Градините на Турија Сонцето, најдобрата алтернатива за Македонија
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
цена: 90 денари БРОЈ 146 ПЕТОК 17.12.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924
Молитва од Бразда
Дилатациони профили од алуминиум и нерѓосувачки челик за затварање на фуги, од грчкиот производител
ACP hellas
Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria
ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk
Biznis Centar
рубрика
Д ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,
Градините на Турија
Валенсиските банкари имале смелост да го финансираат патувањето на Колумбо во 1492 година. Четири века подоцна, веднаш по големата поплава во 1957 година, валенсиските архитекти и урбанисти предложиле храбро визионерско и урбанистичко решение за пренасочување на реката Турија во ново корито. Со овој потфат на полето на светскиот урбанизам, Валенсија претставува успешен пример за смело интервенирање во просторот и правилно справување со градските проблеми од климатски карактер. Еден од најомилените професори на Архитектонскиот факултет во Скопје при УКИМ, Мартин Гулевски, по повод своето заминување во пензија одржа предавање во кое ни потсети на делата што ги создавал во текот на својата 38-годишна кариера. Неговите соработници и поранешни студенти пак, ќе ги паметат неговата љубезност, желбата да се пренесе ` што повеќе знаење и трпеливите објаснувања на секој ` најситен детаљ на проектантските решенија. Тројца студенти од Македонија победија на „Concrete student trophy“ во Австрија. Во конкуренција од 14 трудови, првата награда ја освоија студентите Дарко Тасевски (студент по градежништво на Техничкиот универзитет во Виена), Есат Шехи и Дамјан Гранков (студенти по архитектура на истиот универзитет) со проектот „Freefolding upwards“ (Слободно преклопување нагоре). Според Уве Хартман, директор на Германското друштво за сончева енергија, сонцето е најдобрата алтернатива за Македонија. Тој вели дека во Македонија, земја со површина од околу 25.000 квадратни километри, теоретски, ако се затворат сите извори на енергија кои сега ги има, и за производство на струја се користи фотоволтаик, тогаш е потребна една површина од само 160 квадратни километри, која ќе ја покрие целата сегашна потрошувачка на струја во државата. На гробиштата во скопското село Бразда, стои црква направена од извиткани железа. Нејзините "ѕидови" не го сопираат погледот. Низ нив, во далечината се гледа Водно и градбите на Скопје под него. Овде чиниш си станува меко и метафизичко. Просторот на црквата што ја проектирал архитектот Ванѓел Божиновски е празен со физичка содржина, но е полн со трансцедентална енергија.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
Сонцето, најдобрата алтернатива за Македонија
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
цена: 90 денари БРОЈ 146 ПЕТОК 17.12.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924
Молитва од Бразда
едак ија г авен и одговорен уредник Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА новинари Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Дејан БУЃЕВАЦ Сузана ВАСИЛЕВА Леонида Пенка БАША надворешни оработни и Елена КУЗМАНОВСКА Ангел СИТНОВСКИ Игор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВА Владимир Б. ЛАДИНСКИ Трајче СТОЈАНОВ Сашо КУЗМАНОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Даниела МЛАДЕНОВСКА Билјана САВИЌ Драган РИСТОВ Александра ШЕКУТКОВСКА Кире КИПРОСКИ Павлинка АТАНАСОВА Елена ПЕТРОВСКА гра и ки уредник Дејан ДАВИТКОВ
Насловна страница: Црква во село Бразда Автор: Ванѓел БОЖИНОВСКИ
оторе ортер Кире ПОПОВ ектор Костадинка СОЛЕВА
