Click broj 26

Page 1

iPhone 4

Apple ги исполнува желбите Број 26 • ЈУНИ 2010 • www.clickmag.mk

преглед на преносни хард дискови

Visions Ќе го промени начинот на кој ги доживувате фотографиите

FIFA WC 2010 Најпребаруван настан во историјата на Интернет

многу терабајти на едно место

Alpha Protocol

јУНИ 2010 90 ДЕНАРИ

LG Flatron

MSI X-Slim X400

Apple iPad

Lexmark Platinum Pro

Full HD и ракошни бои

Новиот жилет на MSI

Пипка трепка

Ефтино а квалитетно

26


12 14 16 18 20 22 24 26 28

iPad MSI X-Slim X400 Notebook HP ProBook 4520s ASUS N61J Toshiba Satellite L500-1XZ Lexmark Platinum Pro905 Trust SoundForce 2.1 АMD Hexa-core Processors Toshiba Camileo

30 32

LG Flatron E2250T iPhone 4

click/хардвер/ Меракот нема цена Не мора да го сакате, но iPad е уред кој сигурно ќе го почитувате

3

000 000 или со букви три милиони продадени уреди е бројка и податок пред кои секој треба да се поклони. iPad не е многу работи и за сега не е убиец на преносниот компјутер но е дефинитивно еден од најдобро продаваните производи кој некогаш се појавил на пазарот на информатичка опрема. Несомнено го промени светот. Или барем начинот на кој некој го гледа светот. Од друга страна донесе и огромно

слики и спецификации на мал милион уреди слични на него. Можете да читате и читате, и да гледате слики, но верувајте ми, примената на ваквите преносни уреди ќе ја сфатите само и само кога уредот ќе ги имате в рака. Како напреден корисник, во новите типови на уреди отсекогаш ја барам практичната страна, затоа што сум убедена во тоа, дека за покажување пред околината постојат други

Официјално, овој производ се уште не е достапен во нашата земја. Сепак, оние најупорните веќе го имаат набавено, најчесто од Америка. Го имав во раце кратко време и во оваа прилика ќе ги споделам со вас првите впечатоци. За детален тест ќе почекаме уште некој месец, а до тогаш вие бидете во тек и размислете дали ваков уред е за вас. разочарување. Во секој случај на ваков производ не се останува рамнодушен. На интернет ќе најдете милиони натписи посветени на неговото величество iPad. Ќе најдете и огромен број на најави, 12 click јуни 2010

работи. Затоа, од самиот почеток бев убедена дека производ каков што е iPad, не може да ме воодушеви. Не дека не бев во право, ама не и дека бев. И покрај скептицизмот со кој му пристапив, со

својот дизајн и квалитетната изработка iPad ме освои на прв поглед. Како што Стив Џобс во неколку наврати кажа, тенденцијата на Apple е технологијата да ја доведе до совршенство. Екранот кој е вграден во iPad, заедно со софтверот за контрола се елементи кои се многу блиску до овој стадиум. Во својата кариера сум допрела многу екрани. Од првите таблет компјутери на Toshiba и Fujitsu Siemens, кои се контролираа исклучиво со стило, до последниот модел на Acer на кој играв игрички со помош на прстите, а тука се, се разбира и екраните на паметните мобилни телефони. Но, екран со толку високо ниво на чувствителност допрев прв пат во животот. Пипкатрепка. Без разлика на тоа дали се движите низ содржините или пишувате со помош на виртуелната тастатура, одзивот е во реално време. Нема доцнење, нема сецкање. И еден важен податок за припадничките на понежниот пол кои имаат долги нокти, контролата е подеднакво прецизна и едноставна и кога го допирате екранот со крајот на ноктите. Истиот

Чуствителноста на екранот е доведена до совршенство

е сериозно квалитетен и отпорен и воопшто не ви паѓа на ум мислата дека би можеле да го оштетите (што е случај со екраните на некои други уреди ). Уште нешто што сериозно добро функционира кај екранот на iPad е сензорот за амбиентално осветлување. Брз и прецизен. Се обидов да го зезнам, брзо менувајќи го амбиентот од затемнета просторија на отворено (во услови

на јако сонце) и мора да признаам дека за извонредно кратко време успеваше да го прилагоди осветлувањето на екранот на степен да ви е пријатно да гледате во него. Се разбира доколку му оставев повеќе време, осветлувањето автоматски се регулираше до “скоро идеално“. Кога погоре ја спомнав контролата на движењата, пред се на ум ми беше виртуелната


click/хардвер/ тастатура. Доволно е голема и прецизна за да може да сурфате или да го промените статусот на Facebook. За нешто подолго сепак е поедноставно и поприродно да се послужите со физичката тастаура. Од краткото дружење со iPad не може да се извлечат сите негови технички можности како што е издржливост на батеријата при различни оптеретувања или работење на различни апликации. Тоа се делови кои ќе ги оставиме за вистинскиот тест. Но она што дефинитивно го дознавате по само половина час дружење со овој уред е неговата вистинска

Во оваа прилика ви ги пренесуваме првите впечатоци. Чекаме да пристигне во редакција за да можеме да му направиме вистински тестови

примена и целната група за која е наменет. iPad дефинитивно не е уред за напредни гикови.

Не е уред кој може да ви го замени преносниот компјутер или десктопт. Покрај сурфањето на

него ќе можете да погледнете филм или видео клип и ќе можете да читате електронски книги да поиграте некоја игричка. Затоа овој уред е идеален за оние кои ја користат технологијата но не се зависни од неа. Тој е одличен придружник на долгите патувања, измислен е да го имате до себе додека седите на тераса и го пиете кафето и претставува одличен партнер на кој би читале во кревет пред да заспиете. И за крај она што навистина претставува

проблем кај iPad и сите останати уреди од оваа категорија. Со димензии од 242.8 mm х 189.7 mm изгледа како тетратка од А4 формат. Колкав и да ви е џебот не го собира, што значи дека за да го носите со себе, мора да имате соодветна торбичка. За да го заштитите од гребење потребно е да имате футрола, а со оглед на тоа дека се работи за голем екран кој ќе го допирате постојано, колку и да не сте педантерија, мора да имате соодветно крпче со кое од време на време ќе го бришете. Колку и да е убав на прв поглед, сето ова по кратко време почнува да иритира. l (Јулијана Прчковска)

New AVG Anti-Virus 9.0

Faster. Safer. Easier to use. AVG Internet Security Business Edition 9.0 Комплетна заштита за вашиот бизнис

Internet Security Business Edition e брза и интелигентна заштита, која нема да го забави Вашиот бизнис. Најнапредната заштита Internet Security Business Edition 9.0 ги обединува врвните техники за заштита од Интернет закани со усовршените технологии на антивирусната програма и firewall-от со што е единствена од таков вид. Вклучува и CD со алатки за управување на антивирусот.

AVG Anti-Virus Business Edition 9.0 Суштинска заштита за вашиот бизнис

Со AVG Anti-Virus Business Edition, добивате најсовремени можности за детална проверка, со високи перформанси, притоа не нарушувајќи ги ресурсите на системот. Дополнително на ова, ви следува и LinkScanner технологијата со усовршени “firewall” и заштита од „phishing”, се со цел вашиот бизнис да биде заштитен додека сте поврзани на Интернет. Лесен е за поставување, за одржување и управување. Вклучува и CD со алатки за управување на антивирусот.

click јуни 2010 13


click/хардвер/asus_n61_j/

СЕСТРАН И МОЌЕН Преносник кој овозможува задоволство во игрите ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: ASUS www.asus.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Сет Компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Дизајн  Одличен избор на процесор  Добра графичка секција  Добра аудио секција  HDMI интефејс  Мала резолуција на екранот  Малку премеки копчиња на тастатурата  Имитацијата на алуминиум донекаде го нарушува дизајнот ЦЕНА

• 46.500 денари

З

а добрите познавачи на номенклатурата на ASUS ознаката N асоцира на преносник од повисоката категорија, каде што дизајнот е искомбиниран со силна хардверска подлога. Таквата комбинација има своја цена, но тоа што радува е дека и оваа категорија преносници полека-полека станува се подостапна и за просечниот корисник. Пред нас е ASUS N61J, преносник кој нема лесно да ве остави рамнодушни, освен ако не сте од категоријата избрани (и ретки) среќници кои можат да се почестат со некој „поегзотичен“ модел на Alienware. Дизајн Пофалбите на сметка на дизајнот на ASUS преносниците веќе се стереотип, но сепак сме должни да кажеме понекој збор и за него. Пиано финишот е детаљ кој дава луксузна нота, која кај N61J е сосема на место. Додуша, со него може да се пофали само неговиот горен дел, оној во

Пиано финишот на горниот дел дава луксузна нота. Делот над тастаурата е украсен со имитација на алуминиум

микрофон. Ставањето во работна положба открива дека се водело внимание за детали. Прво, куќиштето на долната страна е изработено од поквалитетна пластика, дополнително дискретно гумирана, што дава подобро чувство

Core i5, Geforce 325M, 4 GB RAM… силни адути од сам старт. Дали се доволни? Можете да се кладите во тоа!

