HTC Incredible S Број 37 • МАЈ 2011 • www.clickmag.mk
Другарот на вашиот систем
ft o s o r c i M
h t n y s photo
360Amigo
flash media server
Sweet Home 3D - Архитект
Клауд к омпјут
nero kwik
инг рев
олуциј а
Мобилни дисплеи
Каде се прикажува најдобриот пиксел
Capsized Фантастичен забавен свет во 2Д платформа
МАЈ 2011 90 ДЕНАРИ
Alienware M15x
Olympus
Canon Pixma MX360
Fujitsu M2010 Нетбук
Безобразно убав преносник, со вонземски перформанси
Со нова колекција за лето 2011
Се-во-едно инџект уред за многу ниска цена
Нова верзија на првиот нетбук од Fujitsu
37
click/хардвер/
Alienware M15x Безобразно убав преносник, со вонземски перформанси ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Alienware www.alienware.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ИТД Дистрибуција www.itd.mk ЗА И ПРОТИВ
Вонземски дизајн Цврста изработка Одлични перформанси Одлично осветлување Добар звучен систем Нема HDMI порта Нема USB 3.0
ЦЕНА
• Околу 1300 евра
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Alienware, доволно кажано...
12 click мај 2011
П
осле долго очекување, конечно пристигнаа вонземјаните и на нашиве простори. Како што кажува самиот наслов, се работи за американската компанија Alienware, позната по производство на конфигурации со уникатен вонземски изглед и перформанси на кои може само да им се завидува. Почетоците на оваа компанија датираат уште од далечната 1996-та година, на чело со Nelson Gonzalez и Alex Aguila. Во 2006 година, Dell ја купува оваа компанија, Функцијата на секое копче е опишана со футуристички фонт и обележана контура, кои со позадинското осветлување допринесуваат но така што, Alienware за уникатен научно-фантастичен изглед си ја задржува автономијата во поглед на и инсталациони медиуми. на површина со текстура дизајн и маркетинг, при на саќе, додека над неа, За гордите корисници тоа добивајќи пазарна на средината на поклопена Alienware производи, застапеност во повеќе цот стои Alienware логото компанијата во пакуземји. Во продолжение ќе вањата вклучува капа и – вонземската глава. ве запознаеме со M15x, Доколку го погледнете mousepad со Alienware припадник на серијапреносникот додека е залогото, како и налепница та Alienware преносни творен, ќе ја забележите со истото. Со своите дисистеми. мензии од 377.93 x 308.51 закосеноста на предниот и задниот раб, која одлично го надополнува Заднинското осветлување, кое е футуристичкиот дизајн на забележливо кај двете логоа M15x. На предниот раб од основата, на двете (на поклопецот и на основата), страни се поставени по тастатурата, тачпадот и звучниците, два отвори прекриени со и можноста за негова целосна метална решетка, под кои се сместени звучниците, модификација, во поглед на чија моќност и квалитет прикажаните бои во поединечните на звук не се за потценусегменти, е вистински празник за очи вање. Приклучоците, кои кај овој Како што би доликувало на најпрестижната класа на преносници, M15x доаѓа во прилично нестандардно и содржајно пакување. Во црна картонска кутија, помеѓу два потпорни сунѓери е поставен преносникот, додека во посебна црна кутија, се сместени неопходните компоненти како кабел и адаптер за напојување, документација
x 48.70 mm и тежина од 4.08 килограми, овој преносник е „етикетиран“ како еден од најтешките преносници воопшто произведени. Внатрешноста на лаптопот е изработена од магнезиумова легура, додека за надворешниот дизајн е искористена густа пластика со црна боја. На долниот дел од поклопецот се наоѓа сива трапезоид-
преносник се во голем број, се распоредени по страничните рабови, па затоа отворите за вентилација се поставени по страните на задниот раб. Множеството на приклучоци вбројува по една VGA, LAN, USB, DisplayPort и Firewire порта поставени на левиот раб, придружени од 8-во-1 читачот на картички и Kensington брава. На другата страна се поставени една USB порта, една eSATA/USB combo порта и 3 аудио приклучоци (2х слушалки и микрофон), заедно со 54mm ExpressCard лежиштето и SlotLoading Dual-Layer DVD +/- Burner оптичкиот уред. Единствената сјајна површина кај M15x е всушност дисплејот кој со својот 15.6-инчен LED екран, може да прикаже слика со резолуција од 1600 х 900 пиксели, видлива од било кој агол. Како што е обичај, на горниот раб од рамката околу дисплејот, е поставена 2.0 мегапикселна камера. Alien-скиот дизајн, најмногу доаѓа до израз кај основата. Уште на самиот врв, во средината, е копчето за вклучување на системот, во форма на Alienware ло-
Внатрешноста на лаптопот е изработена од магнезиумова легура, додека за надворешниот дизајн е искористена густа пластика со црна боја
click/хардвер/ гото, со многу интересно позадинско осветлување. Под него, се наоѓа лента осетлива на допир, на која од десната страна се поставени функциските контроли. Малку погоре од самата средина на основата е поставена тастатурата. Бидејќи овие преносниците се главно наменети за гејминг популацијата, нема потреба од нумерички дел, па затоа, тастатурата може да се пофали со одлични димензии и распореденост на копчињата. Функцијата на секое копче е опишана со футуристички фонт и обележана контура, кои со позадинското осветлување допринесуваат за уникатен научно-фантастичен изглед. Изработката на тастатурата е без недостатоци, односно мекоста и бесшумноста на копчињата при работа се на многу високо ниво, и истата не трпи видливи деформации дури и при поголем притисок. За ергономичноста, многу допринесува и големиот простор за одмор на дланките, чија површина изработена од густа пластика со ситно-гра-
нулирана текстура, оневозможуваат појавување на отпечатоци од прсти и дамки. Во средината на овој дел, ограничен со рамка подложна на позадинско осветлување, е поставен тачпадот. Од оправдани причини, на тачпадот не се посветило многу внимание, па затоа истиот е со стандардни
димензии и осетливост. Под работната површина со мрежеста текстура, се поставени двете функциски копчиња, за чие ракување е потребен малку поголем притисок. Најинтересниот детал кај M15x е всушност неговото позадинско осветлување. Додека е вклучен системот, позадинското осветлување, кое е забележливо кај двете логоа (на поклопецот и на основата), тастатурата, тачпадот и звучниците, и можноста за негова
СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА
3 години
ПРОЦЕСОР
Intel Core i7-740QM @ 1.73 GHz (6 MB L3 cache)
МЕМОРИЈА
2x2 GB DDR3, 1333 MHz
ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ
ATI Mobility Radeon HD5850, 1 GB GDDR5
ХАРД-ДИСК
500 GB SATA2 7200 rpm, 32 MB cache
ОПТИЧКИ УРЕД
Slot-Loading Dual-Layer DVD +/Burner
ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Microsoft Windows 7 Ultimate 64-bit
КОНЕКЦИЈА
Ethernet 10/100/1000 Mbps, 2x USB, VGA, DisplayPort, eSATA/USB combo, 5.1 Audio, 8-in-1 Cardreader, ExpressCard 54mm, 1394 A Firewire
ТЕЖИНА
4.08 Kg
ДИМЕНЗИЈА
377.93 x 308.51 x 48.70 mm
целосна модификација, во поглед на прикажаните бои во поединечните сегменти, е вистински празник за очи. Исто така се појавува името Alienware на долниот раб од дисплејот, додека пак сигналната диода за активност на хард-дискот се всушност очите на логото кај основата. На хардверски план. M15x не би се задоволил со ништо помалку од Intelовиот четиријадрен (вкупно 8 со HyperThreading) Core i7-740QM процесор со работна фреквенција од 1.73 GHz и капацитет на L3 Cache меморија од 6 MB. Иако навидум, работната фреквенција изгледа мала, со интеловата TurboBoost технологија истата може да достигне до 2.76 GHz. Системската меморија со капацитет од 4 GB е овозможена од два DDR3 модули, со брзина на работа од 1333 MHz, поставени во dual-channel режим. Со изборот на ATI графички подсистем, M15x го „разбива“ стереотипот дека хибридни конфигурации не доставуваат солидни перформанси. Кај овој модел, Alienware се одлучија за Mobility Radeon HD 5850 графичка картичка. Истата може да се пофали со брзина на графичко јадро од 625 MHz и 1 GB сопствена GDDR5 меморија. Како најслаба хардверска компонента, ќе го спомнеме хард-дискот, кој со своите 500 GB капацитет и брзина на работа од 7200 rpm, сепак ги надминува перформансите на стандарден хард-диск. M15x е целосно опремен за жичано и бежично вмрежување, преку гигабитен Ethernet контролер и Intel Wireless WiFi Link 5300 AGN контролер, придружени од Dell Wireless 370 Bluetooth контролер.
