Click12

Page 1

АПРИЛ 2009 90 ДЕНАРИ


click/вовед/

БРОЈ 12 • АПРИЛ 2009 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК ЗОРАН ИВАНОВСКИ zoran.ivanovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Зоран Ивановски zoran.ivanovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Игор Петрушевски • igor.petrusevski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Саша Лилчиќ • sasha.lilcic@clickmag.mk Александар Балаловски • aleksandar.balalovski@clickmag.mk Јазичен соработник Милена Манчиќ Пауновска • milena.paunovska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Маргарита Сотировска marga.sotirovska@clickmag.mk Печатено во: „Софија“, Богданци Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 5 209 704, +389 (2) 5 209 705 Е-mail: redakcija@clickmag.mk СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

БИО-САЈБЕРИНЖЕНЕРИНГ „Damn….Па ова антивируснава програма ќорава ли е? Како...каде....кога закачив?“ Ова сум го слушнал...па ај’, да не претерувам, барем 300 пати од разно-разни сајбер суштества недоволно упатени во оваа тематика, за кои закачувањето вирус е „најтмер“ број еден. Колку и да се интересни во тој момент, кога „шизат“ заради aliens attack & infiltration, сепак „не им фаќам“ сеири. Потполно ги разбирам...и се смеам во себе си. Тоа што не го разбирам, е – што е тоа што творците на вируси, црви, тројанци и останати производи на сајбер-био-инженерингот

На прво место - пронаоѓање на одредени низови на цифри од благородна пластика со кои може...хммм... да се направи многу. Последиците зависат од околностите. Секако, не е се во „чипканите“ пластики со димензии 5,5 х 8,5 cm. Има и други мотиви за напад. Спамирање, напад на други сервери, „позајмување“ документи и други видови содржини со и без авторски права....можностите се големи, фантазијата непресушна. Ех.....љубопитност, што да се прави. Има ли некој имун на неа? Колку ли само софтвер е набавен со по-

Кочење при работа, неможност на пристап кон интернет, куп сервиси работат во позадина.... најчестите резултати од вирусна инфекција! Има ли спас од оваа напаст? ги тера на тој чекор? Докажување, полнење на егото, ранење суета, противправна имотна корист, злобност? Од се по нешто, во секој случај. Но што е во основата на сето тоа? Биле малтретирани како деца? Не им купувале играчки? Навлегувањето во суштината на овој проблем ќе го оставиме за друга прилика. Или, можеби е најдобро да го оставиме на социолозите. Зошто баш на нив? Па, целата оваа работа повеќе личи на социјална појава отколку проблем. Или пак, најточниот израз би бил – социјален проблем? Нека кажат социолозите, на крај краеви. Јас ниту сум ниту имам намера да бидам социолог. Ниту пак психијатар, за да ги анализирам творците на сајбер гадинките. Макар што....хммм, копањето по туѓ мозок не звучи лошо. Верувам дека е подеднакво интересно како и прекопувањето по туѓ компјутер....оддалеку, се разбира, не седнат пред него. Или, заобиколувањето на заштитите на сајтовите со експлицитна содржина.... И едното и другото имаат разни цели.

мош на љубопитноста, или прекопувањето? И филмови, книги во електронска форма, музика...? Прекор? Што знам....прашање е дали воопшто има простор за прекор? Интересно прашање за интересна дискусија. Но не би ја започнувал тука, баш на оваа страница. Во некој нареден број...можеби... Оваа социјална појава (или проблем) уште долго време ќе трае, во тоа сум 100% сигурен. Единствено ни преостанува да научиме како да се заштитиме. А темата на овој број би требало да пружи одредени информации за тоа. Кои антивирусни програми се во моментов водечки на листата, кои се нивните можности, колку се ефикасни....сето тоа ви е на дофат на рака. Односно, в рака. Свртете на страна бр.38 и ќе ви биде јасно за што зборувам. Постојат и други опасности, за кои е потребна и превентива, и предострожност. Што е тоа, ќе откриете во наредниот број на Click. А чекајќи го него, читајте ги содржините кои ги подготвивме за овој број. Зоран Ивановски


click/содржина/ БРОЈ 12 • АПРИЛ 2009

ХАРДВЕР

12 - 37

12 SONY-DCR-DVD450E Камера за секоја прилика

18 Logitech Z5500 THX Dolby Digital Вистинскиот квалитет е безвременски

26 SONY Cybershot DSC-W290 12,5 мегапиксели и HD видео

28 TOSHIBA TECRA R10-10S

18

НАЈДОБРИТЕ СТАНАА УШТЕ ПОДОБРИ!

Лаптоп за тие што знаат што сакаат

31 MAC BOOK PRO Нова димензија....

Logitech Z-5500 THX Dolby Digital

38 - 66

СОФТВЕР

38 АНТИВИРУСНИ ПРОГРАМИ Заштитете се на време!

45 ACDSee Photo Manager 2009 Стариот познаник повторно изненадува

52 БРЗИ ТЕХНИКИ ЗА МОДЕРЕН

ДИЗАЈН ВО PHOTOSHOP CS4 Брзо и ефектно

62 UBUNTU 9.04 Во ново руво

ИГРИ

52

Брзи техники за модерен дизајн во Photoshop CS4

67-71

67 CRYOSTASIS

Студ, мраз и мистерија

70 THE CRONICLE OF RIDDICK:

ASSAULT ON DARK ATHENA Убиј или ќе бидеш убиен

РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 72 74

66

The Chronicles of Riddick: Assault on Dark Athena

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ

click април 2009

5


click/вести/

Corsair Dominator TR3X6G1600C8D „Сортна“ меморија или не – вечна дилема без вистински одговор. Прашање на парите на прво место, се разбира, но и на престиж. А комплетот DDR3 мемории на Corsair е вистински престиж. Не само поради самиот комплет – 3 х 2 GB и цената од 150 до 200 $ по модул, туку пред се поради спецификациите. Надворешниот изглед не остава дилеми кој е производителот дури и ако истиот не би бил истакнат. Типичен Corsair дизајн со масивни високи пасивни ладилници со ребра на страните и назабени на горната страна. А спецификациите изгледаат отприлика вака: 1600 MHz, без бафер, 64 bit, латенции 8-8-8-24 (CAS-RCDRP-RAS). Врвни модели за системи со бескомпромисен квалитет. Идеален партнер на матичните плочи со X58 чипсет. l

Radeon HD4890 Дека очекувањата се едно а реалноста нешто сосема друго е пример оваа картичка. Првите најави за „број поголем“ Radeon од моделот 4870 асоцираа на модел на картичка која треба да биде класа над актуелната серија 4870. Но, набргу стана јасно дека од тоа нема ништо. Цената од 250 $ јасно говори дека е позиционирана во истата категорија како и Radeon HD 4870 – високата средна. Radeon HD 4890 се разликува од Radeon HD 4870 единствено според повисоките работни тактови, што е јасен показател дека се работи за оверклокувана верзија на Radeon HD 4870. Работниот такт на графичкиот процесор изнесува 850 MHz наспроти досегашните 750 MHz, а на GDDR5 мемориските модули 975 МHz (ефективни 3900 MHz). Сите останати спецификации се потполно исти – 55nm производствен процес, 800 Stream процесори, 40 текстурни и 16 излезни рендерирачки единици и 256 bit-ен мемориски интерфејс. Ист е и дизајнот. Очигледно е дека вистинските промени се резервирани за наредната серија, која според најавите би требало да ја носи ознаката HD 5xxx. l