12 20
Д
26
Д
34
Д
42
Д
46 Д
Д
здава „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје е е он 3109 311; 3151 311; ак 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk е ати Европа92 - Кочани аркетинг Биропроект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
Д
Д
Д
здава ки овет Љупчо АТАНАСОВСКИ, ди инж ар рет проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, ди град инж Вања ДОНЧЕВА, ди инж ар Сања ВЕЛИЧКОВСКА, ди инж ар
56 Д
Д
60 Д
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ:4030004528485 рвиот број на из езе на
и анието орта година
рубрика
д о нова ето во год а е до дене ору инженеринг и а изведено ове е танбени де овни инду три ки орт ко рекреативни објекти како и ентериери ре тавра ии и завршни работи ору инженеринг вработува од и ен раководен кадар и ти на градежни работни и кои на екој роект у ри та уваат о ак и а ен ангаж ан незави но од го е ината и ожено та на и тиот о објектите кои ги изведува ору инженеринг е вградуваат ква итетни атерија и кои ги задово уваат најви коите тандарди за градба
Друштво за роектира е и изведува е градежни и градежно занат ки работи ТОРУС ИНжЕНЕРИНГ ДООЕЛ у о тани ка ко је е
го е ува ето на бројот на градежни работи кои ги изведува ору инженеринг е ро едено и о кон тантен ра т на бројот на ангажирани работни и на тру ен кадар и екако на градежна е анизаија новни зада и во развојот на нашата ир а е о тојано у овршува е и на редок во ите ази на градба о ри ена на о овре ени етоди и о ре а
ак
17 декември 2010
3
О ТА
5
ору
ЈАВНИТЕ СКУЛПТУРИ КАКО НОВОГОДИШНИ УКРАСИ
З
а почеток, кога се работи за јавните скулптури и споменици во Скопје, треба јасно да се каже дека не можеме да зборуваме за екстериерни скулптури, односно споменици, бидејќи уште при првиот увид со позициска поставеност, не ја поседуваат аурата на репрезентативност, а ликовните стандарди се далеку од апострофираниот статус. Моите ставови не ја ограничуваат дилемата околу позицијата на реализирани дела во конкретната локација. Релациите, дали е плоштад или мост, системски се вклопуваат во реалноста што не ги прифаќа, а истовремено служат во процесот на реметење на автентичната модерна архитектура - визура, потценувајќи го авторството на архитектите (тука повеќе мислам на мостот што го опседнаа поставените скулптури на лавовите). Оттаму извира еден хаос на изгледи, најповеќе видлив во самото централно градско јадро на Скопје. Чинот на интензивно поставување на преголем број скулптури во урбаниот дел го наметнува размислувањето зошто нивното поставување не се концентрира во парковските простори. Во нив штетите помалку ќе се почувствуваат, и како такви ќе беа реална алтернатива со побезболни последици. Овие сугестии ќе се сфатат како бесмислени, ако претходно не ја нотиравме првата грешка поврзана со апсурдното декорирање со оригинални антички скулптури (музејски дела кои треба да бидат заштитени и поставени на соодветни локалитети или во професионални институции) на платото пред Владата на Р. Македонија. Се случи и монументалната коњичка фигура на Скендербег, која и покрај доследноста и професиналната реализација ја наруши во целост глетката кон културноисториски амбиент - Старата скопска чаршија. Една ваква скулптурална агресивност претставува непочитување на кодексите во уметноста воопшто. Речиси и не е можно да се реагира на овој вид агресија која премина
6
3
О ТА
17 декември 2010
во практика, а актуелната културна политика без елаборации на стручни лица реализира квази монументи. Членовите на комисиите се прикриваат и не доволно реагираат дека се соочени со лоши концепти приложени од скулптори без никакво педигре. Па, и зошто би биле против кога
