iPhone 3G Конечно, телефон подобар од iPhone Број 03 • JУЛИ 2008 • www.clickmag.mk
Samsung G810 Мобилен телефон базиран на Symbian со камера „позајмена” од дигитален фото апарат
Безбедно на Интернет Заштита на децата на Интернет
Social Search
Apple iMac
Навигација
SyncMaster XL20
За пребарувањето повеќе не одлучуваат машините
Монитор кој во себе крие неверојатна машина
Брзо и лесно до омилената дестинација за одмор
Монитор со најверен приказ на фотографии
click/вовед
БРОЈ 03 • ЈУЛИ 2008 • WWW.CLICKMAG.MK
УРЕДНИК ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ vladimir.kockovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Владимир Кочковски vladimir.kockovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Игор Петрушевски • igor.petrusevski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Владо Велков • vlado.velkov@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Никола Пчински • nikola.pcinski@clickmag.mk Александар Марковски • aleksandar.markovski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Јазичен соработник Ана Манасиевска • ana.manasievska@clickmag.mk ИЗДАВАЧ
Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Коста Стаматовски kosta.stamatovski@clickmag.mk Печатено во: Софија, Богданци Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32 23 575, +389 (2) 32 23 125 Факс: +389 (2) 32 23 575 Е-mail: redakcija@clickmag.mk • СМС контакт: 070/14 55 85
ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.
Сè уште има живот во стариот искусен ветеран Со појавувањето на персоналниот компјутер каков што го знаеме денеска и обезбедувањето на неговата доминантна улога на пазарот во светот, дојде потребата од вистински моќен оперативен систем кој ќе може да го носи товарот и да ги исполнува секојдневните обврски кои корисниците ги бараат од него
К
ако што технологијата и трендовите се движат напред, се појавуваат нови верзии на софтверот, програмите, алатките, драјверите, па и на една од основните компоненти на која се базира сè – оперативниот систем. Како основно орудие кое ја остварува врската помеѓу човекот и машината, станува еден од двигателите на компјутерската индустрија уште од нејзините почетоци. Оперативниот систем е тој што може да ја направи една машина добра или истата да ја уништи. Уште од времето на Commodore 64 и неговиот познат Basic, кој целиот тогашен свет успеваше да го стави во неверојатни 64 килобајти (од кои само 39 беа достапни за корисникот), на кој рачно пишувавме стотици и стотици линии код за да добиеме клавијатура на која може да се свири или, пак, една единствена ниско - резолуциона слика од штрумфови која сами сме ја цртале пиксел по пиксел, се наѕираа почетоците на вистинската комплексност на оперативните системи. Со појавувањето на персоналниот компјутер каков што го знаеме денеска и обезбедувањето на неговата доминантна улога на пазарот во светот, дојде потребата од вистински моќен оперативен систем кој ќе може да го носи товарот и да ги исполнува секојдневните
обврски кои корисниците ги бараат од него. Microsoft успеа да го освои тронот, почнувајќи со MS-DOS, па преку првите верзии на Windows, Windows 3.11, фамозниот Windows 95 од кој „стартуваше“ сè, до полираната надградба Windows 98 SE, прерипнувајќи на брзина некои верзии како Windows ME, за конечно да дојде синергијата помеѓу Windows 9x и Windows NT, наречена Windows XP. Овој оперативен систем, откако целосно се имплементира и доби комплетна поддршка од производителите, стана еден од најкорисните и најдолго употребуваните оперативни системи од кои корисниците и ден денес нејќат да се откажат. Можеби спротивно на плановите на самиот производител, голем дел од корисниците се веќе добро навикнати на XP, ги имаат наместено работите баш онака како што сакаат и не чувствуваат вистинска потреба да се надградат на нешто ново, барем не додека не излезе нешто ултимативно ново – нешто што би ја оправдало самата надградба. Токму за овие корисници е наменета и темата на овој број, кој ќе им помогне да ги одржуваат своите искусни (XP) инсталации во најдобра форма и во деновите кои доаѓаат, без да ја почувствуваат потребата за надградба. l
click јули 2008
click/содржина БРОЈ 03 • ЈУЛИ 2008
ХАРДВЕР
10 - 37
10 iPhone 3G
Неколку новини, мала промена во дизајнот и намалена цена… вреди ли целата фама околу новиот iPhone 3G
17 Logitech VX Nano
Преносливото глувче со приемник помал од паричка
18 Аpple iMac
Монитор кој во себе крие неверојатна машина
24 SyncMaster XL20 LED
Дизајниран за луѓе кои не прифаќаат компромиси кога станува збор за верно реплицирање на слика
36 Samsung G810
Mобилен телефон базиран на Symbian со камера „позајмена“ од дигитален фото апарат
10 правила да го одржите свеж својот Windows XP 38
СОФТВЕР
38 - 77
48 Social Search
За пребарувањето повеќе не одлучуваат машините
52 Безбедно на Интернет
Повеќето деца мислат дека знаат сè кога станува збор за интернетот, па да се држи чекор со нивното користење на технологијата е навистина голем предизвик
Доколку сакате да си ја задржите веќе постојната инсталација со сите досегашни прилагодувања
76 Софтвер за навигација Брзо и лесно до омилената дестинација за одмор
ИГРИ
78 - 83
78 Wall-E
Малото роботче со големо срце
80 Игри инспирирани од филм Можност да се ставите во улогата на вашите омилени филмски јунаци и да ги искусите нивните авантури
РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 84 85
Photoshop и Illustrator упатство 60
Правење на рефлектирачки ефект
click јули 2008
вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ
click/вести/јули
Камера за YouTube
Нова тужба за Microsoft, овој пат за Silverlight
Американската компанија Kodak ја претстави досега најдобрата камера која е наменета на YouTube генерацијата. Камерата е наречена Zi6 и ги носи опциите како што се Flip Video Ultra и Creative Vado, но тоа што е најважно, овозможува директно поставување на видео записите на страницата на YouTube. Камерата снима со квалитет од 720p, квалитет кој ниеден од конкурентите не може да го постигне и тоа во 60 слики во секунда (frames per second – fps). Постои и VGA модус за снимање на видео записи и истите можете да ги прегледате на екранот кој е со големина 2.4 инчи. Кога го прегледувате снименото, можете да го забавите или забрзате видео материјалот - опции кои се навистина корисни понекогаш. Меморијата за снимање на видео материјали изнесува 32 GB и би требало да ги задоволи и најпребирливите корисници. l Мала софтверска фирма од Соединетите Држави го тужи софтверскиот гигант Microsoft, a тужбата се однесува на неколку патенти кои и припаѓаат на таа компанија. Компанијата тврди дека три од нејзините патенти кои се поврзани со додавањето на мета податоците во видео сегментите се превземени од Silverlight. Со тоа се создава метода која им овозможува на корисниците да ги обележуваат видео сегментите и така се подобрува пребарувањето и навигацијата. Компанијата Gotuit креира софтвер кој во суштина ја извршува истата функција и има клиенти како што се NHL (National Hockey League) во Америка и Sports Illustrated, светски познато списание. Во тужбата на Gotuit стои дека Microsoft ги искористил и се уште ги користи патентите на таа компанија. Адвокатите кои го претставуваат овој случај веќе имаат успех во тужбите против Microsoft. Тие успешно решиле случај со компанијата Burst.com, случај кој повторно се базирал на преземање на патенти. Во тој случај Microsoft се спогодил и платил 60 милиони долари. Останува да се види како ќе заврши овој случај. l
