Click #20

Page 1

Nokia E72

Бизнис и само бизнис! Број 20 • декември 2009 • www.clickmag.mk

најважните производи и услуги

кои ја

одбележаа

2009-та + >

најава за новите производи и технологии кои може да ги очекуваме во 2010-та

декември 2009 90 ДЕНАРИ

Samsung SMX-K40LP

Lifebook T1010

Disk & Video Station

Тест на конфигурации

Добијте многу повеќе отколку што сте платиле

За студенти што сакаат да бидат оригинални

Моќен систем за надзор на Synology

Составете сами евтина гејминг конфигурација

20



click/вовед/

БРОЈ 20 • декември 2009 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК јулијана прчковска julijana.prckovska@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Јулијана Прчковска julijana.prckovska@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Зоран Ивановски • zoran.ivanovski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Саша Лилчиќ • sasha.lilcic@clickmag.mk Александар Балаловски • aleksandar.balalovski@clickmag.mk Чедомир Димитровски • cedomir.dimitrovski@clickmag.mk Владо Апостолов • vlado.apostolov@clickmag.mk Благој Капсаров • blagoj.kapsarov@clickmag.mk Јазичен соработник Милена Манчиќ Пауновска • milena.paunovska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Кристијан Ивановски kristijan.ivanovski@gmp.mk Печатено во: „Пропоинт“, Скопје Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk Елена Бојаџиева • elena.bojadzieva@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 5 209 704, +389 (2) 5 209 705 Е-mail: redakcija@clickmag.mk СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

Дечкото, девојката и љубовницата во обид Стариот волк Rupert Murdoch имаше се што и беше потребно на младата и згодна агрегаторка на вести Google News. Весници, списанија, ТВ станици и многу многу вести. Затоа девојката решително влезе во врска со постариот господин и содржините на News Corp им ги раздели на сите нејзини фанови. На почетокот, некаде во 2007 година, Rupert Murdoch изјавуваше дека е пресреќен поради оваа врска и дека се надева дека таа ќе биде долга и стабилна. А зошто и не би била? Милиони корисници секојдневно да ти ги читаат вестите и не е мала работа. Но, со почетокот на рецесијата и драстичниот пад на продажбата на рекламен простор започнаа и проблемите во љубовта, кои во изминатиов период ескали-

ќерката од потенцијално опасната врска и да и вети дека набрзо ќе и најде нов дечко. И додека ние нагаѓавме кој на кого ќе му раскине, колку и да изгледаше неверојатно Murdoch и Google најдоа заеднички јазик и направија компромис. Во духот на досегашната новела би рекла, се договорија дека сеуште ќе бидат дечко и девојка, ама публиката ќе може да ги гледа бесплатно само пет пати на ден. После тоа, пари на рака вести на екран. Претставени на ваков начин, работите изгледаат многу смешно. Но, мора да бидеме свесни дека по овој случај, интернет каков што го знаеме веќе не постои. Се поголем број на компании посебно од издавачката дејност ќе почнат да наплаќаат за преглед на нивните содр-

Google и Murdoch сеуште ќе бидат дечко и девојка, ама ќе ги гледаме само пет пати на ден раа со неколку јавни скандали. Имено, фраерот Murdoch дојде до заклучок дека девојка му, всушност му ги крадела вестите и на негов грб си правела кариера. Како одговор на обвинувањата, девојката изјавуваше дека таа му генерирала многу нови читатели, само што тој не бил доволно паметен да го искористи нивниот потенцијал. И за да се зачини сапуницата уште малку на сцената влетува и нов лик. По легендарната изјава на Murdoch дека Google ги краде нивните вести и дека News Corp почнува да креира политика на плаќање за читање на нивните содржини, започнаа шпекулациите дека во игра влегува нова девојка, полна со пари и подготвена да плати се што треба, само да добие на популарност. Јасно, новата девојка е Microsoft односно нивниот пребарувач Bing. За среќа се работеше само за шпекулации, бидејќи, да беше ова вистина, ќе беше една од најголемите глупости кои оваа компанија ќе ги запишеше во своето портфолио. Во меѓувреме јавноста е дигната на нозе. На големо се расправа за тоа дали стариот играч треба да покаже заби и да и “раскине” на младата агрегаторка на вести, или пак Google како добар родител треба самоиницијативно да си ја повлече

жини, но ќе се појавуваат и голем број на нови компании кои ќе нудат исклучиво бесплатни содржини. И многумина ќе се запрашаат каде е тука проблемот? Проблемот е во релевантноста на информациите кои ќе ни бидат понудени, а признавале ние или не, тие информации го креираат нашето мислење и нашиот став. Како што во неколку наврати изјави Murdoch зад вестите кои ги презема Google стојат новинари со кредибилитет. Стои екипа на луѓе кои одговараат за она што е напишано со име и презиме. Пренесувајќи ги вестите преку агрегат читателите, се помалку имаат претстава какви се вистинските весници од кои ги добиваат информациите, кои се нивните концепти и уредувачки политики и кои се авторите кои ги пишуваат тие вести. Од друга страна пак ваквиот начин на дистрибуција на вести на издавачките куќи потенцијално може да им донесе голем број на нови читатели. Штосот е во тоа дали се тие спремни да го искористат ова како адут пред рекламните компании и на оваа основа да привлечат поголем број на огласувачи. За жал овој случај покажува дека не се.


click/содржина/ БРОЈ 20 • декември 2009

14 - 37

ХАРДВЕР

15 тест на конфигурации Гејминг во буџет-категоријата

19 fujitsu siemens lifebook t1010 Се што му треба на еден студент

22 HP photosmart lineup Трите браќа од НР

30 Synology disk & video station Комплетен систем за надзор

34 nikon coolpix s1000pj

Првата камера со вграден проектор

24

nvidia ion

38 - 65

СОФТВЕР

Кога nVidia ќе замеша прсти...

` чека 38 што преживеавме, и што не По што ќе ја паметиме 2009та, и што ќе ни донесе 2010та

45 апликации за мобилни уреди

Софтверски решенија што може да ги инсталирате на својот телефон

50 mozilla thunderbird Се разбуди заспаниот џин

52 roxio creator

Предизвик за вашата креативност

62 холивуд против торентите

40

Не може да се уништи бесплатното интернетсподелување

Roxio creator

ФЕЉТОН

Другото Nero со нова верзија на своите алатки

66 - 67

66 ЅАр AG

Лидерот на полето на софтверски бизнис-решенија

ИГРИ

68 - 71

68 king arthur

Стратегија со RPG елементи

70 colin mcrae: dirt2

Возењето рели никогаш не било толку забавно!

71 torchlight

Изберете карактер и одредете ја тактиката за борба

70

colin mcrae: dirt2

Одличен продолжеток на серијалот „Colin McRae“, кој оддава почит на легендарниот возач 6

click декември 2009

РЕДОВНИ РУБРИКИ 7 72 74

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click/вести/

Windows XP на мобилен Денешните паметни телефони во голема мерка ги надминуваат капацитетите што некогаш ги имаа лаптопите. Па, сепак, и покрај големата процесорска снага што ја имаат мобилните телефони, по правило кај нив се користат специјализирани оперативни

системи приспособени на нивните платформи. Но, работите полека се менуваат. Компанијата ViewSonic, позната по производство на квалитетни монитори, најави дека сериозно размислува да навлезе во ново поле на работа и да почне да произведува телефони што ќе го користат стандардниот Win XP. Првиот телефон што ја носи ознаката PC Phone VCP08 во

себе ќе има вграден процесор од Intel за кој нема дадено дополнителни информации, освен дека троши извонредно малку енергија, 512 MB рам, и 8GB простор со можност за додавање на microSD картичка. Телефонот ќе има 4,3-инчен TFT-екран кој ќе биде осетлив на допир. Покрај стандардната тастатура QWERTY телефонот ќе има и дополнителни две копчиња кои би требало да