Fujitsu Siemens Computers стана дел од Fujitsu Limited И покрај тоа што е објавена на 1 Април, веста дека Fujitsu Siemens Computers стана дел од Fujitsu Limited сепак не е шега. Со овој потег, производителот добро познат на нашиот пазар со своите лаптоп системи пред се и кратенкта FSC премина во 100%-на сопственост на овој гигант и стана негов огранок. Целата компанија го смени називот во Fujitsu Technology Solutions (Holding) B.V. Новата компанија ќе работи заедно со Fujitsu Services под заедничко управување на бренодт Fujitsu. Целосната интеграција на Fujitsu Technology Solutions е катализатор на трансформацијата на оваа компанија во глобална компанија. l

МЕСТ Во рамките на европската промоција на проектот Mozilla, „Слободен софтвер Македонија“ во соработка со лица директно инволвирани во проектот, на 15ти април одржаа серија предавања и работилници со цел промовирање на самиот проект и продлабочување на знаењата на корисниците на Mozilla производите (особено Firefox) во делот за развој на слободен софтвер и можноста за користење на најпопуларниот слободен прелистувач како алатка во тој процес.

6

click април 2009

Предавањата ги водеа: Сони Пирс (Sony PIERS), Арзел Јунзи (Arzhel YOUNSI) и Грег Костенобл (Grйgoire COUSTENOBLE), сите од Франција, истакнати придонесувачи на Мозила проектот. Целта беше компјутерските корисници во Македонија добијат шанса одблизу да се запознаат со можноста да ги употребат неговите производи со цел подобро да си ги завршат своите задачи. Предавањето опфати: * Техничко предавање: Firefox за веб програмери, отворени веб стандарди, прелистувач што е напишан според стандардите, HTML 5, новата структура за обработка на JavaScript, нови CSS можности; * Предавање за крајните корисници: како да се користи web 2.0 во Firefox, демонстрација на отворени веб стандарди, интересни додатоци и можности. l


click/вести/

Нови iPod слушалки со фацијални команди Овој нов и бездруго интересен гаџет е развиен на Осака Универзитетот, а првиот назив му е Ear Switch. Употребува инфрацрвени сензори кои детектираат мали помрднувања во внатрешноста на увото, а кои одговараат на одредени изрази на лицето. Можат да разликуваат намигнување, мрдање на ноздрите и исплазување на јазикот. Базирано на ова, подготвуваат соодветни команди кои кореспондираат со изразите на лицето. Доколку се поврзат со микро-компјутер, можат да се употребат како handsfree далечински управувач за повеќе електронски уреди Интересно кај овие слушалки е и тоа што при детектираната насмевка, ќе дадат команда да се пушти некоја песна со весела содржина Во секој случај, интересно. А како ќе реагира околината на вашите гримаси и „плазења“ со јазикот е друга приказна. Само да не се случи некој погрешно да ги протолкува па навистина да ви биде – ВЕСЕЛО. l

nVIdia Geforce GTS 250 SLI – побрзо и поевтино решение од Geforce GTX 285? 2xGTS 250 > GTX 285? Оваа математичка формула звучи релативно „лејмерски“, ако знаеме дека (барем досега) SLI систем има смисол само доколку е изведен од две врвни графички картички. GTS 250 не може да се мери со GTX 285 во единечна конкуренција, но комбинацијата од две „250-ки“ е како поефтина така и побрза солуција! Оваа вест процури од интернет, каде што се објавени резултати од споредбен тест, каде што комбинацијата од две GTS 250 победи во речиси сите тестови, оставајќи ги зад себе Radeon 4870 1GB, GeForce GTS 250 (една картичка) и GTX 285. Radeon 4850 X2 е единствената картичка која му парираше на овој тандем, а во тестовите според остварените резултати се вртеа во круг едни околу други, со блага предност на Radeon HD 4850 X2. Geforce GTX 285 чини од 350 до 370 $, а за цената на една GTS 250 и подетални спецификации за истата можете да прочитате на страна 22 во овој број на Click. l

Samsund S8000 Android ? Интересна информација „процури“ деновиве, а која веруваме дека не е само обична „болва“. Според неа, наскоро треба да се појави првиот од трите Samsung мобилни телефони базирани на Android оперативниот систем – моделот S8000. Според веста, овој модел теба да биде опремен со широк WVGA AMOLED екран чувствителен на допир и со дијагонала од 3.1“, камера со резолуција од 5 мегапиксели и блиц, 2 GB интерна меморија, ФМ радиоприемник, GPS, Bluetooth и 3.5 mm приклучок за слушалки. Куќиштето на овој телефон ќе биде со дебелина од 12,5 милиметри. Овој модел нема да има физичка тастатура. Судејќи по фактот дека (највероватно) ќе биде Android уред, за своите купувачи ќе се натпреварува со HTC Magic. l

Xigmatek “No Rules Power” NRP-HC1501 напојување Некому непознато име, но сепак Xigmatek е производител кој е релативно долго присутен на пазарот. “No Rules Power” NRP-HC1501 е модел на напојување со капацитет од 1500 W, а заслужува внимание од две причини. Како прво, откако се достигна границата од 1.5KW кај напојувањата за компјутерите, производителите некако стагнираа во пголед на прозведување на истите. Дали поради физичката невозможност во

исто пакување да сместат поголеми капацитети или поради релативно големата нестабилност кај актуелните модели9 од 1,5 KW не знаеме, но факт е дека производството некако подзапре. Овој модел на Xigmatek е сосема нов модел и доаѓа по периодот на затишје. Втората карактеристика е што се работи за напојување од модуларен тип, значи, се приклучуваат кон него само оние кабли на гранките од кои има потреба. Каблите и напојувањето се добиваат во едно пакување, но самите кабли се спакувани во наменска торбичка. Инаку, напојувањето располага со четири 6-пински конектори за напојни кабли на SATA, IDE, флопи и периферни уреди и по три 6 и 8 конекторски PCI-Express приклучоци. l

click април 2009

7


click/вести/

Seagate FreeAgent Хард дисковите со капацитет 1 TB се се поприсутни на пазарот, па некако спонтано дојде време и за нивни екстерни верзии. Seagate се погрижи да биде еден од првите производители кои ќе се пофалат со такво решение. И тоа не со едно, туку со три!

FreeAgent Desktop моделот е ескстерно куќиште со стилски дизајн, кој во себе содржи хард диск со терабајт капацитет и со стандардна големина (3,5“). Се приклучува преку USB 2.0 интерфејсот, а е компатибилен и со стариот USB 1.1 стандард. Колку има смисол користењето на волку голем капацитет на лимитираниот 1.1 стандард нема да коментираме, макар што е сосема јасно. Компатибилен е со Windows и Мac платформи.

