Марко Коловски
ТРАГИ ВО ЗВУКОТ
Марко Коловски ТРАГИ ВО ЗВУКОТ
МИЦ - Скопје. 2015
Марко Коловски: ТРАГИ ВО ЗВУКОТ
По повод 70 години од формирањето на Македонска филхармонија Прво издание, Скопје, 2015 Издавач:
Музички издавачки центар - МИЦ - Скопје Уредник: Лазар Мојсовски Подготовка за печат: МИЦ
Дизајн на корица: Методија Ачевски Лектор: Даница Андевска
Печат: РИ-ГРАФИКА - Скопје Тираж: 300 примероци
© Музички издавачки центар - МИЦ - Скопје, 2015
Печатењето е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека »Св. Климент Охридски«, Скопје 78.072.3:621.396.74(049.3) 78.072.3:[78.071.2:785.11(497.7)(049.3)
КОЛОВСКИ, Марко Траги во звукот / Марко Коловски ; дизајн на корица Методија Анчевски. - 1 изд. - Скопје : Музички издавачки центар - МИЦ, cop. 2015. - 300 стр. : илустр. ; 25 см Тираж 300. - Регистири
ISBN 978-608-65218-7-5
а) Коловски, Марко - Македонска филхармонија - Музички критики 2007-2015 б) Музички критики - Македонска филхармонија - 2007-2015 COBISS.MK-ID 99021066
ПРЕДГОВОР Книгава што е пред вас ги содржи критиките што ги напишав за концертите одржани во последниве седум и пол концертни сезони на Македонската филхармонија. Не за сите, но - за ре-
чиси сите. Испуштени се пригодните (како што се новогодишните концерти), или традиционалните концерти со посебен повод (оние на кои настапуваат учениците во МБУЦ и студентите на ФМУ). Од другите, како што кажав, опфатени се речиси сите. Идејата на ваков начин да ги претставам моите редовни опсервации на настапите на нашиот единствен симфониски оркестар не дојде случајно. И не беше причина само тоа што оваа, 2014/2015 е јубилејната - седумдесетта концертна сезона на Македонската филхармонија. Тоа е добар, за многу нешта и сосема доволен повод, како што беше и во оваа пригода, но причините за оваа објава се повеќебројни и повеќеслојни. Најнапред - практичната потреба. Сите овие белешки и забелешки на сопствените импресии од мноштвото одржани концерти беа емитувани на програмата на Првиот програмски сервис на Радио Скопје. И ја имаа судбината на музиката што обично претходната вечер ја слушавме: со последниот одглас, со последниот звук да премине во тишината и да остане како бледа и дифузна сенка во нашата несовршена меморија. До наредниот „запис“ во нашиот ограничен ментален „хард диск“. Значи, ретко кој, вклучувајќи ме и мене, се сеќава, не на деталите, ами и на грубите контури на настапите на големите светски уметници и диригенти и на нашите филхармоничари. Кога честопати зборуваме за „незаборавни настапи“, за „впечатоци што траат“, за „трајно забележани импресии“, ние, чинам, попрво зборуваме за нашата желба нив да ги паметиме, или, во најдобар случај - дека треба да се сеќаваме дека сме имале убави доживувања, отколку на деталите, интензитетот или карактерот на тие естетски наслади. Тие, за жал, траат само додека трае музиката, за потоа да останат само како сеќавање за едно незаборавно доживување. Значи, моите редовни петочни осврти врз концертите на нашите филхармоничари што се одржале претходната вечер 3
ја имаа речиси истата судбина: да се доживуваат во мигот на нивното емитување и да се паметат до првата следна содржина што ќе го заземе нивното место. Желбата тие „траги на звукот“ да бидат релативно трајни, барем во една пишана форма, беше таа што ме поттикна да сметам дека трудот да се издаде оваа публикација не е залуден. И свеста, исто така, дека токму низ тие траги идните поколенија ќе ги градат своите сознанија за времето во кое ние живееме, онака како што ние ги градиме низ трагите што ги оставиле другите за епохите што изминале. Токму драгоценоста на таквите записи, со која се сретнувам во текот на мојата секојдневна музиколошка активност, ми дава за право да сметам дека овие критики ќе бидат важни за идните истражувачи и хроничари на музичкиот живот. Без оглед на литерарните вредности на овие судови. Има и уште една, сосема интимна, за многумина беззначајна, но за мене драгоцена причина заради која сакав овие записи да бидат ставени на хартија. Тоа се моите верни слушатели, некои од нив и верни проследувачи на концертите на Македонската филхармонија. Нивното прашање пред, или во текот на концертот: „извинете, кога утре ќе биде Вашиот осврт?“, или, поретко, изјавата од типот: „... многу ми се допадна минатонеделниот осврт ...