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Замижете на нашите забелешки и ќе видите беспрекорен уред. Навистина вреди за парите!

18 click јуни 2010

кој е сместен екранот, но тоа не е тоа што нервира. Нервираат неминовните отпечатоци на прстите кои остануваат по секое допирање на преносникот. Пиано финишот е изведен и околу екранот со дијагонала од 16“ (резолуција од 1366х768 пиксели), над кој се вградени web камера и

при допирот на дланките на работната површина. Тастатурата е со посебен нумериски дел и во целосна големина, но со минимално растојание помеѓу копчињата. Делот над тастатурата е изведен со имитација на алуминиум, за да се засили визуелниот ефект. Десно и лево на овој додаток

се вградени LE диоди, кои светат сино додека преносникот е активен, односно бело додека е во мирување. Тастерот за вклучување е со бело заднинско осветление, но токму тој детаљ делува по малку нападно... најверојатно поради големата осветлена површина. На левата страна се тастерите за намалување и засилување на звукот, директен пристап кон Media Center апликацијата и кон Power Management секцијата. Експанзиските можности се остварени преку три USB приклучоци и по еден eSATA и LAN. Стандардно, тука е и читачот за мемориски картички. Покрај класичниот VGA вграден е и стандарден по големина HDMI приклучок, што повлекува и HD аудио секција. И...тоа е тоа.

Простор за подобрување секако има. Еден FireWire порт не би бил одвишок, во секој случај...или уште еден USB… Поглед во внатрешноста Е, тука тешко дека можеме да најдеме замерка, ма колку и да се трудиме. Вградениот „bunch“ од хардверски компоненти го прават N61J сосема солидна „машина“ за играње. Секако, тоа не е единствениот или најбитен лајтмотив при креирањето на овој модел. Да почнеме од основата, како што е ред. Матичната плоча е врз база на PM55 чипсетот од најновата генерација. Логично, следи процесор од Core i 32 nm мобилната палета – изборот паднал на Core i5 430М. Работниот


click/хардвер/asus_n61_j/ такт е солидни 2.27 GHz (133 MHz основен такт). Процесорот располага со две јадра и HyperThreading технологија, што значи вкупно 4 логички јадра. Како Core i5 процесорите наменети за десктоп системите, и во 430М е поддржана TurboBoost технологијата за автоматско оверклокување при поголемо потретување, при што максималниот такт кој се постигнува е 2.53 GHz. Секое јадро располага со по 32 KB L1 и 256 KB L2 кеш, додека третостепениот (L3) е деллив за двете физички и двете логички јадра. 4 GB меморија на некој начин се подразбира кај системите од повисока категорија. ASUS N61J располага со 4 GB DDR3 1333 меморија, така што инсталирањето на 64 bit-ен оперативен систем се наметнува само по себе. Стандардниот интегриран Intel графички акцелератор одзема од системската меморија до 1.7 GB. Со оглед дека се работи за преносник кој, покрај другото, е наменет и за играње на игри, вградена е и дополнителна графичка картичка – GeForce GT 325M. Како модел припаѓа на средната категорија картички, но сепак овозможува сосема добри перформанси и framerate и кај поновите

Копчето за вклучување има бело позадинско осветлување

наслови од игрите. Не поддржува DirectX 11, но барем засега тоа не е хендикеп, со оглед на сеуште релативно малиот број игри пишувани за овој сет инструкции. На картичката се вградени 1024 MB DDR3 меморија со такт од 700 MHz (1400 MHz ефективни). Комуникацијата со неа се одвива преку два 64 bit-ни контролери, што значи вкупно 128 bit-а собирница. Графичкиот процесор има работен такт од 450 МHz. Располага со 16 текстурни и 8 единици за растеризирачки операции. Тука се и 32 Shаder процесори, со такт од 900 MHz. Можеби овие податоци ставени „на купче“ не претставуваат ништо спектакуларно, но тоа е првиот впечаток. Ако ја земеме в предвид максималната резолуција

на екранот (1366х768 пиксели), тогаш е јасно дека посилен графички акцелератор и не е потребен. И на крај – збор два за хард дискот. 640 GВ простор се уште е добра цифра, а и сосема доволен простор за да инсталираат и повеќе нови игри, покрај останатите апликации. Накусо – SATA 300 (SATA II), NCQ технологија, 8 MB бафер и 5400 вртежи во минута. Накусо за впечатоците Воглавно, она што го очекувавме, тоа и го видовме. Штета што преносникот не располага со екран со поголема резолуција, што од 16“ реално се очекува. Поплавата на HD Ready екрани некако ги истисна класичните Widescreen екрани кои имаа повисоки резолуции, а кои доскоро беа стандард во овие преносници. Во ред, производството на HD Ready екрани е поевтино, но сепак, кај преносник од повисоката категорија тоа не е најсреќниот начин на кратење на трошоците. Вака, употребата на овој преносник за апликации како што се AutoCAD, Maya, 3D MAX, за кои реално има доволно сила, е релативно ограничена со резо-

луцијата, па доколку сакате да го користите преносникот за таа намена, тогаш е препорачливо приклучување на екстерен монитор. Барем во домашни услови... Мултимедијата е на ниво. Преку HDMI приклучокот без проблем може да се приклучи на LCD ТВ приемник/ ТВ монитор, при што се пренесува и звукот. Доколку ТВ приемникот/ ТВ мониторот поддржуваат препраќање на аудио сигналот на екстерен аудио засилувач, тогаш N61J може да се користи и како мултимедијален центар. Аудио секцијата на N61J е мало изненадување. Altec Lansing го потрврди реномето – основниот звук на овој преносник е далеку поквалитетен од поголемиот број преносници кои досега сме имале прилика да ги тестираме.Забележ-

лива е сепарацијата на високи и ниски тонови, со нагласена длабочина на звукот, што не се сретнува често кај преносниците. И конечно – збор-два за игрите. Релативно ниската резолуција го ограничува играњето во нејзините рамки, во овој случај на 1366х768 пиксели. Тоа ја компензира ограничената снага на графичката секција, барем кога се во прашање повисоки резолуции. Од друга страна, Modern Warfare 2, DiRT2 или FarCry 2 можете да ги поиграте и на максимум опции за квалитет, или комбинација на опциите за квалитет со антиалиасинг и AF. Потребно е малку експериментирање, но лесно ќе се најде идеалната комбинација. Crysis Warhead, Metro 2033…да не претеруваме. l (Зоран Ивановски]

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ PC MARK VANTAGE

3D MARK VANTAGE (1280x1024)

Score

5745

Memory Score

3667

Productivity Score

4765

Gaming

5215

Score

P 2129

Graphics score

1728

CPU score

6974

Prime Benchmark (score)

17464

Super Pi (4M calculation)

1’ 31.447”

Sisoft Sandra Professional Home 2010c (Aggregate performance)

CPU Arithmetic

28.72 GOPS

CPU Multimedia

55 MPixel/s

Memory Bandwidth

8.84 GB/s

Call of Duty Modern Warfare 2 (DX9, max. qual, 4xAA, 1366x768)

34.5 fps

DiRT 2 (Baja, 8 cars, Ultra High, 4xMSAA, 1366x768)

26 fps

Call of Juarez (1440x900, windowed, Normal quality, no MSAA)

11.6 fps

Far Cry 2 (DX10, no AA, 1366x768) Cinebench R11.5

Very high

26.05

Ultra high

20.16 fps

CPU

13.65 fps

OpenGL

1.95 pts

click јуни 2010 19


click/хардвер/

АMD Hexa-core Processors Phenom II и Opteron во новите шест-јадрени изданија Thuban и Istanbul