Нови правила за регистрација на домени На последната средба на ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) беа изгласани неколку важни одлуки кои ги омекнуваат досега строгите правила за регистрација и употреба на примарните интернет домени. Па така, во иднина ќе може да се регистрира домејн директно под посакуваното име, без да мора да се додава некоја од стандардните наставки .com, .org и слично. Уште една, за нас особено корисна промена е дозволувањето регистрација на интернет адреси на други писма, покрај латиницата. Ова значи дека во иднина ќе може да се користи кирилицата со што би се надминале голем број на препреки и несоодветно регистрирани домени и во Македонија. l
click јули 2008
Readius eReader од PolymerVision Readius® ja користи сестраноста на преклопливите дисплеи за го спои едноставното читање на дигитални содржини со компактниот џебен дизајн и сè поголемата поврзаност. Со дисплеј кој е поголем од самиот уред се олеснува читањето во кое без полнење на батерија може да се ужива 30 часа. Тежината му изнесува извонредни 115 грама, а екранот е со големина од 5 инчи и можност за прикажување на 16 сиви нијанси. За континуирана поврзаност се грижат Tri Band/3.5G HSDPA, USB портата и Bluetooth 2.0 конекцијата. Ќе стартува со 8GB (High Capacity Micro SD) меморија, 8 копчиња за навигација и превисока цена која се уште не е соопштена, но сè знае дека ќе биде повисока од таа на актуелниот конкурент, Kindle, кој во Америка чини 359 долари. l
click/вести/јули
Sеagate тврд диск од 1.5 TB (тера бајти) Seagate ја освежи својата понуда на тврди дискови, меѓу кои се издвојува дискот за стандардните компјутери Barracuda со капацитет од 1.5 TB што е најголем капацитет досега постигнат на HDD тврди дискови. Seagate во претставувањето на дискови со капацитет од 1 TB задоцни скоро пола година во однос на Hitachi, но скокот преку таа магична граница сепак му припаѓа на Seagate. Новата серија на дискови наречена Barracuda 7200.11 со капацитет од 1.5 TB се врти, како што од самото име може да се види, со брзина од 7200 вртежи во минута. Во овој момент цената на овие дискови се уште е непозната, но се знае информацијата дека Seagate до крајот на годинава спрема два интересни тврди диска за преносните компјутери. Нивниот капацитет е 500 GB, а разликата меѓу нив е во брзината на вртежи: едниот модел ќе се врти на 5400 а вториот на 7200 вртежи во минута. l
Amazon.com со нов сервис Amazon.com започнува со нов сервис, нова интернет продавница која ќе нуди ТВ шоуа, серии и филмови, сервисот е наречен Amazon Video on Demand. Клиентите на новата Amazon продавница ќе имаат можност да гледаат околу 40.000 филмови и телевизиски програми, веднаш штом ќе ги нарачаат. Сервисот се разликува од конкурентскиот iTunes на Apple, па и од досегашниот сервис на Amazon по тоа што нема да се чека на преземање на материјалот. Во исто време, Amazon постигна договор и со гигантот Sony за заедничко рекламирање на сервисот преку Sony Bravia линијата на производи, но ова нема да остане ексклузивен договор. Amazon ќе продолжи да склучува слични договори со други големи компании од сверата на ТВ и интернет индустријата. Amazon Video on Demand ќе биде достапен за лимитиран број на поканети клиенти на Amazon.com пред официјалниот старт на сервисот кој треба да се случи ова лето. l
Google Media Server За да го фати чекорот со последните трендови на дистрибуција на дигиталната содржина, пред се видеото, каде компјутерот добива централна улога, Google неодамна го објави својот нов сервис - Google Media Server. Google Media Server претставува апликација која, за жал, работи само на Windows оперативниот систем и овозможува премостување на јазот меѓу телевизорот и вашиот компјутер. Со користење на постоечката апликација Google Desktop и со помош на алатките како Google Desktop Search и Desktop gadgets, може да се лоцираат мултимедијалните документи. Сè што е потребно е да го поврзете вашиот компјутер на кој е инсталиран Google Desktop со UPnP уред, на пример PlayStation 3. За час, со притискање на едно копче, можете да пристапите до фотографиите, видео и аудио клиповите на вашиот компјутер, може да ги гледате фотографиите од Picasa Web Albums и да ги гледате вашите омилени YouTube видеа. l
Sony M2 картички со двапати поголем капацитет Сите сопственици на Sony Ericsson мобилни телефони можат да бидат многу задоволни со вестите кои пристигнуваат од јапонскошведската компанија. Вестите се однесуваат на зголемувањето на мемориските капацитети кои наскоро ќе им бидат достапни во облик на M2 cкартички. Sony Ericsson ја претстави Memory Stick Micro (M2) картичката која има капацитет од дури 8 GB. Ова е дупло повеќе од стандардните М2 картички кои доаѓаат во верзии со 2 или 4 GB. Сето ова значи повеќе музика, повеќе игри, слики и видео содржини на вашите мобилни телефони, а со самото тоа и повеќе забава. M2 картичките доаѓаат во комплет со адаптер за поврзување со компјутерот, како и со USB конектори за истата намера. Цената на овие картички од 8 GB за сега не се објавува, но се очекува да стартува со околу 80 долари. l click јули 2008
click/вести/јули
Microsoft започна со автоматско инсталирање на SP3
Последниот официјален и голем пакет на закрпи и подобрувања за Windows XP, Service Pack 3, ќе започне да се испорачува како автоматска надградба во месец јули. SP3 е достапен за преземање од интернет страните наменети за надградби на Microsoft (Windows Update) уште од почетокот на Мај, но од овој месец компјутерите кои го користат сервисот за автоматско надградување на Microsoft ќе го добијат SP3 во форма на автоматска надградба. Стартот на XP SP3 беше одбележан преку конфликтот со Microsoft Dynamics Retail Management System, ситуација која го натера Microsoft да го повлече пакетот. Истиот сервисен пакет предизвика проблеми со компјутери на HP базирани на AMD процесорите кои влегуваа во бескрајни рестартирања по инсталацијата на SP3 поради тоа што производителот користел XP предефинирана инсталација базирана на Intel процесорите. Овој сервисен пакет SP3 е мала надградба и ни одблиску не е важен како што беше важна претходната надградба SP2. l
Intel 3.2GHz quad-core Bloomfield гејминг процесор за $999 Има луѓе кои постојано ги следат потезите на големите компании и со нетрпение ги исчекуваат нивните следни. DigiTimes има информација од производителите на основните плочи дека следниот четири-јадрен процесор на Intel, 3.2GHz Extreme “Bloomfield” за пренамумпаните декстоп конфигурации, ќе се појави на американскиот пазар за $999 долари (кога би се купувал на големо) – традиционална цена кога станува збор за Inter, освен лансирањето на $1,499 „вредниот“ Core 2 Extreme QX9775 годинава. Се најавуваа и 2.93GHz верзија за $562, како и 2.66GHz верзија за $284 долари во текот на оваа година. l
Google и Symbian можеби партнери
Првиот човек на Symbian ја промовираше идејата за партнерство помеѓу Android и Symbian платформите за паметните мобилни телефони. Отворените платформите за паметните мобилни телефони Symbian и Android можеби ќе се спојат за да понудат понови и подобри решенија како на оперативно, така и на апликативно ниво. Nigel Clifford, првиот човек на Symbian изјавил на конференцијата за печат одржана во Токио дека овие компании во минатото работеле заедно и дека Symbian беше меѓу првите мобилни платформи кои ги користеа апликациите на Google. Nokia го завршува својот проект наречен „Купување на Symbian“, додека стартот на Android на Google е одложен, така што постои можност за остварување на овие желби. Овој потег можеби изгледа како формирање на сојуз кој ќе се бори на пазарот против Windows Mobile платформата на Microsoft и iPhone 3G на Apple. l