FreeAgent Desk е модел кој се разликува од Desktop моделот според дизајнот и доаѓа со пропратен Seagate Manager софтвер.

FreeAgent Xtreme е модел за кој веруваме дека ќе биде најчест избор. Ист според дизајнот со Desk серијата, опремен е со не еден туку со два(!) FireWire приклучоци и еден eSATA приклучок, покрај постоечкиот USB 2.0. Ова овозможува додавање на уште еден SATA диск и уште еден FireWire уред. Тука треба да се има в предвид дека едниот FireWire порт е за поврзување на уредот со компјутерот, така да евентуалното приклучување на дополнителен FireWire уред ќе значи делење на преостанатата FireWire собриница помеѓу двата уреди. Но со оглед на речиси двојниот капацитет на FireWire собирницата во однос на USB 2.0 ова и не е голем проблем. l

Аирлија 2 TB!!! Western Digital го претстави првиот хард диск со капацитет од 2 TB, кој воедно е и единствен хард диск со тој капацитет достапен на пазарот. Составен е од 4 плочи со капацитет од по 500 GB, има 32 MB бафер и двојна процесирачка моќ, што крајно резултира со минимум 25% подобрување во тој поглед во однос на претходните генерации. Овој диск е од Green Power генерацијата модели, што се одликуваат со помала потрошувачка на енергија. За парите потрошени за негова набавка се добиваат целите 2 терабајти, поточно 2.000.398 МВ. Поддржана се NCQ и IntelliPower технологијата на регулација на брзината на вртење. На тој начин, хард дискот ќе може да се врти со брзина од 5400 или 7200 вртежи во минута, зависно од тековната апликација, оптеретувањето, интензитетот на запис и читање. Цената на овој модел во моментов изнесува 300$, а гаранцијата е 5 години. l

8

click април 2009

Intel Gulftown - првиот шестјадрен десктоп процесор Вториот квартал на наредната година се очекува да мине во знакот на првиот шестјадрен процесор на Intel со коден назив Gulftown. Овој процесор ќе биде изработен во 32 nm литографија, ќе поседува 6 физички јадра и со помошта на HyperThreading технологијата ќе биде способен да извршува 12 паралелни операции/низови и ќе има 12 MB деллива кеш меморија. Секое јадро ќе располага со по 256 KB сопствена второстепена меморија. Процесорот ќе биде компатибилен со постоечките LGA1366 процесорски лежишта. Овој процесор припаѓа на Westmere семејството, кое ќе има одредени архитектурни подобрувања во однос на актуелните Core i7 процесори. Скокот во перформанси се очекува да биде евидентен, додека потрошувачкатана енергија се очекува да остане во истите рамки. Официјални реакции на овие информации од Intel сеуште нема. l


click/вести/

SUPER TALENT-иран SSD Паралелно со растот на капацитетот на стандардните хард дискови растат и капацитетите на SSD дисковите. Super Talent исфрли модел со назив MasterDriveRX и капацитет од 512 GB. Брзините на читање и впишување се типични за овој вид уреди – 230 MB/s за читање и 160 MB/s за впишување. Дискот има гаранција од (само !?) три години и цена од 1500$. l

AMD и Nvidia во DirectX 11 „клинч“

Microsoft SideWinder X3 Microsoft го претстави новото SideWinder X3 глувче наменето за играчката популација. По цена од само 40$, ова глувче треба да почне да се продава во месец Мај, и се очекува да биде вистински хит. Не само поради интересната цена, туку и според опциите со кои располага: • ергономски облик изведен така да одговара и за левораки и деснораки корисници; • максимални 2000 dpi; • измена на чувствителноста на сензорот на самото глувче во три предефинирани модови (400, 800 и 2000 dpi); • 5 основни програмабилни копчиња; • странични копчиња. l

По се изгледа дека не очекува возбудлива графичка есен. Всушност, возбудата треба да почне уште во жешките Јулски денови, кога AMD терба да го претстави на пазарот првиот DirectX 11 графички процесор со кодно име RV870. Противударот од Nvidia се очекува во Октомври, во вид на RV300 графичкиот процесор. Со оглед дека до двете промоции не делат месеци, сеуште не се познати некакви податоци за двата чипа. Тоа што е познато е дека графичките перформанси ќе бидат драстично зголемени, а веруваме и реалистичноста на графиката. Останува да причекаме. Официјални информации, потврди или негирања засега нема ниту од двата табори. А кога нема негирања... l

Windows 7 на повидок? Не сосема, но по успешните бета верзии конечно дојде моментот и за Release Candidate изданието. Неофицијално, датумот на кој треба да се појави оваа верзија е 5-ти Мај, а дали овие неофицијални информации сеточни ќе дознаеме наскоро. Оваа вест е објавена на веб страницата на Microsoft Partner Program, каде што е најавена RC верзијата и од која ќе биде можно превземањето на ситата, почнувајќи од 5-ти Мај. l

Два нови АТОМ процесори Intel ги најави новите модели на АТОМ процесори, кои треба да се појават наскоро. Во прашање се два модели – Z550 и Z515, со работен такт од 2 GHz и потрошувачка од 3 W. Интересен новитет за моделот Z515 е што во него е имплементирана технологија со назив Burst која е навидум слична на SpeedStep технологијата, но која работи

во спротивна насока. SpeedStep, како што е познато, го намалува работниот такт доколку процесорот не е оптеретен или е во мирување. Burst технологијата делува поинаку – работниот такт на процесорот го држи на пониска вредност од номиналната, а го засилува само кога процесорот се оптеретува. l

click април 2009

9


30 TSONY DCR - DVD450E 31 Logitech MX5500 Revolution 32 Sony Walkman NWZ-W202 34 Apacer Audio Steno AU220 36 KWORLD TV BOX 1680ex Logitech Z5500 THX Dolby Digital VIVAX Imago DVD-P 707BS APACER Handy Steno AH422/ Handy Steno AH162 LG BluRay BD 370 Geforce 250 GTS Logitech QuickCam E3500 HP LaserJet M2727nf Compro VideoMate Vista T500F/ VideoMate V300 SONY Cybershot DSC-W290 Nokia 5800 Xpress Music TOSHIBA TECRA R10-10S

12 14 16 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25

ACER AspireOne netbook MAC BOOK PRO Power over Ethernet (2) Како работи SWITCH-от? Unitech PA-600

click/хардвер/

26 27 28

Sony DCR-DVD450E Едноставно снимање, уште поедноставна репродукција, доволно внатрешна меморија и гооолем зум. Камера за секоја прилика, Sony DCR-DVD450E ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Sony www.sony.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сони Претставништво - Скопје www.sony.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Минималистички и компактен дизајн  Квалитетна обработка  Апликации за преглед на снимениот материјал  Долго траење на батеријата  Внатрешна меморија (16GB)  Mожност за снимање на DVD (8 cm)  Релативно постара технологија (стандардна дефиниција)  800К CCD чип VGA (640 x 480)  Нема билц ЦЕНА

• 25.990 денари

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Модел кој претставува компактно и лесно решение со повеќе можности за снимање на материјал, одличен зум и едноставност за користење. Доколку сте аматер во светот на дигиталното видео, DVD450E e камера за вас.

