Dojrana Prokopieva - Muzickite izrazni sredstva i nivnite osobenosti vo deloto "Etnografofonija"

Page 1

„Музичките изразни средства и нивните особености во музичката драма „Етнографофонија“ на композиторот Ристо Аврамовски (1943-2007) Дојрана Прокопиева Поводот за создавање на овој текст е одбележувањето на јубилејот 70 години од раѓањето на композиторот и академик Ристо Аврамовски (1943-2007). Во него е направена анализа на музичките изразни средства во вокално-инструменталното дело „Етнографофонија“ („Црно писмо“). Ова дело припаѓа на третиот период во творештвото на авторот, кој ги опфаќа 80-тите и 90-тите години на минатиот век, и истото го означува враќањето кон тоналниот пристап и начин на мислење. Во него Аврамовски се претставува како веќе искусен и зрел автор кој целосно ја владее техниката и можностите на хорскиот апарат и кој зад себе има неколку дела создадени во најсложените музички жанрови: кантати, ораториуми, симфонии и опери. По завршувањето на втората фаза од творештвото на Аврамовски која се протега низ 70-тите па се до средината на 80-тите години на 20-тиот век и во која авторот ги прифаќа тенденциите на современиот музички израз и техники на компонирање на модерната европска естетика, особено музиката на претставниците на Новата полска школа, Аврамовски во третиот творечки период се навраќа на својата преокупација со фолклорот и потребата од негово пресоздавање и современо „исчитување“. Она што во основа го карактеризира музичкиот јазик на Аврамовски во оваа трета фаза е всушност синтезата на фолклорниот идиом, согледан како архетип или како симбол во рамките на народната традиција, со современиот композициски пристап и можностите за експериментирање со звукот и современите изразни средства, се во функција на наоѓање на сопствена творечка закономерност. (Шојлевска, 2003: 23). „Етнографофонија“, со поднаслов „Црно писмо“ – музичка драма за тенор, рецитатор, женски и детски хор, пијано, ѕвона, там-там и синџири е создадена во 1992 година. Својата премиерна изведба ја има на отворањето на фестивалот „Охридско лето“ во 1993 година, во режија на Владо Цветановски, драматургија на Блаже Миневски, сценографија на Владимир Георгиевски и костимографија на Елена Дончева. Во музичката реализација учествуваа детскиот хор „Развигорче“ и Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје, како и Женскиот хор при МРТВ, под диригентско водство на Запро Запров. Како солист настапи тенорот Благоја Николовски, а во сценската визуелизација во еден вид „физички театар без зборови“ учествуваа актерите Кирил Ристоски, Билјана Танеска, Васил Шишков, Владо Јовановски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Владимир Јачев, Јелена Жугиќ, Дена Димовска и Кети Дончева. Делото е напишано во циклична форма од 12 ставови. Самиот композитор, имајќи го предвид карактерот на „сценска игра“, а од друга страна „метафоричното дејствие“ изразено преку алузии на одредени песни и обичаи, го означува жанрот на „Етнографофонија“ како музичка 1


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.