Проект: „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ Проектот е финансиран од Европската Унија
Прва работилница за градење капацитети 27 - 29.05.2016 година Хотел „Парк Лејксајд“ - Охрид Првата работилница за градење капацитети се одржа во Охрид од 27 - 29.05.2016 година. У ч е с т во зе м а а п р етс та в н и ц и н а 1 4 г р а ѓ а н с к и организации од кои 10 со еко предзнак и 4 со заштита на маргиналните групи и претставници на 16 различни медиуми во нашата земја. OБУЧУВАЧИ: - Љубомир Петковски, дипломиран инженер за животна средина; - Методија Димовски, експерт за животна средина.
OБРАБОТЕНИ ТЕМИ: Љубомир Петковски, дипломиран инженер за животна средина: 1. Презентација на резултатите од ситуационата анализа; 2. Презентација на резултатите од анализата на потребите на таргет групите во проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство. Методија Димовски, експерт за животна средина: 3. Законодавството за животна средина, учество на јавноста во донесувањето на одлуки, пристап до информации; 4. Ублажување на негативните состојби во животната средина со фокус на маргиналните групи.
Фотографии: Нешат Аземовски
ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ 1 Република Македонија во делот на заштита на животната средина и природата ги има ратификувано најважните меѓународни конвенции и е во напредна фаза на апроксимација на законодавството за животна средина и природа кон тоа на ЕУ; 2. Законот за животна средина и Законот за пристап до информации од јавен карактер во себе ги инкорпорираат принципите на Архуската конвенција за пристап до информации од областа на животната средина, пристап до правдата и учество на јавноста во креирањето, донесувањето и спроведувањето на одлуките; 3. Неопходно е креирање на амбиент и околина за поголемо учество на претставниците на маргиналните групи во прашањата за заштита на животна средина и природа со оглед дека Уставот на Република Македонија ја гарантира еднаквоста на граѓаните и правото на здрава животна средина; 4. Новинарите имаат значајна улога во креирањето на јавното мислење и наметнувањето на темите од областа на животната средина прек у развојот на ек ол ошк ото истраж увачк о новинарство како теми важни за целокупната популација; 5. Еколошката дискриминација е дел на социјалната исклученост и нееднаквост на граѓаните во Република Македонија; 6. Граѓанските организации се тие кои треба да ги дадат моралните и етички вредности на спроведувањето на законските и подзаконските акти, уредби и одредби во интерес на граѓаните.
Оваа публикација е дел од проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ финансиран од Европската Унија. Наведената содржина е единствена одговорност на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“' кои го спроведуваат проектот. Наведената содржина и ставови на никaков начин не може да се смета дека ги одразуваaт гледиштата на Европската Унија.