Click #16

Page 1

Внимавајсе снима! Trendnet_tv-ip422 Број 16 • АВГУСТ 2009 • www.clickmag.mk

G

gle

CHROME OS Дали оперативните системи и веб-пребарувачите ќе станат едно!?

Нешто повеќе за .... GARMIN

Од визија до светска слава

Microsoft Silverlight 3.0

Прототип

21,5-инчен `монитор од Benq за полиглоти Монитор на кој сликите изгледаат реално

Dell PowerEdge 840 Серверска станица составена од одлични компоненти

Јакото мало бизнисмомче од Packard Најмалата верзија на преносник од HP

Телефон и микрокомпјутер споени во едно

АВГУСТ 2009 90 ДЕНАРИ

9 771857 598002

16

Новото лошо момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција


click/содржина/ БРОЈ 16 • АВГУСТ 2009

12 - 43

ХАРДВЕР

12 HTC Touch Pro 2

Мобилен телефон кој стравотно личи на iPhone, но со голем број свои особености

18 Xarcade GAMING CONTROLER Стариот калсичен флипер во вашиот број

26 HP Mini Note 2140 netbook Јакото мало бизнис-момче од Packard

34 TrendNet TV-IP512P Окото на големиот брат!

38

Квалитетно cool-ирање

36 CANON EOS 500D Нови адути на CANON

Оладете го својот миленик квалитетно 43 - 60

СОФТВЕР 43 Aviary FALCON

Бесплатен онлајн сервис за брзо менување на слики

45 Visual Lightbox 1.9 Web галерија по ваш вкус!

52 Live blogging

Блогирањето умира заживувајќи

56 Microsoft Bing vs. Google Пресметка кај Дот Ком коралот

60 Silverlight 3 & Expression 3

Нова верзија за креирање на мултимедијални содржини

56

TEMA НА БРОЈ – Google OS

Дали оперативните системи и веб-пребарувачите ќе станат едно!?

ФЕЉТОН

64 - 65

64 GARMIN

Од визија до светска слава!

ИГРИ

66 -71

66 Summer Athletics 2009

Почувствувајте ја атмосферата на летните олимписки игри

69 Prototype

Лошото момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција

РЕДОВНИ РУБРИКИ

71

Прототип

Новото лошо момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција 4

click август 2009

5 72 74

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click/вести/

2 терабајта од Hitachi Hitachi Global Storage Technologies (Hitachi GST) започна со испорака на својот најнов производ – хард-диск со капацитет од 2 терабајта. Овој капацитет засега е најголемиот достигнат кај хард-дисковите. Постигнато е со имплементација на 5 плочи со капацитет од по 400 GB. Брзината на вртење е стандардни 7.200 вртежи во минута, баферот е 32 МВ, а интерфејсот е SATA-300. Производителот декларира фабричко време на пристап од 8.2 ms. Според стандардната номенклатура на производителот, овој модел носи ознака 7К200. Форма факторот е 3,5“, што значи дека се работи за стандарден диск за десктоп системи и работни станици. Потрошувачката изнесува само 7,5 W, и има систем за заштита од падови. l

HP ги придобива клиентите на SUN Со оглед дека повеќе од 100 клиенти на Sun се одлучија за премин на серверските и платформите за складирање податоци на HP, одговорните во оваа компанија објавија програма за нивна поддршка. Целта на ваквата миграција е заштедата, а поткрепена е со фактот дека клиентите на SUN плаќаат до 80% повеќе за вкупниот трошок за поседување на серверите SPARC, споредбено со клиентите што ги користат Integrity серверите на НР. Исто така, трошокот за голем број апликации кај SPARC е значително поголем. Пример: трошокот за оперирање со софтверот за бази на податоци – Oracle е за 50% поскапо на SPARC во споредба со НР Integrity. Со миграцијата на НР, клиентите добиваат:  зголемена сигурност, иновации и поедноставено управување со стандардните НР-сервери;  Намален ризик за транзиција и перформанса со услугите на НР за поддршка на целокупната Solaris-околина за сервери, складирање и вмрежување;  намалени оперативни трошоци преку интеграцијата на Solaris 10 со алатките на НР за управување и корисност на НР-серверите. l

Sony и Sharp вложуваат во производство и продажба на големи LCD-панели и модули Корпорациите Sony и Sharp склучија договор за формирање компанија за заедничко вложување во производство и продажба на големи LCD-панели и модули. На 1 јули годинава, Sharp ја подели својата нова фабрика за LCD лоцирана во Сакаи која е во изградба и ја префрли на корпорацијата Sharp Display Products (“SDP”). SDP претставува подружница во целосна сопственост на Sharp и треба да започне со работа во овој октомври. На 29 декември, пак, како прв чекор кон конечната инвестиција (66% од страна на Sharp и 34% од страна на Sony), Sony ќе инвестира 10 милијарди јени во SDP. Како резултат на оваа трансакција, SDP ќе стане компанија за заеднички вложувања на Sharp и Sony во ист ден. SDP ќе настојува да ги зголеми предностите што произлегуваат од употреба на десеттата генерација (прва во светот) стаклени супстрати, за производство на големи LCD-панели и модули што ќе и го донесат на индустријата највисокото ниво на квалитет, цена и перформанси. Sharp и Sony ќе продолжат да работат на развој на компоненти за LCD-модулите за да ја зајакнат нивната заедничка соработка. l

Хакерски напад врз Twitter и Facebook На 6 август годинава популарните страници Twitter и Facebook беа цел на хакерски напади. Се работи за DoS (Denial of Service) напади, кои по сé изгледа биле координирани. Нападот резултираше со неможност за голем број корисници на овие социјални мрежи да пристапат кон нив и да постираат нови содржини. Twitter беше offline неколку

часа, додека пристапот кон Facebook беше со големо временско одлагање и неможност за објавување нови содржини. l

click август 2009

5


10 12 14

ASUS P552 HTC Touch Pro 2 FreeLoader Pro Solar Charger Personal Soundtrack Shirt Xarcade GAMING CONTROLER BENQ G2220HDA RPC-TV-HDU CoolerMaster 850 W modular PSU INFOSEC iAVR MR 3000 WACOM Intuos4s table APACER Presenter AB611 Sony_VAIO_NS130E Dell VOSTRO 1310 HP Mini Note 2140 netbook ASUS EeePC 1008HA netbook DELL PE 840 server OCZ SSD 120 GB TrendNet TV-IP512P

15 16 17 18 19 20 21 22 24 26 27 28 29 30

31 32 33 34

TrendNet TV-IP422 Zyxel NAS NSA 2400 Samsung HMX-H105BP CANON EOS 500D

click/хардвер/

Телефон и микрокомпјутер споени во едно Џебна мобилна канцеларија без граници ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: ASUS www.asustek.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: СЕТ Компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ

        

Квалитетна изработка Ергономија Функционалност Touch Screen Најнов Windows Mobile 6.1 Pro Mноштво дополнителна опрема Голема поддршка од ASUS кон корисниците Нема видеоповици Нема радио

ЦЕНА

• 12.499 денари

Е

рата на џебните телефон-компјутери е во постојан подем. Сите производители на мобилни телефони се борат за своето парче од колачот. Денес како и да не постои компанија за производство на мобилни телефони која во својата гама нема барем еден претставник со touch-screen или оперативен систем, особеност на модел. Nokia, I-Phone, Sony Ericsson, Samsung, HTC се водечките фирми на пазарот, кои беспоштедно го диктираат темпото. ASUS е фирма која е повеќе позната по производство на компјутерски компонен-

присутност. Од оваа програма на ASUS понудени на пазарот се дваа претставника, од кои ние го разгледавме моделот P552w. Самото пакување на телефонот е од висока класа, со одличен избор на материјали за да го привлече вниманието на потенцијалниот купувач уште на почеток. Тоа на што секогаш ASUS е и останал доследен е присуството и поддршката на крајниот корисник. Мноштво од додатоци, за кои ќе стане збор понатаму, CD со драјвери и оперативен систем на него. Цената на додатоците

Неверојатен е бројот и типовите на информации кои може да се внесат во контактот како и речиси безграничниот број контакти и групи. Се надеваме дека полека ви станува јасно која е целната група на корисници на овој модел ОЦЕНА

8,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Телефон од бизнис-класата за неверојатно пристапна цена и богата опрема

10

click август 2009

ти и монитори, отколку по мобилна телефонија, но бидејќи нивните претставници на овој пазар се многу повеќе компјутери отколку што се мобилни телефони, јасна е нивната

влегува во вкупната цена, така што реалната цена на мобилниот телефон всушност е помала од 12.500 денари. Црна футрола со дискретно лого на ASUS (само телефоните од

повисока класа содржат такви футроли во пакетот), USB-кабел за поврзување со компјутер (или друг уред), стерео слушалки, вакуумски држач за во автомобил како и полнач за во автомобил на 12V, CD со основни драјвери, програма за синхронизација со компјутер и бекап на оперативниот систем со регистрациски број. Оперативниот систем кој доаѓа со и на телефонот е Microsoft Windows Mobile 6.1 Professional, односно најновиот Windows за мобилни. Тоа сега колку е позитивна, толку е и негативна работа. Во случајов, за жал, Macintosh е многу подобар како оперативен систем од Windows и на компјутер и на мобилен. Од програмите инсталирани на него се добиваат Office-програмите (кое е веќе нешто стандардно за поновите модели), PDF Viewer, сите основни Windows-потпрограми вклучително и најновата верзија на Solitaire и BoublePOP. Инсталацијата на дополнителен софтвер на Windows Mobile платформата е многу лесна. Сé што треба да имате е мемориска картичка, евентуално

