design tanec report

Page 1

ГОДИШНИК АМБАСАДОРИ Избор од активностите на „Танец“

2005



Драги наши, Еве не со вториот број на нашиот ГОДИШНИК. Кога го промовиравме рековме дека, освен што ќе биде простор во кој ќе потсетуваме на некои од легендите на Танец, на оние по малку подзаборавени, но незаборвани ликови на таа блескава историја, тој, годишникот, ќе биде место на кое низ прегледот на сето она што сме го направиле во текот на годината ќе дадеме своевиден отчет за степенот на совпаѓањето на прокламираното и оствареното, вербалното и практичното. Се најдовме во една необична ситуација: реализираното да биде поголемо и пообемно од ветеното, оствареното - од планираното. Ќе се согласите, - нетипична состојба, ми се чини не само за нашава земја, не само за балканските простори, ами и пошироко. И, сега, дали да се жалиме што просторот што следува нема да биде доволен да се претстават ни приближно активностите, или да се радуваме што е така и да се надеваме дека идната година ќе се најдеме пред предизвикот бројот на страниците на ГОДИШНИКОТ да биде поголем? Решивме овој пат акцентот да го ставиме на најобемниот и најсеопфатниот, најинтензивниот и најефектниот дел од нашата едногодишна продукција: гостувањата во странство, односно презентацијата и афирмацијата на македонскиот фолклор и македонската култура во големите или најголемите европски културни центри. По годините на апатија, по годините на „малаксаност“, по годините на „мамурлак“ дојде времето на освестување кај сите нас:

од членовите на ансамблот до највисоките органи во Македонија што водат сметка за претставување на македонската култура надвор од нејзините граници. Благодарение на ова „Танец“ изминатава година на тој план оствари онолку колку што не остварил во претходната деценија и предизвика (позитивни) ефекти онолку колку што не предизвикале многу други поединци и институции заедно. Тоа не беше лесно. Тоа, можеби, не беше ни ефтино. Но, пријатно е задоволството ако по „враќањето од пазар“ утврдите дека парите не ви отишле во ветер, и дека сте купиле нешто исклучително корисно за себе и за своето семејство. Ние, токму така, го носиме уверувањето дека „од пазар се враќаме со подолги ракави“, односно дека постигнатото е далеку повредно од вложеното. Впрочем, затоа и годината ја „врамивме“ со две, често пати вербално изречени, но овој пат и практично добиени признанија: АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА. Надвор од описот во овој годишник, но не и надвор од нашиот работен фокус, останаа истражувањата, подеталниот опис на подготвените кореографии и проекти, претставувањето на новите програмски подрачја со кои Танец го шири радиусот на своето репертоарско и концертно дејствување, напредокот во решавањето на инфраструкт урните проблеми. Но, не жалиме. Подобро е да ги има, а да мора да се премолчат, отколку спротивното. Нека ни е честита новата 2006 година.

IMPRESSUM: Издавач: Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „Танец“♦ Главен уредник: Марко Коловски ♦ Соработници: M арија Поповска, Кирил Тодевски (претседател на Управен одбор), Велика Стојкова ♦ Фотографии: архива на ансамблот „Танец“ ♦ Насловна страна: Фотографија на Борислав Стојковиќ од концертот на 08.08.2004 ♦ Графичко обликување: Методија Ачевски ♦ Печат: печатница „Миле“

Марко Коловски


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

В

о моментот кога „Танец“ се појави во преполната Универзална сала да го прими признанието „АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА“ што на својата традиционална манифестација “Оскар на популарноста“ го доделува РАДИО БУБА МАРА, ретко кој од нас можеше да претпостави дека годината што следува на најуверлив можен начин ќе го потврди ова звучно признание. Плановите за годината веќе беа скицирани, се знаеа клучните настапи, се наѕираше дека 2005 година ќе биде

ОД СТРУЧЕН АГОЛ

ВО ПОТРАГА ПО КОРЕНИТЕ Заокружување какво што доликува на реномираната и престижна манифестација Денови на македонската музика, и несомнено, негова целосна концепциска и идејна оправданост, заради враќањето кон корените на македонската музика, пред се, изворното народно творештво, како база од која постојано треба да се инспирира современото македонско творештво. Накратко, ова се впечатоците од обемниот и содржински издржаниот, премиерно, и специјално за Деновите на македонската музика, подготвен проект на нашиот

натамошен исчекор на ансамблот во секоја смисла, па и во насока на меѓународната презентација и афирмација на богатиот македонски фолклор, но дека тоа ќе биде година во која „Танец“ трчајќи ќе ги пакува куферите за да стигне од една до друга дестинација, дека тоа ќе биде година во која ќе се настапи во толку важни европски центри во колку што Танец не настапил во изминатите десет години заедно, - тоа не можеше да го претпостави никој. Дури ни луцидниот Игор Џамбазов кој во својата рубрика „Наша гордост“, некаде во фебруари, Танец уште еднаш, по кој знае кој пат го најави како најголемиот амбасадор на македонската култура кој што мора постојано да го обиколува светот за да може ефективно да ја извршува својата важна задача, значи, дури ни тој, веруваме, не можеше да претпостави дека следуваат месеци во кои ќе се случува токму тоа: раскошните дострели на македонскиот анонимен гениј, 4

2005 годишник - Ансамбл „Танец“

национален ансамбл за народни игри и песни -Танец, со кој се претстави на годинaшнава манифестација, и со чија реализација докажа дека е дораснат на уметничките перформанси, кои ги поседуваат врвните состави, колективи, од ваков вид, во светски рамки, кои во своите репертоари негуваат слични сценско-изведувачки дела. На проследувањето на кореодрамата насловена "За здравје и бериќет", во изведба на членовите на Ансамблот танец, артистите Шенка Колозова и Ванчо Петрушевски, направена врз идејата на познатиот сценки кореограф Стојче Каранфиловски - Дојчин, и под режисерската палка на Сашо Миленковски, му претходеше вообичаеното доделување на наградите на СОКОМ, и тоа оваа година за животно дело на Благој Цанев, за најдобро изведено дело во изминатава година

Сен Гурсен • Сермалон • Кајар • Орлеанс • Ларошер • Мондермарт • Ал Месина • Неапол • Аресо • Торино • Цитадикастело • Фиренца • Вен


АМБАСАДОРИ

Марија Поповска емитувано на Радио Скопје за"Охридската робинка Ташула" на композиторот Стојан Стојков и на ансамблот за современа музика "Алеа", за нивните концерти изведени надвор од земјава. Сево ова само го потенцира свечениот миг и значајноста на она што следуваше, речиси 90-сет минутниот сценскокореографски и драмски сублимат, омаж, на македонските народни обичаи и верувања, најзначајните во календарот на македонскиот човек, кој со векови наназад во синтагмата „за здравје и бериќет", ја гледал и се уште ја гледа поентата на својот опстанок и живеењето. Беше тоа, за дел од многуте присутни во салата на МОБ, откривање на мудроста и длабочината скриена во симболиката на нашите обичаи, верувања и народните игри, во нивното навидум лесно нижење на сцената, во драмско-кореографски и песнопоен вез, со логични премини од драмски секвенци, до најретките и оригинални обичајни песни отпеани од вокалниот состав на ансамблот Танец, и за публиката, повеќе познатите кореографски постановки изведени од играорниот кор. Ги проследивме зимските, пролетни, летни, се до есенските најзначајни моменти поврзани со борбата на луѓето за здравје и бериќет, наспроти силите на злото кои успешно драмски беа претставени на сцената и современо потенцирани со звучни ефекти, на кои повеќепати се навраќаше режисерот.

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

преточени во игра, песна, вез, да бидат предмет на восхит пред љубителите на уметноста низ цела Европа. Сè започна со прашањето: кој би бил најдобриот начин да се комплетира свеченоста на прогласувањето на македонскиот оперски пејач Борис Трајанов за уметник на мирот од страна на УНЕСКО и давањето почит на трагично починатиот претседател Борис Трајковски по повод годишнината од неговата смрт? Што е тоа што би било наприкладно за да се надополни тој емоционално набиен чин во големата сала на УНЕСКО во Париз? И сè продолжи со веројатно најдобрата проценка што можеа да ја направат надлежните во Министерството за култура: „Тешкото“ тој симбол на македонската вековна борба за опстојување на оваа почва, таа микропроекција на македонската историја, на тагата и болката, на копнежот и стремежот, тој мора да биде виден во срцето на УНЕСКО, особено и заради фактот што очекувавме

Песната и играта на членовите на ансамблот Танец, беше во преден план, како што и се очекуваше, овојпат посигурна од кога и да е, созреана во вокалните делници, исклучително сериозна и професионална во игрите и чекорите поткрената и со присуството на грст некогашни членови на ансамблот, а секако најтешкиот товар, но, и најбеспрекорно издржан, беше оној на оркестарот на Танец, под раководство на маестро Милан Зафков. Обмислен со секој сегмент, со сценска замисла, со соодветни на темата реквизити на сцената, постојано придржувајќи се до поентата, со полната сцена, во вид на генерациска лепеза, со внесувањето во содржината дури и на дечињата, како симбол на иднината и животот, проектот "За здравје и бериќет" на ансамблот за народни игри и песни на Македонија-Танец, беше многу повеќе од она што досега сме имале можност од него да видиме и чуеме, како нагорен квалитетен скок, и како зафат, што не само кореспондираше со содржините на годинешниве 29-ти Денови на македонската музика,туку и претставуваше една од неговите поквалитетни содржини.

