click/вовед
БРОЈ 01 • МАЈ 2008 • WWW.CLICKMAG.MK
УРЕДНИК ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ vladimir.kockovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Владимир Кочковски vladimir.kockovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Игор Петрушевски • igor.petrusevski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Владо Велков • vlado.velkov@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Никола Пчински • nikola.pcinski@clickmag.mk Александар Марковски • aleksandar.markovski@clickmag.mk Иван Јанкиевиќ • ivan.jankievic@clickmag.mk Јазичен соработник Ана Манасиевска • ana.manasievska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ
Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Коста Стаматовски kosta.stamatovski@clickmag.mk Печатено во: Софија, Богданци Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32 23 575, +389 (2) 32 23 125 Факс: +389 (2) 32 23 575
ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.
Првиот број на Click Нешто што сакаме да постигнеме е да го направиме ова списание да биде ваше списание
Д
обредојдовте во првиот број на списанието Click! Главната цел на ова списание е прикажувањето на светот на компјутерите и технологијата од една поинаква перспектива, која е напишана од ентузијасти за ентузијасти. Содржините на списанието ќе ги покриваат сите аспекти на новостите и технологиите кои секојдневно се усовршуваат со мисија да го олеснат нашиот начин на живеење и да ја збогатат нашата забава. Законите кои важат за хардверот постојано да се намалува и подобрува, се потврдуваат и со ултра-портабилниот Asus EeePC кој пакува голем удар во своите мали димензи, а сепак нема да ви го разбие буџетот. Убаво е кога ќе се види дека една иницијатива како што е „Еден лаптоп за секое дете“, повлекува цела лавина на иновации во многу други области во индустријата, а поттикнува и размислувања кои се „надвор од кутијата“ (тест на страница 41). Фактот кој сé почесто докажува дека бесплатното може да биде и подобро, се потврдува со Ubuntu 8.04, кој е дистрибуција на Linux (отворениот софтвер на кој се базира и Xandrox верзијата на EeePC). Тој оди чекор понатаму со тоа што вклучува во себе комплетна Македонска локализација и е вистински пример за правилно имплементирање и употребување на македонската кирилица. Благодарение на луѓе и индивидуи како што се тие од Слободен софтвер Македонија, креативните луѓе од rabotilnica.com.mk и поборниците
како Ласко Џуровски кои се залагаат за зачувување и промовирање на нашата кирилица, го потврдуваат фактот за неисцрпниот талент на Македонската нација. Затоа, во првиот број на списанието преку одредени содржини се промовирани овие луѓе, како и нивната работа и идеи. Ова е практика која ќе биде применувана и во идните изданија на Click. Што се однесува до гејмигнот, во овој број имавме можност да се ставиме во улогата на Нико Белиќ, балканецот кој е во центарот на GTA IV – убедливо најдоброто продолжение на франшизата досега и вистински кандидат за најдобра игра за 2008 година (страница 86). Уште нешто што сакаме да постигнеме е да го направиме ова списание да биде ваше списание. Во секој број ќе има и дел посветен за одговарање на прашањата поставени од ваша страна, во врска со сè што ве интересира од оваа област. Исто така, сакаме да го слушнеме вашето мислење во однос на содржината, опфатените теми, конструктивните критики или пофалби, како и вашите искуства. Слободно контактирајте нè преку E-mail адресата info@ clickmag.mk или можете да пратите и писмо на нашата поштенска адреса. Се надеваме дека ќе уживате во содржините кои ги подготвивме за вас во овој број! l
click мај 2008
click/содржина БРОЈ 01 • MAJ 2008
ХАРДВЕР
12 - 47
12 Водич за купување на веб камери
Важни работи и скриени карактеристики при купување на нова веб камера
18 HD Телевизори
Способностите и разликите помеѓу LCD и Plasma технологиите
21 МSI Megabook ER710X
Рецензија на лаптопот на MSI кој е повеќе од достојна замена за десктоп машина
24 Sony Alpha A300 & A350
Eдноставни за користење, а сепак резултираат со навистина професионална фотографија
34 Портабилни фото принтери
14
MACBOOK AIR
Најтенкиот лаптоп на светот
Водечките компании во сферата на инкџет принтерите водат борба за превласт на тронот
41 upscale dvd player
Од стара снимка со стандардна дефиниција во ново високо-резолуционо видео во еден чекор
42 ASUS EEEPC
Инспирација од духот на проектот „Еден лаптоп за секое дете“ успешно го продолжува и Asus
СОФТВЕР
48 - 82
48 CorelDRAW Graphics Suite X4
Изненадува фактот што компанијата почнува да ги слуша корисниците и искусните графички дизајнери
50 Интервју со Rabotilnica.com.mk
Предизвик да се најде баланс помеѓу заработувачка и задоволување на креативни пориви
53
XP SERVICE PACK 3
54 35 бесплатни онлајн сервиси Способностите и разликите помеѓу LCD и Plasma технологиите
Ново светло за стариот систем
62 802.11n чукнува на вратата
Поголема пропусност и моќ на покривање во однос на било кој друг безжичен стандард
81 jooce
Вашиот виртуелен десктоп компјутер на интернет на кој можете да пристапите од секаде
ИГРИ
83 - 89
84 Xbox 360 Arcade – играчка конзола
По најновите снижувања на цените, поефтино е да се купи Xbox 360 Arcade конзола отколку нова графичка картица
72
PHOTOSHOP ТУTОРИЈАЛ
Креирање на повеќе мали сликички од една голема
click мај 2008
РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 90
вести ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ
click мај 2008
click/вести/мај
HP го лансира 13.3-инчниот dv3000 лаптоп во Азија
Shuttle XPC G5 6801M Додека на Shuttle-овиот KPC не му беа целна група ентузијастите, на новиот XPC дефинитивно се. XPC G5 6801M работи со AMD Athlon 64 X2 4200+ процесор, 2GB DDR2 рам, 320GB хард-диск, LG GGC-H20L Blu-ray / HD DVD combo оптички драјв, ATI HD 3450 графичка картица со 256MB рам, DVB-T тјунер, 25-во-1 читач на мемориски картички и 7.1-канален аудио излез. Згора на тоа, ќе најдете и гигабитнен Ethernet, FireWire, неколку USB / eSATA порти, DVI / VGA излез (со вклучен DVI-HDMI адаптер во пакувањето) и далечинско за уште полесна контрола. Доколку ви се допаѓа сето ова, можете да го имате за 72.500 денари или, доколку веќе се збогувавте со HD DVD форматот, верзијата само со Blu-Ray чини 11.000 денари помалку. l
Кристален LED часовник за на рака Еве една направа која ни даде нова причина за восхит на часовниците. Дизајниран од страна на Илија Јаковлев (Ilya Yakovlev), овој часовник направен од вистински кристали е само концепт во моментов, но креирање на ваква направа со кристали и LED е сосема возможна. Доколку „премине во реалноста“, сопствениците ќе можат да ги менуваат боите и јачината на осветлувањето според нивното расположение. Се надеваме дека не е прашање на „дали“, туку дека е прашање на „кога ќе се појави?“. l
click мај 2008
Помина подолго време откако HP dv2000 првпат се појави на сцената и освен новата бројка, HP додава и благо редизајнирање – добродојде dv3000. Базиран на високо-мобилниот 13.3 инчен дисплеј, изгледот генерално е сличен како и неговиот претходник, со малку помали димензии. Под хаубата лежи 2.5GHz T9300 Penryn Core 2 Duo, GeForce Go 8400M графичка со HDMI излез, 2GB RAM, 160GB хард-диск, VGA веб-камера, dual-layer DVD режач и една невообичаена комбинација на USB / eSATA порта. Не е лоша машинерија за $1.399 долари. Штета што излегуа во Мај само во Азија. l
ASUS минимизира со NOVA LITE Mini 2L PC Секако, претходникот NOVA P22 е најверојатно доволно мал за повеќето луѓе, но доколку поради било која причина не се пронаоѓате во споменатиот модел, еве уште една опција. NOVA LITE Mini 2L е со димензии од 230 х 183 х 50 милиметри и тежи 1.5 КГ. Ова „кутија“ е дизајнирана едноставно да ги „задоволи секојдневните компјутерски потреби“, а во исто време да ја држи бучавата на минимум, Спакувано внатре се наоѓа 2GB DDR2 RAM, 80GB / 160GB хард-диск, DVD режач, Ethernet, WiFi (на одредени модели), вградени звучници, четири USB 2.0 порти, DVI / VGA и audio in / out конектори. За жал, се уште нема информации за цена и официјална дата на излегување. l
500 Limited Edition GTA IV Xbox 360-ки Microsoft ја зголемува фамата околу излегувањето на Grand Theft Auto IV со ограничен број од 500 GTA-брендирани Xbox 360 Elite конзоли и актовка полна со додатоци. Сите се означени со сериски број под копчето за вклучување, а на сликата е прикажана број 170 од 500. Конзолата е обоена со боја од автомобилски квалитет, а страните на 360-ката ја имаат изгравирано сликата од кутијата на GTA IV и сериски број. Добар начин за пречекување на првата игра во GTA браншата која повеќе не е ексклузивец само на Sony PlayStation. Rockstar исто така креира и додатни епизоди специјално за корисниците на Xbox 360 кои ќе можат да се даунлоадираат оваа есен. Иако самата игра е веќе излезена, оваа Special Edition конзола нема да биде достапна во продавниците. l
click/вести/мај
PlayStation 3 лаптоп За Бен Хек (Ben Heck), човекот кој рачно направи лаптоп верзија од Xbox 360 и Nintendo Wii, беше само прашање на време кога ќе го стави и PlayStation 3 во „носечка кутија“. По речиси година ипол работа (со прекини), настана оваа магија: Основните спецификации вклучуваат: Орги-
нален 60GB PS3 модел, 17-инчен LCD HDTV екран со резолуција од 720p, HDMI-DVI конекција, вградена тастатура, USB порти, стерео звучници и излез за слушалки. Димензиите му се 432 х 349 х 76 мм, а тежи нешто повеќе од 7 килограми. l
iPhone добива и VoIP опција Компанијата наречена Fring произведе генијално парче софтвер (for jailbreakers only). Користејќи ја оваа програма, сега е можно да се повикуваат и примаат повици преку вашата WiFi конекција. Освен Skype, апликацијата овозможува конектирање и со MSN Messenger, ICQ, GTalk, SIP, Twitter, AIM, и Yahoo!, што е сосема доволно за ова да изгледа како атрактивен пакет, дури и кога немате потреба да ги искористите неговите VoIP можности. l
Екран кој прикажува слика на зеницата Иако се уште не се знае дали очилата со екран ќе влезат во мода во брзо време, Brother Industries прави постојан прогрес во намалувањето на очилата до пристојна големина, но работи и на уште некои нови технологии. Една од тие е употребата на систем кој ја скенира зеницата на окото за да произведе слики кои изгледаат како да лебдат пред вас. Оваа технологија, наместо LCD екран пред вашето око, ја користи самата зеница за да ги проектира сликите. Иако скенерот моментално треба жичано да е поврзан со релативно голема направа која ќе ги генерира „лебдечките“ слики, компанијата очекува до 2010 година да премине на безжичен систем и да ги намали работите на големина која би била комфорна за носење. l
NVIDIA ветува интегриран чипсет за цена под $45 долари
Македонски телекомуникации се ребрендира
NVIDIA ги откри своите планови да создаде процесирачка платформа која ќе чини помалку од 45 долари. Производителот на графички картици го нарече „најпристапниот Vista Premium PC“. Архитектурата ќе комбинира процесор Isaiah од VIA и интегриран графички чипсет од NVIDIA за кој тврди дека има далеку подобри перформанси од Inteloвите Celeron базирани 945 IGP/ICH4 конфигурации. Наводно, оваа комбинација е способна за 36 GFLOP-и, наспроти 6.4 GFLOP-ите на Intel (што во превод значи многу брзо). По не-толку-сјајните искуства со Intel и интегрирана GMA950, ќе биде интересно да се видат интегрирани графички картички со солидни перформанси. l
Македонски телекомуникации го најави ребрендирањето на компанијата и влегувањето на светски познатиот T- Home бренд на македонскиот пазар. Македонски телекомуникации е првата компанија во рамките на интернационалната ДТ групација, којашто ја следи новата бренд архитектура, за прв пат претставена во Германија во мај, 2007 година. Од 1 мај 2008, новото трговско име на компанијата е Македонски Телеком - акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, a Т-Home брендот официјално започна од 17 мај. Со прифаќањето на новиот бренд, компанијата стана член на најголемото светско телекомуникациско семејство. Со ова, македонските корисници ќе имаат можност, заедно со уште над 150 милиони корисници, да ги уживаат привилегиите кои ги нуди Т брендот во над 50 земји низ целиот свет. VoIP и IPTV се значаен дел од услугите, кои ќе им бидат понудени на корисниците. l click мај 2008
