Функционирање на rasff

Page 1

Универзитет “ Св. Климент Охридски ” Технолошко - технички факултет Велес Втор циклус на студии – програма: Управување со квалитет и безбедност на храна

Семинарска работа: Функционирање на RASFF системот

Предмет:

Квалитет и безбедност на храната

Предметен професор:

Студент Александра Јакимовска ин.бр.40 aleksandra.jakimovska97@gmail.com

Проф.д-р Драган Дамјаноски Доц. д-р Татјана Калевска Кичево,2015


Содржина 1.Вовед……………………………………………......................….............…...............3 2. Систем за брзо предупредување за проблеми со храна за исхрана на животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF).......................... 4  Законска регулатива на Системот за брзо предупредување за проблеми со храна и храна за животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF)......................................................................................4  Членки на Системот за брзо предупредување за проблеми со храна и храна за животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF)..5  Функционирање на RASFF системот.....................................................7  RASFF нотификации..............................................................................8  Типови на RASFF нотификаци................................................................11  Официјален RASFF веб портал и RASFF веб портал наменет за потрошувачите.....................................................................................15  Пример за функционирањето на RASFF системот................................21 3.Заклучок................................................................................................................22 4.Литература…………………………..................……………………..................….23

2


1.Вовед

Известувањето за здравствено неисправна храна и храна за животни низ Европскиот RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed) – Систем за брзо алармирање за проблеми со храна и храна за животни, се користи во случаеви кога има директна или индиректна опасност за здравбјето на човекот,која потекнува од храната или храната за животни. RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed) системот на својата интернет страница издава соопштенија кои содржат информации за здравствено неисправна храна и храна за животни откриени на Европските пазари,како и за храна која е одбиена од надворешните граници на EU. Правните темели на RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed)-системот се поставени со Уредбта на Европската Комисија бр 178/2002,во која се поставени основите на Законите за храна и која ги дава претпоставките за воспоставувањена нов,единствен систем за брзо алармирање за проблеми со храна и храна за животни. RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed) – системот претставува основна алатка за размена на информации помеѓу компететни институции во земјите членки,во случаеви кога постои ризик за здравјето на човекот поради кој се превземаат одредени мерки како што се повлекување,запленување или забрана за продажба на одредени производи.Оваа брза размена на информациите им овозможува на земјите членки,во многу краток рок да проверат дали на нивните пазари постои здравствено неисправен производ.Доколку производот е веќе на пазарот,а не смее да секонзумира или продава,компететните институции во државите члеки на RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed) системот се во можност да ги превземат сите предвидени итни мерки,вклучувајќи го тука и информирањето на јавноста.

3


2. Систем за брзо предупредување за проблеми со храна за исхрана на животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF)

2.1.Законска регулатива на Системот за брзо предупредување за проблеми со храна и храна за животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF) Иницијатор за воспоставувањето на првичната верзија на овој систем беше аферата со цбризгување на жива од страна на палестинската екстремистичка организација во портокалите кои потекнуваа од Израел.Портокалите кои содржеа жива беа откриени во 1978 година во Холандија и во тогашната Западна Германија.Оваа афера предизвикала висок степен на загриженост во јавноста за безбедноста на храната и како резултат на тоа бил одржан состанок на 13 фебруари 1979 година на кој присуствувале институциите за контрола на храна на државите од Западна Европа.На овој состанок била претставена идејата за формирање на систем за брзо предупредување.Со Директивата 92/59/EEZ на Советот на Европа се поставени рамките на денешниот RASFF систем,но само за храна не и за храна за животни.Појавата на кризни ситуации со жтетникомпоненти во храната за животни,кои преку ланецот на исхрана потоа влегуваат во храната за луѓето,повлекло до проширување на системот и на храна за животни.Правен темел на функционирањето на денешниот RASFF систем е Уредбата на Европската Комисија бр 178/2002.со која се покриени сите директни и индиректни ризици за здравјето на луѓето кои доаѓаат од храната или од храната за животни.Во Уредбата на Европската Комисија бр 183/2005 ризиците се проширени со ризиците за здравјето на животните и за околината.Мерките за спроведување на RASFF системот се дадени во Уредбата на Европската Комисија бр 16/2011.