“, беа поттик да сметам дека правам нешто важно. И да настојувам тоа да биде објавено и на ваков начин. Има тука, веројатно, дел и од неизбежното творечко его, но, а што би бил светот без тоа его? Би ги имале ли оние работи што ги имаме? Би го создале ли она што го создаваме? Со свеста дека, сепак, сето тоа треба да биде во умерени дози, морам да признам дека ваквите изјави, неретко и од моите почитувани колеги во Радио Скопје, ја дополнуваа мојата увереност дека печатењето на овие осврти нема да биде јалова работа. Другите работи дојдоа потоа. На пример, откако за прв пат, со извесна доза на скепса ги прочитав рецензиите што сум ги пишувал во текот на седум-осум години. Имено, дури сега видов дека од нив сосема лесно може „да се прочитаат“ и други, еднакво суштински и стратешки важни работи за дејствувањето на една од нашите најважна национални музички установи. Да се согледа како се водела програмската политика, кои концепти „натежнувале“ во едно, а кои во друго време. Дури и да се види дали имала и каква, евентуално била концепцијата во менаџирањето на Македонската филхармонија. Притоа, треба да кажам, дека неа и нејзината активност ја следам интензивно цели три и пол децении, дека сум сведок за начинот на кој се поставувале 4
приоритетите во различно време и како се решавале актуелните прашања и предизвици. Овој пат, барем за мене, ситуацијата ја правеше појасна и фактот што во целиот овој период Македонската филхармонија имаше едно раководство кое имаше и време и желба да ги оствари своите замисли. Читајќи ги освртите по втор пат (првиот беше во студиото при нивното снимање!), следејќи ги опсервациите од концерт во концерт и забелешките што многу често излегувале од рамките на стручен осврт врз изведбата и делата, речиси бев фасциниран од фактот што низ нив може да се следи еден евидентен растеж на нашата филхармонија. Дека може да се воочи јасно изминат пат од периодот на желба за иновирање на традиционалниот пристап во креирањето на програмата, потоа, трагањето по најсоодветни решенија за да се стигне до саканата цел, па сè до периодот во последниве три-четири сезони кога концептот е доволно модерен и доволно класичен, и кога главно се обрнува внимание врз определени финеси и маркетиншки постапки. Сето ова, сите трагања, понекогаш талкања, понекогаш итања во вистински правец, може да се воочат од дикцијата на моите критики. Во почетокот биле прилично остри со јасни укажувања дека неумерените постапки како резултат на неопходноста од промени, може да постигне спротивен ефект. Ќе најдете тука категорични спротивставувања на честите „излегувања“ од шините на класичниот репертоар што се случуваше во еден период. Како и оценка за „популистичкиот“ пристап во давањето шанса на македонските музички уметници да бидат солисти со Македонската филхармонија. Или, неснаоѓањето со никогаш не задоволените апетити на македонските композитори и некритичката желба нивните дела по секоја цена да бидат дел од програмата на нашите филхармоничари. Откако ги прочитав повторно сите рецензии, денес можам со сигурност да кажам дека Македонската филхармонија, раководена во речиси целиот овој период од Маја Чаначевиќ, нашла соодветно решение за сите овие ребуси. Во рамките на дадените можности, но речиси секогаш - подобри од оние што ги затекнала. За тоа впрочем сведочат и извештаите за присуството на публиката, кои, заради природата на моите осврти, се присутни во речиси секоја рецензија. Ете, затоа, денес сум уште повеќе уверен дека печатењето на овие рецензии дава можност за многу пошироки согледувања отколку што се тоа, верувам - драгоцените импресии од концертите преточени во еден литерарен текст. Скепсата што ја спомнав во претходниот пасус, при5
сутна кај мене пред да ги прочитам сите рецензии по втор пат, беше и заради тоа што не знаев како ќе изгледаат сите тие на едно место. Оперирањето со релативно ограничен фонд на зборови со кои ги опишуваме нашите доживувања води кон тоа описите да станат клиширани. Наспроти бескрајната разновидност на естетските доживувања ние имаме едни, помалку или повеќе шаблонизирани начини за нивно опишување. И за оценка на оние што ги предизвикале. Затоа, како што реков, „ме јадеше јанѕа“ дали собирањето на едно место на сите тие опсервации нема да се претвори во своевидна тавтологија, што е незабележлива во една долга временска дистанца во која освртите оделе во етерот. Сега, веќе, откако нив ги „видов“ на едно место и ги прочитав во еден здив, сфатив дека таквиот страв бил скоро непотребен. За среќа, речиси секој концерт и секој настап на солистите, диригентите и оркестарот биле провокација за некаква поинаква приказна. За поинаква согледба. За фрлање светлина врз некој