Драги читатели
Зад нас е уште една учебна година исполнета со многу активности, училишни задачи, натпревари, среќни моменти поминати во училиштето. По деветти пат нашиот и ваш училиштен весник Виножито“ е пред вас. И понатаму продолживме да ве поттикнуваме да бидете креативни, да ве мотивираме да создавате вредности, а ние да ги забележуваме најдобрите резултати
и најзначајните
настани од училишниот живот. Преку овие страници добиваме интересни податоци од сите области, стануваме свесни за она што ние, како ученици, на прагот од нашето образование можеме да го создадеме. Создаваме дела кои овозможуваат интелектуално и културно да се воздигнеме на повисоко ниво, подготвени полека да зачекориме во светот на возрасните. Светот во кој живееме денес нуди многу начини на информирање, изразување на нашите мисли и креативност, но пишаниот збор бил и ќе остане најдобриот избор, а училишниот весник „Виножито“ е вистинското место за тоа. Членовите на литературната секција под раководство на наставничката Зорка Сотироска во соработка со наставниците и учениците ги следеа сите настани во училиштето и надвор од него, вашите учества и постигнувања на натпреварите, проектите, културните настани. Овој број донесува избор на интересни написи од различни области. Овој број како и
останатите
можете
на
го
најдете
на
интернет
страната
www.oustrasopindzur.wordpress.com
Од редакцијата Зорка Сотироска Зорица Трајаноска Маја Бунтеска
Страшо Пунџур Нова ѕвезда на небото блесна, во куќата на Пинџур се слушнала песна. Машко дете се роди , на радоста и немало крај селото Ваташа се завило во сјај. Страшо име му дадоа од мала мака знаел, заедно со народот под ропство траел. Растел без своите родители сета љубов баба му му ја пружи, за да израсне , и на Македонија да и служи. Но тиран клет го уби Македонија еден син загуби, таа година клета илјада деветстотини четириесет и трета. Училиштето наше неговото име го носи. сите овде сме собрани сите со крената глава. Училишна програма приредивме во чест на негова слава. Валентин Пуцакоски VIIIa
Две години сте директор на нашето училиште. Кои беа најважните случувања во изминатата година? Како најзначајни моменти од почетокот на мојот мандат како директор се креирање на нова споделена визија која што ги инспирира, насочува и мотивира сите субјекти на училиштето, континуирано да ја подобруваат личната професионална компетентност, да продуцираат вредности, умеења и навики на учениците со кои што ќе се зголеми нивната способност за лична и општествена продуктивност. Многубројните успеси и награди на учениците освоени по различни предмети и дисциплини на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари. Според Вас, што значи добро училиште? Моето мислење за добро училиште е во контекст на сè она што го означува и со себе го носи синтагмата интегрално училиште, а тоа е училиште кое што работи врз основа на приципите на вистинска работна заедници, во која што се негуваат взаемната доверба и взаемното почитување меѓу учениците, наставниците, родителите и другите фактори од општествената заедница; училиште во кое што постои висок степен на посветеност кон обврските од страна на сите чинители на училиштето; училиште во кое што најголемиот респект го имаат учениците; училиште, кое што е емпатично за суштинските потреби на своите ученици; училиште, кое што гради компетентност на своите ученици во смисла на вкупен волумен на знаење за овозможување на нивната краткорочна и долгорочна успешност; училиште, во кое што персоналот континуирано ги подобрува своите изведби на работните задачи; училиште, кое што е интегрирано во општествена заедница. Како ги инспирирате учениците да напредуваат? Мојата клучна стратегија за инспирација и мотивација è поддршката и охрабрувањето на развојот како на експлицитните, така и на скриените таленти, желби и тенденции на нашите ученици во контекст на нивните воспитно-образовни, психодуховни и социокултурни потреби. На кој начин ги промовирате детските постигања и трудови? Најомилен начин на промовирање на постигнувањата на учениците ми е јавната афирмација и оддавање признание за нивните достигнувања во рамките на училишната и пошироката оштествена заедница. На кој начин се вклучени родителите во работата на училиштето? Како членови на разни тела и органи на училиштето родителите се вклучени во управувачките активности на нашето училиште. Нивната вклученост во работата на училиштето е
