Nokia N8 (16Gb) Број 32 • декември 2010 • www.clickmag.mk
15 предлози
Алатка против фрустрации Soluto ќе го забрза стартувањето на системот
за новогодишен
подарок 2010-та
Live Documents Office за новата интернет генерација
низ технологии
+
5 трендови за новата година
Need for Speed
Hot Pursuit
декември 2010 90 ДЕНАРИ
32
Dell STREAK
MSI CR620
AMD во контранапад
D-link Boxee Box
Цел свет во екран од 13 сантиметри
На граница помеѓу буџет и средната класа на преносници
Radeon-ски антибиотик за Nvidia
Мало кутивче за големо уживање
16 18 20 22 24 26 28 30 31
Dell STREAK Fujitsu Esprimo Q1510 Mini PC PowerCube G3110 Chimera Dell Precision T1500 MSI CR620 Уште една типична Toshiba AMD во контранапад Апсолутно...тенко! ViewSonic VA2431wma
32 34 36
Мало кутивче за големо уживање Nokia N8 (16Gb) 15 предлози за новогодишен подарок
click/хардвер/ Dell STREAK Цел свет во екран од 13 сантиметри ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Dell www.dell.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Вип Оператор www.vip.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Мали димензии и тежина Одлична понуда од VIP Неподржаност на МК тастатура Android 2.1 ЦЕНА
• 33.999 денари
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одличен за се, само не за читање книги
16 click декември 2010
Streak природно се држи со двете раце, а движењето низ менијата се одвива со палците од двете раце
Т
аблетите се најновиот тренд во технологијата и не радува што и нашиот пазар е во тек и ја следи модата. Во минатиот број го имавме Galaxy на Tab Samsung , а неколку месеци претходно дадовме и осврт на iPad-от од Apple. Директната споредба на овие три уреди е неблагодарна бидејќи трите уреди спаѓаат во различна група на таблети, а и се стремат кон различни групи на корисници. Па така Apple со својот iPad се стремат кон својата верна публика која пред се држи до својот стил и слепо ги консумира сите производи на оваа компанија, додека Samsung направи уред кој го дизајнираше според поплаките на корисниците на iPad, а на прво место ја ставија функционалноста.
Dell од другастрана се обиде да ја надополни функционалноста на Android таблетите со додавање на зголемена
збор за релативно мал таблет, функционалноста му е на завидно ниво, па користењето на најчестите апликации ќе
Иако станува збор за релативно мал таблет, функционалноста му е на завидно ниво, па користењето на најчестите апликации ќе се одвива без проблеми. Единствена категорија каде малиот екран навистина претставува хендикеп е читањето на книги и дигитални списанија, односно стрипови доза мобилност, па така Dell Streak по димензиите и тежината е нешто подолг и нешто потежок од поголемите мобилни телефони. Иако станува
се одвива без проблеми. Единствена категорија каде малиот екран навистина претставува хендикеп е читањето на книги и дигитални
Странично поставените копчиња се лесно достапни
списанија, односно стрипови. Во случајот со книгите овој проблем не е толку страшен, но во ситуација кога на уредот ќе сакате да прелистате некој дигитален магазин или стрип, ќе се соочите со големиот проблем на малиот екран. Зумирањето и одзумирањето на страниците не претставува тешка активност, но постојаното повторување на оваа акција брзо ќе ви здосади, па доколку примарна активност ви е читањето, тогаш подобро е да размислите за уред со поголем екран. Поради малиот екран, екипата од Dell се одлучиле за интересно решение, па природната ориентација на екранот ја поставиле во landscape, со што Streak природно се држи со двете раце, а
click/хардвер/ движењето низ менијата се одвива со палците од двете раце. Статусната лента која што е поставена на горниот дел од екранот е поделена на пет дела, при што во првиот дел се сместени најчесто користените апликации, со можност за отворање на листата на сите инсталирани апликации. Вториот дел го прикажува сигналот на мобилната мрежа, како и листа на последно користените апликации. Во третиот дел се наоѓаат известувањата, додека во четвртиот дел се наоѓаат информациите за мрежните адаптери (WiFi, Bluetooth, 3G) и батеријата, а петтиот дел е резервиран за датумот и часовникот. Најголем недостаток на уредот е оперативниот систем кој е во 2.1 верзија, која нуди многу недостатоци во однос на последната најнова верзија 2.2 (Froyo). Сепак додека го пишувавме овој текст во САД веќе се најавуваше верзијата 2.2 која најпрво ќе биде понудена на американските корисници кои имаат уред без договор, па потоа корисниците од оваа земја со договор, а некаде на почетокот на новата година се очекува и корисниците во
Иако станува збор за релативно мал таблет, функционалноста му е на завидно ниво, па користењето на најчестите апликации ќе се одвива без проблеми
Европа да добијат известување за достапноста на верзијата 2.2. Најголемите предности на Froyo се зголемената брзина при извршувањето на поновите апликации, како и сите апликации кои „фабрички“ доаѓаат со уредот. Новина во верзијата 2.2 е вметнувањето на датотечен прегледник кој е навистина добредојден, иако на Android Market-от постојат стотици апликации за оваа намена.
Исто така треба да се напомене дека верзијата 2.1 за разлика од поновата не нуди можност за инсталирање на апликации на мемориската картичка, што претставува огромен минус. Најинтересното нешто во верзијата 2.2 е можноста вашата интернет конекција да ја споделите со пријателите околу вас. Имено, Froyo
нуди можност вашиот Android уред да го претворите во интернет пристапна точка со максимални 5 симултани конекции, кои можат да бидат заштитени со WPA2-PSK AES енкрипција. Сепак ќе треба да ја причекаме официјалната надградба од DELL за да видиме дали производителот се решил да ги имплементира сите овие интересни новини во својата верзија на Android OS-от. Иако Android опера-
тивниот систем нуди можност за промена на мемориската картичка без гасење на системот, Streak има безбедносен сензор кој автоматски го гаси оперативниот систем доколку го отстраните задниот капак. Доколку планирате да поседувате повеќе мемориски картички со различна содржина и истите да ги менувате, оваа безбедносна опција може да ви биде многу мачна (повторното стартување на системот трае околу 40 секунди). Како краен заклучок за Dell Streak може да кажеме дека се работи за исклучителен уред кој без проблем ќе може да го собере во секоја торба или џеб, а вистинската слика ќе ја прикаже кога ќе биде достапна надоградбата на верзијата 2.2. l (Александар марковски]
СПЕЦИФИКАЦИИ ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Android 2.1 (Eclair)
ПРОЦЕСОР
Qualcomm Snapdragon QSD8250 1 GHz
МЕМОРИЈА
512MB RAM / 512MB ROM / 16GB за складирање
Мемориски картички
SD micro
Екран
5 инчи 800х480
3G
HSDPA 7,2Mbps
Bluetooth
2.0 A2DP
WiFi
802.11 b/g
GPS
A-GPS
Димензии
152,9х79,1х10mm
Тежина
220g
Dell Streak изгледа како голем мобилен телефон, но ги има сите функционалности на таблет
click декември 2010 17
click/хардвер/
PowerCube G3110 Chimera AMD Tri-core систем, со quad-core моќ ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Сетра www.setra.com.mk • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сетра www.setra.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Перформанси Можност за отклучување на 4-то јадро на процесорот Цена ЦЕНА
• 30.900 денари
В
о ИТ светот, одамна важи правилото „колку поскапо, толку подобро“. Сепак, не може секој да си го дозволи најновиот процесор, или пак моментално најдобрата графичка картичка, па токму поради оваа причина, секогаш гледаме да направиме некој баланс помеѓу средствата кои ни стојат на располагање и посакуваните перформанси. Кога се работи за десктоп компјутер, повеќето потрошувачи, сакајќи да добијат максимални перформанси од нивниот систем, самите си ја
жува дека за куќиште е избран моделот на Foxconn TLA787. Како и секогаш, пакетот покрај системот ги содржи кабелот за приклучување на напон и медиумите со потребните драјвери. По отпакувањето, очигледна беше разликата во моделите на куќиштата на овој систем и оние на системите опишани во претходните броеви. Но ова не е некаков недостаток, бидејќи сите знаеме, не е важен надворешниот изглед, туку тоа што се крие во
