Click Magazine

Page 1

Број 07 • НОЕМВРИ 2008 • www.clickmag.mk

Facebook под хаубата Како функционира една од најпознатите социјални мрежи

King’s Bounty: The Legend Легендата која продолжува 18 години подоцна

Заработка преку блог! За да стане реалност треба...

MSI EX705X

Dell T5400

Logitech DiNovo

Toshiba Tecra

Моќен преносен компјутер кој плени и со пристоен дизајн

Работна станица создадена за одлични резултати

Bluetooth тастатура со мини димензии

8 уреди во едно пакување


click/вовед

БРОЈ 07 • НОЕМври 2008 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ vladimir.kockovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Владимир Кочковски vladimir.kockovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Игор Петрушевски • igor.petrusevski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Владо Велков • vlado.velkov@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Никола Пчински • nikola.pcinski@clickmag.mk Александар Марковски • aleksandar.markovski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Александар Нешиќ • aleksandar.nesic@clickmag.mk Васја Петковска • vasja.petkovska@clickmag.mk Саша Лилчиќ • sasha.lilcic@clickmag.mk Јазичен соработник Ана Манасиевска • ana.manasievska@clickmag.mk

Дигитално меморизирање на бесценетите моменти

ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Маја Велевска maja.velevska@clickmag.mk Печатено во: Софија, Богданци Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32 23 575, +389 (2) 32 23 125 Факс: +389 (2) 32 23 575 Е-mail: redakcija@clickmag.mk • СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

4

click ноември 2008

Влегувањето на дигиталната фотографија во меинстримот означи почеток на цели подкатегории на фотоапарати, одлучени да ги заменат сите нивни аналогни предци

И

згледа како далечно минато времето кога ги намотувавме филмовите кои собираа едвај триесеттина слики, за внимателно да ги извадиме од фотоапаратот (без да се осветлат) и да ги однесеме до омиленото фото студио на развивање. Овие авантури секогаш беа придружувани со трошоци од околу 10 евра по филм, а како бонус (принудно) добивавме и најблизок „пријател“ кои ни ги знае сите наши интимни моменти додека ги прегледувал сликите при развивањето. Денес ваква инвазија на приватноста изгледа зачудувачка... како воопшто сме можеле да прифатиме такви услови ?! Одговорот најверојатно е дека не сме знаеле за подобро. Едноставно не ни била достапна дигиталната технологија која сега ја земаме „здраво за готово“. Ова само нè потсетува на дел од благодетите кои ни ги имаат овозможено дигиталните фотоапарати: од инстантното развивање на фотографиите во моментот на сликање (без притоа да мора да ни ги гледа некој друг), снимањето на илјадници слики со само еден „филм“, истребувањето на прашливите албуми кои зафаќаат цели фиоки и заменување со ACDsee или Picasa, намалувањето на воспалението на палецот кој го користите дур го намотувате филмот, како и можноста да ги споделите истите, без притоа да

морате да барате каде ви се негативите. Влегувањето на дигиталната фотографија во меинстримот означи почеток на цели подкатегории на фотоапарати, одлучени да ги заменат сите нивни аналогни предци, во сите сфери на уметноста. Без разлика дали фотографијата е вашиот живот и секогаш ја барате перфекцијата без да прифатите било какви компромиси, или ја земате во предвид цената и перформансите и трагате по онаа златна средина или, пак, не сакате да се заморувате со глупави опции и 300 прилагодувања, бидејќи ако нешто е навистина добро, треба да биде доволно само да го насочите и да кликнете, а тоа самото да си ја заврши целата негова работа. Со наближувањето на новогодишните празници, меѓу сите чек-листи, се појавува и онаа „дали иам асален апарат или ќе треба и тоа да зиам?“. За барем малку да ви ја олесниме работата доколку веќе сте се одлучиле на ваков чекор, во овој број на Click направивме кратка споредба на повеќе дигитални апарати кои можат да се најдат на нашиот пазар, дистинктно поделени во три класи, за задоволување на сите корисници.l Искрено, Владимир Кочковски


click/содржина БРОЈ 07 • НОЕМВРИ 2008

ХАРДВЕР

12 - 41

15 MSI EX705X Солидна замена за десктоп компјутер 16 Dell T5400

Работна станица составена од одлични компоненти за одлични резултати

17 HP Pavilion dv9700

Преносен компјутер за луѓе со големи апетити

20 Logitech DiNovo Mini

Bluetooth тастатура со мини димензии

46

Споредба на дигитални камери

26 Toshiba Tecra Camileo Pro 8 уреди во едно пакување

Пиксел повеќе или пиксел помалку?

СОФТВЕР

48 - 77

48 GFI LANguard 9 Beta

Скенер за безбедноста на вашата мрежа

56 Facebook под хаубата

Како функционира една од најпознатите социјални мрежи

72 Заработка преку блог!

Сè е можно, но за да стане реалност треба да се работи напорно

76

Photoshop совети

ИГРИ

78-87

82 Fallout 3

Уште еден крај на светот?!

Изработка на DVD омот

84 The Chronicles of Spellborn

Што лежи скриено мора да биде пронајдено...

РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 88 90

80

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ

King’s Bounty: The Legend

Истражувајте масивни живи градови кои просперираат во зависност од воените успеси на своите воини

click ноември 2008

5


click/вести/ноември

Fujitsu за помалку несреќи Fujitsu работи на технологија која би требала да го намали бројот на сообраќајни несреќи на тој начин што ќе ги открива поспаните возачи. На управувачот на автомобилите би се вградил сензор кој ќе го мери отчукувањето на срцето на возачот додека неговите раце се на воланот. Разбирливо, технологијата ќе работи најдобро ако возачот има добра навика и двете раце да ги држи на воланот, но доколку тоа не е случај, сепак треба да дава задоволителни резултати. Доколку возачот биде поспан, односно малку заспие, бројот на отчукување на срцето се намалува. Тогаш уредот автоматски го зголемува тонот на радиото, отвора прозорци, дури и ќе вибрира воланот. Fujitsu се надева дека оваа технологија ќе заживее во автомобилите до 2010 година. l

Panasonic го купува Sanyo

WPA пробиен за 15 минути Широко користениот енкрипциски стандард WPA (Wi-Fi Protected Access), делумно е пробиен. Двајцата стручњаци за компјутерска сигурност Erik Tews и Martin Beck успеале да извршат напад при кој ги пресретнале податоците што самиот рутер ги препраќал, соодветно ги промениле, и тие лажни податоци ги проследиле на клиентската страна. Двајцата стручњаци пронашле начин за пробивање на TKIP (temporal key integrity protocol) кој претставува клуч што го користи WPA стандардот. Целиот трик се состои од тоа да го наведат рутерот да им праќа големи количини на податоци со што ќе го добијат и самиот клуч со помош на изведување „математички операции”. Своето достигнување ќе го демонстрираат на PacSec конференцијата која ќе се одржи следната недела во Јапонија. Она што се уште не успеале да го пробијат се клучевите кои ги осигуруваат податоците кои патуваат од клиентска страна до рутерот, па затоа нападот не може да се нарече како потполно пробивање на WPA енкрипцијата. WPA стандардот се појавува како сигурна алтернатива на WEP (Wired Equivalent Privacy) стандардот кој е развиен во подоцнежните деведесетти години, но за кратко време после неговото појавување бил пробиен. Сега сите очи се свртени кој WPA2 кој моментално е „непробивлив“, за разлика од широко познатиот и користен WPA стандард кој почнува да попушта. l 10 click ноември 2008