12

click април 2009

В

еќе DVD450E е дигитална видео камера која за снимање на видео записот користи внатрешна меморија, мемориска картичка Sony Memory Stick и оптички медиум. Со сите овие можности со кои располага DVD450E мак-

ат. Овој модел е е за тие луѓе, односно за луѓето кои се секогаш во движење, DVD450E е компактнa и лесна дигитална камера така да можете секогаш да ја носите со себе. Со можноста за користење на големата внатрешна мемо-

Лесна и компактна дигитална видео камера со 16 GB внатрешна меморија и можност за снимање на оптички медиум. Голем оптички зум. Идеална дигитална камера за луѓе кои се занимаваат со аматерско снимање симално го олеснува споделувањето на записите кои се прават, независно дали директно ќе копирате од внатрешната меморија, или од мемориската картичка или ќе режете DVD, крајниот резултат е едноставно зачувување на снимената содржина. Нешто што е навистина голем плус кога се работи со уреди од овој тип. Главната идеја на дизајнерите и креаторите на овој модел е најверојатно желбата на луѓето во секоја ситуација покрај себе да имаат уред со кој би ги овековечиле ситуациите во кои спонтано се наоѓа-

рија (16GB) како и можноста за снимање на оптички медиуми (8 cm DVD), можете да снимите на-

Едноставно ракување и раскош од меморија. Со DCRDVD450E снимањето е вистинско задоволство

вистина многу материјал. Исто така многу лесно можете да му пристапите на материјалот кој што сте

СПЕЦИФИКАЦИИ CCD чип

800K VGA (640 x 480)

Внатрешна меморија

16 GB

Зум

60x оптички, 2000x дигитален

Леки

Carl Zeiss 1.8 - 6.0

Визир

2.7инчи, осетлив на допир

Додатна Меморија

Да, Sony Memory Stick

Поврзување

USB 2.0

ТЕЖИНА

390 гр. Без батерија

ДИМЕНЗИЈА

130 x 89 x 55 мм

го снимиле, можете исто така да пребарувате сцени кои сакате да ги видите. На пример со функцијата “Film Roll Index“ автоматски се креираат сцени и индексни поени во секое снимено поглавје според дефинирани интервали кои ги задава корисникот, интервалите можат да бидат со должина од 3 секунди до 5 минути, на тој начин веќе немате потреба да поминувате низ целиот филм повторно. Тука е и функцијата “Face Index“ која е развиена од страна на Sony и ја користи Face Detection Technology (Технологијата за препо-


click/хардвер/sony_DCR-DVD450E/ ноќно снимање оваа камера не е за користење во простории со намалена светлина или ноќно снимање. DVD450E е дигитална камера која ви ја препорачувам од сесрце доколку сте аматер во полето на дигиталното видео. Лесно се користи, има одлични функции кои ќе допринесат вашето видео да изгледа како работа на професионалец, а згора на сето ова ветува многу забава. l Типичен дизајн за оваа катгорија камери

Доколку Ви е полна меморијата, тука е опцијата за директно снимање на DVD

[иван јанкијевиќ]

знавање на ликови) за да ги најде сцените кои содржат ликови и истите да ги претвори во мали слики (thumbnails) за да можете лесно да пребарувате низ сцените и да ги најдете снимките кои сакате, кога ќе ги најдете само искористете го екранот осетлив на допир за да го потврдите својот избор и стартувајте го клипот. Постојат многу технологии кои се ставени во DVD450E кои овозможуваат лесно и квалитетно снимање на видеата, тука се леќите Carl Zeiss Vario Tessar кои нудат извонредна резолуција и репродукција на боите, заедно со навистина извонредниот 60x оптички зум кој дозволува снимање на далечни објекти без да се доведе во прашање квалитетот на сликата. Покрај сите овие работи важно е уште да напоменеме дека DVD450E снима во нативна односно стандардна дефиниција (MPEG2), со три избори за квалитет на филмот HQ (9Mbps), SP(6Mbps) и LP(3Mbps). Исто така постои опција за сликање на дигитални фотографии со релативно слаба резолуција од 800К пиксели и VGA (640 x 480) големина на фотографија. Уште еден плус кај DVD450E претставува фактот дека оваа дигитална камера снима и репродуцира аудио во 5.1 surround технологија, нешто што досега беше можно само кај поскапите уреди од овој тип. Можноста да во 5.1 surround мод ги гледате вашите случки и настани кои сте ги снимиле дава навистина нова димензија. Користењето на менијата, сите опции кои ги има DVD450E, како и прегледот на снимените содржини се одвива преку 2.7 инчниот широк екран кој е осетлив на допир. Менијата за поставките и опциите се толку лесно и интуитивно направени така да користењето на истите е максимално едноставно и претставува големо задоволство. DVD450E има ноќен мод на работа, односно режим на работа наречен NightShot Plus но нема класичен блиц, па така колку и да е добра апликацијата на Sony за NA951EA HP 550 • Intel® Core™2 Duo Processor T5670 (1.80 GHz, 2 MB L2 cache, 800 MHz FSB) • 15,4", 1280x800 (WXGA) • 2048 MB (2048 MB x 1) • 250 GB 5400 rpm • Free DOS • DVD+/–RW SuperMulti DL LightScribe

Опција е и снимање на статички фотографии

• Intel Fast Ethernet Integrated Controller (10/100 NIC) • Bluetooth • Carrying Case

click април 2009 13


click/хардвер/logitech_MX5500 Revolution/

Logitech MX5500 Revolution Без кабли задоволството е поголемо ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Logitech www.logitech.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: НИКО Компјутери www.nikocomputers.com ЗА И ПРОТИВ

 Oдличен ергономски дизајн (глувче и тастатура)  Lcd екран со корисни функции  Bluetooth usд конеткор дел од сетот  Глувче со полнач за батерии  Непотребни копчиња на тастатурата  Скромно упатство за употреба  За нијанса превисока цена  Само за MS Windows ЦЕНА

• 8.399 денари

О

д каде да започнеме? Тастатурата е нова па редно е да се разгледа прво таа. Но најпрво мора да се напомене дека овој безжичен сет се врзува преку Bluetooth. За да биде ова поврзување едноставно и глатко заедно со тастатурата и лувчето во кутијата ќе најдете и usb Bluetooth конектор. Поврзувањето не задава никакви проблеми, барем на машините на кои ние ги вклучувавме. Досегот е за почит дозволува да го планирате овој сет дури и како дел од некое импровизирано домашно кино. Но, да одиме со ред. Новата маркантно црна тастатура од Logiech на прв поглед пленува со елегантниот дизај и новиот

Како создадени еден за друг!