Асот, кој G3110 Chimera „го крие во својот ракав“, е можноста на матичната плоча да го отклучи четвртото „скриено“ јадро кај Athlon II X3 445 процесорот, со што се добива систем со четиријадрен процесор и значително подобри перформанси
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одличен избор за буџет класата на гејмерски системи
20 click декември 2010
кројат конфигурацијата, односно наместо да купат готов систем, сами си ги набавуваат компонентите по нивна желба. Во текстот подолу, ќе ви го претставиме PowerCube G3110 Chimera, десктоп систем кој за својата цена ги нуди најдобрите гејминг перформанси. За разлика од неколкуте претходни системи од истата гејминг PowerCube серија, кои беа претставени во изминатите броеви, G3110 Chimera дојде во сосема нормално пакување. Уште на прв поглед, по самата кутија, на која на жолта позадина е прикажан моделот на куќиштето, се забеле-
него. Покрај значително помалите димензии, односно 180 х 420 х 440
Radeon HD 6850 OC во изработка на MSI одговорна за графиката
Моделот на куќиштето Foxconn TLA787 не делува толку атрактивно, но важно е што се крие внатре
mm, дизајнот, доколку ги немаше неколкуте детали, ке го кажевме како стандарден. Целата „школка“ е изработена од црн SGCC алуминиум, и како таква истата тежи 5.6 килограми. Само предната страна се разликува од останатиот дел по тоа што предниот панел е изработен од пластика со црна боја и сјаен финиш. Во горниот дел на располагање имате четири отвори за
оптички уреди, од кои првиот е зафатен со DVD-RW 24x MultiBurner. Во средината, се поставени две USB порти придружени од аудио приклучоците за слушалки/звучници и микрофон и истите се покриени со вратичка која можете да ја лизгате вертикално (од половината па надолу) и на која, во левата страта, се поставени копчињата за вклучување и рестартирање на системот и црвената сигнална диода од хард-дискот меѓу нив. На двете страни на куќиштето во предниот дел има отвори за вентилација по целата висина на куќиштето, додека пак на левата има два додатни отвори, едниот поставен кај процесорот (со посебен пластичен канал), а другиот веднаш подолу кај графичката картичка. Исто така, задната страна, изработена од истиот SGCC материјал, само во сребренкаста боја, низ поголемиот дел од површината има отвори за вентилација. Ваквата поставеност на отворите овозможува одлична вентилација на системот и значително ја намалува внатрешната температура во самото куќиште. Системот е напојуван од 450 W PFC Real Power напојување, што можеби ви звучи недоволно, но не заборавајте дека се работи за Real Power напојување, чија нормална вредност всушност изнесува околу 600 W. На задната страна на системот, покрај приклучокот за напон, се наоѓаат портите и приклучоците кои доаѓаат со
click/хардвер/
СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА
2 години
ПРОЦЕСОР
AMD Athlon II X3 AM3 @3.1 GHz (1.5 MB L3 cache)
МЕМОРИЈА
2x2 GB DDR3, 1333 MHz, 9-9-9-24 CR1
ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ
MSI Radeon HD 6850 OC, 1 GB GDDR5
ХАРД-ДИСК
1TB SATA2 7200 rpm, 32 MB cache
ОПТИЧКИ УРЕД
DVD-RW 24x MultiBurner
ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
нема
КОНЕКЦИЈА
2x PS/2, LAN, 6x USB, 2x DVI, HDMI, DisplayPort, Serial port, 15-pin VGA, 7.1 Audio
ТЕЖИНА
~10.0 Kg
ДИМЕНЗИИ
180 x 420 x 440mm (WxHxD)
MSI 880GM-E41 матичната плоча. Тие вбројуваат две PS/2 порти (тастатура/глувче), една сериска порта, една 15-pin VGA порта (интегрирана графичка картичка), шест USB 2.0 порти, една LAN порта и шестте аудио приклучоци овозможени од интегрираната Realtek ALC889 7.1 звучна картичка. Веднаш под нив се наоѓаат двете DVI порти, DisplayPort и HDMI портата овозможени од графичкиот подсистем. Матичната плоча, како што може да се забележи од самото име, е опремена со AMD 880G+SB710 чипсет и истата има проток низ HyperTransport магистралата од 5.2 GT/s. Поради ваквиот избор, на неа е поставен AMD Athlon II X3 445 процесор, чив работен такт изнесува 3.1 GHz по јадро и истиот има вкупно 1.5 MB L2 меѓумемориски простор, односно 512 KB по јадро. Асот, кој G3110 Chimera „го крие во својот ракав“, е можноста на матичната плоча да го отклучи четвртото „скриено“ јадро кај
Athlon II X3 445 процесорот, со што се добива систем со четиријадрен процесор и значително подобри перформанси. Системската меморија ја сочинуваат два DDR3 Kingston модули со капацитет од 2 GB поставени во dual-channel режим. Истите работат на фреквенции од 1333
MHz и имаат времиња на доцнење 9-9-9-24 CR1. Добрата страна кај десктоп системите е нивната едноставна надоградба, па доколку ви „недостасува“ RAM, матичната плоча има уште две слободни лежишта и може да поддржи и до 16 GB капацитет. Една од компонентите на која овој систем е посебно горд, е графичкиот подсистем, односно најновата DirectX11 компатибил-
на AMD (ATI) графичка картичка, Radeon HD 6850 OC во изработка на MSI. Engine clock-от, кај ваквата MSI OC изработка изнесува 820 MHz, додека стандардно изнесува 775 MHz и за мемориските потреби користи 256-bit GDDR5 меморија со капацитет од 1024 MB и работна фреквенција од 1000 MHz. Radeon HD6850 може да прикаже слика со максимална резолуција од 2560 х 1600 пискели и има поддршка за 3D стереоскопска репродукција. Еден десктоп систем, не може да се замисли со мал простор за чување на податоци, па за таа намена е избран Samsung-ов хард-диск со SATA2 интерфејс и капацитет од 1 TB. Истиот има брзина на работа од 7200 вртежи во минута и 32 MB меѓумемориски простор. Системот се испорачува без оперативен систем, па за да ви доставиме најверодостојни тестови, на него инсталиравме Microsoft Windows 7 Ultimate Edition платформа. За да му ги измериме силите на PowerCube G3110 Chimera, на него поигравме некои од поновите игри, како и неколку од постарите, односно DirectX9 и DirectX10 компатибилни игри. Иако очекувавме овој систем да пружи солидни перформанси, бевме изненадени од неочекувано добрите резултати. Со ова кажано, G3110 Chimera потврдува дека за таа цена, не можете да добиете подобар систем. Покрај игрите, го проследивме и стандардниот сет синтетички тестови, па за оние корисници кои
повеќе им веруваат на бројките, резултатите од тестовите се прикажани
во приложената табела. l (Димитровски Мирослав]
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ
WINDOWS EXPERIENCE INDEX
3D MARK VANTAGE
PC MARK VANTAGE
CINEBENCH
EVEREST ULTIMATE
CALL OF HUAREZ
Base score
5.9
Processor
7.5
Memory (RAM)
7.7
Graphics
7.4
Gaming Graphics
7.4
Primary Hard Disk
5.9
3D Mark Score
P11242
GPU Score
11853
CPU Score
9737
PC Mark Score
6398
Memory Score
5494
Gaming Score
5606
OpenGl
42.20 fps
CPU
3.39 pts
CPU (Single Core)
0.88 pts
Memory Read
8489
Memory Write
6833
Memory Copy
8157
Memory Latency
51.8
CPU Queen
22702
CPU PhotoWorxx
16129
1920x1080 (High, no MSAA)
65.5 fps
1920x1080 (High, 4x MSAA)
55.3 fps
1920x1080 (High, 4x SSAA)
34.2 fps
1920x1080 (Ultra, no MSAA, no SSAO) S.T.A.L.K.E.R CALL OF PRIPYAT 1920x1080 (Ultra, 2x MSAA, 3x SSAO)
FAR CRY 2
DIRT 2
ALIEN VS PREDATOR
Day
69.0
Night
67.0
Rain
73.0
Sun Shafts
39.0
Day
36.0
Night
32.0
Rain
34.0
Sun Shafts
21.0
1920x1080 (Ultra High, no AA)
75.29 fps
1920x1080 (Ultra High, 8x AA)
59.34 fps
1920x1080 (Ultra High, no AA)
55.6 fps
1920x1080 (Ultra High, 8x QSAA)
53.8 fps
1920x1080 (Ultra High, SSAO on, 1x MSAA)
41.1
1920x1080 (Ultra High, SSAO on, 4x MSAA)
26.3
click декември 2010 21
click/хардвер/lg_flatron_e2260v-pn/
Апсолутно...тенко! Стилски и допадлив, но не и универзален ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: LG www.lg.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Риверсофт www.riversoft.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Дизајн Острина на приказ Одлична униформност на боите Поголема толеранција на измена на аголот на гледање Цена Испраност на боите при играњето игри и гледањето видео Приметлива мрзеливост на екранот во сцени богати со ефекти ЦЕНА