лби • Тулуз • Женовa • Лион • Дриптихаузен • Милано • Рим • Палермо • неција • Ленинград • Талин • Рига • Шикалин • Москва • Ургон • Чоp •

2005 годишник - Ансамбл „Танец“

5


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

тоа највозбудливо македонско оро да биде прогласено за ремек дело на духовната култура на човештвото токму од страна на УНЕСКО. Возбудлив беше мигот кога пред илјадната публика, и одбрана и пробрана, `рзна тапанот и писна зурлата, возбудлива беше вчудовиденоста на високите претставници на светската асоцијација за заштита на културата пред достоинственоста и гордоста, пред совршената изведба на играорците на Танец. По концертот, - по концертот во фоајето на Унеско главна тема на кусиот коктел беше Тешкото и Танец, а другиот ден шефот на одделот за култура при Унеско, господинот Рик Смитс, восхитен од она што го виде, напиша писмо до Националната комисија за Унеско во кое на шест страници сугерираше како треба да се подобри доставеното досие за Тешкото. Беше тоа, навистина охрабрувачки знак. Периодот што следеше веќе наметна работа на три колосека: ревидирање на досието, подготовка на концертот за затворањето на најважната манифестација на македонските творци и уметници - „Деновите на македонската музика“ и подготовка за важните настапи на групата за изворно пеење и свирење во Виена и Љубљана. Мораше да се работи и брзо и ефикасно. Досието, благодарение на компетентната екипа што го подготвуваше (заради благодарност уште еднаш да ги спомнеме: К. Тодевски, Т. Димишковски, В. Робев, В. Стојкова, И. Татарчевска под раководсво на М. Коловски и со помош на уште низа мошне значајни личности: академиците П.М. Андреевски и Б. Ристовски,

ОД НАЈЧИСТИОТ ИЗВОР

“БИСТРИ ВОДИ“ Основната цел на Ансамблот “Танец“ е зачувување, негување, уметничко надградување и сценско презентирање на македонските народни песни и ора. Но, се чини дека до пред неколку години оваа цел најмногу се однесуваше на играорната македонска традиција, која во “Танец“ навистина се негува со посебен ентузијазам и уметнички и технички квалитет. Се негуваше и песнопојната традиција, но онаа “поновата“, “урбаната“, која сеуште на концертите на “Танец“ ја изведуваат врвни македонски народни пеачи. Од 2003 година, кога во рамките на манифестацијата “Денови на Македонската Музика“ “Танец“ имаше свој целовечерен концерт посветен исклучиво на изворната, необработена македонска музичка традиција, за прв пат се даде поголемо внимание и на оние “постарите“ песни. Песни кои народот ги пеел многу одамна, на празници и обреди, песни кои сега полека паѓаат во заборав, од едноставна причина повеќе никој не ги пее. Поттикнати од љубов и желба да се потсетиме и вратиме на корените, ние се обидевме да ги пронајдеме, научиме и отпееме токму тие наши “стари“ песни, песни кои говорат за Велигден и Ѓурѓовден, за Иванден и Лазаре, песни обредни, стари колку и нашите верувања во ини богови, песни заборавени од новите генерации, а веќе магливи во сеќавањето на постарите. Се обидовме, и успеавме, тоа го кажа публиката, критиката, но и ние самите кои ја започнавме оваа нова традиција во Танец. Од тогаш, дел од вокалниот состав на “Танец“ се посвети на првичната цел на Ансамблот, негување на изворната традиција, негување на изворната песна. Одтаму произлезе и еден нов состав кој од годинава 2005, веќе со сигурност се потврди како единствен од ваков вид во Македонија. А се вика едноставно “Бистри Води“ бидејќи е чист и бистар, со песни од најдлабоките наши корени. “Бистри Води“ има 6 постојани членови и свои постојани гости. Тоа е мешан состав чии репертоар е веќе подготвен за целовечерни концерти кои со голема успешност и ги дава. Материјалот се бара и наоѓа на терен, во архивите на МРТВ и Институтот за фолклор “Марко Цепенков“, од искуствата на самите членови на групата од кои сите на некој начин се занимаваат македонскиот музички фолклор. Внимателно се преслушува секој тон, збор и се внимава на автентично и оргинално презентирање на секој стил. Македонија е земја богата со фолклор, а песната во секој регион, па и во секое село го изразува менталитетот на народот. Песните се од сите краеви на Македонија, од сите региони, од сите жанрови и стилови. Ја пееме Билјарската песна од Тетовско со која Ѓурѓовденките

6

2005 годишник - Ансамбл „Танец“

Фрајбург • Загреб • Љубљана • Сараево • Нови Сад • Подгорица • Пришт Сплит • Никшиќ • Ниш • Неготин Краина • Врање • Суботица • Тузла • Б


АМБАСАДОРИ

Велика Стојкова Серафимовска Етномузиколог пред зори ја буделе природата, ја пееме свадбената песна од Костурско, ја пееме Иванденската песна од Шоплукот и уште многу други од сите страни на етничка Македонија. Има и машки песни, карактеристични по својот стил, од Тетовско и Радовишко, од Мијаците и од Пирин. Песни од кои душата затреперува и зборот претопен во гласот продрува некаде во длабочината на нашите праисконски верувања потсетувајќи не кои сме, што сме. Пееме, но и свириме, сите заедно како еден, понесени од магијата на нашата стара традиционална музика која од љубов е создадена и со љубов се пренесува. Секоја песна има своја приказна, па така и ние ја раскажуваме.

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

потомците на Мајовци, Т. Череповски, Г. Василев и тн.), беше испратена во седиштето на УНЕСКО и од таму на 23. април дојде допис со кој се потврдува дека Досието е подготвено целосно во согласнос со стандардите и процедурите пропишани во Водишот за изработка на истото. Дали е ова втор охрабрувачки знак? Ќе дознаеме до крајот на годината. Кусиот, но ефикасен престој во Виена и Љубљана групата за изворно пеење и свирење „Про етнос“ го искорости да прикаже дел од нашето изворно песнопојно богатство во рамките на симпозиумот посветен на балканската двогласна музика во Виена и во салата „Франце Прешерн“ во Љубљана. Искуствата, заедно со настапот на инструменталната формација на „Про етнос“ што настапи на Етно фест во Скопје, кој беше проследен од повеќе европски менаџери, покажаа дека потегот за формирање мал и мобиле состав со сосема друг програмски репертоар е вистински: преку него се отвараат други перспективи кои не беа можни заради големината на комплетниот ансамбл на Танец. Како и да е, по Париз, веќе во март - Виена и Љубљана. А, пред нас беше речиси цела година.

“Бистри Води“ е всушност вокално инструментален состав кој изведува изворна македонска музика. Работиме постојано, со исклучителна посветеност на стилската и техничка веродостојна интерпретација. Членови се Сашо Митев вокал и кавал, Игор Крстески вокал и тамбура, Кирил Спасеновски вокал и тарабука, Елена Христова вокал и кавал, Љубица Наумоска вокал, Велика Стојкова Серафимовска вокал. Со нас се постојано и Стевче Стојковски и Бајса Арифовска, врвни инструметалисти на сите традиционални македонски инструменти. Со нивна несебична помош овој состав почнува да ја негува и инструменталната традиција, па така сега сме една комплетна слика на македонскиот музички фолклор. Како постојан состав од Ансамблот “Танец“ досега “Бистри Води“ настапува на скоро секој концерт на “Танец“, а има одржано и свои целовечерни концерти во Виена, Љубљана, Панчево и Велес. Оваа година ние ја отворивме манифестацијата “Струшки вечери на поезијата“, а самиот лауреат остана без зборови и едноставно кажа македонската песна е нешто нечуено, посилно од секој збор бидејќи е длабока и стара колку праисконот.

тина • Белград • Крањ • Марибор • Сежана • Ријека • Осијек • Дубровник • Бања Лука • Крагујевац • Турне • Малбурн • Сиднеј • Перт • Аделаида •

Сепак, прв предизвик беше затворањето на Деновите на Македонската музика. Добиената награда претходната година беше силна обврска: требаше да се биде и нов, и сообразен со фестивал од таков вид (класична музика), да се биде и доволно провокативен за да се привлече вниманието на публиката и врзан за длабоките корени 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

7


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

на сопствената традиција за да се оправда суштината на базичните обврски на ансамблот. Добра идеја беше предлогот на познатиот кореограф Стојче Каранфилов: „За здравје и бериќет“, - приказна за верувањата на народот во исцелувањето, во плодноста, во злите сили што го отежнувале неговиот живот. Познатиот режисер Сашо Миленковски, нашиот добар пријател кој сакајќи да не пофали многу често за Танец вели дека тоа е „македонски Бродвеј“, со големо задоволство ја „голтна“ јадицата: Да, рече. може да биде тоа одлична претстава што најблиску би можела да се дефинира како етнокореодрама. И, така се роди веројатно најоригиналната претстава на Танец до сега: обредни и обичајни кореографии и изворни песни и игри низ кои се бркаат злите сили и се повикуваат силите за исцелување и плодност. Во „ткаењето“ на приказната помогнаа многумина, меѓу кои истакнати задачи имаа Стојче Каранфилов, Велика Стојкова, Љупчо Маневски, потоа, познатите артисти Шенка Колозова и Ванчо петрушевски. На крајот, - преполн салон на МНТ, преполна сцена со сегашни и поранешни играорци на Танец, еден раскош што ги отвора дамарите и поткрева некои подзаспани слоеви од колективната меморија на Македонецот.