Системот доаѓа со преинсталирана Windows 7 Ultimate 64-bit платформа, зачинета со Alienware сопствена тема и сите
Alien алатки. Резултатите добиени по тестирањето можете да ги видите во приложената табела. l (Димитровски Мирослав]
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ
WINDOWS EXPERIENCE INDEX
PC MARK VANTAGE
CINEBENCH
EVEREST ULTIMATE
SISOFT SANDRA
CALL OF HUAREZ
Processor
7.1
Memory (RAM)
7.4
Graphics
7.2
Gaming Graphics
7.2
Primary Hard Disk
5.9
PC Mark Score
5788
Memory Score
5000
Gaming Score
6837
OpenGl
26.27 fps
CPU
3.19 pts
CPU (Single Core)
0.94 pts
Memory Read
14210
Memory Write
11626
Memory Copy
12337
Memory Latency
57.4 ns
CPU Queen
21367
CPU PhotoWorxx
30922
Aggregate Arithmetic Performance
44.1 GOPS
Dhrystone iSSE4.2
54.8 GIPS
Whetstone iSSE3
35.5 GFLOPS
1280x720 (High, no MSAA, no SSAA)
56.5 fps
1280x720 (High, 4x MSAA, no SSAA)
47.5 fps
1280x720 (High, no MSAA, 4x SSAA)
28.4 fps
1600x900 (Ultra, no MSAA, no HDAO) S.T.A.L.K.E.R CALL OF PRIPYAT 1600x900 (Ultra, 4x MSAA, Ultra HDAO)
FAR CRY 2
DIRT 2 ALIEN VS PREDATOR
Day
49 fps
Night
50 fps
Rain
53 fps
Sun Shafts
24 fps
Day
25 fps
Night
22 fps
Rain
23 fps
Sun Shafts
15 fps
1600x900 (Ultra High, no AA)
53.50 fps
1600x900 (Ultra High, 8x AA)
32 fps
1920x1080 (Ultra High, no AA)
35 fps
1920x1080 (Ultra High, 8x QSAA)
30.4 fps
1600x900 (Ultra High, SSAO on, 1x MSAA)
27.4 fps
click мај 2011 13
click/хардвер/
Се-во-едно уред за ниска цена Canon Pixma MX360
Н
аследникот на Canon Pixma MX320, Pixma MX360 ни пристигна на тестирање. Робусен Се-во-едно инкџет уред кој од самиот старт делува сериозно, а всушност и неговите карактеристики тоа го потврдуваат. Наменет за мали канцеларии, иако Canon го сместуваат и во класата за домашни канцеларии, Јас не би се сложил со тоа поради фактот што уредот е малку гласен за домашна употреба. Останатите опции за печатење/ факс/фотокопирање и скенирање се на завидно високо ниво земајќи ја во предвид ниската цена на MX360. Да почнеме со ред, Canon кај некои од уредите го враќа стариот дизајн со комбинација на бела и црна пластика, таков е случајот кај Pixma MX360. Целиот уред е заоблен и нема острини што можеби е добро за оние корисни-
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Canon www.canon.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Canon Makedonija www.canon-europe.com ЗА И ПРОТИВ
Можности за печатење/ факс/скенирање/ фотокопирање Ниска цена Автоматски ADF за скенирање и фотокопирање Солидна брзина и одличен квалитет за уред од оваа класа Нема можност за двострано печатење Поголема гласност од вообичаената за вакви уреди Нема можност за безжична конекција ЦЕНА
• 4.690 денари
ОЦЕНА
9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Canon Pixma MX360 нуди многу за цената на чинење. Опциите за факс/скенирање/фотокопирање и печатење на колор и црно бели документи го прават идеален за мали канцеларии.
СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА
4.690 денари
ГАРАНЦИЈА
-
Тип на уред
А4 инкџет печатач/факс/ фотокопир и колор скенер
Максимална брзина на печатење
9 страни во минута
Резолуција
Максимална 4,800x1,200dpi
КОНЕКЦИЈА со компјутер
USB 2.0
Автоматско управување со листови
Да, капацитет 30-тина листа
Капацитет на магацин
100 листа
ТЕЖИНА
8.5 КГ
ДИМЕНЗИЈА
460 x 415 x 198 мм.
28 click мај 2011
Комбинацијата на бела и црна пластика значи навраќање кон стариот дизајн на Pixma
ци што имаат обичај да се “удираат” од машините низ канцеларијата. Инсталацијата на кертриџите за боја се изведува лесно во делот кој се наоѓа под капакот на скенерот. Мана на MX360 е што има само два кертриџи, еден за
така и за скенирање на документи, неговиот капацитет е 30-тина листа. На предната страна на уредот се наоѓаат сите потребни копчиња и мал монохроматски екран кој е доволен за прикажување на потребните информации. Копчињата се
На горната страна се наоѓа автоматскиот ADF (Automatic Document Feeder) кој може да се користи како за фотокопирање така и за скенирање на документи, неговиот капацитет е 30-тина листа црна боја и еден за останатите три бои. За финална поекономична сметка препорачуваме употреба на големите пакувања на кертриџи. Хартијата во уредот се вметнува само од едно место односно од задната страна, а излезот е на предната страна која треба да се отвори. Капацитетот на влезна хартија е само 100-тина листови. На горната страна се наоѓа автоматскиот ADF (Automatic Document Feeder) кој може да се користи како за фотокопирање
поделени на скенирање/ факс/фотокопирање, а на десната страна се наоѓаат посебни копчиња за црно/бело и колор старт. Поврзувањето на Pixma MX360 со компјутер се изведува само преку единствениот USB 2.0 порт. На предната страна се наоѓа и PictBridge портот преку кој можат да се поврзуваат дигитални камери. Складирањето на скенираните документи може да се изведува на USB стик или директно на компјутерот. Штета што MX360 нема можност
печати директно од USB стик, но тоа би било премногу за уред од оваа ценовна класа. Квалитетот и брзината на печатење кај овој уред се на задоволително ниво. Резолуцијата од 4800x1200 dpi е сосема доволна доколку сакате да печатите фотографии. Брзината на печатење 10х15 см. фотографија е околу 50-тина секунди. Pixma MX360 е оптимизиран за стандарден квалитет на печатење затоа што разликата меѓу најдобриот и стандардниот квалитет на печатење е минорна. Брзината на печатење во највисок квалитет е околу 1 страна за 1 минута, додека во стандарден квалитет таа изнесува 2 страни во минута. Сето ова важи за документи кои комбинираат текст и графика, односно документи кои најчесто се печатат на овие уреди во малите канцеларии. Квалитетот на отпечатените материјали е одличен за ваков ниско-буџетен уред. Текстот е остар и јасен, боите се исполнети без изместувања во тоналитетот, дури и отпечатените фотографии не се разликуваат многу од некои поскапи модели на печатачи. Се на се, Canon Pixma MX360 нуди и повеќе од очекуваното за All-inOne уред од оваа класа. Има некои карактеристики кои не се сретнуваат дури и кај многу поскапи модели. Сите опции кои ги нуди овој уред го прават идеален за мали канцеларии. l (Иван Манчевски)
click/хардвер/
Olympus со нова колекција за лето 2011 VG 110 за најмладите и TG 310 за авантуристите ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Olympus www.olympus.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: CT Computers www.comtradegroup.com
Olympus VG 110 ЗА И ПРОТИВ
Едноставно користење Голем број на предефинирани модови Ниска цена Основните модови се во менијата ЦЕНА
• 5.689 денари со ДДВ
O
lympus отсекогаш ги ценел своите купувачи и се трудел да им понуди врвен квалитет и извонредно искуство при користењето на неговите производи. Токму затоа секоја средба со производите на оваа компанија е задоволство. Уште поголемо е задоволството кога по подолг временски период ќе налетате на два комплетно различни уреди кои сепак успеваат да останат поврзани со заедничките именители едноставност, сигурност и квалитет.
Едноставен дизај и можности доволни за почетниците
ОЦЕНА
9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одличен избор за оние кои почнуваат со фотографирање.