зад себе ги имаат примерите на академикот Томе Серафимовски, кој од осамостојувањето па наваму, без никакаква транспарентност во изборот на локациите или проценките на некоја комисија го кити атрактивниот дел од градот со споменични скулптури, чија анахроност ги урива стандардите
Марика БОЧВАРОВА,
историчар на уметност
на инвентивно-естетски профилирани дела, а го поремети и односот кон поактуелни пластични тенденции (како пример ќе го посочам споменикот на Гемиџиите во Велес, изработен од ликовниот уметник Станко Павлески). Серафимовски и не е свесен дека со една ваква манипулација ја поттикна еуфоријата на зародишот на споменички обележја со инфантилни решенија, со вредности кои само делумно се во дослух со уметноста. После ова тешко ќе биде да се рехабилитираат ‘старите’ критериуми, кои кај нас во голема мера ги спроведуваа компетентни личности од повеќе области, не само уметници, туку и историчари на уметноста, урбанисти итн. Зошто застанавме. Затоа што институцијата МАНУ или власта станаа арбитри кои исклучиво се заинтересирани и фокусирани за конзервативни решенија. Сè отиде назад, а падна и достоинството на културата. Добивме застрашувачки нехуман однос кон градските простори, посебно во Скопје. Меѓу главните актери во изработката на споменици во последнава декада се луѓе кои се израснати и профилирани во други средини. Штетите веројатно ќе се анализираат од страна на идните генерации, но барем се забележани од оние што сè уште поседуваат познавања и однос кон оваа проблематика. За нив оценките се јасни - не постои закон кој принудно ќе го преиначи во позитивна смисла детерминирањето на нивно конституирање како културно наследство. Моите предвидувања се дека еден подолг период овие споменици ќе вегетираат и ќе се сметаат како некаков си придонес во осмислувањето на некој си урбан простор. Не верувам дека и во функција на новогодишни украси ќе завршат некоја голема работа. Нивното споменување во тој шареникав контекст е поттикнат од пустата желба дека и тие ќе бидат симнати после завршувањето на новогодишните празници.
BAU 2011 од 17 до 22 јануари во ору Минхен еа
П
Иднина на градењето
од мотото „Иднина на градењето“ од 17 до 22 јануари 2011 година во Минхен ќе се одржи саемот BAU 2011. На површина од 180.000 квадратни метри ќе бидат претставени архитектoнски објекти, материјали, системи за комерцијално градење, станбена изградба и ентериери во областа на нови и стари градби. На саемот се очекуваат околу 1.900 излагачи од 40 земји. Станува збор за светски водечки саем за архитектура, материјали и системи со повеќе од 210.000 посетители. Присуството на водечки брендови гарантира дека сите важни производи и материјали ќе можат да се видат на едно место. Архитектите и инженерите ќе се соочат со иднината на градежништвото претставена низ различни форуми. Минхенскиот саемски центар има 17 хали со 180.000 квадратни метри изложбена површина, плус 360.000 квадратни метри надворешна изложбена површина и 18.000 места за паркирање.
Речиси половина од посетителите, или 47 проценти се градежници, 18 проценти архитекти и проектанти, 12 проценти се посетители од услужните дејности, универзитетите, училиштата и истражувачки институти, а останатите се производители и трговци со градежни материјали и од областа на недвижностите. Во текот на изминатите години Саемот BAU се разви во информациска и комуникациска платформа за урбанистите, архитектите и градежните инженери. Главните теми на саемот се Одржливо градење, Градење по мерка на генерациите, Истражувања и иновации и Образование и усовршување. На Саемот ќе се одржат и повеќе различни форуми.
