Click #24

Page 1

LG HXF2 HD плеер и преносен диск спакувани во едно

Број 24 • АПРИЛ 2010 • www.clickmag.mk

BL40

СОСЕМА НОВ AVAST5!

НОВОТО

ЧОКОЛАДО

Едно од најдобрите бесплатни решенија

на lg CorelDRAW X5 Солиден пакет, но секогаш втор

Just Cause 2 Забавна, брза и многу интересна за играње

Acer Ferrari One-200

Samsung PL150

MSI R5870

Dell Precision M4400

Безобразно добар дизајн и перформанси достојни на брендот

Предниот дисплеј ќе го сака помладата популација од понежниот пол

Најбрзата single chip графичка картичка. Поларно ладна и пеколно брза

Вонсериски можности идеални за професионалните корисници

АПРИЛ 2010 90 ДЕНАРИ

СЕ НОСИ СО СИТЕ SВЕРКИ НА ПАЗАРОТ


click/вовед/

БРОЈ 24 • АПРИЛ 2010 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК јулијана прчковска julijana.prckovska@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Јулијана Прчковска julijana.prckovska@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Зоран Ивановски • zoran.ivanovski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Александар Балаловски • aleksandar.balalovski@clickmag.mk Чедомир Димитровски • cedomir.dimitrovski@clickmag.mk Владо Апостолов • vlado.apostolov@clickmag.mk Благој Капсаров • blagoj.kapsarov@clickmag.mk Јазичен соработник Милена Манчиќ Пауновска • milena.paunovska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Кристијан Ивановски kristijan.ivanovski@gmp.mk Печатено во: „Пропоинт“, Скопје Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk Елена Бојаџиева • elena.bojadzieva@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 5 209 704, +389 (2) 5 209 705 Е-mail: redakcija@clickmag.mk СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

За спомен и долго сеќавање Со кратко соопштение испратено до медиумите, Sony објави дека од март 2011 ќе престане да продава флопи дискети во светски рамки. За многумина оваа информација можеби и нема никакво значење, но доколку се обидеме барем малку да чепнеме под површината ќе наидеме на многу интересни работи. Имено, податокот дека дискетите повеќе нема да се продаваат беше доволен да ме замисли, како, ама навистина

доменот на едукација и научни истражувања. Хорор. Како сега да кажеш некому дека Јапонците се технолошки напредна нација, како да кажеш дека таму се инвестира во технологии и опрема за разлика од кај нас, кога податокот за 12 милиони продадени дискети во 2009 година удира како шлакница. Извинете почитувани пријатели од Јапонија или транскрибирано- су ми ма се, знам дека работите не се баш онакви

Најголемите и најверните корисници на старите, малокапацитетни, високоризични пласични квадрати се ни помалку ни повеќе технолошки освестените и напредни Јапонци. Секторите во кои најмногу се користат дискетите се во доменот на едукација и научни истражувања. Хорор како тие се продавале и се продаваат во 21 век? Која е таа група на корисници која сеуште користи и купува дискети и зошто по ѓаволите го прави тоа? Па дури и нашите сметководители, кои со години беа најголемите потрошувачи на овој тип на медиуми, во последниве неколку години се откажаа од дискетите и старите сметководствени програми напишани во Clipper и преминаа на пософистициран начин на пренос на податоци. И државните институции од областа на финансиите се смилуваа и го модернизираа начинот на примање на пресметки, па сега за проверка на платата е потребна електронска адреса а не црна дискета. Малку пребарување на Google беше доволно за многу големо изненадување. Најголемите и најверните корисници на старите, малокапацитетни, високоризични пласични квадрати се ни помалку ни повеќе технолошки освестените и напредни Јапонци. Секторите во кои најмногу се користат дискетите се во

како што ги претставив. Јасно ми е дека дискетите се користат заради некои стари системи кои сеуште добро функционираат и нема потреба да се променат. Но сепак, ако успеете овие бројки и податоци да ги погледнете од еден друг ракурс убедена сум дека ќе ја пронајдете иронијата во целата приказна. И за крај малку бројки, во кои ќе го споредиме капацитетот, додека лекцијата по историја за легендарната дискета ќе ви ја предадеме во некој од следните броеви. Ако една дискета има капацитет од 1.44MB и ако ја земеме за точна бројкта од 12 милиони дискети и помножиме по 1.44, ќе дојдеме до бројка од околу 17 TB капацитет. Занчи со 12 милиони дискети Јапонците пазариле само 17 терабајти простор. Ако овие 17 TB ги разделиме на BR дискови ќе добиеме бројка од само 700 еднострани Bly –ray дискови. Јулијана Прчковска


click/содржина/ БРОЈ 24 • април 2010

12 - 41

ХАРДВЕР

16 HP ProBook 4710s

компјутер што нуди многу повеќе од тоа што сте го платиле

18 KFA2

бренд на Galaxy Microsystems наменет за европскиот пазар

22 Samsung Syncmaster P2370HD

за оние кои не сакаат да купуваат посебно монитор и LCD ТV

34 ZyXEL ES-2024A Switch

17

24 портен L2 switch со одлични перформанси

Lifebook P3110

Категоријата ултра преносни лаптопи се враќа на сцена и носи моќни системи

42 - 63

СОФТВЕР 48 Aston Shell

сами креирајте си свој десктоп кој ќе се однесува онака како што вие сакате

53 Klok 1.0

бесплатна апликација за мерење на времето за работа

54 How to

монтажа со фокус на новитетите во Photoshop CS5

62 Ninite

сервсот инсталира а вие имате време за кафе

50

програмирање за Android

моќниот софтверски комплет за развој на апликации е базиран на слободен софтвер

ФЕЉТОН

64 - 67

64 Нешто повеќе за INTEL

компанија на која треба да и се додели титулата креатор на денешницата

ИГРИ

68 - 71

68 Just Cause 2

акробатот Rico пали и жари се пред себе

70 Napoleon: Total War

империја доследна за секој голем војсководец

РЕДОВНИ РУБРИКИ

71

Napoleon: Total War

империја доследна за секој голем војсководец

4

click април 2010

5 72 74

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click/вести/

Масовен бан од страна на Blizzard На форумите на Battle.net, Blizzard со жалење соопшти дека по последните контроли на играчите, компанијата е принудена да го направи најголемото масовно банинарање до сега. Според официјалното соопштение околу 320 000 играчи на Warcraft 3 и Diablo 2 добиле забрана за играње. За оние играчи кои имаат само по еден прекршок забраната односно банот на корисничкиот профил ќе им трае еден месец, но оние кои и до сега имале направено некој прекршок и поминувале само со опомени, се соочуваат со можноста да добијат перманентна забрана за играње на овие игри со постоечките кориснички профили. l

Втората генерација на iPad ќе има OLED дисплеј Според информациите до кои дојдоа најголемите портали за технологија , втората генерација на Apple iPad ќе има OLED дисплеј и порај тоа што цената на оваа технологија е многу повисока во однос на моментално користената LCD. Сопред неофицијалните информации Apple веќе работи на втората генерација на iPad таблетот кој би требало концептуално да биде сличен на iPhone 4G уредите. Како период во кој би требало да се појават новите уреди се спомнува првата половина на 2011

Ubisoft станува еколошки освестена компанија Како што тргнало, се чини дека упатствата за видео игрите кои доаѓаа во хартиена форма ќе го доживат крајот на работниот век. Од Ubisoft веќе најавија дека новите игри за конзолите Xbox 360 и PlayStation 3 ќе се испорачуваат без овие упатства, односно упатствата ќе бидат снимени на истиот медиум на кој се наоѓа и видео играта. Оваа практика Ubisoft веќе неколку месеци ја користи за

своите PC игри. Дополнително оваа компанија објави дека медиумите на кои се снимени игрите ќе бидат пакувани исклучиво во кутии кои ќе можат комплетно да се рециклираат. И колку и да сметаме дека овие потези се вредни за пофалба, мора да кажеме дека е мала веројатноста кутиите да се најдат на отпад за рециклирање, затоа што корисниците најчесто сакаат медиумите да си ги чуваат во оригиналните пакувања. l

година. Во прилог на овие гласини одат и информациите дека во следните шест месеци би требало да дојде до драстично намалување на цените на OLED дисплеите, со што евентуално би се намалила и производствената цена на iPad. Инаку и во постоечката изведба дисплејот изработен во LCD технологија е најскапата компонента вградена во iPad со цена од 95 долари. Аналитичарите процениле дека вкупната цена на компонентите вградени во iPad е некаде околу 260 долари, што споредено со продажната цена од 499 долари прави голема разлика. Како што е вообичаено, од Apple не даваат коментар на ниту една од овие гласини. l

Office 2010 е готов Microsoft објави дека новата верзија на пакетот Office стигна до статусот RTM што означува верзија која се пушта за копирање на медиуми. Покрај Office 2010 до ваков статус се дојдени и новите верзии на SharePoint 2010, Visio 2010 и Project 2010. Првите корисници кои ќе ја добијат финалната верзија на Office 2010 во комплетно издание ќе

бидат големите партнери на Microsoft кои верзијата ќе можат да ја преземат од 27 април. Најверојатно е дека официјалната промоција на новиот Office 2010 ќе се случи на 12 мај, а неговата продажба ќе започне некаде на почетокот на јуни. l

click април 2010

5


12 14 15 16 18 20 23 25

26 28

Acer Ferrari One-200 Samsung PL150 LG HXF2 Portable Theater Radeon HD5870 Dell Precision M4400 Lifebook P3110 LG BL40 HP ProBook 4710s

Samsung Syncmaster P2370HD ZyXEL ES-2024A Switch

click/хардвер/ Acer Ferrari One-200 Малиот црвенo-црн убавец ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Acer www.acer.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: TДК компјутери www.tdkcomputers.com.mk

Безобразно црвени безобразно добар

заедно со заштитниот

во средината и логото на

знак на Ferrari и суптилна слика од моделот. One-200 на Acer го краси „хауба“ изработена

производителот во горниот лев агол. Детаљот што не можете да го пропуштите се подлошките со форма на автомобилска гума.

ЗА И ПРОТИВ

     

Одличен дизајн Мали димензии Добри перформанси Лесен Нема оптички уред Многу грее

ЦЕНА

• 34.000 денари

К

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

многу добро Совршениот дизајн никого не остава рамнодушен.

12 click април 2010

ога станува збор за Ferrari многу работи се однапред јасни. Самото име навестува одличен дизајн и екстремно добри перформанси кои во нашиот случај не се однесуваат на автомобил. Во текстот што следи ќе ви го претставиме новиот модел на преносник од Acer кој достоинствено го носи името Ferrari One-200. Уште при самото отпакување се добива впечаток дека станува збор за модел од висока класа. Преносникот е спакуван во црна кутија на која се наоѓа името на моделот

Главниот адут на овој модел е неговиот безобразно добар дизајн, карактеристичен по капакот со сјајно црвен финиш со моќното лого на Ferrari во средината од црвена пластика со јак отсјај, со препознатливиот Ferrari амблем

Поради релативно малите димензии, Ferrari One-200 ги „носи“ само

стандардните приклучоци со еден мал исклучок. На левиот раб е се наоѓа нешто сосема нестандардно, а тоа е XGP-портата, која дава можност да се приклучи надворешна графичка картичка. Покрај отворот за вентилација, XGP-портата е придружена од VGA-Out порта и една USB 2.0 порта, додека на десниот раб се наоѓа приклучокот за напојување, LAN, Audio, две USB 2.0 порти и 5-in-1 читач на картички. Доколку не е приклучен на напон, 6-ќелијната 63Wh Li-Ion батерија ќе ви овозможи до 4 часа работа под нормално оптоварување. Приказот на сликата е овозможен од сјаен 11,6-инчен дисплеј во 16:9 wide формат, со максимална поддржана резолуција од 1.366x768 пиксели, на кој исто така се наоѓаат и вградена веб-камера и микрофон. Тастатурата која се карактеризира со нестандарден облик и големина на копчињата, овозможува лесно и меко чувство при работа. Под тастатурата сместен помеѓу звучниците се наоѓа тачпадот со трапезоидна форма и сребрено Ferrari


click/хардвер/

И под хаубата се кријат моќни перформанси

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ

PC MARK VANTAGE

SISOFT SANDRA

EVEREST ULTIMATE 5

One. Доминацијата на црната боја ја нарушуваат црвеното копче за вклучување на горниот десен агол и Ferrari амблемот на долниот десен агол. Како што се очекува од едно Ferrari моделот One-200 има со што да се пофали под „хаубата“, па ајде малку и за тоа. Acer решија овој модел да го „украсат“ со двојадрениот AMD Athlon 64 X2 L310 процесор кој работи на фреквенција од 1.2 Ghz и 1 Мb кеш-меморија. Со графиката раководи ATI Radeon HD 3200, кој поддржува DirectX10 и Shader Model 4.0 и има

работен такт од 380 MHz (јадро) и 266 MHz (меморија). Моделот Radeon HD 3200 сам по себе не содржи меморија, но тоа не е недостаток бидејќи покрај стандардните 2 Gb DDR2 системска меморија, Ferrari One „пакува“ дополнителен 1 Gb интегрирана меморија која е наменета за графичките потреби. Складирањето на податоците е овозможено од 220 Gb SATA хард-диск што е сосема доволно за еден преносник. Сите компоненти се поставени на преносница раководена од AMD M870G чипсет. Во поглед

на софтверот, Ferrari One доаѓа со 64-битна верзија на Windows 7 Home Premium оперативен систем кој се инсталира сам при првото вклучување на системот. Покрај оперативниот систем, One-200 има инсталирано и McAfee Internet Security. Интересен детаљ е заднината која всушност е Ferrari календар од тековната 2010 година.

Тестови

Windows Experience Index го оцени системот со 2,7, каде што најслабо поле се перформансите на Widnows Aero. Систе-

WINDOWS EXPERIENCE INDEX

Score

2114

Memory Score

1324

TV and Movies

1275

Music

2358

Gaming

1604

Dhrystone ALU

8 GIPS

Whetstone iSSE3

6.52 GFLOPS

CPU Queen

4188

CPU PhotoWorxx

4767

Memory Read

3636 MB/s

Memory Write

3392 MB/s

Memory Copy

3343 MB/s

Memory Latency

87.0 ns

Processor

3.6

Memory (RAM)

4.6

Graphics

2.7

Gaming Graphics

4.4

Primary Hard Disk

5.9

мот беше подлежен на стандардните синтетички тестови и ги покажа следните резултати.