click/вести/мај
AMD најавува Opteron процесори со 6 и 12 јадра
Иако AMD е зафатен со решавање на проблемите на четири-јадрените Phenom процесори, а во исто време напорно работи и на „комплетно различна“ архитектура на чип, тоа не ја спречува компанијата агресивно да се бори за „престолот“ со најавување планови за 6 и 12-јадрени Opteron процесори. Новиот 6-јадрен процесор (codename Sao Paulo), како и 12-јадрениот (codename Magny-Cours) се базирани на новата платформа наречена „Maranello“ и се подготвуваат да го заменат планираниот 8 јадрен Barcelona чип, кој изгледа дека веќе е откажан. Според AMD, 12-јадрените чипови се полесни за производство, па затоа ќе ги „прерипнат“ 8 јадрените. Ова е најверојатно новост и за Intel, кој планира да го издаде 8-јадрениот Nehalem чип подоцна оваа година со што би ја зачувал круната за „најмногу јадра“ додека AMD не го издаде 12-јадрениот во 2010 година. l
Aквизиција на чип дизајнерот P.A. Semi од страна на Apple Немаше многу цврсти детали за причината зашто Apple ја купи компанијата за дизајнирање на чипови - P.A. Semi кога договорот беше најавен. Сепак, изгледа како превезот на мистеријата полека да се трга. Apple сакале дизајнерскиот тим на P.A. Semi’s да дизајнира нов чип за нив, но P.A. Semi имале одредени проблеми со финансиите кои им оневозможувале да го почнат проектот. Според изворот на EETimes, единствен начин за P.A. Semi да учествуваат, бил ако Apple ги отплати сите нивни инвеститори и ја донесе компанијата на свое тло. Ова успеаја да го направат за околу $280 милиони долари. Секако, сеуште останува прашањето за што всушност Apple сакале P.A. Semi да им помогне. l
click мај 2008
Македонска тастатура за iPhone Сега имате можност да пишувате со македонска тастатура и на вашиот iPhone. Благодарение на првиот македонски iPhone „магацин“, софтверот за прикажување на осетливата-на-допир тастатура на телефонот е целосно прилагодена за пишување на кирилица. Апликацијата, заедно со упатството за преземањето и инсталирањето директно преку вашиот мобилен, можете да го најдете на www.iphonemk.com На истиот сајт, освен тастатурата, ќе најдете и македонски регионален формат, позадини, трикови, совети и други корисни апликации. l
BlackBerry 9000 добива рана рецензија Сите сме позитивно настроени кон рецензии на производи кои се појавуваат уште пред да излезат во продажба, но рецензирање на нешто уште пред да е официјално потврдено од сопствената компанија е категорија сама по себе. Секако, ова е повеќе како импресија од прва рака отколку рецензија на еден BlackBerry зависник, кој беше доволно храбар да ризикува над 35.000 денари на шансата дека аукцијата на eBay е легитимна понуда. Една недела покасно, Кевин од CrackBerry.com во раце го има BlackBerry 9000 и изгледа како да ужива во секоја минута со него. Тастатурата е подобрена од таа на серијата 8800, OS4.6 е брз и со убав изглед, а 480 x 320 LCD екранот е „неверојатен“. Не помалку битна е и подршката за 3G која е уште еден добар потег. Освен сликите кои доаѓаат како шлаг на рецензијата, доаѓа и потврдата дека речиси сé може да се најде на eBay, па дури и производи кои сеуште не се официјално потврдени и од самата компанија која ги произведува. l
Acer излезе со новите Business, Value серија на монитори Една од компаниите која не е „срамежлива“ при лансирање на нови производи, Acer, уште еднаш отиде до крај со најновата тура на монитори која ја сочинуваат единаесет нови LCD-а од две производни линии. На пониската страна се наоѓаат 17 и 19-инчните 4:3 монитори (со број на моделот V173 и V193), и 19, 22, и 24-инчните 16:10 монитори (V193W, V223W, и V243W) во Value сериската линија. Сите практикуваат 5 ms одзивност на сликата, 2,000:1 или 3,000:1 контрастен однос, VGA и DVI (со HDCP) порти и соодветните резолуции според големината. Повисоко на скалата се наоѓаат мониторите од Business серијата кои додаваат „стилизиран и елегантен дизајн во црна боја” и исто така доаѓаат во 17 и 19-инчни 4:3 модели (B173 и B193), како и 19, 20, 22, и 24-инчни модели (B193W, B203W, B223W, и B243W) од кои речиси сите ги имаат истите перформанси како и моделите од Value серијата. Моменталните цени се движат од 7.800 денари до 17.000 денари за најскапиот модел. l
click/вести/мај
Guitar Hero Air Guitar Rocker за 1300 денари
Доколку сте обажавател на Guitar Hero игрите, ова е моментот на кој се чекаше речиси цела година. Да, Guitar Hero Air Guitar Rocker конечно е достапен во продажба. Уредот на Jada Toys, кој првпат беше претставен на CES, се состои од минијатурен засилувач за гитара, сензорски колан, асортиман од слики и Air кертриџ кој вклучува „10 познати гитарски стихови“ со ранг од еден до пет по тежина на свирење. Откако ќе и извадите душа на основната верзија, ве очекуваат и додатни „encore“ пакувања кои вклучуваат колани според темата и нови Air кертриџи. Овие би требало да бидат достапни покасно ова лето по цена од околу 600 денари. l
„Паметна“ патика за 30.000 денари Уште од 2004 година имаше најави за VectraSense’s Verb for Shoe “smart shoe”, но компанијата штотуку почна да прима нарачки и, доколку имате екстра 30.000 денари, можете да ги потрошите на еден ваков пар. Четири години и неколку стотици мелодраматични рендирања подоцна, идејата останува иста: вграден компјутер кој автоматски ја прилагодува патиката на вашето стапало, се синхронизира со PC и комуницира со патиките на другите (само со „паметните“) со цел размена на информации за контакт. Иако ваквите можности ни се многу подостапни на мобилниот телефон или на лаптопот, ова излгеда како интересна модна алтернатива. l
Оптичкиот кабел на Македонски Железници ќе се користи за интернет Оптичкиот кабел на Македонски Железници ќе го користат Вип Оператор и Теле Смарт. Железницата ги избра двете фирми на кои ќе им го изнајмува оптичкиот кабел, а преку кој може да се даваат услуги во фиксната, мобилната телефонија и интернет. Во следната фаза, МЖ ќе го понуди на користење и останатиот дел од оптичкиот кабел. Никола Димитровски, директор на МЖ „Транспорт“ изјави: „Со ставање во функција на оптичкиот кабел, отворена е можноста за понатамошна либерализација на информатичкиот сектор во Македонија, со што би се овозможило цените на интернет услугите на сите компании и услуги кои што се од оваа област да бидат веќе драстично намалени“. l
Pilot View FPV 2400 ве става во кокпитот Дали сакате да се наоѓате во кокпитот на вашето далечински-контролирано возило? Ако одговорот е „да“, тогаш дефинитивно за вас е Pilot View FPV 2400, кој ветува дека ќе ја исполни вашата желба. Дизајниран за употреба со радио-контролирани авиони и автомобили, системот се состои од безжична камера поставена во кокпитот, која испраќа снимки во живо до очилата кој ги носи „пилотот“. Искуството кое го доловува е фасцинантно, но ќе треба лично да го пробате за да видите дали ја оправдува цената од околу 21.000 денари. l
Panasonic’s DMPBD50 Blu-ray плеер
Plextor-овата понуда на StorX PXNAS500L / PX-NAS1000L NAS драјвови Помина и не баш толку кратко време откако видовме нешто ново од Plextor, но компанијата штотуку издаде нов пар на NAS драјвови за оние кои имаат незадоволлива потреба од вмрежени „магацини на податоци“. StorX PX-NAS500L / PX-NAS1000L драјвовите нудат капацитети од 500GB и 1TB и двата вклучуваат гигабитна Ethernet порта, USB back-up копче (кое нуди бекап во еден чекор), како и опцијата за проширување, благодарејќи на двата USB 2.0 слотови. Освен тоа, нема некои други новости на ова дуо, а цената и достапноста, се уште се непознати. l
Доколку барате специјализиран Bluray плеер кој ги исполнува сите барања, направете место во вашата дневна соба за Panasonic DMP-BD50. Подршката за BD-Live добива високи приоритети во неговата промотивна кампања, така да очекувајте дека штом се отворат вратите за додатни содржини преку интернет, ќе бидете спремни да ја искористите и оваа опција преку вашиот плеер. Тоа што може да се користи уште веднаш е следната генерација на Dolby TrueHD и DTS-HD MA аудио кодекот кои стојат во спецификациите. Сето ова е добро, но најавената цена од околу 30.000 денари е малку прескапа кога станува збор за плеер. l click мај 2008
click/вести/мај
Gateway презентира нова тура десктоп компјутери, нуди по нешто за секого Љубителите на Gateway десктоп компјутерите ќе бидат добро „снабдени“ ова лето со палетата од нови системи кои компанијата ги пушти во продажба. Со модели од најефтини почетнички, па се до високоопремени гејмерски и мултимедија системи, Gateway се обидува да ги задоволи протребите на сите. Ова се некои од моделите, заедно со спецификациите: FX7026 Intel Core 2 Quad Q9300 CPU Оверклокуван NVIDIA 8800GT 4GB 640GB 46.000 денари
GT5670, GT5674, GT5676 и GT5678 AMD Phenom quad core, или X3 процесори NVIDIA GeForce 6150SE или ATI Radeon HD 3200 3GB или 4GB 320GB до 750GB 23.100 до 35.700 денари
DX442 Intel Pentium Dual-Core, Intel Core 2 Duo, или Intel Core 2 Quad Intel G33 чипсет со GMA X3100 2GB или 3GB 320GB или500GB 23.100 до 42.000 денари
Pioneer ќе го лансира Air Navi AVICT10 во Јапонија Pioneer го претстави новиот Air Navi AVIC-T10, портабилен навигационен систем за автомобили кој „поддржува комуникациски модули и им овозможува на возачите нови комуникациски сервиси на Јапонскиот пазар“. Овој уред нуди бројни информации за сообраќајот, временските услови, локалните случувања, цените на гориво на бензинските станици и слично, а листата на хардверот што го содржи и прилично импресивна: 5.8-инчен WVGA екран, TV тјунер, 4GB флеш меморија, интегриран жироскопски сензор и вграден Bluetooth. Ова парче технологија излегува на пазарот наредниот месец, но само на Јапонското тржиште. Цената се уште не е официјално објавена. l
Verizon го лансира Glyde Една од најлошо-чуваните тајни на Verizon денес доби и официјална потврда: мобилниот телефон Glyde од Samsung. Со способност на работење на CDMA мрежа (значи претежно за Америчко тржиште) и F700 облик, модерниот телефон крие лизгачка QWERTY тастатура, 2 мегапикселна камера со блиц и автоматско фокусирање, GPS, цела палета на Bluetooth профили, microSD слот и вистински HTML прелистувач. За разлика од неговата конкуренција - LG Voyager, Glyde не нуди подршка за VCAST TV сервисот на Verizon, но на повеќето корисници тоа нема да им биде многу важно. Цената за телефонот е околу 10.500 денари за пост-пејд договор (со попустот од 2000 денари). l
10 click мај 2008
Windows XP SP3 и Vista SP1 Microsoft конечно ја пушти најновата надградба за Windows XP и овој пат нема потреба да пребарувате цел интернет за да ја пронајдете бидејќи е достапен преку Windows Update. Долго-очекуваниот Service Pack 3 ветува зголемување на брзината и одредени нови сигурности опции наследени од Vista. И корисниците на Windows Vista ќе го добијат својот апдејт. Microsoft ја рестартира дистрибуцијата за Vista Service Pack 1, откако претходно беше повлечен поради проблемите со Microsoft Dynamics RMS. l
Sync технологијата доаѓа во Hyundai и Kia, од Microsoft
Иако Sync e технологија која претходно беше достапна ексклузивно само за Ford, слична технологија на нејзе изгледа дека ќе биде вклучена и во новите автомобили на Hyundai и Kia до 2010 година. Додека Microsoft и Hyundai официјално не ја нарекуваат технологијата со име Sync, новиот “музички и информационен систем” ќе биде гласовно контролиран интерфејс кој ќе ги поврзува мобилните уреди со стерео системот на автомобилот, а ќе бидат можни и далечниски надоградби на firmware-от. Мултимедија и навигационите способности ќе бидат достапни само во подоцнежните верзии. Производот ќе се официјализира на церемонијата во Сеул во присуство на Bill Gates и директорот на Hyundai Kia Automotive Group, Chung Moon-koo. l
