Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963 Robert Therrien
kомфор ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
XXL
МАКЕДОНИЈА НА 12. БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
цена: 90 денари Број 141 ПетоК 08.10.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924
Можеме ли да ги поместиме границите на нашите хоризонти
БРОЈ 141 ПЕТОК 08.10.2010 Драги читатели, Со каква логика се тргна во урбанистичко планирање? Деталниот урбанистички план Стара железничка станица постави нови стандарди за искористувањето на просторот - до последниот квадрат, па дури и улиците се вкопуваат во земја за врз нив да може да се гради. Планот Мал ринг годинава предизвика поголем број стручни, политички и граѓански судири од ова решение, кое се покажа како едно од најспорните досега, па најверојатно ќе треба да почека потврда и од Уставниот суд, бидејќи се најавија повеќе иницијативи за да се поднесат претставки. Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963? Само триесеттина години по земјотресот, со настапување на транзицијата, почнавме да ги забораваме ужасите што произлегуваат од лошиот начин на градба. Воспоставениот систем на градење неповратно се извитопери. Бескрупулозната битка за што поголем профит промовира многу аномалии, а тоа резултираше со неквалитет во градењето. Таканаречената урбано-градежна мафија, водена од сопствените интереси, ги презеде процедурите во свои раце и како моќно цунами го потопи макотрпно градениот систем. Бавното обновување на регулативата од областа на проектирањето и градењето само им одеше под рака на овие негативни појави. Квалитетот на градбите почна да опаѓа. Научената лекција почна да се заборава. Македонија оваа година на Венециското биенале се претстави со проектот што го изработи тим студенти, професори и асистенти од Архитектонскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје. Темата со која нашите студенти настапуваат на Биеналето го носи името „Учење архитектура“. Главни куратори на проектот се професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља, а во креирањето на македонскиот проект учествуваа 101 студент од прва година на Архитектонскиот факултет. Архитектите Борис Чипан и Јоне Јанкоски презентираа три проекти за урбанистичката иднина на градот. Приказната на професорот беше многу интересна, произлезена од визијата на човек по рожба охриѓанец, со посветеност на вистински вљубеник на охридската магија, визија на еден нов, функционален и современ Охрид. Поаѓајќи од фактот што сегашната состојба на градот ги гуши неговите витални функции, а пред сè развојот, проф. Борис Чипан тргнал во своевидно истражување, барајќи нови урбани, естески и сообраќајни решенија со оригинален предлог за урбанистичка реорганизација на градскиот центар. Приклучувањето на Mакедонија кон меѓународните гасоводи – можност или императив? Според владини процени, потребите на Македонија за природен гас ќе растат во наредните години поради порастот на странските инвестиции и до 2040 година ќе ни требаат меѓу 2,5 и три милијарди кубни метри гас годишно. Во таа насока, Министерството за транспорт и врски работи физибилити студија за определување на нови магистрални гасоводни правци во државата, со идеен проект, имајќи ги предвид развојните планови.
ОД реДакцијата
Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963
Редакција: главен и одговорен уредник: Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА
Robert Therrien
kомфор ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
XXL
МАКЕДОНИЈА НА 12. БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
цена: 90 денари БРОЈ 141 ПЕТОК 08.10.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924
рубрика
ГОДИНА VI
Можеме ли да ги поместиме границите на нашите хоризонти?
Насловна страница : "Учење архитектУра" Проект на 101 студенти од атФ Скопје, за 12. ИздаНИе На БИеНале во веНецИја
новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Јулијана ГЕРАСИМОВСКА Сузана ВАСИЛЕВА Леонида Пенка БАША надворешни соработници: Елена КУЗМАНОВСКА Ангел СИТНОВСКИ Игор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВА Владимир Б. ЛАДИНСКИ Трајче СТОЈАНОВ Натка ЌОСЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Даниела МЛАДЕНОВСКА Билјана САВИЌ Драган РИСТОВ Дејан БУЃЕВАЦ Александра ШЕКУТКОВСКА Кире КИПРОСКИ Павлинка АТАНАСОВА Елена ПЕТРОВСКА графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
АКТУЕЛНО 12
Секое празно место може да биде градежна површина
ГРАДЕЖНИШТВО 20
Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963
АРХИТЕКТУРА 32
Македонија на 12.Биенале за архитектура во Венеција Можеме ли да ги поместиме границите на нашите хоризонти ?
УРБАНИЗАМ 42
Презентација на три проекти за урбанистичката иднина на Охрид
ЕКСПЕРТ 54
Нови британски градежни прописи за заштеда на гориво и електрична енергија
ПОРТРЕТ 62
RobeRt theRRIen: Комфор XXL
ИЗЛОГ 64
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс. проф. д-р Кокан ГРЧЕВ, дипл. инж. арх. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл. град. инж Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Телефон: 3109 311; 3132 923; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk Печати: Европа92 - Кочани Маркетинг: Биропроект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ:4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
форум
Пластична операција СкОПје 2014
Цел: Античка убавина
П
о катастрофалниот земјотрес во 1963, Скопје станува синоним за солидарност, пример за взаемна поддршка отворено да прими помош, совети и идеи, кои се клучни елементи во неговото тогашно обликување. Распишан е домашен, но и интернационален конкурс за новиот лик на главниот град, на кој победува јапонскиот архитект Кензо Танге со солидни стручни аргументи. Со ова, Скопје му покажува на светот дека е подготвено за промени и чекори по добар пат да стане симбол за остварување на модерна визија. Денес, Скопје повторно станува градилиште. Не поради некаква катастрофа, едноставно поради нечија себична визија и желба за промени, со цел создавање на некаков идентитет и покрај тоа што идентитетот е круцијална тема за која не треба избрзано да се носат одлуки. Овој пат не постои отворено Скопје, не постои транспарентно Скопје, не постои Скопје кое ќе ја продолжи некогашната модерна визија. Она што Скопје полека станува е сосема спротивното. Град затворен за надворешна помош, совети и идеи. Егоцентричен град, град на исмев, раздор и немир, град кој нè само што не покажува надградување на својата историја, туку град кој покажува урбана дезинтеграција и оттуѓување од своето културно наследство. Постојат премногу аспекти од кои може да се почне за да се објасни неадекватноста на овој смешен фејслифтинг, но нас како архитекти не интересира она што е архитектура, со сите свои функционални, технолошки и формално-естетски квалитети. Оние што се лути на сите архитектонски експерименти кои биле правени во Скопје, безуспешно обидувајќи се за првпат да вметнат цврст идентитет и кои сметаат дека во моментов минатото е понеизвесно од иднината, несвесно станаа носители на новата еклектичност. Иако архитектурата во минатото можеби не била секогаш слободен израз поткрепен со достапни материјали и ресурси, денес треба да е сосема нормално таа да е олицетворение на демократски, визионерски и индустриски капацитети, кои можат да го поткрепат нејзиниот сложен стилскотехнички, социо-културолошки и општествено-економски склоп. Воедно, поради тоа што без да бидат распишани отворени конкурси
4
3
ПОРТА
08 октомври 2010
за деталниот урбанистички план и поради тоа што се игнорира секаков обид за стручна соработка и детална анализа, донесени се инстант-барања со наметнати решенија кои драстично ќе го редефинираат постоечкиот урбанистички просторен концепт. Па оттаму, може да се каже дека проектот е смешен, наивен, дрзок,
стручна дебата и изнесување на јавни мислења и фрагментиран град во кој се создава конфликт, раздор и лутина помеѓу неговите жители. Со присилно диктирање и канонизирање на неговата формална структура, Скопје во целост ќе стане пример за нечија остварена ретроградноконзервативна замисла поткрепена
состојба на градот, успеваме да направиме доста скапа хируршка интервенција. Како што пластичната операција не може да го сокрие карактерот на човекот зад неговото ново лице, така и ние пред светот нема да можеме да се сокриeме зад нашите нови фасади. Сето ова напластување и пумпање на градот треба да не потсети дека додека ние се чудиме на прекумерната употреба на силикон во блискот Запад, некој успева да вбризга ботокс и во нас. А оние што сè уште не успеваат да разберат зошто целиот овој пристап кон создавање на ново Скопје е навредлив, тогаш одговори треба да се бараат во образовниот систем. Ако нашите училишта можат да не учат на основите на спортот, музиката и уметноста, тогаш очигледно недостасува предмет кој би се викал основи на архитектурата за општо образование. Оттаму, може да се каже дека замислата на проектот е во целост необразованост на најосновно ниво. Не смееме да заборавиме дека архитектурата не треба да биде тренд. Таа има за цел да биде пред своето време, а сепак максимално да ги користи ресурсите и можностите што ги нуди сегашноста и она што го градиме денес треба до некој степен да го оправдаме пред идните генерации. Скопје 2014 е анахронично и нелогично. Својата цел се обидува да ја оправда преку нешто што никогаш не постоело во нашиот град, нешто што е туѓо, безчувствително, синтетичко и концептуално неосновано, со кое не се идентификуваме и со кое не сакаме да се идентификуваме. Затоа сметам дека за крај е соодветно да се искористи изреката на Ајнштајн: “Само две работи во светот се дефинитивни универзумот и човековата глупост...а за првата работа не сум сосема сигурен.”
Симона ВеСелиНСка,
студент на Архитектонски факултет - Скопје суетен и апсолутно непромислен. Наместо Скопје кое ќе биде лулка на прогресивни идеи, слобода на мисла, уникатност на дизајн и желба за културен континуитет, ние добивме Скопје - град на молк, во кое се загушува секаков обид за
со силна политичка димензија. Доколку за оваа деликатна тема се обидеме сосема наивно да направиме споредба помеѓу медицината и архитектурата, тогаш може да се каже дека без обид за дијагностицирање на заболената психолошко-физичка
зошто градот треба да изгледа како сеќавање на само една генерација?
В
Наташа ѓОрѓиеВСка,
студент на Архитектонски факултет - Скопје
о 2014 год. според “докажаните авторитети” на архитектурата во Македонија, Скопје ќе ја добие толку посакуваната харизма која очигледно му “недостасува”. Критикувањето на проектот Скопје 2014 постана голем тренд. Колку и да е тоа ирелевантно, постојано се зборува, а од друга страна и нормално е да се зборува кога тоа се случува тука и сега. Скопје 2014 воопшто не беше понуден како идеја, како план, туку како проект кој ќе се реализира, презентиран преку 3D анимација која наликува на лош цртан филм. Со тоа не беа создадени услови ниту простор за какво било елаборирање на оваа тема или пак изнесување на размислувања, затоа се се сведе само на коментари и критики. Се останува на зборови, додека проектот може да се земе како завршена работа, сметајќи на фактот
што разговор не е потребен онаму каде што има палка. Скопје 2014 претставува бегање од реалноста, од комплексноста на глобалните социо-економски проблеми, креирајќи вештачка потенција преку монументална архитектура, која би ги задоволила плитките размислувања за она што денес се случува. Огромниот број проблеми кај народот, узурпираат делови во свеста и здравиот разум со што ја оштетуваат причината за размислување. Притисната од режимот на политичката идеологија, архитектурата е ограничена во развојот на индивидуалното и слободното. За каква уметност станува збор ако се поставени граници на изразување? Додека уметноста користи лаги за да ја каже вистината, политиката користи лаги за да ја прикрие вистината. Има ли поголема лага од
градење ново во стар облик?! Ваквото третирање на архитектурата, одалечувајќи ја од уметничкиот домен, ја сместува како дел од некаква трговска гранка. Со воскреснувањето на историјата во никој случај не се создава простор за креирање, а камо ли реализирање на прогресивни идеи. Сето ова не наведува да мислиме дека досега Скопје стагнирало, било замрзнато во времето и просторот, како да досега не изградило своја историја во сите овие години, па затоа ја возобновуваме историјата од пред стотина години. Апсурдно е кој ја креира визијата за градот. Прашање е зошто градот треба да изгледа онака како што на него се сеќава една генерација. Дали ние, новите генерации, од градот ќе добиеме само една меморијална слика која би ни го доловила времето во кое уживале нашите предци!? A што со нас!?
инфо
градежниците никако да кренат глава
A
ктуелните проблеми, законската регулатива и кадрите во градежништвото, беа главните теми за кои се расправаше на седницата на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија. Од она што се слушна на седницата произлегува дека градежниците никако не можат да кренат глава од проблемите со кои се соочуваат подолго време. Претседателот на Здружението, Никола Велковски, истакна дека е изненаден од слабиот интерес за неа со оглед на опаѓањето на работата во градежништвото и очекувањата за продолжување на тој тренд поради зимската сезона. - Со овој обем на работа на територија на државата толку се исконкуриравме што практично се работи на граница на рентабилност или и под тоа. Го имаме ова присуство и покрај тоа што имаме
6
3
ПОРТА
Стопанска комора на Македонија
08 октомври 2010
намален обем на работа, проблем со наплатата, а и се донесе одредба од Законот со која се прологнира плаќањето - рече Велковски. Според него, нејасни се мотивите на поединечните негирања од страна на градежниците дека им се плаќа за сработеното, односно нема пролонгирања. - Јас тоа можам да го протолкувам како страв да не се изгуби инвеститорот, бидејќи најголем инвеститор ни е државата и секој си води своја политика за јавно искажаниот збор за да не го доведе во прашање и тој договор што го има потпишано. Може да се протолкува и дека сме немоќни да влијаеме на состојбата или пак дека сме задоволни - наведе Велковски. Тој смета дека државата во овој период треба да излезе со поголеми јавни инвестиции во делот на енергетиката, на инфраструктурата и водостопанството. Марија Петрoска, секретар на
Здружението за градежништво, анализирајќи ги статистичките податоци, истакна дека тие говорат за пад на ангажираноста на градежништвото кај извршените градежни работи за шестте месеци од 2010 година споредено со истиот период од минатата година за 2,3 проценти. Исто така и бројот на издадените одобренија за градење бележи намалување од 7,5 проценти, за седумте месеци од 2010 година (1.599) споредено со истиот период од 2009 година (1.730). Според Петроска особено е неповолна состојбата на извршените градежни работи во странство кои во првите шест месеци бележат пад од 46 проценти. Договорените градежни работи во тој период се зголемени за 4,7 отсто. - Во тој период има зголемени активности само во Украина, но тоа е навистина многу минимално. Светската економска криза си има
свое влијание, но и компаниите треба да кажат дека и ние имаме проблеми во настапот на странските пазари, пред сè во поддршката од банкарскиот сектор и треба да се одговори дали како градежници се изборивме да ги задржиме пазарите каде што бевме најчесто присути, особено во Русија - рече Петрoска. На седницата дел од присутните апелираа што поскоро Комората на овластени архитекти и инженери да го исполни ветувањето за изготвување ценовник за минимални цени на услугите во градежништвото, на што чекаат веќе година и пол. Според нив, цената на услугите за проектирање и надзор е спуштена на минимално ниво, поради што на терен се нуди неквалитетна и импровизирана работа. Особено при давање на цени за овие услуги на странските инвеститори. Тие повторно укажаа дека многу чекаат за одoбренијата за градба, односно декларираните 30 дена
инфо издадени одобренија
I
II
III
IV
V
VI
2009
236
233
267
263
220
259
252
2010
154
212
295
233
222
253
230
за добивање на тој документ се претворале во 130. Па потоа долгите процедури при решавањето на имотно правните односи, оформувањето на локациите, а на крај и потешкотиите во наплатата на извршената работа. Во неповолна состојба е и индустријата на градежни материјали, укажа претседателот на Групацијата на циглани Васил Јовановски. Бројот на циглани се намалил од 15 на десет, а пласманот на производите стагнирал бидејќи, како што рече, нема градба. - Голем проблем имаме со зголемувањето на цената на мазутот што учествува со 60 проценти во крајниот производ. Неговата цена од 2007 година досега е зголемена за 60 проценти. Македонските циглани сè потешко опстојуваат и поради слободниот увоз од Србија и Грција, а се очекува сериозна конкуренција и од албанскиот пазар - рече Јовановски. На седницата беше поддржана иницијативата и потребата за едуцирање на млади кадри во градежништвото, од профилот на армирачи, бетоњерци, плочкари и други, кои се потребни во градежните компании. За таа цел, беше заклучено, да се направи анкета за неопходни кадри од наведените профили за потребите на градежните компании, а учениците за време на школувањето да бидат ангажирани на практична работа.
VII
VIII
IX
X
XI
XII
225
236
269
311
303
Опаѓа бројот на одобренијата за градење во првите седум месеци од годинава бројот на издадени одобренија за градење е 1599. Тоа претставува пад од 7,5 проценти во споредба со истиот период од ланската година. I-VI -2009
I-VI -2010
инд
Договорени градежни работи (во милиони долари)
68,6
73,7
107,4
извршени градежни работи (во милиони долари)
32,1
17,3
53,9
Договорени и извршени работи во странство за првите шест месеци годинава се договорени градежни работи во странство во вредност од 73,7 милиони долари, што е пораст од 7,4 проценти во споредба со истиот период лани. додека пак извршените работи во странство забележуваат големо опаѓање. од јануари до крајот на јуни се извршени градежни работи во вредност од 17,3 милиони долари, за разлика од истиот период лани, кога таа бројка беше 32,1 милиони долари. Падот е 46,1 процент.
3
08 октомври 2010 ПОРТА
7
скопје водно
Се изведуваат столбовите од жичарницата
Ѓорче Петров
Општинската зграда ќе се гради со соинвеститорство
О
пштинската зграда во Ѓорче Петров ќе се гради во соинвеститорство со приватен партнер, одлучи општинскиот Совет. Новата општинска куќа може да има максимум 15.000 квадратни метри корисна површина, од кои 6.000 квадрати ќе и припаднат на општинската администрација. Во неа ќе се сместат градоначалникот и Советот, како и сите служби. Остатокот од новата зграда ќе биде деловен простор со кој ќе стопанисува инвеститорот. Приватниот инвеститор ќе треба да обезбеди 40 паркинг места за администрацијата и дополнително уште 250 места во подземен паркинг,
8
3
ПОРТА
08 октомври 2010
наменети за комерцијално паркирање. Според одлуката на Советот, ќе треба да ја изработи и целата техничка документација, да плати комуналии на Градот и да ги финансира сите потребни приклучоци. Општината, пак, треба да ја ослободи локацијата, да ја изгради пристапната улица и да го ослободи инвеститорот од дел од комуналиите. Општинарите треба да го подготват и главниот проект за зградата и да го вметнат во урбанистичката документација.