претставуваат некаква замена за глувче. Најавената почетна цена за овој телефон е околу 800 американски долари,а почетокот на продажбата е закажан за средината на 2010 година. l

Еден Google не ви е доволен? Повелете четири Корисниците што имаат потреба за кус период да најдат голем број резултати за еден поим или, пак, сакаат да направат споредба на резултатите што ги добиваат за некои поими, конечно добија сервис што ќе им ги задоволи потребите. Страницата www. googlegooglegooglegoogle. com ви овозможува симултано пребарување на четири Google пребарувачи кои ги добивате на еден екран. Резултатите ги добивате со истата брзина со која работи и стандардниот Google и можете да направите споредба на истите во реално време. Иако дел од стандардните опции на Google не функционираат на оваа страница, сепак самата идеја е многу интересна и вреди да i дадете шанса. l

Little Gray ја помина World of Warcraft Неодамна, на веб-страницата MMO Champion беше објавено дека тајванскиот играч од кланот Wrathbringer, познат под псевдонимот Little Gray, успеал успешно да ги помине сите задачи поставени во играта World of Warcraft и со тоа да стане првиот играч што успеал да ги собере сите 986 поени. Иако технички гледано на Little Gray сè уште му недостига титулата BB King, која како задача беше додадена во последната

надградба на WoW, тој барем засега е прогласен за светски шампион. Со оглед на бројот на задачите што ги има WoW, можеме да претпоставиме дека Little Gray е еден од ликовите што со години не се одделувал од својот компјутер. За здравствените и социјалните последици, кои сигурно ги има, ќе оставиме да се погрижи надлежниот кадар, а ние ќе му оддадеме признание за упорноста и посветеноста кон играњето. l

Пушењето е штетно за гаранцијата

Сите ние знаеме дека пушењето е штетно за здравјето, но ако сте корисник на Apple, треба да знаете дека оваа навика е штетна и за вашата гаранција. Имено, според известувањата што ги објавува Consumerist – вебстраница посветена на проблемите со кои се соочуваат купувачите, веќе се забележани неколку случаи во кои Apple одбива да ја почитува гаранцијата на компјутери што биле изложени на чад од цигари. Според Apple, чадот од цигарите директно ги оштетува компонентите и тие имаат целосно право да не ја признаат гаранцијата. l

click декември 2009

7


14 15 17 18 19 20 21 22 24 26 27

28 29 30

Asus Eee 1201T Тест на конфигурации Dell Vostro 1015 Toshiba Satellite Pro 300-11F Fujitsu Siemens Lifebook T1010 Sony VAIO vgn-cs325j Samsung Syncmaster f2080 HP Photosmart C4680, C4780 и B109n nVidia ION Philips PET702 Fujitsu Siemens Storagebird

32 34 36 37

Samsung SMX-K40LP Edimax MA-2000 Synology Disk Station DS107+ & Video Station VS60 Nokia E72 Оверклокување: Да или Не? (трет дел) Nikon Coolpix S1000pj Подароци на кои сите ќе им се израдуваат

click/хардвер/ Asus Eee на AMD PC 1201T Netbook На европскиот пазар го очекуваме во почетокот на 2010 година

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Asus www.asus.com

A

sus, пионерот на пазарот на нетбук компјутерите неодамна ја промовираше новата продуктна линија на популарните Eee PC. Оваа линија засега стартува со 3 модели чија почетна ознака е 1201 и во неа се понудени: 1201 HA базиран на процесорот Intel Atom, потоа 1201N модел во

СПЕЦИФИКАЦИИ

14

ПРОЦЕСОР

AMD Athlon Neo MV-40 1.6GHz

МЕМОРИЈА

2GB DDR2 RAM

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

ATi Radeon HD3200

ХАРД-ДИСК

320 GB

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

12-инчен (1366x768)

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows 7

КОНЕКЦИЈА

Ethernet, WiFi 802.11, Bluetooth

ТЕЖИНА

1.46 kg

click декември 2009

кој е вградена Nvidia ION и за нас најинтересното изненадување, моделот 1201T кој се базира на AMD. Првите два модели веќе се достапни на американскиот и европскиот пазар, додека за 1201T се очекува дека освојувањето на овие пазари ќе го започне во почетокот на 2010 година. За сега тој е достапен исклучиво на азискиот пазар. Основата на новиот Eee PC 1201T е Congo, дел од втoрата генерација на ултратенката нетбук платформа на AMD. Како најсоодветен процесор е избран Athlon Neo MV-40 на 1.6GHz, најмногу поради неговата докажано мала потрошувачка на енергија. Графиката и комплетната HD поддршка и е доверена на интегрира-

ната ATI Radeon HD3200. Мемориските капацитети на новиот Eee PC 1201T изнесуваат 2GB DDR2 RAM, додека дисковиот простор е 320GB. Како и за другите модели од серијалот Eee, и за корисниците на новите модели, на Asus Webstorage има обезбедено дополнителни 500 GB онлајн простор за складирање. Оперативниот систем со кој се испорачуваат новите модели е Windows7. Од аспект на дизајнот, кај новите модели нема некое посебно изненадување. Задржана е Seashell линијата а изборот на бои и е сведен на сјајна црна, црвена и сиво сребрена. Екранот на 1201T е со

лите ја оценија како една од најдобро изработените тастатури која се појавила кај преносните компјутери. Конекцијата со надворешниот свет се остварува со помош на WiFi 802.11b/g/n и опцијата за користење на Bluetooth 2.1. Една од најважните работи кога се во прашање овој тип на уреди, е издржливоста на батеријата. Според спецификациите 1201T се испорачува со литиум-јонска батерија со 6 ќелии која треба да овозможи најмалку 4 часа непречена работа. Од појавата на серијата Eee, Intel му беше ексклузивен партнер на Asus. Но притисокот на консументите кои ја преферираат AMD

Од појавата на серијата Eee, Intel му беше ексклузивен партнер на Asus. Но притисокот на консументите кои ја преферираат AMD платформата си го направи своето и денес веќе го имаме првиот Eee со AMD дијагонала 30,7 cm и резолуција од 1366×768 пиксели, а како новина, ќе има дополнително заднинско LED осветлување. Димензиите се 296×208x33.3 mm а тежината изнесува 1,46 kg. Задржана е старата тастатура, најверојатно поради тоа што досегашните корисници на Eee моде-

платформата си го направи своето и денес веќе го имаме првиот Eee со AMD. Иако производителот декларира издржливост на батеријата од четири часа, прашање е дали AMD платформата ќе се согласи со тоа. Сепак таа побарува малку повеќе енергија. l (јулијана прчковска)


click/хардвер/

ГЕЈМИНГ ВО БУЏЕТКАТЕГОРИЈАТА Поевтиното не мора да значи и – послабо!

