Универзитет “ Св. Климент Охридски ” Технолошко - технички факултет Велес Втор циклус на студии – програма: Управување со квалитет и безбедност на храна
Семинарска работа: Компарација на системот за управување со квалитетот и системот за безбедност на храната во прехрамбената индустрија
Предмет: Системи за управување со квалитет и безбедност на храна
Предметен професор: Проф.д-р Драган Дамјаноски Доц. д-р Татјана Калевска
Студент Александра Јакимовска ин.бр.40 aleksandra.jakimovska97@gmail.com
Содржина
1.Вовед ........................
3
........................
5
........................
7
........................
9
........................
11
........................
13
........................
26
........................
27
2.Компарација на системот за управување со квалитетот и системот за безбедност на храната во прехрамбената индустрија 2.1. Основни начела на системите за управување со квалитет 2.2. Основни начела на системот за безбедност на храна HACCP 2.3. Основни начела на системот за управување со безбедност на храна 2.4. Компарација помеѓу системот за управување со безбедност на храна ISO 22000 и системот за управување со квалитет ISO 9001 3.Заклучок 4. Литература
2
1.Вовед
Производството на храна е од посебен интерес за секоја држава и е една од најважните област од која зависи економскиот развој на државата.Производството на здравствено безбедна,сигурна и квалитетна храна е од меѓународно значење и е еден од најважните сегменти на кој треба да се фокусираат производителите и институциите во секоја држава. Во Европската Унија, во подрачјето на безбедност и сигурност на храната ,се посветува големо внимание и постојано се донесуваат нови регулативи со кои строго се регулираат сите сегменти во целокупниот производствен синџир, од производителите до потрошувачите, притоа поставувајќи високи стндарди за сигурност и квалитет на храната. Република Македонија, како земја кандидат за ЕУ, има обврска да го усклади сопственото законодавство со стандардите на ЕУ и да ги имплементира европските стандарди за сигурност и квалитет на храната. Со денешната светска глобализација на пазарите, патот од местото на производство на храната (поле,фарма,прехрамбена индустрија) до потрошувачите може да биде просторно и временски многу долг. На тој пат демнеат многу опасности кои можат да ја нарушат безбедноста на хранат започнувајќи од транспортот, преку складирањето, па се до приготвувањето на храната.Од тие причини безбедноста при производството и прометот на храната добива меѓународно значење. Сознанието за значајноста на безбедната храна за здравјето на луѓето расте како во светот така и кај нас. Еден од предизвиците на нашето време е да се произведе и испорача безбедна храна. Ако 20 век го обележа тенденцијата да се зголеми производството на храна,дефинитивно во 21 век приоритет добиваат квалитетот и безбедноста на храната. Секој носител на прехранбена дејност е должен да се грижи за безбедноста и квалитетот на своите производи и услуги. За да се постигне „безбедна храна“, низ целиот ланец на производство од голема важност е да се воспостави и да се одржува комуникација помеѓу сите субјекти кои се во контакт со храната, управните и законодавните тела и потрошувачите. Сите овие субјекти како примарно одговорни за храната во сите фази на 3
производство,преработка и дистрибуција кои се под нивна контрола имаат обврска храната која доаѓа на пазарот да биде во согласност на одредени стандарди пропишани во системите за управување со квалитет и во системите за безбедност на храна.