Во главите сеуште ни одзвонуваа сабјите од Русалии и ѕвонците од Мечкарските игри, а ние веќе моравме да се „прешалтуваме“ за нашата следна задача, всушност, следна дестинација: Софија. Отворање на македонскиот 8

2005 годишник - Ансамбл „Танец“

ОД НАШАТА АРХИВА

ЛАНГОЛЕН 1950 Првото воодушевување и првото јавно искажување за нашите национални фолклорни вредности се случуваат на првиот меѓународен настап на Ансамблот на една оа најреномираните фестивалски сцени - Фестивалот во Ланголен, Англија во 1950 година. По овој историски настап и успех Претседателот на Жирито, Професор Тејлор во своето образложение, при доделувањето на Првата награда на Ансамблот, го искажа следново: „Македонската група даде јасно сурова игра, откината од најлабоките народни пазуви, во која не се виде никаков допир на индивудална уметничка рака, но самата игра е толку суптилна, кореографски така богата, емоционално толук издржана и толку пластично совршена, што секаков обид нешто да се поправи, во неа, само би ја нарушило идеалната хармонија меѓу споменатите елементи. Таа игра е доказ дека таму живее народ со висока култура и сите други досегашни играорни групи, спрема нив претставуваат, или почетници или лоши стилизтори. Сметам дека тука се излишни секакви други коментари“. Настапот во Ланголен и историскиот успех за ансамблот и за нашата култура на првото меѓународно претставување, вака се забележани од првиот директор на ансамблот, Професор Емануел-Мане Чучков во весникот „Нова Македонија“, есента 1950 година. „Уште рано изутрина нашите момчиња се облекоа во своите лазарополски бечви и зобанчиња и веќе во првата улица се виде дека за тамошнииот свет, нашата група е нова и непозната. Нашата група седеше и чекаше ред бидејќи тој ден беше последна на програмата. Пред тоа настапија Шпанци, Ирци, Шкотланѓани и групи од Скандинавија, а попладнето Хрватите. Публиката особено одушевено ги поздрави Шпанците, импресионирани од нивните кастањети, разнобојна облека и динамична, бесна игра. Нам не ни беше особено пријатно, кога констатиравме што и кои облеки ја импресионираат публиката и сметавме ако и жирито е на истото мислење, дека сме далеку од победата.. А, кога дојде редот на нашите момци и кога чукна тапанот, публиката направи лице како да се провалил покривот на шаторот каде што се играше. Завладеа тишина и пластичните движења на нашата игра, запо-чнати со бавни и ритмички чекори, ја освоија публиката која гледаше нешто - не само ново - туку праисконско - полно со сосема друга содржина, ни малку слична на шпанските игри, кои тешко можат да се одвојат од разуздана еротика. Ледот беше пробиен, просторот под шаторот се исполни со аплауз. Третата наша игра беше „Тешкото“. Публиката го испрати со достојно внимание, со многу коментари и бурни аплаузи. Вечерта кога жирито ги соопшти резул-татите дури тогаш увидовме клку била тешка борбата. Ние ценевме дека преку изворниот фолклор може да се добие претстава за национаната култура на еден народ. Обработениите игри можат да се дадат на сцена, но тука

Делчев • Сандански • Петрич • Банско • Деница • Враца • Услав • Слнч Кливленд • Чикагo • Филаделфија • Неопол • Вашингтон • Балтимор • Пит


АМБАСАДОРИ

Неизбришливи импресии веќе се цени творецот-уметник, кој го користи народното творештво и богатството за индивидуално уметничко дело. Ако во Ланголен се ценеше личното ангажирање на уметникот, други ќе ја добиеја наградата. Ние можевме да дадеме нешто слично, но ќе погрешевме и за нас немаше да се каже дека 'тука живее народ со висока духовна култура', ами би се рекло дека уметникот успеал или не успеал да даде уметничко дело.“

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

културен центар, многу видни гости меѓу кои и претседателите Црвенковски и Прванов. Просторот во Салата на киното во Софија ни случајно не може да го понесе епитетот „оптимален“ за нашите потреби, но должноста е поважна од просторните проблеми, - и за нас и за другите учесници: Тоше Проески, Сузана Спасовска, Алеа, Наум Петрески. Танец е одново, како и секогаш на висина на задачата. Но, останува желбата: Танец мора да се претстави со самостоен концерт во големата сала на НДК за да покаже и што знае и за да ја демонстрира спецификата на македонскиот фолклор. Тоа е тешка задача во земјата што ги има исто така познатите ансамбли „Филип Кутев“ и „Пирин“, но тоа ќе биде една од нашите цели. Речиси цел мај протече во подготовки за концертите што требаше да се одржат во Рим. Да, беа тука и други настапи, како што беше оној на „Гоцеви денови“ во Скопје, но тие беа само една добра предигра за големиот предизвик. Чествувањето на денот на големите просветители Кирил и Методи, одењето во Рим по многу години, настапи во Вилата Пиколомини и на еден од

Под наслов „Земја на фолклорот“ Иванка Бунушевац во весникот „Омладина“ од 7.04.1951 година во еден подолг напис за Ансамблот „Танец“ се навраќа преку своите новинарски импресии на тоа, како публиката во Ланголен го доживеа настапот на ансамблот. „..И навистина, кога одекнаа ударите на тапанот и се завиори марамата на ороводецот, салата занеме. Сите со изненадување се подигнаа на нозе. И мирувањето долго траеше, скоро се до крајот на играта. Затајување; нешто е во воздухот, во салата, кај публиката... Меѓутоа, ...се случува-ше нешто, се будеше, полека, надоаѓаше како нови, дотогаш непознати чувства за англиската публика. Еден цел историски процес се создаваше непосредно пред нивните очи, се одвиваше. И кога тие, брсјаците и мијаците го победиле непријателот, кога запо-чна играта на победникот, се пролеа нешто под сводот на шаторот и се слеа со последниот победнички писок на зурлите. Френетично воодушевување. Англичаните тогаш сфатија дека има уметност која не мора да биде лесно забавна, а сепак убава, дури и поубава, побогата по содржина...“

чев Брег • Њујорк • Харибург • Непар • Воистер • Провиденца • Бостон • тсбург • Торонто • Рочестер • Акрон • Детроит • Индијанаполис • Толедо •

централните римски плоштади, - сето тоа за Танец беше и чест и обврска, и мотив и инспирација. Деновите дојдоа брзо, онака како што обично доаѓаат кога им претходат низа обврски од различен тип. Танец беше во одлична форма, а тоа го почуствуваа не само присутните во 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

9


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

монтажната сала во Вилата Пиколомини, туку, уште повеќе луѓето што тоа попладне минуваа и, не како обично, застануваа на плоштадот „Санта Марија ин Трастевере“. Ги имаше од секаде, од сите континенти и од сите раси. И сите тие остануваа пред убавата фонтана и како да се прашуваа: од каде се овие необични и

ДРУГИТЕ ЗА НАС

БРАВО ТАНЕЦ! ПИСМАТА ВО КОИ ЉУБИТЕЛИ, НО И ПОЗНАВАЧИ НА ФОЛКЛОРОТ ГО ИЗРАЗУВААТ СВОЕТО ВООДУШЕВУВАЊЕ ОД НАСТАПИТЕ НА ТАНЦЕ ИЗМИТАВА ГОДИНА СЕ РЕДЕА ВО НЕДОГЛЕД. ИЗДВОЈУВАМЕ ЕДНО ОД НИВ БИДЕЈЌИ Е НАПИШАНО ОД ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ХРВАТСКИ КОРЕОГРАФИ И ФОЛКЛОРИСТИ, ПРОФЕСОРОТ БРАНКО ШЕГОВИЌ. ПО НЕЗАБОРАВНИОТ КОНЦЕРТ ВО СПЛИТ ТОЈ МЕЃУ ДРУГОТО НИ НАПИША: ... Немојте да ми забележите што Ви го пишувам ова писмо... Овој настап на Танец нема лесно да избледне од сеќавањата на граѓаните на Сплит, бидејќи она што овојпат го демонстрираше вашиот ансамбл беше навистина величенствено. Јас тука сум познат како шкрт за делење комплименти, но овојпат отстапувам од својот обичај и затоа дозволете да кажам за се она што го доживеав со моите сограѓани и да се заблагодарам на комплетниот ансамбл „Танец“ што дојде во Сплит.

