Празничка магија на вашата трпеза - Книга со рецепти (Жито Лукс)

Page 1

КНИГА СО РЕЦЕПТИ



Велигgенска иогача Состојки: 600 г Екстра бело брашно Тип 400 • 200 мл млако млеко • 100 мл масло • малку сол • 2 лажици шеќер • 1/2 свеж квасец • 100-150 г маргарин за премачкување • жолчка + 1 лажица млеко за премачкување • сусам, афион и ленено семе за декорација. Подготовка: Во длабок сад ставете ги брашното, квасецот, солта, шеќерот, маслото и млекото и замесете тесто. Оставете го на собна температура да нарасне. Нараснатото тесто се дели на 3 дела – поголем, среден и помал. Најголемиот дел од тестото се сече на 4 еднакви дела и од секој се расукува округла кора. Секоја од корите се премачкува со маргарин и се редат една над друга. Од вака наредените кори повторно расукајте кора. Кората исечете ја на 8 еднакви дела (во форма на триаголник). Секој од триаголниците засечете го на средината, а врвот протнете го низ засечениот дел (вака би се добиле 8 извиткатни краци). Краците завиткајте ги во форма на кифла. Секое од 8-те парчиња наредете во намастен кружен плех. Од средното тесто направете 8 еднакви топчиња и наредете ги во плехот. Од најмалото тесто се одделува мал дел од кој се формира топче и се остава настрана. Со преостанатото тесто расучете кора која се сече на 8 еднакви дела (во форма на триаголник) кои се замотуваат во форма на кифли. Наредете ги во плехот со врвот помеѓу секое топче. Во средината на погачата ставете го малото топче. Вака подготовената погача оставете ја да нарасне на собна температура околу 30 мин. Пред печење премачкајте ја со изматена жолчка и 1 лажица млеко и наросете со сусам, афион и ленено семе. Се пече во загреана рерна на 180о, околу 30-35 минути.



- Mини ииши Состојки: За тесто: 350 г Екстра бело брашно Тип 400 • 1 лажичка сол • 240 г путер исечкан на коцки • 50-60 мл студена вода. За фил: 1 тиквичка • 1 главица кромид • 1 пиперка • 1 модар домат • 1 домат • 2 лажици маслиново масло • 1 чешне лук • 1 лажица мешан сув зеленчук • малку мајчина душичка • сол и бибер. Подготовка: Во длабок сад измешајте го брашното со солта. Додајте го путерот. Соединете ги состојките со раце додека да добиете тесто во ронки. Додајте ја студената вода и постојано мешајте додека да добиете оформена топка од тесто. Вака подготовеното тесто обложете го со фолија и оставете го во фрижидер 1 час. Фил: исечкајте ги тиквичката, кромидот, пиперката и модриот домат и испржете ги. На крај додајте го лукчето и зачините. Претходно подготвеното тесто поделете го на 4 дела. Од секој дел се расукува кора со дебелина од ¼ см. Во средината на секоја кора нанесете од филот, а краевите превиткајте ги навнатре. Одозгора ставете го сечканиот домат. Вака подготвените мини пити ставете ги во ладилник 20 минути. Потоа испечете ги во загреана рерна на 190о, околу 25 минути.



- Брза ииша со шиквички Состојки: 130 г Екстра бело брашно Тип 400 • 200 г рендана тиквичка • 1 кромид - ситно сечкан • 150 г рендан кашкавал • 3 јајца • 60 мл масло • 4 лажици рендан пармезан • 1 лажица магдонос - ситно сечкан • 1 лажичка прашок за печиво • сол и бибер.

Подготовка: Во длабок сад изматете ги јајцата со маслото. Додајте ги ренданата тиквичка, кромидот и кашкавалот. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и придодајте на смесата. Сè убаво измешајте. Додајте сол и бибер и повторно измешајте. На крај, додајте го сечканиот магодонос. Вака подготвената смеса истурете ја во тава обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180о, 35-40 минути. Пред послужување, наросете со пармезан.