друг проблем. Не дека тука нема повторувања. Дури на цели фрази, кои што тука можев но, сметав дека не е добро да се дотеруваат. Нив ги има, но, сепак чинам „отстапуваат“ пред разновидноста на опсервациите. И пред следењето на работите во еден „хоризонтален“ континуитет, што не е можно доколку настапите не се следат редовно и со децении. Ако може да се најде некакво извориште на таквата посебност, тогаш тоа е можеби во самата технологија на процесот на создавањето на освртите. Таа беше строго шаблонизирана: мала подготовка, најчесто со слушање на фрагменти или на целата програма што треба да се изведе; одење на концерт без какви и да се предрасуди; не влегување во какви и да се дискусии со колеги за изведбата во текот на концертот; враќање дома; полчасовен одмор; пишување на освртот, најчесто колку што трае самото пишување; утрото рано снимање и давање за емитување. Всушност, секогаш сум се трудел процесот на доживување и, потоа, вреднување и судење да биде „неконтаминиран“. Да биде автономен и целосно изведен1. Да нема елементи што може да доведат до негови деформации. И да му дадам шанса на „безсознајниот суд на вкусот“, сосема „без интерес“ да исплива на виделина. И, потоа, тоа да го преточам во текст. Можеби ова (а можеби и не?) е една од причините што на крајот, сепак, можам да кажам дека мојот страв од шаблонизираност и фразеологија биле неумерени. 1
6
За ова поопширно може да се прочита во мојот одамнешен есеј „За теориските аспекти на музичката критика“, Скопје, 2001
Во една друга пригода (спомната погоре) јас опширно се занимавав со теориските аспекти на музичката критика. Затоа овој пат нив нема да ги спомнувам. Пред сите љубопитни да ги препуштам на страниците што следат, сакам да се заблагодарам. Најнапред - на Македонската филхармонија. Да не беше овој столб на македонската музичка култура, нејзината неизмерно драгоцена дејност во развивањето на вкусот и задоволувањето на потребите на нашиот современ човек, разбирливо - немаше да ја има ниту оваа книга. И, што е многу поважно, - немаше да ги има сите оние успешни или помалку успешни концерти низ кои растевме, и ние како слушатели и личности и македонската држава како демократско и современо општество. И, не само за оваа куса отсечка опфатена во овие седум-осум сезони, туку уште повеќе за сето она што ѝ го даде на македонската држава, на македонските музички уметници и творци, на македонскиот човек во сите овие седум децении од нејзиното формирање. Без неа сè ќе беше поинаку. Онака како што со неа сме на дофат на современите светски музички дострели. Оваа книга немаше да ја има и доколку не беше Македонското радио. Ние сите можеме да зборуваме за нашите „инспирации и пориви“, за нашите „креативности“ и „нескротливи творечки изблици“, но, доколку сме искрени, мораме да признаеме дека голем дел од тоа не би бил доколку не би постоел простор и медиум кој што би ги артикулирал нив во некаква општествена потреба. Барем во мојот случај тоа е евидентно. Јас во оваа пригода Македонското радио го спомнувам и заради желбата преку него да им се заблагодарам и на сите оние што преку МРТ ја граделе и негувале критичарската активност, а ги има цела поворка истакнати имиња, но и заради потребата да предупредам дека во денешново „време-невреме“ демне опасноста оваа важна програмска содржина целосно да замре. Знаејќи што сè нѝ претстои во делот на натамошното етаблирање во светските семејства на народи и држави и каква улога во сето тоа игра културата, мислам дека тој луксуз не смееме да си го дозволиме. Благодарност сакам да упатам и на Министерството за култура. Без неговата поддршка “трагите на звукот“ ќе останеа во крефката меморија на оние што ги слушале, а јас ќе ја немав можноста тие да бидат и мои “траги во звукот“. Како што и ја насловив оваа книга. За финалната подготовка на оваа, како што се покажа, 7
не толку едноставна публикација драгоцени беа придонесите во илустрирањето што ги имав благодарение на разбирањето на Македонската филхармонија и на отстапување на дел од нивната фото архива. Многу повеќе од тоа беа умесните забелешки, прецизните исправки и трпеливото создавање на индексот на имиња што ги направи мојата ќерка, се надевам и мој наследник - Јана. Им благодарам, исто така, и на сите оние што во изминативе години со убав збор или со умесна критика придонесоа овие осврти да бидат вакви какви што ќе ги читате. Сите тие, сепак, не можеа да ги исправат слабостите до крај за кои сум одговорен единствено јас. Марко Коловски Јуни, 2015.