4
2.Компарација на системот за управување со квалитетот и системот за безбедност на храната во прехрамбената индустрија
За храната,како една од основните животни потреби на луѓето се поврзани многу ризици кои можат да предизвикаат негативни последици врз здравјето на луѓето.Милиони луѓе низ светот секоја година доживуваат некој вид на „труење“ со храна.Неконтролираната примена на пестициди, загадувањето на животната средина, неовластената употреба на адитиви, хормони и антибиотици,микробиолошки ризици и лошото работење со храната во ланецот на исхрана можат значајно да допринесат во појавата на потенцијални опасности и пропусти. Поради зголемената свест за влијанието на опасностите од храната на здравјето на луѓето,поради зголемената важност и сталниот пораст на светската трговија со храна и барањето на потрошувачите за квалитетна и безбедна храна,анализата на опасностите и проценката на ризиците поврзани со храната станаа неизбежен фактор и предуслов за примена на современи системи за безбедност на храна. Покрај тоа за да се оствари успешно водење на организацијата и нејзино успешно функционирање потребно е со неа да се управува на систематичен и транспарентен начин. Посакуваниот успех може да се постигне со примена и одржување на систем за управување со квалитет кој е дизајниран да ги задоволи сите потреби на заинтересираните страни.Од тие причини Меѓународната организација за стандардизација (ISO) ги создала стандардите за управување со квалитет. Разбирањето на поврзаноста и важноста на принципите
за квалитет на храна и
принципите за безбедност на храна се од огромна важност за да се обезбеди здравствено исправен производ кој же ги задоволи потребите на потрошувачите. Во продолжение се дадени некои од основните принципи на кои се базирани политиките за квалитет и безбедност на храната Основни принципи за политика за квалитет на храна се:
Најголем приоритет во работењето е квалитетот на дадените производи и услуги
Ориентираноста кон купувачите поради нивните барања 5
Клима за соработка со сите вработени, доверба и припадност кон компанијата
Креирање на добри односи со добавувачите за квалитетно добавување на производи
Континуиран развој на работата со целосна одговорност кон општеството и околината
Одоговорност на раководството на сите нивоа
Основни принципи за политика за безбедност на храна се:
Производство на безбедни производи
Постојано одржување на санитарно-хигиенска заштита на производите
Постојано зголемување на задоволството на потрошувачите
Развиена свест за безбедност на производите кај секој вработен
Постојана едукација на вработените
Партнерски однос со добавувачите и потрошувачите
Целосно следење, контрола и управување со процесите
Вложување во знаење, нова технологија и развој
Следење на светските трендови во производство на безалкохолни производи
Овие принципи се применети во системите за управување со квалитет и во системите за безбедност на храна , како и во систем за управување со безбедност на храна.
6
2.1. Основни начела на системите за управување со квалитет: Во прехрамбената индустрија, од системите за управување со квалитет се имплементира ISO9001:2008. ISO9001:2008 – Систем за управување со квалитет ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат. Цел на ISO9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација. ISO9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:
Определување на Политиката за квалитет;
Дефинирање на одговорности и овластувања во oрганизацијата;
Дефинирање на Цели за квалитет;
Планирање и обезбедување на ресурси;
Планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот;
Реализирање на барањата на клиентотч
Управувње со неусогласен производ/услуга;
Дефинирање
на
корективни
мерки
за
надминување
на
неусогласениот
производ/услуга;
Мерење, анализа и подобрување на производот/услугата.
Подобрување на перформансите на деловните процеси, општо опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување и производството, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето. Придобивки од воведување на ISO9001 ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум); поголема одговорност и свест на вработените; подобрување на статусот на фирмата; вреднување и документирање на работните задачи; 7
способност за натпревар на иста основа со поголеми организации; можност за освојување на нови пазари; подобро искористување на времето и ресурсите; подобра идентификација на производот или услугата и зголемен профит; континуирано подобрување; оптимизација на производствените процеси т.е. намалени трошоци; задоволност и намален број на поплаки од клиентите; јасна процедура за работните обврски на секој вработен; зајакнување на брендот; можности за освојување на нови пазари; Дали воведување ISO9001 значи и загарантиран квалитет ?
овој стандард се однесува на менаџирање на квалитетот во организацијата, (Quality management system – QMS);
не се однесува на квалитетот на производот/услугата што ги нуди организацијата, туку на начинот на кој таа управува со процесите;
организациите кои работат според барањата од ISO9001, бележат намалување на производите/услугите кои недоволно ги исполнуваат барањата за квалитет;
полесно ги пронаоѓаат причините за нивно појавување, а со тоа и полесно и побрзо отстранување на истите;
QMS влијае врз квалитетот на производот или услугата;
зголемени маркетинг и продажни можности.
8
2.2. Основни начела на системот за безбедност на храна HACCP: HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Points - Анализа на Опасностите и Критични Контролни Точки) е систем за систематски превентивен пристап кон управување со безбедноста на храната, кој ги редуцира или елиминира ризиците од евентуалните опасности. Седумте основни принципи на HACCP се: 1.
Спроведување на анализа на опасностите
2.
Одредување на критичните контролни точки - ККТ
3.
Утврдување критични граници
4.
Утврдување систем за вршење контрола на ККТ
5.
Дефинирање корективни мерки кои треба да се преземат кога со следењето е утврдено губење на контрола врз одредена ККТ
6.
Утврдување постапка за верификација за функционирањето на системот за безбедност на храната и
7.
