Кирил и Методиј

Page 1

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ДЕН НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ!

Електронската книга е изработена со цртежи, лични творби и истражување на интернет на дел од учениците од петто (Vг ) одделение ООУ„Гоце Делчев “ – Прилеп Одделенски наставник Александра Андоноска


Голема благодарност до Кирил и Методиј! Би сакала, да им заблагодарам на нашите изумители на глаголицата, дека во коренот на секоја изговорена буква, секој изговорен збор, се крие нивното дело. Би сакала да им се заблагодарам на Апостолите на Словените, дека биле учители на Климент и Наум, дека биле учители на луѓето кои ја создале Кирилицата. Би сакала да им се заблагодарам на ширум познатите просветители, што превеле многу книги. Јас би сакала да упатам поздрав до КИРИЛ И МЕТОДИЈ! Јована Пејовска

Светите браќа Кирил и Методиј го описмениле словенскиот народ, па затоа и ден денес постои мојот мајчин јазик. Празникот се слави затоа што тие ја создале Глаголицата, која потоа ја упростиле нивните ученици, св. Килимент и св. Наум и денес ја имаме нашата азбука. Таа има 31 буква и во чест на својот учител, Климент и Наум ја нарекле Кирилица. Јазикот е една книга за која сите треба да знаеме и да ја негуваме. Без нашиот јазик ние немаме минато, а немаме ни иднина. Јазикот е слобода за да се изразиме и сите ние треба да го чуваме и пазиме. Нина Богатиноска



КИРИЛ И МЕТОДИЈ Браќата Кирил и Методиј се заслужни за многу работи. Тие биле двајца учители кои неукиот народ го описмениле со азбука која ја нарекле Глаголица. Тоа била првата азбука која била искористена за да се подобри комуникацијата меѓу луѓето. Откако го направиле ова големо дело биле познати низ светот и сите луѓе им биле благодарни. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени. Со оваа азбука почнале да се пишуваат и некои книги кои биле само пишувани, не биле испечатени и секако биле многу скапи. Кирил и Методиј гледале, што е можно повеќе, да подготват луѓе учени за учители, бидејќи знаеле дека без тоа, словенскиот јазик и словенското писмо брзо ќе исчезнат. По нивната смрт, нивните ученици Св. Климент и Наум Охридски ја продолжуваат нивната работа помеѓу Словените. Затоа ние треба да им бидеме многу благодарни на светите браќа што сега можеме да читаме и пишуваме. Тие ни подариле непроценливо богатство, па затоа ние треба секогаш да го цениме нивното дело. Нека ни е честит празникот на нашите просветители. Теодора Тасеска

Ден на словенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј - државен празник кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј основачите на првата словенска азбука - Глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за празник во 11век. Овој празник во Македонија за прв пат бил обележан на 11.05.1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје. Ива Стојановска


Солунските браќа Солунските браќа, тие што ја создале првата азбука-глаголица, тие што ги превеле книгите од старата полица, учителите на Климент и Наум, Апостоли на Словените, решители на проблемите, дел од нашата и Солунската историја, се Кирил и Методија! Кирил и Методиј, ширум познати просветителивистински изумители, претци им се татко Лав, и Марија мајка на солунските браќа! И Епископи биле, а и од сите останати се издвоиле! Манастири се изградени во нивно име, има празници кои се прославуваат и лете, и зиме! Па има и споменици во чест на Солунските свештеници! Дел од нашата и солунската историја, се Кирил и Методија! Јована Пејовска


Словенските просветители

Пред многу лета, двајца браќа се подготвиле за мисија света азбуката ја создале, и со нашиот јазик не запознале писменоста нам ни ја дариле, и живот ни подариле тие на светот се знаат, и никогаш нема да се каат.

Ведран Мегленски


Марија Цветаноска

Свети Кирил и Методиј се македонски браќа од Солун кои во IX век станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз култирниот развој на сите Словени поради што ја добиле титулата „Апостоли на Словените“. Тие се заслужни за создавањето на Глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната дејност ширејќи ја писменоста помеѓу Словените. Тамара Геговска


Св. Кирил и Методиј

Кирил и Методиј се словенски браќа, кои буквите ни ги подарија и разбирањето помеѓу нас, тие го остварија. Оттогаш,па се до денес, сите луѓе се разбираат, сите луѓе разговараат и комуницираат. Св. Кирил и Методиј многу за нас направија, со тоа што глаголицата ни ја подарија убавината во книгите, само тие ја остварија. Затоа заслужуваат благодарност, најголема на свет, која не може да се искаже, ниту со најголемиот букет. Теодора Ѓорѓиеска