да ги користите сите мора да се инсталира соодветниот софтвер кој доаѓа со овој сет. Горниот ред копчиња, оние со F се малку помали од стандрадните големини и оставаат доволно прстор за екранот кој ја има централната улога. Првиот

Кога на, веќе легендарниот, безжичен Logitech MX Revolution глушец ќе му се додаде соодветна на неговата величина тастатура се добива новиот пакет од Logitech наречен Logitech MX5500 Revolution lcd екран. Потпирачот за дланките е обложен со помека пластка која заедно со тивките кочиња овозможува скоро безшумно користење на истата. Исто така на прв погле се забележуваат огромен број на дополнителни копчиња. За

дел од овие копчиња се веќе предпрограмирани за повикување на апликациите кои најќесто се користата на Windows. Па така тука ќе надете кратенки за MS Word, Excel, Outlook i слично. Вториот дел од F копчињата може да си ги

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Сет кој нуди повеќе можност од конкурентите, корисен за многу различни потреби.

14

click април 2009

Стил и ергономија на високо ниво

програмирате по желба. Но внимавајте за оваа постапка никаде нема да најдете упатство. Па затоа запомнете деа една опција е да ја отворите апликацијата која сакате да ја повкувате со одредено копче и него да го држите неколку секунди пртиснато заедно со копчето Fn- Function. Полн погодок е малиот lcd екран. На него се прикажуваат серија различни информации од кои најупотребливи нам ни се видоа приказот на собната температура и информациите за мелодијата која оди пуштена преку iTunes. Се разбира преку овој екран може да добиете и ред дуги информации како датум, час, известување за нова меил порака и слично. На екранот може да активирате и калкулатор кој е потполно независен од оној на вашиот компјутер. Тастатурата е напојувана од две АА батерии кои доѓаат со сетот. Периодот кој ние ја тестиравме оваа тастатура не упатува да кажеме дека истата не троши многу енергија па така овие две батерии нема да треба често да ги менувате. На оваа тема ќе е префлиме кај карактериситките на глушецот. Имено, тој нема променливи батерии туку доаѓа со база која воедо е и полнач. Значи нема пот-

реба да се паничите дали батериите се при крај или не, за полнење е потребо релативно кратко време. Животот на батериите е долг а дополнително за порелакисран употреба на самиот глушец има поставено и индикатори кои прикажуваат уште колку се полни батериите. Самиот глушец се одликува со ергономски дизајн кој буквално ја вдомува вашата дланка. Има две тркалца и три дополнителни копчиња. Горното, главно скрол тркалеце, како и останатите последни серии на Logitech гливчиња има два мода на работа. Слобоед од и класичен од. Прфрлањето меѓу нив се врши со клик но во ај некои апликации изборот се врши и автоматски. Иако тежок сепак овој глушец овозможува лесна и прецизна навигација. Се на се овој сет нуди одлично глувче и солидна тастатура со премногу, дел од нив и непотребни, копчиња. Цената не е многу ниска, но сепак не е ни многу високоа. Може да се каже дека е скоро таман. Вероајтно ќе треба да почекаме на некоја следен модел од Ligitech за таа да падне и да биде прифатлива без многу размислување. l [Дарко Булдиоски]


click/хардвер/compro_videomate/

Compro VideoMate V300 и Vista T500F Инстант ТВ, радио и HD видео за вашиот компјутер

П

рактичноста на екстерните периферни компоненти е неспорна, а и иднината им припаѓа на нив. Дека ова не е само сува констатација говори

можностите…едноставно, потребата од стандарден PCI слот се повеќе се губи. Сега ќе погледнеме два екстерни периферни уре-

Екстерните решенија се повеќе го привлекуваат вниманието на потенцијалните купувачи и се се почест нивни избор. Покрај тоа се и далеку поекономични и се помалата застапеност на старите добро PCI слотови кај матичните плочи од најновата генерација, понајвеќе оние од средната и повисоките категории. Мноштвото USB интерфејси, секако и FireWire, Bluetooth

ди производ на COMPRO од VideoMate серијата, што според интерната номенклатура на овој производител означува производи наменети за додавање на ТВ, ФМ и HD Video можности на компјутерот.

Compro VideoMate Vista T500F Уред кој овозможува следење на аналогна и дигитална ТВ програма, снимање на истата и слушање на радио програмата на домашниот компјутер. Опремен е со сертифициран Vista MCE далечински управувач и MPEG-2 енкодер, со што е овозможена директна поддршка за дигитална телевизија (Digital Video Broadcasting), како и за следење и снимање на стандардната ТВ и радио програма во Мedia Center апликацијата кај Vista Premium/Ultimate. Исто така е поддржан и Compro DTV 4 софтверот, кој покрај следењето и снимањето на програмата овозможува и дополнителни опции како на пример пребарување каналаи, снимање на статични кадрови, time shifting (паузирање во реално време и продолжување со гледањето од местото на прекинот) и сл. Овозможен е и преглед на максимално 5 програми истовремено (PIP и POP). Софтверот овозможува директно

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Compro www.comprousa.com

VideoMate Vista T500F е стандардна PCI ТВ/ФМ картичка, но со дополнителни корисни опции

видеозаписи на мониторот од компојутерот без да мора да се приклучува на самиот компјутер. Не е потребна никаква инсталација – едноставно, се приклучува на монито-

COMPRO - уреди наменети за додавање на ТВ, ФМ и HD Video можности на компјутерот снимање на диск, ЦД или ДВД, без да има потреба од ангажирање на наменска програма, како на пример NERO. Треба да се споменат и поддршката за 1080i HDTV и следењето на live TV преку интернет.

Искористете го мониторот до максимум, без да го вклучувате компјутерот – Compro VideoMate V300

Compro VideoMate V300 VideoMate V300 овозможува репродукција на ТВ и

рот, а на самиот уред се приклучуваат антената од ТВ приемникот (аналогна или кабелска), ДВД плеер или друг уред за репродукција на видео запис кој е опремен со соодветни приклучоци. И не само тоа – кон Compro V300 можат да се приклучуваат и најактуелните конзоли за

игри, како PlayStation 2/3 или Nintendo Wii. Уредот е опремен со далечински управувач преку кој се прустапува до сите опции на менито. Менито ги овозможува сите опции како и било кој класичен далечински управувач ,така што нема да навлегуваме во детали. Единствено треба да се нагласи поддршката за Full HDTV (1080i), но истата може да се репродуцира во максимална резолуција од 1680 х 1050, колку што е и максималната резолуција на која уредот може да прикаже слика. Нормално, поддржан е приказ во 4:3, 16:9 и 16:10 однос. Цените на овие уреди засега не се познати. l [Зоран Ивановски]

click април 25


click/хардвер/sony_cybershot_DSC-W290/

Sony Cybershot DSC-W290 Големи слики со 12,1 мегапиксели резолуција или 720p HD видео со 30 слики во минута ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Sony www.sony.com.mk • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сони Претставништво - Скопје www.sony.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 12.1 мегапиксели резолуција и 720p HD видео резолуција  Голем 3 инчен екран на задната страна  Многу режими на работа како и автомаски режим  Вградена Li-Ion батерија со сопствен полнач  Некои од копчињата се мали ЦЕНА

С

они на пазарот пласираше неколку нови модели во класата на „отвори и сликај“ дигитални фотоапарати. На тест го имавме одличниот Cybershot DSC-W290 со 12,1 мегапиксели резолуција и широка 28-милиметарска леќа. Моќен 5х оптички зум поддржан од добро докажаната оптика на Carl Zeiss. Мали димензии и одлична изработка се само дел од карактеристиките на овој мал дигиталец со многу скриени можности. Најнапред да ги покриеме малку подетаљно техничките карактеристики што ги

Живи бои, одличен контраст и слики речиси без шум што ќе ви биде мило да ги прикажувате на пријателите

• 16.690 денари

ОЦЕНА

9.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Moќен и мал дигитален фотоапарат кој може да ги изненади и најпрефинетите корисници со квалитетот на слики.

