Click #19

Page 1

Samsung M8910 Дигитална камера или мобилен телефон?

Број 19 • ноември 2009 • www.clickmag.mk

microsoft

windows 7

Google Docs Детален преглед и практично користење

Совети и трикови Како да го извлечете максимумот од новиот оперативен систем

ноември 2009 90 ДЕНАРИ

ATi Radeon HD 5870

Гејминг за сите!

Evolis Dualys

Пристигна Hemlock

Тест на хардвер за широките народни маси

Термички печатач за пластични картички



click/вовед/

БРОЈ 19 • ноември 2009 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК зоран Ивановски zoran.ivanovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Зоран Ивановски zoran.ivanovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Саша Лилчиќ • sasha.lilcic@clickmag.mk Александар Балаловски • aleksandar.balalovski@clickmag.mk Чедомир Димитровски • cedomir.dimitrovski@clickmag.mk Владо Апостолов • vlado.apostolov@clickmag.mk Благој Капсаров • blagoj.kapsarov@clickmag.mk Александар Николоски • aleksandar.nikoloski@clickmag.mk Јазичен соработник Милена Манчиќ Пауновска • milena.paunovska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Кристијан Ивановски kristijan.ivanovski@gmp.mk Печатено во: „Пропоинт“, Скопје Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk Елена Бојаџиева • elena.bojadzieva@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 5 209 704, +389 (2) 5 209 705 Е-mail: redakcija@clickmag.mk СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

Microsoft конечно се стабилизира П

омина скоро една декада откако Microsoft превзеде сериозен чекор со пуштањето во употреба на Windows XP. Излегоа повеќе верзии на XP со цел прилагодување на самиот оперативен систем кон различни корисници. Тука беа Home Edition, Professional, Server, а исто така во неколку наврати издаваше подобрувања на самиот Windows како Service Pack 2 и Service Pack 3. Ова беа подобрувања во смисла на драјвери за понови компоненти на хардвер што излегуваа на пазарот, а истовремено и измени на самиот софтвер. Со текот на времето кривата на финансии на Microsoft не се движеше цело време нагоре, туку имаше одредени периоди кои навистина беа загрижувачки за овој гигант. Сакам од овој аспект да поглед-

работени бесплатни оперативни системи како што се Ubuntu, RedHat и повеќе други. Не смее да се заборави и фактот дека Google има огромен потенцијал да развие конкурентен оперативен систем. Од овие аспекти Microsoft мораше да направи коренити промени во својот нов оперативен систем Windows 7. Промените се видливи како од дизајнерското око така и од структуралното. Направени се многу работи со цел да се подобри функционалноста на оперативниот систем од погледот на едноставност и полесно снаоѓање. Ова се особини кои ги сакаат скоро сите корисници. Се разбира тука доаѓаат бета и trial верзиите на Windows 7 преку кои Microsoft може да го следи мислењето на потенцијалните и верни корисници.

Крајно време беше Microsoft да превземат чекор кој не смее да биде погрешен,а особено во време на економска криза. Од овие аспекти Microsoft мораше да направи коренити промени во својот нов оперативен систем нам кон Windows VISTA. Може да се каже дека овој Windows е тотален финансиски пад. Со еден збор толку многу вложија, а толку малку добија. Истражувањата покажаа дека преголем е бројот на корисници што не беа задоволни од овој оперативен систем. Најповеќе не беа задоволни поради тоа што Windows VISTA ги окупираше немилосрдно перформансите на компјутерот, а од друга страна тоа што беше премногу user friendly. Покрај ова, многу програми што беспрекорно работеа на Windows XP правеа проблем на Windows VISTA. Севкупно земено крајно време беше Microsoft да превземат чекор кој не смее да биде погрешен,а особено во време на економска криза. Но економската криза не е единствен фактор на овие показатели. Тука доаѓа и конкуренцијата која малку по малку станува силна. Доволно е да го напоменам Linux со својата можност за сопствена индивидуална надградба и неговите из-

Се чини дека Microsoft го постигнаа она што го планираа. Самиот поглед на работната околина на Windows 7 дава чувство на голема софистицираност и напредок. Олеснителните акции во комбинација на глувчето и тастатурата ја олеснуваат и ја забрзуваат работата. Всушност ова претставува штедење на време и нерви. Потребно е само стекнување на нова навика за користење на овие благодети. Бројот на ваквите корисни акции е значително зголемен отколку кај претходните верзии. Целокупно гледано новиот Windows 7 претставува воин во војната на Microsoft со другите конкуренти кои ни малку не смее да ги потцени. На вас оставаме да го инсталирате Windows 7 и да почнете да се навикнувате кон новите трендови, додека времето ќе покаже колку Microsoft ќе биде успешен во овој наврат.


click/содржина/ БРОЈ 19 • ноември 2009

12 - 35

ХАРДВЕР

12 FUJITSU ESPRIMO MOBILE V6555 Преносник за работа

18 ОВЕРКЛОКУВАЊЕ (ВТОР ДЕЛ) Екстра перформанси бесплатно

24 HP принтер

Сите ваши датотеки на едно место

30 D-LINK DSM-510

Мултимедија со висок квалитет

34 TRENDNET TEW-634GRU Безжичен центар за секој дом

22

Ati radeon hd5970

36 - 65

СОФТВЕР

ATi ја дуплира процесорската моќ

36 Microsoft windows 7

во освојувачка мисија

Совети и трикови за новиот оперативен систем

46 ILIFE

Живот полн со можности

50 КАЛЕНДАР ВО ILLUSTRATOR CS4 Празници се ближат

56 GOOGLE DOCS

Онлајн промена на документ

62 FACEBOOK VS TWITTER

Фејсбукот е краток за да не твиташ

40

Децата и слободниот софтвер

Open source апликации за најмладите

ФЕЉТОН

66 - 67

66 NERO AG

Историско палење на CD-ата

ИГРИ

68 - 71

68 CALL OF DUTY 6 Ова е војна

69 BORDERLAND

Многу пукање, одлична забава

70 DRAGON AGE: ORIGINS RPG свет полн со интриги

70

dragon age: origins

RPG свет полн со интриги, морални одлуки и одлична забава 4

click ноември 2009

РЕДОВНИ РУБРИКИ 5 72 74

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click/вести/

Гласините за Gphone одбиваат да умрат Дали Google навистина размислува за коренити промени на сопствениот бизнис модел со пуштањето во употреба легендарниот Gphone? Последната рунда на гласини објави дека Google работи на своите брен-

дирани телефони кои ќе бидат пуштени во употреба некаде во 2010 година, кои ќе се продаваат директно на потрошувачите на мало, веројатно обиколувајќи ги безжичните носачи. Таков телефон, во согласност со производниот партнер навод-но се дизајнира со цел Google брендот да доминира заедно со телефонот. Тоа може да се спореди со партнерството помеѓу Microsoft и Samsung, a воедно и со музичкиот плеер Zune. Уште пред

две години почнаа да се шират гласини дека Google оди подалеку од само развој на софтвер откако го претстави Android сопствениот оперативен систем за мобилни телефони. На оваа изјава се надоврзува и проширува изјавата на менаџерите од Google дека компанијата има за цел да го прошири својот Android на што повеќе уреди, за разлика од стратегијата на Apple која се базира на целосно дизајнирање и проектирање на

своите производи. Само пред неколку недели потпретседателот и шеф на проектот за Android, Andy Rubin изјави дека немаат намера да создаваат натпреварувачки дух помеѓу нивните клиенти во поглед на хардверот, преку дизајнирање на Google мобилен телефон. Спротивно на ова, беше наведено, дека силите се фокусираат кон развивање на платформа, што ќе работи на што е можно повеќе телефони. l

