Click #15

Page 1

Новиот iPod Shuffle Покомпактен од кога било Број 15 • ЈУЛИ 2009 • www.clickmag.mk

квалитетно

cool-ирање

Волшебна топка во мобилниот телефон Layar & Wikitude - светот преку очите на интернетот

Инсталација на Ubuntu 9.04

ТЕСТ

Call of Juarez Bound in Blood

` Момче за се! Робустен, но крајно флексибилен монитор

AMD - the empire strikes back Троен удар од Канада

Fujitsu Siemens Esprimo P2540

Во секој поглед деловна конфигурација

Гаџети за преживување на жешкото лето Едноставно неопходни

ЈУЛИ 2009 90 ДЕНАРИ

9 771857 598002

15

Изборот на квалитетни солуции за ладење на процесорот е голем - прашање е кој модел да се одбере...

Џон Вејн и Гари Купер


click/содржина/ БРОЈ 15 • ЈУЛИ 2009

12 - 43

ХАРДВЕР

16 Logitech DiNovo EDGE тастатура

Bluetooth тастатура со неверојатно добар и футуристички дизајн

23 DELL E248W монитор

Монитор чиј избор никогаш нема да биде – погрешен!

28 Гејмерска конфигурација од RHS AMD го враќа ударот!

34 D-Link NAS уред

Лесно достапно, но сигурно место за чување на податоци во мрежа

38

Квалитетно cool-ирање

26 NIKON D60 DSLR

Прво скалило на DSLR хиерархијата

Оладете го својот миленик квалитетно 44 - 65

СОФТВЕР

46 Софтвери за дизајнирање на кујни Софтвери за дизајнирање на кујни

51 Текстури во Genetica 3 Kреирање на реалистични текстури

54 NotForMen

Сајт забранет за мажите!

58 Инсталација на Linux Ubuntu Чекор по чекор

62 Глобал Нет Фактури

56

Софтвер за менаџирање на финансиите во компаниите

волшебна топка во мобилниот телефон

Со Layar и Wikitude ќе го видите светот преку очите на интернетот

ИГРИ

66-71

66 Wizard 101

Стани и ти млад волшебник!

68 Call of Juarez - Bound in blood Вестернот никогаш не изгледал пореално

71 Transformers: Revenge of the

Fallen

Мноштво трансформации и забава

РЕДОВНИ РУБРИКИ

71

4

transformers: revenge of the fallen

click јули 2009

5 72 74

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click/вести/

Patriot TORQX 128 GB Една од технологиите што сé повеќе се развива секако се солидните харддискови – Solid State Disk. Паралелно со тоа расте и нивниот капацитет. Patriot TorqX е најнов модел, кој во себе имплементира 128 GB меморија, така што сосема одговара за SoHo конфигурација како системски диск. Капацитетот е изведен преку 8 NAND Flash мемориски чипови, чиј потписник е SAMSUNG. „Мозокот“ на овој уред е Indilinx контролерот, кој за свои потреби располага со 64 MB бафер, чип произведен од Elpida. Компатибилен е со SATA I/SATAII интерфејсите. Брзината на читање (секвенцијална) е до 260 MB/ѕ, а на впишување до 180 МВ/ѕ. Возможно е негово конфигурирање во RAID 0,1 и 0+1 модалитет. Тежи 91 грама. Овој диск го има во три изведби – 64, 128 и 256 GB. Гаранцијата му е 10 години, а очекуваната цена на странскиот пазар помеѓу 349 и 399 $. l

Core i5 на голема врата Новата генерација процесори Core на Intel е „зад аголот“, па затоа производителите на матични плочи не седат со скрстени раце, туку работат со полна пареа на производство на матични плочи предвидени за вградување на овие процесори. Како што е веќе познато, процесорите Core i5 ќе побаруваат ново лежиште – LGA 1156. Досега со свои модели на матични плочи за новата Core i5 палета се појавија ASUS, Gigabyte, MSI, но наскоро свои модели ќе претстават и другите производители. Во рамките на овој број ќе прочитате подетален опис за една компатибилна плоча Core i5 во изведба на Gigabyte. l

HP помага во намалувањето на трошоците на телекомуникациските компании HP ги претстави новите модели висококорпорациски сервери наменети првенствено за добавувачите на услуги и на мрежна опрема. Новата палета ги опфаќа платформата HP BladeSystem Carrier-Grade, серверите HP ProLiant carrier-grade rack-mount и системот за складирање податоци HP Carrier Grade. Овие производи може да се користат во мрежи и за телефонија и за ИТ. Одлика им се повисоко ниво на агилност, поголема брзина и помала потрошувачка, што крајно резултира со намалени трошоци. Платформите HP BladeSystem и HP ProLiant ги користат најновите серверски процесори на Intel, што им овозможува двојно поголема ефективност и повисоко ниво на енергетска ефикасност. Поддржани се низа оперативни системи, вклучително Linux, Windows, HP-UX, OpenVMS и Solaris од Sun Microsystems. Покрај Blade и кабинетските сервери, HP нуди и големо портфолио на телеком софтвер, услуги и интегрирани решенија на 200-те најголеми добавувачи на услуги и на мрежна опрема на светско ниво. l

Нов продажбен салон на Dell квадратни метри се изложени конфигурациите, мониторите и лаптоп-системите на Dell, печатачите на EPSON HP, потоа тонери и кертриџи за сите видови печатачи, како оригинални, така и компатибилни. Изборот на компјутерската галантерија е од палетата на GENIUS, а во понудата се опфатени сите производи што и припаѓаат на оваа категорија. l

На 01.07. годинава е отворен новиот продажбен салон на „Макпетрол“ во кој се изложени производите од палетите на Dell, HP, EPSON и GENIUS. Локацијата е добро позната – зградата пред Олимпискиот базен. Во вкусно уредениот простор на околу 100

click јули 2009

5


click/вести/

Нова плоча за AMD AM3 процесорите Пред самото затворање на овој број пристигна најнова информација која секако ќе ги израдува љубителите на AMD. Зад кулоарите најавуваната матична плоча базирана на AMD 785G/SB710 чипсетите конечно се појави, во изведба на Gigabyte. Кодниот назив на оваа плоча е типичен за Gigabyte: GAMA785GPMT-UD2H (ајде повторете го ова од само едно читање!). Долгоочекуваната нова платформа со интегрирана графика носи низа подобрувања, првенствено во поглед на видеорепродукцијата, како и решение за проблемите со повеќеканалниот LPCM-звук, кои повремено беа присутни. Поддршката за процесорите AM3 е целосна, па може да се рече дека оваа плоча би можела да биде идеален партнер за новиот AMD Phenom II X3 705e процесор. Повеќе детали би требало да следат наскоро.l

Radeon HD 4770 X2 – ќе биде или не? Муабетите што кружеа низ кулоарите за Radeon HD 4770 X2 сепак не се без основа. И покрај тоа што има голем број пречки за скора изведба на ваква графичка картичка (недоволно производство на чипови RV740 и за регуларните картички Radeon HD 4770 и компатибилни графички картички DX11кои ќе се појават речиси истовремено со Windows 7 доцна во октомври), сепак концептот не е отфрлен. Највероjатно, на пазарот би се појавиле по појавувањето на картичките DX11и Windows 7. Според концептот, овие графички картички би имале два

6

click јули 2009

чипа RV740 и 128-битна мемориска собирница. За потсетување, регуларните картички Radeon HD 4770 имаат 640 Stream процесори, 32 текстурни единици, 16 излезни рендерирачки единици и 128-битен мемориски контролер GDDR3/ GDDR4/GDDR5. Препорака од ATi е работниот такт на графичкиот процесор да изнесува 750 МHz, а тактот на меморијата GDDR5 3.200 MHz. l

Аирлија седумка! По неколку најави, Microsoft конечно го обелодени датумот кога ќе почне производството на долгоочекуваниот оперативен систем Windows 7 – 13 јули. Ќе се произведува во три верзии: - Windows 7 Home Premium (Full), по цена од 199.99 $ - Windows 7 Professional (Full), по цена од 299.99 $ - Windows 7 Ultimate (Full), по цена од 319.99 $. Наведените цени важат за американскиот пазар. А кога сме кај него, жителите на САД ќе имаат ексклузивна можност за нарачка на една од трите верзии во претпродажба, со што ќе добијат попусти и до 50 и повеќе проценти. Секоја чест на Microsoft за овој потег. Штета што таква понуда нема да има и за нашиот пазар. l

