ДИСПЕРЗИЈА -разложување на белата светлина
Белата светлина иако изгледа дека е проста, таа е сложена и е составена од повеќе бои.
Разложувањето на светлината кога минува низ оптичката призма се вика дисперзија.
Боите што се добиваат при ова разложување се викаат спектрални бои кои што се подредени на следниот начин: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, модра и виолетова.
Појавата белата светлина после прекршувањето да се појавува во спектрални бои се нарекува разложување или дисперзија на белата светлина.
Ако спектралните бои се соберат во една точка повторно ќе се добие бела светлина.
• Светлината составена од разнобојни компоненти се нарекува полихроматска светлина. • При разложувањето на белата светлина кога се прекршува во призмата сите спекртални бои имаат различни индекси на прекршување и затоа се одвојуваат една од друга. • Затоа што индексот на прекршување (n) зависи од количникот на брзините во воздух и призма, брзината на сите спектарни бои (c1) во воздухот е еднаква, но брзината(c2) во оптичката призма е различна и индексите на прекршување ќе бидат различни. • Различниот индекс на прекршување на секоја спекрална боја, е причина што сложената бела светлина при прекршувањето се разложува на спектрални бои
• Ако на оптичката призма се пушти светлина добиена од усвитени гасови (хелиум, неон) светлината ќе се разложи, а спектарот ќе има сосема друг изглед.
• Виножитото е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Црвената боја излегува под агол од 42 степени спрема правецот на упадната сончева светлина, а виолетовата под агол од 40 степени. Останатите бои доаѓаат по ред под агли меѓу овие два. Виножитото обично се појавува после дожд
Изработено од: Матеа Ташковска IX б ООУ Димитар Миладинов Општина Центар Скопје