Microsoft се враќа во војната на пребарувачите Со новиот Internet Explorer 9, Microsoft е во подем на превземање на лидерството во пребарување. Овој потег во одредена мера го обновува мрежното доминирање на Microsoft. Најавата на пребарувачот донекаде може да се поистоветува со победата на Microsoft во 90-тите години кога го победи Netscape во пребарувачката војна и кога беа намалени неговите напори за унапредување на пребарувачот. Ваквото опуштање на Microsoft им овозможи на ривалите да го создадат Firefox кој сега е благословен од една четвртина веб-сурфери во светот. Покрај Firefox произлегоа и други пребарувачи кои што работат на Windows оперативниот систем, како што се Safari на Apple и Google Chrome, кои што имаат за цел да направат подобра и побрза веб основа за апликациите. Крајно време беше Microsoft да ги засучи ракавите и добро да ја осмисли домашната работа во врска со Internet Explorer-от. Па така на нивната професионална конференција за развој (Professional Developers Conference) во Лос Анџелес беа презентирани некои од плодовите на лабораториите . Беа презентирани и предностите на Internet Explorer 9 од страна на Steven Sinofsky во смисла дека пребарувачот поседува рационално искористување на хардверот со цел побрзо обработување на текст и графика која се пренесува низ глобалната мрежа. l

Пријава во полиција поради одземен Xbox Еве една интересна вест од областа на гејминг технологијата. Добро познатиот џојстик за игри Xbox е одземен од рацете на петнаесет годишно момче од страна на родителите при што момчето ги пријавило во полиција. Целиот настан се одвивал во Соединетите Американски Држави, во Чикаго. Од целиот настан произлегол скандал кој се чул наоколу во местото во кое владеело голема дисциплина. Меѓутоа постои закон кој им дозволува на родителите да одземаат работи на децата доколку сметаат дека тоа води кон безполезност.

Ова е само еден податок колку многу средства се вложуваат во гејминг технологијата и колку оваа индустрија е развиена. Анкетите и истражувањата од оваа област покажале дека игрите се играат најмногу од децата на околу петнаесет годишна возраст, а богами и од повозрасните. Постојат пресметки дека доколку на ваков начин се спречат децата да играат не само што ќе биде намалено глобалното затоплување туку ќе се прошират културните и меѓуетничките хоризонти бидејќи во голем дел од игрите се замешани политички прсти. l

click ноември 2009

5


12 14 17 18 20 21 22 23 24 25

Fujitsu Esprimo Mobile V6555 Тест процесори Тврди дискови со капцитет од 2TB Оверклок (втор дел) Evolys Dualys принтер Epson PP-100 Discproducer ATi Radeon HD 5970 Oki C110 колор принтер HP Photosmart c309g TrendNet TU2-DVIV

26 28 29 30 31 32 33 33 34

Samsung M8910 Fujitsu Amilo LL3200T 20’’ Гаџети - незадолжително, но корисно Dlink DSM-510 Samsung SP-L300 AMD Athlon II X3 435 Digital Tattoo Iterface Пренослив медиа плеер TrendNet TEW-634GRU

click/хардвер/ Fujitsu Esprimo Mobile V6555 Преносник кој има се што треба за да ги изврши работните задачи кои се пред него да ги наречеме нови, сите компоненти се проверени и повеќе време веќе достапни на пазарот, а со тоа на истите и цената им е пониска. Значи V6555 во себе не содржи некој новитет кој ќе ја

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Fujitsu www.fujitsu.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: InTec Systems www.intecsystem.net ЗА И ПРОТИВ

 Одличен Glare тип на екран со стандардна резолуција (1280 x 800)  Квалитетни и внимателно селектирани компоненти  Солиден графички под систем  Цврсто и квалитетно куќиште ЦЕНА

• 30.988 денари

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Нема новитети и скапи компоненти, евтин и секако стабилен преносник, идеален за мали и средни компании.

12

click ноември 2009

F

ujitsu ЕМ V6555 претставува класичен бизнис или компаниски преносник од рангот на почетни или entry level преносници кои претставуваат релативно евтино но доволно доверливо решение. Во него се вградени квалитетни компоненти, спакувани во квалитетно куќиште, и сето тоа за релативно разумна и прифатлива цена. Сите предуслови се исполнети за да го наречеме овој преносник best buy варијанта. Задоволувањето на двата спротивни сегменти односно пронаоѓањето на онаа фина линија помеѓу перформансите и цената секако е главна цел на секој производител па така и на Fujitsu. Во нашиот случај тој баланс е постингнат така што кај V6555 се користени секако квалитетни компоненти кои неможеме

дигне неговата цена, но сепак одлично избраните хардверски компоненти не ни дозволуваат да го наречеме овој преносник стар и неинтересен. Единствено кај игрите кои бараат силна графика овој преносник најслабо се снаоѓа иако графичкиот подсистем е на NVidia односно NVidia GForce 8200M со деллива меморија, подсистем кој и не е за потценување но за да ги “работите“ последните игри ви треба нешто појако. Со ова немам намера да го намалам квалитетот на овој подсистем кој секако има и своја силна страна во фактот дека одлично балансира помеѓу графичките перформанси и потрошувачката на батеријата со што значително влијае на автономијата на работа на овој преносник. Во крајна линија кај овој преносник не е

поентата во играњето туку во посериозните нешта, и неговата вистинска сила се крие во паметно селектираните компоненти и нивната одлична констелација. Уште една потврда при декларирањето на овој преносник како основен модел можеме да пронајдеме во фактот дека истиот се испорачува со 2 GB работна меморија (RAM), количина која можеме слободно да ја наречеме како недоволна за сериозна работа па така би препорачал веднаш да додадете уште 2 GB и да го исполните максималното можно количество на RAM за овој модел. Оваа не така голема инвестиција навистина значително ќе ги подигне перформансите на вашиот V6555. Процесорот

модели на Fujitsu така и V6555 се испорачува во две варијанти со Glare како и со обичен екран. Над самиот екран тука е и веќе наголемо експлоатираната web камера со јачина од 1.3 мега пиксели која единствено ќе ви се најде доколку користите Skype и слични месинџери. Тука е и стандардната количина на USB порти три, како и стандардниот DVD режач. Можностите за поврзување со други уреди и мрежи секако не се изоставени, тука е Bluetooth-от и WiFi адаптерот, како и мрежнат картичка. Сиот опишан хардвер во овој преносник ја имаа онаа нишка на стандардна опременост, немате некои ексклузивности но гледано од друг

Преносник кој спаѓа во групата на all round моделите. Квалитет и перформанси кои ќе го задоволат секој корисник кој внимава на своите финансиски можности на овој преносник е сосема солидниот Intel Core 2 Duo T5870 со работен такт од 2 GHz. Додатен адут кај овој преносник претставува и неговиот екран кој е со дијагонала од 15.4 инчи или 39.1cm односно резолуција од WXGA (1280 x 800) пиксели. Како и другите

агол добивате компаниска алатка. Fujitsu на своите интернет страници веќе на големо го препорачува Windows 7 па така постојат драјвери и за најновиот оперативен систем на Microsoft. l (Иван Јанкијевиќ)


click ноември 2009 13


click/хардвер/тест/

За сите вкусови и џебови ! Гејминг за широките народни маси

М

ожеби малку доцниме со тестот во однос на странските веб сајтови, но сепак ќе се сложите - подобро подоцна отколку никогаш. Веднаш штом двата нови модели на процесори и графички картички станаа достапни на нашиот пазар ги добивме на тест. Изградивме две платформи од различни категории за кои сметавме дека би биле особено интересни за домашните купувачи, една Intel и една AMD. Односот цена/перформанси и вложено/ добиено беше во прв план. Затоа, изборот на процесор и матична плоча наместо на тандемот MSI P55 GD80 / Radeon HD 5870 падна на број помалите компоненти - GD65/HD5850. Разликата во цена е осетна, а во перформанси ни приближно толкава, затоа сметавме дека и избраните компоненти со своите можности ќе ни ги доловат можностите на топ моделите. Постигнатите резултати и тестните платформи се во приложената табела. Покрај можностите на графичките картички во