Заклучок

Перформансите на Acer Ferrari One-200 иако, можеби, не се толку моќни (но достојни за неговите димензии), се компензираат со можноста за

приклучување на надворешна графичка картичка. Сепак, главниот адут на овој модел е неговиот безобразно добар дизајн, карактеристичен по капакот со сјајно црвен финиш со моќното лого на Ferrari во средината, како и одлично организиран распоред на основата. l (Мирослав Димитровски)

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1 година

ПРОЦЕСОР

AMD Athlon 64 X2 L310, 1.2 GHz, 1Mb L2 cache

МЕМОРИЈА

3GB DDR2 RAM (1x2048MB + 1024 integrated)

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

ATI Radeon HD 3200

ХАРД-ДИСК

220 GB, SATA

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

11.6” TFT 1366x768 WXGA 24-bit

ОПТИЧКИ УРЕД

Нема

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows 7 Home Premium

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n со Bluetooth, 3 x USB, VGA-15 pin, XGP port, Microphone & Headphone/Line-out with S/PDIF, 5-in1 card reader

ТЕЖИНА

1.48 КГ

ДИМЕНЗИЈА

285 x 204 x 30 мм

click април 2010 13


click/хардвер/

HP ProBook 4710s Професионален алат без многу полемики ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Hewlett-Packard www.hp.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Логин Системи www.loginsys.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

Квалитет Понуда Тастатура Распоред на приклучоци ЦЕНА

Перформансите се главната вредност кај HP ProBook 4710s поткрепени со многу јака Wireless мрежна картичка

• 37.310 денари

П

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Алат што секој би можел да си го дозволи и притоа да биде задоволен од инвестицијата.

16 click април 2010

рофесионалниот алат секогаш треба да биде избор за кој нема да зажалиме што сме го направиле. Зборуваме за компјутерската компонента во нашата заработка каде што повеќето од времето компјутерот е алат, канцеларија и пријател. Во контекст на тоа HP ProBook 4710s е еден од преносниците што може фино да изненади. Доаѓа во малку поширока кутија од вообичаениот спакуван пренослив компјутер, што малку ме зачуди, но тоа било поради торбата што ја добивате заедно во пакет со него. На прв впечаток HP ProBook 4710s изгледа стабилно и цврсто што е некој предуслов за професионален компјутер чија целна група се корпоративните работници. Дизајнот е класичен и елегантен со пијано црна боја, без многу светлечки и мултимедиумски копчиња што повеќето регуларни корисници ги сметаат за „непотребни додатоци“. Флуоресцентно сина боја свети под копчето Caps Lock кога е вклучено, како и на индикаторите што малку освежува во целата едноставност. Просторот под рацете при користење

на тастатурата е малку поширок од вообичаено, па поради тоа рацете се поодморени и заштитени од

Просторот околу USB влезовите би требало да е малку поголем, затоа што кога ставив две USB стапчиња одеднаш изгледаа како два прста за „peace“ поздрав. Перформансите се главната вредност кај HP ProBook 4710s поткрепени со многу јака Wireless мрежна картичка. Процесорот е Intel Core 2 Duo T6570 2.10 GHz со HDD 500GB и 4GB RAM меморија. Мониторот е 17,3” widescreen што продуцира солидна регуларна и HD слика. Присутни се сите приклучоци вклучувајќи ги поважните како HDMI и VGA излези.

Неговата цел е да ја замени десктопмашината на вашето биро каде што флексибилноста, мобилноста и добро искористениот простор ќе дојдат до одредена рамнотежа недоволна циркулација на крвта во прстите. Звучниците се сместен во целиот простор над тастатурата што дава впечаток дека целиот компјутер е еден голем звучник. Звукот не е нешто впечатливо, но тоа и не е главниот адут на овие категории компјутери. Приклучоците на звучната карта за слушалки се напред, веднаш на рака, а тука се и индикаторите за батерија, хард-диск и wifi картичка. Камерата (2 мегапиксели) и микрофонот се добро одбрани и вградени за користење. На малку изменетиот тачпад, кој не е на средината, туку на левата половина, копчињата се направени како копчиња од пијано. Начинот на техниката околу овие копчиња е ист како кај пијаното, со налегнување нанапред.

Овој компјутер е релативно евтин кога зборуваме за професионална употреба, со оглед на фактот што за таа цена

добиваме и добар квалитет. Неговата цел е да ја замени десктоп-машината на вашето биро каде што флексибилноста, мобилноста и добро искористениот простор ќе дојдат до одредена рамнотежа. На тој начин работните обврски ќе станат полесни за исполнување, а стресот околу работата ќе се намали. Бидејќи мониторот е релативно голем овозможува поширока палета на работа, а доколку сакате понекогаш да поиграте некоја игра, дефинитивно ќе го задоволи и тој сегмент на разонода. Сè на сè, HP ProBook 4710s изгледа како компјутер што нуди многу повеќе од тоа што сте го платиле и наменет е на корисниците што расчистиле за тоа каков компјутер-алат им треба. Добар професионален избор за квалитетен преносник, солидни перформанси и максимално ефикасен за интернет и другите мрежни поврзувања. l (благој капсаров)

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1 година

ПРОЦЕСОР

Intel® Core™2 Duo Processor T6570 (2.10 GHz, 2 MB L2 cache, 800 MHz FSB)

МЕМОРИЈА

4GB DDR2 RAM (максимум 8 GB)

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ

ATI Mobility Radeon HD 4330

ХАРД-ДИСК

500GB ( модели од 160GB)

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

17,3 - инчен WXGA

ОПТИЧКИ УРЕД

LightScribe Super Multi DVD+/-R/RW

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

SUSE Linux Enterprise Desktop 11

КОНЕКЦИЈА

Intel® WiFi Link 5100 Broadcom 4322AGN 802.11a/b/g/n WiFi Adapter HP Integrated Module with Bluetooth® 2.0 or 2.1 Wireless Technology

ТЕЖИНА

3 КГ

ДИМЕНЗИЈА

410.6 x 270.0 x 32.0 mm


click/хардвер/

Lifebook P3110 – Моќен систем во минијатурно пакување Категоријата ултра преносни лаптопи се враќа на сцена

L

ifebook P3110 е најмалиот член на семејството Fujitsu, неговиот екран има дијагонала од околу 28 сантиметри (11.6 инчи) и тежи само 1,63 килограми. Но во внатрешноста на куќиштето е скриен моќниот процесор Intel Core2 Duo SU 7300 кој работи на 1.30 GHz и ги има интегрирано Intel GMA 4500MHD графичките инструкции. Како добар пар на процесорот, вградени се 4 GB DDR2-6400 RAM меморија и прилично голем диск од 320 GB. По комплетното раздвојување помеѓу Fujitsu и Siemens покрај промената на називот исклучително е забележлива и промената во дизајнот на преносните уреди. Новите дизајни се помеки, поелегантни и можеби на моменти пофеминизирани. Lifebook P3110 на пазарот доаѓа во 3 бои: црна, бела и рубин црвена. Кога ќе ја видите црвената изведба ќе ви е јасно за што зборувам. Сјајниот финиш на капакот е збогатен со отпечатеното лого на Fujitsu на предниот дел и втиснатиот заштитен знак на марката на задниот десен агол. Сјајниот финиш е задржан и на внатрешниот дел кај екранот, додека во долната површина е искористена мат варијанта. Паметен избор со оглед на тоа сјајните површини се магнет за отпечатоци на прсти. Дека е тоа така ќе се уверите веднаш по првото вклучување  Имено копчето за вклучување и двете копчиња на тачпадот се изработени од хромирана пластика на која и се позна-

ва секоја прашинка. Екранот за кој веќе кажавме дека има дијагонала

3 USB порти, универзален 4 во 1 читач на картички, VGA излез кој овозможува

Во изминатиов период корисниците беа ставени пред изборот мобилност или перформанси, што ги ограничуваше во изборот на преносник од 28 см, има заднинско LED осветлување и нативна резолуција 1366 x 768 пиксели. Сликата е со одличен квалитет без разлика на тоа дали на него гледате документи или филм. Се одликува со јак контраст и прикажува реални и живи бои. Иако целиот преносник е минијатурен по димензии, тастатурата изгледа и при користење дава чувство како да е со нормална големина. Овој ефект е добиен благодарение на растојанието помеѓу тастерите. Интересно е дека тастурата е заштитена од инцидентно истурање на вода и други течности. Иако нема оптички уред, овој преносник се одликува со солидни опции за поврзување. На страничните делови се поставени

поврзување со монитор или телевизор, приклучоци за слушалки и микрофон слот за заклучување од

Kensington и приклучок за LAN. И додека веб камерата и вградениот микрофон се наоѓаат на стандардната позиција, за вградување на звучниците е искористен долниот дел на уредот. Бидејќи кај овој тип на преносници акцентот е ставен на мобилноста, независноста која ви ја дава батеријата е од огромно значење. Lifebook P3110 има батерија со 6 ќелии која при одредени прилагодувања овозможува користење на преносникот нешто помалку од 9 часа. Доколку ги оставите стандардните прилагодувања, можете да очекувате некаде околу 7 часа независност и непречено работење. Од аспект на софтвер Lifebook P3110 доаѓа со преинсталиран Windows7 Home Premium, пробна верзија на Office, Norton Internet Security и CyberLink. l

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Fujitsu www.fujitsu.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Интек Системс www.intecsystem.net ЗА И ПРОТИВ

 Одличен дизајн  Добро избрани компоненти  Извонредни перформанси  Солидна батерија  Нема оптички уред  На хромираната пластика искористена кај копчињата се познава секоја прашинка ЦЕНА

• 52.598 денари

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

2 години

ПРОЦЕСОР

Intel Core2 Duo SU7300 (1.3 GHz)

МЕМОРИЈА

4 GB DDR2-6400 RAM

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

Intel GMA 4500MHD

ХАРД-ДИСК

320 GB

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

11.6” TFT 1366x768 WXGA 24-bit

ОПТИЧКИ УРЕД

Нема

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows 7 Home Premium

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n со Bluetooth, 3 x USB, VGA-15 pin, Microphone & Headphone 4-in-1 card reader

ТЕЖИНА

1.63 КГ

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО По бранот на нетбуци, убаво е да се види дека во мало пакување може да се вгнезди и моќна конфигурација.

click април 2010 17


click/хардвер/

Ѕверка која секој ја посакува Поларно ладна и пеколно брза ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: MSI www.msi.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: РХС www.rhs.com.mk

Малку општа култура

Radeon HD5870 го држи приматот на полето на перформансите, барем кога се во прашање

Најбрзата single-chip графичка картичка на нашиот пазар

ЗА И ПРОТИВ

 Врвни перформанси  Изработка (врвни транзистори и кондензатори за зголемен работен век)  Мало загревање  Тивка работа  Евентуално...цената ЦЕНА

• 24.500 денари

ОЦЕНА

9.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Пеколно брза, тивка и ладна. Едноставно - беспрекорна!

20 click април 2010

картичките со еден графички процесор. Одговорот на Nvidia доцни, па чекајќи го него, да погледнеме со што може да се пофали Radeon HD5870 во изведба на MSI. Дизајнот нема изненадувачки моменти. MSI го следи референтниот дизајн, што значи картичка целосно оклопена со системот за ладење, задно поставен вентилатор, децентни всисни канали за воздух и издувен дел кој зафаќа уште еден монтажен слот на задната страна на куќиштето. Оклопот крие фантастично парче хардвер, кое веруваме дека секој би посакал да го има зад поклопецот. 2.15-те милијарди транзистори на RV870XT графичкиот процесор во превод значат 1600 Shader процесори, 80 текстурни и 32 излезни рендерирачки единици - вкупна процесирачка моќ од 2,72 ТFLOPs-и. Сето тоа е спакувано на само 334 mm2 површина благодарејќи на 40 nm производствен процес. Работниот такт на графичкиот процесор е високи 850 MHz. Комуникацијата со 1 GB GDDR5 меморијата се

врши преку 256 bit-на собирница, при што се остваруваат 153.6 GB/s вкупен проток на податоци. Тактот на меморијата е 1200 MHz (4800 MHz ефективни).

наслови на игри кои во моментов се неприкосновени во поглед на цедењето на перформанси и оптеретување на картичките. Постигнатите резултати говорат не само до каде се графичките картички во моментов со своите перформанси во поглед на истите наслови, туку и за тоа како се справуваат со игрите кои

Најбрзата single-chip графичка картичка на нашиот пазар конечно се најде и во нашата тест лабораторија. Вo очекување на Nvidia Fermi, да испитаме кои се нејзините можности Tест и впечатоци

Првиот впечаток при вадењето на картичката од кутијата веќе го наведовме - MSI целосно го следи референтниот дизајн. И во поглед на потрошувачката нема одстапувања - потребно е дополнително напојување преку два 6-пински PCI-е конектори. Препорачано е напојување со минимален капацитет од 500 W (ние користевме EVEREST модуларно напојување со капацитет од 700 W и по 18 А на двете 12V гранки). Како и обично, тестот го спроведовме со неколку

имаат помали хардверски побарувања. Тука се и синтетичките тестови без кои не се може, како и излетот во оверклок водите. Интересен момент е втората верзија

на Unigine Heaven тест апликацијата. Претходната верзија овозможуваше вклучување и исклучување на теселацијата, а во верзијата 2.0 е отиден чекор понапред - на располагање се 3 различни нивоа на употреба на оваа опција (moderate, normal и extreme) кои различно ја оптеретуваат картичката, како и нагодување на оддалеченоста од објектот и корекција на длабочините на објектите. Оверклокабилноста не е најсилна страна, со оглед на високите основни работни тактови. Catalyst Cоntrol Center како максимални можности ги пријавува 900 МHz за графичкиот процесор и 1300 MHz за меморијата, кои без проблем се достигнуваат, при што максималното загравање измерено со истата апликација беше 66оС, што е одличен резултат. Ова скоро 6%-но забрзување не донесува којзнае колкав раст на перформансите, но сепак го има, како што може да се види од табелата. Картичка од ваков калибар сепак заслужува посилен процесор од нашиот Athlon II X4 630 (2.8 GHz), кој во суштина се покажа како многу добро решение. Добри резултати во игрите и при највисоки резолуции, зачинето со одлична цена. Изборот на Phenom II освен повисока цена нема да донесе којзнае колкаво унапредување на перформансите, па затоа некој посилен модел на Intel (Core i5 750 и посилен) ќе биде далеку поадекватен. Тогаш, моќта на картичката ќе дојде до полн израз! l (Зоран Ивановски)


click/хардвер/

ТАБЕЛА СО РЕЗУЛТАТИ Default 3D MARK VANTAGE

OC (900 MHz GPU, 1300/5200 MHz GDDR5)

Score

10680

GPU Score

11026

Score

11115

GPU Score

11563

CINEBENCH 10 64 bit (OPEN GL render) - score

5079

CINEBENCH 11.5 64 bit (OPEN GL render) - fps

19.81 fps

UNIGINE HEAVEN BENCHMARK 1.0 (DX11)