чудесно раскошни носии, од каде е оваа ту тажна, ту весела песна, од каде е оваа игра, и тешка и лесна, од каде се овие перфектни изведувачи? Одговорот го добиваа набрзо од програмските флаери кои, веруваме ги понесоа со себе како драгоцен сувенир за да ги потсетуваат на едно непланирано, неочекувано, но незаборавно доживување. Веруваме дека за сите нив потоа спомнувањето на Танец, на Тоше Проески, на Влатко Стефановски ќе биде само асоцијација на една земја со библиско име: Македонија. По враќањето куферите останаа отворени. Имавме време само да ги „сервисираме“ драгоцените народни носии, да ги испереме, испегламе и да ги подготвиме за нашите следни настапи. Не очекуваше Турција, повторно по многу години. Целовечерни концерти во театрите во азискиот и европскиот дел од Истамбул и настап пред преубавата (во песни опејана) Султанселимова џамија во Едрене. Влегувањето во Турција нема да можеме лесно да го заборавиме. На граница не пречекаа „нашиот“ Турчин Мустафа 10 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

Кога во рацете ја добив програмата за настапот на „Танец“ бев помалку изненаден со невообичаената концепција, без пауза, различно од начинот на кој Танец порано настапуваше во Сплит и Дубровник. Но, сега можам да кажам дека тоа беше полн погодок! Блескав оркестар, од точка во точка се подобар настап на танцувачкиот ансамбл, извонредни пејачи и на крај можевте да ја почувтвувата душата на публиката, - оној силен аплауз и искрена благодарност за една ретко доживеана вечер. Не претерувам ако кажам дека ова беше нешто величенствено, нешто што во Сплит не сме доживеале десетици години. И, го кажувам она што вчера ми го зборуваа бројните познаници: штета што не бевте во можност да одржите, ако не уште два, тогаш барем уште еден концерт. Не паметам кога некој танцувачки ансамбл, без оглед дали е фолклорен или од некој друг жанр, ме принудил да станам од своето почесно место во мојата ложа и во неколку наврати аплаудирајќи да викам - БРАВО! ... врвната танцувачка техника, извонредната кондиција и интерпретација, покрај сите други одлики ме принудиваат да кажам дека ова беше НАСТАН НА ГОДИНАТА ВО СПЛИТ! А, ние тука, фала му на господ, имаме можност во текот на годината да гледаме и слушаме многу уметнички ансамбли од сите можни профили, и затоа го реков ова што го кажав? Браво „Танец“ и да ни дојдете повторно!!!

Волонгонг • Торонто • Виндзор • Берлин • Њу Џерси • Индијанополис Томакоман • Сапоро • Маркана • Нагасаки • Хирошима • Тојана • Неога


АМБАСАДОРИ

Од писмото на Бранко Шеговиќ Сплит, 29.11.2005 г. Денес и упатив писмо на некогаш блескавата ороводачка во кореографиите „Невестинско оро“ и „Женско чамче“, госпоѓа Рада Вишинска, сопругата на мојот голем пријател, денес за жал покоен Станимир Вишински, кој исто така беше член на вашиот ансамбл. Не можев да одолеам на себеси нејзе и на нејзините пријатели во Ресен да не се обратам и да го изразам своето воодушевување што „Танец“ беше во Сплит, што ја воодушеви сплитската публика, која, пак, ја потврди љубовта кон македонскиот народ и неговата уметност. Ви благодарам што ни овозможивте вакво ретко задоволство...“ Пофалбите годат секогаш, но кога ќе дојдат од странство и уште од најкомпетентни кругови, тогаш се вистинска потврда дека чекориме по вистинскиот пат.

• Форт Вејн • Гери Индијана • Блед • Зеница • Токио • Мито • Сендаи • ари • Осака • Фукуи • Кофу • Нагоја • Исе • Гифуси • Мунакато • Курула •

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

Берикетли и градоначалникот на Едрене. Не како ансамбл, ами како највисоки гости од една пријателска земја. Чај и кус разговор во специјалната ВИП соба на турската граница, посебен, привелегиран третман при влезот за целиот ансамбл и пријатен пат до Истамбул. Таму, пак, нашите домаќини од општината Кадикој (општина со неколку милиони жители!!!) љубезни, гостопримливи до степен да ни стане непријатно. Посета и прием кај кајмакамот (нешто како гувернер на областа), посета и прием кај градоначалникот на Кадикој. Опиеност од Босфор, од Света Софија, од Ак Сарај. Доволно за да се „дополнат батериите“ со убавина од која произлегоа двата незаборавни концерти. Нашиот конзулат (на чело со Јордан и неговата сопруга Соња) на висината на потребите, значи, ефикасни и точни, таман толку за да можеме да се концентрираме на нашата основна задача. Истата приказна и во Едрене во која дури нестварно изгледаа нашето Невестинско и Тешкото, Осоговка и Драчевка, пред куполите на Султанселимовата

џамија во тоа чудесно јунско предвечерие. Заминавме со чувство на долг кон нашите неверојатно љубезни домаќини и со прашањето: Ќе можеме ли некогаш да им возвратиме барем на сличен начин? Ќе можеме ли да му се оддолжиме на носталгичниот вљубеник во Македонија, господинот Мустафа Берекетли?

2005 годишник - Ансамбл „Танец“

11


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

Мислевме дека летото ќе ни мине помирно од претходните години, но се излажавме. Не дека очекувавме да имаме нормален годишен одмор, ама барем се надевавме дека организациски тешките зафати и изведувачки сложените предизвици барем за миг ќе стивнат. Сакавме повеќе време да им посветиме на љубителите на нашиот фолклор ширум Македонија. Впрочем, тоа е една од задачите запишани во стратегијата на Танец во наредниот период. Но, очекувањата и стварноста не се секогаш сообразени. Успеавме да одржиме неколку настапи во нашава земја и амбициозно го подготвувавме самостојниот концерт на Охридско лето во, сега веќе посредениот простор (соблекувални) на античкиот театар кога пристигна поканата да ја збогатиме илинденската прослава што требаше да се одржи во Белград. Мигот беше мошне чувствителен. Дел од белградските медиуми состојбата со осудувањето на Зоран Вранишковски (екс владиката Јован) го искористија за ширење хистерија кај недоволно упатениот народ во соседната земја. Прашањето беше како ќе бидеме примени во таа прегреана атмосфера? Со извесна скепса го дочекавме настапот на една од

ЖИВИТЕ ЛЕГЕНДИ НА ТАНЕЦ

АТАНАС КОЛАРОВСКИ АВТОРСКИ БЕЛЕГ НА АНТОЛОГИСКИ ФОЛКЛОРНИ ВРЕДНОСТИ НА РЕПЕРТОАРОТ НА "ТАНЕЦ": АТАНАС К О Л А Р О В С К И - К О Р Е О Г РА Ф Н А С Ц Е Н С К О КОРЕОГРАФСКИТЕ ПОСТАНОВКИ "ДРАЧЕВКА" И "КАЛАЈЏИСКО" Низ пет и пол децениското дејствување на Ансамблот "Танец" плејада на играорци, песнопојци и инструменталисти, го вградија своето име со изведбите на фолклорната материја, а некои од нив и како изведувачи и како творци се впишаа во неговите легенди. Се паметат и генерациски се прераскажуваат нивните неповторливи и единствени уметнички креации на орските содржини, а оставија и зад себе творечки продукти-вистински програмскорепертоарски амблеми на "Танец" - класика во надградбата на традиционалното фолклорно творештво. Еден од нив е Атанас Коларовски-член на првата генерација на Ансамблот од 1 Септември 1949 год. па се до 1 Декември 1964 год. Роден е во село Драчево, Скопско на 9 Август 1926 год., во семејство на надарени играорци, песнопојци и инструменталисти на изворни народни инструменти. Како надарен играорец, Атанас Коларовски гордо ќе застане во челните редови на тогаш формираниот Државен фолклорен ансамбл потоа под името "Танец", во мигот на значајната потреба на светот да му се покажат дотогаш малку познатите културни вредности и достоинство што со векови ги создавал македонскиот народ гениј. Многумина од оваа фела имаат кажано дека тој е еден од најмаркантните играорци на ансамблот, со извонредни стилско-изведувачки можности, најмногу експониран во така наречените "лесни подвижни ора". За него мештаните од родното Драчево имаат кажано дека "кога тој играше на сретселските собори, не газеше на земја". Истиот впечаток го доловуваше и на сцената.

белградските телевизии (Студио Б) и пресконференцијата што се одржа во салата на Собранието на град Белград. Смирениот тон на градоначалничката, госпоѓа Хрустановиќ и името на Танец, веруваме дека беа доволна причина новинарите да не постават ниту 12 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

Сретселкиот соборски амбиент што тој на многупати го има почуствувано и доживеано на "Божик", "Велигден", "Спасовден" и на други празници во Драчево, во селата во Скопско и во Македонија, Атанас Коларовски со висок уметнички сенс го трансформира во сижето на сценскокореографската постановка "Драчевка".