4


2.2 Членки на Системот за брзо предупредување за проблеми со храна и храна за животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF) Во RASFF системот членуваат 27 држави преку нивните контактни точки.Покрај нив RASFF системот го сочинуваат и Европската Комисија (ЕС), EFSA, EFTA и земјите членки на EFTA (Норвешка,Исланд,Швајцарија и Лихтенштајн). Секоја членка е одговорна за правилно и ефикасно функционирање на RASFF системот на својата територија.За таа цел тие го користат воспоставениот систем на нотификации со што се овозможува ефективна комуникација помеѓу контролните точки и компетентните институции како и со Европската Комисија.Благодарение на вака воспоставениот систем на функционирање, RASFF системот овозможува брза трансмисија на нотификацијата до компетентната институција со цел да се превземат неопходните мерки за да се елиминира ризикот за потрошувачите.Секоја членка на системот има 24/7 ангажман со цел да се осигура навремено информирање ипревземање на соодветни мерки доколку постои ризик за потрошувачите.

Сл 1.Земји членки на RASFF системот1

1

http://ec.europa.eu/comm/food/food/rapidalert/members_en.htm)

5


Земјите кои не се членки на ЕУ може да се приклучат на RASFF системот со потпишување на билатерален договор. RASFF системот ги информира и земјите кои не се членки доколку на нивна територија е извезен сомнителниот продукт или доколу сомнителниот продукт потекнува од територијата на трета земја.

Сл 2.Шематски приказ на членките на RASFF системот2

2

http://ec.europa.eu/dgs/health_consumer/dyna/enews/enews.cfm?al_id=1364

6


2.3.Функционира ње на RASFF системот Првенствено RASFF системот е создаден за да се обезбеди ефективна алатка за размена на информации помеѓу надлежните институции за контрола на храна и храна за животни,за мерките превземени при постоење на серозни ризици во одредени продукти за наменети за исхрана на луѓето или на животните.Ваквата размена на информации им овозможува на шленките да реагираат побрзо и да се координираат во превземањето на одредени мерки при постоењето на некоја опасност.

сл.3.Шематски приказ на текот на информации низ RASFF системот3

3

Извор: The Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF) 2011 Annual Report

7


2.4.RASFF нотификации RASFF системот претставува основна алатка за размена на информации помеѓу компететните институции во земјите членки во случаевите кога постои ризик по здравјето на луѓето,а поради кои се првземени одредени мерки како повлекување,заплена или забрана за продажба на одредени продукти.Оваа брза размена на информации на сите држави членки им овозможува брза проверка дали постои на нивните пазари од сомнителниот продукт кој претставува потенцијална опасност идоколку тој продукт е детктиран им се овозможува превземање на сите итни мерки.RASFF системот ги информира и земјите кои не се членки доколку на нивна територија е извезен сомнителниот продукт или доколу сомнителниот продукт потекнува од територијата на трета земја. Секоја членка на RASFF системот има одредено посебно лице (контактна точка) кое е одговорно за испраќање на RASFF нотификации до Комисијата.Пред испраќањето на нотификацијата треба да се превземат одредени активности кои ги вклучуваат следните дејствија:  Инспекторите за храна и храна за животни го контролираат продуктот наменет за соодветниот пазар на границата.Тие имаат овластување и да земаат примероци од соодветниот продукт и согласно со добиените лабараториски резултати да превземат соодветни дејствија.  Пронајдено е дека продуктот е несоодветен и тоа се пријавува во националниот систем  Соодветните овластени лица одлучуваат дали проблемот со продуктот е во согласност со ингеренциите на RASFF системот и доколку е за тоа се известува националната контактна точка  Контактното лице за RASFF(контактната точка) ја веривикува и ја комплетира RASFF нотификацијата и ја испраќа до Европската Комисија.При комплетирањето на RASFF нотификацијата се користат посебно пропишани формулари во кои се вклучени сите потребни информации од типот на добиени лабараториски резултати,мерења,листи на компании кои веќе го добиле продуктот,аналитички извештаи и сл.