Извонредно осмислен хибрид со неодолива цена

USB-кабел или преку WiFi. Нормално, софтверот да биде приспособен за оперативниот систем и мобилната џебна канцеларија повеќе ќе нема граници. Згодно ќе биде да се инсталираат дополнителни фонтови за препознавање на буквите во Word, Excel, PowerPoint, PDF, но и за нормална работа. Телефонот е изработен од најфини и многу отпорни материјали. Пластиката е предвиде-


click/хардвер/asus_p552w_pocket_pc/ на да биде нелизгава и отпорна на ситни гребаници. Сите копчиња се лесно пристапни и за лево и за десно ориентирани корисници. Пригодна е употребата на копчиња за зелена и црвена слушалка, за да не дојде до несакано „притискање“ доколку бидат поставени како опција на високоосетливиот и неверојатно прецизен екран. Поставен е централен тастер со кружно поставени копчиња за навигација, за корисници што не би сакале да го користат екранот како опција за навигација (или, пак, ако корисниот се одликува со sausage-like прсти, полесно да може да се снајде, нели). Од левата и од десната страна се поставени класичните копчиња за вклучување и исклучување, камера, гласност (опција зум) и преклопникот за вклучување и исклучување на екранот. Можноста да се нагоди телефонот самиот тоа да го прави секако дека постои. Осетливиот екран на допир е неверојатно прецизен иако од страна стои моливчето за уште попрецизна навигација. На почеток на користење, а и подоцна по потреба се јавува една програма за калибрација на екранот. За пишување пораки, забелешки и внесување контакти, ќе мора со моливот. Во тој контекст, препознавањето на ракопис

како програма на Windows е одлична алатка која бара извесно навикнување и ако се одлучите на таа варијанта, многу побрзо би било пишувањето на сите текстови. Резолуцијата и големината на екранот од 2,8 инчи се доволни за работа, но секогаш ќе кажеме the bigger - the better. Камерата е 2MPix 1.600x1.200 без блиц и не е ниту Carl Zeiss, Leica Vario-El Marit или евентуално Schneider, но изненади квалитетот на видеозаписот (QVGA 24fps). За комуникација со мобилниот телефон, стојат на располагање WLan WiFi 802.11 b/g и Bluetooth v2.0 A2DP. Поддржани мрежи се 2G GSM 900, 1800 и 1900 како и 3G HSDPA 2100. Процесорот за управување на целата оваа „скаламерија“ е сега-засега еден од најбрзите за мобилни телефони, Marvel Tavor 634MHz, додека внатрешната меморија е 128MB RAM и 256MB ROM. Проширувањето на корисниот простор е со microSD картичка до 8GB, но многу незгодно е вадењето и ставањето на истата во телефонот. Слотот се наоѓа под слотот на SIM-картичката и бидејќи е мала, тешко се ракува со неа. Нема втора камера од предната страна, што ја исклучува можноста на видеоповици. Bluetooth е екстра брз при пренос на податоци со просечни 115kB/s, што е за пофалба.

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

12.499 денари

ЕКРАН

2,8-инчен TFT Touch 65k, 320 х 240

МЕМОРИЈА

256MB NAND ROM, 128MB DDR

ФРЕКВЕНТНИ ПОДРАЧЈА

HSDPA 3.5Mbps, UMTS 2100MHz, EDGE/ GPRS/GSM (900/1800/1900MHz) Class 10

КАМЕРА

2,0 megapixel fixed focus

БАТЕРИЈА

1100mAh Li-Ion (3G:3hrs, 2G:5hrs)

КОНЕКЦИЈА

Bluetooth v2.0 EDR; USB 1.1(FS); WLAN 802.11b/g

ТЕЖИНА

0.105 kg

ДИМЕНЗИЈА

102 x 60,5 x 14,5 mm

Незгодната работа со него е што нема да може да се поврзувате со „постарите“ мобилни телефони преку bluetooth, бидејќи работи на принцип Remote Desktop. Од друга страна синхронизацијата со компјутер е екстра-лесна. Тука влегува во игра присутната програма SyncMaster за полесно средување на податоците. Контактите во телефонот се внесуваат во Outlook или обично, така што обезбедување бекап на компјутер на сите телефонски броеви и контакти ќе биде лесно и корисно. Неверојатен е бројот и типовите на информации кои може да се внесат во контактот како и речиси безграничниот број контакти и групи. Постојат опциите speakerphone, диктафон, гласовни команди, но нема радио, што малку нé разочара. Интернет-комуникацијата преку WiFi задоволува, иако не е нешто најбрзо. Пробано беше на повеќе мрежи со екстра-добар сигнал, така што најверојатно е тој заклучокот. Батеријата е малку повеќе од стандардна, литиум-јонска од 1100mAh и време на зборување повеќе отколку што е декларирано. Импресионира нејзината издржливост, како и времето на полнење. Полнењето се врши преку USB-приклучокот, така што доколку се случи на службен пат да биде заборавен полначот, нема да има проблем. ASUS не би бил ASUS ако не придодаде некој свој личен шмек на телефонот. Нагодувањето на десктопот е во понудени три варијанти преку ASUS Today мени, со многу подваријанти на корисни алатки што може да се постават на основен екран со програмата AnyTime Launcher. Да, тоа е стандардно за Windows based телефони, но ASUS-апликацијата внесува посебен шарм на целосниот изглед. Од нагодувања како на пример,

Данокот на компактните димензии го плаќа внесот на текст – тастатура навистина е неопходност!

дневни, неделни, месечни, работни денови, работни часови, дневни и ноќни, од принцип на изглед, па сé до принцип на работа и примање повици се многу корисни и даваат голем преглед на целосната работа. Звукот од звучникот кој се наоѓа на задната страна е добар иако е еден. Speakerphone функцијата нема да претставува проблем за слушање на соговорникот, како и поврзувањето со радиото во автомобил (ако истото поседува bluetooth). За поголемо уживање тука се стерео-слушалките кои даваат одличен звук на музика, како и на репродукција на глас при hands-free работа. Windows Media Player како и апликацијата EziMusic на ASUS за управување со музичките фајлови ќе исполнат многу од вашето слободно време. Тука е, исто така,

и апликацијата EziPhoto за детаљно разгледување слики со сите ефекти на движење на сликата, зум tumbnail view, ротации. Подесувањето на работата на процесорот за зачувување на батеријата и подолготрајна работа е на неколку нивоа, како и на заднинското светло. Со нагодувањето на работата на процесорот би добиле некои 10% подолготрајна работа, но тајната на зачувување на батеријата сепак лежи во нагодувањето на заднинското осветлување. Генералниот заклучок за ова микрокомпјутерче што во себе има потфункција телефон е дека е максимално корисна алатка за работа. Таргет-корисници се секако бизнис-класата, но нема да биде изненадување да биде експлоатиран од сите класи корисници. l [Горан Ставрески]


click/хардвер/wacom_intuos_4s_drawing_tablet/

Дигитална уметност на дофат Цртачка табла за дигитални уметници ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Wacom Intuos www.wacom.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Nevada www.nevada.com.mk ЗА И ПРОТИВ

    

Функционалност Употребливост Прецизност Изработка Издржливост

ЦЕНА

• 15.470 денари

В

о минатиот број стана збор за една многу корисна направа за инженери-професионалци. Во овој број ќе дадеме малку простор на дигиталните уметници. Цртачката табла од (кај нас) релативно познатиот производител WACOM претставува значително освежување на пазарот во дигиталната технологија. Без разлика дали корисникот работи со десната или со левата рака, таблата е идентична за користење од двете позиции. Во пакувањето следуваат два USB-кабли, по еден за поставување на секоја од страните на компјутерот (значи да не дојде до забуна, едниот не е резерва). Секако,

Достапно во четири големини, зависно од потребите и финансискиот метар на корисникот

како и метална штипка за замена на врвовите.

Навидум комплициран хардвер од една страна, но од друга уред на кој многу лесно се навикнувате на користење

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Комплетна и сериозна уметничка и инженерска алатка без мана.

20

click август 2009

за цртање се потребни многу алатки, така што и со него доаѓаат сите потребни делови за почеток. Пенкалoто за цртање е опремено со две копчиња за лев и десен клик (пандан на глувчето), но и со самото допирање на таблата веќе е извршена командата клик, односно click-hold, доколку се задржи пенкалoто на самата табла. Од горната страна има нешто што личи на гума за бришење и навистина тоа и е - дигитална гума за бришење. Во пакетот следува и држач за пенкалото, кој во себе има разни типови врвови за цртање, од најмеки и најтенки, па сé до дебели и тврди,

Пенкалото нема никаков извор на енергија. За корисници на AutoCAD, тука е и старото добро безжично глувче, кое, исто така, нема батерија. Глувчето се одликува со одлична прецизност, иако не работи на принцип светлина или ласер, а ги има сите потребни копчиња и скрол. На таблата воочливи се 6-те копчиња што ќе ви заменат многу копчиња од тастатурата (Show Settings, Radial Menu, Precision Mode, Display Toggle, Shift (ctrl/cmd), Ctrl/CMD (alt), ALT (pan/ scroll) и Pan/Scroll) и зум dial-jog копчето кое има четири потфункции за работа (AutoScroll/

Zoom, Cycle Layers, Brush Size и Canvas Rotation). Тука многу од командите ќе препознаат професионалните цртачи во Corel Draw, Photoshop, AutoCAD или некоја друга графичка програма. Инсталацијата е навистина лесна и тоа под сите оперативни системи (Windows, Macintosh). Оперативниот систем уредот го препознава

како Human Interface Device. Нормално, добивате CD со драјвери како и детаљно упатство за нејзино користење. Што може да се црта со овој уред? Практично сé. Во основните алатки се дадени пенкалото со многу врвови за цртање и глувчето за дополнителна помош при работа. Дополнителни елементи што не се вклучени во

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

15.470 денари

ГАРАНЦИЈА

1 година

ЕКРАН ОДНОС

16:10

КООРДИНАТНА РЕЗОЛУЦИЈА

200 lpmm (5080 lpl)

ПРЕЦИЗНОСТ

+/- 0,15mm (+/- 0,5mm)