click/вести/мај
DARPA се стреми да создаде виртуелна околина наменета за симулации на сајбер-војни DARPA сака да креира нешто што го нарекува National Cyber Range, кое во суштина ќе служи како камп за тренирање на сајбер војници. Оваа виртуелна околина ќе им овозможи на одбранбените гуруа да симулираат вистински битки против нападите на најважните податоци на нациите и пронаоѓање на нови начини за одбрана и превенција на истите. Ова би ги подготвило „бранителите“ во случај на вистински напад и би помогнало во извојувањето победа на новите војни кои се всушност битки за информации. l
Втор фиксен оператор во Македонија
На 12 мај 2008 година, официјално започна со работа Онтел, вториот фиксен оператор во Македонија. Произлезен од Он.нет, кој од 2006 година е во сопственост на Телеком Словенија групацијата, Онтел ќе функционира како засебен бренд, со понуда на услуги и производи во рамките на фиксната телефонија. За таа цел, Онтел ќе работи со сопствени телефонски централи, при тоа користејќи ја мрежната инфраструктура на досега единствениот фиксен оператор Македонски Телекомуникации. Онтел на своите корисници им нуди бесплатен приклучок и бесплатни неограничени локални разговори во мрежата на Онтел, а во рамките на својата понуда ќе обезбеди цени за разговор кон останатите мрежи и со странство, до 60 % пониски од досегашните. За почеток, овие услуги ќе бидат достапни само за жителите на Скопје. l
Микрореакторот на InnovaTek конвертира течен бензин во хидроген Додека цените за бензин освојуваат нови висини во стратосферата, гуруата од InnovaTek зачекоруваат со една нога во иднината. По долгогодишна работа, компанијата конечно го тестира својот микрореактор со големина на мобилен телефон, кој наводно може да „конвертира скоро секаков бензин во течна форма во хидроген, ефективно создавајќи мобилен хидрогенски извор“. Во префектен свет, оваа технологија би доаѓала вградена во автомобилите каде што би се премостиле опасностите
при транспортирањето на хидроген и наместо тоа, конвертирањето на биодизел би се вршело во внатрешноста на самиот автомобил. Компанијата веќе има потпишано договор со Chevron во износ од половина милион долари за развој и употерба на оваа технологија во хидрогенските станици. Иако сеуште не е опција ова да се види на било која изложба за автомобили, InnovaTek цели комерцијално да го лиценцира микрореакторот до 2009 година. l
46-инчен Samsung “High Bright” панел Последен пат кога се слушна за фразата “High Bright,” Runco го прикажуваше својот прототип кој требаше без проблеми да работи во надворешна средина. Овојпат, Samsung сака и реално да го постигне тој зафат со новиот High Bright DID панел. 46-инчниот уред се вели дека поседува 1,500 nits осветленост, контрастен однос од 3,000:1, 16.7 милио-
ни бои, агол на гледање од 178 степени и резолуција на екранот од 1,366 x 768 пиксели. Исто така, Samsung тврди дека овој панел ќе биде околу три пати посветол од типичен LCD телевизор и освен тоа што ќе може да се гледа и во надворешни услови, дизајниран е да се поставува заедно со други панели со цел да создаде „видео ѕид“. l
Microsoft се жали на казната од 1.35 милијарди долари Microsoft и порано се има жалено на првостепените одлуки на Судот на Европската Комисија и изгледа дека се припрема за втора рунда: софтверскиот гигант се одлучи да се жали на казната од $1.300.000.000 долари пресудена поради нелојална конкуренција во февруари оваа година. Microsoft жалбата ја достави до Европскиот суд во Луксембург, со изговор дека ја поднесува жалбата како „конструктивен стремеж за да бара разјаснување од Судот“ и побара одлуката да биде укината. Адвокатот Philip Marsden вели дека „има прилично добра шанса Судот да ја намали казната поради поднесувањето на жалбата“. l
Terrafugia aвионот кој може и да се вози Хибридот од автомобил и авион на Terrafugia, со години сè наоѓаше на таблата во дизајнерското студио, но изгледа дека во јули оваа година, пневматиците конечно ќе го допрат градскиот асфалт (или ќе завладеат со воздушниот простор). Тимот напорно работи за да го припреми Transition за неговото појавување на овогодинешниот AirVenture, каде што се надеваат дека ќе привлечат нешто повеќе од само неколку погледи. Како што веќе си претпоставувате, ова „нешто“ е направено и да се вози и да лета, што значи дека ќе мора да ги помине сигурносните стандарди и на Federal Aviation Administration и на National Highway Traffic Safety Administration. Доколку сè оди по планираното, компанијата се надева дека може да го испорача првото возило до корисниците уште во 2009 година, но масивното производство не е закажано сè до 2012 година. l click мај 2008 11
12 14 18 21 22 24 25 26 27 28 29 30 31 33 34 36 37 38
Водич за купување на веб камери Аpple Macbook Air HD Телевизори МSI Megabook ER710X HP Pavilion tx2000z Sony Alpha A300 & A350 Olympus E420; Motorola MOTO Z10 Sony Mylo Persolnal communicator Logitech MX Air Nokia E90 HP Officejet H470 Microsoft Laser Deskset 7000; Samsung LCD 2332GW Alienware Area 51 ALX Crossfire Модерни USB стапчиња Портабилни фото принтери Acer Aspire 7520-5115 PCI Express 2.0; Direct X 10.1 Voltaic Backpack; Griffin Reflect;
39 40 41 42 44 45 46 47
Nokia Keyboard HP iPAQ 614 C; SE XPERIA X1 Intel Core 2 Duo; Intel Atom Upscale DVD Player Asus EeePC Playseat Evolution; Bass Shacker KWorld TV Tuner; AMD Phenom X3 WD VelociRaptor 300GB HDD; GeForce 9800 GX2 Звучници Razor; ATI Radeon HD 3870 x2
click/хардвер
Стилот и технологијата одат заедно Водич за купување веб камери - одберете како ќе ве гледа светот
Б
идејќи станува секојдневие сè поголем дел од комуникациите кои претходно ги обавувавме преку телефон, сега да се одвиваат исклучиво преку интернет, време е да се почне со искористување и на другите погодности што ги нуди овој начин на комуникација. Со поголемата распространетост на широко-појасен интернет пристап, станува достапна и можноста освен звук, вашата комуникација да вклучува и слика. За ова, нормално, потребно е да имате и веб камера. Цените на веб камерите можат да бидат од 600, па сè до 7000 денари, но најголемиот број на модели се движат помеѓу 800 и 1800 денари. Карактеристиките по кои се разликуваат се бројот на слики кои можат да ги снимат во секунда, резолуцијата и квалитетот на сликата, како и додатоците кои ги вклучуваат. Прв фактор кој треба да се земе во предвид, а често занемаруван, е компјутерот (и мониторот) на кој сакате да ја користите камерата. Осигурајте се дека вашиот компјутер ги 12 click мај 2008
има потребните спецификации за да ја подржи камерата (доволно моќен процесор, USB порта), особено доколку се работи за постар компјутер. Втората работа е површината на која би стоела камерата. Повеќето нови веб камери имаат специјална подлога која одговара на речиси сите LCD монитори, но доколку имате CRT монитор, осигурајте се дека има соодветно место на него каде што ќе може да се постави камерата и побарајте камера со рамно подножје. Доколку, пак, користите лаптоп, има и модели специјално дизајнирани за нив кои се помали и полесни од стандардните. Што се однесува до бројот на слики во секунда, камерите обично се достапни или со 15 или со 30 fps (frames per second). Кај поскапите веб камери кои можат да снимаат 30 слики во секунда, движењата изгледаат по „течни“, има помало треперење на сликата и целата комуникација изгледа поприродно. Важно е да се напомене дека некои од поефтините
Logitech QuickCam Messenger: висока цена за просечни перформанси
ОЦЕНИ
lllll lllll lllll lllll lllll
ОДЛИЧНО МНОГУ ДОБРО ДОБРО ЗАДОВОЛУВА СЛАБО
click/хардвер/водич_за_купување_веб_камери модели иако наведуваат во спецификациите дека поддржуваат до 30 fps, не го потенцираат фактот дека ова е точно само доколку се користат екстремно ниски резолуции со лош квалитет на сликата. Значи доколку веќе се одлучите за поскап модел, осигурајте се дека навистина може да извади 30 слики во секунда на резолуција од 640 х 480. Тоа нè доведува до втората важна карактеристика, односно резолуцијата на веб камерата. Најчесто се сретнуваат камери со
сакаат да „подметнат“ веб камери со 0.3 мегапиксели кои преку софтверска емулација наводно достигнуваат 1.3 мегапиксели, но квалитетот на сликата кај овие модели е далеку од тоа што ветуваат дека треба да биде. Уште една карактеристика која влијае на квалитетот на сликата во помала мерка е леќата на камерата која може да биде направена од пластика или од стакло (која е поквалитетна). Фокусирањето на овие веб камери може да биде автоматско или
Microsoft LifeCam VX-3000: од Microsoft за Windows
Марката и брендот во овој случај, иако се знак за квалиетна поддршка и додатоци, не се секогаш и знак за квалитетот на сликата која може да ја продуцира камерата 0.3 мегапиксели (обично означени со 350К) и 1.3 мегапиксели. Стандардната резолуција која се користи за видео разговори преку сервисите како Skype и Windows Live (MSN) Messenger е 320 х 240, што значи дека и камерите со 0.3 мегапиксели би требало да бидат сосема доволни, но камерите со 1.3 мегапиксели даваат многукратно подобрување на квалитетот на сликата. Исто така и овде е важно да се напомене дека некои производители
мануелно, што кај некои модели е поедноставно отколку кај други. Доколку имате можност, одберете камера со автоматско фокусирање за да не се малтретирате без потреба, а и повеќето нови модели ја имаат оваа опција. Веб камерите може да имаат и вграден микрофон или, пак, вклучени слушалки со микрофон во пакетот. Слушалките обично се со послаб квалитет, но секогаш можете да купите подобори доколку ви е битен квалитетот на
звукот. Останатите додатоци по кои се разликуваат веб камерите меѓу себе се софтвер за уредување на слики, за креирање на видео, за видео надзор, за автоматско следење на лицето на корисникот и сл. Сепак, поголемиот број од додатоците можеби
никогаш нема да ги употребите повеќе од двапати, па затоа фокусирајте се на квалитетот на самата веб камера. Марката и брендот во овој случај, иако се знак за квалиетна подршка и додатоци, не се секогаш и знак за квалитетот на сликата која може да ја продуцира камерата,
А4 Tech PK-130MG Warrior LiveCam
Logitech QuickCam Messenger
Microsoft LifeCam VX3000
Trust HiRes Webcam Live WB-3320X
• Цена: 1.450 денари • 1.3 мегапискели • 30 fps на 640 х 480 • Вграден микрофон • Face-tracking технологија
• Цена: 1.740 денари • 0.3 мегапискели • 30 fps на 320 х 240 • Вграден микрофон со RightSound технологија
• Цена: 1.800 денари • 1.3 мегапиксели • 30 fps на 640 х 480 • Вграден микрофон • Посебно копче за Windows Live Messenger
• Цена: 1.350 денари • 1.3 мегапиксели • 30 fps на 640 х 480 • Вграден микрофон • Face-tracking технологија
па затоа не ги рангирајте единствено според цената и брендот. Многу ќе ви помогне доколку имате можност камерата да ја пробате во самото продажно место и да одлучите која цена/перформасни ви одговараат најмногу за вашите потреби и вкус. l [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]
GMB USB Cam 67U • Цена: 690 денари • 0.3 мегапиксели • Вграден микрофон • Мануелен фокус
click мај 2008 13
click/хардвер/macbook_air
Лаптоп во плико Ултра-тенкиот лаптоп кој го собира во поштенско плико
Портите се поставени во дел кој е затворен. Има само една USB порта
В
о светот на компјутерите постојат многу различни модели на таканаречени sub-notebooks, лаптопи чија главна карактеристика е малата тежина од околу 1-1,5 kg. За да се достигне оваа перо-лесна категорија, потребни се компромиси. Компромисите до сега беа мал екран (околу 10 инчи), мала тастатура, бавен 14 click мај 2008
процесор, минимален рам (најчесто 256-512 MB) и батерија која ретко издржува повеќе од 1 час. Да бидеме искрени, ваквите слаби карактеристики ги ограничуваа овие компјутери на нешто повеќе од играчка, лаптоп со мала употребливост кој го користиш само кога е нужно, заради неговата леснотија и портабилност.