овозможена со активното учество во реализацијата на воспитно-образовните проекти што се организирани во рамките на наставниот процес. Каква е соработката со локалната средина? Соработката со локалната средина е одлична. Тоа се темели на отвореноста за соработка на двете страни, отвореноста за соработка на вработените од нашето училиште и на отвореноста за соработка на луѓето од локалната средина. Во таа насока è и мисијата на нашето училиште, тенденција за подобрување на квалитетот на животот и работата во локалната средина. Какви инфраструктурни промени се направени во училиштето и што планирате на тој план во наредната учебна година? Во овие две години од мојот мандат како директор, од аспект на подобрување на просторни услови во нашето училиште се направени повеќе активности од кои што позначајни се следните: внесување на санитарните јазли во зградата на училиштето во с. Кадино Село, адаптација и опремување на простор за детска градинка во с. Големо Коњари, овозможување на подобри хигиенски услови на просторот околу водата за пиење на учениците и хигиенско менаџирање со сметот во училиштето, опремување на простор за настава на отворено во дворот на училиштето во М.Коњари. Во тек е постапка за комплетна реконструкција на кровот и фасадата на зградата Г.Коњари со обезбедување на громобранска заштита на истата. Во периодот што следува, предвидени се инсталирање на парно греење во зградата на училиштето во с. Мало Коњари, изградба на современа спортска сала за потребите на нашето училиштеи локалната средина и адаптација и опремување на просторот на постојната сала за физичко и здравствено образование во простории за детска градинка во М. Коњари. Каква соработка имате со други училишта во земјата и странство? Соработката со другите училишта од нашата држава è доста плодна, како од аспект на заедничкото учество со нив во различни манифестации и проекти на наставниците и учениците, така и во поглед на размената на знаења и искуства. Соработката со училишта од странство се случува на ниво на учеството на нашите ученици и наставници во рамките на меѓународните натпревари по разни дисциплини. За да бидат успешни личности нашите ученици што според Вас треба да направат? За да бидат успешни личности, на ученици им препорачувам да се сакаат самите себе. Само така ќе посветат внимание на сопствениот развој за личен успех, да креираат визија за сопствениот развој за личен успех, односно да откријаат што тие сакаат да бидат во иднина или што сакаат да им биде идна професија и занимање. И на крај, да научат да учат, а тоа претпоставува учење на она што ќе ги направи да бидат успешни во нивната професија и занимање што самите ги избрале. Михаела Седлоска и Глорија Сркеска
ПРОЕКТ НА USAID „СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО“
Во завршната фаза на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ беа вклучени и одделенските наставници од нашето училиште. Целта на овој проект, кој веќе десетина години се реализира во основните училишта, е поттикнување на учениците да читаат што повеќе, не само редовна туку и слободна литература. За наставниците беа реализирани повеќе работилници каде што наставниците стручно се усовршуваа за својата понатамошна работна пракса. На интерактивните работилници, преку тахниките од јазична и математичка писменост, наставниците добиваа идеи и искуства за подобрување на наставата во современа насока. Во април оваа година, една таква работилница се одржа и во нашето училиште. На работилницата присуствуваа и родители, а целта беше да се покаже еден друг поинаков начин на обработка на сликовниците и како една сликовница може да се поврзe и искористи за сите наставни предмети. Наставниците заедно со родителите изработија сликовници на зададена тема. На овој начин родителите одблиску можеа да се запознаат со работата на нивните деца во самото училиште, да ја почувствуваат одговорноста и ангажираноста на наставниците во образовниот процес.
Маја Бунтеска
Книгата од секогаш била извор на знаење. Знаењето ги зајакнува индивидуалните квалитети кои влијаат на општествената важност. Книгата дава информации за минатото, сегашноста, ја креаира иднината ја обогатува реалноста и ја поттикнува имагинацијата.