АГОЛ НА ОСЕТЛИВОСТ

+/- 60 (+/- 50) степени

ВИСИНА НА ОСЕТЛИВОСТ

10mm

КОНЕКЦИЈА

USB

ТЕЖИНА

0,7 kg

ДИМЕНЗИЈА

309 x 208 x 12 mm


click/хардвер/wacom_intuos_4s_drawing_tablet/ основниот пакет се пенкалото-четка (airbrush и artpen) и lens-cursor глушец. Самата табла е осетлива на допир, што значи дека со самиот притисок врз неа се регулира дебелината на линијата или четката што се нанесува. При цртање треба да се земе предвид дека површината на таблата претставува истата површина од самиот екран, така што на која позиција од таблата ќе се изврши команда, на истата координатна позиција од екранот ќе биде извршена истата. Исто така многу е битен аголот под кој се држи пенкалото или четката при цртањето, бидејќи самиот уред го открива и најмалото навалување на алатката. За вистинските уметници тоа ќе претставува огромно олеснување во претставување на своите креации на вирту-

елното платно. Во контролниот панел за нагодување на работата со пенкалото се наоѓаат сите делови од алатката за нагодување на цртањето како и за користење на гумата за бришење. Може да се нагоди и да не биде користен целиот екран за цртање, туку само еден одреден дел од него. Едноставно мора да се види целиот уред во работа за да се сфати принципот и корисноста на работа. Ниту работата на два екрана не претставува проблем за овој уред. Повторно едноставно со мало нагодување ја добивате целата корисна површина од мониторите, доколку тоа е идејата за работа или со притискање на копче од таблата се префрла работата кон другиот монитор. За корисниците на графичките програми

особено погодни алатки ќе бидат airbrush и artpen. Алатката аirbrush користи fingerwheel за нагодување на дебелината на линијата, односно четката при цртање, додека artpen е поосетлив на притисок врз плочата, како и на аголот под кој се држи и ротацијата на пенкалото. И двете алатки ги имаат потребните копчиња за лев и за десен клик во Windows, односно клик и двоен клик во Macintosh. За корисниците, пак, на AutoCAD тука е специјалната алатка глушецот Lens Cursor. Служи при цртање за внесување прецизни координати на цртежот во CAD, како и за внесување информации за позицијата на глушецот во компјутер. Петте копчиња на него се за дополнување на командите преку глушецот, како лев, десен и среден

Можностите се ограничени само со способностите на корисникот

клик и back и forward команди за интернетпребарувачот. Тие можат и да се репрограмираат, па да се вметнат командите ctrl+alt со двојно држење. Прецизноста на алатките е од одлична 0,15 mm за Lens Cursor, па сé до доволна 0,5 mm за обичниот глушец.

Висината на реагирање на алатките над таблата е околу 1cm, а додека аголот на работа е од 100 до 120 степени. Нас комплетно нé импресионираше целосната функционалност на уредот. Едноставно, нема мана, колку и да ја бараме. Честитки .... l [Горан Ставрески]

Професионализација на презентациите Алатката што најчесто недостига при презентација

Едноставен дизајн и одлична ергономија

С

игурно досега сте се сретнале со проблемот при презентирање да имате потреба од покажувач со кој на присутните ќе им нагласите за кој податок од моментно прикажаната табела говорите. Најчесто користените реквизити, ласери или стапчиња не овозможуваат контрола врз презентацијата, па токму затоа Apacer на пазарот претстави продукт што

крајно ја поедноставува работата. Apacer Presenter AB611 е уред што во себе соединува повеќе функции и е единственото нешто што му е потребно на секој професионален презентер. Примарната намена (покажување кон фокусот на презентацијата) ја извршува ласерски, односно црвена точка со исклучителен интензитет. Presenter AB611 овозможува и контрола на презентацијата преку вградените копчиња PageUp и PageDown (особено важни за презентации во PowerPoint), но овозможува и движење и акција (лев и десен клик) на поинтерот од глувчето преку вградениот аналоген сензор. Уредот има облик на далечински управувач со одлична ергономија, која е изразена со едноставниот облик и големината

на PageUp, PageDown и копчето за ласерот, а исто така нема ограничување во поглед на ориентацијата на корисникот (користи лева или десна рака). Врската со компјутерот е безжична, во појасот од 2,4GHz на радиофреквентниот домен со соодветен USB-рисивер. Рисиверот освен стандардната функција, има и вградена меморија од 4GB, па може да се користи како

USB-стикче на кое ќе бидат сместени презентациите. Дометот на Presenter AB611 е импресивен и изнесува 20m без никакви ограничувања во поглед на насоката. Во пакет со производот се испорачани и две AAA батерии и кожена навлака.Сумирано, Apacer Presenter AB611 е уред што е клучен фактор при презентирањето. l [ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА KОМУНИКАЦИЈА

Безжична 2.4GHz RF

ПОКАЖУВАЧ

Class 2 ласер

НАПОЈУВАЊЕ

2 x AAA батерии

МЕМОРИЈА

4 GB USB2.0

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apacer www.apacer.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Rainbow www.rainbow.net.mk ЗА И ПРОТИВ

     

Едноставен дизајн Повеќекратна функција Одличен домет Долго траење на батериите Функција на глувче Цена

ЦЕНА

• 1.990 денари

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ТЕЖИНА

< 100g (со батерии и рисивер)

ОДЛИЧНО

ДИМЕНЗИЈА

123 x 39 x 22 mm

Одлична алатка за професионални презентации.

click август 2009 21


click/хардвер/asus_eee_pc_1008ha_„seashell“_netbook/

Морската школка на ASUS Интересно осмислени концепт и дизајн

П

рвиот поглед на EeePC 1008HA ја доловува смислата на насловот на овој текст. Со овој дизајнерски потег на ASUS носи свежина во помалкуповеќе шаблонизираниот пристап во креирањето на оваа категорија преносници. Во поглед на платформата, овој модел сé уште се држи до „проверената“ (и помалку „бајата“) комбинација на Intel ATOM-процесор и Intel GME 945/ICH7 тандемот чипсети, со интегрирана GMA 950 графика. Забележителен детаљ, кој сепак има колкав-толкав импакт врз перформансите, е нешто побрзиот ATOM N280 процесор, кој од N270 се разликува по побрзата собирница (667 наспроти

стандардна LAN-мрежа, Bluetooth, веб-камерата и аудиопортите. Тоа што EeePC 1008HA го прави посебен е дизајнот кој, без претерување, освојува симпатии на прв поглед. И покрај називот морска школка со кој го почести производителот (и навистина донекаде личи на неа), сепак сам по себе се наметнува впечатокот дека еден од лајтмотивите бил и AIR моделот на Apple. Кон тоа асоцираат два момента – тенкото куќиште и зашилениот преден дел. И тука завршуваат сличностите. Поставувањето во работна положба ве носи во „познати води“ – повторно пред вас е нетбукпреносник од последната

Тоа што EeePC 1008HA го прави посебен е дизајнот кој освојува симпатии на прв поглед. Производителот го почести со назив морска школка (и навистина донекаде личи на неа), сепак се наметнува впечатокот дека еден од лајтмотивот бил и AIR моделот на Apple 533 MHz), со работен такт од 1667 MHz (1600 MHz кај N270). Количеството DDR2 533 RAM-меморија е стандардни 1 GB, а стандарден е и хард-дискот од 160 GB. Експанзиските можности се изразени преку два USB 2.0 порта, читач за мемориски картички, безжична и

генерација, со 10-инчен екран и тастатура со (соодветно) намалени димензии, но сепак комфорна за работа. Стандардно, над екранот е вградената минијатурна веб-камера со микрофон. Тач-падот е стандарден, со една дополнителна

Споредба што најдобро илустрира колкава е дебелината на преносникот

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: ASUS www.asus.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: СЕТ компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ

Дизајн што го издвојува ASUS EeePC 1008HA од другите модели од оваа категорија преносници

функција - со едновремено движење на два прста по дијагонала може да се зумира и одзумира. На бочните страници се сместени експанзиските порти и интерфејси, но истите се покриени со соодветно изведени „капачиња“. Тоа е изведено за да не се наруши единствената линија и ефектот на целост на телото на преносникот. Кај приклучоците еден детаљ привлекува внимание – видеоинтерфејсот. Според изгледот е неверојатно сличен на USB-приклучок, со што става во дилема при првиот контакт. Решението е едноставно: на долната страна на преносникот постои уште едно мало капаче, под кое е сместен VGA-приклучок за екстерен монитор, кој се приклучува на „USB-ликиот“ интерфејс. Батеријата може да овозможи и до 6 часа автономија, благодарејќи на софтверот за менаџирање со енергијата. Секако, при тоа е потребно да се исклучат непотребните сервиси и апликации додека се работи, на пример, во Word или во

Excel или слично, како и при аудиорепродукција, каде што не е потребно максимално осветление на екранот. Без проблем може да се одгледа и филм од калибарот на „Титаник“, при што батеријата нема да биде целосно потрошена. Минусот кај ASUS EeePC 1008HA би се однесувал на неможноста за репродукција на High Definition видеосодржини, што од своја страна е последица на избраната платформа. Крајно време е платформата Menlow да биде стандард во оваа категорија преносници. Истата располага со интегриран графички чипсет способен за HD-декодирање и репродукција, без притоа да се оптоварува централниот процесор. И, што е најбитно, троши 20 пати помалку енергија од 945ките. Со тоа ја зголемува и автономијата – до 9 часа со стандардните, односно до 20 часа со батериите со двоен капацитет. Љубителите на специфичниот дизајн со овој модел ќе дојдат „на свое“. Другите – секако, но доколку ја „проголтаат“ сумата од 23.400 денари. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ)

 Оригинален дизајн  Квалитетна изработка  Долго траење на батеријата  Добра тастатура  Мали димензии и тежина  Неможност за репродукција на HD-видео  Сјајната црна површина е „магнет“ за отпечатоци  Цена ЦЕНА

• 23.400 денари

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Модел со предиспозиции да биде Best Buy, но под услов цената да се намали.