К

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: AMD www.amd.com ЗА И ПРОТИВ

Цена Компатибилност Turbo Core Само Dual-channel поддршка  Мал капацитет на L3 кеш меморијата    

ЦЕНА

• 17.200 денари (Тhuban) • 53.000 денари (Istanbul)

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Шест-јадрен процесор, со цена на четири-јадрен

26 click јуни 2010

ога станува збор за микропроцесори финалниот збор им го препуштаме на двете најголеми ривалски фирми Intel и Advanced Micro Devices или AMD. Уште од почетоците, кога компанијата реши својот спектар на работа да го концентрира на микропроцесори кои ќе бидат компатибилни со Интеловите системи придонесе за директната конкуренција и ривалство со Intel. А со самото тоа и да се разбие монополот на Intel. Иако во овие почетоци секогаш ги вадеа своите процесори втори, производите на AMD отсекогаш беа со подобар однос на цена перформанси. Ваквата поставеност на пазарот го натера врвот на Интел да си го патентира лежиштето за процесори наречено Slot1. Од оваа временска точка AMD почна со своја сопствена архитектура на процесори K7, на чело со претпознатливиот Athlon. Спојувањето со познатата компанија за графички подсистеми ATI, на момците од AMD им овозможи создавање на таканаречени платформи, кои всушност се комбинации од процесор, чипсет и графички подсистем. Првата од ваквите платформи беше презентирана уште во 2007 година под името Spider. Таа се состоеше од Phenom процесор, матична плоча базирана на 790 GX/ FX чипсет од 700 серијата и графичка картичка ATI Radeon HD3800. На самиот почеток од 2009 година, оваа компанија ја претстави новата серија процесори

Thuban е наменет за декстоп компјутерите, а Istanbul е предвиден за сервери и работни станици

наречена Phenom II, кои се изработени по 45 nm технологија, за прв пат применета од страна на AMD кај серверориентираната Opteron серија. Со појавувањето на Phenom II, очекувано беше тој да биде иско-

околина на овие процесори, Thuban за декстоп и Istanbul за сервери и работни станици, сепак не ги прави толку поразлични еден од друг. Двата процесори се изработени според 45 нанометарска SOI

Буквата „Т“ во означувањето на моделите доаѓа од Turbo што всушност посочува на новата Turbo Core технологија која AMD ја промовира преку Phenom II X6 и која, по потреба, ја зголемува фреквенцијата на одредено јадро. ристен во нова платформа, па AMD токму тоа и го направи. Платформата наречена Dragon, покрај веќеспоменатиот процесор, содржи и ATI Radeon HD4800 графички подсистем, како и подобрен 790 GX/ FX чипсет. Најновата платформа, именувана Leo, покрај 890 GX чипсетот од 800 серијата и ATI Radeon HD5800 графичка картичка, го вклучува и најновиот Phenom II X6 процесор. Како што кажува самото име, станува збор за новата серија шестјадрени процесори, чии карактеристики и технологија ќе ви ги претставиме во продолжение преку Thuban (Phenom II) и Istanbul (Opteron) моделите. Различната работна

(Silicon-on-Insulator) технологија. Сместени на површина од 346 mm2 се шестте јадра кои се изработени според K10 архитектурата. Првото нешто кое ги разликува двата процесори е лежиштето на кое тие се поставуваат. Phenom II X6, како и неговите претходници, може да биде поставен на AM2+ (со претходно флешување на BIOS-от) и на AM3 лежиште, со HyperTransport преносница од 2 GHz. Можноста да се постави на овие лежишта ја истакнува компатибилноста на процесорот што е олесни-

телна околност за оние корисници кои размислуваат за надоградба без промена на матичната плоча. Меморискиот контролер на Phenom II X6 има поддршка за dual-channel мод, со количина на проток од 21 GB/s, за разлика од неговите врсници од Intel кои имаат поддршка и за triple-channel. Во тој поглед, доколку го поставите на AM2+ лежиште, ке може да користите PC2-8500 (DDR2-1066 MHz) мемориски модули, додека пак ако е поставен на AM3 лежиште, може да се користат и PC3-10600 (DDR3-1333 MHz) модули. За функционалноста на Opteron процесорите е потребно посебно лежиште кое AMD го крсти Socket F (LGA 1207). Карактеристично за него е тоа што има поддршка само за DDR2 мемориски модули, но има подобрена HyperTransport преносница. Покрај поддршката за Istanbul


click/хардвер/тема_на_број/

Сликава тежи 7.5 TB

Преглед на преносни хард дискови Многу терабајти на едно место

Д

исковниот простор отсекогаш претставувал лимитирачки фактор во секојдневното работење. Но денес, зголемувањето на дисковниот простор е доведено до тривијална активност, што може секој да ја направи. Со најновата генерација на преносни дискови, се се сведува на спојување на еден USB кабел. И толку. Додатниот (или проширениот) дисковен простор е подготвен за употреба. Сепак секоја корисничка група има различни побарувања од тој зголемен дисковен простор. Корисниците кои имаат потреба да ги пренесуваат подато34 click јуни 2010

ците од едната работна позиција до друга работна позиција (најчесто дома), ќе ги ценат малите физички димензии и малата тежина на преносните дискови. Од друга страна, корисниците кои немаат потреба да ги пренесуваат податоците, односно дополнителниот простор ќе го користат за архивирање на податоци, ќе го ценат големиот капацитет на дисковниот простор и нема да им пречи тоа што надворешниот диск тежи повеќе од еден килограм и има самостојно напојување. На групата на корисници која има потреба директно да работи

со податоците кои се наоѓаат на преносниот диск, најважна ќе биде брзината со која ќе можат да работат. Во идеалниот свет, би постоел

сето тоа го обединува на едно место). Изборот на екстерен хард диск првично би требало да биде воден од задоволување на пот-

денес, зголемувањето на дисковниот простор е доведено до тривијална активност, што може секој да ја направи. Со најновата генерација на преносни дискови, се се сведува на спојување на еден USB кабел. И толку. диск кој е мал, лесен, има огромен капацитет и голема пропусност и мало време на одзив (делува просто неверојатно дека LG HXG1

ребата која е најприоритетна (или големина или капацитет или перформанси) со компензирање на карактеристикте кои се помалку важни, и

сето тоа би требало да се смести во финансиската категорија која одговара на вашиот џеб. Добар пример би бил корисник кој има потреба да користи (image)копии од виртуелен компјутер на повеќе локации. Во таа ситуација, најбитна карактеристика на екстерниот диск би била пропусната моќност и времето на одзив, каде идеално, корисникот би имал чувство дека работи со локален диск, без застанувања и доцнења. Самата сигурност на екстерните дискови веќе е доведена до перфекција, некои од дисковите и ги надминуваат стандардите (ги задоволуваат воениот


click/хардвер/тема_на_број/

Бојата можете да ја изберете и според гардеробата

пренаменува за употреба со Mac компјутер, со приложената апликација Mac OS X Disk Utility. Iomega eGo Iomega со своите Zip уреди долго време беше синоним за пренос и архивирање на податоци, за во денешно време да ја продолжи оваа традиција со палетата екстерни дискови eGo. Елегантен, со цврсто

алуминиумско куќиште, ова е уред за кој ќе ви биде задоволство да го спарите со својот компјутер. За безгрижно шеткање наоколу се грижи Iomega Drop Guard заштитата која гарантира почитување на “MIL-STD-810F 516.5 procedure IV” воениот стандард за пад при пренос (преживување на пад од 1.2м на тврда

површина). Дополна се апликациите од пакетот Iomega Protection Suite слободни за преземање од веб страницата на производителот, McAfee VirusScan Plus, EMC Retrospect Express Backup software, Iomega QuikProtect, и MozyHome Online Backup. Бонус е Trend Micro™ Internet Security со 1 година бесплатен период на користење.