Сé додека Apple не реши да се врати во оваа класа. Храбриот иноватор од Калифорнија, кој прв се реши уште во `98 да користи само USB за периферии, кој прв го отфрли флопи дискот како нешто што никогаш не ни требало да постои и помисли дека е добра идеја да се направи mp3 плеер кој ќе ги содржи сите ваши албуми,
а нема да ви е потребна количка за да го тегнете зад вас, во јануари настапи со ново чудо создадено во нивните лаборатории. Apple одлучи дека во денешно време, 10-инчен екран и мала тастатура по која може да типкаш само со стапче се крајно непрактични. Денешниов сметач главно се користи за онлајн животот кој, како
што се развива и расте, бара сé помоќна машина. Секако тука е и мултимедијата, поточно видеата со висока дефиниција кои бараат повеќе „коњски сили“ под хаубата. Заради сите овие причини, во Купертино смело се одлучија да не прават компромиси таму каде што е најважно. Macbook Air-от има стандардно голем
click/хардвер/macbook_air
СПЕЦИФИКАЦИИ
Големиот тракпад поддржува движење со повеќе прсти
• ДИМЕНЗИИ: 22х32.4х0,41,94 cm • ПРОЦЕСОР: Core 2 Duo 1,6 GHz стандард, 1,8GHz опција • МЕМОРИЈА: 2GB • EКРАН: 13.3-inch glossy LED-backlit TFT LCD widescreen display, 1280×800 резолуција • ТЕЖИНА: 1,3 кг • CD/DVD: нема, опционален Superdrive • БАТЕРИЈА: 37Wh Lithiumion polymer, до 4-5 часа, неможе да се замени • ИЗЛЕЗИ: 1 USB 2.0, 1 MicroDVI video port (со адаптери за VGA и DVI до 1920×1200 резолуција • ГРАФИКА: Intel GMA X3100 со 144 MB DDR2 SDRAM shared • ПОВРЗУВАЊЕ: Bluetooth 2.1+EDR, WiFi 801.11n, опционален LAN 10/100 • ХАРД ДИСК: 80GB или опција SSD 64 GB • ДРУГИ КАРАКТЕРИСТИКИ: Multitouch trackpad, iSight камера и микрофон, осветлена тастатура ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apple Computers Inc. www.apple.com
ЗА И ПРОТИВ
Одличен дизајн Лесен, неверојатно тенок, портабилен Времетраење на батеријата Нормални екран и тастатура Нема оптичка единица Премалку излези Вградени батерија и рам
Комплетна тастатура со позадинско осветлување Доколку побарате батерија, нема да ја најдете бидејќи е прицврстена и не може да се замени
ЦЕНА
• 75.600 денари • 126.000 денари за SSD и 1,8 GHz процесор
13,3 инчен дисплеј со LED backlight, резолуција од 1280x800, стандардно голема лаптоп тастатура која содржи backlight со сензор за светлина, великодушни 2 гигабајти рам и процесори кои Intel специјално ги изработи за оваа машина, Intel Core 2 Duo 1,6 и 1,8 GHz стандард со 800 MHz FSB. Не се залажувајте со „малите“ бројки кај
гигахерците. Новата архитектура на Intel со двојни јадра ги посрамува старите Pentium 4 со 4.0 GHz. Ова е навистина моќна машина. Изненадувањето дојде кога Стив Џобс со сета негова вродена драматичност го извади лаптопот од обично жолто канцелариско плико. Кога ќе го видите овој компјутер во живо, нема да ви се верува
дека такво нешто воопшто содржи целосен компјутер. Оваа витка машинерија има димензии од само 1,9 cm на својот најдебел дел и полека се спушта до неверојатни 0,4cm. „Тежината“ му е само 1,36kg. Ова е толку неверојатно што во Америка веќе се појавија анегдоти поврзани со неговите минискулни димензии. На аеродромите
не им се верувало дека тоа навистина е лаптоп и мислеле дека во него е скриен пластичен експлозив. Познатиот амерички технички новинар Стивен Ливи, случајно го покрил со весник и неговата жена незнаејќи дека весникот содржи и скапоцен лаптоп го рециклирала заедно со стариот Њузвик. Но, секогаш постои едно
ЗАКЛУЧОК
lllll
Ова е брилијантно и прекрасно парче хардвер кое изгледа како да е украдено од вонземјанско НЛО, со многу иновации, но не е за секого
click мај 2008 15
click/хардвер/macbook_air големо „Но“. За да се направи вакво нешто, сепак се потребни компромиси. Главниот недостаток кај овој компјутер е тоа што колку и да барате, нема да најдете CD/DVD драјв. Овој неортодоксен потег е објаснет исто како што беше објаснето и исчезнувањето на флопито пред околу 10 години. Нема веќе реална потреба за него. Филмовите повеќето од нас ги добиваме преку интернет, на овој или оној начин, во DivX или некој друг формат, а и музиката веќе одамна ни е во MP3 формат. За жал, дисковите се уште имаат една многу важна употреба, а тоа е инсталација на програмите. Инженерите на Apple
на Air-от крие само три: Micro DVI порт, само еден 0,76 USB порт и аудио излез. Во кутијата ќе најдете два адаптери за стандардни VGA i DVI излези, а ако ви овој лаптоп. е потребно повеќе од 1 Толку за лошите страни. USB порт во исто време, Аir-от во себе крие и друго можете да си купите ефтин ново парче на иноватимини USB hub. вен хардвер. Од неговиот Втората работа е што помал брат iPhone-от е доаѓа само со 80 GB 1,8 преземена технологијата инчен хард диск земен на Multitouch. Тrackpad-от од iPod-oт, а ако сте од кој е поширок од што и да побогатите, има и верзија било на денешниве лапсо флеш драјв од 64 GB за топи, препознава допир екстра 800$. Можеби ви со повеќе прсти. Ова е се чини како многу мал демонстрирано при прекапацитет, но сепак тоа гледување на фотографии, е доволно ако го користите за неговата главна употреба како компјутер за интернет, работа со документи и гледање
12,8 инчи
нивно манипулирање, зголемување и намалување (таканаречен пинчинг), но оваа технологија има потенцијал и целосно да го замени глувчето како главна алатка за навигација и донекаде си има веќе докажано кај самиот iPhone. Стандардно како и сите Mac лаптопи, Air-от е опремен со iChat камера со 640x480 резолуција и јасна
слика и микрофон. Далеку најголемата предност е неговиот оперативен систем. Сите нови компјутери од Apple доаѓаат со Mac OS X Leopard, брилијантен оперативен систем кој е светлосни години над Windows-от, а посебно над новата Vista. Ако ви фали некое Windows програмче, секогаш може да го употребувате во виртуелна машина или, пак,
лика се луѓето кои многу патуваат и за кои носење тежок лаптоп со себе цело време е тешка задача. Тука се и оние што едноставно мора да го имаат ова пожелно машинче и оние кои сакаат да изгледаат кул со такво нешто в скут. Овој компјутер не e препорачан за примарен, туку
како помошен сателит на вашиот домашен компјутер. За сите останати на кои им е важна поголема флексибилност, поголема моќ, вградена оптичка единица, а се уште сакаат Mac, подобро е да си го купат далеку поефтиниот Macbook. l
Изненадувањето дојде кога Стив Џобс го извади лаптопот од обично жолто канцелариско плико го решија и тој проблем. Системскиот диск на Air доаѓа со мало програмче кое се вика Remote Disk и ви овозможува да го употребувате оптичкиот драјв на кој било Windows или Маc компјутер во вашата мрежа. Мора да се забележи дека преку Wi-Fi мрежа ова знае да биде доста бавен процес, така да ако ова го правите преку мрежа би препорачал да го направите преку LAN. За тие што мислат дека никако не би можеле да живеат без оптичка единица, Apple подготви надворешен usb оптички драјв направен специјално за овој лаптоп, кој чини дополнителни 100$. Кога сме веќе кај мрежата, Аir-от e опремен со најмодерен Wi-Fi 801.11n и Bluetooth 2.1+EDR. За жал, нема LAN порта. Таму каде што има добар Wi-Fi, нема ни да забележите дека ви фали. Сепак не е лошо да си го докупите USB LAN клучот кој додава 30$ на вашата сметка. Уште една негова голема маана се периферните излези. Малата вратичка 16 click мај 2008
на понекое филмче кога сте на пат. Предноста на флеш драјвот е што е многу побрз при читање и компјутерот се стартува речиси инстантно. Не е толку осетлив на удари, паѓања и други потреси како што е хард-дискот. Но сепак, освен ако не планирате да го користите овој скапоцен лаптоп како оружје против досадните муви, цената не е оправдана. Оваа технологија е нова и само ќе поевтинува со тек на времето, исто како што и ќе се зголемува капацитетот. Последната маана е што батеријата е вградена и не може лесно да се промени. Сепак, батеријата трае солидни 4 до 5 часа и кога батеријата ќе стане неупотреблива за неколку години, Apple бесплатно ќе ви ја замени кога ќе купите нова. Уште една вградена компонента е и рамот кој е залемен за матичната плоча и нема шанси за негово доградување. Сепак, два гигабајти рам е доволно за следните 3, 4 години за повеќето работи кои можат да се прават на
да инсталирате Windows паралелно со OS X. Со Boot Camp, оваа задача е тривијална. За заклучок, ова е брилијантно и прекрасно парче хардвер кое изгледа како да е украдено од вонземјанско НЛО, со многу иновации, но не е за секого. Неговата целна пуб-
[никола пчински]
click мај 2008 17
click/хардвер
Laser Desktop 7000
Microsoft Wireless тастатура и маус по терк на Windows Vista СПЕЦИФИКАЦИИ
•КАРАКТЕРИСТИКИ: Инспирирана според Windows Aero темата, 2.4GHz бежична технологија, базна станица за полнење на батариите на маусот, Flip 3D копче и 3 програмабилни копчиња осетливи на допир, „лупа“ копче на маусот и 4-страно скрол тркалце •ДИМЕНЗИИ: 486 х 227 мм за тастатурата, 81.9 х 121мм за маусот ИНФО
•ПРОИЗВОДИТЕЛ: Microsoft www.microsoft.com
ЗАКЛУЧОК
lllll
Интересен дизајн, но прескапа цена
С