Поблиски информации околу учеството и посета на саемот можат да се добијат во Претставништвото на германското стопанство во Македонија, на телефон (02) 322 88 24 или на e-mail: kao@ahk.mk
ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА САЕМОТ - MИНХЕН
Цената на аранжманот е 359 евра по лице Во цената е вклучено: - Превоз со високо луксузен туристички автобус - 4 дена /3 ноќевања во хотел ИМПЕРИАЛ
www.hotelimperial.de
со појадок (шведска маса) во двокреветна соба *собите се модерно опремени, со сопствено купатило со туш, телефон, ТВ и интернет - Патничко и здравствено осигурување во висина од 30.000 евра · Со билетот - влезница за саемот за сите саемски денови, добивате бесплатно користење на градскиот транспорт во Минхен (автобуси, трамваи, метро)
Туристичка агенција НОА ТРАВЕЛ Рузвелтова 15, 1000 Скопје, РМ тел. +389 2 30 77 957 факс +389 2 30 77 958 17 декември 2010
3
О ТА
7
ин
8
о
СЕКЈУРИКОМ одбележа десет години од работењето во Македонија 3
О ТА
17 декември 2010
ин
о
Н
а 1-ви декември, австриската компанија Секјуриком го прослави своето десетгодишно работење на македонскиот пазар. На роденденската прослава организирана во хотелот Александар Палас, присуствуваа претставници од државните институции, од локалната самоуправа, деловни партнери, делегати на дипломатскиот кор, претставници на медиумите, како и пријатели на Секјуриком. Во роденденски стил, со гудачкиот квартет Марија и групата Мама бенд со гитаристот Петар Ренџов, се славеше десетгодишното постоење во Македонија. „Во изминатиов период се позициониравме како водечка компанија во земјата, препознатлива со иновативни услуги за чист, функционален и безбеден простор за деловно работење и живеење. За одржување на таа позиција ќе работиме и следната декада во партнерство со вас“, рече Марјан Гештаковски, генерален директор на Секјуриком во Македонија, во своето поздравно обраќање пред присутните. Според сопственикот на компанијата во Македонија, Волфганг Е. Гампер, квалитетот на услугата, одговорноста кон клиентите, стекнатата доверба низ годините, се највисоки приоритети на компанијата, кои ја овозможија лидерската позиција на Секјуриком на македонскиот пазар. На роденденската прослава, по повод 10 години од постоењето во Македонија, беа доделени јубилејни плакети и благодарници на клиентите со кои Секјуриком соработува повеќе од пет години. Домаќините за гостите подготвија и пригодни роденденски подароци.
17 декември 2010
3
О ТА
9
ко је Скопје 2014
Македонската историја ќе ја лее „Јеремиќ“
Л
еарницата „Јеремиќ“ од Белград е избрана како најповолна од шесте понуди за леење во бронза на скулптурата на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров, што ќе биде поставена во паркот „Живко Брајковски“, спроти новата општинска зграда на Бутел. Општината Бутел веќе го склучил и договорот вреден 4,3 милиони денари, со вклучен ДДВ. Таа распиша и тендер за изведба на постаментот на споменикот. Постаментот ќе биде висок 3,5 метри и ќе биде ист со постаментот на кој ќе биде поставена скулптурата на Димитрија Чупоски, што веќе ја работи истиот автор, Мирослав Славковиќ, а ќе го постави општината Центар до големото сидро под скалите на Камениот мост, каде што сега се гради и Музејот на ВМРО. Споменикот на Вапцаров ќе биде висок пет метри. Колку ќе чини постаментот, ќе се знае откако ќе биде избран најповолниот изведувач по распишаниот тендер. Се очекува споменикот на Вапцаров да биде готов на почетокот на наредната година и да биде поставен истовремено кога општинарите ќе се вселат во новата зграда, во март 2011 година.
Се реновира базенот "Младост"
ортикултурно се уредува просторот на улицата Михаил Чаков, зад маркетот „Цибус", до железничката пруга кај Аеродром. Станува збор за површина од 3.000 квадратни метри, која била детектирана како дива депонија, а сега ќе биде претворена во зелена површина.
Гази Баба
Центар
Ѓорче Петров
Се продолжува ролерската патека покрај Вардар
Довршување на каналот на улицата Салвадор Алјенде
Пешачки патеки од 2,5 милиони денари
Е
К
П
Осум нови згради
Зелен простор на Михаил Чаков
3
О ТА
17 декември 2010
зраци, како и реновирање на терасата на која ќе се постават лежалки за сончање, чадори, маси и столови. Средствата за реконструкција на базенот се од инвестицискиот влог на Владата за изградба на салата „Борис Трајковски“, а градежните работи ги изведува фирмата „Градба училиште "Кочо Рацин", конечно ќе се затвори. Веќе се почнати градежните работи на улицата за поставување цевки за атмосферска вода, по што ќе следува и поплочување на каналот со бехатон плочки. Вкупната површина, која ќе се покрива со бехатон плочки е околу 2.500 квадратни метри. Цевките за атмосферска вода се со профил од 1.000 милиметри. Изведувач на работите е фирмата „Бауер".