WD My Passport Најпопуларниот екстерен диск стана уште помал! Така Western Digital ја рекламира својата линија на My Passport екстерни дискови, кои успешно го издржаа временскиот тест, и доживеаа ново издание. А добрите дискови, Western Digital ги надополнува со одлични апликации и со тоа нуди целосен

производ кој во едно ги обединува и квалитетот и функционалноста. Со My Passport стандардно се испорачувааWD SmartWare, а самиот диск е заштитен со Drive lock. LG HXD5 Широката лепеза на екстерни дискови LG ја надополнува со HXD5, преносен диск со дебелина од неверојат-

СПЕЦИФИКАЦИИ И РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ МОДЕЛ НА преносен диск

LG XD3

PQI H550

PQI H551

A-DATA CH94

A-DATA NH93

LG HXD5

KAПАЦИТЕТ

250 GB

320 GB

320 GB

320 GB

500 GB

500 GB

Брзина на вртење (врт/мин)

5400

5400

5400

5400

5400

5400

Кеш (МВ)

8

8

8

8

8

8

Стандард

SATA II

SATA II

SATA I

SATA I

SATA II

SATA II

Читање * (МB/s)

27.2

26.2

26.9

///

///

26

Запис * (МB/s)

20.1

14.2

19

///

///

20.8

Читање - произволен пристап ** (опер./сек // време на пристап // MB/s)

27 IOPS / 36 ms / 13.826 MB/s

26 IOPS / 38 ms / 13.326 MB/s

27 IOPS / 36 ms / 13.951 MB/s

///

///

26 IOPS / 38 ms / 13.301 MB/s

Впишување – произволен пристап **

38 IOPS / 26 ms / 19.474 MB/s

34 IOPS / 29 ms / 17.441 MB/s

34 IOPS / 29 ms / 17.390 MB/s

///

///

35 IOPS / 28 ms / 17.948 MB/s

Време на пристап (ms)

19.6

18.8

17.5

///

///

19.15

///

///

42oC

ТЕСТИРАНО СО

Загревање (макс.)

HD TUNE PRO 4.0

o

o

o

46 C

43 C

Читање (МB/s)

30

27.8

26.82

27

28.14

29.1

Запис (МB/s)

22.28

19

21.67

21.35

18

23.7

Цена

3890,00

3850,00

3950,00

3699

5200,00

5.550

Гаранција

2 години

1 година

2 години

3 години

1 година

2 години

Позајмено од

Ривер Софт

Сет Компјутери

Сет Компјутери

Сет компјутери

Сет компјутери

Ривер Софт

SiSoftware Sandra Professional Home 2010c

Легенда:

* - средни вредности

36 click јуни 2010

42 C

SiSoftware Sandra Professional Home 2010c

** - произволни големини на датотеки

/// - HD Tune не стартува со овој диск


click/хардвер/тема_на_број/

Мали димензии ,високи перформанси, капацитет за почит - LG HXG1

ни 15мм. Квалитетот на изработка е на нивото на LG, а како куриозитет со овој екстерн диск доаѓаат драјвери за Windows 98, кој иако одамна напуштен, сосема добро функционира на наменските уреди. Секој што има потреба за компатибилност со Windows 98 ќе ја цени можноста за поврзување и соодветниот драјвер. Iomega Prestige 1 TB За сериозни задачи секогаш треба сериозен пристап. Со тоа мото Iomega го има направено екстерниот диск

со 1TB капацитет, за кој можевте да прочитате во минатиот број на Click. Fujitsu-Siemens Storagebird 1.5TB Робусниот екстерен диск од FujitsuSiemens направен од сјаен алуминиум (кој лесно се гребе) со својот изглед и со капацитетот од 1.5TB лесно обезбедува место на работната маса кај групата корисници кои имаат потреба за дисковен капацитет.

WD My Book Екстерните дискови од серијата My Book ги бие глас дека се нај-кориснички ориентирани дискови на пазарот, со допадлив дизајн, потребен софтвер вклучен со самиот диск и висока сигурност во секојдневната употреба. Достапни со капацитет од 1Тб и 2Тб, ги задоволуваат и Најгладните за простор корисници.

LG HXG1 Убедлив шампион помеѓу преносните дискови во моментов е HXG1, диск кој во едно обединува и мали физички димензии и огромен капацитет, колку и да делува истото контра-

дикторно. Одличните перформаси се доказ дека ова е преносен диск од новата генерација, со карактеристики за кои конкуренцијата треба да се потруди за да ги достигне. l

Каде тестиравме Домаќинот на кој ги тестиравме дисковите беше преносникот ASUS N61J за кој можете да прочитате повеќе на страна

Како тестиравме Тестирањето им беше доверено на: SiSoftware Sandra Professional Home 2010c - една од најрелевантните апликацијии за малтретирање на хардверски компоненти и системи, која има моќ да ги извлече и најдоверливите податоци за перформансите и HD TUNE PRO 4.0 специјализирана алатка за тестирање на хард дискови. На сите дискови им спротивставивме различни типови на датотеки кои требаше да се преснимаат и прочитаат од статичниот диск на преносникот и обратно. Тие содржеа мали и поголеми текстуални документи, “тешки“ мултимедијални документи и архиви во кои беа собрани голем број на мали документи. Кој како се снајде можете да видите од табелата со резултати.

SEAGATE FREEAGENT

IOMEGA eGo

WD My Passport

LG HXD5

IOMEGA Prestige HDD

WD My Book Elite

FujitsuSIemens STORAGEBIRD

WD MyBook Essential

LG HXG1

500 GB

500 GB

640 GB

640 GB

1TB

1 TB

1.5 TB

2 TB

2 TB

5400

5400

5400

5400

7200

xxx

7200

5400

7200

8

8

8

8

8

32

32

32

32

SATA I

SATA I

SATA II

SATA II

SATA II

SATA II

SATA II

SATA II

SATA II

26.8

27.6

26.3

27.8

26.7

26.2

26.6

26.4

28.7

21.9

20.9

19.2

21.1

18.9

16.2

18,9

17.4

20.9

22 IOPS / 45 ms / 11.180 MB/s

22 IOPS / 44 ms / 11.303 MB/s

27 IOPS / 36 ms / 13.921 MB/s

29 IOPS / 34 ms / 14.752 MB/s

28 IOPS / 35 ms / 14.260 MB/s

27 IOPS / 35 ms / 14.103 MB/s

///

24 IOPS / 40 ms / 12.646 MB/s

32 IOPS / 30 ms / 16.552 MB/s

26 IOPS / 36 ms / 13.811 MB/s

27 IOPS / 36 ms / 13.753 MB/s

29 IOPS / 33 ms / 15.095 MB/s

20 IOPS / 48 ms / 10.567 MB/s

28 IOPS / 35 ms / 14.429 MB/s

18 IOPS / 54 ms / 9.269 MB/s

///

18 IOPS / 53 ms / 9.537 MB/s

43 IOPS / 23 ms / 22.010 MB/s

23.95

23.8

18.75

17.5

17.3

16.75

///

20.95

13.9

///

o

48 C

52oC

HD TUNE PRO 4.0

o

42 C

o

40 C

o

o

o

41 C

43 C

30.3

30.72

29.23

27.57

29

29.65

29.35

29.82

30.74

24

24

21.78

24

21.41

21.3

21.73

21.5

24

5843,00

5.228,00

6765,00

6.790,00

9.000,00

5500,00

8.500,00

10 701,00

11.590,00

2 години

2 години

2 години

2 годинин

2 години

2 години

2 години

2 години

2 годинин

Нико Компјутери

Нико Компјутери

Нико Компјутери

Ривер Софт

ЈВС Нет

РХС Компјутери

РХС Компјутери

Нико Компјутери

Ривер Софт

42 C

o

45 C

SiSoftware Sandra Professional Home 2010c

ххх – нема податок

ЗЕЛЕНО – најдобар резултат

ЦРВЕНО – најслаб резултат

click јуни 2010 37


click/софтвер/

Панорами од гигапиксели се во мода Направете своја со помош на Autopano ИНФО

• НАСЛОВ: Autopano Giga • ВЕРЗИЈА: 2.0 • ИЗДАВАЧ: KOLOR • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна пробна верзија • ПЛАТФОРМА: Windows/ Linux/OSX • URL: http://www.autopano.net ЗА И ПРОТИВ

 Одличен алгоритам за спојување на фотографии.  Опции за изедначување на боите и тоналитетот  Едноставен интерфејс  Изработка на виртуелни тури  Цената  Може да заглави кога има многу големи фотографии ЦЕНА

• 259 евра

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Изработката на гигапикселна фотографија е вистински предизвик и за аматерите и за професионалците. Оваа апликација ќе ви покаже дека овој процес може да биде многу едноставен и лесен, но за жал во овој едноставноста има висока цена.