14

click ноември 2009

поглед на игрите, ги тестиравме и перформансите на процесорите. Тестовите ги изведовме преку стандардниот и неизбежен сет синтетички апликации, три игри кои од различен аспект ги покажуваат можностите на картичките и неколку реални апликации врзани за секојдневното користење, а за кои постојат соодветни сетови инструкции во процесорот. За прв пат, употребивме и DirectX 11 синтетички графички тест –

ките во текстурите кои се рендерираат со и без оваа функција. Не останавме имуни ниту на предизвикот наречен оверклок. Особено, на опцијата за автоматско оверклокување која е имплементирана на MSI P55-GD65, и која за неколку секунди ги пресметува и нагодува оптималните параметри на актуелната конфигурација. Со тоа, на корисникот му заштедува неколкучасовно испитување и

Изградивме две платформи од различни категории за кои сметавме дека би биле особено интересни за домашните купувачи, една Intel и една AMD. Односот цена/ перформанси и вложено/добиено беше во прв план HEAVEN BENCHMARK, кој овозможува вклучување и исклучување на Tesselation функцијата. Со тоа најдобро доаѓаат до израз разли-

нервирање. Па, пред да ги разгледаме резултатите наведени во табелата, ќе дадеме кус опис на тест компо-

нентите и ќе ги изнесеме нашите импресии од нив. „Новороденчињата“ на испит Intel Core i5 750 (8 MB L3 кеш, 133 MHz BCLK, 20x множител (отклучен надолу), 2660 MHz работен такт, 4 јадра, нема HyperThreading) Архитектурата на новите процесори на Intel од Core i5 семејството веќе ги претставивме во минатите броеви. Конечно, добивме прилика и непосредно да ги испитаме можностите на моделот Core i5 750, кој веруваме дека ќе биде особено интересен за купувачите како според своите перформанси, така и според умерената цена од 203 Е со ддв. Во мирување не се загрева многу, но тоа сепак зависи од вградениот ладилник. Можеме да жалиме што немавме на располагање подобар модел на ладилник, па тестовите моравме да ги вршиме со стандардниот кој се добива во BOX пакувањето со самиот процесор. За стан-


click/хардвер/тест/ уште повисоко и веќе неприфатливо загревање на процесорот. Значи, набавката на поефикасно решение за ладење е есенцијално.

дардна употреба и во подобро проветрено куќиште работната температура од 40-42оС е сосема очекувана, како што очекувано се загрева и до 50-тина степени под оптеретување. Но, и тоа не е лош резултат за ладилник од тој тип. Вклучувањето на Turbo Boost функцијата автоматски го оверклокува процесорот на приближно 2.8 GHz, со наголемување на вредноста на множителот од 20 на 21. OC Genie овозможува автоматско оверклокување на процесорот за неколку секунди, така што сам ги пресметува и нагодува параметрите. Не пропуштивме да ја испробаме и оваа опција. Резултатот беше – 210 MHz BCLK, 17x множител, такт на процесорот од 3570 МHz. Работниот напон на процесорот беше благо зголемен – до 1.384 V. Tактот на меморијата беше намален на 1260 MHz (користевме DDR3 меморија со такт од 1333 MHz), со однос 2:6 со базната собирница (630 MHz реални : 210 MHz BCLK). Со овие нагодувања системот работеше сосема стабилно, но загревањето на процесорот беше значитено – при оптоварување достигнуваше и до 64оС (58-59 оС во мирување). Затоа не се ни обидувавме да постигнеме повисоки работни тактови, кои ќе побаруваа и дополнителнои зголемување на работниот напон, а што како последица ќе имаше

MSI P55-GD65 Во моментов, една од најдобрите солуции за Core i5 и Core i7 LGA1156 процесорите е токму оваа плоча, покрај топ моделот GD80 на истиот производител. Веќе ја напоменавме OC Genie функцијата, а тука би сме ја додале и можноста за нагодување на базната собирница преку два тастери на самата матична плоча, вградени веднаш до OC Genie тастерот. БИОС-от на оваа матична плоча овозможува детални нагодувања и напредни оверклок опции, како и без проблем достигнување на

работни тактови на процесорот и до 4.3 GHz, па и повеќе. Стандардно, овозможува SLI и Crossfire мод на две графички картички, при што двете работат во 8х мод. Придружната опрема е навистина богата – не е изоставен ниту еден неопходен кабел. Вградени се два гигабитни LAN мрежни контролери (Realtek 8112L и 8110SC), поддржани се 14 USB 2.0 порти (8 се вградени на задниот панел, дополнителни шест преку држачи или соодветни интерфејси на куќиштата, зависно од моделот), 8-канално аудио, два FireWire и 6 SATA приклучоци, екстерен SATA приклучок со напојување, оптички и коаксијален аудио интерфејс како дополнение на аналогниот... навистина, плоча со сите нишани! Поефтина е од топ моделот GD80, а според перформансите и опременоста не заостанува нешто

особено. Но, поефтина не значи и – ефтина. Сепак, сумата од 151 Е (со ддв) не е мала, па оваа плоча не може да ја наречеме ефтина. Како минус би припишале непостоењето на BIOS Recovery функција, како и непостоење на Reset и Clear CMOS копчиња на самата плоча, што кај матична плоча од овој калибар се очекува да има. Но, тоа не ја намалува нејзината вредност. MSI MS-R5850 (Radeon HD 5850) (40 nm, 725 MHz GPU, 1 GB GDDR5 меморија на 1000 MHz (4000 MHz ефективни), 1440 Shader процесори). Според спецификациите, број помал модел од еднојадрениот топ модел Radeon HD 5870. Разлики-

те помеѓу овие два модели е во цената, пониските работни тактови и едната исклучена Shader секција кај HD 5850. Картичката располага со доволно сила да ги придвижи сите најнови игри и на Full HD резолуција (1920

х 1080) со вклучени antialiasing и anisotropic filtering. Расположена е и за оверклокување – без проблеми го зголемивме работниот такт на меморијата на 1150 MHz, односно 795 MHz на графичкиот процесор. Притоа, максималната температура на графичкиот процесор изнесуваше 82оС, што е одличен резултат, ако земеме в предвид дека брзината на вентилаторот на графичката картичка цело време беше поставен на автоматска регулација на брзината, и работеше со најмногу 50% од максималната моќност. За оверклокување ја користевме Afterburner алатката од пропратното ЦД на картичката. За воопшто да проработи оваа картичка потребно е да се приклучат два 6-пински приклучоци, кои испорачуваат дополнителни 150W на картичката, покрај 75-те W кои се испорачуваат преку PCI-E x16 слотот. Резултатите погледнете ги во табелата, а тие сосема ја оправдуваат цената на картичката од приближно 250 Е со ддв. AMD Athlon II X4 620 (2.6 GHz, AM3, 2 MB L2 кеш, 4 јадра, нема L3 кеш) Според архитектурата, слободно можеме да констатираме дека овој процесор не е ништо друго отколку Phenom II Х4 без третостепена кеш меморија. Сосема солиден како за секојдневна употреба, така и за игри, овој процесор претставува интересна понуда за сите купувачи со поплиток џеб кои сакаат доволно моќен процесор за помала сума пари. Нема особени разлики помеѓу него и Phenom моделите, освен кога се работи за апликации кои знаат да го искористат третосте-

