Priracnik za sportski aktivnosti i zabavni igri mk

Page 1

40

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ ЗА ИНТЕГРИРАЊЕ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ

СКОПЈЕ, 2016


Оваа публикација е направена со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со Бирото за развој на образованието. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование. Содржината на публикацијата им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави. Издава: Македонски центар за граѓанско образование во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието Автори: Митко Пиштолов Небојша Мојсоски Тулаха Тахир Фатима Салифоска Стручна редакција: Лорета Георгиева Митко Чешларов Стручни соработници при изготвување на публикацијата: Дарко Стојковски (ЦЦПА - Отворени забавни фудбалски школи) Цено Александровски (ЦЦПА - Отворени забавни фудбалски школи) Лектура: Катица Трајкова Дизајн: Кома дизајн студио Илустрации: Наташа Андонова Печати: Винсент Графика Тираж: 1800 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 373.3-053.2:796(035) 371.382-053.2(035) ЧЕТИРИЕСЕТ 40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите / [автори Митко Пиштолов ... [ и др.] ; илустрации Наташа Андонова]. - Скопје : Македонски центар за граѓанско образование, 2016. - 96 стр. : илустр. ; 21 см Автори: Митко Пиштолов, Небојша Мојсоски, Тулаха Тахир, Фатима Салифоска ISBN 978-608-4529-55-2 1. Гл. ств. насл. 2. Пиштолов, Митко [автор] а) Основно образование - Спортски активности и забавни игри Интеграција на деца и млади - Прирачници COBISS.MK-ID 101641738

2


СОДРЖИНА

7

ВОВЕД

9 НАСОКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРАЧНИКОТ 11 КРИТЕРИУМИ ЗА УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ

23

ДЕЛ 2

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ

24 Тенис со раце 26 Салата за светско првенство 28 Бик 30 Чудни фигури 32 Прескокнување

15

ДЕЛ 1 ИГРИ ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ

16 Активности за запознавање во групата

34 Оса 36 Штафети во колони 38 Штафета во вреќи 40 Расплеткување на раце 42 Внимавај! 44 Хаос движење на парови во ограничен простор 3


46 Семафор 48 Триаголник 50 51 52 Брза слога 54 Фати ја топката 56 Фризби 58 Грб со грб 60 Нашата игра 62 Патувачки хулахоп 64 Префрлање на топка 66 Слушај добро 68 Зајачки скок 70 Змија со топки

72 Гаѓање на обрач во движење 74 Пат околу светот 76 Тимски хулахоп 78 Најди ја топката 80 Сонце и месечина 82 Над, под, околу и низ 84 Фудбал со рака по земја 86 Лев фудбал 88 Фудбал во парови 90 Ноготенис во парови 92 Низ обрач

94 4

ЗАКЛУЧОК


5


6


Вовед Прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“ произлезе како резултат од активностите и искуствата стекнати со ученици и наставници во реализацијата на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерска соработка со Министерство за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образованието (БРО), Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ) и шест локални невладини организации. Главната цел на Прирачникот е на основните училишта да им се понудат разновидни спортски активности и забавни игри што придонесуваа за подобрување на меѓуетничката интеграција меѓу учениците со различно етничко потекло. Имено, тргнувајќи од потребата за подигање на свесноста и разбирањето за важноста на меѓуетничката интеграција во образованието, со примена на „забавниот концепт“, во рамките на ПМИО се

реализираа заеднички спортски активности и забавни игри преку кои децата и младите најлесно и најбргу се запознаваат и се спријателуваат. Во периодот од 2012 до 2015 година во рамките на ПМИО се реализираа спортски активности и забавни игри во 28 повеќејазични училишта, со вклучени околу 120 наставници и 1300 ученици. Основните реквизити и стручната помош при реализација на овие настани и активности беа обезбедени од страна на организацијата „ЦЦПА - Отворени забавни фудбалски школи“. Анализата од одржаните настани, извршена од страна на тимот на ПМИО, покажа дека овој вид активности значително придонесува за градење на позитивни вредности и стекнување заеднички искуства на ученици од различни наставни јазици што влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите на етничка основа. Преку спортски активности и забавни игри, учениците од различни етнички заедници и наставни јазици имаат можност да учат едни за други, едни од други и да стекнуваат вештини што им се потребни за живот во интегрирано мултиетничко опште-

7


ство во духот на меѓусебно разбирање, мир, почитување и прифаќање на разликите и право на еднаквост на сите. Со примена на овој концепт, преку комуникација и дружење, на децата и младите им се овозможува да искусат пријатни доживувања со своите и со новите другарчиња, што придонесува за создавање на натамошни потрајни пријателства. Следејќи ја практичната работа на наставниците со учениците за време на овие спортски активности и забавни игри, беше согледана потребата за изработка на овој Прирачник, што ќе биде прирачен материјал за наставниците. Имено, Прирачникот содржи примери на спортски активности и забавни игри што може да се реализираат во рамки на наставната и воннаставната програма во основното образование во насока на меѓуетничка интеграција на децата и младите кои потекнуваат од различни етнички заедници. Најголем дел од примерите, дадени во Прирачникот, се подготвени од страна на наставниците што ги имплементираат овие активности во нивните училишта. Воедно, во Прирачникот се наведени принципите и правилата што треба да се почитуваат и да се применуваат во спроведувањето на овој вид активности.

ОВОЈ ПРИРАЧНИК Е НАМЕНЕТ ЗА НАСТАВНИЦИ ОД ЕДНОЈАЗИЧНИ И ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ШТО СПРОВЕДУВААТ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ СО УЧЕНИЦИТЕ. ПРИРАЧНИКОТ МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНУВА ОД СТРАНА НА СИТЕ НАСТАВНИЦИ БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВНИОТ НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ. 8

На самиот почеток на овој Прирачник се дадени насоки за негово користење за успешна реализација на сите активности. Понатаму, во прилог на овој документ се вклучени критериумите за МИО што ќе им служат на наставниците при подготовка и реализација на спортски активности и забавни игри. Примерите во Прирачникот се поделени во два дела. Во првиот дел се дадени игри за запознавање на учениците во групата, што треба да биде воведен дел во сите спортски активности и забавни игри со ученици коишто се среќаваат прв пат. Во вториот дел се продолжува со спортски активности и забавни игри, кои имаат за цел да создадат цврста групна кохезија и можност за понатамошна комуникација. Се надеваме дека користењето на Прирачникот ќе ја поттикне креативноста кај наставниците и понудените активности и игри ќе можат да се модифицираат и да се дополнуваат според потребите, условите и способностите на децата и младите – учесници во овие активности. Придобивките од спортските активности и забавни игри се корисни за секој ученик, наставник, родител и за секој граѓанин во нашето мултикултурно општество.

Тимот на ПМИО


НАСОКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРАЧНИКОТ Овој Прирачник содржи примери на спортски активности и забавни игри што може да се реализираат во рамки на редовната настава и воннаставната програма со ученици во основното образование. Сите активности може да се применуваат и да се приспособуваат според потребите во секојдневната работа со учениците. Преку комуникација и зајакнување на интерперсоналните односи во текот на игрите, учениците ги намалуваат и ги надминуваат предрасудите и стереотипите, што ги прави овие игри особено корисни и применливи за меѓуетничка интеграција. Наставникот, како организатор и носител на спортските активности и забавни игри, има одговорна улога во креирање на атмосфера на соработка, почит и забава, кои се неопходни за реализација на овие игри.

ЗА ТАА ЦЕЛ, ИСКЛУЧИТЕЛНО Е ВАЖНО, ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ, ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ СЛЕДНИТЕ НАСОКИ ЗА УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА: Да се избере простор за реализација на игрите, кој е безбеден и пријатен за учениците. Однапред да се подготват сите потребни реквизити. Да се демонстрира и детално да се објасни секоја игра со што поголема динамика и ведрина. Притоа, наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученици што зборуваат на друг наставен јазик, треба да ја демонстрира играта. При демонстрацијата на играта, наставникот треба особено да внимава на изразот на своето лице, интонацијата на гласот и гестикулацијата. Сите овие елементи треба да изразуваат расположеност, ведрина и опуштеност. Наставникот со своето однесување ја креира атмосферата во која се реализираат игрите, каде што учениците се опуштени и расположени за игра и забава. Во спортските активности и забавни игри учествуваат ученици од различни етнички заедници. Токму затоа насоките за игрите треба да се дадат на сите наставни јазици на кои учат учениците. Многу е важно игрите да се реализираат и да се демонстрираат заеднич-

9


ки меѓу колеги/колешки од различни наставни јазици. Крајната цел на спортските активности и забавни игри не е победа, туку директна меѓусебна комуникација, соработка и забава. Затоа, при реализација на активностите, наставниците треба да ги бодрат учениците и позитивно да ја насочуваат нивната енергија кон ентузијазам, сè со цел нивно подобро дружење и интегрирање.

КОИ НАСТАВНИЦИ МОЖЕ ДА ГИ РЕАЛИЗИРААТ НАВЕДЕНИТЕ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ?

Наставникот треба да ги избере или да ги приспособи игрите од овој Прирачник во согласност со возраста на учениците. Исто така, наставникот треба да биде подготвен во кој и да било момент да ја промени играта и да отпочне нова игра, доколку забележи дека претходната не е доволно атрактивна и забавна за децата.

Наставник, кој може и знае како да ги приспособи активностите според возраста на децата.

Во текот на играта, наставникот треба да внимава сите ученици да се придржуваат кон поставените правила и насоки. Учениците што учествуваат во играта заедно со наставниците треба да функционираат како еден тим. За дополнително градење на тимскиот дух, наставникот може да применува навивачки извици со кои сите заедно ќе ја отпочнат и ќе ја завршат секоја активност.

10

Наставник, кој е добар демонстратор. Наставник, кој го става детето во центарот на вниманието на активноста.

Наставник, кој постојано им стои на располагање на децата за времетраење на активноста. Наставник, кој поттикнува тимска работа, комуникација, дружење и соработка меѓу децата. Наставник, кој го применува правилото: Комуникацијата и соработката се секогаш поважни од резултатот. Наставник, кој ги поддржува и ги поттикнува децата во играта и кој е великодушен во пофалбите кон учениците.

КОИ УЧЕНИЦИ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ОВИЕ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ? Сите ученици од прво до деветто одделение, без исклучок, може да бидат дел од овие спортски активности и забавни игри.


ПРОСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ Спортските активности и забавните игри може да се реализираат во училиштен двор, на училишно игралиште, во училница, спортска сала и на друг терен што е безбеден и адекватен за конкретната игра.

СТРУКТУРА НА ПРИМЕРИТЕ ЗА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ Структурата на самиот пример има за цел да им ја олесни работата на наставниците во насока на успешна реализација на спортските активности и забавни игри. Со начинот на распределување на игрите на наставниците им се дава поголема можност, во зависност од условите што ги имаат, да одберат соодветна игра за нивните часови. На самиот почеток на примерот наведени се: насловот на самата активност, времетраењето, во кој простор може да се изведе, насоки за правилно изведување и кои реквизити се потребни и нивна алтернатива, како и препорака на која треба да и се обрне внимание, доколку има можност за тоа. Во следниот дел на самиот пример е даден детален опис на активноста и на крај се завршува со прашања за рефлексија.