- со урga Пиша и сланина Состојки: За тесто: 450 г Екстра бело брашно Тип 400 • 200 мл млеко • 20 г свеж квасец • 1 лажичка шеќер • 50 мл масло за јадење • сол. За фил: 400 г урда • 1 јајце • 200 г сланина - ситно исечкана на коцки • сол.

Подготовка: Во длабок сад замесете тесто од брашното, млекото, квасецот, шеќерот, маслото и солта. Оставете да нарасне на топло (околу 50-60 минути). Нараснатото тесто поделете го на 4 дела, а секој дел расукајте го во кружна форма. Секоја кора (освен последната) премачкајте ја со масло и наредете ги една над друга. Од вака наредените кори, расукајте кора со дијаметар од 30 см и ставате ја во округло плехче. Во сад на оган, испржете ги урдата со јајцето. Додајте сол. Во посебно тавче испржете ја сланината. Измешајте и подготвената смеса ставете ја во средината на кората. Краевите од кората превиткајте ги навнатре, формирајќи убава витка. Печете во загреана рерна од 200о околу 20-25 минути.



Колач оg ванила и иоршокал Состојки: За пандишпан: 180 г Екстра бело брашно Тип 400 • 2 лажички прашок за печиво • 1 лажичка сол • 250 г путер • 250 г шеќер • 4 јајца • екстракт од ванила • кора од 1 портокал • 240 г кисела павлака. За глазура: 2 портокали, 150 г шеќер, 60 г вода. Подготовка: Во длабок сад ставете ги сувите состојки. Во друг сад изматете ги путерот и шеќерот до пенеста смеса. Додајте ги јајцата. Матете додека да добиете хомогена смеса. На крајот, додајте ги екстрактот од ванила и кората од портокал. На вака подготвената смеса ставете ги сувите состојки и павлаката. Сè убаво изматете. Смесата ставете ја во калап и печете околу 40 минути на 170o. Глазура: во тава на оган зовријте ги шеќерот и водата. Портокалите исечете ги на кругови и додајте ги во шербетот. Варете околу 2-3 минути. Изладениот колач прелијте го со топлиот шербет, па наредете ги парчињата портокал. По желба, декорирајте со свежо нане.



Лимон колач Состојки: За пандишпан: 180 г брашно за колачи • малку сол • 1 лажица сок од лимон • 60 мл маслиново масло • 250 мл кисела павлака • 2 јајца • 2 лажички мајчина душичка • 3 лажици кора од лимон • 150 г шеќер. За глазура: 100 г шеќер во прав • 4 лажици лимон, свеж лимон и листови мајчина душичка.

Подготовка: Во длабок сад изматете го шеќерот, кората од лимон и мајчината душичка за да се соединат сите вкусови. Додајте ги јајцата и матете додека да добиете хомогена смеса. Додајте ги павлаката и маслиновото масло. На крај додајте ги брашното, солта и сокот од лимон. Сè убаво измешајте. Вака подготвената смеса ставете ја во правоаголно тавче 20 х 25 см премачкано со масло и обложено со хартија за печење. Печете на 170o околу 40 минути. Во сад настрана измешајте го шеќерот во прав заедно со 4 лажици лимон. Со оваа смеса прелијте го изладениот колач. Декорирајте со парчиња свеж лимон и листови мајчина душичка.