Лондон • Глазгов • Ковенти • Атина • Пиреја • Лариса • Солун • Истамбул Александрија • Софија • Плевен • Трново • Пловдив • Варна • Димитровгр


АМБАСАДОРИ

Кирил Тодевски етномузиколог Дејствието на постановката преку градацијата го симболизира некогашното традиционално спонтано собирање на соборите, па се до масовното учество на присутните на заедничкото празнување и веселба. Користејќи ги најпрепознатливите соборски игри од Скопско, Потрчано, Баба Ѓурѓа, Петорка, Тешка Крстачка, Драчевка, Чучук и Црно горка и неколкуте содржинскотематски пригодни песни, Атанас Коларовски со постановката "Драчевка" доловува богата и раздвижена звучно-визуелна сценска слика. Со сличен приод во разработката и содржинската поставеност е и кореографската постановка "Калајџиско". Појдовна основа во дејствието на фабулата за постановката, е калајџискиот занает, а кореолошки "лајт мотив" е изворното Калајџиско оро, на чии кореолошки елементи ќе развие комплексна соборска приказна, испреплетена со песни и темпераментни орски движења, која прераснува во замислениот амбиент на заедничка веселба на калајџиите и мештаните.

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

едно прашање сврзано за горливиот проблем. Значи, сепак, Танец ќе успее и овојпат, како и секогаш да биде факторот кој ќе придонесе во еден момент да се заборават дури и најострите тензии. Така беше и вечерта на сцената во Нов Белград, така беше и на дружењето на еден од сплавовите на Сава. Двата пријателски народи, нивните вековно добри односи не може да ги расипе еден бесмислен спор. Убаво е сознанието дека Танец е дел од таа убава слика за меѓусебно почитување и дека и овој пат е АМБАСАДОР што го прави она што не може да се направи на ниту еден друг начин. Заедничкиот настап на нашите уметници и светски познатиот српски фрулаш Бора Дугиќ, слеаните аплаузи што ги доживеавме од неколку илјадната публика беше вистинска потврда на ова.

Атанас Коларовски со кореографските постановки "Драчевка" и "Калајџиско" не само што го легитимира својот висок уметнички сенс во сценската адаптација и надградба на фолклорната материја туку еден од оние кои што го трасираа патот на "кореографската школа на Ансамблот "Танец" - препознатлива и високо ценета дома и насекаде во светот. И во едната и во другата постановка тој го користи целиот изведувачки апарат на ансамблот, со осмислена сценска поставеност и раздвиженост. Динамичката градација на сижето ја постигнува со распоредот и композиционото движење на традиционалните игри и вградувањето на свои авторски кореолошки сегменти. Иако внесува нови сценски движења, челни и странични формации, нивни удвојувања и кружни и полукружни движења, тој не го напушта традиционалниот двоен танц (одделно женскиот од машкиот) како белег на некогашното соборско изведување на игрите. И во двете постановки внесува атрактивни солистички делници, со нагласени ,вртења, склекови и доскоци на колена, како и драмски елементи со карактерни улоги на ергенот, момата,овчарот, калајџиите и другите танчери и танчерки се во финкција на тематиката и развијна динамика на сценската изведба. Атанас Коларовски со овие две негови кореографски постановки остави неизбришливи траги не само во Ансамблот "Танец" туку и воопшто на нашата фолклорна сцена, а своето уметничко кредо од 1970 год. го демонстрира во Соединетите Американски Држави каде што живее во градот Сиетл и на секаде во светот, со тоа афирмирајќи ги нашите фолклорни достоинства на тамошните народи.

• Ада Пазар • Анкара • Чанак Кале • Mаниса • Измир • Кушадаси • Каиро • рад • Сливен • Шумен • Разлог • Перник • Ќустендил • Благоевград • Гоце

Настапите на Охридско лето секогаш се посебен мотив. Тоа е фестивал со, веќе, европско и светско реноме. Најзначајна културна манифестација кај нас на која настапувале голем број светски познати музички уметници. Годинава дури и големиот Карерас со сета (оправдана?) еуфорија. За нас, сепак, овојпат тоа беше шанса да се претставиме со концепт кој ќе биде максимално прилагоден на летниот (релаксиран) амбиент, значи, без екстравагантни претензии, со популарни кореографии и со нашите познати пријатели В. Томовска, Н. Петрески и С. Спасовска. Определбата се покажа сосема исправна: преполн антички театар (некои 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

13


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

ми рекоа дури со стоење што го немало на отворањето), расположена публика, аплаузи, бисеви и реакции во наредните денови дека тоа е еден од најубавите настани на годинашново Охридско лето. Се надеваме дека беа искрени бидејќи целосно се совпаѓаа со создадената атмосфера на концертот. Минаа осум месеци, безброј концерти, голем број проекти, старт на подготовка на нови кореографии (за проектот „Виножито“ што треба да биде кон крајот на 2006), предизвици и искушенија. Сепак, главниот предизвик следеше: Денови на македонската култура во Русија, концерти во Москва и во Санкт Петерсбург, значи, би можело да се каже - во срцето на светската култура, онаму каде што не може да се блефира, каде што публиката знае што е што и чии што реакции можат да бидат вистинскиот барометар за сопствената вредност. Не дека се сомневавме, ама сакавме уште една потврда, сега од најкомпетентното место. И, дојдоа концертите во Москва и во Санкт Петерсбург (5 и 8

септември). Ги осмисливме заедно со познтиот режисер Иван Поповски и на нив, освен Танец, настапија уште и Есма Теодосиевска Реџепова, Весна Гиновска - Илкова, Влатко Стефановски, Македонскиот Балет, Квартетот Даутовски. Ние, - со Тешкото и со Драчевка како рамка за големата презентација, и уште, како поддршка за Влатко Стефановски во неговите виртуозни изведби на 14 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

ИНТЕРВЈУ

ГЛИГОР ВАСИЛЕВ-ГИЛЕ АВТОР НА КОРЕОГРАФСКАТА ПОСТАНОВКА "СЕДЕНКА"Речиси шест децении целосна посветеност на македонската песна и оро, уметнички од достоен за почит, заради придонесот кон растежот на Танец и нашата култура. Овие епитети со право му припаѓаат на Глигор Василев-Гиле, играорец и кореограф, повеќекратен автор на кореографски постановки во ансамблот Танец. Името на овој творец, во историјата на овој наш единствен професи онален ансамбл, како и во севкупната културна историја, ќе остане врежано како автор на првата комплексна сценско-кореографска постановка „Седенка". Роден е во живописното Мијачко село Гари, и како многу мал, со семејството се преселува во Софија, каде се школува. Таму го завршува Правниот факултет, како и Вишата етнокореографска школа, при тамошниот Институт за фолклор. По враќањето во Македонија во 1953-та, Глигор Василев веднаш се зафаќа за создавање кореографии, и во 1954-та најнапред ја поставува "Ганкината", која всушност претставува и проверка на неговите професионални способности. Во 1958-та ја создава сценско-кореографската постановка „Седенка" која цели 48-ум години е една од водечките кореографски постановки на репертоарот на ансамблот Танец, како и на аматерските Културно-уметнички друштва во Македонија, и во светот. За мотивот за создавањето на сценско-кореографската постановка "Седенка", нејзиниот автор, г-дин Глигор Василев-Гиле, ќе каже: -Имав желба да направам кореографија која на сцената ќе изведе 40-сет играорци и пеачи, секој со своја партија, за да се прикаже амбиентот на "селската сцена" во која учесниците ќе го "говорат" тематското сиже, со јасни гестикулации. Всушност, "Седенка", е првата кореографија во која се внесе драмскиот елемент, беше своевидна "оперета на народна музика.“ Самата постановка ја

Синсинати • Луифилд • Сан Диего • Канзас Сити • Омаха • Колорадо • Холивуд • Пасадена • Феникс • Дел Пасо • Хјустон • Њу Орлеанс • Монтго