Нов сајбер-напад против јужнокорејски и американски базирани веб-страници Деветти јули го обележа нов бран сајбер-напади насочени кон многубројни јужнокорејски вебстраници, вклучувајќи го Министерството за одбрана и Националниот разузнавачки центар. При нападот, блокирани беа пристапите и кон веб-страниците на Стејт департментот и Министерството за одбрана. Официјалните извори тврдат дека нападите не резултирале со штети и не биле мотивирани од кражба на податоци. Дали? l


click/вести/

AMD во офанзива! Месец август, наместо мирен летен период, по сé изгледа ќе донесе вистинска бура. Најновиот четиријадрен Phenom II – X4 965 Black Edition ќе се појави на пазарот на 13 август и ќе биде топ-моделот на овој производител. Black Edition е ознака за процесорите AMD со отклучен множител, што ветува добри оверклок можности и експериментирање со крајните можности. Работниот такт на овој процесор ќе изнесува 3.4 GHz, ќе располага со 6 МВ делив L3 кеш и по 512 КВ L2 кеш за секое јадро, што е вкупно 8 МВ кешмеморија. Интегрираниот двоканален мемориски контролер DDR2/DDR3 се подразбира, чипот ќе биде во AM3 форм

фактор, ќе биде компатибилен и со АМ2+ платформите кои поддржуваат 125W потрошувачка на енергија на процесорот. Исто така, ќе бидат поддржани сите актуелни технологии имплементирани во најновите процесори AMD. Вториот налет на бурата, кој ќе се случи на 23 август, ќе го донесе првиот четиријадрен Athlon модел – AMD Athlon II X4 630, со коден назив Propus. Тоа воедно и ќе биде првиот четиријадрен процесор на оваа компанија наменет за мејнстрим-сегментот. Работниот такт ќе из-

несува 2.8 GHz, ќе располага со 2 МВ L2 кеш (по 512 КВ по јадро), а ќе нема третостепен кеш. Малку чудна одлука....барем секое јадро да имаше по 1 МВ кеш на располагање. Од друга страна, ваквата концепција ќе повлече и многу намалена потрошувачка на енергија – само 65W. А како тоа ќе се одрази на перформансите, ќе видиме. И тука имаме мемориски контролер DDR2/ DDR3. Подоцна во текот на есента AMD ќе ги претстави Athlon II X4 моделите 600e (2.20GHz), 605e (2.30GHz) и 620 (2.60GHz), наменети за разни сегменти на пазарот. Нема мирување ни во септември и октомври – пописот новитети ќе го заокружи новиот тријадрен Athlon II X3 модел. Поздрав до Intel! l

Google оперативен систем? Звучи како добра шега смислена од некој кој нема попаметна работа во моментот, но сепак е вистина. Google работи на својот прв оперативен систем за нетбук-преносниците, кој ќе го носи истиот назив како и неговиот пребарувач – Google Chrome. Основната идеја за креирање на овој оперативен систем е да се овозможи непречена

работа на Google Chrome пребарувачот, и ништо повеќе. Тоа би значело дека на тој оперативен систем нема да може да работат Office апликации, игри и сл. Но, изработка на оперативен систем за работа само на една апликација тешко дека е вредна за трудот. Во прилог на тоа говори дека е open source оперативен систем и дека е базиран на Linux. Затоа, оставаме извесна резерва во врска со претходната најава. Впрочем, првата половина на наредната, 2010 година ќе ни донесе одговор на сите прашања. Некако ве-

руваме дека ова ќе биде добар и силен удар врз Microsoft… l

Nvidia преминува на 40nm архитектура Nvidia ги претстави првите графички чипови изработени во 40nm процес, наменети (засега) за мобилните платформи. Прашање на време е кога ќе се појават 40nm моделите наменети за десктоп-системите. Новата мобилна серија носи назив 200М, а чиповите се базирани на актуелната G200 архитектура. Првите модели имаат називи GeForce GT 220 GeForce GT 210. Посилниот модел, GT 220, има работен такт од 615 MHz на

јадрото, 48 Shader процесори, 128-битен мемориски интерфејс кон DDR3 графичката меморија (1 GB) и ќе поддржува VGA, HDMI и DVI интерфејси. Моделот GT 210 е нешто послаб. Располага со 64-битен мемориски контролер, 16 Shader процесори, 512 МВ DDR2 меморија и работен такт на јадрото од 589 MHz. Поддржани се VGA, DVI и Display Port излезни интерфејси. И две картички се DirectX 10.1 и Open GL 3.0 компатибилни и имаат поддршка за CUDA. l click јули 2009

7


click/вести/настани/

РЕМА - ПАРТНЕРСКИ СЕМИНАР ХОТЕЛ „ИСТАТОВ“, ДОЈРАН Во периодот од 15 до 16 јуни годинава во хотелот „Истатов“ во Стар Дојран се одржа Партнерски семинар во организација на „РЕМА компјутери“. Оваа манифестација се одржува периодично во текот на годината веќе неколку години, со цел на деловните партнери на оваа наша компанија да им се презентираат најновите модели производи од палетите на производителите што компанијата ги застапува. Традиционално, РЕМА своите партнерски семинари ги одржува на интересни локации, со што се разбиваат стереотипите карактеристични за манифестациите од овој вид, кои (безмалку) како по непишано правило се одржуваат на две-три локации низ Македонија. Со ваквиот свој пристап, РЕМА на своите партнери им овозможува работниот дел да мине во порелаксирана атмосфера и, што е најважно, од манифестациите да заминат побогати со едно ново искуство и сеќавање за пријатно дружење. На првиот семинар за оваа година учествуваа Samsung, D-Link и INFOSEC, чии претставници низ интерактивни презентации на деловните партнери им ги претставија најновите производи и ги запознаа со сите релевантни поединости врзани за нив. Првиот ден мина во знакот на INFOSEC и D-Link. По уводниот поздравен говор, г.

10

click јули 2009

Арно Фураж од Франција, менаџер на продажба за Источна Европа, низ интересна, концизна и детаљна презентација ги претстави најновите модели уреди за заштита од превисоки напони и струјни удари – Surge протекторите и UPSуредите, како што знаеме, овозможуваат заштита и продолжено време на работа во случај да снема струја. Особен акцент беше ставен на уредите за автоматско регулирање на напонот и уредите за скалабилно зголемување на капацитетот, чија основна намена првенствено се јавните установи. За програмата на D-Link говореа менаџерот на продажба г-ѓа Анелија Чакарова и г. Олег Стојанов, технички инженер од Софија, Република Бугарија. Освен стратегиите и плановите за развој и техничката поддршка, присутните имаа можност од прва рака да се информираат за техничките податоци на најновите производи од палетата на D-Link. Како најинтересни за партнерите се покажаа новите рутери со поддршка на n-стандардот и NAS-уредите за мрежно цен-

трално складирање. Презентацијата на SAMSUNG беше во агендата за вториот ден. Се одржаа две тематски презентации, што ги водеа менаџерите за продажба, г. Еди Ли (монитори) и г. Мартин Ридер (печатачи). Палетата нови модели на монитори на овој реномиран производител привлече големо внимание, особено ако се има предвид фактот за константен пад на цените и достапноста на LCD-мониторите како никогаш досега. Присутните не останаа рамнодушни ниту на галантеријата и моделите на печатачи, кои го бележат истиот тренд како и мониторите. Останатиот дел од двата дена, колку што траеше семинарот, според агендатата беше исполнет со пригодни културно-забавни програми, кои меѓу другото опфаќаа и прошетка низ Стар Дојран и запознавање со неговите знаменитости. Неформалните дружења беа можност за меѓусебно запознавање на гостите и размена на информации и искуства. По завршувањето на работниот дел, деловните партнери имаа можност да ги прикажат своите спортски вештини и квалитети. Резултатот, се разбира, беше во втор план. l


click/вести/настани/

Презентациите одржани во рамките на Партнерскиот семинар беа можност да поразговараме со претставниците на Samsung и D-Link

Македонскиот пазар има голем потенцијал Анелија Чакарова, D-Link

Колку време постои вашата компанија? Нашата компанија е основана во 1986 година во Тајван и досега израсна во милијардерски дизајнер и производител на мрежна опрема, дигитална електроника и продукти за податочна и гласовна комуникација. D-Link е добитник на голем број награди, а вработува преку 2.000 луѓе во 64 земји во светот. Кои држави ги покривате, односно каде имате застапништва? Во Европа, D-Link има 20 канцеларии и е со седиште во Лондон. Регионот претставува една третина од вкупните приходи. Седиштето за Македонија и сите источноевропски земји е во Варшава, Полска. Исто така, D-Link има локални претставништва и во други градови во Полска, Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска и Бугарија. Како го оценувате македонскиот пазар, какви се вашите интереси и од какво значење е тој за вашата компанија? Македонскиот пазар, како еден од брзорастечките и и новоразвиени пазари што избија на површината има огромен потенцијал, и е од голема важност за пласманот на производите на D-Link за источниот дел од Европа. Како дел од комплетната источноевропска стратегија и со помошта на локалните дистрибутери и дилери, многу порасна во последните 5 години.