1680x1050 (без АА и АF, без Tesselation)

73.5 fps

1680x1050 (8x АА, 8x АF, со Tesselation)

26.6 fps

1920х1080 (без АА и АF, без Tesselation)

65.4 fps

1920x1080 (8x АА, 8x АF, со Tesselation)

23.7 fps

1680x1050 (без АА, 1хАF) 1680x1050 (8x АА, 8x АF) UNIGINE HEAVEN BENCHMARK 2.0 (DX11) 1920х1080 (без АА и АF) 1920x1080 (8x АА, 8x АF)

CALL OF JUAREZ (DX 10)

FAR CRY 2.0 (DX 10) (Utra High)

(FROST 2, Very High, no AA) CRYSIS WARHEAD(DX 10) CAVE 2, Very High, no AA)

Tesselation Normal

40 fps

Tesselation Extreme

23.5 fps

Tesselation Normal

28 fps

Tesselation Extreme

17.5 fps

Tesselation Normal

37.7 fps

Tesselation Extreme

22 fps

Tesselation Normal

25.5 fps

Tesselation Extreme

16 fps

1680x1050, Normal, no AA

92 fps

1680x1050, High, 4xAA

73 fps

1920x1080, Normal, no AA

82 fps

1920x1080, High, 4xAA

67 fps

1680x1050, noAA

79 fps

1680x1050, 8xAA

62 fps

1920x1080, noAA

77 fps

1920x1080, 8xAA

58 fps

1680x1050

30 fps

1920x1080

28 fps

1680x1050, OC

32 fps

1920x1080, OC

29 fps

1680x1050

50 fps

1920x1080

46 fps No_MSAA, tesselation OFF, без Ultra HDAO

1680x1050 (fps) 4xMSAA, tesselation ON, со Ultra HDAO S.T.A.L.K.E.R. Call of Pripyat (DX11) (Ultra preset, enhancened full dynamic lightning) No_MSAA, tesselation OFF, без Ultra HDAO 1920x1080 (fps) 4xMSAA, tesselation ON, со Ultra HDAO

Day

83

Night

86

Rain

97

Sun Shafts

56

Day

52

Night

45

Rain

47

Sun Shafts

33

Day

79

Night

78

Rain

90

Sun Shafts

50

Day

45

Night

38

Rain

41

Sun Shafts

29

ТЕСТНА КОНФИГУРАЦИЈА Матична плоча: MSI MS 790GX-G65 Процесор: AMD Athlon II X4 630 BOX (AM3, 2.8 GHz) Меморија: Kingmax DDR3 1333, 2x2 GB

Напојување: EVEREST 700, 700 W, модуларно 18А@12V (x2) Windows 7 Ultimate, Catalyst 10.2 драјвери, DX11_02_2010 redist

click април 2010 21


click/хардвер/

LG BL40 New Chocolate LG е компанија која произведува се што е електроника, од пегли преку плазма телевизори се до фрижидери и секако сето тоа со голем успех. Дел од тој успех одпаѓа и на пазарот на мобилки, BL40 е само еден од позитивните примери ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: LG http://www.lg.com ЗА И ПРОТИВ

   

Одлична функционалност Опременост Дизајн Моќен екран

L

G BL40 или како што го викаат нагалено New Chocolate (ново чоколадо) е всушност наследникот на мобилниот телефон кој го стави LG на мапата на квалитетно произвосители на уреди за мобилна комуникација. Сепак LG многу брзо свати дека не е доволно само да се појавите на пазарот, туку за да си “играте“ со големите треба редовно да работите на подобрување на своите призводи. BL40 е всушност комплетно подобрена и нова верзија на мобилка која навистина во многу сегменти може да се носи

со староседелците во овој сегмент. Секако дека идејата за овој мобилен доаѓа од iPhone уредот, но овој мобилен уред има единствен и свеж дизајн кој нема да го најдете кај другитeи остава впечаток на многу скап уред. Однапред нема тастатура туку целиот е претворен во екран. Гледано од корисничка страна најголемиот дел од можности и функции кои постојат и кај поизвиканите, поетаблираните и на крајот поскапите мобилки ги има и BL40. Иако технички гледано овој уред не спаѓа во категоријата на паметни мобилки сепак истиот има голем број карактеристики кои ги одбележуваат паметните мобилки. Тука се на пример можност за извршување на повеќе задачи во

исто време (multitasking) како и новиот кориснички интерфејс на LG S-Class. Екранот на BL40 е TFT (големина 4.01 инчи) со одличен квалитет и можност за прикажување на 16 M бои, истиот е осетлив на допир, ја поддржува можноста за работа со повеќе прсти (multi touch), и има заштита од гребење. Телефонот исто така овозможува TV излез, има FM радио со RDS, FM трансмитер и DivX/XviD поддршка. Сите овие можности потврдуваат дека станува збор за апарат кој ќе ви пружи незаборавно мултимедијално искуство. Тука се и дигиталката со авто фокус и јачина од 5 мега пиксели (2560 x 1920) како и VGA камерата за видео повици, вградената меморија од 1.1 Gb, количина која секако не е импресивно но тука е и можноста за користење на мемориски картички (microSD) со максимален капацитет од 32GB. Можнистите за поврзување со други уреди се горе – долу стандардни, тука се вклучени безжичните Wi-Fi, 3G, Bluetooth како и преку кабел, класичниот USB приклучок. Можноста за навигација исто така

постои со вградениот GPS локатор и Wisepilot апликацијата која доаѓа преинсталирана во самиот уред додека мапите се на NAVTEQ. Сите можности се одлично спакувани во одличен и компактен пакет кој никого нема да остави рамнодушен. Сепак постојат неколку недостатоци кои можеби обичниот корисник нема да ги примети или ќе научи да живее со нив. Секако, и ние можеме да ги минимизираме но ред е да ги напоменеме, светлата црна предна површина е магнет за отпечатоци и ретко кога изгледа чисто но тоа е случај со сите телефони кои работат на допир, влезот за мемориската картичка се наоѓа под батеријата па картичката може да се извади само кога уредот е изгасен, нема Flash и YouTube поддршкако како и никакво поврзување со социјалните мрежи (Facebook, Twitter, My Space). Сепак за крај може да се заклучи дека ова е одличен уред и би го препорачал на секого кој може да живее без Facebook или Twitter. l (Иван Јанкијевиќ)

СПЕЦИФИКАЦИИ

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Телефон кој позитивно ќе ве изненади.

28 click април 2010

Графички интерфејс

S-Class

Екран

4.01-инчен со резолуција 345 х 800 16M бои (осетлив на допир)

Поврзување

GSM, GPRS, EDGE, HSDPA

Камера

5 MP (2560 x 1920 пиксели)

Меморија

1.1 GB + microSD (32 GB max.)

Тежина

129 гр.

Димензии

128 x 51 x 10.9 мм


click/хардвер/

RPC-221-5.1 Мултимедијален сарануд систем

R

PC ни претставуваат уште едно добро спакувано аудио доживување што подразбира 5.1 (5+1) озвучување низ домот, наменето за гледање филм, играње игри и слушање музика на компјутер или телевизор. Системот се состои од три генерални елементи: 5 звучници, еден вуфер и далечински управувач. Сите главни поврзувања се преку вуферот каде што се наоѓаат и појачалото, инфрацрвената комуникација со далечинското и изборот на уредот што е приклучен на него. На предниот дел од вуферот се наоѓаат неколку копчиња и индикатори што претставуваат мал интерфејс за

Системот се состои од три основни елементи, 5 звучници, 1вуфер и далечински управувач

низа што имаат рамка од Min до Max и 3 нивоа на гласност помеѓу нив. Ако го погледнеме изгледот на овој мултимедијален звучен пакет, станува збор за црни звучници со платнена заштитна мрежа составени од

Вреди да се слушне омилената игра како да се случува насекаде околу вас, а не само на левото и десното уво регулерање на уредот. Првото копче е поврзано со stand by активноста и веднаш под него е рестарт копчето. Другите нагодувања се во втората долна половина и изненадувачки најпрво е ADC (аналогно во дигитално конвертирање на сигналот) конверторот, што е доста нов момент кај ваквите скромни домашни озвучувања. Има неколку типа на поврзување на уредите како што се DVD, CD, AUX и TV. По поврзувањето, сами треба да избиреме кој уред е поврзан што и не претставува некаков проблем. Копчето за јачината на звукот или појачалото е исто така дигитално, регулирано со скала од неколку лед диоди во верикална

пластични звучни кутии. Најголем дел од убавината треба да му се препише на вуферот каде што се наоѓа и работната конзола на системот. Најексплоатираниот предмет за работата околу регулирањето на звукот и целосната работата на системот ја има далечинскиот управувач. Сите можни команди што може да се насочат кон звукот се наоѓаат на овој уред. Сето тоа кога слушаме музика звучи солидно, но најинтересното е кога гледаме филм. Ако распоредот на звучките е правилен и низ целата соба, тогаш ефектот е извонреден. Се разбира овие ефекти се уште позабележителни кога играме игра. Вреди да се слушне оми-

лената игра како да се случува насекаде околу вас, а не само на левото и десното уво. Техничките податоци на звучниците се 4 сателити, 1 среден и еден саб-вуфер. Тоа во фреквенции би изгледало вака: 20Hz до 280Hz вуферот, сателите и средниот до 20KHz. Од уреди може истовремено да бидат приклучени три различни типови а потоа само го избираме тој што сакаме да го слушаме. Тоа вклучува CD, TV и DVD-player односно компјутерот. Единсветно DVD-player и компјутер, на кој има сараунд звучна картичка, имаат „конфликт на интереси“ и само они можат да продуцираат сараунд озвучување. Телевизорот и CD-то немаат сараунд ефект оти и самите во повеќето случаи немаат такви приклучоци, но сепак доколку стану-

ва збор за концерт, најдобро би било да се вклучи на DVD-то и така да се постигне саканиот all-around ефект. Кога станува збор за сараунд озвучување во нашите домашни лулки, најбитно е распоредот на звучниците. Колку повеќе време посветите на позициите на звучките во собата, толку посилен и подолготраен ефект ќе има тоа врз начинот на перцепирање со сетилото за звук низ дома. Откако местоположбата е одбрана, тогаш каблите и приклучоците треба да се солидни оти може да се јават несакани шумови или прекини што ќе му наштетат на целиот зфучен ефект. За потврда дека сме ги наместиле звучниците правилно постојат звучни тестери што посочуваат кој звучник каков звук треба да продуцира. Истото што го има за компјутерот го има и за DVD-то. Така распоредени со внимание и добра воља овие звучници ќе си ја вршат работата и повеќе од доволно, а сите други активности околу забава и ефекти можеме да ги откриеме на концерт во живо или посета на кино/театар. l

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: RPC www.myrpc.ro • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: РХС www.rhs.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Изглед  Цена  Опрема ЦЕНА

• 3.500 денари

(благој капсаров)

СПЕЦИФИКАЦИИ 4 Satellite ЗВУЧНИЦИ

1 Center

ОЦЕНА

1 Subwoofer КОНЕКЦИЈА

DVD CD TV AUX

КОНТРОЛА

Далечински управувач Интегрирано на вуфер

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Не е точно дека богатството е пресудно и треба да биде предуслов за уживање.

click април 2010 29


click/хардвер/

Централизирано складирање Сите податоци на едно место и достапни од секаде! ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Synology www.synology.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: ЈВС Нет www.jvsnet.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Дизајн и компактни димензии  Одлична хардверска подлога  Крајно лесно конфигурирање и инсталација  Брзина на запис и читање  Интуитивна и богата со опции апликација  (пре)Висока цена ЦЕНА

Решение за мали и средни бизниси

• 39.000 денари

З

а концепцијата, намената и начинот на функционирање на NAS уредите говоревме во неколку наврати, затоа тој момент сега ќе го прескокнеме. Добивме на тест три нови модели наменети за различни категории корисници, па веднаш да се освернеме на деталите врзани за секој поединечно.

Synology DS 710+

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Доволно решение за мали претпријатија, кои немаат потреба од повеќе

30 click април 2010

DS 710+ е модел ориентиран првенствено кон малите и средни бизниси, кои имаат потреба од централно складирање на податоците и брз и ефикасен пристап кон нив. Асемблирањето е крајно едноставно, и се сведува на градување на хард дисковите, поврзување во мрежата и инсталација. Но најнапред, да видиме со каква хардверска подлога располага. Тука се крие првото изненадување. Вадењето на ладилникот на процесорот открива интегриран Intel ATOM процесор со работен такт од 1.67 GHz. Изненадување? Како за

кого. Поупатените знаат дека во плановите на Intel е зацртана употребата на ATOM процесорите и во овој сегмент од пазарот. Во секој случај, далеку подобро решение отколку изградба на File Server конфигурација во сопствена режија и нервози доколку нешто не функционира како што треба (а тоа е неизбежно!).

Вториот интересен момент е Samsung SLAC NAND флеш чип приклучен на еден од интерните USB конектори. Со капацитет од 1 GB, овој чип во себе го содржи фирмверот на уредот и Synоlogy Disk Station софтверот, како и скратена Linux дистрибуција која овозможува бутирање по вклучувањето на уредот.

Дружењето со NAS уредите на SYNOLOGY продолжува. Во овој број, друштво ни правеа три нови модели наменети за различни категории корисници Споредувајќи со слични NAS модели, овој процесор донесува осетно подобри перформанси. Дополнение се 1 GB DDR2 800 меморија во SоDIMM изведба. Максимално поддржаниот капацитет се 2 GB, но потребна е консултација со упатството или на сајтот на производителот во врска со поддржаните мемориски модули.

Инсталацијата е како 1,2 и 3. По приклучувањето на мрежата и вклучувањето, звучниот сигнал означува кога уредот е подготвен за инсталација. Со стартувањето на инсталационата апликација од ЦД-то, уредот автоматски се препознава. Претходно, во зависност од конфигурацијата на мрежата, ќе треба рачно да внесете IP адреса или тоа да го оста-

вите на DHCP серверот. Понатамошната инсталација побарува менаџирање на лозинките, избор на RAID модалитет и сл., додека постои и опција за целосно автоматизирана инсталација со накнадни интервенции кај опциите. Уредот поддржува максимално два SATA хард дискови (како стандардни, така и 2.5“-ни), со максимален капацитет од 4 TB. Можат да се конфигурираат во RAID 0, RAID 1, и JBOD модови. При тоа, брзините на впишување/читање во RAID мод изнесуваат максимални 113/102 МВ/ѕ. Disk Station Manager апликацијата е стариот добар познаник напишан во AJAX, но со интерфејс сличен на Windows. Експанзиските можности се назавидно ниво - DS 710+ располага со 3 USB и еден eSATA порт. Скалабилноста со DX5102 овозможува зголемување на капацитетот до максимално 7 хард дискови. Евентуално пониската цена би го направила овој уред интересен и за обичните домашни корисници.