click август 2009 27


click/хардвер/dell_powerWdge_840/

Dell PowerEdge 840

Серверска станица составена од одлични компоненти, наменета за мали компании или за компании водени од дома ИНФО

• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Dell www.dell.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: LANCom www.lancom.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Компактен дизајн  Одлични компоненти  Вклучени додатоци во целокупниот пакет  Одлични перформанси ЦЕНА

• 54.958 денари

К

омпјутерските системи на Dell се генерално општопознати и признати во светот, па и кај нас. Големо е задоволството да се работи на такви квалитетни и респектабилни системи, задоволството не изостана кога го добивме на тест и серверот Dell PowerEdge 840. Овој модел на сервери ја претставува таканаречената влезна варијанта на сервери за домашни и/или за мали претпријатија или, пак, во поново време локации што се оддалечени од главната канцеларија, а сепак имаат потреба од некаква серверска поддршка. Како и да е, оваа машина, односно сервер, со релативна леснотија ќе се справи со која било од погоре наведените ситуации. Сите компоненти од кои е направен овој систем се со одличен квалитет, почнувајќи од самиот

SAТА и имаат капацитет од 250 GB и работат на 7.200 вртежи. Самиот дел во кој се поставени дисковите е лесно достапен и дозволува замена на истите додека системот работи (hot Swap) опција, нормално доколку дисковите се поставени во RAID. Кај PowerEdge 840 постои можност за поврзување на 4 тврди диска со максимален капацитет од по 1 TB, односно во тотал од 4 TB. Исто така, постои можност корисникот да избира какови дискови ќе користи, дали тоа ќе бидат веќе гореспоменатите SATA или, пак, SAS или сериски поврзаните SATA тврди дискови. Работната меморија (RAM) е меѓу најбрзите на пазарот и е со ECC корекција, постојат 4 слота за работна меморија, односно максимум меморија која можете да ја имате е 8 GB, ние на располагање

Серверска станица со високи перформанси, составена од квалитетни и идеално избалансирани компоненти чија цел е да ви понудат безбедно и стабилно работење

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Серверски систем подготвен за поддршка на мали компании во вистинска смисла на зборот. Машина која самата може да се исплати нормално доколку знаете за што ја купувате и што ќе работите со истата.

28

click август 2009

процесор - Intel Xeon Quad Core со ознака X3220 и работен такт од 2.40 GHz, па преку преднaта податочна магистрала (bus) кој работи на 1.066 MHz и со тоа овозможува проток на податоците од 8.34 GB во секунда. Таа магистрала всушност го поврзува процесорот со меморијата и самиот чипсет и со тоа се овозможува брз пренос на големо количество податоци со што максимално се искористува моќноста на повеќејадрениот систем. Покрај силниот процесор, серверот кој дојде на тест поседува и два релативно брзи тврди диска. Дисковите се

имавме 4 GB RAM и тоа 4 x 1GB. Овој компјутерски систем се води како серверска станица, а познато е дека серверските станици својата сила ја демонстрираат на други полиња, па графичкиот потсистем нема потреба да биде со врвни перформанси и дополнителни специјални можности. Кај PowerEdge 840 графичкиот систем е интегриран на самата плоча, произведен е од страна на ATI и се води под името ES1000, максимална резолуција 1.240 x 1.024, сосема доволна за извршување на сите задачи и функции што еден сервер треба да ги

Доверлив и квалитетен систем, комбиниран со одлично одмерен цена

изврши. Покрај сите овие компоненти, тука се и оние што ги гледаме на сите компјутерски системи, тука е 16x DVD +/-RW оптичкиот уред, USB-тастатура и USB-глувчето. Сите тие се со одличен квалитет и ергономичен дизајн. Dell PowerEdge 840 е серверски систем кој штом го извадите од кутијата е подготвен за работа, претходно треба да го одберете оперативниот систем и дали сакате тој да биде преинсталиран од страна на производителот

или сакате самите да се погрижите за инсталацијата. Како и да е, медиумот со драјвери, документација и алатки за серверска администрација ви стои на располагање. Серверот кој нам ни дојде на тест со себе немаше оперативен систем, па ние самите требаше да направиме инсталација. Се одлучивме за истиот оперативен систем кој е препорачан од страна на Dell, станува збор за Microsoft Windows Server 2008 Standard едицијата

СПЕЦИФИКАЦИИ ПРОЦЕСОР

1 x Intel Xeon Quad Core X3220 (2.4 GHz)

МЕМОРИЈА

4GB DDR2 RAM (максимум 8 GB)

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

ATI ES 1000

ХАРД-ДИСК

2 x 250 GB, 7.200 rpm, SATA

ОПТИЧКИ УРЕД

16xDVD+/-R/RW

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Microsoft Windows Server 2008 standard eddition

ГАРАНТЕН ПЕРИОД

3 години


click/хардвер/dell_poweredge/ која претставува идеален софтверски партнер за горенаведената хардверска конфигурација. Сé што треба да направите е да ги следите упатствата и да ги одберете опциите што најмногу ви одговараат во

од повеќе дискови ќе креирате еден голем, или сигурноста и доверливоста од два диска да креирате еден и секогаш да имате резервна копија од податоците. Штом тоа ќе заврши, го избирате оперативниот

Пред самата инсталација на оперативниот систем размислете дали ќе ја користите опцијата RAID 0 и ќе одберете помеѓу брзината заедно со капацитетот, или сигурноста и доверливоста од два диска да креирате еден и секогаш да имате резервна копија од податоците вашата ситуација. Пред самата инсталација на оперативниот систем едно од битните прашања што треба да ги одговорите е дали ќе ја користите опцијата RAID и ќе одберете помеѓу брзината заедно со капацитетот, односно

систем, и според тој избор се инсталираат драјверите, ставате DVD со одбраниот оперативен систем и инсталацијата тече. За кратко време имате сервер кој во зависност од тоа во која улога ќе се најде во мрежата, ќе ги добие потребните

ролји и функционалности. Покрај самиот помошник за инсталација, тука се уште неколку апликации кои може да ви се најдат во натамошната работа со самиот сервер, на пример тука е Dell OpenManage Administrator, Dell OpenManage IT Assistant или Dell Online Diagnostic. Сите овие алатки ќе ви помогнат комплетно да ја заокружите администрацијата на овој сервер, според потребите што ги имате и функцијата што ќе му ја доделите истиот ќе биде во состојба да ги издржи сите задачи што ќе му се дадат. Квалитетниот однос на хардверските компоненти и софтверските апликации се најдобрите адути на овој сервер. За да може овој сервер да го води главниот збор во мрежната констелација тука е и гигабитниот мрежен адаптер на Broadcomm. Сé на сé, PowerEdge 840 претставува

Логичен избор – Intel XEON Quad Core X3220

одличен избор и одлична инвестиција за мала компанија која има потреба од серверски ориентирана мрежа, а сепак нема потреба од голем број мрежни сервиси и задачи. Ако постои потреба од поголем товар, ситуацијата може да се реши со додавање исти вакви сервери или, пак, со купување некоја посериозна серверска конфигурација и нејзино подоцнежно виртуализирање. Голем удел во одлуката што би ја донеле во таа ситуација е

цената на самиот серверски систем, а цената на PowerEdge 840 е навистина популарна, за околу 900 евра односно 55.000 денари добивате навистина респектабилна конфигурација. Дополнителна поволност во овој случај е и гарантниот рок кој кај Dell изнесува цели 3 години, навистина многу. Доколку размислувате за сервер, овој модел, односно конфигурација од сесрце ви ја препорачувам. l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

Агилен и сé уште скап Брзина на пристап на која и WD VelociRaptor завидува

Брз, фуриозен и безобразно скап!

O

CZ не мирува, туку продолжува со премиерни претставувања. Почетокот на овој месец го одбележа појавувањето на моделот на SSD диск со капацитет од 120 GB, кој производителот го декларира како производ од мејнстрим-сегментот. Помалку чудно декларирање – од кога

уред со цена од безмалку 300 евра припаѓа на мејнстрим-сегментот? Но, и да се помириме со тоа. Битното за овој уред е што според своите перформанси нема ама никакви допирни точки со овој сегмент. Брзината на пристап е помала од една милисекунда, брзината на

читање е 230 MB/s, а на впишување 135 MB/s. Поддржано е врзувањето во RAID модалитет. Втор интересен детаљ врзан за овој модел е вградениот кеш, чиј потписник е ELPIDA и чие количество изнесува 64 МВ. Димензиите на дискот од 99,8 x 69,63 x 9,3 mm и тенкиот дизајн откриваат дека ова е диск од категоријата 2,5“. Тежината на целиот уред е само 77 грама. Ништо чудно, со оглед на „сиромаштијата“ која владее во неговата внатрешност. На едната единствена печатена плоча е сместено сé што треба да гарантира интегритет на податоците. Тука се 8 Samsung NAND мемориски чипови и SATA-интерфејсот. Со це-

лата логика „раководи“ INDILINX-контролерот. Потрошувачката на овој уред изнесува цели 2W, односно 0,5W во мирување. Производителот декларира и време до отказ од 1,5 милиони работни часови, и гаранција од две години. Можеби податокот за отказ би требало малку да се коригира. Секако, во прашање е статички уред, без подвижни делови и минимално загревање, но сепак, со сигурност не може да се тврди дали декларираното време е реално или не. Реална е цената (во смисла дека постои), па кој може да ја „проголта“ ќе се поднови со одличен хард-диск со широка намена. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Samsung www.samsung.com ЗА И ПРОТИВ

   

Брзина Капацитет Сигурност Цена

ЦЕНА

• 287 евра (на странскиот пазар)

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Перформанси што ги посакува секој, но со соодветна (превисока) цена.

click август 2009 29


click/хардвер/trendnet_tv-ip512Р_poe-ip-camera/

Окото на Големиот Брат Набљудување без потреба од електричен приклучок ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: TrendNet www.trendnet.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ЈВС Нет www.jvsnet.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Поддржани многубројни протоколи  Компактен дизајн  Power over Ethernet  SD слот  Нема WLAN ЦЕНА