Читањето книги отвара врати на можности, проширува рамки на поглед кон светот! Некои читаат книги кои носат важни научни податоци за одредена област со цел да го зголемат своето знаење, некои за да прошират својата реалност споредувајќи се со описот на ликовите во книгите а некои да ја модификуваат фикцијата. Книгите даваат примери, раѓаат идеи,создаваат комуникација, поттикнуваат емоции. Стануваат дел од нас, ние се претопуваме во нив. Со овие волшебни страници доаѓаме во контакт од рана возраст кога започнуваме да ги препознаваме симболите-буквите. Најчесто во тој период почнуваме да читаме книги кои ни ги даваат на училиште или нашите родители. Литературата пред се треба да е соодветна на возраста. Книгата треба да се чува на видно место каде ќе биде визуелно достапна. На почеток може
родителите да почнат да читаат со цел да ги поттикнат слушачките способности . Често применуван метод е гласно читање и кратко прераскажување со цел да се види дали прочитаното е разбрано или можеби има неразбирливи зборчиња кои треба а се разјаснат со соодветното значење. Во изборот на книги треба да се нудат и разни жанрови со цел постепено да создаде своја индивидуална преференца која е многу важна за создавање на внатрешна мотивација кон читањето. Внатрешната мотивација почнува која секој самостојно ќе земе да чита книги по свој избор надвор од литературата која е задолжителна на училиште. Тоа е првиот индикатор за пројавен интерес кон читањето бидејќи истото веќе претставува задоволство, а не обврска. Кога книгата станува средство за задоволство ја исполнила својата основна задача. Интересот кон читањето може само да се модификува во сооднос на индивидуалните потреби. Читањето книги го зајакнува и вербалното изразување. Целиот процес влијае на комуникацијата со другите луѓе и социјализацијата. Некој кажал дека книгите нè бираат нас, бидејќи секогаш имаат одговори на наши моментални прашања и ни се патоказ кон нови хоризонти.
НАШИОТ МАЛ ЗЕЛЕН СВЕТ
МИСЛИ ЗЕЛЕНО, МИСЛИ МУДРО И ние ,учениците од второ и трето одд. од подрачното училиште во село Кадино Село, учиме за екологијата. Тоа не учи да ја сакаме природата, растенијата и животните, да ја чуваме нашата околина. Со многубројните активности кои ги реализираме во нашето училиште се трудиме да ги поттикнеме сите околу нас да ја сакаат и чуваат средината во кој живеат. „Немаме резервна Планета“ е мотото кое не оди низ овие часови исполнети со забава, срќа и радост.Нашата наставничка Ирена Кироска, не учи да ја развиваме нашата еколошка свест и да бидеме еколошки културни личности. Екологијата е пред се начин на живот кој се учи уште од најмлади нозе. Затоа секојдневно се надеваме дека пораката која се шири од нашата училница ќе стигне до секј еден на овој свет и затоа ние порачуваме: САКАЈТЕ ЈА ПЛАНЕТАТ ЗЕМЈА , ТАА Е НАШИОТ ДОМ!
ЦВЕТ Утрово во пет
Се рацвета цветот
дојде на бел свет
Поубав е светот
еден убав цвет
радосни сме сите
со ливчиња пет.
Убави се дните.
Марија Митреска III одд.
,,Не очекувај од природата повеќе отколку што си дал“
НАЈМАЛИТЕ НАЈВАЖНИТЕ Дојде крајот на учебната година. Малите првачиња полека но сигурно се припремаа за да зачекорат во второ одделение. Првачињата од подрачното училиште в с. Големо Коњари, работеа вредно и активно се вклучија во повеќе активности. Со тоа им покажаа и докажаа на своите поголеми соученици дека иако мали даваат свој голем придонес во нашето училиште. Од многубројните активности кои ги имаа овие ученици ги издвојуваме најважните:
Прием на првачињата во детската организација!
Учество на Велигдански панаѓур со самостојни вредни креации!
Малите првачиња добија поклон од своите рачиња!
Одбележан денот на екологијатаЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА!