8


Комисијата во склоп на RASFFсистемот е одговорна за функционирањето на целиот систем овозможувајќи знаења и технолошка платформа со кои се овозможува трансмисијата и постапувањето со RASFF нотификациите.Комисијата ги прима нотификациите од членките на системот,превзема соодветни дејствија за нивна проверка и овозможува да бидат достапни до сите членови на системот.Комисијата мора да ги информира и земјите кои не се членки доколку на нивна територија е извезен сомнителниот продукт или доколу сомнителниот продукт потекнува од територијата на трета земја. Генералниот директор за здравје и потрошувачи (DG SANCO) има отворено RASFF прозорец за Република Македонија.Агенцијата за храна и ветеринарство како контролна точка за RASFF системот има определено RASFF лице за контакт.Ова лице ги следи сите новини во врска со ризикот кој произлегува од храната и храната за животни и ги доставува инфотмациите до Одделението за комуникација со ризик.Ова одделение ги препраќа информациите до Одделенијата за инспекциски надзор на храна од неживотинско и животинско потекло,во зависност од тоа за каков вид на храна се работи.Инспекторите во рамките на службените контроли постапуваат по информацијата и повратно информираат за постапката.4

Сл.4.Организација на RASFF во Република Македонија „Водич на потрошувачите низ Законот за безбедност на храна“Агенција за храна и ветеринарство,Скопје 2011 год 4

9


Сл.5.Извод од годинешниот извештај за учеството на Република Македонија во RASSF5

RASFF for safer food — The Rapid Alert System for Food and Feed — 2014 annual report © European Commission - Health and Food Safety - 2015 5

10


2.5. Типови на RASFF нотификаци

Итната нотификација (Alert notification) се испраќа во случаеви кога ризичниот продукт веќе се наоѓа на пазарот и е потребно итно да се реагира.Нотификацијата ја испраќаат земјите членки кои го препознале проблемот и иницираат мерки за повлекување на производот од пазарот.Овие нотификации имаат за цел да им дадат релевантни податоци на сите членки на системот за ризичниот продукт,по што тие можат да ги превземат потребните мерки за негово отсранување од пазарот.Потрошувачите мора да бидат сигурни дека производот е повлечен од пазарот.Членките на RASFF системот преку своите интерни системи ги проверуваат превземените активности и за тоа детално ја информираат јавноста,доколку за тоа има потреба.

Нотификација за информација (Information notification) се дава кога веќе ризикот е препознат,но членките не мора да превземат итни мерки бидејќи производот не се наоѓа на нивните пазари.Овие нотификации воглавно се однесуваат на пратките со храна и храна за животни кои се анализирани и вратени (одбиени)од надворешните граници на ЕУ.Потрошувачите

мора дабидат

уверени

дека производот на кој

сеоднесува

информацијата не е влезен на пазарот и декасе превземени ситесоодветни мерки. 11


Нотификација за одбивање на граница (Border rejections) се испраќаат кога е востановено дека продуктот претставува ризик за здравјето,но таквата пратка е тестирана и не и е дозволено да влезе во границите на ЕУ.Оваа нотификација се испраќа до сите членки на ЕЕА (European Economic Area – EEA) со цел да се засилат контролите на границите и да се осигура дека одбиениот производ нема повторно да влезе во границите на ЕУ.

RASFF вести (RASFF news) –претставуваат сите податоци кои не се итна нотификација или нотификација за информација,но од Комисијата се окарактеризирани како важни за надлежната институција. Вестите од Системот за брзо предупредување за проблеми со храна и храна за животни - Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF) ги опфаќаат сите информации поврзани со безбедноста на храна или храна за животни кои не се категоризираат како RASFF нотификации,но кои се оценети како интересни за системите за контрола на храна или храна за животни во членките на системот.Од 2003 вестите од RASFF системот се нумерираат и се прикажуваат во табелите и извештаите на системот со цел да се искористат од засегнатите членки или за административни цели (за најава на промени во системите или процедурите) Вестите од Системот за брзо предупредување за проблеми со храна и храна за животни Тhe Rapid Alert System for Food and Feed (RASFF) многу често се базирани на информации кои потекниваат од медиумите или се информации проследени од системите за контрола 12