Колкава е процентуалната застапеност на D-Link во светски и во регионални рамки? Според истражувањата на Gartner, D-Link е лидер во светската продажба на мрежни свич-уреди за мали претпријатија, и во 2008 година тој процент изнесува 32% од пазарот. Или, повеќе од 13 милиони продадени парчиња.Годишните истражувања на Gartner исто така покажуваат дека нашата компанија е на второ место во целосната продажба на свич-уреди на светско ниво со 16,3% кај средноголемите претпријатија и комбинираните мали сегменти. Накусо за поддршката, обуката на кадар и сервисирањето на производите на D-Link? Сите D-Link xStack Managed Switches, Smart Managed Switches и Business Wireless производи имаат ограничена гаранција на почетокот и мора да бидат регистрирани на интернет-страницата на компанијата за целосна поддршка. Сите други производи се покриени со двегодишна гаранција. Во март 2009 година, D-Link го објави D-Link Global Alliance Program (GAP), кој има три области: стратегија, солуција и технологија. Исто така застапниците/дилерите на DLink се задолжени и овластени да го минат онлајн-тренингот и тестирањето и на тој начин да добијат сертификат на D-Link. 6. За крај, збор-два за плановите во блиска иднина? Без обѕир на турбулентните времиња, D-Link и натаму ќе се ангажира и ќе остане на светскиот и на македонскиот пазар, со тенденција за зголемување на уделот на пазарот и продолжување на поддршката на клиентите како и досега. l

Македонија е од големо значење за SAMSUNG

Мартин Ридер, Samsung Electronics

Господине Ридер, како го оценувате актуелниот семинар? Ми се допаѓа атмосферата што владее и навистина сум пријатно изненаден од големиот број присутни гости/ партнери, од големиот интерес. Организацијата е на високо ниво и секако дека оттука ќе заминеме со пријатни спомени и чувство на добро завршена работа. Какво е вашето мислење за македонскиот пазар? Од какво значење е македонскиот пазар за вашата компанија? Македонскиот пазар е од стратешко значење за SAMSUNG. Забележлив е развојот, особено во последните неколку години. И покрај тоа што донекаде заостанува зад хрватскиот или словенскиот пазар, сепак е забележлив трендот на рапиден раст и развој. Секако дека тука имаме интерес. Какво е вашето мислење во поглед на идниот развој на печатачите и скенерите. Како поединечни уреди или како мултифункционални, кои се сé попопуларни и сé почест избор на купувачите? Иднината дефинитивно е во мултифункционалните уреди. Освен пониските цени на овие уреди, што е битен момент, нивни адут се и перформансите што не заостануваат зад единечните компоненти. Сепак, единечните компоненти и натаму ќе бидат присутни на пазарот.

Презентацијата на мониторите беше навистина темелна. Неколку информации во врска со видот на панелите што се вградуваат во мониторите на SAMSUNG? Познато е дека тоа зависи од класата на самите монитори.... Видот на панелите кои SAMSUNG ги употребува најчесто се TN и PVA, а некои употребуваат и cPVA. Изборот зависи од течниот кристал и заднинското осветление, или LCD или CCFL. Збор-два за технологиите што се имплементираат за да се подобри квалитетот на приказ? Технологијата MAGIC е главно тоа што се употребува. Во суштина, тоа е збир на осум наменски техники соединети под едно име. Подетаљно за тоа може да се погледне на сајтот на SAMSUNG. Колкав е уделот на мониторите на SAMSUNG и печатачите на пазарот, во светски и во регионални рамки? За мониторите, уделот е 16,3% на светско ниво, а во Европа процентот изнесува 21,7%. Какви ви се плановите во блиска иднина? Пред сé, фокусирање врз производството на мониторите, имплементација на Green-технологијата (еколошки производи, со намалена потрошувачка, без присуство на елементот жива), потоа на подобрување и поедноставување на конективноста (WiFi, USB, Bluetooth), иновации во дизајнот насочени кон корисникот, тридимензионални монитори со 120 Hz освежување и сл. l

click јули 11


12 13 14 15 16 18 20

KWORLD USB TV тјунер iPod Shuffle Logitech Audio HUB Apacer AS130 и Apacer AH325 Logitech DiNovo EDGE Bluetooth Гаџети APACER DDR 3 1333 tripple channel kit Logitech Harmony One DELL 2208 WFP Fujitsu Siemens Amilo L3220w DELL E248W D-Link DIR-635 Wireless N Broadband Router, D-Link DWA-643 Wireless N ExpressCard, D-Link DWA-645 Wireless N CardBus

21 22 23 24

26 28 30 32 34 35 36 38

Gigabyte P55 UD4P RHS гејмерска конфигурација Fujitsu Siemens Esprimo P2540 MSI EX720X D-Link DNS-323 NAS NIKON Coolpix L20 NIKON D60 Cool-ирање со стил – тема на број

click/хардвер/

Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U Компактен ТВ-тјунер за секаков компјутер

K

World одамна има широка палета ТВтјунери, која неодамна беше надополнета со нова, хибридна серија. Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U е TB-тјунер кој припаѓа на новата серија

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: KWorld www.kworld.com.tw • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Anhoch www.anhoch.com ЗА И ПРОТИВ

на евентуалниот соседен USB-порт. На металиксивото куќиште има три порти: USB, за поврзување со компјутер, антенски приклучок сместен на спротивната страна и странично поставен мал USB-

Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U има хибриден влез, кој му овозможува репродукција на телевизиски сигнал од аналогна и дигитална природа, а исто така има и поддршка за HDTV

 Компактен дизајн  ФМ-радио  Поддршка за дигитална телевизија  Вклучена аналогна антена во пакувањето  Оперативен само преку апликацијата Hypermedia Center ЦЕНА

• 3.480 денари

и изведен е во форма на USB-стапче. Сепак, за разлика од USB-стапчињата, димензиите 325U се нешто поголеми (103 x 30 x 11mm), и припаѓа на групата на USB-уреди кои го узурпираат просторот

ОЦЕНА

8,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Претворете го својот PC во солиден ТВ-приемник.

СПЕЦИФИКАЦИИ

12

ГАРАНЦИЈА

24 месеци

ТВ-ТЈУНЕР

Аналоген (PAL, NTSC, SECAM) и Дигитален (DVB-T)

ФМ-ТЈУНЕР

Да (80 – 130MHz)

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ

Да

КОНЕКЦИЈА

1 x USB, приклучок за антена, S-видеовлез, Compоsite влез, Stereo аудиовлез

ТЕЖИНА

~30g

ДИМЕНЗИЈА

103 x 30 x 11mm

click јули 2009

приклучок кој претставува аудио/видеовлез за сигнали од надворешни уреди како камери, видеорикордери и останати плеери. Пластиката околу антенскиот приклучок е од посебен матерјал, кој лесно ги прима командите од далечинскиот управувач, а исто така тука е сместена и сината сигнална LED-диода. Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U доаѓа во релативно мало, но богато пакување во кое покрај уредот и далечинскиот управувач има и аналогна телевизиска антена со магнетен постамент, FMантена, комбиниран кабел за аудио/видеовлезови (S-Video, Composite, Stereo

Омилените ТВ програми секогаш при рака

Audio), адаптер за кабелска телевизија, продолжно USB-кабелче, упатства за употреба и драјвери. Карактеристично за 325U е неговиот хибриден влез, кој му овозможува репродукција на телевизиски сигнал од аналогна и дигитална природа, а исто така има поддршка за HDTV (доколку е овозможена од теливизискиот провајдер). 325U е опремен со 10-битен аналогно/дигитален конвертор кој нуди одличен приказ на аналогни сигнали што претходно се прочистени преку соодветен отстранувач на шум. Покрај репродукцијата на ТВ-сигнали, 325U репродуцира и FM-сигнали во стандардниот опсег од 80 до 130MHz. Инсталацијата на 325U мора да биде извршена строго според упатството за употреба притоа користејќи ги драјверите што доаѓаат на компакт-дискот, поради тоа што доколку му се дозволи на оперативниот систем сам да го инстали-

ра уредот, истиот ќе биде пријавен како инсталиран, но нема да функционира. Во процесот на инсталацијата, која трае неполни две минути, се инсталира и соодветен софтвер наречен Hypermedia Center, преку кој единствено може да се овозможи репродукција на ТВ и ФМ-сигналите (апликацијата Windows Media Center не е поддржана). Hypermedia Center е апликација која е идентична со Windows Media Center и овозможува снимање на ТВ-видеосодржини, „фаќање screenshots“, преглед на повеќе програми наеднаш, прикажување телектекст и, можеби најважната опција, timeshift со која може да се паузира тековната програма и повторно да се продолжи од истата позиција. Апликацијата има и LiveUpdate-поддршка преку која автоматски се инсталираат соодветните закрпи или новите верзии. l [ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]


click/хардвер/ipod_shuffle/

Нова страница од старата приказна Новиот iPod Shuffle - покомпактен од кога било Најкомпактни димензии од сите досегашни модели

Личи на игла од кравата? Па, би можел да послужи и за таа намена!