Гази БаБа
Бронзениот коњаник се лее во Белград
Д
еловите од скулптурите на коњаник и осумте човечки фигури за фонтаната на плоштадот во Автокоманда ќе бидат транспортирани во леарницата
Г
радежните зафати за изградба на жичарницата на Водно се интензивирани. Во овој период се работи на темелите на столбовите. Во Скопје веќе е транспортирана дел од опремата што треба да биде поставена на жичарницата. Столбовите веќе се пристигнати и веднаш по завршувањето на подготвителните работи ќе почне нивното монтирање. Паралелно со тоа ќе тече и транспортирањето на преносните кабини. Според проектот, жичарницата до Милениумскиот крст на Водно ќе има 30 кабини. Во секоја од нив ќе можат да се превезуваат по осуммина патници, а вкупниот капацитет на жичарницата ќе биде 1.200 патници на час. Носител на проектот за жичарницата е Министерството за транспорт и врски, а инвестицијата ќе изнесува 6,7 милиони евра. Работите ги изведува австриската компанија "Допелмаер", која Министерството ја избра на тендер.
"Јеремиќ" во Белград за да бидат излеани во бронза. За транспортот, пакувањето и осигурувањето е задолжена леарницата. Леарницата има поставено временска рамка како ќе се одвиваат фазите до конечното поставување на скулптурите, кое е предвидено да се случи до крајот на годината. Вредноста на договорот со леарницата е 319.780 евра. Леарницата "Јеремиќ" го доби вториот тендер распишан од општината Гази Баба, откако првиот пропадна поради несоодветните понуди. Договорот со леарницата беше потпишан на 30 јули годинава. Споменикот на коњаник, за кој првично беше најавено дека ќе биде споменик на Филип Втори, ќе биде висок пет метри. Постаментот висок три метри е направен уште со самата изградба на плоштадот. Автор на споменикот е Валентина Стефановска.
водно
Нови видиковци
Е
кипите на "Паркови и зеленило" поставија нови парковски елементи на повеќе локации на парк-шумата "Водно". Изработени се пет павилјони-видиковци, 14 комплети клупи и маси, еден комплет рекреативни елементи, а во фаза на поставување се и две шумарски куќи. Сите елементи се изработени од природен материјалдрво, премачкани со соодветно заштитно средство и покриени со шиндра. Дел од видиковците се поставени под Милениумскиот крст од северна страна, дел кај местото воени објекти од јужната страна, а комплетите од клупи и маси на повеќе локации на Средно Водно.
подготви: катерина СПаСОВСка-трПкОВСка
рубрика Дилатациони профили од алуминиум и нерѓосувачки челик за затварање на фуги, од грчкиот производител
ACP hellas
Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria
ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk
Biznis Centar
3
08 октомври 2010 ПОРТА
9
рубрика
Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим на градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите кои ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.
Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занатски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk 10
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема
скопје
чаир
Плоштад Скендербег поголем од плоштад Македонија
П
лоштадот Скендербег што ќе се гради околу истоимениот споменик на влезот на Старата скопска чаршија, ќе зафаќа површина од 5.000, па сè до 28.000 квадратни метри. Ако се оствари најголемата најава, тогаш тој ќе стане најголем плоштад во Скопје и во земјава воопшто, надминувајќи го и плоштадот Македонија што се простира на 18.500 квадрати. Минималната верзија предвидува да се поплочи сегашниот паркинг пред стоковната куќа "Илинден", кој би се преместил под земја. Максималната пак, подразбира уривање на дуќаните на влезот од чаршијата што се од социјалистичкиот период и не се заштитени како културни споменици, како и премостување на булеварот Гоце Делчев, така што би се добило
огромно поплочено пространство, какво што земјава не видела досега. Идејните решенија, според кои ова место треба да прерасне во атрактивна локација за музички, културни и за други настани, ги изработи "Архинг груп" од Тетово, чија понуда била избрана како најповолна. Целиот проект се спроведува со помош на Владата, што досега и доделила 10 милиони денари на општината за да почнат подготвителните работи, кои, меѓу другото, подразбираат и изработка на идејните решенија. Според градоначалникот на Чаир Изет Меџити, станува збор за мегапроект кој ќе го измени ликот на неговата општина и ќе ја направи многу поатрактивна отколку досега. Идејните решенија се само предлози, а конечната верзија на проектот
ќе се изработи откако ќе се одржи серија јавни дебати, во кои Меџити ги поканува да се вклучат сите, особено архитектите, другите стручни лица, медиумите, невладините организации и граѓаните. На трибините се очекува да се достават дополнителни предлози и забелешки, од кои главните би се вклопиле во проектот. Но не мора ниту да се фрли лопата, ниту да се закове шајка за еден ваков проект да добие политичка димензија. Веднаш стигнаа коментари дека плоштадот ќе се прави за да биде конкуренција на проектот "Скопје 2014", односно за да не се нарушува неговиот веќе утврден концепт, а истовремено да се смират етничките тензии што тој ги предизвика. Се појавија дури и мислења дека на овој начин ќе се
направи дефинитивна поделба на градот, бидејќи еден плоштад ќе си имаат Македонците десно од Камени мост, а лево од него, под Кале, уште еден ќе си добијат Албанците. Иако е логично да се поддржи ваков проект штом веќе се гради "Скопје 2014", три причини се клучни за тој да се спроведе. Прво, бидејќи плоштад Македонија ќе се стесни поради спомениците, на градот ќе му биде потребен уште еден таков простор. Второ, ќе се добие атрактивен влез на Старата чаршија, односно на историското јадро на Скопје. И трето, сообраќајните решенија ќе овозможат да се задоволуваат многу потреби без да мора да влегуваат моторни возила во чаршиските сокаци.
подготви: катерина СПаСОВСка-трПкОВСка
3
08 октомври 2010 ПОРТА
11
актуелно
Со каква логика се тргна во урбанистичко планирање?
Секое празно место може да биде градежна површина
М
алиот процент на изграденост, потребата од максимална искористеност на парцелите, слабиот квалитет на повеќето градби, како и можностите за развој, се аргументите на кои најчесто се налетува при разгледувањето на документацијата со која се поткрепува усвојувањето на деталниот урбанистички план Стара железничка станица. Само планот Мал ринг годинава предизвика поголем број стручни, политички и граѓански судири од ова решение, кое се покажа како едно од најспорните досега, па најверојатно ќе треба да почека потврда и од Уставниот суд, бидејќи се најавија повеќе иницијативи за да се поднесат претставки. А не се ниту малубројни причините за тоа, бидејќи просторот меѓу улиците Водњанска, Железничка, Бихаќка и Мито Хаџивасилев Јасмин ќе наликува на бетонски лавиринт ако во целост
12
3
ПОРТА
08 октомври 2010
се исполнат планските решенија. Особено, бидејќи се предвидува да се вкопа Јужниот булевар под земја и врз него да се изгради огромен деловен комплекс долг еден километар и висок 21 метар, кој ќе се протега од едниот до другиот крај на планскиот опфат, како легнат облакодер. За сите забелешки општината Центар, чиј Совет го усвои планот, одговараше дека при неговото изготвување се направени потребните технички, функционални, сообраќајни и еколошки анализи, кои покажале дека не постојат пречки за реализацијата.
Што поточно содржи планската документација? Од технички аспект, се вели дека малиот процент на изграденост е карактеристика на целиот простор, што било резултат на старите плански решенија. Доста ниски се и густината
на населеност и коефициентот на искористеност на просторот, па затоа постојат можности тие да се зголемат, особено што во меѓувреме се променила сопственичката структура и големите парцели се во рацете на повеќе сопственици. Се вели дека и самиот мотив за изработка на планот е потребата за максимално планерско искористување во рамките на постојните урбанистички парцели. Забележано е дека постојната состојба е лоша, бидејќи од 30 објекти 23 се куќи, комерцијални се четири, сервисни два и јавен е еден, иако Генералниот урбанистички план како главна намена за овој простор ја посочува комерцијално-деловната. Неповолна е и состојбата на сегашните градби, таа е лоша дури кај 14, средна кај 10, а само шест добро се држат. Затоа е предвидено од 14,28 хектари, колку што изнесува вкупниот плански опфат, да се одвојат 9,35 хектари за
градежни површини, а остатокот за зеленило и за сообраќајници. Особено е истакнато дека во рамките на овој простор има и споменик на културата од втор степен, односно самата Стара железничка станица, што значи дека неговата надворешност не смее да се менува, а внатре се можни адаптации за местото да се користи како музеј. Нејзината околина, пак, е со заштита од трет степен, па затоа е овозможено до неа да се гради друг објект, врз делот од станицата што бил урнат во катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Но меѓу двете зданија мора да има простор од најмалку осум метри, а новото не треба да личи на старото бидејќи таквата фасада би била само кулиса. Сообраќајните решенија предвидуваат булеварот Македонија, попознат како Јужен булевар, да се вкопа под земја и да има широчина од 36 метри, два коловоза од по 12 метри и исто толкав
актуелно екомисија: подобро врз булевар отколку врз парк
Општина центар скржава на зборови
"Подобро деловен центар да се гради врз булевар, отколку на местото на некој парк. Паркови и детски катчиња има многу малку во градот, и ако надлежните решиле да градат уште еден деловен центар, тогаш подобро е тие места да се зачуваат и да се уништуваат булеварите. ова го говорам од еколошки аспект и застанувам на страната на зеленилото, што значи дека не навлегувам во дневната политика“, смета Петар Бошевски од „екомисија“.
одвај четириесетина збора испратија како одговор надлежните од општина центар на барањето на "Порта 3" за детални податоци околу планот Стара железничка станица. еве ги нашите прашања и нивните одговори. 1. Што опфаќаат собраќајните анализи за планот Стара железничка станица и неговото влијание врз протокот на сообраќајот? дали ќе претставува олеснување, отежнување или нема ништо да смени? врз кои аргументи се поткрепува таа анализа? - Планираниот сообраќај во опфатот на планот е поткрепен со сообраќајна студија одобрена од надлежна институција. 2.од технички аспект, на кој начин планот се вклопува во Генералниот урбанистички план и на кој начин ги исполнува стандардите и условите пропишани со законот за просторно и урбанистичко планирање? - Не постои технички или друг аспект, планот е усогласен со ГУП-от. 3.Кои се аргументите на општината центар според кои таа смета дека вметнувањето на новите содржини во овој дУП се оправдани и потребни, односно во функција на развој на Градот и општината? ова пред се се однесува на големиот деловен објект кој беше најмногу оспоруван, а кој е замислен врз трасата на јужен булевар. - Перспективен развој на централното градско подрачје. 4.Како изградбата на новите содржини ќе влијае на животната средина? Иако за нив нема да се уништува зеленило, што е позитивно, направени ли се анализи за можното влијание врз струењето на воздухот и врз ветровите? - да, направен е елаборат за стратегиска оценка на влијание на планираните објекти врз животната средина и истиот е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно законските прописи.
Деталниот урбанистички план Стара железничка станица постави нови стандарди за искористувањето на просторот до последниот квадрат, па дури и улиците се вкопуваат во земја за врз нив да може да се гради средишен дел наменет за трамвајска траса. Бидејќи ќе биде тунел, со околната сообраќајна мрежа ќе мора да се поврзува со рампи, чија должина би изнесувала најмалку 120 метри, а наклонот до пет отсто. Булеварот ќе биде шест метри под земја и ќе се поврзува со околните сообраќајници со три раскрсници во форма на кружни текови. Најимпозантен ќе биде тој меѓу новиот објект на НЛБ Тутунска банка и поранешната висококатница на НИП "Нова Македонија". Замислен е како елипса со внатрешен радиус од 70 до 80 метри, со коловоз од 21,5 метри и со пешачка патека од пет метри. Ќе ја спојува подземната сообраќајница со Водњанска, Железничка, Васил Ѓоргов, Мито Хаџивасилев Јасмин и со Климент Охридски. Другите два се со внатрешни кругови од 26 метри (со улиците Железничка, Бихаќка и Огњан Прица) и од 23 метри (со Бихаќка, Мито Хаџивасилев Јасмин и
Кочо Рацин). За сите овие сообраќајни решенија општината добила согласност од градот Скопје надлежен да го регулира сообраќајот. Анализите покажале дека предлогот се вклопува во Генералниот урбанистички план.
еко-ризици и дискутабилна функционалност Како простор со комерцијално деловна намена, планскиот опфат на овој ДУП е изложен на три вида ризици по животната средина, односно аерозагадување, загадување на почвите и на водата, како и на бучава. Нема индустрија, па воздухот главно ќе биде загрозен од моторните возила, а многу помалку и од начинот на загревање на предвидените објекти. И за почвите и водите се вели дека не се изложени на голем ризик поради поврзаноста на градбите со канализацијата. Но, за бучавата се
препорачува при планирањето на објектите да се предвидат техники за таа да се сведе на најниско можно ниво. Министерството за животна средина и просторно планирање дало согласност за донесувањето на овој детален урбанистички план. Што се однесува до функционалните аспекти, тука и самата општина има резерва. Се вели дека редефинирањето на овој простор, со кое всушност се определува неговата доминантна комерцијалноделовна намена, е овозможена со Генералниот урбанистички план, а деталниот треба да понуди реално и економски издржано решение за развојот. Поволни фактори се што се овозможува градба во оформени градежни парцели и со изедначена висина, а степенот на искористеност на градежното земјиште ќе биде економски оправдан со соодветни сообраќајни решенија. Затоа, се
додава дека можностите за да се реализира замисленото, се опфатени со низа ограничувања и ќе зависат од пресметките во идејните и во основните проекти. Влијание врз сето тоа имаат и честите промени на цените на пазарот, неможноста да се утврдат одредени ставки на трошоци, постојаниот расчекор помеѓу потребите и можностите, како и недостатокот на егзактни елементи за докажување одредени претпоставки. Со други зборови, само времето ќе покаже дали на градот навистина му треба километарски деловен центар, дали некој ќе се нафати да го гради и дали ќе ќари некоја пара од изградбата или ќе заглави во долгови. Во меѓувреме, овој импозантен објект ќе стои нацртан во детален урбанистички план и ќе оневозможува просторот да се развива на друг начин.
катерина СПаСОВСка-трПкОВСка
3
08 октомври 2010 ПОРТА
13
региони
СтруМица
И
Новиот градски плоштад во завршна фаза
раСПишан оГлаС за јавно наддавање за државно Градежно зеМјиште
хотел со пет ѕвезди на горица
М
инистерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел со пет ѕвезди на Охридското Езеро на дел од туристичкиот локалитет Горица во општина Охрид.
14
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Почетната цена за наддавање за оваа локација со вкупна површина од 15.878 квадратни метри изнесува 61 денар од квадратен метар, согласно одлуката на Владата на Република Македонија за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп
на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 26-ти овој месец до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 2 ноември годинава. Минимум услови кои треба да
зградбата на новиот градски плоштад Гоце Делчев во Струмица е во завршна фаза. Ако се оди според планираното, плоштадот ќе биде пуштен во употреба на 11 декември, денот на заштитниците на Струмица „Св. Петнаесет тивериополски маченици“. Целокупниот проект вреден околу 3,2 милиони евра го изведува домашната градежна компанија „Жикол“, која на тендерот понуди дури еден милион евра помалку одошто беше планирано со општинскиот буџет. - Изградбата на плоштадот, што ќе биде еден од најубавите во Републикава, ќе се плаќа на две годишни рати, односно во оваа и во наредната буџетска година. Покрај основната сума од три милиони евра, се планира да бидат потрошени уште околу 200 илјади евра за надзор, за изградба на саат кула, за набавка и поставување на урбаната опрема, за споменикот посветен на струмичкиот карневал и за други позиции - вели градоначалникот Зоран Заев. Под нивото на плоштадот, што ќе има три влезноизлезни отвори, е проектиран нов паркинг простор за 86 возила, а во рамки на проектот е опфатена и реконструкција на улиците Јосиф Јосифовски Свештарот (Леблибиџиска) и дел од Благој Мучето до зградата на општина Струмица. Со реализацијата на овој проект значително ќе се растовари сообраќајниот метеж во центарот на Струмица, а самиот плоштад ќе претставува пешачко острово и ќе биде дел од познатото струмичко корзо.
охрид
ги исполни хотелот што ќе се изгради, се условите содржани во Правилникот за категоризација на угостителските објекти што е усогласен со стандардите на Европската Унија, и во кој се дефинирани условите што треба да ги исполнува хотел од прва категорија со пет ѕвезди.
јавниматеријал набавки • изработка на рекламен • изработка на веб решенија • графички дизајн
Овластени за легализација на нелегални, бесправно изградени градби:
А и Б лиценци за проектирање А и Б овластувања за проектирање, ревизија, надзор
Е
Н ТИ
К АР
М
Васил Ѓоргов 21 вл.2, лок.8, 1000 Скопје Тел: + 389 2 3243 790 Факс: + 389 2 3243 796 biroproekt@biroproekt.com.mk
biroproekt.com.mk
• проектирање • ревизија • надзор • ентериери
Г
ПРОЕКТИРАЊЕ
• легализација на градби изградени на сопствено земјиште без потребни дозволи; • градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно; • градби изградени на државно земјиште и градби изградени на сопствено земјиште, но кои се наоѓаат во посебни заштитени зони; • легализација на базни станици (за правни лица чија дејност се телекомуникациски услуги).