• 15.000 денари

З

а видеонадзорот и потребата од сигурносните мерки дискутиравме во еден од претходните броеви. Токму поради тоа сé поголем број компании се одлучуваат да произведуваат вакви производи. TrendNet е компанија која е едно од позвучните имиња на пазарот на мрежни уреди, па како таква има посебна линија на камери што податоците ги пренесуваат преку мрежа. Сепак, за да работи секој уред потребна е електрична енергија чија достапност не е секогаш едноставна. Во последно време сé поатрактивни се PoE (Power over Ethernet) уредите кои своето напоју-

димензии 170 x 80 x 40mm на кое се карактеристични три детали. На предната страна е сместена 1/3-инчна леќа со фокусно растојание од 6 мм и променлив фокус кој се движи во границите од 70 см до бесконечност. Аглите на видливост се 45 степени по хоризонталната оска и 34 степени по вертикалната оска. Интересно е тоа што леќата се вади и може да се замени со друга во зависност од потребите. Вториот карактеристичен детаљ е странично поставениот слот за SDкартички со максимална големина од 16GB. Ова е крајно корисна опција со која камерата може да складира записи во вид на

На задната страна покрај LAN-портот и аудиоизлезот сместен е еден 8-пински мултифункционален влезно/излезен порт чии пинови најчесто се користат како контролни тригери

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО 30

click август 2009

вање го добиваат преку LAN-кабелот, се разбира доколку се приклучат на соодветен уред кој ќе им го овозможи истото. IP-камерите се одлични уреди за имплементација на PoE, па токму таков уред е и TrendNet TV-IP512P. Се работи за PoE IP камера која во себе имплементира голем број потсистеми што ја прават една од најдобрите камери за оддалечено набљудување. Богато опременото пакување покрај IP-камерата содржи адаптер за напојување, LAN-кабел, упатство за употреба, монтажни делови и CD со IP View Pro софтверот и програма за сетирање на камерата. TrendNet TVIP512P е сместена во бело пластично куќиште со

слики и видео. На задната страна се сместени LANпортот, аудиоизлезот, приклучокот за напојување (во услови кога камерата е поврзана за обичен, а не PoE, свич/рутер) и еден мултифункционален влезно/излезен порт. Овој порт има 8 пина (4 пара) од кои два пара се влезни и најчесто се користат како контролни тригери за активирање на камерата или некој потсистем. Другите два пара се излезни пинови од кои едниот е стандардизиран за сериска 485 комуникација со компатибилни уреди, додека другиот е конфигурабилен и најчесто се користи како тригер за останати уреди (аларми), при настанување на некоја карактеристична промена

TV-IP512P напојувањето го добива преку мрежата (LAN кабелот). Можна е монтажа и на постолје

во набљудуваниот сегмент. TrendNet TV-IP512P во себе содржи и микрофон кој регистрира звуци на оддалеченост до 5 м од камерата. Интересно е тоа што преку софтверот е можна аудиокомуникација со набљудуваната околина во која микрофонот се користи како звучник. На горната и на долната страна на куќиштето на TrendNet TV-IP512P има навртки за прицврстување на држачот преку кој камерата може да се постави во каква било позиција. MPEG-4 енкодираните видеосодржини на TrendNet TV-IP512P може да пристапат на два начина. Едниот е преку користењето на софтверот IP View Pro, кој овозможува симултан преглед на 32 камери одеднаш, додека вториот е преку користење

интернет-прелистувач. Препорачливо е користење на Interent Explorer, но поддржани се и другите видови прелистувачи во своите понови верзии. Интерфејсот на програмата и веб-апликацијата се речиси идентични и крајно лесни за употреба. Оттука може да се нагодуваат многубројните опции кои ги нуди оваа камера, а како најинтересна ќе ја издвоиме опцијата за пристапување преку мобилни (Windows Mobile и iPhone) уреди. Софтверот нуди креирање разни профили со посебни предефинирања за корисници што користат различен интернет пристап, а исто така овозможува и контрола на камерата и дигитално зголемување до 16 пати. l [ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

18 месеци

СЕНЗОР

¼” CMOS SOC

РЕЗОЛУЦИИ

160 x 120, 320 x 240, 640 x 480

ПОДДРЖАНИ ПРОТОКОЛИ

DHCP, NTP, DNS, DDNS, SMTP, FTP, HTTP ,Samba, PPPoE, UPnP AV, RTP, RTCP, RTSP

ПОДДРЖАНИ КОМПРЕСИИ

MPEG-4, MJPEG

КОНЕКЦИЈА

1 x LAN, Audio Line Out, SD Card Slot

ТЕЖИНА

Камера: 260 g + држач: 116 g

ДИМЕНЗИИ

170 x 80 x 40mm


click/софтвер/aviary_falcon/

Aviary Falcon, онлајн-алатка за маркирање слики Бесплатен онлајн-сервис за брзо менување слики

A

viary повторно изненадува со својата иновативност и заслужува да опфатиме уште еден нивни сервис во прегледите на софтвер во Click. Покрај досегашните 4 сервиси наменети за векторска графика, обработка на слики, палети на бои и визуелната лабораторија се приклучува малиот, но моќен Falcon. Сите сервиси имаат „подобри“ верзии за чие користење треба да се плати, но и бесплатните верзии солидно си ја изведуваат работата за која се наменети, а сите можат бесплатно да се користат од веб-страницата www.aviary. com. Falcon првенствено е наменет за фаќање слики од екранот и нивно брзо менување, но може да се користи и врз слики што сами ќе ги поставиме од компјутерот или, пак, да почнеме од нула и да направиме сопствена креација. Сервисот е ве-базиран и може да се користи во кој било прегледник и на која

ИНФО

• НАСЛОВ: Aviary Falcon • ИЗДАВАЧ: Aviary • ЛИЦЕНЦА: бесплатна • ПЛАТФОРМА: веб-прегледник со Flash поддршка • URL: www.aviary.com ЗА И ПРОТИВ

 Интуитивен интерфејс  Брзо додавање коментари  Можност за повикување на останатите алатки на Aviary  Цена  Можност за користење кратенки од тастатура  Нема можност за префрлување на слика од clipboard  Не може да се додаде коментар на кирилица

Прегледната и едноставна работна површина овозможува комфорно работење

на сликата во Falcon за понатамошна обработка. Кога се стиска иконата во Firefox на страницата на која се наоѓате се појавува избор за одредување на

Falcon првенствено е наменет за фаќање слики од екранот и нивно брзо менување, но може да се користи и врз слики што сами ќе ги поставиме од компјутерот или, пак, да почнеме од нула и да направиме сопствена креација било платформа, Windows, Mac или Linux. Falcon нуди едноставен сет алатки кој ќе им биде најкорисен на блогерите и останатите корисници што прават брзи манипулации со слики во лет. Убавината на Falcon е во додатокот за Firefox наречен Talon кој овозможува фаќање на екранот и автоматско импортирање

содржината што сакате да ја опфатите. Така, можете да го фатите екранот што го гледате, дел од него или, пак, целата веб-страница под и над екранот што го гледате. Последната опција е многу корисна и ретко која алатка го овозможува тоа. Обработката на сликата во Falcon се сведува на смалување и зголемување,

ротирање или сечење на сликата. Како дополнување се опциите за додавање стрелки и текст, опции што најчесто се користат за коментирање блогови. Има опција за вметнување линии, елипси и правоаголници. На сите едноставни елементи што ќе се вметнат на сликата може да им се нагодува сенката, надворешната линија и бојата. Има можности за враќање чекори наназад доколку направиме некоја измена што сакаме да ја поништиме, како и можности за менување на објектите што веќе сме ги додале. Како недостиг може да се смета работата со текст, односно начинот на зголемување и намалување на текстот, што се изведува по внесување на целиот текст. Но, доколку се земе предвид дека Falcon е наменет за брзо додавање коментари и овие опции со текстот се

доволни. Доколку имаше можност за употреба на кирилска поддршка и пишување текст на кирилица, тогаш ќе речев дека Falcon е совршен. Кога ќе завршиме со обработката на сликата во горниот лев дел се наоѓаат опциите за снимање на сликата на компјутерот на кој работиме или снимање и хостирање на сликата на www.aviary.com. Одлична опција е можноста за повикување некоја од другите алатки на Aviary директно од Falcon преку копчињата во горниот десен дел. Така брзо се префрламе во напредниот фотоедитор, во визуелната лабораторија или во алатката за палети на бои. Сé на сé одлична алатка, особено корисна за блог-заедницата за брзо фаќање екрани и изведување мали корекции и додавање коментари. l (ИВАН МАНЧЕВСКИ)

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Уште еден одличен сервис од Aviary. Falcon брзо и едноставно ги изведува сите операции врз сликите за кои е наменет, особено корисен за блог-заедницата.

click август 2009 43


click/софтвер/

Чувар со златно око

Набљудувајте и снимајте сé што се случува на вашиот компјутер ИНФО

• Golden Eye • ВЕРЗИЈА: 4.50 • ИЗДАВАЧ: monitoring-spysoftware.com • ЛИЦЕНЦА: 29.95$ • ПЛАТФОРМА: Windows 95, 98, ME, 2000, XP, Vista • URL: www.monitoring-spysoftware.com/ ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен за користење  „Тежина“ од само 1,45 мегабајти  Цена  Дизајн на работната околина

Апликацијата може да функционира и како скриена ОЦЕНА

7,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Солидна апликација за надзор на сé што се случува на вашиот оперативен систем, едноставна за користење и не одзема многу простор на вашиот хард-диск.