Гејмерите стареат Генерацијата на видео игрите во Европа, најголем дел ја сочинуваат луѓе на возраст меѓу 26 и 34 години, се наведува во едно истражување на M:Metrics Истражувањето спроведено во повеќе европски држави покажува дека во Германија повеќе од 35% од гејмерите се на возраст од 26 до 34 години, следени од малку помладите, оние од 18 до 24. Ситуацијата е слична и во Шпанија и Велика Британија, додека во Франција побројни се помладите. Италија отскокнува од овие трендови и бележи поголем процент кај старосната група над 55 години на која отпаѓаат дури 15% од Италијанските гејмери. M:Metrics го спроведе ова истражување кон крајот на минатата година, но резултатите не беа достапни за пошироката јавност до неодамна. l 35 30 25
Франција
20
Германија
15
Италија Шпанија
10
Англија
5 13-17
click јули 2008
18-24
25-34
35-44
45-54
55+
HEAT ME „лажиче“ напојувано од USB Уште од самиот почеток, ќе ви кажеме дека станува збор само за прототип, барем сега за сега. Од тоа што дознавме, HEAT ME е фантастичен уред кој едноставно чека да биде грабнат од некоја поголема компанија и да почне со масивно производство, претворајќи го во следниот мора-да-се-има направа напојувана преку USB. Функцијата која всушност ја врши е ги загрева металните краеви на стапчето кога ќе го вклучите во слободна USB порта и ви дава додатно „лажиче“ кое ќе ви овозможи чајот/кафето да ви остане топло, дури и откако ќе ве викнат некаде „на кратко“. l
Hector Ruiz го напушта директорското место во AMD Само неколку месеци откако AMD отпушти речиси 10% од нивната работна сила и дозволи нивниот CTO да замине без да најдат соодветна замена, вториот директор по ред (после Jerry Sanders) ги помина последните денови во најголемата канцеларија на AMD. Hector Ruiz одлучи да ја напушти неговата улога во компанијата, оставајќи го неговиот заменик, Dirk Meyer, да ја преземе водечката позиција. Ruiz се уште ќе има „врска со компанијата“ затоа што останува во бордот на директори како извршен директор“, но тешко е да се каже колку влијание може да има од таа позиција. l
YouTube доаѓа и на TiVo
Како да веќе не гледавте доволно YouTube на домашниот компјутер и на работа, на мобилниот телефон и на другите работи, од сега е достапен и на TiVo. Првично најавен на почетокот на годинава, корисниците на TiVo можат конечно да ја очекуваат надградбата да им стигне преку рутинските TiVo надградби во наредните две недели. l
E7 електрични таксија се појавуваат во Велика Британија Додека таксистите во Њујорк се најавуваат дека ќе бидат хибридни до 2012 година, една компанија во Велика Британија сака да ги повлече работите еден чекор понатаму, со тоа што сега прикажува целосно електрично такси кое ќе биде достапно уште од октомври оваа година. Наречено E7, содржи еден куп литиумски батерии кои ветуваат дека ќе му овозможат да помине 160 километри со едно полнење, со достојна брзина од околу 100 километри на час. Цената за возилото се предвидува да биде £39,450 британски фунти (околу 52.000 евра). Сепак, изгледа дека се уште сите не се спремни за ова возило. Имено, не го доби одобрението од лондонската дивизија за дозволи, што значи дека нема да можете да го „фатите“ ова речиси бесшумно такси доколку сте во Лондон во блиска иднина. l
Нов изглед за Mini GPS PDA телефонот од ASUS ASUS ја најави достапноста на нивниот P320 телефон во два нови финиши – розова и бисерна бела. Со неговата ултра компактна форма, тенок стил и мала тежина, планираат додавањето на новиот бои да го направат P320 уште попопуларен од оригиналот за корисниците засегнати со глобалната мода. Но, и покрај „помеките“ бои, ASUS P320 се уште има импресивен сет од моќни можности. Со оперативниот систем на Microsoft Windows® Mobile 6.1™ Professional, ги поддржува функциите како GPS навигација, EDGE/GPRS и Wi-Fi за интернет пристап од секаде, како и Bluetooth и USB конекција. l
Panasonic става Centrino 2 во Toughbook CF-52 / CF-74 Веќе почнувавме да се запрашуваме дали Panasonic воопшто планира да ги замени долготрајните CF-52 и CF-74, но, како што пишува во правилата од насловната тема, нема потреба да се менува ако работи како што треба. Сепак, како што е адетот со речиси сите познати лаптоп производители, Panasonic одлучи да го освежи претходно споменатиот пар од Toughbook серијата со поголеми хард-дискови, 802.11n WiFi, поголеми графички можности и Intel Centrino 2 платформата. Освен тоа, останува истиот вид екстериер и тастатура отпорна на вода, но ќе платите скапо за овие погодности. Двата, 15.4-инчниот CF-52 и 13.3инчниот CF-74 ќе бидат достапни наредниот месец, понуваќи од $1,949 и $3,199 долари. l click јули 2008
10 12 13 14 15 15 17 18 21 22 23 24 26 28 29
iPhone 3G Dell PowerЕdge T300 Compro Video Mate U890F Gorillapod Gigabyte GA-EP45-DS4 Fujitsu-Siemens Amilo 3000 Logitech VX Nano Apple iMac GStor Wave Fujiilm Finepix S8000fd RPC-819 и RPC-819C SyncMaster XL20 LED Logitech Wireless Z-5450 THX LG L207WT Gembird 300K Wireless LAN IP Camera 8MB vs. 16MB HDD CACHE Dell Inspirion 1525 Fujitsu Siemens Amilo Si 2636
30 32 33
34 36
HP iPAQ 614c Samsung G810
click/хардвер
Конечно, телефон подобар од iPhone
Неколку новини, мала промена во дизајнот и намалена цена… вреди ли целата фама околу новиот iPhone 3G ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apple www.apple.com/iPhone ЗА И ПРОТИВ
Одличен дизајн 3G GPS Цена (во Америка) Нема официјални информации кога и дали ке се појави во Македонија
ЦЕНА
• 199 Долари за моделот со 8GB (Во USA со договор на 2 години) • 299 Долари за моделот со 16GB (Во USA со договор на 2 години)
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО Одличен напредок на Apple, покажува дека првата едиција не беше само случајност
10 click јули 2008
Н
а 11.07 ова лето господово тргна и таа работа: пуштен е и официјално во продажба новиот бисер на Apple, името исто, само мал додаток... iPhone 2.0 или iPhone 3G (зависи каде како го претставуваат). Ова е веќе трет пат да дискутираме за iPhone, но што да се прави кога вниманието кое го добива на пазарот, меѓу купувачите, во другите медиуми и на крај, кај конкуренцијата на пазарот за мобилки, нè обврзува и нас да на ваков начин ви го приближиме фамозниот iPhone 3G. Што е ново кај iPhone 3G? Неколку нови додатоци како на хардверско, така и на софтверско поле (за да го поддржат хардверот), мала промена во дизајнерска смисла, чисто ако ги ставите еден до друг да знаете кој е кој... iPhone 3G е подолг за пола милиметар, поширок за „цел“ милиметар и подебел за нешто повеќе од пола милиметар. И најважно од сè, новата варијанта е поевтина од старата. Ако навлеземе барем
Над еден милион продадени во првата недела
click/хардвер/iPhone3G
малку во деталите на новините, ќе видиме дека iPhone 3G доаѓа со брза 3G безжична технологија, вграден GPS со детални мапи (се разбира на Америка), поддршка за бизнис и корпоративни софтверски решенија од типот
време. Тука се и сензорот - accelerometer кој се грижи за ротирање на сликата во ист правец во кој го ротирате и вашиот iPhone, proximity сензорот се грижи екранот да не реагира на допир кога вашето уво е допрено на истиот и на