поседува DSC-W290. BIONZ процесорот се грижи за добрите перформанси и малиот шум кај сликите. Осетливоста е ISO3200, а технологијата за оптичко стабилизирање на сликата (SteadyShot) обезбедува остри слики кога се слика од рака. Напредните технологии како препознавање на лице, паметење лице и насмевки овозможуваат правење природни и спонтани фотографии. Откако камерата ќе го запамети лицето, следниот пат кога ќе се појави W290 автомат-

Добра ергономија и покрај доминантниот дисплеј 26

ски го поставува фокусот на тоа лице. Згора на сé можно е правење видеоклипови со 720p HD-резолуција со 30 слики во минута и стерео звук. Апаратот може лесно да ја замени и дигиталната камера затоа што со своите димензии и лесното сместување во кој било џеб, секако дека ќе биде примарниот избор пред сé уште робусните специјализирани дигитални камери. За стабилното и долгочасовно сликање е задолжена вградената батерија Li-Ion, која се полни со посебен полнач кој е вклучен заедно со

click април 2009

апаратот. Ваков пристап станува стандард кај малку поскапите фотоапарати, а како корисник на еден таков можам да кажам дека е многу подобро решение отколку стандардните батерии што се полнат. Навигацијата и употребата на W290 е едноставна и интуитивна како што сме навикнале кај сите дигитални апарати на Sony. Единствена мана што може да му се прибележи се малите копчиња за изведување некои функции. На задната страна се наоѓа и феноменалниот LCDекран. Со големина од 3 инчи нуди кристално чист преглед и висок контраст дури и во силно осветлен амбиент. Малите копчиња и големите екрани кои сé повеќе ги красат новите модели на дигитални фотоапарати можеби нé подготвуваат за следните генерации што се надеваме дека ќе бидат со екран осетлив на допир преку кој

Мал, моќен и HD квалитетен

ќе може да се изведуваат сите функции. По прегледувањето на техничките карактеристики, да се осврнеме на полето на кое W290 ги покажува своите „заби“. Правењето одлични фотографии ќе ви стане вообичаено. Без разлика дали станува збор за надворешен амбиент или, пак, за внатрешно опкружување со слабо осветлување (инаку Ахилова петица на послабите модели), фотографиите ќе изгледаат во најмала рака одлично. Живи бои, одличен контраст и слики речиси без шум што ќе ви биде мило да ги прикажувате на пријателите (а може по некоја да се најде и на Facebook :-). Покрај

рачното избирање на модот на сликање, W290 нуди и автоматски режим на работа при што самиот апарат ги избира поставките и како што се движи апаратот во зависност од условите на екранот прикажува во кој режим ќе се изврши сликањето. На сите корисници што сé уште не поседуваат едноставен и моќен дигитален фотоапарат би им го препорачал Sony Cybershot DSC-W290, а на оние што ќе се одлучат да го купат, само ќе им советувам да си набават поголеми мемориски картички затоа што снимањето на видео и правењето слики претставува слатко задоволство. l [Иван Манчевски]

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

16.690

РЕЗОЛУЦИЈА

12.1 мегапиксели резолуција на сликање, 720p HD за видео

ЗУМИРАЊЕ

5х оптички зум, 28 мм леќи со широк агол на Carl Zeiss

ISO

80-3200

БАТЕРИЈА

Сопствена, Li-Ion

МЕМОРИСКИ КАРТИЧКИ

Поддржани Memory Stick Duo/PRO

ДОСТАПНИ БОИ

Сребрена, црна, плава и бронзена

ЕКРАН

3 инчи, Clear Photo LCD

ТЕЖИНА

174 грама

ДИМЕНЗИЈА

98x57x23 мм



click/софтвер/4u_download_youTube_video_&_ microsoft_pro_photo_tools_2.2/

4U Download YouTube Video 2.2.8

Не терајте го вашиот интернет-провајдер на Сизифов труд, преземајте! ИНФО

• 4U Download YouTube Video • ВЕРЗИЈА: 2.2.8 • ИЗДАВАЧ: 4U Computing • ЛИЦЕНЦА: 39.95 долари • ПЛАТФОРМА: 98/ME/ NT/2000/XP/2003/Vista • URL: www.download-youtubevideo.net/ ЗА И ПРОТИВ

   

Едноставен за користење „Тежина“ од само 3.36 MB Дизајн на работната околина Цена

ОЦЕНА

Прозорче за внес на опции

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Апликација наменета за сите корисници што на рационален начин ја користат својата интернет-врска и поседуваат поголем хард-диск за складирање на нивните омилени видеа од YouTube.

С

игурно често сте ја користеле добро познатата страница за гледање и споделување видеа преку интернет, YouTube. Ако поседувате интернет, вие во кој било момент може да пристапите до вашето

омилено видео. Но зошто секогаш да ги гледате вашите омилени видеа преку интернет, кога едноставно може да ги преземете и да ги гледате стотици пати додека сте исклучени од интернет. За таа цел,

компанијата 4U Computing го создаде 4U Download YouTube Video. Корисниците кои освен функционалност бараат и елегантен дизајн на работната околина нема да бидат премногу задоволни бидејќи овој софтвер има едноставен дизајн, но сепак прегледен е за користење. За да зачувате видео од YouTube доволно е да го копирате линкот на видеото и да го внесете во полето одредено за тоа. Исто така може да изберете во кој формат сакате да се сочува видеото. Форматите што апликацијата ги поддржува се: DivX, XviD, MP4, MOV, QT, MPEG, VOB, WMV, 3GP, MPG, ASF, AVI, iPod/iPhone, PSP, H264. Ако имате потреба да го сочувате само аудиозапи-

сот од видеото, тоа може да го сторите доколку од полето за избирање формат за сочувување, го селектирате MP3-форматот. Тежината на инсталацијата е 3,36 мегабајти што е навистина малку и додека работите со него, ре~иси воопшто не ви одзема од системските ресурси. Овој софтвер компатибилен е со речиси сите верзии на Windows, па дури и со Windows 98. 4U Download YouTube Video може да се нарача онлајн за 39.95 долари, цена што е малку претерана, со оглед на тоа што постојат бесплатни веб-страници кои ја вршат истата функција, но сепак тие се ограничени и имаат помалку можности. l [саша лилчиќ]

Microsoft Pro Photo Tools 2.2 Лесно уредете ги метаинформациите на сите свои фотографии ИНФО

• Pro Photo Tools • ВЕРЗИЈА: 2.2 • ИЗДАВАЧ: Microsoft • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Win 2K/03/ XP/Vista • URL: www.microsoft.com/ prophoto/downloads/tools.aspx ЗА И ПРОТИВ

   

Едноставен за користење „Тежина“ од само 5 MB Бесплатен Дизајн на работната околина

M

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Навистина корисна апликација, кога станува збор за уредување метаинформации на фотографиите.