Утврдување документација за сите процедури и записи кои произлегуваат од овие принципи и нивната примена
Воведувањето на Системот за безбедност на храната е во согласност со CODEX ALLIMENTARIUS, Директивата 94/93 ЕС и Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (Сл. Весник на РМ бр. 54/2002) Значајност на системот HACCP Сознанието за значајноста на безбедната храна за здравјето на луѓето расте како во светот така и кај нас. Секој носител на прехранбена дејност е должен да се грижи за безбедноста и квалитетот на своите производи и услуги. Како најуспешна метода за обезбедување на безбедноста на храната во целиот прехранбен синџир од производство на суровина до крајниот корисник, се покажал системот HACCP (Анализа на опасности и критични контролни точки-Hazard Analysis Critical Control Points), кој се темели на прописите на меѓународниот референтен документ Codex Alimentarius (CAC/RCP 1-1969, rev.4-2003). Во Словенија и во ЕУ системот HACCP е законски пропишан, мора да го изведуваат сите носители на прехранбената дејност. Докажување на соодветноста со системот НАССР 9
Организациите ја докажуваат соодветноста на своите производи и услуги со барањата на НАССР системот со сертификат или изјава за соодветност, која им ја доделува независна институција. Добиениот сертификат или изјавата за соодветност укажува на тоа, дека производниот процес на организацијата бил прегледан од страна на стручно оспособен проверувач, дека стварно се изведува и дека е под постојан надзор од независна институција, која го издала цертификатот односно ја издала изјавата за соодветност. Организацијата така посредно си создава доверба во очите на широката јавности ја зголемува својата конкурентна предност на пазарот, а исто така и при учеството на јавни повици. Покрај тоа сертификатот односно изјавата за соодветност ја потикнува организацијата кон постојано надградување и подобрување на системот во согласност со законските барања и меѓународниот референтен докумет Кодекс алименариус - Codex Alimentarius.
10
2.3. Основни начела на системот за управување со безбедност на храна: ISO22000:2005 е прв меѓународен стандард за управување со безбедност на храна (Food safety management systems) издаден од Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во 2005 година го издала стандардот ISO22000 – Систем за управување со безбедноста на храната – барања за секоја организација во прехранбениот синџир. Истиот претставува решение за поврзување на сите стандарди за обезбедување на безбедност на храната кои во моментот се меѓународно признати. ISO 22000 ≠ ISO 9001 во прехрамбената индустрија ISO 22000:2005 ги здружува сите барања за системот HACCP по Кодекс Алиментариус – Codex Alimentariusu, правилата за добрата производна пракса (ДПП) и добрата хигиенска пракса (ДХП), следливоста и означувањето на храната. Стандардот е употреблив во сите фази на прехранбениот синџир. Организациите, кои во своите деловни системи имаат вградено и било кој од ISO стандардите (ISO 9001, ISO 14001,..) или исто така сертифициран HACCP систем, ќе можат полесно да го интегрираат ISO 22000. ISO 22000 = ISO 9001+HACCP Согласно ISO 22000 безбедноста на храната е приоритет за сите организации кои произведуваат, преработуваат, ракуваат складираат или испорачуваат храна. Адекватната контрола во постапките на подготовка, производство и испораката на храната е суштинска по безбедноста на храната се со цел да се елиминираат или смалат опасностите на прифатливо ниво. Барањата на овој стандард се применливи кај сите организации во ланецот на храна без разлика на големината и сложеноста. Предности од имплементацијата на ISO 22000
безбеден производ;
смалување на ризиците од можноста за труење со храна;
подобрување на предусловната програма и хогоената во објектот;
усогласеност со законската регулатива;
подобра организираност во управувањето на организацијата;
смалување на трошоците; 11
поголема конкурентност на пазарот;
можност за пробивање на меѓународни пазари;
зголемување на довербата кај купувачите и заинтерисираните страни.
Стандардот ISO 22000 подразбира и специфични услови кои треба со кои треба да се справи системот за управување со безбедност на храна (анг: Food Safety Management System). Со стандардот се опфатени: Правење на генерална политика на организацијата во однос на безбедноста на храната. Ова го прави највисокото раководство. Поставување на цели кон кои треба да се насочат напорите на организацијата Планирање и дизајнирање на систем за управување и документирање. Водење евиденција за работата на системот. Формирање на група од обучени луѓе кои ќе се грижат за системот. Дефинирање на процедури во комуникацијата со цел да се обезбеди ефикасна комуникација во и надвор од организацијата (регулаторни тела, клиенти, добавувачи и др.) Правење на план за итни случаи Одржување на состаноци на раководството на организацијата во кои ќе прави преглед на работата на системот Овозможување на соодветни ресурси за ефикасна работа на системот. Ова вклучува обука на персоналот, воспоставување на неопходна инфраструктура и соодветна работна околина. Следење на HACCP принципите Воспоставување на систем за акции во случај на потребна корекција на одреден производ или постапка Следење на документирана процедура за повлекување на производ од продажба Одржување на алатките за следење на перформансите на системот Воспоставување и одржување на интерни ревизии континуирано подобрување на системот за управување со храна
12
2.4. Компарација помеѓу системот за управување со безбедност на храна ISO 22000 и системот за управување со квалитет ISO 9001 По дефиниција, системот за управување со квалитетот (QMS) претставува збир од стандарди, процедури и работна пракса, дизајниран да обезбеди брза реакција на проблемите со квалитетот, систематско исполнување на барањата на потрошувачите и нивно постојано подобрување. Системот за управување со квалитетот (QMS) вклучува систематски напори за воспоставување на одржливоста на контролата на квалитетот и неегово подобрување и како такви, доколку се добро дизајнирани и имплементирани имаат голем допринос во вкупната профитабилност на прехрамбената индустрија. Многу често во некои организации од прехрамбената индустрија се случува да најголем број од своите финансиски и човечки ресурси ги ангажираат за обезбедување на безбедноста на храната, занемарувајќи ги при тоа другите аспекти како што се отстранување на отпадниот материјал, подобрување на карактеристиките на производот и вредноста за потрошувачот. Ваквиот пристап е многу погрешен бидејќи за да се добие здравствено исправен производ кој ќе ги задоволи сите критериуми на потрошувачите потребно е да се применат нормите и за управување со квалитет и нормите за безбедност на храната.