• 12.689 денари
У
ште еден модел на монитор со LED заднинско осветление е пред нас – очигледно, работите се движат во таа насока. Збогум CCFL? Секако, редно беше. Веќе говоревме за предностите на заднинското LED осветлување, па сега нема да се задржуваме на тој момент. LG E2260V-PN е дизајниран така да ретко кого би оставил рамнодушен. Во ред, навикнати сме на тоа кога е во прашање LG, но сепак, футуристичкиот изглед во средната класа монитори сепак не е нешто што доминира. Прво што ќе ви падне в очи кога ќе ја отворите кутијата во која е запакуван се димензиите на мониторот, поточно неговата „дебелина“, ако може така да се рече – „цели“ 1.3 cm! Да, и уште
за нагодување се сместени на долниот раб, а нивната позиција е означена со диоди, и тоа само кога се активни. Активноста или состојбата на мирување се индицираат со сино осветлување поставено централно, кое се рефлектира на горниот раб на косо поставениот држач од постаментот, па визуелно се зголемува. Некому ќе му се допадне, но веруваме дека на повеќето ќе им „боде очи“. Ова можеше да биде и подобро решено. Дијагоналата е 22“, односно 21.5“ ефективни. Full HD резолуцијата на оваа дијагонала повлекува помали димензии на пикселите, што резултира
Веројатно еден од најтенките монитори кои сме ги имале на тест може да се пофали со одличен и остар приказ на сликата, одлична униформност на боите и поголема толерантност на промена на аголот на гледање
ОЦЕНА
7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
добро Не е за пасионирани играчи на игри. Добар за секојдневна употреба, во секој случај.
30 click декември 2010
толку во долниот дел, каде што се вградени приклучоците. Јасно е дека напојувањето се изведува преку екстерен адаптер. Кон постаментот се приклучува фиксно, па единствено можно нагодување е по хоризонталната оска. Рамката околу него ги следи тенките димензии, па визуелно, екранот делува поголем одошто е. Хармонијата на линиите не е нарушена со ниту еден детаљ. Поради тоа, копчињата за пристап кон опциите
со исклучително остар приказ на сликата. Не е изоставен HDMI приклучокот, што е детаљ за пофалба. Тука се уште и VGA и DVI, како и излезот за слушалки. За квалитетот на приказот не можеме да говориме во глобала. За класична употреба (домашно користење, Office апликации, Corel, интернет, музика, преглед фотографии и видео записи) нема да ви треба ништо повеќе од него, и тука немаме замерки. Сосема друга приказна
се играњето игри. Иако деклариран со 5ms време на одѕив на пикселите, се забележува одредена мрзеливост кај сцените богати со интензивни и нагли движења, експлозии или ефекти со чад. Забележлива е и одредена испраност кај боите....делуваат побледи отколку што реално треба да изгледаат. Ова е поизразено при гледањето на филмови (приклучено на DVI интерфејс). Поединечното нагодување на боите (вредност 63-65) донекаде ја подобрува сатурацијата на боите, но сепак не којзнае колку. Што се однесува до униформноста на боите во целина немаме замерки. Кај тестот на црната боја е забележливо едвај мало пробивање на заднинското осветление, но тоа не е изразено како
кај други модели на монитори кои досега сме ги тестирале. Геометријата и исписот на колорните палети се беспрекорни, како и рамномерноста на осветлението. Аголот на видливост е деклариран на 170о хоризонтално, и воглавно – тоа е тоа. Вертикалниот агол на видливост е нешто помал, 160о. Занимлив детаљ бележиме токму тука – боите почнуваат да се затемнуваат дури кога кон мониторот гледаме од висина на долниот раб (а тоа се петнаесетина сантиметри од центарот). Плус за мониторов, со оглед дека кај голем број модели од други производители толеранцијата на промена на аголот на видливост е помала, или пак симболична. Што друго да искоментираме? Да, цената. Едноставно – превисока, со оглед на дијагоналата и нашите забелешки. Тоа што е вграден TN панел не е оправдување за послабите перформанси во игрите – други модели со исти такви панели се покажале и подобро. l (Зоран Ивановски)
СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА
3 години
Дијагонала и резолуција
22“, 21.5” ефективни, 1920x1080, Full HD
Контраст
5.000.000:1 динамички
Осветление
LED, 250 cd/m2
Време на одѕив
5 ms (сива палета)
Интерфејси
HDMI, DVI, VGA, аудио излез за слушалки
Потрошувачка
26W (1W во мирување)
Димензии и тежина
51 x 38.7 x 3 сm (ш/в/д), 2.27 kg
click/хардвер/
ViewSonic VA2431wma Малку пари, многу слика
Ж
елбата и потребата за поголем видлив простор, односно поголем екран, е присутна кај секој компјутерски корисник. Кај преносниците, еден од недостатоците е ограниченоста на димензиите на екраните. Но овој недостаток е корегиран со тоа што секој преносник на себе има 15-pin VGA порт, преку кој се овозможува приклучување на надворешен монитор. Поради оваа причина, на пазарот се појавија модели, со релативно ниски цени, но слични карактеристики како на стандарден монитор. Во продолжение ќе ве запознаеме со ViewSonic VA2431wma, еден од претставниците на оваа буџет-класа монитори. Пакувањето е со стандардна содржина. Покрај панелот, кој е поставен помеѓу два потпорни стиропори, се вклучени и постаментот, неопходните кабли за поврзување, односно кабел за напон и VGA кабелот, додека во посебна кесичка се сместени документацијата, медиумот со потребните драјвери и алатки и додатниот аудио кабел за поврзување со звучна
картичка. Лесно забележливи се димензиите на мониторот, кој со својот 23.6-инчен панел и постаментот, зафаќа простор од 562.3 mm x 426.2 mm x 213.4 mm (WxHxD) и тежи 5.1 килограм. Куќиштето
дел од рамката на дисплејот е со мазна површина со сјаен финиш и е украсена со името на производителот во средината на долниот раб. Веднаш подолу, под сигналната диода, се сместени кон-
Префиксот “VA” на името, означува дека мониторот е припадник на value, односно буџет класата, со што истиот трпи одредени ограничувања во поглед на приклучоците и карактеристиките на мониторот е со класичен дизајн, изработен од пластика со црна боја и ситно зрнеста површина. За разлика од остатокот од површината, предниот
СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА
3 години
Дијагонала
23.6“ (16:9)
Контраст
100000:1 динамички, 1000:1 статички
Осветление
300 cd/m2
ВРЕМЕ НА ОСВЕЖУВАЊЕ
5 ms
ПРИКЛУЧОЦИ
15-pin VGA
МАКСИМАЛНА РЕЗОЛУЦИЈА
1920 x 1080, Full HD, 1080p
Потрошувачка
55 W (0.5 W во мирување)
ДИМЕНЗИИИ и ТЕЖИНА
562.3 x 426.2 x 213.4 mm, 5.1 Kg
тролите за нагодување на сликата преку едноставното OSD мени кое е достапно на 11 јазици. Префиксот “VA” на името, означува дека мониторот е припадник на value, односно буџет класата, со што истиот трпи одредени ограничувања во поглед на приклучоците и карактеристиките. Бројот на приклучоци е сведен на минимум, па затоа кај VA2431wma се присутни само приклучокот за напон, еден 15-pin mini D-sub (VGA) приклучок и еден аудио приклучок. Една од предностите кај овој модел се двата вградени звучници со моќност од 2W, кои иако со мала моќност, ќе ви обезбедат
некаков звук доколку немате надворешни звучници. Како што беше наспоменато во почетокот, се работи за монитор со 24-инчен Active-matrix TFT екран во 16:9 widescreen формат. Површината со матиран anti-glare финиш овозможува намалено рефлектирање на светлина од страна на екранот. ViewSonic VA2431wma е Full-HD компатибилен, односно неговата максимална поддржана резолуција изнесува 1920 х 1080 пиксели. Солидниот квалитет на прикажаната слика е овозможен преку 1000:1 (статички) и 100000:1 (DCR, Dynamic Contrast Ratio) контраст, осветленоста од 300 cd/m2 и можноста за прикажување на 16,7 M бои. Истата е видлива под агол од 170 степени по хоризонтала и 160 степени по вертикала, има димензија на пиксел од 0.2715 × 0.2715 mm и се освежува на секои 5 ms. При нормална работа, мониторот има потрошувачка од 50 W (55 max), додека во save-mode режим троши минимални 0.5 W. За ViewSonic VA2431wma може да се каже само едно, вреди за секој денар вложен во него. Недостатокот од DVI и HDMI приклучоците се сосема оправдани од цената на истиот, додека пак од друга страна добивате 24-инчен дисплеј со Full-HD (1080p) резолуција. Доколку имате TV-Tuner картичка, можете било кој постар систем да го претворите во TV приемник со 60 cm екран, или приклучете го на вашиот преносник и препуштете се на Full-HD уживањето. l (Димитровски Мирослав]