Шпекулациите дека Panasonic ќе го преземе Sanyo се вистинити. Спрема пишувањата на Reuters, Panasonic официјално објави дека ќе го купи Sanyo, a вредноста неофицијално се проценува на 8,8 милијарди долари. После ова, Panasonic ќе биде втор по големина производител на електроника во свет, одма после General Electrics и прв во Јапонија пред Hitachi. Panasonic на овој потег се одлучи поради тоа што Sanyo е примамлив со производството на батерии кои се полнат, кои широко се користат во преносливите уреди, но и во автомобилската индустрија. Sanyo моментално ги снабдува Honda, Ford и Volkswagen со батерии за во автомобили. Sanyo е и голем производител на опрема за соларна енергија. l


click/вести/ноември

ПРВА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА SONY ПРОДАВНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА На 22.10.2008 во центарот на Скопје се отвори првата специјализирана продавница на Sony. Продавницата со продажен простор од 152 метри квадратни се наоѓа спроти трговскиот центар Рамстор во просториите на поранешната продавница Forma Kids. Во неа заинтересираните потрошувачи и вљубеници во High Definition технологијата можат директно да ги видат најновите технолошки иновации од Sony. Во продажниот салон, за прв пат ќе биде изложен новиот телевизор на Sony со OLED технологија. Заинтересираните муштерии ќе може да го видат и купат мобилниот Sony Ericsson C905 James Bond, кој се појавува во најновиот филм на James Bond. До Нова Година, во галеријата ќе бидат достапни и најновите Blu-ray.l

HSM информатика организираше бесплатна Corel Draw Graphics X4 едукација

На 11. ноември, HSM информатика, во арт-кафето „Мала Станица“, организираше бесплатна едукација за Corel Draw Graphics X4. Заинтересираната публика можеше да слушне совети за поефикасна работа со програмскиот пакет презентирана од гостинот Дејан Роган од Хрватска, бенефициите на користење на легален софтвер од Елена Маљановска (Smart Solutions) и лиценцирање на Corel програмите од Кристијан Јанков од ХСМ информатика. Презентацијата заврши и со доделување на награди за најталентираните дизајнери.l

click ноември 2008 11


14 Linksys WVC54GCA 15 MSI EX705X 16 Dell T5400 17 HP Pavilion dv9700 click/хардвер 19 Toshiba Tecra A10-11J 20 Logitech DiNovo Mini 21 Plantronics GameCom 777 22 Fujitsu Siemens STORAGE-BIRD 23 J&W-X48D2-EXTREME 24 iPhone 2.2 frmware 25 Logitech Illuminated Keyboard 26 Toshiba Tecra Camileo Pro 28 Bookeen Cybook Gen3 29 Nvidia Quadro FX 5800

30 32 35 36 37 38 40 42

Fujitsu Siemens Lifebook P1610 BIOS (Basic Input Output System) Trendnet TEW-633GR VIA Матични плочи Motorola Aura Logitech MX Air HP iPAQ 914c Споредба на дигитални камери

click/хардвер/

Linksys WVC54GCA

Камера за видео надзор која безжично се поврзува со централната точка за набљудување ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Linksys (Cisco) www.lyknsys.com •ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Login Systems www.loginsys.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Спремна за употреба за кратко време  Сите потребни додатоци се во кутијата  Здружените сили на Linksys и Cisco гарантираат надградби и поддршка  Не е предвидена за надворешна употреба  Каприциозен безжичен конфигурациски дел

ЦЕНА

•8.700 денари

ОЦЕНА

7/10

С

истемите за видео надзор и снимање на истиот се најпознати по својата висока цена и комплицираноста за употреба. Со тоа ги бркаат сите потенцијални домашни корисници што би биле заинтересирани за непрофесионална, домашна употреба. Ако цената и комплицираноста за употреба се пречка, поставувањето кабли и конфигурирањето на централната единица е најголем проблем за физичката изведба. Linksys го решава проблемот во еден потез и ни нуди производ што има интегрирано сè во себе. WVC54GCA е безжична видео камера наменета за видео надзор која овозможува поставување и конфигурирање на систем за видео надзор

пристапна точка (Access Point) и гледање/снимање на видеото и звукот со компјутер кој е поврзан во локалната мрежа или преку интернет. Самата камера во себе содржи Web сервер, кому може да се пристапи преку вградената LAN (RJ-45) порта или преку Wireless-G мрежна конекција. Пред употребата потребно е да се конфигурира видео камерата што може единствено да се направи со поврзувањето на камерата со мрежен кабел во постоечката мрежа и со стартувањето на конфигурациската алатка. Волшебникот за прилагодување нè води низ неколку менија и со минимум ангажман на корисникот, камерата е подготвена за употреба. Самото гледање и снимање на видеото и звукот

Камера која во себе обединува цел систем за видео надзор и овозможува пристап до тековното видео преку интернет

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Видео камера која и на тотален аматер ќе му овозможи поставување на систем за видео надзор

14 click ноември 2008

со минимум напор. Како што самото име и кажува, главната карактеристика на оваа камера е можноста за безжично поврзување на постоечка

може да се направи преку апликацијата „Wireless-G Internet Home Monitoring Camera” која овозможува истовремено следење до 9 камери. Убавината на

оваа видео камера е во тоа што вградениот Web сервер дозволува гледање на видео сигналот во најобичен видео прегледник без потреба за додатни апликации. А со правилно конфигурирање на домашниот рутер, видео сигналот од оваа камера станува достапен и преку интернет, така што може да се гледа било каде од светот. И сето тоа без додатни уреди и скапи и софистицирани апликации. Со вклучувањето на Security режимот на работа, камерата може да испрати мејл порака со приклучено кратко видео до три различни мејл адреси секогаш кога ќе настане движење во полето кое го покрива. А по добивањето на пораката, лесно можеме да се поврземе на неа и да го погледнеме тековното видео. Небитно дали системот за видео надзор ќе се состои само од една

Комплетен систем за видео надзор од Linksys

WVC54GCA камера или ќе биде конфигуриран со максималниот број камери и компјутер кој ќе биде наменет за следење на тековното видео и негово снимање, интуитивноста и лесната употреба е иста, независно од сложеноста на самиот систем. Освен олеснувањето во употребата, Linksys сериозно се има потрудено и во изработката на самата камера, така што WVC54GCA е одличен спој на двете.l [ИГОР ПЕТРУШЕВСКИ]


click/хардвер/

MSI EX705X

Солидна замена за десктоп компјутер

О

вој преносен компјутер буквално плени со неговата елеганција која му ја дава блескавиот црн дизајн. Дефинитивно ова се должи и заради тоа што поставеноста на скоро сите елементи е токму на вистинското место. Од дес-ната страна е поставена и нумеричка тастатура, чиј простор можеби би бил подобро искористен доколку му бил отстапен на главната тастатура. Заради нумеричката тастатура, тракпадот не е поставен точно на средината кај овој преносен компјутер, при што дефинитивно се руши симетричноста во самиот изглед на лаптопот,

при приказот на разни содржини, па со уживање може да работите без напор, особено ако работите подолго време. Токму на предниот дел од лаптопот се наоѓа IEEE 1394 брзата порта која ќе ви се најде за брз трансфер на податоци. До неа се наоѓа читачот за SD MS MMC картички, а потоа следуваат три аудио влезови, меѓу кои се наоѓа и влезот за дополнителен компјутерски микрофон. За оние кои немаат додатен микрофон, на самиот лаптоп е поставен мини микрофон, кој одвај се забележува,

Лаптопот доаѓа со 250 GB хард-диск и солидни 3 GB DDRII RAM меморија. Процесорот е Intel Pentium Duo T2410, додека графичката е ATI Mobility Radeon™ HD3470 со DDR2 256MB но и ќе ви треба време да се навикнете на тоа. На моменти може да се појават и помали проблеми со прецизноста на тракпадот. Веднаш над тастатурата централно се поставни 5 сребрени копчиња, меѓу кои е и копчето за вклучување на компјутерот. Останатите се за вклучување на вашиот омилен интернет пребарувач, веб камерата, безжичната мрежна картичка, но и едно копче кое ќе го програмирате да извршува одредена програма по ваш избор. На горниот дел на екранот е вградена 1.3 мегапикселна веб камера, која е сосема доволна за солидна видео комуникација преку интернет. 17-инчниот widescreen екран ќе ги оживее боите, а што е најбитно, поседува и нуди неверојатна бистрина