Сл. Дијаграм за врската помеѓу квалитетот на храната ,здравствената исправност и безбедност на храната 13
Секоја организација во своето работење треба да ги интегрира системот за управување со квалитетот (QMS)
и системот за безбедност на храната (FSMS),односно секоја
организација треба да вложи напори да ги интегрира сите елементи на постојуните системи кои ги задоволуваат барањата на системот за управување со квалитетот(QMS) и системот за безбедност на храната (FSMS), како и оние кои се воспоставени и утврдени како добра пракса, а не се вклучени во наведените стандарди.
Сл Компарација помеѓу системот за управување со квалитетот (QMS) и системот за безбедност на храната (FSMS) Една од најзначајните и најзастапени меќународно признати норми со чија сертификација се постигнува потполно управување со безбедноста на храната е стандардот ISO 22000. Стандардот ISO 22000 користи процесен пристап, т.е управување со процесите со што би се постигнале посакуваните резултати односно со постојано подобрување на системот се постигнува оптимален квалитет и безбедност на храната и се овозможува ефикасен и динамичен систем за управување со безбедноста на храната. Покрај стандардот ISO 22000, многу претпријатија имаат имплементиран систем за управување со квалитетот ISO 9001. Иако ISO 9001 е систем за управување со квалитетот, тој како таков не е доволен да обезбеди здравствено исправен и безбеден производ во прехрамбената индустрија.Сепак ISO 9001 во комбинација со HACCP е многу делотворен во поглед на управување со безбедноста на храната и е компатибилен со ISO 22000. 14
Системот ISO 22000 им овозможува практична помош на организациите кои учествуваат во ланецот на исхрана и тоа: директно
(на
примарните
производители,
преработувачите,
трговците,
угостителите...) и индиректно (на производителите на семенски материјали, пестициди, ветеринарни лекови, адитиви, опрема, средства за чистење и дезинфекција, амбалажа...) во
активностите
со
кои
се
обезбедува
здравствена
исправност
на
нивните
производи.Многу мал број на организации се во можност самостално (не ослонувајќи се на решенијата и стандардите на соодветниот стандард) да развијат и да применат ефективен,динамичен и документиран систем за управување со опасностите по здравствената исправност на храната и да го потврди со соодветни активности на верификација. Основната придобивка од ISO 22000 е во тоа што ги обединува постојните системи за управување со безбедноста на храната засновани на примената на НАССР,документирани со Codex Alimentarius и утврдува дополнителни барања базирани на примената современи организациони и методолошки решенија и тоа во структура која потполно одговара на структурата на стандардот ISO 9001. Барањата кои ги дефинира ISO 22000 се ограничуваат стриктно на осигурување на здравствена исправност на прехрамбените производи, додека останатите барања кои треба да ги исполни прехрамбениот продукт (нутритивни,енергетски и сл.) не се предмет на овој стандард. За
успешно
функционирање
на
организацијата,нејзиното
позиционирање
на
пазарот,остварување и обезбедување на доверба кај потрошувачите,покрај обезбедување на здравствена исправност на производот потребно е тој да ги исполни и другите барања на потрошувачите кои се составен дел од системите за управување со квалитет ( во случајот ISO 9001).Согласно со ова,за да се обезбеди прехрамбен производ кој ќе ги задоволи сите барања и очекувања на потрошувачите,потребна е примена на интегриран систем кој во себе ќе ги вклопи барањата на системите за управување со квалитет и на системите за безбедност на храна.