Кисела Вода
В
Б
азенот „Младост“ комплетно ќе се реновира. Предвидено е поставување на нови санитарни јазли, менување на плочките во и околу базените, поставување нови столчиња на трибините, воведување нов систем за греење, филтрација на водата со УВролерско-велосипедската патека од левата страна на реката Вардар, на потегот од фабриката „Комуна" до мостот „Близнак". Овој дел од патеката ќе биде долг 1.800 метри, а широк четири метри. Во тек е и подготовката на проектот за осветлување на патеката. Делницата претставува продолжување на ролерсковелосипедската патека од левата страна на Вардар, која води од центарот на градот до фабриката „Комуна".
Горно Лисиче
о населбата Горно Лисиче почна изградбата на нови осум станбени објекти на локација на која во ДУП на општина Аеродром се предвидени 14 станбени објекти со вкупна површина од над 22 илјади квадратни метри. Во првата фаза фирмите „Настел", „Диас констракшн", „Глиц" и „Адора" ќе изградат 412 станбени единици и 14 деловни простори. Со изградбата на новите згради наменети главно за домување се реализираат заложбите на општина Аеродром за подобар животен стандард и подобри услови за живеење на своите граѓани.
10
Карпош
Х
кипи од фабриката „Карпош" ја почнаа изградбата на
аналот на улицата Салвадор Алјенде, спроти основното
ешачка патека, долга 800 метри, се гради зад
ко је Објектот ќе се гради според идејното решение на фирмата „Мегарон", а работите ќе ги изведува оперативата на АД „Бетон".
Центар
Нови тротоари на Никола Карев
П
о должината на булеварот Никола Карев, екипите на ЈП Улици и патишта, работат на изградба на нова пешачка и велосипедска патека. На просторот од поликлиниката „Битпазар" кон хотелот „Континентал" е поставена патека долга 350 метри и широка 2,5 метри. Моментално се работи на другата страна од булеварот, каде што, исто така, се гради пешачка патека. Планирана е должина од 500 метри, а ќе се протега од клучката „Детелинка" до клучката кај „Континентал".
ЈСП
Унгарско-англиска компанија ќе одлучува за скопскиот трамвај промет“. - Базенот ќе се реновира според сите светски стандарди, со што ќе се исполнат и условите за одржување на меѓународни натпревари во ватерполо. Во него се планира клуб за бокс, деловни простории за издавање, како и кафе-бар со игротека. Моментно
се изведува првата фаза од реконструкцијата што треба да заврши до јули наредната година вели Ратко Капушевски, директор на центарот „Борис Трајковски“. Ова е прва голема рекострукција на базенот што е изграден во 1979 година според проектот на архитектот Трајко Димитров.
фудбалското игралиште во Ѓорче Петров, по насипот на реката Вардар. Патеката е широка 2,75 метра и се покрива со бехатон плочки. Исто така, ќе почне изградбата и на пешачка патека во населбата Јурија, кај болницата, која ќе води кон насипот на реката Вардар. Патеката ќе биде долга 150 метри, широка 2,7 метра и ќе се покрие со павер елементи. За изградба на двете пешачки патеки, Градот ќе одвои 2,5 милиона денари.
на две локации на Водно. Станува збор за локацијата Кота, кај Милениумскиот крст и под воените објекти. Оваа акција за пошумување е во организација на Градот, а во неа учествуваа градската администрација, како и претставници од градските јавни претпријатија.
Водно
Н
Нови 5.000 листопадни садници
Н
ови 5.000 листопадни садници ќе бидат засадени
Центар
Почна изградбата на летниковец на плоштадот Македонија а плоштадот се отвори уште едно градилиште за објект од проектот "Скопје 2014". Се оградува просторот за летниковец, кој, всушност ќе биде дел од комплексот градска куќа и хотел.