П

опуларното iPod Shuffle на Apple од неодамна е во продажба. Прво што паѓа в очи се неговите димензии – одвај е поголем од игла за вратоврска, а драстично помал од стандардна запалка. Симпатиите ги освојува на прв поглед, првенствено поради ултракомпактните димензии. Но и покрај тоа, задржани се основните принципи на Apple во поглед на изработката. Повторно се добива производ произведен според високи критериуми, без разлика што е во прашање најмалиот и најевтин модел на iPod. Куќиштето е изработено од алуминиум, што му дава добра механичка цврстина и солидна заштита од механички влијанија, се разбира, до одредена мерка. На предната страна на самото куќиште нема никакви ознаки ниту што било друго, што би дало до знаење дека се работи за mp3плеер, и тоа од Apple. Се разбира, доколку не ја нанесете налепницата со познатото лого на оваа

компанија, која се добива како додаток на комплетот. На задната страна е штипалката со која може да се прикачи на кој било дел од гардеробата. И нејзините димензии се намалени, така што крајниот впечаток е дека не се разликува многу од игла за вратоврска. Но, во тој поглед, новиот модел е изведен поквалитетно од претходникот. Штипалката подобро држи и по подолго време и нема тенденција да „избега“. На горната страна – веќе видено. Приклучок за слушалки и копчето за вклучување/исклучување и избор на модалитет за репродукција на песните. Кон компјутерот се приклучува преку USBкабел, кој кај новиот модел ја презеде улогата на докинг станица – на другата страна е приклучок, популарниот „џек“, кој кај претходниот модел беше вграден во малата докинг станица. По приклучувањето на оперативниот систем (во нашиот случај Windows XP) веднаш го препозна стариот познаник. Но за

правилно функционирање најнапред е потребно да се преземе и инсталира најновата верзија на iTunes. Понатаму сé е веќе добро познато. Оваа апликација дава целосна поддршка и искористливост на уредот. Колку за потсетување, може да се определи колкав простор од меморијата може да се користи за музика, а колкав простор за чување податоци, правење плејлисти, репродукција на содржините на уредот и ред други опции. И, како и кај сите iPod-модели, музиката ја конвертира во формат препознатлив за уредите на Apple.

механичко оштетување. И, за да се сфати принципот на работа на овој управувач, неопходно е да се консултира кусото упатство. На тој начин ќе откриете дека изборот на наредната песна се врши со двоен клик, а враќањето кон претходната песна со троен клик на средината на управувачот. Држењето на средината на управувачот без прекин вклучува уште една интересна опција – пријатен женски глас ќе ви го каже насловот на песната и името на изведувачот. Нашиот тест-модел беше опремен со сосема доволни 4 GB

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apple www.apple.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Дуна Компјутери www.dunacomputers.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Одличен дизајн и изработка  Функционалност  Голем капацитет  Квалитетна репродукција  Малку невешт управувач  Цена ЦЕНА

• 5.500 денари

Најмалиот iPod е достапен во својата најнова верзија, помал и покомпактен од кога било. Што донесува таа и таква промена? Споредено со претходниот модел, процесот на инсталација и синхронизација на новото Shuffle се одвива далеку побрзо отколку кај претходниот модел. Новина кај новото Shuffle е начинот на ракување со уредот. Командите, кои кај минатиот модел беа сместени на предната страна на самиот уред, сега се вградени во екстерен управувач, кој се наоѓа на кабелот од слушалките. И тој е минијатуризиран, и тоа до таа мерка, па тука би лежела нашата единствена забелешка. Едноставно, не може да се оттргне впечатокот дека при евентуално посилно притиснување на командите нема да дојде до

флеш-меморија. Сосема коректен уред, на кој ќе му забележиме и за цената – 5.500 денари се многу, особено ако знаеме дека за многу помала сума може да се набават mp3-плеери со повеќе можности. Но, тие не се Apple – екстравагантноста има своја цена. l [Зоран Ивановски]

ОЦЕНА

7,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Идеален придружник на патувањата и спортувањето.


click/хардвер/летни_гаџети/

Десетте најпотребни гаџети за преживување на жешкото лето Летото е се потопло и потопло, па токму затоа сите бегаат од градовите и се упатуваат кон плажите на езерата и морињата, а неретко се оди и на планина. Во секој случај за зависниците од технологија подготвивме десет гаџети кои освен тоа што се крајно функцнионални, истите се прилично ‘fancy’.

4

10

. USB вентилатори – едноставни вентилатори за разладување кои своето напојување го влечат од USB портот. Погодни се за поставување особено кога се користат на преносници.

9

. Водоотпорни ќесички за гаџети – се специјално дизајнирани ќесички кои ќе овозможат да влезете во вода со својот омилен гаџет. Не ја оставајте техниката на плажа, понесете ја со себе во вода и зголемете го сопственото и задоволството на оние околу вас. 18

click јули 2009

8

. Безжичен соларен звучник – составен е од два дела: безжичен емитер и звучник. И двата дела имаат вградени соларни ќелии од кои се напојуваат, па токму затоа не мора да се грижите за батерии, бар додека има сонце.

7

. Гардероба со вградено ладење – можеби вентилаторот не е најдобриот моден детал, но можеби најкорисен во топлите лета. Сошиен во маичката или панталоните, обезбедува доволно количество провев што значително ќе го намали потењето.

6

. Водоотпорен MP3 плеер за пливачи –

едноставно решение за досадата при пливање на долги патеки. Гумираниот MP3 плеер и слушалките ќе ви обезбедат задоволство и уживање во пливањето без разлика дали сте на плажа или на базен.

. Електричен тротинет со вграден фрижидер – вградениот електричен мотор од 500W е доволно моќен да пренесе едно лице и вградениот фрижидер до најблиската плажа со максимална брзина од 20km/h.

2

. Bluetooth MP3 наочари за сонце – Наочарите за сонце се неминовен детал, особно во летните периоди. Но, има ли нешто подобро од наочари за сонце со вграден MP3 плеер и слушакли? Да е уживањето поголемо, во истите е вграден и bluetooth контролер преку кој може да се поврзе со компатибилен мобилен телефон.

3

5

. Водоотпорен фотоапарат – најдобрите фотографии скоро секогаш се прават под вода. Понудата од водоотпорни фотоапрати е се поголема, но исто така постојат и соодветни водоотпорни куќишта за одредени модели, па погрижете се ова лето да не останете без ваков уред.

. Ранец со соларни ќелии – Ваквиот ранец сигурно ќе им се најде на оние кои често се на отворено без пристап до електрична мрежа. Истиот може да обезбеди напојување до 12V за уреди како мобилни телефони, MP3 плеери, iPod или GPS уреди со максимална снага до 7W.

1

. Тенда за преносник – дефинитивно избор број еден за сите оние кои на летниот одмор планираат да го понесаат својот преносник. UV зраците не се штетни само по човечката кожа, но додека себеси може да се заштитиме со масло за сончање со висок фактор, единственото нешто што може да го заштити вашиот преносник е посебата тенда за преносници. Истата личи на мал шатор и едноставна е за монитирање. l [ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]


click/хардвер/dell_2208wfp_22”_lcd-монитор/

Момче за се!

