Фолклорни приказни е општ термин за различните видови на традиционалните раскажувања. Раскажувањето на овие приказни е слично на една универзална култура и е блиско до традиционалните и сложените општества. Дури и облиците на фолклорните приказни секако се повеќе или помалку слични во секоја култура а за тоа сведочат и компаративните студии што се занимаваат со овие тематики и раскажувачки методи. За овие приказни исто така се смета дека се и усно раскажани приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Од друга страна, фолклорот точно го определува описното раскажување во кое не постои света или религиска содржина. Според Јунговите сфаќања, според неговиот метод на анализа, фолклорот може да се однесува на несвесни психолошки шеми, инстинкти или архетипи на умо Ова мислење може но не мора да содржи фантастични елементи (како магија, нереални суштества или персонификација на неживи предмети). Овие фолклорни приказни можат но не мора да потекнуваат од религиска традиција, но и покрај тоа обработуваат одредени психолошки теми. Познатата фолклорна приказна „Јованче и Марика“ е пример за оваа поврзаност. Изразната цел на оваа приказна од една страна може да се толкува како недуховна ако се зборува за заштитата на шумите а од друга страна како поучна приказна ако се зборува за стравот од глад во големите фамилии. Може да постои морален и психолошки поглед на работите,а тие може да имаат и забавна страна, во зависност од тоа кој раскажува, во кој стил раскажува, возраста на публиката, и од целокупната изведба.Фолклористите во основа одбиваат универзална интерпретација на раскажувањата и повеќе сакаат да ги анализираат усно раскажаните верзии во одреден контекст, отколку пишаните бидејќи во нив се одразува пристрасноста на писателите. Урбаните легенди како дел од фолклорот Современите раскажувања, најмногу на Западот, содржат и урбани легенди. Постојат повеќе облици на фолклорот, кои се толку секојдневни, што луѓето не знаат дека припаѓаат на фолклорот а тие се загатки, детска рима и приказни за духови, гласини (како и теории за заговор), озборувања, етнички стереотипи, празнични обичаи и животни ритуали. Раскажувањата за грабнувања од НЛО, фигурираат во приказните од претхристијанска Европа а такви приказни се среќаваат дури и во Библијата при искачувањето на пророкот Илија во рајот.
Бајки Бајките се измислени приказни кои изобилуваат со суштества како самовили, гоблини, џуџиња, тролови, џинови, животни кои зборуваат и волшебства .Тие се одвиваат во некое нереално или многу далечно време. Во модерно време овој поим се објаснува со принцези и со живот како Пепелашка. Бајките обично им одговараат на деца бидејќи тие се поистиветуваат со ликовите од
бајките. Во културите кои веруваат во вештерки и ѓаволи, бајките станале легендарни раскажувања. Најчесто бајките,за разлика од легендите и другите форми на раскажување не заземаат конкретно време туку се одвиваат во некои неопределени времиња и простори. Бајките можат да се забележат во усно раскажаните фолклорни приказни или во книжевни форми. Историјата на бајките тешко може да се одреди бидејќи единствено книжевните форми опстојуваат. Сепак,книжевните форми на бајките укажуваат на тоа дека бајките постоеле илјадници години наназад иако не биле признати за конкретен жанр. Бајките постојат насекаде низ светот а тоа го докажале и фолклористите кои ги собирале од различни земји.Тие се пишуваат и денес. Првенствено биле наменети за возрасни но подоцна биле прилагодени и за децата: тоа го покажува и книгата на браќата Грим „Приказни за децата и за целото семејство“ Бајките како усно пренесена книжевност, се еден подвид на фолклорната приказна. Браќата Грим, на пример, иако пишувале бајки се труделе и да ги задржат усните форми на бајките. Нивните напишани бајки подоцна биле преформулирани за да одговараат на книжевниот стил. Напишаните и усно пренесените бајки имаат слична содржина, слични мотиви и слични елементи во однос на сите бајки кои се раскажуваа во светот. Многу писатели од 18-от век се обиделе да го доловат чистиот фолклор во напишаните приказни. Сепак,бидејќи усно раскажаните бајки постоеле многу години пред напишаните , не успеале да го задржат чистиот фолклор.
Милена Илиеска