У
нгарската компанија „Вијалто консалтинг“ и Британците од „ЕЦ Харис ЛТД“ ќе ја изработат студијата што ќе ја покаже оправданоста на проектот трамвај во Скопје. Од седум пристигнати понуди, Градот ја избра оваа заедничка понуда. Согласно договорот, консултантите имаат рок од една година за да направат студија и проект и да најдат фирма-концесионер, која ќе го гради трамвајот. Во првата фаза ќе се направи целосна студија за концесионирање на трамвајскиот превоз, а во втората ќе се изработува тендерската документација и ќе се ангажира на деловна афирмација на проектот во меѓународни рамки. Фирмата ќе се ангажира и околу изборот на концесионер, изработката на договор за концесионирање, како и за неговото склучување. „ЕЦ Харис" е една од доминантните англиски консалтинг-групации во областа на шинскиот превоз, а досега проектирале и реализирале повеќе меѓународни проекти. „Вијалто консалтинг", пак, е една од водечките компании на
унгарскиот пазар за проектирање и изведба на шински линии.
Карпош
Нови пет инфраструктурни проекти
П
очна реализацијата на пет нови инфраструктурни проекти. Се асфалтираат улици, се градат паркиралишта и се изведува фекална и атмосферска канализација. По улицата Софиска во Тафталиџе 2 веќе почна изградба на атмосферска канализација во должина од 190 метри, а ќе се градат паркинзи со површина од над 6.000 квадрати. За овие два проекта општината издвои околу три милиони денари. За изградба на фекална канализација во должина од 500 метри на улицата Џумајска ќе бидат потрошени три милиони денари. Ќе се асфалтираат и улиците Нерешка во Жданец и Дамаска во Тафталиџе.
Волково
Почна изградбата на пречистителна станица
П
окрај долниот тек на Лепенец, во близина на сливот во Вардар кај селото Волково, почна изградбата на пречистителна станица за отпадните води од селата Кучевиште, Орман, Волково и Ново село. Со неа ќе се заштитат водите на двете реки, но и подземните води, почвата и аграрното производство во поширокиот регион. Капацитетот е за 19.500 жители и таа треба да профункционира најдоцна до мај 2012 година. Овој капитален проект, кој чини околу 5,8 милиони евра, ќе го финанисира Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, со помош на Центарот за меѓународна соработка и развој од Словенија, кој ќе донира 30 отсто од вредноста. Комплетната реализација ќе ја врши словенечката фирма „Рико инженеринг". подготви: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА 17 декември 2010
3
О ТА
11
ин
о
проф. Мартин Гулевски го одбележа своето 38-годишно творештво
„Проектирав со... “ Еден од најомилените професори на Архитектонскиот факултет во Скопје при УКИМ, по повод своето заминување во пензија одржа предавање во кое нè потсети на делата што ги создавал во текот на својата 38-годишна кариера. Голем дел од неговите соработници беа присутни на самото излагање, па со задоволство се присетија на анегдотите што Гулевски ги сподели со нив. Неговите поранешни студенти пак, ќе ги паметат неговата љубезност, желбата да се пренесе што повеќе знаење и трпеливите објаснувања на секој најситен детаљ на проектантските решенија.