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: ViewSonic www.viewsonic.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: NIKO Компјутери www.niko.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Едноставен дизајн 1080p FullHD поддршка Цена Отсуство на DVI и HDMI приклучоци
ЦЕНА
• 11.490 денари
ОЦЕНА
8,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
многу добро Одлична слика и добар звук, недостасуваат само повеќе приклучоци
click декември 2010 31
42 44 46 48 50
Совршен дигитален изглед Брзо решение за секојдневните проблеми Алатка против фрустрации Kaspersky Parental control 2011 Украсување на работната околина со Widgets
52
How to - Како да направиме стилизиран снежен текст во Photoshop
click/софтвер/ Совршен дигитален изглед MakeUp Instrument – вашиот нов стилист ИНФО
• НАСЛОВ: MakeUp Instrument • ВЕРЗИЈА: 4.3 • ИЗДАВАЧ: Timur Fatykhov • ЛИЦЕНЦА: беспалтна за проба • ПЛАТФОРМА: сите • URL: http://www.makeupinstrument. com ЗА И ПРОТИВ
Едноставна употреба Ефикасни алатки за брза корекција на недостатоци Графички ориентиран избор на алатки Опции за доработка во други апликации Пробната верзија не дозволува снимање на сликите Нема македонска верзија Добро би дошле повеќе алатки за базична манипулација со фотографиите ЦЕНА
• 39,95 долари
Н
е ви се допаѓа како изгледате на фотографиите? Кожата ви е жолтеникава и нема никаков сјај, шминката ви е размачкана, очите ви изгледаат уморно? Не грижете се, истите проблеми ги мачат и најубавите манекенки и најпознатите актерки. Но тие покрај стилистите кои се грижат за нивниот изглед при секое појавување во јавност, имаат и дигитални помошници кои успеваат да ги направат совршени. И не, тоа не е Photoshop иако и оваа алатка игра огромна улога во начинот кој сите тие познати фаци се претставуваат пред јавноста. На пазарот постојат специјализирани алатки наменети за корекција на специфични елементи на дигиталните фотографии.
Жените се експерти, но мажите најчесто ја имаат задачата да ги нашминкаат дигитално. Затоа интерфејсот е организиран околу слики
Алатката која ќе ви ја претставиме во продолжение, може слободно да ја наречеме дигитален стилист. Без разлика на тоа каков ви бил денот кога е
направена фотографијата, со оваа едноставна апликација за кратко време ќе можете да изгледате совршено. MakeUp Instrument е наменета за корекција на
шминка и недостатоци на лицето и косата, па според тоа содржи и соодветни алатки како што се кармин, моливче за очи, руменило, подлога и слично, кои се повику-
ОЦЕНА
9,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одлична апликација за сите кои вршат доработка на дигитални фотографии
42 click декември 2010
На десен клик на козметичката торбичка се отвора мени со алатки за уредување на сликата и основни корекции на фигурата
Во зависност од површината која се обработува се дефинира и големината на четката
click/софтвер/ ваат со кликнување на соодветниот производ сместен во или околу козметичката торбичка. Можам слободно да кажам дека ова е еден подобрите начини на селекција, пред се затоа што се работи за специфична област во која жените се експерти, но мажите се најчесто оние кои ги прават корекциите. Можеме да дебатираме, до недоглед, но навистина е небитно зошто некој не може да ја запамети разликата помеѓу подлога и руменило. Во овој случај е важно и едните и другите да можат да ги одберат соодветните алатки и да ја завршат работата. А тоа најчесто се случува брзо и ефикасно дури и кога апликацијата се користи прв пат. Како што кажав интерфејсот е графички ориентиран и е извонредно едноставен и интуитивен. Можеби на посериозните дизајнери и графичари ќе им делува шарен, нападен непрофесионален и премногу женски, но нека не ве залажува изгледот. Опциите и функционалностите кои ги нудат алатките знаат да направат чуда. Внесот на фотографиите во MakeUp Instrument можете да го направите со помош на технологијата повлечи и пушти, со помош на опциите копирај и залепи и со импортирање. Апликацијата може да се справи
Со неколку потези на четката од лицето ќе се отстранат сите недостатоци
со скоро сите познати формати на слики, а има опции и за до обработка на PSD датотеки. Бидејќи интерфејсот е конципиран графички, козметичката торбичка е земена како основен елемент и од неа всушност и треба да започне обработката на фотографијата. На десен клик на торбичката се отвора мени со алатки со кои можат да се направат базични уредувања на целата фотографија, како што се изострување, заматување, промена на димензија и позиција, осветлување и контраст, дефинирање на текстура на кожата, а од ова мени можат да се изберат и алатки за отстранување на цели елементи од сликата како што се тетоважи, бемки, младежи и слично. Секоја од алатките за
корекција или нанесување на шминката овозможува дефинирање на големина на четки-
и начинот на корекција на недостатоците. На почетниците, додека не ги совладаат основните
Не ви се допаѓа како изгледате на фотографиите? Кожата ви е жолтеникава и нема никаков сјај, шминката ви е размачкана, очите ви изгледаат уморно? Не грижете се, истите проблеми ги мачат и најубавите манекенки и најпознатите актерки. Но, и за овој проблем постои решение. Со MakeUp Instrument за кратко време ќе можете да изгледате совршено на секоја фотографија те, контраст, колорна палета, осветлување и сл. Оние кои работеле со Photoshop и сличните апликации за графичка обработка навистина многу брзо ќе можат да се прилагодат на алатките
Со помош на алатката за дефинирање на фигурата секоја диета може да изгледа делотворно
потези сигурно од голема помош ќе им биде алатката за зумирање, со која ќе можат да го доближат делот на кој работат корекции и да бидат што е можно попрецизни. Ова е посебно истакнато кај
алатките за корекции и нанесување на елементи на шминка кај очите. Кога сме веќе кај очите, мора да се спомене дека за секој елемент од шминката постои посебна алатка (моливче, сенка, маскара за очи ) а постои опцијата и за промена на бојата на очите. Од алатките за корекција на текстурата на кожата, мошне интересни и ефикасни се оние за измазнување и секако опцијата за додавање на сјај која овозможува гламурозен изглед. Устата се коригира со помош на различни видови на кармини и моливчиња, а постои опција и за корекција на бојата на забите. Иако на оваа апликација во прв план и е лицето, сепак додадени се и неколку алатки за корекција на косата. Интересна е опцијата за дигитално миење на косата со што се добива волумен и се „чистат“ сите прашинки кои се видливи. . MakeUp Instrument можете бесплатно да ја преземете и да ја пробате, но мора да ви нагласам дека во пробната верзија е онеспособена опцијата за зачувување на сликите кои сте и обработиле. Доколку сепак ви допадне тоа што ќе го добиете како краен резултат, апликацијата можете да ја купите од страницата на производителот. l (јулијана прчковска]
Брзо миење на косата и поправање на шминката. Со вистинските алатки и тоа е можно
click декември 2010 43
click/софтвер/Kaspersky Parental control 2011/
Родителска контрола со високи стандарди Kaspersky Parental control 2011
З
имскиот и летниот распуст се најсаканите годишни времиња за учениците. Родителите се на работа, тие се дома. Компјутерот е вклучен и состојбата е како да сте ги оставиле сами да ја преминат најфреквентната улица на која нема ниту пешачки премин ниту семафори. Опасностите демнат од сите страни, а вие имате две опции: можете да
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Kaspersky www.kaspersky.com • ЗАСТАПНИК: Кабтел www.cabtel.com.mk