8
ТРАГИ ВО ЗВУКОТ
ТРАГИ ВО ЗВУКОТ - МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА
18.01.2007 ПРОГРАМА:
Л.В. Бетовен: Увертира „Егмонт“ Концерт за пијано и оркестар бр. 5 во Ес дур Ј. Сибелиус: Симфонија број 1 во Е мол ДИРИГЕНТ: Роналд Золман (Белгија) СОЛИСТИ: Рамзи Јаса - пијано (Франција)
Ниту името на реномираниот натурализиран француски пијанист Рамзи Јаса, инаку наш добар познаник од претходните настапи во Скопје и Охрид, ниту, пак она на амбициозниот, енергичен и светски афирмиран диригент - Роналд Золман од Белгија, и, конечно ни добро осмислената програмска концепција на концертот на Македонската филхармонија не беа доволни да се предизвика љубопитноста на скопската публика. Или, можеби подобро,
11
МАРКО КОЛОВСКИ благодарение на повеќе од скромната реклама на концертот, таа не ни дозна дека ова може и да не биде еден од стандардните, подпросечни настапи по кои го имате чувството дека, ете, некако сте го отепале вишокот слободно време. И така, само пред стотина гледачи, што роднини и пријатели на музичарите, што службено присутни лица, што верни придружувачи на ансамблот и во добро и во лошо, се одржа првиот концерт во новата година на македонските филхармоничари. И самиот податок дека меѓу овој и оној претходниот, новогодишен, мина речиси цел месец ја релативизира до крај често спомнуваната алиби претпоставка дека за празната сала е виновна зачестената концертна фреквенција. Не само дека не ќе е така, ами се има впечаток дека со ваков, во случајов медиумски, а најчесто и програмски концепт, концертите и да се одржуваат секои шест месеци публиката ќе биде таа. Значи, нешто итно и коренито треба да се менува. Бездруго, пред сè, да се заврши долгата и исцрпувачка неизвесност и колебливост во врска со именувањето на човекот што ќе ја раководи оваа исклучително важна институција во наредните четири години. Но, сепак, да се вратиме на концертот. За разлика од повеќето случаи во текот на изминатата година, овојпат, како што кажавме, навистина имаше причина да се биде во салата на Домот на Армијата на Македонија. Покрај веќе спомнатите имиња на пијанистот Рамзи Јаса и диригентот Роналд Золман, тоа беа и делата што се најдоа на пултот на македонските филхармоничари: често изведуваната и популарна предигра „Егмонт“ од Лудвиг Ван Бетовен, потоа вистинскиот крал на пијанистичките концерти, Петтиот во Ес дур од истиот автор, и на крај, помалку познатата, но и затоа попосакувана Симфонија бр. 1 од Јан Сибелиус. Дека своето второ гостување во Скопје не го сфатил како лежерен излет, диригентот Золман покажа уште при изведбата на „Егмонт“. Прилично стегнато за наши услови, доста прецизно, - и интонативно и ритмички звучеше оркестарот на Македонската филхармонија и како да навестуваше дека долгата зимска пауза и мноштвото напорни празници не оставиле трага врз изведувачката кондиција на нејзините членови. Требаше да помине цел час, да дојде на ред помалку познатата и многу покомпликувана партитура на Симфонијата број 1 од Сибелиус за да видиме дека Филхармонијата, и покрај јасно видливиот труд што го вложил Роналд Золман, сепак, не може туку така да ја пречекори сопствената сенка. Значи, таа, како и многупати досега, беше коректен толкувач на музиката на финскиот композитор, но најчесто не повеќе од тоа. Многу симпатично изгледаше вкупниот ангажман на диригентот, неговите напрегања да се креира музика, да се наметне сопствениот очигледно развиен музички елан. Сепак, во судирот меѓу индивидуал-
12
ТРАГИ ВО ЗВУКОТ - МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА ната волја и колективната инерција, најчесто го извлекуваше подебелиот крај. Особено во вториот и третиот дел кога највидливи беа и ритмичките непрецизности, и лошото штимање и неизградениот баланс меѓу солидните гудачи и речиси очајните дувачи. За да не биде сè така сиво, се потрудија и самите филхармоничари, и диригентот Золман и особено пијанистот Рамзи Јаса при изведбата на Бетовеновиот Концерт број 5. Тоа беше веќе сосема друга приказна. Исклучително сигурен, прецизен, па и стилски култивиран солист, сосема солиден оркестарски звук и целосно ангажиран и мотивиран диригент, - сево ова беше доволно малубројната публика со извици на одобрување да го поздрави исполнувањето на оваа популарна композиција. За да го претставиме вистинскиот сооднос на силите на теренот, односно, подобро, уделот на учесниците во тој впечаток, мораме да кажеме барем уште неколку збора за изведбата на Рамзи Јаса. Освен веќе спомнатите атрибути, таа беше и доволно енергична и доволно патетична и доволно поетична. Токму толку колку што бара оваа партитура на големиот германски мајстор. Во неа немаше оригинални манири, таа личеше на изведбите на легендарниот Клаудио Арау, и можеби може да се доживее како своевиден пресек на мноштвото исполнителски пристапи на ова дело. Токму и заради тоа чувството на сигурност, на безбедност, на извесност при изведбата на Рамзи Јаса, треба да се сфати во сосема позитивна конотација и да го верификува крајно позитивниот впечаток од неговиот настап. Како и да е, синоќа присуствувавме на концерт од кој, ако се извлечат вистинските поуки ќе се има исклучителна корист. Да се надеваме дека ќе е така.