Тест платформи Intel

AMD

Core i5 750 @ 2.66 GHz MSI P55-GD65 2x2GB DDR3 1333 Kingston MSI MS-R5850 (Radeon HD 5850) SAMSUNG SATA 2 HDD 1 TB, 32MB, 7200 rp/m NEC 3520 DVD RW Windows 7 Ultimate 64 bit OS

AMD Athlon II X4 620 @ 2.6 GHz MSI MS-785 GM Sapphire Radeon HD 5750 2x2GB DDR3 1333 Kingston SAMSUNG SATA 2 HDD 1 TB, 32MB, 7200 rp/m NEC 3520 DVD RW Windows 7 Ultimate 64 bit OS

КОМПОНЕНТИТЕ ЗА ТЕСТ СЕ ПОЗАЈМЕНИ ОД РХС click ноември 2009 15


click/хардвер/hp_photosmart_c309g/

Безжичен all-round! Мултифункциски уред со дополнителни можности ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: HP www.hp.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Hewlett-Packard International Trade - Подружница Скопје www.hp.com/mk ЗА И ПРОТИВ

         

Опции за поврзување Фото печат Квалитетно печатење Брзо самоконфигурирање Добар придружен софтвер Читач за мемориски картички Автономно работење Печати фотографии максимално до 10х15 Не печати на ЦД/ДВД Брзината на скенирање може да биде и повисока

ЦЕНА

• демо уред

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Квалитетен и употреблив се во едно уред за користење и во домашни и во кацелариски услови

З

а HP Photosmart C309g може да се рече дека е комплетен уред во секој поглед. Покрај тоа што ги обединува трите основни функции карактеристични за мултифункциските уреди - печатење, скенирање и фотокопирање, располага со комплетен попис опции за поврзување и комуникација. Освен класичните и неизбежни USB и LAN интерфејси, тука се и можностите за безжично поврзување, како и поврзување преку Bluetooth. Оваа последната опција ќе биде особено интересна за купувачите, барем во нашето поднебје, со оглед на популарноста на ваквиот начин на поврзување и мултимедиските уреди и „паметни“ телефони кои располагаат со оваа опција. Во поглед на дизајнот нема што посебно да се говори, но во поглед на опциите - и тоа како. Приказната за овој уред не завршува со пописот опции за поврзување. Дополнителна фукција е печатењето на фотографии, со посебен магацин за фото хартија со димензии 10х15 цм. Во ред, 13х18 цм би биле пожелни, но и вака е сосема доволно да се испечати солидна фотографија од мобилен телефон преку Bluetooth

СПЕЦИФИКАЦИИ

24

ГАРАНЦИЈА

1 година

КАПАЦИТЕТ НА МАГАЦИН

120 листови хартија, 20 листови фото хартија

ФОРМАТ НА ХАРТИЈА И ТЕЖИНА

А4, 280 гр.

РЕЗОЛУЦИЈА НА ПЕЧАТ

1200 dpi (9600 dpi оптимизирани)

РЕЗОЛУЦИЈА НА СКЕНИРАЊЕ

4800 dpi

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

LCD touch, 89 mm

КОНЕКЦИЈА

LAN, WiFi, Bluetooth, USB, PictBridge

ТЕЖИНА

7.5 kg

ДИМЕНЗИЈА

Ш/Д/В 452 x 473 x 199 mm

click ноември 2009

Богатите комуникациски опции и автономното работење го прават идеален избор

без да има потреба од дополнителни поврзувања, инсталации и конфигурирања. Фотографиите од дигитален фотоапарат може да се печатат преку PictBridge интерфејсот, како и со вметнување на мемориската картичка во вградениот читач, кој ги поддржува MemoryStick, SD, SDHC, CF и xD картичките. Прегледот на фотографиите и изборот на саканата фотографија за печатење може да се врши и преку вградениот дисплеј на самиот уред, што значи дека уредот е потполно автономен во работата и без негово приклучување кон компјутерот. Дисплејот работи на допир, така да пристапот кон сите расположливи опции е преку него. На дисплејот се прикажува и целата процедура на автоматско конфигурирање на уредот, која се одвива само еднаш, при првото вклучување на уредот, и трае нешто повеќе од 8 минути. Потоа, потребно е да се инсталира софтверот во компјутерот па да

се инсталира печатачот и уредот целосно е подготвен за работа. Мрежното поврзување се одвива без проблем, како LAN така и безжичното и Bluetooth поврзувањата. Во поглед на квалитетот на печатењето немаме никакви замерки. HP Photosmart C309g користи

квалитетот на овој уред. Печатењето на колорната и сивата палета не прикажа линии при преодот помеѓу нијансите. Печатењето на фонтовите помали од 4 побарува висок квалитет, бидејќи на нормал веќе потешко се читаат буквите и бројките. Забелешки? Непостоење-

За HP Photosmart C309g може да се рече дека е комплетен уред во секој поглед. Освен класичните и неизбежни USB и LAN интерфејси, тука се и можностите за безжично поврзување, како и поврзување преку Bluetooth 5 кертриџи - cyan, magenta, yellow, black и photoblack. Квалитетот на отпечатокот и на normal поставка е коректен. Печатењето на фотографии на обична А4 хартија секако дека не е исто како кога би се употребила наменска, фото хартија, но токму квалитетот на колорниот отпечаток врз обичната хартија дополнително говори за

то на опцијата на печатење врз ЦД/ДВД, што од уред од овој калибар реално е да се очекува. Брзината на фотокопирање би можела да биде поголема. Генерално, сосема сме задоволни од ова што го видовме, и покрај фактот што се работи за демо модел. Цената ќе биде позната наскоро. l (зоран ивановски)


click/хардвер/

TrendNet TU2-DVIV Монитор на USB порт

Брз и ефикасен начин за проширување на работната површина

С

игурно многупати досега сте имале потреба да ја зголемите работната површина на вашиот компјутер т.е. desktop-от. И додека сите денешни графички картички имаат по два, најчесто дигитални, излези некогаш и тоа не е доволно, особено за корисниците кои работат

со графички ориентирани апликации. Процесот на подесување на работата на мониторите понекогаш знае да биде комплициран процес, па токму затоа инженерите од TrendNet смислиле далеку побрз начин. Но за таа цел мора да го поседувате, TU2-DVIV адаптерот. TrendNet TU2-DVIV е

надворешен компактен адаптер (димензии 48 x 77 x 22mm и тежина од 55g) кој вашиот слободен USB порт го претвара во дигитален DVI-I видео излез. Возможно е поврзување и на аналогни монитори преку VGA (D-SUB) порт преку DVI кон D-SUB 15 адаптерот. Уредот доаѓа во мало

пакување во кое, покрај него се наоѓа адаптерот за VGA монитор, USB кабел за поврзување со компјутер, упатство за употреба и CD со соодветните драјвери и софтверот. TrendNet TU2-DVIV е опремен со два приклучока, DVI-I за излез кон монитор и miniUSB за поврзување со компјутер. На горната страна поставена е сигнална LED диода која свети зелено доколку моноторот е активен и помаранџесто доколку мониторот е неактивен. Клучен дел од инсталацијата е тоа што драјверите мора да се инсталираат пред уредот да биде поврзан со компјутер, бидејќи извесно е дека

истиот понатаму нема да биде правилно препознен од оперативниот систем. По инсталацијата на вториот мониотр веднаш се покажува слика чии мод, clone или extended може лесно да биде променет преку system tray иконата. Освен овие опции можно е и ротирање на прикажаната слика. Можно е симултано користење на максимум шест вакви уреди на еден компјутер со што, теоретски, би се постигнала огромна работна површина. Единствени маани на TrendNet TU2-DVIV се максималната поддржана резолуција која изнесува 1600 x 1200 пиксели и неможноста да работи на 64-битни оперативни системи. l

Квалитетен звук преку воздух

Звучник кој одлично се прилагодува во домашната атмосфера бидејќи сигналот се пренесува безжично

Уживајте во музиката од вашиот плеер или мобилен телефон, без слушалки... Но за цена од 8.017 денари!

