PORTA3 135

Page 1

ЕксплозИја на БоИ тајното станУВа јаВно

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

цена: 90 денари брОЈ 135 пЕтОк 16.07.2010 година Vi www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

зЕлЕнИ ВЕртИкалнИ градИнИ

ТУнЕЛ Под

БосФор


рубрика

2

3

ПОРТА

18 јуни 2010


БРОЈ 135 ПЕТОК 16.07.2010 Драги читатели, Во Македонија сите се` знаат и сите се` умеат. Овде паѓаат стражарниците од Камениот мост, летаат фасадите од стиропор ако малку посилно дувне Вардарец, се градат објекти во коритото на Вардар, потпокриви со пет нивоа, сутерени со станови од 200 м2. И никого мува не го лази, констатира архитектката Биљана Самарџиева. Таа вели: „Морници ме полазија кога првпат го видов проектот Скопје 2014. Немам ништо против историцистички фасади, впрочем и живеам во таква средина. Јас имам против грдата турлитава од стилови кои немаат врска со времето, традицијата, естетиката и просторот во којшто` ќе се наоѓаат. Имам против оние што не знаат да проектираат, а проектираат. Оние што се мали архитекти, а сакаат да градат грандиозни објекти кои ќе бидат паметници на нивната голема суета.“ Државата - најголемиот инвеститор воведува изменети правила на игра во јавните набавки. Најавените измени на Законот за јавни набавки, кои треба да се усвојат по скратена постапка, одново го разбрануваа морето на должничката криза во која се наоѓаат градежниците. Тие и онака едвај пливаа во него, а сега некои можеби и ќе се удават во него. Владата во својот Предлог закон за измени и дополнување на Законот за јавни набавки практично ја озаконува досегашната практика. Ако и досега градежниците биле финансиери во градењето, чекајќи ги со месеци своите пари, тие отсега на тоа ќе бидат обврзани со закон. Тунелот Marmaray (Marmarail) чие име е кованица составена од Мраморно Море и железница, е подморски железнички тунел конструиран со цел да ги поврзе европскиот и азискиот дел на Истанбул. Поставен е по дното на длабочина од 60 метри под целиот Истанбулски теснец. Сојузот на градежни инженери и Друштвото за патишта, организираа стручна екскурзија, посета на градилиште во Истанбул каде се вршат работи околу подземната железничка - метро станица и двата моста кои ја поврзуваат Европа со Азија. Моментно, овој проект е еден од најголемите транспортни, инфраструктурни проекти во светот. Изведбата е доверена на јапонски конзорциум кој обезбеди кредит од околу една милијарда американски долари со камата од 6,7 проценти за период на враќање од 40 години. За разлика од поголемиот дел ботаничари кои сонуваат да направат прашума во срцето на Менхетн, Michael Riley повеќе од 15 години мечтаел да создаде вертикална градина која ќе биде поинаква од сите што дотогаш биле познати. Тој со многу истражувања, пред седум години, открил начин како може да одгледа ѕид од билки во внатрешноста на својот стан на Менхетн. Денес, неговиот проект не делува чудно. Билките со својата впечатлива боја и форма на цветовите и листовите, дополнително ќе го облагородат објектот и ќе ја истакнат неговата убавина. Во местото Алгаробо во Чиле се наоѓа одморалиштето Сан Алфонсо Дел Мар, кое многу повеќе е познато по најголемиот вештачки базен, отколку по архитектурата на објектите што го опкружуваат. Базенот со длабочина од 35 метри е не само најголем, туку и најдлабок на светот. Ако не сте љубител на пливање, тогаш во базенот можете да се возите со јахта, или да пловите со помали бродови.

ОД реДакцијата

ЕКСПЛОЗИЈА НА БОИ ТАЈНОТО СТАНУВА ЈАВНО

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

рубрика

ГОДИНА VI

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Телефон: 3109 311; 3132 923; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk Редакција: главен и одговорен уредник: Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Јулијана ГЕРАСИМОВСКА Сузана ВАСИЛЕВА Леонида Пенка БАША

цена: 90 денари БРОЈ 135 ПЕТОК 16.07.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

ЗЕЛЕНИ ВЕРТИКАЛНИ ГРАДИНИ

ТУНЕЛ ПОД

БОСФОР

Насловна страница : BirkBack collage, gordon Square, london Автори: richard ScoTT и andy MacFee, Surface architectS

ФОРУМ 06

Мали архитекти големи споменици на суетата

АКТУЕлНО 08

Тајното станува јавно

ГРАДЕЖНИШТВО 18

Изведба на железнички тунел под Босфор

АРХИТЕКТУРА 38 Живи ѕидови против

еко-деструкција на градовите

ЕКОлОГИЈА 46

НАЈШАРЕНИТЕ ЕКОсИсТЕМИ ПОД зАКАНА

ТЕХНОлИГИИ 52

G-Speak Spatial Operating Environment

ТРЕНД РЕПОРТ 56

МЕБЕл сО МАКЕДОНсКО сОНцЕ

НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 66

со јахта на базен

надворешни соработници: Елена КУЗМАНОВСКА Ангел СИТНОВСКИ Игор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВА Владимир Б. ЛАДИНСКИ Трајче СТОЈАНОВ Натка ЌОСЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Даниела МЛАДЕНОВСКА Билјана САВИЌ Драган РИСТОВ Дејан БУЃЕВАЦ Александра ШЕКУТКОВСКА Кире КИПРОСКИ Павлинка АТАНАСОВА Елена ПЕТРОВСКА графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка Солева дизајн: БИРОПРОЕКТ Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс. проф. д-р Кокан ГРЧЕВ, дипл. инж. арх. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл. град. инж Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх. Печати: Европа92 - Кочани Маркетинг: Биропроект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ:4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


рубрика Дилатациони профили од алуминиум и нерѓосувачки челик за затварање на фуги, од грчкиот производител

ACP hellas

Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria

4

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk ПОРТА 16 јули 2010

3

Biznis Centar


Г

Н ТИ

Е

М

В асил Ѓор го в 2 1 в л . 2 , л о к .8 , 1000 Скопје Те л: +3 89 2 3 2 4 3 79 0 Ф акс: +3 8 9 2 3 2 4 3 79 6 bi rop roe kt@b ir o pr o e k t. co m.mk

biroproekt.com.mk

ПРОЕКТИРАЊЕ

К АР

3

16 јули 2010 ПОРТА

5


форум калапОЦЕВа каЉОпи, Постдипломец на Факултетот за Архитектура и дизајн При Универзитетот American Collage

Стоиме во место и ја чекаме 2014 која ќе не врати во историјата

П

рашањето низ кое е проткаено минатото и сегашноста на македонската архитектура и уметност како вонвременска димензија, се рефлектира врз сложената динамика на денешнината, вкучувајќи ја 2014, годината која ќе ги разруши сите архитектонски стилови. Македонската архитектура се состои од елементи кои се разликуваат меѓу себе и имаат карактеристики според кои се утврдува нивната врска и континуитет во развојот на архитектонските објекти. Сето тоа ни донесува заклучок преку кој се трансформира развојниот процес на 21 век, тотално ослободен од односот кон традицијата, предаден на фактот што навраќајки се кон минатото, 2014 ќе донесе атрактивна содржина која никако нема да се вклопи ниту во времето, ниту во местото. Која е таа цивилизација, без сопствен

6

3

ПОРТА

16 јули 2010

стил, која се` уште талка низ времето, им се спротиставува на временските тенденции, актуелизирајќи го судирот на традициите од исток и запад? Имајќи предвид дека векот кој помина не успеа да создаде и да остави заокружен и посебно именуван стил како производ на одредено затворено историско време, профилот на македонската архитектура треба да биде разгледуван од страна на национални компоненти. Впрочем, тоа се именувани историски стилови, како и надворешните влијанија од општествена природа. Истото се случува и во овој век, директното преземање на готови стилски артикулирани модели се воведува како главна карактеристика во профилот на македонската архитектура. Апсурдно е да се зборува за тоа како СК 2014 визуелно ќе делува, или како ќе се наруши поимот за историски развој. Уште помалку да се зборува за типологијата што содржи во себе карактеристики на организација и местоположба, затоа што архитектонските реализации од тој период нема да соодвествуваат на просторот и времето, неизбежно ќе делуваат и визуелно ќе го нарушуваат просторниот амбиент. Различното третирање на просторот низ целиот тој процес донесува нова карактеристика која ќе биде водена низ целиот тој профил. Низ самиот континуитет и развој доаѓа до отуѓување на историскиот развој, отсуство на просторните доминанти кои се во функција на дефинирање на просторот. Во процесот на компаративно согледување во 2014 ќе се реализираат најмаркантните објекти на град Скопје, во судир со различни временски периоди, специфични естетски пунктови, потпишувајќи се како историско паметење

низ кое Македонија ќе може да ја има историјата кога и да посака. Во времето кое успеа да ни го покаже вистинскиот пат кој развојот на сопствен историски идентитет низ времето на македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот помеѓу двете светски војни, иако не успеаевме да создадеме свој стил сепак имаше тенденција кон остварување на сето тоа. Дефинирањето на сложената архитектонска морфологија, нејзините промени и изрази воведуваат и нови декоративни елементи кои ги поврзуваат со европските влијанија на Балканот. Дефинирањето на поимот традиција, претставува процес на интерграциски континуитет на содржини кои се однесуваат на културата и претставуваат директен услов за реализација на современата култура како самостоен систем. По катастофалниот земјотрес во Скопје се отвори нова прилика за интензивно развивање на градот во контекст на временските влијанија и тенденции. Тогаш Модерната беше на чекор да го урбанизира градот како целина, но со креирањето архитектонските објекти се сведуваа на движења со различни ставови за просторот. Сега, не е ништо поинаку. Ни се случува истата ситуација, повторно се наоѓаме во состојба да бележиме време кое е поминато со векови и кое не ни дозволува да склопиме една целина која ќе ја репрезентира културата и идентитетот на нашиот народ. Моментно стоиме во место и истовремено ја очекуваме 2014 која повторно ќе не врати во историјата. Тоа не ни дозволува да се движиме по линијата на времето, туку стоиме заробени во нереални ставови за 2014, кои се микс од различни дефиниции, незрелоста за поимот на изразот и формите, непрепознавањето на архитектонско¬стилските влијанија и сите влијателни фактори кои директно или индиректно ја погодуваат архитектурата, а со тоа се одразува на идентитетот на еден народ.

З

аспани во еден ентрописки свет во кој повеќето луѓе живеат затворени не примајќи нови информации и не испраќајќи пораки надвор од својот имагинарен круг во кој ништо не се случува, архитектите во Македонија со години наназад сонуваат да создадат урбан енвајронмент што ќе биде адекватна рамка за еден современ и модерен живот кон каков се стремат граѓаните во оваа земја. Некои од нив заминуваат за странство каде имаат шанса да ги реализираат своите соништа. Други живуркаат на маргините, обидувајќи се да преживеат работејќи работи кои се далеку под нивните интелектуални способности и за кои не е потребно ниту дел од нивното знаење. Така, само кај нас се сретнуваат архитекти-плочкари, инженери-гипскартонџии, архитекти-мебелџии, архитектиисцртувачи на документација за објекти кои се веќе изведени, архитекти-предприемачи и сл. Трети, сосема се откажуваат од својата примарна професија и работат работи кои не се поврзани со неа, четврти целиот свој работен век го поминуваат пополнувајќи формулари во Заводот за вработување, петтите

В

о циркусот што настана со Скопје 2014, најголем ќар извлекоа политичарите. На крајот на краиштата тие имаа добра намера. Конечно нешто да се направи во сивиот, здодевен и запуштен центар на градот во кој ништо не се случуваше со децении. Успеаа да ги помрднат работите од мртва точка. Затоа им симнувам капа. Проектот Скопје 2014 претставува обид да се организира и да се уреди просторот. Јас ја поддржувам оваа иницијатива. Не се согласувам само со изборот на историските стилови кои ќе ги прекријат фасадите, затоа што тоа во старт е погрешна идеја. Инаку, во проектот има и солидни објекти кои можеби добро ќе се вклопат во просторот. Ова го кажувам од архитектонски аспект. Од урбанистичка гледна точка, има катастрофални грешки поради кои отпосле ќе си ја чукаме главата. Но, со тоа треба да се занимаваат урбанистите, тоа е нивна работа. Она што мене ми пречи е тоа што сите градежни акции се насочени само кон центарот на градот Скопје. Како ништо друго да не постои. Ние што живееме


билЈана СамарЏиЕВа, дипл.инж.арх.

архитектурата ја сфаќаат како хоби, па секоја четврта година исцртуваат понекоја индивидуална куќа колку да си покажат самите на себе дека се уште се` во игра, иако поголемиот дел од времето го поминуваат седејќи на резервна клупа.

Шестите се оние што поседуваат малку знаење, но имаат голема способност за додворување на власта. Тие, со проектот Скопје 2014, станаа главни фаци во државава и затоа овој текст им го посветувам токму ним.

Им симнувам капа на политичарите за желбата да се уреди просторот во другите градови на Македонија, се чувствуваме како заборавени од сите. Зошто кај нас се градат толку малку јавни објекти и не се уредува јавниот простор? Зошто не се гради во Шуто Оризари или Драчево? Зошто не се градат нови патишта, зошто има толку малку инфраструктурни објекти? Зошто никој не е заинтересиран за малиот урбанизам? Во градовите имаме едно чудо простор кој зјае празен. Пред и зад станбените згради, пазарите, предградијата, напуштените фабрики, старите железнички пруги итн. Зошто не покренеме иницијатива тој да се уреди? Сметам дека ние архитектите самите сме виновни затоа што

никој не не` есапи и никого не го интересира нашето мислење. Пасивни сме, а треба да бидеме агресивни и да ги наметнеме нашите решенија на граѓаните. Како? Со тоа што секој проект ќе го работиме како да ни е последен во животот. Да не ги штанцаме проектите, да не повторуваме објекти-реплики на повеќе локации, да правиме партерни решенија и потоа да се бориме тие да се изведат до крај. Треба да водиме битка за секое ќоше од просторот да биде уредено како што треба. Сеедно дали тоа ќе биде изградено со објект, или се работи само за партерно уредување. Секој дел од просторот е важен и не треба да биде занемарен.

форум

Мали архитекти, големи споменици на суетата Она што кај овој профил на архитекти е особено интересно е тоа што тие во државите на Запад како што е Англија, (државата која јас ја одбрав за место во кое ќе го поминам мојот живот) обично се занимаваат со административните работи во струката и не помислуваат да се занимаваат со проектирање, затоа што се свесни за својата неспособност да реализираат добар објект. Суетата можеби ќе го излаже некој да се обиде да направи нешто во својот дом, и толку. Оние поумните, дури ќе ангажираат свој колега да им направи проект за каква било градежна интервенција и ќе бидат среќни ако тој прифати барем една од нивните идеи за уредување на просторот. Во Македонија сите се` знаат и сите се` умеат. Овде паѓаат стражарниците од Камениот мост, летаат фасадите од стиропор ако малку посилно

дувне Вардарец, се градат објекти во коритото на Вардар, потпокриви со пет нивоа, сутерени со станови од 200 м2. И никого мува не го лази. Признавам, мене морници ме полазија кога првпат го видов проектот Скопје 2014. Немам ништо против историцистички фасади, впрочем и живеам во таква средина. Добрите еклектички решенија во некои случаи можат да бидат убави. Не сметам ни дека треба да имаме супер модерен центар за да бидеме во чекор со времето и за да станеме Европејци. Јас имам против грдата турли-тава од стилови кои немаат врска со времето, традицијата, естетиката и просторот во којшто ќе се наоѓаат. Имам против оние што не знаат да проектираат, а проектираат. Оние што се мали архитекти, а сакаат да градат грандиозни објекти кои ќе бидат паметници на нивната голема суета.

ибиШ ГаШи, дипл.инж.арх.

3

16 јули 2010 ПОРТА

7


актуелно Склучување на договор е облигационен однос меѓу две страни, но за жал, тоа во градежништвото го нема. Инвеститорот секогаш ги поставува правилата, рокот за изведба максимално се почитува, а кога ќе дојде делот за плаќање, тоа се пролонгира со месеци и месеци. И досега се склучувале анекс договори како што сега предлага Владата, но тие немале законска основа. Владата во својот Предлог закон за измени и дополнување на Законот за јавни набавки практично ја озаконува досегашната практика. Ако и досега градежниците биле финансиери, тие отсега на тоа ќе бидат обврзани со закон.