АМБАСАДОРИ

Марија Велковска

замислив да има развојна линија, како содржински, така и визуелно. Како што на седенката во традицијата се собираат спонтано, така и мојата кореографија се движи од поединечно до масовно. Во кореографијата бев еден од првите кои освен традиционалното кружно играње ја внесов сценската раздвиженост со формациски челни, дијагонални и странични леси. И уште една работа сакам да кажам: дека во „Седенка“ дадов можност за солистичко истакнување и надигрување, а го внесов и брзото темпо за да се постигне атрактивност. - За да ја доловите автентичната музика, неизбежно беше да црпите од изворот, да појдете на терен. - Материјалите ги собирав во село Драмче и село Разловце. Она што го забележав, иако, од сегашен аспект, со примитивни технички помагала, на големи котури теренски ленти, им го предадов, во тоа време, на виолинистот Никола Галевски, и диригентот во тогашната Опера, Трајко Прокопиев, кој во исто време беше и директор на Ансамблот Танец. Ги посочив мелодиите кои сакав да ги истакнам во кореографијата, и за час ја вклопивме. Автор на музиката на "Седенка" беше Трајко Прокопиев. - Кога се случи премиерата на сценско-кореографската постановка "Седенка"? - Добро се сеќавам, премиерата беше во Сараево, потоа со "Седенка" отидовме во Белград, а ова што ќе го кажам, е многу важен податок: Првата Југословенска телевизија, која почна да зрачи, емитува звук и слика преку етерот, започна токму со мојата кореографска постановка "Седенка". Тогаш по улиците, парковите, имаше портабли за да можат луѓето да гледаат, и така, со текот на времето, оваа игра стана многу популарна. - Г-дин Василев, за прифатеноста на сценскокореографската постановка "Седенка", секако најзаслужна е првата генерација членови на Ансамблот Танец. - Имаше една членка во Танец, многу убаво пееше, Драгица Николова. Таа почнуваше да пее, потоа се надоврзуваше Васка Илиева, па Александар Сариевски, тие тогаш беа исто, членови на Ансамблот Танец. Ние, многу другарувавме меѓусебно во ансамблот, Вера Шијаковиќ, првата солистка на "Седенка", потоа Натка Капетановиќ, и неколку души се натпреварувавме кој повеќе ќе направи. Тоа беше Атанас Коларовски, Душко Георгиевски, покојниот Митко Алексов, Благоја Филиповски и други. - Г-дин Василев, Вие сте автор и на постановките, "Собор од Источна Македонија", "Цвеќеберачки", "Пирински цвеќеберачки" и др. Сепак, единствено"Седенка", за две години го прославува својот јубилеј, пет децении, континуирано присуство на сцената. Според Вас, која е магијата со која оваа сценско-кореографска постановка успеа да одолее на забот на времето и остана уметнички негибната? -Тоа е нејзината оригиналност, и пред се борбата, да остане таква каква што ја создал нејзиниот автор.

Спригфилд • Денвер • Сан Франциско • Сан Клементо • Лос Анџелес • омери • Атланта • Пристон • Бруклин • Тирана • Драч • Валона • Елбасан •

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

Поступано и Калајџиско. Се беше како што и очекувавме. Долготрајни аплаузи за целата екипа, некогаш посилни, некогаш „помлаки“, таман толку за да се види дека публиката има суптилно чувство да ги измери нијансите во вредностите и да покаже дека ја чувствува градацијата на концертот што кулминира во прекрасната „Драчевка.“ Дури и со искажаното воодушевување на директорот на театарот „Комиржевскаја“ во Санкт Петерсбург и со неговиот благ „прекор“ до својот долгогодишен соработник: „Точка требаше да се стави со настапот на Танец. Тука беше врвот на концертот“. Но, и без тоа годеше сознанието дека Танец ја помина најстрогата контрола: ги воодушеви одличните познавачи на уметноста во Русија. Тоа не е мала работа.

И, најпосле стигнаа неколку недели во кои можевме да се посветиме на домашните задачи. По Велес, Струга (двапати) и уште неколку градови во Македонија, ја прифативме желбата на делчевчани уште еднаш оваа година да бидеме нивни гости. Како и не кога на нашиот концерт и овој пат дојдоа речиси две илјади луѓе што би било еднакво како во Скопје да дојда сто илјади. За нив вреди да се оди и ќе одиме секогаш кога ќе посакаат. И не само таму, туку и секаде каде што има автентичен интерес. Тоа е задача на Танец. Во ова време стигнавме и да напредуваме со подготовка на кореографиите од проектот „Виножито“. Тоа е всушност проект да се покажат сите бои на Македонија, односно за прв пат по 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

15


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

неколку децении (за некои и за првпат воопшто) на репертоарот на Танец да се најдат кореографии од сите побројни националности во Македонија и да се презентираат на еден концерт со спомнатиот наслов. Идејата беше неспорна за сите релевантни структури што се задолжени да ја креираат програмата (Директор, Управен одбор, Министертсво за култура), но, сепак, беше причина еден наш неделник да го најави со еден целосно неприфатлив, неточен и непријателски наслов. Веруваме дека по меѓусебната комуникација работите им станаа појасни и се покајаа за сторената штета. Сепак, поважно од тоа е што Танец во овие малку недели успеа речиси да ги конципира кореографијата на Турците од Македонија и на Србите од Македонија. Заедно со напредувањето во кореографијата на Албанците и на Македонците со исламска вероисповед и со скиците за влашката кореографија, веќе може да се имаат контурите на тој мошне важен концерт на кој, веројатно за прв пат во историјата Танец одеднаш ќе презентира шест нови кореографии.

ПРЕД НИВ Е ИДНИНАТА

НА ВЛЕЗОТ ВО АЛЕЈАТА НА СЛАВНИТЕ Михајло Стефановски е 25 годишен играорец, еден од помладата генерација играорци во Танец, но единствен кој на себе ја понесе одговорноста да го води “Тешкото“. Неговата визија, неговата љубов кон фолклорот, неговата енергија е дел од секојдневието на Ансамблот “Танец“. Но, што всушност представува фоклорот за еден млад човек како Михајло? "Фолклорот представува симбол на една нација, на еден народ и на неговата култура и историја. Горд сум што сум дел од Танец и што токму во оваа институција можам да придонесам за зачувување на нашиот македонски фолклорен идиом, а на тој начин да ги разоткријам и сочувам своите корени, својата традиција и својот национален идентитет. Со народното играње започнав како хоби, но постепено тоа стана моја животна определба од едноставни причини, затоа што тоа најдобро го умеам и најмногу го сакам. Кога дојдов во Танец, бев пријатно изненаден од професионалниот односот на сите членови на анамблот кон македонскиот фолклор. Тој однос кај мене створи почит, поттик, но и одговорност кон оваа институција која од секој член бара максимална посветеност, и психичка и физичка. За разлика од аматерските КУД каде претходно членував, во Танец има поинаков третман кон новите членови. Работевме поединечно, со асистентите и раководителите кои несебично го пренесуваат своето огромно сценско и играорно искуство." Што значи за тебе сцената на Танец?

Ноември го дочекавме со гостувањето на групата „Проетнос“, односно групата за изворно пеење и свирење „Бистри води“ на фестивалот „Етно глас“ во Панчево - СЦГ. Поточно, со овој настап и со настапот на сличниот состав на српскиот државен ансамбл „Коло“ беше отворен овој фестивал. Беше тоа шанса, освен да се презентираат најдлабоките архаични слоеви на нашето народно пеење, и да се потврди исправноста на ширењето на репертоарот во оваа насока, што, пак, 16 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

"Секој концерт на Танец, секоја сцена на која настапуваме е место каде низ песна и игра се презентира највредното и најбогатото нешто на Македонија. Пред секој настап ние се подготвуваме не само физички, туку можеби повеќе и психички. Духовно навлегуваме во атмосферата и во приказната на секое оро, на секоја песна, бидејќи знаеме дека таа приказна е постара од нас самите, а ние сме тие што ја прераскажуваме. И покрај големите аплаузи и овации кои ги добиваме на секој настап, секогаш постои една позитивна трема која не припрема и поттикнува на совршена изведба. Но, со излегувањето на сцена и со првиот аплауз на публиката, таа трема веднаш ја снемува. На нејзино место доаѓа чувството на гордост, љубов и задоволство што сме дел од Танец, односно од македонската културна историја."

• Сиера Леоне • Гана • Нигерија • Конго Кишаса • Конго Бразил • Шве Дрезден • Прага • Вител • Дино • Сен Бриг • Шел • Рим • Лугано • Трст


АМБАСАДОРИ

Велика Стојкова Ти си одбраниот, ороводецот на “Тешкото“. Претпоставувам дека честа е голема, но и одговорноста. Што значи за тебе оваа функција? "Ороводецот на “Тешкото“ мора да биде психофизички стабилна личност. Односот на ороводецот кон останатите е специфичен бидејќи тој го води секој чекор, секое движење. Од него зависи темпото, стилот и карактерот на орото. Ороводецот мора да има комуникација со сите играорци околу себе, со тапанџијата и зурлаџиите, но најмногу со самиот себе. Кога се подготвував за можноста да бидам ороводец, внимателно го проучував орото, од историски и социјален аспект, но и од стилски и технички карактер. Гледав снимки од претходните ороводци, од првиот Дојчин Матевски, па се до мојот претходник Кире Богоевски. Знаев дека тоа е навистина голема одговорност. Мислам дека во моментот кога се одлучуваше кој да ја превземе таа улога, јас имав огромна среќа, едноставно ме одбраа мене. Се обидувам да ја носам тежината на товарот на водењето на ова единствено оро, но така било и пред мене, а и ќе остане после мене, во идните години и генерации."