L

ogitech е компанија која што се обидува да ги задоволи сите вкусови и побарувања во поглед на аудио опрема. Ќе кажеме неколку збора за звучниците Logitech Z-500. Тоа се звучници со занемарливо мала потрошувачка на електрична енергија бидејќи нивната моќност изнесува само 7.5W. Зафаќаат мала површина и имаат модерен надворешен дизајн кој со

својата сјајно-црна боја се прилагодува скоро во сите простории. Најбитна негова особина е тоа што сигналот за звук се пренесува безжично преку три типа на безжична конекција. Поврзувањето со уредот кој што произведува звук може да се изведе на три начини: преку Bluetooth, преку USB кабел и преку обичен аудио кабел. На горната страна располага со неколку копчиња со

кои многу лесно може да се управува со звучниците. Нормално тука е копчето за вклучување на звучниците, потоа копчето за избор на типот на пренесување на звучниот сигнал и копчињата за нагодување на јачината на звукот. Покрај копчињата на горната страна се наоѓаат и лед индикаторите, односно, тука се индикаторите за напојување, за нивото на полнење на батеријата, потоа индикаторите за тип на пренесување на сигналот, додека на предната страна од звучниците се

наоѓа индикаторот кој ја покажува состојбата на безжичната мрежа. Не е потребна инсталација на било каков хардвер или софтвер. Со други зборови кажано уредот е plug and play. На вас останува да го поставите на некое место во вашата просторија и да уживате во одлично продуцираните звуци. Битно е да се нагласи дека изворот што ја произведува музиката може да биде било кој уред само треба да ги задоволува стандардите на пренос што ги подржуваат звучниците. Тоа може да биде лаптоп, мобилен телефон, или

некој друг медиа плеер. Најлесно се прилагодува преку Windows околината кој веднаш го препознава овој уред. Доколку неможете да го поврзете, доволно е да влезете во контролниот панел на Windows-от и да го наместите Logitech звучникот како примарен. На долната страна има четири ногарки така што се поставува во исправена положба во која зафаќа исклучително мал простор. l

click ноември 2009 25


36 40 43 44 45 46 49 50 52 53

Tips & Tricks of Windows 7 – тема на број Linux Noise Buster KM Player Aviary iLife Art Rage How to – календар во Illustrator Auto Media Studio 7.5 Jahshaka

54 56 59 60 61 62 65

AbiWord & FontStruct Google Docs e-mail маркетинг 5 локални web дестинации Mint Facebook vs Twitter Comodo Internet Security 3.5

click/софтвер/ Windows 7 Tips & Tricks Совети и Трикови, кај новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 7

К

ако што верувам знаете, Microsoft официјално стартуваше со продажба на својот најнов оперативен систем Windows 7 на 22-ри Октомври оваа година. Секако финалната верзија на овој оперативен систем беше достапна и неколку месеци порано (веќе пишувавме за истата) преку разните типови на лиценцни договори на Microsoft. Со стартувањето на општата продажба Windows 7 стана достапен на најголемата целна група односно домашните корисници. Со самото тоа и ние решивме да ви го пренесеме нашето искуство во досегашната работа со Windows 7 но не во облик на стандарден преглед на оперативен систем туку повеќе во форма на совети и најдобри практики (Tips & Tricks). На овој начин можеби ќе успееме да ви помогнеме и да ви покажеме како да го користите подобро Windows 7, со други зборови ќе ви покажеме што Microsoft направил за да ве натера да преминете од вашиот XP, Vista или од некој друг оперативен систем на Windows 7. Управување со вашите прозорци кај Windows 7 Windows 7 го поедноставува управувањето на документите и програмите на начин со кој ви овозможува да “закачите” прозорец или да манипулирате со големината на истиот со еден маневар на глушецот или просто со еден клик на тастату36

click ноември 2009

рата. За да го поставите вашиот прозорец на едната половина од

се вклопи во левата или десната половина од вашиот екран. За да

Новото чедо на Microsoft донесува многу новитети и подобрувања, сепак малите работи се тие што го продаваат производот. Во неколкуте страници што следат ќе направиме преглед токму на тие мали и ситни нешта кои ќе ве натераат да го засакате Windows 7 екранот, повлечете го на лево или десно и прозорецот ќе ја промени својата големина за да

манипулирате со вертикалната големина на прозорецот, можете да го повлечете прозорецот до

врвот на екранот и истиот да се зголеми, двојно кликнете на горната или долната граница од прозорецот и тој вертикално ќе се зголеми максимално додека неговата ширина ќе остане иста. Горе споменатите манипулации можете да ги направите и со користење на тастатура: [ е копчето со знакот на Windows на самата тастатура]. + стрелка за лево го закачува прозорецот на левата страна од екранот + стрелка за десно го закачу-


click/софтвер/Windows_7_Tips_&_Tricks/ ва прозорецот на десната страна од екранот + стрелка за горе го максимизира активниот прозорец + стрелка за долу го минимизира активниот прозорец + Shift + стрелка за горе го максимизира активниот прозорец по вертикала + Shift + стрелка за долу го враќа активниот прозорец во оригинална големина по вертикала. Овие можности било да ги користите со глувче или тастатура во многу ќе ви олеснат доколку имате потреба да споредите содржина на две локации, многу лесно... закачете ја едната локација на левата а втората локација на десната страна од вашиот екран (Windows 7 самиот ќе ја дотера големината на прозорците) и ете.... бараните содржини една покрај друга. Аеро поглед кон вашата работна површина Комплетно нова но дефинитивно многу интересна и веројатно многу потребна е алатката за моментен поглед кон вашата работна површина. Во текот на работењето корисникот отвора еден куп розорци така да работната површина ретко се гледа, но на моменти ви е потребно нешто токмо од таму па сакате да го погледнете. Само отидете со глувчето во долниот десен агол, веднаш по дата и часовникот и сите ваши отворени прозорци ќе станат провидни, значи работната површина ви е достапна. Истото го добивате и со истовремено притискање на типката + Space.

Шетање низ отворените прозорци Секако ви се случило да имате отворени неколку текстуални документи во MS Word да речеме, и имате потреба од време навреме да ги прегледувате (Alt+Tab ќе ви ги отвора СИТЕ можни прозорци), во тој случај слободно притиснете Ctrl (control) и со глувчето кликкајте на иконата на апликацијата за која се работи (во нашиот пример MS Word) и Windows 7 ќе ве шета помеѓу отворените инстанци САМО на MS Word. Прозорците ќе се отвораат

по редослед по кој прв пат биле отворени. Ослободување од неактивните прозорци Многу пати се случува работната околина да ни е пренатрупана со отворени прозорци, покрај активниот прозорец во која работите од сите страни ви штрчат крајчиња од прозорци, мали или поголеми прозорци и сето тоа понекогаш знае да го одзима вниманието или да ве нервира. Лекот кај Windows 7 е едноставен, само притиснете + Home и сите прозорци кои се неактивни во тој момент ќе се минимизираат. За да ги вратите само повторете ја постапката. Гледај јасно Со подобрување на алатката за зумирање кај Windows 7, можете да зголемите различни делови на екранот, многу брзо и многу лесно. Алатката за зумирање кај Windows 7 ви овозможува да зумирате на секое подрачје на вашиот екран, се дефинираат скалата фактор за зголемување, како и следење на курсорот на глувчето и полето на фокусот. Стартувајте го “Magnifier” од Start менито, и поставете ја лупата во одреден дел од вашиот екран. Таа ќе остане во таа положба, во релативен сооднос со границите на вашиот екран. Поместувајте го курсорот на глувчето околу и јасно ќе видите

“Mouse” и изберете го “Buttons” табот и добивате опција да го програмирате вашето глувче како ќе посакате.