Слободните ученички активности како и додатната настава им овозможуваат на учениците да ги покажат своите способности, да ги реализират своите можности. Тоа го прават многу успешно , нижејќи успеси и награди. Под менторство на наставниците го претставуваат нашето училиште на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари. Тие се наша гордост и пример за следење Натпревари по македонски јазик Mарија Каралиоска- II место регионален. Натпревари по математика Симона Настеска – Кенгур III место, Ивона Мисиркоска – Кенгур III, Mихаил Настески – кенгур I место, Валентин Пуцакоски – Кенгур III место. Натпревари по биологија Валентин Пуцакоски- општински биологија, регионален биологија, Глорија Сркескаопштински биологија , регионален биологија, Михаела Седлоска- општински биологија.
Натпревари по историјa Михаела Седлоска- I место, Валентин Пуцакоски- II место, Глорија Сркеска- III место Натпревари по техничко Петар Митрески – I место на регионален натпревар Детски семафор Наставниците Маја Бунтеска, Маја Николоска, Христина Тошеска и Бобан Петрески, од ООУ “Страшо Пинџур” с. Мало Коњари, за конкурсот “Креативна чаролија”, во Република Србија, снимија образовен филм на тема „Потикнување за учење во надворешна средина“ при што освоија I место. На нашето училиште и нашите вредни наставници им преостанува да се гордеат со своите ученици, но и со самите себе што вложиле труд и напор за еден ден учениците од ова училиште да бидат успешни и да имаат своја кариера. А ние учениците може само да им бидеме благодарни за се што сториле за нас, бидејќи училиштето е наш втор дом. Глорија Сркескa
„Креативна чаролија“ повторно не чека! По повод 13 смотра на Меѓународниот фестивал на детско творештво „Креативна чаролија“, кој секоја година се одржува во Република Србија, учениците од 5 одделение од подрачното училиште во с. Кадино Село, под водство на наставник мантор Маја Бунтеска, зедоа учество на литературниот конкурс. На овој фестивал учениците се натпреваруваат во неколку категории: Ликовно творештво, драмско творештво, музичко творештво, литератирно товрештво и во категорија за краток образовен филм. Ученичката Јована Митреска веќе трет пат учествува на овој фестивал. И оваа година таа се пасираше во најдобрит е педесетина поети кои „Креативна чаролија“ ги поканува да земат учество на овогодинешниот фестивал. Темата на која литературно се изразуваа овогодинешните автори беше „ Водата направи кап, нашата фантазија шлап“. Јована ја напиша песничката „Немирната капка роса“. Годинава фестивал ке се одржи на 29 Мај во Бања Вруица, каде Јована ќе се натпреварува со уште педесетина деца од различни земји. Се надеваме дека и овој пат, како и минатата година, повторно ќе го закити нашето училиште со нов успех. И посакуваме многу среќа на Јована!
НЕМИРНАТА КАПКА РОСА Една капка бистра роса во полето потрча боса, на сонцето насмевка му прати, во росната убавина целата се злати. Малечката капка неуморно ита, од тревка на тревка, цел ден скита со својата чистота на цветот лице му мие Со ветерот оро весело вие. Во игра и занес росата врз листот капна, уморна во занес шлапна. А славејот пак песна што на потокот му пее жеден капката роса ја лапна!
Јована Митреска
Како и минатите години така и оваа година во нашето училиште се одржа меѓународниот натпревар ,,Кенгур” , на кој учествуваа 32 ученика од прво до деветто одделение.
Во изминатите години на меѓународниот натпревар ,,Кeнгур" , Ивона Мисиркоска , Симона Настеска и Валентин Пуцакоски имаат освоено III место, додека Михаил Настески има освоено I место.
Во нашето училиште се одржува ,,Училишен натпревар по математика “ на кој оваа година учествуваа 22 ученика од четврто до деветто одделение , 2 ученика од V одделение , 2 ученика од VII одделение и 2 ученика од VIII одделение учествуваа на ,,Општински натпревар по математика” , каде ученикот од V одделение Дамјан Спасески освои III место.