П

риватноста, како во минатото така и денес, сé уште претставува важен сегмент од секојдневјето на секого. Не е мал бројот на корисниците што сакаат да имаат детален увид во тоа што конкретно

се случува на нивниот компјутер, додека не се пред него. За таа цел креирани се наменски апликации. Една од нив е Golden Eye. Овој софтвер врши константен надзор на сите дејствија при користењето на опера-

тивниот систем. Инсталацијата „тежи“ само 1,45 МB и процесот на инсталирање е едноставен и брз. Навигацијата низ оваа апликација е едноставна и се одвива преку главните 5 таба хоризонтално поставени. Во Golden Eye има вградено 8 надзорни енџини. Сé што ќе се внесе преку тастатурата веднаш се забележува во главниот лог, исто како и сите посетени веб-страници, отворени апликации. Но, исто така, ќе бидат забележани сите операции со документите или со директориумите. Корисници што имаат поголем слободен простор на хард-дискот, може да ја овозможат и опцијата преку која на одреден временски интервал ќе се прават скриншортови,

за кои однапред може да се нагоди квалитетот на JPG-сликите. Golden Eye води сметка и за тоа кога точно се вклучил и исклучил оперативниот систем. Ако на компјутерот има инсталирано апликации што служат за интернеткомуникација, како на пример, ICQ, MSN Messenger, или Yahoo! Messenger, Golden Eye ќе врши надзор и снимање на сите разговори што ќе се водат. Известувањата за сите дејствија на вашиот оперативен систем може да бидат интерактивни, но и во HTML-форма. Golden Eye може да функционира на два начина, и тоа како нормална апликација, која ќе биде видлива за сите, но може да биде и скриена и со помош на кратенка и лозинка да се појави. l

Фотостудио за секого!

Декорација и додавање ефекти на дигитални фотографии ИНФО

• Photo Art Studio • ИЗДАВАЧ: AMS Software • ЛИЦЕНЦА: Персонална лиценца 29$ • ПЛАТФОРМА: Windows сите • URL: http://photo-framingsoftware.com/ ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен за користење  Дизајн на работна околина  Цена

ОЦЕНА

Изборник за колажи – прегледна работна околина која ја олеснува работата

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Апликација за брзо и едноставно коригирање или декорација на која било дигитална фотографија, со можност за зачувување на истата во повеќе формати.

44

click август 2009

Н

аправените дигитални фотографии лесно би можеле да се средат доколку сите корисници умеат да работат со покомплицирани апликации за дигитална обработка

на фотографии. Токму за таа категорија (понеискусни корисници) се креирани наменски алатки што ќе им го овозможат тоа. Photo Art Studio е апликација едноставна за

користење, има едноставен, но угледен дизајн на работната околина. Во Photo Art Studio дури има вградено и изборник за изгледот на самата апликација, иако не било неопходно за ваков вид услужна програма. Најпрво со оваа апликација може да ја нагодувате јачината на светлината, балансот на боите, да ја ротирате или да ја исечете која било дигитална фотографија. Со филтрите може да се додаде сепија во комбинација со друг ефект, па фотографијата ќе изгледа како стара и искината. Но, има и опција со која која било слика може да изгледа како печат. Под табот colorize може да си „поиграте“ со сатурацијата, hue или

светлината. Во Photo Art Studio вградени се ефекти со кои може да внесете ефекти на дисторзија, со што фотографијата може да добие подинамичен изглед. Water Color, прави фотографијата да добие влажен и матен изглед. Reduce Colors, може да го намали бројот на користените бои, па дигиталната фотографија ќе изгледа како цртана. Со оваа апликација може да додавате разни рамки, со што фотографијата ќе добие поинтересен изглед. Но, има опција со која може лесно да додадете маска. Доколку имате потреба, може да додадете и текст со кој било фонт, големина и секако позиција на самата фотографија. l


click/софтвер/linux/

Multiboot на вашиот компјутер Колкава и каква е предноста од два или повеќе оперативни системи

В

о претходниот број видовме како практично се инсталира Ubuntu Linux на вашиот компјутер. Низ процесот на објаснување споменавме дека е потребно да направите посебна партиција на која ќе инсталирате Ubuntu. Тоа значи дека вашиот

што сте го инсталирале. Најчесто ако имате еден оперативен систем нема ни да забележите дека за тоа се грижи посебна програма инсталирана на посебен дел од вашиот диск, која го подигнува и иницијализира системот до ниво од каде што ќе може да продолжи „сам

Понекогаш се случува едната од инсталираните партиции да откажи, со што губите пристап кон своите податоци. Доколку се оштети партицијата Windows, во секој момент ќе може да пристапите кон неа од инсталацијата Ubuntu и да ги повлечете битните податоци. Доколку откаже и партицијата Linux, на помош доаѓа живото Ubuntu CD диск сега е поделен на две партиции (или повеќе), од кои едната ја користите за GNU/ Linux, а другата за други системи инсталирани на компјутерот. Доколку претходното упатство ви помогна да го инсталирате Ubuntu без проблем тогаш овој текст ќе ви помогне да го разберете процесот и начинот на функционирање на постоењето на повеќе системи на вашиот компјутер и како сето тоа еден ден ќе може да го искористите за да спасите податоци од недостапна партиција. Кога се пушта оперативниот систем, се случува процес во кој најпрво компјутерот се иницијализира хардверски, а потоа процесот bootstrap на пуштање на оперативниот систем 48

click август 2009

да се грижи“ за остатокот од пуштањето. Една таква апликација претставува GRUB (GRand Unified Bootloader). Таа се инсталира со речиси сите модерни GNU/Linux дистрибуции, па така и со Ubuntu. Најпросто речено, тоа е менито во кое избирате кој систем сакате да се пушти. Секако, тоа е напредна програма преку која може да нагодувате разни сетинзи за процесот на пуштање на системот и да овозможите разни начини и режими на функционирање на истиот. Во продолжение подетаљно ќе го објасниме процесот на правење партиции и мало објаснување за тоа како може да менувате поставувања во GRUB со цел да пристапите кон непристапна партиција од која ќе може да спасите важни податоци. Во

овој момент повторно мало предупредување: што и да правите, прво направете резервна копија на податоците кои веќе ги имате на дискот. Можно е нешто да тргне наопаку и да загубите податоци кои би било тешко или невозможно да ги вратите. Во последниот текст споменавме дека низ визардот за инсталација на Ubuntu потребно е да направите партиции за инсталацијата. Начинот на функционирање на фајлсистемот на GNU/ Linux дозволува да користите различна партиција за речиси секој фолдер кој го имате на дискот. На тој начин би можеле вашиот /home директориум да го ставите на една партиција, а главната инсталација на софтверот да оди на друга. На тој начин при преинсталирање, податоците од вашиот кориснички директориум ќе останат недопрени, ќе се ажурира само системскиот софтвер. Апликацијата со која правите партиции во Ubuntu се вика GParted (слика 1). На интерфејсот имате копче New преку што би требало да креирате нова партиција од неалоциран простор на вашиот диск. Кога ќе го стиснете ова копче се пушта дијалог (слика 2) во кој внимателно треба да изберете неколку важни поставки: • New size (MiB) – големина на партицијата во мегабајти • Create As: Primary / Logical Partition – примарна или логичка партиција (ако е прва партиција потребно е

Слика 1 - GParted, апликација за партиционирање дискови за Ubuntu Linux

Слика 2 - Креирање на нова партицијата

да е примарна, најчесто тоа е избор секогаш). • Filesystem – тип на фајлсистем, препорачуваме Ext3 или Ext4 (во новите верзии на познатите дистрибуции Ext4 е стандарден избор). Другите поставувања може да останат какви што се. Притиснете Add. Уште збор два за партициите. Логичка партиција е дел од меморијата на компјутерот, поделена на одредено множество

ресурси со тоа што во дадено време може да се оперира со секое множество независно од системот и апликацијата што би требало да управува со него. Бројот на логички партиции може да биде креиран во зависност од моделот на процесорот на компјутерот и достапните ресурси. Типични партиции се користат за разни цели и намени, како што се операции со бази на податоци или клиентско/

Креирањето multiboot не е едноставна работа и бара одредени предзнаења. Дури и кај инсталацијата на два различни Windows оперативни система, што е релативно едноставна и која може да се изведе и без посебен loader, важат одредени правила што мора да се почитуваат. Како и да е, предноста на multiboot е несомнема.


click/софтвер/linux/

Под поимот multiboot се подразбираат два или повеќе оперативни система инсталирани на различни партиции во рамките на еден хард-диск. Ваквата конфигурираност овозможува во рамките на еден ист систем да егзистираат повеќе оперативни системи, со можност на избор на оперативен систем под кој ќе се работи.