што совршено се вклопува во дизајнот. Од левата страна на преносниот компјутер поставени се две USB порти, а веднаш до нив е сместен DVD Super-Multi режачот. На десната страна има PCI Express карта. До неа се наоѓа HDMI влез. Овој преносен компјутер поседува и 1 гигабитна мрежна картичка, модем и безжична мрежна картичка. Bluetooth-от е опционален. MSI EX705X поседува Dolby® Home Theater, а звукот што го произведуваат двата мали звучници е подлабок и квалитетен, што често е реткост кај доста преносните компјутери. Лаптопот доаѓа со 250 GB хард-диск, што е сосема доволно, а РАМ меморијата изнесува солидни 3 GB DDRII. Процесорот е Intel Pentium Duo T2410, додека

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: MSI www.msi.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Riversoft www.riversoft.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

Солиден дизајн Одлични перформанси Цена Мора да се надгради BIOS-от за да се инсталира Windows XP

ЦЕНА

• 35.000 денари

Моќен преносен компјутер кој покрај високите перформанси плени и со пристоен дизајн

графичката картичка е ATI Mobility Radeon™ HD3470 со DDR2 256MB. Бидејќи преносникот доаѓа без оперативен систем, мора да спомнеме дека при обидот за инсталација на Windows XP, уште на самиот почеток се појавуваше фатална грешка! Фабричкиот BIOS подржува само инсталација на Vista, па мораше рачно

да го флешуваме со XP компатибилната верзија која е достапна од сајтот на MSI. Линкот за преземање на биосот е www.clickmag. mk/url/00702/ . Освен проблемот со BIOS-от, и CD-то содржи управувачки рутини (драјвери) само за Windows Vista, но сега истите за XP можете да ги најдете на www.clickmag. mk/url/00703/. l [САША ЛИЛЧИЌ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ПРОЦЕСОР

Intel Pentium Duo T2410

МЕМОРИЈА

3GB DDR2 RAM

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

ATI Mobility Radeon™ HD3470 со DDR2 256MB

ХАРД-ДИСК

250GB

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

17-инчен WXGA+(Glare Type) 1440x900

ОПТИЧКИ УРЕД

Built-in Combo Drive/DVD Super Multi

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows XP, Vista Home, Business или Ultimate

КОНЕКЦИЈА

802.11 b/g Wireless LAN со Bluetooth (опционално), Built-in Gigabit Ethernet LAN и Modem.

ТЕЖИНА

3.6 КГ

ДИМЕНЗИЈА

395(L) X 278(D) X 26.5-34.9(H)мм

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Дефинитивно солидна замена за десктоп компјутер и нуди одлични перформанси за цената. Тоа што му ја одзема 10-ката се присилувањата со Vista

click ноември 2008 15


click/хардвер/

Logitech DiNovo Mini

Bluetooth тастатура со мини димензии, идеална за улогата на далечински управувач ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Logitech www.logitech.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Нико Компјутери www.nikocomputers.com

ЗА И ПРОТИВ

 Одличен дизајн и убава иновација  Комплетна QWERTY тастатура + touch pad  Заднинско осветлување  Цена ЦЕНА

• 7.490 денари

К

омпаниите кои знаат да ги предвидат идните текови и трендови, како и компаниите кои не се плашат да ризикуваат, владеат со пазарот. Оваа реченица најверојатно важи за било кој пазар, но посебно е точна за компјутерскиот пазар. Една од горе опишаните компании е и успешниот производител на компјутерска периферија и галантерија Logitech. Logitech е познат како компанија која не се плаши да ризикува и во голем процент на таа констатација и го должи својот успех. Компјутерската галантерија и периферија е многу осетлив

Logitech ја претопи тастатурата на веќе познатиот Blackberry мобилен апарат, додаде можност за флексибилна контрола на курсорот и сето тоа го спакува во мала кутија

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Одличен и едноставен начин за контрола на домашниот медиа центар преку Bluetooth.

20 click ноември 2008

пазар, бидејќи повеќето купувачи на компјутерски системи не ги интересира што ќе добијат за тастатура или глувче, па од тука е многу битно да бидете оригинални. Во морето интересни и нови периферни уреди, секогаш се издвојуваат најлуцидните и најсмелите, а таков уред е DiNovo Mini на Logitech. DiNovo mini е малечка тастатура која се поврзува за било каков уред кој има можност за Bluetooth поврзување и има потреба од тастатура, нормално. Главната улога на овој уред е да биде далечински управувач на вашата медиа центар поставка во која главна улога има вашиот компјутер. Прекрасниот дизајн кој ќе се

вклопи во секоја дневна соба, претставува само една од многуте позитивни страни на DiNovo mini. Logitech ја претопи тастатурата на веќе познатиот Blackberry мобилен апарат, додаде можност за флексибилна контрола

Контрола врз сите системи од вашата дланка

се наоѓаат на вашиот компјутер / медиа центар. Тастатурата e со ергономичен дизајн и идеално лежи во раката, исто така има и заднинско осветлување во зелена или портокалова боја, опција која многу го олеснува користењето на DiNovo mini во темни услови. Многу е важно да споменеме дека оваа Bluetooth тастатура е компатибилна како со Windows XP, така и со Windows Vista. За да работи DiNovo mini, користи LiIon батерии кои се полнат и според производителот од полнење до полнење поминува цел месец. Исто така, треба да споменеме дека овој производ има добиено неколку награди,

СПЕЦИФИКАЦИИ Подржани оператвни системи

XP, Vista

Батерија

Li – Ion 950 mAh

Конекција

Bluetooth, USB

Тежина

175 гр.

Димензии

152 x 90 x 27.5 мм

тоа без жици или робусни уреди, останувате завалени во вашата фотелја и го пуштате омилениот филм или аудио нумера. Покрај комплетната QWERTY

а една од нив е и наградата за иновација на CES за 2008-ма година. Покрај поврзувањето со вашиот компјутер, DiNovo може да се поврзе и со вашиот Sony Playstation-3, додека ако имате Xbox или некаков Apple уред, нема да можете да ги спарите. Единствен поголем проблем кај овој уред е неговата цена.l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

на курсорот, преку малиот интегриран touch pad и сето тоа го спакува во мала кутија која за неколку моменти ќе ја поврзете со вашиот компјутер. Сега потполно го контролирате вашиот медиа центар и

тастатура, тука се и неколкуте предефинрани копчиња кои директно се интегрираат со командите на видео или аудио плеерите кои


click/хардвер/

Trendnet TEW-633GR Безжичен рутер полн со корисни опции

Н

овиот безжичен рутер TEW-633GR Access point од TRENDnet е пријатна промена на подобро. Ако сите уреди од TRENDnet беа со ист дизајн и со иста сина боја, TEW-633GR е пријатна промена во програмата на TRENDnet и е освежување со својот стилски дизајн и „Piano black” завршна обработка. TEW-633GR е уред кој во потполност го почитува 802.11n Draft 2.0 стандардот и со тоа овозможува максимум пропусност за дадениот стандард. Со добрата основа, овој уред ги има сите потребни функции стартно интегрирани во себе и дури длабоко во себе има интегрирано можности од уредите од повисоките категории. Како прво и основно, плени со својот дизајн. Со дискретна црна надворешност (која е магнет за прашина и отисоци на прсти) и трите фиксно монтирани

Блескав полиран финиш за да се нагласат измените во дизајнот

ЗА И ПРОТИВ

 Прекинувач за исклучување на безжичниот дел  Убав дизајн  Вградените можности и стабилната работа ЦЕНА

• 9.563 денари

веруваат на конфигурациските менија. Кому му е потребна, ќе знае да ја цени. Самото поврзување е лесно (се сведува на спојување на напонскиот адаптер и мрежниот кабел за интернет врската) и со

Стилска промена на подобро од претходните верзии, која со допадливиот дизајн ги дополнува техничките квалитети антени кои на упатените на прв поглед им најавуваат 802.11n уред, на себе има и WAN порта за приклучување на широкопојасна интернет конекција и 4 стандардни RJ-45 мрежни приклучока на вградениот мрежен switch, кои се само за пофалба со нивната гигабитна пропусност. На самиот уред постои механички прекинувач кој служи за физичко исклучување на безжичниот дел, нешто што ретко се среќава. Исклучувањето на безжичниот дел е опција за сите корисници кои се загрижени за сигурноста на својата мрежа и не им