42 click јуни 2010

анализа и ќе го пронајде ко око. Но верувајте, кога ќе го видите првичниот редоследот врз основа на елементите кои се повторурезултат во мал формат, ќе ваат. Без разлика на “квабидете воодушевени. литетот“ на фотографиите, Она што е предност на по спојувањето Autopano верзијата Giga е опцијата има опција за корекција на за едноставна на израбоите, изедначување на ботка на виртуелни тури тоналитетот и полирање на кои експортирани во Flash деловите кои се спојуваат, делуваат како професисо што на крајниот резултат онално снимени видео е невозможно да одредите клипови. По изборот на каде завршува едната и фотографиите кои сакате да бидат дел од виртуелкаде започнува следната фотографија. Дополнително ната тура, доволно е да доколку се случи на дел од визуелно да ги посочите визуелно поврзување на сликите за креирање виртуелни тури фотографиите да се појават рекрасната панорамска работите се за нијанса елементи кои фотографија од Кочани покомплицирани. Имено во не ви се пона Зоран Ефремов е една овој случај кога зборуваме требни како на од ретките гигапикселни за повеќе фотографии мипример случајфотографии направени во слиме на бројки од 600 па ни минувачи, Македонија. Затоа решивме и 1000 фотографии споени автомобили, во овој број да ви предлово една. птици или жиме една интересна аплиСепак со вистинската слично, повеќе Стотици фотографии можете да споите во кација и да ве поттикнеме алатка каква што е Autopano не е потребно една гигапикселна панорама да направите уште многу и овој процес може да биде истите да ги такви фотографии на кои ќе лесен и забавен. отстранувате во некоја спеврските и редоследот, без ги прикажете убавините на Едноставниот интерфејс цијализирана апликација притоа да треба да напинашата земја. моќниот енџин кој работи за обработка на слики. По шете ниту еден ред код. Autopano е професионалАлатката Autopano Tour, ќе на алатка која доаѓа во две Прекрасната панорамска фотографија ги спои фотографиите, ќе верзии Pro и Giga. Овојпат го направи преминот и вие од Кочани на Зоран Ефремов е една ќе ја разгледаме верзијата на крај ќе добиете прекраGiga од причина што во неа, од ретките гигапикселни фотографии сен клип експортиран во кон опциите за изработка Flash. Како што напоменав направени во Македонија. на панорамски фотографии, на почетокот, Autopano е е додадена и опцијата за професионална алатка и изработка на таканаречени во позадина и големиот број анализата, алатката сама затоа има и “професиовиртуелни тури, кои овозмо- на опции ќе ви овозможат ќе ви предложи автоматнална“ цена од 259 Евра жуваат приказ на одредени брзо да го совладате проце- ско отстранување на тие за Giga верзијата. Но издалокации од повеќе агли. сот на учење и времето да елементи или ќе се обиде вачите ви нудат бесплатно Принципот на градење на го посветите на креативнисо помош на делови од да ја преземете пробната една панорама е релативте работи. Самиот процес фотографиите да ги покрие верзија и да се обидете но едноставен. Се прават започнува со изборот на тие елементи. сами да ја креирате вашата повеќе фотографии од фотографиите кои ќе бидат Иако се работи со огромен прва гигапикселна паноралокацијата и се спојуваат дел од панорамата кој број на фотографии, првичма. Доколку ви се допадне со помош на некоја од можете да го автоматизира- ниот процес на автоматска резултатот, имате избор да апликациите за графичка те или пак да го направите анализа и спојување е си ја купите оваа апликаобработка на слики или пак рачно. Доколку се одлучирелативно брз. ција или да побарате некое со некоја специјализирана те за автматизациија на Она што бара малку слично решение кое чини алатка. Овој процес личи процесот, доволно е да ја повеќе време е првата помалку или е бесплатно. на изработка на пачворк. посочите датотеката во која корекција на панорамата, Во секој случај ве охрабруНо кога се изработува гига- се наоѓаат фотографиите. бидејќи сепак во позадина ваме да се обидете. l пикселна панорама тогаш Алатката ќе направи стои алгоритам а не човеч- (Јулијана прчковска]

П


click/софтвер/

Windows 7 Manager и системот е под контрола ... Се разбира ваша контрола !

Алатките со кои се уредува Win 7 се поделени во неколку категории

Н

иту еден оперативен систем не е совршен и не може да биде по мерка на сите корисници, па тоа не е ни Windows 7. Но со малку труд, седмицата можете да ја доведете до фаза, совршено да одговара на вашите потреби. Ова можете да го направите рачно, но за тоа пред се ќе ви треба многу време, а секако треба да имате и големи познавања на оперативниот систем односно неговите поставки. Затоа ние ви препорачуваме овој дел да им го препуштите на професионалците од Yamicsoft кои веќе долго време развиваат алатки за оптимизација на Windows оперативните системи. Набрзо по излегувањето на Win 7, на пазарот се појави и апликацијата Windows 7 Manager која овозможува комплетна оптимизација и прилагодување на системот до најфините детали. Со користење на алатките кои се дел од оваа

опција да го забраните користењето на USB портите за одредени корисници, можете да забраните стартување на одреден тип на апликации, можете да изберете автоматско криптирање на одредени документи, или да дефинирате забрани за пристап до одредени датотеки. Во делот на сигурноста посебно треба да се издвои алатката Privacy Protector со чија помош можат да се избришат буквално сите траги кои остануваат по работењето на компјутерот. По акцијата на “заштитникот“, на компјутерот не останува ниту еден привремен документ, ниту некакво колаче или сл. Се разбира ниту една апликација од овој вид не може да помине без алатки со кои се чисти ѓубрето кое при се-

или непостоечките внесови. Од овој сет мошне интересна е алатката Registry Defrag која која што ги реиндексира регистри датотеките со што овозможува многу побрзо вчитување на апликациите. Уште една мошне корисна опција која ја нуди менаџерот е онаа за исчитување и преземање на информациите поврзани со системот и инсталираните апликаапликации. Имено по ција моинсталацијата, Windows жете да ја 7 Manager може да ги зголемите провери и собере сите брзината и стабилноста информации поврзани и за повеќе од 25% што со хардверот и софтвее особено добредојдерот кои се инсталирани но кај системите кои во системот. се опремени со послаб Доколку овие инфорхардвер. Дополнително мации ги снимите во можете да го регулирате некоја текстуална форма времето на вклучување во било кое време ќе и исклучување на одреможете да ги знаете дени системски процеси производителите, ознасо цел да го оптимизиките и сериските броеви рате искорисна хардверските тувањето на компоненти, како Со малку труд и оваа алатка, хардверските и продуктните Win 7 можете да го доведете до клучеви на аплиресурси. Во делот на фаза, совршено да одговара на кациите кои се прилагодуинсталирани на вашите потреби. вањата кои системот. можете да ги Дел од алатките направите, стандардно, којдневното работење кои се дел од оваа аплисе наоѓа опцијата за го оставаме зад себе. кација, функционираат контрола на програмиСетот на алатки кои со помош на волшебник, те кои се подигаат при е дизајниран за оваа и нема да ви биде постартувањето на сиснамена овозможува да требно никакво предзтемот, но и можност за се провери состојбата наење при користењето, избор на опциите кои се на дискот и по потреба но има и такви кои појавуваат при избор на да се пронајдат дуплите сепак очекуваат од вас десен клик со глувчето, датотеки кои непотребрачно да го направите изгледот на менијата на но заземаат простор. изборот. Доколку се релентите со алатки и сл. Алатката за чистење шите да ја пробате оваа Од аспект на сигурнос- на регистри датотеките апликација, ве советувата, оваа апликација ќе брзо и ефикасно прави ме да правите промени ви овозможи самите да проверки и при тоа ги само на оние делови за ги дизајнирате рестрипоправа неправилно кои сте сигурни дека ги кциите за одредени поврзаните внесови или разбирате. l акции. На пример имате ги отстранува неточните (Јулијана прчковска]

ИНФО

• НАСЛОВ: Windows 7 Manager • ВЕРЗИЈА: 1.0 • ИЗДАВАЧ: Yamicsoft • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна за проба • ПЛАТФОРМА: Windows 7 • URL: www.yamicsoft.com ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен интерфејс  Голем број на опции за оптимизација  Напредни алатки за зголемување на сигурноста  Неупатените корисници можеби ќе имаат проблеми со одредени алатки ЦЕНА

• 39,95 долари

ОЦЕНА

9,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Одлична алатка наменски создадена за Win 7 оперативниот систем. Значи дека секоја опција функционира беспрекорно и ви овозможува системот да си го прилагодите кон вашите потреби.

click јуни 2010 43


click/софтвер/

Визија во три димензии Ќе ви го промени начинот на кој ги доживувате фотографиите ИНФО

• НАСЛОВ: Visions • ВЕРЗИЈА: 1.0 • ИЗДАВАЧ: Twins Software Solutions • ЛИЦЕНЦА: Бесплатана • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.twins-solutions.com ЗА И ПРОТИВ

 Креативно решение за 3D преглед на слики  Голем број на корисни опции  Солиден сет на алатки за обработка на фотографиите  Детални информации за секоја слика  Уникатни опции за пребарување  Бесплатна е  Потребно е време за да се совлада користењето на Visions  Апликацијата знае да се “смрзне“

ОЦЕНА

9,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Невообичаено искуство. Со фотографиите работите како со видео материјали. Вреди да се проба.