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

немаше да биде можно без ентузијазмот на членовите на овој состав. Паралелно со ова се подготвувавме за гостувањето во Сплит. Танец цели дваесет години не бил во Сплит. Шансата се укажа благодарение на залагањето на господинот Мирко Краљев (аташе за култура во хрватската амбасада во Скопје) кој цели шест месеци го подготвуваше нашето учество, најнапред на фестивалот на духовна музика „КРОПАТРИА“, а потоа со самостојниот целовечерен концерт. И двата во прекрасната барокна сала на Хрватското народно казалиште. „Кропатриа“ отвори ново поглавје во активноста на Танец. Вокалниот состав во својство на камерен хор под диригентсво на Сашо Татарчев ја исполни композицијата „Псалм 109“ од Живоин Глишиќ врз стихови од Михаил Ренџов. Ова „ново поглавје“ покажа дека просторот во кој може да се движи „Танец“ во своите изведби е практично целиот простор на музичката уметност. За прв пат изведе типична, сложена хорска партитура. И, не само што ја

Која е твојата визија за иднината, во Танец или не? Колку ти како млад човек играорец се наоѓаш себе си во оваа професија? "И покрај фактот дека статусот играорец во Танец носи мала материјална сатисфакција, има нешто друго што мене, а верувам и останатите не врзува да останеме во оваа куќа. И покрај тоа што од љубов не се живее, јас живеам за љубовта кон фолклорот. А Танец ми го овозможува тоа. Да бидам духовно исполнет, да бидам личност која задоволно секојдневно оди на работа и си заминува со чувство дека нешто постигнува во својот живот. Ние сме заштитници на македонскиот фолклор, секогаш успешни презентери и пренесувачи на нашиот идентитет. А тоа е навистина големо задовлство, чест и гордост."

рингеr • Ноебрандербург • Хале • Сангерхаусен • Лајпциг • Единбург • • Анкона • Сенегалија • Луксембург • Хановер • Леверкусен • Мајнхајн •

изведе, ами предизвика извонредно позитивни реакции. Значи, чудесните архаични двогласи презентирани во Виена и на ДММ 2005 на едниот крај, и извонредната и сложена хорска фактура на „Псалм 109“ на другиот крај. Меѓу нив, меѓу нив - `рбетот на Танец, неговите кореографии, потоа убавите народни песни, обработките на градските песни, етно-звукот на инструменталниот состав „Проетнос“. Цело едно 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

17


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

царство што овозможува во секоја пригода да се одговори на потребите на секоја структура на публиката. Извонредно богатство што не постоело во богатата историја на Танец. Настапот на комплетниот Танец во Сплит беше посебна приказна. Влезниците продадени само за еден час. Барање да се инсталира видео бим. Восхитена публика со реакции што ретко се доживуваат. „Пофални оди“ дури и од најшкртите доделувачи на комплименти. Безбројни јавувања и до нас и до хрватската амбасада во Скопје за да се изрази благодарноста за овозможеното задоволство. Има ли поголема сатисфакција од тоа? Има ли поголема среќа од мигот кога ќе се види буквално ничкум паднатата публика пред сопственото уметничко остварување. Мигот во кој се забораваат сите маки, сите тешкотии, сета пролеана пот, па дури во извесни сфери и недостоинствениот третман? Тоа е „храната“ за секој голем уметник, тоа е храната за сите големи уметници на Танец. И денес, и во минатото и во иднината.

IN MEMORIAM

ЌАЗИМ ИДРИЗ 1951-2005 Она што големите уметници ги одделува од просечните, освен мајсторското владеење со својот инструмент, е и занесот, трансот, опиеноста од музиката што ги тера и им овозможува да ги дадат крајните атоми на својата небеска дарба. Ќазим Идриз, несомнено беше еден од нив. Извонредниот тапанџија што мајсторството го наследил од таткому Рамадан Идриз многу брзо по доаѓањето во Танец во 1978 година стана еден од столбовите на ансамблот. Незамисливо беше како би можел да изгледа концерт на Танец без него, онака како што секоја асоцијација на нашите концерти се врзуваше за сликата на неговото насмеано лице, за неговата космичка енергија со која буквално го тераше целиот ансамбл да ги „цеди“ последните сили за да постигне незаборавни изведби. Многу се концертите во кои таа божја дарба, таа чудесна харизма ја доведувала публиката до делириум. Ќе останат уште долго да се вртат по телевизиските канали сликите на клекнатиот и растреперен уметник пред играорците на големата сцена на прочуениот храм „Сиднеј опера хаус“.

Со слаткиот вкус во устата дел од ансамблот се врати во Скопје, а дел, групата „Проетнос“ замина во Љубљана на своето последно годинашно меѓународно претставување. Го заклучи овој дел маестрално, онака како што и треба под раководство на нашиот виртуоз Милан Зафков, со жешката свирка за која се надеваме дека ќе биде вовед во меѓународна кариера на оваа 18 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

Поградец • Корча • Букурешт • Плоешт • Ара • Темишвар • Ада • Хавар Дортмунд • Париз • Хуже • Леманш • Лавалн • Кетберг • Брес • Лорианце


АМБАСАДОРИ

Марко Коловски

Колегите, пак, од пријателските ансамбли Коло и Ладо, кои со неверување и болка ја примија веста за неговата прерана смрт ќе се сеќаваат на бравурозните изведби на сцените, но и зад сцените на „Сава Центар“ и „Ватрослав Лисински“. Сепак, болката на најблиските, - членовите на Танец ќе биде трајна. Загубивме уметник што целиот и се даваше на својата најголема љубов - музиката, но загубивме и Човек што со својата насмевка, со своето другарство, со својата позитивна енергија ја создаваше вкупната позитивна клима во ансамблот „Танец“. Без него веќе ништо не може да биде исто. Но, тој ќе биде инспирација за идните уметници на Танец, ќе биде водилка кон досегањето на уметничките височини. Ќазо замина, но замина во вечноста бидејќи неговите незаборвни изведби уште долго ќе се вртат преку телевизиските екрани и трајно ќе останат во сеќавање на сите нас. Му благодариме за се што направи и нека му е вечна славата.

рт • Адем • Женевa • Кљусел • Брисен • Базел • Лозана • Цирих • Берн • • Анже • Турн • Шолe • Лимо • Клерво • Белфорт • Шамон • Сен Кентено •

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

група. Европа, па и светот имаат право еднаш да дознаат која е вистинската македонска музика во овој сегмент. Не дека Кочани брасс, Агушеви, Ферус и другите се лоши (напротив: тие се одлични во својот фах), но автентичната македонска музика во овој дел е нешто сосема друго. И, ние преку Проетнос ќе ú ја покажеме на европската јавност. Признанието што ни го додели Стопанската комора на Македонија „Почесни амбасадори на македонската култура“ ја врами оваа наша активност на најадекватен начин покажувајќи дека сето она што го направивме и ние и нашите претходници во изминативе пет и пол децении не може да биде надвор од оптиката на оние што треба тоа да го видат. Тоа е надеж дека признанието ќе биде само вовед во конкретната поддршка амбасадорската мисија да се остварува уште поцелосно и поефикасно. Тоа е задача на сите нас и бенефитот од тоа ќе го имаат сите, вклучувајќи ги и бројните членки на Стопанската комора.

Последниот месец Танец го посвети на проектот „Синтези“ со кој сака да докаже дека може да направи (концертен) производ што може да биде конкурентен на најкомерцијалните светски проекти од тој вид. Идејата е преку спојот на старото и новото, минатото и иднината, аналогната техника и дигиталната техника и тн., да направи нешто што ќе одговори на потребите на дел од современиот сензибилитет, и кај нас и во светот. Идејата е, освен ова, она што до сега (па и натаму) беше пакувано 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

19


АМБАСАДОРИ

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

на конценционален начин да биде спакувано онака како што бара светскиот пазар. Доколку се успее во тоа да се направи пробив во едни води во кои тоа не е можно на традиционален начин. Идејата е, исто така, да се направи нешто друго од она што вообичаено се прави. Новогодишниот концерт не случајно е одбран како погодна дестинација за остварување на ваквите намери, бидејќи тогаш вообичаено се напуштаат строгите клишеа во третманот во сите уметнички жанри и се дозволува флексибилност што не може да биде сфатена погрешно. Ние ќе правиме концерти со класичен концепт онака како што Виенската филхармонија во текот на годината ги изведува и Брукнер и Малер и Бетовен ... Но ние ќе направиме новогодишен концерт со