на храна или храна за животни од трети земји,од

делегатите на ЕС или од

интернационални организации,откако претходно е потврдено дека овие информации се важни за било која земја членка. Во RASFF системот се разликуваат два типа на нотификации кога станува збор за за продукти кои се повлечени од маркетите или се вратени од границата.Тоа се:  Оригинална нотификација (original notification) – се однесува на продукти кои за прв пат се вклучени во RASFF системот.Ваквата нотификација,испратена од членка на RASFF системот,доколку Комисијата ја одбие како ирелевантна,може да не биде трансмитирана низ RASFF системот.За одбивањето се информира земјата членка.  Дополнителни нотификации (Follow –up information) се нотификации кои содржат дополнителни информации за опасноста која е препознаена како ризик во храната и во храната за животни,како и информаци за потеклото,количината и начинот на дистрибуција. Една нотификација која веќе е трансмитирана низ RASFF системот може да бидеповлечена од страна на Комисијата,по барање на земјата од која потекнува известувањето доколку се покаже дека таа нотификација е неоснована или е направена некоја грешка( на пример при изведување на мерењата или на испитувањата).

13


Дијаграм за текот на информациите низ RASFF системот

14


2.6.Официјален RASFF веб портал и RASFF веб портал наменет за

потрошувачите RASFF порталот претставува доста корисна интернет алатка наменета за информирање на потрошувачите.Со својата активност започна во Јуни 2014 година и има за цел да ги информира потрошувачите за проблематичните продукти.Тука се вклучени и јавни предупредувања за опасности по здравјето од консумирањето на некој производ кои се корисни и за органите за безбедност на храна и за прехрамбените компании. Со користењето на оваа бесплатна алатка,потрошувачите од ЕУ се во можност да ја идентификуваат храната која е означена во системот како несоодветна за консумирање.Со отворање на линкот до порталот,корисникот доаѓа до практични информации за повлекување на одреден продукт и до јавни предупредувања за опасности по здравјето од консумирањето на некој производ во било која земја од ЕУ.

Сл.6.Почетна страна на официјалниот RASFF веб портал 6

6

https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/portal/?event=SearchForm&cleanSearch=1

15


Сл 7.Листа на нотификации и детали за нотификацијата во официјалниот RASFF портал7 7

https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/portal/?event=notificationsList&StartRow=1 https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/portal/?event=notificationDetail&NOTIF_REFERENCE=2015.1060

16


Во RASFF Порталот наменет за потрошувачи нотификациите се групирани според земјите.При влезот во овој портал од вас се бара да ја изберете вашата земја или земјата од интерес. Така на пример потрошувач од Велика Британија кој е на одмор во Кипар,може да го консултира порталот дали некој производ е означен како несоодветен за консумирање во Кипар или потрошувач од Финска може да ги провери најновите нотификации на порталот пред да ги направи неделните набавки во маркетите во Финска.

Сл.8.Почетна страна на RASFF Порталот наменет за потрошувачи8 Со избор на било која земја,корисникот може да ја види листата од нотификации.По 4 недели нотификацијата ќе биде тргната од порталот.Порталот и понатаму ќе се развива и подобрува согласно со препораките на корисниците.

8

https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/consumers/

17


Сл 9.Листа на нотификации и детали за нотификацијата во RASFF Порталот наменет за потрошувачи9

9

https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/consumers/?event=getListByCountry&country=HR

18


Во Р.Македонија за работа со RASFF порталот најпрво треба да се посети web страната на Агенцијата за Храна и ветеринарство на линкот www.ahv.gov.mk Откако ќе се отвори web страната одиме на сликата за RASFF – Macedonia на која ќе кликнеме се отвора нов таб со проектот RASFF како на слика10.

сл 10.Влез во RASFF Macedonia10 На веб страната за RASFF се отвара извештај „Листа на известувања“како на сликата 11. Тоа е јавен извештај за сите ажурирани нотификации со позитивни мостри во Македонија кои се одобрени од страна на Агенцијата за Храна и ветеринарство.