Луѓе кампуваат пред продавниците, се чека веќе недела наназад за новиот хит на Apple. Во Македонија.. ..најверојатно повторно пробиена верзија.. за некое време Microsoft Exchange, а тука е и комплетно новиот App Store, (апликација за пребарување и инсталација на софтвер за iPhone 3G). Подобрени се некои од веќе постоечките апликации, како на пример работењето со електронската пошта, пребарувањето и работењето со контактите, а додадена е и поддршка за повеќе јазици. Повторно се појавува во две основни варијанти кај кои единствената разлика е капацитетот на Flash дискот (8GB и 16GB). Екранот останува ист, одличната софтверска поддршка за осетливоста на допир е надополнета со можноста за прикажување на повеќе јазици и карактери во исто
крај, Ambient Light Sensor кој ја прилагодува осветленоста на екранот според онаа на околината. Може да се каже дека сите оние убави работи кои со себе ги донесе првата верзија се надградени, постабилни, побрзи и Apple најверојатно ги поправил сите проблеми кои се појавија во претходната верзија. Во кутијата покрај самиот уред, добивате стерео слушалки, USB кабел, USB кабел за полнење на телефонот, документација, парче ткаенина за чистење на екранот и алатка за вадење на SIM картичката. За да го поврзете на компјутер, постојат мали ограничувања во поглед на оперативниот систем кој го користите и тоа за Мекинтош треба да имате: • Mac компјутер со USB 2.0 порта • Mac OS X v10.4.10 или понов • iTunes 7.7 или понов Windows базиран систем: • PC со USB 2.0 порта • Windows Vista; или Windows XP Home или Pro со Service Pack 2 или понов • iTunes 7.7 или понов Сепак останува констатацијата дека мултимедијалните способности, дизајнот и сестраноста се главните карактеристики
кои го прават iPhone тоа што е денеска. iPhone ја промени комплетно перцепцијата за тоа во кој правец се движи индустријата на мобилите телефони. Многу конкурентски производи веќе наликуваат на iPhone или барем го користат концептот на овој уред, со тоа само се покажа дека потегот на Apple е максимално успешен. Деновиве луѓето ги заземаа своите
места покрај продавниците за први да го дочекаат уредот кој генерално не донесува спектакуларни промени во однос на неговиот претходник. Има информации кои се граничат со лудило, некој купувач одлетал од Америка за Нов Зеланд за да го купи прв iPhone 3G, поради тоа што тамо прво се отвораат продавниците. Цената паѓа додека квалитетот расте, сето тоа е својстве-
но за потрошувачко општество како во суштина е Американското општество. Дали истите цени и услови ќе се следат и во другите земји, останува да се види. Првата верзија на iPhone се продаваше само во неколку земји додека iPhone 3G се планира да се продава во дури 72 земји во светот. l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]
СПЕЦИФИКАЦИИ Димензии (в,ш,д)
115.5 x 62.1 x 12.3 мм
Тежина
133 гр.
Капацитет
8 и 16 GB
Екран
3.5“(480 x 320 пиксели) осетлив на допир
Камера
2.0 MP
Батерија
Li-Ion, можно полнење преку USB
Капацитет (зборување)
До 5 саати на 3G, до 10 саати на 2G
Капацитет (Интернет)
До 5 саати на 3G, до 6 саати на Wi-Fi
Капацитет (видео преглед)
До 7 саати
Капацитет (аудио преглед)
До 24 саати
click јули 2008 11
click/хардвер
Gorillapod
Нема потреба да барате помош за сликање или, пак, некој да фали од групната фотографија
М
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Joby www.joby.com ЗА И ПРОТИВ
Иновација Различни бои Одлична употребливост Цена Потребно е да се нарача преку Интернет
ЦЕНА
• 25 до 55 Долари во зависност од моделот
ногу честа ситуација во туристичките места: „Дечко може ли да ми направиш една фотографија со девојка ми како што сме седнати сега?“, „Господнине ако сакате да не насликате со фамилијата“. И според сите правила, одбирате лице кое има многу мали познавања од фотографирање, а уште помали од дигитални фотоапарати. Почнуваат објаснувањата кое копче треба да се стисне и дека треба копчето малку да се придржи за да се направи добар фокус. Се прават неколку фотографии многу често една од нив е сликана во земја и се надевате дека на сликата барем ќе се препознаат
Држач за многу видови на уреди
висини, доколку не сте професионален фотограф, сигурно не поседувате еден ниту пак ви доаѓа на ум да го носите секогаш со себе. Идејата за решение за стабилни и квалитетни фотографии направени
Иако постојат различни стативи со различни можности и висини, доколку не сте професионален фотограф сигурно не поседувате еден ниту пак ви доаѓа на ум да го носите секогаш со себе сите личности и дека никој нема да фали. Сите понови модели на дигитални апарати имаат можност за темпирано сликање после одредено време, на пример 10 или 15 секунди. Проблемот е во поставувањето на апаратот на место и висина каде што може да се направи сликата. Иако постојат различни стативи со различни можности и
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО Одличен статив за прикачување на дигиталниот апарат
14 click јули 2008
со статив ја измислуваат група иноватори од Америка. Компанијата Joby е формирана во 2006 година од кога и започнува продажбата на нивниот производ Gorillapod. Имено, станува збор за флексибилен статив за апарати кој овозможува поставување на различни позиции и на различни површини кои не треба да бидат рамни. Трите нозе на стативот можат да се виткаат и да се вртат за 360 степени за да и овозможат стабилност на камерата скоро на секоја површина. Идеално за сите љубители на фотографирањето и за професионални фотографи
кои се често во движење и работат на различни локации. Gorillapod е достапен во 3 различни варијанти во зависност од тежината и големината на апаратот за кој е наменет и тоа: Gorillapod Original до 275 грама, Gorillapod SLR до 800 грама и Gorillapod SLR-ZOOM до 3 килограми. Моделот Original е наменет за компактни дигитални апарати и е најмал по димензии, а може да се смести во секој џеб за носење со дигиталниот апарат. Моделот SLR е наменет за полупрофесионални SLR апарати и мали видео камери, додека SLR-ZOOM може да ги прицврсти сите професионални апарати и камери заедно со додатните леќи за зумирање. На барање на корисниците, компанијата прави
дополнителен пакет кој овозможува користење на Gorillapod и кај сите
останати дигитални уреди како мобилни телефони, уреди за репродукција на mp3/mp4, персонални дигитални помошници и останати уреди кои немаат
можност за прикачување на стандардниот статив. Go-Go! пакетот вклучува додаток кој се прикачува на принцип на вакум, како и додаток кој се прикачува со лепење. Gorillapod на Joby е идеален додаток за секој кој сака самостојно да прави одлични фотографии без потреба да фали некој од сликата. За пребирливите корисници, како избор може да одберат некоја од боите кои се нудат за стативот. Доколку се земе во предвид и цената која е навистина ниска и се движи во рамките од 25 до 55 $ во зависност од моделот, Gorillapod е примарниот избор како статив за повремените фотографи. l [ИВАН МАНЧЕВСКИ]
click/хардвер
LG L207WT
Практичен монитор со конвенционален дизајн и слика преполна со бои ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: LG www.lge.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: RiverSoft www.riversoft.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Интегрирани напредни технологии Дизајн Одличен приказ на мултимедија Практично копче за повикување на F-Engine Цена Одличен приказ на слика TN (Twisted Nematic) дисплеј ЦЕНА