Н

ајавените измени на Законот за јавни набавки, кои треба да се усвојат по скратена постапка, одново го разбрануваа морето на должничката криза во која се наоѓаат градежниците. Тие и онака едвај пливаа во него, а сега некои можеби и ќе се удават во него. За што конкретно станува збор. Владата по итна постапка предложи измени во Законот за јавни набавки со образложение дека е потребно усогласување со измените во Кривичниот закон. Во предлогот упатен до Собранието на Република Македонија се вели: „Потребата за изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки е резултат на негово усогласување со измените и дополнувањата на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 114/2009), што започнаа да се применуваат од март 2010 година. Имено, донесувањето на измените и дополнувањата на Кривичниот законик ја наметна потребата од негово усогласување со повеќе закони меѓу кои и со Законот за јавните набавки. Измените и дополнувањата на Кривичниот законик се рефлектираат и врз Законот за јавните набавки, поточно врз Седмата глава - Доделување на договорот за јавна набавка Дел 2 Утврдување на способност – Оддел 2 Лична состојба на

8

3

ПОРТА

16 јули 2010

Тајното станува

економскиот оператор“. А потоа се споменуваат разни казнени одредби и електронското наддавање. И одеднаш, меѓу сето тоа, се додава нов член 26-б кој гласи: „Во услови на донесување на измени и дополнувања на Буџетот на Република Македонија со кои се намалуваат одобрените средства, буџетските корисници можат да извршат промена на динамиката на реализација и/или плаќање на обврските од склучените едногодишни договори, по претходно обезбедена согласност од другата договорна страна, со склучување на анекс на договорот за продолжување на рокот за следната година или повеќе. За склучување на анекс на договорот потребна е согласност од Владата на Република Македонија“. Изминативе денови, претставниците на Владата тврдат дека ваквиот чекор е исклучително добра мерка, која би требало да биде поддржана и од фирмите. Со овие измени буџетските корисници добиваат законско право да бараат од фирмите со кои склучиле договори за купување стоки, за користење услуги или за изградба, одложување на договорените рокови за плаќање, за една или повеќе години. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, со пролонгирање на роковите за исплата на обврските кон стопанството, тоа добива сигурност за завршување на

проектите и финансиски средства кои ќе им бидат исплатени. „Тоа е начин на спогодбено решавање на ситуациите што се практикува во меѓународното право во сите земји. Ако двете страни кои се учесници на еден договорен однос се договорат за еден поинаков начин на динамика на решавање на финансиските прашања на изведба на работите, тогаш тоа е формалноправно во ред и на таков начин се поставени измените на законот“, и објасни на јавноста министерот Ставрески. Тој вели дека во сите земји во Европа, во услови на финансиска криза, на ваков начин се практикува решавање на проблемите со исплата, наместо да се откажуваат проектите и наместо фирмите да останат без работа. Се поставува прашање, дали Македонија е во криза или не, и доколку е, дали ваквото законско решение ќе се промени по надминувањето на кризата? Компаниите, засега срамежливо ги коментираат овие мерки на владата, не сакајќи јавно конфронтирање со најголемиот инвеститор во државата. Но голем дел од нив сметаат дека на овој начин ќе се создаде простор, исплатите на инвеститорите уште повеќе да доцнат. И ќе ја влоши и онака лошата ликвидност. И се ќе беше ново, ако не се погледне во досегашната практика. Понуденото законско решение само го прави тајното - јавно и му дава законска обвивка. Неодамна,

на седница на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и нематели, при Стопанската комора на Македонија, во расправата за јавните набавки и за имплементација на законската регулатива во градежништвото, почитувањето на договорните обврски во делот на навремена и квалитетна наплата, имаше и ваква изјава од еден од учесниците во расправата: „Кога станува збор за договорите, ние градежниците се наоѓаме во подредена ситуација пред инвеститорите. Еден пример, моравме да потпишеме Анекс договор со една општина, во кој стои дека наплатата ќе се изврши до крај на 2010 година, ако во буџетот има прилив на средства. А работата ја завршивме и фактички излегува дека ние како градежници бевме финансиери“. Значи и досега се склучувале анекс договори како што сега предлага Владата, но тие немале законска основа. Токму со ваквите клаузули сега настапува Владата со својот Предлог закон за измени и дополнување на Законот за јавни набавки. Практично ја озаконува досегашната практика. Ако и досега градежниците биле финансиери, тие отсега на тоа ќе бидат обврзани со закон. Инаку, на споменатата седница во Комората се истакна дека јавните набавки во државата, од година во година бележат тренд на зголемување, така што вкупната


актуелно

НајгОлемиОт иНвеститОр вОвеДува измеНети правила На игра вО јавНите Набавки

јавно

вредност на јавните набавки во 2009 година учествува со 12 проценти во БДП. Во градежништвото, во 2008 година се склучени 728 договори за работа, а во 2009 година 1.165 договори, односно зголемување од околу 60 насто. Во нив најголемо учество имаат договорите за изведување кое се движи со околу 87-90 отсто. Присутните во расправата побараа транспарентност во јавното наддавање, квалитетно електронско наддавање кое не остава простор за сомневање, квалитетно изработени тендери. Потоа, почитување на одредбите од Законот за градење, посебно лиценците што ги поседуваат градежните компании, кои треба да бидат приоритет, а не да се отстапуваат на други фирми за аплицирање, но и за добивање на работите. Градежниците истакнуваат дека, сепак потешката работа е да се наплати изработеното, посебно од државните и локалните институции, од причина што често во договорите, од страна на инвеститорите, се предвидува рок на плаќање од најмалку 90 дена, па и повеќе од 160 дена од денот на

потпишување на ситуацијата, при што излегува дека градежниците ја финансираат градбата, да платат ДДВ на доставена, а ненаплатена фактура, да обезбедат плата на вработените и да ги подмират сите други давачки кон државата. „Склучување на договор е облигационен однос меѓу две страни, но за жал, тоа во градежништвото го нема. Инвеститорот секогаш ги поставува правилата, рокот за изведба максимално се почитува, а кога ќе дојде делот за плаќање, тоа се пролонгира со месеци и месеци“, беше речено во расправата. ”На седницата се заклучи, писмено да се информираат надлежните министерства за пробелмите со кои се соочуваат компаниите во тековното работење, како и можноста да се наплатат меѓусебните побарувања со пребивање со побарувањата од државните институции. Одговорот од Владата компаниите го добија во вид на најавените измени на Законот за јавни набавки, во кој очигледно ги нема нивните забелешки, но затоа ја има досегашната практика во која и тие, сакале или не биле учесници...


инфо

заврши летната школа за архитектура 2010 година во крива паланка

В ГраниЧниОт прЕмин блаЦЕ ЌЕ СЕ ОСОВрЕмЕни пО ЕВрОпСки Стандарди

Г

раничниот премин Блаце ќе биде осовремен по европски стандарди. Ќе биде изградена нова административна зграда за царината, за полицијата, за фитосанитарната и ветеринарната инспекција. Ќе се изгради и објект за контрола на автобуси и патници, а коловозните ленти ќе бидат проширени. Ова го изјави вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески на стартот на градежните работи за реконструкција на делот за лесни

презентирани наградените идејни решенија од проектот „арм - мој вистински дом“

В

о Домот на армијата на Македонија беа презентирани наградените и откупени идејни решенија од објавениот конкурс за избор на идејно решение,

10

3

ПОРТА

16 јули 2010

возила, автобуси и патници на граничниот премин Блаце. Се очекува да се зголеми реалната пропусна моќ на границата кон Косово за два до три пати во однос на сегашното ниво на сообраќај и оптоварување, како и да ја зголеми безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Вредноста на проектот е 1,7 милиони евра. Граничниот премин треба да добие четири сообраќајни ленти на влез, наместо досегашните

во рамки на проектот „АРМ - мој вистински дом“. Државниот секретар во Министерството за одбрана Петар Есмеров, во име на комисијата што одлучувала за изборот на проектите, рече дека од 10-те пристигнати проекти, откупено е идејното решение на група проектанти под шифра „3С“. На второто место е трудот под шифра „Модул“ на група проектанти, Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља и други, а на третото

две, и три на излез, наместо досегашните две. Блаце со реконструкцијата ќе има и современи објекти за вршење на потребните гранични и царински формалности од страна на пограничните органи. Новиот патнички премин ќе ги содржи сите неопходни содржини за нормално функционирање и контрола на патници и патнички превозни средства. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“ АД.

(миа)

место е трудот под шифра „Сокол“ изработен од проф. д-р Ѓорѓи Константиновски. По изборот на идејните решенија, ќе се премине кон наредната фаза, односно кон објавување конкурс за изработка на проектна документација. - Ова идејно решение е направено согласно локацијата во касарната Илинден, што дополнително треба да се се урбанизира, бидејќи се уште, од страна на општина Карпош не е донесен детален урбанистички план кој ни е потребен - нагласи министерот Драган Коњановски. Тој вели дека веднаш штом ќе биде донесен ДУП-от од општина Карпош ќе биде распишан повикот за обезбедување на проектната документација. Изградбата на становите се очекува да почне кон крајот на годинава или почетокот на следната. Проектот е предвиден за околу 1.400 станови.

(миа)

о Центарот за култура e отворена изложба на 12 архитектонски дела, создадени во рамки на 19-тата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура 2010 година, што се одржа од 3 до 11 јули во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Годинашнава тема на школата беше под наслов „Архитектурата е (сета) за луѓето“. На летниот кампус во „Сарандопорски“ учествуваа околу 30 студенти, кои работеа под надзор на менторите Михајло Зиноски, Јован Ивановски, Димитар Папастеревски и Марина Огнен, сите под раководство на проф. д-р Анета Христова-Поповска. Во рамки на едукативниот дел, предавања одржаа професори, архитекти од Турција и Италија, Бурак Алтинишик и Масимо Кроти. Проектот е поддржан од Македонската православна црква, Министерството за образование и наука и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

(миа)


рубрика ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ Ул. „Љубо Петровик“ 33, Скопје Тел/Факс: 02 26 27 391 Мобилен: 070 311 470

Б

www.kb.com.mk

Контакт-центар: (02) 3 296 800

www.porta3.com.mk

3

16 јули 2010 ПОРТА

11


инфо

070 387 535 070 385 585

liting@t-home.mk

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

Trimo Makedonija dooel Skopje t: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 42 trimomakedonija@trimo.com.mk, www.trimo.si

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

12

3

ПОРТА

16 јули 2010

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk


инвест а со своја веб страница Компанијата Инвест А , членка на Деловниот систем АДИНГ, ја пушти во употреба својата веб страницата. Сите референтни објекти, актуелности и информации се достапни на www.investa.com.mk. Инвест А ДООЕЛ - Скопје е основана 2001 година во Скопје, како фирма членка на групацијата АДИНГ. Завршните работи во градежништвото како главна дејност, овозможуваат нејзино активно присуство во кругот на водечките градежни фирми. Инвест А ги покрива сите фази на изведба: - градежни и градежно занаетчиски работи - електроинсталатерски работи - машински инсталации - водовод и канализација Денес, Инвест А има изведено повеќе

реакција на групацијата за опкуп на секундарен отпад повисоки цени на металите - повеќе кражби Нелегалниот откуп на суровини се зголеми, откако се зголемиja цените на металите во црната металургија. Се зголемија и кражбите на различни инсталации, сигнализации, шахти и се метално што може да се продаде. На состанокот што се одржа со цел да се намалат ваквите појави, министерот за животна средина Неџати Јакупи, посочи дека треба да се зајакнат контролите

јанакиески:oбиколницата на Охрид ќе биде готова до средината на септември

С

поред министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, изградбата на т.н. северна обиколница на Охрид треба целосно да заврши некаде кон средината на септември. Станува збор за инфраструктурен проект од програмата на Владата за подобрување на локалната патна инфраструктура, што во овој

инфо

значајни објекти во Р.Македонија, државите од регионот - Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и пошироко - Русија, Украина, Казахстан, Унгарија и Романија. Користејќи ги материјалите од производствената програма на Адинг, изведени се позиции како што се: санациони работи, внатрешни и надворешни водоводи и канализации, реконструкција и адаптација на објекти, ПП заштити на челични конструкции и електрични кабли, контактни фасади, репарација на бетонски конструкции и малтери, заштитни премази на А.Б. конструкции и челични конструкции, потоа градежно занаетчиски работи: подополагачки, фасадерски, молерофарбарски работи, хидроизолации и друго. Забележителните референци во областа на санации и реконструкции на објекти и акцентираната ориентација на хидроизолации и подополагачки работи ја создаваат беспрекорноста и успешноста на фирмата “Инвест А".

случај ќе има огромно сообраќајно и стопанско значење за Охрид и регионот, но и за безбедноста на локалното население. За реализација на овој градежен зафат се обезбедени срества во износ од околу 2,5 милиони евра. Јанакиески вели дека од неповратните средства обезбедени преку Светската банка за подобрување на локалната патна инфраструктура, досега се завршени десет локални патишта, а во тек е изградба на шеесетина локални патни правци низ земјата. Тој очекува

во откупните центри и на царината, за да се спречат злоупотреби. Васил Гацевски претседател на групацијата на членките за откуп на секундарни отпадни суровини, вели дека се врши евиденција на легалните продавачи со лична карта и тие дават изјава за својата роба. Но, голем е бројот на тие што работат на диво. Решението се гледа во зачестени контроли на инспекторатите по отпадите и во царината, брза реализација на постапките што се водат пред судовите и медиумска кампања за зголемување на свеста кај граѓаните да ј.г. ги пријавуваат овие случаи.

до крајот на наредната година да биде реализирана реконструкцијата на сите 200 локални патни правци опфатени со проектот, додека во поглед на регионалната патна мрежа, 11-те регионални патни правци што се дел од програмата на Светската банка, треба да бидат завршени до крајот на оваа градежна сезона. Во врска со инфраструктурните проекти од изградбата на Коридорот 8, министерот Јанакиески вели дека се работи за дел од пакетот концесии во Република Македонија, појаснувајќи дека до крајот на

оваа, или можеби почетокот на идната година, ќе се знае која компанија ќе стопанисува со патиштата во земјата, односно ќе ја има обврската во рок од осум години да ги изгради патиштата, вклучително и сообраќајната инфраструктура на Коридорот 8. Патиштата под концесија ќе одат во два пакета, едниот за патиштата од западниот дел на Македонија, а другиот за источниот дел од земјата. Делови од Коридорот 8 ќе има и во двата пакета.

3

16 јули 2010 ПОРТА

13


скопје мал ринг повторно голема борба

У

ставниот суд укина урбанистички план, објектите предвидени со него продолжија да се градат, а јавноста остана збунета кој е во право, па секој си тера коментари според своите афинитети. Вака накратко може да се опише се што се случуваше со Малиот ринг, со строгиот центар на Скопје во изминативе денови. Уставните судии, оценувајќи дека немало основа последната верзија на деталниот урбанистички план за овој простор да се донесе по забрзана, наместо по редовна постапка, решија да ја прогласат за незаконска. Всушност, општинарите само малку задоцниле. Можноста за усвојување планови по скратени процедури била укината на 31 декември лани, а тие нивниот план го донеле на 21 јануари годинава. Со укинувањето престанаа да важат градежните маркички што предвидуваат Триумфална порта, споменици на мостот "Око", катни гаражи, меѓу кои и таа во барокен стил, новопланираните фасади, ѕидот од столбови, како и зградата на Агенцијата за електронски комуникации. Престануваат да важат? Нивните градители, сепак, не се согласуваат со тоа. Така, тие веднаш дадоа објаснување дека додека планот бил важечки, односно пред одлуката на Уставниот суд, биле обезбедени законски градежни дозволи. Па така, бидејќи ниту една одлука според нашиот Устав не може да важи ретроактивно,

бутел Општинската администрација годинава ќе се пресели во нов објект

Н Скопска чаршија Нова камена коцка пред "свети спас"

П

о еден месец активна работа заврши реконструкцијата на платото пред црквата "Свети Спас". На платото со површина од 270 квадратни метри, рачно се отстранети

14

3

ПОРТА

16 јули 2010

старите, дотраени и искршени камени плочи и се заменети со камена коцка. Платото доби автентичен лик и се вклопи во амбиентот што го опкружува. Реконструирана е и фонтаната што се наоѓа пред црквата и веќе е пуштена во употреба. Градот потроши околу еден милион денари за овој зафат, а градежните работи ги изведоа екипите на "Улици и патишта".

овата зграда за администрацијата на општина Бутел, која ќе се наоѓа пред спортската сала "Антон Димитров", кај Основното училиште "Живко Брајковски", ќе започне да се гради во септември. Идејното решение за објектот го подготвија архитектите од одделението за урбанизам, а главниот проект го подготвува ГИМ "Македонија". Врз основа на проектот, општината ќе распише тендер за најповолен изведувач. Зградата ќе зафаќа површина од 3.000 м2 и ќе содржи приземје, кат и подрумски простории. Во неа ќе бидат сместени сала за седници на Советот и сала за венчавки.

"Општинската администрација ќе мора да се исели до Нова година, а дотогаш ќе треба да биде изграден поголем дел од новиот објект", вели градоначалникот Петар Латиновски.

карпош Ќе се санира патеката за ролери

Р

олерско-велосипедската патека на кејот во Карпош наскоро ќе биде санирана, најави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој информираше дека е завршен изборот за изведувач кој треба да ја санира патеката, што на неколку места е речиси целосно уништена и го попречува нормалното возење со велосипеди и со ролери. Предвидено е да се санира со истиот специјален материјал


односно за минатото време, тоа значи дека не може да се поништат ниту овие одобренија за градба. Ова образложение веќе беше искористено од Министерството за култура, институцијата што ја гради Портата и само што почна да ги копа темелите, ќе требаше да престане да гради. Од општината Центар засега не коментираат ништо. Не откриваат ниту колку дозволи се издадени. Не најавуваат ниту што ќе преземат по одлуката на Судот, само рекоа дека ќе ја почитуваат. Но едно е јасно. Тие можат без никакви пречки да почнат и да истераат една сосема легална процедура со која повторно би го усвоиле истиот детален урбанистички план, без ништо во него да се помрдне ниту за еден сантиметар, и потоа ниту Уставниот суд, ниту кој било друг би имал основа да ја оспори изградбата на кој било објект што е дел од оспоруваниот владин проект "Скопје 2014". Од општината одговорија дека се опстојува на овој проект, бидејќи голем број други градби предвидени со него се дел од претходните, законски верзии на урбанистичкиот план, како театарот, спомен-обележјата, зградата на Уставниот суд, Министерството за надворешни работи и музејот. Се одѕваа и најгласните активисти против новозамислениот изглед на градскиот центар, здружението "Плоштад Слобода", кои истакнаа дека одлуката на Уставниот суд оди во прилог на нивната борба да докажат дека проектот "Скопје 2014" е незаконски и дека се подготвува тајно, зад грбот на граѓаните. Според нив, при повторното одлучување за центарот треба да се отворат широки јавни дебати и да се распишат меѓународни конкурси. во црвена боја од кој е изградена. Градоначалникот најави дека обновата на патеката ќе стартува наскоро.

кисела Вода локален пат кон теферич

С

о пари од Европската банка за обнова и развој, во тек се градежни работи за изведба на локалниот пат кон Теферич. Екипи на ГП "Гранит" вршат тампонирање на патот што ќе биде долг 952 метра. Патот ќе има две коловозни ленти од 2,5 метри и тротоари широки од еден метар, поплочени со бехатон плочки. За парите добиени за проектот, Општина Кисела Вода аплицираше во соработка со Агенцијата за државни патишта. Неодамна на идентичен начин се поплочија тротоарите на улицата Драчевска во Драчево.

скопје

маџари реконструкција на ул. благоја стефковски

Г

лавната улица во Маџари, Благоја Стефковски, наесен ќе добие нов асфалт, откако претходно ќе се изврши реконструкција на истата. Ќе бидат обновени 800 метри од улицата, од влезот во Маџари до надвозникот во населбата Ченто.