серверски операции. За краен корисник Logical Volume, или логичка партиција не е потребно објаснување за логичката партиција. Доколку не ви е потребна логичка партиција, ве советуваме да не ја користите. Се додава New Partition #1 (слика 3) со поставувања што ги избравте во претходниот прозорец. Доколку сакате да ја промените големината на партицијата десен клик врз неа и Resize. Ќе се пушти повторно нов дијалог (слика 4) во кое ќе може да изберете нова големина (New Size (MiB)) на партицијата. Стиснете Resize/Move за да се применат измените. Доколку ја разгледате апликацијата и прочитате помошна документација ќе видите дека начинот на кој може да манипулирате со партициите би ви помогнал да создадете и проширена (Extended) партиција како и да преместувате партиции од едно на друго место на дискот. Засега е доволно да ги знаете овие неколку можности на GParted. Стиснете Apply и промените ќе бидат зачувани (доколку нема проблеми). Партициите во GNU/ Linux се нумерираат со /dev/hda1, /dev/hda2, / dev/sda2, /dev/sda4 итн. во зависност од тоа за каков тип диск се работи и која партиција по ред се додава. Најчесто ако одите по ред, root (главната) партиција би требало да биде /dev/ hda1 или /dev/sda1, па swap партицијата, па потоа останатите. Во нашиот пример ќе земеме во предвид дека имате

3 партиции, /dev/sda1 – root партиција, /dev/ sda2 – swap партиција и /dev/sda4 - /home/ партиција. Одете во терминал (Alt+F2 → gnometerminal) и напишете: # gedit /boot/grub/ menu.lst Таму ќе ги видите (без право да ја менувате оваа датотека) сите партиции што му се потребни на системите инсталирани на вашиот компјутер. Па и партициите Windows. Најбитната секција од оваа датотека кај мене изгледа вака:

да ги повлечете битните податоци. Истовремено може да откаже и партицијата Linux. Тоа би значело дека на помош доаѓа живото Ubuntu CD. Подигнете го на начин на кој го подигнавте минатиот пат кога го инсталиравте Ubuntu. Кога системот ќе се пушти (со работната околина) доколку самиот не ја пронашол оштетената партиција и монтирал, пуштете терминал и следете ги следниве команди: # sudo mount / dev/<particija> /media/ каде што particija е описот на оштетената партиција (пр. sda2) Сега во /media ја имате содржината на партицијата. Направете бекап од неа и од терми-

title

Debian GNU/Linux, kernel 2.6.26-2-686

root

(hd0,1)

kernel

/boot/vmlinuz-2.6.26-2-686 root=/dev/sda2 ro quiet

initrd

/boot/initrd.img-2.6.26-2-686

Доколку на компјутерот имате инсталација Windows, ќе имате запис и за овој систем кој би изгледал вака: title

Windows XP

root

(hd0,0)

Слика 4 - Промена на големина или преместување на партицијата

нал повторно напишете # sudo umount /media Доколку, пак, GRUB

Слика 5 - Kраен изглед на Gparted со креирани партиции

makeactive

# grub-install /dev/sda

chainloader +1

Тоа би значело дека на компјутерот веќе има 2 системи, Debian GNU/ Linux и Windows XP успешно инсталирани. Понекогаш се случува едната од инсталираните партиции да откаже, со што губите пристап кон податоците. Тоа не би било така доколку се оштети партицијата Windows затоа што во секој момент ќе може да пристапите кон неа од инсталацијата Ubuntu и

Слика 3 - Креирана нова партицијата

повеќе не се појавува или нешто се зафркнало, па сакате да го преинсталирате за да може да го пуштате системот кој сакате (Ubuntu или Windows), направете го следново: ако партицијата на вашата инсталација Ubuntu е /dev/sda2, постапката е: # sudo mount /dev/sda2 /media # chroot /media

Тоа ќе го инсталира GRUB повторно со старите поставувања (и за Windows и за Ubuntu). Во поново време се појавува можноста и за инсталирање на Mac OS како систем на PC (преку Hackintosh), па можеби некогаш ќе ви затреба и таква можност, да конфигурирате Mac OS запис во GRUB. Тоа се прави лесно и таквиот запис би изгледал вака:

title MacOS 10.4.8 rootnoverify (hd0,4) makeactive chainloader +1 Се разбира, останатите записи треба да си останат какви што се. Во GRUB може да додавате колку што сакате системи и штом научите како функционира, работењето навистина ќе ви биде полесно и покорисно.l [АЛЕКСАНДАР БАЛАЛОВСКИ]

click август 2009 49


64

Нешто повеќе за .... GARMIN

click/времеплов/ Нешто повеќе за .... GARMIN

Од визија до светска слава

В

о страниците што следат, а и во броевите што следат ќе се потрудиме ви ги приближиме светските компјутерски брендови и големи компании. Ќе се потрудиме да ви доловиме како и на

визионерството на своите основачи, но исто така и на погодните моменти во кои развојот на тие компании почнал. За почеток одбравме компанија која е еден од лидерите на

Целта на Garmin како во почетокот така и дене ска останува едноставна: креирање на навигациски и комуникациски уреди кои ќе го збогатат животот на клиентите. Полето на дејствување на Garmin се автоиндустријата, авијацијата, пловната индустрија (јахти и бродови), како и обичните корисници кој начин компаниите што денес се светски технолошки лидери ја почнале својата приказна, како ја пишувале својата историја и на крај што се имаат денеска и кои се нивните идни развојни планови. Повеќето компании своите почетоци ги должат на

полето на GPS-навигацијата, тоа е светски познатиот Garmin. Garmin е основан пред 20 години и тоа во 1989 година од страна на Гари Барел и Мин Као, од чии имиња во суштина доаѓа името на компанијата (Gar-Min). Според нејзините соосновачи,

Garmin е формиран, односно основан на принципите на иновации, вредности, перформанси и сервиси. Компанијата која е основана како плод на една обична brainstorming сесија на неколку инженери, денеска е светски лидер во полето на системите за GPS-навигација и комуникација. Гари Барел е роден во 1937 година, дипломирал на универзитетот „Вичита стејт“ додека својата мастер-диплома ја добил на политехничкиот институт „Ринсилер“. Денеска е соосновач и претседател на Garmin, во 2007 Барел го зазема 114. место на Листата на „Форбс“ со најбогатите 400 луѓе на Америка. Мин Х.Као е роден во 1949 година во Тајван, дипломирал на Националниот универзитет на Тајван, својата мастер-диплома ја добил на Универзитетот во Тенеси, каде што доаѓа

и до докторатот во областа на електроинженерството. Пред да се поврзе со Барел, работи како истражувач во рамките на НАСА и во американската армија. Овие двајца првпат се среќаваат во 1983 година кога Барел го вработува Као во компанијата во која тој тогаш работел (Allied King). Као своето искуство го стекнал претходно во компанијата „Магнавокс“ која развивала уреди наменети за воена навигација кои го користеле GPS (Global Positioning System) системот кој во тоа време се нарекувал NAVSTAR, се користел само во воени цели и се состоел од 24 сателити поставени во орбитата на Земјината топка. Во времето кога работеле заедно Барел и Као биле дел од тимот што го направил првиот GPS-навигациски систем сертифициран и користен во авионите на американското

GPS-сателитски систем Дваесет и четирите сателити што го Еве уште неколку интересни факти за формираат вселенскиот GPS-сегмент GPS-сателитите: се наоѓаат, односно орбитираат околу Првиот GPS-сателит е лансиран во 1978 година. земјата на 20.000 километри над нас. Комплетната констелација од 24 Тие константно се движат и прават две сателити е постигната во 1994 година. комплетни орбити (кругови) за помалку Секој сателит има век на траење од од 24 часа. Овие сателити патуваат околу 10 години. Заменски сателити со брзина од околу 11.250 километри се градат и се лансираат во орбитата на час. GPS-сателитите се напојуваат константно. со помош на соларна енергија. Тие GPS-сателитите тежат околу 900 имаат резервни батерии за да ги килограми и е околу 5 метри широк држат функционални во моментите на (сосе соларните панели) соларни еклипси, односно кога немаат Моќта на трансмисија им е само 50 соларна енергија. Мали ракетни мотори вати. поставени на секој сателит се грижат патеката по која истите патуваат да биде точна.

• • • • •

64

click август 2009


click/времеплов/garmin/

Позиционирањето на дело

воздухопловство. Во 1986 година, односно во времето кога сателитите се поставувале во орбитата, една црна случка (експлозијата на свемирскиот брод „Челенџер“) го враќа целиот проект назад за 24 месеци, па така системот се декларира како завршен дури во април 1989 година. А својата големина и стратешка предност ја покажува во 1991 година за време на Заливската војна. Во текот на заедничката работа постоел голем интерес за основање сопствена компанија, па така во 1989 Барел и Као се враќаат од Тајван со околу 4 милиони долари основачки капитал и ја основаат својата компанија. Парите биле доволни за вработување на неколку инженери од нивниот стар тим и земање канцеларии под наем во Ленекс, Канзас. Првото име

на компанијата било ProNav, но потоа во 1991 година е променето зашто конкурентска компанија ги тужи поради тоа што нивен GPS-приемник носел име NavPro. Потоа се појавува името под кое оваа компанија е позната и денес. Целта на Garmin како во почетокот, така и денеска останува едноставна: креирање навигациски и комуникациски уреди што ќе го збогатат животот на клиентите. Полето на дејствување на Garmin се автоиндустријата, авијацијата, пловната индустрија (јахти и бродови), како и обичните корисници. Во моментите кога GPS-навигациските сателити стануваат јавен сервис, Garmin успева сето свое искуство стекнато во воени услови да го преточи во сервиси и уреди за општа и широка потрошувачка. Првиот продукт кој излезе од оваа компанија беше GPSприемник наречен GPS 100, кој претставуваше панел наменет за монтажа во јахтите и бродовите и се продаваше за огромни 2.500 долари во 1990 година. На своето претставување на саем во Чикаго овој уред стана вистински хит и веднаш се појавија преку 5.000 нарачки. Потоа во 1991 Garmin ја прави својата прва фабрика

Во моментите кога GPS-навигациските сателити стануваат јавен сервис, Garmin успева сето свое искуство стекнато во воени услови да го преточи во сервиси и уреди за општа и широка потрошувачка во Тајван. Потоа следуваа GPSприемници за војската кои беа особено популарни за време на заливските војни, за да го изгради имиџот кај обичните луѓе Garmin издава уреди за рекре-

Поважни факти за Garmin Garmin е основан во

1989, во Wichita, Kansas, USA

Главните простории се во

Olathe, Kansas, USA

Главни луѓе на компанијата

Гари Барел, Мин Као

Обрт на средства

3.18 билиони долари (2007)

Оперативен приход

907,35 милиони долари (2007)

Нето-приход

855.01 милион долари (2007)