Olympus TG 310 ЗА И ПРОТИВ
Отпорна на различни влијанија и услови Механички стабилизатор на слики HDMI конекција Поддршка за Eye-Fi технологија AF функцијата во некои модови не е најдобра 3D фотографиите се со послаб квалитет ЦЕНА
• 13.379 денари со ДДВ
Olympus VG 110 за да го засакате фотографирањето Како дел од најосновната впери и сликај компактна класа Olympus VG 110 едноставно мора да има неколку атрибути. Тоа се пред се едноставно ракување, предефинирани модови и висок квалитет на фотографиите. Само така, целната публика на која и е наменета оваа камера ќе ужива во фотографирањето и ќе се грижи да создаде мигови кои вреди да се овековечат, а нема да се грижи за тоа дали фотографиите ќе изгледаат добро. И за среќа, во голема мерка
овој модел успева да ги исполни овие барања, иако му најдовме и по некоја замерка. Од дизајнерски аспект, овој модел се држи до стандардите. Заоблени рабови искомбинирани со чисти линии. Нема украси и додатоци кои би го оптовариле изгледот и самото држење на камерата во рака би го направиле проблематично. Металот од кој е изработено куќиштето нуди солидна заштита доколку малку ја потчукнете, а благо рапава-
ОЦЕНА
9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Во екстремните услови вие можеби ќе се откажете но овој модел ќе може да слика и понатаму.
30 click мај 2011
Големо е задоволството кога по подолго време ќе налетате на два различни уреди кои сепак успеваат да останат поврзани со заедничкиот именител квалитет
та структура на финишот овозможува камерата да не се лизга. На предната страна на VG 110 доминира леќата и блицот, додека задната страна му е посветена на LCD екранот со големина од 2.7 инчи и на командите за прецизно нагодување. На горниот раб се наоѓа копчето за вклучување/исклучување и копчето за сликање. И овде една замерка. Во основната класа наменета за почетниците, пожелно е на копчето за сликање да има опција за промена на основните модови на работа. Промената преку менијата може некому на почетокот да му делува застрашувачка. Но со оглед на
click/хардвер/ тоа дека менијата се организирани многу интуитивно, и оваа замерка не е многу страшна. Едноставноста при користењето на VG 110, најмногу се должи на предефинираните сценски модови и (интелигентниот)i-Auto мод кој овозможува автоматско прилагодување на поставките во било кои услови. Дополнително се вградени и технологиите за прецизен авто фокус кој овозможува одлични фотографии и кога објектите се во движење, потоа опција за препознавање на сенки и секако технологијата за препознавање на ликови која е одлична за автопортретирање. Дополнителна забава овозможуваат и креативните филтри со кои одредени ефекти директно се нанесуваат на фотографијата. Во овој модел ги има Punk, Pop Art, Pin Hole, Цртеж, Fish Eye, Мек фокус и Сјај. Покрај стандардното фотографирање, со VG 110 може да се снимаат и клипчиња. Бидејќи се работи за модел од основната класа не очекувајте HD туку обичен VGA квалитет со 15/ 30 fps. Од техничките спецификации би сакале да споменеме дека овој модел е базиран на сензор од 12 MP со х4 оптички зум и технологија за дигитално стабилизирање на сликата. Користи литиум јонска батерија и SD мемориски картички. Во пакувањето во кое оригинално доаѓа на пазарот нема вклучено мемориска картичка, но дистрибутерот за Македонија на своите корисници им подарува сет од картички од 2GB. Овој модел на пазарот може да се најде во сребрена, црна и црвена изведба.
Olympus TG 310 ги преживува сите услови Оние кои се авантуристи по природа или имаат мали деца кои сакаат да си играат со се што не е играчка, при изборот на својот дигитален фотоапарат треба да ги земат во обзир и моделите од “тешката категорија“ во компактната класа. Јасно е дека со SLR апарат ќе направите извонредни фотографии, но прашање на денот е колку ќе ве боли срцето ако тој апарат ви падне додека сликате, па уште и во вода? Затоа за екстремни услови изберете екстремна камера која покрај отпорноста, ќе се одликува и со мала тежина и едноставно користење. Тешкашите на Olympus кријат во серијатаTG што е кратенка од Tough и која гарантира дека со овие камери ќе можете да сликате и снимате до 3 метри под вода (и солена и слатка), до температура од – 10 степени, дека можат да ви паднат и од два метри висина, и во песок и во кал и можете да ги дофрлате како фризби и тие и понатаму да работат беспрекорно. Како одличен репрезент на оваа серија во продолжение ќе ви ја претставиме TG 310. Се она што го кажавме за оваа серија се однесува и на овој модел. Отпорен е на сите временски услови па во екстремните, поверојатно е дека вие ќе се откажете од сликањето отколку камерата да не може да работи поради условите. Поради овие карактеристики самото тело е изработено од нерѓосувачки материјал и максимално е компактно и затворено. На предната страна се поставени леќата и блицот и една метална плочка на која е изгравирано логото
Робустниот дизајн навестува голема издржливост. Оваа камера можете да ја бањате, да ја валкате во кал, но таа и понатаму ќе слика
на производителот. Со ваквото решение оваа камера изгледа навистина тешко и робустно. На задната страна доминира екранот а странично се поставени копчињата за брза навигација. Сензорот на TG 310 има 14 MP и е придружен со х 3,6 оптички зум. Иако е дел од компактната класа, кај овој модел
тика и кај овој модел и истото е овозможено од 17-те предефинираните сценски модови меѓу кои се наоѓа и мод за подводно снимање. Се разбира неизоставен дел се можностите за напреден авто фокус и препознавање на ликови. И овде ги има таканаречените магични филтри со кои ефектите директно се
среќаваме двојна стабилизација на сликите изведена со механички стабилизатор и дигитален стабилизатор. На овој начин се овозможува извонредна прецизност дури и во услови кога објектот кој се слика се движи многу брзо. Едноставното ракување повторно е карактерис-
нанесуваат на фотографиите, а го има и i-Auto модот за автоматско избирање на сите поставки. Сепак во овој модел е овозможена и малку поголема интервенција на корисникот во делот на нагодувањата и овие поставки се наоѓаат во Program Auto модот. Со избирање на опцијата за
3D фотографии се прават најмалку две фотографии од различни агли кои потоа се комбинираат за да се добие овој ефект. TG 310 има опција за снимање на видео и тоа со HD квалитет од 720p. Бидејќи на камерата има HDMI приклучок, материјалот можете директно да го поврзете со телевизорот иако кабелот не доаѓа во комплет со камерата. Кога говориме за преглед и префрлање на материјалот, мора да ги пофалиме Olympus за поддршката за Eye-Fi SD мемориските картички кои овозможуваат безжичен трансфер на материјалот. Ако се земе в предвид дека се работи за модел кој функционира во поекстремни услови, ова е навистина одлична опција. Иако за тешкаш надворешниот изглед не е примарен, сепак тоа не значи дека таа не може да изгледа убаво. Затоа се избрани интересни бои кои се движат од стандардна сребрена до бела, сина, портокалова и црвена. l (јулијана прчковска )
click мај 2011 31
click/хардвер/HTC Incredible S/
HTC Incredible S Face-Lifting-от од HTC го донесе новиот член на семејството. Импресиите се големи ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: HTC www.htc.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ОНЕ www.one.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Елегантен дизајн Опременост и можност за поврзување на повеќе начини Брзина, како на апликативно така и на хадрверско ниво Sense UI корисничка меѓуврска и одличен Super LED екран Нема дедицирано копче за користење на камерата Froyo наместо Gingerbread ЦЕНА
• Демо примерок
О
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одличен паметен телефон. Достоен претставник на HTC брендот.