• 16.449 денари
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО Монитор кој е направен за приказ на мултимедија, а канцелариското работење на него е задоволство поради големината на дијагоналата и количина на материјал која може да ја прикаже
28 click јули 2008
К
омпјутерски монитор денес, освен квалитетен приказ на слика, мора да е допадлив на око. Со таа идеја, LG го има направено L207WT. Ова е 20 инчен монитор со “widescreen” 16:9 екран сместен во црна рамка, со висок сјај која иако делува прекрасно, е магнет за прашина и отисоци од прсти. Но, бидејќи монитор не ни треба да се допира со прсти, сјајната црна боја е предност во севкупниот дизајн. Kако гаранција дека мониторот ќе остане без отисоци, LG во кутијата приложува специјална крпа за бришење на мониторот! Спојувањето со компјутерот се прави со еден од приложените кабли, најдобро преку DVI-D приклучокот. За пофалба се приложените CD дискови со драјвери и “Forte Manager” апликацијата. По инсталирање на драјверот и “Forte Manager” и по нагодување на работната резолуција (1680 x 1050), прикажаната слика заблеснува во полн сјај. DFC (Digital Fine Contrast ratio) технологијата обезбедува неверојатен контраст од 10000:1, со остра и чиста слика, со напредна контрола за црната боја, која обезбедува максимум контраст, запазувајќи ги деталите во темните сцени. Како надополнување, WCG (Wide Color Gamut) 100% технологијата обезбедува слика која е богата со бои, а истовремено ја запазува 100% прецизноста при прикажување на истите. Со својата димензија и формат, овој монитор е нативно подготвен за прикажување на мултимедија и, како надополнување, LG во овој монитор има интегрирано “4:3 in Wide” функцијата за корекција на видео мате-
Неверојатен 10000:1 контраст
ријал, каде во случај ако компјутерот не успева да го прилагоди видео материјалот, тоа ќе го сработи мониторот и сликата ќе биде со правилна геометрија. При прегледување на фотографии, прикажаната слика е полна со бои, деталите се лесно воочливи, во темните делови на сликата острината останува на исто ниво како во светлите делови, нема заматување и претопување. Мора да се спомне дека поради технологијата на изработка на самиот дисплеј TN (Twisted Nematic), со промена на вертикалниот агол на гледање, се забележува промена во сликата. Но, за разлика од сеприсутните сјајни заштитни филмови на дисплејот, L207WT има мат заштитен филм кој ја спречува рефлексијата на амбиенталното светло. Брзото време на одзив од 2 ms гарантира дека и при прикажување на брзи сцени ќе биде запазена острината и не заматеноста на сликата, на исто ниво како при приказ на
статични слики и фотографии. Сите овие напредни функции прават да приказ на текст за овој монитор е детска игра, така да прикажаниот текст е остар, без варијации во интензитетот и со фини детали. L207WT е одличен претставник на висока категорија LCD монитори, кој со своите карактерис-
тики ја оправдува цената, а за сите кои се неодлучни, големината од 20 инчи е пресуден фактор при избор на монитор, имајќи на ум дека во момент стандардна понуда е монитор од 19 инчи, со што овој монитор успева да биде подобар од било кој конкурент. l [ИГОР ПЕТРУШЕВСКИ]
СПЕЦИФИКАЦИИ ФОРМАТ НА ЕКРАНОТ
16:9
ДИЈАГОНАЛА
20 инчи
РЕЗОЛУЦИЈА
1680 x 1050
КОНТРАСТ
10000:1
ОСВЕТЛУВАЊЕ
300 CD/M²
ВРЕМЕ НА ОДЗИВ
2ms (GTG)
ВИДЕО СИГНАЛ
RGB Analog, Digital
SYNC СИГНАЛ
Одвоен , Композитен, SOG
ПРИКЛУЧОЦИ
D-Sub, DVI-D
ПОТРОШУВАЧКА ВО РАБОТА
40W
ПОТРОШУВАЧКА ВО ПРИПРАВНОСТ (Stand By)
1W
ДИМЕНЗИИ (со статив ШхВхД)
471.8 × 399.7 × 230 mm
ТЕЖИНА
4.6kg
click/софтвер
6 screenshots алатки
Од трите начини на правење снимки (screenshots) на интернет страници, одберете ја апликацијата која вас најмногу ви одговара
Ч
естопати на многумина им е потребен добар приказ на некоја веб страница. Наједноставна е опцијата да се сними се што гледате на екранот (print screen), но многу често тоа не ја завршува работата.
Потребата од апликација која ќе може да направи графички приказ од целата или од посакуван дел од дадена интернет страница, особено е голема кај активните блогери и, се разбира, новинари. За таа цел, во продол-
жение претставуваме неколку опции со кои може да направите поквалитетен и попрофесионален приказ.
Додатоци (plugins)
Независни програми
можност за напредно прилагодување на бои, контраст, сатурација и сл. Поновата верзија на оваа апликација, PrintKey 1.05, може да се купи за помалку од 20 американски долари, но доколку не ви се трошат пари, на располагање се постарите верзии кои се бесплатни, но за кои производителот не нуди поддршка. www.warecentral.com - PrintKey-Pro v1.05 www.clickmag.mk/url/00307 - PrintKey 2000 ver 5.10
Интернет сервиси Screengrab! - Еден од најпопуларните додатоци на бесплатниот прелистувач Firefox. Не е голем, а може да зачувува цели веб страници, само видливиот дел од страницата, само одредена рамка или селекција по ваш избор. Нуди две опции за зачувување на снимките: jpg и png. www.screengrab.org
Iesnapshotter - Додаток за оние кои го користат Internet Explorer (IE) прелистувачот на Microsoft. Iesnapshotter 1.01 овозможува зачувување во голем број формати вклучувајќи и pdf, tiff, bmp, jpg, gif. Овој додаток вметнува копче во IE преку кое се активира нов прозор во кој може да одберете кој дел од веб страната ќе го зачувате или можност за зачувување на цела страница, потоа нуди избор на компресија, доколку зачувувате во jpg и палета на бои односно дали сакате да зачувате колор, или црно бела снимка. www.clickmag.mk/url/00306 44 click јули 2008
SnagIt - Дефинитивно еден од најдобрите програми за правење снимки од каков било тип. Нуди повеќе од 40 начини на кои може да снимите некој дел од екранот или некој активен прозор. Се поставува како замена за стандардната print screen опција и вклучува интеграција со Firefox. Овозможува лесно зачувување на долги веб страници, зачувување во голем број различни формати, споделување и организирање на снимените документи и дополнително напредно уредување. SnagIt дозволува и креирање на различни профили за користење во различни околности. Може да се испроба бесплатно, но за целосната верзија ќе мора да одвоите околу 40-тина долари. www.techsmith.com/screen-capture.asp
PrintKey - Овaa апликација ја заменува стандардната функција која се активира преку копчето print screen. Со притискање на истото, се активира напредна опција за зачувување на цел или делови од екранот со понатамошна
Thumbalizr - Интернет сервис каде треба само да го вметнете линкот на страната од која сакате да добиете слика. Едноставен и релативно брз. Се уште е во бета верзија, но покрај бесплатната, основна услуга нуди и напредни опции во неколку различни пакети. Бројот на бесплатни услуги кои може да се користат се зголемува доколку се регистрира сметка и преземе API key. www.thumbalizr.com WebShotsPro - Едноставен како и претходниот, но далеку од брз. Откако ќе ја вметнете адресата ќе мора да се изначекате за да ја добиете посакуваната слика. Овој сервис повеќе е насочен кон вебмастерите и професионалната употреба на слики од сајтови па затоа главната енергија е насочена кон професионалните услуги. www.webshotspro.com l [ДАРКО БУЛДИОСКИ]
click/софтвер
Acrobat 9
Најпознатата алатка за работа со PDF документи, доби своја нова верзија
В