Synology DS 1010+

И овој модел е наменет за малите и средни бизниси, со тоа што капацитетот на овој модел е проширен до 10 TB благодарејќи на поддршката за максимално 5 хард дискови со капацитет од 2 ТB секој. И тука хардверската платформа е базирана на Intel - ATOM D510 Dual Core со такт од 1.6 GHz. Исто е и со меморијата - 1 GB DDR2 800 во SoDIMM формат. Поглемиот број хард дискови овозможува и поголем избор на RAID опции - BASIC, JBOD, 0, 1, 5, 5+резервен, RAID 6. Брзините на читање


click/хардвер/

Капацитетот на ова решение е проширен до 10 TB

се посилната страна 116/103 МВ/ѕ. Кога сме кај RAID модалитетите, мора да се истакне Synology Hybrid Raid (SHR) флексибилниот RAID менаџмент кој овозможува градење на оптимално RAID поле без разлика на капацитетите на дисковите. Значи, ја елиминира потребата

хард дисковите да се иста големина/тип. Поддржана е и hot-swap замена на дисковите (замена без исклучување), со цел да се зачува континуитетот на работата. По потреба, капацитетот може да се прошири со поврзување кон DX 510 експанзискиот NAS уред, кој поддржува до 5

хард дискови од по 2 TB, што значи вкупно 20 TB простор. Поврзувањето на двата уреди може да се изврши преку eSATA интерфејсот. Како и моделот DS710+, DS 1010+ располага со централизиран бекап. Корисниците на компјутерите во мрежата можат да си ги заштитат нивните

податоци преку Synology Data Replicator. Покрај тоа, може да се изврши бекап на податоците од DS 1010+ на друг Synology уред или rSync сервер преку веб базирана апликација. Поддржана е енкрипција на податоците и енкрипција на бекапот, шифриран FTP пристап, автоматска блокада на IP адреси а тука е и вградениот firewall. DS 1010+ може да се користи и како mail сервер преку Mail Station апликацијата. Synology PhP/MySQL web station дозволува хостирање до 30 веб страници. И овој модел ја користи Disk Station Manager апликацијата за менаџирање со датотеките. Превисоката цена го ограничува изборот на овој уред на бизнис корисници кои имаат потреба од голем простор за чување податоци. l (мирослав димитровски)

ЗА И ПРОТИВ

 Дизајн и димензии  Хардверска платформа  Лесно конфигурирање и инсталација  Брзина на запис и читање  Интуитивна и богата апликација  RAID модови  Можност за креирање mail сервер  Цена...за жал ЦЕНА

• 66.000 денари

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Наменето за бизнис корисници кои навистина имаат потреба од голем простор за складирање податоци

click април 2010 31


click/хардвер/

Зошто компјутерот на комшијата секогаш е подобар од оној вашиот? Најголемата сервисерска тајна се состои во поставувањето на вистинската дијагноза, а не во изноѓањето креативни решенија или заобиколување на проблемите со разноразни крпеници

В

еројатно во суштината на секој проблем лежи човековата склоност кон навикнување на проблемите и несаканите ситуации како многу поедноставен приод, од изнаоѓање решенија за истите. И сето тоа можеби е и во ред се додека наместо обична сигнализирачка забоболка, целата 36 click април 2010

глава не ви се претвори во еден голем и потечен заб кој што всушност не може да се сервисира туку мора да се замени. Кога забите не се во прашање, некако одамна е прифатена тезата дека компјутерот со тек на време ќе се забави, ќе му биде потребно повеќе време да се подигне, програмите ќе се вчитува-

ат се побавно и побавно, а работата со нив ќе биде се помалку и помалку интерактвна. Понатаму, некако и самите очекуваме со тек на времето од никаде да ни излегуваат разни рекламни пораки на места каде што не ги очекуваме, да ни растат сметките за интернет иако Шехеразад ја гледаме на телевизија, а не ја симну-

ваме од некој пиратски сајт како и зголемување на бројот на оние мали икончиња долу-десно каде што, кога го купивме компјутерот, уредно ни се прикажуваше само часовникот. Никако немојте да си го дозволите луксузот едноставно да се навикнете на сето тоа, затоа што компјутерите не се успоруваат

со тек на времето исто како што ни мониторот не ви се смалува од ден во ден. Доколку не добивате лична финансиска сатисфакција од тоа, ниту една рекламна порака не смее да ви се појави на среде работа, а апликациите не стареат па со тек на времето да имаат потешкотии да „станат“.


click/хардвер/

Најквалитетниот сервис што можете да си го дозволите за Вашиот компјутер – започнува со Вас! Со овој текст ќе ви кажеме како!

Доброто ладење на вашиот компјутер не само

што е основа за стабилност на целиот систем туку е убедливо најбитниот момент за продолжување на животниот век на сите компоненти. Проверете дали некоја од металните површини на куќиштето е врела. Доколку раката не можете да ја задржите подолго време на местото каде што чуствувате поголема топлина како и тоа дека со самата рака не успевате да одвеете дел од топлината, јасно ви укажува на фактот дека некоја од компонентите во внатрешноста страда од топлотен удар. Проверете дали од задната страна на куќиштете каде што е сместено напојувањето [слика 1] и каде што би требало да се исфрла топлиот воздух,

тој навистина се чуствува како струи. Доколку почуствувате непријатна врелина или пак „тежок“ мирис, тоа повторно е знак дека некаде во внатрешноста се дисипира повеќе топлина од предвидената. Освен вршење на редовниот увид во состојбата на внатрешноста на компјутерот, сигурен

Доколку сепак можете да го отворите куќиштето и имате пристап до системот за ладење, истиот можете барем делумно да го исчистите и во домашни услови. Најдобро е тоа да го правите на отворено место, да го отворите едниот капак од куќиштето, но не и да ги деасемблирате компонентите. Точно е тоа дека само на тој начинот темелно ќе се исчистат не само површините што се предвидени да ја дисипираат топлината туку и останатите термички пасивни компоненти и, што е од исклучително значење, само така ќе се обезбеди подобар електричен контакт помеѓу различните компоненти. Сепак, таа постапка е ризична и според нас, ако не интервенција тогаш потребен е барем надзор од стручно лице! За ова делумно чистење

можете да се снајдете и да ги употребите елементите и алатките кои веќе ги имате дома. (Беспредметно е да вложувате во компресор само за да можете сами да ја чстите прашината од вентилаторите. Впрочем затоа постои сервис.) Правосмукалка, стапчиња за уши, четки, одвртувачи и стари памучни и микрофибер крпи се елементите кои ви се потребни. ВНИМАНИЕ СЕКОГАШ КОГА ПРАВИТЕ БИЛО КАКВА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВРЗ ХАРДВЕРОТ МОРА ДА ГИ ИСКЛУЧИТЕ КАБЛИТЕ. (Или барем кабелот за напојување) Интервенирање во внатрешноста на компјутерот со напонски кабел вклучен во струја може да резултира со оштетување на компонентите. Интервенирање во внатрешноста на компјуте-

рот со напонски кабел вклучен во струја може да биде опасно по живот. Откако ќе го отворите куќиштето ќе се соочите со тепих од прашина, пајажини, мртви бубачки, пајаци и слични гадинки кои тешко можат да се идентифицираат. Иако заради статичкиот електицитет стручњаците инсистираат да не се користи класична правосмукалка, веројатноста дека со овој уред (доколку внимавате се разбира) ќе направите штета е помала од веројатноста процесорот да ви “рикне“ поради прегревање. Откако ќе ја соберете крупната прашина, посветете им се на вентилаторите. Свртете го куќиштето така, да прашината паѓа надолу, а не кон уредот на кој е инсталиран вентилаторот. Обидете се “запечената“ прашина да ја симнете со помош на стапчињата за

Уште на самиот почеток нештата ќе ги поделиме на два света, а тоа секако дека се хардверски и софтверски сервис. Природата на компјутерите бара тоа да го направиме токму според дадениот редослед. Понатаму, границата помеѓу сервисот што можете да го направите сами и оној за кој што ќе ви биде потребно стручно лице – ќе оставиме да ја дефинирате сами, иако секогаш кога тоа сметаме дека тоа е потребно, ќе ви препорачаме ангажирање на професионален пристап.

Проверете го квалитетот на разладните уреди

знак на проблеми во системот за ладење е зголеменото ниво на бучава. Ваша задача е да не се навикнете на оваа

појава. Доколку немате пристап во внатрешноста од вашиот компјутер (поради запазување на гарантните услови, политика на фирмата или домот) тоа веќе е сериозен индикатор за барање стручна помош.

Проверете ја задната страна на куќиштето дали се чувствува струењето на воздухот

Прашина, пајажина, мртви бубачки и останати неидентификувани елементи се составен дел од компјутерите

click април 2010 37


click/хардвер/

Вентилаторот на графичките картички обично е полн со прашина

уши и четките (за оваа намена најдобри се четките за темпери или најмалите четки за мрсна боја затоа што имаат поцврсти влакна). Доколку прашината е цврсто решена да не се даде, употребете и поинаква техника. Внимателно со одвртувач изгребете ја прашината од перките на вентилаторот. Доколку графичката картичка има вентилатор кој е преполн со прашина, најубаво е да ја извадите комплетно и по првичното чистење, благо да ја потчукнете од задната страна, за да го отстраните она што паднало на самата картичка. Потоа со крпа избришете ги мазните делови.

Кога е веќе отворено куќиштето

Како и секоја пластична маса, така и каблите се подложни на промена на еластичноста со тек на времето што може дополнително да ја влоши и онака хаотичната комбинација, па затоа сите кабли треба да бидат фиксирани за некоја од пасивните компоненти на куќиштето, а вишокот на должината треба да биде уредно завитката во вид на калем или клопче. Постарите конфигурации често пати се опремени со таканаречни flat кабли (тенки, а широки ленти) за податочна комуникација кои што и одалеку се гледа дека може многу лесно да направат вистински 38 click април 2010

лавиринт за воздушната маса и успешно да создатат постојани неповолни (метролошки!?) услови за непречено струење, а со тоа и ладење на внатрешноста на компјутерот. Дополнителна опасност преставуваат вишокот на разни конектори кои што често пати можат да се најдат слободни во внатрешноста на куќиштето. Доколку некој од нив случајно дојде во допир со перките на некој од вентилаторите, може лесно и незабележливо да ја оневозможи нивната ротацијата и со тоа ладилникот да го претвори во термички изоларот па тој, наместо да ја одведува топлината, дополнително да ја зголемува температурата. Волуменот на воздух што циркулира во единица време можеби и не е запрепастувачки, но со тек на времето, кумулативниот ефект дополнително потпомогнат од

влијанијата на електростатските полиња присутни во внатрешноста на секој компјутер – може да резултира со доволно прашина не само да ја намали ефикасноста на ладењето туку и комплетно да ја сопре работата на вентилаторите. Ваквите драстични случаи иако неретки, сепак релативно брзо се дијагностицираат и решаваат. Тоа што е многу поголем проблем е постепеното

Дополнителна опасност преставуваат разните конектори кои што често пати можат да се најдат слободни во куќиштето

Flat каблиte (тенки, а широки ленти) може многу лесно да направат вистински лавиринт за воздушната маса

опаѓање на ефикасноста на ладењето на секој од внатрешните компоненти што пред се, влијае на нивниот век на траење. Посебно се чуствителни компонентите кои што и онака дисипираат многу топлина, а тоа пред се е процесорот, хард дискот и некои од (груби да ги наречеме, поголемите) графички картички, но во глобала, страдаат и сите други уреди. За да не дојде до овак-

Вишокот на кабли треба да биде уредно завитката во вид на калем или клопче

ва ситуација, или пак да ја одложите што е можно повеќе, редовно следете ја состојбата на големиот вентилатор од задната страна. Видете колку прашина е насобрана на него кога компјутерот е исклучен, обратете внимание дали при првото вклучување (т.н. ладен старт) се слуша брмчење и конечно, по вклучувањето видете дали вентилаторот воошто врти или пак тоа го прави бавно.

ВНИМАНИЕ! Техничкото чистење на внатрешоста на пломбираните компјутери може да резултира со губење на гаранција или оштетување. Техничкото чистење на уредот за напојување може да биде опасно и по живот. Проверете колку простор му оставате на вашиот компјутер! Доколку некако успеете да ставите залепен до ѕид, долу под маса, помеѓу плакарите (или внатре!?) и најдобриот и најчистиот систем за ладење нема да може да го исфрли топлиот воздух внатре.

Проверете колку простор му оставате на вашиот компјутер


click/хардвер/

чистење на периферија - хигиената е половина Здравје Ако чистењето на внатрешноста е најмалата работа која можете да ја сторите за зачувување на доброто здравје на вашиот компјутер, чистењето на периферијата е нешто што е неопходно да го направите заради вашето сопствено здравје Како и во внатрешноста така и на надворешноста на компонентите, најмногу се задржува прашината. Ова е посебно забележливо доколку во просторијата во која се наоѓа компјутерот има тепих или теписон. Грубите периферни елементи најпрво поминете ги со сува крпа за да ја соберете прашината. Доколку компјутерот и периферијата ги одржувате редовно, во голем број на случаи ова може да биде доволно. Но доколку сте ги занемариле,

за да им го вратите стариот сјај на овие делови, ќе треба да се потрудите малку повеќе. Пластиката на печатачите, скенерите и мониторите можете слободно да ја чистите со сите познати средства за чистење на пластика. На пазарот ќе најдете и голем број на специјализирани производди за оваа намена, но и секое универзално средство за чистење ќе ја заврши истата работа. Доколку сакате да бидете “зелени“ односно еколошки

освестени, овие делови можете да ги исчистите со 50% раствор од алкохолна киселина. (Доколку сте чувствителни на мириси, чистењето со алкохолна киселина направете го на отворено.)

екран на монитор, стакло на скенер и останати (бидете нежни да не зажалите) површини Како и кај грубите пластични површини и овде процесот започнете го со бришење на прашина со сува крпа од чист памук или микрофибер. Доколку сте внимателен корисник (што е вистинска реткост) во најголем дел со ова ќе ја заврште целата работа.

Но доколку ја имате лошата навика со прсти да го допирате екранот секогаш кога сакате нешто да покажете, тогаш сите тие тврдоглави отпечатоци од прсти ќе мора да ги избришете. Овде сува крпа не помага. За чистење на LCD екраните најдобро

е да не ги користите стандардните средства за чистење на стакло, затоа што постои мала но реална шанса да го оштетите екранот. За чистење најдобро е да користите дестилирана вода, или доколку отпечатоците се навистина зацементира-

ни, повторно можете да ја искористите комбинацијата со алкохолна киселина, со тоа што за оваа намена растворот нека биде поблаг. Истото важи и за стаклото на скенерот како и за леќата на веб камерата.