Кире Пуцакоски
Ивона Дојкоска
Спортска страна
Основната цел на спортската секција е да ги мотивира учениците за правилна организација на слободното време и активен одмор. Преку ангажирањето во спортската секција учениците се запознаваат подетално со техниката и тактиката на спортските игри . Под раководство на наставникот по физичко и здравствено образование, Иле Мишески, успешно работи спортската секција која може да се пофали со најголем број на членови. Се негуваат повеќе спортски дисциплини. Најголем интерес учениците покажуваат за фудбалот, а се тренира и одбојка, ракомети пинг-понг. Екипате учествуваа на сите натпревари организирани од страна на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Прилеп и остварија завидни резултати, освојувајќи многу
пофалници и дипломи. Женскиот фудбал традиционално освојува награди. Девојчињата и оваа година се закитија со I место во Футсал-женски. Екипа од нашето училиште учествуваше во меѓународниот проект насловен „Жогарија“, односно „Топкарија“, кој има за цел преку колективните итри со топка да ги вклучи младите од основните училишта, преку спортските игри ги осознаат основните човечки вредности, како што се солидарноста, меѓусебното почитување, одговорноста, дружењето, фер плејот. Нашите вредни ученици минатата година освоија пехар, а оваа година го освоија II место. Викторија Каралиоска
ИНТЕРВЈУ СО МИХАЕЛА ДАНОСКА , НАЈДОБАР СПОРТИСТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
За почеток кажи ни нешто за себе. Михаела: Јас сум Михаела Даноска ученичка во VII одд. во ООУ „Страшо Пинџур” во Мало Коњари. Од каде љубовта кон скијањето? Дали тоа е твојата прва спортска определба или претходно спортуваше нешто друго? Михаела: Љубовта кон скијањето започна од мојата четврта година. Јас со моите родители за зимскиот распуст отидов во Крушево, видов како се скијаат и така и јас сакав да почнам со скијање. Да тоа е мојот прв спорт и најомилен. На колку натпреварувања си земала учество? Михаела: Имам учевствувано на три државни и еден меѓународен натпревар. Кој ти е најголема подршка кога учествуваш на натпревари? Михаела: Најголема поддршка имам од моето семејство и мојата класна наставничка Зорица Трајаноска. Имаш ли можност да се натпреваруваш на интернационално ниво? Михаела: Се разбира. Како поважен ќе го издвојам интернационалниот натпревар на Попова Шапка. Како се подготвуваш за натпревар или некоја друга манифестација? Михаела: Процесот на подготовка вклучува секојдневни тренинзи во Крушево со мојот тренер Христо Петровски-Кико. Кои се твоите позначајни успеси? Михаела: Сите мои успеси се многу значајни затоа што имам вложено многу труд и тоа го правам со големо задоволство. Би го издвоила неколку: 7мо место на Балканско првенство велеслалом,1 место на Државно првенство Пелистерски велеслалом, 2 место државно првенство велеслалом во Маврово и 2017год.1 место државно првенство велеслалом во Маврово. Како се чуствуваше кога ја доби првата диплома? Михаела: Тоа е преубаво чувство кое може само да се доживее,не може да се опише . Како го поминуваш слободното време? Михаела: Слободното време ми е исполнето со тренинзи и учење. Кои натпреварувања ти следуваат во иднина и што очекуваш во однос на резултатите? Михаела: За сите натпреварувања кои ми следуваат во иднина очекувам да го освојам првото место, па затоа добро се подготвувам. Валентин Пуцакоски и Кире Пуцакоски
1. pencil 2. yellow 3.elephant 4. hat 5. night 6. apple 7. swim 8. tie 9. coat 10. bus 11. lamp
p
e
n
c
i
l
y
q
l
c
o
a
t
e
n i
e p
a x
b y
u f
s m
l l
g
h
a
t
i
e
o
h
a
l
a
m
p
w
t
n
s
w
i
m
n
m
t
a
p
p
l
e
Jokes