44

Работна површина, гео-обележување

click април 2009

icrosoft Pro Photo Tools нуди сет од алатки за сите професионални фотографи, но и за аматери што сакаат да прават измени на своите фотографии, вклучувајќи и RAW-фотографии. Дизајнот на работната околина не задоволува многу, но

сепак е прегледен. Со оваа верзија вие ќе бидете во можност лесно да ја обележите локацијата каде што е фотографирана која било ваша слика, со помош на GPS-информација или, пак, преку интернет-мапите. До¬колку сакате, може да ги конвертирате RAW-фо-

тографиите во JPEG, TIFF и HD-фотографија со помош на опцијата„As Shot“. Со оваа опција вие исто така ќе можете и да ги зголемувате или намалувате димензиите на фотографиите. Microsoft Pro Photo Tools е компатибилен и со 64-битната верзија на Windows. Оваа апликација дозволува внесување и на маке¬дон¬скиот јазик. Каде точно е фотографирана одредена фотографија, може многу лесно и пред сé автоматски да биде зачувана во метаинформациите на вашите фотографии, со помош на GPS-координатите. Сите корисници што не поседуваат GPS-уред, треба да знаат дека преку Microsoft Live Local може да ги

пронајдат и внесат координатите, со само неколку кликнувања. Битно е да се спомне дека метаинформациите содржани во една фотографија се многу битни за многу корисници, бидејќи со нив вашите фотографии може да бидат најдени многу полесно, но и да се дознаат повеќе информации за самата фотографија. Апликацијата ви нуди широка палета категории за внес на метаинформации. Сите метаинформации што ќе ги внесете, ќе останат засекогаш во самата фотографија, без разлика каде ќе се наоѓа. Позитивен е фактот што овој софтвер е бесплатен и инсталацијата „тежи“ само 5 мегабајти. l [саша лилчиќ]


click/софтвер/acdsee_photo_manager_2009/

ACDSee Photo Manager 2009 Совршен прегледувач на фотографии

Работна околина на ACSSee Photo Manager 2009

Секоја наредна верзија на популарниот АCDSee носи нешто ново, со што интересирањето за истата никогаш не спласнува. Така е и со најновата верзија – благо изменет интерфејс и неколку нови и интересни опции – сосема доволно за да заинтригира. ACDSee Photo Manager 2009 може да го користите и како прегледувач за сите дигитални фотографии, а и како алатка за нивно уредување. Може да зумирате низ малите сликички или, пак, да гледате по една фотографија на цел екран. Но доколку сакате, со ACDSee може брзо да ги прегледувате прикачените фотографии во мејловите. Со ACDSee Photo Manager 2009 лесно ќе може да си ги организирате сите свои фотографии. Лесно може да креирате нови албуми, да ги оценувате фотографиите, да внесувате клучни зборови или, пак, да ги измените метаинформациите. Доколку сакате, може и да додавате сопствени категории. Освен тие можности, вие ќе може и да ги преименувате, зголемувате/намалувате

или, пак, ротирате повеќе фотографии одеднаш, што е навистина полезно. Сите ваши фотографии од дигиталниот фотоапарат лесно

да се селектира и опфати само еден одреден дел. Освен ефектите, може лесно да се додаде и рамка на фотографијата. При обра-

Со ACDSee секогаш ги имате своите омилени фотографии „на дланка“, а можете и да ги уредувате! може да ги импортирате во компјутерот. Пронаоѓањето на некоја конкретна фотографија е сосема едноставно. За една фотографија може да се внесат повеќе клучни зборови, со што ќе се олеснат и идните пребарувања низ вашите албуми. Може да пребарувате низ фотографиите со алатникот за брзо пребарување, но исто така и со вградениот календар. Можно е приспособување и на балансот на осветленост, да бришење одредени објекти или отстранување на несаканиот red eye ефект. На самите фотографии може да се додава текст или разни ефекти како на пример: crayon drawing, sepia, stained glass и слични други. Не мора да се обработува целата фотографија, може

ботувањето на некоја фотографија, ACDSee веднаш прави резервна копија од оригиналот, во случај ако не ви се допаднат вашите нови промени. Преку овој софтвер лесно ќе може да ги споделите своите фотографии. Може

да ги испратите преку мејл или, пак, да креирате CD или DVD, или пак да ги испечатите. Нема потреба да го отворате интернетпребарувачot за да ги објавите фотографиите на страниците за споделување слики, бидејќи истото може да го сторите преку самата апликација. Еден од новитетите се подобрените транзициски ефекти при слајдшоу прегледот на фотографиите. На вашите слајдшоуа може да додавате и музика. Со ACDSee може да прегледувате околу 100 видови на екстензии како на пример (BMP, GIF, IFF, JPG, PCX, PNG, PSD, RAS, RSB, SGI, TGA, TIFF) но и други. Новата верзија релативно ги исполни очекувањата. Но сепак, и не сакајќи, помалку носталгично воздивнуваме за претходните верзии на ACDSee, како на пример верзијата 3. Основната намена на оваа алатка беше преглед на фотографии со релативно мал дел дополнителни опции, најмногу основни. Затоа, можеби е штета што од брз, едноставен и ефикасен прегледник се претвори во робусна повеќенаменска алатка. l

ИНФО

• ACDSee Photo Manager 2009 • ИЗДАВАЧ: ACD Systems • ЛИЦЕНЦА: 49.99 долари • ПЛАТФОРМА: Windows XP со SP 2 или Vista • URL: http://store.acdsee. com/store/acd/en_US/ DisplayProductDetailsPage/ productID.106893200 ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен и интуитивен за работа  Уредна и пријатна корисничка околина  Мултифункционален  Цена

[саша лилчиќ]

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО

Новиот ACSSee Photo Manager 2009 - благо изменет интерфејс и неколку нови и интересни опции

Навистина совршена апликација за прегледување, организирање и споделување на сите ваши дигитални фотографии.