Ѓорче петров кружен тек прво во периферијата, а потоа во центарот

С

ообраќајниот метеж на "црните" раскрсници во центарот на градот ќе продолжи да владее уште најмалку две години, затоа што за скопскиот градоначалник приоритетно е растоварувањето на хаосот на улицата Ѓорче Петров. Градските власти, и покрај најавите за изградба на осум кружни раскрсници, решија да градат

Ќе биде поставена и атмосферска канализација со профил од 800 милиметри и со должина од 562 метра. По должината на улицата ќе има нови рабници, а тротоарите ќе се поплочат со бехатон плочки. За реконструкција градот Скопје ќе потроши околу 26 милиони денари. На терен ќе работат екипите на градежната фирма "Бауер БГ", а се очекува градежните работи да завршат до крајот на август. сосема нова, деветта, кај трговскиот центар "Планет" во Ѓорче Петров. Градските власти не објаснуваат по кои критериуми утврдиле дека станало поважно да се гради кружен тек меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка, а не на пример кај црквата "Свети Петар и Павле" или кај Католичка црква. Средишниот дел на овој кружен тек ќе го дотера градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, кој веќе има нарачано споменик на патронот на општината.

Центар избрани нови фасади за центарот

З

аврши конкурсот за избор на идејни решенија за фасади на пет згради во централното подрачје, како и за две катни гаражи. Победници се архитектите Никола Сакинов и Лазар Димов, а второнаградена е "Македонија проект". Наградите ги освоија група автори од ГИМ за катната гаража на улицата Даме Груев, додека за таа на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин групата автори - Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски. Засега не е прикажан изгледот на новите фасади, бидејќи се чека да поминат жалбените рокови и да се потпишат договори со авторите на избраните решенија.

Центар битолски архитекти ќе го оградуваат "гоце Делчев"

П

о три неуспешни обиди градските власти конечно го избраа идејното решение за новата ограда на мостот "Гоце Делчев" што ќе биде чуван од четири лава. Решението го изработиле Михајло Драгановски и Јован Радевски од Битола. Сега се чека да се потпише договорот со авторите, по што ќе

следува втората фаза од постапката, нарачка на идеен и изведен проект. За три до четири месеци ќе заврши изработката на проектот и тогаш ќе се знае колку ќе чини изведбата на оградата. Стартот на работите ќе го одложат процедурите до изборот на изведувач за идната година, но тогаш со оваа реконструкција ќе почне и изградбата на новите огради и илуминацијата за мостовите кај "Холидеј ин" и на оној кај Народна банка.

подготви: катерина спасОвска-трпкОвска

3

16 јули 2010 ПОРТА

15


региони Штип

студија за регулација на брегалница со брани

О

пштина Штип и Центарот за развој на источниот-плански регион одржаа презентација на „Студијата за можностите за регулација на река Брегалница и можноста за конструкција на мини акумулации, каскади и брани“. Студијата ја презентираше градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов. Проектот е од особена важност за сите општини во источниот регион низ кои минува Брегалница. Тој

тЕтОВО предвидува изградба на гумени брани на вкупно 15 локации по текот на реката долга 211 километри со вкупно 16 притоки. Од нив 5 се предвидени за Штип. Најпрвин ќе се изгради потегот од камениот мост (Емир Ќучук Султанов мост), па се` до мостот „Гоце Делчев“ над автобуската станица и ќе се уредат бреговите. За браната се потребни околу 400.000 евра (ископ, регулација и конструкција на гумената вреќа), додека уредувањето на коритото од двете страни ќе бара повеќе средства. Браната ќе биде висока 2 метри, со што ќе се обезбеди широчина на коритото од 40-50 метри и негово просторно средување. Во текот на следните 3-4 години комплексот ќе се уреди со пешачка патека, трим патека, канделабри,

комерцијални објекти и плажа. Системот на гумени вреќи по должината на Брегалница ќе овозможи создавање акумулации во речното корито заради естетски изглед на просторот. Со тоа ќе се решат сегашните еколошки проблеми на реката во градот и ќе се овозможи развој на водните спортови, риболов и рекреација. Преградите ќе се состојат од бетон со кој ќе се фиксира речното корито со должина од 36,0 м, гумена вреќа која ќе ја задржи водата со максимално подигање на вреќата од 1,5 м, слапиште со должина спрема хидрауличните пресметки и манипулативна шахта за командување со објектот.

Д. ристов

втора фаза од новиот водовод

З

апочнаа работите од втората фаза на градбата на новиот тетовски водовод. Оваа делница чија должина изнесува 13, 5 километри го опфаќа потегот од Студена река до реките Лешница и Пена. Досега се реализирани 3 километри од втората фаза на водоводот, а завршени се и работите околу зафатите на Пена и Лешница до цевководот. Проектот нов водовод треба да заврши наредната година. За него се предвидени 100 милиони денари. Проектот нов тетовски водовод е започнат од 1997 година. Неговата должина изнесува 20 километри, а се простира од централата кај Лисец до реките Пена и Лешница.

Нова претоварна станица за смет

К

упишта смет повторно се складираат на претоварната станица на тетовското комунално претпријатие (ЈКП) кај железничката станица. Додека жителите стравуваат да не се повтори загадувањето на воздухот, надлежните од ЈКП Тетово смируваат дека отпадот наскоро ќе биде транспортиран во регионалната депонија Русино, близу Гостивар. - Неколку камиони кои го носат отпадот се во дефект, па така нашите екипи не можат да постигнат сиот смет наеднаш да го транспортираат во Русино - вели Асан Љума, директор на ЈКП Тетово. Бидејќи постојано ќе има потреба од претоварна станица за префрлување на сметот од едни во други камиони за да се носи отпадот во регионалната депонија Русино, во ЈКП велат дека ќе се обидат да најдат друга локација. Најдобро би било, сметот да се дислоцира надвор од урбаниот дел на градот, за што таква иницијатива е започната.

16

3

ПОРТА

(а.с.) 16 јули 2010


Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk

зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема


градежништво

Изведба на железнички тунел под Босфор Сојузот на градежни инженери и Друштвото за патишта, преку туристичката агенција ,,Александар“, организираше стручна екскурзија, посета на градилиште во Истанбул каде се вршат работи околу подземната железничка - метро станица и двата моста кои ја поврзуваат Европа со Азија. Учесниците на екскурзијата беа примени од главниот надзорен инженер на објектот во градба Guney Yilmaz. Моментно, овој проект е еден од најголемите транспортни, инфраструктурни проекти во светот. Изведбата е доверена на Јапонски конзорциум кој обезбеди кредит од околу една милијарда УСА долари со камата од 6,7% за период на враќање од 40 години.

И

18

3

ПОРТА

станбул, за да ги заштити своите историски и културни вредности од една страна, односно да го зголеми железничкиот транспортен капацитет и јавниот метро транспорт со зголемена сигурност и удобност, а од друга страна да го зголеми ефектот на заштита на животната средина, се одлучи да изгради модерна подводна железничка линија која ќе го поврзе европскиот и азискиот дел. Инаку, оваа идеја за поврзување на двата континента постоела уште од далечната 1860 година. Но, првиот подводен потопен тунел се изградил во САД –Мичиген 1910 година, додека во Европа 1943 година во Холандија - Ротердам. Тунелот Marmaray (Marmarail) чие име е кованица составена од Мраморно Море и железница, е подморски

16 јули 2010

железнички тунел конструиран со цел да ги поврзе европскиот и азискиот дел на Истанбул. Поставен е по дното на длабочина од 60 метри под целиот Истанбулски теснец. Проектот вклучува 2 цевки со по 9,5 км тунел, од кои по 1,4 км се потопени тунели на Босфор (Истанбулски теснец), додека во копнениот дел на двете страни, Европскиот и Азискиот, приближно по 4,0 км класично бушени со два вида машини со дијаметар од 10 метри. Ѕидовите од тунелот што ќе бидат изработени од водонепропустлив бетон и обложени со челична школка, кога ќе заврши изградбата, ќе бидат најдлабоките подморски потопени тунели во светот, нурнати во Босфор. Цевките се составени од 11 секции, монтажно изработени, а секоја од нив е долга


градежништво

по 130 метри и тешка 18.000 тони. Тие се транспортираат до местото на потопување со бродови-теглачи и се спуштаат на дното со челични сајли, бродски дигалки. Цевките се поставуваат (легнати ) 60 метри под морската површина, во претходно ископано корито на дното, од каде ќе се ископаат околу еден милион метри кубни тиња, чакал, песок. На должина од 63 км ќе има надградба на приградските железнички линии кои прават вкупно 76,6 км високо капацитетна линија која ќе ги поврзе Гебзе и Халкали. Со проектот се предвидени и нови метро станици кои ќе се градат кај Јеникапи, Сиркечи, и на Азискиот дел во Ускидар и 36 површински станици. По завршување со изведбата на проектот, користењето на железничкиот

транспорт во Истанбул се предвидува да се зголеми од 3,6% на 27,7%, со што железничкиот транспорт во Истанбул ќе биде рангиран како трет во светот, зад Токио (60%) и Њујорк (31%). Оперативна брзина ќе биде 100 км/ час. Приближното време за патување од Гебзе до Халкали ќе се намали од сегашни 185 минути на 104 минути, за целата должина од 76,6 км. Капацитетот на јавниот транспорт ќе биде по 75.000 луѓе на час во еден правец. Изградбата на проектот Marmaray започна во мај 2004 година од страна на Јапонска фирма со локални изведувачи. Завршувањето на целиот проект е постојано одложуван и се очекува да се заврши во октомври 2013 год. Изведбата моментно доцни најмногу поради археолошките откритија. На локалитетот се пронајдени траги 

3

16 јули 2010 ПОРТА

19


градежништво

Тунелот Marmaray (Marmarail) чие име е кованица составена од Мраморно Море и железница, е подморски железнички тунел конструиран со цел да ги поврзе европскиот и азискиот дел на Истанбул. Поставен е по дното на длабочина од 60 метри под целиот Истанбулски теснец 20

3

ПОРТА

16 јули 2010



на Градски ѕид на Константин Велики, како и остатоци од неколку бродови. Покрај тоа, археолозите со ископувањето откриле најстари докази за населено место во Истанбул. Артефактите во кои спаѓаат амфори, керамика, фрагменти, школки, фигури од коска, коњски черепи и девет човечки черепи пронајдени во торба, датираат од периодот од 6000 год. пред нашата ера. Сите овие работи се работеле со рачно расчистување на теренот во период од една година, кога се отстраниле 750 000 м3 земја- материјал

Подготвија: проф.д-р.радојка ДОНчева, доц.д-р. вулнет палОШи, проф.д-р.светлана ОНчевска


рубрика

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

40

3

ПОРТА

2 јули 2010

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА” Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др


градежништво

РАЗЛИЧНИ СТАНДАРДИ ЗА


градежништво

Изразите, концептите и методите на пресметки користени за сите типови на low-energy згради, се разликуваат од една до друга земја во ЕУ, но и пошироко. Не постои глобална дефиниција за low-energy зграда, туку се зборува за згради кои имаат подобри енергетски карактеристики отколку што се бара во важечките градежни прописи (стандарди за енергетска ефикасност или употреба на алтернативни извори на енергија).

ИСТИ zero-enerGY ЗГРАДИ И

дејата да се усогласат прописите за изведба на високоенергетски ефикасни згради (low-energy buildings) во земјите на ЕУ, не е нова, но тешко може да се реализира во пракса, затоа што земјите меѓу себе се разликуваат по своите климатски карактеристики, традиционални техники на градење, како и локални материјали за градба. Предлогот за измена на Директивата за енергетски карактеристики на зградите ЕPBD (Directive on the energy performance of buildings) вели дека сите земји членки на ЕУ треба да ги

изнесат националните планови и цели за промоција и зголемување на бројот на zero-energy зградите, или зградите што се приближуваат на овие карактеристики. Високоенергетски ефикасни згради (low-energy buildings) штедат и до 80% оперативни трошоци, благодарејќи и` на примената на интегрираниот дизајн (integrated design solutions), но се` уште не се во позначајна мера присутни на пазарот. Досега во Европа се изградени само околу 20.000 згради со исклучително мала потрошувачка на енергија, од кои

дури околу 17.000 во Германија и Австрија, се наведува во документот „Low-energy Buildings in Eurorope: Current State of Play, definitions and Best Practice, Brussels“, што нуди основни информации кои се однесуваат на дефинициите, методите на пресметки и прописите на поединечни земји на ЕУ, а во исто време ги претставува најдобрите решенија за low-energy згради во Европа. Изразите, концептите и методите на пресметки користени за сите типови на low-energy згради, се разликуваат  од една до друга земја во ЕУ, но и

3

16 јули 2010 ПОРТА

23


градежништво Земајќи ги предвид варијациите на климатските услови и важечките градежни стандарди ширум Европа, тешко е да се дефинира еден концепт на low-energy зграда за целата Европска Унија. Националните стандарди и методологии варираат во толкава мера, што развојот на прописи во една држава може да не ги исполнува основните стандарди во друга.  пошироко. Не постои глобална дефиниција за low-energy зграда, туку се зборува за згради кои имаат подобри енергетски карактеристики отколку што се бара во важечките градежни прописи (стандарди за енергетска ефикасност или употреба на алтернативни извори на енергија). Low-energy зградата подразбира исклучително добра изолација, енергетски ефикасни прозорци и примена на изменувачи на топлина заради намалувањето на енергија неопходна за греење и ладење на просторот. Исто така, тие можат да користат и техники на пасивна соларна архитектура и дизајнерски решенија, или активни соларни системи за греење на вода или производство на електрична енергија (PV-фотоволтажа). Се користат и со сите познати системи и уреди кои можат да ја намалат потрошувачката на енергија, на пример: системите за управување со зградите (греење, ладење, осветлување итн.), користење на топла вода од машините за миење садови и туш кабина за загревање на водата што доаѓа до бојлерот. Low-energy зградите се познати под 17 различни имиња во Европа: low-energy house, high-performance house, passive house/Passivhaus, zero carbon house, zero energy house, energy savings house, energy positive house, 3-litre house, ultra-low-energy куќа, итн. По дефиниција, минималните барања 24

3

ПОРТА

16 јули 2010

би требало да се однесуваат на сите типови енергија која и` е потребна на зградата за нејзино нормално функционирање (греење и ладење на нејзиниот внатрешен простор, загревање на водата, вентилација и вкупна потрошувачка на енергија: електрични уреди и куќни апарати, осветлување итн.) Во пракса, тоа не е така. Напротив, дефинициите најчесто се однесуваат само на енергија која е потребна за загревање на просторот, притоа игнорирајќи ги другите форми на енергија која се троши, кои дури можат да ги надминат потребите на зградата за енергија (на пример, во деловните згради).

стандардите дефинирани само во 7 земји Во моментов, седум држави членки на ЕУ дефинираа што една зграда ја чини low-energy зграда. Тоа се Австрија, Швајцарија, Данска, Велика Британија, Финска, Франција, Германија и Белгија. Уште четири земји најавија дека наскоро ќе го сторат тоа: Луксембург, Романија, Словачка и Шведска. Нивните дефиниции се однесуваат претежно на нови згради, но во некои случаи (Австрија, Чешка, Данска, Германија, Луксембург) тие исто така ги покриваат и постоечките згради и можат да се применат на сите типови згради (станбени, деловни, спортски објекти итн.) Просечните барања за помала потрошувачка на енергија се движат од 30 до 50% од стандардните

барања во тие држави за нови агради. Ова главно доведува до просечна потрошувачка од 40 до 60 kWh/m2 во земјите на Централна Европа. Во некои земји постојат и сертификати, како што се на пример, Minergie во Швајцарија и Effinergie во Франција. Овие сертификати им служат на купувачите и на корисниците на просторот за да ги препознаваат зградите што ги исполнуваат low-energy националните стандарди. Земајќи ги предвид варијациите на климатските услови и важечките градежни стандарди ширум Европа, тешко е да се дефинира еден концепт на low-energy зграда за целата Европска Унија. Националните стандарди и методологии варираат во толкава мера, што развојот на прописи во една држава може да не ги исполнува основните стандарди во друга. На пример, во САД Energy Star етикетата означува дека зградите трошат само 15% помалку енергија од важечките стандарди. Во Данска стандардот DK lowenergy class 1 - 35+ означува 1100/AkWh/m2/годишно (енергија за греење, ладење, вентилација и загревање на вода) Во Швајцарија постои Minergie - 42kWh/m2/годишно (енергија за греење, ладење, вентилација и загравање на вода) Effinergie во Франција - 50kWh/ m2/годишно (енергија за греење, ладење, вентилација, загревање

на вода и осветлување) Во Германија, пак важи стандардот Passivhaus 120kWh/m2/годишно (енергија за греење, ладење, вентилација, загревање на вода, осветлување и апарати за домаќинство)

пасивни куќи Дефинициите за пасивни куќи се уште похетерогени, затоа што овде под ист поим се подразбираат два потполно различни типа на згради во Централна и Сeверна Европа (Германија, Австрија, Шведска итн.), односно во Јужна Европа (Шпанија, Италија, Португалија, Грција). Во Јужна Европа терминот пасивна куќа (passive house) значи дека куќата е проектирана во склад со концептот на пасивниот дизајн (passive design), т.е. користење на пасивни технологии (големи стаклени површини за пропуштање на сончева енергија, штитници за сонце како заштита од прегревање во текот на летото итн.) Во Централна Европа терминот пасивна куќа се однесува на објекти кои се изградени по истоимениот стандард кој е поставен во Институтот во Дармштат, Германија. Оваа забуна е честа, па затоа е потребно да се објасни што е пасивна куќа, а што е passive haus. Passive haus е зграда изведена со посебен стандард според кој, температурата на внатрешниот воздух се постигнува без активен систем на греење, поточно со температурата на


градежништво воздухот од KGH системот. Таа ги користи и сите други решенија за пасивен дизајн, како што се ориентација на објектот кон југ, добра изолација на стаклените површини со коефициент u= 0,75 W/(m2K), отсуство на конзоли и ладни мостови и сл. Само вака е возможно да се намалат годишните потреби за греење на 5kWh/m², што значи дека годишно за греење трошат просечно околу 15% од вкупните свои потреби кои се во просек 120 kWh/m². Моментно, преку 12.000 вакви куќи се изградени во Европа, најмногу во Германија, Австрија и Скандинавија. Во САД, куќата што е направена по Passivehaus стандардот троши од 75 до 95% помалку енергија за греење и ладење од новите згради кои го постигнале енергетскиот ефикасен стандард во САД (Energy Star). Меѓутоа, примената на Passivehaus стандардот има одредени ограничувања во јужните држави во САД, каде во текот на летото е потребно многу повеќе енергија за ладење на објектите, отколку во другите региони. Затоа дефиницијата на Passivehaus стандардот овде мора до биде модифициран во однос на оној од Централна Европа. Intelligent Energy for Europe SAVE го започна проектот

Passive-on, за да може да ги примени Passivehaus-on стандардите во земјите со потопла клима. Passive-on поопширно ги дефинира енергетските барања, така што потрошувачката за греење и ладење се сведува на околу 15-20kWh/m2/годишно.