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: TRENDnet www.trendnet.com •ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: JVS Net www.jvsnet.com.mk

стартување на волшебникот започнува иницијално прилагодување. Сепак, за фино прилагодување и за полно искористување на овој уред, потребно е да се влезе преку интернет прегледник во самиот уред и сите прилагодувања да се направат преку соодветните категории. Самите категории се поделени на „Basic” и „Advanced”, така што секој во зависност на своите познавања и потреби може да изврши прилагодување. Самата покриеност со безжичен сигнал е на очекуваното ниво, и во услови на урбано домашно корис-

тење, прави да покриениот простор е без мртви точки без сигнал, со максимална пропусност од 300 Mbps, небитно од физичката локација, дури кога постојат метални предмети помеѓу TEW-633GR и уредот што му пристапува. Дел за доброто функционирање е заслужен самиот безжичен уред, дел самиот 802.11n стандард и принцип на функционирање. Надополнет со специ-

фични можности особени за TEW-633GR, како StreamEngine технологијата за прилагодување на приоритет на сообраќајот и Static Routing опцијата за рутирање, ова е уред кој отскокнува од еднообразието на меѓусебно слични уреди и за прифатлива цена нуди можности кои дури и ги надминуваат потребите на обичен корисник. [ИГОР ПЕТРУШЕВСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ чипсет

Atheros AR5416 + AR2133

МАКС. ПРОПУСТНОСТ

300 Mbps

ИЗЛЕЗНА МОЌНОСТ

802.11b: 18dBm (typical) 802.11g: 15dBm (typical) 802.11n (draft 2.0): 6dBm (typical) with HT20 or HT40

ПРОТОКОЛИ

Gigabit Ethernet (10/100/1000) IEEE 802.11b IEEE 802.11g IEEE 802.11n draft 2.0

КАРАКТЕРИСТИКИ

NAT Support, Stateful Packet, Inspection (SPI) MAC Address Filtering, UPnP, DHCP Support, DMZ and VPN, Passthrough, Dynamic DNS

Мрежна сигурност

WEP 64/128 bit WPA-WPA2 WPA-PSK- WPA2-PSK

Encryption

hardware AES/TKIP, 64/128-bit WEP (Hex/Passphrase, for 11b/g)

Димензии

150 x 162 x 25 мм

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Вградените можности се главниот адут на предводникот во стилската промена на TRENDnet

click ноември 2008 35


48 49 50 50 52 54 55 56 59 60 61

GFI LANguard 9 Beta AVS Video Tools 5.6 Vi.sualize.us DoMyStuf.com GIMP 2.6 Print Designer GOLD 9 AdvertSMS интервју Facebook под хаубата Camtasia Studio 5 OcrNow! Сервиси за оддалечена контрола

62 65 66 68 71 71 72 74 77

Видео во висока резолуција поставено на Интернет PhotoBatch Pro 2.3 Онлајн речници .мк CodeFu интервју Weather Watcher Mobile 1.0.2 Web Viewer Заработка преку блог! Photoshop туторијал – DVD омот 5 локални веб дестинации

click/софтвер/

GFI LANguard 9 Beta Скенер за безбедноста на вашата мрежа ИНФО

GFI LANguard • ИЗДАВАЧ: GFI • ЛИЦЕНЦА: 10.000 денари, достапна 30-дневна пробна верзија • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.gfi.com

ЗА И ПРОТИВ

 Одлична функционалност  Потребна е јака конфигурација  На интерфејсот му е потребно подобрување

ОЦЕНА

6.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Корисна алатка за сите мрежни администратори, а веруваме дека оваа алатка ќе еволуира уште повеќе.

48 click ноември 2008

Ч

есто наградуваниот GFI тим им го олеснува животот на мрежните администратори со уште една нова бета верзија на својот софтвер. Овој пат нудејќи детектирање на преку 15000 ранливости на вашата мрежа со што ви обезбедува посигурна, брза и ефикасна мрежна околина. Новата верзија вклучува подобрен кориснички интерфејс, подобрени извештаи, деинсталација на неавторизирани апликации, инсталација на Microsoft закрпи, remote desktop конекција, пронаоѓање на виртуелни машини... Една од попрактичните работи е однапред закажување на скенирања, што овозможува и надвор од работното време, во ваше отсуство, оваа алатка да си ја заврши својата работа. Всушност помалата оптовареност на мрежата е време во кое и реално ваквите работи треба да се извршуваат. Со оглед на тоа што и самата инсталација на LANguard зазема многу ресурси и трае подолго од други стандардни инсталации, можете веднаш да претпоставите дека за извлекување на најдобрите перформанси на оваа апликација ќе ви биде потребен добар компјутер. Доколку во вашата мрежа имате од 1 до 10 компју-

Новата верзија вклучува подобрен кориснички интерфејс, подобрени извештаи, и деинсталација на неавторизирани апликации.

тери, препорачано е да го инсталирате софтверот на машина со 1Ghz процесор, 512МB РАМ и 500МB простор на вашиот хард диск. Доколку, пак, веќе станува збор за поголема мрежа со 10 до 500 компјутери, минимумот е 2Ghz процесор, 2GB RAM и 2GB хард

на само еден компјутер, операцијата траеше 2 минути и даде одлични резултати. Претпоставката дека ќе даде резултати со слична содржина при мрежно скенирање се точни. Ќе забележите некои смешни работи кои реално навистина

Една од попрактичните работи е однапред закажување на скенирања, што овозможува и надвор од работното време, во ваше отсуство, алатката да си ја заврши работата диск простор. За финално, најголемите корпорации со над 5000 компјутери, да пружат комфорност од 2 x 3GHz quad core процесор, 4ГB RAM и 10GB хард диск простор. Навистина, желбата да го тестираме овој софтвер на мрежа со над 5000 компјутери останува неостварена, но затоа го тестиравме со скенирање

може да ви наштетат. На пример, има предупредување доколку AutoRun опцијата ви е вклучена, што асоцира на дозвола автоматски да се егзекутираат фајлови од мемориски стапчиња или CD/ DVD драјв. Потоа, доколку имате голема мрежа, не е секогаш веројатно дека за администраторскиот

акаунт на сите компјутери нема да заборавите да ставите лозинка и ќе го оневозможите гостинскиот акаунт. Па така, софтверот ве предупредува дека ова го прави вашиот компјутер ранлив. Верувале или не, можеби ќе добиете и совет да го преименувате администраторскиот акаунт. Друга ранливост се шеруваните локации, не само што ве предупредува за истите, туку и ви дава листа на сите шерувани фолдери или најлошо драјвови. Има и одличен преглед на инсталираните и пропуштените апдејти со што нема да мора да шетате од компјутер на компјутер. Портите се исто неизбежен дел, наместо да симнувате посебна алатка за неопходното одредување на отворени порти, LANguard ви ја врши и таа работа патем обезбедувајќи опис која порта на какви напади е подложна. Доколку не ви се потребни сите овие резултати, пред секое скенирање можете преку филтрите да дефинирате барања со параметри. И нашиот најомилен дел, можете да споредите два претходно извршени скенирања со што ќе заклучите колку со овој софтвер си помогнавте во оправувањето на вашата мрежа. l [ВАСЈА ПЕТКОВСКА]


click/софтвер/

AVS Video Tools 5.6 4 моќни видео алатки во еден пакет

К

ако напредува развој на нов софтвер и хардвер, така се создаваат и нови екстензии. На пример, доколку вашата дигитална камера ги зачувува видео документите со .mpg екстензија, а вие имате желба истиот видео документ да го пренесете во вашиот мобилен, кој што да кажеме не поддржува .mpg, потребна ви е апликација која ќе го конвертира видеото во подржан формат од вашиот мобилен телефон. Во AVS Video Tools постои можност за креирање персонални DVD-а, VCD или SVCD-а со вашите видео документи, благодарение на вградениот енџин за режење. Компатибилноста овозможува да ги гледате на вашиот домашен DVD плеер. Постојат DVD мени темплејти, со кои ќе го разубавите главното мени. Креираниот филм, ќе бидете во можност да го поделите на повеќе делови. Со AVS Video Tools 5.6, ќе можете да ги конвертирате вашите видео документи и DVD-а во формат за Sony PSP, Apple iPod, Archos, Zen Creative или било кој друг преносен мултимедијален плеер. Видео конверторот поддржува Memory Stick