д кој авува 2Д бар-ко ации преку QR кодот претст тап до информ ис пр з бр а ув и да овозмож ирате QR кодот н. За да го скен фо еба ле тр те т н ар фо см ле вашиот смарт те ото, на вашиот де т ви до ко те не QR ед го погл ирање на кација за скен ли . ап е S) ат (iO ир re to ал да инст ndroid) или iS на Play Store (A која е достапна

КРИТЕРИУМИ ЗА УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ КРИТЕРИУМИ ПРИ ПОДГОТОВКА НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ Пожелно е да се организира заедничкa средбa со наставникот/ците и да се направи детален план за спортските активности и забавни игри (партнерските училишта може да ја реализираат заедничката средба и преку електронска комуникација). Планот се однесува на спортските активности и забавни игри што треба да се реализираат, а се од заеднички интерес за учениците. Планот треба да содржи:

спортски активности и забавни игри што ќе се реализираат; конкретни чекори за реализација на спортските активности и забавни игри; број на ученици и начин на нивно избирање; дефинирана група ученици, при што се почитуваат критериумите за нивен избор (родова и етничка/јазична балансираност и соодветна возрасна категорија);

11


КРИТЕРИУМИ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ

место и време на реализација на спортските активности и забавни игри;

Пред започнување на спортските активности и

родители кои би се вклучиле во планирање на спортските активности и забавни игри со обезбедување на нивна согласност за учество на учениците (согласност од самите родители и/ или од советот на родители);

забавни игри, наставникот треба да дефинира правила на однесување за време на заедничките средби, со активно учество на учениците. Спортските активности и забавни игри започну-

ваат со игри за меѓусебно запознавање на учениците и за градење групна кохезија. Во текот на реализацијата на активноста, на-

листа на потребни реквизити за реализација на спортските активности и забавни игри;

ставниците треба да соработуваат и заемно да си помагаат едни со други што е можно повеќе. Родителите треба да бидат вклучени и да сора-

ботуваат во текот на реализирање на спортските активности и забавни игри1.

предуслови за безбедно спроведување на спортските активности и забавни игри (заштита и од физичка и од психичка повреда).

Треба да се осигура подеднаква застапеност и

наизменично користење на двата/трите јазика во текот на реализација на спортските активности и забавни игри. При работа во помали групи, секогаш кога е

можно групите треба да бидат балансирани со мешан етнички и полов состав и учесниците во групите треба да се поттикнуваат на меѓусебна соработка, независно од нивната етничка/јазична припадност. На крајот на сите активности, наставникот за-

едно со сите ученици прави рефлексија на искуствата од реализација на секоја спортска активност и забавна игра што била спроведена за време на часот или воннаставната активност.

1

12

Овој критериум се зема предвид во случаи кога родителите се вклучени во заедничките спортски активности и забавни игри.


13


14


ДЕЛ 1

ИГРИ ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ

15


АКТИВНОСТИ ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ ВО ГРУПАТА ИГРИ НА ИМИЊА Игрите за запознавање треба да бидат воведен дел на сите спортски активности и забавни игри, доколку учениците се среќаваат за прв пат. Овие активности имаат за цел да се поттикне соработката и интеграцијата помеѓу учениците во групата и да се овозможи подобро меѓусебно запознавање. Останатиот дел од часот треба да се користи за игрите што се планирани за тој час. Наставникот, со помош на наставник од

16

различен наставен јазик, на почетокот на секој час, во кој ќе се вклучат спортски активности и забавни игри со етнички мешани групи ученици, спроведува една од наведените игри за запознавање. Времетраењето на избраната игра за запознавање треба да трае околу пет минути и може да се промени во зависност од големината на групата. Овие игри можат да се реализираат во училишна сала или во училиштен двор.


ИГРА 1: Активноста започнува со тоа што учениците формираат круг. Наставникот ја започнува играта со тоа што го изговора своето име и по слободен избор му ја додава топката на некој ученик во рацете. Ученикот продолжува со тоа што го изговора своето име и му ја додава топката на некој друг ученик исто така по сопствен избор. Активноста завршува со тоа што сите ученици во кругот ја добиваат и ја додаваат топката на друг ученик.

17


ИГРА 2:

18

Учениците се наредени во круг. Наставникот прв ја започнува играта со тоа што оди кон некој ученик, удира „петка“ со рацете кон него и ја изговара следната фраза: „Здраво, како си? Јас сум Митко!“ Откако наставникот се претставува, ученикот треба да се претстави, односно треба да го каже своето име (Здраво, како си? Јас сум Јета!) и ја повторува истата фраза кон друг ученик. Понатаму, сите ученици во групата се поздравуваат меѓусебно, повторувајќи го тоа со секој ученик со кој дотогаш не се запознале. Активноста завршува со тоа што сите ученици по еднаш се поздравуваат меѓусебно.


ИГРА 3: Се формира круг од сите ученици и се користи топка што се дофрла од еден ученик до друг ученик. Првиот ученик ја дофрла топката кон друг ученик и извикува: „Твоето име е ...“. Ученикот ја прима топката и треба да го каже своето име. Потоа, тој ученик ја проследува до следниот ученик, повторувајќи ја истата фраза сè додека не се претстават сите ученици.

19


ИГРА 4: Сите ученици формираат круг со тоа што наставникот започнува и го кажува своето име, а освен тоа кажува Здраво! на својот мајчин јазик (tung – албански јазик; merhaba – турски јазик, здраво – српски јазик). Сите ученици треба да го повторат името на наставникот заедно со поздравот што го кажува наставникот. Потоа продолжува ученикот од неговата десна страна, сè додека сите не го кажат своето име.

20


ИГРА 5: Сите ученици формираат круг, а наставникот започнува со тоа што оди до средината на кругот, кажува „Јас сум ...“ и прави некое движење со телото. Следниот ученик оди до средината на теренот, кажува „Јас сум ...“ и прави движење со телото, поразлично од претходниот ученик. Понатаму, истото го повторува секој ученик од неговата десна страна, сè до последниот ученик во групата.

21


22


ДЕЛ 2 СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ

23


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Тенис со раце ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта се игра во ограничен простор во зависност од големината на групата (училница, училишна сала, училиштен двор).

ЦЕЛИ: Тимска работа, комуникација и соработка.

РЕКВИЗИТИ: Топки.

АЛТЕРНАТИВА: /

24

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­ тавник од различен наставен јазик или ученик што зборува на друг наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива играта и заеднички ја демонстрираат. Откако ќе се поделат по парови, учениците на знак на наставниците започнуваат со играта.

почнат да се движат во прос­ торот во кој се наоѓаат и да продолжат со повторување на вежбата, но со движење.

1 ЧЕКОР: Префрлање на топката во место На самиот почеток двајцата играчи од парот стојат на своите места и ја префрлаат топката со рака, обидувајќи се да не им падне и притоа им се кажува дека не смеат да разговараат меѓусебно, односно да користат невербална комуникација. Потоа истото го прават со тоа што ги менуваат рацете.

3 ЧЕКОР: Забрзување на движењето Како за крај, наставниците им даваат знак на децата да започнат со поголема брзина да се движат низ просторот, но исто така им кажуваат дека сега смеат да зборуваат помеѓу себе.

2 ЧЕКОР: Во движење По извесно време наставникот им дава знак на паровите да

Играчите не смеат да ги разделуваат споениите раце, а мораат заеднички брзо да се движат и да се поставуваат така што ќе го олеснат изведувањето на задачата.

Играта завршува со тоа што сите варијанти ќе бидат искористени.

ПРЕПОРАКА:

РЕФЛЕКСИЈА:

Доколку има можност, паровите треба да бидат етнички и родово балансирани.

Како успеавте да се координирате Дали запознавте нови со партнерот тогаш кога не требадругарчиња? ше да разговарате меѓу себе? Кој дел од играта ви Дали ви беше полесно кога мобе­­ше најинтересен? жевте да разговарате меѓу себе? Што би промениле во Дали играта ви беше забавна?

оваа игра?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на парови и им се дава по една топкa.

Паровите се држат за рака (десна со десна рака). Првиот ученик има задача да му ја додаде топката на другиот ученик, користејќи ја левата рака, додека пак вториот ученик има задача да ја прими топката со својата лева рака.

Парот не треба да дозволи топката да падне на земја, но доколку тоа се случи, парот ја зема топката и продолжува со играта.

По десет префрлувања, паровите си ги менуваат рацете.

Еден на друг пар не смее да си пречи.

25


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Салата за светско првенство ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта се игра во ограничен простор во зависност од големината на групата (училница, училишна сала, училиштен двор).

ЦЕЛИ: Групна кохезија и комуникација.

РЕКВИЗИТИ: Конуси.

АЛТЕРНАТИВА:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­ тавник од друг наставен јазик, на самиот почеток ја објаснува играта и притоа на теренот поставува конуси што се на растојание од околу 2 метри за онолку ученици колку што има во групата. Пред да се започне, на учениците им се дава можност да дадат предлози за држави за кои навиваат за време на светското првенство. Секој ученик треба да запамети и сам да ја избере државата за која ќе игра, но бројот на ученици треба да биде подеднакво поделен помеѓу избраните држави. Пример: Бразил, Италија и Германија.

Понатаму, секој си зазема место покрај еден конус, додека наставникот е на средината на кругот и решава која земја ќе биде прозвана. Доколку викне: „Бразил!“, сите „Бразилци“ ги менуваат местата, а другите стојат кај своите конуси. Оној ученик што последен ќе зафати слободен конус излегува од игра и се менува со друг ученик од публиката. Доколку наставникот одлучи да викне: „САЛАТА!“, тогаш сите ги менуваат местата. Оној ученик кој последен ќе застане покрај слободен конус, излегува од игра и се менува со друг ученик од публиката. Играта завршува по истекот на времетраење од 10 минути.

Маркери, корнети, маички во различна боја.

РЕФЛЕКСИЈА: ПРЕПОРАКА: По можност учениците во оваа игра треба да бидат родово и етнички мешани.

26

Која држава беше најбрза? Дали ви беше лесно веднаш да пронајдете слободен конус?

Дали ви беше забавна играта? Кој дел од играта ви беше најинтересен?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На теренот се поставуваат

Се одбираат најмалку три држави од

Оној ученик кој последен ќе за-

онолку конуси колку што има ученици во групата, на растојание од околу 2 метри.

страна на учениците за коишто навиваат за време на светското првенство во фудбал. Бројот на ученици треба да биде подеднакво поделен помеѓу избраните држави.

стане покрај слободен конус, излегува од играта и се менува со друг ученик од публиката.

Конусите можат да се поставуваат низ целиот терен без притоа да се прави каква било форма.

Секој ученик треба да ја запамети др-

Секој ученик зазема своја

Наставникот извикува некоја од трите

позиција покрај еден конус.