Р

азгледувајќи ги на интернет туѓите искуства со одделни хардверски компоненти, само по себе ми се наметна чувство на – необјективност. Не претерано изразено, но сепак... Зошто? Па, доколку земеме за логично дека графичка картичка од категоријата на GeForce GTX 295 или Radeon HD 5870 не може и не смее да се тестира со (по)слаб процесор (затоа што процесорот би бил тесното грло), не е јасно зошто тогаш графички картички од средната и пониската средна, па и буџет-категоријата се тестираат на истите „ѕверови“ од процесори кои (најчесто) се и оверклокувани. Испитување на крајните можности на графичката картичка? Да, барем кај картичките од високите категории. Придобивките од силниот процесор кај картичките од класата на GeForce GT250 или Radeon HD 4770 (па и послаби) не е којзнае колкав....да не речеме - симболичен. Но, секој со својата фи-

како еден од аспектите на користењето на системот. Изборот на графички картички од оваа категорија најчесто е последица на ограничен буџет, а такви корисници кај нас има во

Со оглед дека голем број купувачи располагаат со ограничен буџет, решивме да им излеземе в пресрет и да составиме и тестираме една таква конфигурација, со цел да им дадеме увид во нејзините можности лозофија. Ние решивме да пристапиме од друг аспект. Пред сè, тешко некој дека ќе се реши да купи Core i7 процесор и GeForce GT240 картичка, имајќи го предвид и играњето игри

голем број. Нормално е дека и изборот на процесор ќе биде сосема поинаков во таква ситуација. А тоа што корисниците од таа категорија ги интересира е – колкави и какви се

перформансите на таквиот систем? Решивме да им излеземе в пресрет и да го испитаме тоа за нив! Ограничен буџет не мора да е хендикеп Најчест одговор на прашањето – „колку најмногу да чини конфигурацијата“ е 450 – 500 евра, се разбира, со монитор и можност за играње игри. Се согласувате, за тие пари изборот е релативно тесен, па внимателниот избор на компонентите е од пресудно значење. Ние се одлучивме за конфигурација составена од Intel Pentium Dual Core E6300, MSI P43-C51 матична плоча, Palit GeForce GT240 Sonic картичка,

Kingmax 2х1 GB DDR3 1333 мемории, Samsung тврд диск од 750 GB, Sony DVD-RW и стандардно („народно“) куќиште со напојување од реални 450W. Сумата на оваа конфигурација изнесува 375 евра со ДДВ, што

значи дека на располагање остануваат 125 евра за набавка на 20-инчен монитор (па и 21“). И, може да остане некоја „ситнина“ со која ќе се набави и USB флеш мемориско стапче со капацитет од барем 8 GB. Секако, покрај неизбежните (и стандардни) тастатура и оптичко глувче. Зошто се избрани токму овие компоненти? Матичната плоча е од пониската средна категорија, но со сосема солидно ниво на опрема, солидни оверклок-опции и умерена цена. Стабилноста и е на високо ниво, така што сите овие опции ја прават добра основа за градење стабилен и релативно брз систем. Зошто се одлучивме за само 2 GB меморија? Од причина што имавме предвид ограничен буџет, па моравме малку да калкулираме. Затоа се одлучивме за помало количество меморија, а разликата во цена од 2 до 4 GB меморија да го „вложиме“ во посилна графичка картичка. Тоа има смисла, затоа што цените на мемориите во моментов не се високи, па дополнителна надградба

ТЕСТ КОНФИГУРАЦИЈА Intel Pentium Dual Core E6300 (2.8 GHz, 2 MB L2, 1066 MHz FSB) MSI MS P43-C51 (Intel P43 чипсет) Кingmax DDR3 1333 (2 x 1 GB) Palit Geforce GT240 Sonic Edition (1 GB DDR5, 128 bit) Samsung HDD 750 GB SATA2, 32 MB buffer SONY DVD-RW 24x SATA

КОМПОНЕНТИТЕ ЗА ТЕСТ СЕ ПОЗАЈМЕНИ ОД РХС www.rhs.com.mk

click декември 2009 15


click/хардвер/

Toshiba Satellite Pro 300-11F Бизнис-преносник, но и мултимедијална станица

Н

а македонскиот ИТпазар понудата на преносници е сè поголема, но за жал голем дел од нив и припаѓаат на бизнискласата, на која и недостига сериска опрема. Еден ваков модел кој го разбива стереотипот на бизниспреносниците е Toshiba Satellite Pro 300 кој со себе носи многу мултимедијални додатоци. Во продолжение нешто повеќе за работното искуство со него.

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: TOSHIBA computers.toshiba-europe.com • ПРОИЗВОД на тест од: Анхоч Компјутери www.anhoch.com ЗА И ПРОТИВ

 Интегрирани сигурносни системи  Цврста градба  Батерија  Сјаен монитор  Дебелина  Неудобен тачпад ЦЕНА

• 36.680 денари

ОЦЕНА

8,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Ново мултимедијално искуство за бизнис-корисниците.

Дизајн и карактеристики Како што веќе спомнавме, се работи за бизнис-модел, кој помалку се разликува од типичните бизнис-преносници. Сивата металик боја и заоблените рабови на предната страна се тие што први „паѓаат“ в очи, а подоцна и сјајниот екран за разлика од мат-екраните кои најчесто се употребуваат. Toshiba Satellite Pro 300-11F е произведeн во најкомерцијалната форма со 15,4-инчна дијагонала на мониторот кои интересно, не се прицврстува со никакви држачи

СПЕЦИФИКАЦИИ

18

ГАРАНЦИЈА

1 година

ПРОЦЕСОР

Mobile DualCore Intel Core2Duo Т5870, 2 GHz

ЧИПСЕТ

Intel Catinga GM45

МЕМОРИЈА

2GB DDR2 RAM

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

Intel GM45 Graphics Controller

ХАРД-ДИСК

160 GB Hitachi Travelstar 5K320

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

15.4-инчен WXGA (1280x800)

ОПТИЧКИ УРЕД

TEAC DV-W28S-RT

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows Vista Business SP1 32bit

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/pre-n со Bluetooth 2.0, 3 x USB, 1x Firewire, 1 x CardBus, 1 x VGA, 1 x Serial порт, 1 x eSata, 4-во-1 читач на мемориски картички

ТЕЖИНА

2,86 Kg

ДИМЕНЗИИ

361 x 264 x 38 mm

click декември 2009

Бизнис преносник со многу мултимедијални додатоци

за основата, туку само се прилепува за неа. Тастатурата е во црна боја, со стандардна големина на копчињата и е идеално комфорна за работа. За разлика од неа, тачпадот е во сива боја (како основата) и е релативно мал, а и работата со него не е баш најидеална. Овој Satellite Pro 300 модел не доаѓа со trackpoint, иако е предвидено да има, а исто така недостигаат и две функциски копчиња за кои е предвидено да се сместени до копчето за вклучување. На предниот раб се сместени сигналните ЛЕДдиоди, кои се 7 на број, контролата за јачина на звукот во облик на тркалезен подесувач како и портите за приклучување слушалки и микрофон. Левата страна е таа која ги содржи поголемиот дел од портите, меѓу кои се 9-пински сериски порт, PCMCIA слот, FireWire порт, мултифункционален читач на картички и е-Sata порт. Покрај нив, тука се и прекинувачот за безжичната картичка и отворот за вентилација. На десната страна, пак, доминира оптичкиот уред кој во нашиот случај беше TEAC DV-W28SRT, три линиски поставени USB2.0 порти и приклучокот за телефонска линија. VGA и LAN портите заедно со приклучокот за напојување и батеријата се сместени на задниот раб. Toshiba Satellite Pro

300-11F е Centrino сертифициран систем чие јадро го сочинуваат Intel Core2Duo T5870 процесор, Intel Catinga GM45 чипсет и 2 GB DDR2 системска меморија. Максималниот работен такт на процесорот изнесува 2GHz, а истиот е опремен со 2MB кеш-меморија. Со чипсетот и меморијата комуницира преку 800MHz-на магистрала, а на истиот такт работат и двата Samsung мемориски модула. Графичката картичка () е интегрирана во чипсетот

Toshiba Satellite Pro 300 во акција Секој модел од серијата Satellite е опремен со оперативен систем. Во нашиот случај тоа беше Windows Vista Business, Service Pack 1. Истиот не беше претходно инсталиран, но при првото вклучување самиот се инсталираше заедно со придружните драјвери и софтвер на Toshiba за кои му беа потребни околу 40-ина минути. Интересно е поради тоа што се работи за бизнис-преносник, со него доаѓаат многубројни апликации од Toshiba наменети за сигурноста податоците на корисникот. Овие апликации се поддржани и од посебен хардвер, како на пример сензори за движење и

Toshiba Satellite Pro 300 со себе носи апликации за дополнителна сигурност кои се поддржани и од посебен хардвер, како сензори за движење и читач на отпечатоци на прсти, кои гарантираат дека податоците во системот се сигурни и при пад на преносникот или кражба и користи одреден дел од системската меморија за своите потреби. Поради ова, графичката картичка не е способна да рендерира богати 3D графички сцени. Просторот за складирање податоци е обезбеден преку Hitachi Travelstar 5K320 хард-дискот кој има капацитет од 160GB. Поради платформата Centrino, Toshiba Satellite Pro 300-11F е опремен со безжична и LAN-картички на Intel. За аудиото, искористен е Realtek ALC268 кодекот кој исто така е интегриран во чипсетот.