Zero-energy и zero-carbon куќи Специфичноста на zero-energy и zerocarbon куќата е во тоа што своите дополнителни енергетски потреби кои не можат сами да ги произведат од сопствените извори (соларна енергија, топлинска пумпа, итн.) ги надополнуваат од мрежата што во потполност се напојува од обновливи извори (на пример, од дистрибутивната мрежа која се напојува од ветрогенератори на фармите). Куќата со zero-energy или net-zeroenergy потрошувачка на годишно ниво може да биде енергетски независна, но во пракса ова значи дека во некој период ќе произведува повеќе енергија отколку што троши и ќе ја враќа во мрежата, додека во други периоди ќе има поголеми потреби кои ќе ги надополнува од мрежата. Ова се случува пред се` поради тоа што обновливите

извори на енергија на парцелата, најчесто се зависни од временските услови за одреден период од годината. Во САД се користат различни дефиниции на zero-energy зградите, а Јапонија е во процес на дефинирање на концептот на zero-energy зградите што треба да биде готов до крајот на годинава.

energy-positive куќи Energy-positive, или plus energy куќите се оние куќи кои на годишно ниво произведуваат повеќе енергија од обновливи извори, отколку што ќе потрошат од надворешни извори (топлински пумпи, греење на вода со соларни плочи, фотоволтажа/PV). Ова се постигнува со комбинација на генератор на електрична енергија со мала моќност и енергетски ефикасни решенија, како што се пасивен соларен дизајн, изолација, внимателен избор на парцела и ориентација на објектот, топлинска пумпа, изменувачи на топлина, греење на вода со соларни плочи итн


архитектура анГлиЈа библиотека и граѓански центар за јужен лондон

Б

иблиотеката пред главниот совет ја презентираше шемата на решението на London Borough of Lambeth и Cathedral (Clapham) Ltd за проектот на јавна библиотека, здравствен центар (The Clapham Family Practice), PCT Resource Centre и 136 домoви за заедницата. Дизајнот го разрешува големиот број проблеми во заедницата. Проектот дава решение за многу проблеми со кои се соочуваат објектите со мешана употреба во Лондон.

Дизајнот ја добил оценката „Excellent“ (18,5 од 20) во Building For Life. Решението овозможува станови со CFSH на четвртото ниво заедно со библиотеката и здравствениот центар, кој од BREEAM е оценет со многу добар (Very Good). Библиотеката добива нова огромна употребна вредност, базирана околу едноставна спирална форма, овозможувајќи уживање во учењето. Спиралите се користат за да ги поврзат елементите со различна употреба во објектот со книги. Тие овозможуваат континуирана линеарна серпентина околу која другите простории се конфигурирани.

ХОландиЈа KcaP ќе гради еколошки населби во Moerwijk

T

26

3

ПОРТА

he Moerwijk housing estate, што го дизајнираше Dudok, ќе биде делумно изменет во наредните неколку години. Со новиот урбанистички план на KCAP, населбите за домување покрај Erasmusweg ќе бидат еден од првите чекори од проектот за урбана обнова. Населбите содржат 81 стан со галерии- апартмани и мезонети на приземјето, како и појас од 27 тераси. Двете згради се поврзани со паркинг-гаража на приземјето, како и со полујавна галерија на врвот. Куќите ќе имаат специјално изработени алуминиумски фасади со големи екрански стакла (3мx6м) и скалести врати на лизгање. Комплексот ќе биде изграден според стандардите за енергетска ефикасност и ќе има геотермално греење и ладење. Сите апартмани имаат подно греење и механичка вентилација која спречува губење на топлината.

16 јули 2010


архитектура ЧЕШка голф клуб во Хостивар, прага - чешка

О

Сад

gensler, reed hilderbrand и tadao audo заеднички работеа на новиот арт музеј во Williamstown

А

рт музејот и центар за истражувања и едукација, „The Sterling and Francine Clark Art Institute“, започна со изведба на својот кампус. Урбанистичкиот проект претставува голем просторен потег во пејзажот на новите објекти со галерии на институтот и простории за јавни и академски програми, совршено се интегираат со своето рурално опкружување. Првата фаза од проширувањето која опфаќа 10.000 м2 на галерии, простории за состаноци, училници, арт студио, како и Williamstown Art Conservation Center (WACC)

е завршена пред две години. Тимот тогаш соработуваше со WACC за да дознаат какви се потребите на корисниците на просторот. Соработката помеѓу Tadao Ando, Gensler и Reed Hilderbrand била мошне добра. Стотици ` скици биле разменети меѓу САД и Јапонија, презентирајќи ги различните аспекти на дизајнот, започнувајќи од концептуалната програма па се до одделните детали на основите на објектот. За да се вклопи објектот во околниот пејзаж, дизајнерите инкорпорирале структура од дрво и челик и потпорни ѕидови од бетон. The Clark му бил предизвик на Ando и да креира уникатен „Кларк бетон“. Тимот истражувал многу производи со цел да го одреди најдобриот материјал за нивниот дизајн од бетон. Дури и бетонот го изработувале во домашни услови, го лиеле во сопствени калапи, користејќи сушалка за алишта како вибратор за бетонот.

бјектите за голф ја вратија природата во сиромашното предградие Хостивар, Прага и креираа огромна оаза на зеленило, рекреација и спорт. Урбаниот дизајн презентираше мултифункционален објект кој е карактеристичен за објектите за голф. Главниот план е формиран од два внатрешно поврзани правоаголници сместени во линија со оската север-југ. Западната страна вклучува место за паркинг, а кон другите правци објектот е обиколен со спортски објекти. Објектот има две главни комуникациски јадра. Јадрото кај главниот влез го спојува целиот објект од подрумот (гардероби и помошни простории), низ првото надземно ниво со ресторанот, продавницата за голф и надворешниот голф кон второто надземно ниво, каде се сместени голф клубот и административните простории. Другото јадро служи како сервисна комуникација меѓу првото надземно ниво од надворешниот голф и голф клубот на второто надземно ниво. На северната фасада може да се најдат комерцијални простории - ресторани со тераси. Главниот изразен елемент на фасадата е формиран од застаклени делови во комбинација со облога направена од систем на табли од Cembonite.

ШкОтСка Нова населба покрај Фирхал

Ќ

е се гради нова современа населба покрај шкотското село Фирхал, која нема да го наруши мирот и спокојството на питорескното селце кое е едно од најпосакуваните места за живеење на целата планета. Таа ќе биде составена од приземни и еднокатни куќи кои ќе наликуваат на традиционалните куќи од овој регион и ќе бидат изградени од еколошки материјали. Фирхал стана познат во светот по непишаните правила за живот на неговите станари кои не смеат да чуваат патки, зајаци, гулаби, пчели, па дури и деца. Жителите на ова село можат да имаат едно куче на едно домаќинство, но не и деца, бидејќи децата можат да го нарушат мирот и спокојот што владеат во нивната заедница. Уште едно непишано правило наложува сите дојденци кои сакаат да купат куќа, мора да бидат постари од 45 години.

3

16 јули 2010 ПОРТА

27


спортски храмови

"турк тЕлЕкОм арЕна" - иСтанбул

ФАКТИ ЗА "турк телеком арена" - Истанбул стадион: 62.695 места (80.000 за концерти) вредност на градба: 310 милиони долари паркинг простор: 3.225 места вип паркинг: 520 автомобили придружни објекти: Музеј, ресторан, кафебар, ВИП апартмани Дизајнери: aSP Stuttgart gmbH, Yuksel Proje

НОВИОТ ДОМ на

ГАЛАТАСАРАЈ Ф

удбалската инвазија ја натера и Турција да размислува за нови фудбалски капацитети. ФК Галатасарај од Истанбул, еден од најполуларните фудбалски клубови во овој дел од Европа, веќе е во завршна фаза на изградба на новата модерна арена "Турк Телеком Арена", која премиерно треба да почне со работа на 29 октомври оваа година. Новиот дом на Галатасарај ќе го замени досегашниот стадион на клубот "Али Семи Јен", чиј капацитет стана претесен да ги собере сите вљубеници на фудбалот, особено почитувачи на овој фудбалски состав од Истанбул. Според проектот за градба на "Турк

28

3

ПОРТА

16 јули 2010

Телеком Арена", новиот спортски храм во Истанбул ќе има капацитет од 62.695 места. Во период од 10 години стадионот ќе го носи името на главниот спонзор на клубот, турската телекомуникациска компанија. Новата фудбалска арена ќе биде изградена во областа Аслантепе која е сопственост на клубот. Најдобрата понуда на тендерот за изградба на стадионот, распишан пред 3 години, имаше холдингот Eren Talu Architecture. Покрај домашните компании, во изградбата на "Турк Телеком Арена" се вклучија и две компании со седиште во ОАЕ. Станува збор за Абу Даби Груп и компанијата Ал Зарони, кои

подолго време се вклучени во најразличен вид инвестиции во фудбалот на Стариот континент. Покрај стадионот ќе биде изграден и паркинг за 3.225 автомобили, а околу ќе бидат изградени станбени објекти, деловни згради и трговски центар. Автор на дизајнот на новата арена на Галатасарај е ASP Stuttgart GmbH во соработка со турската компанија Yuksel Proje. Во внатрешноста на стадинот ќе се искористи простор за ВИП влез, а ќе бидат изведени и една прес-сала, конференциска сала, простор за ТВ студио и депо со ВИП паркинг за 520 автомобили. Стадионот во поттрибинскиот простор ќе се издигнува на 4 нивоа.

На првото ниво на стадионот на простор од околу 1.600 м2 ќе се градат сали за медиумите и ТВ екипите. Тука ќе биде сместена и кујната за ресторанот што ќе биде на второто ниво, а исто така и дел од ВИП паркинг просторот. На второто ниво ќе има кафе-бар, ресторан и ВИП соби за релаксација со капацитет од 250 места, а на третото ниво ќе се гради специјален ВИП салон, фоаје, неколку соби, музеј на ФК Галатасарај и продавници. На четвртото ниво ќе се лоцираат клупските простории на Галатасарај, како и простор за фан-шоп.

сашо кузмаНОвски


рубрика

ДООЕЛ ТАТЈАНА

Тел.: 02 3122284 alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk

H Y P E R D E S M O®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

3

16 јули 2010 ПОРТА

29


архитектура

andy Mac fee richard Scott

Surface architects го сочинуваат архитектите richard Scott и andy Mac fee кои дипломирале на Bartlett (UCL) во 1993 година. Потоа работеле за Will Alsop во деведесетите. За време на студиите двапати конкурирале за наградата Млад архитект на годината во 2004 и 2005 и двапати освоиле трето место. Биле вклучени во изложбата „40 under 40“ што ја организираше V&A музејот во Лондон, во 2005 година. За Центарот за филм и истражување на визуелни уметности при Bircbeck College добија RIBA award во 2008 година за графичката преродба на објектот. Други нивни позначајни проекти се: Lock-keepers Graduate Centar (2006) за кој имаат добиено RIBA award во 2006 година, Queen Mary Medical School Library(2007, Queen Mary University of London(2007) и други. Дел од нивното портфолио е и Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, што е дизајниран и изработен за 10 месеци со префабрикувани елементи за градба. Иако проектирањето на образовни институции е она по што се препознатливи, успешни се и во други области поврзани со дизајнот. Ова студио е едно од 47-те студија во светот, кое беше одбрано да го проектира Олимпиското село за Олимпијадата во Лондон 2012 година.

ЕксплозИја BirkBeck college

30

3

ПОРТА

16 јули 2010

У

никатниот креативен дизајн со кој архитектите Surface Architects го трансформираа Центарот за филм и визуелни уметности на Birkbeck College во Лондон, ги освои критичарите и го сврте вниманието на медиумите. Во нивниот проект се појавува површина на која се експериментираат нови можности, промовирајќи архитектура со богато искуство, која се приспособува на движењето на телото. Испакнатите пирамиди и

скали се како темпераментен дисплеј со чисти форми и бои. Боите се прелеваат преку тулите, панелите, бетонот, стаклото и каменот. Тие не се употребени како слој на површината на објектот, туку претставуваат интегрален дел од структурата на објектот. Архитектонските простори се дефинирани не само со физичките материјали, туку и од чувствата кои ги будат боите. Физичките материјали ја дефинираат физичката димензија на просторот, а боите ја дефинираат

психичката. Тоа се две приказни кои се во интеракција, но не се исти. Ако заедно се вклопат, можат да обликуваат чудесен простор. Трансформација на Birkbeck College е извршена на подрумот, приземјето и проширувањето што се поврзани со еден уникатен дизајн. Направена е модерна кино сала со 80 седишта, опкружена со простории за изучување на медија, простории за семинари и канцеларии. Проектот е завршен во 2007 год. со буџет од 1.5


архитектура

Во ентериерот на Birkbeck College ве дочекува вистинска експлозија на бои. Деконструктивистичката композиција сочинета од коси површини, буди филмски асоцијации. Назабените агли на пример, потсетуваат на expressionist, сет од The Cabinet of Dr Caligari, влијателен германски филм од 1921 год., а силните бои потсетуваат на портретите на филмските ѕвезди на Andy Warhol.

на БоИ милиони фунти. Од универзитетот имале особена желба Центарот да го поттикнува чувството на заедништво, дури и на комерцијалност. Да даде силно чувство за визуелен идентитет. На крајот, архитектите успеале да ја интерпретираат оваа желба на возбудлив, прекрасен, фантастичен и на особено креативен начин. Ако го погледнете објектот однадвор, ќе видите обична стара зграда во низата на Gordon` Square во Лондон. Продолжението што е направено

во 1970 год. е единствената интервенција на објектот. Внатре ве дочекува вистинска експлозија на бои. Деконструктивистичката композиција во ентериерот е сочинета од коси површини и буди многу филмски асоцијации. Назабените агли потсетуваат на Expressionist, сет од The Cabinet of Dr Caligari, влијателен германски филм од 1921 год., а силните бои потсетуваат на портретите на филмските ѕвезди на Andy Warhol.

Bircbeck College е образовна и истражувачка институција од светска класа, во која се образуваат 19.000 студенти кои бараат креативно опкружување кое ќе биде разновидно, космополитско и особено. Surface Architects тие барања ги оствариле. Центарот сега нуди широк спектар на програми и настани, односно можност за различна интердисциплинарна работа во уникатните простории кои овој објект ги содржи.

3

16 јули 2010 ПОРТА

31


архитектура

П

арцелата на која е сместена оваа куќа е прекрасно парче земја која опфаќа 3500 м2, со богата и разновидна флора, многу високи дрвја и убав поглед кон слоевитите ридови на Вале де Браво (град кој се наоѓа 150км југозападно од Мексико Сити). Климата на овој регион се одликува со многу ладни зими, додека температурата во лето се искачува до 35°C , со поројни дождови кои паѓаат секојдневно меѓу јуни и октомври. Куќата е изградена врз природна карпа на ридот, со поглед кон југ каде се наоѓа езерото Авандаро. Таа не е вкопана во теренот, туку катовите се поставени на различни висини, потенцирајќи го наклонот на земјиштето и создавајќи драматично ширење на објектот низ парцелата. Континуитетот меѓу пејзажот и градбата е нагласен со стаклените површини на прозорците, надминувајќи ги вообичаените разлики

поглЕд кон ЕзЕрото Изградена врз природна карпа на ридот, со поглед кон југ каде се наоѓа езерото Авандаро, оваа необична куќа низ која растат дрвја, се состои од три павилјона кои се максимално интегрирани во својата околина. Таа не е вкопана во теренот, туку катовите се поставени на различни висини и го потенцираат наклонот на земјиштето, создавајќи совршена композиција.

32

3

ПОРТА

16 јули 2010


архитектура помеѓу внатрешноста и надворешноста. Како резултат на тоа, сите простори во куќата се во директен и интимен контакт со надворешноста. Играта на сенка и светло врз прозорците е одглас на апстрактните сенки создадени од сенките на дрвјата. Два павилјона на куќата, со нееднаква големина, се поставени пред базенот во кој се отсликуваат нивните одрази. Во првиот волумен се наоѓаат дневната соба и трпезаријата, кујната и работното студио. Во вториот се лоцирани двете спални соби со санитарии. Во третиот волумен, под базенот и летната кујна има остави и споредни простории. Секој павилјон е внимателно поставен на теренот, вметнат меѓу постоечките дрвја и свртен така да добие убави визури кон околината. Куќата е извонредно вклопена во постоечкиот пејзаж. По пристигнувањето посетителот се соочува со неколку искуства: карпа, флора, куќа и одраз во базенот.

авандаро 

3

16 јули 2010 ПОРТА

33


архитектура



Обложувањето на куќата е направено во согласност со останатите објекти во градот. Занаетчиски изработени керамиди од глина и дрво, специјално се изработени за овој објект. По текстура се слични на облогите на традиционалните куќи кои се забележуваат во околината. Материјалот на фасадата реагира на времето, како одговор на различната влажност во воздухот

ангел ситНОвски, дип.инж.арх.

