ЗА ПРОГРАМАТА USA HIGH SCHOOL PROGRAM е 5 или 10 месечна академска програма со вклучен куќен престој, која им овозможува на учениците од средните училишта да посетуваат локално средно училиште во САД и да живеат во семејство домаќин. USA HIGH SCHOOL PROGRAM е образовна програма и програма за културна размена што им овозможува на учениците единствена можност да се здобијат со искуството на едукација и живеење во САД.
За поголемиот дел од вас ова ќе биде прв пат да поминете една година далеку од родниот крај. Искуството кое што ќе го стекнете ќе биде од големо значење за вас во понатамошниот живот, ќе станете посигурни и посамостојни, ќе развиете нови Стекнатото знаење на англискиот јазик по интереси, и ќе ја развиете способноста за завршувањето на учебната година ќе ви препознавање на нови шанси и предизвици. биде на ниво кое тешко би го достигнале со редовни часови и курсеви по англиски јазик. Како учесник на оваа програма ќе го живеете животот на американскиот тинејџер. Ќе Вашиот престој во Америка ќе го промени и ќе стекнете нови пријатели, школски другари, ви го прошири погледот на светот. Тоа нема професори … Дружењето со американските да биде продолжен одмор туку вистински врсници како во школо така и надвор од живот во друга земја. Не само што ќе научите школото, ќе ви овозможи да стекнете многу за американскиот начин на живот, пријатели што траат за цел живот. туку ќе се запознаете и самите себе.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО Сите учесници на оваа програма мора да бидат на возраст меѓу 15 и 18 години во времето на нивното пристигање во САД. Мора да имаат 15 пред да влезат во САД и не смеат да имаат повеќе од 19 пред 1 Февруари во програмската година. Сите учесници на оваа програма мора да бидат редовни ученици во средно училиште во матичната земја кои се уште го немаат комплетирано средното образование. Сите учесници на програмата мора да имаат познавање на англискиот јазик кое ќе биде проверено преку тестови и индивидуални документи од страна на Аурора Турс.
Она што е посебно важно за оваа програма е тоа што ќе станете амбасадор на својата земја. Можеби ќе бидете единствениот учесник од Македонија што фамилијата, школските
пријатели и професори имале прилика да ги запознаат. Вие ќе бидете тие што ќе им ја претставите нашата земја, култура, обичаи и традиции.
ЗА УЧИЛИШТЕТО Училиштата што се предвидени во оваа Програма се државни и нудат квалитетен наставен план и програма која ќе ви обезбеди вредно образовно искуство Американскот образовен систем предвидува од 8 до 10 наставни предмети во текот на целата учебна година, од кои два се задолжителни (американска историја и англиски јазик), а останатите предмети се изборни. Во училиштето ќе имате можност да изберете предмети коишто можеби не сте можеле да ги учите во своето училиште, а во самиот избор ќе ви помогне училишниот советник. Сите ученици по завршувањето на учебната година добиваат сертификат за завршена една учебна година, како и транскрипт со оценки, а одредени училишта доделуваат и диплома дека ученикот завршил во средно американско училиште.
Имајќи предвид дека една година ќе учите на англиски јазик, а ќе го користите јазикот и надвор од училиштето, ќе бидете изненадени колку брзо ќе го совладате. Стекнатото знаење на англискиот јазик ќе ви биде на ниво кое тешко би можеле да го постигнете со редовни часови и додатни курсеви во матичната земја. По завршувањето на Програмата ќе ја воочите вредноста на стекнатото знаење и искуство во САД. Поголемиот дел на американските училишта нудат можност за додатни активности како спорт, музика, школски весници, странски јазици итн.
ЗА СЕМЕЈСТВОТО ДОМАЌИН Семејството-домаќин во коешто ќе престојувате е избрано од американската фондација International Student Exchange според многу строги критериуми, а вие сте избрани од семејството според вашата апликација. Семејствата во САД примаат ученици на размена на волонтерска основа, а за возврат не добиваат паричен надомест. Како што е Америка една од најразличните земји во светот, каде што секоја држава, регион и град имаат свои специфичности, така и семејствата се многу различни. Она што ги поврзува е желбата да запознаат нова земја, култура, обичаи, па поради тоа се одлучуваат и на овој чекор, односно да вдомат ученик на размена. Како учесник на оваа Програма ќе станете член на американско семејство коешто ќе ви дава поддршка во текот на целиот престој во Америка. Додека престојувате во нивната куќа вие нема да бидете гостин, туку рамноправен член на семејството. Ќе уживате во семејните прослави, празници, културни
активности и рекреации. Ќе учествувате во бројни активности и ќе се чувствувате како вистински американски тинејџер. Вашите американски родители ќе ве запознаат со правилата што мора да ги почитувате, а кои се однесуваат на куќните обврски дома и на училиште, за правилата на излегување и патување. Како член на семејството ќе ги уживате сите права, но и обврски како и останатите членови на семејството. Американците уште од мали нозе ги учат своите деца на самостојност и ги вклучуваат во домашните обврски, па така може и од вас да се бара да си ја одржувате својата соба, да помогнете околу домот и да ги прифатите другите обврски како и останатите членови на семејството.
КООРДИНАТОР Локалниот координатор е личност која е ангажирана од фондацијата International Student Exchange и која е таму да се грижи за вас, да ве советува и помага при решавање на какви било проблеми за време на вашиот престој во САД. Вашиот координатор ќе биде во постојан контакт со вас и со семејството, а редовно ќе го проверува и вашиот напредок во училиштето. Важно е вашиот однос да биде искрен и отворен со цел изнаоѓање заедничко решение за евентуално настанатиот проблем.
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР Потребните чекори за остварување на вашиот сон
Аплицирање за учество на Програмата Многу е важно внимателно да ја пополните апликацијата. Врз основа на приложените информации ќе ви биде определено семејството-домаќин.
Аплицирање за виза За престојот во Америка потребно е Ј1 виза. Освен предвидените документи, DS-2019 формуларот е еден од документите што ви е потребен за аплицирањето за визата.
Прифаќање Откако Агенцијата ќе ја разгледа апликацијата и доколку сите услови се исполнети, ќе бидете прифатени на Програмата.
Подготовка за патувањето Пред да ја почнете новата школска година во Америка, ќе ви организираме ориентациска програма со цел да ги знаете условите кои треба да ги почитувате за време на вашиот престој во Америка.
Наоѓање на семејство-домаќин Агенцијата наоѓа семејство-домаќин и училиште кои одговараат на вашиот профил. Ќе ви бидат испратени основни информации за нив. Вие треба да го остварите првиот контакт преку електронска пошта или телефонски со цел да се запознаете подобро.
Добредојде По пристигнувањето во нова средина, срдечно ќе бидете пречекани од страна на новото семејство.
Поддршка на ученикот Вашиот координатор ќе го закаже првиот состанок со вас и ќе ви ја даде потребната поддршка и помош за време на Програмата. Поддршка од родителите Во случај да ви притребаат, претставниците од агенцијата Аурора Турс ќе бидат на располагање на вашите родители. Општествен живот Семејството-домаќин, координаторот и советникот од училиштето ќе придонесат за да се чувствувате удобно во новата средина. Вклучувајќи се во вонучилишните активности ќе се стекнете со нови знаења и искуства, ќе создадете и ќе го проширете кругот на пријатели. Враќање дома Успеавте! Ја завршивте учебната година, станавте дел од прекуокеанското семејство и се стекнавте со нови знаења и пријатели.
ПОБОГАТИ СТЕ ЗА ЕДНО ЖИВОТНО ИСКУСТВО!!!