градежништво
изградба на најголемото пристаниште во светот
велиКа Британија
L
ondon Gateway е голем инвестициски проект сместен на северниот брег на Темза, блиску до нејзиното устие во Северното море (Thurrock, Essex). Проектот за изградба на најголемото пристаниште во светот за големи прекуокеански товарни бродови опфаќа и изведба на најголем европски логистички парк, кој обезбедува добра поврзаност со автопати и железница со Лондон и цела Велика Британија. Со комплексот лоциран на местото на некогашната рафинерија за нафта Shell Haven, ќе се управува со помош на најсовремени технологии за да се намалат трошоците што го следат транспортот на стоки. Зад проектот стои компанијата DP World, една од најголемите светски компании за управување со пристаништа. Изведбата на пристаништето што започна во почетокот на 2010 година ќе трае неколку години, а градењето ќе биде изведувано во 6 фази.
16
3
ПОРТА
(www.pla.uk) 08 октомври 2010
градежништво
велиКа Британија
роман абрамович гради таен ноќен клуб под стадионот на Фк челзи
Р
оман Абрамович гради таен ноќен клуб под стадионот ФК Челзи во Лондон. Клубот вреден 20 милиони долари со капацитет од 500 луѓе треба да биде завршен кон крајот на ноември или почетокот на декември годинава, а ќе биде сместен под источната трибина на стадионот Стамфорд Бриџ. Главен изведувач на градежните работи е фирмата Cumberland од Есекс специјализирана за изведба на ентериери. Клубот е предвиден за одржување на живи свирки, но не е наменет за поширока публика, туку за ВИП пријателите на Абрамович. По идеја на рускиот милијардер во ентериерот ќе биде изведен водопад со височина од четири метри, а просторот за играње ќе биде решен со хидраулична платформа, која ќе може да се подига и спушта по желба.
ГерМанија
термопластика од дрвен композит
T
ecnaro e германски производител на висококвалитетна пластика од обновливи извори. Како сировина се користи лигнин, нецелулозниот дел од дрвото, кој е веднаш после целулозата најраспространетиот природен полимер. Лигнинот е нус-продукт од производството на плута и е лесно достапен - секоја година се произведува околу 50 милиони тони на овој материјал. Со мешање на лигнинот со природните влакна (лен, коноп и други влакнести растенија) и некои природни адитиви, се добива влакнест композит кој може да се обработува на високи температури и токму како и термопластиката може да се лее во калапи на обичните машини за производство на пластични производи. Од овој композит на дрво може да се прават компјутери, телевизори и мобилни телефони.
(www.tecnaro.de)
(www.cumberland-construction.co.uk)
Сад
Нано структура на алуминиум јака како челик
И
стражувачите од North Carolina State University пронајдоа легура на алуминиум која е јака како челик, а во исто време се одликува и со голема пластичност, не се деформира и не се крши лесно под дејство на вертикални оптоварувања. Алуминиумската легура, чии карактеристики за првпат се објавени во списанието Nature Communications, е составена од мали гранули кои се илјада пати помали од дебелината на човечката коса. Секоја гранула е малечок кристал помал од 100 нанометри, што му дава голема цврстина на материјалот. Истражувачкиот тим заедно со Department of Defense моментно работат на создавање легура на магнезиумот, која ќе може да служи како заштитен панцир на војниците и полицајците.
(ScienceDaily) подготви: Наталија НОВакОВиЌ- ДОБреВСка
нови Материјали
иднината лежи во LSL - конструкции од дрво LSL
- laminated strand lumber не е нов материјал, туку производ кој поради своите карактеристики во последно време станува многу баран на пазарот во САД. Тој се прави од дрвени отпадоци до 30 см должина, од различни видови четинари кои немаат доволно добри карактеристики да се користат за тавански греди или дрвени конструкции. Кога парчињата на истите тие видови ќе се ламелираат со водоотпорно лепило и состават во преса формирајќи така LSL, се добива дрвена граѓа која исполнува високи технички стандарди за конструктивно дрво. LSL не содржи формалдехиди како поголемиот број на ламелирани конструкции од дрвени елементи (како што е на пример medium density fiberboard - MDF што го содржат медиапанот и иверката). Адхезивите што се користат во производството на LSL не се токсични материјали и многу е мала веројатноста оваа граѓа да содржи штетни VOC материи. LSL се произведува во различни димензии од стандардни штафни 5x10 см, па сè до конструктивни греди кои можат да се користат за изведба на меѓукатни и покривни конструкции. Овој материјал е поевтин од масивното дрво, но цената му е сепак поголема од другите ламелирани материјали на база на дрво.
(ilevel.com)
3
08 октомври 2010 ПОРТА
17
градежништво
Реставрација на реките како суштински екосистеми Излезе во М печат првиот прирачник за еколошка реставрација на реките, кој претставува прв ваков прирачник не` само кај нас, туку и пошироко 18
3
ПОРТА
инатата недела, во просториите на Градежниот факултет во Скопје, беше промовиран „Прирачник за реставрација на реки“. Автори на книгата се проф.д-р Цветанка Поповска од Градежниот факултет и проф.д-р Светислав Крстиќ од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет, а како раководител на проектот се појавува Димитрија Сековски од УНДП. Прирачникот е издаден и изработен во рамките на проектот „Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Ова е прв ваков прирачник нè само во државава, туку и во поширокиот регион кој се обидува да ги третира реките како интегрални целини, односно како цели екосистеми. Тој претставува и прво издание од ваков тип кај нас, кое ги обработува најсовремените светски пристапи во управувањето со речните
08 октомври 2010
екосистеми и според авторите, „нуди практични решенија за правилно користење на економските потенцијали кои ги поседуваат реките, заштита и спречување од нивното штетно дејство, истовремено зачувувување на нивните природни вредности и таквиот квалитет, како и еколошките принципи поврзани со зачувување на биолошката разновидност“. Прирачникот е наменет за професионалци кои работат на полето на уредување на водотеците, заштита на акватичните екосистеми, спроведување на разни водостопански проекти и друго. Целта на овој прирачник не е да ги повторува веќе познатите теоретски основи и практики во уредувањето на водотеците, туку да ги надополни преку прикажување на најсовремените трендови и приоди. ИТНОСТ Знаеме дека ширум светот па и кај нас, многу реки и сливови се загрозени и уништени од човекот и од несоодветното управување со реките како екосистеми, а кои со правилен начин на користење, нудат
голем број економски потенцијали или ресурси за човекот. Веќе подолго време, во многу земји се упатуваат повици за итни и нужни акции со кои ќе се намали и спречи деградацијата што најмногу се случува преку интензивните изградби на разни акумулации, зафати, свртувања на реките и уништување на вегетaцијата. Се бара итна заштита на биолошките процеси на реките, интензивен напор за спречување на деградацијата на реките и речните сливови и нивно квалитетно управување како општествени и функционални екосистеми. Она што е најважно, кај нас може да се изврши неопходната реставрација на реките. Според Сековски, најтежок тип реставрација има кај урбаните реки кои се канализирани и имаат објекти околу нив, додека вон урбаните делници можат да се прифатат многу полесни мерки, што значи враќање на природната структура на речното корито. Проф.д-р Светислав Крстиќ од Природно-математичкиот факултет
нови изданија
„Прирачник за реставрација на реки“.
градежништво истакна дека прирачникот има еден општ карактер, а неговата цел е да ги упати заинтересираните субјекти и пошироката јавност во потребата за едно посуштинско размислување за речните екосистеми, за да не дојдат во фаза да им биде потребна ревитализација. Според проф.д-р Цветанка Поповска од Градежниот факултет, идејата за прирачникот потекнала од најновите трендови во светот кои се во интерес за спас на планетата Земја. И ние, иако сме неразвиена земја, мораме да имаме поинаков приод кон животната средина, особено кон реките бидејќи тие се единствен извор на свежа вода. Реставрацијата на реките и еколошките мерки треба да се однесуваат на враќање на секоја река во нејзината првобитна состојба пред да почнале деструктивните влијанија од страна на човекот. „Ако тоа е невозможно, барем да се подобри состојбата“, посочи Поповска пред присутните новинари за време на промоцијата. ПЕТ ПОГЛАВЈА Во прирачникот се елаборирани и анализирани развојните фази на проектите за реставрација на реките и речните коридори низ пет поглавја: 1. „Речни системи - структура и функција“, каде се изнесени основните структурни елементи на реките и речните екосистеми, просторната и временска рамка на анализирање и основните концепти на мониторингот и адаптивното управување; 2. „Речни процеси и живеалишта“, каде се презентирани хидролошките и геоморфните процеси и комплексноста и поврзаноста на речните живеалишта; 3. „Процена на речните живеалишта“, каде се дискутира за улогата на процената во рамките на сливно подрачје и во рамките на водотек, како и за начинот и методите за спроведување на процената; 4. „Развивање на стратегија за реставрација на реки“, каде се елаборирани основните концепти за планирање и организација на иницијативите за реставрација на речните коридори; и во последното 5. поглавје насловено како „Проектирање на реставрацијата“, кое е всушност носечкиот дел од овој прирачник, и во кое се анализирани критериумите за проектирање, опис на техниките за реставрација на речното корито, на речните брегови, на растителните заедници и на речните живеалишта.
подготви: Дејан БУѓеВац
3
08 октомври 2010 ПОРТА
19
градежништво
доградба на зграда во ,,Карпош" оштетена во Скопскиот земјотрес
Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963
,,Станува збор за минорен сеизмолошки настан. земјотреси со ваква магнитуда во светот се случуваат во просек секој шести ден. Да биле почитувани прописите и да биле земени предвид добро познатите принципи за проектирање, скопскиот земјотрес од 1963 год. можел да биде многу помалку од катастрофа." 20
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Glen V. Berg Professor of Civil Engineering
The University of Michigan ,,The Skopje Earthquake" Report American Iron and Steel Institute
градежништво зеМјОтреСОт
26
-ти јули, 1963 г. 5:17. Катастрофален земјотрес во Скопје, главниот град на Република Македонија. Еден од најсилните во Европа во XX век. Топлото летно утро се претвора во пекол. Над 1.000 загинати, уште повеќе повредени. Многу урнати и оштетени објекти. Семејни трагедии, уништени домови, прекинати животни сништа. Овој трагичен настан длабоко се врежува во свеста на жителите на Македонија, а и пошироко. Прераснува во траен репер за временско детерминирање на настаните. Скопје станува град на светската солидарност. Пример за хуманитарно уривање на уште нестврднатиот
Железничката станица - симбол на земјотресот
берлински ѕид. Под покровителство на ОН врвни светски урбанисти, архитекти и инженери земаат учество во обновата на разурнатиот град и ги поставуваат темелите на неговиот иден развој. Катастрофата провоцира пресврт во начинот на проектирање и градење на конструкциите. Иницира интензивен развој на науката во областа на сеизмологијата и асеизмичкото градење. Се инвенстира во обука на стручни кадри во престижните центри во САД и Јапонија. Се осовременуваат студиските програми на Градежниот факултет, во рамките на Универзитетот ,,Св Кирил и Методиј" се формира Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Се донесуваат нови, современи прописи за проектирање на конструкции. Македонија, нè само во рамките на поранешна Југославија, станува лидер во оваа област. Квалитетот на градбите станува сè подобар. Лекцијата е научена. Но, не за долго. Само триесеттина години по земјотресот, со настапување
на процесот на општествената транзиција, почнавме да ги забораваме ужасите што произлегуваат од лошиот начин на градба. Воспоставениот систем на градење неповратно се извитопери. Бескрупулозната битка за што поголем профит промовира многу аномалии, а тоа резултираше со чест неквалитет во градењето. Таканаречената урбано-градежна мафија, водена од сопствените интереси, ги презеде процедурите во свои раце и како моќно цунами го потопи макотрпно градениот систем. Почнувајќи од погрешна и нарачана урбанизација, силување на просторот, шпекулативно проектирање и ревидирање, вградување на материјали со сомнителен квалитет, градење без стручен надзор се само некои од елементите на новоизградениот систем. Бавното обновување на регулативата од областа на проектирањето и градењето само им одеше под рака на овие негативни појави. Квалитетот на градбите почна да опаѓа. Научената лекција почна да се заборава. Во овој текст нема класична наука.
Нема конечни елементи, забрзувања, периоди, ,,push over" анализи. Ова е труд со еден друг вид анализа, анализа на реалноста, анализа на приципите што, во една држава со предолга општествено-економска транзиција, доведоа до пад на квалитетот на градбата и за последиците што произлегуваат од тоа. Негова основна цел е да биде еден вид експертска ,,вувузела" чиј предупредувачки писок треба да допре до свеста на учесниците во процесот на градење, скромен обид за укажување на важноста на системските процедури и нивното почитување. Без ваковиот пристап научните истражувања и сознанија, колку и да се квалитетни, стануваат бесмислени, ,,L’art pour l’art"- истички, без практична верификација.
ПричиНи Причините за ваквите состојби се многубројни. Најголем дел од нив се меѓусебно поврзани и испреплетени:
економската криза Од економската криза, чии почетоци датираат уште од деведесеттите
градежништво
години на минатиот век, прво е погодено градежништвото. Со затворањето на неколку профитабилни надворешни пазари, пропратено со драстично редуцирање на домашните инвестиции доаѓа до инфлација од инженерски кадар која безмилосно ја девалвира вредноста на инженерскиот труд. Голем број на докажани стручни кадри остануваат или без ангажман, или со потценувачко ниски примања. Тоа предизвикува неповратно навлегување во вртлогот на вземната условеност на ниската цена и неквалитетниот производ.
Пропаѓањето на големите градежни фирми Настанува тивко, постапно пропаѓање на квалитетни, добро екипирани градежни фирми со долгогодишна традиција на правилна хиерархиска поставеност на знаењето. Ова е пропратено со формирање на многу нови, мали приватни, т.н. човек-фирми, во кои нема услови за тимска работа со трансфер и размена на знаење. Искусните инженери, борејќи се за егзистенција, приморани се да извршуваат разноразни работни задачи, немајќи време да се посветат на стручната работа. Истовремено, младите инженери неподготвени, немајќи од кого да учат, сурово се фрлаат в оган, па наместо во проектанти се претвораат во пресметувачи на наметнати конструкторски решенија. Импровизацијата навлегува во сите пори на градежништвото.
Деконструкција - реконструкција на системот
Постоењето на систем и почитувањето на воспоставените процедури се основните гаранти за постигнување на квалитет. Најголем губитник од деконструкцијата на постојниот систем за реализација на објектите (од проектирање до технички прием) и неговата хаотична реконструкција во некаков ,,Франкенштајновски" облик е квалитетот на градбата. Се предаваат непотполни и погрешни проекти, понекогаш изработени за сосема други објекти, со нарачани ,,лажни" ревизии, се гради без стручен надзор, со недоволно обучени работници, со непроверени материјали........ Процедурите се приспособуваат единствено за поголема ,,проточност на процесот", а не за обезбедување на подобар квалитет.
задоцнета законска регулатива И покрај тоа што промената на општествениот систем, а со тоа и на многу суштевствени процеси во областа на градењето започна во далечната 1990 год, дури петнаесет години подоцна беше донесен првиот закон за градење во независна Македонија, приспособен на новонастанатите општествено-економски услови. Меѓу последните во Европа формиравме Комора на архитекти и инженери преку која се издаваат овластувањата на учесниците во градбата што служат како доказ за нивната компететност за извршување на одредени дејствија во процесот на градење. Доцнењето на законската регулатива создаде слободен, нерегулиран простор кој профитерите од различен вид мошне успешно, секој преку свои лоби групи, успеаја
Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
ОДБЕГНУВАЈ ,,ВКРУТУВАЊЕ" НА РАМКИТЕ СО МАСИВНА ЅИДАРИЈА
22
3
ПОРТА
08 октомври 2010
да го искористат за свои интереси. Урбанизмот стана клучна точка околу која се концентрираа сите, од власта до инвеститорите. Квалитетот на градбата стана маргинална, неважна категорија која требаше да се подразбира сама по себе.
корупција Рак рана на секое општество. Присутна во сите средини, некаде повеќе, некаде помалку. Особено плодна почва наоѓа во земјите на транзиција. Во Македонија, подолго време, кај дел од администрацијата егзистира еден вид латентна корупција изразена преку ,,советодавно" насочување на инвеститорот кон ,,подобен" проектант, изведувач, надзор, со чија помош полесно би се минал сложениот лавиринт од административни процеду
потврда и за идентитетот на секоја нација. Така и во овој сложен процес, образованието на инженерите можеби зазема најзначајно место. Проблемот со образованието на градежните инженери во Република Македонија може да се анализира на две нивоа. Прво, веќе две децении имаме масовно пренасочување на младите кон студирање на полесни факултети, со звучни, егзотични имиња. Ова е делумно последица на ехото што допира до нив од погоре споменатите негативни појави, а делумно се должи на пореметениот систем на вредности. Згора на тоа, високото образование се претвори во бизарна бизнис категорија со што проодноста, а не квалитетот, станува доминантен показател за успешноста на одреден факултет.
алтернативни текови на проектирањето Образование Образованието само по себе е еден од најбитните елементи за развојот на општеството. Меѓу другото, квалитетното образование е најголема
Второто ниво се однесува на доживотното учење. Градежното конструкторство е сериозна дејност која бара перманентна едукација.
реалНОСт Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
ОДБЕГНУВАЈ КРАТКИ СТОЛБОВИ
реалНОСт
градежништво Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт
ОДБЕГНУВАЈ ДЕЛУМНО ИСПОЛНЕТИ РАМКИ
ВО СКЕЛЕТНИТЕ КОНСТРУКЦИИ, ДИЛАТИРАЈ ГИ НЕКОНСТРУКТИВНИТЕ ЅИДОВИ Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт
ОДБЕГНУВАЈ ФЛЕКСИБИЛНИ ПРИЗЕМЈА
ОДВОИ ГИ СОСЕДНИТЕ ЗГРАДИ СО ДИЛАТАЦИИ За воспоставената практика дипломирањето, наместо вистински почеток, да значи крај на личното образование и усовршување, има повеќе причини. Во најголем број случаи нискиот инженерски стандард не дозволува инвестирање во стручна литература, современ софтвер, учество на стручни и научни собири, посета на саеми, во школарина за магистерски и докторски студии и сл. Малите фирми, борејќи се за гола егзистенција, најчесто немаат можност да инвестираат во развојот
на своите вработени со што текот на стекнување нови знаења е прекинат, трката со поразвиените земји загубена.