Робустен, но крајно флексибилен монитор

D

ell е една од високорангираните ИТкомпании која во својата широка палета производи има и монитори што најчесто се користени од професионалци. Квалитетот на мониторите што ги нуди Dell во комбинација со одличните перформанси се клучните фактори на кои се заснова нивната репутација. Исклучоци речиси и да нема, па таков е и случајот со моделот 2208WFP. Дизајнот е типичен за мониторите на Dell, доминантен постамент на кој е прикачено комбинирано сиво со црно пластично куќиште со остри црти. Неизбежниот детаљ, познатото лого на Dell исто така е присутно, поставено централно при долниот раб, додека на десната страна се поставени малите функциски копчиња. Dell 2208WFP е монитор што располага со два приклучока за влезен сигнал, аналоген VGA (D-SUB) и дигитален DVI-D, кој има поддршка за HDCP (High-bandwith Digital Content Protection). Покрај овие приклучоци, на задната страна се наоѓа и USB-B-приклучок за вградениот USB2.0 хаб, кој има 4 приклучоци. Два од нив се наоѓаат на задната страна и истите ќе завршат голема

работа за поврзување на USB-тастатура и глувче со пократки од вообичаеното кабли. Останатите два се наоѓаат на левиот раб и погодни се за поврзување на USB-стапчиња и слични уреди. Dell 2208WFP, како што веќе кажавме има 22-инчна дијагонала со максимална (природна) резолуција од 1.680 x 1.050 пиксели. Панелот е од TN Film (Twisted Nematic + Film) типот со големина на пиксел од 0,282mm, и се карактеризира со одлична брзина на одѕив на пикселите, 5ms и одлично заднинско осветлување од 300 cd/ m2. Контрастот исто така има висока вредност од 1000:1, а аглите на видливост се во границите на просечните +/- 80 степени

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Dell www.dell.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ЛАНКом Компјутери www.lancom.com.mk ЗА И ПРОТИВ

    

ЦЕНА

• 13.600 денари

Сестран, робустен и беспрекорно стабилен и флексибилен

зглоба и еден лизгач што му овозможуваат четири степени на слобода.

Карактеристично за Dell 2208WFP е неговиот постамент, кој освен што цврсто го држи за подлогата, опремен е со три зглоба и еден лизгач кои му овозможуваат четири степени на слобода по хоризонталната и вертикалната оска. Сепак, тоа што е карактеристично за Dell 2208WFP е неговиот постамент, кој освен што цврсто го држи за подлогата, опремен е со три

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1 година

ЕКРАН

22” (~ 56 cm)

РЕЗОЛУЦИЈА

1,680 x 1050 пиксели

КОНТРАСТ

1000:1

ОСВЕТЛЕНОСТ

300 cd/m2

ОДЅИВ НА ПИКСЕЛИТЕ

5 ms

КОНЕКЦИЈА

1 x VGA, 1 x DVI со HDCP, 4 x USB

ТЕЖИНА

6.75 kg

ДИМЕНЗИИ

511 x 360 x 138 mm

4-портен USB hub Функционален дизајн Добар приказ на бои Остра и јасна слика Teжина

Така, постаментот на Dell 2208WFP овозможува да се нагоди искосеноста, да се смени ориентацијата од хоризонтална во вертикална (landscape во pоrotrait), ротирање леводесно и обратно без да се поместува целиот монитор и висинско подесување без предефинирани чекори низ 10 cm. Поврзувањето е едноставно и во комбинација со автоматските нагодувања, мониторот е подготвен за работа во неполни 3 секунди. Иако не е во можност да репродуцира FullHD-содржини, сепак приказот на боите и острината на сликата се речиси идеалени со мала забелешка кога станува

збор за приказот на сликата која изгледа помалку „изгорена“ при максималните вредности на контрастот и осветлувањето. Сепак, релативно брзиот одѕив на пикселите го прави погоден и за гејминг. Менувањето на ориентацијата од хоризонтална во вертикалана е погодна за оние што најчесто работат со word-процесори, па вертикалната ориентација ќе овозможи доволно голем приказ на една страна на целиот монитор. Тоа што може да се смета како негативна страна на овој монитор е неговата робусност, која е окарактеризирана со тежината која изнесува 6,75kg и големиот простор (511 x 360 x 138 mm) кој го зафаќа на работната маса, но постаментот е тој што овозможува поставување во која било положба без истиот да се помрдне. Во поглед на потрошувачката на енергија, при работа троши околу 75W, додека во StandBy и Sleepмодовите троши минимални 2W. l

ОДЛИЧНО

[ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

Одличен all-around монитор

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

click јули 2009 21


click/хардвер/motherboard_gigabyte_P55_UD4P_LGA1156/

Нов дом за новите процесори Core i5 Долгоочекувана и екстраквалитетна матична плоча

Н

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Gigabyte www.giga-byte.com ЗА И ПРОТИВ

 Суперквалитетна изработка  P55 за новите подножја LGA 1156  Поддршка на CrossFire и SLI  SATA III  Ќе видиме дали има .... !? ЦЕНА

• 150-200 долари

овата програма процесори на Intel која од поодамна се подготвува и дел е пуштена во промет, полека ќе почне со смена на „старата“ постава процесори Core 2 Duo и Core 2 Quad, верувале или не. За таа цел, редно е тие процесори да може да бидат поставени на соодветна матична плоча, која ќе може да ги прифати новите подножја LGA 1156. Покрај новото лежиште, новина на овие процесори е дека ќе бидат четиријадрени со по 8MB cache, TurboBoost и HyperThreading технологии

клучоци со проток од 3GB/s и Matrix Storage Technology 9.0 на Intel за уредување на просторот со податоци со поддршка на RAID 0,1,5 и 10, интегрирана LAN-картичка, интегриран бафер за оверклок и што уште не, за подобрување на работата и уживањето при користење. Поддршката на CrossFire е несомнена, но секако се очекува плочата да биде компатибилна на SLI на nVidia. За звучниот дел, задолжена ќе биде ALC888 интегрирана аудиокартичка на Realtek, кон која ќе може да се приклу-

Нова работа е приклучок за уредите SATA III со проток од 6GB/s, нешто што го имаат само новите SolidStateDrives, а нема да бидат пропуштени ниту приклучоците за FDD, паралелниот и сериски порт како и мемориски контролер DualChannel DDRIII. Процесорите Lynnfield (Core i5) и Havendale ќе може да се набават, едниот од есен, а другиот кон почетокот на идната година. Новиот чипсет Р55 ќе биде замена за малку постариот Р45 со поддршка на една PCIe 16x или две PCIe 8x картички, иако слотовите се 16x, 14 порти за USB 2.0, 6xSATA II при-

чи сараунд сет звучници. Уште една нова работа, а тоа е приклучок за уредите SATA III со проток од 6GB/s, нешто што го имаат само новите SolidStateDrives. Нема да бидат пропуштени ниту приклучоците за FDD, паралелниот и сериски порт. Интегрираниот бафер ќе овозможи подобар оверклок и постабилна работа. Организацијата на

Gigabyte P55 UD4P – дом по мерка за новите Core i5 процесори

приклучоците од страна на производителот Gigabyte била и ќе остане на ниво. Без проблем ќе може да се приклучат повеќе уреди одеднаш и притоа да не се создаде метеж од кабли во задниот дел. Одзади се и приклучоците кон „неизбежните“уреди eSATA. Внатрешното уредување е во препознатлив стил на Gigabyte, како и квалитетната изработка на електронските делови. Сите критични делови (кондензатори) се солидно изработении со декларација за непрекината работа од 6 години и RDS MOSFET, кои ќе ја намалат потрошувачката, а ќе дадат многу повеќе. Додека им помине рокот, сигурно ќе го промените системот барем двапати. Се гледа дека главен акцент е ставен на квалитетната изработка, која се надеваме дека нема да ја премине деклари-

раната цена на светскиот пазар од 150-200 долари. Ладилниците на North Biridge се поврзани како кај сите понови модели на плочи и се со солидно изведено ладење иако тие не се од бакар, бидејќи Gigabyte речиси никогаш не користел бакар. Најверојатно тоа е нивниот придонес кон светската криза за бакар. Новиот сокет LGA 1156 во многу нешто ќе се разликува од „постарите“ сокети. Протокот на информации во значителна мера ќе биде зголемен, со што од таа страна ќе бидат подобрени перформансите на системот. Сé на сé, една многу квалитетна и комплетна матична плоча која ќе ги оправда сите очекувања за неа, но тоа останува да видиме кога ќе пристигне на нашата „операциона маса“, нели!? l [Горан Ставрески]

СПЕЦИФИКАЦИИ ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Подгответе се навреме за новите процесори Core iX .....