снајдат и почетниците, а од друга страна енџините кои работат во заднина се толку моќни што можете комплетно да им ја доверите сигурноста на најмалите додека вие не сте до нив. Во оваа прилика подетално ќе ве запознаеме со модулот за родителска контрола на Kaspersky, кој е дел од пакетот Internet Security 2011. По инсталацијата на
Интернет е најголемиот медиум на денешницата. Без него најмладите не можат да си го замислат својот живот, но тој во исто време крие и големи опасности. Наша задача е да им овозможиме на најмладите пристап до сите корисни информации, а во исто време да овозможиме тие да бидат сигурни и кога се онлајн. Користењето на алатки како што е Parental Control на Kaspersky е наједноставниот начин за креирање на сигурна околина
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одлична заштита за најмладите
48 click декември 2010
стравувате што прават вашите деца на интернет додека вие не сте дома или пак можете да бидете проактивни, да го регулирате она што вашите деца го прават и го гледаат на интернет и спокојно да ги оставите да се забавуваат. Доколку мислите дека втората опција од вас бара да завршите факултет за информатика, не сте во право. Модулите за родителска контрола, во последниве години се сведени на неколку едноставни прилагодувања со кои можат да се
пакетот, во поставките на интерфејсот потребно е да го изберете модулот
Интерфејсот на модулот е едноставен и лесен и за почетниците
Parental Control по што започнува процесот на нагодување на условите под кои секој корисник ќе може да сурфа на интернет и да го користи компјутерот. Најпрво родителот, во улога на администратор ќе треба да формира своја лозинка со која понатаму ќе може да пристапува до соодветните модули и да прави проверки и промени. Откако ќе го постави својот кориснички профил, на ред се останатите корисници кои во одредени сегменти ќе имаат ограничен
Извештај од посетените веб страници
пристап. За секој од останатите корисници на компјутерот е потребно да се креира посебен кориснички профил кој се препознава по име односно псевдоним и слика. Откако ќе се постават овие основни параметри, следуваат поставките за користење. Иако Parental Control на Kaspersky е дел од пакетот за заштита, мора да кажеме дека тој ги содржи сите компоненти кои ја опфаќаат родителската контрола. Има повеќе алатки со кои може да се регулира комплетното користење на компјутерот и користењето на интернет. Но да одиме со ред. Еден од најголемите проблеми кога ќе ги споите децата и компјутерот во една реченица е времето. Наместо да ги губите нервите заради тоа што децата поминуваат премногу време пред компјутер, со помош на соодветната алатка за секој корисник посебно, може да се регулира точното време кое може да го помине пред компјутер
click/софтвер/Kaspersky Parental control 2011/
Секој корисник добива профил со лозинка и слика
за секој ден од неделата. Откако ќе го решите проблемот време, на ред е регулирање на делот на апликации. Повторно на табела, можете да дефинирате, во кој ден од неделата и во кој временски период, кои апликации можат да се користат. Ако дефинирате дека игрите можат да се вклучат за викенд, тогаш можете да бидете сигурни дека во текот на работната недела, децата нема да имаат пристап до игрите. Контролата за користење на интернет како сервис е поделена во неколку сегменти. Најпрво се регулира времето кое може да се помине на интернет. Следен сегмент се содржините кои можат да се прегледуваат. Со помош на алатката за содржини може да се блокираат одредени категории на страници кои содржат несоодветни содржини, а дополнително и вие како родител можете да дода-
дете страници кои не се категоризирани, но кои сметате дека несоодветни за вашите деца. По регулирањето на содржините, на ред е регулирањето на преземањето на датотеки. Разните игри, филмови
Пристапот кон одредени страници може да се блокира
или музички датотеки често се најлесниот начин за преземање и на малициозни кодови. Дополнително доколку дозволите неограничено преземање, можете да завршите со висока сметка за интернет или пак со диск полн со несоодветни содржини. Затоа можете точно да регули-
Може да се забранат страници со несоодветни содржини
рате што се вашите деца може да преземаат од интернет додека вие не сте крај нив. Социјалните мрежи како што е Facebook се многу популарни меѓу најмладите, но факт е дека тие кријат огромни опасности. Во модулот за родителска контола постои посебна алатка за регулирање на однесувањето односно пристапот на социјалните мрежи. Друг многу популарен сегмент кој е опфатен со посебна алатка се сервисите за размена на кратки пораки. И овде можете да го регулирате пристапот до ваквите сервиси, или ако го дозволите можете да го регулирате однесувањето на корисниците. Пребарувањето на интернет е еден од поголемите проблеми, бидејќи страниците со резултати кои се добиваат, не секогаш се соодветни за деца. Во овој домен може да се регулира користењето на клучни зборови кои ќе иницираат блокирање на страници и сервиси кои ги содржат истите. Базата на зборови е голема и има можност да се надополнува, што е мошне згодно за нас кои не сме од англиското говорно подрачје. Нормално постои алатка за регулирање на пристапот до приватните податоци и спречување истите да се најдат онаму каде што не им е местото. Со оглед на тоа дека сите алатки се прилагодуваат со помош на волшебник, нивното конфигурирање е навистина брзо и едноставно. Бидејќи, како што напоменав погоре, родителот има улога на администратор, тој добива извештаи за однесувањето на секој корисник. Во тие извештаи тој може да види како се искористило времето поминато
Точно се дефинира времето кое може да се помине пред компјутер
Преземањето на датотеки од интернет е строго контролирано
Се следи и користењето на клиенти за кратки пораки
пред компјутер. Кои страници се посетени, кои работи се пребарувале, кои апликации биле вклучени. Овие извештаи ќе му помогнат да биде во тек со сето она што децата го прават, гледаат, пребаруваат и по потреба ќе му укаже дали некаде треба да ги “стегне“ контролите или пак дали некаде претерал. Интернет е најголемиот медиум на денешницата. Без него најмладите не
можат да си го замислат својот живот, но тој во исто време крие и големи опасности. Наша задача е да им овозможиме на најмладите пристап до сите корисни информации, а во исто време да овозможиме тие да бидат сигурни и кога се онлајн. Користењето на алатки како што е Parental Control на Kaspersky е наједноставниот начин за креирање на сигурна околина. l click декември 2010 49
click/интернет/
Модерна студена војна Google против Facebook во преземање територии
Н
езнам колку од вас играле Ризик (игра со фрлање коцки и заземање територии на мапа), но сета ситуација со Google и Facebook наликува на една таква игра. Единствената разлика е што целата ситуација се одвива во живо и не засега сите нас, корисниците на Интернет. Коцките се фрлени Facebook ги фрли коцките и отворено почна со „високо профилната“ игра каде располага со повеќе од 500 милиони корисници. Располага со артилерија од најмалку 300 милиони регистрирани корисници што го донирале својот телефон, адреса, е-пошта и дата на раѓање со пол. Така поткован со добра муниција почна да ја одбележува својата територија насекаде на Интернет со помош на копчето „Like“. Според Facebook во просек секој корисник има 130 пријатели. Ако е така, една информација споделена преку копчето „Like“ има голема веројатност автоматски да биде споделена со уште плус стотина луѓе. Google се заштитува Во очекување на потегот на Facebook, Google се подготвува уште од поодамна за ваквите случувања. Во моментов сите бројки се свртени кон Facebook, иако Google е значително појаката и поголемата страна. По обидите за проширување на хоризонтите во сферата на социјалните мрежи преку интернет сервисите Wave и Orkut, како и последниот обид Buzz, некако станува јасно дека на Google 58 click декември 2010
сака да се прикаже како добриот граѓанин, демек еве ние ги предупредуваме нашите корисници. До сега истото беше со ситни букви на дното на страницата обележано со ѕвездичка.