Оваа учебна година бевме навистина добри во пишување на англиски јазик. Но најдобри од најдобрите беа нашите Дамјан и Иво. Прочитајте зошто. It’s a colorful world, it’s a beautiful world that we live in We had an ordinary class with our teacher and at the beginning of the class she asked us to close our eyes and imagine a group of fifty people. After that she asked how many of them were boys, how many girls, how many were wearing glasses, how many were black etc. My imagined people were all the same, all white and all boys. During that lesson I understood that I have my world in frames. When I was sixth grade, in November my doctor suggested that I have to wear glasses. On the one hand I felt very bad, I did not want them to be part of my face, but on the other I had difficulties seeing distant objects clearly, especially at school. I had bad feeling that morning when I got up and when I had to wear my glasses for the first time at school, and I was right. I got dressed and walked to school alone. I stopped in front of the school gate for a while but I had to go into the classroom because my Biology lesson was about to start. I put my hat on and I opened the door. When my classmates saw me, first they stared at me quietly but then they started to laugh very loudly. I took them off very quickly, but they did not stop laughing. I felt very bad and at the same time very helpless to do anything. They were insulting me all day and I felt even worse. The next day this situation continued until my Biology teacher entered the classroom again. She wrote a title on the board “Eyes and problems with seeing things”. There was not such a title in our Biology book. She started to explain the problems with eyes and at the end she said that she wears glasses too, and if that is funny the students should laugh at her too. All my classmates felt embarrassed, and from that moment no one dared to say anything about my glasses. And now I like my glasses that much, and I think they are part of me; they identify me as a person. That situation changed me. With my glasses I see a lot of differences in the world. With my glasses now I can see my school mate Semra, who is a Roma girl, differently. She looks much more beautiful and nicer to me now, and as a leader in my class I take actions for Semra to attend the school regularly.
The best gift of all is…. If I think well then I remember one of my birthdays. I got sad. My birthday went well but my father was absent and I was really sad. Then I realized what is the real value of gifts – when families are together. When everyone is healthy and happy we have the best and the most expensive gift that exists Дамјан Спасески од V одд., го освои второто место на предизвикот за пишување на есеј од Меѓународниот напревар за Англиски јазик HIPPO А Иво Соколоски од VII – б е победник на натпреварот за пишување есеј на англиски јазик во категоријата на ученици од VII, VIII, и IX одделение. Браво и за двајцата. Се гордееме со вас.
По повод големиот христијански празник Велигден, во нашето училиште како и секоја година се одржа велигденски панаѓур. На панаѓурот се продаваа креативни изработки од нашите ученици кои вредно се подготвуваа за овој ден.
Стефан Аљакоски
Во соработка со невладината организација АДРА од Германија, ана иницијатива на наставничката Цветанка Здравеска, учениците од прво до петто одделение добија пакетчиња со училишен прибор. Им благодариме. „Тајните на моето срце“ е наслов на стихозбирката на младата поетеса Јована Трајческа. Ја искористивме можноста на Велигденскиот панаѓур за промоција и продажба на нејзината прва книга. Нејзините стихови испраќаат порака дека сите деца сепосебни цветови. Прочитајте ги желбите и копнежите на десетгодишната Јована и научетеод неа како се сака и како се сонува.
Енциклопедијата „Селата во Република Македонија“ – подарок од Игор Ристески, пријателот на нашето училиште. Благодарност од учениците и вработените за хуманиот гест. Ивона Дојкоскa
Oтворена нова градинка во Големо Коњари На 5 мај беше пуштена во употреба новата градинка во Големо Коњари. Таа е сместена во состав на основното училиште „Страшо Пинџур“. Капацитетот на градинката е за околу 20-тина дечиња, „Одлично е тоа што се отвори градинка во Големо Коњари и за нас како родители така и за децата. Градинката ќе биде од голема помош, ние ќе имаме повеќе слободно време за нашите работи, а децата ќе се забавуваат, повеќе ќе научат и ќе стекнат нови искуства. Исто така оваа градинка е важна и за поголема социјализација на најмладите“, рекоа дел од родителите.