10

http://www.fva.gov.mk/index.php?lang=mk

19


Сл 12. Изглед на прозорците на RASFF Macedonia11

11

http://www.kips.com.mk/rasff/Notifikacija_izvestaj_poz.aspx

20


2.7.Пример за функционирањето на RASFF системот Во текот на рутинска контрола во 2008 година, од страна на овластените институции во Ирска,во свинското месо кое потекнувало од оваа земја инспекторите откриле големи количини на диоксини (100 пати поголеми од европскиот максимум).Инспекторите веднаш започнале со утврдување на количината на диоксини како и на откривање на потенцијалните извори на контаминација.Ирската контактна точка ја информирала Европската Комисија за инцидентот преку RASFF системот на 5 декември 2008 година.Комисијата испратила итна нотификација до сите членки на RASFF системот.Како извор на контаминација се утврдило дека е консумирањето на остатоци од леб од пекара и доказите укажале дека проблемот со контаминација настанал во септември 2008 година.Ирските власти не сакале да ризикуваат и го повлекле целото свинско месо произведено од 1 септември 2008 година.За помалку од две недели биле примени повеќе од 100 дополнителни нотификации за производи кои во својот состав содржеле од ирското свинско месо од 54 држави,меѓу кои биле и 27 членки на RASFF системот.Благодарение на RASFF системот,овие земји беа во можност да превземат мерки да ги отсранат контамираните продукти со диоксини од нивните пазарипред да бидат консумирани од потрошувачите.

21


3.Заклучок Европската Унија има највисоки стандарди во светот што се однесува до безбедноста на храна и тоа благодарение RASFF системот. RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed) или Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (РАСФФ) е систем основан од страна на Европската Унија со цел навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за животни, како и брза и ефективна размена на информации за преземените мерки за безбедност на храна. RASFF системот претставува основна алатка за размена на информации помеѓу компететните институции во земјите членки во случаевите кога постои ризик по здравјето на луѓето,а поради кои се првземени одредени мерки како повлекување,заплена или забрана за продажба на одредени продукти.Оваа брза размена на информации на сите држави членки им овозможува брза проверка дали постои на нивните пазари од сомнителниот продукт кој претставува потенцијална опасност идоколку тој продукт е детктиран им се овозможува превземање на сите итни мерки.RASFF системот ги информира и земјите кои не се членки доколку на нивна територија е извезен сомнителниот продукт или доколу сомнителниот продукт потекнува од територијата на трета земја.Секоја членка на RASFF системот има одредено посебно лице (контактна точка) кое е одговорно за испраќање на RASFF нотификации до Европската Комисија за секој ризик кој произлегува од храната и храната за исхрана на животни, а кој директно или индиректно го загрозува јавното здравје, како и мерките на повлекување од промет, ограничување на пуштање во промет, уништување или други соодветни мерки кои се преземени со цел да се заштити здравјето на потрошувачите. Исто така, земјите членки задолжително испраќаат информација и за сите пратки со храна и храна за животни кои по извршениот преглед се одбиени на инспекциско место на граничен премин. Базата на податоци на RASFF системот е достапна на официјалниот RASFF веб портал.

22


4.Литература 1. „Food and Feed Alerts in the EU:A Legal Overview “ Arthur Cox (web: www.arthurcox.com ) 2. „Водич на потрошувачите низ Законот за безбедност на храна“Агенција за храна и ветеринарство,Скопје 2011 год 3. RASFF for safer food — The Rapid Alert System for Food and Feed — 2014 annual report 4. http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/index_en.htm 5. http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/about_rasff_en.htm 6. http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/m em bers_en.htm 7. http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/rasff_notifications_en.htm 8. http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/rasff_publications_en.htm 9. http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/rasff_portal_database_en.htm 10. https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/consumers/ 11. https://webgate.ec.europa.eu/rasff-window/portal/?event=SearchForm&cleanSearch=1 12. http://ec.europa.eu/dgs/health_consumer/dyna/enews/enews.cfm?al_id=1364 13. http://www.fva.gov.mk/index.php?lang=mk 14. http://www.kips.com.mk/rasff/Notifikacija_izvestaj_poz.aspx

23


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.