48 click јуни 2010

З

аборавете на сите досадни апликации за преглед на слики. Заборавете ги конвенционалните дигитални албуми и простата навигација со помош на стрелките за лево и десно. Добредојдовте во светот на тридимензионалното опкружување. Соберете ги вашите дигитални фотографии на едно место и уживајте во уникатните можности за преглед кои ви ги нуди новата апликација Visions. Начинот на кој ги прегледувате фотографиите најверојатно е последната работа на која помислувате, кога избирате специјализиран прегледник. Секогаш на прво место се ставаат подржаните формати, опциите за споделување опциите за уредување и сл. а и така, начинот на преглед е некаков си стандард. Но Visions е цврсто решен да го смени овој стандард и да го промени начинот на кој ги гледате вашите дигитални фотографии – буквално! Оваа апликација по преземањето на фотографиите истите ги сместува на подвижни тридимензионални панели кои можете да ги организирате според сопствените потреби или желби. Со различни кратенки на тастатурата панелите можете да ги движите, или да се префрлате од еден во друг. Во процесот на инсталацијата на оваа апликација потребно е да направите неколку прилагодувања кои се однесуваат на нејзиното понатамошно функционирање. Пред се ова се однесува на преземањето на библиотеките со слики кои се наоѓаат на вашиот хард диск и на

На почетокот мала помош. Кратенки за побрзо работење

опциите за преземање и синхронизација со сервисите за складирање на фотографии Flikr и 23. за сега за жал не се подржа-

што е поголем број на сервиси. Првата средба со интерфејсот на Visions е прилично збунувачка и ќе

Доколку имате голема колекција на фотографии, описот на ве примами да го пробате Visions, гарантирам дека опциите за пребарување нема да ве остават рамнодушни. Имено кон стандардните филтри оваа апликација има опција да пребарува по боја. ни другите сервиси како што е Picasa на пример, но најверојатно е дека во иднина развивачите ќе одат кон тоа да овозможат компатибилност со

ви треба одредено време да се навикнете на тридимензионалното опкружување и на поставеноста на алатките. Но откако еднаш ќе ги научите

Сликите можат да се вртат во круг

кратенките, ќе ги истражите сите опции кои ги овозможуваат трите димензии и ги распоредите албумите со слики онака како што сакате, тешко дека некогаш ќе му се вратите на стариот начин на преглед и на досадните статични прегледници. Функционалностите на оваа апликација се организирани пред се околу прегледувањето на албумите и фотографиите во албумите, но додадени се и базични алатки за уредување на фотографиите. Првиот дел односно прегледувањето на албумите се изведува во таканаречениот 3D Showroom и овозможува навистина несекојдневно и иновативно доживување. Панелите на кои се распоредени албумите можете да ги поставите во форма на цилиндер, хоризонтални или вертикално поставено тркало наредени како цигли на ѕид, или во форма на ѕвезда. На секој од панелите се прикажува по еден албум, но во главниот прозорец можете да прегледувате и повеќе


click/софтвер/ панели во исто време. Доколку ја изберете опцијата за тура низ панелите, со помош на скролот на глувчето ќе можете да се прошетате и да ги разгледате сите слики кои се наредени во панелите. Задржувањето со курсорот над еден панел, ќе ја запре турата и ќе даде приказ на сликите кои се наоѓаат на избраниот панел односно албум. Низ албумот повторно можете да се движите со помош на глувчето, а можете да ги користите и копчињата кои се наоѓаат во горниот десен агол. И повторно, задржувањто на курсорот врз една слика ќе ви даде преглед на истата. Дополнително, во долниот лев агол се прикажуваат информации за избраната слика. Друга опција за преглед на сликите е да изберете иницијализирање на слајдшоу за еден или повеќе албуми одеднаш. Деталното прегледување на фотографиите е прилично стандардизирано. За таа намена со двоен клик на глувчето се стартува посебен прегледник во кој на централната позиција е даден фрагмент односно одреден процент од фотографијата во највисоката резолуција. Во горниот десен агол е дадена целата фотографија во форма на тамбнејл на која со рамка е означен делот кој е видлив на централната позиција.Во вид на тамбнејли се дадени и претходната и следната фотографија од низата. Во долниот дел на

прегледникот се дадени алатките за навигација, за активирање на слајд шоу и за повикување на главниот едитор, а дадена е и опција за брзо едитирање на основните параметри како што се поставеност одноно ротација, промена на величина и сл.. За секоја фотографија во долниот лев агол се приложуваат голем број на технички спецификации како што се димензија во пиксели и физичка димензија, големина, формат и сл.Напредните опции за уредување на фотографиите се дадени во посебен едитор кој се повикува од главната страница на апликацијата. Но да напоменам декаVisions може да се користи и како самостоен уредувач за слики, бидејќи овозможува дополнителен внес на слики кои ги нема во албумите. Не очекувајте дека овој уредувач ќе ги има опциите на Photoshop или Corel, но сепак може да кажеме дека има сосема солиден сет на алатки со кои ќе ги средите сликите. Тука се пред се алатките за уредување на боите и тоналитетот, контрастот, поставеноста и сл. На располагање ви се и алатки за промена на величина за отсекување на елементи во слободна форма или во специфична форма како и филтри и ефекти за креирање на мали уметнички дела. Со секоја алатка за уредување ви е овозможен предпреглед на ефектот пред истиот дефинитив-

На секој панел се сместува по еден албум

Прегледникот ви дава многу детаљи за сликата

Интересно доживување е да ги пребарувате сликите според боја

но да биде нанесен на сликата.Во уредувачот се дадени и мета полињата за секоја фотографија кои автоматски се пополнуваат со сите постоечки информации, а имаат опција и за додавање на нови полиња во кои можете да внесете и лични податоци. Наш совет е да ја користите оваа опција и да внесувате што е можно повеќе податоци, затоа што истите понатаму ќе можете да ги користите при пребарување на фотографиите. И конечно стигнавме и до еден од најинтересните и најсилните адути на Visions. Доколку имате голема колекција на фотографии, и сето горе

напишано не ве примами да го пробате, гарантирам дека опциите за пребарување нема да ве остават рамнодушни. Имено кон стандардните филтри како што се име, нумеричка ознака на фотографијата време односно датум кога е внесена фотографијата и сл, Visions при пребарувањата ги користи и информациите од мета полињата, (на пример можете да ги излистате сите фотографии кои се направени со блиц, или сите фотографии кои се направени со одредена камера..) и има опција да пребарува по боја. Ова е навистина уникатна опција која во исто време е и корисна и забавна.