еќе 15 години, огромен број на текстуални и графички информации се запишуваат и подготвуваат за печатење во популарниот PDF формат. Неговата распространетост е толку голема што речиси и нема корисник кој на својот компјутер нема инсталирано алатка за преглед на PDF документи. Не е мал ни бројот на корисници кои генерираат PDF содржини, користејќи соодветна алатка за таа намена. Матичната апликација за креација на PDF документи – Adobe Acrobat, неодамна се појави во својата деветта верзија, па ред е да проследиме какви новини донесува. Најкарактеристична за верзијата 9 е можноста за интеграција на Flash содржини во рамки на PDF документот. За оние кои содржините ги
ИНФО
Adobe Acrobat • ВЕРЗИЈА: 9.0 • ИЗДАВАЧ: Adobe Systems, Inc. • ЛИЦЕНЦА: Standard $299, Pro $499, Pro Extended $699 • ПЛАТФОРМА: Windows XP/Vista, Mac OS X • URL: http://www.adobe. com/products/acrobat/ ЗА И ПРОТИВ
Имплементација на Flash содржини во PDF Соработка на корисниците преку Acrobat.com Подобрувања кај голем број на постоечки опции
верзијата 8. Станува збор за можност за пакување на повеќе PDF документи во еден, сега со можности за креирање на насловна
Најкарактеристична можност кај верзијата 9 е опцијата за интеграција на Flash содржини во pdf документот прегледуваат на самиот компјутер, збогатувањето на PDF документите со видео записи и анимации секако е добредојдена опција. Ако PDF содржината е наменета за печат, интеграцијата на Flash анимација во документот нема никакво значење. Прикажувачот на Flash содржини е цврсто интегриран во новите верзии на алатките за преглед, а постојат можности и за претворање на SWF и FLV датотеки директно во PDF. Значајна новина се и таканаречените PDF портфолија, кои всушност се надградба на PDF пакетите воведени во
страница и навигација во Flash, што секако придонесува за привлечноста на портфолиото. За остварување на соработка на повеќе корисници во реално време при изработката на еден документ во PDF формат, досега беше неопходно да се постави сервер преку кој ќе се одвива размената на информации. Сега, Acrobat 9 се интегрира со сервисот Acrobat.com, па соработката оди многу поедноставно. Големи подобрувања се направени кај можностите за скенирање и оптичко препознавање на карактери. За таа цел, покрај
технологијата Clearscan, во новата верзија е имплементирана и поддршка за WIA (Windows Imaging Architecture) скенери. Сепак, се уште има простор кој треба да се освои со цел да се достигне конкуренцијата. Кон верзијата Professional Extended е придодаден Adobe Presenter, кој овозможува извоз на презентациите креирани со Microsoft Power Point во Flash формат. Овој пат, за разлика од претходните верзии, нема проблеми при претворањето на слајдовите, анимациите, ефектите на премин и сл. Presenter овозможува и снимање на 3D CAD содржини во PDF. Нови можности има и кај бесплатниот читач на PDF документи. Со Adobe Reader 9, меѓу другото, може да се закажуваат состаноци на Acrobat. com, да се комуницира со останатите учесници на состанокот, како и да се креираат динамички PDF
документи online. Од останатите новини и подобрувања кај деветтата верзија на Acrobat, кои ги има во голем број, вреди да се истакнат и додатоците за принт продукција, олеснувањата при креирањето на PDF формулари, можностите за поделба на документот на повеќе делови, споредбата на повеќе документи, подобрувањата направени за извоз во Microsoft Word формат итн. l [ВЛАДО ВЕЛКОВ]
ОЦЕНА
10/10 2 3 4 5 6 7 8 9 10
1
ОДЛИЧНО
Една од најзначајните надградби досега на Adobe Acrobat
click јули 2008 45
click/софтвер
PocketDOS DOS кутија во раката
Д
енешните компјутери се како боенки. Сликата на екранот е преполна со бои, меки анимации, транспарентни прозорци, звуци кои ја проследуваат секоја акција на корисникот... Не така одамна, предците на денешните компјутери кои работат под Microsoft оперативните системи, работеа во „мрак“ т.е. во DOS. Иако сите го заборавивме DOS како оперативен систем и нативна околина за работа, пробајте кликнете во било која Microsoft VISTA на копчето старт, и
Microsoft Windows CE (во било која варијанта) нативно немаат вградена поддршка за DOS. Иако најавувана во почетокот на развојот, идејата за имплементација на DOS е напуштена, најмногу поради слободата на избор на хардвер што им е оставена на производителите на мобилните/рачни компјутери. Најголема пречка е тоа што мобилните компјутери не користат процесор компатибилен со Intel x86, туку рамноправно се застапени Hitachi SH,
Емулација на DOS околина и целокупниот пратечки хардвер на компјутерот на мобилен/рачен компјутер со пристап до вградените сериски порти, модеми, инфрацрвени порти, блутут уреди, мемориски картички, екрани осетливи на допир и мрежните ресурси во “start search” дијалогот внесете COMMAND. Зарем не би требало да нè изненади присуството на DOS конзола во најмодерниот оперативен систем? Изгледа не, затоа што се уште ни е потребна. Оперативните системи
MIPS и ARM-компатибилни RISC процесори, кои не се компатибилни со Intel x86. Иако апликациите за Windows десктоп компјутерите лесно се модификуваат и прилагодуваат за Windows CE уредите, многу DOS апликации
ИНФО
PocketDOS • ВЕРЗИЈА: PocketDOS • ЛИЦЕНЦА: 33.99$ • ПЛАТФОРМА: MS Windows CE • URL: www.pocketdos.com
ЗА И ПРОТИВ
Извршување на апликации кои постојат само во DOS верзија Висок степен на компатибилност Комплицирано инсталирање и конфигурирање
кои работат одлично на десктоп компјутерите, никогаш нема да бидат преработени во Windows верзија која би можела да се прилагоди за мобилните компјутери. Тука своето место го наоѓа PocketDOS емулаторот, кој ни овозможува да стартуваме било која DOS апликација на мобилен компјутер. Како што вели производителот на емулаторот, PocketDOS е базиран на XT-CE, IBM PC/ XT емулатор за Windows CE кој емулира компјутер со 80186 процесор, 1Mb рам меморија , (S)VGA компатибилен екрански приказ и сет на стандардни чипови. Со помош на додатни plugin-и, се остварува компатибилност и со поновите верзии на Intel x86 процесеорите , се до 80486, но емулацијата е директно зависна од вградениот процесор во мобилниот уред. Ова гарантира да апликациите кои работат под DOS не забележат никаква разлика во работната околина и се извршуваат стандардно. PocketDOS не емулира DOS, така што самиот DOS е потребно да се инсталира во PocketDOS емулаторот. Ако имаме оригинални дискети со MS
DOS 6.22, лесно можеме да ги префрлиме копиите на дискетите во мобилниот уред и да извршиме инсталација на истиот, но исто така ни се достапни и бесплатните Datalight ROM-DOS 6.22, Caldera DR-DOS 7.03 и FreeDOS кои доста добро може да ја завршат работата. Иако во денешно време делува несериозно употребата на DOS, луѓето кои имаат специфична потреба, ќе знаат да ја ценат можноста. Постојат многу специфични DOS алатки и апликации кои си ја работат солидно работата и поради непостоењето на Windows верзија, се користат со децении (еден пример е апликацијата ftrans за трасфер на податоци од компанијата PSION која произведува рачни компјутери што ги користат сите инкасатори од водостопанство, ЕВН итн.). За сите други, ова може да биде прекрасно потсетување на игри од минатиот век. Се сеќавате се уште на Wolfenstein 3D, Civilization 1, Warcraft 1 ? Летниот одмор може навистина да биде забава, дури и со мобилен/рачен компјутер. l [ИГОР ПЕТРУШЕВСКИ]
ОЦЕНА
9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО Кому му е потребна DOS околина ќе знае да ја цени мобилната варијанта, за сите други ова е одлична прилика да се потсетат на игрите од младоста