држави и тогаш учениците што играат за таа држава треба да си ги сменат своите места, а наставникот има за задача да утврди кој ученик последен застанал покрај слободен конус.

жавата за која игра.

Доколку наставникот извика „САЛАТА“, тогаш сите ги менуваат местата, а излегува од игра оној ученик што последен ќе застане покрај слободен конус.

27


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Бик ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа и соработка.

РЕКВИЗИТИ: Дебело јаже.

АЛТЕРНАТИВА: Две – три потенки јажиња.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставниците од различни нас­ тавни јазици дават насоки како да се одвива целата игра и ја демонстрираат заедно со помош на целата група. На самиот почеток се одбира ученикот којшто ќе стои во средината на кругот и ќе биде „бик“, а учениците го формираат кругот и држат јаже во висина на појасот. Играта започнува на знак на наставниците. 1 ЧЕКОР: Во место Играта започнува со тоа што целта на ученикот (бикот) што се наоѓа во самиот круг е да допре некој од играчите што го држат јажето, а тие го избегнуваат тој контакт пуштајќи го јажето во мигот кога „бикот“ ќе

ПРЕПОРАКА: Доколку групата е голема, може да се формираат повеќе групи што се родово и етнички мешани.

28

им се приближи. Притоа треба да се внимава јажето да не падне на земја. Оној ученик што ќе биде допрен станува „бик“ и играта продолжува на истиот начин. 2 ЧЕКОР: Во движење Во вториот дел од играта учениците, освен што го држат јажето, треба да се движат во круг. Правилата остануваат исти ка­­­­ко и претходно. 3 ЧЕКОР: Два „бика“ Следната активност започнува со тоа што сега се внесуваат два „бика“ во кругот, а сите други правила остануваат исти од претходната активност. Играта завршува со тоа што повеќе ученици ќе бидат во средината на кругот или по истекот на период од 10 минути.

РЕФЛЕКСИЈА: Како се чувствувавте кога бевте Дали соработувавте со во средина на кругот како „бик“? вашите другарчиња за да не ви падне јажето? На кој начин успеавте да се координирате за да не ве допре Кој дел од играта ви „бикот“ којшто се наоѓаше во беше најинтересен? средина и да не ви падне јажето?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците треба да формираат

Оној ученик што ќе биде „бик“ се по-

Во оној момент кога некој

круг, при што го држат јажето со рацете.

зиционира во средината на кругот и треба да успее да допре некој од учениците што се наредени во кругот.

ученик е допрен, тој станува „бик“.

Јажето треба да се држи во висина на појасот на учениците.

Наставникот предлага еден од уче­­­ниците да биде „бик“.

Учениците што го држат јажето не смеат да дозволат да бидат допрени од „бикот“, а исто така не смеат да дозволат да падне јажето на земја.

29


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Чудни фигури ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа, соработка, групна кохезија и комуникација.

РЕКВИЗИТИ: Маркери.

АЛТЕРНАТИВА: Балон, корнети, маички во различна боја.

30

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, заедно со нас­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат.

нозе, двајца играчи да стојат на по една нога, а четвртиот играч да се држи за останатите висејќи така што двете нозе да не му ја допираат земјата).

Учениците се делат на три групи од по 4 ученици и нас­ тавникот им дава маркери во иста боја за секоја група.

Откако групата ќе ја направи зададената задача, извикува ГОТОВО, а наставникот треба да дојде и да ги прегледа направените фигури. Потоа сите ученици се пуштаат, повторно се позиционираат низ целиот терен и чекаат нов знак.

На знак на наставникот, учениците започнуваат да се движат низ просторот. Во оној момент кога наставникот ќе каже на пр. „4 нозе на трева“, секоја група со иста боја на спортски маркери треба да се спои, стоејќи на пример на една нога (може и еден да стои на две

Следно, наставникот може да каже „3 нозе и 2 раце на трева“ или „4 нозе и две раце“ или „3 нозе и 4 раце“ и др.

РЕФЛЕКСИЈА:

ПРЕПОРАКА:

Како успеавте да се коорди- Што ви беше најлесно, а нирате во групата? што најтешко?

Доколку постои можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

Дали ви беше потребно повеќе Кој дел од играта ви беше време за да ја спроведете занајинтересен? дачата успешно?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на 3 групи од по 4 ученици.

На групите им се дава по 4 спортски маркери во иста боја.

Учениците не смеат да стојат во група, туку треба да се позиционирани низ целиот терен и притоа да се движат низ просторот.

Наставникот дава инструкции како

Наставникот врши пре-

на пр: „4 нозе на трева“, при што секоја група со иста боја на спортски маркери треба да се спои заедно, стоејќи на пример на 4 нозе.

глед на фигурите и активноста продолжува че-­­­­­ кајќи нов знак.

Онаа група што ја направила зададената задача треба да извика „ГОТОВО“, а наставникот треба да прегледа дали правилно е спроведена задачата.

31


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Прескокнување ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, соработка, комуникација.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­­­ тавник од друг наставен јазик, дава инструкции за тоа како ќе се одвива активноста и заеднички со помош на некој од учениците ја демонстрираат. Се избираат двајца ученици што ќе го вртат јажето, во почетокот поспоро во место, а потоа побрзо. Активноста започнува со тоа што учениците, еден по еден, се обидуваат да го прескокнат јажето од една на друга страна

без одреден редослед кој ќе почне, повторувајќи го тоа неколку пати. Потоа учениците слободно си избираат свој пар и држејќи се за раце го прескокнуваат јажето, внимавајќи да не ги допре. Следниот чекор е вклучување на уште еден ученик, правејќи тројка, четворка или петка. За победник се смета оној ученик, пар или група ученици што успеале најчесто да го прескокнат јажето.

Дебело јаже.

АЛТЕРНАТИВА: Две потенки јажиња.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, паровите или групите да бидат етнички или родово мешани.

32

РЕФЛЕКСИЈА: Кој дел од играта ви беше Дали ви беше тешко да најинтересен? скокате во пар или во група? Дали брзо се уморивте? Дали беше лесно да се координирате со својот соученик?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се избираат двајца играчи коишто ќе вртат јаже во место.

На почетокот јажето се врти поспоро, а потоа забрзано.

Другите ученици истовремено го прескокнуваат јажето, по слободен избор од една на друга страна и обратно.

Учениците треба да го прескокнат јажето, без тоа да ги допре.

33


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Оса ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта се игра во ограничен простор во зависност од големината на групата (училница, училишна сала, училиштен двор).

ЦЕЛИ: Развивање на чувство за припадност кон групата, соработка и комуникација.

РЕКВИЗИТИ: Спортски маркери.

АЛТЕРНАТИВА: Маици во иста боја.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, „осите“ треба да бидат етнички и родово мешани.

34

ОПИС НА АКТИВНОСТА: На самиот почеток наставникот го обележува теренот на којшто ќе се одвива играта во зависност од големината на групата. Понатаму, ја објаснува играта со помош на наставник со различен наставен јазик и притоа им се предлага на учениците да се пријават оние што ќе сакаат да бидат „оси“. Оние ученици што ќе бидат „оси“ облекуваат спортски маркери или маици во иста боја за да се разликуваат од другите. 1 ЧЕКОР: Допир по рамо Играта започнува на знак на наставникот со тоа што сите ученици се растрчани по теренот во различни правци. Оние ученици што ќе ги допре „осата“ остануваат замрзнати на своето место, додека оние ученици што се слободни мо-

жат да им помогнат со тоа што ги допираат по рамо и ги одмрзнуваат. 2 ЧЕКОР: „Петка“ По одредено време, откако ќе ја играат првата варијанта од играта, на учениците им се даваат нови упатства со тоа што сите правила остануваат исти, но се менува единствено начинот на ослободување на замрзнатите ученици. Можнос­ та да им се помогне е со тоа што некој ученик што е слободен треба да удри „петка“ со рацете со оној ученик што е замрзнат и притоа ќе го ослободи. Играта ќе заврши во оној момент кога осите ќе успеат да замрзнат поголем дел од учениците или по истекот на период од 10 минути.

РЕФЛЕКСИЈА: Што ви беше поважно, да не Дали „осите“ беа доволно бидете замрзнати или да брзи? одмрзнете што е можно по- Што би промениле во оваа веќе другарчиња? игра за да биде уште поинтересна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се обележува одреден простор (училница, сала,

Оние ученици што ќе бидат „оси“ треба да ги допрат

надворешен простор), којшто треба да биде ограничен и дефиниран (пр. половина сала за околу 25 деца).

Оној ученик што ќе биде допрен од „осата“, застанува

Се избираат двајца или тројца ученици коишто тре-

Слободните ученици можат да ги одмрзнуваат за­мрз­

ба да бидат „оси“, во зависност од вкупниот број на ученици (1 оса на 8 ученици).

другите ученици што ќе бидат растрчани по теренот. на своето место, односно замрзнува. натите ученици со тоа што ќе ги допрат и тие повторно почнуваат да бегаат од осите.

35


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Штафети во колони ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, тимска работа, соработка и интеракција.

РЕКВИЗИТИ: Конуси и топки.

АЛТЕРНАТИВА: Хулахопи, јажиња, вреќи, душеци, корнети.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: На теренот што се користи за играње се прави патеката со реквизитите коишто се употребуваат и се ставаат на одредено растојание. На самиот почеток наставникот ги дели учениците во групи од по 6 – 8 ученици. Пред да започне активноста, наставникот, со помош на наставник од друг наставен јазик, им ја демонстрира самата игра и патеката по којашто треба да се движат. 1 ЧЕКОР: Движење со држење на топката во раце Откако учениците ќе се наредат во колони, наставникот дава знак да започне натпреварувањето. Учениците се натпреваруваат во брзина, држејќи ја в раце топката и движејќи се околу реквизитите што претходно се наредени на теренот. Првиот ученик од групата започнува со играта, додека

вториот започнува кога првиот ученик ќе заврши и ќе му ја даде топката и така сè до последниот ученик во колоната. Играта завршува со тоа што последниот ученик од колоната ќе се врати на самиот почеток. Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта. 2 ЧЕКОР: Движење на топката со нога Откако учениците ќе завршат со првата активност, повторно на знак на наставникот започнуваат со втората активност во која важат истите правила, но со тоа што сега учениците ќе се натпреваруваат во водење на топката со нога. На одење кон местото за свртување, ученикот ја води топката со десна нога, додека при враќање назад, ученикот треба да ја води топката со левата нога. Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, учениците се делат на групи етнички и родово мешани.

36

РЕФЛЕКСИЈА: Што ви беше најтешко, а што најлесно? Што ви беше позабавно, со рака или со нога?

Што мислите дека треба да се подобри за да биде играта уште поинтересна? Дали запознавте нови другарчиња?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На теренот мора да има најмалку 5 пречки поставени на одредено растојание.

Учениците се делат на групи (6 – 8 ученици во една група) и се наредени во колони на претходно обележана линија.

На првиот играч од секоја група му се дава топка што треба да ја движи по обележаната патека што е можно побрзо и да се врати назад за да му ја предаде на вториот ученик во неговата група. Така се продолжува сè до последниот ученик во групата.

Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта.

37


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

ШтафетA во вреќи ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Соработка, комуникација и развивање на тимскиот дух.

РЕКВИЗИТИ: Вреќи и конуси.

АЛТЕРНАТИВА: Хулахопи, корнети.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што зборува на друг наставен јазик, дава инструкции како се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Најпрвин учениците се делат на групи/колони и се позиционираат пред обележаната линија. Откако ќе бидат поделени по групи, им се дава 1 – 2 минути за да направат стратегија како најбрзо ќе ја постигнат целта. 1 ЧЕКОР: Активноста започнува со тоа што сите ученици се наредени во колона, додека првиот ученик од секоја група ја навлекува вреќата на нозете, придржувајќи ја со рацете и на знак на наставникот тргнува да се движи по патеката со скокови.

Притоа ученикот го минува растојанието до местото за свртување и тогаш ја вади вреќата и трчајќи се враќа кон вториот ученик и му ја предава вреќата, при што ја продолжува задачата сè до следниот ученик. Активноста завршува со тоа што последниот ученик од колоната ќе стигне до самиот почеток. Победник е групата што најбрзо и најправилно ќе ја изврши задачата. 2 ЧЕКОР: Откако ќе завршат со првата активност, учениците повторно на знак на наставникот започнуваат со втората активност во која важат истите правила, со тоа што сега ученикот со вреќата се движи до местото за свртување и назад до следниот ученик.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, учениците се делат на групи етнички и родово мешани.

38

РЕФЛЕКСИЈА: Што ви беше најтешко, а што Кој дел од играта ви беше најлесно за времетраење најинтересен? на играта? Дали запознавте нови другарчиња?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи (5 – 8 ученици во една

Во оној момент кога првиот ученик ќе ги помине зада-

група) и се наредени во колони на претходно обележана линија.

дените пречки и се враќа назад, треба да му ја даде вреќата на вториот ученик, кој треба да ја помине патеката на ист начин, сè до последниот ученик во групата.

На одредено растојание се поставуваат најмалку 4 пречки.

На првиот ученик во колоната му се дава вреќа во којашто треба да ги стави нозете и да скока со неа.

Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта.

39


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Расплеткување на раце ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училница, училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Комуникација, соработка и тимска работа.

РЕКВИЗИТИ: /

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите да бидат етнички и родово мешани.

40

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции за тоа како ќе се одвива играта. Учениците се делат на групи од по 8 ученици. Откако ќе се поделат во групи, учениците ги креваат рацете во воздух и на даден знак од страна на наставникот, најпрво со својата десна рака се

фаќаат со соученикот што не е до нив. Потоа се фаќаат со левата рака со друг соученик, при што рацете се заплеткуваат. Откако им се заплеткани рацете, групите треба да почнат да се отплеткуваат со ротирање на рацете и да најдат начин како на крај да формираат круг. Победник е онаа група што најбрзо ќе успее да ги отплетка рацете и да формира круг.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да ги от- Кој дел од играта ви беше плеткате рацете? најинтересен? Дали беше играта забавна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи од по 8 – 10 ученици. Сите ученици во групата треба да ги држат рацете во воздух и на даден знак од страна на наставникот треба со својата десна рака да се фатат со еден соученик, а со левата рака да се фатат со друг соученик што не е до нив.

Учениците со ротирање на рацете треба да најдат начин како да се отплеткаат и на крај да формираат круг.

Победник е онаа група што најбрзо ќе успее да ги отплетка рацете.

41


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Внимавај! ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училница, училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија.

РЕКВИЗИТИ: /

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: /

42

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставниците од различни нас­тавни јазици даваат насоки како ќе се одвива играта и ја демонстрираат заедно со помош на целата група. На самиот почеток се избира ученик/наставник што ја води групата. Играта започнува со тоа што учениците се делат на парови, се редат во две колони свртени еден кон друг, додека помеѓу двете колони се поставува по една топка помеѓу секој пар. Ученикот/наставникот што ја води играта стои свртен кон

групата и кажува фрази како на пример: Внимавај, лево уво! Тогаш сите во групата треба да се фатат за левото уво. Потоа треба да следат фрази како на пример: Внимавај, колена! Внимавај, лево рамо! итн. Кога ученикот/наставникот ќе каже: „Внимавај, топка!“, тогаш учениците треба што побрзо да ја земат топката поставена пред нив. Учениците од двете колони што ќе ја земат топката, формираат нови парови и играта се повторува се додека не остане само еден пар кој се смета за победник.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се следат наредбите? Кој дел од играта ви беше најинтересен?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се избира ученик/наставник што ја води групата, т.е. ги кажува фразите.

Учениците се делат на парови, наредени во две колони и свртени еден кон друг.

Помеѓу секој пар се поставува по една топка. Ученикот/наставникот што ја води групата стои свртен кон колоните и кажува фрази, како на пример: Внимавај, лево уво! Тогаш сите во групата треба да се фатат за левото уво.

Кога ученикот/наставникот ќе каже „Внимавај, топка“, тогаш учениците треба што побрзо да ја земат топката поставена пред нив.

Оние ученици од првата и втората колона што ќе успеат да ја земат топката, формираат нови парови и играта се повторува сè додека не остане само еден пар, кој се прогласува за победник.

43


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Хаос движење на парови во ограничен простор ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Зголемено ниво на комуникација и доверба, соработка помеѓу учениците и групна кохезија.

РЕКВИЗИТИ: Конуси, марамче.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­ тавник од различен наставен јазик или ученик што зборува на друг наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Пред да започне активноста, наставникот ги дели учениците во парови и им остава 1 – 2 минути да се договорат меѓу себе кој ученик ќе дава наредби а кој ученик ќе ги спроведува наредбите. 1 ЧЕКОР: Движење со допир Учениците се позиционирани на теренот во парови. На знак на наставникот паровите започнуваат да се движат

низ теренот. На првиот ученик очите му се врзани со марамче, а вториот со рацете на грбот управува со него според стратегијата за која претходно се договориле. На пр. за чекор напред треба само еднаш да го допре по грбот. 2 ЧЕКОР: Движење со помош на зборови Во вториот дел од активноста учениците прават промена на улогите во самите парови меѓу себе. Правилата се исти како во претходната игра со тоа што во овој дел вториот ученик што води ќе може да зборува и да го насочува неговиот партнер без да го допира.

АЛТЕРНАТИВА: Корнети, хулахопи.

ПРЕПОРАКА: Доколку постои можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

44

РЕФЛЕКСИЈА: На кој начин успеавте да се ко- Што ви беше најтешко, а ординирате во групата за да ја што најлесно за времезавршите најбрзо играта? траење на играта? Која ви беше стратегијата за координација на партнерите кога не смеевте да зборувате?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на парови (6 – 8 парови). На теренот се обележуваат граници од кои учениците/паровите не смеат да излезат.

Во рамки на секој пар, учениците треба сами да одлучат кој треба да дава наредби за движење, а кој треба да ги следи наредбите.

Ученикот што дава наредби треба постојано да

Наредбите се даваат преку допир на грбот на првиот ученик, т.е. за движење во лево се допира левото рамо, за движење во десно се допира десното рамо, за движење наназад се тапка ученикот по глава и слично.

Целта на играта е паровите да се движат низ теренот што е можно подолго, а притоа да избегнуваат да не се удираат.

биде позициониран позади ученикот што ги следи наредбите, додека ученикот што ги следи наредбите треба да се движи низ теренот со затворени очи или со превез на главата.

45


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Семафор ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училница, училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа и координација.

РЕКВИЗИТИ: /

АЛТЕРНАТИВА:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. На самиот почеток наставникот одбира еден ученик што ќе биде семафор. Ученикот што ќе биде семафор се позиционира на едниот крај од теренот, додека другите ученици се позиционираат на другиот крај од теренот, наредени на претходно обележана линија. Семафорот треба да им биде свртен со грб на учениците.

/

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите и паровите треба да бидат етнички и родово мешани.

46

На знак на наставникот, учениците треба да започнат да се движат кон семафорот што е можно побрзо без притоа да бидат исклучени од играта. Семафорот во секој момент може да се сврти кон учениците што доаѓаат на кај него, да извика црвено и во тој момент тие треба да застанат во место. Оние ученици што нема да застанат во место, кога семафорот ќе се сврти кон нив и ќе извика црвено, ќе бидат исклучени од играта. Победник во играта е оној ученик што прв ќе стигне до семафорот. Тој ученик станува новиот семафор. Играта завршува по истекот од 10 минути.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали играта ви беше за- Кој дел од играта ви беше бавна? најинтересен? Што би промениле во оваа игра?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се одбира еден ученик што ќе биде семафор.

Семафорот се позиционира на едниот крај од теренот, додека другите ученици се позиционираат на другиот крај од теренот, наредени на линија.

Семафорот треба да биде свртен со грб кон останатите ученици.

Учениците треба да стигнат до сема-

Оние ученици што нема да

форот што е можно побрзо без притоа да бидат исклучени од играта.

застанат во место кога семафорот ќе се сврти кон нив и ќе извика црвено ќе бидат исклучени од играта.

Семафорот во секој момент може да се сврти кон учениците што доаѓаат на кај него, да извика „црвено“ и во тој момент учениците треба да застанат во место.

Победник во играта е оној ученик што прв ќе стигне до семафорот. Тој ученик станува новиот семафор.

47


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Триаголник ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училница, училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, тимска работа.

РЕКВИЗИТИ: /

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, триаголниците треба да бидат етнички и родово мешани.

48

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Наставникот ги дели учениците на групи од по четири ученици од кои тројца формираат триаголник, а од нив се избира еден слободен ученик. Сите групи формираат триаголници со тоа што ученикот ги поставува своите раце на рамената на другите двајца ученици (левата рака на рамото на ученикот од левата страна, десната рака на рамото на ученикот од десната страна), фомирајќи триаголник.

Пред да започне играта, слободниот ученик во секоја група треба да одбере ученик од групата што треба да го допре по рамо. Играта започнува со тоа што учениците во триаголникот го бранат избраниот ученик од слободниот со правење постојани кружни движења и со избегнување на слободниот ученик. Ако слободниот ученик го допре рамото на ученикот што претходно го избрал, го зазема неговото место во триаголникот, допрениот ученик станува слободен и одбира нов ученик од триаголникот. Играта завршува по истекот од 10 минути.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше полесно да се Дали беше тешко да се допре биде слободен ученик или избраниот ученик? дел од триаголникот? Дали играта ви беше забавна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се одредуваат групи од по тројца

Пред да започне играта, слободни-

Ако слободниот ученик го

ученици и по еден слободен ученик за секоја група.

от ученик во секоја група треба да одбере ученик од групата за да го допре по рамо.

допре рамото на ученикот што претходно го избрал, го зазема неговото место во триаголникот, а допрениот ученик станува слободен и одбира нов ученик од триаголникот.

Сите групи формираат триаголници со тоа што ученикот ги поставува своите раце на рамената на другите двајца ученици (левата рака на рамото на ученикот од левата страна, десната рака на рамото на ученикот од десната страна), фомирајќи триаголник.