Се активира на следниов начин: во прозорецот за пребарување го избираме филтерот (во случајов боја) и добиваме палета на бои на која со лизгачот ја избираме бојата за која сакаме да пребаруваме. Потоа можеме да ја избереме и осетливоста на филтерот со што одредуваме дали пребарувањето да се извршува исклучиво за таа боја или и за сличните нијанси на избраната боја. Резултатите кои ќе ги добиете при ваквото пребарување ќе им дадат нова димензија на вашите фотографии, и гарантирам дека набрзо ќе завршите и со син албум, жолт албум.... l (јулијана прчковска)

click јуни 2010 49


click/слободен_софтвер/

Вовед во Андроид Изработка на едноставен КАЛКУЛАТОР

П

раксата покажала дека ако сакаме да бидеме добри програмери треба да го правиме тоа што го прават програмерите – да програмираме. Програмер кој е активен во тоа што го работи работите ги завршува многу побрзо и поефективно за разлика од програмер кој мисли дека ако

кои би ги реализирале, без разлика дали се работи за апликација која ќе собира два броја или било која друга комплексна апликација која содржи покомплексна логика. Во овој број како дел од серијата за запознавање со Google Android, ќе видиме како да направите едноставен калкулатор

Како име на проектот ставете SimpleCalculator, пакетот крстете го test.android.simplecalc, а како име на активноста ставете Calculator. Кликнете Finish. еднаш научил да програмира тоа рефлексно ќе остане како негово знаење. За некои програмери процесот на учење лежи во детално читање на спецификацијата и документацијата за даден јазик или фрејмворк. И најчесто таквите програмери се поуспешни од тие кои ги оставаат деталите настрана. Напротив, деталите во процесот на учење на програмирање се најбитната работа која ќе ве направат подобар програмер. Тука исто така како подмножество влегува и креативноста и идеите 54 click јуни 2010

кој ќе собира два броја, а потоа и како да конвертирате одредена сума од денари во евра (конвертор). Како што видовме и минатиот пат, најпрво потребно е да се креира графичкиот/корисничкиот интерфејс на апликацијата на начин на кој опишавме и тогаш, преку Eclipse. Ќе потсетиме како оди тој процес и овојпат. Отворете Eclipse (за поставување на средината видете го првиот дел од серијалот

за Android – Click бр 24 ), па креирајте нов проект, New → Project → Android Project. Како име на проектот ставете SimpleCalculator, пакетот крстете го test.android.simplecalc, а како име на активноста ставете Calculator. Кликнете Finish. Проектот е креиран и може да го видите на левата страна во Eclipse. За да го уредите корисничкиот интерфејс потребно е да ја отворите main.xml датотеката што се наоѓа во SimpleCalculator

main.xml датотеката се наоѓа на левата страна

Eclipse ќе препознае дека се работи за Layout на графички интерфејс (стандардно ќе ви прикаже “Hello world, Calculator” - избри-

шете ја оваа лабела со десен клик → Remove). Потоа поставете го распоредот на контролите како на прикажаната слика (сл. 2).

→ res → layout → main.xml.


click/слободен_софтвер/

Засега GUI-то не делува средено, но ако XML-от ви е исправен и нема пријавено проблем, може да продолжите понатаму. Како мало дополнување при креирањето на UI може да го земите во предвид DroidDraw – веб апликација со која може да креирате GUI за Android и потоа тоа да го експортирате во XML и вметнете во вашиот проект. Многу едноставно. Сајтот е www.droiddraw.org. Откако ќе го нацртате Вашето GUI кликнете на Generate при што ќе го добиете XML кодот. Дополнителни информации и помош околу креирањето на GUI-то нема да ви дадеме, со цел да се извежбате кога станува збор за креирање на кориснички интерфејс. Да го разгледаме изворниот код. Во фолдерот src, ако се сеќавате, стои изворниот код на апликацијата, додека во res стојат ресурсите на апликацијата. Битен момент секако е AndroidManifest. xml датотеката или манифестдатотеката на вашиот проект. Откако ќе го креирате проектот отворете ја R.java датотеката која се наоѓа во фолдерот src при што ќе забележите дека веќе се имаат креирано нови променливи со познати имиња, секако имињата кои ги користевте при создавањето на корисничкиот интерфејс. Java ја користи оваа датотека за да пристапи до ресурсите на

апликацијата. Исто така во оваа датотека може да се видат и други класи, како што е id класата, каде што се запишуваат идентификатори за контролите во проектот, layout класа, која ги содржи сите променливи кои се однесуваат на лејаути кои се присутни во ресурсите и string класа која ги содржи променливите на текстуалните (стринг) објекти кои ги имаме во ресурсите. Во случајот со калкулаторот нам ни е потребна валидација односно проверка на влез (input) кога ја користиме апликацијата. Секако, ако во полето за собирање прво внесеме ‘a’, а во второто 2, нема да добиеме сакан резултат, потребно е двете полиња да примаат исклучиво нумерички вредности кои би биле дозволиви за овие TextView објекти. За таа цел се користи “android:numeric” параметарот. Ако го ставиме овој параметар на некоја контрола во XML датотеката, велиме дека оваа контрола ќе прима само нумерички вредности. Ако сакаме да користиме и позитивни и негативни вредности, треба да му кажеме дека покрај вредноста ‘decimal’ (на параметарот ‘numeric’) ќе ја поставиме и вредноста ‘signed’. Вака го ограничуваме влезот на податокот во даден објект на децимала со позитивна или негативна вредност. Кодот за оваа цел би изгледал вака:

Сега може да преминеме на пишување на изворниот код за апликацијата. Ви препорачуваме да се потсетите на појаснувањето на сегментите од секоја Android апликација, односно на деловите кои ги опфаќаа Anrdoid активностите. Во овој проект нашата активност се вика Calculator. Тоа е главната датотека каде што ќе влезе целиот код на апликацијата. Во оваа датотека го имаме методот onCreate кој што се повикува при креирањето на активноста, тука ги дефинираме иницијалните вредности на нашите променливи. Најпрво ќе ги креираме контролите кои се дефинирани на интерфејсот преку vrednost1 = (EditText findViewById(R.id.vrednost1 ) тука претпоставуваме дека vrednost1 е име на View-то кое го имаме на нашиот интерфејс кое служи за внесување на првата вредност која сакаме да ја корис-

Со оваа едноставна апликација ќе добиете калкулатор или конвертор на валути за вашиот Android телефон

Како мало дополнување при креирањето на UI може да го земите во предвид DroidDraw – веб апликација со која може да креирате GUI за Android и потоа тоа да го експортирате во XML и вметнете во вашиот проект. Многу едноставно. Сајтот е www.droiddraw.org. тиме за операцијата која следува (собирање, одземање, множење, делење, соодветно). На овој начин ги креираме и останатите променливи за секоја контрола посебно, vrednost1, vrednost2, rezultat, operator, за соодветните GUI елементи. За „фаќање“ на инпут од копчињата го користиме event-от onClick() (впрочем ова е event handler кој се повикува при кликање на дадено копче). Така имаме:

Потоа креираме и OnClickListener – елемент кој „слуша“ event-и од интерфејсот. Кога корисникот ќе кликне на дадено копче со помош на овој Listener ќе се повика соодветниот onClick() метод. Во onClick() методот, можеме да ставиме едноставна линија: operator.setText(“+”) кој ќе сетира текст „+“ на самото копче.

<EditText android:id=”@+id/input2” android:layout_width=”156px”

plusButton.setOnClickListener(new OnClickListener() {

android:layout_height=”wrap_content” android:textSize=”18sp”

android:numeric= “decimal|signed”

android:layout_x=”10px” android:layout_y=”109px”>

</EditText>

});

public void onClick(View arg0) { //TODO

}

click јуни 2010 55


64

Нешто повеќе за .... SONY Corporation

click/времеплов/ Нешто повеќе за Корпорацијата Sony е едно од најпознатите имиња во светот на потрошувачката електроника. Глобален лидер и можеби наjпознат бренд во светот кога станува збор за технологија.

Р

азрушената економија на поствоена Јапонија претставуваше плодна почва за луѓе со големи визии, идеи и замисли. Луѓето во таа земја едноставно беа

оставени сами, без некоја голема индустрија (фабрики уништени) и без развојни центри кога се работи за технологија за јавни намени (се работело за војската). Сето ова било доволно за двајца ентузијасти да основаат компанија која денеска, по 64 години постоење е можеби најпознатиот технолошки бренд во светот, технолошки иноватор и по многу нешта синоним за квалитет. Едно име ги обединува сите атрибути изречени погоре – SONY.