Библиотека на тркала Караванот на букви и бројки на 21 април беше во посета на нашето училиште. „Библиотека на тркала“ е интересна идеја за запознавање на учениците со поимот библиотека, особено за најмалите. За учениците е многу значајно да стекнат увид дека библиотеката не е место кај што одиме само кога ни треба некоја задолжителна лектира, туку тоа е забавно место каде може да откриеме разни интересни книги и тоа да стане дел од нашата култура на живеење. Во посета на ЈКП „ВОДОВОД“ Со осмооделенците од нашето училиште и ООУ„Кирил и Методиј“ беше реализиран дел од проектот за здрава животна средина, заеднички беа во посета на ЈКП „Водовод“. Таму добија интересни информации од каде се снабдува Прилеп со вода, на кој начин се
врши прочистувањето на водата, како и за секојдневна контрола на водата за пиење. Маскирани учесници, насмеани и весели гледачи, прекрасна музика, шаренило на сите страни... Такви се впечатоците од годинешниот Меѓународниот карневал „Прочка 2017“ во Прилеп. Со своите вешто направени маски шестооделенците заедно со наставникот по ликовно образование, Бобан Петрески, се претставија со маската „Пингвините од Мадагаскар“ Детските права во свет без предрасуди! Гости во нашето училиште– Младинска организација Коалиција Сега-Промиција на детските права и интеркултурна коминикација. "Детските права во свет без предрасуди" Знаењата од географија учениците од седмо одделение ги проширија со посетата на метеролошка станица во Прилеп и прошетка низ паркот на Могилата. Валентин Пуцакоски
Aприл е време за екскурзии, можност да ги посетиме местата за кои учиме во текот на годината. Учениците од III, VI и IXодд. ја имаа можноста да ги посетат: црквата Свети Климент и Пантелејмон која се наоѓа на локалитетот Плаошник во стариот дел на Охрид, Самоилова тврдина, црквата „Св. Софија“ и Античкиот амфитеатар, Природонаучниот музеј „Др.Никола Незлобински“ во Струга, манастирите св.Георгиј Победоносец-Рајчица во близина на Дебар, св. Јован Бигорски, Лешочкиот манастир во селото Лешок и Шарената џамија во Тетово. Во градот Скопје ги посетивме местата врзани за македонската историја и култура, центарот на
Скопје и плоштадот Македонија и Музејот на Македонската револуционерна борба за државност и самостојностВоспитните задачи беа во корелација со образовните задачи, а се постигнаа при реализирањето на програмата преку формирање навики за патување и откривање и рекреација, социјализирање, позитивен однос кон верските и културните вредности и толерантност како и поттикнување и развивање другарството, меѓусебно почитување, позитивен дух и подобрување на меѓусебните односи. Со нетрпение го очекуваме наредниот април.
Михаела Седлоска
Учениците заедно со наставниците од основото училиште Страшо Пинџур по втор пат беа гости во МРТ во емисијата „Голем одмор“. Беа пристуни 40 ученици од сите одделенија. Програмата се одвиваше во натпреварувачки дух каде учениците од 6 одд, поделени во две екипи се претставија со креативни изработки по ликовно образование , училишна химна, квизнатпревар по македонски јазик , драматизации како и претставување на најуспешните ученици во училиштето,
Михаела Даноска и Симона Настеска. Учеството во емисијат „Голем одмор“ беше одлично искуство за учениците и можност да ги покажат своите способности за глумење, играње, пеење, рецитирање и се
разбира преку квизот на знење докажаа дека се екипи достојни за натпревар. Имавме прекрасно доживување. Се надеваме дека повторно ќе имаме таква можност. Кире Пуцакоски
Страшо Пунџур Нова ѕвезда на небото блесна, во куќата на Пинџур се слушнала песна. Машко дете се роди , на радоста и немало крај селото Ваташа се завило во сјај. Страшо име му дадоа од мала мака знаел, заедно со народот под ропство траел. Растел без своите родители сета љубов баба му му ја пружи, за да израсне , и на Македонија да и служи. Но тиран клет го уби Македонија еден син загуби, таа година клета илјада деветстотини четириесет и трета. Училиштето наше неговото име го носи. сите овде сме собрани сите со крената глава. Училишна програма приредивме во чест на негова слава. Валенти Пуцакоски VIIIa ПРОЛЕТ Пролетта е мома со зелени коси таа од јужната страна птиците ги носи. Сонцето силно грее И радост ни носи а весело дете песни си пее. Од сон стана баба Меца пролет ни дојде мили мои деца.