читач на отпечатоци на прсти, кои гарантираат дека податоците во системот се сигурни и при пад на преносникот или кражба. За физичко оштетување, Toshiba има и посебен вид гаранција (со важност во неколку европски земји) со која преносникот веднаш ќе ви биде заменет со нов. Сè на сè, Toshiba Satellite Pro 300 е одличен избор без разлика дали сте бизнис или најобичен корисник, чија дневна активност се сведува на канцелариско и интернет-работење. l (ЧЕДОМИР ДМИТРОВСКИ)


click/хардвер/

Fujitsu Siemens Lifebook T 1010 Се` што му треба на еден студент

С

поред категоризацијата на производителот Lifebook T1010 е наменет за студенти и ученици. На ова би додала дека тие треба да имаат и желба да бидат поинакви од другите. Кога првпат ќе го видите овој модел на tablet PC ќе ви стане јасно за што се работи. Белата боја во комбинација со стандардниот коцкест дизајн до кој се држи Fujitsu не дозволуваат тој да изгледа феминизирано. Напротив, изгледа цврсто и робусно. Ако го разгледаме од аспект на регуларен лаптоп, тогаш за него ќе ги дадеме следниве генералии. Екран со антирефлексна заштита, дијагонала од 13,3 инчи и нативна резолуција од 1.200 на 800 пиксели. Процесорска моќ за која е задолжен 2.26GHz Intel Core 2 Duo P8400 процесорот, 2GB RAM меморија и графика за која доаѓа преку GMA 4500MHD интегрираниот чипсет. Капацитетот на дискот изнесува 160GB и работи со 5400 вртежи во минута. Вградената вебкамера е со резолуција од 1,3 мегапиксел. Што се однесува до искорис-

ИНФО

Доволен е еден поглед за да се вљубите во белиот Lifebook.

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Fujitsu www.fujitsu.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: InTec System www.intecsystem.net ЗА И ПРОТИВ

теноста на страничниот простор, од десната страна се наоѓа оптичкиот уред, додека од левата страна е читачот за мемориски картички, USB портата и приклучоците за аудио. Тоа на што некако ретко се обрнува внимание кога се во прашање лаптопите, во овој случај мора да биде спомнато. Овој модел има навистина феноменална

напоменав ова би биле генералните спецификации кога би го разгледувале од аспект на обичен лаптоп. Но, со оглед на тоа дека се работи за Тablet PC, сето гореспомнато претставува споредна работа.

Кај овие преносници техничките спецификации се во втор план. Најважна е осетливоста на екранот и и навиката да се користи стило тастатура. Копчињата се доволно меки за да не ви претставуваат проблем при долготрајна употреба, а и времето на одговор е мошне брзо. Што би се рекло измислена за пишување семинарски. Од аспект на конекциите интегрирани се Bluetooth (2.0+EDR) и WiFi (802.11a/b/g, Draft-N). Моделот што го добивме на тест ја имаше Windows Vista. И како што

Е, во Tablet PC расположение чувството е сосема поинакво. Екранот има опција за ротација од 180 степени на лева и на дена страна, и 90 степени надолу. Кога ќе легне врз тастатурата е мошне стабилен. За полна функционалност во овој мод, на долниот дел на екранот покрај останатите контролни копчиња има поставен хоризонтален скролер. Се разбира, екранот е осетлив на допир и за контрола може да ги користите глувчето, стилото или прстите. Последниов начин не е препорачан за студентки

со долги нокти. Иако на почетокот користењето на стилото може да ви биде чудно, по кратко време ќе се навикнете и ќе забележите дека ви недостига кога работите на друг лаптоп. Со оглед на тоа дека се работи за уред што треба да функционира во надворешни услови, многу важен сегмент е функционирањето на батеријата. И тука мора да го пофалиме. При користење стандардни Офис-апликации или сурфање, батеријата издржува и повеќе од четири часа. Но, доколку се вклучи нешто што влече повеќе енергија, како што се игрите или некој филм, тогаш максимумот што може да го добите се нешто повеќе од два часа. Но, за жал, никој не е совршен, па ни Lifebook T1010. Тоа што дефинитивно мора да му забележиме е неговата тежина од 2,3 килограма. Можеби за стандарден лаптоп ова и не е така многу, но кога треба оваа тежина да се држи на подлактницата, тоа може да претставува проблем. l (јулијана прчковска)

 Дизајн  Одлична тастатура  Стабилност во PC Tablet мод  Осетливост на екранот  Тежина ЦЕНА

• 52.998 денари

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Одличен избор за студенти кои сакаат да бидат оригинални.

click декември 2009 19


click/хардвер/samsung_smx-k40lp/

HD за мали пари Повеќе отколку што сте платиле ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: samsung www.samsung.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: K&K http://mk.kkelectronics.com/

Стандарден камкордер со мноштво напредни опции и можност за приказ на снимениот SD видеоматеријал во HD формат

ЗА И ПРОТИВ

 Автоматска корекција на хроматските аберации  Одлично конципирано и богато мени  Напредни опции несвојствени за оваа категорија камкордери  HDMI излез  Цена  Пречувствително копче за зумирање  Нема интерна меморија ЦЕНА

• 21.999 денари

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Одлично конципиран стандарден камкордер со напредни опции.

28

click декември 2009

С

акате да добиете повеќе отколку што сте платиле? Веруваме дека е така, а со купувањето на SAMSUNG SMX-K40LP желбата ќе ви се оствари. Овој модел на камкордер овозможува преглед на снимениот материјал во Full HD формат и покрај тоа што истиот е снимен во стандарден. „Штосот“ е во тоа што видеоматеријалот се снима во повисока резолуција (720х480) пиксели, па потоа со помошта на техниката upscalling истиот се прикажува во целосен HD формат. Услов е поврзување преку HDMI конектор. Секако, ова не е главниот атрибут на SAMSUNG SMXK40LP. Ако го гледаме како стандарден камкордер, што во основа и е, ќе забележиме низа особености што го издвојуваат над поголемиот број од конкурентните модели. Пред сè, според зумот – дури 52х оптички и 65х intelli зум – и повеќе отколку што ви е потребно. И доволна причина целосно да заборавите на 2.200х дигиталниот зум. 39-милиметарскиот објектив е составен од леќи Schneider Kreuznach, со вградени опции за стабилизација на снимката (погодни за сниматели со немирна рака, како авторот на текстов) и автоматска

корекција на хроматските аберации. Вторава опција особено придонесува за квалитетот на снимките и елиминација на колорните сенки и девијации на рабовите од објектите. Вграден е стереоми-

како и рачно нагодување на балансот на белата боја (покрај предефинираните модови). Сето ова го прави SAMSUNG SMX-K40LP модел интересен и за ентузијастите кои сакаат напредни опции, а не можат да си дозволат поскапа камера. Од останатите опции со кои располага камкордерот ги издвојуваме 8-те предефинирани сценски модови на снимање, кои не се обична шминка, туку целосно искористлива опција,

Функцијата upscalling на SAMSUNG SMX-K40LP овозможува репродукција на снимениот материјал во Full HD формат. А и пописот на напредни опции не е за занемарување! крофон со опција за елиминација на шумот, со што е заокружен пописот на опции за квалитет на снимениот материјал. И самото мени е приказна за себе. Едноставно уредено и функционално, крие опции што ги среќаваме во повисоките категории дигитални камери и кои употребната вредност на камкордерот ја качуваат за неколку скалила. Да не должиме. Фокусирањето може да се нагодува мануелно, но од почетокот потребно е одредено експериментирање. Тука се и два модалитета на автоматско фокусирање – целосно автоматизирано (кое дејствува навистина брзо) и детекција на ликови. Други напредни опции се рачно нагодување на брзината на чкрапалото и отвореноста на објективот,