click јули 2008 65
click/софтвер
Nokia го купува Symbian Стартувањето на Symbian како отворена платформа со цел да се забрза развојот на апликациите за мобилните уреди
S
ymbian Limited, компанија која е формирана во далечната 1998 година од страна на Ericsson, Nokia, Motorola и Psion, имаше за цел да прави софтверска платформа која ќе ги приближи мобилните телефони и PDA (рачните компјутери). Претходно Symbian беше во сопственост на Nokia (56.3%), Ericsson (15.6%), Sony Ericsson (13.1%), Panasonic (10.5%) и Samsung (4.5%). Десет години подоцна, Nokia ја објави својата намера да ги откупи акциите кои не беа во нејзина сопственост и да стане сопственик на Symbian Limited. За да ја исполни таа своја намера, Nokia мора да издвои 410 милиони долари. Откога ќе ги добие потребните акции, Nokia, спротивно на некои очекувања и можеби стравувања, реши Symbian да го направи отворена платформа, со тоа директно да им конкурира на идните планови на Google, Apple и Microsoft. Финансиски гледано, со овој потег Nokia ги намалува своите трошоци за лиценци на Symbian Ltd. Секоја година му плаќаше околу 250 милиони долари, а сега со купувањето и префрлувањето на Symbian во отворена платформа, ќе ги нема веќе тие трошоци. Symbian се наоѓа во две третини од паметните
66 click јули 2008
мобилни телефони кои се произведуваат и продаваат во светот, па според тоа сè што се случува на ова поле се одразува на светските текови и трендови во мобилната телефонија. Овој потег на Nokia претставува пресметана стратегија знаејќи каков успех постигнува Apple со својот iPhone. Исто така на рака на Nokia и оди и одложувањето на стартот на Android, софтверот за мобилни телефони кој го прави Google заедно со уште неколку асоцијации кои исто така работат на отворени платформи. Microsoft го наплаќа својот софтвер (Windows Mobile) од 8 до 15 долари по мобилен телефон, па така Symbian ќе стане поевтина варијанта веќе во самиот старт. Водечките луѓе на Nokia се надеваат дека стартувањето на Symbian како отворена платформа ќе
Зошто ваков потег на Nokia? Што значи ова за пазарот и производителите кои го користат Symbian? Многу прашања се подигнаа околу оваа тема, па да пробаме да одговориме на некои од нив го забрза развојот на апликациите за мобилните уреди кои работат на оперативните системи
Symbian, ќе се забрза и подобри развојот на самиот оперативен систем и неговите изданија од-
носно серии. Nokia ќе ја отвори и ќе ја предаде својата S60 платформа на Symbian фондацијата, додека другите членови ќе ги предадат своите софтверски решенија на полето на кориснички окружувања и своите MOAP (Mobile Oriented Application Platform) решенија за да фондацијата во 2009 година издаде нова заедничка Symbian платформа. Nokia изјави дека Sony Ericsson, Ericsson, Panasonic и Siemens ја прифатиле понудата за нивните акции во Symbian Limited, а истото се очекува и од Samsung Electronics. Се очекува целокупната аквизиција да биде готова до крајот на годинава и да влијае врз добивката веќе во 2009 година. l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]
78 80
Wall-E Игри инспирирани од филм
click/игри Wall-E
Малото роботче со големо срце ИНФО
Wall-E • ИЗДАВАЧ: THQ, Heavy Iron Studios, Pixar • ПЛАТФОРМИ: PC ,Mac, Wii, PS3, PS2, XBOX 360, PSP, Nintendo DS ЗА И ПРОТИВ
Многу забавна платформска игричка Полна со референции кои ќе ги ценат постарите играчи Скромна графика Слаби непријатели и премал предизвик
ОЦЕНА
МНОГУ ДОБРО
78 click јули 2008
СЦЕНАРИО Играта започнува 700 години откако земјаните ја напуштиле родната планета, која станала презагадена со ѓубре. Вие сте единствениот функционален од роботите кои се оставени да ја исчистат планетата од сметот.
С
ите го знаеме студиото Pixar, студиото кое стои зад феноменалните 3D анимирани филмови Toy Story, Monsters Inc., Cars, Ratatouille, Finding Nemo и други, за кои имаат добиено бројни награди, меѓу кои и Оскари. Во придружба на нивното најново ремек дело WallE, излезе и истоимената игричка. Издадена е за сите можни платформи: PC, Mac, Wii, PS3, PS2, XBOX 360, PSP, Nintendo DS. Играта започнува 700 години откако земјаните ја напуштиле родната планета, која станала презагадена со ѓубре. Вие сте единствениот функционален од роботите кои се оставени да ја исчистат планетата од сметот. Првите неколку нивоа се платформски, со неколку „puzzlе“ елементи, како и елементи на класично аркадно тркање со времето. Wall-Е се контролира конзолски и ако играте
на PC или Mac, најдобро би било да користите гејмпад. Опремени сте со ласер, двогледски очи, можност да се собирате во коцка, што ќе се покаже како корисно против непријатели и следствено на вашата функција, може да правите коцки од ѓубрето што лежи наоколу
и да уништувате разни коцки и други цели кои ви даваат разни „powerups“ на енергија. И така си се шетате по земјата полна со ѓубре, избегнувајќи песочни бури и генерално (и доста буквално) правејќи го светот почисто место за евентуално живеење, сè додека во вашиот пуст свет не дојде EVE, сонда испратена од луѓето за да видат до каде е чарето со планетата. Wall-Е се вљубува во убавата роботка и следните неколку нивоа ги поминувате бркајќи ја EVE
во сличен платформско/ конзолски стил. Можеби описов звучи малку детски и здодевен, но кога ќе почне да се игра самата игра, ќе видите дека е полна со црн хумор и критика на општеството и глобализацијата, како на пример фактот дека една сама корпорација ја преземала земјата (Buy and Large), смешните реклами кои се вртат цело време и осаменоста на роботчето кое е само на планетата и на кое единствено другарче му е бубачка, која за среќа ништо не
Планетата Земја е само една голема јавна депонија
Колекција од линкови што ви препорачуваме за симнување на корисни програми и апликации, алатки, додатоци, игри и други интересни работи
click/download
ПРЕПОРАЧУВАМЕ СОФТВЕР
IrfanView 4.1
1.1MB
www.irfanview.com Брза компактна и што е најважно, комплетно бесплатна апликација за гледање и едноставно обработување на фотографии. IrfanView се обидува да биде погоден и за аматери и за професионалци. Поддржува голем број на различни фајлови, има опции за групна обработка на фотографии, можност за прикажување на фотографиите како
слајд презентација со музика во позадина и уште многу други крајно едноставни, но корисни функции за кои не треба да бидете многу вешт за да ги користите.
СОФТВЕР
Camfrog Video Chat 5.1
7.98MB
www.camfrog.com Одлична апликација зад која стои цела заедница на корисници. Корисници кои преку Camfrog Video Chat и своите веб камери имаат можност да разговараат во скоро 5.000 соби за чет. Одличен стриминг, можност да го гледате соговорникот без потреба вие да вклучувате камера, текст чет опција која може да служи за запознавање
пред да се оствари видео комуникација, се само дел од можностите. Има верзии за повеќе оперативни системи.
СОФТВЕР
Wubi 8.04.1
1MB
www.wubi-installer.org Wubi е официјално поддржан Ubuntu инсталер за Windows корисни. Овозможува инсталирање на Ubuntu како секоја друга Windows апликација, на брз и безбеден начин. Нема да има потреба да снимате CD, едноставно внесувате лозинка за новата сметка и притискате „install” Wubi не бара да креирате посебни парти84 click јули 2008
ции и не го брише постоечкиот оперативен систем. Најголем дел од своите документи ги чува во една папка и доколку не ви се допаѓа можете едноставно да се деинсталира исто како и секоја друга апликација.