ИНФО

AVS Video Tools 5.6 • ИЗДАВАЧ: Online Media Technologies Ltd • ВЕРЗИЈА: 5.6 • ЛИЦЕНЦА: 39.95$ • ПЛАТФОРМА: Windows 2000/XP/2003/Vista • URL: www.avsmedia.com

ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен и интуитивен за работа  Уредна и пријатна корисничка околина  Мулти-функционалност  Цена

Благодарение на вградениот енџин за режење преку AVS Video Tools може да креирате персонални DVD-a, VCD или SVCD-a

Video формат. Исто така, може да конвертирате видео содржини за DVD/MPEG4 плеери (со DivX/XviD поддршка), за GSM или CDMA мобилни телефони. Видео документите можете да ги пренесувате

преку Infrared, Bluetooth или USB кабел. Можете да ги трансферирате видео документите од DV камера до хард-дискови, или од VHS видео рекордери до хард-дисковите и DVD-a. Можете да снимате видео од TV тјунери и Веб ка-

Со алатките кои ги нуди оваа апликација ќе може да го припремите вашето видео во видео документ кој што ќе е подготвен за стриминг преку Интернет мери, секако со директно конвертирање во MPEG4. Направите Flash SWF, Real Video или WMV филмови за вашиот веб сајт. Со алатките кои ги нуди оваа апликација ќе може да го подготвите вашето видео во видео документ кој што ќе е подготвен за стриминг преку Интернет. Ако сакате, можете звукот да го снимите како посебни аудио докумен-

ти или да зачувате соло фрејмови како дигитални фотографии. Со batch конверторот ќе може да процесирате повеќе видео документи одеднаш. Ќе може да споите повеќе видеа и да создадете едно или едно големо да го расцепкате на помали делчиња. За да ја инсталирате оваа апликација, потребен ви е Windows 2000/ XP/2003/Vista. 64-битната Vista, Mac OS и Linux не се поддржани оперативни системи. Цената на оваа апликација и не е превисока, и е сосема реална.l [САША ЛИЛЧИЌ]

Моќниот AVS Video Конвертор ги поддржува форматите: AVI (DivX, XviD), DV AVI, MP4 (Sony PSP и Apple iPod), WMV, 3GP, 3G2, QuickTime (MOV, QT), SWF, DVD, VOB, VRO,MPG, MPEG 1,2,4, DAT, VCD, SVCD, ASF, ASX, MJPEG, H.263, H.264, Real Video (RM, RMVB), DVR-MS, MKV, OGM, FLV.

ОЦЕНА

7.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО 4 моќни видео алатки, споени во еден пакет кој ќе ви го олесни работењето со вашите видео документи.

click ноември 2008 49


click/софтвер/

Print Designer GOLD 9

Преку ноќ до одличен дизајн ИНФО

Print Designer GOLD • ВЕРЗИЈА: 9.0 • ИЗДАВАЧ: CAM Development • ЛИЦЕНЦА: 49.95$ • ПЛАТФОРМА: Windows XP/2003/2000/ME/98SE • URL: camdevelopment.com

ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен и интуитивен за работа  Можност за додавање на додатни layout-и  Вграден волшебник за дизајнирање  Цена

Едноставно креирање на визит карти со вклучените темплејти

P

rint Designer GOLD 9.5 е апликација со која дури и оние корисници кои не се упатени, лесно ќе може да дизајнираат сопствена визит карта или некој друг леток. Со овој продукт може да креирате и испечатите разни визит картички, дизајн за писма, беџови, знаци, мултимедијални наслови. Можете и да дизајнирате

нуди да изберете layout од веќе постоечките во галеријата или да додадете ваш. Print Designer GOLD 9.5 може да се користи на сите верзии од оперативниот систем Windows (/XP/2003/2000/ ME/98SE). Дизајнот на корисничкиот интерфејс на Print Designer GOLD е едноставен и интуитивен за работење.

Во апликацијата интегрирана е геометриската алатка со која ќе можете да цртате линии, квадрати, триаголници, елипси и дијаманти

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Корисна апликација за дизајнирање на разни летоци, едноставна за работење и дозволува комплетна слобода при креирањето на вашиот дизајн проект.

54 click ноември 2008

и мал леток за вашите CD-а или DVD-а. Апликацијата нуди широка палета на алатки со кои ќе може да додавате текст, слики, разни геометриски форми, бар кодови, сенки, но и други ефекти на вашиот сопствен дизајн. Бојата и стилот на секој објект во вашиот дизајн може да биде според ваша желба. Ви се

Наместо да плаќате дизајнер, искористете го волшебникот за дизајнирање, за да креирате професионални визит картички. Изберете го дизајнот од стотиците темплејти кои ги нуди Print Designer GOLD 9.5. Откако ќе го изберете дизајнот, ќе треба да ги пополните полињата за име, функција, адреса, телефон и останатите други

(ова доколку креирате визит карта). Исто така, вашите бизнис карти или други летоци можете да ги поврзете со една од вградените персонални бази на податоци, Текст, CSV, Excel, Access, DBase, Paradox database или било која друга екстерна датабаза низ ADO или ODBC. Сите ваши летоци или визит картички можете да ги печатите преку било кој Windows компатибилен печатач. Доколку имате сопствени clipart, логоа или фотографии, можете да го користите во вашиот дизајн. Можете да ги користите следниве графички ефекти: crop, mirror, flip, rotate, negative, noise, gamma. На одредени графики може да им додавате и транспарентна позадина. Може да користите gradient, текстура или фотографија за да ги пополните текстуалните или геометриските објекти. Во апликацијата интегрира-

на е геометриската алатка со која ќе можете да цртате линии, квадрати, триаголници, елипси, дијаманти и други форми. На секој текст можете да му го менувате фонтот, големината, бојата, стилот, но и да му додавате сенка или да го ротирате. Вашиот готов дизајн лесно можете да го сочувате како слика, а потоа можете да го однесете до најблиската печатница за да го испечатите професионално. Целосната верзија на Print Designer Gold можете да ја набавите за 49.95$ и се плаќа еднократно. Пробната верзија не дозволува да се користи комплетниот потенцијал на овој софтвер и трае само 15 дена. Ако немате доволно информатички познавања за да креирате ваша визит карта или некој друг леток, а сепак имате креативна желба да го сторите тоа, тогаш дајте му шанса на Print Designer GOLD.l [САША ЛИЛЧИЌ]


click/интервју/

Реклами во СМС пораки Мобилните телефони се медиум преку кој веќе одамна се дистрибуира многу повеќе од звук. П За кого постои АдвертСМС? О АдвертСМС е наменета за компании кои сакаат директно да комуницираат со потрошувачите. Моментално имаме две услуги. Едната е праќање на СМС реклами до наша база на корисници, а другата е праќање на СМС реклами/известувања до база на клиентот. Предност на првата услуга е што користиме максимална сегментација на нашата база. Тоа значи дека можеме да пуштаме СМС реклами до строго дефиниран Таргет. Втората услуга е за компании кои сакаат на најбрз можен начин да испраќаат известувања или потсетувања до своите клиенти. Оваа услуга овозможува т.н. Dynamic SMS. Тоа значи дека можеме да ги персонализираме СМС пораките. Со тоа компаниите наместо на секого да пишуваат различна СМС порака, само ги кажуваат променливите и пораките се персонализираат. Уште една карактеристика е името на испраќачот, наместо да пристигнуваат СМС пораките од 070817ХХХ, тие пристигнуваат од името на компанијата. П Каков договор потпишуваат вашите корисни-

Eдна од акциите за полнење на базата на претплатници на АдвертСМС спроведени по локалните факултети

ци и како доаѓате до нив? О За некој да стане наш член, мора да даде писмена согласност со која се согласува да прима рекламни содржини на мобилен. Базата почнавме да ја полниме од јуни. Почнавме со презентација по факултетите, бидејќи сметавме дека студентите ќе бидат

АдвертСМС - првата мобилна маркетинг агенција во Македонија

најмногу заинтересирани да добиваат информации за разни случувања преку СМС. Потоа почнавме да соработуваме со агенти/ практиканти низ цела Македонија, со цел базата да има корисници од различна возраст и различна локација. Досега имаме база од над 5000 корисници.