менува. Добивте едноставен начин на кој вашата позадина секогаш ќе биде нова, свежа и интересна.

Сменете ја позадината Windows 7 ви дозволува комплетно да ја персонализирате вашата работна околина за да ви одговара на секое од многуте

Чиста работна површина (desktop), Веднаш!! Секогаш имавте можност автоматски да ја дотерате вашата работна површина со помош на

расположенија кои ги поседувате, сето тоа со новата Shuffle функција за вашата работна околина. Можете да ја подесите позадината на вашата работна околина да “шета” по вашите омилени фотографии и да ја менува позадината онолку често колку што ќе посакате. За да ја

auto-arrange опцијата која ја добивавте кога ќе кликнете со десното копче на вашето глувче врз позадината на вашата работна околина и потоа одбирајќи “Sort By”, сега Windows 7 тоа го прави уште полесно. За да ја дотерате вашата работна околина според вашите предефинирани поставки едноставно САМО притиснете и заджете ја типката F5. Веднаш, Се е подредено како што треба. Манијата на десниот клик Во Windows 7, користењето на десниот клик на вашето глувче може да ви биде џокер во ракавот. Постојат неколку начини во кои десниот клик во големо го

дека погледот кон саканиот дел од екранот се зголемува. Можете исто така да го програмирате едното од копчињата на вашето глувче (доколку вашето глувче е компатибилно со Microsoft IntellPoint софтверот) да ја вклучува или исклучува алатката за зумирање. Одете во Control Panel и кликнете на “Hardware and Sounds”, потоа

овозможите оваа функција кликнете со десното копче од вашето глувче на вашата работна површина и одберете “Personalize” потоа “Desktop Background” Одберете го директориумот каде што се наоѓаат вашите омилени фотографии и одберете колку што сакате. Чекирајте го “Shuffle” боксот и одберете колку често сакате вашата позадина да се click ноември 2009 37


click/интернет/facebook_vs_twitter/

Фесјбукот е прекраток за да не твиташ

Vs

Се поголемата популарност на микроблогерскиот сервис Twitter го отвара прашањето кои се разликите меѓу твитањето и одржувањето на еден обичен Facebook профил

F

acebook им се што има и Twitter, па дури и повеќе! Зошто тогаш би отворил акаунт на микорблогот, кога истите работи може да ги правам и на најпопуларната социјална мрежа, која нели ја користат повеќе од 300 милиони луѓе. Ова се обично коментарите на луѓето што за прв пат се запознаваат со Twitter, а веќе поодамна успешно пливаат во царството на 25 годишниот некрунисан принц на интернетот 62

click ноември 2009

Марк Зукерберг (сепак, кралевите се Лери Пејџ и Сергеј Брин од Google). Со оглед на тоа што Facebook постои две години повеќе од Twitter нормално дека мнозинството прв пат се запознале со социјалната мрежа, а дури сега повеќето од нив се заинтересирале за Twitter. Неофицијалните предвидувања на педантните американски статистичари велат дека до крајот на оваа година ќе

бидат отворени близу 18 милиони акаунти на овој сервис (тоа што 60 отсто од луѓето се откажуваат еден месец откако ќе го отворат Twitter профилот е сосема друга работа, која ќе ја дискутираме подоле во текстот). Од друга страна страсните твитерџии гласно се противат на ова, како што велат, поедноставување на работите. Многу интернет експерти ги заскукаа сивите ќелии од мозочната маса и размислуваа

зошто, навистина зошто, Twitter станува се попопуларен, кога на прв поглед Facebook би требало да ја задоволи желбата на луѓето да џивџаат (tweeting на македонски јазик). На интернет можете да најдете купишта текстови во кои блогери, фејсбукери и нормално твитерџии ја обработуваат оваа тема. Воглавно, заклучокот би бил дека иако на прв поглед и двата сервиси се доста слични, тие всушност се премногу различни.


click/интернет/facebook_vs_twitter/

Од ова може да се заклучи дека воопшто не е релевантна дилемата дали да користам Facebook или Twitter, туку таа се сведува на изборот на тоа за што ќе ги користите овие интернет гиганти.

но време се обидува да направи еден вид на Facebook профил од имелј акаунот. Меѓудругото токму и затоа дигнаа раце од битката со Google и потпишаа договор со мајкрософтовиот Bing да го користат неговиот алгоритам за пребарување. Иако според нас тоа, сега за сега, не им оди од рака на Yahoo, сепак ова е доволен показател дека остатокот од парите лежи во социјалното вмрежување. Големината на Facebook е во фактот дека денес речиси никој не зема телефонски број или имејл на луѓето што ги запознава, туку го бара само името и презимето, информации кои се доволни за да пронајдеш човек на оваа социјална мрежа. Твитер е сосема друга приказна. Тој е форма на изразување која досега не била позната и поради тој факт луѓето многу потешко се навикнуваат да го користат. Изразувањето во 140 карактери е специфична новина, која колку мотивира едни, толку ги иритира други. Имено, неофицијална Twitter заповед според микроблогерската заедница е дека првата реакција на секој иден џивџач е негодување и критикување на сервисот. И според нашето искуство, барем во македонската твитер заедница ова непишано правило е многу близу до висти-

Vs

Се бара новиот Google Пред една деценија не веруваме дека имаше личност на планетава која ќе ставеше глава во торба дека некој од пребарување на интернет содржини ќе заработува 20 милијарди долари годишно. Тогаш беше актуелна „војната“ меѓу Google и Yahoo (добро,

де ги прави првите чекори. Ова можеби е и вистинска војна, ако во преден план ги ставиме парите, но тоа е проблем кој ќе го оставиме да си го решаваат Зукерберг од една страна и Еван Вилијамс и Биз Стоун од друга страна. Она што е побитно за нас е што двата сервиси им нудат на корисниците и која е вистинската разлика меѓу нив, ако, нело, воопшти има нешто такво. За да направиме разлика меѓу Facebook и Twitter ќе треба прво да ги истакнеме посебностите што секој од нив ги поседува. Моќта на империјата на Марк Зукерберг се состои во одличниот начин на кој тој успеа да ги измеша работите што најчесто луѓето ги прават на интернет. Како никој пред нив Facebook успеаа да ги обединат имејлот, четувањето, споделувањето на фотографии, видеа и стотици други апликации. Дополнително, предноста на Facebook во однос на најблиските другари MySpace, Hi5 и Orcut е тоа што има многу приемчив интерфејс (кој ги пробал другите социјални мрежи добро знае што значи ова) и многу е лесен за користење. Фактот што преку 300 милиони луѓе користат Facebook е потврда за ова. Дополнително, магијата со еден клик да имате контрола на целата ваша он-лајн активност поведе многу други сервиси да го следат примерот на Зукерберг. Еве, на пример Yahoo во послед-