поред изгледот и можностите, уште на прв поглед може да се заклучи дека овој комплет е наменет за корисниците на Windows Vista. Самиот дизајн на комплетот наликува на Windows Aero темата. Дизајнот на тастатурата потсетува на познатата ергономична (искривена) тастатура на Microsoft која на крајот на деведесеттите и почетокот на овој век беше продадена во повеќе од 3,5 милиони примероци. Единствена разлика кај овој модел е што се работи за ултра-тенка тастатура и тоа што е бежична. Покрај стандардните копчиња кои се исто така ултра-тенки и исклучително тивки, Wireless Laser Desktop 7000 содржи и голем број
на функциски копчиња кои дополнително можат да се репрограмираат по желба на корисникот. Новост е што ова е првата тастатура која соджри специјално Flip 3D копче за Windows Vista, а постојат и 3 “My Favorites” осетливи-на-допир копчиња кои можат да се прилагодуваат спрема вашите потреби. Во пакет со тастатурата доаѓа и Wireless Laser Mouse 7000, кој се поврзува со базата за полнење на батериите. Иако освен стилизираниот изглед, можеби нема некоја друга голема разлика со останатите бежични глувчиња, интересен е додатокот копчето „лупа“ кое го зголемува делот од екранот каде што моментално се
Дизајн и корисност
наоѓа курсорот, тркалцето кое може да скрола во 4 правци и индикаторот за статусот на батеријата. Има сличен индикатор за состојбата на батериите како и кај тастатурата, но за разлика од неа каде што служи единствено да ви каже кога е време да ги замените, овде ви кажува кога е време да го полните. Бидејќи и двете функционираат на
2.4GHz, ги наследуваат карактеристиките на оваа технологија како долга трајност на батериите и работна оддалеченост и до 10 метри. Wireless Laser Desktop 7000 е сет кој чини околу 6.300 денари, а според дизајнот може да претставува и украс во вашата дневна соба кој во исто време ќе го управува и вашиот медиски центар. l
Samsung 2232BW
22-инчен widescreen LCD монитор дизајниран за квалитет СПЕЦИФИКАЦИИ
• ЦЕНА: 15.900 денари • ГАРАНЦИЈА: 3 години • ЕКРАН: 22-инчен со резолуција 1680 х 1050 • ЗАКАСНУВАЊЕ: 2 милисек. • ДИНАМИЧЕН КОНТРАСТ: 3000:1 • ОСВЕТЛЕНОСТ: 300 cd/m2 • ОДНОС: 16:10 • КОНЕКЦИЈА: DVI и VGA • ТЕЖИНА: 4.9 КГ • ДИМЕНЗИЈА: 518 x 419 x 210 мм ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Samsung www.samsung.com
ЗАКЛУЧОК
lllll
Најдобриот 22-инчен монитор/HDTV што може да се купи кај нас
30 click мај 2008
Б
идејќи полека, но сигурно, времето посветено „за гледање на телевизија“ сè повеќе се претопува во време „поминато пред компјутер“, очигледно големите компании го согледуваат тоа и почнуваат на пазарот да се појавуваат хибридни монитори кои можат да играат улога и на монитор за компјутер и на телевизор (или можеби средство за гледање на интерактивно видео би бил посоодветен термин). Samsung со својот нов 22-инчен LCD монитор со широк екран успешно ги комбинира овие две улоги. Уште на прв поглед може да се забележи дека Samsung 2232BW е дизајниран за ентертејмент
со неговиот црн полиран изглед (во стил на пијано), неговите заоблени ќошеви и пријателското-за-игри заканување од само 2 милисекунди. Овие дизајнерски потези ја нагласуваат неговата улога како HDTV. Од конекции, вклучува и VGA и DVI порта која подржува и HDCP, доколку имате потреба да гледате некои од оние „заштитени“ холивудски филмови во полна резолуција до 1080p. Нативната резолуција му е 1680 х 1050, што значи дека филмовите од 1900 х 1080 нема да можат да бидат прикажани во полна резолуција. Сепак, ова е сосема доволно за проекцијата да изгледа фантастично и е
Дефиниција со стил
добар компромис помеѓу гледање филмови и играње игри. Перформансите кои ги покажа на тестовите се едни од највисоките досега со 89 композитни поени на DisplayMate. Екранот е исклучително светол, но
контрастот кој се води како 3000:1 е релано поблиску до 869:1 (што е солидно во рангот на динамични контрасти). Сè на сè, ова е одличен производ кој не прави компромиси помеѓу двете негови улоги, туку успешно ги испорачува. l
click/хардвер
HP iPAQ 614c
Business Navigator за луѓе со навистина големи џебови
И
скуствата на HP од работењето со Windows Mobile оперативните системи, му помагаат да го извлекува најдоброто од новитетите во технологијата, хардверот и софтверот кој се користи на тоа поле. 614с е уред кој ги интегрира повеќето новитети кои се на пазарот, па така слободно може да кажеме дека ја имате канцеларијата во џеб. Поврзувањето е можно на повеќе начини: тука е 3G HSDPA до 7.2 Mbs (се уште го нема кај нас), Wi-Fi, Bluetooth 2.0 и quadband GSM, GPRS, EDGE што ќе каже дека овој уред ќе работи буквално секаде на планетата Земја. Исто така, нема ни да се загубите поради
постоењето на GPS уред кој работи во комбинација со Google Maps. Уредот користи Windows Mobile 6.0, кој доаѓа со Microsoft Office Mobile, па така синхронизацијата со вашиот компјутер е на највисоко ниво. Нормално, тука е опцијата за mail, SMS и MMS. Постои и камера од 3 MP која во комбинација со Windows Media Player 10 му дава завидни мултимедијални можности на 614c. Нема ограничувања во меморискиот капацитет поради тоа што покрај 128 MB SDRAM главна меморија за работа на апликациите и 256 MB ROM меморија, постои и microSD слот. Ако мислите дека сите овие можности ќе го забават самиот уред, следи она
најбитното: срцето на 614с е Marvell PXA270 процесорот со свои 520MHz-и, кој одлично се справува со повеќе апликации во исто време. Сето ова е навистина импресивно, само да е спакувано во малку поубав пакет. Споредбено со другите апарати од истата класа, iPAQ 614c е поголем во секој сегмент. Втората работа која исто можеме да ја потцртаме како малку чудна е навигацијата преку новината која HP ја нарекува “Smart Touch Wheel” - круг кој е поставен врз тастатурата каде идејата е со движење по кругот да се движите по менијата, за што треба малку време да се навикнете. Мааната е кога треба да кликне-
СПЕЦИФИКАЦИИ
• Оперативен систем: Windows Mobile 6.0 • Процесор: Marvell PXA270 на 520 MHz • Екран: 2.8-инчен со резолуција 240 х 320 • Поврзување: GSM, GPRS, EDGE, HSDPA • Камера: 3MP • Меморија: 128 RAM + 256 ROM + microSD Тежина: 145 гр. Димензии: 117 x 60.3 x 17.5 мм ЗА И ПРОТИВ
Брзина Опременост Дизајн Големина
ЗАКЛУЧОК
те, мора да излезете од „кругот“ и да притиснете ентер. l
lllll
Екстра уред, вистински Business Navigator, единствен проблем е дизајнот. За луѓе со навистина големи џебови
Sony Ericsson XPERIA X1 Apple iPhone добива вистински конкурент од Sony Ericsson
X
PERIA X1 е „паметен“ мобилен телефон кој плени во секој поглед. Новитетите кои се имплементирани се импресивни, дизајнот говори сам за себе, а можностите се огромни. Прво паѓа во очи големиот 3 инчен екран (480 x 800) кој е осетлив на допир. Тука е и комплетната QWERTY тастатура која е на извлекување, но со ергономски лак. Внатре, уредот е quadband GSM, со GPRS, EDGE, HSDPA и Wi-Fi можност за поврзување. Сето ова кажува дека X1 има пристап до брз интернет или преку провајдерот (кај нас се уште не е случај) или преку Wi-Fi точка на пристап. X1 исто така има поддршка за
Bluetooth, како и интегриран aGPS (advanced GPS) адаптер, кој може да се користи со компатибилна апликација за навигација како Google Maps Tom Tom или некоја друга апликација, во зависност од можностите за локализација. X1 користи Windows Mobile 6.1 оперативен систем со сопствена апликација за подобра навигација за панелот осетлив на допир, веројатно за да биде конкурентен на Apple iPhone. Поддршката за мултимедија е повеќе од солидна: 3.2 MP камера + VGA камера за 3G, FM радио со RDS, Microsoft Office Mobile + Internet Explorer, а поддржува и push mail и RSS читач на вести. Кога
СПЕЦИФИКАЦИИ
XPERIA X1, новиот конкурент на iPhone
• Оперативен систем: Windows Mobile 6.1 • Екран: 3-инчен со резолуција од 480 х 800 (осетлив на допир) • Поврзување: GSM, GPRS, EDGE, HSDPA • Камера: 3.2 MP • Меморија: 400 MB + microSD • Тежина: 145 гр. • Димензии: 110 x 53 x 17 мм ИНФО
станува збор за меморијата, X1 има 400 MB внатрешна меморија и можност за проширување во облик на microSD мемориски картички (досега сите модели на Sony Ericsson користеа само Memory Stick). Со овој модел SE навистина сака да го преземе
приматот кај „паметните“ мобилни телефони. Единствен проблем може да преставува тоа што пристигнувањето на пазарот кај нас ќе биде во втората половина на 2008, а дотогаш можеби некој друг ќе се појави со исто вака добар уред. l
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Sony Ericsson www.sonyericsson.com
ЗАКЛУЧОК
lllll
„Паметен“ мобилен телефон кој во секој поглед остава позитивен впечаток
click мај 2008 39
48 50 53 54 58 60 62 65 66 68 69 70 71 72 74 75 76
CorelDRAW Graphics Suite X4 Интервју со Rabotilnica.com.mk Windows XP Service pack 3 35 бесплатни веб сервиси Подкасти Ubuntu 8.04 Wireless N Del.icio.us; Drop.io Internet Explorer vs. Firefox Spyware Doctor 5.5; Mediacoder Windows Vista Service Pack 1 Photoshop Express Jungo Internet radio; Exposure 2 Allien Skin Photoshop toutorial Adobe Media Player; Adobe TV Cyberlink YouCam 2; Opera Mini 4.01 Дали компјутерите ја убиваат кирилицата?