20 2005 годишник - Ансамбл „Танец“

БОГАТА ДИСКОГРАФСКА ДЕЈНОСТ НА "ТАНЕЦ" Националниот Ансамбл за народни игри и песни "Танец" ја продолжува зацртаната определба пред консументот дома и на меѓународните простори по комплексно да се претставува не само себе си, туку и материјалните и духовните вредности што како фолклорна материја се составен дел на севкупното културно милје што се создавале и опстоиле на просторите на Македонија. Концертните и фестивалските подиуми беа најчеста форма на манифестирање во 2005 год., на кои "Танец" со највисоки уметнички дострели го предизвика воодушевувањето кај публиката , кај најпробирливите сладокусци на начинот на претставување на фолклорните содржини и кај стручно-компетентните за ова материја, доближувајќи им преку одбраните песни и танци, дел од раскошната фолклорна градина. Но, ако концертите и фестивалските настапи беа привилегија само за оние кои што непосредно се насладуваа, "Танец" антологиските национални вредности со вон временска минливост и високо уметничките креации ги доближи до домашната и меѓународната јавност преку промотивни ЦД и ДВД изданија. Бездруго најзначаен потфат беше доближувањето до светската јавност на нашиот орски бисер "Тешкото". Аплицирањето во Комитетот за култура на "УНЕСКО" за "Заштита на Тешкото како светско културно наследство", за "Танец" и пошироко, беше ретка можност пред компетентните во највисокиот дом на светската култура УНЕСКО, за прв пат преку збор,слика и тон, да се престави творечкиот изблик на народниот гениј, во создавањето на овој уникатен фолклорен продукт. Со документарен пристап, за кој беа користени и архивкси филмски записи од Кинотеката на Македонија, Македонската телевизија и од архивата на Ансамблот, преку генерациски изведби на Тешкото на Ансамблот, и пропратениот текст на македонски и на англиски јазик, ДВД за Тешкото ќе остане и како трајно сведоштво за пораките и кореолошките специфики што како аманет не треба да се заборават. Вториот значаен издавачки проект што Ансамблот "Танец" го реализира во 2005 год. е ДВД од Новогодишниот концерт од 2004 год. "Врутоци и ѕвезди". Овој концерт беше одржан на 28 Декември 2004 год. денот на одбележувањето на 60 годишнината на Македонската радио телевизија, со која Ансамблот "Танец" има постојана плодна соработка,. Концертот кој ја возбуди публиката во Салонот на Македонскиот театар и опера во Скопје и аудиториумот преку директниот телевизиски пренос, понуди спектар од звучно-визуелни слики, од архаичното па се до сценскоуметничкото надградување на традиционалното народно творење, беше програмското мото со кои играорниот кор, оркестарот и пејачкиот состав на Ансамблот ги манифестира високите изведувачки дострели. Заедно со Ансамблот, како вознес на несекојдневните уметнички доживувања беа изведбите на неговите гости; песнопојците Сузана Спасовска и Наум Петрески, генијот на гитара Влатко Стефановски и нашиот етно бренд Ансамблот "Синтезис".

Будимпешта • Сан Ремо • Банден • Бинден • Бизбурн • Франкфурт • Хеси Нинберг • Келн • Диселдорф • Бон • Ајнхворт • Драусен • Утрех • Левертан


АМБАСАДОРИ

Кирил Тодевски Овој "ин лајв" културен настан преку ДВД освен за домашната јавност, со изданието на англиски јазик беше промовиран и достапен во странство со гостувањата на Ансамблот. Под наслов "Најдоброто од Македонија-најдоброто од Танец" е уште еден значаен потфат на Ансамблот кој спакуван во 3 (три) ДВД проекти наскоро ќе доближи до неговите почитувачи и вљубеници на нашите фолклорни достоинстава, антологиски изворни и сценски кореографски содржини, "ин лајф" од неговите настапи дома и надвор од нашите граници. На овие издавачки дискографски изданија, треба посебно да се одбележи соработката на Ансамблот со Македонската радио телевизија, што и годинава резултираше со студиски снимки на изворни и обработени песни и на инструментални творби со оркестарот на ансамблот "Про етнос" . Концертното дискографскио ангажирање на Ансамблот "Танец" ја одбележаа и 2005 год., како година на втемелените програмски определби и дејствувања, да се афирмираат но и трајно да се сочуваат осведочените содржински-изведувачки вредности - зошто концертите се доживуваат и времено прераскажуваат, а звучновизуелните записи останиваат за оваа и за идните генерации.

инген • Констанс • Колмар • Штудгард • Трибен • Дармштад • Гутесфорт • н • Минхен • Есен • Бредан • Салцсбург • Виена • Мали • Сенегал • Гвинеја

Избор од активностите на „Танец“ во 2005 година

дозирана флексибилност, онака како што истата таа филхармонија за новогодишниот концерт се обрнува кон делата кои што пред стотина години, па и денес се сметаат како музика за забава. Техниката вклучена во реализацијата на овој проект. стручните екипи од МРТ и МОБ, големиот број компетентни поединци, големите уметници Влатко Стефановски, Гоце Димовски, Дамир Имери, Сузана Спасовска и други, и пред сè Танец се доволна гаранција дека тоа ќе биде незаборавен настан. Тоа ќе биде поглед кон еден дел од иднината. А во иднината, барем онаа поблиската, на хоризонтот веќе се назираат Франција, Белгија, Италија, Германија, можеби САД и Канада. Убав хоризонт. Погоден и како новогодишна желба и честитка. Дајбоже да се оствари. Па, нели сме АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА?

2005 годишник - Ансамбл „Танец“

21


РЕКОА ЗА НАС КАЛИОПИ БУКЛЕ “Постојат многу вредни нешта со кои можеме да се гордеемe. Постојат големи уметници, бизнисмени, политичари и спортисти, но ако нешто во оваа земја постои како синоним на најисконското македонско што од генерација во генерација не потсетува на она кои сме и од каде доаѓаме, со едно име ќе го наречам ТАНЕЦ. Не е тешко да веруваш, тешко е да пронајдеш во што ќе веруваш, а јас му верувам на Танец.“

ЕСМА РЕЏЕПОВА “Танец е лицето на Македонија, нашата традиција, нашиот неплатен, доживотен амбасадор. Особено со доаѓањето на Милан Завков во оркестарот има новини и поквалитетна музика. Кога бевме заедно во Русија ме трогна “Тешкото“. ТАНЕЦ е ѕвездата што сјае секогаш кога има настап било каде во светот и ја прикажува Македонија во најдобра светлина.“

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ “Во последно време терминот ЕТНО е популарен, но знам еден ансамбл кој свири етно веќе 50 години на најдобар можен начин. Ансамбл кој умее да ми го запре здивот и да ме расплаче. Се вика ТАНЕЦ.“

МИЛАН ШТРЉИЌ - Директор на ХНК Сплит, по повод одржаниот концерт на Танец во Сплит во Ноември, 2005 “Гледајќи го Танец, денес се уверив дека тој е најдобриот амбасадор на македонската култура. Ако задачата на културата е да гради мостови меѓу народите, тогаш Танец тоа го прави мајсторски“

НИКОЛА АПОСТОЛСКИ Претседател на македонското друштво во Сплит “Како Македонец од Тетово многупати сум го гледал Танец, но секогаш одново го доживувам. Складно, подготвено и професионално, Танец прекрасно ја долови нашата Македонија. Македонија има големо име, голема црква и го има нашиот Танец.“

BORIS TRAJANOV Makedonskiot folklor e eden od najskapocenite biseri vo svetskata muzичka riznica. Ulogata na Tanec vo prezentiraњe na toa naшe bogatstvo e neprocenliva i moжeme da bideme gordi шto imame takov ansambl. Nastapot na Tanec vo Pariz so Teшkoto, vo чest na mojata promocija za Umetnik na UNESKO, za mene i za publikata pretstavuvaшe edno golemo umetniчko doжivuvaњe.



N.U. ANSAMBL ZA NARODNI IGRI I PESNI NA MAKEDONIJA

TANEC

“V. Ma~ukovski�, br. 7, 1000 Skopje, Makedonija tel. (02) 2461 021; Faks (02) 2460 112 E-mail: tanecmkd@unet.com.mk www.tanec.com.mk

igra~i - peja~i

orkestar

Qube Angelovski Stojan~e Pavlovski Aleksandar |or\iev Simeon ^ulev Goce Sazdov Atanas Mihajlovski Aleksandar Jovanovi} Mihajlo Stefanovski Jovica Bla`eski Sa{ko Trajkovski Aleksandar Kuzmanoski Traj~e Petru{ev Qup~o Marinkovski Martin Kostovski @eqko Pejkovi} Vesna Stojanovska Vesna Manevska Kristina |or~evska Aneta Dimitrieva @aklina Bogdanovska Iskra Petrovi} Edita Avtova Biljana Meloska Nata{a Sterjova Liljana Mihajlovska Katerina Kuzmanoska Aneta Trpkovska Sowa Angelovska Vesna Severinova Elena Manovska Vesna Jovanovska

Kiro Zifovski Vlatko Terziski Lazo Trpkovski Traj~e Ristov Stojan~e Kostovski Dim~e Stojanovski Metodija Bogdanov Todor Zavkov Irfan Mamuti

vokalen sostav Kiril Spasenovski Slobodan Sardeli} Sa{o Mitev Igor Krsteski Trajko Iqoski Risto |orevski Dejan Stoev Suzana Stefanovska Elena Hristova Svetlana Galeva Efka Ivanovska Aneta Divjakoska Qubica Naumoska Pavlina Zdravkova Neda [uminovska

Marko Kolovski - Direktor na Ansamblot Qup~o Manevski - {ef na igraoren kor Sne`ana Balkanska - asistent Milan Zavkov - {ef na orkestar Velika Stojkova Serafimovska - etnomuzikolog Todor Spasov - organizator propagandist Mirjana [trbevska - tehni~ki sekretar - arhivar Liljana Pe~evska - garderober An\a Avramovska - higieni~ar Janu{a Lazi} - {iva~

MINISTERSTVO ZA KULTURA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.