСИ, KPI, LEAN-SIX SIGMA

Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на современи алатки, техники и методологии, со чија правилна примена можеме: да го организираме и управуваме производството преку сите негови процеси и тоа преку зголемување на ефективноста и ефикасноста; оптимизацијата и организацијата на работните места, штедејќи ги човечките ресурси и при тоа директно влијаејќи на зголемување на продуктивноста и намалување на повредата на работа; да се препознаат местата во прозиводството каде се додава вредноста на производот; да се воспостави и да се одржува ефикасна комуникација помеѓу производството со продажбата и набавката; да се оптимизира времето потребно за производство на одреден производ преку оптимизација на ресурсите; да се изгради систем на континуирано подобрување со што секој вработен ќе придонесе за унапредување на начинот на работа на своето работно место, со тоа што истите ќе се да се мотивираат и ќе бидат активни чинители за воспоставување систем за континуирано подобрување.

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 мај 2019 година, Стопанската комора на Словенија, Љубљана

Бизнис Форум и билатерални деловни средби – Северна Македонија и Словенија

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, во соработка со Владите од двете држави ве покануваат да учествувате на Бизнис Форумот и деловните средби, што ќе се одржат на 28 мај 2019 година, во Љубљана, Словенија. На форумот свое обраќање ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија и на Словенија, како и претставници на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Словенија, по што ќе следат директни средби помеѓу македонски и словенечки компании. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2019 година (вторник), со почеток во 15:00 часот во просториите на Стопанската комора на Љубљана, во Словенија, адреса: Dimičeva ulica 13, 1000, Љубљана. Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 20 мај 2019 година (понеделник) со пополнување на Пријавниот Лист, до контакт лицето: Ирена Мојсовска, е-адреса: irena@mchamber.mk, телефон: ++ 389 2 3244 009. Со можност да добиете подобра цена, во прилог е Списокот на хотели, а формуларот за избор на хотел се наоѓа во Пријавниот Лист: Hotel Request Form, кој треба да се пополни и електронски да се достави до: irena@mchamber.mk.


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

25

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.5.2019 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА – СПОЈ НА МАРКЕТИНГ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистичка комуникација со сите инволвирани страни, од кој неодвоив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. Функционирањето на компаниите е сложен процес. Тој опфаќа постојана размена на информации. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на секоја компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и компанијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на балансиран екстерен и интерен маркетинг насочен кон надворешната публика и вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен и екстерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТ-индустријата и останатите динамични индустрии. Ќе биде допрена и формата гејмификација како напреден модел на комуникација.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.5.2019 година (четврток) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАВЕН АСПЕКТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА – ПРАВА, ОБВРСКИ И ВИДОВИ ДОКАЗИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, согласно видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право. Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување. Предавач: Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

БИЗНИС ИНФО

27

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Бизнис средби и форум со компании од Бугарија и Србија, од Агро секторот во Пловдив, Бугарија, на 30 мај и 01 јуни 2019 година

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да дојдете до контакти со странски деловни партнери

Ве покануваме да учествувате на Компаниската мисијата од агро секторот, која ќе се одржи за време на меѓународниот ден на земјоделството 2019 година во Пловдив, Бугарија, од 30 мај 2019 до 01 јуни 2019 година, со компании од Србија и Бугарија. Партнери од Enterprise Europe Network од Србија и од Северна Македонија се ко-организатори на мисијата на компаниите во Бугарија и ќе учествуваат со компании од нивните земји. Учеството на настанот не е ограничено само на клиенти на организаторите. Сите заинтересирани учесници се поканети да се регистрираат преку електронска пошта на laze@mchamber.mk, до 28 мај 2019 година. Мисијата на Агро компанијата за време на интернационалните земјоделскотеренски денови во Бугарија 2019 ќе им се придружи на земјоделците, производителите на зеленчук, жито, семенски и саден материјал, консултанти за заштита на растенијата, производители на земјоделски машини и нови технологии и ќе им овозможи на учесниците да споделат искуство на терен во реални земјоделски услови. Повеќе информации за настанот на: http://dlgbulgaria.com/ и на http://www. mchamber.mk/Default.aspx?mId=4&evid=2882&lng=1 Место на настанот: Демонстрационен центар за нови технологии во земјоделството на Земјоделскиот универзитет во Пловдив. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

29


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 23 мај 2019, Бр. 396

T

15

30

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.