Главната струја што во моментов треба да донесе нов напредок на Интернет
му фалат адути за успех. Најблиску до корисниците стигна преку Gmail и YouTube, но тие се многу различни од Facеbook
адресирани контакти директно од Gmail на Facebook почна натегањето. Google почна да гради ѕидови околу таа
Според Facebook во просек секој корисник има 130 пријатели. Ако е така, една информација споделена преку копчето „Like“ има голема веројатност автоматски да биде споделена со уште плус стотина луѓе или Twitter. Во моментот кога Facebook почна да ги користи информациите од корисниците за рекламни цели со значително поголема ефикасност, Google AdSense доби сериозна конкуренција. Како одговор на сето тоа Google почна да го штити тоа што го има: бројот на регистрирани корисници на е-пошта Gmail и YouTube. Когa Facebook го направи првиот налет за пренесување корисници и нивни
активност. Но затоа и Facebook не овозможува споделување на контакти
за корисници со Google и сега кога правите некаков пренос на вашите информации од Gmail членство на Facebook имате неколку предупредувања од Google, а од Facebook за назад нема. Таквите предупредувања за тоа каде ги давате вашите информации/ податоци и што ќе се прави со нив не може да биде во едно „I Agree“, туку е спакувано како предупредување. Е сега јасно е како ден, дека е ова поледица на нивната кавга во која Google
Пред вратите на корпорацијата Google
Facebook со ниски удари Во активностите на Facebook најдобар показател за насоката во која се движат е прилепувањето кон Microsoft и соработката со нив, а со тоа прилично оддалечувајќи се од Google. Microsoft располага со корисници што одговараат на профилот погоден за Facebook. Тоа му овозможува на социјалниот пристап побрзо да се рашири и да добие на квантитет. Начинот на кој го прави тоа Facebook е многу сличен со тоа што на времето го правеше Microsoft. Иако е наменето и зависи од корисниците, најважно е да се манипулира со нив и на тој начин да се стигне до саканата цел, односно продажба на рекламен простор во квалитетно избрани целни групи и соодветна содржина. Таквата статистика, со толкава точност е многу голема вредност денес. Се работи за потенцијален пазар каде што точно знаете каде да пласирате
click/интернет/ производ и неговата веројатност за да се продаде е огромна. Плус начинот со одбележување на територија од надворешни интернет извори е проширување на таа комуникација со потенцијалните клиенти-корисници. Имајќи ги падовите на злоупотребата на податоците за корисници сепак Facebook, иако во моментов е во поповолна позиција од Google, не може да се натпреварува со некој што е гуру на интернет сцената. Патетиката на Facebook
Новите канцеларии на Facebook
се одразува со изјавите од типот google.com е демоде интернет страна и затоа ставете ја facebook. com како прва страна во интернет прелистувачот. Со започнувањето на соработката со Skype за користење на опциите за видео конференцијии директно од страницата на Facebook и последната вест за создавањето на алтернативен сервис за електронска пошта што ќе гласи korisnik@facebook. com е јасен контра удар директно на територијата на Google. Да, можеби тоа ќе расклацка сериозни столбови кај Googlе, но затоа Google Me ќе биде следното копче што ќе почнеме да го гледаме насекаде каде што ќе
посетуваме содржина на Интернет. Разврска Каква ќе биде раз-
врската зависи од нас, корисниците на тие услуги. Дали ние ќе овозможиме едната страна да надвладее или со нашите активности ќе направиме еден баланс помеѓу овие два поларитети останува на нашата колективна свест. По последниве случувања, голем број на звучни имиња вработени во Google се префрлија во просториите на Facebook. Силиконската долина е прилично расклатена од овие збиднувања. Како одговор на тоа Google даде покачување на сите вработени за 10% и плус
1000 долари бонус. Кон оваа, за Google неповолна состојба придонесоа и неуспешните инвестирања во некои продукти што беа пласирани на Интернет во последните две-три години. Таквите неуспеси и стагнации се покажаа како појаки затресувања во фирмата. Се зголемија препукувањата од страна на Facebook со кои што се девалвираше и работата на Google со слободниот софтвер. Демек Google допринесуваат кон отворен код само ако тоа го прават сите други. Но дури и да е така плачковски како што изгледа, Facebook e цело ниво под Google во развој таа свест и затоа не може таквите изјави да ги сфаќаме сериозно. Facebook нема кредиби-
литет во таа област за да му ги сфаќаме таквите „експертски“ изјави здраво за готово. И така во тој вртлог што го создаваат на интернет - Facebook кој што сешто привлекува кон него,и Google од друга страна кој веќе добро ја разбира играта и е навистина стар играч, корисниците ќе бидат во многу интересна позиција. Освен што ќе треба да ги користат нивните услуги со максимална внимателност, треба да бидат свесни дека со сите податоци со кои располага некоја од овие компании, било каква промена во нивната политика ќе рефлектира директно врз нивните едноставни животи. Затоа треба да постои свесност за таа Интернет игранка и со какви последици може да биде по самите корисници. Во случајов, бројот на корисници се обработува како податок за обработливо земјиште што може се анализира на ниво на нива. Но импликациите нема да бидат така безболни и сезонски, тие се директно поврзани со сите тие душички што ги си донирале тие лични информации за сега да бидат обработувани на таков неблагодарен начин. l (Благој Капсаров]
Корисниците и начинот на кој истите се третираат
click декември 2010 59
click/интернет/
Сите белешки на едно место www.corkboard.me- виртуелната табла
Едноставна интерактивна табла на која можете да си оставате пораки како потсетници за вашите обврски, но и како пораки за вашите пријатели
Г
олеми, мали, плутани, метални дрвени, таблите за белешки се составен дел од секоја канцеларија или работна соба. Доколку сепак немате нешто
тавна веб апликација која претставува виртуелна плутана табла. Соодветно на тоа е изведен и дизајнот. Единствено што недостасува се малите шарени иглички
Можеби на прв поглед овој сервис ќе ви изгледа смешно и нема да му најдете голема примена. Но сепак размислете колку би било интересно, наместо обична роденденска честитка некому роденденот да му го честитате со порака на една ваква табла такво, претпоставувам дека ливчиња лепите на секаде. На монитор, на лаптоп, на работната маса. Се разбира, има и поелегантни и пософистицирани решенија, но ова кое ќе ви го претставиме во продолжение е пред се интересно. Corkboard.me е еднос62 click декември 2010
со кои би се закачувале жолтите ливчиња. Наместо тоа, тие се појавуваат со едноставно кликнување на површината на таблата. Со еден клик се добива ливче на кое се пишува пораката, со кликнување и задржување, ливчето може да се движи по
површината на таблата и на тој начин може да го позиционирате каде што ви одговара, или пак подоцна да ги групирате според одредена тема или намена. При запишувањето на пораките, за сега е пожелно да се користите
со латиница за да не ви се случи на следното отворање на таблата да добиете прашалници. Она што е интересно кај оваа апликација е опцијата вашите белешки да ги споделите со вашите најблиски со едноставно испраќање на линкот. Всушност целата апликација е релативно отворена. Уште при првото отворање на страницата ја добивате вашата табла и уникатна адреса која се појавува на дното на страницата. Овој линк е потребно да го сочувате за да можете да и пристапите на таблата од било кое место. Дополнително со споделување на линкот помеѓу вашите пријатели, можете и да ги споделите белешките или да им дозволите и ним да оставаат белешки на вашата виртуелна табла. Оваа апликација е во почетна фаза од својот развој и поради тоа листата на опции кои недостасуваат е поголема од оние кои се присутни. На пример убаво би било доколку има опции да
се изберат различни бои за ливчињата и на тој начин да се направи некаква поделба помеѓу белешките. Или пак кога истата табла ја користат повеќемина, со различна боја би можело да се знае која белешка чија е. Исто така би можело да се додадат и опции за различни фонтови и стилови со што дел од пораките би биле повидливи, полични и сл. Секако задолжително треба да се додаде опцијата за снимање на пораките, затоа што со затворање на лепенката, истата се брише од таблата. Можеби на прв поглед овој сервис ќе ви изгледа смешно и нема да му најдете голема примена. Но сепак размислете колку би било интересно, наместо обична роденденска честитка некому роденденот да му го честитате со порака на една ваква табла. Идеи има многу, развој на сервисот следува и се надеваме за кратко време ќе видиме многу виртуелни табли полни со убави пораки. l [јулијана прчковска]
При првото конектирање, добивате линк кој е уникатен и се однесува на вашата табла
64
Нешто повеќе за .... Commodore
click/времеплов/ Нешто повеќе за ... Без нив светот ќе беше поинаков
C
ommodore е познато или користено име на компанијата Commodore Business Machines (CBM), производител на домашни компјутери и електроника базиран во Соединетите Држави во Вест Честер, Пенсилваниија. Оваа компанија одигра витална улога во развојот на компјутерите за домашна употреба и индустријата која во тоа време се развивала околу нив. Commodore го разви и продаваше Commodore 64, најпродаваниот десктоп компјутер во светот.