click април 2009 45


67 70

Cryostasis: Sleep of reason Chronicles of Riddick

click/игри/

Cryostasis Sleep of reason Лед, температури далеку под нулата и интересна мистерија..... СЦЕНАРИО Дејствието на оваа игра, која творците милуваат да ја нарекуваат и руски Bioshock е сместено во 1968 година. Главниот лик на приказната, рускиот метеоролог Александер Несторов прима повик за помош од нуклеарниот ледокршач North Wind. Во тој момент работи на истражување на арктичкиот круг, но сепак прифаќа да се одѕве на повиците и да го истражи замрзнатиот и во лед окован брод. Притоа, не е свесен дека набргу ќе зажали поради таа своја одлука. Тргнувајќи на оваа неизвесна мисија, Александер мистериозно ја губи свеста. Првото нешто кое го осознава освестувајќи се е дека се наоѓа во внатрешноста на самиот брод North Wind. Единствено што му преостанува во таа и таква ситуација е да се обиде да собере сили за да избега од челичните катакомби. Но секако, не пред да ја одгонетне мистеријата врзана за судбината на тој брод и неговиот екипаж.

click април 2009 67


ИНФО

• Cryostasis: Sleep of reason • ИЗДАВАЧ: Action Form • ЛИЦЕНЦА: 49.99 долари • ПЛАТФОРМА: PC • URL: www.cryostasis-game.com ЗА И ПРОТИВ

 Одлична физика  Извонредни звучни и водени ефекти  Mental Echo  Нарација  Неправдан повремен пад на фрејмови  Оптимизација

ОЦЕНА

68

ДОБРО

click април 2009

М

аркетинг трик или не, сепак сличноста со Bioshock е евидентна. Нема ништо лошо да се следат добрите примери, но сепак и во тој поглед не би требало да се претерува. За среќа, „претеризмот“ тука е изоставен. Тоа што асицира на Bioshock е временскиот период во кој се одигруваат дејствијата на двете игри, како и основната приказна. И во двете игри главниот лик е обичен човек кој спротивно на својата воља е турнат во непозната средина и на кој му е наметната потребата да ја истражи околината и разрешувањето на целата мистерија. Секако, преживувањето е во прв план. А тоа е тешко, со оглед дка е потребно совладување на бројните непријатели кои немаат обѕири и скрупули. А во Cryostasis константен непријател на главниот лик се и поларните температури, што дава дополнителна нота на тежина на играта. Од друга страна, опкружувањето во кое се одвива играта (мраз, вода) дава дополнителен визуелен ефект на целата игра. Секако, покрај огромниот ледокршач North Wind, кој е долг 200 метри

и има девет нивоа, кој ја заврши кариерата окован во мраз. Зошто велиме дополнителна тежина? Затоа што токму ниските температури се еден од централните елементи и елемент на играта кој директно го одредува животот на главниот лик. Наместо стандардните индикатори за штит и здравје, вообичаени за најголемиот број игри во прво лице, тука исто така има два индикатори, но сепак поинакви, прилагодени на приказната. Едниот ја покажува телесната температира на главниот лик, а вториот ја покажува температурата на поколината. Со оглед

дека телесната температура постојано е со тенденција да се прилагодува кон температурата на околината, потребно е постојано да се внимава на овие два индикатори. За среќа, постојат голем број извори на топлина, кои помагаат главниот лик да се загрее – обична светилка, запалени даски, вжештени цевки. Тоа овозможува постојано одржување на телесната температура на потребно ниво за да се продолжи со играта. Тоа е помалку парадоксално. Екипажот замрзнат, бродот заробен в лед, а сепак има доволно енергија и топлина во цевките. Но, на тој момент

најчесто се зажмурува на едното око – сепак е во полза на главниот лик, зарем не? За време на мисијата, главниот лик ќе биде напаѓан од некогашните членови на екипажот, кои одамна се замрзнале од ниските температури. Притоа, минале низ некој вид трансформација и се однесуваат како замрзнати „зомбиевци“. Тука е избегнат стереотипот за зомби карактерите, односно не се во прашање полумртви ликови кои одат тетеравејќи се и како „забавени снимки“, притоа мафтајќи со се и сешто или обидувајќи се да ве задават или гризнат.


click/игри/cryostasis:sleep_of_reason/ Тие сосема сериозно атакуваат врз вас, а оружјето кое го поседуваат зависи од нивното претходно работно место на бродот. На пример, обичните физички работници користат

ците на оваа игра. Нивото на вештачка интелигенција е одвај над просекот, како и системот на мониторинг врз здравствената состојба. Од друга страна, сосема спротивно, оваа

Игра која би требало да го фрли во сенка неуспехот на Vivesector. Најавувајќи ја како руски BIOSHOCK, Action Form асоцираат дека во прашање е остварување кое што е повеќе од обичен маркетинг трик токмаци и француски клучеви, понекој ќе стави на грбот две боци и ќе ве нападне со пламен со цел да ве „завари“, додека

игра знае навистина да брилјира: PhysX технологијата максимално се користи низ целата игра. Физиката на течностите

чуварите поседуваат огнено оружје. И покрај тоа што се живи мртовци, поседуваат одредено ниво на интелигенција, доволно ако за ништо друго, барем за да знаат дека доколку се сокријат зад аголот можат да ве изненадат. Тоа има дополнителен ефект, правејќи ја атмосферата затегната од самиот почеток, но подоцна на играчот тоа може да му мине во навика и да биде релативно предвидливо. Нападите зад аголот, зад вратата и од затемнетите агли најчесто со токмак ќе станат нешто што се подразбира. Тоа е еден од недостато-

и реалноста на истите тоа најдобро го отсликува: водата по топењето почнува да лизга надолу по ѕидот и тоа на вистина верно, како да се работи за вистинска течност. На дното се формира вирче од течност, а доколку течноста при својот пад наиде на препрека, се распрснува сосема верно и наоколу во помали капки. Овој ефект се користи секаде каде што е можно. Тоа резултира со потреба од силна графичка картичка од новите генерации и двојадрен процесор. Спротивно на флуидите, останатата графика не е ништо спектакуларно.

Затоа, никако не може да се оправда падот на бројот на слики во секунда во текот на играта и на едноцифрена вредност. А тоа навистина знае да нервира при играњето и да го „утепа филингот“. Втор клучен елемент во играта е т.н. Mental Echo, натприродна способност која Александер ја стекнал на небјаснив начин. Со помошта на таа способност, Александер може да навлезе во свеста на жртвата на случките кои довеле до катастрофата на бродот и да ја преземе контролата врз неа. Со можноста да ја контролира жртвата на настаните во

чија свест е влезен (а кои во текот на играта се јасно обележени) може да ја спречи смртта на истата, со што му се отвара патот за понатамошно напрадување. Голем дел од заплетот се открива низ овие секвенци, а проживувањето на катастрофата и нејзиното осознавање низ очите на членовите на екипажот би можело да даде одговори на голем број прашања врзани за судбината на бродот North Wind. Cryostasis не е класична

FPS игра каде што акцентот е на брзите рефлекси и отепувања, туку може да се каже дека е FPS истражувачка игра, со авантуристички карактер. Давањето на конечната оценка не е нималку лесна работа. Од една страна се физиката и ефектите, од друга страна падот на слики во секунда. Крајниот ефект сепак е позитивен, а препорака е да се игра руската верзија на играта. Пред се поради автентичноста. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

ЗАКЛУЧОК Игра со ефект топло-студено врз чувствата на играчот. Сепак, со позитивен краен ефект.

click април 2009 69



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.