Мартин Гулевски
дипломирал на Политехничкиот факултет во Лавов, Украина (1969) на тема Населба за 1000 семејства. Работел како проектант во „Македонијапроект“ при ГП Пелагонија од Скопје, а потоа се вработил на Архитектонскиот факултет каде бил асистент, доцент и професор по предметот Проектирање на општествени згради. Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград на тема „Планирање на станбениот простор од аспект на барањата на демографските промени и социолошките потреби во одредена структура на населението“, а докторирал во 1991 година на Архитектонскиот факултет во Скопје на темата „Проблемот на флексибилноста на просторот на повеќенаменските згради за култура кон дефинирањето на капацитетот на архитектонските објекти преку анализа на односот на нивната програмска содржина и архитектонска форма“ Тој е автор кој објавил повеќе статии во списанието за култура на просторот „А“ и во списанието „Архитектура и урбанизам“, а во јавноста важи како автор надарен со таинствената сила на неуморен и талентиран творец. 12
3
О ТА
17 декември 2010
„Ј
ас дојдов на Архитектонскиот факултет пред триесет и осум години, кога самата куќа бележеше 23 години од своето постоење. Мојата целокупна кариера е дел од историјата на оваа институција, исто како и творештвото на многумина кои се најдоа во оваа презентација “, се зборовите со кои професорот Мартин Гулевски го започна своето неодамнешно предавање во преполната сала на амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје. Предавањето со наслов „Проектирав со...“ беше замислено нè само како презентација на објектите што тој ги проектирал, туку и како време за споделување на сеќавања и импресии од различните периоди на неговото творештво. Тоа претставуваше хронолошки приказ на неговото творештво, претставено преку 40 дела проектирани од страна на тимови во кои тој учествувал заедно со многу колеги, исто така видни имиња во македонската и екс-југословенската архитектура. Голем дел од овие проекти се работени со архитекти кои самите се дел од Архитектонскиот факултет, што донекаде даде смисла на претставување на факултетот како куќа, дом на архитектурата. За присутните соработници на Гулевски, ова беше пријатно потсетување на заедничкото минато.
Јавни објекти Најголемиот дел од неговите проекти се објекти од јавен карактер, како на пример спортски центри, библиотеки, образовни комплекси, домови и споменици на културата, хотели, целини во градски подрачја и слично. „Многу ми е драга втората награда за спомен – обележје на градски анонимен конкурс од 1975 година. Локацијата за ваков објект беше предвидена на местото каде што постоела работилница за оружје за време на војната, во близина на постоечкиот објект на
Комерцијална банка, на кејот на Вардар во Скопје. Проектот беше соработка со арх. Владо Поповиќ, во 1975 година. Единствено ние имавме предложено решение кое вклучува изградба на некој вид музеј, односно објект, а не само обележје.“ Меѓу изградените објекти се вбројуваат две згради лоцирани во Делчево – зградата на Стопанска банка – 1976 година, во соработка со арх. Владо Поповиќ, како и еден станбен, деловен и трговски објект од истата година, во чие проектирање покрај арх. Владо Поповиќ учествуваат и Андреј Токарев и Михаил Токарев.
ин
о
Тимски играч „Со архитектите Славко Брезоски и Михајло Волканов имавме работено заедно на еден објект, дом за пензионери во Чаир, во 1976 година. Тоа беше интересно искуство, како проектираното може да се менува во текот на самата изведба“, вели Гулевски, кој има работено заедно и со 27 други архитекти, меѓу кои се и Борис Чипан, Живко Поповски, Анета Христова, Петар Муличкоски, Влатко Коробар, Мирослав Грчев, Драганка Серафимова, Цветанка Симоновска, Митко Хаџи-Пуља, Минас Бакалчев, Владимир Георгиевски, Никола Павловски, Душко Душков, Мирче Кокалески, Ранчо Христов, Миодраг Радоњиќ, Стеван Смилески, Первер Корча, Јетон Кујтуми... Најмногу проекти работел заедно со Андреј Токарев, Михаил Токарев, Владо Поповиќ, Димитрие Голубовски, Гоце Аџи-Митревски, Домника Бошкова. „Морам да напоменам дека во многу од овие проекти сум имал недефинирано чувство дека играм улога на ученик. Подоцна, при учеството во други проекти, тоа било јасно дефинирано, но во овие соработки, учењето и водењето беа взаемни“, рече Гулевски.