13
МАРКО КОЛОВСКИ 25.01.2007 ПРОГРАМА:
Ф. Лист: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во Ес дур А. Дворжак: Симфонија бр. 9 во Е мол - „Од новиот свет“ ДИРИГЕНТ: Борјан Цанев (Македонија) СОЛИСТ: Јовчо Крушев - пијано (Бугарија)
Многумина последната изведба на Македонската филхармонија ќе ја опишат како стандардна, иако поимот „стандарден“ во вакви случаи добива повеќе призвук на неопределена и дифузна одредница. Стандардот може да биде и висок и низок, а може да е и во некоја сива зона што може да значи „ниту ведри, ниту облачи“. Значи, синоќешната стандардна изведба на Македонската филхармонија е, всушност, еуфемизам за изведба што нема по што посебно да се памети и што најверојатно брзо ќе избледнее од сеќавањето на оние, повторно малкумината што го проследија овој концерт. А, не мораше да биде така. На програмата беа интересни, популарни и, што е посебно битно за вкупниот впечаток, дела што многу често се наоѓаат на репертоарот на нашиот национален симфониски оркестар: Концертот за пијано и оркестар број 1 во Ес дур од Франц Лист и Симфонијата број 9 во Е мол опус 95, наречена „Од новиот свет“ од Антонин Дворжак. Моцартовата предигра „Титус“ имаше функција на загревање за главните настани, и во тоа својство звучеше и прикладно и солидно. Диригент беше Борјан Цанев, а солист - бугарскиот пија-
14
ТРАГИ ВО ЗВУКОТ - МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА нист Јовчо Крушев, кој веќе имавме можност да го слушаме со Македонската филхармонија пред неколку години. Првиот посериозен предизвик, изведбата на Листовиот Концерт во Ес дур, може да се проценува на два начина: со „раширена бленда“, значи со еден општ поглед од подалечна перспектива во која се гледа тоталот, целината, а деталите остануваат замаглени, и, - со „зумирање“, минуциозна инспекција на сите нијанси и финеси од кои всушност се создава целината изведбата. При првиот начин на проценка, кој што очигледно го преферираше присутната публика, настапот на Крушев и придружбата на филхармоничарите добиваат позитивна оценка. Во овој „широк кадар“ до израз доаѓаа темпераментот на пијанистот, исклучително потребен за доловување на романтичната емоција на Листовата музика, потоа, неговата несомнена музикалност, па - радоста од музицирањето, еланот кој што зрачеше од секоја отсвирена нота. Од ваквата перспектива и Македонската филхармонија и диригентот Цанев изгледаа како сосема коректни соработници на кои им припаѓаат добар дел од ракоплескањата на задоволната публика. Сепак, оние што не се задоволуваат со „широки кадри“, оние што сакаат да ги видат деталите, без сомнение забележаа дека и шармантниот пијанист и македонските филхармоничари демонстрираа низа слабости што не дозволуваат целата изведба да добие висока оценка. Вака гледано, пијанистот демонстрираше недозволен степен на „валканост“ при исполнувањето, на погрешно отсвирени ноти, на непрецизност што не може да биде во толерантен опсег. Во извесни фази на изведбата дури нагласено и премногу беше преокупиран со себе и својата изведба до степен да не може соодветно да ги следи напорите на диригентот и оркестарот да обезбедат синхронизирана и ритмички прецизна изведба. Тоа само делумно ја намалува одговорноста на македонските филхармоничари за недоследностите во оваа смисла, бидејќи, нели, тие го придружуваат солистот и со помош на диригентот должни се да обезбедат соодветна соработка што ќе резултира со високо квалитетна изведба. Токму затоа „овој Лист“, за сите добри познавачи на музичката уметност беше прилично далеку од она што треба да е, што, пак на поголемиот дел од публиката не ѝ пречеше. Таа измами два биса од расположениот пијанист што му даде посебен „штимунг“ на концертот. Дворжаковата Симфонија број 9, наречена „Од новиот свет“, чии што распеани и мелодични теми ги потпевнуваат и просечните вљубеници на музиката, не може да остави никого рамнодушен, но, како противтежа, - нејзина просечна изведба и никого не може да не го остави рамнодушен. Синоќешната изведба беше навистина просечна. Не, - таа не беше изразито лоша. Таа беше, како што рековме на почетокот, - стандардна. Но, за жал, стандардна последни-