34

3

ПОРТА

16 јули 2010


МИХАИл ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА

Б

ернар Зерфис (роден 1911), Пјер Луиџи Нерви и Марсел Броер (1902-81), во соработка со консултативниот комитет на чело со ле корбизје, го создаваат седиштето на УНЕСКО во париз (1955-58). Со асиметричната композиција, овој ансамбл ја оформува симетријата на плоштадот Фонтеноа. композицијата е составена од: секретаријат сместен во трикрачен блок издигнат на тремови, конгресна сала, објект за постојаните претставништва и група подземни сервиси. архитектонската пластика на палатата произлегува од функцијата, а фасадната структура од растерот на брисолеите. трапезоидната форма на конгресната сала е обликувана со помош на уникатната конструкција од т.н. набрана плоча од армиран бетон, проектирана од нерви. базирајќи се на ова позитивно искуство, во 1959 година бернар зерфис започнува со реализација на новиот објект на УНЕСКО во париз. авторскиот тим Зерфис, Камело, Де Меји го создава Националниот центар на индустријата и техниката (CNIT, 1958) крај париз, кој влегува во состав на идната сателитска

ФРАНЦИЈА (3)

наука

Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци

град-населба Дефанс. Објектот има форма обликувана со купола од армирано-бетонска лушпа на три потпори со распон од 206 м. афирмираниот творец Марсел Броер, по расформирањето на школата Баухаус, во континуитет ја потврдува својата меѓународна репутација, градејќи во земјите на Европа и америка. користејќи го стекнатото искуство од реализацијата на седиштето на унЕСкО во Франција тој го создава истражувачкиот центар на компанијата IBM (196062) кај ница. Четирикрачниот двокатен објект е издигнат на тремови, а кон него се приклучени пониските придружни павилјони. Жан Баладир е еден од најплодните архитекти во повоениот период, кој гради многубројни административни и станбени објекти, почнувајќи со станбениот комплекс Сите Ротердам во Стразбур (1952). неговите најзначајни реализации се наоѓаат во париз: - админстративната зграда на агол (1959), која во својата височина од п+5 ката ги обединува карактеристиките на архитектурата на ле корбизје и онаа на мис ван дер рое во типичен француски модерен израз, - станбените згради (1970), кои имаат живописен третман на фасадите, збогатен со необични криви линии, како и - туристичката населба Ла Гранд Мот (70-тите), која претставува ансамбл на објекти со пирамидална форма и со фасадна структура, обликувана со фини криви линии на брисолеите. Од крајот на 50-тите години, во француската архитектура се појавува една плејада архитекти со голем број проекти и реализации. Од нив тешко може да се селектираат најзначајните, но сепак некои од нив заслужуваат поголемо внимание. Гијом Жије со соработниците ја подига катедралата Нотр-Дам де Роајан (1954-59) користејќи го искуството на Огист пере во градењето цркви, така што прави модерна

интерпретација на готската традиција. Во 1973 година тој започнува со реализацијата на проектот за Меѓународниот центар во париз, конципиран со просторно-волуменска рамнотежа на хотелот (облакодер) и хоризонталниот потез на конгресниот центар, комбиниран со трговија. Целата композиција е направена со продуховена крива линија. Емил Ајо (роден 1902) се афирмира со градење на станбени комплекси, создадени од комбинација на кули и блокови со слободни извиткани основи и со употреба на живописен колорит. такви се: станбениот комплекс Ле Куртилјер во пантен (1955-61), станбениот комплекс Ла Гранд Борн во Грињи-бобињи (1964-71) и станбената населба во нантер (1969-75). за повторното заживување на експерименталниот дух во француската архитектура придонесува

реформата на архитектонската настава во 1962 година, со што де факто е укинат монополот на Школата на убавите уметности. Во тоа време, урбанистичките утописки проекти на Пол Мејмон и Јона Фридман вршат влијание врз некои архитектонски тимови, кои тие идеи ги интерпретираат на попрозаичен начин. Сепак, во преградијата на париз овие тимови создаваат убави примери на францускиот необрутализам. новите населби во парискиот регион стануваат извори на нови архитектонски теми, кои произлегуваат од настанатата криза во 1968 година. тогаш започнува и една широка дебата за иднината на архитектонското образование и практика. Голем дел од архитектите настојуваат во изградбата да применат едноставна мултипликација на префабрикувани келии (капсули).

3

16 јули 2010 ПОРТА

35


in memoriam

Академик

Крум Томовски

(1924-2010)

П

рофесорот Крум Томовски со својата дејност остави длабоки траги во работата на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1952 година па се` до неговото пензионирање во 1987 година, тој изврши големо влијание во образованието на 35 генерации архитекти во нашата земја. Постојано надградувајќи ја својата воспитнонаучна дејност, тој ги има поминато сите академски звања, од асистент до редовен професор и декан, за потоа да биде избран и за член на МАНУ. Главната преокупација на професор Томовски беше насочена кон проучување на историјата на архитектурата од средниот и новиот век, како и народната архитектура во нашата земја и пошироко на Балканот. Паралелно со тоа, тој ја усовршува и методологијата на заштита, реставрација и ревитализација на градителското наследство од различни периоди. Заради свое усовршување, професор Крум Томовски има патувано во повеќе европски земји, за потоа да настапува со свои предавања во различни европски центри, како што се на пример, постдипломските студии во Сплит. Една од главните активности на професор Томовски беше насочена кон проучување на градбите од видните македонски мајстори на XVIII и XIX век, како и на нивниот придонес во општиот развој на балканската архитектура во тој период. Одејќи по тој пат, тој отвора низа дотогаш непроучени области, како што се монументалната архитектура на Преспа, обновата на манастирот „Св. Атанасиј“ во село Лешок, или пак истражувањата поврзани со конзервација на манастирот „Св. Леонтиј“ во село Водоча. Во научната литература, посебно внимание привлекуваат трудовите на професор Томовски, поврзани со монументалната исламска

36

3

ПОРТА

16 јули 2010

аритектура во Македонија, како што се џамиите во Битола, турбињата и текињата во Македонија итн. Во областа на градската и селската народна архитектура, тој посебно се задржува на нивните урбанистички, функционални, конструктивни и естетски карактеристики, при што извлекува корисни заклучоци за нивната современа интерпретација. Барајќи го придонесот во развојот на архитектурата од нашите стари мајстори, тој ја открива величината на протомајсторите Андреја Дамјанов, Ѓорѓи Новаков-Џонгар и други, но исто така го анализира и творештвото на своите современици, како што е архитектот Благоја Колев. Како архитект-конзерватор, професор Крум Томовски има изработено повеќе конзерваторски проекти за објекти од различни периоди, почнувајќи од ранохристијанскиот, па се` до објекти од времето на македонската преродба. Своето искуство во таа област тој го предава и на генерациите што доаѓаат по него, при што придонесува во создавањето на истакнати стручњаци, како во областа на историјата на архитектурата, така и во областа на заштитата и ревитализацијата на богатото македонско културно наследство. Обемната професионална дејност на Крум Томовски се проширува и во областа на современата архитектура, при што создава десетици вредни објекти. За својата долгогодишна истржувачка и стручно-научна работа, професорот Крум Томовски освен што е избран за редовен член на МАНУ, ги има добиено и сите позначајни општествени признанија во Република Македонија, како што е наградата за животно дело „11 Октомври“, прв носител е на наградата на Сојузот на архитектите на Македонија „Андреја Дамјанов“, како и наградата „13 Ноември“ на град Скопје.

проф. д-р михаил тОкарев



хортикултура


хортикултура

ЖИВИ ЅИДОВИ ПРОТИВ ЕКО-ДЕСТРУКЦИЈА НА ГРАДОВИТЕ Озеленувањето на ѕидовите и покривите на објектите на Запад стана хит во последниве две години, а компаниите што се занимаваат со оваа дејност доживуваат вистински бум на пазарот. Денес амбициозните потенцијални градинари се` повеќе ги интересира дизајнот на зелените вертикални градини.

З

а разлика од поголемиот дел ботаничари кои сонуваат да направат прашума во срцето на Менхетн, Michael Riley повеќе од 15 години мечтаел да создаде вертикална градина која ќе биде поинаква од сите што дотогаш биле познати. Овој поранешен трговец со роба, стана самоук експерт за билки и помошник на директорот на Хортикултурното друштво на Њујорк. Тој со многу истражувања, пред седум години, открил начин како може да одгледа ѕид од билки во внатрешноста на својот стан на Менхетн. „Сфатив дека

билките што растат во прашумите не мора да се одгледуваат во саксии. Вака билките се одгледуваат на начин кој е природен за нив“, изјави тогаш Riley. Денес, неговиот проект не делува чудно. Одгледувањето на вертикални градини во домот, кое како експеримент го започна францускиот ботаничар Patrick Blanc во 1988 год. со намера да создаде градина која ќе расте без земја, станува се` попопуларно. Потенцијалните градинари ги набљудуваат ѕидовите во својот стан и пронаоѓаат простор за зелена креација.

Многу компании продаваат состави на семиња за садење на вертикални градини. Последниве години на пазарот се нудат и услуги за комплетно уредување на фасадите и покривите на зградите, како зелени ѕидови во ентериерите, а компаниите што се занимаваат со оваа дејност доживуваат вистински бум. На пример, ELT, компанија од Онтарио која е специјализирана за зелени покриви, почна да продава живи ѕидни состави пред три години, а денес е еден од најголемите набавувачи во САД. Greg Garner, кој е претседател на



16 јули 2010 ПОРТА

39

3




40

компанијата, вели дека продажбата на семиња и расад за зелени ѕидови се зголемила за 300% од 2008 год. „Ние живите ѕидови ги претворивме во нешто што секој може да го направи“ вели тој. „Ѕидовите и конструкциите за нив, што до пред некоја година воопшто не се продаваа, сега чинат 80% од нашиот промет и тоа во сите земји од Блискиот Исток до Северна Америка и Европа. Модуларните состави - основни пластични садови наполнети со

3

ПОРТА

16 јули 2010

земја и прицврстени на ѕид, во чиј состав влегуваат прскалки за полевање кои се прицврстуваат над билките, многу се разликуваат од живите ѕидови на Patrick Blanc, кои можат да се видат во трговски и јавни згради ширум светот, како што се хотелот Athenaeum во Лондон и Musee du Quai Branly во Париз.

Облагородување на објектите Дизајнот на вертикалните градини кои ги прекриваат ѕидовите на

објектите, е дело на архитектите, а не на експертите што се занимаваат со хортикултура како што обично се мисли. Тие најпрвин ја проценуваат архитектонската вредност на градбата и одлучуваат кои нејзини елементи ќе ги истакнат, а кои ќе ги скријат со декоративни растенија. Складно обликуваната градба може да се дополни со растенија кои создаваат силен визуелен впечаток. Билките со својата впечатлива боја и форма на цветовите и листовите,

Билките со својата впечатлива боја и форма на цветовите и листовите, дополнително ќе го облагородат објектот и ќе ја истакнат неговата убавина. Со употребата на ползавци, дури и трошните згради можат да добијат прекрасен „шаби“ изглед. Вешто распоредените групи на билки можат да се употребат за разбивање на едноличноста на долг празен ѕид, како и за истакнување или ублажување на доминантната вертикална или хоризонтална линија.


Patrick Blanc (57) е француски ботаничар, вработен во Националниот центар за научни истражувања и пејзажен уметник. Во светот е познат по своите „ѕидови од билки“, кои претставуваат вертикални градини. Растенијата му станале пасија уште од неговата 19-годишна возраст, кога бил на Тајланд и се воодушевил од декоративните билки на кои не им треба земја, туку им се доволни само вода и светлина. Кога се вратил во Париз, во својата куќа ја направил својата прва вертикална градина, чие техничко решение и го патентирал. Успешноста на неговите насади зависи од изборот на билки кои мораат да бидат приспособени на положбата, осончувањето, како и кон страните на светот и климата. дополнително ќе го облагородат објектот и ќе ја истакнат неговата убавина. Со употребата на ползавци, дури и трошните згради можат да добијат прекрасен „шаби“ изглед. Вешто распоредените групи на билки можат да се употребат за разбивање на едноличноста на долг празен ѕид, како и за истакнување или ублажување на доминантната вертикална или хоризонтална линија. Тесните ленти на групирани билки богати со лисна маса, доколку се постават со листовите нагоре, можат визуелно да го издолжат објектот. Наспроти тоа, широките групи на билки, кои допираат само до прозорецот, ќе направат високиот објект да изгледа понизок и потесен. За оваа намена, пејзажните архитекти кои се занимаваат со хортикултурно уредување, препорачуваат да се користат сите видови бршлен и хортензии. Од друга страна, освен камуфлажа или истакнување, билките можат да му подарат на студениот простор посебна нота со својот мирис. Ова посебно важи за минималистичките ентериери дефинирани со строги геометриски форми, во кои ѕидовите со ползавци како што се Clematis armandii, Lonicera x americana, Lathyrus odoratus, создаваат специфичен амбиент, кој го доживуваме подеднакво и` со осетот за вид и` со осетот за мирис. При изборот на бои треба да се води сметка за количеството на светлина во различните делови на просторот, односно самата фасада. На осонченото место треба да се користат силни бои, додека бледите пастелни бои успешно можат да ги истакнат темните осојни места и да дадат совршен изглед, особено во вечерните часови. Ако ѕидовите или столбовите на објектот се обоени со силни бои, растенијата со нежни и префинети нијанси ќе бидат адекватно решение, освен ако не сакате да создадете ефект на агресивност. Многу ползавци се премногу впечатливи, па затоа треба адекватно да се постават

за да не доминираат над другите билки. Оние што имаат понежни бои се погодни за префинети комбинации. Освен боите на цветот, треба да се обрне внимание и на листовите. Со адекватна комбинација на нивните бои можат да се ублажат контрастите и да се урамнотежат силните бои на цветовите. Според експертите за хортикултура, жолтите листови на Humulus lupulus Aureus на темна заднина добиваат речиси сосема златна боја. Уште повпечатлива е Actinidia kolomikta чии листови се ишарани со бели и розови тонови.

враќање кон природата „Еволуцијата го води човекот кон уништување. Можеме да се помириме со тоа и да продолжиме кон катастрофа која не можеме да ја избегнеме. Од друга страна, можеме да се обидеме да направиме нешто. Системот на глобалната деструкција изобилува со грешки и тие мораат да бидат исправени за да се забави негативната револуција“...велеше Hundert-vasser, архитектот познат по новата архитектонска концепција и јасната еколошка определба. Според него, зелената архитектура би можела да биде еден од начините на тој неагресивен отпор. Враќајќи се кон природата на објектите, можеме да им подариме ново руво и притоа во исто време да ја спречиме еколошката деструкција на градовите. Вертикалното озеленување е еден од начините за тоа. Без оглед на тоа дали сосема ги покриваат своите потпори или не, ползавците што се одгледуваат покрај ѕидовите или градбите, создаваат несекојдневен визуелен впечаток. Многу од нив тоа го постигнуваат со своите раскошни бои, додека некои создаваат опуштена и префинета заднина на целокупниот градинарски дизајн. Поголемиот дел од градбите со вертикални градини создаваат топлина и чувство на блискост.

Наталија НОвакОвиЌ-ДОбревска

хортикултура


екологија танзаниЈа

стоп за градењето на автопат низ националниот парк „серенгети“

С

еренгети не и припаѓа само на Танзанија, туку тој му припаѓа на светот, предупредуваат екологистите од Африка. Тие се обидуваат да го спречат градењето на автопатот што го пресекува миграторниот пат на антилопите и зебрите во националниот парк „Серенгети“. Владата на Танзанија веќе ги ангажираше кинеските градежници кои наскоро треба да започнат со градењето на патот што ќе ја пресече патеката на крдата на овие животни. Со тоа ќе страдаат животните под тркалата на автомобилите и на камионите. Ќе страдаат и патници во сударите. Единствен начин да се спречи тоа, е да се постави ограда покрај патот, а таа ќе го спречи природното движење на животните. Пред 30 години, Боцвана подигна долги огради од жица со цел да ја одвои домашната стока од антилопите, што се доживуваа како пренесувачи на болести. Во потрага по вода, на своите милениумски патеки гнуите на Боцвана стигнуваа до оградите. Ако оградата била под агол во односот на миграцијата, тие скршнувале и ја следеле. Но, ако оградата ја пресекувала трасата под агол од 90 степени, животните застанувале пред препреката и масовно умирале од жед. За неколку години се уништила тамошната популација на гнуите и преку четири петини засекогаш ги снемало.

(http://www.change.org/petitions/view/ stop_the_serengeti_highway)

мЕкСикО

Опасност за нова еко катастрофа од 27.000 напуштени нафтени платформи

В

о Мексиканскиот залив, каде експлозијата на нафтената платформа на британскиот BP во април годинава предизвика голема еколошка катастрофа, има повеќе од 27.000 напуштени нафтени платформи, кои со децении никој не ги контролира, покажа истражувањето на американската агенција АП. Најстарата од нив е од 1940 година, а дури 3.500 се водат како привремено напуштени. Иако прописите налагаат

42

3

ПОРТА

16 јули 2010

компаниите да ги презентираат плановите за понатамошна работа на напуштените платформи, или да ги затворат во потполност, тоа правило никој не го почитува. Тие претставуваат опасност за нова еко катастрофа затоа што подземниот притисок може да предизвика корозија на цевководите, а може и да дојде до пукање на цементот поради нередовното одржување. „Бетонот што е употребен за градење на платформите старее и пука, како и на другите објекти“, вели американскиот геофизичар Роџер Андерсон. Компаниите ги напуштаат платформите кога веќе не им носат корист. Меѓутоа, потоа никој не ги посетува, ниту пак се проверува дали има течење на нафта.

(tanjug)


екологија СаудиСка арабиЈа

универзитетот KauSt - добитник на leeD Platinium сертификат

ВЕлика британиЈа

куќи од рециклирана пластика

У

омпанијата Affresol од Велс го презентираше својот најнов производ евтина куќа која во потполност е изработена од патентиран еколошки материјал TPR (Thermal Poly Rock). Овој материјал е водонепропустлив, отпорен на оган и во потполност може повторно да се рециклира по употребата. Животниот век на ваквите куќи се проценува на најмалку 60 години. Просечната TPR куќа се состои од 18 тони рециклирана пластика и може да биде изградена за помалку од една недела. На скалата од 1 до 6 за одржливи куќи што се користи во Велика Британија (Code for Sustainable Homes), доби оценка 5 (Code 6 e ознака за најголема одржливост). Affresol исто така, произведува и модуларни рециклирани елементи од пластика кои можат да служат како училници, канцеларии, магацини...

ниверзитетот за наука и технологија King Abdullah University of Science and Technology's - KAUST, Jeddah во Саудиска Арабија е прв проект со LEED Platinium сертификат во оваа земја. Во објектот со големина од 496.000 м2, вкупно 1.152 соларни колектори за загревање на вода зафаќаат површина од 4.134 м2 и произведуваат 50 GJ енергија дневно. Вкупната површина на фотонапонски панели на монументалниот покрив за производство на електрична енергија изнесува 16.567 м2. Оваа инсталација произведува 4MW обновлива енергија која ја намалува потрошувачката на енергијата за 5,7 % од вкупните потреби на универзитетскиот комплекс. Покрај тоа, 35% од вкупната енергија во комплексот е од обновливи извори. Изведувач и проектант на инженерска инсталација е компанијата Drake & Scull.