особено за почетниците и понеискусните. Моделот што го добивме на тестирање е инженерски примерок, па затоа не располага со дополнителна опрема. Затоа, за проверка на техниката upscalling моравме да „се снаоѓаме“ самите за кабел. Нема

забележителни загуби на квалитетот на снимката, сепак, препорака е да се гледа на монитор/ТВ со помала дијагонала и од подалеку. Дали конечниот производ ќе располага со сопствена меморија, не знаеме. Доколку не располага, како инженерскиот примерок, тогаш би било редно да се приложи мемориска картичка. Поддржани типови се SD, SDHC и MMC. Експанзиските опции се преку USB 2.0 и HDMI портови. И малку за дизајнот, макар што нема што особено да се дискутира, со оглед дека и кај SAMSUNG SMXK40LP е присутен стереотипот на производителот. Компактни димензии и одлична ергономија. И за крај, да спомнеме дека овој камкордер може да се користи и како дигитален фотоапарат. Постои посебно копче за снимање фотографии, со максимална резолуција од 1.696х960 пиксели (1,6 мегапиксели). Ништо особено, но може да користи. Со еден збор – вистински all-round, стандарден камкордер со одлична цена и врвни можности. Сосема заслужена маркичка за препорака! l (зоран ивановски)

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1 година

ДИЈАГОНАЛА НА ЕКРАНОТ

2.7“

ВИДЕОРЕЗОЛУЦИЈА

720 х 480 пиксели

ЗУМ

52х, 65х intelli зум

ОПТИЧКИ ЗУМ

2.200х

ЕФЕКТИВНА РЕЗОЛУЦИЈА НА СЕНЗОРОТ

0,48 Mpix

СТАБИЛИЗАЦИЈА

Оптичка

КОНЕКТОРИ

HDMI, USB, конектор за адаптер

ДИМЕНЗИИ

6 х 12,2 х 6,6 cm

ТЕЖИНА

230 gr.


click/хардвер/

Edimax MA-2000 Уредите што со себе носат out-of-the –box решенија стануваат многу популарни, еден од нив е и MA-2000 Моќен преносник во мини изведба!

E

dimax e компанија специјализирана во правење мрежни уреди што ги поврзуваат, менаџираат и обезбедуваат компјутерските мрежи. Секако дека оваа компанија сè уште треба многу да работи за да го достигне нивото на по познатите и признати компании од тој тип, но тоа сепак не значи дека продуктите што излегуваат под ова лого не го заслужуваат нашето внимание. Edimax MA-2000 е уред кој во себе ја носи таа мрежна компонента, но сепак претставува и мултимедијален центар кој ќе ви помогне да го поврзете телевизорот со остатокот од вашата жична или безжична мрежа. Според мене, овие решенија се навистина добри. Иако луѓето од Edimax не измислиле ништо ново, сепак ставиле во една кутија сè што е потребно за да добиете out-of-thebox решение. Ваквиот тип решенија во денешно време се навистина барани. Поминаа времињата кога самите имавме време и желба да склопуваме вакви уреди, сега имате можност само да ја отворите кутијата и на уредот да приклучите два кабла, едниот со телевизорот, другиот со компјутерот или со безжичен рутер (сè зависи од домашната мрежа) и целата поставка е готова. За 5 минути имате

функционален систем кој ќе ви ги донесе вашите омилени филмови или серии, систем кој ќе ви ги свири вашите омилени MP3-ки на системот. За истите тие 5 минути имате систем што ќе ви овозможи да ги гледате своите камери за видеонадзор повторно на телевизорот.

та за P2P (BitTorrent), односно опцијата што овозможува преземање датотеки и снимање на истите на USB медиуми. Фактот дека повеќето компании се грижат за штедење на енергијата се покажува токму кај оваа можност кај MA-2000. Имено, секако дека сè што ќе преземете преку P2P мрежите може да се сними секако на вашиот компјутер, но можноста за снимање директно на USB медиум овозможува заштеда на електрична енергија до 90 отсто. (Компјутерот воопшто не мора да биде вклучен) За да можете да добиете најдобар можен

Замислете уред што треба само да го поврзете со вашиот ТВ и добивате еден куп мултимедијални можности. Вашите филмови, музика, слики и други мултимедијални содржини се достапни со само еден клик на далечинското Можностите и варијациите на тема се еден куп, треба само да сте доволно инвентивни. Ваков тип уред е и Edimax MA-2000. МА-2000 претставува дигитален мрежен медиумски адаптер кој овозможува квалитетен пренос на дигиталниот мултимедијален сигнал од вмрежен компјутер, од NAS (network area storage) или едноставно USB диск или стапче на вашиот ТВ. Ги поддржува сите познати формати за мултимедиуми, како што се : VMW, MKV, MPEG-4, DivX, XviD, RMVB, ISO/IFO, H.264, MP3, WMA. Како додаток, можеби адут поради тоа што е новина, е поддршка-

квалитет на сигналот, поврзувањето со телевизорот се врши преку HDMI (High-Definition Multimedia Interface) портата. Исто така за да се добие најдобар можен аудиоквалитет, тука е и вградената S/PDIF

порта која овозможува поврзување со surround системот. Доколку го поврзете MA-2000 со системот за видеонадзор, вашиот телевизор може да биде центар на целиот систем, со едноставен преглед и користење на далечинскиот управувач можете да видите, на пример, кој ви ѕвони на врата додека гледате филм или слично. Самиот дел за дотерување на можните опции како и корисничкиот интерфејс се навистина едноставни и интуитивни, така што веднаш ќе се снајдете. Во пакет со самиот уред добивате држач за самиот уред кој ќе овозможи релативно безбедно да го позиционирате истиот, како и далечински управувач кој ќе ви помогне лесно и без станување да командувате со MA-2000. Сите овие опции во голема мерка го олеснуваат вашето домашно дигитализирање, односно ве ставаат сè поблиску до парадигмата наречена дигитален дом. Секако дека овој уред ви го препорачувам доколку ви е потребно решение од типот отпакувај и стартувај, нема што многу да му ја мислите, сè е толку едноставно, односно веќе смислено. l

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Edimax www.edimax.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: РХС www.rhs.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Одличен концепт и идеја  Можност за читање еден куп формати  HDMI порт за најдобар видеоквалитет  Едноставна употреба ЦЕНА

• 7.300 денари

(Иван јанкијевиќ)

СПЕЦИФИКАЦИИ Поддржани видеоформати

MKV, VMW, MPEG-4, DivX, XviD, RMVB, ISO/IFO, H.264, MP3, WMA

Поддржани аудиоформати

MP3, WMA

Поддржани фотоформати

JPG / JPEG / PNG / BMP

Конектори за излез

Y/Pb/Pr Out‚ HDMI 1.1 Out‚ Bases Band Audio L/R Out‚ S/PDIF Out (Optical)‚2 x USB 2.0 Port‚ 10/100 Mbps RJ-45 Port

ТЕЖИНА

1140 гр

ДИМЕНЗИЈА

140 x 40 x 210 мм

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Многу мултимедијални опции во едно пакување. Лесно за користење и над сè многу корисно. Секако препорачуваме.

click декември 2009 29


38 43 44 46 48 49 50 52 54

Тема на бројот - Што преживеавме, и што не чека Turbo Demo Апликации за мобилни уреди Добитници и губитници Librarian Pro Заштита и сокривање на датотеки Mozilla Thunderbird Roxio Creator 2010 How to - новогодишна заднина во Photoshop