дезинфекција дезинсекција дератизација Кога последен пат сте ги исчистиле тастатурата и глувчето?

Сто она што ви се случува помеѓу две миења на раце, останува на тастатурата и глувчето.

Според неколку истражувања, во големите корпорации овие два уреда се најчето повалкани и имаат повеќе бактерии од тоалетната школка. Не дека сме толку бактериофобични, ама сепак сметаме дека треба да си воспоставите една добра практика на чис-

тење на овие уреди, затоа што додека ги користиме несвесно ги допираме и наосетливите делови на лицето како што се очите и устата. Бактериите лесно се пренесуваат, тешко се искоренуваат. За чистење на овие делови најубаво е да го искористите медицинскиот алкохол. Доколку од било која причина не сте во можност да користите алкохол, сосема добра

замена се и влажните марамчиха за дезинфекција. По епидемијата на свинскиот грип и во нашите аптеки може да се најде солиден избор на вакви влажни марамчиња. Можеби не мора да ги чистите секој ден, но два пати неделно е сосема доволно, за да може да кажете дека внимавате на хигиената. Што се однесува до внатрешноста на тастатурата, доколку имате

навика да ја користите како прирачен послужавник за храна, тогаш веројатноста дека во неа се наоѓаат остатоците од ручекот е 100%. Превртете ја, благо потчукнете ја и на крај поминете ја со правосмукалка. Внимавајте, оваа акција правете ја додека сте сами. Количината на прашина и неидентифицирани остатоци кои ќе излезат, обично се засрамувачки . click април 2010 39


click/софтвер/

Openbravo POS Екорешение за вашиот маркет или ресторан ИНФО

• НАСЛОВ: Оpenbravo POS • верзија: 2.30 • ИЗДАВАЧ: Openbravo • лиценца: Слободен софтвер • ПЛАТФОРМА: Windows/ Linux/OSX • URL: openbravo.com

ЗА И ПРОТИВ

   

Едноставен за користење Функционалност Технологија Квалитет

Генерален изглед на работната околина

Е ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО За комплетно решение како администрација – продажба - соработка, како сектори во иста компанија Openbravo ERP и Openbravo POS се повеќе од доволни за мали и средни, па и големи претпријатија и ги отфрла стереотипите кај нашите „бизнисмени“ дека премногу ќе платат за софтвер доколку сакаат да отворат продавница, кафе-бар, сендвичарница или ресторан.

дна од водечките opensource апликации за сервисирање и продажба на продукти во маркети и ресторани е Openbravo POS (познато од порано како Librepos и TinaPOS) и Openbravo ERP за мали/големи компании. Околу POS (ponit-of-sale) апликациите обично колонијалите и рестораните/кафе-баровите ги набавуваат од локални софтверски компании или самостојни програмери, со што за одредена сума пари добиваат лиценца што трае до година/две/бесконечно или по број на компјутери каде што ќе се користи. Тие софтверски решенија може да се користат со компјутери што имаат кла-

сичен пристап со глушец и тастатура или со монитор на допир. Openbravo POS, според официјалната статистика има над 10.000 преземања месечно што го прави официјално водечки и најкористен софтверски пакет со бесплатна, односно слободна лиценца за користење во угостителската индустрија. Бизнисмоделот околу оваа апликација е многу едноставен, компанијата профитира од поддршката и одржувањето на самата апликација. Што се однесува на нашиот случај, секој угостителски објект или супермаркет кај нас, може да ја тестира Openbravo POS за краток период. Подржува речиси сè од модели за ласерско скенирање бар-кодови, работа со фискални каси и нарачки по маси за во ресторани.

Технологија

Openbravo POS во претходните верзии беше направена да се користи во интернет-прелистувач, но во последната верзија ја добиваме како самостојна апликација. Целосно развиена во Java со независна дата-база и едноставен начин за локализирање

46 click април 2010

(превод). Со фактот што е open-source користи разни други сегменти како JasperReports и FreeChart за полесно следење на статистиката и печатење извештаи за работењето. Што се однесува до размената на базата со други апликации како што е и Openbravo ERP, начинот на размена на податоци е интегриран и едноставен. Примарно е направен за „touch screen“ монитори со администраторски дел за нагодување на корисниците, како и слики за продуктите што се внесуваат внатре. Располага со магацин, разни начини на плаќање, даноци, безбедност и поддршка за HTML, PDF, Excel, XML и CSV датотеки со добро интегрирани и многу разбирлив

Користење

Сé што треба да се знае пред користењето на Openbravo POS го има на нивната официјална интернет-страница со соодветно Wiki каде што детаљно и јасно се опишани сите почетни чекори. Едноставен е за употреба и корисникот може за еден ден веднаш да почне со работа, а доколку базата веќе постои од некој друг претходно користен софтвер има начини како да ја интегрирате во Openbravo POS за кратко време. Openbravo апликациите работат на Windows/ Linux/OS X оперативни системи со полна пареа. Начинот на инсталација е секаде лесен, едноставен и секој што инсталирал некогаш некаква инсталација со Next->Next-Next, многу

Openbravo POS, според официјалната статистика има над 10.000 преземања месечно што го прави официјално водечки и најкористен софтверски пакет со бесплатна, односно слободна лиценца за користење во угостителската индустрија интерфејс. Корисничките улоги се поделени во неколку нивоа: Administrator (администратор), Manager (директор), Employee (вработен) и Guest (гостин). Администраторот има највисоки привилегии за користењето на апликацијата што вклучува нагодување на печатачи (фискални каси), одржувањето софтверска поддршка и уредувањето на модулите на самата апликација. Слични привилегии има и директорот со некои мали ограничувања, додека вработените може само да раководат со продажбата на продуктите.

лесно ќе се снајде. Од финансиска природа најдобрата и најсреќната варијанта за старт со софтверската покриеност може да изнесува и 0 денари. Инсталација на GNU/ Linux оперативен систем е 0 денари, Openbravo POS е 0 денари, со што останува повеќе простор за инвестирање во подобар компјутер и фискална каса. Доколку подоцна се појават проблеми околу корисничката поддршка, компанијата што стои зад Openbravo ги нуди своите услуги за многу пристојни цени, генерално во POS апликацијата проблемите и не постојат. l (Благој Капсаров)


click/софтвер/

TeamViewer Едноставна алатка за решавање сложени проблеми

Откако ќе се поврзете на оддалечениот компјутер можете да гo користите исто како да е пред вас

С

игурно сте се нашле во ситуација кога треба да му пристапите на вашиот компјутер на работа, но поради некакви проблеми не сте успеале да воспоставите конекција или, пак, за оваа едноставна работа сте требало да се занимавате со конфигурација на разни апликации, огнени ѕидови, ip адреси и слично. Во денешно време постојат огромен број апликации што ви овозможуваат да воспоставите оддалечена конекција со некој компјутер. Голем дел од нив навистина функционираат, но за нивното користење е потребно да прочитате многу литература и документи за помош. За среќа, постојат неколку апликации кои сета оваа работа ја завршуваат многу едноставно и елегантно и при тоа од вас не бараат диплома за мрежен администратор. Токму ваков пример е алатката TeamViewer . За да бидат работите поврзани со оваа апликација уште поубави, тука е податокот дека истата е бесплатна за употреба во домашни услови, додека нејзините комерцијални изданија кои спаѓаат во категоријата извонредно моќни и напредни апли-

кации чинат мало богатство. Колку за споредба, најевтината лиценца чини 499 евра. Во оваа пригода ќе го разгледаме бесплатното издание на TeamViewer кое во целост ги задоволува сите потреби на еден

смисла. Идентификациските броеви што ги добиваат компјутерите при инсталацијата на клиентот се фиксни, а фиксна може да биде и лозинката. Иако првото конектирање може да ви изгледа малку конфузно, во основа процедурата е многу едноставна и лесна. Откако ќе се поврзете на другиот компјутер имате опции комплетно да располагате со системот исто како да се работи за компјутерот кој се наоѓа пред вас. Тоа што е одлично кај оваа алатка е што и во бесплатната верзија е овозможен т.н. File transfer, односно преземање или испраќање документи од еден на друг компјутер. Брзината

Покрај мноштвото супериорни опции TeamViewer го краси и функционалноста на сите платформи просечен корисник. Функционирањето на TeamViewer се потпира на стандардите при оддалеченото поврзување на два компјутера. За да може да функционира, апликацијата треба да биде инсталирана и на двата компјутера. При самиот процес на инсталација, секој компјутер си добива уникатен идентификациски број. Понатаму со активирањето на апликацијата се активира сервисот Dyngate кој се спојува на серверот на TeamViewer и кој при секое спојување добива број за идентификација (кој ја игра улогата на ip адреса) и се генерира шифра која можете да ја задржите или да си ја промените во некоја, која за вас има повеќе

со која ќе се одвива овој трансфер најмногу зависи од интернет-брзините, но во основа со стандардна ADSL конекција, трансферот се одвива прилично брзо и стабилно. Оваа апликација е одлична и за користење при техничка поддршка, бидејќи има вграден клиент за инстант-пораки кој

овозможува директна комуникација и во периодот додека интервенирате на оддалечениот компјутер. И помеѓу мноштвото супериорни опции што овој клиент ги има во однос на неговите конкуренти, мора да се спомне и тоа дека TeamViewer функционира на сите платформи. Значи, не е важно дали имате PC или Mac, дали користите Windows или LINUX, лаптоп, десктоп или паметен телефон, алатката овозможува брзо и едноставно поврзување на далечина и комплетна функционалност. Во зависност од потребите за кои ја користите, алатката овозможува два предефинирани мода на работа, едниот е оптимизиран за брзо работење, другиот е оптимизиран за квалитетно работење. Дополнително, конфигурациските опции ви дозволуваат и вие самите да предефинирате некои елементи според вашите потреби. Без разлика на тоа дали ќе ја користите за соработка со колегите од тимот, техничка помош или за едноставно поврзување со вашите оддалечени компјутери, оваа апликација ќе ви овозможи голема ефикасност во работењето. l

ИНФО

• НАСЛОВ: TeamViewer • ВЕРЗИЈА: 5 • ИЗДАВАЧ: TeamViewer • ЛИЦЕНЦА: Бесплатен • ПЛАТФОРМА: Сите • URL: www.teamviewer.com ЗА И ПРОТИВ

 Едноставна за користење  Сигурна  Овозможува пренос на датотеки помеѓу двата поврзани компјутера

(јулијана прчковска)

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Моќна апликација која сложеното поврзување на оддалечени компјутери го прави на едноставен и елегантен начин. Може да ја користат и оние што немаат никакво искуство

click април 2010 47


click/софтвер/ CorelDRAW Graphics Suite X5/

CorelDRAW Graphics Suite X5, солиден пакет, но секогаш втор Без спектакуларни промени, но сепак доволно нов ИНФО

CorelDraw Graphics Suite X5 • РАЗВОЈ И ИЗДАВАЧ: Corel • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.corel.com ЗА И ПРОТИВ

 Нови апликации CorelConnect и SWiSH  Подобрено управување со палети на бои  Нови панели за вклопување во работната околина  Голема база на вклучени фонтови, клипарти и темплејти  Подобрувања кај неколку алатки  Цена  Нема многу новини  Слаби перформанси на CorelCONNECT цена

• 499 долари, надградба 199 долари

Н

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

многу добро CorelDraw Graphics Suite X5 нема многу новини, но вклучените содржини и новите алатки CorelConnect и SWiSH би требало да бидат доволни за надградба кај стандардните корисници на пакетот

50 click април 2010

е е лесно да се живее во сенка на еден гигант. Иако во 90-тите години од минатиот век CorelDRAW доминираше во светот на графичкиот дизајн, Creative Suite на Adobe веќе подолго време ја носи круната. Сепак, Corel сé уште има јадро на корисници кои се многу приврзани кон нивните апликации, а ова издание на CorelDraw Graphics Suite X5 е наменето токму за нив. Без некои драстични промени во работната околина, но со неколку подобрувања од претходната верзија и

нови алатки за подобрена работа, преминувањето на новата верзија на гра-

Suite X5 се испорачува со главната апликација CorelDRAW за векторска графика и дизајн, Photo-PAINT за обработка на слики, PowerTRACE за конвертирање слики во вектори и CAPTURE за правење снимки од екранот. Нови апликации во пакетот се добропознатиот SWiSH miniMax2 за правење флеш-анимации и CorelCONNECT кој претставува прегледник на графички содржини слични на Adobe Bridge. Од придружните нови алатки ќе ги споменеме PhotoZoom Pro 2 и Microsoft Visual Studio for Applications 2.0. Corel има поинаков пристап кон пакетот за разлика од конкурентот. Во овој пакет се вклучени сите алатки што се потребни за креативен графички дизајн, а сега и со делумни можности за правење флеш-анимации. CorelDRAW Graphics Suite X5 е примарно наменет за слободните хонорарци, модни креатори, дизајнери

CorelDRAW Graphics Suite X5 е примарно наменет за слободните хонорарци, модни креатори, дизајнери кои тоа го прават од хоби и корисници кои можеби не се професионалци, но ја користат технологијата во секојдневната работа фичкиот пакет се наметнува само како „чекор со времето“. CorelDRAW Graphics

кои тоа го прават од хоби и корисници кои можеби не се професионалци, но ја користат технологијата

во секојдневната работа. Пакетот Х5 во однос цена/ перформанси е одлично балансиран, со тоа што целиот пакет чини колку една апликација од Adobe. Можеби непријатна вест за корисниците на Mac затоа што Graphics Suite X5 е достапен само во верзија за PC без планови за верзија за Macintosh.

Едноставен за употреба

Тоа што ги карактеризира апликациите на Corel од самите почетоци е сé уште задржано, едноставната работа, работна околина лесна дури и за корисниците што првпат почнуваат да дизајнираат и ресурси кои ќе го поедностават како учењето така и секојдневната работа. За почетниците се вклучени повеќе од два часа видеоматеријали за тренинзи, совети за алатките се појавуваат секогаш кога ќе го поставите глушецот врз објект итн. Навистина е необично печатеното упатство од 400 страници кое содржи и галерија за инспирации, совети од експерти и напредни техники. Како дополнување на поедноставената работа за користиците е CorelCONNECT, апликација која го забрзува процесот на пронаоѓање слики и други содржини. Доколку сакате да обработувате некој векторски документ или слика можете директно да ги отворите од CONNECT, во CorelDRAW или во Photo-PAINT. Алатката сé


click/софтвер/ CorelDRAW Graphics Suite X5/ уште треба да се дотера затоа што е малку бавна доколку се работи со големи библиотеки на слики, а одлично би било доколку би можело и да се додаваат клучните зборови за каталогизација на објектите директно во CONNECT. За сите корисници од огромно значење секогаш била библиотеката со веќе готови материјали која се испорачува со CorelDRAW Graphics Suite, а ни во Х5 нема да бидете разочарани. Преку 10.000 клипарти, илјада слики и стотина фонтови. Солидна колекција на преддефинирани дизајни како и 2.000 темплејти на возила за сите корисници кои брендираат возила. Некои корисници може да го купат Х5 пакетот само за овие дополнителни содржини кои доколку би ги купувале одделно ќе ја надминат цената на пакетот.