15
Со објавувањето на ISO 22000 во септември 2006 година,дефинитивно е разбиена заблудата дека се работи за стандард кој ги интегрира барањата на ISO 9001 и барањата на HACCP системот.Барањата кои се дефинираат со ISO 22000 се ограничуваат на областите со кои се обезбедува здравствена исправност (безбедност) на прехрамбените производи.Менаџирањето
на останатите барања кои
може да се постават
за
прехрамбените производи (од типот на нутритивни енергетски својства и слично) не се предмет на овој стандард. Имајќи во предвид дека за успешно функционирање на организацијата, нејзино позиционирање на пазарот, остварување и обезбедување на довербата на потрошувачите, покрај исполнување на здравствената безбедност на производот потребно е да ги обезбеди и исполни сите останати барања (потреби,очекувања) на корисниците и сите заинтересирани странки, се наметнува како неопходно ефективно и ефикасно решение развој и имплементација на системи за управување со квалитет базирани на ISO 9001, односно интегрирање на овие два системи за управување. Најголем број на организации кои се занимаваат со производство,промет и дистрибуција на прехрамбени производи имаат потреба да имплементираат интегриран систем кој во себе ги вклучува барањата на системот за управување со квалитетот(QMS) и системот за безбедност на храната (FSMS). Теоретски и практично интеграцијата на овие системи може да се изврши на следните начини: Прво QMS,потоа FSMS Прво FSMS,потоа QMS Симултано QMS и FSMS Стандардите ISO 9001 и ISO 22000, покрај сличната структура имаат и одреден број на идентични или многу слични барања.За да се обезбеди одговор на овие барања( без обзир дали станува збор за идентичните или специфичните барања) се предвидува дефинирање на единствени решенија кои би ги содржеле одговорите на барањата на овие стандарди. Во следната табела е прикажана споредба на барањата на ISO 9001 и ISO 22000,во делот на проектирање и развој:
16
ISO 9001 Точка
Назив
ISO 22000 Точка
Назив Прелиминарни чекори за анализа на
7.3.1
Планирање,проектирање и развој
опасностите: 7.3
карактеристиките на производот
7.3.2
7.3.3
Влезни елементи за проектирање и развој Излезни елементи за проектирање и развој
спецификација на
7.3.5
7.4
употреба на производот
Дијаграм на токот, процесни чекори и мерки на контрола Анализа на опасностите Воспоставување на правилата за
7.3.4
Преиспитување на проектирањето и развојот
добрата производна пракса (ДПП) и 7.5
добрата хигиенска пракса (ДХП), следливоста и означувањето на храната.
7.3.5
7.3.6
7.3.7
Верификација на проектирањето и развојот Валидизација на проектирањето и развојот Управување на измените на проектирањето и развојот
7.6
8.4.2
8.5.2
Воспоставување на НАССР план Евалуација на поединечни резултати од верификацијата Ажурирање на системот за управување со безбедноста на храната
7.8
Планирање на верифакцијата
8.2
Валидација на мерките на контрола
Табела 1: Споредба на барањата на ISO 9001 и ISO 22000,во делот на проектирање и развој
17
Постојат неколку суштински разлики помеѓу ISO 22000 и ISO 9001: ISO 22000 не дозволува исклучување на било кој засегнат елемент од производството ISO 9001 е општ стандард кој може да се примени во било која организација. ISO 22000 е специфичен стандард кој ги пропишува специфичните норми карактеристични за развој на системот за управување со безбедност на храна во прехрамбената индустрија. ISO 22000 пропишува организацијата прецизно развиен концепт за производот и за последователните постапки за производство ISO 22000 пропишува организацијата да ги има селектирано добавувачите кои можат да ги исполнат нормите за квалитет ISO 22000 пропишува организацијата да ги има воспоставено верификациониот план и контролниот план, на начин штоќе бидат задоволени барањата на потошувачите. ISO 22000 претпоставува дека постоечките процеси се валидизирани и како такви ќе ги задоволат барањата за квалитет Во следната табела ќе се обидеме преку компарација на стандардите ISO 9001 и ISO 22000 да ги воочиме сите нивни сличности и разлики:
ISO 9001
ISO 22000
Точка
Назив
Точка
Назив
4.1.
Општи барања
4.1
Општи барања
Забелешка Еквивалентни Слични,но не се еквивалентни.Во
4.2.
Барања за документација
4.2.