56 60 62 63 64 65 66

Linux - инсталација и конфигурација на веб-сервер Холивуд против торентите Flock Browser Интервју со e-nevladina 5 локални веб дестинации Електронски честитки Нешто повеќе за... SAP

click/софтвер/ Што преживеавме, и што нè чека во 2010 О

д почетокот на својот развој, ИКТ- индустријата памети голем број подеми и падови. И тоа не е ниту ново ниту чудно, туку само природен процес на развојот. Со оглед на тоа дека таа секогаш тежнеела да ги придвижи светските економии, треба да земеме во обѕир дека во нејзиниот развој на највисоко ниво важи и обратниот процес, колку е појака економијата, толку е побрз развојот на индустријата. Сведено на суштината, во основа сè е пазар. Понуда и побарувачка. Токму затоа, годинава, нашата индустрија, заедно со целата светска економија до гуша се заглави во рецесија. Голем дел од светските брендови забележаа огромен пад на продажбата, а некои, за жал, се многу блиску до банкротирање. Дел од производителите поради кратење на трошоците го прекинаа или одложија развојот на новите проекти, а имаше и такви што беа принудени недоразвиените проекти да им ги продадат на конкурентите само за да преживеат. Но, колку и да беше страшна, годината заврши со позитивни тенденции и тоа дава големо охрабрување дека во 2010 година работите конечно ќе се придвижат во нагорна линија. Наместо хронолошки преглед на настаните што се случуваа во изминатава година, во овој број решивме да направиме избор на производи и услуги за кои сметаме дека ја обележаа годината. 38

click декември 2009

2009 – година која многумина ќе посакаат да ја заборават


click/софтвер/тема_на_бројот/

Софтвер и услуги Прелистувачи Војната на прелистувачите продолжува. Без преголеми револуционерни опции, годинава битките се водеа околу брзината и стабилноста. Сведоци бевме на постојано подобрување на брзините со кои веб-енџините ги намалуваа за милисекунди бројките на тестовите. Секоја понова верзија го фаќаше врвот, на крајот на годината, секако гордо стојат Safari 4, Opera 10 и Google Chrome. Windows 7 2009 сигурно ќе биде запамтена по Windows 7. Имено во текот на целата година Microsoft пласираше дозирани информации и пристап до новиот оперативен систем кој мораше да се појави на пазарот што е можно побрзо за да ги скрати маките и критиките на MS Vista. И на крај, се чини дека од Microsoft успеаја да

извадат оперативен систем кој доби позитивни критики и кој заслужува да го носи името на Microsoft, производителот на со години најкористениот оперативен систем. Дали и во 2010 ќе се одржи добриот бран критики за Window 7 останува да видиме. Доказ дека и понатаму може да се очекува позитивно искуство се рекордните продажби во последните месеци од 2009. MS Office 2010 Нема да ја обележи 2009, ама сигурно ќе биде важен во следната 2010. Microsoft ја најави новата верзија на својот пакет канцелариски апликации Microsoft Office 2010. Ја пишуваме во овој преглед зашто веќе неколку месеци на располагање е понудена бета-верзија за преземање на овие апликации.

PirateBay, MiniNova :( Покрај многуте нови и убави работи, 2009 ќе мора да ја паметиме и по оние што не беа толку убави, особено за нас кои живееме во земји во развој во кои баратеријата сè уште се смета за составен

дел од животот. Во две различни процедури, во различни земји и во различни судови беше изречена речиси идентична забрана. Заливот на пиратите (The Pirate Bay) и MiniNova, најпопуларните торент-пребарувачи, беа принудени да ги отстранат сите линкови што водат до торент-документи со нелегални содржини. Алтернативи има, веројатно во 2010 ќе се појават и новите MiniNova и PiratBay, но пораката е јасна, пиратеријата нема да се толерира. Изгледа ќе треба да почекаме или да поработиме на нови модели кои барем некое време повторно ќе ги вратат насмевките на лицата на пасионираните интернеткорисници.

Facebook Mobile Во текот на 2009 Facebook стана официјално најголемиот сервис за социјално вмрежување. Ги надмина сите рекорди за раст, го престигна QQ, гигантот од Кина и претрпе два големи редизајна на својата основна страница. Но, сепак, се чини треската за користење интернет во движење, беше една од пресудните работи

Augmented reality mobile apps Развојот на апликациите за iPhone и телефоните придвижени од Android придонесе за согледување на тоа во кој правец може да се очекува целокупниот развој на интернетот и апликациите. Аугментативната реалност, како никогаш досега е дел од реалноста. Во текот на оваа година особено во фокусот на јавноста јасна трага оставија апликациите како Layar, Wikitude AR Travel Guide, TAT Augmented ID и слични. Засега со ограничени можности и бази на податоци, овој тип апликации во блиска иднина може да станат само составен дел од реалноста, затоа во 2010 внимавајте на нив.

на кои мораа да одговорат и дизајнерите на Facebook. Facebook Mobile секако придонесе за унапредување на 24/7 интеракцијата која пасионирано ја бараат корисниците. Кон овој тренд се приклучија и дел од локалните мобилни оператори и веднаш во своите понуди побрзаа да ја дополнат можноста да се користи Facebook преку нивните мрежи и уреди.

click декември 2009 39


click/софтвер/

Thunderbird 3.0

Tunderbird го враќа клиентот за електронска пошта на десктоп

Н

е е едноставно да се живее во сенката на популарните. Ако не ми верувате мене, прашајте го Thunderbird, братот на Firefox. Две години напорна работа на илјадници софтверски инженери, една година чистење и полирање на првата бета-верзија и на крајот само едно мало известување до медиумите и корисниците, по повод официјалното излегување за новата трета верзија на клиентот за електронска пошта Thunderbird, кое патем речено се случи на 8 декември. А малиот навистина не заслужил таков третман од семејството. Со зна-

чителните унапредувања на стандардните опции, внесувањето на некои нови елементи во работењето со електронската пошта и комплетно редизајнираниот интерфејс Thunderbird барем во технолошка смисла може да биде рамо до рамо со братот Firefox. Дали ќе ја достигне неговата популарност останува да покаже времето. Па, да разгледаме што е ново во тројката. Инсталација и конфигурација Ако за процесот на инсталација можеме слободно да кажеме дека е стандард, процесот на конфигурација на корис-

Доволно е да се внесат само корисничкото име и лозинката, а за останатите информации се погрижил некој друг 50

click декември 2009

ничкиот профил е нешто што никогаш не било полесно и поедноставно. Единствените податоци што ќе ви бидат побарани се корисничкото име и лозинка. Наместо да очекуваат крајните корисници да бараат и да памтат информации за SMTP,

Паметни датотеки Стандардниот систем во кој работната површина е поделена на три функционални целини е горе-долу задржан и во оваа верзија со тоа што на корисниците им е оставена опција и сами да си направат избор на

Tunderbird е за оние кои сакаат интуитивен и флексибилен клиент, кој ќе им овозможи потполна контрола на работењето IMAP или POP приспособувањата, момците од Mozilla ги собрале во база сите овие информации за поголемите сервиси за електронска пошта и врз основа на податокот од адресата конфигурирањето се одвива автоматски. Сепак, доколку користите некој помал локален сервис, дел од овие податоци ќе мора да ги внесете рачно.