34 click мај 2011
ваа година во Барселона на Mobile World Congress собирот HTC ја претстави својата нова “S” гарнитура. Тоа се Desire S, Wildfire S и Incredible S уредите кои во моментов на пазарот достојно го презентираат името и брендот на HTC. Од таа тројка нам на тест ни дојде HTC Incredible S и тоа во својата демо варијанта. Уред кој навистина плени по секој основ, тргнувајќи од дизајнот па преку одличниот екран, огромниот фонд на опции и можности се до брзината и леснотијата на управувањето. Но да тргнеме по ред... Јасно е дека производителите на паметните телефони со екран осетлив на допир и не можат многу да се истакнат кога станува збор за дизајнот. Екранот со својата големина е во центарот на
приказната, а сите други додатоци, опции, можности и копчиња едноставно се редат околу истиот. Единственото место каде можеби се креираат разликите од модел до модел е задниот дел на самиот уред, кај Incredible
делот каде е батеријата е нешто по испакнат од остатокот на уредот, тој потег на некого може да му се допадне, на некого пак не, можеби ќе пречи малку во целокупната ергономија но на крај секако ќе биде забележан и
HTC со голема брзина го зголемува своето портфолио на паметни мобилни телефони по принципот на стандарден face-lifting, нешто нов и подобрен хардвер, постегнат дизајн... класична приказна на освежување на моделите. Резултат на тоа е HTC Incredible S S тој дел е навистина искористен токму за тоа, да донесе разлика во однос на конкурентите и претходните модели на HTC. Позадината на Incredible S е релјефна, односно
коментиран. Со тоа, целта на HTC е секако постигната и секако мора да им се оддаде признание на дизајнерите по тој основ, собраа храброст да се тргнат малку од стереоти-
пите. Кон стандардите се враќаат кога станува збор за страничните копчиња и влезови. На горниот дел е аудио излезот од едната и копчето за вклучување од другата страна. Од левата страна се наоѓаат контролите за гласност и micro USB портата која претставува полнач и конекција со компјутерот додека од десната страна нема ништо, исто како и на дното. Повторно HTC не се решава да направи дедицирано копче за камерата иако за тоа има и повеќе од доволен простор. Најверојатно други причини се зад ова решение. Заниот капак е направен од навистина интересен материјал кој лежи фантастично во рака и го спречува лизгањето на уредот. Не е метал, но сепак е фантастично одбран за да ги потенцира своите квалитети. Малку чуден е концептот на отворање на капакот, за да се стави SIM картичката како и мемориската картичка но тоа е сепак нешто на кое ќе треба да се навикнете и навистина да внимавате. Имено за да ја вметнете SIM картичката мора да го отворите целиот капак и отворањето да го правите внимателно поради тоа што се работи за пластични но доста еластични преклопници кои доколку се скршат комплетно се нарушува изгледот и ергономијата. Конекторот за SIM картичката е под батеријата додека оној за microSD картичката е од страна, но секако целиот капак мора да се отвори. Екранот како центар на целата приказна е навистина нешто посебно,
42 44 45 46 48
Adobe Flash Media Server Machete 3.6 - Сецка видео за појадок GameSave Manager Солиден микс на опции Nero Kwik - И големите имаат право на грешка
51 52 54 56
Sweet Home 3D прво види после преместувај Sound Normalizer - Нека звучи нормално 360Amigo - Другарот на вашиот систем How to - Текст со сенка направен во 3Д во Illustrator CS5
click/софтвер/ Adobe Flash Media Server Серверска апликација која овозможува видео стриминг на живи преноси (Live) како и на веќе постоечки видео содржини (Video on demand - VOD) ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Adobe Systems Incorporated www.adobe.com • ДОСТАПНО ВО: ХСМ информатика www.hsm.com.mk ЦЕНА
• Adobe Flash Media Interactive Server – 4500 $ • Adobe Flash Media Streaming Server – 995 $
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО 42 click мај 2011
З
а да се анимираат крајните корисници и посетители на интернет со видео содржини, не е важно само видеото да е квалитетно и да има соодветна содржина и тематика туку е важен и начинот на кој што таа содржина се презентира. Начинот мора да биде интерактивен, богат во смисла на интерфејс и добро дизајниран а во исто време и технолошки едноставен, ефикасен, сигурен и широко достапен. Стриминг на видео содржини преку интернет
односно истовремен прием и репродукција денес е на одличен пат да ја загрози доминацијата на класичниот ТВ пренос. Експлозијата на видеото на интернет не се ограничи само на специјализираните сајтови како што е Youtube, па видеото како медиум за ефикасен пренос на пораки - маркетинг, едукативни или некои други - стана типичен за интернет сајтовите како што тоа одамна се сликата и текстот. Во оваа ситуација императив е изведбата технолошки да ги задоволува
FMS ја проширува улогата на традиционалниот streaming сервер и овозможува видео базирани апликации како што се Video Messaging и Video Chat системите како и комбинација на видео со податоци во реално време како на пример апликација за веб конференции која подржува заедничко користење нпр. на табла за цртање, видео пренос на спортски настан со вклучени статистики, игри со вклучено видео од веб камера на корисникот и други слични апликации
предуслови и овозможува и стриминг и развој на стриминг базирани апликации е токму Adobe Flash платформата односно Adobe Flash Media Server. Flash Media Streaming
потребниот квалитет на услугата, флексибилноста и сигурноста. Со такви карактеристики, стриминг на интернет лесно и едноставно може да се претвори во целосен рекламен систем, видео со квалитетни комерцијални пораки, интерактивен жив пренос на разни настани, комплексна видео базирана апликација, VoIP апликација, интернет радио и ТВ... Идеална и докажана платформа која ги исполнува сите овие поставени
98% од сите компјутери на светот веќе имат инсталиран Flash Player додека повеќе од 85% од сите видеа на интернет се Flash Video и разбирливо е што Flash и Adobe Flash Media Server стојат зад повеќето популарни страници и сервиси со видео содржини и претставуваат индустриски стандард за видео стриминг преку интернет: Youtube, Hulu, MTV, CNN, BBC, FOX, HBO, NBC, RTL, RAI, NBA, NHL, ESPN... Adobe Flash Media Server (FMS) е серверска апликација која овозможува стриминг на живи преноси (Live) како и на веќе постоечки видео содржини (Video on demand - VOD). Во Live сценариото потребно е изворот на
click/софтвер/
FMS – протоколи, codec-и, интеграција
живиот сигнал да биде енкодиран во соодветен формат и истиот да се испрати на FMS во реално време. Оваа работа одлично ја завршува бесплатната десктоп апликација Adobe Flash Media Live Encoder, која видео сигналот го зима од графичката (или tv tuner) картичка или од камера поврзана со компјутер. Live преносот вклучува и DVR (Digital Video Recording) опција па преносот може да биде
риото имаат „Dynamic Streaming“ опција која овозможува промена на големината на видеото во случај на промена на брзината на интернет конекцијата кај клиентот, што резултира со непрекинат пренос и при промени на мрежно оптоварување. Оваа опција се базира на вградената детекција на бендвит на клиентската конекција во FMS, па истата може да се искористи и за други потреби како што се аналитика и статистика. FMS ја проширува улогата на традиционалниот стриминг сервер и овозможува видео
Streaming Vs. Progressive download Разлика помеѓу streaming и progressive download (PD) е во софтверот на серверската страна, протоколот за пренос и се разбира, во функционалните можности. Кај PD не може да се гледаат деловите од видеото кои не се претходно преземени на клиентската страна, па затоа оваа техника најчесто се користи за пократки/помали содржини (нпр. youtube). Кај streaming-от, на клиентот му се пренесува само оној дел кој што моментално и се гледа, со флексибилен бафер систем. Предности на streaming-от се: заштита на содржините, енкрипција, поддршка за живи преноси, подобра искористеност на мрежните ресурси, статистички анализи и водење на логови, подобро корисничко искуство во смисла на инстант почеток на гледање и „премотување“ како и детекција на бендвит.
паузиран или снимен за преглед подоцна. Кај Video on demand сценариото, содржината се праќа на клиентот од веќе постоечки фајлови на серверот и може да се искористи и готовиот плеер на стриминг содржини вклучен во FMS инсталацијата или друг соодветен плеер изработен во Flash технологија. Повеќе од Streaming
и swf верификација која забранува пристап до видеото на други апликации. Во соработка со продуктот Flash Access овозможен е и комплетен Digital Rights Management, енкрипција на содржините како и временски ограничени права за гледање.
FMS4 - Администраторска конзола
И Live и VOD сценаHULU.COM – Видео player за FMS streaming, прилагоден за подолго гледање, додавање на реклами, интеграција со социјални платформи, HD video
Adobe Flash Media Server фамилија Актуелна верзија на FMS е верзија број 4, со проширена поддршка за 64-битни системи. Ја има во три комерцијални варијанти: Streaming, Interactive и Enterprise. Streaming варијантата овозможува основни стриминг функции (VOD, Live) како и стриминг во HD квалитет додека Interactive варијантата има и напредни особини:повеќенасочни апликации, скалабилност, C++ plug-in архитектура, LDAP plug-in архитектура, серверски play листи, снимање на видео на серверската страна, serverside програмирање во ActionScript јазикот како и поддршка за повеќе мрежни адаптери. Enterprise варијантата дополнително има подршка за peer-to-peer streaming (P2P multicast), Multicast fusion (Application level multicast) и е наменета за најмасовни апликации. За развојни потреби постои тнр. Development сервер кој што е пандан на Interactive серверот за 10 конкурентни гледачи и со поограничени можности од Enterprise варијантата.