(affresol.com)

(www.drakescull.com)

К

мЕкСикО

„кит“ го чисти мексиканскиот залив Сад

соларна бура ќе предизвика тотален мрак

В

селенските бури за неколку години би можеле да предзвикаат потполен прекин на електричната струја и проблеми во комуникациските сигнали на земјата, предупредува НАСА. Електричната мрежа ќе се прегрее, авионскиот сообраќај ќе се блокира, а електронските уреди и главните сателити ќе престанат со работа, бидејќи Земјата ќе биде преплавена со магнетна енергија со невидена сила поради силните

ерупции на Сонцето, кои ќе се случат кога нашата ѕвезда ќе се разбуди од длабокиот сон, околу 2013 година. НАСА порачува дека таа супер бура би можела да не погоди како молња и ако не се преземат мерки на претпазливост, тоа би можело да има катастрофални последици за здравјето на луѓето, итните служби, болничката опрема, банкарските системи и уредите за контрола на воздушниот сообраќај, па дури и обичните предмети како што се компјутерите, ајподите и сателитската навигација.

(Blic)

B

ritish Petroleum и американската крајбрежна стража се надеваат дека со помош на џиновски кит за прочистување вода ќе ги санираат последиците на најлошата еколошка катастрофа во историјата на САД. Бродот што вшмукува и пречистува огромни количества морска вода веќе се тестира во Мексичкиот залив загаден со нафта. Бродот е долг 300 метри, а вшмукува и до 80 милиони литри вода дневно, која неколкупати ја филтрира за да ја издвои нафтата од водата. Чистата вода потоа ја враќа во морето. Тајванците го нарекоа „Кит“ и како што вели претставникот на компанијата што е сопственик на брoдот, тој и се однесува како да е кит - вшмукува и испушта вода на принцип на кој работи и срцето.

(BBc)

3

16 јули 2010 ПОРТА

43


екологија

прОЕкт за заШтита на ЖиВЕалиШтата на лилЈаЦитЕ

НE пијат крв, туку јадат штетни инсекти

Проектот за заштита на лилјаците на Природонаучниот музеј, што неодамна се реализираше во соработка со општината Македонски Брод, со финансиска помош на УНДП, еколошкото друштво Треска од Македонски Брод и спелеолошкото друштво ПЕОНИ, има за цел да ги спречи активностите на човекот, што можат да доведат до изумирање на овие корисни животни.

П

риродонаучниот музеј и спелеолошкото друштво ПЕОНИ го презентираа проектот „Заштита на живеалиштата на глобално загрозените видови лилјаци“ со кој се истражуваа 3 видови лилјаци: мал потковичар (Rhinophus hipposideros), јужен потковичар (Rhinolophus euryale) и мехелиев потковичар (Rhinophus mehelyi) во пештерите Голубарник, Момичек и Орли, како и во заштитеното подрачје „Споменик на природата - Белешничка река “ во село Белица, општина Македонски Брод. Собирањето на податоците траеше 14 месеци, со цел да се утврди дали тие живеалишта се времени или постојани. „Лилјаците се многу корисни, но недоволно познати и заштитени. Нивната заштита непосредно зависи од нас и нашето однесување.

44

3

ПОРТА

16 јули 2010

Заштитата на секој вид животно и растение помага за зачувување на биолошката разновидност и претставува лична одговорност на секој човек пред идните генерации“, вели Емилија Стојковска, координатор на овој проект на Природонаучниот музеј, кој се реализираше во соработка со општината Македонски Брод, со финансиска помош на УНДП, еколошкото друштво Треска од Македонски Брод и спелеолошкото друштво ПЕОНИ, носители на проектот.

ги мразиме, а тие се корисни Живописната долина на реката Треска со пештерите Орле, Голубарник и Момичек, освен што е природно живеалиште на лилјаците, таа е магнет за спелеолозите во Македонија. Тие се првите што

имаат контакт со овие животни. Иван Жежовски, претседател на спелеолошко друштво ПЕОНИ и носител на проектот за заштита на лилјаците, вели дека ваквите проекти се многу ретки во Македонија. Тие имаат за цел да ги спречат нарушувањата што можат да доведат до изумирање на лилјаците, а кои се многу корисни цицачи. „Лилјаците за една година изедуваат до 4 тони инсекти и во тоа се подобри од користење на инсектициди,“ нагласи Жежовски. Лилјаците се единствени цицачи кои имаат способност да летаат. Градбата им овозможува совршено активно летање и ориентација во просторот. На тој начин тие го освојуваат воздушниот простор. Потекнуваат од древни инсектојадни цицачи кои живееле пред повеќе од 55 милиони години. Тоа го докажува градбата на

забалото кај поголем број денешни видови. Подоцна, некои видови ја напуштиле исхраната со инсекти и преминале на исхрана со плодови, ситни копнени 'рбетници, риби , полен и крв на цицачи. Лилјаците се распространети на целата планета Земја , освен во најекстремните пустински и поларни предели. Денес во светот се познати околу 1100 видови , но нивниот број опаѓа. Нивната разновидност е извонредно голема. Најмалиот лилјак-бумбар е со големина од 33 милиметри и тежина од 2 грама, а најголемиот е џиновската летачката лисица со тежина од околу 1,5 килограм и опсег на крилјата од 1,5 метар. Лилјаците имаат клучна улога во природата. Помагаат во контрола на штетните инсекти и потребни се за опрашување и расејување на семиња на голем број растенија.


екологија

Лилјаците имаат клучна улога во природата. Помагаат за уништување на штетните инсекти, за опрашување и расејување на семиња на голем број растенија. Сепак, тие се меѓу најмалку проучените и најнеразбраните животни. За нив постојат голем број митови и мистификации кои се причина за непотребен страв и омраза кон лилјаците.

Сепак, тие се меѓу најмалку проучените и најнеразбраните животни. За нив постојат голем број митови и мистификации кои се причина за непотребен страв и омраза кон лилјаците.

кодекс на заштита Кодексот за заштита на лилјаците опфаќа неколку правила. Овие правила се однесуваат на нивните живеалишта . Тоа се: тие да не се фотографираат кога се во засолниште, да не се пуши и да не се прави врева во нивното живеалиште. Исто така, не треба да се насочува светлина кон нив, да се палат огнови во отворите на влезовите и да се употребуваат карбитни ламби. Во зима, да не се преземаат поголеми дејствија во засолништата. „На

влезовите поставивме метални врати кои ќе им овозможат на лилјаците слободно да влегуваат , но не и на луѓето. Средствата што се користат за осветлување можат да ги вознемират лилјаците. Со тоа, тие ја губат енергијата што им е потребна за презимување“, објаснува Жежовски. Како дел од проектот е печатење на проспект кој треба да го подигне нивото на информираност. Освен тоа, во проектот се предвидени и поставување на информативни табли пред влезовите на пештерите, маркирање на патеките, поставување на патокази, поставување на табли со правила за однесување. Прва задача на вклучените во проектот е да се едуцираат спелеолозите, бидејќи тие се првите што влегуваат во пештерите.

Потоа, едукација на месното населението за важноста на овие животни и едукација на младите. За да се одржи врската и соработката со спелеолошките огранизации, сите забрани и ограничувања кои се поставуваат треба да бидат оправдани и објаснети. За таа цел, развиен е систем за оценка на пештерите кој вклучува оценка на живеалиштата според различни нивоа на потребите на лилјаците. Според овој систем, се препорачуваат различни ограничувања на спелеолошките активности.

Никој не ги забележува иако се секаде околу нас

Европските лилјаци јадат само инсекти и така претставуваат природни инсектициди. Живеат во колонии. Летно време женките се собираат во породилни колонии заради раѓање и одгледување на младенчињата. Најчесто раѓаат по едно младо. Можат да живеат до 30 години. Не се слепи, но за летање и ловење користат сложен систем на ехолокација. Лилјаците се чисти животни кои се дотеруваат. Досега во Македонија се утврдени 24 видови лилјаци. Најмал е џуџестиот лилјак со тежина од 5 г и опсег на крилја од 25 см. Најголем е големиот ноќник со тежина до 45 г и опсег на крилја од 54 см. Постојат повеќе од 50 милиони години.

првпат се обработени на ваков начин и тој треба да послужи како пример и за другите пештери. Досега има истражени и означени околу 600 пештери, а има повеќе од 2000. Тоа е последица на фактот што спелеологијата во нашата земја е релативно млада и датира од пред 50 години. Пештерите и рудниците, нивните формации, артефактите и фауната, се дел од нашето национално наследство. Поради скриениот начин на живот и ноќната активност, многу луѓе не ги забележуваат лилјаците. Но, тие се насекаде околу нас.

јулијана герасимОвска

Во Македонија има многу живеалишта на загрозени видови. Засолништата на лилјаците за

3

16 јули 2010 ПОРТА

45


екологија

Глобалното затоплување и загадување земаат данок од морињата

Најшарените еко Како што глобалното затоплување ја покачува температурата на водата во океаните, така многу корали ја губат својата силна и впечатлива боја (бледнеат) и умираат. Феноменот е познат како "бледнеење на коралите". Според податоците на WWF, околу една четвртина од коралните гребени во светот се оштетени, без можност за обновување. Други две третини се под сериозна закана од: деструктивен риболов кој опфаќа ловење риби со цијанид или со динамит, како и муро-ами (удирање на гребенот со стапови), прекумерен риболов кој доведува до нарушување на рамнотежата во коралниот екосистем, го прекинува синџирот на исхрана и предизвикува несогледливи последици кон најранливите видови. Туризмот е сериозна закана зашто луѓето ги допираат гребените, гребат од седиментот, собираат корали, спуштаат сидра и кршат делови од гребенот.

46

3

ПОРТА

16 јули 2010


екологија

сИстЕмИ под



закана

3

16 јули 2010 ПОРТА

47


екологија



`

П

рекумерниот и деструктивен риболов, загадувањето од туристичките комплекси, неодржливиот туризам и климатските промени се само дел од причините поради кои веќе четвртина од коралните гребени во светските мориња се оштетени до степен од кој нема враќање. Под силна закана од овие, но и од други фактори се други две четвртини од убедливо најшарените екосистеми на планетата. Тие се засолништа за мрестење и раст на 25 отсто од сите риби во морињата, а последниве години организмите што живеат во нив се користат во третманот на сериозни заболувања кај човекот, како ракот и ХИВ-инфекцијата. За да добијат што повеќе податоци за функционирањето на овие живописни екосистеми и за да понудат мерки за заштита, тим истражувачи од Универзитетот Стенфорд веќе трета година спроведува "природен експеримент" на коралните гребени на два мали острови (атоли) во Атлантскиот океан.

48

3

ПОРТА

16 јули 2010

Како што објави магазинот Science Daily, Фјоренца Мичели професор по биологија на Универзитетот Стенфорд, е дел од тимот истражувачи од Стенфорд кои изведуваат "природен експеримент" на два изолирани атоли во Атлантикот, Палмира и Табуеран, кои се лоцирани на околу 1.000 милји јужно од Хаваи. Проектот е финансиран од Вудс Институтот за животна средина при Универзитетот Стенфорд. Одделени со само 250 милји океан, двата атоли се два посебни света. Палмира е американско заштитено прибежиште за дивиот свет и е ненаселен остров. Риболов околу неговите брегови не се одвива. Но, Табуеран е дел од островската нација Кирибати и е дом на 2.500 луѓе кои зависат од коралните гребени поради храна и приходи. Преку проектот на Универзитетот Стенфорд, тим еколози, океанографи и антрополози работат заедно со жителите на Табуеран за подобро да ги разберат нивните техники за ловење риба

и другите животни приоритети. Во исто време, истражувачите спроведуваат подводни истражувања за да ги проучат популациите и биодиверзитетот на морскиот живот на двата острова. - Преку контрастот на недопрената Палмира и населениот и експлоатиран Табуеран, ние сме во уникатна позиција да собереме податоци кои на крајот ќе им помогнат на експертите да ги заштитат овие вибрирачки, но крајно ранливи екосистеми - вели Мичели. Истражувањето на коралните гребени на двата острови, како што пренесува Science Daily, почнало во 2007 година. Првичните резултати од истражувањата покажале дека гребените на двата острови се дом на различни видови риби, што е резултат најмногу на риболовот. - Околу Палмира е забележана најголема густина на ајкули и други крупни риби во споредба со другите гребени во светот. Тоа станува јасно уште во првиот момент кога ќе скокнете во водите на Палмира - велат од тимот. Но, на Табуеран, каде што риболовот е животен стил, речиси и да нема ајкули и други крупни риби. - Тоа беше чудно, имајќи предвид дека Табуеран не е пренаселен остров. Повеќето луѓе таму се населиле пред неколку децении, а риболовот се` уште се изведува на

традиционален начин - коментираат од тимот за Science Daily. Ајклулите се многу значајни за здравјето на екосистемите на коралните гребени. Со децении еколозите се обидуваат да ги заштитат ајкулите што живеат околу гребените преку формирање водни резервати како оној на Палмира, каде што овие големи риби ќе добијат сигурно место за репродукција и растење. - Но, ајкулите што се одгледуваат на Палмира стануваат плен за риболовците илјадници милји подалеку. Не можеме да ги заштитиме ајкулите кога се надвор од границите на прибежиштетотврдат истражувачите. Месото од ајкула е незаобиколен дел од менито на локалната трпеза, а со продавање на перките од ајкула се заработуваат големи суми пари од производителите на супи.

Одржлива иднина Животите на жителите на Табуеран во голема мера зависат од риболовот, па според истражувачите од Стенфорд тие се многу заинтересирани да го одржат живиот свет во водите околу нивниот остров. - Оние што најмногу зависат од животната средина може и мора да бидат нејзини најодговорни управители - коментираат во тимот. За да ги заинтересираат


идните генерации на Табуеран, истражувачите држат часови во локалните училишта посветени на екологијата на гребените и генетиката. Тимот научници одржува и состаноци со локалните жители во градските собранија на сите села на островот. За да се даде поголема тежина на проблемот, истражувачите своите резултати им ги претставиле и на официјални лица во владата на Кирибати, кои се соочени со два големи предизвици, географијата и сиромаштијата. Со популација од околу 100.000 луѓе Република Кирибати е една од најмалку развиените земји во светот. Неа ја сочинуваат 30 мали острови расфрлани на територија од околу 1,3 милиони квадратни милји отворен океан. Во 2006 година владата го основа еден од најголемите и најизолираните морски резервати - Заштитената област на островите Феникс, синџир на недопрени атоли западно од Табуеран. - Владата на Кирибати е сојузник во нашата работа. Се надеваме дека нашиот труд ќе им помогне да обезбедат долгорочна одржливост на риболовот во нивните корални гребени и ќе станат пример и инспирација и за други островски земји во Атлантскиот океан - додава Мичели.

бланш или боја? Разновидноста на живиот свет што го поддржуваат коралните гребени е рамо до рамо со оној од тропските шуми по должината на Амазон или во Нова Гвинеја, нагласуваат од Светската организација која работи на конзервација на дивиот свет (WWF). Површината што ја покриваат коралните гребени во целиот свет е помала од еден процент од целата морска средина, но проценките велат дека разновидноста на дивиот свет пронајден на или околу коралните гребени достигнува и до ` според два милиони видови. Се на се, WWF, гребените се дом на 25 отсто од вкупниот морски свет и се градинки за четвртина од рибите во океаните, вклучувајќи ги и комерцијалните видови риби кои завршуваат во нашите чинии. Научниците неодамна почнаа да работат на истражувања како коралните гребени може да придонесат за развој на медицината, а организми кои живеат на гребените веќе се употребуваат за третман на сериозни заболувања, како ракот и ХИВ-инфекцијата, додаваат во WWF. Во многу крајбрежни зони, коралните гребени претставуваат бариери за заштита од најголемите налети на тропските бури, ураганите или на тајфуните. Корални гребени може да се најдат насекаде низ океаните, па дури и онаму каде што не ги очекуваме. Во последниве години научниците открија корални гребени во студени води, во близина на брегот на Норвешка и длабоко под водите на Средоземно Mоре. Можеби најпознат е Големиот

корален гребен, во близина на североисточниот брег на Австралија. Но, како што глобалното затоплување ја покачува температурата на водата во океаните, многу корали ја губат својата силна и впечатлива боја (бледнеат) и умираат. Феноменот е познат како "бледнеење на коралите". Според податоците на WWF, околу една четвртина од коралните гребени во светот се оштетени без можност за обновување. Други две третини се под сериозна закана од: деструктивен риболов кој опфаќа ловење риби со цијанид или со динамит, како и муро-ами (удирање на гребенот со стапови), прекумерен риболов кој доведува до нарушување на рамнотежата во коралниот екосистем, го прекинува синџирот на исхрана и предизвикува несогледливи последици кон најранливите видови. Туризмот е сериозна закана зашто луѓето ги допираат гребените, гребат од седиментот, собираат корали, спуштаат сидра и кршат делови од гребенот. Некои туристички комплекси се изградени врз гребените, а некои од нив канализацијата ја испуштаат преку цевки директно под вода, во близина на коралите. Урбаниот и индустриски отпад, канализацијата, хемикалиите во агропроизводството и загадувањето со нафта ги трујат коралните гребени. Некои загадувачи, како канализацијата или отпадната вода од фармите, го зголемува нивото на азот во морската вода, што предизвикува неконтролиран раст на алги кои ги прекриваат гребените и го отсекуваат живиот свет од сончевата светлина. Исто така, ерозијата предизвикана од изградбата по должина на бреговата линија, ископувањата, минирањата, сечењето шуми и прекумерното земјоделство, го зголемуваат седиментот во реките. Тој завршува во океаните и има исто дејство како и наслагите од алги. Бројот на живи корали се намалува и поради нивно отстранување од гребените. Тие потоа се користат како тули, како полнило во патиштата или за цемент во новите згради. Коралите се продаваат на туристите како сувенири. Тие не можат да живеат ако температурата на водата е превисока. Глобалното затоплување веќе предизвика бледнеење и изумирање на коралите, а оваа појава се предвидува дека ќе се засили во годините што доаѓаат.

екологија

Дали сте знаеле (според WWf)? - Големиот корален гребен е најголемото живо битие на планетата - Четвртина од рибите во светските мориња директно зависат од гребените - Алгата zooxanthellae што живее во симбиоза со коралните полипи им ја дава на коралите нивната неверојатна боја - Соодветно третирани корални гребени, годишно може да дадат и до 15 тони риба и друга морска храна, од квадратен километар

елена кузмаНОвска

3

16 јули 2010 ПОРТА

49


екологија

рЕГиОнална миниСтЕрСка кОнФЕрЕнЦиЈа за биОдиВЕрзитЕт ВО MаВрОВО

заЕднИЧкИ да ја соЧУВамЕ БИо-рИзнИЦата на Балканот Еден од најважните заклучоци до кои дојдоа регионалните "зелени" власти на конференцијата во Маврово беше дека ниту една земја не може да постигне ништо ако самата го штити биодиверзитетот. Затоа сите земји на Балканот треба да се договорат за единствена заедничка акција.