26

click јули 2009

Ветувачки - пасивно ладење врз кондензаторите

ПРОИЗВОДИТЕЛ

Gigabyte

ЧИПСЕТ

P55

ПОДНОЖЈЕ НА ПРОЦЕСОР

LGA 1156 (Core i5)

МЕМОРИЈА

DDR III

ПРИКЛУЧОЦИ

2xPCIe 16x, 3xPCIe 1x, 2xPCI, 14xUSB 2.0, 6xSATA II, 2xSATA III, 2xeSATA, 2xLAN, FireWire, 6xAudioOut


click/хардвер/nikon_coolpix_l20/

Впери и сликај! Едноставен и лесен за користење

П

онудата на фотоапарати во компактната категорија веруваме дека никогаш не била поголема. Раст на перформанси, во исто време и пад на цените…едноставно, оваа категорија е популарна како никогаш досега. Nikon L20 е модел што го свртува вниманието кон себе по две основи. Прво, според својот модерен изглед и второ – поради популарната цена. Но, тоа не му се сите адути. Дизајнот е стандард за оваа категорија. Умерена заобленост и лакирано пластично тело во бордо боја – дали акцентот е кон

покажува дека е ориентиран кон почетничката категорија. Единствено нешто што е оставено на корисникот, покрај видеомодот е нагодувањето на блицот, компензацијата на експозиција, макромодот и тајмерот. Квалитетот на снимените фотографии е компензација на недостиг од мануелни опции. Автоматиката очигледно е внимателно програмирана, така што предефинираните модови коректно си ја извршуваат функцијата. Тоа особено важи за модот Easy Auto, кој во зависност од сцената го

Nikon L20 е модел со крајно поедноставено ракување, што недвосмислено укажува на целната категорија корисници. За среќа, тоа не е на сметка на квалитетот на фотографиите. понежниот пол? Распоредот на команди е стандард, како и екранот со дијагонала од 3“. Сензорот овозможува снимање на фотографии со максимална резолуција од 10 мегапиксели. Оптичкиот зум изнесува 3.6х. Менито е крајно едноставно. Нема напредни опции што се оставени за нагодување, освен вклучување или исклучување на асистенцијата при автоматското фокусирање. Изборот на автофокус мод не е можен, и зависи од предефинираните сценски модови. Впрочем, и снимањето на фотографии се одвива исклучиво преку овие модови, или се остава на автоматиката сама да се погрижи за сé. Тоа недвосмислено

избира вистинскиот мод од 16-те преддефинирани. Не е изоставена ниту опцијата за детекција на насмевка, што очигледно станува неизбежна во оваа категорија фотоапарати. А кога говориме за детекцијата, интересна опција е Blink warning – доколку некој

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Nikon www.nikon.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: REFOTM www.refot.com ЗА И ПРОТИВ

NIKON Coolpix L20 допадлив изглед и уште подопадлива цена

трепне при снимањето и е снимен со затворени очи, алгоритaмот на оваа опција го препознава „натрапникот“ и пред да ја сочува фотографијата во меморија ќе постави прашање – дали некој на фотографијата трепнал? Макромодот овозможува снимки богати со детали, снимени на растојание од само неколку сантиметри. Спротивно на него, модот за снимање објекти во движење би можел да биде и подобар. Опцијата за стабилизација е софтверска, но сепак значително ги елиминира последиците на немирната рака. Панорамско снимање е една од преддефинираните опции. Фотографиите снимени во овој мод се обележуваат на соодветен начин, а нивната монтажа

Едноставното ракување и целосно автоматизираните опции не се на сметка на квалитетот на фотографиите

се врши преку софтверот кој е приложен во комплетот со апаратот. Видеоклиповите снимени со овој апарат се зачувуваат во AVI мод. Можни резолуции се 640х480 пиксели при 30 слики/сек. и 320 х 240 пиксели при 30, односно 15 слики/сек. Интерната меморија овозможува снимање на максимално 2 фотографии на највисока резолуција, затоа е неопходно да се размислува за набавка на мемориска картичка SD. Како подарок со овој фотоапарат се добиваат Sanyo полнач и две Sanyo Eneloop хибридни батерии за полнење, кои се карактеризираат со повисоки перформанси во поглед на бројот на снимени фотографии со едно полнење. Втора карактеристика е што самопразнењето на овие батерии процентуално е далеку помало во споредба со стандардните и алкални батерии. Nikon L20 веројатно е еден од најевтините компактни модели достапни на нашиот пазар. Но, не и на сметка на квалитетот на фотографиите, кој за оваа категорија фотоапарати е на мошне високо ниво. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

 Дизајн  Добро калибрирани автоматски модови  Едноставност на ракувањето  Добар квалитет на фотографиите  Цена  Отсуство на мануелни опции  Недоволно добро снимање објекти во движење  Мала интерна меморија ЦЕНА

• 7.990 денари

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Во секој случај, добар однос на вложено / добиено.

click јули 2009 35


click/софтвер/

Преглед на софтвер за дизајн на кујни Бидете сам свој мајстор!

Л

ето е време кога обично дома се работат крупни или големи зафати во доменот на реновирање или обновување одделни сегменти или реони во домот. Ако се прашувате како и во кој домен компјутерите или во нашиот случај компјутерското списание може да ви помогне за да ви ги олесни горенаведените зафати, одговорот е: Можеме да ви помогнеме на тој начин што ќе ви посочиме две софтверски апликации кои ќе ви помогнат во дизајнирањето на вашата нова кујна. Секој од нас во глава има некаква визија како треба да изгледа новата кујна, која боја треба да преовладува, какви рачки да се постават или во кој дел да се лоцира фрижидерот, а каде работната површина. Верувајте, прашања и опции има милион и 46

click јули 2009

голема помош можете да најдете во апликацијата што сето тоа што го имате во вашата глава ќе успее да го визуализира и да ви го претстави како тоа во суштина ќе изгледа кога ќе биде готово. Кога барем на екран или на лист хартија го имате готовиот производ (додуша во виртуелна форма) лесно ќе можете да ги согледате недостатоците или пропустите, нормално доколку ги има. Во компјутерската симулација лесно можете да правите промени без да ризикувате уништување на некои градежни материјали и со самото тоа зголемување на трошоците на операцијата што е пред вас. Постојат само неколку предуслови за користење ваков тип апликации, значи прво и основно мора да бидете сигурни во кој правец ќе се движите, значи да генерализираме

малку - постојат две основни варијанти. Или имате во глава слика како сето тоа треба да изгледа или, пак, барате идеја за тоа како сакате да изгледа вашата нова кујна, во двата случаја пристапот е различен. Значи, или адаптирате готов дизајн или креирате свој. И уште една битна работа, а тоа е дека треба да се совлада апликацијата што ќе ја користите, значи џабе ви е најдобриот компјутер и најдобрата апликација во пакет ако не знаете како да ја користите. Во следните неколку реда ќе ви претставиме релативно едноставни и во прва рака бесплатни апликации што лесно ќе ги совладате и се надевам ќе ви помогнат во вашата домашна задача. Kitchen Draw 5.0 (www.ktichendraw.com ) Моќна алатка за

дизајнирање виртуелни кујни, одлично конципиран интерфејс, лесен и интуитивен за користење.Оваа апликација е најдобра од сите што имав можност да ги погледнам и да ги анализирам. Главната Во компјутерската симулација лесно можете да правите промени без да ризикувате уништување на некои градежни материјали и со самото тоа зголемување на трошоците на операцијата што е пред вас.