начинот на кој ќе ги прегледуваат пораките. Со оглед на тоа дека Thunderbird поддржува управување со повеќе кориснички профили од една локација, со новата опција Smart Folders ви е овозможено да користите една структура на датотеки за целата коресподенција што ја имате преку различните сервиси. Се разбира, доколку не сакате да ги мешате пораките можете

да го користите стариот начин на менаџирање на секој профил одделно. Табови - да се знае кој е братот на Firefox Популарното прегледување содржини со отворање во нови табови наместо нови страници си го најде вистинското место во клиентот за електронска пошта. Во нов таб може да отворите цела датотека, одредена порака, адресар или панел за пребарување. Ако сте го усвоиле овој начин на работа со веб-прегледниците, тогаш користењето табови во Thunderbird ќе ви биде природно. Уште една опција која е позајмена од Firefox, а која се однесува на работењето со табови е снимањето на отворените табови пред да ја затворите апликацијата. Доколку ја изберете оваа опција, следниот пат кога ќе го отворите клиентот,


click/софтвер/ мошне интересен и корисен, во оваа пригода би го спомнала филтерот за пребарување по временски период, кој навистина ќе ви помогне. Инаку за да се забрза користењето и пред сè пребарувањето, Thunderbird на одреден временски период ги индексира сите пораки што се примаат или испраќаат. Клиентот дозволува само две адреси по контакт, ама затоа ви е оставен простор да додадете број на ПЕЈЏЕР!

ќе ви се отворат сите табови што сте ги прегледувале. Адресар Адресарот никогаш не претставувал опција со која Thunderbird можел да се пофали. За жал, и во новата верзија работите не се драстично променети. Тоа што е ново е поедноставениот принцип на кој контактите се внесуваат во адресарот. На секоја порака има една ѕвездичка која ви покажува дали адресата за контакт е внесена во адресарот. Доколку не е, со кликнување на ѕвездата, контактот автоматски се внесува во адресарот. Се разбира за дополнување на информациите околу адресата како што се име, презиме, компанија и слично ќе треба рачно да пристапите. Тоа што непријатно изненадува кај адресарот е можноста да внесете само 2 адреси по контакт. (Во клиент

кој самиот декларира дека не ве ограничува во бројот на адреси за електронска пошта, ваквиот недостиг е нешто што не треба да се занемари). Но, тоа што дефинитивно ме изнасмеа беше полето за внесување број на пејџер. Во духот на најмладата генерација на ова би рекла само „OMG само 2 адреси и што е тоа пејџер“??? Пребарување Во денешно време речиси целата комуникација ни се одвива преку електронска пошта, што значи дека клиентот за таа намена треба да има сериозен пристап кон делот на пребарување и брзо пронаоѓање на пораките што ни се потребни. Како одговор на ваквите барања на корисниците Thunderbird нуди неколку мошне корисни филтри за што е можно пократко време да ја најдете пораката која ви е потребна. Како

Покрај стандардните филтри за пребарување, новата верзија овозможува пребарување според временски период

Составување порака Колку пати ви се случило брзајќи да испратите порака без додаток, иако додатокот е всушност тоа што требало да го испратите. Кога ќе направите ваков пропуст во деловната коресподенција, последиците може

можете да ги инсталирате и функционалноста на клиентот да ја доведете до степен комплетно да ги задоволува вашите потреби. Во основа, ова се најголемите унапредувања што ни ги носи новата верзија на Thunderbird. За елементите како што се стабилност и сигурност сметам дека воопшто не треба да се дискутира, тие влегуваат во секцијата стандардно добри. Но, тоа на што треба да се обрне внимание е податокот дека овој клиент исто како и Firefox е изграден врз енџинот Gecko (верзија 1.9.1.5), па одвреме-навреме знае

ИНФО

• НАСЛОВ: Mozilla Thunderbird • ВЕРЗИЈА: 3.0 • ИЗДАВАЧ: Mozilla • ЛИЦЕНЦА: бесплатен • ПЛАТФОРМА: сите • URL: www.mozillamessaging. com ЗА И ПРОТИВ

 Преглед на пораките во табови  Пребарување според временски период  Можност за комбинација на повеќе додатоци  Дозволени се само две адреси по контакт

Популарниот преглед со табови дебитираше и во клиентот за електронста пошта

да бидат големи. Но, во новиот Thunderbird веднаш штом напишете attachment во телото на пораката, во долниот десен агол се појавува опција за прикачување, а од левата страна стои порака со известување дека сте го напишале терминот attachment. (ова сега засега функционира само во англиската верзија) Ако и по ова заборавите да прикачите додаток кон пораката... Додатоци Принципот на кој Mozilla ги гради своите апликации е слобода на корисникот самиот да избере што му треба за поефикасно работење. За таа цел постојат навистина голем број допонителни алатки што

да голта и малку повеќе меморија. Ова особено се случува во периодите кога се прави индексирање на пораките. Скептиците тврдат дека е доцна за новиот Thunderbird, бидејќи голем број на корисници го исклучија користењето на клиенти за електронска пошта и се префрлија кон онлајн-управување со електронската коресподенција. Па, сепак, јас сметам дека добар клиент може во голема мерка да ви помогне да си го организирате животот. Суровата верзија на Thunderbird нека ви биде почетна точка, а со помош на додатоците изградете го според своите потреби. l (јулијана прчковска)

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Скептиците можеби мислат дека е доцна за Thunderbird, но неговите верни корисници ќе бидат презадоволни од новата верзија.

click декември 2009 51


click/слободен_софтвер/

Минимална веб-серверска конфигурација за Ubuntu GNU/linux М

режата денес е огромна. Претставува јадро на сето знаење. Речиси сè се сведува на пребарување на интернет. Колку пати рефлексно ви дошло веднаш да посакате да побарате нешто доколку за него не знаете од прва ? Зад сето тоа стои нешто што е многу комплексно 56

click декември 2009

и сложено. Цело множество на хардвер и софтвер кое секојдневно расте и се менува. Формата и обликот на интернет впрочем е апстрактна, не може да се замисли онака како што некој се труди да ја отслика. Тоа е глобална мрежа која индивидуално се искористува и адми-

нистрира/одржува од милиони професионалци во светот. Доколку вие споделувате што било на интернет со своите другари или роднини, макар тоа биле слики, музика, текст, видео, веќе сте дел од глобалната мрежа. Многумина велат дека за тоа треба да кажеме благодарам на глобали-

зацијата и империјализацијата што се случува од средината на минатиот век на пазарот, кој доведе до овој „бум“ на ИТ-технологијата. Други, пак, сметаат дека индивидуалната потреба на човекот постојано да се надополнува со знаење и жедта на многуте корисници на компјутери


click/слободен_софтвер/ те дека во заднина работи процес кој впрочем „сервира“ една или повеќе веб-страници. Тоа што на обичен веб-програмер или корисник кој има потреба од минималистички веб-сервер му е потребно (FastCGI, SCGI, Auth, презапишување на URL итн.) го има имплементирано во Lighty. Овој софтвер е слободен, лиценциран под BSD лиценца. кои едноставно мораа да го ослободат сето нивно знаење некаде, доведе до создавање целосно нов медиум кој не може да се запре во неговото ширење. Иако постојат многу тоталитарни идеи кои би се обиделе да го запрат функционирањето и ширењето на интернетот како таков, често сме сведоци дека знаењето и информацијата штом еднаш оди горе, повеќе не се враќа долу. И повторно, за сето тоа да функционира, треба да изразиме благодарност кон многуте умни глави кои секојдневно се дел од нешто ново некаде низ светот. Многуте програмери кои секојдневно создаваат нов софтвер, нови сервиси и веб-страници и кои несебично го делат своето знаење и креација со нас, корисниците или зависниците од интернетот. Дали некогаш сте се прашале како впрочем функционира интернет? Кога сакате да пристапите кон некоја www адреса, ја пишувате во прелистувач ... и што се случува? За сето тоа во следните броеви ќе се обидеме на нешто понапреден начин да навлеземе во тајните на интернетот и да откриеме како таа функционира. Ќе почнеме најпросто од веб-серверите. Пред да почнеме, еден мал вовед со кој ќе се обидеме да не го исплашиме крајниот корисник кој ќе го чита овој текст. Во претходните броеви се осврнувавме на теми што се поблиски до крајниот корисник. Како да инсталирате одредена дистрибуција, како да ја конфигурирате, како да виртуализирате друг систем под GNU/Linux итн. Овој пат одлучивме да одиме еден чекор понатаму, нешто за понапредни корисници, сепак задржувајќи се до некое поповршинско ниво за да може секој читател да го разбере текстов. Често сме се во ситуација кога треба да работиме на некоја веб-страница за кој не е потребно конфигурирање на голем веб-сервер како што е

Apache, туку потребен ни е некој мал, брз и ефикасен сервер кој ќе ни служи како тест-платформа за страницата што ја развиваме. Денес постојат многу такви серверски платформи кои може да ги инсталирате и да ги конфигурирате преку графичките алатки или преку веб-администрациските алатки кои ги носат со себе.