Велигgeнска илешенка Состојки: 500 г Екстра бело брашно Тип 400 • 100 г путер • 180 мл млако млеко • 100 г шеќер • 1 ванила • 1 лажичка сол • 1 ќесичка инстант квасец • 3 жолчки на собна температура • кора од 1 портокал • 1 лажица какао. За прелив од мак: 100 г мак, 50 г шеќер, 70 г млако млеко. За фил со желе: 100 г исечкани желе-бонбони. За фил со суво овошје: 50 г суво грозје • 50 г брусница. Подготовка: Во длабок сад замесете тесто од брашното, путерот, млекото, шеќерот, ванилата, солта, квасецот, кората од портокал и две жолчки. Оставете го околу 60 минути да нарасне. Стасаното тесто се дели на три еднакви дела. Во првиот дел додајте една лажица какао и убаво замесете додека да добиете хомогена смеса. Расукајте кора во која ќе го ставите сувото грозје и брусницата. Завиткајте во ролат и оставете го настрана. На втората расукана кора додајте ù го претходно исечканото желе и завиткајте во ролат. На третата расукана кора нанесете го филот од мак (смеса од мак, шеќер и млако млеко) и свиткајте во ролат. Од подготвените 3 ролати формирајте плетенка. Плетенката ставете ја во плех обложен со хартија и оставете ја да нарасне 30 минути. Пред печење премачкајте ја со жолчка. Печете во загреана рерна на 180o, 30-35 минути.



Чоколаgни коцки со ванила крем Состојки: За пандишпaн: 190 г Екстра бело брашно Тип 400 • 9 јајца • 250 г шеќер • 2 лажички прашок за печиво • 100 г какао • 3 лажици масло за јадење. За фил: 800 мл млеко • 3 пудинга од ванила • 130 г шеќер • 2 пакетчиња шеќер од ванила • 180 г путер. За глазура: 200 г чоколадо за готвење • 5 лажици млеко • 2 лажици масло за јадење. Подготовка: Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво и сè убаво измешајте. На крај додајте го маслото за јадење и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Од вака подготвената смеса испечете 4 кори една по една во правоаголно тавче на 170o околу 10 минути. Фил: подгответе ги трите пудинзи според упатството. Изладениот пудинг изматете го со миксер и додајте му го путерот. Мешајте до хомогена смеса. Во тепсија ставете ја едната кора, премачкајте ја со фил, а постапката повторете ја до последната кора. Глазура: во сад на пареа растопете ги чоколадото со млекото и маслото и прелијте врз колачот. Вака подготвениот колач оставете го да се излади. Декорирајте со кршени бадеми.



Чоколаgна мус - со малини шорша Состојки: За пандишпан: 100 г брашно за колачи • малку сол • 50 г какао •120 мл врела вода • 200 г шеќер • 120 мл масло за јадење • 2 јајца • 1 лажичка екстракт од ванила. За чоколаден мус: 250 г чоколадо за готвење • 50 г какао • 3 јајца • 3 лажици путер • 300 мл слатка павлака • малини. За декорација: 100 г чоколадо за готвење • 3 лажици путер • 1 ќесичка шлаг изматен со 125 мл млеко и 3 лажици какао. Подготовка: Во сад, измешајте го брашното со малку сол. Во друг сад измешајте го какаото со врела вода, па додајте го шеќерот и маслото. Со постојано мешање додавајте ги јајцата и ванилата, а потоа и брашното и солта. Вака подготвената смеса печете ја во тава бр. 28 на 170o, околу 20 минути. Изладениот пандишпан исечете го на половина. За подготовка на мусот, на пареа растопете го чоколадото и путерот. Додајте го какаото. Кога смесата малку ќе се олади, додајте ги изматените жолчки од јајцата кои претходно сте ги свариле на пареа. Убаво промешајте. Настрана, изматете ги белките во цврст снег и додајте ја чоколадната смеса. Изматете ја и слатката павлака и додадете ја во смесата. На дното на тавчето во кое се печеше пандишпанот, наредете го првиот пандишпан, врз кој ќе ставите 80 % од смесата со чоколадниот мус. Наредете цел слој со свежи малини. Ставете го вториот пандишпан, па преостанатиот дел од смесата со мусот. Оставете во ладилник за да се стегне. По два часа, во сад на пареа, растопете го чоколадото заедно со путерот и прелијте ја смесата врз горниот дел од тортата. Вака подготвената торта се остава во ладилник до послужување. Декорирајте по желба.


Поврзете се со нас: www.zitoluks.com.mk www.facebook.com/zitoluks instagram.com/zitoluks/


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.