Б

50

3

ПОРТА

алканот е место што може да се гордее со богатството од растителни и животински видови што ги поседува. Но, за тоа да остане така, потребно е да се преземат итни мерки за заштита на биолошката разновидност. Ова беше еден од заклучоците на Регионалната министерска конференција на министрите за животна средина, насловена "Зачувување на биолошката разновидност на Балканот според принципите на одржливиот развој и во услови на климатски промени". На конференцијата учествуваа министри и претставници од министерствата од пет земји од Западниот Балкан и тоа од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и од Косово. Таа се одржа со цел овие држави да изградат заеднички ставови во очекување на Светската конференција посветена на биодиверзитетот која ќе се одржи во октомври во јапонскиот град Нагоја. Обединетите нации ја прогласија 2010 за година на биодиверзитетот. Годинава требаше да се исполни и целта на Европската унија, целосно да запре исчезнувањето на видовите, но министрите за животната средина на земјите-

16 јули 2010

членки на ЕУ се состанаа и увидоа дека тоа не е можно, па си дадоа нов рок - до крајот на 2020 година. Еден од најважните заклучоци до кои дојдоа регионалните "зелени" власти на конференцијата во Маврово беше дека ниту една земја не може да постигне ништо ако самата го штити биодиверзитетот, односно дека има силна потреба од заедничка акција. - До октомври, во пресрет на светската конференција, треба да изградиме заеднички стратегии, за потоа, по Нагоја, да можеме заедно да почнеме да работиме и да ги спроведуваме препораките. Заедничкиот пристап е единствениот начин на кој што можеме да ги постигнеме овие цели, да дејствуваме на регионално ниво - рече Неџати Јакупи, министерот за животна средина и просторно планирање на Македонија. Со овие ставови се согласи и Фатмир Медиу, албанскиот министер за животна средина, шуми и вода, кој дополни дека прашањето за заштита на биолошката разновидност треба да добие поголема важност од другите проблеми. - Со значењето што ова прашање го има за нас, тоа ги надминува

сите разијдувања на политичко, национално или на религиозно ниво. Сите тие се минорни во однос на биодиверзитетот. Регионалниот пристап, е многу важен бидејќи во пограничните подрачја има многу значајни природни богатства. Ние со нашите соседи треба да ги заштитиме езерата, како Скадарското, Преспанското и Охридското Езеро. Затоа со министерот Јакупи го разгледуваме прашањето да се прогласи Кораб за национален парк од двете страни на границата, и на тој начин да ги зачуваме сите природни богатства таму - нагласи Медиу. Од Србија учествуваше државниот секретар на тамошното министерство за животна средина и просторно планирање, Ивица Радовиќ, кој истакна дека заштитата на балканскиот биодиверзитет е од глобално, а не од регионално значење. - Балканскиот полуостров изобилува со ендемични видови. Тие ги има само овде и на ниту едно друго место во светот. Ако дозволиме да исчезнат, тоа ќе биде загуба за целата планета и ние ќе бидеме одговорни пред неа. Поради тоа треба да сториме се за да ги заштитиме - смета Радовиќ.


екологија

На светско ниво загубата на видовите се одвива илјада пати побрзо отколку што би се случувала во природни услови, без влијание на човекот.

Според досега извршените студии, Балканот е место со особено богата биолошка разновидност пред се благодарение на големите разлики во климатско-вегетациските почвени зони сконцентрирани на толку мал простор. На пример, во Македонија има осум такви зони, од тие со медитерански карактеристики во јужните краишта, до оние слични на арктичката тундра високо во планините. Тоа овозможило во нашата земја да се најдат дури 16.000 видови растенија и животни, од кои околу 1.000 се ендемични. Многу

експерти ја нарекуваат неа и жешка точка на европскиот биодиверзитет, еден вид „европска зоолошка градина“, бидејќи иако зафаќа само 0,26 отсто од територијата на целиот континент, на неа може да се видат две третини од европските видови птици, една третина од цицачите, 20 отсто од водоземците, како и 15 отсто од рибите. На конференцијата во Маврово беше нагласено и дека на светско ниво загубата на видовите се одвива илјада пати побрзо отколку што би се случувала во природни услови, без

влијание на човекот. Ан-Мари Али од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објасни дека од заштитата на биолошката разновидност земјите може да имаат големи економски придобивки, пред се од туризмот базиран врз неа. Африка била позитивен пример за тоа, каде што природниот туризам генерирал повеќе приходи отколку земјоделството и шумарството заедно, а добри резултати на ова поле се постигнале и во Австралија.

катерина спасОвска-трпкОвска


G-Speak е скратеница од Gesture Speaking, односно комуницирање преку гестикулации. Описот на системот гласи Spatial operating environment (Soe), што значи „Просторно оперирана околина“. Toj е идеално решение за сложени проблеми каде е потребно да се извршат анализи на огромен сет на податоци одеднаш, на места каде е потребно да се работи во 3д интерфејс или каде е потребна истовремена интеракција на повеќе професионалци на еден модел.

К

ога би ме прашал некој како би изгледал компјутерот на иднината, без многу размислување би рекол дека очекувам да биде сличен на компјутерот прикажан во филмот Minority Report (Стивен Спилберг, 2002), во кој Том Круз прегледува видео секвенци на голем проѕирен дисплеј, манипулирајќи со содржината со помош на двете раце. Филмот се однесува на годината 2054, така што четириесетина години од сега е доволно долг период за компјутерите да еволуираат во такви напредни интелигентни системи. Не сум пророк, само велам можно е. Шетајќи по Интернет минатата недела, наидов на еден мошне интересен „домашен“ натпис (www. it.com.mk) кој се однесува токму на технологијата прикажана во филмот. Натписот се осврна на презентацијата на Џон Андеркофлер (John Underkoffler) - водечки научник во Облонг Индастрис (Oblong Industries), прикажана во рамки на ТЕД (Technology, Entertainment, Digital) 2010 Конференцијата во февруари годинава. По дополнително пребарување и истражување дојдов до мошне интересни податоци.

52

3

ПОРТА

16 јули 2010

G-Speak Spatial Operating Environment

Замислете, Џон Андеркофлер бил стручен соработник во филмот Minority report и тоа токму за спомнатата технологија. Но, тоа не е с². Андеркофлер за потребите на филмот, всушност и не изфантазирал премногу. Тој практично го опишал проектот на кој работел со група научници на МИТ (Massachusetts Institute of Technology). Накратко, компјутерот виден во филмот Minority Report ПОСТОИ. Сепак, да нема забуни, овој условно речено компјутер наречен G-Speak, навистина прави многу работи, но не може да ја прикаже иднината, за што Том Круз го користеше во филмот. За што се работи? Станува збор за софистицирана технологија која не е лесно да се опише. Во основа, таа се базира на потполно поинакво разбирање на интерфејсот и целосно го менува начинот на кој луѓето го користат компјутерот, односно технолошките уреди. Ако досега имавме компјутер, односно монитор со интерфејс и тастатура, и глувче за манипулација на содржините прикажани на мониторот, сега имаме дисплеј и ракавици. Ако претходно седевме на столче и гледавме во мониторот додека го

поместувавме глувчето по масата, за да го користиме G-Speak треба да стоиме, гледајќи во монитори, дисплеи, па дури и најразлични површини (пр. ѕидови, панели итн) кои можат да послужат како дисплеи, правејќи најразлични движења со нашите раце. Со помош на „интелигентните“ ракавици и специфицирани движења во 3Д просторот околу нас, компјутерскиот оператор може да манипулира со содржините на дисплеите на еден особено интуитивен начин. Практично, токму оттаму е и името на системот. G-Speak е скратеница од Gesture Speaking, односно комуницирање преку гестикулации, додека описот на системот гласи Spatial Operating Environment (SOE), т.е. Просторно оперирана околина. „G-Speak е комбинација од гестикулирачки Инпут/Аутпут, реструктурирана мрежа и realworld пиксели, што претставува втор поголем чекор по традиционалниот компјутерски интерфејс од 1984 година“ - стои во описот на системот на компаниската веб страна www.oblong.com. Внесот на податоци, Инпут/Аутпут, односно манипулацијата на содржините

се врши со гестикулации во 3Д просторот со слободни раце на кои се навлечени специјални ракавици. Апликациите се контролираат преку најразлични позиции на рацете, нивно движење и посочување. Секој прст, односно движење на раката се следи со прецизност од 0.1 мм при 100 Hz фреквенција, што значи дека посочувањето е точно до пиксел. Тоа е прецизност со која, да речеме, еден неврохирург ја извршува операцијата на мозок. Покрај можноста двете раце во исто време да манипулираат со содржините, G-Speak овозможува повеќе луѓе во исто време да работат на еден дисплеј, односно на еден модел. Секој модел (објект) има свој назначен просторен идентитет (позиција). Операторот преку низа гестикулации ја пронаоѓа оваа поврзаност на дигиталниот објект со неговата назначена позиција во просторот што му овозможува успешно да манипулира со истиот. Од видео материјалот видовме дека оваа платформа е поврзана со повеќе дисплеи, без разлика дали е проектирана слика на ѕид, или пак десктоп монитор. Операторот може да ги користи овие дисплеи истовремено за работа


технологии Денес, клиенти на G-Speak се компании од Fortune 500, владини агенции и универзитети. Подрачја во кои се применува се: финансиски услуги, одбрана и разузнавање, автомобилска индустрија, медицинско скенирање, логистика и снабдување итн. Во прилогот на Cnn, висок офицер на американската армија изјави дека G-Speak ќе најде голема примена во армијата, особено при планирање и изведување на антитерористичките операции.

на една или повеќе апликации. Воедно, може селективно да префрла податоци (објекти) од еден на друг дисплеј, и тоа само со едно замавнување на раката. Сепак, G-Speak не е играчка. Таа претставува решение за сложени проблеми каде е потребно да се извршат анализи на огромен сет на податоци одеднаш; каде е потребно да се работи во 3д интерфејс; каде е потребна истовремена интеракција на повеќе професионалци на еден модел, па и еден дисплеј; каде се потребни повеќе дисплеи во една или повеќе работни соби итн. Андеркофлер во една прилика ги спомна и архитектите, односно урбанистите, во групата на професионалци што ќе имаат најмногу корист од G-Speak. Практично, една БИМ апликација извршена во G-Speak SOE повеќекратно ќе го зголеми ефектот од работата врз архитектонските модели. Конкретно, Андеркофлер укажа дека G-Speak практично им го враќа реалниот 3д модел, т.е. макетата на архитектите за вршење на најразлични анализи. На демонстрацијата, тој постави

макета на еден хоризонтален диспеј, која веднаш по поставувањето фрли проектирана сенка. Со едноставни посочувања за правецот на простирање на сончевите зраци, макетата ја промени својата дигитална сенка. Со додавање на повеќе макети врз хоризонтален диспеј со урбанистичка подлога, може да се прават корисни урбанистички анализи. G-Speak е ставен во продажба, а со тоа и во функција. Клиенти денес му се компании од Fortune 500, владини агенции и универзитети, додека подрачјата во кои се применува се: финансиски услуги, одбрана и разузнавање, автомобилска индустрија, медицинско скенирање, логистика и снабдување итн. Во прилог на CNN, висок офицер на американската армија изјави дека G-Speak ќе најде голема примена во армијата, особено при планирање и изведување на антитерористички операции. Облонг Индастрис го нуди G-Speak во варијанта за единечен корисник, или за повеќе корисници каде системот содржи огромни дисплеи поставени низ една работна просторија.

Иако самиот Андеркофлер на презентацијата пред ТЕД аудиториумот прорече дека за пет години сите компјутери ќе ја инкорпорираат G-Speak технологијата, треба да се има предвид дека практично на оваа технологија се работи од почетокот на 90-тите години од минатиот век. И покрај долгиот период од дваесетина години, G-Speak с² уште не е комерцијално доволно искористен, т.е. проектот не е навлезен во масовно производство. Ако се има предвид дека историјата памети и големи ИТ дебакли, треба да се размислува со ладна глава. Навистина новите ИТ пронајдоци ја исфрлија дискетата од употреба. На десктоп компјутерите, исто така им се заканува исфрлање поради зголемениот интерес за лаптоповите. Но, блуреј дисковите за кои се зборува речиси цела деценија, никако да го преземат приматот од ДВД оптичките дискови. Една исто така иновативна технологија, Microsoft Surface, уредот со осетлив на допир интерфејс, на гигантот од Ричмонд што постои и се продава веќе неколку години, никако да

си го добие заслуженото место на славните. Силиконската долина пак, ја памети интерактивната телевизија како едно од најголемите промашувања. Откако овој пронајдок ги надува очекувањата дека ќе блесне во медиумската индустрија, Интерактивната телевизија пукна како балон, банкротирајќи многу фирми. Но, лекцијата е научена. За да се пробие една иновативна технологија, маркетингот е круцијален. Пример? Ајпод-от и Ајфон-от не се единствени уреди на пазарот, ама успешниот маркетинг и милионските продажби даваат надеж за пробив и развој на новите технологии. Облонг Индастрис работи токму на маркетингот. За среќа или не, конкуренција постои во форма на најразлични домашни уреди кои се контролираат преку гестикулации, а ги развиваат некои од познатите технолошки компании како Хитачи, Тошиба и Мајкрософт. Да се надеваме дека G-Speak ќе стане дел и од нашето секојдневие.

трајче стОјаНОв, дипл.инж.арх.

3

16 јули 2010 ПОРТА

53


маѓепсаниот

експерт

круг

на трката за ефикасност

Цените на проектантските услуги континуирано се намалуваат. Истражувањето Commonwealth Scientific and Industrial research organisation – CSIro покажува дека надоместот за архитектонско проектантски услуги се намалил во просек за околу 21% во период од 12 до 15 години. Намалувањето на цената на проектирање резултира со намалување на квалитетот на проектот и проектната документација, а намалениот приход ги намалува и можностите за континуирана едукација на постојниот персонал. Тоа доведува до ситуација да се вработуваат лица со помало работно искуство за да се намалат трошоците на работењето, а се зголемуваат обврските на вработените. 54

3

ПОРТА

16 јули 2010

Т

рката за ефикасност“ (Race for Efficiency) се јавува во услови „ на остар натпревар помеѓу државите, или пак, помеѓу регионите во рамки на една држава, при што учесниците во процесот сметаат дека разградувањето на постојните закони и прописи во рамки на државата ќе им даде предност во однос на соперниците. Процесот вообичаено се поврзува со натпревар помеѓу државите, за да привлечат странски инвестиции преку намалување на даноците, правата на работниците, со што државата очекува да стане „покомпетитивна“ во однос на другите, с² до оној момент додека друга држава не понуди „подобри“ услови, со што втората ќе стане уште „покомпетитивна“. Ако состојбата во архитектонскоинженерскиот еснаф во Македонија се разгледа од призмата на „трката за ефиканост“, лесно можат да се согледаат одредени паралели. И овде

има постојан натпревар и потреба да се понудат колку што е можно помали цени за проектантските, или други услуги, за да се дојде до проект. Честопати се појавува тензија помеѓу архитектите и инженерите на кои ова им е примарна дејност, наспроти оние на кои проектирањето им е дополнителна дејност. Така на пример, во 80-тите години на минатиот век, во екс СФРЈ дојде до своевиден раскол помеѓу „чисто“ проектантските бироа и оние што беа во рамките на големите градежни фирми. Тогаш, првите негодуваа, затоа што проектантските бироа во рамките на големите градежни организации беа во привилигирана положба која им овозможуваше да понудат пониски цени за проектантските услуги и сл. Во колкава мера „трката за ефикасност“ функционира денес во рамките на архитектонскоинженерскиот еснаф во Македонија, најдобро знаат директните учесници во процесот. Колегите со подолг стаж се сеќаваат на

„старите добри времиња“ и „сините таблици“ од СФРЈ во коишто беа наведени процентуалните цени за проектантските услуги врз основа на видот и комплексноста на објектот. По коинциденција, „Кралскиот институт на британските архитекти“ (Royal Institute of British Architects), исто така имаше сини таблици за цените на проектантските услуги, кои од пред неколку години не им е дозволено официјално да ги публикуваат, наводно заради нарушување на европските правила за компетитивност, иако веќе со години никој не може да дојде до работа ако понуди цени на проектанстки услуги според овие таблици. Беше своевиден шок пред дваесетина години да се види дека цената на проектантските услуги по овие таблици, само за фаза архитектура за сложен заштитен објект од градителско наследство, со градежна вредност од над еден милион фунти е околу 16% од градежната вредност на објектот. Во тоа време проектантско биро во тогашна СФРЈ ќе беше среќно


„Трката за ефикасност“ не е нов феномен. Таа датира некаде од крајот на 19 век, кога контролата на одредени компании била олеснета во земјите на Европа што се натпреварувале меѓу себе. Процесот подоцна се пренел во САД. Токму таму, бил даден вториот назив на овој концепт, кој се препишува на Судијата на Врховниот Суд на САД, Џастис Луис Брандис (Supreme Court if the United States Justice Louis Brаndies). Според него, не станува збор за „трка за ефикасност“ туку за „трка кон дното“ (race to the Bottom) (Kelly: Industrial relations: critical perspectives on business and management, 2002).