Учениците во триаголникот имаат за задача да го бранат избраниот ученик од слободниот со правење на постојани кружни движења и со избегнување на слободниот ученик.

49


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

51 ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Тимска игра, комуникација и соработка.

РЕКВИЗИТИ: Топки.

АЛТЕРНАТИВА: /

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­ тавник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Откако на училиштен ѕид со креда се црта правоаголник во форма на гол, се дели на 12 еднакви полиња и во секое поле се пишува по еден број и сè така до бројот 12. Учениците се делат на две групи и се редат во две колони оддалечени на 3 метри или 5 метри од исцртаниот гол во зависност од тоа дали се шутира со рака или со нога. Наставникот или еден ученик ги запишува поениите што ќе ги освојуваат двете групи, кои треба да шутираат наизменично на голот.

ПРВ ЧЕКОР: Играта почнува со тоа што прво шутира еден ученик од првата група, а по него шутира ученик од втората група. Ова се повторува сè додека сите ученици од двете групи не упатат по еден удар кон голот. Доколку ниту една група нема освоено 51 поен, учениците по истиот редослед повторно шутираат кон голот сè до постигнување на 51 поен. Победник е онаа група што прва ќе освои 51 поен. ВТОР ЧЕКОР: Откако ќе завршат со првата активност, учениците повторно на знак на наставникот започнуваат со втората активност во која важат истите правила на игра, со тоа што сега целта е да се постигне точно 51 поен.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, тимовите треба да бидат етнички и родово балансирани.

РЕФЛЕКСИЈА: Во кои полиња најмногу шу- Дали беше полесно собитиравте? рање на поениите со рака или со нога? Дали беше лесно да се погоди полето со број 12?

50

Дали ви беше тешко да соберете точно 51 поен?

Дали играта беше забавна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На училиштен ѕид со креда се

Учениците се делат на двe групи и

Доколку во првиот круг ниту

црта правоаголник во форма на гол и се дели на 12 еднакви полиња.

се редат во две колони, оддалечени на растојание до 3 метри (се шутира со рака) или до 5 метри (се шутира со нога) од исцртаниот гол.

една група не успее да освои 51 поен, играта продолжува сé додека една од групите не го освои потребниот број поени.

Во секое поле се пишува по еден број и се така до бројот 12. Броевите треба да бидат напишани измешано, а не по редослед.

Учениците во групите треба наизменично да шутираат кон голот.

Наставникот или еден ученик ги запишува поениите што ги освојуваат двете групи.

Победник е онаа група што прва ќе освои 51 поен.

51


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Брза слога ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Тимска работа и координација.

РЕКВИЗИТИ: Топки.

АЛТЕРНАТИВА: Пластична амбалажа.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас­ тавник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Откако ќе се обележи теренот и ќе се постави една пречка, учениците се делат на две групи од по 5 парови и се позиционираат на линијата за старт. Секој пар треба да ги вкрсти рацете во формата прикажана на сликата, формирајќи квад­ рат на слогата. На првите парови од групите што се позиционирани на линијата за старт, наставникот им поставува по една топка во формираниот квадрат на слога.

На знак на наставникот, првите два пара тргнуваат кон пречката околу која треба да направат еден круг и да се вратат назад до линијата за старт каде што треба да му ја предадат топката на следниот пар од својата група. Секој пар при пренесувањето на топката мора да трча. Доколку топката падне на земја, парот треба да се врати на линијата за старт и повторно да тргне по патеката. Целта е што побрзо да се пренесе топката низ теренот и да се додаде на следниот пар во групата и притоа да не се дозволи да падне на земјата. Победник е онаа група што најбрзо ќе го помине теренот.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, секоја група и секој пар треба да бидат етнички и родово мешани.

52

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се носи Дали имаше пар на кој не му топката поставена во квападна топката ниту еднаш? дратот на слогата? Дали би смениле нешто во Дали беше тешко да се преоваа игра? несе топката низ теренот со трчање?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на 2 групи од

Секој пар има за цел да ја прене-

При пренесување на топката,

за старт и се поставува една пречка на оддалеченост од најмалку 10 метри.

се топката од линијата за старт до пречката околу која прави еден круг и потоа пак се враќа до линијата за старт без притоа топката да падне на земја.

квадратот на слога не смее да се раскине ниту пак топката да падне на земјата.

Секој пар треба да ги вкрсти ра-

Откако првиот пар ќе ја помине

по 5 парови.

На теренот се обележува линија

цете во формата прикажана на сликата, формирајќи квадрат на слога. Во квадратот формиран од парот, наставникот поставува топка.

патеката и ќе се врати повторно на линијата за старт, треба да му ја предаде топката на следниот пар од групата сè до последниот пар.

Доколку топката падне на земја, парот треба да се врати на линијата за старт и повторно да тргне по патеката.

Секој пар при пренесувањето на топката мора да трча до целта.

Победник е онаа група што најбрзо ќе ја донесе топката до целта.

53


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Фати ја топката ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училница, училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Тимска работа, соработка.

РЕКВИЗИТИ: Топки.

АЛТЕРНАТИВА: /

54

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Откако учениците ќе се поделат на 5 парови, се редат во колона, свртени еден спроти друг. ПРВ ЧЕКОР: Еден ученик држи топка на висина на градниот кош, додека другиот ученик од парот се држи со двете раце за уши. Ученикот што ја држи топката треба да ја испушти топката од раце без никаков знак или предупредување, а притоа ученикот што се држи за уши треба

да ја фати топката пред таа да падне на земјата. Потоа учениците во парот се менуваат, т.е. другиот ученик ја држи топката, а првиот се држи за уши и се обидува да ја фати топката пред да падне на земја. ВТОР ЧЕКОР: Откако ќе завршат со првата активност, учениците повторно на знак на наставникот започнуваат со втората активност во која важат истите правила, со тоа што сега учениците ја изведуваат активноста стоејќи на една нога. Победник е оној пар на кој најмалку му паднала топката на земја.

ПРЕПОРАКА:

РЕФЛЕКСИЈА:

Доколку има можност, секој пар треба да биде етнички и родово мешан.

Дали беше лесно да се фати Колку пати топката падна топката и да не се дозволи на земја? да падне на земјата? Дали би смениле нешто во оваа игра? Дали ви беше тешко да ја фа­­тите топката стоејќи на една нога?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на 5 парови,

Ученикот што ја држи топката

По секое испуштање на топката,

наредени во две колони и свртени еден кон друг.

треба да ја испушти топката од раце без никаков знак, а притоа ученикот што се држи за уши треба да ја фати топката пред таа да падне на земјата.

учениците во парот се менуваат, т.е. сега првиот ученик се држи за уши, а вториот треба да ја испушти топката.

Во рамки на еден пар, едниот ученик држи топка во висина на градниот кош, додека другиот ученик од парот се држи со двете раце за уши.

Победник е оној пар на кој најмалку му паднала топката на земја.

55


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Фризби ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Тимска работа, комуникација и групна кохезија.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. На самиот почеток наставникот ги дели учениците на повеќе групи од по 6 – 8 ученици. Секоја група се позиционира на линијата за старт, а првите ученици од секоја група позиционираат по едно фризби помеѓу нивните колена. На знак

Фризби.

АЛТЕРНАТИВА: Топки и балони.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

56

на наставникот првите ученици од секоја група со скокање се упатуваат до конусот и назад до линијта за старт, трудејќи се фризбито да не им падне на земја. Првиот ученик откако ќе ја помине патеката треба да му го додаде фризбито на вториот ученик од неговата група без користење на раце, т.е. од колена на колена. Така сè до последниот ученик во групата. Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше тешко да се Дали би смениле нешто во задржи фризбито помеѓу оваа игра? колена, движејќи се по Дали играта беше забавна? теренот?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На теренот се обележува ли-

На првиот ученик од секоја група

Ученикот што го пренесува фриз-

нија за старт, а на 10 метри од линијата за старт се поставува еден конус.

му се дава фризби, коешто треба да го постави помеѓу двете колена.

Учениците се делат на групи

Ученикот со скокање треба да го

(6 – 8 ученици во една група) и се наредени во колони на претходно обележаната линија за старт.

пренесе фризбито до поставениот конус и да се врати назад до линијата за старт каде што треба да му го предаде на следниот ученик.

бито не треба да дозволи тоа да падне на земја додека се движи по патеката, а доколку падне на земја, ученикот мора да се врати на линијата за старт и да почне од почеток.

Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта.

57


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Грб со грб ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа и координација.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. На теренот се обележува линија за старт/цел и се поставуваат најмногу по 5 пречки за секоја група. Учениците се делат на 2 групи составени од по 5 парови.

РЕКВИЗИТИ: Топки, конуси.

АЛТЕРНАТИВА: Пластична амбалажа.

Првите два пара од секоја група, свртени грб со грб, ја позиционираат топката на грбот од двајцата ученици во парот. На знак на наставникот, двата пара од секоја група почнуваат да се движат по утврдената патека со пречки, минувајќи ги

пречките со цик-цак движења. Движењето на паровите со топката на грб треба да се одвива внимателно со цел да не падне топката на земја. Ако топката падне на земја, парот треба да ја земе топката, да се врати на линијата за старт, повторно да ја позиционира на грб без ничија помош и да тргне повторно да се движи по патеката. Со топката на грб, парот треба да ја помине и последната пречка, а потоа ја зема топката во раце и со трчање се упатува кон следниот пар од својата група на кого му се додава топката. Победникот во оваа игра е онаа група чии парови најбрзо ќе ја поминат патеката со пречки.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите и паровите да бидат етнички и родово мешани.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се по- Дали имаше пар на кој ниту мине патеката со пречки еднаш не му падна топката на со топката на грб? земја? Кој дел од играта ви беше Дали ви беше играта забавнајтежок? на?

58

Дали би смениле нешто во оваа игра?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на 2 групи составени од по 5 парови.

Се обележува линија за старт/ цел и на теренот се поставуваат најмногу 5 пречки за едната и 5 пречки за другата група, при што пречките не треба да бидат наредени во права линија.

Паровите треба да се свртени грб со грб, а топката се позиционира на грбот од двајцата ученици во парот.

Учениците од двата пара треба

При движење по теренот со

внимателно да се движат по утврдената патека со пречки, минувајќи ги пречките со цик-цак движења, без притоа да им падне топката.

топката на грб, ако топката падне на земја, парот мора да ја земе топката, да се врати назад на линијата за старт, повторно да ја намести топката на грб без ничија помош и да тргне повторно да се движи по патеката.

Откако парот ќе ја помине последната пречка со топката на грб, се зема топката во раце и со трчање парот се упатува до линијата за старт и му ја додава топката на следниот пар од сопствената група.

Победник е онаа група чии парови најбрзо ќе ја поминат патеката со пречки.

59


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Нашата игра ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Тимска соработка.

