Ракотворби - Александар Трајкоски

Page 1

Ракотборби Македонското ракотворење има вековна традиција и неговата вредност како наше традиционално богато културно обележје се афирмира како кај нас, така и надвор од нашата земја преку традиционалните обичаи во период на верските празници а тоа е нашиот идентитет кој треба да си го зачуваме. Занаетчиството во Република Македонија се развивало постапно низ вековите, достигнувајќи ниво на перфекција истовремено добивајќи признак на високо квалитетна применета уметност.

Македонското ракотворење има вековна традиција и неговата вредност како наше традиционално богато културно обележје се афирмира како кај нас, така и надвор од нашата земја преку традициолалните обичаи во период на верските празници а тоа е нашиот идентитет кој треба да си го зачуваме. Занаетчиството во Република Македонија се развивало постапно низ вековите, достигнувајќи ниво на перфекција истовремено добивајќи признак на високо квалитетна применета уметност. Тоа со векови било како основна економска и културна движечка сила во земјата, препознатлива во регионот и ширум светот. Денес, новите технологии и иднустрии го потиснуваат занаетчиството. Многу малку е направено истото да се сочува, заштити и негува како традиција, како духовна вредност које има уникатни карактеристики. Ваквите занаети можат во многу да придонесат за препознатливоста на Република Македонија ширум светот. Современиот начин на живеење сè повеќе и повеќе го потиснува нашето културно богатство и современиот човек ја губи врската со традиционалното изворно ракотворење. Во различните региони на Македонија има жени земјоделки кои се занимаваат со ракотворење. За полесно пласирање на своите производи на домашниот и странски пазар се здружуваат изаедно ги пласираат своите производи.

Изработил: Александар Трајкоски Vг


Ракотворби

Технологија и потребни средства Основна суровина за изработка на производите се волната и памукот а како додаток свила,срма, монистра и седефки. Материјалите за изработка се пронаѓаат секаде каде што можат. Најмногу се користат стари материјали (конец, белена и сирова преѓа). Тие се преработуваат на разбои . Волната се откупуваат од одгледувачите на овци, а останатите потребни материјали се набавуваат од македонските пазари. Некои производи се изработуваат од разновидни материјали чиј суровински состав може да биде од: полиестер, памук, волна , свила , ликра и комбинација. Дезенот и големината не е ограничен. Најразновидни мотиви со најразлични бои кои се цртаат на платно, при што платното може да биде од сите видови (памук, полиестер, полиамид и сл.). Изработени од рециклиран материјал, витрад бои, пилевина, восок, стакло, коноп, пластика, хартија и др.

Изработил:Александар Трајкоски Vг


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.