податоци и за жал, поради недостатокот на рамка за користење на дигитален потпис, креиравме соодветен писмен формулар на кој секој корисник може да избере од која област сака да добива пораки и кој е максималниот број на пораки кои би сакал да ги добива во текот на еден ден.

П На кој начин корисниците се заштитени? О Пристапницата која ја потпишуваат корисниците е во согласност со насоките кои ни ги даде Дирекцијата за заштита на лични податоци. Значи ги преземаме сите мерки за заштита на личните

П Каков е интересот кај потенцијалните огласувачи? О Бидејќи е ова нов и директен начин да се стигне до потрошувачите, имаме и голем интерес. На почетокот почнавме со стандарден директен телемаркетинг, односно

ги презентиравме нашите услуги пред компании. Сега веќе почнаа да ни пристигнуваат повици од компании кои се свесни за предностите на овој начин на маркетинг и кои што гледаат огромна можност во мобилните телефони како медиум. Click: Колку кампањи досега имате спроведено? АдвертСМС: До сега имаме три успешно спроведени кампањи кои беа насочени кон различни целни групи. Во фаза на подготовка се уште неколку кампањи кои се насочени кон младата урбана публика. l [ДАРКО БУЛДИОСКИ]

click ноември 2008 55


click/софтвер/Facebook

Facebook под хаубата Како функционира една од најпознатите социјални мрежи

ПОЧЕТОЦИ Во 2004-тата година, тројцата студенти на Харвард Универзитетот Mark Zuckerberg, Dustin Moskovitz и Chris Hughes го пуштија во употреба својот проект односно интернет сајт чија главна цел и замисла беше да ги присоедини студентите на Харвард со што тие ќе можат да поставуваат свои слики и да споделуваат фајлови, меѓу другото и да се запознаат едни со други. Првобитно името на интернет страната беше thefacebook.com и во многу брзо време таа стана екстремно популарна помеѓу студентите во Харвард кампусот. По минување на една година од лансирањето на овој сајт, тројцата студенти решија да вклучат уште додатни три универзитета во нивната мрежа, а тоа беа Stanford, Columbia и Yale. Во средина на 2005-тата година, воочувајќи дека има преголема заинтересираност од студентите од другите образовни институции во Америка, беше напра56 click ноември 2008

вена една голема мрежа на која студентите од 800 колеџи можеа да се приклучат и истата да ја користат. Со зголемувањето на популарноста се зголемуваа и корисниците на интернет сервисот, а бројката достигна до 5 милиони активни корисници. Па во Август 2005-тата година, интернет сајтот беше преименуван во facebook.com , по што е познат и во денешно време. Како што споменавме погоре овој сервис главно бил наменет за интеракција помеѓу студентите од кампусот, но денеска секој може да пристапи и да се приклучи кон овој сервис. Функционирање на сервисот За да се приклучите кон Facebook мрежата, доволно е да направите кориснички акаунт на интернет страницата. Акаунтот е бесплатен и за да го креирате ќе морате да пополните неколку формални прашања (дали имате над 13 години, внесување на валидна мејл адреса,

име и презиме, како и датум на раѓање). Откако успешно ќе ги внесете сите прашања во формата, Facebook ќе ви генерира профил со вашето избрано име. По креирањето на профилот, нормално е дека ќе сакате да се поврзете со некои од вашите пријатели. За оваа цел Facebook нуди неколку начина за да ги пронајдете и да се поврзете со вашите пријатели. - Можете да прегледувате или да се приклучите кон некои од групите кои се поделени во 4 категории : региони, универзитети, работни места и средни школи. Од кога ќе се приклучите на некоја од споменатите мрежи, можете да пребарувате низ листата од членови на групата во која сте се приклучиле и да побарате некој познаник. - Пребарување преку мејл адреси. Можете да му ја дадете вашата мејл адреса и лозинка на Facebook, па преку неговиот систем за споредба, тој ќе провери дали во неговата корисничка база на податоци се


click/софтвер/Facebook совпаѓа некоја мејл адреса со контактите од вашиот мејл акаунт. -Преку енџинот за пребарување можете да го напишете името на корисникот којшто сакате да го најдете. Facebook ќе ви ги даде сите кориснички профили кои се совпаѓаат со тоа што го имате внесено. Вашиот Facebook профил е всушност ваш простор каде што ќе можете да се претставите пред другите членови на оваа мрежа. Уредувајќи го вашиот профил, оформувате една слика преку која другите корисници повеќе би дознале за вас. За да го направи полесно пребарувањето на своите корисници, Facebook прибира информации за вас и сите останати членови. Придобивката од ова е тоа што ќе можете да се сретнете повторно со вашите поранешни соученици или, пак, со колегите од работа кои имаат свои акаунти на оваа мрежа или тие ќе имаат можност да ве сретнат вас. Негативната страна е тоа што секој кој има креирано свој профил ќе може да ве пронајде. Ова може да се избегне поставувајќи го вашиот профил

како приватен, но тоа ја уништува смислата на самата мрежа. При самото креирање, вашиот не модифициран профил содржи: -Можност за поставување на слика за вашиот профил или креирање на албуми -Секција каде што ќе стојат сите ваши пријатели -Ваши персонални информации кои сте одлучиле да ги прикажете за да ги видат и останатите -Мини поле каде што може да се прикаже вашиот моментален статус -„wall” – место каде што другите ќе можат да оставаат коментар на вашиот профил -Простор за приказ на вашите апликации -Апликација за правење муабет со вашите пријатели Доколку прегледате некој профил на било кој корисник, ќе ви се прикажат истиве работи кои се достапни и на вашиот профил, но со плус опциите за додавање на корисникот во вашата листа на пријатели и опцијата за праќање на порака до тој корисник.

ИНФО

Facebook • URL: www.facebook.com ЗА И ПРОТИВ

 Лесно управување со вашиот профил  Комплетен веб сервис  Широк избор на апликации од самиот почеток развиени од страна на Facebook  Компатибилен со мобилните телефони  Апликации развиени од корисници  Автоматската нотификација на меил за секоја нова промена оди на нерви. Елиминацијата е возможна но не и лесно достапна.

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

одлично Виртуелните интеракции на луѓето преку веб сервисите стануваат едно фино место каде што можете да креирате една посебна околина преку која ќе го претставите вашиот идентитет и особини

click ноември 2008 57


click/софтвер/Facebook

Aпликации и додатоци има за секого. најголем дел се забавни но има и сериозни од кои навистина може да се извлече некоја информација и пријателство повеќе.