РЕКВИЗИТИ: /

АЛТЕРНАТИВА:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Пред да се одигра оваа игра, се препорачува да се реализира една од игрите за запознавање за да можат учениците да се запознаат по име. Наставникот ги дели учениците на две групи и тие се позиционираат на растојание до 10 метри, свртени едни спроти други, држејќи се силно за раце.

На знак на наставникот првиот ученик од групата што почнува прва извикува име на ученик од другата група. Ученикот, чие име е повикано, треба со трчање да ја пробие оградата на другата група. Доколку ученикот успее да ја пробие оградата, избира еден од учениците на таа група и заедно се враќаат во својата група. Доколку ученикот не ја пробие оградата, тој станува дел од таа група. Играта завршува доколку една од групите остане само со еден ученик или онаа група што по истекот на 15 минути има поголем број ученици.

/

РЕФЛЕКСИЈА: ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

60

Дали беше тешко да се Дали ги знаевте имињата на раскине оградата на сите ученици во групите? спротивната група? Дали играта ви беше забавна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на две групи,

Ученикот од едната група треба да

Доколку ученикот не успее

позиционирани на растојание до 10 метри свртени едни кон други.

побара ученик од другата група со извикување на неговото име.

да ја раскине оградата, ос­ танува во таа група.

Учениците се држат за раце фор-

Ученикот што е повикан треба со

Победник е онаа група што

трчање да се упати кон оградата од другата група и да се обиде да ја раскине.

ќе успее да собере повеќе или сите ученици од другата група.

мирајќи ограда.

Наставникот одредува која група прва ќе бара ученик од другата група.

Доколку ученикот успее да ја раскине оградата, со себе зема ученик по негов избор и заедно се враќаат кај својата група.

61


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Патувачки хулахоп ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа и соработка.

РЕКВИЗИТИ: Хулахоп.

АЛТЕРНАТИВА:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Учениците се делат на три групи од по 8 ученици. Играта започнува со тоа што учениците по групи формираат круг и на секој круг му се доделува по еден хулахоп. На знак на наставникот, учениците започнуваат да се натпреваруваат со тоа што го проследуваат хулахопот од еден кон друг ученик.

Учениците треба со разни движења на телото да се протнат низ хулахопот и да го проследат до следниот ученик од својот круг. Кога некој ученик има потешкотии да се протне низ хулахопот, учениците од неговиот круг можат да му помогнат со рака или со нога, но притоа учениците мора да внимаваат да не го раскинат кругот, т.е. да не ги пуштат рацете. Победник во оваа игра е онаа група што прва ќе направи цел круг со хулахопот.

/

РЕФЛЕКСИЈА: ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

Дали беше лесно да се Дали ви беше потребна помош протнете преку хулахоод другите ученици во групата пот? за да се протнете низ хулахопот? Кој дел од телото ви беше најлесно да го Дали играта ви беше забавна? протнете низ хулахо- Дали запознавте нови другарпот? чиња?

62


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на три групи од по 8 ученици. Сите ученици во групата треба да се држат за рака формирајќи круг.

Во рамки на секој круг се пушта по еден хулахоп. Првиот ученик треба да се протне низ хулахопот без притоа да го раскине кругот, а потоа да успее и да го проследи хулахопот до следниот ученик.

Наставникот треба да внимава од кој ученик започнува кругот за да може точно да утврди кога ќе се комплетира цел круг.

Целта на оваа активност е што е можно побрзо учениците да се протнат низ хулахопот за цел еден круг.

63


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Префрлање на топка ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училница, училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа, групна кохезија и комуникација.

РЕКВИЗИТИ: Топки.

АЛТЕРНАТИВА: Балони.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, колоните треба да бидат етнички и родово мешани.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. На теренот се обележува линија за почеток на активноста како и линија за цел, кои треба да бидат на растојание од најмногу 10 метри. Учениците се делат во групи од по 6 ученици и се редат во колони на претходно обележаната линија за почеток. Наставникот на секоја колона доделува по една топка и го утврдува начинот на подавање или префрлање на топката (на пример: со лева/десна рака, преку глава, меѓу нозе). Играта започнува на знак на наставникот при што првиот

Сè додека не се стигне до целта, не се менува начинот на префрлање на топката. Победник е онаа група што најбрзо ќе стигне до целта. Варијанта: Откако ќе завршат со играта со еден начин на префрлање на топката, повторно на знак на наставникот учениците започнуваат со втората игра во којашто префрлањето на топката треба да биде на еден од следните начини, на пример: преку лево рамо, преку десно рамо, меѓу нозе итн.

РЕФЛЕКСИЈА: Кое додавање ви беше нај- Дали играта беше забавтешко, а кое најлесно? на и дали запознавте нови другарчиња? Кој дел од играта ви беше најинтересен?

64

ученик ја додава топката на следниот ученик позади него и сè така до последниот ученик, кој откако ќе ја прими топката, со трчање се позиционира на првата позиција во колоната и на истиот начин колоната се придвижува кон целта.


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи од по 6 ученици и

Првиот ученик ја почнува играта со тоа што му ја додава

се наредени во колони на претходно обележана линија.

топката на следниот ученик позади себе, и така сè до последниот ученик во колоната, кој откако ќе ја добие топката, со трчање од последен во колоната се позиционира на нејзиното чело.

Од обележаната линија до целта, растојанието треба да биде најмногу до 10 метри.

Секоја колона добива една топка и со неа ги спроведува зададените задачи.

Победник е онаа група што со правилно додавање на топката ќе стигне прва до целта.

65


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Слушај добро ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Интеракција, групна кохезија.

РЕКВИЗИТИ: Топки.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, колоните треба да бидат етнички и родово балансирани.

66

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Учениците се делат во две колони и се позиционира една редица со топки помеѓу нив. Топките треба да се наредени на растојание од 3 метри од секоја колона. Наставникот ја започнува играта со фразата „Слушај добро!“ и кажува еден дел од телото. На пример: Слушај добро... глава! Сите ученици треба да се допрат за својата глава. Оние ученици што нема доволно брзо да ја извршат наредбата излегуваат од игра, а на нивно место влегуваат други ученици што до тој момент биле дел од публиката. Веднаш потоа наставникот продолжува

со следната наредба, на пример: Слушај добро... топка! Кога ќе се изговори зборот топка, учениците треба да тргнат кон топката што е позиционирана пред нив. Оние ученици што ќе останат без топка излегуваат од игра, а на нивно место влегуваат други ученици кои до тој момент биле дел од публиката. Играта завршува откако сите ученици во публиката ќе добијат можност да учествуваат или по завршување на период од десет минути. Можна варијанта на оваа игра е опцијата учениците да сто­јат само на една нога, клекнати на едно колено или свртени со грб при извршување на наредбите од страна на наставникот. Со тоа наредбите од наставникот ќе се прават забавено, додека пак одењето до топката ќе биде отежнато, но и позабавно.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се Кој дел од играта ви беше следат наредбите од нас-­­ најинтересен? тавникот? Дали играта ви беше забавна? Што ви беше најлесно, а што најтешко?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат во две колони (најмногу 6

Наставникот стои на почетокот на двете колони и треба

– 8 ученици во една колона) и притоа се наредени едни спроти други. Учениците треба да бидат клекнати на колена или да лежат на стомак.

да каже: „Слушај добро!“ и кажува еден дел од телото или: „Слушај добро, топка“.

Во празниот простор помеѓу двете колони се мести една редица на топки (по една топка за секој пар од двете колони) оддалечена од двете колони на растојание од 3 метри.

Оние ученици што нема да успеат доволно брзо да ја спроведат наредбата или нема да успеат да ја земат топката излегуваат од игра додека на нивно место влегуваат ученици од публиката.

Целта на играта е брза реализација на наредбите и брза ротација на сите ученици.

67


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Зајачки скок ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Групна кохезија.

РЕКВИЗИТИ: /

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, тимовите треба да бидат етнички и родово балансирани.

68

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Откако на теренот ќе се обележат линијата за старт и линијата за цел, наставникот ги дели учениците на три групи од по пет ученици, кои се редат во колони на линијата за старт. ПРВ ЧЕКОР: Првиот ученик од групата скокнува од место во далечина, се исправува, а во тој момент, следниот ученик од колоната, позициониран на линијата за старт, со трчање треба да се

позиционира до првиот ученик и да скокне во далечина. Ова се повторува сè додека групата не ја премине линијата за цел. ВТОР ЧЕКОР: Откако ќе завршат со првата активност, учениците повторно на знак на наставникот започнуваат со втората активност во која важат истите правила, со тоа што сега учениците држат топка во рака кога ги прават скоковите во далечина. Откако првиот ученик го изведува својот скок и се исправува, има за задача да му ја подаде топката на следниот ученик што стои на линијата за старт. Победник е онаа група што прва ќе ја премине линијата за цел.

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се ско- Кој ученик скокна најдалека од место во далечина? ку? Дали беше тешко да се ско- Дали би смениле нешто во ка од место во далечина со оваа игра? топка во раце?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На теренот се обележуваат линија за старт

Првиот ученик од групата треба да скокне од место во дале-

и линија за цел, кои треба да бидат на растојание 8 – 10 метри.

чина, да се исправи, а следниот ученик од колоната, позициониран на линијата за старт, со трчање треба да се позиционира до претходниот ученик и да скокне во далечина.

Учениците се делат на три групи од по 5 ученици и се редат во колони на линијата за старт.

Постапката се повторува сè додека една група не стигне до линијата за цел.

Победник е онаа група што прва ќе ја помине линијата за цел.

69


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Змија со топки ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Тимска работа, соработка и интеракција.

РЕКВИЗИТИ: Топки, корнети.

АЛТЕРНАТИВА: Пластични шишиња.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Играта може да се игра во поголеми затворени и отворени простори како спортска сала и училиштен двор. На теренот се поставуваат најмалку 5 пречки за секоја колона. Пред да започне активноста, наставникот ги дели учениците на 3 групи од по 6 ученици и тие формираат колони, т.е. „змии“. Откако ќе се поделат во групи, на учениците им се дава од 1 - 2 минути за да направат стратегија како најбрзо да ја постигнат целта.

Наредени во колони, учениците ги позиционираат топките помеѓу себе, а наставникот дава знак кога колоните треба да започнат со натпреварувањето. Колоната треба координирано да се движи низ пречките без да се дозволи да падне некоја од топките. Kога една од топките во рамки на една колона ќе падне на земја, колоната треба да застане, повторно да ги намести топките и да продолжи кон целта. Колоната постојано треба да биде во комуникација и да усвои едно темпо на движење сè до пристигнување на целта. Победник во оваа игра е онаа колона што најбрзо ќе ги помине пречките и ќе стигне до целта заедно со сите топки.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, колоните треба да бидат етнички и родово мешани.

70

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се одр- Што ви беше најтешко за жуваат топките додека се времетраење на играта? движевте низ пречките? Дали би смениле нешто во Дали успеавте добро да се оваа игра? координирате?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На теренот се местат најмалку 5 пречки на одредено растојание за секоја колона.

Се формираат најмногу 3 колони од по 6 ученици.

Помеѓу секој ученик се поставува по една топка што се позиционира на ниво на градниот кош, т.е. грб на секој ученик.