идеја кај оваа апликација е овозможување на корисникот со едноставно редење на компоненти (drag and drop style) да прави свои дизајнирани кујни, кои потоа од виртуелни може

да ги материјализира, нормално ако му се допаднат. Покрај можноста сами да креирате за себе, тука е и бизнис-опцијата која доколку ги поставите вредностите на компонентите како што треба, можете да направите комплетни понуди за секој дизајн на кујна за кој ќе посакате. Апликацијата работи едноставно и потребни се неколку часа на користење за да ја совладате. За почеток потребно ви е да ја внесете димензијата и тлоцртот на вашата кујна, потоа да одберете боја и стил што ќе го аплицирате на надворешните сегменти (вратички, рачки и други елементи) и можете да почнете. Од десната страна можете да одберете кој тип елементи ќе ги поставувате, а потоа од тој тип имате еден куп различни опции. Опциите се разликуваат по ширина, број на фиоки


click/софтвер/

Kitchen Draw – Извонредно прецизно редење на елементите, со димензии и називи на елементот

Kitchen Draw - Откако ќе завршите со изборот и распоредот на елементите, нивниот изглед може да се погледне во 3Д

Kitchen Draw – Конечен, 3Д изглед на вашиот труд

или број на вратички. Кога ќе ја одберете саканата компонента, со едноставно влечење на истата можете да ја поставите на точната локација на нацртот. Имате можност покрај кујнските елементи да ги поставите електричните апарати (фрижидер, шпорет, машина за перење садови) и вратите и прозорците на самата кујна. Кога ќе поставите сé како што сакате, можете да ја прегледате кујната во 3D-варијанта, односно да ја поставите точката од која ќе гледате. Наведени

се и димензии на елементите, а истите можете да ги менувате во зависност од потребата и идејата како сакате да изгледа вашата кујна. Откако ќе завршите со првиот дел од работата, изборот и редењето на елементите, можете и да ја изрендерирате сликата за да видите како изгледа во 3D. Верувајте дека сé изгледа толку реално што едноставно со печатење на овие нацрти можете да ги искористите истите за правење на самите елементи. Голем плус кај оваа апликација е можноста за

работа како во stand alone мод, така и во мрежа, оваа опција овозможува повеќе луѓе да работат на еден проект. Исто така, како и повеќето други апликации, така и оваа не е ограничена на креирање само планови на кујни (иако името води кон тоа), тука постои можност за креирање бањи, дневни соби, дворови и други соби. На крајот на краиштата, со малку имагинација можете комплетно да го реновирате или редизајнирате целиот стан. Сé што ви е потребно е доволно време и трпение додека да ја совладате апликацијата, потоа само небото е лимит. Од страна на лиценцирањето, редно е да споменеме дека оваа апликација има можност за 30 часа бесплатно користење на истата, сето потоа се наплаќа по час користење и тоа 3,5 долари по час. И не така висока цена доколку почнете да заработувате со истата. Smart Draw 2009 (www.smartdraw.com) Едноставно, лесно и брзо се основните карактеристики на оваа апликација. Smart Draw 2009 е апликација што се користи за цртање проекти, не само на кујни туку и на многу поголеми проекти. Во волшебникот имате опција да правите план од кујна, преку дневни соби, станови, па сé до тлоцрти на ресторани и хотели. Оваа апликација е направена по примерот на MS Office 2007, па поради тоа е и многу лесна за учење и работење. Нема можност за преглед во 3D-варијанта, но од друга страна има можност за експортирање на направеното во повеќе разни типови датотеки. Покриени се сите office-апликации како и сите формати на слики. Едноставноста на користење е слична како и кај претходно опишаната апликација, екранот што го имате пред вас е поделен на три дела, горниот преставува лента со алатки, а под него од левата страна

Постојат само неколку предуслови за користење ваков тип апликации Прво и основно мора да бидете сигурни во кој правец ќе се движите, значи да имате во глава слика како сето тоа треба да изгледа или, пак, барате идеја за тоа како сакате да изгледа вашата нова кујна и, најбитното, да ја совладате апликацијата што ќе ја користите!

е библиотеката со симболи и помошникот кој се нарекува smart panel, додека целата друга површина претставува алтернатива на цртачки блок, односно дел на кој вашите скици оживуваат и се формираат во целосни проекти. Оваа апликација се инсталира на малку поинаков начин од да речеме стандардните инсталации, значи од интернет не преземате комплетен инсталациски фајл, туку се презема една мала датотека што кога сакате да ја инсталирате апликацијата се стартува и истата проверува кој оперативен систем се користи на компјутерот и

според таа информација ја презема потребната верзија на апликацијата и потоа ја инсталира. Сé на сé лесна и кориснички богата апликација, која лесно се совладува и потоа следува сериозна работа со истата. Исто така, доколку повеќе се задлабочите во оваа апликација, ќе видите дека истата сé повеќе личи на MS Visio, многу дополнителни можности само чекаат да бидат искористени. Апликацијата има бесплатна варијанта што трае 7 дена и потоа, доколку ви се допаѓа, ќе треба да издвоите околу 197 долари. l [Иван Јанкијевиќ]

„Windows like“ работната околина на Smart Draw помага програмата лесно да се совлада.

Smart Draw нема тродимензионален приказ, но овозможува експортирање во различни формати

click јули 2009 47


click/софтвер/photoperfect

PhotoPerfect

Откријте ја убавината на вашите дигитални фотографии ИНФО

• НАСЛОВ: PhotoPerfect • ИЗДАВАЧ: Arcadia Software AG • ЛИЦЕНЦА: Basic верзија 59.99$, premium верзија 129.99$, 269.99$ ultimate верзија • ПЛАТФОРМА: Windows 2000, XP, Vista • URL: http://www. arcadiasoftware.com/ ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен и интуитивен за работа  Уредна и пријатна корисничка околина  Мултифункционален  Цената

В

о денешно време, кога речиси секој поседува дигитален фотоапарат, се појавува потреба од софтвер со кој ќе може да се подобруваат или поправаат веќе направените фотографии. За таа цел креиран е PhotoPerfect, апликација што може да му се најде на секој корисник кој се занимава со фотографирање. Како една од клучните алатки што ги нуди PhotoPerfect е автоматската оптимизација на дигитални фотографии. Тоа значи дека со само еден клик ќе може да ја оптимизирате која било дигитална фотографија со помош на вклучениот алгоритам Xe847, како и напредна оптимизација со дополнителните plugинови - i²e, Xe847 ProPlus или Perfectly Clear (вклучувајќи автоматско пронаоѓање и отстранување на red eye несакани ефекти). Секако дека освен автоматското коригирање, понудени се основни алатки со кои рачно ќе може да

Педантно распоредени алатки за работа околу прегледникот на фотографии. Корисен детаљ – хистограм.

тографија. Во PhotoPerfect има интегрирано опција со која може да се нагоди сатурацијата, но и да се направи ретроспективна контрола на белата боја, баланс и температура на бојата, па дури и намалу-

Во PhotoPerfect има интегрирано опции што помагаат во коригирањето на снимените фотографии. Автоматските користат дефинирани алгоритми, а доколку корисниците сакаат самите да експериментираат, на располагање им стојат рачните опции.

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

MНОГУ ДОБРО Photoperfect е апликација која нуди сет од повеќе професионални алатки за уредување на сите ваши дигитални фотографии.

48

click јули 2009

се подобри квалитетот на фотографиите. Достапна е опција со која ќе може да се регулира светлината, како и контрастот. Доколку блицот бил пресилен, тоа може да се коригира со опцијата токму за таа намена, како и можност да се осветлат темните делови од одредена фо-

вање на шумот. Доколку се појави потреба од додатни корекции на одредена дигитална фитогеографија, тоа може да се стори со напредните алатки за таа намена. Една од таквите алатки овозможува изострување на фотографијата. Со band-филтерот може да

се отстрани симетричната дисторзија. PhotoPerfect подржува 16 битни RAW и TIFF екстензии, што значи дека дозволува импортирање и изменување на фотографии снимени во RAW формат. Апликацијата има вградена интелигентна ретуширачка функција со четки за поправање, но и бришење. Екстензијата MonochromiX служи за напредна црнобела конверзија. Може да ги генерирате, измените и зачувате Exif како и IPTCинформациите. Автоматски може да се намали ефектот Vignette или да се поправат конвергирачките линии. Печатењето на фотографиите е значително олеснето со предефинирани темплејти, што значи на едноставен начин може да се печати одредена постерска или панорамска фотографија на повеќе страни или неколку фотографии на само еден лист. Во PhotoPerfect има

интегриран енџин за VB и Java-скрипти. Апликацијата има поддршка за Photoshop компатибилни додатоци, како и macro функционалност. Нативниот скиптирачки јазик е PPScript, кој има повеќе од 250 расположливи команди. Со помош на скрипта може да се процесираат поголем број фотографии одеднаш. Како и секоја алатка од ваков тип, на располагање се и дополнителни опции за манипулација со фотографиите, кои ја елиминираат потребата за користење дополнителен софтвер: ставање рамки околу фотографиите, креирање слајд-шоу, прегледувач, опција за испраќање на фотографиите преку имејл, а тука е и GPS-поддршката која овозможува внесување на GPS-информации од NMEA трак-листа. l [Саша Лилчиќ]


Џон Вејн и Гари Купер

СЦЕНАРИО

Вестернот никогаш не изгледал пореално

Р

етко кога може да се каже дека игра од Ubisoft не е добра. Уште пред две години, Ubisoft и Techland ја донесоа на свет играта Call of Juarez. Досега не излегла игра со таква интересна те68

click јули 2009

матика, што е факт уште повеќе, нема многу игри со призвук на Дивиот Запад. Ќе излезе дека нема да биде погрешно ако се каже дека е можно да излезат повеќе игри на слична вестерн-тематика

од други резвојни куќи, бележејќи го успехот и популарноста на претходниот дел од оваа игра. Колку за потсетување за оние што ја играле играта, се работи за играње во прво лице

Реј и Томас Мекол, двајцата браќа во виорот на Конфедерациската војна пребегнале да ги заштитат своите семејства од војската на Унијата. Доаѓајќи на местото на настанот, заклучуваат дека пристигнале доцна и го наоѓаат својот имот ограбен и опустошен. Стануваат прогонувани од својот командант заради дезертирање од армијата.