Барања за документација
ISO 22000,типовите на документи кои се бараат,се многу подобро опишани
аналогно со барањата на
НАССР Во ISO 22000 не се бара да бидат 4.2.1
Општо
4.2.1
Општо
имплементирани
упоатствата
за
безбедност на храна согласно FSMS 18
4.2.2
4.2.3
4.2.4
5.1
Упатства за
Не се бараат во ISO 22000
квалитет Контрола на документација Контрола на записи Залагања на менаџментот
4.2.2
4.2.3
5.1
Контрола на документација Контрола на
Идентични барања
записи Залагања на
Во ISO 22000 се однесуваат на
менаџментот
концептот за безбедна храна
Фокусирање 5.2
Идентични барања
Во согласност со 5.1
кон
дизајниран да ги задоволи барањата
потрошувачите
на консументите ISO
22000
безбедност
5.3
Политика за квалитет
ISO 22000 е
Политика за 5.2
безбедност на храна
бара ха
политиката
храната
да
за
биде
остварена цел на компанијата,а не да се користи како рамка за утврдување на
цели
кон
кои
се
тежнее.Политиката за безбедност на храна мора да биде во согласност со сите регулаторни и законски услови.
Планирање на 5.4
Планирање
5.3
Имаат идентични барања
системот за управување со квалитет
5.4.1
Цели за
Имаат идентични барања
квалитет Планирање на
5.4.2
системот за управување со
Планирање на 5.3
квалитет 5.5
Одговорност на институциите и
Имаат идентични барања
системот за безбедност на храна
5.4
Одговорност и овластување
Во ISO 22000 се додадени посебни барања
со
кои
се
регулира 19
комуникации
одговорноста извештаи
за
храната.Мора
5.5.1
Одговорност и овластување
5.4
Одговорност и овластување
на
поединецот сигурност
да
има
и на
овластени
поединци кои се одговорни да го пријават
проблемот
и
имаат
овластување да превземат одредени активности за негово елиминирање или намалување на последиците
5.5.2
Претставник на раководството
5.5
Тим лидер за
ISO 22000 пропишува лидерот на
безбедност на
тимот и членовите да имаат потребно
храна
образование и обука ISO 22000 пропишува сите проблеми кои се во врска со безбедноста на
5.6.1
Надворешни комуникации
храната да им се соопштат на јавноста и на сите сегменти од прехрамбениот ланец.Во ISO 9001 слично барање за комуникација со потрошувачите е 7.2.3 ISO 22000 додатно ја дефинира
5.5.3
Внатрешни комуникации
5.6.2
Внатрешни
интерната комуникација со цел да се
комуникации
зголеми ефективноста на системот за безбедност на храна Не постојат слични барања во ISO
5.7
Приправност за итни случаеви
9001. ISO 22000 дефинира посебен систем за менаџирање со ситуации и инциденти кои се однесуваат на безбедноста на храната Постои мала сличност помеѓу двата
5.6
Раководство
5.8
Раководство
стандарди. ISO 22000 бара да се спроведе анализа на активностите за верификација. Во ISO 22000 постои 20
услов
за
разгледување
на
итни
ситуации,несреќи и повлекувања ISO 22000 ги здружува сите барања за
6
Менаџирање на ресурси
6
Менаџирање на ресурси
системот HACCP по
Кодекс
Алиментариус – Codex Alimentariusu, правилата за добрата производна пракса (ДПП) и добрата хигиенска пракса
(ДХП),
следливоста
и
означувањето на храната. 6.1
Обезбедување на ресурси
6.1
Обезбедување
Еквивалентни барања
на ресурси ISO 22000 пропишува можност за
6.2.1
Општо
6.2.1
Општо
ангажирање на надворешни експерти за развој на системот за управување со безбедност на храна Во ISO 22000 се пропишани дополнителни барања.
6.2.2
Компетенции и обука
6.2.2
Компетенции и обука
Индивидуалната одговорност, мониторинг,корекции и корективни мерки како и соодветни обуки се бараат од поединците кои влијаат на безбедноста на храната Специфичните
6.3
Инфраструктура
6.3
барања
за
Инфраструктура инфраструктурата во ISO 22000 се пропичани во барањата 7.2 Постојат битни разлики помеѓу ISO 9001 и ISO 22000 во барањата 7 и 8.
7и8
7и8
Планирање и
ISO 22000 ги здружува сите барања
Реализација на
реализација на
за системот HACCP, додека пак ISO
производство
безбедно
9001е систем за управување со 21
производство
квалитет и не поседува посебни барања во однос на ризиците од потенцијалните
опасности
за
Мерења,
Валидација,
безбедноста на храната
анализи и
верификација и
Двата
подобрување
подобрување на
реализацијата на продуктот да се
системот за
реализира
безбедност на
верификација и документација
стандарди преку
бараат валидизација,
храна Имаат идентични барања. ISO 22000 има 7.5.3
Идентификација и следливост
7.9
специфични
барања
за
Систем за
следливост и идентификација на
следливост
материјалите од добавувачите ,преку дистрибуција па се до крајното производство.