79 80 81 82 83 84 86 89 90
OpenID; OpenDNS AVG 8; XSS Cross Site Scripting Jooce Screenshare Spore Xbox 360 Arcade конзола GTA IV Age of Conan - Online Писма од читатели ОЦЕНИ
click/софтвер
lllll lllll lllll lllll lllll
ОДЛИЧНО МНОГУ ДОБРО ДОБРО ЗАДОВОЛУВА СЛАБО
Да се биде или не CorelDRAW Graphics Suite X4
Г
Последното од Corel 48 click мај 2008
рафичката индустрија во поглед на корисници на софтвер се дели на 2 групи: Corel и Adobe. Најжешки и најпристрасни расправии и полемики се водат токму меѓу симпатизерите на едната или другата компанија. Со секоја нова верзија на некој од продуктите на Corel или Adobe, дискусиите започнуваат од почеток. По пример на Corel, кој освен својот главен адут – CorelDRAW, во пакетот додава и мноштво останати апликации, така и Adobe почна да ги здружува апликациите во пакетот Creative Suite или CS. На ваков потег од Adobe се одлучуваат првенствено поради фактот што CorelDRAW е апликација која конкурира на дури 3 од нивните водечки продукти. Иако CorelDRAW како апликација, по многу карактеристики заостанува пооделно од секоја апликација на Adobe во тој сегмент, сепак има свои силни страни. Photoshop е многу помоќен за обработка на слики, Illustrator е многу помоќен за обработка на векторска графика и InDesign е многу по моќен за десктоп издаваштво, но CorelDRAW
сето тоа го инкорпорира во една апликација и тоа сосема успешно. Најголем сегмент од графичките корисници кои го користат CorelDRAW се компании и лица кои се занимаваат со изработка на вектори за сечење на муфлони, претежно визит карти и други помали проекти. Ваквата ситуација се должи на времето потребно да се “научи” да се користи некоја апликација. Имено, за почетник е многу полесно да се снајде во CorelDRAW отколку во некоја од апликациите на Adobe. За длабоко да се навлезе во било која од апликациите е потребна обука или целосно читање на упатствата за работа, па затоа најчесто понапредните корисници се определуваат за Adobe. Апликациите од Adobe често се сметаат и за постабилни во однос на рушења и замрзнувања при работата. CorelDRAW е главен носител на пакетот графички апликации CorelDRAW Graphics Suite X4, па затоа најголемиот фокус ќе го посветиме на него. Ако досега сте го користеле CorelDRAW, ќе се чувствувате “како дома” уште
click/софтвер/corel_x4 од самиот старт. Сите елементи на работната површина се на истите места и би требало да ви изгледаат познато со додаден изглед на Windows Vista. Една многу згодна новина е вклучувањето на дел што се нарекува „Што е ново“ во менито за помош. Имено, станува збор за олеснување доколку сакате да прочитате токму што е ново со тоа што може да се одбере верзијата од која се префрлате на новиот CorelDRAW. Како уште една позитивна новина е можноста за адаптација на работната околина според потребите на секој корисник. Дури е можно да се направи менијата и алатките да изгледаат како кај Illustrator. Сите
ИНФО
CorelDRAW Graphics Suite X4 • ИЗДАВАЧ: Corel Corporation • ЛИЦЕНЦА: 16.800 денари • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.corel.com
кој дизајн. Најчестите проблеми настануваат во одредувањето на кој фонт е тој што е употребен во некоја слика или лого. Доколку досега не сте го употребувале сервисот на компанијата Bitstream WhatTheFont кој се користи преку нивниот веб сајт, сега може да се користи директно преку CorelDRAW. Многу корисна алатка која ја изведува операцијата на многу елегантен начин. Од останатите новини,
Изненадува фактот што компанијата почнува да ги слуша корисниците и искусните графички дизајнери за промените и новите опции кои треба да се имплементираат подесувања можат да се зачувуваат како засебни датотеки што исто така е новина кај Corel. Ваквиот развој на апликациите се должи на фактот што Corel почнува да соработува со корисниците и ги слуша нивните потреби и забелешки при развивањето на апликациите, што не беше случај во минатото. Премногу новини не се додадени во новата верзија, посебно ако се надградувате од претходникот X3. Битни да се споменат се подобрениот PowerTrace за конвертирање на слики во вектори. Новиот метод Centerline покажува импресивни резултати посебно при векторизација на цртежи и комплицирани слики кои всушност се и најпроблематични при изведување на ваква операција. При користењето и изработката на било каква графика, фонтовите се многу значаен дел од било
вредно е да се споменат и интерактивните табели. Секој што работел во CorelDRAW знае дека работата со нив е вистински кошмар. Сега е додадена алатка за изработка на табели. Интерактивниот дел од алатката е можеби пренагласен затоа што алатката изгледа како од wysiwig html едитор. Алатката е секако подобрување во начинот на досегашното креирање на табели, но ќе треба уште развој пред да биде во можност без проблеми да ги исполнува сите потреби за таква намена. Независните слоеви на страна се уште една новина во CorelDRAW. Иако слоевите се многу малку користени во апликацијата, новина е можноста секоја страна да има сопствени леери. Оваа новина доаѓа до израз кога ќе имате малку поголем број на леери, да речеме над 30 во некој документ. Ме-
нување на текст во живо е опција на која и Adobe и Corel и посветуваат многу внимание во секоја нова верзија. Подобрувањето на CorelDRAW се однесува на можноста во лет да го видите фонтот не само во менито за избор, туку и на целиот текст кој е одбран од содржината на документот. Исто така, има новини и во подржаните формати. Adobe CS3, Publisher, Word 2007, PDF коментари, Painter X се само дел од новите кои се додадени на базата на CorelDRAW. Новините кои се презентирани во новата Х4 верзија (односно 14-та верзија) на CorelDRAW не се спектакуларни, но изненадува фактот што компанијата почнува да ги слуша корисниците и искусните графички дизајнери за промените и новите опции кои треба да се имплементираат. Чувствата за новата верзија Х4 се поделени. Новините не се доволни за преминување од претходната верзија Х3, но надградување од некоја
постара верзија како 11 или 12 е секако препорачливо. Она што корисниците му го забележуваат на Corel е големината на апликацијата и сите додатни апликации кои се инсталираат без можност за нивно избирање при инсталацијата. Проблемот е што и Adobe ја “утнаа” работата на ова поле во новата верзија на Creative Suite 3. За пофалба е стабилноста при работа и опциите за повраток на изгубените, се уште не снимени промени кај документите. Кога се ќе се земе предвид, станува збор за добра алтернатива која може да замени три апликации од конкурентскиот пакет на Adobe. Доколку во предвид се земе и цената која е помалку од половина од таа на CS 3, CorelDRAW е секако примарниот избор на графичките студија, како и индивидуалните корисници. l [иван манчевски]
ЗА И ПРОТИВ
Познат интерфејс Солидна алтернатива Нови промени според сугестиите на корисниците Цена Не постои опција за пооделна инсталација Се уште заостанува зад пакетот на Adobe
ЗАКЛУЧОК
lllll
Добра алтернатива која може да замени три апликации од конкурентскиот пакет на Adobe
click мај 2008 49
click/софтвер/интервју_работилница
Максимален квалитет, нови концепти и креативност Интервју со Rabotilnica.com.mk ИНФО
• www.smashingmagazine. com/2008/03/29/desktopwallpaper-calendar-april-2008 • www.kosturanov.com • www.adobe.com/devnet/ fireworks/articles/creating_ icon.html • www.dryicons.com
50 click мај 2008
Т
ој ден ја следевме патеката од линкот поставен на кајмак.от (www.kajmakot.softver. org.mk), преку www. smashingmagazine.com, за на крај да стигнеме на dryicons.com. Главната улога во движењето ја имаше ликот Ване Костуранов. Дел од четиричлната екипа на Работилница, мала современа дружина
која веќе некое време делува во дигиталниот свет. Работилница е составена од четворица многу добри пријатели, Крум Ѓоргиев (програмер), Ване Костуранов (дизајнер), Ванчо Стојков (програмер) и Мери Доневска Костуранова (дизајнерка). Секој од нив има неколку годишно работно искуство во сферата на веб и графички дизајн и развој
на апликативен софтвер. Но, тие во Работилница се обидуваат да ги отстранат сите ограничувања што се јавуваат при воспоставувањето на “класичен” работен однос, со цел да добијат неогрничена можност за изразување на својата креативност. П Со која мисла во глава ја создадовте Работил-
ница? О Работилница е основана во обид да ја избегнеме класичната ИТ приказна со предизвик да најдеме некаков баланс помеѓу неопходната заработувачка и задоволувањето на сопствените амбиции и креативни пориви. Интересите на членовите на Работилница се навистина со широк опсег, нè инте-
click/софтвер/интервју_работилница
ИНФО
FLORAL HEADPHONES • File Size: 122.01 kB • File Format: EPS
ИНФО
GOOD MORNING EARTH • File Size: 93.14 kB • File Format: EPS
ИНФО
URBAN LANDSCAPE • File Size: 2.01 MB • File Format: EPS
ресира сè од апликативни интерфејси, социјални мрежи, нови форми на маркетинг и промоција, фотографија, уметност, па до вештачка интелигенција и сл. П Излеговте да работите на глобалниот пазар. Кој е предизвикот кој со себе го носи овој пазар? О Денешната дефиниција за “глобален пазар” е различна од тоа што беше пред неколку години или воопшто не постои во одредена смисла. Поимот “глобален” навистина го губи своето класично значење и светот станува еден единствен пазар, кој од една страна отвора нови можности
лиза на потенцијалните можности. Таа анализа би требало да даде одговор на некои клучни прашања од кои би можело да се извлече заклучок за можниот развој: „Дали навистина има потецијал и од што се состои тој?“, „Која е моменталната конкуренција?“, „Дали постоечките услови би дозволиле задо-