Акио Морита и Масару Ибука основачите на Sony

Историја SONY e основана во повоената Јапонија, попрецизно во Токио во 1946 година од страна на Акио Морита (поранешен поморски полковник) и Масару Ибука (работел на развивање оружја). Двајцата првпат се сретнале за време на војната додека работеле на развој на ракетни системи со топлотно наведување и нишани за ноќни услови. По војната Ибука поправал радија и Морита го пронашол повторно кога во весник прочитал дека Ибука измислил конвертор на кратки барнови (shortwave convertor). Во мај 1946 година овие двајца формираат партнер-

64 click јуни 2010

ство со основачки капитал од 500 долари, пари кои за таа пригода ги позајмиле, и својата компанија ја регистрираат како Tokyo Tsushin Kogyo (Telecommunications Engineering Corporation или TTK ). Компанијата се сместува во речиси уништен објект во јужниот дел на Токио каде што го развива својот прв комерцијален производ – автоматски готвач на ориз. Овој производ немал некој комерцијален успех, но секако останува запишан во историјата. Во првата година на постоење ТТК пријави профит од 300 долари и продажба нешто помала од 7.000 долари. Растот на јапонската економија донесе и многу зголемена побарувачка за стоки за широка потрошувачка. Морита и Ибука го напуштаат пазарот за домашни апарати и со помош на свеж капитал земен од таткото на Морита се концентрираат на развој на електронски уреди. Ибука развива рикордер на касети сличен на моделот кој го видел во Japan Broadcasting Corporation. Уредот нема некоја особена побарувачка сe до моментот на откривањето на американска воена книгичка со име „999 начини за употреба на

Акио Морита и Масару Ибука основачите на Sony


68 70 71

Alpha Protocol Blur Plain Sight

click/игри/

ИНФО

• Alpha Protocol • ИЗДАВАЧ: Sega • Развој: Obsidian Entertainment • ПЛАТФОРМА: компјутер, Xbox 360, Playstation 3 • URL: www.alphaprotocol.com

Alpha Protocol, таен агент во акција

ЗА И ПРОТИВ

 Многу мисии  Различни можности за развивање на карактерот  Интеракција со многу ликови во играта при што одлуките влијаат на приказната  Најразлични шпионски играчки и уреди  Проблеми со графиката и текстурите  Лоша вештачка интелегенција на противниците  Лоша изведба на механизмот за затскривање позади објекти

ОЦЕНА

многу добро

68 click јуни 2010

О

дамна за некоја игра се нема дигнато толку прашина со две спротивставени страни, оние што ја сакаат и оние што ја мразат. Едно е сигурно, двете групации ја имаат изиграно Alpha Protocol и агрументирано ги посочуваат добрите и лошите страни, а јас само ќе заклучам дека играта е како неизбрусен дијамант, квалитетен но не доволно обработен. Впрочем и првиот закажан датум за излегувањето, во октомври минатата година беше одложен за крајот на мај и почетокот на јуни оваа година. Ех тие “проклети рокови” и компании кои под притисок исфрлуваат неиспеглани игри на пазарот. Сигурен сум дека екипата во Obsidian Entertainment со малку повеќе време за поправање на грешките би ја направила Alpha Protocol да биде

меѓу првите 5 игри за оваа година. Ваква каква што е Alpha Protocol нуди многу забава, но одредени мани ќе треба да ги прифатиме од самиот старт и да ја играме заедно со нив, а на тој начин ќе уживаме многу повеќе. Накратко Alpha Protocol

оди на мисии низ целиот свет под покровителство на својата агенција Alpha Protocol, има многу интеракција како во Mass Effect и многу шпионски финти како во Deus Ex. Сомнителни владини агенции, мистериозни паравоени организации,

Mожете да одберете било кој од трите стила на однесување на најпознатите тајни агенти чии имиња започнуваат со J.B. (Jason Bourne-професионален, James Bond-учтив и Jack Bauer агресивен) и на тој начин да комуницирате со останатите ликови. е role-playing пуцачина во трето лице која е базирана на главниот шпионски лик Michael Thorton. Долгото објаснување би било вака, таен агент како Џек Бауер

шпиунски завери и многу други заплети се закануваат да го одведат Светот во тотален хаос. Во авантура за спречување на сето тоа се впушта главниот лик,

агентот Michael Thorton. Уникатен е начинот на кој комуницираме со останатите ликови во играта, односно во секој дијалог ни се нудат три опции да бидеме агресивни, учтиви или професионални. За разлика од било која игра до сега, одговорите и пристапот кон секој лик во Alpha Protocol влијае на начинот на кој тие ќе комуницираат со вас во иднина, а во глобала и на целата приказна во играта. Имено, можете да одберете било кој од трите стила на најпознатите тајни агенти чии имиња започнуваат со J.B. (Jason Bourne-професионален, James Bond-учтив и Jack Bauer-агресивен) и да ја одиграте целата игра. Секако, доколку сакате да извлечете максимум од секој лик треба да се однесувате во зависност од дијалогот кој се води. Тука всушност


click/игри/Blur/

Blur, пази ракета од колата позади тебе! ИНФО

• Blur • ИЗДАВАЧ: Activision • Развој: Bizarre Creations • ПЛАТФОРМА: компјутер, Xbox 360, PlayStation 3 • URL: www.blurgame.com ЗА И ПРОТИВ

 Одлична изведба на возењето  Надградби на колите и нивоа  Различни оружја и стапици за останатите возачи  Систем на награди и дополнителни цели кои водат кон трки со шефови  Солидна графика и визуелни ефекти  Многу различни патеки и коли  Максималното ниво при самостојно играње е многу ниско

М

илина! Точно знаат кога да ги темпираат излегувањата на најдобрите тркачки игри годинава, лето кога на овие горештини се седи најмногу дома. По солиднината минатомесечна Split Second, овој месец ја имаме фантастичната Blur. Незнам само зошто требаше да помине толку многу време некој да направи модерна верзија на Revolt со вистински коли наместо колички на батерии. Ако некој од помладата генерација на играчи не слушнал или не ја играл Revolt до сега, топло ви ја препорачувам. Да се вратиме на Blur, развиена од Bizarre Creations и издадена од Activision, аркадна тркачка игра со вистински коли и оружја што се собираат за да се совладаат противниците. Концептот на Blur е веќе испробан и одлично функционира, а изведбата на самата игра е на највисоко ниво. Ќе имаме многу тркачка забава како за самостојно така и за мултиплеер играње ова лето. Во Blur имаме многу коли на избор од Audi TTS Coupe, Mustang, Ford Focus, Renault Megane, Ford GT, Corvette како и неколку Land Rover џипови. Секоја

даваат можност за употреба на различни моќи кои ги користиме за оневозможување на противниците. Сите оружја се добро балансирани, а можат да се користат како за напад така и за одбрана. Покрај разните ракети, пратечки бомби, мини тука се и нападот со буткање и електричната молња. Доколку не сакате да бидете лесна мета на нападите на останатите возачи треба добро да внимавате што се случува позади вас на ретровизорот кој е одлично изведен. Дополна која дава уште едно ниво на забава во Blur

Незнам само зошто требаше да помине толку многу време некој да направи модерна верзија на Revolt со вистински коли наместо колички на батерии.

ОЦЕНА

одлично

70 click јуни 2010

кола има различни карактеристики кои одговараат на различни типови на стази. За да ги возиме подобрите модели секако ќе треба малку да напреднеме во играта. Покрај солидната изведба на возењето, на патеките се собираат награди кои ни

е напредувањето во нивоа на возачот со собирање на навивачи. Со секое ново ниво се отклучуваат нови коли, а можат и да се подобруваат одредени карактеристики при возењето. При самостојното играње на кампањата има само 25 нивоа на возачот, додека

при играњето на Интернет има 50. Има три различни типа на евенти: тркање, поминување на контролни точки и уништување. Може да се игра со максимум 20 играчи, а покрај стандардното возење треба да се исполнуваат и различни задачи како дрифтање одреден број метри, возење цел круг со брзина над 150 км./час итн. Кога ќе постигнеме некоја од овие задачи ќе можеме да се “пробаме” со некој од шефовите во Blur. Да да, дури има и шефови кои се вистински предиз-

вик за совладување. Графиката, стазите и комплетно сите ефекти се одлично изработени. Самите патеки се во најразлични околини што го прави возењето да биде забавно во секоја нова трка. Кога ќе се “навежбате” во самостојното играње упатете се директно на Интернет каде што ќе можете да се натпреварувате со вистински противници. Многу брза и забавна тркачка акција, немојте да сте ја пропуштиле Blur ова лето. l [Иван Манчевски]

Најдобрата аркадна тркачка игра до сега што одлично го има пренесено концептот на Revolt во вистинскиот свет со реални коли и патеки. Blur нуди многу забава и понекој тежок предизвик доколку навистина навлезете во нејзино играње.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.