последно време сме сведоци на чести архитектонско - инженерски авантури и врз постојните и врз новите градби.
ПОСлеДици
Се проектираат и градат конструкции со грешки во генетскиот код, во кои покрај материјали со непроверен квалитет се вградуваат и незнаење, импровизација, аматеризам, шпекулативност, коруптивност….
Една е последицата, но со потенцијални катастрофални ефекти - неквалитетната градба. Иако се знае дека квалитетните конструкции се единствената гаранција за успешна заштита од влијанијата што делуваат врз објектите, меѓу кои и оние од земјотресите, за жал, во
Преокупирани единствено со урбанистичкиот аспект на градење, околу кој се вртат и големите
профити, дозволивме ,,никнување" на голем број т.н. ,,конструкторски дивоградби", чие постоење и употреба претставува потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните. Успеавме за кусо време да го доведеме во прашање воспоставениот квалитет на проектирање и градење. Дозволивме да надвладее хаосот над редот, незнаењето над знаењето, неквалитетот над квалитетот, профитот над одговорноста…
3
08 октомври 2010 ПОРТА
23
градежништво Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт
ФАВОРИЗИРАЈ ОСНОВИ СО ПРАВИЛНА ГЕОМЕТРИЈА
ОДБЕГНУВАЈ МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ СИСТЕМИ Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
реалНОСт Основни принципи за асеизмичко проектирање на зградите
ДИСКОНТИНУИТЕТИТЕ ВО КРУТОСТА И ЈАКОСТА ПРЕДИЗВИКУВААТ ПРОБЛЕМИ
реШеНија Решението на проблемот е сложено и бара соодветни активности на поголем број чинители во подолг временски период. Потребни се желба, концепт, стратегија, знаење, истрајност. Треба паралелно да се делува во повеќе насоки, свесни дека резултатите не можат веднаш да се очекуваат.
Нова законска регулатива Потребно е итно донесување на законска регулатива со пропишани далеку построги критериуми за добивање и продолжување на личните Овластувања за вршење на соодветната стручна дејност. Вакви, построги критериуми, особено е битно да бидат донесени за категоријата Ревидент со што контролата на проектите ќе ја добие вистинската смисла. Со ваквото 24
3
ПОРТА
08 октомври 2010
реалНОСт
ОДБЕГНУВАЈ НЕРЕГУЛАРНИ ЈАЗЛИ решение посредно ќе се влијае и на корекција на деструктивно ниските цени на проектирањето.
урбанистичките и архитектонските аспекти на проектирањето.
стекнување на нови знаења, може да има крајно неповолни последици.
регулирани минимални цени
Доживотно учење Потребно е да се изгради систем на доживотно учење кој ќе обезбеди постојано усовршување на стручните кадри, следење на најновите стручни и научни достигнувања, едукација во однос на новите технички регулативи (како на пример Еврокодовите) и сл. Тука главната улога треба да ја преземат Комората, Универзитетот и стручните асоцијации. Ваквиот систем на постојано едуцирање ќе претставува и своевиден филтер за сепарирање на квалитетот од неквалитет.
ПОУка
Имајќи предвид дека станува збор за регулирана, исклучително одговорна професија, потребно е донесување на тарифник од страна на Комората со кој ќе се дефинираат минималните цени на инженерските услуги и изнаоѓање на начин за почитување на истиот.
Стручна администрација Во соодветните органи на централната и локалната администрација свое место треба да најдат и градежните конструктори. На тој начин ќе се обезбеди соодветна дополнителна контрола на проектната документација и од конструкторски аспект, наместо истата и понатаму да се маргинализира за сметка на
Но, ниту еден квалитет не се создава преку ноќ. Особено нè, квалитетниот градежен конструктор. Тоа е долготраен процес во кој секој дисконтинуитет, особено во
Градежното конструкторство е сериозна дејност. Една од најсериозните. Тоа е дејност која бара перманентно образование, одговорност во работата, широк спектар на продлабочени знаења и пред сè добро изграден систем кој ќе гарантира нивно правилно преточување во практиката, односно во реалниот живот. Во оваа дејност импровизациите и грешките, на кое било ниво, можат да бидат со несогледиви последици. Токму затоа не смееме да го забораваме скопскиот земјотрес
горан МаркОВСки
Градежен факултет, Скопје
ФАСАДНО СКЕЛЕ
16 €
/m²
цена без ДДВ
• производство EU • сертификат DIN EN 12810-1:2003 • во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...
Бул.Александар Македонски ББ, Скопје тел/факс: 2535-099 и 2580-852 e-mail: info@akustik.com.mk
архитектура
оае
СПИРАЛНА фАТАМОРГАНА ВО ЗАЛИВОТ НА АБУ ДАБИ
З
италија
ВИЗИЈА ЗА БАНКА НА АРхИТЕКТОНСКОТО СТУДИО КУАДРА
а избор на архитектонско решение за Helix Hotel во Абу Даби, беше одржан конкурс од затворен тип, на кој се пријавија многу еминентни имиња од светската архитектонска јавност. Oбјектот на Leeser Architects што победи на конкурсот, има форма на спирала на која се наредени собите од првиот до последниот кат. Градбата е проектирана така што се добива впечаток дека лебди над водата, како привремена фатаморгана над заливот, која го дели со мостот Шејк Зајед што се гради
во близина, под палката на Заха Хадид. Предвидено е хотелот да располага со 208 соби, проектирани врз спиралната подлога. Токму спиралниот под, од каде доаѓа и името Helix Hotel, во старт ја разбива вкоренетата парадигма за долги прави хотелски ходници и класични заеднички простории кои најчесто се прва асоцијација за престој во хотел. Решението ветува максимално искористување на обновливите извори на енергија. Објектот е обложен со
К
аскада од синџири на фасадата и динамичен, мобилен, флексибилен простор се карактеристиките што не би ги очекувале за еден општествен објект - банка, особено ако архитектонското дело се наоѓа во близина на Маритимските Алпи, Италија. Победникот за објектот огранок на кредитна агенција, носи свежина во проектирањето на овој тип објекти, карактеристичен повеќе за проектирање на изложбени простори. Банката е сосема поинаква од традиционалната слика за ваков тип објекти во архитектурата. Архитектонското студио Куадра создало изненадувачкa и иновативна надворешност, додека внатрешноста зрачи со интимност и топлина. Иако ова студио е составено претежно од млади архитекти, тие покажуваат големо знаење за употребата на иновативни, современи материјали. Стаклото, металот и челикот се искомбинирани како паметна алхемија која ја акцентира постојаноста, формата, квалитетот и сингуларитетот, додека во ниеден момент не е запоставена композицијата на објектот што останува прецизна и чиста.
26
3
ПОРТА
08 октомври 2010
таканаречените GROW панели, изработени од 100% рециклирачки полиетилен, кои ја апсорбираат и пренесуваат соларната енергија како и енергијата на ветерот. Самиот центар во внатрешноста на зградата е шуплив и овозможува циркулација на свеж воздух однадвор, како и природно осветлување во текот на денот. Визуелни атракции се инсталираниот водопад од океанска вода, како и базенот со стаклено дно што лебди над океанот.
(л.П.Б.)
јаПонија
ОБЈЕКТОТ СфЕРА СИМБИОЗА НА СВЕТЛИНА, ПРИРОДА И АРхИТЕКТОНСКИ СЕНЗИБИЛИТЕТ
архитектура
НОВАТА РЕГИОНАЛНА БИБЛИОТЕКА ВО КАЕН ЌЕ СЕ ГРАДИ СПОРЕД ПРОЕКТОТ НА ОМА Франција
О
бјектот Сфера на архитектот Claesson Koivisto Rune е културен центар во Гион кој содржи уметничка галерија, дизајнерска продавница, ресторани, канцеларии и кафулиња. Гион претставува традиционален дистрикт на Кјото, Јапонија. Куќите стари по неколку векови се впечатливи по преградата за заштита од сончевата светлина изработена од бамбус, дрво или оризова хартија. Земајќи неколку листови од црешовото дрво архитектите создале образец на листови кој се повторува на надворешната обвивка на објектот. Објектот во исто време е монолитен и претставува титаниумски вел кој создава игра на светлото и сенката во ентериерот. Лиричната внатрешност изобилува со архитектонски сензибилитет и претставува целосна просторна студија на највисоко ниво.
А
рхитектонското студио ОМА победи на конкурсот за нова регионална библиотека во Каен, Франција. Објектот со големина од 12.000 м2 претставува првиот општествен објект на ОМА во Франција, а се состои од четири крила ориентирани кон најзначајните точки на градот. Библиотеката содржи две простории за читање кои се сечат една во друга, проектирани со цел да ги
поттикнуваат хуманистичките активности, науки, технологии, литературата и уметностите. Во надворешноста се отвора кон паркот и плоштадот. Објектот е насочен кон набљудување на урбаниот и културниот пејзаж, задржувајќи ја истовремено и својата основна традиционална улога на простор за читање, учење и интеракција помеѓу посетителите.
СловачКа
21 КУЌА ВО ЕДНА НИЗА А
рхитектонското студио Vallo and Sadovsky Architects изработи архитектонски проект за куќи во низа во Словачка. Проектната програма се состоела од тоа да се направи хибрид од поголемо, поудобно живеалиште со 4 паркинг места и фамилијарна куќа со мала градина, две тераси и сопствена гаража. Предлог на архитектите е објект кој го следи природниот пад на теренот. Изградени
подготви: александра ШекУткОВСка, дипл.инж.арх.
се 21 фамилијарнa куќa, кои се поделени соодветно на 3 дела. Уличниот простор се граничи со гаражи на кои се надоврзува пристап до живеалиштето и интимен приватен простор. Куќата има три нивоа и секое од нив завршува со тераса, што го нагласува чувството на архитектите за создавање на комплетен дом. Целиот комплекс е препознатлив по деталите, веселите бои и гаражите на кои е исцртан принт на зеленило.
3
08 октомври 2010 ПОРТА
27
архитектура
Дом на дрвото
К
уќата на бизнисменот Џорџ Бонин што се наоѓа во Варна, претставува обид за интерпретација на современата архитектура во една рурална средина. Концептот на ова дело на проектантите од њујоркшката фирма Игњатов архитектс во Варна, се фокусира на развивање на архитектура инспирирана од дрвјата што растат слободно. Покрај вообичаената програма на домување, просторот во Домот на дрвото се состои од три интегрални делови кои ги содржат и вистинските дрвја: плодна внатрешна градина (круна), централна носечка структура (стебло и гранки) и изменувач на геотермална енергија (корења). Системот е иновација на проектантите од њујоршката фирма Игњатов архитектс. Тој работи во согласност со природниот прототип стаклените фасади и соларните панели ја користат сончевата светлина, додека скриените олуци ја одведуваат дождовницата од покривот и ги наводнуваат растенијата што растат на него. Домот на дрвото ги следи следните пет принципи на
28
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Куќата во Варна (Бугарија) проектирана од њујоршката фирма Игњатов архитектс за бизнисменот Џорџ Бонин е конципирана како дрво. Се состои од плодна внатрешна градина (круна), централна носечка структура (стебло и гранки) и изменувач на геотермална енергија (корења).
архитектура
3
08 октомври 2010 ПОРТА
29
архитектура
проектирање: приспособливост (куќата се приспособува на теренот, без да го менува), интегритет (архитектурата, структурата и услужниот систем работат заедно, функционално и естетски поврзани меѓусебно), ефикасност (конструкцијата и одржувањето бараат минимални материјали и енергија), независност (објектот е самоодржлив преку употреба на обновливи енергетски системи и рециклирање на отпадот) и изводливост (користи зелена стратегија која се исплатува за 10 години од нејзиното користење). Концептот на Домот на дрвото може да биде применет во реалниот живот во два случаи - како Голем Дом на дрвото (главна куќа) и Мал Дом на дрвото (гостинска куќа)
ангел СитНОВСки, 30
3
ПОРТА
дипл.инж.арх.
08 октомври 2010
рубрика
■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија
ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА” Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk
■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др
TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, office@tondach.com.mk
архитектура МАКЕДОНИЈА НА 12. БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
Можеме ли да ги поместиме границите на нашите хоризонти?
32
3
ПОРТА
08 октомври 2010
архитектура УЧЕСТВО Република Македонија оваа година на венециското биенале се претстави со проектот што го изработи тим студенти, професори и асистенти од Архитектонскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје. Темата со која нашите студенти настапуваат на Биеналето го носи името „Учење архитектура“. Главни куратори на проектот се професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља, а во креирањето на македонскиот проект учествуваа 101 студент од прва година на Архитектонскиот факултет. Проектот претставува целина од индивидуални проекти на студентите што се трета генерација која минува низ програмата на архитектонско Студио 1/2. Секој од нив имаше задача да направи различни проекти за живеалишта за три луѓе, односно за различни личности кои имаат свои разни потреби. Така, има студенти што проектирале дом за археолог, војник и за фудбалер, за сликар, новинар и за фотограф, за архитект, домаќинка и за пливач... Потоа овие проекти се спојуваат и се создава една целина. Македонскиот павилјон е поставен на исклучително фреквентно место, во Арсенале, и самиот настап на нашите претставници немал класично отворање на изложбата, туку еден вид отворен час, при што студентите направија еден вид жив ѕид, соби составени од луѓе, еден вид кореографија, еден вид оро.
O
блечени во црвени маички, студентите со сопствените тела креираа форми во просторот. Овој перформанс кој беше дел од предвидената програма на 12. Биенале за архитектура во Венеција, со својот поинаков и свеж пристап во однос на зададената тема на Биеналето „Луѓето се среќаваат во архитектурата“, го привлече вниманието и на медиумите, на архитектите учесници, како и на гостите на Биеналето. Изведбата на студентите акцентираше еден од првите чекори во правец на надминувања на досегашните архитектонски достигнувања, а тоа е „учењето архитектура“. На Биеналето учествуваа 102 држави, беа прикажани многу различни концепти и интерпретации на дадената тема. Нашето претставување во смисла на прикажување на процесот на учење за просторот преку опросторување една структура. Најинтересната линија во овој
мејнстрим беше проблемизирање на статусот на материјалот, односно дематеријализација на просторот и искуството до граници на нематеријалното. На Македонија која во 2006 година доби и признание за својот павилјон на 10-то венецијанско Биенале, ова и е четврто учество на оваа најголема смотра на архитектите. Изложбата ја организира Музејот на град Скопје, со поддршка на Министерството за култура. Самото појавување и учествување на таков тип манифестација на која целиот свет партиципира, е од исклучителна важност за нашата земја, како и за секој учесник од архитектонската сфера, бидејќи на тој начин тој се вреднува себе си според критериуми на едно повисоко ниво, не само во локалното опкружување. Учеството на Македонија на оваа манифестација, според кураторите на проектот професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља, е многу
важно и заради тоа што повратно на претставувањето архитектонска продукција себе си ќе се препознае како нешто што не е само индивидуално прашање на просторни шпекулации, туку е уметничка дисциплина која придонесува за културната размена. „За нас архитектурата претставува културолошка категорија на размена на значења. Во таа смисла, ние ја изведуваме нашата култура, која е нашата смисла на живеење, преку проектирање во просторот. Поедноставено, просторот што го обликуваме е проекција на нашата култура која е значаен сегмент од нашето битие, односно преку архитектурата се проектираме и дефинираме себе си. Од овој аспект учествувањето е навистина значајно, особено за младите студенти кои со ова стекнуваат поголема одговорност како идни проектанти“ велат тие.
леонида Пенка-БаШа
3
08 октомври 2010 ПОРТА
33
архитектура
Минас Бакалчев, професор на архитектонски факултет при УКИМ
експеримент кој трае три години 34
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Сите поврзани во едно нешто - архитектурата Патувањето во Венеција за нас студентите беше еден вид заокружување на сè што сме работеле во текот на прва година. Целата манифестација беше многу добро организирана и иако бевме во трка со времето, се потрудивме да разгледаме што е можно повеќе. Бев воодушевена од начинот на кој луѓето размислуваат и го сфаќаат „учењето на архитектурата“. Иако доаѓаа од различни земји, со различни култури и сфаќања, сепак сите беа поврзани во едно нешто - во архитектурата. Во деновите кога ние бевме во Венеција, биеналето беше отворено само за учесниците, па ми беше чудно чувството да бидам опкружена само со архитекти околу себе. Тоа беше шанса да учиме од професионалци со долго работно искуство. Ја имавме можноста да ги видиме проектите на некои светски познати архитекти како Kazuyo Sejima, Rem Koolhas и уште многу други. Се надевам дека еден ден повторно ќе учествувам на ова Биенале со свој индивидуален проект. - Претставувањето на Македонија на 12. Биенале во венеција е со насловот „Учење архитектура“, влегува во општата рамка на темата на биеналето. Но, од друга страна, тоа за нас беше заокружување и утврдување на успешноста на еден заеднички експеримент, кој трае веќе три години. Пред три години, за првпат во историјата на архитектонскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, почна со работа архитектонско студио по сосем нов концепт. Со активностите на ова студио, студентите од прва година многу директно се воведуваат во светот на проектирањето и непосредно учат при несвесна игра и свесно манипулирање на просторот. ова претставување беше со третата генерација студенти кои поминаа во ваквата архитектонска работилница, односно студио. Самата тема „Учење архитектура“ функционира на две нивоа. Прво укажува на клучните точки во процесот на учењето, како од една предсвесна состојба се доаѓа до препознавање, а подоцна и
ивона теМелкОВа,
студент на архитектура
владеење со архитектонски контекст и производ. второ, самиот тој процес иницира средби меѓу луѓето, социјалната мрежа која се создава во случајот се одвива преку учење на архитектурата. Метафорично кажано, човекот се пронаоѓа, односно се сретнува себе си во архитектурата, бидејќи е потребно нешто да правиме, да се едуцираме, да твориме за да станеме свесни за себе си. Исто така сè она што се случи и произлезе од архитектонското студио има две нивоа, едно е нивото на поединечност, но исто толку е важно тоа што не е сè ориентирано само кон индивидуалните чинови и активности на студентот, туку целината на тие чинови поврзани како заедница во просторот на таа работилница која ја искористувавме на еден сосема нов начин во текот на тие три години. во материјална смисла, делото со кое што настапивме на Биеналето се создаде во три етапи: најпрво создавање на калап за еден простор во кој би се одвивал еден чин меѓу три личности, што е создавање на негатив; потоа од тој калап да се изведе фигура, позитив; а третиот чекор е обемот на таа фигура да се одвои, доведе, односно развие во конкретна ситуација овде во дворот на архитектонскиот факултет, со што се добива еден нов мозаик на форми во конкретен простор.