Теодора Тасеска

Кирил и Методиј биле родени во Солун во угледно и богато византиско семејство. Татко им бил Лав, а мајка Марија. Најстариот од седумте деца бил Методиј кој бил роден во 815г.Најмлад бил Константин кој бил роден 826/7 година кој подоцна се замонашил во Рим и го добил името Кирил. Тој појавилособен интерец кон науката и добил солидно образование за тоа време. Со само 20 години Методиј се сретнал со славата во византиската армија и веќе бил познат во царскиот двор во Цариград. Во 845 бил наградн од царот со војводски чин и го именувал за ккнез на Бреглничката област. Браќата Кирил и Методиј ја создале Глаголицата во 862/863 година. Методиј починал на 6 арил 885, а Кирил на 14 февруари 869 година. Тамара Николоска


Нашите учители Нашите учители, двајцата браќа се наши спасители. Тие го посеаја првото семе, сега ние да можеме да учиме, да имаме писмо и иднина во ова модерно време. Голема благодарност и спомен за нив се малку што може да додадеме, да се оддолжиме. Барем да се сетиме на нивното дело и лик и да го продолжиме. Стефани Ѓорѓиеска


Антонио Ѓорѓиески


Кирил и Методиј

Кирил и Методиј се словенски браќа напишале азбука што лесно се сфаќа. Словенската азбука Глаголица се вика од нејзините букви убавина блика. Голема благодарност на Кирил и Методиј за нивниот придонес во нашето знаење. Марија Јанкова


Свети Кирил и Методиј

Свети браќа беа како учители работеа и тие Глаголицата ја напишаа. Сите имињата им ги знаат и гордо ги кажуваат: Тие се свети Кирил и Методиј!

Наталија Станкоска


Марко Блажески Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Гоце Гически Кирил и Методиј не научија како да пишуваме, да зборуваме и затоа да им вратиме со добро. Па, можат да го заборават и зборот еден ден, но не повеќе затоа што сме луѓе кои знаат да зборуваат само заради нив, па затоа памтењето на нив нас ни е важно. Горазд Таневски


Марија Димоска

Кирил и Методиј

Ние паметни ученици имаме, покрај нашата глаголица, кирилицата ја смислиле. Со денови, со ноќи ја мислеле, со почит кон нас ја пишувале. Бојана Пејовска


СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ И НИВНАТА ДЕЈНОСТ Со доаѓањето на Словените во Македонија, тие со себе ги донеле и своите пагански верувања и својот јазик. За писмено изразување употребувале црти и рески. Сепак со доаѓањето во Македонија и на јужниот Балкан се сретнале со напредна култура и развиена писменост. Словените од староседелското население го примиле писмото кое било во употреба на тие простори и го користеле во писменото изразување. Но со постојните букви на грчкото унцијално писмо или со римското латинично писмо, не можеле да ги пишуваат сите карактеристични словенски гласови кои ги изговарале. Поради тоа, се појавила потреба да се создадат нови знаци – букви, со кои ќе се пишуваат словенските зборови, те. писмено ќе се забележува јазикот на Словените. Создавањето на азбука за Словените било дипломатски чекор на Византија, а со азбуката византиската придобивка била двојна. Прво – полесно се ширело Христијанството кај Словените и второ, Византија придобивајќи ги балканските словени на своја страна си обезбедувала подобра позиција против Бугарската држава која напаѓала на територијата на Византија на Балканот. Задачата за создавање на словенско писмо, од византискиот двор ја добил Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна поддршка и помош од неговиот брат Методиј. Биографии на Кирил и Методиј Константин и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија. Методиј е роден во 826 год. Се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал, Методиј на 20 годишна возраст, од визнтискиот двор добил чин Војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското кнежевство во Македонија, кое се


простирало во Струмичко – брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигура поддршката на месното население во борбата против бугарските напади на таа територија. Константин, познат под монашкото име Кирил, бил роден во 827 год. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет (Магнаурската школа). Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По завршувањето на студиите Константин станал професор по филозофија во универзитетот во кој и самиот учел претходно. Како вреден и образован стекнал голема доверба на византискиот двор. Мисиите на Кирил и Методиј Мисија кај Сарацените Прва мисија на Константин била мисијата кај Сарацените во Багдад. Со оглед на тоа што го познавал арапскиот јазик и Коранот, бил испратен од византискиот император Михаил III во дипломатска помирителна мисија кај Сарацените. Мисијата била во периодот (851 856 год). Во оваа прва своја дипломатска мисија Константин успеал да ослободи извесен број (околу 1000) византиски заробеници кои ги вратил во Византија. Брегалничка мисија Потоа бил испратен да му помогна на својот брат во Словенското кнежевство во Македонија (оваа е тн. Брегалничка мисија). Доаѓајќи во брегалничко, според легендата Константин покрстил 54000 словени. Таму Константин ги воочил проблемите со кои се соочуваат словените со немањето на своја азбука и неможноста да се употребува грчкото унцијално писмо и латничното писмо за запишување на специфичните словенски гласови. Мисија кај Хазарите Во 860 год – Константин е испратен од Византија кај Хазарите на (Кримскиот п-ов) брегот на Црно море. Тие немале официјална религија. Кај хазарското население имало Евреи, Муслимани, Христијани и пагани (многубошци). Задача на Константин во оваа дипломатска и верска мисија во Хазарскит каганат била да го прошири христијанството на оваа територија и да ослободи византиски затвореници. Тој со себе го понел и својот брат Методиј.


