-
Ванила Куглоф СОСТОЈКИ
За пандишпан: • 500 г брашно за колачи • 400 г шеќер • 250 г путер • 4 јајца • 300 мл млеко • 1 пакетче ванилин шеќер • Кора од лимон и портокал • Ореви и кандирано овошје по желба
ПОДГОТОВКА:
Шеќерот и путерот убаво се матат, а потоа се додаваат останатите состојки. Колачот се пече на 200˚C околу 15 минути, а потоа температурата се намалува на 150˚C. Вкупното време на печење е 1 час
Торша со моркови и маскарионе СОСТОЈКИ
За пандишпан: • 300 г брашно за колачи • 250 г шеќер • 200 мл масло за јадење • 4 јајца • 400 г млади моркови • 3 лажички цимет За крем: • 170 г путер • 500 г сирење маскарпоне • 300 г шеќер во прав • 1 лажица екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА:
Рерната се загревa на 170˚C. Шеќерот се мати заедно со јајцата и маслото. Се додаваат изренданите моркови, брашното и циметот и се меша додека да се добие хомогена смеса. Смесатa се пече во кружен плех 40 мин или додека тестото добие златнокафеава боја. Откако пандишпанот ќе се излади, се сече на 3 дела за да се добијат 3 посебни кори. За кремот: путерот, маскарпонето и шеќерот во прав се матат заедно. Се додава екстрактот од ванила и сè убаво се меша. Кремот рамномерно се распределува помеѓу корите. Се декорира по желба.
Колач со иоршокал СОСТОЈКИ • 200 г брашно за колачи • 3 јајца • 150 г путер • 160 г шеќер
ПОДГОТОВКА:
Рерната се загрева на 180˚C. Во сад се матат јајцата, шеќерот и путерот додека се добие пенеста смеса. Се додава брашното и сè убаво се мати. Се додава сокот и претходно изренданата кора од портокал. Изматената смеса се става во кружен плех претходно премачкан со масло. Се пече 40 минути. Се декорира по желба.
Колач со бадем и ванила крем СОСТОЈКИ
За пандишпан: • 500 г брашно за колачи • 5 лажици шеќер • 150 мл млеко • 120 мл масло • 4 јајца • 150 г мелени бадеми За крем: 1 пакување пудинг од ванила 150 мл слатка павлака 2 лажици екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА:
Во сад се матат јајцата и шеќерот. Се додава млекото, маслото и брашното измешано со мелените бадеми. Сè убаво се меша. Вака подготвената смеса се става во коцкест плех и се пече во загреана рерна на 220˚C 25-30 минути. За кремот, се подготвува пудингот според упатството и се остава во фрижидер да се излади. Во сад се мати слатката павлака со екстрактот од ванила, па се додава во изладениот пудинг. Сè убаво се меша. Изладениот пандишпан се сече на половина. Долната кора се премачкува со 2/3 од кремот. Одозгора се става втората кора и се премачкува со останатиот дел од кремот. Се декорира со истолчени и тостирани бадеми.
Лимон мафини СОСТОЈКИ • 350 г брашно за колачи • 2 јајца • 200 г шеќер • 150 мл масло • 1 кесичка ванилин шеќер • 2 лимона (кора и сок)
ПОДГОТОВКА:
Јајцата се матат со шеќерот и ванилата за да се добие пенеста смеса. Се додава маслото и сокот од лимон. Сè се меша за да се добие хомогена смеса. Се додава брашното и на крај ренданата кора од лимоните. Вака подготвената смеса се става во модли за мафини. Се печат во загреана рерна на 200˚C, 20-25 минути. Испечените мафини се декорираат по желба.
Цимеш ролнички СОСТОЈКИ
За тесто: • 400 г брашно за колачи • 3 лажици шеќер • 100 мл млеко • 3 лажици путер •1 јајце За фил: • 3 лажици путер • 5 лажици цимет • 200 г кафеав шеќер
ПОДГОТОВКА:
Јајцето се мати со шеќерот и путерот, па се додава млекото. Се додава брашното и се замесува меко тесто. Од тестото на набрашнета површина се расукува кора во форма на правоаголник. Кората се премачкува со путерот и се попрскува со циметот и кафеавиот шеќер. Од вака подготвената кора се формира ролат кој се сече на парчиња со дебелина од 1 см. Ролничките се редат во плех. Се печат во загреана рерна на 180˚C, 25 минути или додека да добијат златножолта боја.
Бела магија СОСТОЈКИ
За пандишпан: • 15 лажици брашно за колачи • 5 јајца • 15 лажици шеќер • 15 лажици масло • 15 лажици млеко • 1 кесичка ванилин шеќер За фил: • 250 мл слатка павлака • 1 кесичка желатин • 1 лажичка екстракт од ванила • 200 г јагоди
ПОДГОТОВКА:
Се матат јајцата, шеќерот, ванилата, маслото и млекото додека да се добие хомогена смеса. Се додава брашното и повторно се меша. Вака подготвената смеса се става во кружен плех со механизам и се пече во загреана рерна на 200˚C, 30 минути. За филот, се мати слатката павлака и се додава ванилата. Подготвениот желатин се додава во изматената слатка павлака. Пандишпанот се вади од механизмот и се сече на половина по средината. Долниот дел се враќа назад во плехот. Од страните се редат јагодите исечени на половина. Се додава филот и се поклопува со втората кора од пандишпан. Одозгора се премачкува со остатокот од филот. Се става во фрижидер за да се стегне. Се декорира по желба.
Американски иалачинки СОСТОЈКИ • 160 г брашно за колачи • 1 лажичка шеќер • 1 јајце • 30 г путер • 225 мл млеко
ПОДГОТОВКА: Брашното и шеќерот се мешаат во длабок сад. Настрана се мати јајцето на кое му се додава претходно растопениот и изладен путер, па се додава млекото. Течната смеса се додава на брашното и сè убаво се меша. Во загреана тава за палачинки се става малку масло. Со лажица се вади од смесата и се става во тавата. Кога палачинката ќе нарасне и кога ќе почнат да се формираат меурчиња околу неа се превртува, па се пржи од другата страна. Постапката се повторува додека да се потроши целата смеса. Подготвените палачинки се премачкуваат и декорираат по желба.
Чоколаден колач СОСТОЈКИ • 150 г брашно за колачи • 300 г чоколадо за готвење • 100 г шеќер • 150 г путер • 4 јајца • 30 г мелени бадеми • 1 кесичка ванилин шеќер
ПОДГОТОВКА: Јајцата заедно со шеќерот и ванилата се матат пенесто. Се додава омекнатиот путер и 150 г од растопеното чоколадо. Сè убаво се меша, па се додава брашното. На крај, се додаваат мелените бадеми. Смесата се става во коцкеста тепсија подмачкана и набрашнета. Се пече во загреана рерна на 200˚C, околу 25 минути. Откако ќе се испече, се премачкува со преостанатото чоколадо. Се декорира по желба.
Колач со кандирано овошје СОСТОЈКИ
• 225 г брашно за колачи • 150 г путер • 140 г шеќер • 2 јајца • 100 мл млеко • Кандирано овошје по желба
ПОДГОТОВКА: Путерот и шеќерот се матат заедно. Се додаваат јајцата едно по едно со постојано матење. Се додава млекото и сè убаво се мати за да се добие хомогена смеса. Кандираното овошје ситно се сечка и се додава во смесата. Се меша со шпатула. Вака подготвената смеса се става во претходно подмачкан и набрашнет правоаголен калап. Се пече на 180˚C, 40 минути.