24
ЈУНИ
ДЕН НА ЗАЕДНИЦАТА НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЕДИНСТВО РАЗВОЈ
а З ЕДНАКВОСТ ПРОСПЕРИТЕТ Одбележување: 24 јуни 2016 година хотел: Сити Палас - Охрид 19.30 часот
ЕДИНСТВО - За да се постигнат целите за развој на заедницата на Балканските Египќани во Република Македонија, неопходно е да се постигни единство за најважните приоритети. Поединците и организациите во преден план треба да го стават заедничкиот интерес, а не личните интереси, интересите на оние кои ги финансираат и поддржуваат преку моќта на функциите во политичкиот систем. Учесниците во бизнис секторот по принципот на општествена одговорност треба активно да се вклучени во поддршката на градењето на капацитети на нашата заедница и инвестирање во развојот на младите како носители на прогресот во склад со техничкиот, технолошкиот развој, развојот на современото општество и учество на припадниците на заедницата на Балканските Египќани во демократските и ЕУ интегративни процеси. РАЗВОЈ - Развојот на Балканските Египќани во Република Македонија треба да биде преку поттикнување на високото образование и генерирање на вработувања како резултат на соодветното образование. Вработувањето во државната администрација и јавните претпријатија ќе го зголеми интензитетот на социјална интеграција во општеството додека учеството во бизнис секторот преку поттикнување на претприемништвото ќе даде придонес кон економско зајакнување и подобрување на благосостојбата на припадниците на балканските Египќани во Република Македонија. ЕДНАКВОСТ - Еднаквоста ја дефинираме на две нивоа. Првото ниво, внатре во самата заедница каде сите припадниците треба да се еднакви во правата но и во обврските за остварување на правото на еднаквост. Тоа подразбира активно учество на сите во процесите на јакнење на заедницата на Балканските Египќани, меѓусебно почитување, развивање на култура на комуникација и делење на заедничка визија. Второто ниво на еднаквост е на ниво општествено - политичкиот систем, културниот и економскиот систем. Еднаквоста треба да е резултат на процесите на единство и развој на заедницата на Балканските Египќани со избрани претставници по системот на квалитет, способност, знаење и докажани по своите дела за напредок на сите Египќани. Прв показател за ова ќе биде Одлуката на Собранието на Република Македонија за признавање на 24 јуни како ден на припадниците на заедницата на Балканските Египќани во Република Македонија. ПРОСПЕРИТЕТ - Ако успееме да го достигнеме нивото на единство, развој и еднаквост, резултатот ќе биде просперитет што значи напредок, благосостојба, висок социјален статус, интеграција во општеството и признание од останатите за придонесот кој го дава заедницата на Балканските Египќани во развојот на современото македонско општество.
24
ЈУНИ
ДЕН НА ЗАЕДНИЦАТА НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 2016 ГОДИНА
24.06.2016 петок Хотел „Сити Палас“ - Охрид 19.30 - 19.45 ч. Поздравни обраќања Аднан Ашимоски - Претседател на здружението на Балканските Египќани на Република Македонија - Охрид Претставник на локалната самоуправа на општина Охрид 19.45 - 20.00 ч. Зизо Љамковски - Претседател на Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „ИЗИДА 41/21“ - Ресен „Заедницата на Балканските Египќани во Република Македонија - состојби,перспективи и потреби“ 20.00 - 20.15 ч. Мајер Зуко - Претседател на здружението за интеграција на Египќаните „ПТАХ 2013“ - Струга Плакета за посебни заслуги за развојот на заедницата на Балканските Египќани во Република Македонија „Животот и делото на Аќиф Бајрамов - Поштарот“ 20.30 - 21.30 ч. Коктел освежување, неформално дружење и фотографирање
Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните „ИЗИДА 41/21“ - Ресен
Здружение на Балканските Египќани во Република Македонија - Охрид
Здружение за Интеграција на Египќаните „ПТАХ“ - Струга
e - mail: izidaresen @gmail.com
e - mail: еgipjanimakedonija @yahoo.com
e - mail: ptah2013 @yahoo.com
tell: 078 625 966
tell: 078 625 966
tell: 075 397 528