Во оваа мисија на Крим тие ги откриле моштите на Папата Климент I (Римски) и со верски почести ги положиле во црквата Св.Димитрија во градот Херсон. Константин напишал и „Пофално слово“ и химна за папата Климент. Дел од моштите Константин понел со себе. Мисија кај Аланите По успешната мисија кај Хазарите, Константин бил испратен во нова мисија кај Аланите, во градот Фула, на источниот брег на Црно море. И оваа мисија успешно ја завршил покрстувајќи голем број пагани. Мисијата во Велика Моравија Во 863 год. моравскиот кнез Ростислав побарал од Византискиот император Михаил III да му испрати мисионери за заштита од влијанието на германското свештенство и германските мисионери. Византискиот император на мисија во Велика Моравија ги испратил Константин и Методиј. Специјално за престојната мисија, браќата создале посебна азбука според јазикот кој го зборувале Словените, составена од 38 букви, Оваа азбука наречена е ГЛАГОЛИЦА. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија. Нивната дејност наишла на силен отпор кај германските свештеници кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глагоското писмо. Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до Папата Никола I, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со Папата. Мисијата во Панонија За делото и големината на браќата Константин и Методиј, дознал и кнезот Коцел од Панонија, кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата. Константин и Методија останале во Панонија 6 месеци и во тој период го ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население. Од таму преку Венеција, отпатувале во Рим. Средбата со Папата Во Рим браќата биле примени од Папата Адријан II затоа што Никола I штотуку починал. Нему му ги предале моштите од папата Климент I. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на Христијанството и поради честа која му ја направиле на починатиот папа Климент I,


Адријан II, го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на словенски јазик, црковните книги кои биле преведени на словенски јазик и писмо биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата бил осветен од Папата кој дозволил во Велика Моравија и Панонија да се богослужбува на словенски јазик. Во Рим, Константин тешко се разболил. Се замонашил во февруари 869 година и по педесетина дена починал. Непосредно пред смртта го примил монашкото име Кирил. Неговото тело со високи верски почести било положено во црквата „Св. Климент“ во Рим каде што се наоѓа до денешни дни. Методиј, со од папата добиениот архиепископски чин се вратил во Велика Моравија за да продолжи со мисијата. Заедно со своите ученици, дејноста ја вршел со големи тешкотии поради силниот притисок од германското духовенство, се до смртта во 885 год. Марко Блажески


СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ Константин и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија. Методиј е роден во 826 год. Се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал Методиј на 20 годишна возраст од византискиот двор добил чин Војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското книжевство во Македонија кое се простирало во Струмичко-брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигура подршката на месното население во борбата против бугарските напади на таа територија. Константин познат под монашкото име Кирил бил роден во 827 год. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимоините семејства. Како најдобар ученик рано се школувал на Цариградскиот универзитет. Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По заврсувањето на студиите Константин станал професор по филозофија во универзитетот во који самиот учел предходно. Како вреден и образован стекнал голема доверба на византискиот двор. Константин и Методиј станале мисионери на христијанството помеѓу Словените. Тие се заслужни за измислување на првата азбукаглаголица. По нивната смрт нивните ученици ја продолжиле нивната работа. Mатеа Танева


Кирил и Методиј

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето. Cв. Кирил и Св. Методиј почнале да предават во Охрид. Тие биле првите кои ја напишале Глаголицата. Нивните ученици (Климен и Наум) ја преправиле Глаголицата во Кирилица. Кирлицата до ден денес ни служи. Св. Кирил и Св. Методиј ни ги подарија првите букви и ние треба тоа да го цениме оти тие биле првите учители во Македонија. Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква.

Антонио Ѓорѓиески


Македонските просветители “Св.Кирил и Методиј”

Свети Кирил и Методиј се македонски браќа од Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.


Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по филозофија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф. Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав на сплав "од три липови дрвја" и пристигнаа во Белград, тогаш во Бугарија. Началникот на Белград, ги испрати при царот Борис I. Свети Наум остана во главниот град на Бугарија и ги постави основите на Преславската книжевна школа, а Климент е испратен во областа


Кутмичевица, на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжи да работи меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север. Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин. Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија. Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија. Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот цар Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските


богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови. Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

Марко Блажески


СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ВИ СЕ ДОПАДНАА НАШИТЕ ТВОРБИ 

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ !

ПЕТТО Г ОДДЕЛЕНИЕ ООУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ПРИЛЕП 24.05.2020


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.