имаше и по некоја друга ситна и покрупна боранија), а според многу интернет корисници наредната битка во виртуелниот свет ќе биде меѓу Twitter и Facebook. Интересна е оваа дебата, бидејќи микорблоерскиот сервис се уште не почнал да прави апри, додека џинот на социјалните мрежи дури ова господово лето пријави некој „ситен“ профит, иако на берзата вреди повеќе од неколку фабрики за автомобили, а дополнително потроши 50 милијарди долари превземајќи го Frenfeed, сервисот многу сличен на Facebook. Иако, ако се земе искуството од битката на пребарувачите, која се случуваше во деведесетите години од минатиот век, тогаш ништо не е чудно ако новиот Google се уште не ни роден или токму сега нека-

ната. Така праксата покажа дека многу твитерџии брзо сваќаат дека сервиост е многу повеќе од бесполезно одговарање на прашањето „Што правиш?“, кое некој вид Twitter-мото. Публиката ја прави разликата Позицијата на вториве дека Facebook статусите се едно те исто со твитовите води кон круцијалната разлика што ги одвојува овие сервиси како сосема различни. Иако во почетокот можеби статусите и џивџањата навистина беа една работа, денеска се разликуваат во еден многу битен сегмент, а тое е публиката на која фејсбукерот и твитерџијата и се обраќаат. Кога велиме фејсбуке и твитерџија не мора да значи дека овие две онлајн персоналности не може да се дел од една личност. Најдобрата споредба за раликите меѓу публиката на Facebook и онаа што ја имате на Twitter е компарацијата на свадба со голема забава. Подржувачите на оваа споредба велат дека Facebook е поинтимно катче, нешто како венчавка, на која се собираат старите пријатели и потесното семејство и токму поради тоа начинот на кој ним им се обраќате е прилагоден на публиката. Разговарате за работите кои ве зближуваат, за

click ноември 2009 63


68 69 70

Call of Duty: Modern Warfare 2 Borderlands Dragon Age: Origins

click/игри/

Oва е војна!

ИНФО

6-то продолжение на популарниот CoD, контроверзен и ултра насилен, непријателски настроен кон noob-ови

В

еста за излегувањето и бројот на продадени копии во првата недела ги преплавија сите медиуми, Call of Duty: Modern Warfare 2 ги заслужува сите кредити не само заради самата игра туку и честитки за маркетинг тимот што стои зад овој проект. Дополнување на популарноста после првата недела додаде и забраната на Modern Warfare 2 во Русија заради една од контроверзните мисии во која се инволвирани руски терористи, кога ќе почнат да разбираат луѓето кои се занимаваат со политика дека всушност станува збор само за игра. Да почнеме од почеток, во најголемиот дел од играта повторно го играте наредникот Gary “бубашвабата” Sanderson. Исто како и во првиот дел на Modern Warfare, тој со својот мултинационален тим Task Force 141 ќе се борат против руски ултранационалисти на чело со Владимир Мака68

click ноември 2009

ров. Низ играњето вашиот тим наредбите ги добива од новиот капетан MacTavish, но тука е и стариот капетан Price кој се појавува во неколку наврати. Кампањата за самостојно играње е експлозивна и запакувана со многу акција но многу пократка од првиот дел. Во секој момент од одличната акција се слушаат феноменално изведените гласови на членовите од тимот или пак на капетанот, а позадинската музика е исто така за пофалба. Конфликтот со руските терористи се одвива низ целиот Свет па така очекувајте дека ќе се борите на локации како Авганистан, Рио Де Жанеиро, Сибир, Вашингтон итн. По завршување на кратката соло кампања на располагање е секако одличното мрежно натпреварување и како изненадување се појавува Spec Ops модот за играње со уште еден играч. Кооперативниот Spec Ops со два играчи опфаќа нови

мисии кои се отклучуваат со играњето и претставува мешавина од натпреварување меѓу играчите во некои мисии до тактичко напредување во други со управување на летала како AC-130 или хеликоптери од страна на едниот играч за покривање на другиот играч на земја. Она што го прави Modern Warfare 2 толку популарен е секако multiplayer модот за мрежно или Интернет играње. Иако на располагање се дури 14 мода на играње, сите се скоро стандардни, а ќе го поздравиме само Headquarters Pro кој бара најмногу комуникација и тактика меѓу играчите на еден тим. RPG елементите се присутни и тука, со можност за надградба на способностите на ликот. Задачите за напредување на ликот не се воопшто лесни, а секако се многу корисни и им нудат сатисфакција на играчите за постигнатиот успех. Она

што не ми се допаѓа се наградите што се добиваат со последователно убивање на неколку непријатели. После 4-5 убиство наградите се премногу добри и ја дисбалансираат играта затоа што пратечка ракета, воздушно бомбардирање па дури и EMP можат лесно да доведат до победа на еден од тимовите. На овој начин ликовите со ниски нивоа многу тешко можат да се натпреваруваат со ликови од повисоки нивоа, а да не зборам за снаоѓањето против поискусни играчи. Call of Duty: Modern Warfare 2 уште од самиот старт се наметна како хит, а за тоа сведочат и преполните Интернет сервери. l

• Call of Duty: Modern Warfare 2 • ИЗДАВАЧ: Activision • Развој: Infinity Ward • ПЛАТФОРМА: PS3, Xbox 360 и PC • URL: www.modernwarfare2. com ЗА И ПРОТИВ

 Графика и атмосфера  Разноликост во мисиите  Гласовите на ликовите и музичката позадина  14 мултиплеер модови  RPG елементи и вештини на ликот  Spec Ops мод за кооперативно играње на 2 играчи  Премногу добри награди за последователни убиства при мрежно играње  Кратка соло кампања

ОЦЕНА

одлично

[Иван Манчевски]

CoD: MW2 нуди многу забава за мрежно играње, а доколку сте љубител на соло кампања забавата ќе трае многу кратко. Одлична атмосфера, игривост и многу акција ја оправдува целата фама што се крева околу играта.


click/игри/borderlands

FPS со RPG елементи, одлична забава СЦЕНАРИО

П

оследниот џокер кој во последно време многу често се употребува и кој го гарантира успехот на една игра во играчката индустрија е мешањето на жанровите. Доколку се изведе добро, комбинирањето на два жанра ја прави секоја игра поинтересна за играње и со тоа се гарантира успех. Пред две години првите чекори во таа насока беа мегахитовите BioShock и Call of Duty 4: Modern Warfare, FPS пуцачини со RPG елементи. Минатата година уживавме во играњето на Fallout 3, RPG со акциски елементи, а сега можеме да уживаме во одличната Borderlands. Вметнувањето на RPG елементи во FPS и можности за создавање на дружина за кооперативно играње со повеќе играчи нуди многу забава. Borderlands може да се игра на начин на којшто играчот сака и во секој случај ќе овозможи многу забава, без разлика дали само ќе трчате наоколу и ќе се забавувате пукајќи на се што мрда или пак ќе се обидете да најдете што е можно поредок примерок на опрема или оружје. Приказната во

Borderlands колку и да не е битна сепак постои, дејствието се одвива во пост апокалиптично доба на планетата Pandora. Неколку бродови ја населуваат планетата и ја напуштаат одкако ќе откријат постоење на вонземски суштества. Вонземјаните поседуваат многу вреден артефакт “the Vault”кој успеал да ги уништи сите оние кои дотогаш успеале да му се приближат. Од самиот старт како во секоја добра RPG игра можете да одберете еден од четирите ликови, Brick, Lilith, Mordecai и Roland. Секој од нив има уникатни вештини и способности. Иако Borderlands е пуцачина во прво лице, јунакот кој го играте има нивоа во кои напредува (максимум е 50-то кое може да се достигне во PvP арената), а за секое наредно ниво се добиваат поени кои можат да се распределат според желбата на играчот. Како дополнителен RPG елемент се и трите дрва на вештини кои ги поседува секој карактер кои се различни кај секој лик. Со изучувањето на различни вештини, на секој карактер му се доделуваат различни способности, но тие можат