Што е впрочем веб-сервер? И токму тука. Кога во вашиот прелистувач пишувате, пр. www. google.com впрочем вие правите „барање“ за пристап до некој ресурс на некој сервер кој се наоѓа „кај Google“. Откако барањето ќе биде проследено, следува одговор од страна на серверот. Најчесто тој е успешен приказ на

Ние во овој текст ќе разгледаме една, тоа е LightHttpd, мал вебсервер кој е слободен софтвер и може да го инсталирате на вашата GNU/Linux инсталација во секое време. Како бонус доаѓа фактот дека LightHttpd е повеќеплатформски софтвер кој може да го инсталирате и на Windows. Во продолжение ќе го користиме терминот Lighty, кој е и општоприфатен термин за овој веб-сервер. Значи, Lighty е дизајниран да биде безбеден, брз и според сите стандарди за веб-сервери, а во меѓувреме добро оптимизиран за брзина и критични средини. Не го јаде вашиот RAM, и не го троши процесорот залудно, едноставно можете да го имате инсталирано и на вашиот PC и да ги правите сите работи што досега сте ги правеле без притоа да забележи-

ресурсот кој го бараме (пребарувачот на „Гугл“ во случајов), но некогаш е и страница со одговор за грешка, дека страницата е

Подетален преглед на дизајнот на Lighttpd

привремено недостапен или дека избил некаков проблем во интерната комуникација помеѓу нас и серверот. Значи, примарна функција на веб-серверот е да овозможи обработка и прикажување на веб-страници (ХТМЛ-документи) и содржина поврзана со нив (слики, стилови, јаваскрипт итн.) на клиентска страна. Клиентот, најчесто веб-прелистувач или „ползач“ (crawler) прави барање (request) за специфичен ресурс кон серверот и ако пројде добро, серверот одговара со содржината од бараниот ресурс. Ресурсот најчесто е вистинска датотека на серверска страница (на диск или сл.) што не секогаш е случај, зависи од тоа како е имплементиран софтверот на серверска страна. Додека примарната функција за опслужување содржина кон клиентот останува таа, сепак, целосната имплементација на ХТТП како протокол вклучува и

Хардверска платформа која се користи како веб сервер за посериозни намери

click декември 2009 57


click/писма, прашања и одговори/

ВО следниот број ќе читате:

Android 2.1 Малото роботче на Google полека, но сигурно созрева + новиот Open Office, Apple Magic mouse...

ВО ПРОДАЖБА ОД 20. јануари ПИШУВАЈТЕ НИ • Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.

КОНТАКТ Васил Ѓоргов 21-2/7 • 1000 Скопје Телефон: 02 5 20 97 04 Е-mail: redakcija@clickmag.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата

Проблеми со графичката Почитувани Ќе се обидам накратко да ви го објаснам мојот проблем со графичката картичка. Додека играв една игра одеднаш на екранот ми се појавија цртички и неправилни линии во разни бои, по што компјутерот едноставно се “смрзна”. Го ресетирав но ситуацијата не се промени. Се посомневав на графичката картичка, ASUS nvidia 7300gt и бидејќи на плочата имам и интегрирана графичка, преку биосот работењето го префрлив на интегрираната. Со интегрираната картичка можам да го вклучам компјутерот единствено во Safe Mode. Кога ќе ја изберам опцијата за нормално подигање на оперативниот систем, процесот врти до моментот кога треба да се појави welcomе екранот и одеднаш ја снемува сликата, а на мониторот се појавува само сиво црна позадина. Бидејќи куќиштето ми е отворено, можам да забележам дека дискот е активен, вентилаторот на процесорот исто така, но никако да добијам слика на екранот. Она што најмногу ме мачи, е тоа што системот не ми работи ниту со интегрираната графичка картичка, односно работи само во Safe Mode. Да почнеме од почетокот. Самостојната ASUS nvidia 7300gt си го отслужила своето и решила да се пензионира. Пред комплетно да се откажеш од неа можеш евентуално да пробаш да ја намалиш работната фрекфенција на картичката но дури и да успееш да го сториш тоа, тешко дека таква, ќе биде 74

click декември 2009

подобра од интегрираната. Вториот дел од проблемот е зошто компјутерот со интегрираната графика функционира само во Safe Mode. Значи при подигање во Safe Mode, Windows ги користи нативните драјвери за графика и затоа компјутерот се подига без проблем. Она што најпрво треба да го направиш, е физички да ја отстраниш картичката, а потоа со помош на некој специјализиран софтвер, како на пример driver cleaner pro. комплетно да ги тргнеш драјверите од ASUS nvidia 7300gt . После ова би требало компјутерот да функционира и во normal мод со интегрираната графичка.

драјвери за creative Здраво Иако на плочата имам интегрирана звучна картичка од понова генерација, сепак мојата стара Creative Audigy 2 ZS

ми вадеше многу подобар звук. Откако го форматирав компјутерот и ставив SP3 , ги инсталирав старите оригинални драјвери но, не успеав да ја проработам. Пробав да симнам некои понови од страницата на производителот но повторно не успеав да добијам звук Ги проверив сите аудио поставки и се е во ред. Помош. Creative прави одлични звучни картички но има лоша политика кон корисниците. Според нив, со секој нов О С треба да си купите нова картичка а не да барате драјвери. Ти препорачуваме да се обидеш со генеричките kx драјвери кои можеш да ги преземеш од http://kxproject.lugosoft.com. l (Како и досега, одговорите на некои прашања не можат да чекаат до излегувањето на бројот, од едноставна причина што бараат брз одговор. Така, и на ова прашање одговорот е пратен по имејл, но сепак го објавуваме, во случај и други читатели да имаат или имале сличен проблем).

USB портите откажаа послушност Здраво Имам еден интересен проблем кој не знам како да го решам. Компјутерот ми работеше нормално, не пријавуваше никакви грешки и одеднаш USB портите престанаа да функционираат. Не работат ни помошните кои се позиционирани од предната страна ниту пак оние на задната страна на куќиштето. Во листата на device manager уредно се излистани и пишува дека се исправни, но реално не работат. Што и да приклучам не го препознава и нема никаква реакција. Го преинсталирав оперативниот систем и ставив нови драјвери, но проблемот не се реши. Ве молам да се обидете да ми помогнете. Доколку USB уредите кои си ги пробувал се исправни, тогаш она што ни го достави како информација не наведува да помислиме дека се работи за хардверски проблем, односно проблем со матичната

плоча. Прва работа која треба да ја направиш е во биосот да ги провериш поставките за USB портите. Доколку се е во ред со поставките, би ти предложиле најпрво уште еднаш да провериш да не е до оперативниот систем а ако и тоа не “запали” тогаш компјутерот на сервис. Проверката е најубаво да ја направиш со помош на live cd од било која LINUX дистрибуција. (Најраширена и наједноставна е UBUNTU) Подигни ја дистрибуцијата преку live cd и пробај дали во оваа околина USB портите работат правилно. Ако и со LINUX не добиеш никаква реакција, тогаш сервисот е единствено решение. Дополнително, доколку на сервис се утврди дека единствениот проблем на плочата се USB портите (се друго е во најдобар ред и функционира беспрекорно), ти препорачуваме да не наседнуваш на изјавите дека мораш да ја смениш плочата, и наместо тоа предлагаме да си набавиш PCI картичка со USB порти. l



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.