Историја Компанијата која подоцна ќе стане Commodore Business Machines, Inc. е основана во 1954 –та, во Торонто, Канада како Commodore Portable Typewriter Company од страна на полскиот емигрант Џек Трамел, еден од преживеаните од озлогласениот Аушвиц. Тој веќе работел свој мал бизнис во Њу Јорк поправајќи машини за пишување и возејќи такси, но успеал да потпише договор со Чехословачка компанија за производство на
Постарите читатели сигурно поседувале еден, помладите читале за истиот или можеби родителите им го покажале оставен некаде во некој зафрлен дел на таванот или подрумот, но едно е сигурно, голем дел од денешните информатичари му го должат професионалниот пат токму на него .... Commodore Колку е суров и превртлив пазарот на персонални компјутери само се потврдува со фактот дека компанијата прогласи банкрот во 1994 – та и од тогаш постоеја неколку обиди да се оживее, но сепак немаше некаков успех. Брендот успеа некако да се врати во 2005 – та, по неколку превземања со Yeahronimo Media Ventures Inc., SATXS Communications BV и Tulip Computers. 64 click декември 2010
машини за пишување, за која ги произведувал и продавал дизајните во Канада. Се преселил во Торонто за да започне со производство. Во доцните 1950 – ти напливот на Јапонски машини ги натерал Северно Американските компании да престанат со својот бизнис, но Трамел се префрлил на пософистицирани машини за сметање (машини кои биле слични на калкулатори, специјализирани
Џек Трамел го преживеа Аушвиц и создаде огромна армија на обожаватели на Commodore компјутерите. Голем дел од корисниците денес се професионалци во оваа индустрија
за сметководствени намери). Во 1962 - ра, неговата компанијата формално излегува на берзата во Њу Јорк под името Commodore International Limited. Во 60 – ите години се повторува историјата и Јапонските сметачки машини се појавуваат на пазарот. Главниот инвеститор на компанијата Ирвинг
Гоулд го праќа Трамел во Јапонија за да разбере како да се натпреварува со тамошните компании. Наместо да го направи тоа Трамел се враќа со нова идеја, како да произведува електронски калкулатори кои тукушто започнале да се појавуваат на пазарот. Наскоро Commodore добива профитабилна
click/времеплов/History_of_Commodore/ финансиски средства. Трамел ги користи тие средства за да во 1976 – та купи неколку добавувачи на чипови, меѓу кои и MOS Technology Inc. со цел да го осигура дотокот на делови. MOS Technology Inc. беше купена само под услов главниот дизајнер на чипови Чак Педл да му се приклучи на тимот на Commodore и да стане главен директор во одделот за инженерство. Од кога Чак Педл го превзема отсекот за инжеПо превземањето на отсекот за инженерство Чак Педл нерство успева успева да го убеди Џек Трамел дека компанијата треба да се да го убеди Џек насочи кон домашните компјутери Трамел дека каллинија на калкулатори и станува кулаторите се заборавени уреди еден од популарните брендови и дека компанијата треба да го во 1970 –ите. Произведуваше сврти своето внимание кај домашосновни или калкулатори за општа ните компјутери. Чак Педл веќе го употреба и научни или програмиспакувал својот постоечки KIM 1 билни калкулатори. (компјутер со една плоча) во меВо 1975 – та Texas Instruments , тална кутија заедно со комплетна компанијата од која Commodore ги QWERTY тастатура, монохроматски купуваше деловите за калкулатори монитор и касетофон (користен за влезе на пазарот со своја линија вчитување и чување на програми) на калкулатори кои беа поевтии го нарекол Commodore PET ни од цената која Commodore ја (Personal Electronic Transactor). Од плаќаше за деловите. Инвеститодебито на PET во 1977 – та година рот Гоулд повторно требаше да ја Commodore станува компјутерска спасува компанијата со додатни компанија.
VIC-20 имаше цена од 299 долари и се продаваше во големите маркети. Ова е првиот компјутер кој се продаде во повеќе од милион единици
Една година пред тоа Commodore International Ltd е реорганизирана како компанија, ја преселува својата главна канцеларија на Бахамите, а производството во Вест Честер, Пенсилванија, блиску до местото каде се наоѓаше MOS Technology. Центарот за развој и истражување го задржа името Commodore Business Machines Inc. PET линијата на компјутери примарно се користеше во училиштата и поради својот метален дизајн
САД. Агресивната маркетинг кампања која Commodore ја водеше даде резултат, VIC-20 беше првиот компјутер кој се продаде во повеќе од милион единици. Додека траеше животниот циклус на оваа машина беа продадени околу 2.5 милиони единици. Следува светската слава Во 1982–та Commodore на пазарот го претставува Commodore 64, наследниокот на VIC-20. Благо-
Во 1982 година на пазарот се појави легендата, која им го насочи животот на многумина Commodore 64
Од дебито на PET во 1977 – та година Commodore станува компјутерска компанија
и тежина немаше голема мобилност и разновидна употреба. Исто така, таму каде што беа потребни добрата графика и звук овој компјутер не се прослави. Сето ова беше земено во предвид кога се произведе VIC-20, се продаваше по цена од 299 американски долари во продавниците за широка потрошувачка во
Некогаш програмите се снимаа на касети
click декември 2010 65
68 70 71
Need for Speed: Hot Pursuit World of Warcraft: Cataclysm Super Meat Boy
click/игри/
it u s r u P t o H d e e p S r o f Need такл експлозија од брзина и спек
ИНФО
• Need for Speed: Hot Pursuit • ИЗДАВАЧ: Electronic Arts • Развој: Criterion Games • ПЛАТФОРМА: PlayStation 3, Windows, Wii, Xbox 360, iPhone • URL: http://hotpursuit. needforspeed.com ЗА И ПРОТИВ
Многу нови ексклузивни возила Графика и звук на највисоко ниво Спектакуларни судари Вметнати оружја и гаџети за изведување различни стратегии Autolog алатка за поврзување со пријателите и конкуренцијата на Интернет Многу модови за мултиплеер играње Нема можности за подесување и фарбање на колите
ОЦЕНА
одлично
68 click декември 2010
К
аква година за љубителите на игри со тркање и возење скапи коли. Феноменална е единствениот збор. По фантастично добрите Blur и Split/ Second кои ги уживаме во изминативе месеци, на крајот на годинава како цреша на врвот на тортата се појавува Need for Speed: Hot Pursuit. Ако има некоја игра која е синоним за целиот жанр тоа е токму Need for Speed серијалот. 16-то продолжение на најдобрата авто игра достапна за сите играчки платформи и многу повеќе, па така само за илустрација ќе ги споменеме PlayStation 3, компјутер и Xbox 360 кои би биле стандардните платформи и Wii и iPhone кои би биле егзотичните платформи за играње. Уште да ја направеа Need for Speed: Hot Pursuit достапна за Linux оперативните системи и се ќе беше комплетно (знам
Улици како писта со многу скратени патеки, паркови без многу шетачи и возачи кои ги прекршуваат сообраќајните правила во егзотични коли со 250 км/час дека многу бараме, ама мора да најдеме и некоја мана затоа што играта е совршена во секој друг поглед :-). Развојот на Need for Speed: Hot Pursuit им беше доделен на тимот
Criterion кои стојат позади одличниот наслов Burnout Paradise од пред две години. Логичната симбиоза која е
создадена помеѓу Burnout Paradise и Need for Speed серијалот е всушност Hot Pursuit. Кога би требало да се даде брзо и едноставно објаснување тоа би личело вака. 50:50 % сооднос на карактеристиките превземени од двете игри и направен сочен сендвич.