архитектура
Никола СтрезОВСки,
апсолвент на Архитектонски факултет
изложба која мора да се доживее
О
на што секогаш го карактеризира венециското архитектонско биенале е хетерогеноста на различните концепти и сложеноста на архитектонските поставки. Таа хетерогеност и сложеност ги опфаќа и мисловниот аспект, но и техничкиот дел - начинот на кој идеите се презентираат. Ако архитектурата е одраз на степенот на развој на една цивилизација, биеналето во Венеција е баш тоа место каде што јасно се
гледа како оваа цивилизација оди напред и се надминува себе си, а во исто време да се прикажат сите нивоа на таа хетерогеност. Република Македонија со состав од голем тим од професори, асистенти, соработници и студенти од архитектонскиот факултет во Скопје се претстави на ова биенале. Предизвикот да се учествува за целиот наш тим беше уште поголем знаејќи дека годинашен директор на венециското биенале е Казуо Сеџима, како и присуството на големите имиња од светската архитектура, Зададената тема од Казуо Сеџима – „Луѓето се среќаваат во архитектурата“ кореспондираше со дел од работата на студентите на
Даница СПаСеВСка,
студент на архитектура
вежбите од Архитектонско Студио 1 и 2. Изложбата насловена како „Учење Архитектура“ со која Република Македонија се претстави, опфаќаше различни проекти за живеалишта за три луѓе. Проектите на 100 студенти од прва година претставени во позитив и негатив како одраз на внатрешниот и надворешниот архитектонски простор беа поставени како отсечоци од блокови од стиропор, сите различни, но еден до друг, заедно претставуваа една целина. Би сакал да го пренесам чувството од еден од павилјоните на биеналето – поставката на Јунја Ишигами. Она што секогаш се очекува од овој автор е неговата желба за поместување
на границите, посебно кога станува збор за неговите изложби. Воден од концептот за да обезбеди најголема транспарентност на неговиот „простор“ опфатен во едвај видливи рамки претставуваше истовремено неверојатно архитектонско остварување и во поглед на идејата и во поглед на нејзината реализација. 0.9мм дебелите жици укрутени со 0,02мм дебелите, едвај видливи како пајажини затеги му даваа на овој павилјон едно возвишено чувство на лебдење, една претстава како да е обесен, а не дека стои на земја на просторот со димензии 14х4х4 метри. Поставка која мора да се доживее, исто како и целото венециско биенале.
Aна каФтаНОВСка,
студент на архитектура
Незаборавна лекција
комуникација преку архитектура на објектите
В
П
енециското биенале, прекрасна просторна манифестација која секој архитект би сакал да ја доживее. И тоа уште на почетокот на изучувањето на архитектурата, ја имавме таа чест да бидеме дел од него. Прекрасно беше чувството кога слушнав дека нашите дела од предметот Архитектонско Студио ќе го оформат павилјонот што ќе ја претставува Македонија на ова Биенале. Уште поубаво беше чувството кога понесени од еуфоријата сите се движевме кон „Арсенале“, ги погледнавме нашите мали простори и со нашите тела оформивме дел од нив во реална големина. Тоа беа денови кога незаситено ги воспримав лекциите по архитектура што беа насекаде околу нас. Едноставно, неверојатно искуство. Нашите професори и асистенти ни приредија незабоварен час по архитектура во Венеција, достојно заокружувајќи ја нашата прва година од студирање архитектура.
осетата на Биеналето за мене претставува големо искуство, како и можноста лично да се учествува и да се биде дел од овој светски настан. Драго ми е што бев опкружена со илјадници истомисленици и љубители на архитектурата, да стекнам нови познанства и искуства, како и да се запознаам со идеите и размислувањата на познатите светски архитекти. Иако лично не се запознав со сите, со нив можев да комуницирам преку архитектурата на нивните објекти, па така на некој начин да ги запознаам и нив. Предизвикот што го носи архитектурата според европските и светските стандарди, ни ги отвора вратите за рамноправно учество во модерните иницијативи кои се обележје на новото време. Значајно е да се напомене дека за Република Македонија, Биеналето за архитектура претставува вистински предизвик и можност да се споделат своите архитектонски достигнувања и креативни идеи пред европската и светската јавност. 08 октомври 2010 ПОРТА
3
35
архитектура
Митко хаџи – Пуља, професор на архитектонски факултет при "УКИМ
Создавање простори кои на другите ќе им бидат драги - ова е четврто учество на Македонија на ова Биенале. Првото се случи пред осум години, на кое ние учествувавме како автори и куратори, а оваа година ја претставивме Македонија со проектот наречен „Учење архитектура“ – Learning Architecture. Темата на овогодишното Биенале е „луѓето се среќаваат во архитектурата“ – People meet in architecture, предложена од светски реномираната архитектка Kazuyo Sejima од јапонија. оваа тема многу лесно се поврзува со програмата и методологијата за прва година студии по архитектура на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, бидејќи она што го работиме со студентите од прва година поаѓа од една социјална топографија, од една драма, во која просторот се случува во средбите на неколку личности. Практично, централната тема на учењето архитектура е среќавањето на личностите во просторот, односно како тој произлегува од нивните средби. Истата таа тема беше заглавие на ова изложување на венециското биенале, па оттаму произлезе нашата храброст на една манифестација од светски ранг, каде што секоја држава се претставува со своите врвни достигнувања и докажани и реномирани проектанти, ние наеднаш да се појавиме со студенти и тоа од прва година. во таа искреност ние верувавме дека може да се подучиме и да се препознаеме. -Учењето архитектура може да биде прикажано во три доминантни фази: најпрво длабење, препознавање на една конкретна програма, од нејзе создавање облик, и осознавање на смислата на обликот, како негатив. Потоа, втората фаза е негово појавување во просторот како позитив, како волумен, што е вообичаена пракса на перцепција, но она кон што е најбитно понатаму да се упатиме е меѓусебното континуирано содејство меѓу линијата, површината и волуменот. затоа одлучуваме волуменот, чијшто генотип е најприсутен во претходните фази, да го воведеме во одреден контекст, во случајот тоа се неколку дрва во дворот на архитектонскиот факултет. она што претходно беше волумен, бидејќи волуменот во себе инхерентно ја содржи и површината, одеднаш го претвораме во површина за да добие можност во интеракција со контекстот да се реализира во нешто што треба да стане. Сфаќајќи го ова човекот се учи да го перцепира просторот преку секој негов елемент одеднаш, како целина, без да го идентификува само со некој од нив, бидејќи интеракцијата на овие феноменолошки елементи е важна. -Првата вежба за проектирање во просторот се вика „Сеќавање“ или „една минијатура“. Секој студент првиот контакт со процесот на проектирање треба да го отпочне со сеќавање или препознавање на една поетска слика, на еден простор кој нему му значи или се наоѓа во неговото срце. Студентот треба да открие во себе кој е посебниот простор што му е многу драг и да размисли што е она што го прави тој простор таков, за кога ќе проектира да создаде простори кои на другите ќе им бидат драги. оваа вежба всушност ги поттикнува студентите да се препознаат себе си во архитектурата преку препознавање на архитектурата во себе. Преку следните вежби кои ги изработуваат студентите, тие истражуваат нови феноменолошки аспекти на просторното искуство, за на крајот тие да добијат низа од одговорени суштински прашања: кој сум јас? – себепрепознавање преку дефинирање на значењето на саканиот простор за личноста, понатаму препознавање на социјалната поврзаност на луѓето и просторот што се дефинира преку неа, за на крајот одново да се преиспитаат преку прашањето на себереализација и себенадминување. Проектирањето секогаш треба да завршува со самоевалуација: што постигнав? дали ги поместив границите на моите хоризонти? 36
3
ПОРТА
08 октомври 2010
архитектура
евгенија ПОПОВСка,
студент по архитектура Дел од светската елита на архитектурата
М
ногу архитекти сонуваат да го посетат Венециското биенале, а ние имавме можност тоа да го доживееме уште на самиот почеток од нашето учење за архитектура. И тоа како учесници. Благодарни сме им на нашите професори и на целиот тим по предметот „Студио1/2“ што ни овозможија да учествуваме на таков значаен настан за архитектурата. Навистина е прекрасно чувството да се биде дел од целата елита на архитектурата, да се видат делата на најголемите имиња во архитектурата, а уште повозбудливо е кога ќе ги препознаете своите идеи, и тоа замисли во нивните дела. Бев воодушевена од современата елеганција на јапонскиот архитект Тојо Ито (Тоѕо Ито) со неговиот концепт за Тхаицхунг Опера Хоусе, но не останав рамнодушна и на идејата за повторното доближување кон морето на претставниците од Кралството Бахреин (Кингдом оф Бахраин). Искуството кое го понесовме од Венеција, верувам дека сите ќе не поттикне да учиме уште повеќе за архитектурата, да создаваме, и еден ден да се претставиме на Венециското биенале како целосно изградени архитекти.
Венециско биенале - настан кој не се заборава
О
ваа година во палатата Арсенале во Венеција се одржуваше многу важен настан за нас архитектите. Иако, можеби сево ова се случува многу рано, на почетокот на нашата кариера како идни архитекти, ние бевме дел од оваа манифестација. Се работи за инсталација од 175 гипсани елементи, поставени на 65 квадратни метри. Учествувавме 101 студент, а секој студент имаше свој личен проект, кој го презентираше на свој начин. Сè беше како во сон, како во некоја бајка која не се заборава толку лесно. Тие 4 дена поминаа многу брзо, но беа преубави и богати со информации, кои можеме само да ги посакаме. Луѓе од цел свет на едно место во еден град, во град полн со многу настани. Во периодот кога ние бевме таму присутни, се отворија скоро сите павилјони. На тие церемонии имавме прилика да ги видиме,
илчо илиеВСки, студент по архитектура
Стара романтична атмосфера со најсовремени архитектонски достигнувања Се случи “Венеција“. Дел од
а во некои случаи и да се запознаеме со некои видни луѓе, кои се дел од сферата на уметноста. Вим Вендерс е личноста со која лично се запознавме. Тој е познат режисер во Германија и важи за гениј во областа на филмот. По цели денови нашите очи како да не трепкаа, потполно отворени со цел да забележат што повеќе случувања и достигнувања во архитектурата. Навистина се нема зборови да се опише тоа чувство на исполнетост. Ниту времето не беше против нас, беше убаво, и ни дозволи да се прошетаме низ Венеција и да ги запознаеме убавините на овој град на уметноста. Но, на крајот беше неизбежен и венецискиот дожд кој направи убава атмосфера во просторот. Организираноста беше на високо ниво. Како што би рекол нашиот професор Митко Хаџи-Пуља, ова случување е на ниво какво што е доделувањето на оскари во Холивуд. Овој настан не се заборава така лесно, и ќе биде присутен во нас, а Виолета ѓОргиеВСка, воедно ќе биде основа на нашата кариера. студент по архитектура
студентите меѓу кои и јас отпатувавме за Венеција. Скромни три дена, но доволни да се паметат цел живот. Градот како од бајките. Поставен на 118 мали острови поврзани со симпатични мостови, со безброј канали и неколку мали пешачки патеки, градот изгледа како да лебди над вода. Единствен и неповторлив. Колку што градот создава една стара романтична
атмосфера, толку Биеналето зрачи со својата современа моќ, технологија и уметност. Биенале создадено за да се презентира развојот и достигот на идеите и можностите во архитектурата, биеналето како огромна изложба на инсталации и уметност на едно место. Неверојатно изгледаше тој спој на стар романтичен град со современа изложба на уметност и технологија
3
08 октомври 2010 ПОРТА
37
спортски храмови
"Марфин Грин" - атина
М
ФаКТИ за "МарФиН гриН кОМПлекС" - атина, Грција Стадион, капацитет: 40.200 места кошаркарска арена, капацитет: 10.000 места Две затворени сали, капацитет: 3.000 места Период на изградба: 2008 - 2011 цена на градба: 130 милиони евра архитект: Мануел Салгадо Проект: Double Regeneration S.A
Семејството ПAO во милионски комплекс
38
3
ПОРТА
08 октомври 2010
арфин Грин Арена е името на новиот мултиспортски комплекс во Атина, кој ќе биде домаќин на целото спортско семејство Панатинаикос. Реализацијата на овој огромен спортски комплекс во областа Вотаникос, отпочна пред две години. Конструкцијата на објектот веќе е готова, а најдоцна до следната година, се очекува и финализирање на овој капитален спортски објект. Времетраењето на изградбата на "Марфин Грин" спортскиот комплекс првично беше планирано да трае 19 месеци, но големата финансиска криза го одложи финализирањето, па затоа периодот до завршување на комплексот ќе трае околу три години. Спортскиот комплекс "Марфин Грин" се состои од голем фудбалски стадион со 5 ѕвезди на ФИФА со капацитет од 40.200 места (46.000 за концертни настани), две помали затворени спортски сали со капацитет од 3.000 седишта, сала за одбојкарските екипи и сала со базен за водни спортови, како и сала за кошаркарскиот тим со капацитет од 8.000 места, која до крајот на проектот најверојатно ќе опфати проширување до 10.000 места, според стандардите на ФИБА за Евролигата во кошарка. Цената на комплетната изградба на спортскиот комплекс изнесува 80 милиони евра. Во цената не е пресметано и земјиштето, што придодава дополнителни 50 милиони евра на целиот проект, кој финално треба да чини околу 130 милиони евра. „Марфин Грин" комплексот со оваа сума, веќе и официјално станува најголемиот инвестициски проект активиран во Атина, по Летните олимписки игри во 2004 година. Проектот за изградба на супермодерниот стадион на Панатинаикос опфаќа игралиште од 105 х 68 метри, паркинг простор за 4.000 автомобили, 3.500 ВИП места на трибините, како и ВИП соби (коктел-бар и апартмани) од 4.000 м2. Стадионот ќе има огромен прес-центар со површина од 500 квадратни метри за непречена работа на новинарите, како и контролна видео соба со видео-надзор и комплетна покриеност на целиот стадион.
Сашо кУзМаНОВСки
рубрика
Trimo Makedonija dooel Skopje 070 387 535 070 385 585
t: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 42 trimomakedonija@trimo.com.mk, www.trimo.si
liting@t-home.mk
Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com
канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги
„ГВ“ ДООЕЛ
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти -2
ќ“ лам.2, 1/1 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје
15
, 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
3
08 октомври 2010 ПОРТА
39
наука
МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРхИТЕКТУРА (94)
фРАНЦИЈА (7) Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци
Жан Нувел. конгресната палата, тур. макета и основа
Ж
ан Нувел, Конгресната палата во Тур (1989-93) ја прави под паролата за едноставна надворешност наспроти комплексната внатрешност, која има 22.000 m2 сместени во една многу длабока локација. Тој смета дека тоа е неговиот најлежерен објект, бидејќи не ја одразува технологијата, што во извесна смисла одговара на историскиот карактер на населбата. Хотелот Де Терм во Дакс (1992) ја покажува врската меѓу минатото и сегашноста. Оваа правоаголна зграда има ондулиран метален покрив и фасада со традиционални прозорски капаци. Од собите се излегува во еден засводен ходник околу внатрешен двор, каде што е сместен затворениот базен со термална вода. Трговскиот центар Еуролил во Лил (1991-95) претставува значаен дел од Големите работи на Лил, во чија реализација учествуваат познати домашни и странски архитекти. И кај него јасно се препознава архитектурата на Жан Нувел со неговата лесна стаклена структура и фасада исполнета со светлечки информациски панели. Галеријата Лафајет во Берлин (1991-96), со извитканата стаклена линија, од една страна прави прекин со берлинската традиција на цврсти фасади, а од друга страна со својата силуета и леснотија се вклопува во постојниот блок. Во внатрешноста на објектот се
направени празнини во вид на конуси, кои нудат изненадувачка транспарентност и необични контакти меѓу посетителите. Освен во наведените објекти, мајсторската креација на Жан Нувел е присутна и во уште многу други, како и во голем број проекти, како што се: - Кулата без крај (1989), која со извитканата основа и со транспарентниот волумен би достигнала 400 м височина; - Фестивалската палата во Венеција (1990), чија сала би претставувала екран на Венеција и нејзината лагуна, како и - Големиот стадион во Париз (1994), што би бил отворен за Светското фудбалско првенство во 1998 година. Големите работи за уредување на француските градови, што ги објави тогашниот претседател Франсоа Митеран, придонесуваат за афирмација Жан Нувел. трговскиот центар еуролил
Жан Нувел. галеријата лафајет, Берлин
Валод и Пистр. Фабриката Ореаа кај Париз 40
3
ПОРТА
08 октомври 2010
на повеќе архитекти, од кои К. де Портзампарк и Жан Нувел стекнуваат светска слава. Покрај нив, на границата меѓу 80-тите и 90-тите години од минатиот век, на површината се појавуваат уште неколку талентирани поединци и групи. Групата Архитектонско студио е формирана во 1973 година од шестмина архитекти, кои стекнуваат широка популарност со Институтот на арапскиот свет во Париз (1981-87), што го реализираат во соработка со Жан Нувел. Веднаш потоа тие продолжуваат со Гимназијата на иднината во Поатје (1987), каде што нудат еден нов кубизам со закосени површини, обработени со железна решетка и стакло. Инспирирана од динамизмот и делата на Жил Верн, групата ја подига гимназијата Жил Верн во Сержи-ле-О (1991-93), која со својата форма ги одразува
аеродинамичните форми на бродовите. По долгото владеење на рационализмот, оваа група настојува на архитектурата да и ги врати чувството, декорацијата и поврзаноста со историјата. Нејзината популарност брзо се зголемува, така што групата ја добива значајната задача за изградба на Европскиот парламент во Стразбур (1994-97). Валод (1946-) и Пистр (1951-) отвораат свое ателје во 1980 година, за набрзо да постигнат успех на домашна сцена, но и во Потсдам, Германија (1993) и во Бејрут, Либија (1994), кога победуваат на меѓународни конкурси. Нивните реализации се одликуваат со големи димензии и со т.н. единство на спротивностите. Тие успеваат да воспостават сопствена препознатливост, користејќи префабрикувани градежни елементи, при што архитектурата ја доведуваат во согласност со природната околина. Таква е нивната фабрика Ореал во Олнеј-су-Боа (1988-91) во близината на Париз, каде што околу централен кружен парк врз квадратна основа, тие развиваат триделна елегантна извиткана структура. Следната година, Валод и Пистр започнуваат со реализацијата на особено функционалната административна зграда на Ер Франс на аеродромот Роаси (1992-95).