Формираните колони треба да се движат низ поставените пречки.

Kога една од топките во рамки на една колона ќе падне на земја, колоната треба да застане, повторно да ги намести топките и да продолжи кон целта.

Онаа колона што ќе успее да ги помине поставените пречки и ќе стигне најбрзо до целта се смета за победник.

71


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Гаѓање на обрач во движење ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, комуникација.

РЕКВИЗИТИ: Топки, хулахопи.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, паровите и групите да бидат етнички или родово мешани.

72

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со наставник од друг наставен јазик, дава инструкции за активноста со помош на некој од учениците. Понатаму, учениците се делат на групи и освен тоа се избираат парови од ученици во зависност од тоа колку групи ќе има. На групите им се дава 1 – 2 минути да се договорат за стратегија како најбрзо можат да ја постигнат целта. 1 ЧЕКОР: Протнување со рака Активноста започнува со тоа што сите групи се наредени во колона, додека паровите што ќе го тркалаат хулахопот стојат спроти нив на оддалеченост од 2 метри. На знак на наставникот започнува првиот ученик во колоната, додека парот што го држи хулахопот го тркала од една на друга страна.

Првиот ученик со раце фрла кон хулахопот, трудејќи се да погоди во средината. Доколку ученикот ја протне топката во средината, добива два поени, а доколку го погоди хулахопот добива еден поен. Активноста завршува со тоа што последниот ученик во колоната ќе заврши со фрлање на топката. Победник е групата што ќе има најмногу поени. Наставникот определува ученик што ќе ги внесува поените од паровите. 2 ЧЕКОР: Протнување со нога Откако ќе се заврши со првата активност, учениците повторно на знак на наставникот започнуваат со втората активност во која важат истите правила, но со тоа што сега со нога фрлаат кон хулахопот.

РЕФЛЕКСИЈА: Како успеавте да се коор- Што ви беше позабавно, со динирате во групата? рака или со нога? Што ви беше најтешко, а што Што мислите дека треба да најлесно? се подобри за да биде играта уште поинтересна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се избираат парови што ќе го тркалаат хулахо-

Во оној момент кога ќе заврши едниот играч, тогаш започ-

пот од една на друга страна во зависност од тоа колку групи ќе има (една група е составена 4 – 6 ученици).

нува другиот сè додека не се стигне до последниот во колоната.

Победник е онаа група што ќе има најмногу поени.

Учениците треба да го погодат хулахопот (еден поен) или да фрлат низ хулахопот (2 поени) со рака/нога.

73


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Пат околу светот ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училитшен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, јакнење на тимскиот дух, соработка, комуникација.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што зборува друг наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата активност и заеднички ја демонстрираат. Понатаму, учениците ги де­лат на групи. Откако ќе се поделат на групи, им се дава можност 1 – 2 минути да направат стратегија како најбрзо ќе се постигне целта. Активноста започнува со тоа што учениците по групи фор-

мираат круг во кој се свртени кон центарот и се клекнати на колена. Наставниците избираат кои ученици ќе бидат први и им ја даваат топката да започнат со играта. Првиот ученик ја зема топката во раце и трча околу кругот најбрзо што може. Кога се враќа му ја предава топката на следниот од негова десна страна и сè така додека да се стигне до последниот ученик во групата. Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши играта.

Топка.

АЛТЕРНАТИВА: Конус, корнет, балон.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите треба да бидат етнички и родово балансирани.

74

РЕФЛЕКСИЈА: На кој начин успеавте да Дали играта ви беше забавна? се координирате во гру- Што ви беше најтешко, а што пата за да ја завршите најлесно? најбрзо играта?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи (по можност 8 – 10 ученици во група).

Учениците се наредени во посебен круг свртени кон центарот и клекнати на колена.

Првиот ученик ја зема топката во раце и трча

Во оној момент кога ќе заврши едниот играч започнува другиот, сé додека не се стигне до последниот ученик во групата.

Победник е онаа група што најбрзо ќе ја заврши актив­ носта.

околу кругот најбрзо што може.

75


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Тимски хулахоп ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, зајакнување на тимскиот дух.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата активност и заеднички ја демонстрираат. Понатаму, учениците се делат во 2 групи и им се дава 1 – 2 минути да се договорат за стратегијата како најдобро ќе ја постигнат целта. Групите се редат во линија свртени едни спроти други на растојание од два метри. На знак на наставникот, први-

от од секоја група започнува со тоа што го провлекува хулахопот со рацете од нозете кон главата, му го додава на следниот ученик до него и тој го навлекува од главата кон нозете. Со активноста продолжува секој следен ученик наизменично сè додека не се стигне до последниот во колоната. Победник е онаа група кај која хулахопот најбрзо ќе стигне до крајот, а притоа точно се завршени сите задачи.

Хулахопи.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

76

РЕФЛЕКСИЈА: Што ви беше најтешко, а Дали запознавте нови друшто најлесно? гарчиња? Дали играта ви беше забавна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат во две групи. Групите се наредени во линија и се свртени едни спроти други на растојание од два метри.

Првиот од колоната започнува со провлекување на хулахопот со рацете од нозете кон главата, додека вториот продолжува од главата кон нозете и така наизменично сè до последниот ученик во колоната.

Победник е онаа група кај која хулахопот прво ќе стигне до крајот.

77


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Најди ја топката ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија и комуникација.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на нас-­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. На самиот почеток се поставуваат реквизитите и се делат учениците на две групи во парови. Учениците во рамки на секој пар сами треба да одлучат кој ученик ќе дава наредби, а кој ученик ќе ги спроведува наредбите. Парот тргнува од линијата за старт

и се движи кон првиот хулахоп во кој е позиционирана топка. Ученикот треба да ја земе топката и да ја пренесе до вториот хулахоп. Откако ќе ја пренесе топката до вториот хулахоп, парот треба да се врати на линијата за старт повторно преку наредби со допир на грб. Групата чии парови најбрзо ќе ја поминат патеката се сметаат за победници.

Хулахопи и лесни гумени топки.

РЕФЛЕКСИЈА: АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку постои можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

78

Како успеавте да се коорди- Кој дел од играта ви беше нирате во групата? најинтересен? Што ви беше најлесно, а што најтешко?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: На просторот на којшто ќе се реализира играта

Ученикот што му дава

Откако парот ќе ја пренесе топката

се обележува линија за старт, додека на растојание од 2 метри од линијата за старт се поставуваат 2 хулахопи во кои се позиционира по една топка.

наредби на уче­­никот со покриени очи треба без зборување да го води ученикот од линијата за старт до првиот хулахоп од каде што треба да ја земе топката и да ја однесе до вториот хулахоп.

од првиот хулахоп до вториот хулахоп, треба да се врати назад до следниот пар од групата што треба да ја помине патеката на истот начин. Додека првиот пар се враќа кон вториот пар, наставникот треба да ја врати топката од вториот во првиот хулахоп.

На растојание од 3 метри од првиот пар хулахопи се поставува уште еден пар хулахопи.

Се избираат 2 групи и се делат на парови, од кои едниот ученик треба да се движи по патеката со покриени очи, додека другиот ученик му дава наредби преку допир на грб.

Победник во играта е онаа група чии парови најбрзо ќе ја поминат патеката.

79


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Сонце и месечина ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училница, училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Концентрација и соработка во парови.

РЕКВИЗИТИ: /

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. Откако наставникот ќе избере ученик што треба да извикува „сонце“ или „месечина“ кон учениците групирани во парови, тој се позиционира пред паровите што се свртени кон него. Избраниот ученик може да извикува „сонце“ или „месечина“, при што на извикот „сонце“ паровите треба

да стојат исправено, додека при извикот „месечина“ паровите треба да клекнат. Избраниот ученик и наставникот одлучуваат кои парови споро или погрешно постапиле по зададената наредба и тие ја напуштаат играта. Темпото на извикување на наредбите може да варира од брзо до споро и при тоа може да се повторува една иста наредба во неограничен број. Оној пар со ученици што ќе остане последен во групата се смета за победник.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, паровите треба да бидат етнички и родово мешани.

80

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се следат наредбите од страна на избраниот ученик? Дали беше потребно да го гледате избраниот ученик во лице за да ги следите неговите наредби?

Дали беше тешко да се игра играта во парови? Дали би смениле нешто во оваа игра?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Наставникот избира еден ученик што дава наредби на групата.

Наставникот избира еден ученик што извикува „сонце“ или „месечина“ кон учениците групирани во парови.

Избраниот ученик се позиционира пред останатите ученици што се свртени кон него и што имаат за задача да ги следат неговите наредби што е можно побрзо.

Избраниот ученик користи две

Избраниот ученик и наставни-

наредби и тоа „сонце“ или „месечина“, при што при наредбата „сонце“ паровите треба да стојат исправено, додека при наредбата „месечина“, паровите треба да клекнат. Во текот на целата игра, избраниот ученик, без разлика на тоа каква наредба издава, постојано стои.

кот одлучуваат кои парови од групата споро или погрешно постапиле по наредбата зададена од избраниот ученик. Тие парови ја напуштаат играта.

Избраниот ученик продолжува со наредбите сè додека не остане само еден пар, кој се прогласува за победник.

81


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Над, под, околу и низ ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Оваа игра може да се реализира во училница, училиштен двор или во училишна сала.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, соработка и концентрација

РЕКВИЗИТИ: Јажиња, марамчиња.

АЛТЕРНАТИВА: /

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, со помош на друг наставник од различен наставен јазик или ученик што го зборува другиот наставен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата игра и заеднички ја демонстрираат. За оваа игра се препорачува повторување на 4-те движења неколку пати пред започнување на играта, со цел учениците добро да го запаметат редоследот. Откако ќе се формираат неколку групи од по тројца ученици, на секоја група се доделуваат две кратки јажиња или марамчиња што двајцата ученици треба да ги држат во зададената позиција, додека третиот ученик од групата изведува брзи движења над јажињата, под нив, прави круг околу двајцата ученици и низ јажињата.

Двајцата ученици од групата прво ги спуштаат двете јажиња до земја, додека третиот ученик треба да помине над нив. Потоа двајцата ученици ги креваат двете јажиња високо на себе за да може третиот ученик да помине под нив. Потоа третиот ученик има за задача да направи еден круг околу двајцата ученици и на крај двајцата ученици ги разделуваат двете јажиња (едното јаже го симнуваат долу до земја со едната рака, додека другото јаже го креваат високо над себе со другата рака за да може третиот ученик да се протне низ двете јажиња). Победник е онаа група што последна ќе остане во игра.

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите од по тројца ученици треба да бидат етнички и родово мешани.

82

РЕФЛЕКСИЈА: Дали беше лесно да се Дали играта ви овозможи да запамети редоследот на запознаете нови ученици? 4-те движења во играта? Дали би смениле нешто во оваа игра?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Се формираат неколку групи од по тројца ученици.

На секоја група се доделува две кратки јажиња или марамчиња, кои двајцата ученици треба да ги држат во зададената позиција, додека третиот ученик од групата изведува брзи движења над јажињата, под јажињата, прави круг околу двајцата ученици и низ јажињата.

