Sumnal news letter2

Page 1

Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ

СО ДОБРА ИНФОРМАЦИЈА КОН РЕШЕНИЕ Билтен јануари - јуни 2016 година


ДОПОЛНИТЕЛНО УЧЕЊЕ И ПОДУЧУВАЊЕ Програмата „Ран детски развој“ е

наменета за деца од 2 до 6 години и нивните

мајки, која опфаќа секојдневни активности кои имаат едукативна содржина пропратена со игри, боење, цртање, драматизација, учење песнички и слично. Активностите што се изведуваат се однапред испланирани и подготвени според стандардите за рано учење и развој преку најразлични игри од едукативен карактер. Тие се реализириаат од однапред поготвена Годишна програма со месечни, дневни и неделни подготовки. За реализираните активности се води дневник на активности, досие за секое дете и портфолио за секое од децата. Активностите за децата

кои се дел од Програмата за

дополнително учење се на возраст од 6 до 14 години. Тие, во дневниот центар, секојдневно доаѓаат и ги извршуваат своите домашни задачи по различни предмети, користат дополнителни информации како и иформации од библиотеката на Сумнал која пак располага со енциклопедии, а имаат и можност да користат интернет што е неопходен за работа. Децата имаат можност да се дружат и да играат социјални игри. За постигнување на успех и напредок кај децата не е доволно само формалното образование, и токму затоа Сумнал организира работилници на различни теми и за различни проблеми кои се типични за ромското население и кои делуваат превентивно и едукативно кај учениците за тие да не се повторуваат, а тоа се трговијата со луѓе, негувањето на семјеството, малолетнички бракови и работилници од областа на здравството.


СОРАБОТКА СО ГИМНАЗИЈА НОВА Активностите кои се реализираат меѓу Сумнал и гимназијата НОВА се од едукативен карактер. Еднаш неделно, во просториите на Сумнал, учениците од НОВА одржуваат час по англиски јазик на децата од Сумнал. Учењето на англискиот јазик е врз основа на игра, забава, квизови, се изучуваат нови зборови и реченици, се учи граматика и сл. Исто така, децата од Сумнал имаа можност да одат во посета на училиштето НОВА и да бидат дел од еден нивни вообичаен час по актерство. Децата, преку игра и забава, научија многу за театарот и воопшто за актерството.


СО ДОБРА ИНФОРМАЦИЈА ДО РЕШЕНИЕ

Проектот се реализира на локално ниво во општина Чаир, Скопје, Република Македонија. Целно подрачје е општината Чаир со 10 млади Роми кои се здобиваат со обуки за комуникацискоинформатички вештини. Цел на проектот е зајакнување на капацитетите на младите Роми преку примена на информатичко-комуникациските технологии и обезбедување на знаење потребно за пазарот на трудот и развој на економијата, како и создавање на олеснителни услови за пристап до информатичкокомуникациски технологии и зголемување на информатичко-комуникациските вештини кај младите Роми. Целна група на овој проект се млади на возраст од 14 до 18 години. Тие имаат можност да стекнат поголеми знаења за програмите: excel, power point и word, како и да научат на кој начин и за кои цели може да го користат интернетот. Важно е да се напомене дека децата го изработија и овој билтен.

СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈА „ЕЛЕНА ЛУКА“


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.