…
15
МАРКО КОЛОВСКИ
…
296
ИНДЕКС НА ИМИЊА Авдеева 208-209 Аврамовски 162-163, 168-169, 219-220, 279-281 Албениц 211-212 Александар Краповски 235-236 Александар Пејовски 158-159, 279-281 Алексов 157-158 Алсанов 17 Алтшулер 63-65 Алфеев 93, 102 Алфен 26-27 Амбарцумјан 28-29, 81-83 Ана Дурловски 40-41, 205-207, 228-229 Ана Кондратенко 69-70, 263 Ангелов 44-45, 201-202 Андовска 120-121 Арнолд 56-57 Асетинскаја 81 Атанасов 47 Атанасова 233-234 Бавузе 221-222 Багевски 99-100 Баева 19-21 Бакревски 201-202 Бакрнчев 196-197, 215 Балабурски 228-229 Балинт 31-33 Барати 143 Барбер 44, 61-62, 73, 101-102, 246, 248, 271-272 Барто 65-66 Барток 116-118, 199-200, 222, 246-248, 266-268 Бафтиари 258-260 Бах 93, 105-106, 109-110, 264-265 Березовски 282-284 Берлиоз 114-115, 166-168, 223-224, 268, 270 Бернол 196-198 Бернштајн 40, 52-53, 124-126 Бетовен 11-13, 17, 19-23, 25, 28, 30-32, 35-37, 40, 63-66, 111-113, 138-139, 146-147, 149, 153-154, 164-165, 178-180, 194-195, 210-211, 219, 228-229, 231, 256-258, 284-286, 288-289, 291-293 Бижински 228-229 Бизе 28-29, 56-57, 191, 193, 241-242, 274, 276 Бичам 49 Благој Нацовски 41 Благој Цанев 168-169 Богдановиќ 286-287 Богдановски 63-64 Богоромова 116-117 Борне 274, 276 Бородин 50-51 Борјан Цанев 14, 16, 23-25, 31-33, 37-43, 48, 61-62, 69-70, 73-74, 99,
101-103, 111-112, 116-118, 122-124, 143-144, 153-155, 157-158, 160, 166-171, 178-179, 181, 183-185, 191-193, 201-202, 214-218, 237-239, 241, 244-245, 249-251, 266, 268, 279-280, 284-286, 288-289 Брамс 26, 94-96, 132-133, 181-182, 194-196, 199-200, 252-254, 256-258, 268-271 Бритн 61-62, 174-175, 201-203, 246-247 Брукнер 48, 94-96 Брух 109-110, 162-164, 216-218 Бужаровски 168-169, 178-179 Бјуканан 30-31 В. Ф. Бах 264 Вагнер 30-31, 47, 73, 89, 142, 201-202, 218, 233, 290-291 Ван 12, 17, 172-173 Вајголд 107-108 Вајзер 210-211, 219-221 Вања Николовски-Ѓумар 208-209 Вебер 44-45, 241-243 Веинберг 290-291 Венгеров 81-82, 115 Верди 40, 58-59, 205-206 Вивалди 183-184 Вилсон 52-53, 77-78 Вилја-Лобос 120-121 Висконти 89 Владимир Николов 286-287 Властимир Николовски 91-92, 99 Володин 225-227 Вршкова 246, 248 Вјењавски 20, 235-236 Габр 187-188 Галевски 130-131 Галиано 219-220 Гарет 61-62 Гацева 37-39, 155-156 Гершвин 35-37, 52-53, 124-127 Гибонс 50-51 Гинастера 249-251 Гиновска-Илкова 58 Глазунов 26-27, 118-119, 151-152, 279-280 Глас 30, 41, 271 Глиер 205-206 Глишиќ 99-100, 170-171, 215 Глук 111-112 Гокмен 33-34 Голд 131 Горлач 164-165 Грегсон Вилијамс 131 Григ 86-87, 274-275 Гринголц 73, 244-245 Гуно 37, 39, 205, 207 Д`агостини 84-85 Дамјан Темков 201-203 Дан 124, 126
297
ИНДЕКС НА ИМИЊА Дандио 58 Даутовски 215 Дворжак 14-16, 22, 54, 67-68, 167, 176-178, 199-200, 223-224, 246-247, 254-255, 277-278, 285 де Фалја 134, 295 Дебиси 160-162, 271-272 37-39, 268-269 Делиус Демиденко 291-292 Дика 56-57 Димушевски 215 Димчевски 132-133 Донадио 58-59 Доницети 40, 58 Дуке Бојаџиев 148 Дуковски 237-238 Д‘Агостини 84 Елгар 61-62, 252 Елзесер 258-259, 261 Елфман 131 Енеску 235-237, 277 Ешкенази 162-163 Земцов 185-187 Зографски 99, 116-117, 249-250 Золман 11-13 Ибер 274-276 Иванов 114-115 Ивановски 277-278 Игор Дурловски 40-41, 290-291 Изкарај 261-263 Илиевски 191-192 Илија Пејовски 37-38, 99 Имери 258-261 Имиг 145-146 Ирина Наумовска 239-240 Итуралде 120-121 Кавамура 103-104 Кавкалевска 107 Казанџиев 35-36 Калифе 187-188 Камио 126-128, 176-177 Кампанела 149-151 Капусон 166-167 Карадаглиќ 293-295 Карајан 49 Кастелиц 135-137 Квинт 241-243 Кехел 112 Кејџ 157, 159 Кинка 35-36 Кировски 79-80, 168-169 Кисин 81-82 Кларк 52-53 Кодаи 126 Коларовски 23, 25, 258-260 Коловски 219-220 Копланд 124-125 Копола 89 Корнголд 261-262 298