Функционирање на апликациите Доколку имате желба и некаква идеа за креирање на било каква апликација, морате да ја имате ставено програмата за развој на апликации на вашиот Facebook профил. Притоа морате да имате пристап до некој веб сервер односно место каде што ќе ги чувате вашите апликации закачени на интернет бидејќи Facebook не дозволува хостирање на апликациите развиени од трети лица на својот веб сервер. Што се однесува до намената на самите апликации, тимот на Facebook ви дава потполна слобода при изборот на тоа дали тие ќе се извршуваат на самиот веб прелистувач, вашиот десктоп или, пак, на мобилните телефони. Со други зборови, ќе можете да развивате апликации кои како основа ја имаат Facebook платформата, но тие не мора да бидат интегрирани директно на самите профили на корисниците. Апликациите развиени од „трети луѓе” кои комуницираат со Facebook ги користат GET и POST методите од HTTP протоколот. HTTP е протоколот за комуникација користен од WWW (World Wide Web) – GET е методот којшто враќа некаква информација, а POST е метод кој праќа некаква информација до некоја постоечка веб страна. Ова значи дека апликациите можат да враќаат некаква информација од корисничките профили и да се праќаат било какви пораки на профилите. За да се воведат некакви правила, тимот на Facebook има стандардизирано свои кодови односно дел програмски јазик кој е наследен од одредени веќе постоечки. Па за таа цел можеме да ги спомнеме FQL (Facebook Query Language) кој е сличен на SQL (Structured Query Language). Ова се еден вид на „прашања” кои ги поставуваат критериумите за тоа кој податоци треба да бидат пронајдени и извлечени од базата на податоци и притоа на кој начин да бидат соодветно прикажани на клиентска страна. Исто така, корисниците кои што сакаат да развиваат покомплекс58 click ноември 2008

ни апликации можат да го користат FBML (Facebook Markup Language) кој е наследен од HTML програмскиот јазик на кои се додадени неколку специфични тагови кои би се извршувале на самиот веб сајт. Луѓето од Facebook доста добро се погрижиле за корисниците да можат да пристапуваат кон овој сервис и преку нивните мобилни телефони со тоа што дизајнирале посебна страна (m.facebook.com) која има посебни карактеристики за разлика од стандардната и е компатибилна за прикажување на содржини на мобилните телефони. Кога испраќате текст порака од вашиот телефон до Facebook веб сервисот, пораката се пренесува преку MSC (Mobile switching center), која го препраќа сигналот до STP (Signal transfer point). Од таму пораката патува до SMSC (Short Message Service Center), со која што завршува овој процес и конечно пораката стигнува до местото каде што сте сакале да се појави на страната. Кога очекувате некаква порака од Facebook, треба целиот овој процес да се изврши повторно, но во обратна насока. Праќањето на пораки преку вашиот телефон користи стандардизиран метод за трансфер на текст SMS или MMS. SMS дозволува да се праќаат и примаат пораки, но со лимитиран број на карактери додека MMS нема никакви лимити и покрај текст пораки можете да испраќате и поголеми фајлови од типот на слики, видео или аудио. Благодарение на MMS (Multimedia Messaging Service) стандардот ќе можете да качувате слики директно на вашиот профил или, пак, да поставите некој видео материјал. За разлика од стандардната Facebook интернет страница, страната која што се прикажува доколку сурфате преку вашиот мобилен телефон е изработена во XHTML програмскиот јазик од проста причина што ја оптимизира работата при прелистување на самиот интернет сајт. [АЛЕКСАНДАР НЕШИЌ]


click/софтвер/

Weather Watcher Mobile 1.0.2 Временска прогноза во вашиот џеб

W

eather Watcher е одлична апликација која ќе ви дава временска прогноза за моменталната состојба, односно состојбата во текот на денот, како и прогноза за следните 10 денови. Weather Watcher информациите ги превзема од сервисот weather.com што претставува гарант за веродостојни прогнози, а доволно е да се каже дека weather.yahoo.com го користи токму овој сервис. Во листата на градови (околу 77.000) се наоѓаат и поголемите македонски градови за кои ќе добивате прецизни информации. Доколку се наоѓате во САД, апликацијата може да ви испраќа известувања од американската национал-

ИНФО

•Weather Watcher Mobile 1.0.2 •ИЗДАВАЧ:Singer`s Creations •ВЕРЗИЈА: 1.0.8 •ЛИЦЕНЦА: Бесплатна •ПЛАТФОРМА: Windows Mobile 2003 •URL: www.singerscreations.com ЗА И ПРОТИВ

   

на временска агенција за можните бури и урагани. Weather Watcher е посебна апликација и не зафаќа простор на вашиот Today екран, па доколку сакате да ја видите прогнозата ќе треба да ја стартувате апликацијата и да причекате истата да се поврзе на соодветниот сервер за да ги преземе најновите информации. За да ја инсталирате апликацијата потребно е претходно да имате инсталирано .Net Framework Compact на вашиот рачен уред. l

Бесплатна Мала Работи брзо Не зафаќа простор на Today екранот

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Одлична апликација која е во можност да го претвори вашиот телефон во метеоролошка станица

Web Viewer Цело е кога има сè

ИНФО

С

о помош на Web Viewer, корисниците на Windows Mobile 5 и 6 добиваат интернет прелистувач кој поседува можност за прегледување на интернет содржините во табови. За разлика од останатите вакви производи кои се најчесто екстремно спори или, пак, со многу грешки во самиот код, Web Viewer само ја додава оваа можност на постојниот интернет прелистувач и не влијае во брзината и стабилноста на истиот. Web Viewer покрај основното користење на табови, нуди можност

Web Viewer 1.0 • ИЗДАВАЧ: ANB Software • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Windows Mobile • URL: www.anbsoftware.co.uk ЗА И ПРОТИВ

 Бесплатна  Мала  Можност за прегледување на содржините во табови

ОЦЕНА

за дуплирање на табовите, запомнување на последно-затворените табови, работење на целиот екран, криење на табовите за добивање

на поголема работна површина, отворање на линкови во нов таб и др. Како и повеќето понови апликации за Windows

Mobile 5 и 6, и Web Viewer за своето инсталирање бара претходно инсталирање на .Net Framework Compact. l

7.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Дополнение на Internet Explorer-от со што сурфањето на рачен уред претставува задоволство

click ноември 2008 71


78 82 84 86

King's Bounty: The Legend Fallout 3 Chrononicles of Spellborn Lego Batman

click/игри/ King’s Bounty: The Legend Легендата која продолжува 18 години подоцна

78 click ноември 2008


ИНФО

King’s Bounty: The Legend • ИЗДАВАЧ: 1C Company • ПРОИЗВОДИТЕЛ: Katauri Interactive • ЦЕНА: 39.90$ • ПЛАТФОРМА: PC • ЖАНР: RPG авантура, тактичка • URL: www.kings-bounty.com ЗА И ПРОТИВ

 Успешно оживување на тактичната борба и жанрот  Нуди повеќе од 60 часови разнолика забава  Интригантна сторија и фасцинантна изведба  Графика за пример со одлична атмосфера

ОЦЕНА

ОДЛИЧНО

СЦЕНАРИО Ова е сага на еден витез, херој, и целата армија составена од неговите лојални компањони во битка. Приказната ги опишува нивните патувања низ огромни континенти составени од дузина меѓуповрзани локации, притоа поставувајќи кралеви на троновите и отфрлајќи ги, спасувајќи принцези од канџите на змејовите, потрагите по пиратските скриени богатства и прогонувајќи ги олошите кои се обидуваат да доминираат со светот.

Од време на време, поради маркетинг кампања која како да е ставена на silent и непостоечката фама за одредена игра дека воопшто е во изработка, знае некое дијамантче да се провлече под „радарот“. Бомбардирани од реклами, промоции, рецензии и новости од блокбастер хитовите кои секој момент треба да излезат, нема да има-

те време ни да помислите што всушност може да пропуштите.