ме и споделуваме вектори во форма на едноставни дизајнерски решенија. Освен бесплатните, имаме и сервис за изработка на веб иконки по порачка. Целта на овој сајт е да комуницираме со голем број веб програмери и дизајнери, а во исто време да го промовираме квалитетот на она што го работиме
Работилница е обид да ја избегнеме класичната ИТ приказна со предизвик да се најде баланс помеѓу заработувачка и задоволување на креативни пориви волувачка егзистенција?“. Најосновните критериуми секогаш се квалитетот и цената. Ако навистина сакате да се пробиете, треба да сте свесни за квалитетот и цената што ги нудите во однос на останатите. П Во моментов најактивни сте на dry Icons. За што станува збор? О Еден од нашите први проекти е Dry Icons (www. dryicons.com). Нашите дизајнери месечно изработуваат два или три сета веб иконки кои може бесплатно да се симнуваат, а секојдневно изработува-
пред потенцијалните клиенти. Оваа форма на промоција се покажа многу успешна, посебно поради фактот што на овој начин се генерираат голем број посети, што пак од друга страна остава отворени можности за други форми на заработка. П Токму со Dry Icons стигнавте и до Adobe. Бајка или логичен редослед на настаните? Колку голема и важна е соработката со Adobe? О Adobe е една од најиновативните компании која придонесува многу
за луѓето како нас, но од друга страна ја зголемува конкуренцијата. И двете придобивки се крајно позитивни. Потребата за воведување и имплементирање на нешто ново во секоја смисла е неопходно. Кога зборуваме за глобалниот пазар и зборуваме за навистина недефинирано подрачје со постојани промени. Предизвикот е токму тоа, самото учество во масата која постојано еволуира и обидот да се остави своевиден печат во истата... П Кои чекори се потребни за старт на тој пазар? О Она што сигурно треба да се направи пред да се започне е добра анаclick мај 2008 51
click/софтвер/интервју_работилница
ИНФО
BE MY VALENTINE • File Size: 46.24 kB • File Format: EPS
ИНФО
LEAVE • File Size: 77.06 kB • File Format: EPS
за развојот на модерната технологија. Улогата на таквите големи компании во последните 2-3 години драстично се промени. Од единствено високо-профитабилни компании со мал или просечен придонес во развојот на технологиите, прераснаа во високо-профитабилни компании кои на големо придонесуваат и учествуват во развојот на технологиите. Ако Adobe не звучи доволно
52 click мај 2008
познато, оваа елита ги вбројува и Google и Yahoo. Условите станаа такви што мора да се придонесе (донесе) нешто ново од кое подоцна ќе се профитира на најразлични начини. Токму во една таква рамка успеавме и ние да се вклопиме во соработка со Adobe. Сосема случајно се вклучивме во интеракцијата на официјалниот форум на Adobe Fireworks на тема веб иконки и по некое вре-
ме уредникот на форумот нè контактираше и имаше
Fireworks CS4, која пак се очекува да излезе во
Работилница е обид да ја избегнеме класичната ИТ приказна со предизвик да се најде баланс помеѓу заработувачка и задоволување на креативни пориви многу пофални зборови за нашиот Dry Icons проект, особено за квалитетот на нашите веб иконки. Нè замоли да напишеме упатство (туторијал) во кое го споделивме нашето искуство за изработка и развој на веб иконки во Fireworks. Ова упатство се објави на веб страната на Adobe (www.adobe.com/ devnet/fireworks/articles/ creating_icon.html). Веднаш потоа добивме понуда за комплетна изработка на Assets-ите за новата веризја на Adobe
наредниот период. Во склоп на новата верзија се очекува да биде испорачуван и сетот Ruby Multimedia од Dry Icons, како бесплатен примерок. Патем, сите членови на Работилница станаа дел од тимот за тестирање на новиот Fireworks CS4, кој моментално е во бета фаза. Тоа е новиот пазар. Големите комапании на мошне транспарентен начин овозможуваат самите апликативни развивачи да се вклучат во процесот
на развој и потикнување идеи за развој на нови технологии. Во таа смисла, соработката со Adobe е мошне интересна и важна, a предизвикот да се учествува во развојот на нешто ново и подобро е своевидно задоволство и награда. П Дали е ова почеток или максимумот кој може да го достигне една мала македонска екипа? О Единствено нешто за кое ние максимално се заложуваме е квалитетот на нашата работа, развивањето нови концепти и идеи и негувањето на креативноста. Другото го оставаме да се случува само по себе, како што беше и инцидентната соработка со Adobe. Тоа всушност е потврда и награда за нашата максимална посветеност на работата и вербата во она што го правиме. l [дарко булдиоски]
click/софтвер
Service Pack 3 Последната доградба за Windows XP
W
indows XP Service Pack 3 (SP3) кој треба да излезе деновиве, според Microsoft, ќе биде последниот сервисен пакет за XP. Крајно време беше да се појави, бидејќи од претходникот - Service Pack 2, поминаа повеќе од три години. Тоа што во меѓувреме се појавија стотици пачови за опертивниот систем, знатно им ја отежни работата на системските администратори при инсталирањето на истиот, филувано со неопходноста од повеќекратно рестартирање на системите. Целта на XP SP3 е да ги обедини сите овие апдејти и пачови во еден единствен пакет кој ќе може лесно да се аплицира при самата инсталација. Освен зголемената сигурност и наводното зголемување на брзината од речиси 10%, ќе вклучува и новости кои првпат се појавија во „наследникот“ на XP, односно Windows Vista. Верзиите на Windows на кои ќе може да се аплицира SP3 се: Windows XP Home Edition, Professional Edition, Tablet PC Edition
ИНФО
Service Pack 3 for Windows XP • ИЗДАВАЧ: Microsoft • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Windows XP • URL: www.microsoft.com ЗА И ПРОТИВ
Зголемена сигурност и брзина Сите досегашни пачови и апдејти во еден пакет Продолжување на животниот век на Windows XP Бесплатна надградба
менети за Windows Server 2003. Последниот Windows 2003 сервисен пакет е SP2 (кој нема никаква врска со SP2 за XP и е знатно понов од него). Иако Windows XP Service Pack 3 нема да соджри монументални нови опции, ќе вклучува 4 мали подобрувања: Network Access Protection
Целта на XP SP3 е да ги обедини досегашните апдејти и пачови во еден единствен пакет кој ќе може лесно да се аплицира при самата инсталација (сите верзии) и Media Center Edition (сите верзии). Битно е да се напомене дека SP3 не е дизајниран за 64-битната верзија на Windows XP. Напротив, тој оперативен систем е различен од 32-битната верзија на XP и неговите апдејти ги добива преку сервисните пакувања на-
копатибилност. Најавена пред неколку години, оваа опција им овозможува на машините со Windows XP да ја користат NAP опцијата во Windows Server 2008. Оваа функционалност е исто така вградена и во Windows Vista.
Инсталација без Product Key. Како во Windows Vista, новиот XP со SP3 ќе може да ја продолжи инсталацијата без потреба од внесување на серискиот број (сепак, сеуште ќе мора да се внесе подоцна). Kernel Mode Cryptographics Module. Нов модул кој според Microsoft „енкапсулира неколку различни криптографски алгоритми”.
повеќе на промовирање на Service Pack 1 за Windows Vista, кој не беше баш најсјајно прифатен од конзументите и пробува што побрзо да се „ослободи“ од Windows XP кој се докажува како најголем конкурент на Vista. l [владимир кочковски]
ЗАКЛУЧОК
lllll
Моментално нема причина зашто да не се направи надоградба во овој сервисен пакет
“Black hole” router detection algorithm. Со оваа опција, XP ја добива способноста да ги игнорира мрежните рутери кои некоректно пропуштаат одредени видови на пакети. Оваа опција е исто така вклучена во Windows Vista. И тоа е претежно сè. Нема ништо драматично, исто како и што беше најавено. Microsoft моментално се фокусира click мај 2008 53
click/софтвер
Spyware Doctor 5.5 Кога спрајверот ќе нападне... ИНФО
Spyware Doctor 5.5 • ИЗДАВАЧ: PCTools • ЛИЦЕНЦА: 1.300 денари • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.pctools.com/ spyware-doctor ЗА И ПРОТИВ
Интуитивен интерфејс Одлична техничка подршка Користи многу ресури Некои фајлови кои не се спајвер ги означува како такви Остава траги по одинсталацијата Цена
ЗАКЛУЧОК
lllll
Бавен, прескап и не многу ефективен
П
остојат неколку компании кои си имаат земено за цел да прават програми што ветуваат дека можат да нè заштитат од досадните и честопати излечиви-само-со-формат спајвери. Една од тие компании е PCTools со нејзината долга традиција на Spyware Doctor и неговата 5.5 реинкарнација. Најпрво, PCTools наплаќаат 1.300 денари по лиценца за користење на Spyware Doctor. Иако бесплатно може да се симне демо верзија, набрзо по инсталацијата ќе дознаете дека мора прво да платите за да биде од било каква корист (бидејќи само ги пронаоѓа, но не ги чисти спајверите). Згора на тоа, кога ќе ја одинсталирате,
некои работи и регистри се уште остануваат на вашиот компјутер. Што се однесува до интерфејсот, тој е интуитивен и лесно можете да се снајдете во него. Освен стандардната опција за скенирање, постои и заштита која работи во реално време и роковник во кој можете да закажете термин кое време да се вклучува автоматското скенирање. Во тестирањето на способностите за откривање и чистење на спајвер, Spyware Doctor од спајверите со опцијата која скенира во реално време, откри 70%, додека со мануелно скенирање откри 75%. Сепак, иако процентот на откриени спајвери е релативно добар, успеа
само 30% од нив да ги исчисти целосно, што битно ја намалува неговата корисност. Воглавно земено, верзијата 5.5 на Spyware Doctor не е најдоброто од PCTools. Големите побарувања на компјутерски ресурси ја надминуваат неговата корисност.