да се прераспределат доколку не сте задоволни од перформансите на вашиот лик, секако со плаќање на одредени средства. Заразноста на играта почнува со собирањето на пленот кој го испуштаат непријателите по нивното совладување. Оружја и опрема има во милион комбинации затоа што секој предмет има различни карактеристики, па така има ретки, уникатни и специјални, а вие во секој момент ќе бидете во потрага по подобрена верзија или ново оружје. Непријатели има на претек, а на одредени места има и шефови за чие совладување ќе треба малку повеќе тактика. Borderlands е забавна за самостојно играње, но играњето со повеќе луѓе одеднаш е уште позабавно. Максималниот број играчи во кооперативен начин е 4, а би било добро доколку со некоја надградба го зголемат на 8 или 16. Како што се

Четворочлената дружина е спремна за нови предизвици, треба да се совладаат неколку “пациенти” и да се стигне до шефот со што ќе добиеме ново ниво на ликовите, а може да ни падне и некое добро парче опрема од пленот, одиме во акција.

вклучуваат повеќе играчи така се зголемува и тежината на Borderlands, а со креирањето на различни карактери можат да се прават најразлични тактики, од стелт тактика, преку медицинска помош итн. Borderlands е пропратена со цртана графика и одличен звук, а најмногу забава нуди целата атмосфера која е пропратена со комични елементи, но целиот концепт е направен така да ги засмејува играчите на секој чекор. Немојте да се изненадите доколку видите оружје што употребува птици или пак сачмарка со ласерски нишан што може да исфрли 6 отровни гранати во исто време. Borderlands е игра која не смеете да ја пропуштите, многу забава, многу пукање и најразлични можности за градење на карактерот.l

ИНФО

• Borderlands • ИЗДАВАЧ: Gearbox • Развој: Gearbox • ПЛАТФОРМА: Xbox 360, Playstation 3 и PC • URL: http://www. borderlandsthegame.com ЗА И ПРОТИВ

 4 различни карактери  Многу забава и интересни ситуации во текот на целата игра  Многу оружја и опрема  Можност за надградба на карактерите  Кооперативна игра  Слабо разработена приказна

[Иван Манчевски]

FPS со RPG елементи и многу добар кооперативен мод, Borderlands нуди многу забава во одличната атмосфера на планетата Pandora, 4 различни лика кои можат да се развиваат на најразлични начини.

ОЦЕНА

одлично

click ноември 2009 69


click/писма, прашања и одговори/

ВО следниот број ќе читате:

Брендирани системи Најпродаваните компјутери, составени од најпознатите светски марки

ВО ПРОДАЖБА ОД 20. декември ПИШУВАЈТЕ НИ • Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.

КОНТАКТ Васил Ѓоргов 21-2/7 • 1000 Скопје Телефон: 02 5 20 97 04 Е-mail: redakcija@clickmag.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата

Проблем при ресет Најпрво поздрав до вашата редакција. Прашањето е кратко но за одговорот не ми паѓа никаква идеја на памет. Пред една недела купив десктоп компјутер, мислам на малку појака конфигурација. Дојдов до момент кога требаше тврдо да го ресетирам компјутерот бидејќи заглави на една игра. Го притиснав копчето RESET и компјутерот почна нормално да се ресетира. Меѓутоа кога стигна до моментот кога требаше да се активира односно покрени одново, тој се исклучи. Не ми остана ништо друго освен да го вклучам одново притискајќи го копчето POWER и компјутерот се стартува нормално без никакви проблеми. Откако го забележав овој проблем пробав неколку пати тврдо да го ресетирам, но проблемот се повторува. Можеби е хардверски проблем, но не сум сигурен. Го очекувам вашето мислење и помош. Однапред ви благодарам. Горан Велкоски Здраво драг читателу. Во голем процент точни се вашите претпоставки дека можеби е хардверски проблем. Исто така и без да не известевте претпоставив дека се работи за свежо составена конфигурација. Овој проблем често се јавува кај новокомпонираните кнфигурации. Имено, нормално е машината да покаже некаков проблем на почетокот на нејзиното користење бидејќи со други зборови – таа сеуште не е тестирана доволно. Доколку ја составувавте вашата конфигурација сам, проверете дали сите компоненти се компатибилни 74

click ноември 2009

во неа. Тоа не подразбира само компонентите да бидат од еден производител, туку нешто сосема друго. Треба да проверите покрај тоа кои се производители на компјутерските компоненти, туку и да проверите дали нивните карактеристики се компатибилни. Тоа подразбира проверка на фреквенции најчесто на процесорот и матичната плоча. Потоа проверка на тоа каков тип на мемориј подржува твојата матичната плоча. Дали е тоа DDR2 или DDR3. Но не само тоа. Извршете проверка дали клокот на кристалот на матичната плоча и на меморијата се компатибилни, односно дали производителот и на двата уреди дали дозволува да се вгради конфигурацијата како таква. Овие информации можете да ги добиете од некаков каталог издаден од производителите на компонентите вградени во вашата конфигурација или пак едноставно пребарајте на интернет. Доколку не сте ја составиле сами вашата конфигурација, обратете се таму каде што ви е составена. Можеби таму е направена некаква грешка во смисла на компатибилноста или пак некоја друга хардверска грешка. Ова решение е подобро бидејќи нормално вашиот компјутер е се разбира, под гаранција. Но можеби нема никаква грешка околу

компатибилноста. Од ваков аспект на поставеност на нештата, сосема мала е веројатноста тоа да претставува софтверски проблем. Моја проценка е дека некое интегрирано коло не функционира правилно без разлика на причината за тоа. Најчесто ваков проблем може да се јави доколку на функционира RAM меморијата. Можеби е прегорена или е пак не функционирала уште при нејзиното производство. Сепак добро е да проверите дали RAM меморијата е добро прицврстена на слотот на матичната плоча. Не го правете тоа доколку не смеете да го отворите куќиштето поради поставената пломба. Голема е веројатноста проблемот да е хардверски. На вас останува да проверите за работите што ви напоменавме. l (Како и досега, одговорите на некои прашања не можат да чекаат до излегувањето на бројот, од едноставна причина што бараат брз одговор. Така, и на ова прашање одговорот е пратен по имејл, но сепак го објавуваме, во случај и други читатели да имаат или имале сличен проблем).

Скриена камера Здраво! Прво да се претставам дека се занимавам со местење на видео надзор на објекти. Ми предстои проблем кој треба да го решам наскоро. Треба да наместам видео надзор во еден колонијал. Меѓитоа желба на сопственикот е да бидат поставени два монитора при што во едниот ќе се внесуваат производите, а другиот ќе го прикажува мониторингот на камерата. Тој има компјутер со постар модел на графичка карта со еден дигитален излез за монитор. Би ми користел многу секаков совет. Срдечен поздрав до вашата редакција Дамјаноски Зоран

Ќе дадам краток, но корисен совет бидејќи токму во овој број на нашето списание стана збор токму за проблем како вашиот. Погледнете на страна 25 и мислам дека ќе извлечите информација која ќе можете да ја примените во права насока. Всушност станува збор за конвертор кој вашиот слободен USB порт го претвора во дигитален DVI-I видео или VGA (D-SUB) излез. Со оваа можност се решава вашиот проблем бидејќи уредот е plug and play и веднашдобиват излез за уште еден монитор. Постојат вакви уреди со повеќе излези за монитор. Се разбира тоа зависи од вашите потреби за излези. l



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.