click/игри/Need for Speed Hot Pursuit/
Како што би можеле само да сонуваме, новата локација Seacrest County во NFS: Hot Pursuit е сосема “откачено” место. Улици како писта со многу скратени патеки, паркови без многу шетачи и возачи кои ги прекршуваат сообраќајните правила во егзотични коли со 250 км/ час. Концептот на тркачи и полицајци сме го виделе и во претходни игри од овој жанр но тоа никогаш не застарува, а доколку целиот концепт е направен на солидно ниво играта е адреналин за сите страствени возачи. Концептот на NFS: Hot Pursuit е совршено едноставен. Во испреплетена мрежа од патишта полицајците и илегалните тркачи возат Ламборџинија, Мерцедеси, Бентлија, Поршеа и други егзотични марки со брзини кои многу ретко кој вистински ги доживеал. Згора на ова можат и да се бркаат, да се удираат, да си фрлаат ленти со шајки, да повикуваат хеликоптери и да се бутаат од патот. И ако сето ова е малку, кога ќе се удрите во некого, влегувате во “забавена снимка” и добивате многу поени. Она што најмногу ми се допаѓа во NFS: Hot Pursuit е дека целиот фокус во играта е поставен на лудо возење проследено со многу акција и адреналин. При самостојното играње нема некоја значајна приказна, можеме во било кое време да играме или како полицаец или како тркач. Го зголемуваме рангот или нивото на бараност како што исфрлуваме возачи од патот, пролизгуваме низ кривините, возиме лудо низ семафори односно едноставно се однесуваме како возач-манијак. Притоа заработуваме поени за да отклучуваме нови коли или пак да го прошириме арсеналот со нови оружја или гаџети. Со напредување во играта отклучуваме и нови делови од мапата на Seacrest County.
Како што возиме, правиме судари, сечеме патишта и победуваме така напредуваме во играта, концептот е едноставен и функционира одлично. NFS: Hot Pursuit не е симулација, но колите сепак имаат различни карактеристики. Имено, за трки каде што ќе треба да изведувате многу судари во улога на полицаец најдобар избор би бил Bentley Supersports што е малтене тенк со кожни седишта. За брзи трки со многу маневри каде што треба да фатите некој многу спретен тркач најдобро е да користите нешто лесно и агилно како Pagani Zonda Cinque. Иако играта не е наменета за колекционери кои сакаат да ги собираат колите, да ги надградуваат или да ги фарбаат, на располагање се коли кои секој би посакувал да ги вози. Листата на возила кои се сретнуваат низ целата игра е долга но ќе ги споменеме неколкуте модели од највисокиот ранг како Lamborghini LP 670-4 SuperVeloce, Nissan GT-R SpecV, Bugatti Veyron, McLaren F1, Mercedes SLS AMG и Porsche Panamera. Екипата во Criterion имаат направено одлична атмосфера во NFS: Hot Pursuit како од графичка така и од звучна гледна точка. Пределите низ
кои возиме изобилуваат со детали, сообраќај кој навистина влијае на тркањето, временски ефекти кои се многу реалистични, згради и куќи покрај патиштата одлично обмислени и уште подобро
раме маркер на мапата при што ни се појавува листа на достапни настани. Избираме што сакаме да играме од таа листа и по кратка видео секвенца започнуваме со играње на тој настан. Како тркач
Како што возиме, правиме судари, сечеме патишта и победуваме така напредуваме во играта, концептот е едноставен и функционира одлично изведени. Доколку сакаме да ја разгледаме мапата на Seacrest County можеме да влеземе во Freedrive модот и да се возиме наоколу. Сонцето ќе заоѓа и ќе изгрева, времето ќе се менува а ние спокојно ќе си возиме затоа што овој мод е само за разгледување. Не може да се почне било каква трка или било каков друг настан во овој мод. Од звучна гледна точка, сите звуци на колите се скоро перфектни како што звучат и на улица или кога седиме на возачкото седиште. Музичката позадина исто така се менува во зависност од тоа што играме, а изборот на нумерите совршено одговара на амбиентот. Најголемиот дел од времето ќе го поминуваме во градење на кариерата. Самостојното играње го изведуваме на многу едноставен начин, изби-
имаме повеќе различни настани кои можеме да ги возиме како трка од точка А до точка Б, бркотница со полицајци, трка со други тркачи и наједноставните самостојни возења каде што треба да се направи најдобро време. Како полицаец главната цел е спречување на илегалните улични тркачи. Една од најважните и најзабавните карактеристики во NFS: Hot Pursuit е арсеналот на оружја кои ги имаме на располагање. Како полицаец имаме пристап до ленти
со шајќи, хеликоптери, ЕМР екплозии и блокади на патот. Секое оружје се користи во различна прилика за изведување на различни тактики. Како тркач имаме на располагање ленти со шајќи и ЕМР екплозии, а за разлика од полицајците имаме турбо и jammer кој ги исклучува оружјата на сите останати учесници на одреден период. Оружјата се здобиваат со тек на време и се солидно балансирани. Покрај одличната соло кариера тука се и уште поинтересните онлајн мултиплеер можности за тркање. За преглед и натпревар како со конкуренцијата така и со пријателите се користи новата Autolog алатка. Имаме листа со пријатели, можеме да гледаме статистики, да гледаме најдобри постигнувања итн. На располагање се неколку различни модови за играње со максимум 8 играчи кои можат да се играат и во тимови од полицајци и тркачи, а можат и да се играат и во стандарно самостојно тркање секој против секого. Има по нешто дури и за најпребирливите играчи. Need For Speed: Hot Pursuit е мелем за љубителите на тркачки игри. Колите и околината се фантастично изведени, сударите се спектакуларни, а оружјата и гаџетите само придонесуваат на динамичната бркотница. Без разлика дали сакате да играте соло кариера или уживате во мултиплеер предизвиците, Need For Speed: Hot Pursuit нуди незаборавна забава во супер брзини. l [Иван Манчевски]
Need for Speed серијалот добива уште еден пехар во својата колекција со Hot Pursuit продолжението. Многу забава и турбо адреналин во секој момент од возењето без разлика дали играте како полицаец или како илегален тркач. Имплементирани добро балансирани оружја и многу опции за мултиплеер играње, едноставно кажано најдобра тркачка игра за оваа година. click декември 2010 69