Некои нови и некои подобрени алатки

Најпрво да ги споменеме подобрувањата во PowerTRACE, алатка со која сега може многу попрецизно да ги конвертираме сликите во вектори. Подобрувањата се однесуваат на можностите за креирање попрецизни бои, поостри детали со што сликите изгледаат генерално многу почисти. Старите опции за отстранување некоја боја и спојување одредени бои се сé уште тука. SWiSH miniMAX2 е

апликација која првпат ја среќаваме како дел од пакетот Х5. Флеш-анимациите се неизбежен дел од секоја веб-страница, па така и Corel реши да одржува чекор со времето. SwiSH можеби заостанува со можностите што ги нуди Adobe Flash, но ефектите што може да се направат се изведуваат многу брзо и елегантно без потреба да имате познавање од Flash. PhotoPAINT отсекогаш е потценуван во однос на конкурентските програми, најмногу затоа што секогаш седи во сенка на CorelDRAW. Нема некои драстични промени, а сите измени се во линија на подобра и побрза работа. Objects Docker претрпува промени на подобро за поедноставно управување со објектите и слоевите. Покрај додадените четки, ќе ги споменеме и попрецизните ефекти како Vibrance и подобрените контроли за конвертирање во сиви слики.

Новини во CorelDRAW

Главната апликација во пакетот CorelDRAW ја оставивме за крај. Најголемиот број промени се направени токму тука, што е за очекување. Менаџментот со бои конечно е преправен од нула. Од самото креирање на документот може да одбереме и колор-профил кој ќе овозможи прецизно прикажување и печатење на боите, опција која одамна

PowerTRACE, алатка со која може да ги конвертираме сликите во вектори

CorelCONNECT претставува прегледник на графички содржини сличен е на Adobe Bridge

требаше да биде имплементирана во CorelDRAW. Алатките за одбирање бои исто така се подобрени, а во Х5 на секој документ му се прикачува и палета со бои. Палетата со бои ги прикажува сите бои што се користени, а може да се сними и да се вчита во друг документ за понатамошно користење. Новиот панел за Color Proof овозможува во лет да видиме како некој документ би изгледал со разни поставки. B-Spline е нова алатка, а неколку алатки добиваат нови опции кои солидно ја забрзуваат работата. Имено, алатката B-Spline претставува векторско пенкало кое овозможува да цртаме точка по точка со можности за менување на точките во лет. Сега секоја контролна точка можеме лесно да ја конвертираме во аголна точка. Тоа што ни се допаѓа се и новите можности за управување со ќошевите на објектите. Многу прецизно преку барот на алатката за креирање правоаголници можеме да ги контролираме обликот и големината на ќошевите. Mesh Fill алатката исто така има огромни промени

на подобро и со неа сега лесно може да правиме објекти исполнети со повеќе премини на бои, а притоа да имаме комплетна контрола на секоја контролна точка вклучувајќи ја и транспарентноста на истите. Крајните стрелки може исто така да се менуваат, но изведбата не ни е баш пригодна. Можеби поелегантно решение би било опциите да се изведуваат директно на работната површина отколку преку палетата Arrowheads Attributes. Непреченото отворање и импортирање разни графички формати е клуч за успехот на секоја апликација за дизајнирање. Во

Х5 се направени неколку подобрувања и во овој сегмент. Така, покрај стоте поддржани формати ќе ги споменеме само можностите за импортирање на Photoshop .psd документи како и Acrobat 9 со задржување на оригиналните заглавја. Со цена од 499 долари за нов пакет и 199 долари за надградба, CorelDRAW Graphics Suite X5 нуди солиден спој на апликации и дополнителни ресурси за сите дизајнери. Подобрувањата во оваа верзија не се спектакуларни, но се доволни за стандардните корисници на апликациите на Corel да преминат на Х5. l (иван манчевски)

click април 2010 51


click/софтвер/

Creawriter ја буди вашата креативност Необично пишувачко искуство кое нема да ве остави рамнодушни ИНФО

• НАСЛОВ: Creawriter • верзија: 1 • ИЗДАВАЧ: SPL • лиценца: Бесплатна (верзија за донатори) • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.creawriter.com ЗА И ПРОТИВ

 Креативен пристап кон пишувањето  Едноставно користење  Опции за приспособување на заднината и музиката  Недостигаат основни функционалности за обработка на текст  Разликите помеѓу бесплатната и верзијата за донатори се огромни

Едноставен интерфејс кој нема да ви го одвлекува вниманието

П

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Сé уште на почеток, оваа апликација допрва ќе ги прележува детските болести. Сепак, доколку ги слуша барањата на корисниците, авторот може да создаде мало парче софтвер што ќе има армија обожаватели и корисници

52 click април 2010

рекрасна слика во заднина, музика што ве релаксира и вие слободно пишувајте. Страна, две, есеј, семинарска, што и да е. На конзервативните корисници ќе им се наежи кожата кога ќе ја видат оваа апликација, бидејќи кон стандардната функционалност на текст-едитор овде е придружена и опцијата за додавање личен печат. Тие, пак, што сакаат да експериментираат, можно е да бидат воодушевени од едноставноста и минималистичкиот дизајн на овој текст-едитор. Во секој случај ова е една од оние апликации кај кои нема средина, или ја обожавате поради едноставноста или не можете да ја смислите и ја дезинсталирате по првата употреба. По инсталацијата која е извонредно кратка, добивате едноставна работна околина во која има предефинирани неколку величини на фонт и

неколку стилови на текст. Тоа што оваа апликација ја издвојува од другите текст-едитори е опцијата во заднината на работната површина да ставите слика што ве инспирира и музика што ве релаксира.

ако имате повеќе од пет икони, чувството што го добивате е хаотично. Оваа функција би била интересна единствено доколку десктопот ви е празен и на него имате некоја убава инспиративна слика. Доколку

Creawriter е сé уште во развојна фаза и како што вели нејзиниот автор, целта му била да направи апликација која ќе личи на популарната апликација за Macintosh Omm Writer. Едноставна, минималистичка, креативна... Заедно со апликацијата доаѓаат неколку слики и неколку аудиодатотеки, но апликацијата дозволува вие самите да изберете сопствена слика за заднината и сопствена музика. Интересна е опцијата за транспарентност со помош на која ќе можете да ги гледате иконите на десктопот, но мора да признаам дека

се најдете во ситуација креативните опции да ви ја одземаат креативноста, заднината, односно сликата и музиката може да ги исклучите, но во тој случај тоа што ќе го добите ќе изгледа како Notepad во осакатена верзија. Инаку, наместо стандардните менија со алатки, овде опциите се решени

со помош на икони што се наоѓаат на левата и на десната страна на работната површина. Иконите се транспарентни и не можете да ги забележите сé додека не поминете со глушецот над површината на која се наоѓаат. Тоа што е многу интересно е што кога ќе ја дадете командата за снимање, во прозорецот за снимање нема да го добите стандардното паѓачко мени за избор на формат во кој сакате да биде снимен документот, туку вие треба рачно да го напишете како екстензија. Во нашите обиди ние зададовме 3 опции, .doc, .txt, .и rtf. како што побаравме, така се снимија документите и така и ги отворивме со соодветните Office алатки. Creawriter има две паралелни верзии од кои едната е бесплатна, а другата е наменета за сите што ќе решат да донираат и минимална сума пари наменета за понатамошен развој на апликацијата. Разликата помеѓу двете верзии секојдневно се зголемува во корист на верзијата за спонзори, односно донатори, но се надеваме дека и бесплатната верзија ќе биде развивана со соодветна периодика. И пред да ви препорачаме да почнете една креативна писателска авантура, би сакале уште еднаш да ви напоменеме -Creawriter не е Word, по своите функции не е ниту Notepad, сé уште нема опција за печатење текст, ама во комбинација со убава слика и пријатна музика, може од вас да го извлече само најдоброто. l (ЈУЛИЈАНА ПРЧКОВСКА)


click/софтвер/

Klok 1.0 Бесплатна апликација за мерење на времето за работа

Генерален изглед на околината во неделен преглед

Р

аботата на повеќе проекти или задачи одеднаш, со неорганизиран пристапот, преминува во хаос што пумпа балон пред пукање во сите правци. Во која било индустрија во која има простор за користење компјутер или компјутерот е основниот алат, препорачливо е употреба на временско мерење на задачите. Мерењето на времето овозможува клучна статистика за точноста на временската рамка потребна за изработка на проектот, како и финансиската корелација за истиот. Доколку работите што ги работиме се придружени со податоци за време и пари, секој проект ќе биде многу полесен и поедноставен за одработување. Независно дали самите го работиме или некој друг сме најмиле за наша работа, мерењето на процесот овозможува точна пресметка за трошоци, профит, потребно време, планирање и ред други работи што се од големо значење за денешната дефиниција: професионализам. Софтверската алатка Klok е креирана во Adobe AIR платформа што овоз-

можува користење на речиси сите познати оперативни системи (Windows/ Linux/OS X). Креирана од Rob McKeown, програмер од Mcgraphix, како апликација за натпревар во развивање апликации на

нерира неколку потточки што вклучуваат дизајн, тестирање и HTML. Секој проект има сопствена боја, име и можност за внесување дополнителни генералии за клиент како име, телефон, е-пошта и адреса. Мерењето на времето може да се прегледува на неколку начини, месец, недела и ден. Самиот софтвер како основна варијанта го отвора неделното прегледување каде што секој ден си е сопствена приказна. Времињата може да се преместуваат од едно место на друго со влечење и спуштање како и нивно уредување. Доколку е пропуштен некој ден или работа за некој проект, може кога

Софтверската алатка Klok е креирана во Adobe AIR платформа што овозможува користење на речиси сите познати оперативни системи (Windows/Linux/OS X) Adobe AIR средина и потоа лансирана бесплатна за користење што достигнува над 90.000 преземања до денес. Klok е софтвер за следење на времето при работа. Корисна за професионалците и за самостојните што сакаат да воведат ред во својата работа. Лесна во големина, со одличен интерфејс и можности за нагодување на истиот. Составена е од предефинирани проекти што овозможува потточки за секој проект каде што се мери потребно време за работа, тестирање и лансирање на тековниот производ. На пример, ако изберам Web Project, Klok ми ге-

било да се вметне рачно со што нема да се наруши вистинската слика за вкупното време потребно за работа на проектот. Околу извештајот за сработената работа и времињата внесени, Klok има многу прегледни графикони и пити на кои детаљно се гледа на кои проекти е најмногу работено. Користењето на интерфејсот кај Klok е момент што вреди да се знае. Има неколку начини на користење на истиот каде што краткиот преглед е најзначаен. Со избор на краток преглед, при работа, застапени се само најбитни информации за проектот на кој се работи

во моментот со информација за потрошеното времето и дополнително Start/Stop копче. Со паѓачко мени се одвива изборот на проект или потточка на избраниот и мерењето се одвива многу едноставно. За тие што не сакаат да имаат дополнителни прозорци во работната околина, Klok се преместува во статусните апликации кадешто со десен клик на истиот го има изборот од Start/Stop и избор на проект придружени со времето до каде е сработен проектот. Што се однесува на ресурсите, оваа апликација е релативно лесна и не го оптоварува дополнително ниту процесорот, а најмалку компјутерот во целина што ја прави одлична за користење. Наскоро треба да лансираат Klok 2.0 верзија за која се најавени новости од типот синхронизирање помеѓу различни компјутери и лиценцирање со скромно финансиско партиципирање со што успехот од бесплатниот Klok 1.0 најверојатно ќе падне во сенка. l (Благој Капсаров)

ИНФО

• НАСЛОВ: Klok • ВЕРЗИЈА: 1.0 • ИЗДАВАЧ: Mcgraphix • ЛИЦЕНЦА: Бесплатен • ПЛАТФОРМА: Windows/ Linux/OS X • URL: klok.mcgraphix.com ЗА И ПРОТИВ

 Едноставен за користење  Функционалност  Технологија

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Соодветно уредно и добро спакувано софтверче што вреди да се проба. Така би дознале колку си го наплаќаме трудот и дали сме задоволни од работата што ја работиме, земајќи ги предвид параметрите на времето

Извештај за сработените проекти

click април 2010 53


click/слободен_софтвер/

Вовед во програмирање за Android М

обилната технологија станува сѐ поинтересна и попривлечна. Особено ако се земе предвид дека голем дел од мобилните платформи достапни преку илјадниците производи на уште толкуте производители ни се достапни во Македонија. И тоа од двата аспекта, како корисници или како професионалци кои сакаат да развиваат софтвер за нив. Ние како општество досега покажавме дека сме подготвени да прифаќаме нови работи во сферата на секојдневниот живот. Сакаме да имаме најнов телефон, најнов лаптоп, кој од потреба, кој од помодарство, но тоа најверојатно уште долго нема да биде 56 click април 2010

променето во нашата земја (па и регионот) – цените на мобилните уреди кои не соодветствуваат со стандардот и платежниот капацитет на граѓаните. И тоа се чини не е воопшто страшно. Само последните 12 месеци во Македонија бројот на купени мобилни телефони (според груби статистики) пораснал за над 120% во однос на претходната година. Интересно е што во пери-

одот до март/април 2009 год. најупотребувана мобилна платформа била Symbian, што ни кажува дека најупотребуван телефон бил Nokia. Но потоа следува промоцијата на iPhone 3G по што луѓето нагло склучуваат договори со операторот кој прв го донесе во Македонија и преминуваат кон употреба на овој уред. Најинтересно е што во периодот од март 2009 па досега, бројот на ко-