FMS4 – Почетен екран
базирани апликации како што се Video Messaging и Video Chat системите како и комбинација на видео со податоци во реално време како на пример апликација за веб конференции која подржува заедничко користење нпр. на табла за цртање,
видео пренос на спортски настан со вклучени статистики, игри со вклучено видео од веб камера на корисникот и други слични апликации. Сигурносните мерки се потенцирани во FMS па постојат енкриптирани протоколи за стриминг
При потреби од голем број гледачи се користи опцијата за скалабилност на FMS во тнр. Origin/Edge архитектура, каде еден сервер е извор на оригиналниот сигнал а повеќе други сервери го пренесуваат сигналот на крајните корисници. На овој начин беа пренесувани некои од најголемите Live настани на интернет како на пример инаугурацискиот говор на Барак Обама, венчавката на Вил и Кејт ☺ и многу други. l (Јулијана прчковска]
click мај 2011 43
click/софтвер/trustport_total_protection_2011/
Солиден микс на опции Антивирусната програма најсилниот адут интегрира програмата со клиентот за е пошта – изборот е помеѓу четири клиенти: Microsoft Outlook, Outlook Express, Windows Mail i Mozilla Thunderbird. Нема постинсталациски активности (скенирање, надградба и сл.) - cé е оставено на волја и избор на корисникот. Главниот кориснички интерфејс е допадлив на прв поглед. Достапни се основните опции и апликации – ANTIVIRUS, NETWORK, TOOLS и
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: TrustPort PC Security www.trustport.com • ЗАСТАПНИК: ЈВСНет www.jvsnet.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Допадлив интерфејс Речиси никакво оптеретување на системот Корисни дополнителни опции Високо ефикасна антивирусна програма, два скенери Едноставно и прегледно нагодување Цена Кај останатите модули потребна е мала доработка во поглед на ефикасноста Firewall-от побарува добри предзнаења за правилно нагодување Интеграцијата со mail клиентите е ограничена на 4 клиенти ЦЕНА
• 835 денари плус 5% ддв
Допадлив и прегледен интерфејс. Прикажани се основните модули, кон напредните нагодувања се пристапува преку добро организираните подменија
T
rustPort е ново име на нашиот пазар, кој од неодамна е достапен кај нас преку ЈВСНет. Но во европски рамки овој Чешки производител е респектирано име веќе 20 години. Во почетокот оваа компанија, во рамките на тогашниот АЕС развиваше решенија за потребите на компаниите, поточно за заштита на работните станици и интерните мрежи. Со тек на времето, со омасовувањето на персоналните компјутери во домови-
на останатите решенија. Од Март 2008 година TrustPort станува независна компанија со назив TrustPort PC Security, име кое подобро кореспондира со основната дејност на компанијата, а тоа е заштита на персоналните компјутери. Првите впечатоци Отсуствува комплицираната постапка на преземање на наменски инсталер и онлајн инсталација. Едноставно, од
Добра ефикасност, мали пропусти и речиси никакво оптеретување на системот – тоа е кусото резиме на пакетот заштитни алатки од Чешкиот производител. Простор за доработка има, а тогаш и онака ниската цена ќе биде целосно оправдана ОЦЕНА
8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
МНОГУ ДОБРО Елиминацијата на воочените пропусти ќе го подигне овој заштитен пакет на многу повисоко ниво.
46 click мај 2011
ANTIVIRUS секцијата е поделена на real time заштита и скенирање по потреба. Основните опции за нагодување што ги дава подменито на оваа опција се стандардни – изоставување на одредени објекти и процеси од скенирање, скенирање само на одредени датотеки, вклучување хевристика (без нагодување на нејзино ниво), скенирање компресирани датотеки и листа на акции. Ова важи и за двата вида
те и експанзијата на интернетот, се менуваа и сигурносните солуции. Интеграција на антивирусните програми и антиспам заштитата беше наредниот чекор во понатамошниот развој и
страницата се презема комплетната програма која „тежи“ нешто повеќе од 200 МВ. При инсталацијата единствената интервенција која се бара од корисникот е дали сака да ја
Кон Firewall-от и неговите опции за нагодување се пристапува од Expert Settings менито
UPDATES, додека кон напредните нагодувања на истите се пристапува преку менијата. Самите менија се изведени во tooltip стил, кои се aктивираат со кликнување на глувчето врз, configure, a по појавувањето на менито и врз саканата опција. Ова се однесува за секоја секција посебно, а постои и Expert Settings копче во долниот лев агол, кое дава понапредни опции, но кои истовремено се достапни и преку configure. Опции и можности Ќе ја разгледаме секоја секција поединечно.
скенирање. TrustPort нема сопствен скенер, но затоа користи скенери од два проверени и реномирани производители – BitDefender и AVG. NETWORK секцијата се состои од заштита при пребарување, e-mail заштита, блокирање на одредени веб страници, заштита од хакери (скенирање на надворешни конекции кон компјутерот). За e-mail заштитата веќе кажавме – тука ќе додадеме дека не постои опција за додавање на mail клиенти за кои би се врзала заштитата. Во TOOLS секцијата
click/софтвер/trustport_total_protection_2011/ Во посебна секција е нагодувањето на протоколите, NetBIOS, активните директориуми, правилата врзани за активностите на оперативниот систем, верификација на мрежната конекција, сигурните процеси и сл. Во рамките на FIREWALL модулот се интегрирани неколку корисни алатки – мрежна статистика, надзор врз мрежата, Ping и идентификација на IP адреса ( од кој провајдер е).
тивирусната програма. Активирањето на двата скенера истовремено резултира со забавено скенирање, но затоа пак ефикасноста е на високо ниво. Блокирани беа сите обиди за подметнување на заразена датотека било од екстерен диск и преку мрежа од друг компјутер,
лот, кој иако основен, солидно ја врши својата работа – блокирање на несоодветни содржини. Од вкупно 32-та обиди за влегување на експлицитни сајтови, ни успеа да влеземе на цели два. Дали имате потреба од енкрипција на дискот или не одлучувате самите. Затоа, овие додатоци нема да ги коментираме. Единствено би додале дека процесот на правење имиџ Нагодувањето на Firewall-от бара извесни предзнаења од оваа за енкрипција област трае многу се интегрирани алатки изводителот). Тоа како долго, па во Перформанси за сигурно бришење на опција е поставено под еден момент Оптеретувањеподатоци, без опција default. Тука може да се се запрашавме то на системот е за нивно подоцнежно дозволи/одбие конекцишто ни требаше занемарливо, така враќање (Shredding), ја, без или со прашање, да го пробуваме што во тој поглед енкрипција на дискот и децидно одбие или ова ☺. ОпцијаЕлементарна, но ефикасна Parental Control опција TrustPort Total архиви. Shredding алатдозволи секаква конекта за PING поProtection 2011 е идеаката нуди избор помеѓу како и сите обиди за ција (што не е паметно). веќе е шминка, со оглед лен за постари и послаби преземање на зара8 методи на бришење, Криењето на портите е дека истото може да се конфигураод кои секоја има зена датотека (EICAR) изведе и од CMD. ции. своја карактеи напади (SpyCar.org). Сé на сé... Во поглед на Сите заразени датотеристика и број TrustPort Total ефикасноста на повторувања. ки беа препознаени по сепак имаме Интересно е што назив и вид. Нападите со Protection 2011 е интересен микс на опции. по некоја за секоја од метоCoreImpact беа пресретДобрата ефикасност на замерка. дите е објаснето нати од антивирусната антивирусната програма Firewall-от, кој ја користи. програма и веб заштија компензира малата во глобала, Нагодување на тата, со препознаени брзина на скенирање. На задоволува, оваа опција се називи. но многу врши од Expert зависи од Settings менито. искуството UPDATES секцина кориснијата нема потреба кот. Иако не посебно да се е на нивото опишува – надОд главниот интерфејс се пристапува само кон на еден Zone градба на антиви- основните опции за нагодување на модулите Alarm, одрусни дефиниции носно ги нема неговите и надградба на самата вметнато како опција, експертски опции, сепак програма. како и креирање на и правилата кои корисПакетот содржи и правила за безбедните никот треба да ги креира сопствен FIREWALL кон процеси. побаруваат чие нагодување фамилијарсе пристапува Заштитата од несоодветни содржини во акција ност со овој само од Expert тип програми. Settings менито. На Antiphishing модулот останатата заштита не е на одмет да се порабоКриењето на Стандардно (Global треба да се поработи ти повеќе во поглед на портите не е Settings), се нагоповеќе. Од шесте лажни оптимизацијата. Пробаш целосдува однесувањето веб страници кои автопустите кои се покажаа но – online на програмата во рот на текстов наменски не се трагични, но сепак скенирањепоглед на дозвоги чува во своето Gmail претставуваат потенто пронајде лување на пристап сандаче (а кои за среќа цијална опасност, на кои отворени порти не успеале да му извлена програми со не е лесно да се замижи. (22/ТСР - The легален дигитален чат никаков податок ☺) Во целина, пакет за Secure Shell сертификат, што четири беа препознаени, заштита кој не е на од(SSH) Protocol). но две успеаја да се е новина во оваа мет да се испроба. l Најсветла верзија (според „прошверцуваат“. (Зоран Ивановски] точка е аннаводите на проПроцес на креирање на енкрипција на дискот Parental Control модуclick мај 2011 47
58 61 62
Облакот како нова револуција 5 локални веб дестинации 3D мајстор со еден клик
click/интернет/ Облакот како нова револуција Клауд компјутинг- концепт кој ја промени индустријата
С
ветот на софтверот секој ден се менува се подинамично. Веб базираните апликации работат на клауд базирани платформи. Без разлика дали знаете кои се овие апликации или што претставуваат клауд платформите, тие сепак го менуваат начинот на кој се користи софтверот.