Коробејников 256, 258 Корјос 277-278 Костов 265, 271-274 Костова-Јаневска 135-136 Краповски 178-179 Кривокапиќ 211-213 Крист 62, 112, 124-125, 143, 151-153, 196-198 Крстев 178-179 Крушев 14-15 Ксенакис 102 Куленовиќ 199-200, 241-243, 286-288 Куфојанакис 279-280 Кјубрик 89 Лазаревски 178-179 Лало 126-127, 177, 266-267 Лано 128-129 Лахенман 102 Лајовиц 71-72, 74, 86-88, 271-274 Лековски 237-238 Леонид Коган 109 Летоња 94-96 Лигети 102 Липановиќ 19-21 Липохои 109-110 Лис 174-175, 282-284 Лист 14-16, 67-68, 114-115, 149-151, 159 Лотрич 58 Лумани 258-260 Лумановски 147-148, 187-188 Лупеш 235-237 Лутославски 143 Мазел 132 Максимовиќ 28 Малер 71-72, 89, 105, 107-108, 140-142 Ман 132-133 Мангова 160-161 Мандеал 277-279 Манчев 128-129, 235-236 Маргулис 151-152 Маркез 211, 213 Марковиќ 149-150 Мартин 54-55 Мартину 178-180 Мартучи 216-218 Маскањи 58, 90 Масне 114-115 Меерович 189-190 Меккриш 268-270 Мелников 77 Менделсон 19-22, 75-77, 118-119, 164-166, 201-202, 239-240 Мехта 132 Мејер 164-165 Мељников 78 Миленковиќ 75-77 Милер-Шот 266-267 Мисиркова-Лоза 91-92, 258-259, 261 Михајло Николовски 21-22, 241-243
ИНДЕКС НА ИМИЊА Мијо 279-280 Модуи 228-229 Мозер 97, 252-254 Монти 146-148 Моцарт 14, 17, 22, 40, 54, 69-70, 89, 103-104, 111-113, 122-124, 138-139, 153-154, 198, 210, 244-245, 254-255, 288-289 Муиро 54-55 Муриз 134 Мусоргски 79-81 Наваро 237-239 Накарјаков 189, 288-289 Нацовски 40-41 Нацоски 84-85 Начевски 101-103, 215 Нгуиен 172-173 Николовски-Ѓумар 21-22, 46-47, 56-57, 88, 90, 120-121, 204, 211-213, 225, 256 Никоска 216-217 Нинослав Димов 120-122, 279-280 Огринчук 153-155, 254-255 Олег Кондратенко 261-263 Онај 33-35, 86-87 Осетинскаја 81-82 Ојстрах 133 Павел Коган 109-110 Паганини 20, 63-65, 71, 115, 143-144 Палечни 118-119 Пантелеев 147, 149, 162-164, 189-190, 223-224 Пахелбел 183-184 Пају 274-276 Пендерецки 290-291 Перцан 183-184 Петерзамер 140-142 Петрач 28 Петров 187-188 Петровски 99, 151-152 Пејиќ 279-280 Пејовски 99, 215 Писарев 21-23 Полак 89 Полнхајм 228-229 Понкиели 58, 201-202 Понтинеи 174, 176 Поп-Томова 140-142 Прајор 233-234 Проески 44 Прокопиев 86-87 Прокофјев 21-22, 59-60, 77-78, 151-152, 166-167, 221-223, 244-245, 284-286 Прошаев 59-60, 103-104 Прошев 155-156 Пучини 40, 58, 226 Пшибилски 44-45, 59-60, 65-66, 75-77, 91-92, 118-119, 155-157,
181-182, 290-293 Пјацола 17, 121, 220 Пјемонтези 181-182 Равел 56-57, 62, 79-80, 97, 114-115, 126, 128, 160-162, 166-167, 222, 293-295 Раиц 76 Рами Калифе 187-188 Рахманинов 50-51, 71-72, 81-83, 120-122, 174-176, 230-232, 246, 291-292 Рајнеке 196, 198 Редмонд 130-131, 174-175, 246-248 Рение 97-98 Репушиќ 79-81 Респиги 219-220 Римски-Корсаков 105-106, 134-135, 261-263, 286 Ристова 75-77 Родриго 211, 213, 293-295 Рождественски 26-27 Росауро 157-158 Росини 40, 122-123, 146-149, 164-165, 254-255 Рубацките 128-129 Румштад 208-209 Русев 230-232 Рјепин 81 Саздовски 94 Сајгун 33-35 Светиев 191-193 Светиева 193 Свиридов 116-118 Селита 28, 67-68 Сен-Санс 23, 25, 58, 114-115, 132-133, 205, 207, 233-234, 241 Сермет 194-195 Сејсон 97-98, 138-139, 249-251 Сибелиус 11-12, 176-177, 216-218, 233-235 Скарлати 151 Скифано 84-85 Скорсезе 89 Скрјабин 185-187, 225-227 Сметана 54 Смокварски 261-262 Сноу 101-103 Соколов 210-211 Стојан Димов 121 Стојановски 178-179 Стојков 69 Стравински 21-22, 86-87, 196, 198, 225-228, 272, 286-288 Страшо Темков 47, 56-57 Суванаи 199-201, 284-286 Супе 20, 146-147, 149 Т. Х. Нгуиен 172 Табаков 105-106, 138-142, 160-162, 176-178, 185-187, 194-196, 205-207,
299