рисници на iPhone во однос на другите платформи е над 50%. Според мене, оваа бројка е алармантна. iPhone како мобилен телефон има секако свои мани и предности, но се чини дека телефоните во нашата земја стануваат повеќе помодарство отколку потреба. За право, зошто му е на дете од 12 год. телефон вреден над 10.000 денари? Тоа помодарство останува присутно и кога станува збор за Android, мобилната платформа (или софтверски стек) која уште откако се најави претставуваше револуција сама по себе имајќи го предвид фактот што оваа платформа едно е базирана на


click/слободен_софтвер/ Linux-јадрото (кернелот), друго е слободен софтвер. Револуција затоа што натера компанија како Nokia неколку години потоа да го издаде кодот за нивниот Symbian на пазарот и да ја купи добро разработената компанија за производство на слободен софтвер Trolltech, која ја „претвори“ во Qt Software. Со тоа се создава поле за развој на конкурентна платформа за Android од страна на Nokia, а како што гледаме во последно време и со здружените сили на Intel, преку нивниот Moblin (повторно базиран на Linux), во инкарнацијата на проектот Meego. Но овој пат нема да зборуваме за Meego. Android дојде во Македонија пред извесно време, луѓето го гледаа како џиџаво мало и слатко апаратче кое може да го имаат пред своите соседи, па го купуваа масовно. Тоа што кај овој систем воодушевува е моќниот софтверски комплет за развој на апликации кој е (исто така) слободен софтвер и може на лесен начин да се интегрира во Eclipse без разлика дали станува збор за Windows, GNU/Linux или Mac систем. Едноставно, развојот на апликации под Android е работа на зараза. Кога еднаш ќе направите дури и најпроста Hello World апликација, процесот на учење сам ќе ве води кон многу корисната документација и примери што вие би сакале да ги видите. Конкретно јас – seeing is believing – или многу повеќе ми помага концептот на емпириско учење низ примерите кои ги нуди Android, но строго препорачувам барем да имате поим што би прочешлувале пред да почнете да ги гледате примерите. Во продолжение ќе видиме како да го конфигурирате Eclipse и како да го натерате да „пее“ по ваше, како да го исконфигурирате да работи со Android SDK и како да ја направите првата апликација која нема да биде Hello World, затоа што имајќи ја предвид целата шема за развој на апликации за Android, нема да ви биде од корист да видите текст кој ќе пишува „Здраво свету!“. За почеток малку запознавање со самата платформа. Android е софтверска платформа за мобилни уреди, тоа не е само оперативен систем затоа што оперативниот систем е вклучен во самата платформа. Повеќе може да се гледа како на комплет од оперативен систем, системски

софтвер и апликативен софтвер. Многумина мислат дека ова е целосен производ на Google, но како и за останатите нивни производи и според мене добриот Open source бизнис модел за развој на софтвер и сервиси, Google и овој производ го има купено. Имено станува збор за младата и надежна компанија Android Inc. која прво е во сопственост на Google, а потоа преминува во сопственост на Open Handset Alliance (алијанса во чиј надзор е и развојот на Android и чиј член е и Google). Оправданоста за постоењето на алијансата како сплет на 33 компании кои се залагаат за иста цел е многу поголема ако се земе предвид неодамнешното здружување на компании како Nokia и Intel во закрила на Microsoft. Имено, Microsoft се согласи да придонесува во развојот на MeeGo како платформа со овозможување на користење плагини за нивните производи како што се Microsoft Office и сл.

Можеби со ова Microsoft не сака да парира на Google, туку повеќе на Apple, но како што и минатото покажало, бескрупулозна игра во која актер статист е Microsoft е веќе видена во минатото со искористувањето на ресурсите на Novel, овој пат лично јас сметам дека лошиот конкурентен модел преку искористување повторно на слободен софтвер (Maemo, Moblin, Qt) нема да функционира. Open Hand Alliance во својот прес по создавањето (ноември 2007) вели: Оваа алијанса е спој на иста цел за поттикнување на иновациите за мобилни уреди и нудењето на потрошувачите уште подобро корисничко искуство од она кое е достапно денес кај мобилните платформи. Со овозможување ново ниво на отвореност за програмерите кое ќе им овозможи да работат поколаборативно, Android ќе го забрза процесот на создавање мобилни услуги достапни за потрошувачите. Па така Android својот развој го темели на работата на оваа алијанса. Во февруари 2010 Google објави дека се продаваат околу 60.000 мобилни телефони на дневна основа со Android. За да можете да развивате Android апликации потребно пред сé ви е Android SDK, значи за да може да креирате апликации за Android не е задолжително

Најпознатиот телефон кој го користи Android - Nexus One

користење на IDE, тоа може да го правите само со SDK. Но за сето тоа да не изгледа налудничаво и за постапката на развој да ви се олесни, ви препорачуваме да се навикнете на користење на IDE за развој како што тоа го прави Eclipse. Android може лесно да се интегрира во Eclipse преку користење на ADT додатокот (Android Development Tools) кој се инсталира од самиот Eclipse со неколку лесни чекори. Најпрво ви препорачуваме од страницата на Eclipse (www.eclipse. org/downloads) да го симнете основниот пакет на софтверот, за Java програмирање. Потоа во Ubuntu потребно е да се инсталира пакетот за развој на Java, и тоа пакетот со оригиналните верзии од Sun: # sudo apt-get install sun-java6bin Откако ќе заврши инсталацијата (која патем ќе ве праша неколку работи за лиценци и сл.), потребно е да се отпакува Eclipse. Ако пакетот на Eclipse се вика eclipse-java-galileo-SR2-linux-gtk. tar.gz не треба да правите којзнае што, само отпакувајте го: # tar -zxf eclipse-java-galileoSR2-linux-gtk.tar.gz Ако го отпакувавте во вашиот домашен директориум, тогаш eclipse може да го подигнете преку: # ~/eclipse/eclipse Или да си креирате кратенка на десктопот со икона и сл. која ќе ја извршува оваа апликација. Битно за самиот развој на Android апликациите и поставувањето валидна работна околина за Android е самото поставување и „инсталација“ (не е класична инсталација) на Android SDK. Од страницата на Android (http://developer.android. com/sdk/index.html) симнете го пакетот за Linux (во моментов на пишување архивата се вика android-sdk_r05-linux_86.tgz). Отпакувајте ја архивата во вашиот домашен директориум (ова не е задолжително, но упатството е пишувано со таа претпоставка дека сѐ ставате во вашиот домашен директориум). # tar -zxf android-sdk_r05linux_86.tgz Фолдерот што се отпакува може да го преименувате во ‚androidsdk-linux_86‘ за попристапно име: # mv android-sdk_r05-linux_86 android-sdk-linux_86 Потоа отворете ја датотеката ~/.bashrc: click април 2010 57


click/слободен_софтвер/ # gedit ~/.bashrc И додајте ја следнава линија: export PATH=${PATH}:/home/ user/android-sdk-linux_86/tools каде што user е вашето корисничко име! Тука може да се прелогирате одново и да го пуштите Eclipse (првото пуштање Eclipse прашува за стандардна локација / workspace за вашите проекти). Откако ќе се пушти, одете во Help → Install new software → Add → http://dl-ssl.google.com/android/ eclipse. Ова ќе го додаде складиштето за инсталирање на ADT (Android) додатокот за Eclipse. Кликнете на записот (во новопојавената листа) кој го додадовте и чекирајте го елементот Developer Tools. Со тоа ќе се чекираат и Android Development Tools и Android Editors. Следете го визардот, сложете се со лиценците :) и кликнете Finish. Потоа ќе треба да се постави Android SDK локацијата во Eclipse. Од менито изберете Window → Preferences, па потоа во листата со елементи кликнете на Android. Внесете ја локацијата каде што ќе се наоѓа ‚tools‘ потфолдерот од Android SDK. Во случајот /home/user/android-sdklinux_86/ . Кликнете OK. Следно што ќе треба да се направи е да се креира виртуелен Android уред потребен за емулаторот, тестирање и дебагирање и да се доинсталира дел од API на Android. Кликнете Window → Android SDK and AVD Manager. (AVD е ‚Android Virtual Device‘). Одете во подменито Available Packages и инсталирајте ги дополнителните 2 пакета SDK Platform Android 2.1, API 7 и Samples for SDK API 7. Откако ќе се инсталираат ќе може да преминете кон креирање виртуелен уред. Одете во Virtual Devices, кликнете на New. Изберете име (пр. AVD01) и како Target изберете го API кое претходно го инсталиравте (во случајот […] API 7). Засега не ви треба ништо повеќе, креирајте го со кликање на Create AVD.

Android апликациите одблиску

Android апликациите се пишуваат во Java. Впрочем целото SDK е засновано на Java. Откако ќе се напише апликацијата, Java кодот заедно со ресурсите и останатите податоци се поврзува и се 58 click април 2010

пакува во .apk архива (со помош на алатката aapt). Целиот код што се состои во една .apk датотека се смета за Android апликација. Секоја апликација си живее во свој свет и има свој век на живеење. Тоа е така затоа што секоја Android апликација дига посебен Linux процес кој се подига тогаш кога е потребно да се изврши кодот на апликацијата и се исклучува тогаш кога веќе не е потребна или системските ресурси се потребни од друга апликација. Исто така, многу важно, секој процес поседува сопствена виртуелна машина (VM) така што кодот се извршува во изолирана форма од останатите апликации. И стандардно, на секоја апликација и се доделува посебен Linux UID. Пермисиите се поставуваат така што датотеките на апликацијата се видливи само за тој корисник и тоа само за таа апликација – иако постојат начини да се овозможи пристап од други апликации. Секој корисник кој сака да развива Android апликации треба да има барем површинска претстава за хиерархијата и концептот на самите апликации. Иако не се работи за класичен MVC архитектурен концепт, идејата што стои зад Android може да се разглоби до ниво на MVC. Во ова упатство нема да стане збор за тоа, ниту, пак, објаснувањата би целеле кон тоа.

Активности

Една Android апликација е составена од една или повеќе активности (Activity). Тоа не е поврзано со активност како некое движечко дејство врз/во самата апликација, туку повеќе како концепт за прикажување и интеракција меѓу корисникот и самата апликација. Се тоа што во даден момент го гледате на вашиот екран е Android активност. Активностите потоа може да се распределат на различни прегледи (Views, преводот е слободен) кои се хиерархиски распределени во самата апликација и дел од Android SDK (директни потомци на врховната java.lang. Object класа). Една апликација за испраќање Е-пошта може да има активност за примање, активност за испраќање и активност за бришење пошта. Секоја активност се имплементира како поткласа на клсата Activity. Визуелниот сегмент од апликацијата се овозможува преку

Android Empty Emulator

хиерархијата на View – објекти кои се наследени од класата View. Секоја View контрола контролира одреден повеќе-аголник во зададен прозорец. Родителските View се задолжени за организирање и прикажување Layout (лејаутот) на нивните деца. Така View е местото на кое настанува интеракција меѓу корисникот и самата активност. (View ↔ Activity). Пример, View може да прикажува приказ на мала слика и да иницира акција кога корисникот клика врз таа слика (пр. да се зумира). Во другите фрејмворци ова може да бидат контроли, виџети, итн. Android, исто така, доаѓа готов со многу вакви View како што се копчиња, листи, чекбоксови, менија, скролбарови итн. Хиерархијата на View се поставува во прозорецот на дадена активност преку Activity. setContentView() методот. Content View се нарекува објектот на класата View на самиот врв на хиерархијата. Ако ова е малку збунувачки, ви препорачуваме да прочитате некоја добра книга за развој и концептите на Android апликациите (препорака: The Busy Coder‘s Guide to Android Development).

Сервиси

Сервис си е сервис. Концептот е ист како и досега познатите методи за креирање и начин на функционирање на сервиси. Сервисот нема графички приказ, работи во заднина на главната апликација, во одреден или бесконечен временски интервал. Сервисот може да извршува тешка математичка операција или,

пак, некоја мрежна операција, и секако да биде дел од целата Android апликација.

Приемници на сигнали (Broadcast Receivers)

Бродкаст рисиверите или приемници за сигнали се компоненти што реагираат при извесен сигнал кој го добиваат од систем или друга апликација. Пример, при промена на временски зони или хардверски промени, сигналите ги примаат овие приемници и ги спроведуваат на саканите места. Апликациите исто така може да емитираат сигнали, со цел други апликации да добијат одредена информација (вчитана е слика, симната е датотека итн.). Сите приемници ја наследуваат BroadcastReceiver класата.

Доставувачи на содржина (Content Providers)

Доставувачите на содржина овозможуваат одреден сегмент од податоците што ги содржи апликацијата да бидат достапни за други апликации. Овие податоци можеби се зачувани како датотеки на самиот фајлсистем или, пак, се дел од адресарот на корисникот (sqlite бази). Класите кои имплементираат доставувачи на содржина ја наследуваат класата ContentProvider заради имплементирање стандардно множество методи кои овозможуваат други апликации да пристапат и да обработат податоци од типот што се контролира. Но, апликациите не ги повикуваат овие методи директно. Наместо тоа, тие користат ContentResolver објект и ги


click/слободен_софтвер/ повикуваат методите дефинирани во оваа класа. ContentResolver може да комуницира со кој било доставувач на содржина, да соработува со доставувачот итн. Доставувачите на содржина се активираат само тогаш кога ќе добијат барање од ContentResolver, за разлика од нив, останатите три погорни компоненти се активираат при асинхрони пораки кои се нарекуваат intents. Тоа е објект од класата Intent кој ја содржи содржината на пораката. За активности и сервиси, се именуваат акциите што се побарани и специфицирани од податоците на одредена локација (URI). За приемниците на сигнали Intent објект специфицира акција што ја објавува. Пример, може да испрати информација дека копчето за попуштање на звукот е стиснато. Има уште милион други работи кои се дел од основите за Android апликациите. Може да се пишува и да се зборува уште многу, засега споменатите работи се најбитни, како што ќе напредувате со учењето на самиот фрејмворк, така потребата од нови знаења ќе се шири. Сите потребни информации, спецификација и помошна документација е достапна на страниците на проектот.

Основна Android TODO апликација

Како што споменавме погоре, апликација од класичен тип Hello World нема да е од којзнае каква корист во случајов. За таа цел ќе направиме едноставна апликација која ќе претставува TODO листа преку која корисникот ќе може да додаде елементи

Дијалог прозорец во кој ги дефинираме основните параметри на новиот проект

во листа (ListView) со помош на копче. Едноставно и привлечно за почеток. Од Eclipse одете New → Project → Android Project. Ќе се отвори дијалог во кој ќе треба да специфицирате: Project Name – име на проектот

1. package com.android.todo; 2. 3. 4. 5. import java.util.ArrayList; 6. 7. 8. 9. import android.app.Activity; 10. 11.import android.os.Bundle; 12. 13.import android.view.KeyEvent; 14. 15. import android.view.View; 16. 17.import android.view.View.OnClickListener; 18.