кој делумно или целосно се извршува на друг сервер или сервери поврзани меѓусебно. Клауд процесирањето всушност го отсликува Интернетот. Клауд пресметувањето го користи Интернетот кој е претставен како мрежа од меѓусебно поврзани компјутери. Од таму го добива и името.
Илустрација на Клауд компјутинг
Веб-базираните апликации веќе го променија WWW. Страните на почетокот само пасивно даваа информации и Интернетот беше само еден чекор понапред од телевизијата. Веб апликациите се начин на користење на софтвер преку Интернет 58 click мај 2011
Се нарекува „Клауд“ (Облак) затоа што всушност се работи за повеќе сервери поврзани меѓу себе за да се постигне единствена цел, а тоа е да им се овозможи пристап на корисниците до програмата и да се зачуваат и индексираат сите потребни податоци кои
ги користи програмата за работа со корисниците. Во последните неколку години ИТ индустријата ја разви оваа нова парадигма – клауд пресметување. Иако се работи само за различен начин на користење на ресурсите при извршувањето на програмите, сепак воведе револуција во начинот на кој организациите ги обезбедуваат информациите и сервисите. Принципот можеби делува обично и банално, но ефектот кој се постигнува со негово користење е голем. Најпрво има потенцијал за драматично
да ја намали цената на чинење на апликациите, со тоа што програмите се извршуваат на нечиј друг хардвер. Се намалуваат трошоците со тоа што не
Веб базираните апликации работат на клауд базирани платформи. Без разлика дали знаете кои се овие апликации или што претставуваат клауд платформите, тие сепак го менуваат начинот на кој се користи софтверот. Веб-базираните апликации веќе го променија WWW. Страните на почетокот само пасивно даваа информации и Интернетот беше само еден чекор понапред од телевизијата
мора да се купува нов хардвер, да се вработат скапи ИТ професионалци кои ќе го одржуваат тој хардвер и не мора да се купат скапи лиценци. Но „клауд пресметувањето“ не влијае само врз намалувањето на трошоците, туку е и многу пофлексибилно, и во смисла на развивање на софтверот и во смисла на можностите кои му ги нуди на корисникот. Веб базираните апликации кои се извршуваат во клауд околина имаат голема придобивка со тоа што овозможуваат пристап до нивните податоци и самите програми од кој било компјутер кој има пристап на Интернет. Ова значи дека члено-
click/интернет/ вите на развојниот тим и клиентите не само што имаат пристап до програмата од било кој компјутер, туку и од различни мобилни уреди. Иако постојат голем број веб апликации до кои може да пристапи и да ги деплојува една компанија има голем број придобивки од користењето на клауд пресметувањето: комуникација помеѓу оддели, пристап до сите важни податоци од клиентите во реално време, можност да се следат метрики за предвидување на продажбата... Клауд пресметувањето се однесува на поставување на апликација на различна локација од онаа на која се наоѓа корисникот. Во најупотребуваниот контекст клауд компјутинг претставува Интернет базиран („клауд“) развој на софтвер и користење на компјутерски технологии („пресметување“). Според ИЕЕЕ „Клауд пресметувањето е парадигма во која информациите се трајно зачувани на серверите на Интернет и подоцна само привремено се кешираат кај клиентите на нивните десктоп, таблет компјутери, лаптопи или други уреди.“
сервиси. Хардверската основа и мрежниот софтвер се уште се тука, само што сега во облакот се достапни помоќни сервиси на повисоко ниво кои се користат за креирање апликации. Облаците се користат за три основни цели: • Софтвер како сервис (Software as a Service): Пример за ова е Cisco WebEx, кој се корити од агенции за да се овозможи да соработуваат луѓе на различни локации со глас, видео и споделување преку веб. • Платформа како сервис (Platform as a Service): Некои агенции развиваат софтвер на друга серверска платформа која не е нивна. • Инфраструктура како сервис (Infrastructure as a Service): Некои агенции ја споделуваат инфраструктурата која ја користат за глас , видео или веб апликации.
на Клаудот овозможи средства за слоевите на клауд компјутингот да може да се третираат како роба на пазарот, исто како струјата, телефонските услуги или природниот гас. Тоа што клауд компјутингот го продава е моќ за пресметување по мала цена за корисникот. Клауд компјутингот урамнотежен се движи во насока да стане следната мега-услуга како помошно средство за корисникот. Мониторот на виртуелната машина (Virtual Machine Monitor (VMM)), овозможува средства за симултана употреба на клауд алатките. VMM е програма на домаќинскиот систем која овозможува еден компјутер да поддржува повеќе, идентични извршни средини. Од гледна точка на корисник, системот е само-содржаен компјутер кој е изолиран од другите корисници. Во реалноста пак, секој
Цели на користење на клауд компјутинг Пристап од различни уреди
Најважната карактеристика на облакот е апстракцијата на хардверот од сервисот. Клауд компјутинг сега се асоцира со повисоко ниво на апстракција. Наместо облакот да се состои од податоци, рутери и сервери, сега постојат
Слоеви: Компјутингот како пазарна роба Клауд концептот е изграден врз слоеви. Секој од нив овозможува различно ниво на функционалност. Ова расчленување на компонентите
корисник е опслужен од една иста машина. Виртуелна машина е еден оперативен систем кој се управува од соодветни подслоеви кои изгледаат како различни/повеќе оперативни системи. Кај клауд компјутингот, VMM дозволува корисниците да го надгледуваат про-
цесот и да се справуваат со различните аспекти на процесот како што е пристап до податоци, енкрипција, адресирање, топологија итн.
Слоеви на клауд
Ова се слоевите кои ги овозможува облакот: • Инфраструктуралниот слој е основата на облакот. Се состои од физички средства како што се сервери, мрежни уреди, дискови, итн. Инфраструктура како сервис (Infrastructure as a Service – IaaS), има свои добавувачи како што e IBM® Cloud. Со користењето на IaaS впрочем не ја контролирате соодветната инфраструктура, туку имате контрола врз оперативниот систем, капацитетот, распределените апликации и во одредена мера, контрола врз одредени мрежни компоненти. POD (Print On Demand) услугите се пример за тоа како организациите имаат придобивки од IaaS. POD моделот се базира на продажба на производи кои може да
се приспособуваат врз желбата на корисниците. POD овозможува индивидуалци да отвораат продавници и продаваат дизајн на производи. Сопствениците на овие продавници може да качат на сервер онолку производи колку што ќе направат. Некои качуваат илјадници, некои само десетици. Со можностите на клауд капацитетите, POD овозможува бесконечен простор за складирање податоци.