Сестрински компании Компаниска интернет-страница

ативците наречени Forerunner, тоа беа уреди што се носеа како нараквици со можност за дводимензионално следење. Првиот уред кој беше наменет за автоиндустријата беше приемникот наречен StreetPilot кој почна со монохроматски екран, за да следи верзијата со екран во 16 бои (StreetPilot ColorMap) за потоа да следат се понапредни верзии на Street Pilot. Еден од најпознатите Garmin рачни GPS-приемници е компактниот eTrex, кој беше исфрлен на пазарот во 1998 година, истиот веднаш стана сензација со своите 150 грама, отпорност на вода и големина колку дланка. Garmin eTrax беше 12 канален GPS-приемник идеален за луѓе што пешачат, планинарат или трчаат во големите пространства, работеше со помош на 2 АА батерии и издржуваше 22 часа. Во 2003 Garmin ја лансираше iQue-линијата на PDA – GPS приемници, а на 31 октомври 2005 iQue M4 станува првиот PDA-уред на кој не му е потребен компјутер за да ги преземе мапите со кои ќе работи. Верзијата за Америка доаѓаше со веќе инсталирани мапи за Северна Америка, додека верзијата за Англија доаѓаше

Garmin International Inc., Garmin (Asia) Corporation www.garmin.com

со мапи за Западна Европа. Во 2005 година Garmin ја претставува серијата StreetPilot I на компактни GPS навигациски уреди кои одеа во три модели i2, i3 и i5. Првиот имаше монохроматски монитор и мапи што се вчитуваа на мемориски картички Tranflash. I3 беше сличен со i2 со таа разлика што имаше колор екран. Додека i5 имаше колор екран и препрограмирани мапи во самиот уред. Понапредните верзии на StreetPilot имаа ознака c, и некои од нив имаа големи колор екрани осетливи на допир, FM-нотификации за сообраќајот и за времето како и освежувања на самите информации преку MSN Direct или Bluetooth. Од производите со понов датум тука е серијата nuvi која са појавува во 2006 година и до

Garmin goes mobile Garmin заедно со Asus влегува и на пазарот на мобилните телефони. Веќе се најавени два модела и тоа Nuvifone G60 и Nuvifone M20. G60 моделот работи на Linux оперативниот систем додека М20 работи на Windows Mobile 6.1 Professional. Според последните тестови, и едниот и другиот модел воопшто не заостануваат од другите денешни хит-модели. Во одлично дизајнираните кутии спакувани се повеќето функционалности и опции како и брзи и силни процесори. Нешто што можеби им недостига на овие уреди е стабилност на софтвер која доаѓа со времето, искуството и поголем развој.

денеска е водечки GPS-навигациски уред за во автомобил, кој го одликуваат малите димензии и големите можности и функционалности што ги нуди истиот. Тука е и серијата на GPS-уреди за моторите со име Zumo правена во кооперација со BMW, па така се нуди како стандардна опрема кај некои од моторите на овој реномиран автомото-производител. Во април 2008 Garmin го лансира Garmin Mobile PC, софтверскиот пакет за навигација наменет за преносни компјутери и други уреди што работат под Microsoft Windows оперативните системи. Еден од поголемите чекори на полето на маркетингот на европската сцена Garmin го презема во 2007 кога станува спонзор на англискиот премиерлигаш Middlesbrough, проект кој продолжи и во 2008/2009 година. Секако дека светската криза влијаеше и на Garmin, но во последно време оваа компанија сепак бележи благ пораст на своите акции, а со тоа доаѓаат и позитивни резултати во ова турбулентно и кризно време. l [иван јанкијевиќ]

click август 2009 65


66 69

Summer Athletics 2009 Prototype

click/игри/ Летно спортско освежување ИНФО

• Summer Athletics 2009 • ПРОИЗВОДИТЕЛ: SEGA • ПЛАТФОРМИ: XBox 360, Wii ЗА И ПРОТИВ

 Спортски дух и групно натпреврување (дома)  Разновидност на игри  Стрелање  Атлетика  Забава  Недоволно добра вкупна графика  Слаби и сиромашни звучни ефекти  Нема онлајн  Исклучително тешки команди во некои натпреварувања

СЦЕНАРИО

Л

ОЦЕНА

66

ДОВОЛНО

click август 2009

ето, топло време, кратки ракави, облека за капење, вода, сонце ..... потсетува на плажа. Но не е плажа. Летните олимписки игри се на повидок. Едно вир-

туелно летно спортско освежување ќе ви помогне полесно и побрзо да го минете летото (добро де, барем дел од него). Од SEGA ни доаѓа нелиценцирана верзија

Сеуште под влијание на впечатоците од минатогодишната Олимпијада, немате трпение да ја сочекате наредната. И што правите во таква ситуација? Влегувате во светот на виртуелната реалност и правите своја сопствена. Или барем, учествувате во неа – посредно или непосредно. Дали оечкувањата и желбите ви се исполнети? Прочитајте за да откриете...

на Олимписките игри од Пекинг. Од последните понуди на спортски игри како

фудбал, NHL, тенис и слично, олимписките игри навистина се освежување на вир-


click/игри/wizard_101/

туелната сцена. Разновидноста на игрите ќе придонесат кон повеќекратно играње и повеќе поминати часови пред компјутерот. Графиката на играта не е најпосакувачка за нова игра, иако истата не е за комплетно потценување. Виртуелните стадиони се доволно добро претставени, со голема длабочина на полето и перцепција на околината и не личат на ниту еден од реалноста. Како модел искористени се повеќе дисциплини и натпреварувања. Вкупниот број е 25, како шампионати и натпреварувања. Тука се значи спортовите на вода како 100 м пеперутка, краул, грбно, штафета

Тоа донекаде би можело да е пречка, особено ако сакате лично да го поразите Мајкл Фелс и да го оставите на половина пат од патеката. Во оваа игра особено значење е дадено на добриот тајминг за почнување на натпреварувањето, како и одбирањето на правилната стратегија за победа. Збунувачки ќе бидат командите за управување на натпреварувачот во насока на тоа дека не се комплетно објаснети сите функции доволно добро. Таков е случајот со пливањето грбно и возењето велосипед во сала, како и скокот од височина во вода. Меѓутоа, што друго е добро во оваа

Во секое време можете да ја промените играта и да се надевате дека ќе бидете идниот Сергеј Бубка или Ирина Привалова и така натаму, скокови во вода од 3 и 10-метарски скокалници, понатаму сите атлетски дисциплини почнувајќи од кралицата на атлетиката 100 м спринт, па 110 м со пречки, маратони, скок во далечина, трискок, скок во височина, скок со стап, фрлање копје, ѓуле, диск, возење велосипед во сала, поединечно и групно, пукање со пушка на глинени гулаби, стрелаштво и што уште не. Ако ви здодее некоја од дисциплините, во секое време можете да ја промените и да се надевате дека ќе бидете идниот Сергеј Бубка или Ирина Привалова. Бидејќи играта не е лиценцирана како официјална, значи и имињата на противниците нема да бидат многу препознатливи.

игра. Здравото натпреварување, спортскиот дух (иако сето тоа виртуелно), но како што некои од колегите тука

потенцираа .... учење на младината дека постојат многу други работи освен пукање во луѓе и нивно сакатење со

мачети и сабји. Натпреварувачкиот дух комплетно ја обзема целата атмосфера на игра.

Од особен интерес ни беа скоковите во вода, атлетиката и стрелањето. Понекогаш комплицираноста на командувањето на натпреварувачот е

фрустрирачки, можеби малку и претерано. Некој во тоа може да најде и предизвик. Значи, нема потреба од напрегање на умот како да се реши click август 2009 67


потешките дисциплини во слободно одбирање додека не се научи тактиката, а дури потоа да

може да се натпреварувате со живи противници. Звучните ефекти не

Во модот кариера, играчот ќе биде во можност да го надградува својот „пулен“ освојувајќи поени за таа намена и сето тоа до одредена граница, а понатаму лесно ќе може да се промени нивото на тежина на играта

одредена загатка за да отклучи ковчегот во кој се наоѓа комбинацијата од сефот во кој е клучот од вратата за излез од дворецот. Понатаму, интересно е натпреварувањето во тимови. Доколку се игра дома или во некоја играчница, многу лесно може да се случи сите да се натпреваруваат против другите или против друг тим и да бидат во 68

click август 2009

една трка за рекорди и златни медали. Играњето може да се игра во два мода и тоа како кариера (што е препорачливо од производителите) и слободно одбирање на натпреварување и дисциплина кои, пак, понатаму можат да бидат со ниво на тежина аркадно и чисто натпреварување. Аркадното натпреварување

е полесно и во него побрзо се доаѓа до подобри резултати, додека чистото натпреварување е резервирано за понапредните играчи. Искусните играчи на спортски игри многу полесно ќе се снајдат со оскудните објаснувања, како на пример да изведат скок во вода од поголема висина, но сепак препорака е прво да се поминат некои од

се влезе во single-player натпреварување. Во секој случај, погрижете се подлогата за игра да ви биде поистрошена, бидејќи може да се случи да биде прекршена од штракање по неа и фрустрираното удирање од ѕид. Во модот кариера, играчот ќе биде во можност да го надградува својот „пулен“ освојувајќи поени за таа намена. Од друга страна гледано, ќе може самите на себе да си бидете тренер. Се мислело и на работата кога играчот ќе го надгради својот натпреварувач до одредена граница, па многу лесно ќе може да се менува и тежината на играњето дури и по завршување на секој натпревар, заради зголемување на игривоста и уживањето во играта. Незгодно е што играта не поддржува онлајн-играње, но може да се игра локално. Значи, забавата во голем дел ќе недостига до принцип што нема да

се на некое највисоко ниво, како од најави и коментари, па до заднински звуци, што прилегаат повеќе на некое натпреварување во маалото отколку на сериозно олимписко натпреварување. Акцентот е ставен на забавата при играњето и играњето во модот кариера, како и запознавањето на сите претставени дисциплини во прво лице. Прегледот на секоја изведена акробација или натпревар е од повеќе агли, што повторно придонесува кон уживањето во играта. Играта не е некоја си кој знае колку добра земена како целост, но работата е што сегазасега не постои нешто слично што ќе ги помати во доволна мера сметките. Таква каква што е, солидна е за „губење време“ и знае да биде многу интересна кога ќе се привикнете на сите управувања на натпреварувачот. l [Горан Ставрески]

ЗАКЛУЧОК Летно „размрдување“ за целото семејство



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.