– Todo List во случајов Application Name - име на апликацијата (незадолжително) – Todo List Package Name – име на пакетот (мора да содржи 2 идентификатора во Java стил од типот): com. todo.android

Activity Name – име на главната активност – може да е за почеток Main (нешто како главен интерфејс или main.cpp во C++). Кликнете на Finish. Ќе се отвори стандардниот преглед со дрво од левата страна. Кликнете на src, па com. todo.android па Main.java. Оваа датотека го содржи кодот за главната активност на апликацијата (може да забележите ‚extends Activity‘). Потоа кликнете на ‚res‘ па → layout → main.xml. Ова е главниот лејаут за изгледот на апликацијата. Тука може да додавате Layouts и Views со класичен Drag&Drop од левата страна. Во нашиот случај, ќе го селектираме моменталниот View (TextView) во кој има Hello World текст. И ќе ставиме 3 нови View, TextEdit, Button, ListView. Кликнете врз TextEdit view и во подолниот прозорец ќе можете да ги уредувате својствата на ова View. Најдете го својството Text и избришете го (празно), а потоа во делот Layout (за истото view) за Layout Width ставете fill_parent (со што ќе се пополни целиот простор на главниот прозорец (активност). Сменете го својството на Button View, ставете текст по желба, пр. „Add Item“. Запомнете дека во лејаутот дополнителните лејаути (како што е ListView лејаутот) не се гледа. Нему може да му ги менувате својствата на ист начин, но нема да видите разлика за време на развојот. Снимете ги измените и одете во датотеката Main.java. Оваа датотека би требало да изгледа вака за да се добие саканиот резултат:

19. import android.view.View.OnKeyListener; 20. 21. import android.widget.ArrayAdapter; 22. 23. import android.widget.Button; 24. 25. import android.widget.EditText; 26. 27. import android.widget.ListView; 28. 29. 30. 31. public class Main extends Activity implements OnClickListener, OnKeyListener{ 32. 33. /** Called when the activity is first created. */ 34. 35.

click април 2010 59


click/слободен_софтвер/ 36. 37. 38. EditText editText; 39. 40. Button addItem; 41. 42. ListView itemsList; 43. 44. 45. 46. ArrayList<String> todoItems; 47. 48. ArrayAdapter<String> arrad; 49. 50. 51. 52. @Override 53. 54. public void onCreate(Bundle savedInstanceState) { 55. 56. super.onCreate(savedInstanceState); 57. 58. setContentView(R.layout.main); 59. 60. editText = (EditText)findViewById(R.id.txtEdit); 61. 62. addItem = (Button)findViewById(R.id.Button01); 63. 64. itemsList = (ListView)findViewById(R.id.ListView01); 65. 66. 67. 68. addItem.setOnClickListener(this); 69. 70. editText.setOnKeyListener(this); 71. 72. 73. 74. todoItems = new ArrayList<String>(); 75. 76. arrad = new ArrayAdapter<String>(this, android.R.layout. simple_list_item_1, todoItems); 77. 78. itemsList.setAdapter(arrad); 79. 80. } 81. 82. 83. 84. private void addItem(String str) 85. 86. { 87. 88. if(str.length() > 0) 89. 90. { 91. Во главната класа Main дефинираме дека таму ќе има имплементирано и onClickListener и onKeyListener. Тоа значи дека можеме лесно да поврземе даден настан (event) со одредена акција. Така ако сакаме да го фатиме key event-от, тоа го им60 click април 2010

плементираме во методот onKey, а за mouse event-от во методото onClick. Како аргументи стига и View од каде што е испратен event и сл. Откако сето ова ќе се искомпајлира и пушти, ќе се вклучи емулаторот за Android во кој ќе се прикажи нашата аплика-

92. this.todoItems.add(str); 93. 94. this.arrad.notifyDataSetChanged(); 95. 96. this.editText.setText(„“); 97. 98. } 99. 100. } 101. 102. 103. 104. public void onClick(View v) 105. 106. { 107. 108. if(v == addItem) 109. 110. { 111. 112. this.addItem(this.editText.getText(). toString()); 113. 114. } 115. 116. } 117. 118. 119. 120. public boolean onKey(View arg0, int keyCode, KeyEvent ev) 121. 122. { 123. 124. boolean retvalue = false; 125. 126. if(ev.getAction() == KeyEvent.ACTION_DOWN && keyCode == KeyEvent.KEYCODE_DPAD_CENTER) 127. 128. { 129. 130. this.addItem(this.editText.getText(). toString()); 131. 132. retvalue = true; 133. 134. } 135. 136. 137. 138. return retvalue; 139. 140. } 141. 142.} 143.

ција. Додадете текст, па стиснете го копчето Add Item. Магијата се случува. Ова е проста апликација, нема да презентираме како се прават напредни работи сега, можеби во некој нареден текст. Но ви ветуваме декa Android ќе биде

интересен пазар за сите што сакаат да се занимаваат со оваа платформа професионално или како хоби. l (Александар Балаловски (www.lugola.net))


click/софтвер/

5 локални веб-дестинации Прекрасно е чувството кога на Интернет ќе пронајдете страница која ги задоволува сите естетски, содржински и технички критериуми. Во овој број за вас успеавме да пронајдеме неколку такви страници и со задоволство ви ги препорачуваме Патувајте во Охрид http://travel2ohrid.com

За најголемиот број Македонци Охрид е сé уште најпосакуваната дестинација. Токму за нив е и креирана оваа страница, на која може да се најдат информации за приватните сместувачки капацитети што се нудат во градот и во неговата околина. Иако според охриѓани за почеток на туристичката сезона е рано, сепак на оваа страница може да најдете сосема солидна понуда на соби, апартмани, па и цели вили кои може да ги резервирате. Интересна е опцијата за пребарување на капацитетите според неколку критериуми како што се на пример цена, оддалеченост од езеро и сл. Иако главниот акцент на оваа страница е ставен врз претставувањето на сместувачките капацитети, сепак како дополнителна содржина овде може да најдете предлози за места што треба да ги посетите, настани што се случиле или треба да се случат и сл. Страницата е нова и засега има верзија само на македонски јазик, но се надеваме дека наскоро ќе добие и интернационална верзија.

Македонските телевизии во пакет http://tvpaket.com.mk

актуелните теленовели што се прикажуваат на нашите телевизии, но и информации за промените во програмските шеми, најави за нови емисии, колумни што се однесуваат на телевизиската понуда, информации за филмови, актери и музичари. Со помош на услугата Zulu имате опција за преглед на некои телевизиски канали. Интересна како концепт и во најголема мерка неутрална во однос на телевизиите, оваа страница може да стане интересно свртилиште на сé што е ново на нашите телевизии.

Филигранскиот свет на Младен http://filigree.com.mk

Приказна за кафето http://caramelo.mk Младиот уметник Младен Стојановски својата љубов кон традицијата ја преточил во прекрасен накит и украсни предмети изработени во техниката филигран. На неговата минималистички дизајнирана страница може да ги видите неговите изработки, да дознаете неколку кратки информации за авторот и да му оставите порака. За жал, мора да констатираме дека на страницата недостигаат информации за цената и тежината на накитот, иако овие информации се предвидени како содржина. Би било убаво доколку во иднина страницата се надгради со повеќе информации затоа што прекрасните изработки тоа го заслужуваат.

Ако е по мерка на децата, тогаш е по мерка на сите

Телевизиската понуда што секојдневно ни се сервира, е тема на опсервација на оваа страница. Овде ќе најдете информации за

комплетно почитување на Конвенцијата за правата на децата. Дополнително сите овие општини преку различни проекти ќе треба да ги вклучат децата во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на животот во општината. На овој начин децата навистина ќе станат рамноправни членови на општината. На официјалната страница на овој проект ќе ги најдете сите информации и документи за тековните акции кои избраните општини ги преземаат за да станат општини по мерка на децата.

http://opstinapomerkanadeteto.org.mk/omd/ Проектот Општина по мерка на детето во Македонија е дел од глобалниот проект http:// www.childfriendlycities.org/ кој се имплементира во најразлични делови од светот под покровителство на УНИЦЕФ. Македонскиот дел од проектот се одвива во 11 општини во кои локалната самоуправа ќе треба да обезбеди нормативни услови за

Кафето е навика, кафето е потреба, кафето е наш секојдневен ритуал. Тоа во „Карамело“ го знаат многу добро. Затоа се трудат нивните кафиња да бидат со прекрасен вкус и интересна приказна. Прекрасниот амбиент што го краси локалот „Кармело“ е пренесен и на нивната официјална страница, на која можете да ги најдете информациите за разните типови кафиња, чаеви и други пијалаци кои се нудат во локалот. На страницата ќе го најдете нивното мени со цени, што мора да се истакне дека е вистинска реткост да се најде на нашите страници, а во секцијата блог ќе најдете навистина интересни приказни за кафето, чајот и ритуалите околу нивното приготвување. l [јулијана прчковска]

click април 2010 61


click/игри/Napoleon: Total War/

ИНФО

• Napoleon: Total War • ИЗДАВАЧ: Sega • Развој: The Creative Assembly • ПЛАТФОРМА: компјутер • URL: www.totalwar.com/ napoleon/ ЗА И ПРОТИВ

 Звук и подобрена графика  Солидни кампањи со најразлични мапи  Временски услови и терен кои влијаат на битките  Можност за историско запознавање со Наполеон и времето во кое тој војувал  Играње против вистински непријатели и можност за кооперативна кампања  Подобрена вештачка интелигенција која сé уште има недостатоци

ОЦЕНА

многу добро

70 click април 2010

Napoleon: Total War, империја доследна за секој голем војсководец О

д многу аспекти, Наполеон Бонапарта е перфектниот лик за Total War продолжение (некако зачестивме со прегледите на стратегии дури ја чекаме официјалната верзија на StarCraft 2). Наполеон живеел во време на револуционерни технолошки достигнувања, а притоа се случувале конфликти на големите светски сили. Војните биле спектакуларни, а Наполеон доминирал во тоа време со својот карактер и амбиција со која ги предизвикувал останатите освојувачи.

По Александар и Цезар, шестото продолжение на Total War очекувано е да му припадне на Наполеон. Napoleon: Total War е некако како продолжение на Empire: Total War во смисла на опкружувањето и механиката на играта. Менаџирањето на нацијата и стратегијата во реално време останануваат непроменети. Ако досега бевме навикнати да гледаме многу нови содржини во секое продолжение на Total War, овој пат можеме да кажеме дека Napoleon е дотерана верзија на

СЦЕНАРИО Опсадата врз тврдината е во тек, на располагање покрај коњаницата пристигнува и полкот со топови. Со сите средства удираме кон ѕидовите за до ја освоиме оваа стратешка позиција.

Empire, но тоа всушност е добра работа. Имено, највоочливата промена е структурата на искуството што го добиваме. Огромната империја која треба да ја освоиме во улога на Наполеон е поделена на три кампањи (може да се каже дека се и четири доколку кампањите во Египет и во Блискиот Исток ги гледаме како одделни).

Првата кампања ја играме во северна Италија, а последната е секако за освојување на Европа. Како што напредуваме низ кампањите, играта нé запознава со разните аспекти на војувањето и управувањето, а понекогаш ни ги одзема тие аспекти (на пример дипломатијата ни е достапна во кампањата за освојување на Италија,


но ја нема во кампањата за Египет). Кампањите се навистина интересни за играње, а тука се и неколку козметички подобрувања како кратери што ги оставаат бомбите, светкањата од пушките и чадот итн. Но, главното прашање кога играме против вештачка интелигенција на компјутер секако е дали таа е подобрена. Вештачката интелигенција беше главниот недостаток во претходните изданија, а тука само едноставно ќе одговориме на двете клучни прашања. Дали вештачката интелигенција е подобрена во оваа игра? Да. Дали е направена да биде како што навистина треба? Не. Немојте да се изненадите доколку забележите непријателски трупи кои се обидуваат да пукаат со топови кон вас иако се позиционирани само пет

метри зад некоја зграда и сите нивни ѓулиња завршуваат во ѕидовите. Како да гледаме збрлавено зомби без глава кое се удира во стаклена врата. Друг многу забележителен недостаток е кога на ма-

„полумутав“ компјутерски противник можете да се изнамачите во зависност од тежината која сте ја одбрале за играње. Една многу интересна опција е можноста за играње со уште еден прија-

Огромната империја која треба да ја освоиме во улога на Наполеон е поделена на три кампањи (може да се каже дека се и четири доколку кампањите во Египет и во Блискиот Исток ги гледаме како засебни) пата која ја играме постои некакво скривалиште како ограда или ѕид од камења. Без разлика каде се води битката, компјутерот секогаш ќе постави еден полк со војници зад тој објект без тие да прават ништо. Но немојте да мислите дека победите лесно се изведуваат, дури и со

тел во кампања, штета што е ограничено на само двајца играчи. Останатиот дел од играњето против други играчи е изведено на начин кој овозможува да играте во секое време без да треба да чекате соодветен противник. Може да започнете игра против компјутер кој во секое време може да биде заменет со вистински играч да ви биде противник. Во битките ќе сретнеме многу различни нации (фракции), а повеќето од нив ќе можеме и да ги играме како Австрија, Британија, Прусија, Русија, Отоманската Империја, Шведска, Шпанија итн. Тактичката перспектива во Napoleon: Total

War е една од најдобрите изведби што сме ги виделе досега. Нападите на коњаницата, пукањето на топовите и формациите на тркала едноставно изгледаат брилијантно. Различните околини и мапи како и атмосферските ефекти што влијаат на битките само додаваат на одличното играчко искуство. Иако има помалку различни единици отколку што сме навикнати во другите Total War игри, нивниот распоред и користење во битките значат дали ќе победите или изгубите. Земните и поморските битки се одлично изведени од историски аспект, па така и ќе научиме нешто за историјата и геополитичката распределба на земјите од тоа време. Звучните ефекти се на ниво со графиката, амбиентални звуци од коњи кои умираат на бојното поле, пукотници од топови, бранови од истрели на пушки и офицери што извикуваат наредби за време на бит-

ките. Заднинската музика, исто така, сосема одговара на тој историски период. Командувајќи со Наполеон од студент до генерал и император, Napoleon: Total War е одлично продолжение на франшизата иако нема којзнае колку промени од претходните изданија. Иако армијата што ќе ја предводиме била застрашувачка како Монголите, Викинзите или Барбарите, крајната цел на играта е иста, да ја освоиме империјата која ја имал Наполеон. За пофалба е можноста за историска надградба кај играчите преку една од најголемите воени кариери. Како солиден додаток тука се можностите за играње против други играчи и секако можноста за здружено играње на двајца играчи. Napoleon: Total War ќе им се допадне на сите приврзаници на серијалот, а го препорачуваме и за сите љубители на солидни стратегии. l [Иван Манчевски]

Можност за соживување со ликот и воените потфати на Наполеон во ова продолжение на Total War серијалот е направено на највисоко ниво. Многу стратегија како на државно ниво така и на самото воено поле. click април 2010 71


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.