Како функционира VMM
• Средниот слој е платформата. Овозможува апликациска инфраструктура. PaaS (Platform as a Service) – овозможува пристап до оперативните системи и услугите поврзани со корисникот. Овозможува начин за распределба на апликации на облакот со користење на програмски јазици и алатки кои се поддржани од добавувачот. Не мора да ја управувате или контролирате соодветната подслојна инфраструктура, но може да ги контролирате распределените апликации и, до одреден степен, средините за развој на апликации. PaaS има добавувачи како што се Amazon Elastic Compute Cloud (EC2). Мала и нова компанија за развој click мај 2011 59
click/интернет/ на софтвер е идеален пазар за PaaS. • Крајниот слој е апликацискиот слој, слојот кој најголем број корисници го замислуваат како целокупниот облак. Апликациите кои овде се пуштени и работат, се по барање на корис-
базираните апликации и ги чува податоците од апликациите во Microsoft дата центрите. SQL Azure обезбедува релациони податочни сервиси за клауд апликациите. AppFabric обезбедува поврзување и контрола на пристап за апликациите во клаудот.
eye OS
Microsoft Azure сервисна платформа
ниците. SaaS е достапен преку Google Pack (меѓу другите). Google Pack вклучува апликации кои се достапни преку Интрнет, како што се Calendar, Gmail, Google Talk, Docs итн. Microsoft Windows Azure платформата е веројатно најкомплетната клауд компјутинг платформа која е достапна на програмерите. Азур е пример за "PaaS" (платформа како сервис). За програмерите ова значи дека тие може да се фокусираат на апликациите кои ги развиваат и нема потреба да ја управуваат инфраструктурата. Азуре обезбедува Windowsбазирани компјутерски сервиси за складирање за клауд апликации кои ги користат трите основни компоненти: Windows Azure, SQL Azure и Windows Azure платформата AppFabric.Секој од овие делови си има специфична улога. Windows Azure е Windows-базирана околина во која се извршуваат калуд 60 click мај 2011
Постојат Azure алатки и за Eclipse IDE, ndows Azure SDK за Java и PHP и AppFabric SDK за PHP и Ruby програмери и Tomcat севери.
Azure со PHP интеграција
Зголеменото користење на мобилните
уреди, популарноста на социјалните мрежи и сите други аспекти на еволуцијата на комерцијалните ИТ процеси и системи гарантира работа за програмерите. Сепак некои од традиционалните улоги кај развојот на софтверот ќе бидат отфрлени од програмерите вработени во софтверски фирми. За да се раскине врската од користењето на еден компјутер и да им се овозможи на корисниците да ги користат програмите онлајн, постојат целосни клаудинг оперативни системи како cloudo.net, OOS (online operating system), eye OS. Изгледаат исто како стандардните оперативни системи на нормални
Револуција се дефинира како промена во начинот на кој размислуваат и се однесуваат луѓето. Според оваа дефиниција, клауд компјутинг претставува навистина револуција. Клауд компјутинг воведе фундаментални промени во компјутерската архитектура, софтверот и алатките за развој, како и во начинот на продажба, дистрибуција и собирањето информации
десктоп компјутери, а добрата работа тука е што до системот може да се пристапи од секаде каде што има Интернет.
нема потреба да се грижиме за скалабилноста. Клауд компјутингот им дава пристап на програмерите до софтверски и
cloudo.net
ИБМ спроведе истражување кое покажа дека побарувачката за мобилни технологии ќе расте експоненцијално. Овој развој, заедно со глобалното брзо прифаќање на клауд компјутинг ќе придонесе за радикална промена од побарување на програмери кои би имале разбирање во овие области. За да се задоволат потребите на мобилното поврзување, се повеќе ќе има потреба од програмери кои ќе знаат како работи клауд компјутинг. Со клауд комјутинг се обезбедува скоро неограничен капацитет, и
хардверски ресурси кои малите и средните претпријатија не би можеле да си ги дозволат. Револуција се дефинира како промена во начинот на кој размислуваат и се однесуваат луѓето. Според оваа дефиниција, клауд компјутинг претставува навистина револуција. Клауд компјутинг воведе фундаментални промени во компјутерската архитектура, софтверот и алатките за развој, како и во начинот на продажба, дистрибуција и собирањето информации. l [Бојана Ангелеска]
64
Нешто повеќе за .... Canon
click/времеплов/ Нешто повеќе за ... Canon Canon Inc. оригинално e Јапонска технолошка компанија, која поставува стандарди на светско ниво кога станува збор за развој, како на технологии за бизнис пазарите така и за стоки за широка потрошувачка
C
anon Inc. е основана во далечната 1933 година во Јапонија, за подоцна да се прошири и отвори свои канцеларии и претставништва ширум целиот свет. Денеска Canon Inc. игра голема улога во светски рамки, кога се работи за производство на оптичка електроника. Веќе ред години Canon Inc. е во топ 10 компании кои добиваат U.S патенти. Canon има историја на имплементирани иновации кои низ годините му донесоа лидерска позиција на полето на фотокопир машини, ласерски и bubble-jet печатачи, факс машини, камери и камкордери. Во последно време постојат и некои обиди на Canon да зачекори во производство на компјутери, но
компанијата исто така работи на производство на двогледи, калкулатори, медицинска опрема, опрема за радио дифузија како и полуспроводничка опрема.
Историјата на Canon започнува во далечната 1933-та година, кога Такеши Митараи со неколку свои
Корпоративната филозофија и стратегија на Canon е потенцирана во само еден збор “Kyosei” кој во слободен превод значи „Да се живее и работи во слога и заедништво со цел да се постигне заедничко добро„. Оваа филозофија го води развојот па и постоењето на самата компанија Корпоративната филозофија и стратегија на Canon е потенцирана во само еден збор “Kyosei” кој во слободен превод значи „Да се живее и работи во слога и заедништво со цел да се постигне заедничко добро„. Оваа филозофија го води развојот па и постоењето на самата компанија.
Kyosei “Kyosei” - „Да се живее и работи во слога и заедништво со цел да се постигне заедничко добро„. 64 click мај 2011
Историја
Првиот производ на таа компанија дошол веќе во 1934–та година во форма на првата 35–милиметарска камера произведена во Јапонија, која многу наликувала на Германската Leica, која исто така била 35 – милиметарска камера и стандард во светски рамки во тоа време. Јапонската камера го добила името Kwanon, според Будистичка фигура која претставувала милост (mercy).
пријатели Горо Тошида, Сабуро Учида и Такео Маеда работел на развивање на камери. Тогаш е основана компанијата под име Precision Optical Instruments Laboratory во Ропонги, Минато ку, Јапонија.
Првите модели на фотоапарати кои го носеа името Kwanon
Во 1940 – та, оваа компанија даде голем допринес на Јапонската медицинска технологија со развивањето на првата индиректна рентген камера (x-ray
click/времеплов/Canon/ camera) која играла главна улога во спречувањето на ширењето на туберкулозата во Јапонија.
Кога Јапонија влегла во војна со САД, економијата на земјата комплетно е ориентирана во поддршка на војската. Компанијата едвај ја преживеа Втората светска војна. Таа не беше во можност да го произведува својот главен производ 35- милиметарски камери за време на траењето на војната, а само Митараи со неуморни напори ја одржуваше компанијата во тој тежок економски период, кој следеше по предавање на Јапонија во 1945 година. Со малкуте суровини и капитал, Митараи мораше да се бори само да ги задржи своите линии за производство и финансиите на компанијата. Тој исто така во неговите работници ја вгради важноста на производство на високо квалитетни производи, но најверојатно неговиот најзначаен потег е убедувањето на сојузничките окупациони сили да ги продаваат камерите на Precision Optical Instruments Laboratory Inc. во нивните продавници.
Овој договор ја постави базата за подоцнежните успеси на Canon како извозник. Американските војници ги носеле тие камери дома и на тој начин компанијата влегува на Американскиот пазар. Во 1947 – та година Precision Optical Instruments Laboratory Inc. го менува своето име во Canon Camera Company Inc. користејќи го американскиот изговор на името на нивната Kwanon камера.
Уште еден меѓународен пробив на Canon се случува во почетокот на 1950 - та година, кога фотографите кои ја покривале Корејската војна откриле дека најдобрите јапонски леќи се исто толку добри како германските леќи. Извозниот пазар започна да се отвора, и во тој период успехот на Canon беше евидентен. Компанијата отвори своја подружница на САД, со седиште во New York, во 1955 - та година и само две години подоцна таа формираше и европска филијала, под името Canon Europa, со седиште во Женева.
До почетокот на 1960 – те години Canon станува доминантен јапонски производител на камери кои се квалификувале како средна класа и имале ниски и средни цени, со тоа оставајќи го пазарот на скапи камери на Nikon. Компанијата продолжува да расте, повеќе од тројно зголемувајќи ја својата големина помеѓу 1959 - та и 1963 - та година. Во 1964 - та година компанијата влегува на пазарот на бизнис машини со претставувањето на електронскиот калкулатор со име Canola 130, калкулатор кој прв во светот ја користеше тастатурата со десет копчиња која денеска претставува стандард.