ИГРИ
The Game of LIFE Path to Success Game www.logler.com/the-gameof-life
Следете го вашиот пат кон успехот со играње на оваа верзија на класичната фамилијарна игра! Напредувајте ви животот од факултет, до брат и понатаму, собирајќи парички во ненормално темпо кога ќе успеете да ги задоволите потребите на пријателите, фамилијата и другите кои влегуваат во вашиот живот низ 50-те нивоа.
ИГРИ
Build in Time Game www.realarcade.com/game/ buildintime
Рушете и повторно изградете ја Американската историја, почнувајќи од 1950тите, па се до 2000-тите. Градете домови за филмски ѕвезди, хипици и сè помеѓу нив, заработувајќи кеш и животни награди. Користете ја иновативната Click Assist опција за да ја забрзате изградбата. Патувајте до 50-тите и назад во вашата потрага да станете градителот на векот.
СОФТВЕР
ИГРИ
www.clickmag.mk/url/00308
www.realarcade.com/game/ magicfarm
Simply Calenders Креирајте сопствен календар со помош на Simply Calenders. Одберете еден од над 50 изгледи и 100 јазици. Лесно се додаваат фотографии и настани, религиозни и национални празници, месечеви фази и време кога изгрева или заоѓа сонцето. Готовите календари може да ги испечатите и зачувате како pdf, tiff или jpg.
СОФТВЕР
Pidgin 2.4.3 www.pidgin.im
Апликација за размена на инстант пораки со повеќе протоколи, што значи дека можете да комуницирате со повеќе сметки направени на повеќе различни клиенти како ICQ, MSN Messenger, Yahoo, IRC, Jabber, Gtalk и други. Може да се прилагодуваат голем број на различни можности за нотификација, автоматски пораки и сл. Pidgin може да се инсталира на BSD и Windows оперативни системи.
Magic Farm
Вашата улога е да помогнете на девојката во играта да ги одгледува и продава разните цвеќиња и овошки, со цел да собере пари за експедицијата за спасување на нејзините родители. За да го постигнете ова, треба да бидете успешни и во градинарските работи и во бизнис. Ќе ве придружува и малото змејче кое ќе ви прави друштво и помага низ авантурата.
СОФТВЕР
Opera Mobile
4.2MB
www.opera.com/products/mobile Финалната верзија на најновиот прелистувач за мобилни телефони кои работат на Windows Mobile треба да излезе во секој момент. Opera носи полна интернет содржина и слики на било кој уред, од компјутери, па до мобилни телефони, па до портабилни мултимедијски уреди и играчки конзоли. Вклучува поддршка за Macromedia Flash Player 7 за Pocket PC, FlashLite 2.1, Text Wrap во Desktop модус, Web пребарување во барот за адресата, зачувување на сликите, копирање на текст и праќање на линкови преку мајл, SMS или MMS.
СОФТВЕР
Advanced WindowsCare Personal 2.8.1 www.clickmag.mk/url/00313
Корисна алатка за грижа на вашиот компјутер која го употребува приодот на „кликни еднаш за комплетен третман“ кој ви помага да го заштитите, поправите и оптимизирате вашиот компјутер. Нуди сè-во-едно солуција и, што е исто толку добро колку и самата корисност, е фактот што програмата е бесплатна.
СОФТВЕР
FileZilla 3.0.11
3.05MB
www.filezilla-project.org FileZilla е FTP апликација за качување и преземање на документи од FTP веб страница, сервер или хостинг. Апликацијата овозможува трансфер и навигација и низ папки на интернет страници и на вашиот компјутер. Исто така, постои можност за трансфер на повеќе документи одеднаш. Апликацијата е комплетно бесплатна.
ОСТАНАТО ЗА DOWNLOAD • FLV Player 2.0.24
www.clickmag.mk/url/00311 Специјален програм за репродукција на повеќето FLV фајлови (какви што се и клиповите од YouTube)
• YouTube Downloader 2.1.6
www.clickmag.mk/url/00312 Апликација која ќе ви овозможи да ги зачувате клиповите кои ги гледате на YouTube на вашиот компјутер.
click јули 2008 85
click/прашања
ВО следниот број ќе читате:
Devil May Cry 4 Најновото продолженио од серијалот, сега веќе достапно и за PC
ВО ПРОДАЖБА ОД 20 АВГУСТ ПИШУВАЈТЕ НИ • Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.
КОНТАКТ
NOD32
Васил Ѓоргов 21-2/7 • 1000 Скопје Телефон: 02 32 23 125 Е-mail: redakcija@clickmag.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата
Што е подобро? Што е подобро за заштита од струјни удари? UPS или продолжен кабел со заштита? Дали има разлика меѓу каблите од 250 и 700 денари? Од Методија Миленковски Кај нашиот народ одамна постои поговорката „колку пари, толку музика“, и тоа држи вода и за ваквите работи, со тоа што заштитата на вашиот компјутер и следствено на вашите податоци од струјни удари е дотолку поважна ако со него си го заработувате лебот. Најдобра солуција, нормално е поскапата, UPS-от, кој освен тоа што ве чува од струјни удари, во случај на снемување на струја ви дава време безбедно да ги зачувате вашите документи. Ако се одлучите за продолжен кабел со заштита, сепак побарајте некој поквалитетен. Обрнете внимание и на тоа дали вашето напојување е доволно силно за да ги напојува сите компоненти кои ги имате во вашиот компјутер, како и дали се правилно приклучени. l
86 click јули 2008
Имам најнов антивирус NOD32, но сепак мојот компјутер се зарази со тројанец и NOD32 не може да го избрише. Како подобро да се заштитам од вируси? Од Александра Марковска Антивирусите, иако е подобро да се имаат отколку да се немаат на Windows машина, не можат да ве заштитат од сите вируси, особено од најновите кои се уште не се откриени, дијагностицирани или за кои уште не е најден лекот. Првата линија на заштита сте токму вие. Најпаметно е да не се отвора електронска пошта од непознати луѓе, па дури и од познатите, ако имаат закачено некоја датотека проверете дали навистина ви ја пратиле. Голем извор на несакани вируси е и Microsoft Messenger. Најдобро е да користите алтернатива како Trillian кој ги подржува сите протоколи и можете да зборувате со вашите другарчиња од MSN или Yahoo, без страв од вируси. Не кликнувајте сомнителни линкови и под никој случај не пуштајте .exe датотеки кои сте ги симнале од непроверени сајто-
ви. Кога веќе вашиот компјутер е заразен, сепак најдобра солуција е целосно да се преинсталира системот за да се осигурите дека вирусот е отстранет. Најважно од се, вашите важни датотеки редовно снимајте ги на безбедно место, како на пример DVD или испратете си го на некој мејл. l
PDF и RAR Зошто не можам да отворам PDF или RAR датотеки во Windows XP? Од Иван Петровски Кога ќе го инсталирате Windows XP, тој нема нативна поддршка за читање на .pdf или .rar датотеки. За .pdf ќе треба да го симнете најновиот Аdobe Acrobat Reader на http:// www.adobe.com/products/acrobat/, a за .rar најдобар ви е WinRar кој инаку е shareware, но постојат и бесплатни варијанти за отпакување како што е 7zip. l
Internet Explorer Kако да го избришам Internet Explorer? Од Никола Томиќ За жал, Internet Explorer e интегриран во самиот оперативен систем Windows и никогаш не може целосно да се отстрани. Но, за среќа, барем може да се поправи ситуацијата и Internet Explorer да стане недостапен (невидлив) за вклучување, како и да се смени од неговата наметната позиција на предефиниран прелистувач. Во старт менито постои опција наречена „Set Program Access and Defaults“. Штом ќе се отвори прозорчето, кликнувате на Custom и таму првата опција е „Choose a default Web Broswser“. Одбирате некој од другите, како на пример Opera или Firefox и ја исклучувате опцијата „Enable Access to this program“ кај Internet Explorer. l