арх. Студио. гимназијата Жил Верн. Сержи-ле-О.
рубрика ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ Ул. „Љубо Петровик“ 33, Скопје Тел/Факс: 02 26 27 391 Мобилен: 070 311 470
Б
www.kb.com.mk
Контакт-центар: (02) 3 296 800
www.porta3.com.mk
3
08 октомври 2010 ПОРТА
41
урбанизам
ПрезеНтација На три ПрОекти за УрБаНиСтичката иДНиНа На ОхриД Борис чиПаН и јоне јаНкОСки
42
3
ПОРТА
08 октомври 2010
В
о предвечерјето на отворањето на овогодишното Охридско лето, арх. проф. Борис Чипан за јавноста приреди своевидно „отворање“ со презентација на насловениот проект. Приказната на професорот очекувано беше многу интересна, произлезена од визијата на човек по рожба охриѓанец, со посветеност на вистински вљубеник на охридската магија. И навистина, преполната голема одаја на куќата „Уранија“ се претвори во уво и око со очигледна почит кон живата легенда, која зборуваше за визија на еден нов, функционален и современ Охрид. Поаѓајќи од фактот што сегашната состојба на градот ги гуши неговите витални функции, а пред сè развојот, проф. Борис Чипан тргнал во своевидно истражување, барајќи нови урбани, естески и сообраќајни решенија со оригинален предлог за урбанистичка реорганизација на градскиот центар. (претходно публицирана во списанието Порта3 бр.109 од 25.02.2009 г.) Грдата слика на џган од возила и пешаци низ преубавиот староградски простор, секако бил мотив повеќе, авторот да се зафати со оваа студија, каде што проблемот со сообраќајот добил приоритетно место. Токму ова, како и многуте други нарушувања на развојот што ги произведува дневно профитниот интерес на локалните моќници, можно ќе го сменат трендот, а потоа и сликата, се разбира доколку бидат прифатени решенија и проекти како овој. Горе кажаното, а пред сè љубовта кон својот град, луцидниот автор го поттикнало да предложи и извади на виделина една убава и исто толку хумана визија за уредување на древниот град. Да видиме сепак, што всушност предлага авторот на студијата, кој со мала доза на цинизам вели „исфантазирал“ работејќи го овој проект. Студијата опфаќа три меѓусебно нужно поврзани функции како целина, кои на прв поглед личат за многу скапи или тешко изводливи, но доколку бидат реализирани, убеден сум дека ќе претставуваат вредна инвестиција. Поради фактот што во споменатиот лански број на „Порта3“, детално се опишани предложените решенија за сообраќајот, паркирањето и новиот плоштад со објектите во него, како и предлогот за ново автобуско стојалиште (во опфатот меѓу улиците Туристичка, Јане Сандански, Старото шеталиште под градот и езерото), понатаму во текстов ќе се осврнам на предлозите во старото градско јадро. Имено, авторот ја прифатил, и според моето мислење успешно ја имплементирал максимата на
урбанизам познатиот белградски архитект професорот Никола Добровиќ, дека секоја современа архитектура мора да го одразува и бележи трендот на актуелната архитектура и култура, со што ќе го обележи актуелното време, а тоа би требало да претставува своевидна „додадена вредност“ кон постоечкото. Елем, професорот и неговиот млад соработник, во таков контекст предлагаат два нови изразито експресивни и според моето видување убави архитектонски градби. Камбанарија кај храмот Св. Софија и Музејско истражувачки центар и видиковец, а во партерот театар на отворено, сместен на Самоиловата тврдина. Обата објекта се со монументални димензии и остваруваат визуелна комуникација, односно „контакт“. Овие објекти ќе претставуваат реперни точки, во и кон градот, а пред се од Езерото. На 20-тина метри северно од Св.Софија е сместен објектот камбанарија. Оваа монументална кула, покрај функцијата на камбанарија, благодарејќи на нејзините димензии 8.0/8.0 во основа и висина од 40 метри, може да извршува и други функции. Новиот објект со изразена експресија добро кореспондира со храмот. Кулата со базниот трем во партерот и Св.Софија оформуваат атриум кој е во функција (заеднички) со двата објекта. Со скалилото што е проектирано на јужната страна од фасадата, поврзани се сите нивоа на објектот Камбанарија. Нивоата (катовите) ќе имаат своја функција, од кои е вредно да се посочат: -резиденција на архиепископот Охридско-Преспански -мала сала за седници на Синодот на МПЦ -ателје за иконописци -работилници за иконописци -мобилија за конзервација на икони -помошни простории и др. Вредно за споменување е и фасадниот дизајн на камбанаријата. Таа е стилизација на средновековните фасади обработени од челик и стакло. Проектот делува импресивно и современо, што е своевидна додадена вредност, во поширокиот, но и непосредниот амбиент на Градот и Св. Софија. Храбриот потег на авторот не треба никого да изненадува, ако се знае дека значителен дел од својот живот и работа, професорот Чипан ги посветил на заштита и истражување на храмот Св.Софија и нејзината историја. Вториот проект е сместен во средиштето на Самоиловиот Град - акропол, како доминантна
3
08 октомври 2010 ПОРТА
43
урбанизам
PORTA
AKTUELNO
точка над Охрид. Архитектонски објектот ненаметливо „лежи“ врз старината Горни Сарај, без да ги загрози археолошките содржини. Напротив, објектот ја збогатува силуетата на старата тврдина. Објектот е поставен врз два нагласено робустни носачи, што го прифаќаат призматичното тело на градбата, подигнато над тврдината. Врз горната плоча е проектиран видиковец (тераса), од каде што се доживува длабокиот простор над и кон Стариот град, Св.Софија и Езерото. Во ниво на приземјето е проектиран и театар на отворено. Доколку овие вредни и храбри идеи во „Трите проекти за иднината на Охрид“ бидат разбрани и прифатени со желба да се реализираат, убеден сум дека Охрид ќе ја обезбеди својата супстанцијална вредност и ексклузивност за иднината.
томислав ПиСеВСки, дипл. инж.арх.
44
3
ПОРТА
08 октомври 2010
9
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 126/2010 КОНКУРС ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 124/2010
Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на идејно решение за реконструкција на фасади во централното градско подрачје на Скопје, Плоштад Македонија, за два објекта со адреса на: ул. “Никола Вапцаров“ бр. 2 и дел од објект на ул. “11 Октомври“ бр. 2 влез 1,2,3,4 и 5. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 15.11.2010 во 16.00 часот.
O
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 128/2010 ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 25/2010 Назив на договорниот орган: Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на идејни решенија за изработка и поставување скулптури на мостот на уметноста на река Вардар. Контакт тел/факс: 3203667, 3211-089, лице за контакт: Горан Мицевски. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 02.11.2010 во 11.00 часот.
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 57/2010 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: 9
Набавка на услуги за изработка на ревизија на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистрална линија на гасоводен систем во Република Македонија за делниците 1, 2, 3, 4 и 5. Контакт тел/факс: 02 3154-505, 3226-392, лице за контакт: Зоран Маџовски. Јавно отворање на понудите на ден 10.11.2010 год. БРОЈ: 21/2010 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Вршење на услуги на стручен надзор над изградба на објект “Порта Македонија“ во Скопје. Контакт тел/факс: 02 3240535, 02 3226-920, лице за контакт: Бранко Костовски. Јавно отворање на понудите на ден 19.10.2010 год. БРОЈ: 07-10/2010 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на мост преку река Треска кај Пласница, км. 0+106,37. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 21.10.2010 год. БРОЈ: 127/2010 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на ограда (од две страни) на мост “Револуција“ (градежен дел). Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 20.10.2010 год. БРОЈ: 128/2010 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на ограда (од две страни) на мост – ул. “Стив Наумов“ и ул. “В.В. Аџиларски“ – градежен дел. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт:
Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 21.10.2010 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 128/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 1/2010 Назив на договорниот орган: Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на Архитектонскоурбанистички проект, Геодетски елаборат за нумерички податоци, Основни проекти и Изведбени проекти за изградба на комплекс Затвор Куманово (с. К`шање). Контакт тел/факс: 02 3106556, 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска. Јавно отворање на понудите на ден 22.10.2010 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 130/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 16/2010 Назив на договорниот орган: ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп. ПРЕДМЕТ: Изведба – Изградба на Споменично обележје – КАРПАЛАК – во град Прилеп (Изведба на ГрадежноЗанаетчиски работи – земјени, бетонски, армирачки, изведба на челична конструкција и разни завршни работи) потребни за Изведба – Изградба на споменично обележје – КАРПАЛАК – во град Прилеп. Контакт тел/факс: 048 401721, 048 401-720, лице за контакт: Рубинчо Биновски. Јавно отворање на понудите на ден 27.10.2010 год. БРОЈ: 17/2010
Назив на договорниот орган: ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп. ПРЕДМЕТ: Изведба – Изградба на Споменично обележје – КАРПАЛАК – во град Прилеп (Изведба – Изградба на плато со фонтана, водовод и канализација, како и изведба на електрична инсталација потребни за Изведба – Изградба на Споменично обележје – КАРПАЛАК – во град Прилеп). Контакт тел/факс: 048 401721, 048 420-720, лице за контакт: Рубинчо Биновски. Јавно отворање на понудите на ден 27.10.2010 год. БРОЈ: 18/2010 Назив на договорниот орган: ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп. ПРЕДМЕТ: Изведба – Изградба на Споменично обележје – КАРПАЛАК – во град Прилеп (Архитектонско и Партерно уредување на плато – на локација на агол на 13 катница – во град Прилеп). Контакт тел/факс: 048 401721, 048 401-720, лице за контакт: Рубинчо Биновски. Јавно отворање на понудите на ден 27.10.2010 год. БРОЈ: 18/2010 Назив на договорниот орган: Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на ул. “1“ и ул. “1а“ во с. Черкези – Општина Куманово. Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Светислав Јовановски. Јавно отворање на понудите на ден 25.10.2010 год. БРОЈ: 19/2010 Назив на договорниот орган: Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово. ПРЕДМЕТ: Изградба на фекална канализација на дел од ул. “Ѓуро Пуцар – Стари“ во Општина Куманово. Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Светислав Јакимовски. Јавно отворање на понудите на ден 26.10.2010 год.
3
08 октомври 2010 ПОРТА
45
ГерМанија
екологија
„Парк на ветерници“ ќе обезбедува 48 милиони kwh струја
П
велиКа Британија
зголемен износот за санирање на штетата
B
ritish Petroleum“ ги процени трошоците на својата кампања за санирање на штетата предизвикана „ од истекувањето на нафтената платформа во Мексиканскиот залив на 7,3 милијарди евра. Во наведениот износ се вклучени трошоците што фирмата ги наменила за собирање на нафтата, затворање на нафтената платформа, потоа парите исплатени на државите од крајбрежјето и на сојузните власти, како и оштетите исплатени на поединци. „BP“ отвори посебна сметка на која има 20 милијарди долари наменети за исплата на оштети на жртвите од истекувањето на нафтата.
рвата комерцијална offshore постројка на германскиот Балтик, „Baltik 1“, како се проценува, со силата на морскиот ветер преку ветерниците, ќе осигури 48 милиони киловат часови струја, што е доволно за потребите за 50.000 домаќинства – и тоа без штетниот јаглероден диоксид. За „Baltik 1“ или т.н. „парк на ветерници“, германската компанија „EnBW“ издвоила околу 150 милиони евра. Овие конструкции кои се издигаат 125 метри над морето, а одат 20 метра во длабочина, уште отсега најавуваат огромен потенцијал со своите џиновски димензии. Тие наскоро ќе бидат приклучени во мрежа и ќе бидат ставени во погон. Ветерниците се распоредени на површина од околу седум квадратни километри. Се планира до 2020 година, 10.000 мегавати струја да бидат произведени на отворено море, што одговара на енергетскиот потенцијал на 12 големи електрани на јаглен. По завршетокот на „Baltik 1“, компанијата „EnBW“ планира реализација на следниот проект на Источно море - „Baltik 2“.
(FENA)
(HINA)
ГерМанија
Биодизел наместо нафта
С
поред податоците на германскиот Сојузен завод за геологија и природни ресурси, нафтата во догледна иднина нема да биде на располагање на ниво на кое досега било. Научниците тврдат дека максимумот во експлоатацијата на нафтата ќе биде достигнат во следните десет години. Има и уверувања дека таа граница е веќе пречекорена. Како понатаму? Сојузната агенција за обновливи енергии на Германија смета дека индустриските билки
46
3
ПОРТА
08 октомври 2010
кои се користат за производство на биодизелот, до 2020 година би можеле да покријат 12 % од енергетските потреби. Заедно сосе увозот на биомасата и употребата на обновливите енергии може да се покрие една четвртина од енергетските потреби во Германија, која во овој момент се покрива со нафта. „Во овој момент се користат 18 % обновливи суровини од земјоделското земјиште во Германија, што е нешто повеќе од два милиони хектари земја, а во иднина би можело да се смета на четири милиони хектари, а притоа да не се загрози производството на храна“, вели Андреас Шите, директор на Агенцијата за обновливи енергии на Германија.
(energetika-net)
шведСКа
екологија
Швеѓаните се враќаат на нуклеарките?
Ш
ведска неодамна повторно го покрена прашањето за изградба на нуклеарни електрани, бидејќи се залага за враќање кон старите начини за производство на енергијата. Оваа држава настојува да укаже на начините на кои нуклеарната енергија во Европа би можела поквалитетно да се произвоведува и користи, отколку што тоа беше случај во изминатите децении. Шведска одлучи да го покрене ова прашање, што е мошне радикална одлука. Ова прашање, според познавачите на приликите во Шведска, зависи и од новата влада која треба да се формира во оваа држава. Доколку Шведските демократи, кои на последните избори зедоа дел од изборниот колач на владеачката Конзервативната партија од десниот центар, влезат во новата власт, „политиката за изградба на нуклеарни електрани би можела да биде засилена“, смета Карстен Шимик, експерт за државите од северна Европа во берлинскиот Институт за политички науки.
(DW)
чешКа
Проблеми со соларната енергија
З
аради веќе договорените големи субвенции, развојот на соларните електрани во Чешка најверојатно ќе предизвика поскапување на електричната енергија од следната година, а дополнителните трошоци за хемиската индустрија и рафинеријата за нафта се проценуваат на преку 80 милиони евра, објави чешкото здружение на хемиска индустрија – SCHP. Експертите проценуваат дека во следните години, цената на струјата за домаќинство ќе порасне за 10 %, а за индустријата и до 15 %. Според многумина, растежот на цената на струјата ќе влијае неповолно на конкурентноста на чешкото стопанство, само е прашање во колкава мера тоа ќе се одрази.
(Prague Monitor)
евроПСКа унија
Ветерот, водата и сонцето не можат да се потрошат
З
а десет години, обновливата енергија треба да дава една петина од вкупната енергија на Европска Унија, проценува Европската комисија. Исто така, користењето на енергијата на ветерот треба да го престигне учеството на користењето на водата. Унијата не отстапува, до 2020 година, да се продолжи со вложување на големи средства во енергијата добиена со силата на ветерот, водата и сонцето. Дотогаш, моменталните 8 проценти треба да се зголемат на 20 проценти, а до 2030 година, се предвидува дека енергијата добиена од обновливите извори ќе изнесува 36,1 процент од вкупното производство на електричната енергија.