За среќа, ние ја имавме таа прилика меѓу првите да ја искусиме King’s Bounty: The Legend и да се ставиме во улогата на главниот херој (по наш избор) во новата RPG авантура, промовирана од независната руска издавачка куќа 1C Company (Фирма „1С“) и произведена од Katauri Interactive, базиран во Владивосток. Со оглед дека станува збор за наслов од 1C, истиот виновник кој незабележливо ни вапоризира неколку месеци од нашите животи со двата фантастични Space Rangers делови и првите продолженија од HARD TRUCK серијалот, знаевме дека нè чека вистински десерт, без разлика што под жанр стои излитеното „RPG авантура.“ King’s Bounty: The Legend е духовно продолжение click ноември 2008 79


на DOS играта од 1990 година - King’s Bounty, дизајнирана од Jon Van Caneghem од New World Computing. Оние кои не гледаат бледо кога ќе им се спомне името „Heroes of Might and Magic“, најлесно ќе ја сфатат есенцијата на играта. Уште од самиот почеток ве пречекува гостопримливото мени кое е некоја мешавина од Warcraft III и StarCraft и ве привлекува што побрзо да кликнете на Start. Можете да се одлучите помеѓу 3 различни карактери, кои воедно ги претставуваат и трите различни класи достапни во играта. Без многу конфузија, тие се едноставно претставени како: warrior, paladin, и mage. Воинот ги фокусира своите способности на чиста брутална сила, пала80 click ноември 2008

динот е баланс помеѓу силата и магијата, односно помеѓу воинот и волшебникот, додека волшебникот се концертира најмногу на спиритуалните моќи. Ваши-

земјата Дарион, каде што владее благородниот крал Марк. Во кралската школа, се спремате за финалниот тест кој всушност

от автор ги помина минативе месец дена како последниов лик (наместо да пишува текстови). Авантурата започнува во

е воведниот туторијал за играта. Откако ќе го завршите (или ќе ја одберете опцијата дека тоа на херој како вас не му е потребно),

ќе се здобиете со почесната титула на кралски трагач по богатства. Главните дејствија започнуваат и се одвиваат на таканаречената светска мапа. Овој искрено огромен свет е составен од дузина меѓуповрзани локации, еден вид континенти, кон кои премините ќе ви се отвораат како што ќе напредувате низ мисиите. Сите движења и интеракции во овој свет се одвиваат во реално време. Исклучително прекрасната графика во која не изостанува елементот на фантазија, на моменти ќе ве остави збунети дали објектот што го гледате е нешто што може да се кликне или, пак, е само уште еден дел од волшебната атмосфера. Низ вашите патувања во оваа огромна земја, ќе се

среќавате со најразлични ликови, пријателски настроени, неутрални и непријателски, кои можат да ви овозможат нова авантура или да бидат само уште една битка до патот кон победата. Дијалозите со другите живи (и неживи) суштества низ кои се водат мисиите и кои изобилуваат во играта, често се интригантни и духовити (се гледа дека се направени од словенски народ и во словенски дух, па ништо чудно да не бидат целосно разбрани од западните народи), и се дел кој ќе допринесе да уживате уште повеќе во самата игра. Иако секој по пат може да има некоја задача за вас, вие одлучувате кои сакате да ги преземете и на кој начин да ги завршите. Овде не важат стандардните правила за до-


брото и лошото, бидејќи добро и лошо не постои! Тоа е само ваше интерпретирање на настаните кои се случуваат, така што вие самите одредувате што е добро, а што не, и одлучувате по кој пат ќе тргнете. Моментот каде што оваа игра навистина блеснува е делот за тактичката борба. Имено, кога на главната мапа ќе се сретнете со некоја непријателска армија, одвивањето на играта се претвора од реално време во наизменично менување на редот помеѓу играчите (или, за оние кои ги иритираат ваквите долги преводи, едно-

ставно кажано turn-based). Тактичката битка се одвива на хексагонални полиња, помеѓу двете армии. Самиот херој не се бори директно, туку преку командување на своите трупи. Тие можат да бидат до пет различни видови, а секоја од нив да има и по неколку стотини единици, во зависност од тоа колку лидерски поени има и колку може да командува одеднаш. Позадината на сценариото е секогаш различна и зависи од местото на светската мапа каде што се започнала битката. Овде веќе навистина влегуваат во игра тактичките способности на играчот, заедно со

видот на единиците кои сте ги регрутирале по пат, вештините кои сте ги научиле и магиите кои сте ги собрале во вашата книга за магии.

*Следува мал спојлер: подоцна во играта ќе се здобиете и со ковчегот на бесот каде што се заробени четири од најдобрите воини во универзумот и, за разлика од магиите за кои ви е потребно мана кога ги употребувате, овие оружја на деструкција тактички ги ослободувате на бојното поле со вашиот бес. Секако, за да можете да ги командувате овие четири воини, иако буквално ги имате во раце, ќе мора најпрво да ги придобиете на ваша страна.

Дека креаторите внимавале на секоја ситница, кажува и фактот што фолдерот каде што се наоѓа самата инсталација на играта, магично ќе ви се промени во знамето на King’s Bounty: The Legend. Сиве овие елементи ја прават да биде игра различна од толпата која ќе ве тера упорно, без да жалите за времето, да се навраќате да откриете уште некое магично место, да победите уште некој непријател и да поминете уште некоја авантура. [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]

ЗАКЛУЧОК Вистинско бегство од здодевните шаблонски игри и успешно оживување и модернизирање на легендарната King’s Bounty. • ОПТИМАЛНА КОНФИГУРАЦИЈА: Процесор: Pentium 4 @ 3 GHz / Athlon 64 @ 2 GHz Графичка: GeForce 7800 или RADEON X850 со 256 MB RАМ RАМ: 1GB, Хард-диск простор: 6GB Оперативен систем: Windows XP/Vista

click ноември 2008 81


click/прашања

ВО следниот број ќе читате:

Што нè очекува во 2009? ВО ПРОДАЖБА ОД 20 ДЕКЕМВРИ ПИШУВАЈТЕ НИ • Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.

КОНТАКТ Васил Ѓоргов 21-2/7 • 1000 Скопје Телефон: 02 32 23 125 Е-mail: redakcija@clickmag.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата

Format Имам сметач стар 3 години и кога го купив работеше супер. Сега сметачот работи многу побавно со истите апликации и игри од пред 3 години. Како да го забрзам?

Linux ISO

AntiSpyware

Имам CD-а на кои има Linux дистрибуции Пишува дека треба во iso формат да ги снимам на оптички медиум за да направам Live CD. Што треба да направам?

Дали можам да пуштам повеќе антиспајвер програми одеднаш?

Oд Едис Мехмедали Здраво пак, Едис! .ISO датотека значи дека тоа е т.н. снимка на диск, т.е. егзактна копија на самото CD. Тоа што ти треба да го направиш е да ја пренесеш таа копија директно на оптички медиум. Тоа се прави на пример во Nero, со тоа што ќе ја одбереш опцијата „Burn Image“ и ќе ја најдеш датотеката. Останатото е исто како да режеш нормална компилација. l

Oд Елена Павловска

Може, но не е препорачливо бидејќи може да си сметаат еден на друг. Сепак најдобри резултати ќе имаш ако ги пушташ да скенираат еден по еден. Бидејќи никој анти-спајвер софтвер не е 100% гарант дека немаш спајвер, проверувај редовно и со антивирусот, а секое сомнително однесување на компјутерот е знак дека нешто не е в ред.l

Од Цуна Савева Компјутерите, ако со време не се форматирани собираат доста т.н. „ѓубре“ и се успоруваат. Најдобар лек за тоа е барем секоја година да ги форматирате и да го реинсталирате Windows, секако со претходно снимање на важните податоци кои не сакате да ги изгубите. Ќе ви одземе малце време или, пак, време на некој што би го сторил тоа за Вас, но потоа ќе увидите голема разлика во брзината. Уште еден совет: не ги инсталирајте сите апликации што сте ги имале, туку само оние што ви требаат во тој момент. Така ќе заштедите и време и простор и брзина.l

Температура Здраво! Можете ли да ми кажете колку изнесува нормалната работна температура на мојот процесор Intel Core 2 Duo Е4300, за графичката GeForce 7600GT и за мојата матична плоча ABIT IB9? Од Вањо Петрушевски Здраво Вањо. Од досегашното искуство со оверклокување (го прашавме и чичко Google да ни каже „у поверење“ за асалните температури за твојот конкретен хардвер) за процесорот се меѓу 40 и 60 степени целзиусови, додека пак, за графичката 50 до 70, но и 80 не е чудно. Температурата на целиот систем е зависна од температурата на компонентите, но треба да биде пониска од другиве

90 click ноември 2008

за да овозможи добро ладење. Сепак, најважното нешто е да се осигураш дека вентилаторите и останатиот систем на ладење функционира како што треба, особено ако ги оверклоклуваш процесорот и графичката. Нивниот живот најмногу од нив и зависи, така што ако слушнеш некое чудно крчење на вентилаторите или добиваш поголеми температури, итно обрати се на некој сервисер. l


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.