ИНДЕКС НА ИМИЊА 221-223, 230-232, 252-253, 274-276, 293-295 Таламанка 84-85 Татарчевски 93-94, 97-98 Теодосиј Спасов 52 Тодоровска 105-106 Томпсон 67-68 Томсон 67 Трајчевски 215 Третјаков 109-110, 133 Трпчески 25, 126, 136 Турина 261-263 Фауст 94-95 Фењо 1, 223-224 Фи Фи 172-173 Форе 101-102, 131, 208-209 Форман 89 Франк 30, 208-209, 249-251 Фре 12, 264-265 Фук 172-173 Фурија 17-18 Халенберг 268-270 Хамар 126 Харфуш 204 Хаусер 122-123 Хачатурјан 31-33, 155-157 Хајдн 122-123, 183-185, 254-255, 288-289 Хајрудинов 50-51 Хендл 84-85, 89, 105-106 Херцог 258-259, 261 Хиндемит 241-243 Холст 42-44, 48, 216-218 Хунг 172 Хуперц 145-146 Цимер 131 Чајковски 22, 69-70, 73-74, 77-78, 89, 91-92, 97-98, 109, 117, 135-137, 162-164, 177, 189-190, 199, 230-232, 274, 276, 279-280, 282-285, 292 Чилеа 40, 58 Чобанов 134-135 Шабрие 134, 293-294 Шату 138-139 Шахов 258-260, 266 Шего 30-31 Шел 49 Шенберг 181-182 Шимановски 44-45 Шипуш 99-100 Шопен 103-104, 118-119, 208-209 Шостакович 37, 39, 45-48, 59-60, 79-80, 89, 128-129, 157-159, 169, 189-190, 286-287 Шпор 54-55 Штраус 30-32, 89, 160-162, 169, 266-268, 277-278, 290 Шуберт 89, 109-110, 181-183, 235-236 Шуман 33-34, 149-150, 181-183, 300
237-238, 279-280 Шутевска-Кировска 168-169 Шчедрин 28-29 Ѓошевска 23-24, 111-112, 279-280 Ѓуркова-Чаначевиќ 47 Ј. Ф. К. Бах 264 Јаблонски 71 Јаначек 174-175 Јаса 11-13 Јовиќ 58 Јонезу 114-115 Љадов 63-64 Џамбазов 215, 258-261 Џеферс 52-53 Џон Вилијамс 131
МАРКО КОЛОВСКИ Роден e на 25.11.1957 година во Струга. Студирал паралелено Музичка теорија и педагогија и Музикологија. Во 1981 година дипломира на МТП, а во 1983 година на одделот за Музикологија, во класата на Проф. Драгослав Ортаков. Постдипломски студии посетувал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1990 и 1991 година. Од 1985 година работи во музичката програма на Македонско радио. Од 1987 е уредник на Редакцијата за класична музика (исто така од 2012 до денес), а од 1989 до 2000 година е Уредник на Музичката програма на Македонското радио. Од 1997 година е покренувач и главен и одговорен уредник на списанието „Музика“. Во декември 2002 година е именуван за Директор на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија - „Танец“. Од 2007 до 2012 година е Претседател на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на книгите „Македонски композитори и музиколози“, Скопје, 1993 (награда „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија за 1993).; „Корени и цутови“ - Фолклорот во творештвото на Властимир Николовски, Скопје, 1996; - „Ex tempore - Охридско лето 1991 - 2001“, Скопје, 2001: „Есеи за македонската музика“ Скопје, 2009. „Зографски“, Скопје 2011 (награда „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија за 2011); „47 македонски композитори“, Скопје, 2014; Коавтор е на книгите: „MUSIC IN THE BALKANS“. Tirana, 2001; „Охридско лето 1961 - 1996“ 1996; - „Лексикон опера“, Универзитет уметности, Београд, 2008; „Музика, опера, балет“ - МИАН, Скопје, 2008; „50 години Охридско лето“ -(монографија) 2010 година. Коавтор е и во повеќе мултимедијални проекти како: „ENCIKLOPEDIA MACEDONIKA“, Семос мултимедиа, 1999; 2002; 2003; „МУЛТИМЕДИЈАЛНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ МУЗИЧКИ ФОЛКЛОР“ (коавтор и ко-раководител на проектот); МУЛТИМЕДИЈАЛНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА „КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА НА 20-ОТ ВЕК“ - Министерство за култура, Семос Мултимедија, 2004. Учесник е во енциклопедиски и други проекти: „Енциклопедија БРИТАНИКА“ - македонско издание, 2005; Општа енциклопедија, МИ-АН, 2006; „Енциклопедија на Македонија“, МАНУ (2009) - (член на редакција и автор на 107 единици). Автор е и на повеќе десетини статии и есеи објавувани во стручни и научни списанија во Македонија и во странство (неколку од нив наградувани на конкурси на СОКОМ), како и на повеќе од 700 критики објавени во печатот кај нас и на програмите на Македонското радио. Автор е и на голем број циклуси радио емисии, сценарија (или ко-сценарист) за повеќе кореодрами и коавтор е на театарската претстава „Последните Македонци 2012“. Добитник е на наградата „Виртуози“ за публицистика во 2013 година.