Иронична е особината што, иако главна намена му е всушност да се бори против спајвер, самиот тој остава траги откако ќе го одинсталирате. Енда причина поради која може да ви го препорачаме Spyware Doctor е неговата одлична техничка подршка. l
3ivx, RealVideo, RealMedia, Quicktime, OGM, CD, VCD, DVD, CUE Sheet. Како додатни опции, може да рипува аудио директно од CD или DVD, да променува компатибилни формати без потреба од полно ре-енкодирање (пр. XviD .AVI во .MP4), да работи низа на задачи и да енкодира видео директно
од не-енкриптирано DVD. Доколку сето ова не е доволно, има и можност за симнување на бројни plugin-и кои дополнително ја зголемуваат неговата функционалност. Mediacoder е еден програм кој може да ви ги задоволи сите конвертирачки потреби, а згора на тоа е и бесплатен. l
Mediacoder
Програм кој конвертира од сè во сè СПЕЦИФИКАЦИИ
• НАСЛОВ: Mediacoder • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: mediacoder. sourceforge.net ЗА И ПРОТИВ
Вградени кодеци Подршка на голем број формати Високо оптимизиран код Бесплатен Неинтуитивен интерфејс
ЗАКЛУЧОК
lllll
Најдобрата инвестиција која можете да ја направите кога ви е потребно конвертирање на аудио и видео
68 click мај 2008
С
о нови аудио и видео формати кои изгледа како да излегуваат секој ден, станува сè потешко да се биде во чекор, а притоа да не се користат мал милион програми. Едно решение може да се најде со бројните кодек-пакети кои во една инсталација ги содржат повеќето кодеци, но веќе знаеме дека тие може да прават повеќе штета отколку корист со честите некопматибилности и конфликти. Другото решение е Mediacoder. Бесплатен програм кој може да конвертира аудио и видео записи од речиси секој формат во било кој друг формат. Најдобрата работа е што сите потребни кодеци се
вградени во него, така што нема никакви дополнителни инсталации, a неможат да прават ни проблеми со вашиот оперативен систем. Од аудио, Mediacoder подржува конвертирање од и во MP3, Ogg Vorbis, AAC, AAC+, AAC+V2, MusePack, WMA, RealAudio, FLAC, WavPack, Monkey’s Audio, OptimFrog, AAC Lossless, WMA Lossless и WAV/PCM, додека неговото видео портфолио ги вклучува H.264, Xvid, DivX, MPEG 1/2/4, H.263, Flash Video (FLV), Windows Media, AVI, MPEG/VOB, Matroska, ASF/WMV, и MP4. Поради лиценцни прашања, постојат некои исклучоци. Имено, Mediacoder може да конвертира од, но не и во
click/софтвер
Windows Vista Service Pack 1 Доградбата за Vista со која Microsoft се надева дека ќе ги реши проблемите
Н
ешто повеќе од една година од појавувањето на Windows Vista, се појави и првата глобална надградба – Service Pack 1 (SP1). Овој сервисен пакет е корисен и додава бројни новости, но сепак, не е од круцијално значење за работата на оперативниот систем. Најголемите новини на оваа надградба се закрпите на самиот оперативен систем, па така обичниот корисник и нема да примети големи промени, ниту пак некое големо забрзување во работењето. Како и да е, не постои некоја битна причина поради која би го одложувале или би го избегнувале инсталирањето на SP1. Доколку опцијата за автоматско надградување на оперативниот систем ви е активирана, тогаш оваа надградба ќе ја добиете автоматски. Промените, подобрувањата и новостите кои овој сервисниот пакет ги вклучува во себе, се поделени во повеќе области: Нова хардверска поддршка Windows Vista SP1 вклучува поддршка за графичките чипсети кои работаат со DirectX 10.1, со што се подобрува 3D рендери-
ИНФО
Service Pack 1 for Windows Vista • ИЗДАВАЧ: Microsoft • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Windows Vista • URL: www.microsoft.com ЗА И ПРОТИВ
Blu-Ray и HD DVD дискови, за новите додатоци на Медија Центарот како и за дигиталните кабелски тјунери на Медија центар системите. Посигурна Мрежа Со оглед на тоа што буквално секој компјутер во денешно време е дел од некоја мрежа, па така мрежниот дел на SP1 е збогатен со многу новини меѓу кои подобри IPSec VPN конекции, подобри peer-to-peer конекции за Meeting Space или Remote Assistance, дури и кога се наоѓате позади firewall,
Подобрен е процесот на надградба така што доколку една од надградбите не е успешна, продолжува со следната, а во исто време ја подготвува неуспешната за повторен обид рањето. Имплементиран е новиот SD напреден DMA трансфер за брзо префрлање на податоци од SD картички на компјутерот, подобрена е поддршката за
мрежната дијагностика може да ги реши проблемите со деливите фолдери, а системот нема да отиде во sleep мод се додека сите пакети не се примат или
одбијат. Подобра безбедност на податоците Vista SP1 работи понапорно за да ги чува вашите податоци и за нивна заштита е имплементирана превенција од губење на податоци при вадење на NTFS-форматиран променлив мемориски драјв, File backup кој сега прави бекап и за датотеките кои се енкриптирани со EFS, алатката Startup Repair сега може да реши многу повеќе проблеми, а алатката BitLocker (достапна во Enterprise и Ultimate верзиите) сега може да енкриптира и други драјвови, различни од системскиот. Како уште една новина и олеснување е можноста за стандардниот корисник да може да повика комплетен PC бекап со впишување на администраторската лозинка. Исто така, Microsoft нуди солидна поддршка за оваа SP1 надградба. На пример, пред да започнете со инсталацијата, има линк до страна наречена „Што треба да знаете пред да го
инсталирате Service Pack 1“ кој ви кажува што да направите пред, во текот и после самата инсталација. Microsoft го има подобрено процесот на надградба така што доколку една од надградбите не е успешна, продолжува со следната, а во исто време ја подготвува неуспешната за повторен обид. Ова би требало да ја забрза инсталацијата за повеќето корисници. Дали ви е потребен Windows Vista SP1? Да и не. Добро е вашиот компјутер да го има најновиот код, но симнувањето и инсталирањето на овој сервисен пакет нема да им донесе видливи подобрувања за повеќето корисници. l
Подобрување на глобалниот процес на надградба Решавање на стотици мали проблеми Олеснувања при создавање на софтвер со стабилен код Сите досегашни пачови и апдејти во еден бесплатен пакет Недостаток на привлечни новости кои „мора да се имаат“ Во одредени случаи, се деградираат перформансите
[александар марковски]
ЗАКЛУЧОК
lllll
Иако речиси секогаш е добро да се инсталира најновиот код за било кој оперативен систем, за SP1 ќе потрошите неколку часови без некои видливи подобрувања
click мај 2008 69
click/софтвер
Screen Share софтвер Поделете го вашиот десктоп ИНФО
Acrobat Conect • ИЗДАВАЧ: Adobe • ЛИЦЕНЦА: 1.700 денари месечно • ПЛАТФОРМА: Интернет прелистувач со Flash поддршка • URL: www.adobe.com/ products/acrobatconnect/
ИНФО
• НАСЛОВ: Glance • ИЗДАВАЧ: Glance Networks, Inc • ЛИЦЕНЦА: 2.100 денари месечно • ПЛАТФОРМА: Интернет прелистувач со Flash поддршка • URL: www.glance.net
82 click мај 2008
К
лиентите и пријателите можат да го видат вашиот екран директно од својот компјутер, без потреба од објаснувањата кои траат со часови преку телефон за наједноставни промени или подесувања. Звучи одлично во теорија, но сите тие рутери, антивируси, огнени ѕидови и платформи ќе го направат покомплицирано отколку самото објаснувањето по телефон. Не е веќе така, новите подобрувања во технологијата ве олеснуваат од сите грижи и компатибилности со интернет прелистувачи Adobe Acrobat Connect Идејата за ваков тип на софтвер, секако доаѓа од графичката индустрија за полесно обавување на промените во дизајните или дискутирање на истите со клиентите во реално време. Adobe, како водечка компанија во оваа област, го нуди можеби најдоброто решение за таа намена. Иако името звучи познато, Adobe Acrobat Connect нема никаква поврзаност со Acrobat. Connect е лесен за употреба и целата функција се изведува преку интернет прелистувач. Како неопходна компо-
нента за користење на Connect се поставува само поседувањето на Flash додаток, но тој критериум го поседува речиси секој компјутер кој се поврзува на Интернет. Во конференциската соба (како што се нарекува сесијата за делење на екранот) може да се одберат многу опции, подесувања и оптимизации, како за брзината на поврзувањето на Интернет, така и за која апликација сакате да ја споделите со соговорниците. Како дополнителна и многу корисна опција е можноста за споделување на веб камерата за да можат соговорниците да ве гледаат на своите екрани додека трае конференцијата. Регистрацијата за користење на Acrobat Connect се изведува многу брзо и едноставно, а поканата на соговорници уште полесно. Се што треба да направите е да им ја испратите адресата на конференциската соба (на пр. http://connect. acrobat.com/ivanmancevski) и тие да ја внесат во својот Интернет прелистувач.
Glance Доколку не сте приврзаник на софтверски решенија од големи компании, тогаш за намената на делење на компјутерскиот екран ќе ви препорачаме некои од останатите решенија кои се достапни за
прелистувач ќе можат да го гледаат екранот исто како и вие. Важно е да се напомене дека соговорниците не треба да инсталираат никакви додатоци, ниту пак да прават било какви регистрации за да можат да го гледаат вашиот екран.
Доволно за избегнување на голем дел од објаснувањата е “другата страна” да може да го види вашиот екран и заедно да може да дискутирате за дејствијата кои се одвиваат користење. Glance е едно од најпопуларните меѓу нив. Со карактеристики и квалитет на услуга на ниво на Acrobat Connect, Glance се поставува како сериозен конкурент во оваа област. Корисникот кој сака да го дели екранот, треба да инсталира додаток за Glance кој седи во системскиот дел. На соговорниците единствено треба да им ја испратите адресата за поврзување (на пр. ivan. mancevski.glance.net) и соодветната шифра за конференцијата и тие преку нивниот Интернет
Технологиите што започнуваат како идеја за некоја намена, не значи дека не можат да се употребуваат за останати потреби. По навикнувањето на употреба на софтвер за делење на екранот, можностите каде сè може да се искористи се безгранични. Презентации за продажба, објаснување кои опции да се постават за печатење, групни состаноци додека сте на пат и учење на раздалечени места се секако само дел од мноштвото намени. l [иван манчевски]
click/игри
Spore
Обид за симулација на цел универзум и комплетна еволуциона скала од креаторите на The Sims
В
о последните дваесетина години, нема човек што не играл или барем не чул за некои од игриците на Will Wright. Овој човек e творец на разните сим игрички, како што се SimCity и разни други игри со Sim предзнак, но неговиот најголем успех се мегапопуларните Тhe Sims и The Sims 2, со сите нивни експанзии. На Will очигледно му здодеа да симулира луѓе, животни и градови, па се реши да го симулира универзумот. Во септември, долго очекуваниот наслов Spore излегува за PC и МАC. Wright ја опишува како Massive Singleplayer Online игра, што се однесува на нејзиниот social networking аспект. Играта е поделена на пет главни фази. Започнувате како „спора“, т.е. мал микро-организам во голем океан полн со поголеми бубачки од вас кои сакаат да ве изедат, а вашата задача е да ги лапнете помалите, избегнете поголемите, раснете и да се пробивате низ синџирот на исхрана. Собирате DNA поени и кога имате доволно, ја еволуирате вашата спора во едиторот со нови органи. Кога ќе дојдете до крај на оваа Pac Man фаза, матурирате кон копното. Во Creature фазата, играта преминува во 3D, но вашата задача е скоро иста. Ги ловите помалите, за што добивате поени, бегате од поголемите, но овде треба
да најдете и партнер за да се репродуцирате. Имате задача и да го заштитувате вашиот потомок додека се уште е јајце. Пред да се испили јајцето, можете да ги потрошите вашите поени за понатамошна еволуција. Интересно е што скоро сите суштества со кои е населена вашата планета се креирани од другите играчи и играта автоматски ги симнува преку интернет, нормално во ранг на вашето суштество. Кога ќе го развиете својот мозок доволно, станувате свесно суштество и формирате племе. Тука запира вашата физичка еволуција, добивате неколку ваши суштества и колепка и играта преминува во стратегија во реално време. Вашите суштества се диференцираат по разни работни задачи,
ИНФО
Spore • ИЗДАВАЧ: Maxis • ПЛАТФОРМА: Windows, Маc OS X, Nintendo DS • ИЗЛЕГУВА: 5. 9. 2008 • URL: www.spore.com ЗА И ПРОТИВ
е цивилизациската фаза. Овде веќе имате цел град под контрола, каде што преку едиторот може да си го дотерувате како што сакате, како и да креирате ваши оружја и разни други направии. Оваа фаза е слична на игрите како Civilisation. Целта ви е да го освоите целиот свет. Кога веќе сте „газда“ на
Имате моќ да тераформирате и населувате или, пак, да уништите цела планета, создавате океани, езера, предизвикувате ерупции, киднапирате суштества од други планети или пак да ги натерате да ве обожуваат како бог како регрутер, фармер или војник. Вашата задача е да го развивате и ширите племето преку дипломатски или воени средства, да собирате ресурси, припитомувате животни и сл. Следната фаза од играта
вашата планета, го отклучувате НЛО-то и откако ќе ја обоите вашата планета пурпурно, го товарите вашиот Жан Лук Пикард и слободни сте да ја истражите целата галаксија со вашето вселенско летало.
Тука веќе станува сериозно, имате моќ да тераформирате и населувате или пак да уништите цела планета, да создавате океани, езера, да предизвикувате ерупции, да киднапирате суштества од други планети или пак да ги натерате да ве обожуваат како бог. Играта е од отворен карактер и можете слободно да си се шетате по галаксијата и да правите што сакате. Вашите истражувања се бележат во енциклопедија за да знаете што сте виделе и нормално, да можете и да се пофалите на вашите пријатели на facebook или myspace. Концептот на играта звучи интересно и доколку сите овие работи бидат добро имплементирани и балансирани, има потенцијал да биде вистински хит. Останува да чекаме и да видиме кога ќе излезе финалната верзија во септември. l
Звучи како денови и недели исполнети со забава Едукациска вредност Мека за сите RTS, ММОRPG и SIM фанатици Тајмвејстер, немате време за вистински живот
[НИКОЛА ПчИНСКИ]
ЗАКЛУЧОК
lllll
Сега засега играва звучи како да е без маана. Единствена лоша работа е ако бара ѕвер од компјутер, но гласините се дека ќе работи добро и на постари машини
click мај 2008 83