Играта мора да се реализира според наведениот редослед (над, под, околу и низ) и секое прекршување на редоследот во изведувањето на движењата води кон елиминирање на таа група од играта.

Согласно со наведените правила, групите имаат за цел што е можно побрзо да ги спроведат 4-те движења, т.е. да ги завршат движењата побрзо од другите групи.

Онаа група што најбавно ќе

ги спроведе движењата или нема да ги спроведе движењата според утврдениот редослед (над, под, околу и низ) излегува од игра. Победник е онаа група што последна ќе остане во игра. Наставникот има улога да одлучува која група е најбавна и излегува од игра при секоја рунда од оваа игра.

83


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Фудбал со рака по земја ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, тимска работа и комуникација.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, заедно со нас­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции за активноста со помош на некој од учениците.

На знак на наставникот се започнува со играта и групите играат фудбал со тоа што топката се додава исклучиво со рака по земја.

Понатаму, учениците се делат на групи и се позиционираат на теренот на којшто ќе играат фудбал. Доколку бројот на ученици е поголем, може да се прави промена на секои 5 минути и таа група што е победник да остане да игра, а другата група да биде во публика.

Притоа, со оглед на тоа што нема голман, учениците можат да даваат голови на двата гола.

Топки, маркери во различни бои.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите да бидат етнички или родово мешани.

84

По истекот на 5 минути, се вметнува уште една топка и групите продолжуваат да играат. Победник е онаа група што ќе има најмногу голови.

РЕФЛЕКСИЈА: Како успеавте да се коор- Што мислите дека треба динирате во групата? да се подобри за да биде играта уште поинтересна? Што ви беше најтешко, а што најлесно?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи (eдна група 6 – 8 ученици).

На просторот каде што ќе се игра играта се обележуваат 4 помали голови или, доколку нема таква можност, може само на два гола.

На една група припаѓаат по два гола.

Учениците играат фудбал со тоа што топката се додава исклучиво со рака по земја.

Оние ученици што ќе ги употребат нозете ќе испаднат од игра.

Во оваа игра нема голман и учениците можат да даваат голови на двата гола.

Победник е онаа група што ќе има најмногу голови.

85


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Лев фудбал ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, тимска работа и комуникација.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, заедно со нас­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции за активноста со помош на некој од учениците. Понатаму, учениците се делат на групи и се позиционираат на теренот на којшто ќе играат фудбал. Доколку бројот на ученици е поголем, може да се прави промена на секои 5 минути и таа група што е победник да остане да игра, а другата група да биде во пуб­ лика.

На знак на наставникот се започнува со играта и групите играат фудбал со тоа што топката се додава исклучиво со лева нога. Оние ученици што ќе ја употребат десната нога треба да испаднат од игра. Притоа, со оглед на тоа што нема голман, учениците можат да даваат голови на двата гола. Победник е онаа група што ќе има најмногу голови.

Топки, маркери во различни бои.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите да бидат етнички или родово мешани.

86

РЕФЛЕКСИЈА: Како успеавте да се коор- Што мислите дека треба динирате во групата? да се подобри за да биде играта уште поинтересна? Што ви беше најтешко, а што најлесно?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи (eдна група 6 – 8 ученици).

На просторот каде што ќе се игра играта се обележуваат 4 помали голови или, доколку нема таква можност, може само на два гола.

На една група припаѓаат по два гола.

Учениците играат фудбал со тоа што топката се додава исклучиво со лева нога.

Оние ученици што ќе ја употребат десната нога ќе излезат од игра.

Во оваа игра нема голман и учениците можат да даваат голови на двата гола.

Победник е онаа група што ќе има најмногу голови.

87


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Фудбал во парови ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, тимска работа и комуникација.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, заедно со нас­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции за активноста со помош на некој од учениците. Понатаму, учениците се делат на групи и се позиционираат на теренот на којшто ќе играат фудбал. Откако ќе се поделат во групи, на учениците им се дава 1 – 2 минути да се поделат по парови во нивните групи.

На знак на наставникот се започнува со играта и групите играат фудбал со тоа што паровите во самата група се движат низ теренот, држејќи се за раце и притоа не смеат да се раздвојуваат. Победник е онаа група што ќе има најмногу голови.

РЕКВИЗИТИ: Топки, маркери во различни бои.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, паровите и групите да бидат етнички или родово мешани.

88

РЕФЛЕКСИЈА: Како успеавте да се коор- Што ви беше најтешко, а што динирате со парот? најлесно? Како успеавте да се коор- Што мислите дека треба динирате во групата? да се подобри за да биде играта уште поинтересна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на групи (eдна група 8 – 10 ученици).

Во самата група учениците се делат на парови. На просторот каде што ќе се игра играта се обележуваат 2 помали гола.

Учениците играат фудбал со тоа што паровите во самата група се движат низ теренот, држејќи се за раце и притоа не смеат да се раздвојуваат.

Во оваа игра нема голман. Победник е онаа група што ќе има најмногу голови.

89


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Ноготенис во парови ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 15 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Соработка, тимска работа и комуникација.

РЕКВИЗИТИ: Топки, маркери во различни бои.

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставникот, заедно со нас­ тавник од различен наставен јазик, дава инструкции за активноста со помош на некој од учениците. На самиот почеток се обележува просторот на којшто ќе се игра играта. Просторот се состои од две зони (2 – 4 м). Понатаму, учениците се делат на парови. На знак на наставникот, паровите започнуваат со играта. Сервирањето го изведува еден од учениците во паровите од надворешната страна на

обележаната линија. Учениците играат тенис со тоа што ја префрлаат топката со нога кон другата страна. Топката треба еднаш да падне на теренот, па потоа да се префрли со нога на другата страна само со еден допир. Исто така, топката не смее да падне надвор од теренот. Секој сервис се игра за поени, а еден сет завршува со постигнати 21 поен. Парот што е победник продолжува понатаму да игра со оној пар што е во публиката.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, паровите и групите да бидат етнички или родово мешани.

90

РЕФЛЕКСИЈА: Како успеавте да се коорди- Што мислите дека треба нирате со парот? да се подобри за да биде играта уште поинтересна? Што ви беше најтешко, а што најлесно?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат на парови. На просторот каде што ќе се игра играта се обележува терен што ќе има 2 зони (2 – 4 м).

Учениците играат тенис со тоа што ја префрлаат топката со нога кон другата страна.

Сервирањето се изведува од надворешната страна

Топката треба еднаш да падне на теренот, па потоа да се префрли со нога на другата страна само со еден допир.

Топката не смее да падне надвор од теренот. Секој сервис се игра за поени, а еден сет завршува со постигнати 21 поен.

на обележаната линија.

91


НАСЛОВ НА АКТИВНОСТА:

Низ обрач ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТА: 10 минути.

ПРОСТОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Играта може да се реализира во училишна сала или во училиштен двор.

ЦЕЛИ: Групна кохезија, зајакнување на тимскиот дух.

РЕКВИЗИТИ:

ОПИС НА АКТИВНОСТА: Наставикот, со помош на друг наставник од различен нас­ тавен јазик, дава инструкции како ќе се одвива самата активност и заеднички ја демонстрираат. Откако учениците ќе се поделат во 2 групи и ќе се обележи линија за старт и цел, групите треба да се наредат во колони и пред секоја колона се остава по еден хулахоп. На знак на наставникот, првиот ученик од колоната го зема хулахопот и го држи испра-

вено на земја, при што останатите ученици во колоната мораат да се провлекуваат низ него. Кога сите ученици ќе се провлечат, ученикот што го држи хулахопот му го носи на првиот ученик од колоната и се враќа назад на крајот од колоната. Колоната треба да се провлекува низ хулахопот на наведениот начин сè додека не стигне до целта. Победник е онаа група што најбрзо ќе успее да ја изврши задачата.

Хулахопи.

АЛТЕРНАТИВА: /

ПРЕПОРАКА: Доколку има можност, групите треба да бидат етнички и родово мешани.

92

РЕФЛЕКСИЈА: Што ви беше најтешко, а што Дали запознавте нови дру­­ најлесно? гарчиња? Дали играта ви беше забавна?


НАСОКИ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА: Учениците се делат во групи (6 – 8 ученици) додека на теренот се обележува линија за старт и цел.

Групите се наредени во колона. Пред секоја колона стои хулахоп при што првиот ученик од колоната го држи хулахопот, додека другите ученици треба да се провлекуваат низ него и повторно да се редат во колона.

Кога сите ќе се провлечат, играчот што го држел хулахопот му го носи на првиот ученик од колоната и се враќа на крајот од колоната. Колоната продолжува да се провлекува низ хулахопот на истиот начин сè додека колоната не стигне до линијата за цел.

Победник е онаа група што најбрзо ќе успее да стигне до линијата за цел.

93


ЗАКЛУЧОК Во текот на три години во периодот 2012 – 2015 година, од вкупно 28 повеќејазични училишта коишто припаѓаат на 25 општини, со учество на вкупно 120 наставници и 1300 ученици, низ повеќе од 500 часови поминати на терен, беа реализирани спортски активности и забавни игри исполнети со меѓусебно дружење, соработка и забава меѓу учениците од различни етнички заедници. Искуството на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието при спроведување на овие игри покажува дека се создава атмосфера исполнета со спортски дух, разиграност и уживање, како за учениците така и за наставниците и за публиката. Низ овие игри се создава силна групна кохезија и се отвораат поголеми можности за поинтензивна натамошна комуникација и социјализација. Ефектот од овие игри е непроценливо голем, јасен и видлив. Мостовите на дружење и спријателување меѓу учениците и наставниците, кои потекнуваат од различни етнички средини, се зајакнуваат во заедничкиот пат насочен кон намалување на постојните бариери и стереотипи. Несомнено е дека е потребно на овој вид спортски активности и забавни игри да им се даде голема поддршка од страна на училиштата и општините при нивно натамошно организирање.

94

Структурата на Прирачникот е приспособена за да можат наставниците лесно да одлучат кои игри ќе ги вметнат во своите часови во рамки на редовната и воннаставната програма. Прирачникот содржи 40 игри, кои нудат сеопфатна забава, дружење преку физички активности, a најважно од сè социјализација помеѓу учениците од различни етнички средини. Иако Прирачникот содржи игри дефинирани според конкретни правила на игра, тие може да се изведуваат во различни варијации, согласно со потребите и достапните реквизити во училишната средина.

ТИМОТ НА ПМИО ВЕРУВА ДЕКА ОВОЈ ПРИРАЧНИК ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ДА ГИ ОРГАНИЗИРААТ СПОРТСКИТЕ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВНИ ИГРИ НА НАЧИН ШТО ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ЗАПОЗНАВАЊА И ПРИЈАТНИ ДРУЖЕЊА НИЗ ИГРА ВО НАСОКА НА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ШТО ПОТЕКНУВААТ ОД РАЗЛИЧНИ ЕТНИЧКИ СРЕДИНИ.


95


96


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.