(DW)
подготви: Дејан БУѓеВац
3
08 октомври 2010 ПОРТА
47
екологија
одбележана европската недела на движењето
Патувајте поумно, Целта на активностите што се преземаат во текот на оваа недела не се насочени само кон намалување на штетните гасови од согорувањето на фосилни горива од автомобилите и за намалување на бучавата, туку и за подобрување на квалитетот на животот во градовите 48
3
ПОРТА
08 октомври 2010
П
овеќе од 2.000 градови ширум светот минатиот месец активно се вклучија во Европската недела на движењето и го промовираа алтернативниот транспорт како единствена опција за почиста животна средина во градовите и за поздрав живот на луѓето. Велосипедските тури и претставувањето на новите инфраструктурни решенија за алтернативен превоз беа само дел од активностите што ги подготвија градовите во Европа, но и во Аргентина, Тајван, Канада, Јапонија, Еквадор и во Бразил. Европската недела на движењето е кампања за подигање на јавната свест кај граѓаните да го користат јавниот превоз, да возат велосипед или да пешачат, наместо да користат автомобил. Кампањата е наменета и за градските власти кои се поттикнуваат да ја подобрат инфраструктурата за овие видови алтернативен транспорт. Неделата на движењето се одржува од 16 до 22 септември секоја година,
а главниот настан кој поттикнува користење алтернативни видови превоз се организира на 22 септемвриМеѓународниот ден без автомобили. - Целта на активностите што се преземаат во текот на оваа недела не се насочени само кон намалување на штетните гасови од согорувањето на фосилни горива од автомобилите и за намалување на бучавата, туку и за подобрување на квалитетот на животот во градовите - појаснуваат од Европската недела на движењето. Вклучувањето на градовите во овие активности покажуваат колку тие навистина се грижат за прашањата на животната средина. Оваа кампања ги поттикнува градските власти да ги преиспитаат своите сообраќајни политики и да им ги презентираат новите решенија на граѓаните. Европската комисија во 2009 година ја прогласи Европската недела на движењето за една од кампањите што играат важна улога во создавањето нова култура во урбаното движење.
екологија
живејте подобро!
Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува оваа кампања. Европската недела на движењето секоја година се фокусира на различна тема. Локалните власти се поканети да организираат настани за подигнување на свеста кај граѓаните на посочената тема.
Движење за подобро здравје Здравјето и движењето беа во фокусот на Европската недела на движењето за оваа година со темата „Патувајте поумно, живејте подобро“. Огромниот пораст на автомобилскиот транспорт во градовите во последниве години доведе до остри реакции кај граѓаните на Унијата, кои се бунат поради бучавата и загадувањето на воздухот. Несреќите на патиштата, пак, директно погодуваат стотици илјади луѓе кои страдаат во најразлични сообраќајни незгоди со сериозни последици. Индиректно, моторизираниот транспорт има
влијание на нашиот респираторен и кардиоваскуларен систем и предизвикува дополнителен стрес. Научните студии покажуваат дека физичката активност е клучна за нашето здравје, а го намалува и стресот. Но, анкетите што ги посочуваат од Европската недела на движењето покажуваат дека неактивноста сè повеќе е дел од животот на граѓаните на Европа. Користењето автомобил е главната причина за неактивен живот поминат во седечка положба. Тоа е и една од главните причини за дебелината кај граѓаните на Европа. Пешачењето и возењето велосипед играат главна улога во промоцијата на физички активен и поисполнет живот. Ваквиот начин на движење нè само што го штеди џебот, туку овозможува и физичка активност без да издвојувате дополнително време. Доброто здравје и одржливиот транспорт е комбинацијата што во голема мера го подобрува квалитетот
на животот во градовите, нагласуваат од Европската недела на движењето.
На велосипеди и во Скопје Скопје и годинава активно се вклучи во Европската недела на движењето и со масовна велосипедска тура го одбележа 22 Септември Меѓународниот ден без автомобили. Во турата којашто се возеше од фонтаната во Градскиот парк по булеварот Илинден и по улиците Даме Груев, Македонија и Мито Хаџивасилев Јасмин до просториите на Инфо-центарот на Европската Унија учествуваа стотици ученици и граѓани. - Скопје денеска се придружува на повеќе од 2.000 градови низ светот кои го одбележуваат овој ден. Би сакал да апелирам до возачите да ја почитуваат безбедноста на велосипедистите, а градот Скопје да ги продолжи своите заложби за подобрување на велосипедската мрежа во градот истакна евроамбасадорот Ерван Фуере,
кој ја предводеше велосипедската тура. Од градската управа нагласија дека тие континуирано работат на подобрување на велосипедската мрежа во градот, а од минатиот месец граѓаните можат и да изнајмуваат велосипеди во рамките на градскиот проект „Остави го автомобилот, вози велосипед“. Манифестацијата по повод Меѓународниот ден без автомобили ја организираа градот Скопје, Инфо-центарот на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање и НВО „Одржливи иницијативи“.
елена кУзМаНОВСка
3
08 октомври 2010 ПОРТА
49
екологија
Големи количини пластичен отпад лебдат во Атлантикот, објавија американските истражувачи, предупредувајќи на опасноста што му се заканува на живиот свет во овој регион. Остатоците од „осмиот континент“ лебдат во океанот и заземаат површина двојно поголема од САД. Станува збор за отпад составен од различни отпадоци, најмногу пластика од фудбалски топки, кајаци, лего-коцки и најлонски кеси, а на куп ги држат подводните струи. Ѓубрето се наоѓа на 500 наутички милји од брегот на Калифорнија, во појасот што води преку северниот Пацифик и Хаваите, и стигнува речиси до Јапонија. Се протега до десет метри длабочина, а неговата количина расте со загрижувачка брзина. Моментно покрива површина двојно поголема од САД 50
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Остров од рециклирана пластика
А
тлантикот се повеќе се загадува со пластика. И покрај се поголемата освестеност за проблемот со загадување на океанот со пластичен отпад, постојат малку научни податоци за загадувањето, истакнуваат океанографите, чие истражување неодамна беше објавено во американското списание „Science“. Истражувањето за отпадот во Атлантикот е направено врз база на податоците што 22 години ги собирале студентите, селектирајќи повеќе од 64.000
парчиња пластика од 6.100 различни локации. Најголема концентрација на пластиката е забележана во зоната на Атлантикот, сместена во нивото на Атланта во Џорџија. Кара Лавандер, претставничка на организацијата "Law of the Sea Education Association", изјави за BBC дека овој проблем се игнорира, иако за него одамна се знае. Таа смета дека резултатите на дваесетгодишното истражување, кое се занимава со оваа проблематика, покажуваат дека овој
дел од Атлантскиот океан е моментно најголемата депонија на пластика во светот. Резултатите ја шокираа јавноста кога кон крајот на септември беа претставени на семинарот што се занимава со проучувањето на океаните, во американската држава Портланд. Чарлс Мор, американскиот океанограф кој прв ја алармираше јавноста за опасноста од пластичното ѓубре, верува дека околу 100 милиони тони различен отпад плива во ова подрачје. „Станува збор за огромни количини
Тим холандски архитекти во атлантскиот океан од рециклираната пластика која плута во океанот градат остров за живеење со големина на Хаваи. островот е направен во потполност од шишиња од рециклирана пластика и треба да биде готов во исто време кога и „Флора експо“ на Тајван, првиот облакодер од пластични шишиња во светот, во ноември годинава. островот ќе биде засолниште на луѓето што се директно погодени од климатските промени. архитектите најавија дека од отпадот ќе изградат луксузна туристичка дестинација. Како што наведуваат на својот веб сајт Recycledisland, главни цели на проектот се чистење на океанот од гигантската количина пластичен отпад, создавање на ново земјиште и изградба на одржливо домување. Со изградбата на островот тие сакаат да влијаат на свеста кај луѓето, да го свртат вниманието на јавноста за климатските промени, но и да укажат дека со рециклирањето на суровините може да се намали загаденоста на океанот.
кои сериозно можат да го загрозат здравјето на човекот“, вели тој. Научникот Кертис Ибсмајер го следи порастот на пластичниот отпад повеќе од 15 години. Тој го споредува отпадот со жив организам. „Пластиката се движи во круг како џиновско животно без компас. Но, кога ќе се приближи до Хавајскиот архипелаг, резултатите стануваат драматични. Ги уништува плажите и крајбрежјето прекривајќи ги со пластични предмети. - Некогаш отпадот што завршуваше во океаните се распаѓаше во процесите на биодеградација. Денес, со зголемување на пластичниот отпад, тој е толку резистентен, што можат да се најдат и остатоци постари од 50 години - вели хемичарот Тони Андреди од USbased Research Triangle Institute. Се верува дека пластичниот отпад сочинува околу 90% од целокупниот
ДООЕЛ ТАТЈАНА
екологија
лебдечки отпад во океаните. Според проценките на ОН, на секоја квадратна милја од океанот лебдат 46.000 парчиња пластичен отпад. Според програмата на ОН (UN Environment Programme), пластичниот отпад предизвикува смрт на повеќе милиони морски птици и цицачи годишно. Запалки, четкички за заби и кеси се пронајдени во телата на загинатите птици, кои тие ги голтале мислејќи дека се храна. Пластиката го загрозува и човечкото здравје. Суровините од индустријата за пластика што завршуваат во морето се однесуваат како хемиски сунѓери кои впиваат индустриски хемикалии (пестициди, ДДТ итн). За жал, тие влегуваат во синџирот на исхрана и на крајот стигнуваат на трпезата на луѓето.
Наталија НОВакОВиЌ- ДОБреВСка
Тел.: 02 3122284 alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk
H YP E R D ESM O®
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА
3
08 октомври 2010 ПОРТА
51
екологија
ПриКлучувањето на МаКедонија Кон МеЃународните ГаСоводи
МОЖНОСТ ИЛИ ИМПЕРАТИВ? Според владини процени, потребите на Македонија за природен гас ќе растат во наредните години поради порастот на странските инвестиции и до 2040 година ќе ни требаат меѓу 2,5 и три милијарди кубни метри гас годишно. Во таа насока, Министерството за транспорт и врски работи физибилити студија за определување на нови магистрални гасоводни правци во државата, со идеен проект, имајќи ги предвид развојните планови.
52
3
ПОРТА
08 октомври 2010
П
риказната за снабдување на Република Македонија со природен гас започнува во 90-тите години од минатиот век кога се формирани тимови кои ќе учестувуваат во подготовка и реализација на проектот „ГА-МА-800“. По решавање на имотно-правните односи по трасата на проектираниот гасовод и комплетирање на документацијата за градба, на 20.01.1993 год. е отпочнато со градба на првата фаза на магистралниот гасовод и градските гасоводни мрежи. Во периодот од 1993 до 1995 се изградени градските гасоводни мрежи во Скопје (отпочнато 1993 год.), Куманово (1994 год.), Кратово (1995 год.) и Крива Паланка (1995 год.) и мерно-регулациони станици за корисниците од првата фаза. Градбата на оваа фаза завршува во 1997 год. Започнувањето на изградениот гасоводен систем е започнато на 03.09.1997 год. во месноста Жидилово. На 29.01.1998 год. е извршено првото мерење на испорачаните количини на природен гас преку Главната мерна станица - Жидилово и со тоа е отпочната потрошувачка на природниот гас во Република Македонија. И покрај значителниот капацитет на гасоводот, од 800 милиони кубни метри годишно, дури во изминатите неколку години потрошувачката
одвај надминува 100 милиони кубни метри годишно. Ова пред сè, се должи на фактот што во структурата на потрошувачката единствено се присутни секторите индустрија (челичната индустрија пред сè) и енергетика (производство на топлинска енергија). Секторот домаќинства засега воопшто не е вклучен во потрошувачката на природен гас, ниту пак енергетски капацитети со значителна моќност кои битно би влијаеле врз обемот на потрошувачката и потрошувачката структура.
куманово-прв македонски град што ќе се грее на природен гас Сепак, и во оваа сфера полека, но сигурно, почнуваат да се менуваат работите. Оваа есен треба да започне со работа новата ТЕ ТО Скопје, со вкупен инсталиран капацитет од 240MW, која како гориво ќе користи природен гас. Ова е прв ваков проект во нашата земја. Во “Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за период 2008-2020, со визија до 2030 година”, се планирани ТЕ ТО ЕЛЕМ со капацитет од 300 MW, и двете комбинирани постројки на АД Топлификација ТЕ ТО Север со капацитет од 40 MW, ТЕ ТО Запад со капацитет од 200 MW. Во Куманово веќе трета година се
екологија NORTH STREAM:(Северен поток) Конекција: Русија-еУ (преку Балтичкото Море) Капацитет: 55 милијарди кубни метри/годишно Партнери: Газпром 51%, BASF/Wintershall 20%, E.ON Ruhrgas 20%, Gasunie 9% Планови за експлоатација: 2 линии. Првата планирана за 2011, втората во 2012 SOUTH STREAM:(јужен поток) Конекција: Русија-еУ (преку црното Море) Капацитет: 63 милијарди кубни метри/годишно Партнери: Газпром 50%, ENI 50% Планови за експлоатација: Крајот на 2015
Македонската Влада веќе објави дека е постигнат договор со Газпром за вклучување на Македонија во проектот Јужен поток. Начинот на кој тоа ќе се направи се` уште е рано да се дефинира, а поконкретни резултати на тој план најавени се за една година. Да се надеваме дека Македонија конечно ќе се најде на европската енергетска карта. инсталира подземната мрежа на проектот за гасификација. Од оваа зима јавните установи и претпријатија во Општината ќе се греат на гас. На гасоводната мрежа ќе бидат приклучени 15 големи потрошувачи, меѓу кои се зградите на Оштината, Полицијата, Судот, Поштата, основните и средните училишта и уште неколку институции во градот. Приклучувањето на магистралниот вод треба да го направи АД „ГАМА“ која треба да постави и мернорегулациона станица. Од наредната грејна сезона најголемата општина во државата ќе може да ги ужива благодетите на природниот гас и кај домаќинствата. Сепак, за масовна потрошувачка на природниот гас ќе се почека, бидејќи користењето на природен гас во домаќинствата подразбира и одредена инвестиција на секое домаќинство, што и покрај бенефитите во пониски сметки за електрична енергија, сепак е товар за домашниот буџет. Мегапроектот гасификација, што ќе го чини Куманово околу 10 милиони евра, го води новоформираното Јавно претпријатие „Куманово - гас“, а го изведува фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, со специјализирана екипа за инсталирање на испитани и гарантирано безбедни челични цевки со полиетиленска
заштита на притисок до 16 бари. Според владини процени, потребите на Македонија за гас ќе растат во наредните години поради порастот на странските инвестиции и до 2040 година ќе ни требаат меѓу 2,5 и три милијарди кубни метри гас годишно. Во таа насока, Министерството за транспорт и врски работи физибилити студија за определување на нови магистрални гасоводни правци во државата, со идеен проект, имајќи ги предвид развојните планови.
Сепак, се уште не нема на европската ` енергетска карта И покрај трендот на зголемување на потрошувачката во последните години, многу фактори влијаат цената на гасот да биде многу висока. Ако пред десетина години таа беше на нивото околу 160 €/Nm3 денес истата се движи околу 370€/Nm3 , со периоди кога надминува дури и 450€/Nm3. Според тоа, потребни се повеќе претпоставки, т.е предуслови за помасовна потрошувачка на природниот гас: поинтензивен енергетски развој со изградба на постројки потрошувачи на природен гас, инфраструктура во градовите за користење на гасот во домаќинставата, и се разбира диверсификација на изворите на снабдување со пририоден
NABUCCO (Набуко) Конекција: Касписки регион, Среден Исток,египет до еУ Капацитет: 31 милијарди кубни метри/годишно Партнери: BOTAS, BEH, MOL, OMV, RWE, Transgaz. Секој со учество од 16,67% Планови за експлоатација: Крајот на 2015
гас, со што ќе се обезбеди конкуренција во снадбувањето, намалување на ризиците и се разбира поконкурентна цена. На планот на диверсификацијата на изворите на природен гас, земјите од Европската Унија забрзано работат. Целта е да се обезбеди гас и од други извори освен Руската федерација, од која Европа е особено зависна. Релаксирањето од ваквата зависност, но и одговорот на зголемената побарувачка на природен гас се гледа во реализацијата на крупни проекти за транзитно транспортирање на природен гас преку следните гасоводни системи: Јужен поток (Русија-ЕУ преку Балтичкото Море), и Набуко (Касписки регион, Среден Исток, Египет до ЕУ). Притоа мора да се истакне дека главни извори за снабдување на гасоводот Набуко се: Азербејџан, Туркменистан, Иран, Казахстан, Ирак и Египет. Македонската Влада веќе објави дека е постигнат договор со Газпром за вклучување на Македонија во проектот Јужен поток. Начинот на кој тоа ќе се направи сè уште е рано да се дефинира, а поконкретни резултати на тој план најавени се за една година. Да се надеваме дека Македонија конечно ќе се најде на европската енергетска карта.
Даниела МлаДеНОВСка
3
08 октомври 2010 ПОРТА
53
експерт
НОВИ БРИТАНСКИ ГРАДЕЖНИ ПРОПИСИ ЗА ЗАШТЕДА НА ГОРИВО И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1%
11% 33%
45%
29% 60% 22% Објекти
54
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Индустриски процеси
Сообраќај
Земјоделие
Станбени објекти
Деловни и јавни објекти
Индустриски објекти
Распределба на емисијата на 550 милиони тони јагленороден диоксид во Обединетото Кралство во 2005 според изворот на емисијата
Распределба на емисијата на јагленороден диоксид од објекти во Обединетото Кралство во 2005 според видот на објект на емисијата
Извор: Базирано на податоци во 2007 Energy Green Paper
Извор: Базирано на податоци во 2007 Energy Green Paper
Со новите прописи емисијата на јаглероден диоксид ќе се намали за 25% во споредба со дозволената од претходните прописи од 2006 година. Тоа претставува 40% подобрување, на пример, во однос на дозволената емисија на CО2 во станбените објекти изградени според прописите од 2002 година.