ако добие неколку проценти за сите фази на проектот. И покрај тоа што постојат големи разлики во однос на тоа што се очекува британско проектантско биро да подготви како инвестиционотехничка документација во споредба со оние од тогашна СФРЈ, надоместот за проектантските услуги во Велика Британија секако беше значително поголем. Дваесет години подоцна, не ми се верува дека ниту едно пректантско биро денес во Велика Британија може да ги постигне цените според сините таблички за архитектите за целиот проект, а не само за фазата архитектура. Ситуацијата е уште потешка во однос на проектите финансирани од страна на државата, развојни агенции, европски фондови и слично, што најчесто во договорите вклучуваат клаузули за максимално ниво на надомест за проектантски услуги, кое се движи 12-13 % од градежната вредност на проектот за сите фази заедно. Ова укажува на еден меѓународен тренд кон намалување на цените на

проектантските услуги. Tilley et al. (1999) во публикацијата „Влијанието на квалитетот на проектот и техничката документација на процесот на изградба“ (Design and Documentation Quality and its Impact on the Construction Process) ги има објавено фасцинантните резултати од повеќегодишното истражување на оваа тема за потребите на водечката австралиска научно-истражувачка организација „Организација за научно и индустриско истражување на комонвелтот“ (Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation – CSIRO). Истражувањето покажало дека надоместот за архитектонско проектантски услуги се намалил во просек за околу 21% во период од 12 до 15 години. Намалувањето на цената на проектирањето резултирало со намалување на квалитетот на проектот и проектната документација, а намалениот приход ги намалува и можностите за континуирана едукација на постојниот персонал. Тоа доведува до ситуација да се вработуваат

лица со помало работно искуство, за да се намалат трошоците на работењето, а се зголемуваат обврските на вработените. Само наивен инвеститор може да верува дека со намалената проектантска цена ќе заштеди пари. Во пракса, намалувањето на квалитетот на проектот и проектната документација доведува до зголемување на бројот на адаптации на новоизградениот објект, или дел од објектот по завршувањето на истиот, надминување на договорените рокови или цена на изградба, промени во текот на градење, спорови меѓу странките итн. Тоа доведува до ситуација во која градежните фирми се обидуваат да се заштитат од ризикот, како последица на можеби неквалитетна или некомплетна техничка документација, преку цената и роковите на изградба што ги нудат за градежните услуги. Така, градежните фирми квалитетните проекти и техничка документација ја „наградуваат“ со околу 1% намалена цена и рок на градење, но лошите

експерт

проекти и техничка документација ги „казнуваат“ со 11% зголемување на цената и продолжување на рокот на градење за исклучително лошите проекти и техничка документација. Прашањето кое се поставува е: кој инвеститор поминал подобро, оној што заштедил 21% на цената на проектот, но платил 11% повеќе за изградба на објектот и чекал 11% повеќе време додека објектот да се заврши, или пак, оној што платил полна цена за проектирање, но заштедил 1% на цената на градење и го добил објектот 1% порано од предвидениот рок? Се разбира, одговорот е јасен. Плаќањето на полна цена за проектирање и дополнителна цена за поквалитетна градба сами по себе не гарантираат подобар проект, техничка документација и подобро изграден објект, но тоа е тема за некоја друга пригода.

д-р. владимир б. лаДиНски, дипл.инж.арх.

3

16 јули 2010 ПОРТА

55


тренд репорт

мебел со македонско категорија „мебел за претсобје“ плакар мелиса-акрОН

56

3

ПОРТА

16 јули 2010

Вградениот плакар MELISSA е модерно решение за урбаните луѓе, вели арх. Маја Стефановиќ која е негов автор. Плакарот е изработен од профил АКРОН 3000 од висококвалитетен алуминум со механизми од тефлон отпорни на абење. Внатрешноста е обложена со облагородена 18мм бела софт иверка што лесно се одржува. Плакарот има многу полици, прачки и механизми за олеснување на неговата употреба. Вградени се СЕРВЕТТА (подвижни прачки на спуштање), фиоки со тандем box механизми, полици што се извлекуваат, KRAVATOS (за одложување на кравати), корпи за долна облека, чорапи и сл.

категорија „мебел на парче - корпус за спални соби“ „матрикс“-мОлика тетово


тренд репорт

категорија „мебел за дневен престој“ гарнитура „блумариН“ - зОНатекс “БЛУМАРИН” гарнитурата за седење се состои од неколку елементи кои имаат приспособливи наслони за глава и раце. Тие треба да ги задоволат различните навики на купувачите. Taa има повеќе нивоа за потпирање на главата, кои се приспособуваат по желба на корисникот. Делот од релаксот лесно може да помине во наслон за потпирање со различни висини, или пак со негово спуштање да се користи како дел за спиење. Наслоните за раце можат да послужат како помошна масичка или за потпирање со различни висини на наслонување.

ПОРТА3

ви ги презентира најдобрите парчиња мебел што се дизајнирани и произведени во Македонија. Тие се добитници на Признанието и статуата „НОВА ЕРА“ во класа на производители на 36 Саем на мебел што се одржа во Скопје.

категорија „мебел за кујни“ кујна „сОФи“ -лесНиНа ми

сонце

Концептот на кујната „СОФИ“ произлегува од потребите на современата жена за што поедноставни решенија и форми наспроти раскошниот изглед на црниот медијапан со висок сјај. Изборот на црната и виолетова боја е резултат на испреплетеноста на биполарниот принцип во секојдневјето, како во домот, така и надвор од него. Кујната е опремена со механизми од германскиот производител на оков Блум, поточно Серво-дриве за авентос и Серводриве за tandembox (електрична помош за кревање и спуштање на фронтовите и за отварање и затварање на фиоките).

категорија „мебел за спални соби“ спална соба „аНела“ Хелга кОмпаНи Спална соба “АНЕЛА”е произведена од :иверка со 25 мм и 18мм дебелина, лесонитплексиглас, фарбан МДФ 100 процентен високосјаен 18 мм дебелина. Употребен е алуминиумски шибер механизан, а огледалата се со вградени светла со диоди.

3

16 јули 2010 ПОРТА

57


тренд репорт

категорија „мебел за јавни објекти“ тросед „бела“-сОФа стуДиО -Со текот на работењето на нашето студио развивме многу програми како софистицирани програми за канцелариски мебел и мебел за кафетерии. Идејата за БЕЛА се роди во еден од тие налети кога требаше да ја задоволиме желбата и намената на купувачот и да се вклопиме во просторот во кој што располагавме. Водени од овие пропозиции ние ја создадовме функционалната, елегантната и препознатлива БЕЛА која е обележје на нашиот постигнат успех.- велат архитектите од „Софа Студио“.

категорија „мебел на парче“ „еклипсе“-мимакО буД

категорија „мебел за трпезарии“ комода спајДер мебел НикОв струмица На саемот за мебел 2010 беше награден цел сет “Спајдер”. Инспирацијата за сетот ја кажува и самото име-пајакот чии нозе се јавуваат кај комодите како детали, а кај масите како ногарки. Тој се состои од трпезариска маса, мала клубска масичка, трпезариска комода и комода за дневна соба. Материјалите за

категорија „мебел за детски соби“ Детска соба „каја“- теХНОкООп скОпје

категорија „мебел за дневен престој -плочест мебел“ тв витрина верОНа-11 септември струмица ТВ витрината ,,ВЕРОНА“, е изработена од медијапан со фурнир од дабово дрво. Повеќето фази на изработка се на компјутерска CNC машина. Се карактеризира со идеално криви линии. Дизајнот е на тимот предводен од архитектот Митко Спасов.

58

3

ПОРТА

16 јули 2010

-Сакајќи да направиме нешто ново добивме идеја за детска соба која ќе биде интересна за децата и функционална во исто време.вака го објаснува пријатното катче за безгрижно растење на идните генерации „КАЈА“, архитектката Елида Јовеска. Мебелот на оваа детска соба е изведен со заоблени форми на вратичките. Во долната зона под платформата се наоѓа место за спиење и одмор на децата. Просторот помеѓу и над креветите е искористен за полици и елементи за складирање на играчки. Скалите кои водат до горниот дел од собата претставуваат фиоки без рачки, но има направено вдлабнување на челата на фиоките со кои се овозможува отворањето на фиоките и нивно користење. Горната зона е предвидена за учење и содржи биро. Во состав на собата може да има школска табла на која децата можат да пишуваат и да вежбаат. Горниот дел е флексибилен со што бирото може да се трансформира во трет кревет.


Надреализмот - алтернатива

тренд репорт

во современиот

ентериер

иведба се комбинација од фарбан медијапан со 100% висок сјај, фурниран медијапан орев од кој се изработени нозете од пајакот кои како детал се јавуваат кај комодите во долниот дел, кај витражите и како нозе на масите. Витражите се рачно работени. Корпусот од комодите е облагородена иверка орев. Механизмите на комодите се современи со амортизери и кочници. -Користени се најсовремени и најмодерни материјали.А за крајниот резултат заслужен е целиот тим на мебел Ников зошто сепак ова е тимска работа- од идеја до готов производ- вели архитектката Јасмина Баџуков

подготви: јулијана герасимОвска

Параван на Piero formasetti

Фотелја и Pouf up5 и up6, дизајн на gaetano PeSce за B& B, italY

Ч

есто пати сме скептични при купувањето на оние предмети чија функционалност и корисност не се видливи на прв поглед. Во такви случаи треба да се потсетиме дека дизајнот служи за да ни го разубави животот, да создаде атмосфера која ќе ги рабуди нашите мечти за иднината или спомените од минатото. За тоа се свесни и дизајнерите што со своите предмети се обидуваат да ја надминат едноставноста на функционализмот, па во процесот на обликување често пронаоѓаат инспирација во уметничките правци каков што е и надреализмот. Овој уметнички израз, кој настанал во исто време кога и Баухаусот, се темели на потполно спротивни идеи од него. Уметниците во потсвеста ја отфрлаат рационалноста и логиката, и инспирирајќи се со фројдовските теории, соништа и игра, создаваат визии на алтернативна стварност кои битно влијаеле на подоцнежните трендови на популарната култура. Надреалистите какви што се Salvador Dali, Man Ray или Meret Оppenheim, креирајќи ги своите надреалистички асемблажи, се обидоа и во обликувањето на употребни предмети, од кои некои, како што е на пример Ray-евата софа Le Temoin, или клупската масичка Traccia на Оppenheim, се произведуваат и денес. Иако овие предмети несомено и` служат на својата намена, нивна главна карактеристика не е функционалноста, туку зачудувачката и вознемирувачка убавина. Слично постапуваше и миланскиот графичар Piero Formasetti.

клупска масичка traccia на Оppenheim

Во својот креативен занес, тој знаеше да се заборави и да започне да го слика мебелот, керамичките плочки, садови и декоративни ткаенини. Денес, овој особен стил успешно го продолжува неговиот син Barnaba, кој меѓу другото, однеодамна ги продава овие парчиња мебел во надреалниот амбиент на Formasetti-евиот стар милански стан. Многу современи дизаjнери денес не можат да им одолеат на предизвиците на надреалното. Во креациите на постмодернистичките дизајнери како што се оние на групите Memphis и Alchimia, можат јасно да се прочитаат надреалистички цитати. Така, со галска разиграност Phillippe Starck креираше барски столчиња за лондонскиот хотел Sanderson, користејќи бидермаерски форми на седиштата издигати на високи ногарки од чиј наслон ведро гледаат нашминкани очи. Сијалиците со крила ги искористи германскиот дизајнер Ingo Maurer при создавање на своите духовити и фантастични ламби кои создаваат надреален амбиент. Иако денешните трендови и животни стилови ни оставаат многу простор за еклектичко уредување на ентериерот, тешко може да се замисли секојдневниот живот во опкружувањето со толку богата визуелна содржина, како што е на пример Dali-евата куќа - музеј во каталонскиот град Figueras. Сепак, можеме со фантазија да го збогатиме својот животен простор со по некој детаљ од соништата.

(Н.Н.Д.) Куќа на Salvador Dali во figueraS


арт и дизајн

"Во движење" од платото до влезот на Музеј на град Скопје

60

3

ПОРТА

16 јули 2010


В

о склоп на овогодишното Скопско лето, неколку млади уметници, Даниел Коцев, Маја Стојанова, Ивана Лазареска, се претставија со заедничка акција насловена „Во движење“. Се работи за проект реализиран на неколку пунктови во еден отворен простор, од платото до влезот на Музејот на град Скопје. Една заедничка акција исполнета со инсталации, ликовни интервенции и перформанси. „Во движење“ е дело кое опфаќа три различни видувања, независни еден од друг, како во доживувањето на заедничката тема, така и во изборот на самите медиуми и техники. Она што е заедничко за трите изведби е тоа што својата „причина“ ја добиваат во непосредност со гледачот, во взаемна релација со публиката, и на тој начин, тие ја „оправдуваат“ и доживуваат својата идеја/слика за „движењето“. Во прашање се млади уметници кои досега имаат реализирано по неколку самостојни и повеќе групни изложби. Куратор на изложбата е Александар Георгиевски. Перформансот на Даниел Коцев е директно насочен кон гледачот и неговата „природна“ сместеност во секојдневието исполнето од навики и обичаи. Целта на перформансот е да ја наруши таквата стабилност и да предизвика емотивни реакции кај гледачот кои би го потсетиле на „нашиот животен циклус од самото раѓање па сe` до смртта“. Авторот Коцев тоа симболично и метафорично го претставил со влечење на еден камен - влечењето на сопствената карма и гревовите. И делото на Ивана Лазаревска се однесува повторно на човечкото постоење среде

неговото секојдневие, околина, звуци, ритмови и движења, кои се повторуваат во својата преносливост... Истовремено, овие знаци/информации во својата повторлива менливост, всушност имаат пасивна улога кај минувачот, кај нас самите, додека ги доживуваме, слушаме, гледаме. Со придвижување на слики презентирани преку видео и специфичен звук кој асоцира на движење, Лазаревска се соочува со нашата вулгарна пасивност. Тука се и дигиталните принтови кои се надоврзуваат на движечките слики кои ни ги пренесува екранот. На тој начин, се случува еден меѓусебен трансфер во односот принтови и слики во движење, трансфер кој се спротивставува на нашата анемичност и статичност во доживувањето на нашите практики и движења. Инсталацијата на Маја Стојанова го проблематизира односот дрвовосок. Ја истражува релацијата на двата различни материјали, кои со помош на природната топлина градат нови (ликовни) форми и облици. Топењето на восочните цветови врз скулптурата изработена во дрво креира, според замислите на авторката Стојанова, едно Претопување како краен уметнички чин. Како што вели авторката, „желбата ми беше да го покажам движењето, циклусот, што преку топењето на восокот ја симболизираат последната фаза на постоењето“. Природната топлина која го довршува започнатото - раѓање, созревање, распаѓење и топење на цветовите, на природатата, на постоењето.

арт и дизајн

Дејан буЃевац

3

16 јули 2010 ПОРТА

61


совети

како од малку квадрати да се добие многу простор? "Мојот проблем е малата кујна. Просторијата делува претрупано и помала отколку што е. Ви испраќам основа на кујната и ве молам да ми дадете совет како кујната да изгледа поголема." - славчо Дамјановски, Ново лисиче

К

62

3

ПОРТА

ај малите кујни формата на дизајнот мора да ја следи функцијата. Но, најважно е да се креира илузија на поголем простор. Кујната ќе изгледа поголема ако висечките елементи бидат до таванот, како и ако има дијагонални линии на позадината. Исто така, и светло бојосаната кујна со осветлување под елементите како и елементи со стаклени вратички ќе направат кујната да изгледа поголема. Внимавајте да не го сечете подот на соседните

16 јули 2010

простории на кујната со промена на материјалот . Тоа визуелно ќе ја намали просторијата. Ако во трпезаријата и дневната соба имате ламинат, тој нека продолжи и во кујната. Поставен нормално на линијата на елементите од кујната, ќе создаде илузија на поширок простор. Исто така, треба да внимавате и при изборот на бои за кујната и подот. Сличните визуелно ќе го зголемат просторот. Ви советувам еднострано или двострано поставување

на елементите кое ќе ја издолжи кујната и ќе ги избегнете и проблемите со аглите. Важно е во кујната да обезбедите доволно складишен простор кој ефикасно ќе се користи. Длабоките фиоки во долните елементи заедно со оставата ќе обезбедат сместување на садови, предмети и продукти, а кујната постојано ќе делува уредно.

билјана стевкОвска- савиЌ bibisavic@yahoo.com


маркетинг тел: 3243 790; 3243 797

ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ ÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ ÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ

ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È È ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈ ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈ

ul. Kuzmen [apkarev br. 5 br. 5 tel: tel: ul. Kuzmen [apkarev ++389 2 2050 809 809 ++389 2 2050 Skopje, R.Makedonija ++389 2 2050 264 264 Skopje, R.Makedonija faks: faks: ++389 2 2050

investa@t-home.mk investa@t-home.mk

ГРАДЕЖНИШТВО ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА ЕКОЛОГИЈА ... СОЗДАВАЈ ... СОЗДАВАЈ СОПСТВЕНИ СОПСТВЕНИ ПОРТИ ПОРТИ ... ...

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, office@tondach.com.mk

3

16 јули 2010 ПОРТА

63


предлози Ѕидна ламба од Ingo Maurer. стакло, месинг, пластика, пердувести крила се материјалите од кои е составена оваа необична ламба. Дијаметарот на основата на светилката е 8.5 см. цената е 15.610 ден., во Casa Italia, тел: 02/2400 430.

„Алгите“ се декоративен елемент во ентериерот, кои се поврзуваат меѓусебно служејќи за лесна поделба на просториите. Дизаjнирани се од Ronan&Erwan Bouroullec. Можат да се најдат по цена од 2.720 ден., Casa Italia, тел: 02/2400 430.

И з л о г


Уникатен радијатор од италијанската фирма Cordivari.

синусоидна ваза, која е различна од секој агол, дизајн на Zaha Hadid.

Тапацирано столче сo хромирани ногарки koe Stefan Heiliger го дизајнираше за Tonon.

Брановидна комода за книги, креација на норвешкото студио Stolt Design.

Многу повеќе од обична ваза. Воедно претставува и стол или скулптурален елемент чии вдлабнатини даваат светлина и флуидност. Дизајнот е на Philippe Starck.

подготви: сандра ДОНчева дипл.инж.арх.

3

16 јули 2010 ПОРТА

65


најчудните градби на светот

В

о местото Алгаробо во Чиле се наоѓа одморалиштето Сан Алфонсо Дел Мар кое многу повеќе е познато по најголемиот вештачки базен отколку по архитектурата на објектите што го опкружуваат. Базенот лоциран до океанскиот брег со неправилна форма е отворен во декември 2006 година, а неговата конструкција чинела повеќе од 2 милијарди долари. Долг е 1000 метри и зафаќа површина од 7.6 хектари. Базенот е со длабочина од 35 метри е не само најголем, туку и најдлабок на светот.

Тој собира 198 милиони литри вода (250.000 м/3) за што на сопственикот му се потребни 4 милиони долари годишно за одржување. Користи модерна технологија за пумпање на водата во базенот од самиот океан при што се филтрира, а по извесно време се враќа назад во океанот. Технологијата е на сопственикот на базенот и на одморалиштето, чилеанскиата компанија Кристал Лагунс. Ако не сте љубител на пливањето, тогаш во базенот можете да се возите со јахта или да пловите со помали бродови.

Драган ристОв

Со јахта на базен

66

3

ПОРТА

16 јули 2010


рубрика

3

18 јуни 2010 ПОРТА

67


рубрика

68

3

ПОРТА

18 јуни 2010


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.