7.5.4
Сопственост на
Не се пропишани со ISO 22000
корисниците Не
постојат
барања
кои
се
пропишани со ISO 22000.Во овој 7.5.5
Зачувување на
стандард, во 7.4.3 се пропишани
производот
соодветни
мерки
со
кои
се
елиминираат опасностите и ризиците по безбедноста на храната Контрола, 7.6
мониторинг и
Контрола, 8.3
мерење
мониторинг и мерење
Сатисфакција 8.2.1
Имаат еквивалентни барања
Не е пропишано со ISO 22000
на потрошувачот
8.2.2
Внатрешна ревизија
8.4.1
Внатрешна
Имаат еквивалентни барања
ревизија 22
Барањето Работење со
Контрола на 8.3
неусогласени
7.10.3
продукти
потенцијално небезбеден продукт
8.3
од
9001
ISO
е
еквивалентно со барањето 7.10.3 од ISO 22000. Во ISO 22000 се додадени барања
за
евалуација
на
потенцијално небезбеден производ, за ракување со него и за негова елиминација од пазарот. Слични,
но
не
се
еднакви.
Опасностите од храната мора да бидат елиминирани или редуцирани
Контрола на 8.3
неусогласени
7.10.1
Корекции
продукти
до
задоволително
производот
да
пазарот.Не
смеат
компромиси
ниво
се да
за
пред
пушти се
на
прават
потенцијално
небезбедни производи. Евалуација на
Имаат еквивалентни барања
сопствените 8.4.2
верификациони резултати
8.4
Анализа на
и
податоци
Анализа на сопствените 8.4.3
верификациони резултати
8.5.1
Континуирано
8.5.1
подобрување 8.5.2
Корективни Превентивни акции
ISO 22000 дефинира на кој начин да
подобрување
се врши постојано подобрување
7.10.2 Корективни
акции 8.5.3
Континуирано
Имаат еквивалентни барања
акции 8.5.2
Ажурирање на
Слични, но не се еднакви. ISO 22000
системот за
врши
препознавање
на
нови 23
управување со
потенцијални
опасности,
како
и
безбедност на
развој на нови технологии за нивна
храна
елиминација. ISO 22000 користи системски пристап за превенција и отстранување на опасностите кои може
да
го
нарушат
производствениот процес. Табела2 : Споредба на стандардите ISO 9001 и ISO 22000 Од направената компарација на стандардите ISO 9001 и ISO 22000 јасно може да се воочи дека во одредени сегменти постои одредена сличност помеѓу нив, додека пак во други сегменти тие се надополнуваат.Оттука јасно произлегува ставот дека за да се постигне посакуваната цел, односно безбрден производ потребно е да се примени интегриран систем. Интегрираниот концепт на примена на системот за управување со квалитет и на системот за безбедност на храна е единствен начин да се остварат основните цели за постигнување на квалитетна и безбедна храна за потрошувачите. Практичната корист од интегрираната примена на овие системи се карактеризира со следните придобивки : обезбедување,унапредување и сигурност во управувањето на процесите на производство употреба на системи и процедури за смалување на ризикот и зголемување на безбедноста
на
финалниот
производ
во
поглед
на
присуството
на
биолошки,хемиски и физички агенси смалување на трошоците на производство зголемување на свеста за значењето на безбедноста на храната Битен фактор во интегрирањето на овие системи е комуникацијата со потрошувачите и нивно информирање дека се почитуваат и штитат нивните интереси, не само од здравствен аспект туку и дека се води сметка и за добробит на животните и заштита на животната средина.
24
Поради притисокот од различните барања према произведувачите, а со цел тие барања некако да се изедначат и вообличат – германските и француски трговски ланци здружени во своите интересни групации HDE (G) и FCD (F), помогнати од останатите меѓународни ланци, здружени во IFS работна група го развија Меѓународниот Стандард за Храна International Food Standard (IFS). Овој стандард претставува воедно стандард за квалитет и стандард за безбедност на храна. Иако е воведен пред се за контрола и усогласување на квалитетот на производите под приватни трговски робни марки, IFS денес е широко применет светски стандард за контрола на безбедноста на храната и степенот на квалитет на производителот. Овие највисоки стандарди за храна, се засниваат на принципот на следливост – можност да се следи исправноста и квалитетот на производот во секој момент на патот од примарниот производител до крајниот потрошувач, во секоја фаза на производството и дистрибуцијата. Целта на IFS стандардот е да креира конзистентен систем на евалуација за сите компании кои ја снабдуваат со храна трговијата на мало. Ова пред се се однесува на приватните робни марки на големите трговски ланци. Основни цели на IFS стандардот се:
Подобрување на безбедноста и квалитетот на производите,
Стекнување на доверба кај потрошувачите,
Транспарентност низ целиот ланец на снабдување,
Намалување на трошоците и заштеда на време, како на добавувачите така и на трговските ланци,
Воспоставување општ стандард со единствен систем на оценување.