Татковина Македонијо, татковино мила, моја родна земјо лична, ти на сите ни даваш сила нема земја на тебе слична. Сурова и тешка е судбината твоја, но сепак имаш историја своја. Низ тешки и крвави војни за тебе се давале животи безбројни. Една необична приказна стара зад тебе тешко минато затвора. Со векови народот за слобода се борел и кон подобра иднина чекорел. Денес те красат градови и села, птиците во лет што пеат. Слободата овде како сонце не грее, во тебе татковино наше се е. И нека знае секој што ќе праша, ние ќе одговориме едногласно, сложно тука живееме, ја сакаме и чуваме, Македонија, татковината наша. Михаела Седлоска VIIIб
Мојата мајка Мојата мајка е сонце што грее И ѕвезда над мене што бдее. Мојата мајка ецвеќе што цвета Најмогу ја сакам. Да живее многу, многу лета. Леонид Спасески
Јована Каралиоска
Другарство Еко песна
Животот го краси топла ѕвезда сјајна другарството блиско, најслатката тајна. Кога се е тмурно кога ветер вее, милиот другарски глас ко сонце не грее. И тага и смеа и радост и слози врели, другарството се прегнува и дели. Тоа е силно, a нежно, чувајте го од навреди и лаги ако еднаш се скрши, вечно ќе останат траги. Затоа бидете другар што само цени и сака, и во добро и во лошо, на другарот спремно подадете рака. Ивона Дојковска VIII
Гоце Делчев На 4 ти февруари под среќна ѕвезда Македонски национален херој се роди со правда и добра мисла кон светлината да не води. Својата мајка Македонија од клети Tурци да ја брани но таа одбрана во срцето му донесе лути рани. Но предаден од кодошите на 4 ти мај во Баница село го обиколиле Tурци и тука завршува неговото дело. Ревулуционерот Делчев и денес го славиме неговата мисла и дело нема да го заборавиме . Глорија Сркеска Сркеска VIIIб
Изработил:Глорија
За поголема еколошка свест Го повикуваме целиот свет Треба да сме сложни Да чистиме сме должни Не оставјт еникаде смет Бидете сложни како пчелки во лет Природата да ја чуваме За чист воздух да дишеме. Пролет, топлина, белина, Убав ден е на виделина. Ливадата со цветови блика, Да уживаме во боите не вика Дамјан Спасеки, V одд б
Песна за Гоце Делчев Во селото Кукуш Пред многу лета Еден млад живот Се роди и започна да цвета. Гоце Делчев израсна во јунак смел кој од млади години во рака пушка зел. Војводата наш Го сакаше народот свој не жалејќи го животот одеше во крвав бој. Едно проклето утро во селото Баница турскиот аскер направи страшна мешаница. Го убија нашиот херој со куршум врел го оставија да жали народот наш цел. Стефан Аљакоски
На 3 март беше одбележана 102 годишнината од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур. По тој повод учениците претставија пред родителите и останатите гости. Свечената програма беше исполнета песна, игра, рецитации, музички точки со посебни кореографии, хорски
композиции.Целата програма беше подготвена од учениците и наставниците со подршка од директорот на училиштето д-р Зоран Петрески. На приредбата присуствуваа голем број родители, директори на основни и средни училишта од општината, претставници од локалната самоуправа и градоначалникот г-дин Марјан Ристески кој ги поздрави присутните а на учениците им посака успеси во понатамошната работа. Во склоп на активностите за прослава на патрониот празник се одржа ликовна работилница и литературно читање на кои учествуваа ученици од седум училишта. K.
Кире Пицакоски
Весникот го уредија членовите на литературната секција под раководство на наставничката Зорка Сотироска и наставничките Зорица Трајаноска и Маја Бунтеска
Редакцијата на училишниот весник и понатаму е отворена за соработка, секоја ваша идеја е добредојдена и корисна
У ч и о л н и в ш о те сн
О
„Ст р
“ р ашо Пинџу