(FirstPersonShooting-FPS) во амбиент на Дивиот Запад, каде што се игра со повеќе ликови во разни делови од играта, во една поврзана приказна. Приказната таму

ја прераскажува младиот полуиндијанец, но гледана е од две перспективи: на позитивен лик и на негативно-позитивниот лош свештеник (пречесниот Реј) што го гони заради


click/игри/call_of_juarez_ bound_in_blood/

убиство на татко му, брат на „свештеникот“. Секако, златната треска во граничниот дел на дивата Америка и Мексико е присутна како тенка жица низ целата приказна. Во новиот дел од играта, дејствието не е стандардно како во претходниот дел, односно не продолжува приказната таму каде што застанала, туку се случува неколку десетини години порано. Приказната е испреплетена со многу интриги кон одмаздата и проклетото богатство во комплетна вестерн-атмосфера, повторно на речиси истиот дел од Америка. Дејствието на играта ќе се менува сукцесивно од ликот од претходниот дел, Реј и Томас Мекол, двајцата браќа во виорот

својот командант заради дезертирање од армијата. Во тоа бегство, Томас се сретнува со многу шерифи, заменици и Индијанци Апачи од кои мора да пронајде излез. Еден од излезите, Томас го наоѓа во друштвото на мексиканскиот бандит Хуан и неговата љубовница Мариса, мајка на неговото идно дете (што го видовме во претходниот дел на Call of Juarez). Во потрагата по лесна заработка, Томас дознава од Мариса за проколнатото злато на морепловецот Кортез. Приказната е комплексна и ги открива сите тајни што во првиот дел останаа мистерија, а сепак на крајот излегува како целосна добропрераскажана приказна. Прераскажувањето е

Еден од излезите од тешката ситуација, Томас го наоѓа во друштвото на мексиканскиот бандит Хуан и неговата љубовница Мариса, мајка на неговото идно дете на Конфедерациската војна кои пребегнале да ги заштитат своите семејства од војската на Унијата. Доаѓајќи на местото на настанот, заклучуваат дека пристигнале доцна и го наоѓаат својот имот ограбен и опустошен. Барајќи ја среќата на друго место за да можат повторно да го изградат своето живеалиште, стануваат прогонувани од

од страна на Вилијам Мекол, таткото на Реј и Томас, кој го информира играчот за сите детали додека се лоадира секој дел од играта (слично како првиот дел). Доколку не сте го играле првиот дел, може слободно да го заиграте овој дел, без да бидете изгубени во играта (но, незаборавајте да го заиграте и првиот :-) ). Стилот на играње не е многу променет, со

тоа што има неколку нови потези и секако начинот на кој играте во карактерите, ќе се менува како што го менувате карактерот. Тоа што важеше претходно за Реј, ќе важи и понатаму, значи двобои со молскавична брзина (Матрикс-ефект, кој за среќа е добро изведен), а и борбата со него ќе биде полесна. Томас ќе треба да се снаоѓа со помошни објекти и разни динамити, лесни пушки и стрели со краток дострел, бидејќи не е вешт пиштолџија како својот постар брат, но многу полесно ќе може да се снајде со пречките на патот отколку „идниот“ реверенд Реј. Интересна е употребата на ласото (тоа што во првиот дел беше бичот за младиот полуиндијанец) за совладување на пречките. Иако реша-

вањето на противниците е за нијанса полесно со постариот брат, со мала доза вежба со огнено оружје, многу лесно ќе може да ги совладате негативците во играта. Тоа што ја прави играта „тешка“ за играње е неверојатната прецизност на противниците од далечина, како и нивната молскавична брзина на повлекување на оружјето, но од друга страна олеснето со нивната помалку глупава вештачка интелигенција. Затоа Реј ќе биде тој што ќе влегува во директни конфликти со противниците бидејќи носи на себе и armor - железна плоча на своите гради, а Томас е тој што ќе може да им се приближува речиси нечујно до нив и од зад грб да ги решава проблемите дали со голи

ИНФО

• Call of Juarez • ПРОИЗВОДИТЕЛ: Ubisoft и Techland •ИЗДАВАЧ: Techland • Развој: Ubisoft • жанр: Western FPS • ПЛАТФОРМА: PS3, PC • URL: www.callofjuarez.com ЗА И ПРОТИВ

 Прекрасна DX10 околина  Bullet-time дуели  Повторо сме позитивни негативци  Супер графика  Трудот од првиот дел се исплатеше  Мал број на ликови во играта  Преголема брзина на играње и кратка игра

ОЦЕНА

МНОГУ ДОБРО

click јули 2009 69


click/игри/call_of_juarez_ bound_in_blood/

раце (непрепорачливо) или со нож и другото stealth оружје, стрелата (препорачливо). Наша препорака е да ја играте играта така како што е замислена од развојниот тим на Techland, бидејќи може да се случи да се промаши некој интересен дел при играњето. Новина во овој дел е дека играчот ќе има слобода на избор на карактер за секој дел од приказната, но нема да биде иста патеката на движење на двата карактера, без разлика кој ќе биде одбран. Стилот што повеќе ќе го преферирате, ви стои на располагање. Ние го одбравме „пречесниот“ Мекол во поголемиот дел од играта, бидејќи сакавме малку повеќе акција гради-во-гради со противниците и малку повеќе чувство дека се наоѓаме барем за дел во таа варварска околина. Интересните новини за разлика од другите игри немаат крај. Само ќе напомневме дека оружјето (исто како во првиот дел) ќе биде потрошно, така што нема да можете да ја завршите играта со само еден пиштол или пушка, туку ќе мора да пронаоѓате некои помал70

click јули 2009

ку истрошени парчиња оружје од паднатите противници и да го менувате. Концентрацијата за брзо влечење на оружјето ќе мора да ја градите со елиминирање на противниците, сепак таа нема да трае вечно за да не се дозволи во играта да станете Billy The Kid или Wild Bill Hickok. Дуелите нема да бидат изоставени ниту во овој дел, бидејќи претставуваат интересен дел од самата игра. Секако, противникот ќе биде најдобриот пиштолџија од градот, така што повежбајте пред огледало дома на брзо влечење и пукање. Битен елемент за успешно поминување на тие делови е да се потрудите да ги избегнувате куршумите на противникот со навалување на карактерот лево и десно. Групното играње (multiplayer) ќе биде само една продолжена рака на првиот дел, така што некои посебни други новини нема да најдете тука. Без грижи, забавата и уживањето во Дивиот Запад нема да изостане. Играта се одликува со

многу добар gameplay, интересна и испреплетена приказна, прекрасно преставени карактери и околина, која не е иста на ниедно место во играта. Момците од Techland се потрудиле на тој дел, како и на имплементацијата на засенчувачите во околината, сенките, светлото, slow-mo пукањето и елиминацијата на противниците, речиси добра физика и непреголемата побарувачка на хардверски карактеристики. Малку е посветено внимание на лицата од противниците, како и на бројот на лицата, така што многу лесно може да се случи да се најдете гради во гради со ликот (под друго име, нормално) што претходно сте го пречкртале од списокот со живите. За играње ќе ви биде потребна понова машина и графичка картичка што ќе извади повеќе fps-а, за мазно играње во деловите во кои има повеќе непријатели и дуели. Тоа е нормално со секоја нова игра. l [ИВАН МАНЧЕВСКИ]

ЗАКЛУЧОК Ако се прави продолжеток на игра, не значи дека треба да краток. Кога ли тоа ќе го разберат производителите на игри...?



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.