Стандардот може да се примени на добавувачите, во сите чекори на преработката на храна, освен за земјоделското производство. Барањата се во врска со системот за управување со квалитет и системот за безбедност на храна како и со предусловните програми: добра производна пракса GMP (Good Manufactoring Practice), добра лобораториска пракса – GLP (Good Laboratory Practice) и добра хигиенска пракса – GHP (Good Hygiene Practice). Само сертификационите тела кои потпишале договор со IFS имаат право да издаваат сертификат за усогласеност на системот со овој стандард. 25
3.Заклучок Воведувањето на стандард воопшто не е лесен и едноставен процес. Тоа е процес кој трае со години. Во тој процес на задоволување на барањата на стандардите македонските компании воопшто не заостануваат зад сите светски компании кои имаат воведено стандарди. Воведувањето стандарди бара вложување на ресурси, но дава огромен ефект ако се воведува онака како што треба. Многу
често во некои организации од
прехрамбената индустрија се случува да најголем број од своите финансиски и човечки ресурси ги ангажираат за обезбедување на безбедноста на храната, занемарувајќи ги при тоа другите аспекти како што се отстранување на отпадниот материјал, подобрување на карактеристиките на производот и вредноста за потрошувачот. Ваквиот пристап е многу погрешен бидејќи за да се добие здравствено исправен производ кој ќе ги задоволи сите критериуми на потрошувачите потребно е да се применат нормите и за управување со квалитет и нормите за безбедност на храната. Секоја организација во своето работење треба да ги интегрира системот за управување со квалитетот (QMS)
и системот за
безбедност на храната (FSMS),односно секоја организација треба да вложи напори да ги интегрира сите елементи на постојуните системи кои
ги задоволуваат барањата на
системот за управување со квалитетот(QMS) и системот за безбедност на храната (FSMS), како и оние кои се воспоставени и утврдени како добра пракса, а не се вклучени во наведените стандарди. Од направената споредба на системот за управување со квалитетот (QMS) и системот за безбедност на храната (FSMS),преку компарација на стандардите ISO 9001 и ISO 22000, јасно може да се воочи дека во одредени сегменти постои одредена сличност помеѓу нив, додека пак во други сегменти тие се надополнуваат.Оттука јасно произлегува ставот дека за да се постигне посакуваната цел, односно безбрден производ потребно е да се примени интегриран систем. Интегрираниот концепт на примена на системот за управување со квалитет и на системот за безбедност на храна е единствен начин да се остварат основните цели за постигнување на квалитетна и безбедна храна за потрошувачите.
26
4.Литература 1. Comparison of ISO 9001 and ISO 22000 John G. Surak and Associates 2. Integrated menagment systems qulity & food integration process Ivan Savović 3. Food qulity & safety standards Margaret Will, Doris Guenther 4. Integrisanje HACCP sistema i standarda ISO 9001 Ranko Kljajić, Jelena Petrović, Gordana Ušćebrka, Milan Tešić, Zoran Aleksić 5. HACCP and ISO 9000: Focus on Community Outcomes by Ross Peters 6. Safety and Quality Assurance and Management Systems in Food Industry by T.Sikora and A.Strada 7. Integrisanje
bezbednosti
hrane
u
system
upravljanja
kvalitetom
(http://poljostandardi.com/vest/integrisanje-bezbednosti-hrane-u-sistem-upravljanjakvalitetom ) 8. http://www.foodsafetymagazine.com/article.asp?id=4440&sub=sub2#Article2 9. http://www.iso.org/iso/home/standards.htm 10. http://www.fda.gov/Food/GuidanceRegulation/HACCP/ 11. http://www.22000-tools.com/iso-22000-or-fssc-22000.html 12. http://www.eoq.org/fileadmin/user_upload/Documents/Congress_proceedings/Prague_20 07/Proceedings/055_EOQ_FP_-_Surak_John_-_D1.pdf 13. https://foodsqm.wordpress.com/2007/11/02/comparison-of-iso-9001-and-iso-22000/ 14. http://www.fssc22000.com/documents/pdf/strenghts-and-benefits/strenght-andbenefits.pdf 15. http://www.fao.org/fileadmin/templates/rap/files/meetings/2014/140623-haccp-06.pdf
27