Canon и Texas Instruments заедно го произведоа Pocketronic
Во 1965 – та година Canon влегува во пазарот на машини за фотокопирање со неговата прва иновација на тоа поле под името Canofax 1000. Canon го потврдува својот статус на иноватор во таа област кога го претстави својот прв фотокопир кој работел на обична хартија во 1968 - та година. Се дотогаш Xerox доминираше на пазарот на копири со сопствениот процес, познат како xerography.
Првиот копир за обична хартија
Еден од првите каталози на Canon
Во 1956- та година Canon ја додава 8- милиметарската филмска камера во своето производно портфолио, а во 1959 -та година Canon стана првата компанија во светот за производство на 8 - милиметарски фотоапарат со вграден објектив со зумирање.
Во 1970 - та година Canon и Texas Instruments заедно го произведоа Pocketronic, првиот во светот електронски рачен калкулатор.
Влегувањето на Canon на различни пазари и комплетната диверзификација на компанијата беа доволни за промена на името на истата. Па така од Canon Camera Company Inc. се отфрла делот Camera Company и компанијата останува само Canon Inc. И покрај сите успеси кои компанијата ги оствари на технолошки план, Canon сепак, претрпе своевиден пораз кој произлезе од слабостите во маркетинг стратегијата во доцните 1960 – ти и раните 1970 - ти. Иако беше дел од спектакуларниот влез на пазарот во САД од страна на јапонските производители на калкулатори, компанијата не успеа да направи разлика и да се одлепи од своите конкуренти. Во тој период компанијата не успеа да ја искористи предноста која ја имаше поради click мај 2011 65
68 70
Portal 2 Capsized
click/игри/
Порталите се вратија, подобри и позабавни ИНФО
• Portal 2 • ИЗДАВАЧ: Valve Corporation • Развој: Valve Corporation • ПЛАТФОРМА: Windows, Mac OS X, PlayStation 3, Xbox 360 • URL: www.thinkwithportals.com ЗА И ПРОТИВ
Многу хумор и досетки од сите карактери во секое време Портали и нови елементи кои овозможуваат повеќе загатки Феноменална кооперативна кампања Нови карактери и поголем свет
ОЦЕНА
одлично
68 click мај 2011
И
зненадувањата кои ги доживувавме во првото издание на Portal пред 4 години беа многу интересни. Во второто продолжение на Portal 2 изненадувањата се проширени, бројот на нивоа се зголемени, а сето тоа продолжува каде што застана првиот дел. Загатки кои треба да се решаваат во 3Д околина, гледајќи го ликот во прво лице е уникатен стил на игра.
кој се распаѓа на Aperture Science па се до крајот, Portal 2 нема да ви биде здодевен. Светот е поголем, приказната е подобро разработена, ликовите се повеќе развиени. Манијата на GLaDOS која управува со објектот повторно не прогонува. Поврзана е со сите форми кои брутално се обидуваат да го попречат нашиот напредок. Но, таа бруталност има и друга страна поврзана со хумор
Повторно го користиме портал пиштолот, но опремата која ја користиме во играта е проширена GLaDOS е непријател против која се боревме, убиствен робот кој воедно е живописен, забавен и зол на симпатичен начин. Шеги и хумор не следеа низ целата игра, но сета забава беше кратка и содржајна. Да направиш продолжение без тоа да биде “исто” како оргиналот е тешка задача. Но креаторите во Valve успеваат да ни овозможат ново продолжение на Portal кое нуди многу повеќе забава и многу повеќе загонетки за решавање. Од моментите кога ќе зачекориме во објектот
и сарказам. Во моментите кога ќе се напрегате и ќе се
грчите во обидите да ги решите загатките и да најдете начин како да го поминете нивото очекувајте да се смеете од досетките и смешните реплики. Повторно играме во ликот на Chell, вратени назад во Aperture по случувањата од првото продолжение.
Набрзо го сретнуваме Wheatley кој ни помага низ почетните стази. Неговата духовитост е на највисоко ниво, а упатствата и коментарите секогаш доаѓаат во вистинскиот момент. Дури некогаш повеќе ќе се концентрирате на смешниот дијалог што го
click/игри/Portal 2/
водат Wheatley и GLaDOS отколку на решавањето на загатките. Околината и деталите кои не опкружуваат се одлична направени. Објектот на почетокот е целиот запуштен и рѓосан, но штом GLaDOS настапи на сцена сето тоа се менува и целата околина станува продолжение на најзиното тело и персоналност. Така кога ќе влезете во некоја просторија, механичките кранови и ѕидни плочи инстантно се вртат кон вас. Како што напредуваме низ Portal 2 така и околините се менуваат. Од клаустрофобични комори за тестирање се префрлуваме во подземни простории. Металните шипки и потпорните греди се рушат и кршат во најразличен хаос со што ни овозможуваат пријатни глетки од ефектите и ни нудат можност да ја запознаеме играта подобро. Во Portal 2 има многу поголем акцент на приказната и на карактерите, но сепак најголемиот дел од времето ќе го поминуваме во мозгање на загатките и изнаоѓање на решенија во коморите за тестирање. Повторно го користиме портал пиштолот, но опремата која ја користиме во играта е проширена. Пиштолот може да испука два поврзани портала низ кои можеме да поминуваме ние и некои објекти а воедно е задржан и моментумот на движењето. За да помине-
ме од една тестна комора во друга, треба да ја надминеме пространоста со упореба на порталите кои пренасочуваат енергетски снопови, употреба на забр-
зано трчање и подобрено скокање, манипулирање со кранови итн. До решението не се стигнува баш лесно. Покрај брзиот рефлекс потребно е добро резонирање и одличен тајминг
затоа што некогаш ќе треба порталите да ги преместувате во лет. Portal 2 не е традиционална пуцачина во прво лице, но на моменти може да се почувствувате така, кога ќе зумирате со пиштолот за портали за да изведете прецизен удар. Без разлика колку се сложени загатките, решенијата можат да се насетат. Понекогаш ќе ги решавате од прв обид, ќе ги подесите ласерите кои ги активираат платформите и на тој начин ќе стигнете до прекинувачите. Понекогаш дури и ќе се чувстувате глупо затоа што едноставното решение не сте успеале да го откриете побрзо. Индикации за тоа како се решаваат загатките има на секое ниво, а сето тоа е направено без да имате едноставно мени за помош. Дури и кога ќе треба да се комбинираат неколку
механики како падови за скокање, привлекувачки зраци, мостови и скокања, нема да помислувате дека играта е лошо дизајнирана, туку ќе се обвинувате себе си дека не можете лесно да ја дешифрирате загатката. Самостојната кампања е многу забавна за играње, а некои од загатките претставуваат вистински предизвик.
4 портали. Нивото на предизвиците е зголемено, а со тоа е потребна подобра кооперација и заедничко играње за совладување на загатките. На помош за подобра координација со партнерот има маркери кои ги поставуваме низ играта за да означиме што треба да се прави и кога. Кога треба да се постави некој портал со маркер означуваме на таа позиција, а кога треба да се направи некој потег означуваме со вклучување на стоперката. Нема да помине ниту еден момент во тишина, без разлика дали комуницирате со партнерот или пак ги слушате омаловажувањата на вашата интелегенција од страна на саркастичната GLaDOS. Portal 2 е првата игра во прво лице која нуди предизвик од почетокот до крајот. Првото продолжение на Portal беше кратко но слатко. Инвентивна игра со
Во моментите кога ќе се напрегате и ќе се грчите во обидите да ги решите загатките и да најдете начин како да го поминете нивото , очекувајте да се смеете од досетките и смешните реплики Portal 2 има уште еден џокер во ракавот, а тоа е кооперативното играње со уште еден играч. Приказната започнува веднаш по завршетокот на самостојното играње при што заедно со партнерот контролирате два робота. Хуморот и шегите се повторно присутни и не држат во забавен мод со мотивација да продолжиме понатаму кон крајот. Со вклучувањето на уште еден играч треба да го промениме и начинот на резонирање затоа што сега имаме два пиштола за портали што всушност значи
загатки кои беа предизвикувачки како во поглед на добриот тајминг и реакциите така и умствено. Portal 2 е надграден и го прави оргиналот да изгледа како прототип. Има многу повеќе карактери кои имаат одлични гласови, загатките се предизвикувачки, а штом ќе завршите со самостојното играње ве очекува еден од најдобрите кооперативни модови во било која игра. Од почетокот до крајот, Portal 2 е забавно и незаборавно искуство. l [Иван Манчевски]
Забавна, динамична, пропратена со многу хумор и многу предизвици за решавање на загатките. Portal 2 ќе ве забавува многу часови, а посебен предизвик е кооперативниот мод. click мај 2011 69