В
о октомври годинава стапија во сила новите британски „Градежни прописи за заштеда на горива и електрична енергија“ (Building Regulations Approved Document (Part) L – Conservation of Fuel and Power). Промената на овие градежни прописи произлегува од определбата на владата за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. Според „Белиот документ за енергија“ (Energy White Paper, 2007) на владата, во 2005 година биле емитирани 550 милиони тони јаглероден диоксид во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, од кои 45% од објектите, 33% од сообраќајот, 22% од индустриските процеси и 1% од земјоделието. Планот на владата е од 2016 година сите нови станбени објекти да емитираат „нула“ јаглерод (zero carbon emission), а од 2019 година и сите нови нестанбени објекти да емитираат „нула“ јаглерод. Се размислува за можноста од 2030 година економичните мерки за енергетска ефикасност да бидат достапни за сите домаќинства, а тоа би придонело од 2050 година емисијата на јаглероден диоксид од сите домаќинства и деловни објекти да биде намалена за најмалку 80% и колку што е можно повеќе да се приближи кон нула. За „нула јаглероден дом“ (zero carbon home) се смета оној каде нето емисијата на јаглероден диоксид како резултат на СЕВКУПНАТА потрошувачка на енергија во станбената единица е eднаква или помала од нула. Според организацијата „Сиромаштво“ (Poverty) во 2007 година 2,8 милиони (13%) од домаќинствата во Англија се наоѓале во состојба на „енергетско сиромаштво“. Секое семејство кое троши повеќе од 10% од својот вкупен месечен приход на гориво за да го одржува домот во „поднослива“ состојба се смета дека се наоѓа во состојба на „енергетско сиромаштво“. Притоа се споредува приходот на семејството со проценката за тоа колку треба да чини горивото, а не со вистинските цени кои најчесто се многу високи за најсиромашните слоеви на населението. За жал, и покрај благите климатски услови во земјата со нè многу високи летни и нè многу ниски зимски температури кои ретко одат под нулата, според организацијата „Старост Обединето Кралство“ (Age UK), приближно 37.000 лица постари од 65 години умираат секоја година во Англија и Велс во текот на зимските месеци од студ и влага бидејќи не можат да си дозволат греење на своите домови. Значи, зголемената енергетска ефикасност на објектите нè само што ќе ја намали емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата и ќе придонесе кон напорите за ублажување на последиците од глобалните климатски промени, туку и ќе го намали увозот на горива и ќе придонесе за намалување на „енергетското сиромаштво“ и последиците што произлегуваат од него. Со новите прописи се стреми емисијата на јаглероден диоксид да се намали за 25% во споредба со дозволената од претходните прописи од 2006 година, а тоа претставува 40% подобрување, на пример, во однос на станбените објекти изградени според прописите од 2002 година. Пресметувањето на дозволената емисијата
експерт на јаглероден диоксид, како и според претходните прописи, се врши со примена на компјутерска програма со која се прави споредба помеѓу предложеното решение и теоретски идеално решение за предложената форма на објектот за да се пресмета очекуваната емисија на јаглероден диоксид од предложениот објект, при што параметрите на програмата се репрограмирани за да ги земат предвид определбите за зголемена енергетска ефикасност на објектот. Значајна промена во прописите е определбата да се намали разликата во однесувањето на објектот во стварност во споредба со испроектираната, или таканаречениот „расчекор во однесувањето“ (performance gap) којшто бил евидентиран во изминатиот период. Оттука, при поднесување на барањето за градежна дозвола ќе треба да се поднесе документација со детални технички описи и податоци за проектот на објектот. Дополнителна обврска е во рок од најмногу пет дена по завршувањето на објектот да се поднесе дополнителна документација до надлежната служба за издавање на градежни дозволи. Со ова се потврдува кое ниво на емисија на јаглероден диоксид навистина е постигнато во споредба со испроектираното и кои сè отстапувања и модификации се направени во однос на оригинално доставените детални технички описи, за да можат градежните инспектори да проверат во која мерка реализираното е во склад со испроектираното. Зголемени се и барањата за термичкото однесување на индивидуалните елементи на конструкцијата на објектот. Така, сега покривот мора да постигне најмногу 0,2 наместо 0,25 „У“ вредност (U-Value), надворешните ѕидови најмногу 0,3 наместо 0,35 и сл. Веројатно најголема новина во овој поглед е потребата заедничкиот ѕид меѓу два стана, куќи или станбени објекти да постигне „У“ вредност од најмногу 0,2 W/Km2. Оваа новина е поврзана со резултатите на истражувања спроведени од страна на „Метрополитанскиот универзитет во Лидс“ (Leeds Metropolitan University) што покажале дека доаѓа до значајни загуби на топлината како резултат од движењето на воздухот во заеднички ѕидови меѓу две станбени единици испроектирани по принципот на двоен ѕид со воздушен простор помеѓу два слоја. Овој принцип во голема мерка почна да се применува по воведувањето на новите прописи за заштита од бучава, на почетокот на оваа деценија. Сите оние што имаат поднесено барање за издавање градежна дозвола до 30 септември оваа година, ќе имаат можност да ги искористат преодните одредби на документот и да го изградат објектот според претходните прописи од 2006 година, доколку изградбата на објектот отпочне најдоцна до 30 септември 2011 година. Следните промени на прописите за енергетска ефиксност на објектите се најавени за 2013 година, а дотогаш ќе треба да се види во која мерка новите прописи ќе придонесат за намалување на емисијата на јаглеродниот диоксид во атмосферата и ублажување на последиците од глобалните климатски промени.
д-р Владимир Б. лаДиНСки, дипл.инж.арх.
3
08 октомври 2010 ПОРТА
55
ентериер
Фризерско студио Panache
Уникатно и модерно У
никатен и модерен изглед се карактеристики на ентериерот на фризерското студио Panache кое се наоѓа во ТЦ Буњаковец. Едноставниот дизајн и употребата на неутрални тонови го прават просторот пријатен и атрактивен за посетителите. Просторот со правоаголна форма е околу шеесетина квадрати и има добра функционална шема. Уште при самиот влез се организирани приемниот дел и малата чекална. Во останатиот дел од фризерскиото студио во различни простории се поставени различни столови, а во задниот дел се наоѓа мал магацин за потребите на фризерското студио. Ѕидовите се молерисани во неколку бои: бела, светлосива и виолетова. Исто така, тие се облагородени и со огледала по целата висина. Покрај огледалата е поставен декоративен тапет со флорални мотиви во сина боја. Останатиот дел од ѕидовите е изработен со декоративни апликации составени од стакленца во најразлични форми. Целосната опрема за потребите на фризерското студио е изработена од бел високо сјаен медијапан. Особено впечатлив е приемниот пулт во Г-форма, зад кој има полици со асиметричен распоред, исто така во бела боја. Ентериерот е дело на проектантското студио Stone Design.
Сања ВеличкОВСка,
56
3
ПОРТА
дипл.инж.арх.
08 октомври 2010
ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ ÈÍÆÅÍÅÐÈÍÃ ÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ ÊÎÍÑÀËÒÈÍÃ
ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÈÍÂÅÑÒÈÖÈÎÍÈ È ÇÀÂÐØÍÈ ÐÀÁÎÒÈÐÀÁÎÒÈ ÇÀÂÐØÍÈ
ul. Kuzmen [apkarev 5 ul. Kuzmen [apkarev br. 5 br. tel: tel: 2 ++389 ++389 2050 8092 2050 809 investa@t-home.mk investa@t-home.mk Skopje, R.Makedonija faks:2 ++389 264 Skopje, R.Makedonija faks: ++389 2050 2642 2050
совети
"Последните топли денови ни делуваат некако инспиративно за започнување на мали промени во уредувањето на домот. Неодамна ја реновиравме кујната, па на ред дојдоа дневната и спалната соба. Би сакале дневната соба да изгледа попространо и да ја преуредиме така што ќе обезбедиме простор за уште еден дополнителен кревет." - Милка Србиновска, професорка од Скопје
В Ново руво за дневната и спалната соба
и предлагам решение кое е најблиску до вашиот живот. Едноставниот и функционален ентериер секогаш создава впечаток на пространство во затворениот простор, а тоа е едно и од вашите барања. Станот припаѓа на типски станови во повеќекатница во која не можат да се изведуваат поголеми градежни зафати во ентериерот. Но, затоа можете да го смените амбиентот и да направите подобро функционално решение. Нема да згрешите ако се одлучите за функционалност, чисти линии, современи материјали и форми, а за да заштедите, врзете се за една тематска целина за да не купувате непотребни работи. Искористете го мебелот што веќе го имате, а за да го смените комплетниот впечаток во ентериерот, обоите ги ѕидовите во различни бои. Конкретно, во дневната соба со двоседот што го имате и уште еден на расклопување, формирајте аголна седечка гарнитура. Наместо долгата правоаголна маса, поставете тркалезна маса. Така, ќе се отвори место за мала витрина која ќе служи за чување чинии, чаши, чаршафи за маса и есцајг. Во спалната соба, креветот преместете го на спротивниот ѕид. Тоа е важно од психолошки аспект, затоа што ќе се чувствувате посигурно кога гледате кој влегува во собата, а истовремено во собата се ослободува повеќе простор.
Билјана СтеВкОВСка-СаВиЌ, дипл.инж.арх.
bibisavic@yahoo.com
3
08 октомври 2010 ПОРТА
59
арт и дизајн
Огледало на гламурот на Даблин П лоштадот „Grand Canal“ е главен јавен и отворен простор во Даблин, еден од најживите градови во Ирска. Во прашање е важна културна точка, која жителите на Даблин ја нарекуваат „Dublin Docklands Development area“, а се наоѓа веднаш до Главниот канал. Со предниот дел, плоштадот го тангира каналот, а на другата страна е ограничен со новиот театар, дело на архитектот Daniel Libeskind. Во рамките на
60
3
ПОРТА
08 октомври 2010
контекстот во кој доминираат објекти со современ архитектонски израз, авторите од студиото „Martha Schwartz Partners“ (MSP) креирале отворен концепт, кој на целата околина и дава поинаков колористички изглед и овозможува подинамично доживување на истата околина и` од страна на самите граѓани, и` од страна на посетителите. Авторите од „MSP“ за своето дело ја искористиле препознатливата симболика на „црвениот тепих“ како „место на
движење на славните имиња од светот на гламурот“, кој во овој случај, води од излезот на новиот театар до каналот и обратно. За таа цел, „MSP“ го поплочиле „црвениот тепих“ со светлоцрвен смолест стаклен материјал, а визуелната слика ја комплетирале со високи црвени блескави коси стапови (sticks) кои го симулираат „ритамот и препознатливиот метеж“ што се случува кога се во прашање славните и црвениот тепих. Со ова парче од стариот гламур,
плоштадот со својот нов урбанистички и дизајнерски контекст, овозможува едно разиграно движење во која било насока, а провоцира и други активности кои го збогатуваат овој дел од Даблин. Според „MSP“, на овој начин, плоштадот станува урбан магнет со 24-часовна активност и претставува вистинско огледало на енергијата на Даблин.
Дејан БУѓеВац
арт и дизајн
„Grand Canal“ во Даблин е креација на архитектонското и дизајнерско студио „Martha Schwartz Partners“. Тој е еден од проектите што влегоа во потесниот избор на наградата за урбан дизајн WAN AWARDS 2010, чиј победник ќе биде прогласен на 19 октомври годинава.
ефектите на урбаниот дизајн во пејзажот Martha Schwartz е пејзажен архитект и уметник, чиј интерес е насочен кон реализација на урбани проекти и во истражување на ефектите на новите дизајнерски изрази во пејзажот.
Нејзините дела се сретнуваат во Калифорнија, Тексас, Охајо, Род Ајленд, Њујорк и Илиноис. Како директор на „Martha Schwartz Partners“ во Кембриџ, Масачусетс и Лондон, нејзината цел е да ги пронајде можностите каде што пејзажните дизајнерски солуции можат да бидат подигнати на ниво на ликовна уметност. Таа повеќе од 30 години работи како пејзажен архитект и како уметник со широк спектар на проекти. Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата
во 2009 година за почесен Кралски дизајнер за индустрија од „Royal Society for the Encouragement of Arts,“ во Велика Британија. Има почесна титула на Доктор на науки од Универзитетот во Алстер во Белфаст, Ирска, стипендија од „Urban Design Institute“, добитник е на неколку награди за дизајн од „Американското друштво за пејзажни архитекти“ и од „Американската академија“ во Рим, а од неодамна е добитник и на Почесната стипендија од R.I.B.A. во Лондон.
3
08 октомври 2010 ПОРТА
61
портрет
kомфор XXL 62
3
ПОРТА
08 октомври 2010
L
А
портрет
мериканскиот скулптор и парчиња мебел, домаќински уреди, маси дизајнер Robert Therrien е автор и столици, чинии, садови и друг кујнски на колекцијата „Larger than Life“, прибор во многу форми и стилови. Овие инспирирана од детските бајки. Се работи џиновски предмети типични за домовите и за забавна, уникатна и вредна колекција, за семејствата, изгледаат сосема автентично која не може да се опише како практична, и секојдневно во својот оригинал, во но дефинитивно може да ве натера да се својата реална практичност, но тие се замислите за поинаквото доживување толку големи и високи што гледачот на мебелот во секојдневниот контекст. покрај нив не се чувствува вознемирен Robert Therrien е роден 1947 година во туку напротив, според реакциите, добива Чикаго, а живее и работи во Лос Анџелес. чувство на ентузијазам. Стоејќи покрај овие Неговите скулптури, уметнички дела и предимензионирани објекти, посетителот инсталации во последните две децении се го менува и го продлабочува својот однос изложувани во најпрестижните кон поимот за големина, светски музеи и галерии. оригиналност, материјал, Така, со самостојни изложби димензии, дизајн... и досега се претставил во „Tate сето тоа буди чувства да Modern“ во Лондон, „Gagosian се најде во приказната Gallery“ во Њујорк, „LА County „Алиса во земјата на Museum of Art“ во Лос Анџелес, чудата“. Со овие дела, овој „Museum Nacional Centro de американски автор и натаму Arte Reina Sofia“ во Мадрид, предизвикува голем интерес „Museum of Contemporary Art“ во медиумите и восхит кај во Сан Диего, во „Museum случајните минувачи. Иако of Contemporary Art“ во Лос неговите дела произлегуваат Анџелес, „Albright-Knox Art од секојдневните Gallery“ во Бафало, Њујорк материјали, сепак неговите Therrien - уметник ` Buffalo, „Kunstmuseum“ во идеи повеќе и припаѓаат инспириран од бајките Базел... Исто така, неговите на уметноста и не можат дела се појавуваат во бројни да најдат своја примена јавни колекции ширум светот, вклучувајќи во ентериерите. Нивното место е во ги, покрај гореспоменатите институции, урбаните јавни простори и во комфорните и „The Broad Art Foundation“, во Санта екстериерни пространства каде што можат Моника, Калифорнија, „The Getty Center“ да ве орасположат и да ви го разубават во Лос Анџелес, „Musйe National d'Art секојдневието. Тие немаат претерана Moderne“ и „Centre Georges Pompidou“ употребна вредност, но изгледаат чудесно, ја во Париз, „The Museum of Modern будат фантазијата, и не враќаат во детството Art", во Њујорк и „Whitney Museum of кога секој од нас посакувал да биде џуџе. American Art“, исто така во Њујорк. Почнувајќи од 1993 година, тој создава александра ПетрОВСка, дипл.инж.арх. серија на гигантски мебел, огромни
3
08 октомври 2010 ПОРТА
63
предлози
Ѕиден часовник кој може да го најдете во Casa Italia, цена: 4.940 ден., тел: 02/2400 430.
Црна фиберглас столица, Casa Italia, цена: 9.570 ден. тел: 02/2400 430.
64
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Комбинирајќи ги вистинските бои, оваа висока и елегантна закачалка може да се вклопи во секој ентериер, модерен или не. Претставена е од лондонското студио Lime.
Leaf столицата за нишање од Lime Studio, e инспириранa од движењата на листот што паѓа. Едноставната заоблена форма и малата висина овозможува корисникот да седне и да се релаксира во безброј позиции.
ИЗЛ
ОГ
Cut радијатор како декоративен панел од Caleido Design.
подготви: Сандра ДОНчеВа
Ниска маса од колекцијата White Desert од Karim Mekhtigian.
дипл.инж.арх.
Решеткаста столица од челик во црна боја, дизајн на Marcello Ziliani.
3
08 октомври 2010 ПОРТА
65
најчудните градби на светот
Мост над браната Хувер 66
3
ПОРТА
08 октомври 2010
Х
увер Дем-Бајпас претставува најамбициозниот градежен проект на САД во последните 20-тина години. Тој вклучува изградба на повеќе од 6 километри пат, осум мостови, надвозници преку диви премини и изградба на мост над црната клисура низ реката Колорадо во непосредна близина на браната Хувер (Лас Вегас, Невада). Заради обемноста, проектот е поделен на три дела кои ги носат имињата на двете соседни сојузни држави Аризона и Невада, а третиот се однесува на новиот Колорадо мост. Проектот чини околу 300 милиони долари, а започна да се реализира во 2003 година. Најимпресивно изгледа новиот полукружен мост над реката Колорадо кој ќе биде завршен и пуштен во употреба во ноември годинава. Неговите темели се вкопани длабоко во камените стени на клисурата, што било ѓаволски тешко да се изведе. Лани беше направен и двојниот полукружен лак кој се држи на систем од челични сајли и кабли. Потоа, беа изведени и осумте сообраќајни ленти. Новиот мост со должина од 579 метри се наоѓа 256 метри над реката Колорадо. Основна причина за изградба на целиот проект Хувер Дем-Бајпас лежи во олеснување на сообраќајот на главниот пат кој води на самиот врв на браната. Порано заради туристите, автобусите и големиот број автомобили, од едната до другата страна патувале цели 30 минути. Сега, со новиот Бајпас Колорадо мост, патувањето трае само 6 минути.
Драган риСтОВ
рубрика
3
08 октомври 2010 ПОРТА
67
ñîñòî¼êà íà ñåêî¼à ãðàäáà
ÕÈÄÐÎÈÇÎËÀÖÈÈ ÖÅÌÅÍÒÍÀ ÎÑÍÎÂÀ ÀÊÐÈËÀÒÍÀ ÎÑÍÎÂÀ
£
Î ÁÐ
1
âî
Ê ÌÀ
ÅÄ
È ÎÍ
£À
www.ading.com.mk
Novoselski pat bb, 1000 Skopje, R.Makedonija, Tel: ++ 389 / 02 2034 840, 2034 822, Faks:++389 / 02 2034 821 ading@ading.com.mk