17 декември 2010
3
О ТА
13
ин
14
о
3
О ТА
17 декември 2010
ин
Најдраги проекти „Спортско-рекреативниот центар „Бундек“ (1977, Загреб), како и Националната и Универзитетска библиотека, исто така во Загреб (1978), се два особено значајни проекти за мене, од неколку аспекти. Најпрво, бидејќи се работени со големи тимови, сочинети од лица со кои соработката претствува интересно и значајно искуство. Друга мошне важна заедничка работа за овие два проекти е учеството и добивањето откуп за нив, на два одделни југословенски анонимни конкурси. Кога ќе се најдете меѓу оние одбраните, особено на повисоко ниво од локалното, чувствувате голема поддршка, поттик за она што го работите“, кажа Гулевски. Спортско-рекреативниот центар „Бундек“ беше навистина голем проект. Беше предвиден објект за 10 000 капачи, со два олимписки базени, два базени за скокови, детски и рекреативен базен, пропратени со сите други простории, ресторани, соблекувални и сè што му е потребно на еден објект од ваков калибар. Интересна анегдота поврзана со овој проект е методологијата на работа. Пристапивме според методологијата на „поделба на трудот“, под водство на арх. Петар Муличковски – секој работеше на свој дел, она за што е најдобар, а од идеално осмислените поединечни простории тој требаше на крај да најде начин сето тоа да го спои во функционална и естетска целина. Објектот што е изграден за потребите на образовната установа „Нова“, на професорите Мартин Гулевски и Влатко Коробар им ја донесе и Голема награда на Бимас 2000. Уште еден проект од истиот тандем е реализиран од страна на истите инвеститори, куќата на семејството Новаковски. Станува збор за доградба на нивната семејна куќа во Скопје, во 2002 година. Соработката се очекува да продолжи преку изведба на проектот за проширување на гимназијата во целосен образовен комплекс, проектиран во 2008 година, од страна на истите соработници
Кинези се вклучуваат во проектот „Вардарска долина“
В
о Скопје во тек се преговори меѓу Владата и кинеската државна компанија за енергетика и Банката за развој на Кина (ЦДБ) за изработка на физибилити студија за привлекување инвеститори. За проектот е веќе изработена проектна
о
задача за енергетско ползување на Вардар, врз чија основа треба да се изработи квалитетна и опсежна нацрт-верзија. Станува збор за еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата и затоа се потребни квалитетни податоци и анализи. Врз нивна основа потоа ќе се донесе одлуката за моделот на реализација, кој пред сè треба да понуди економска оправданост. Со проектот се предвидува изградба на 12 хидроцентрали по течението на Вардар, со вкупна инсталирана моќност од 325 мегавати.
Премиерот Никола Груевски во АДИНГ
П
ремиерот Никола Груевски со соработниците ја посети компанијата АДИНГ како дел од активностите на Владата за постојан директен контакт со компаниите. - Дел од компаниите ги посетуваме директно како што тоа е денес и како што пред неколку денови бевме во УСЈЕ. Секоја недела покануваме и по четири компании на работна средба во Владата со кои разговараме за проблемите со
кои тие се соочуваат, плановите што ги имаат, за справувањето со кризата и начините на кои евентуално би можела Владата да им помогне - изјави Груевски по посетата на АДИНГ. АДИНГ е компанија од среден обем, присутна на македонскиот пазар со производство и продажба на хемиски производи за градежништвото. Компанијата е присутна и на многу други пазари на Балканот, Блискиот и Средниот Исток.
Леонида Пенка БАША 17 декември 2010
3
О ТА
15
градежништво
16
Едни рушат со мускули, други со ласер и хидраулика 3
О ТА
17 декември 2010
Иако имаме градежна оператива на која може да ни позавиди поголемиот дел од соседството, ние сè уште ги реновираме старите станови во зградите како аматери
градежништво
ВО МАКЕДОНИЈА СТАНОВИТЕ ГИ РЕНОВИРААТ АМАТЕРИ
Д
ва-тројца батки облечени во работнички комбинезони и вооружени со чекани, кабли и понекоја електрична дупчалка. Вака изгледаат екипите што ги реновираат становите кај нас. Ги среќаваме секојдневно, додека се возиме со лифт или се качуваме по скали во зградите каде се заградуваат балкони, се менуваат плочки во бањите, се прошируваат дневните соби, од две се прават три спални соби... Работат на диво, во групи составени од неколкумина, најчесто без професионална опрема, шлем и заштитна облека. Преградните и фасадните ѕидови ги кршат со хилти, чекани и мускули. Вревата што ја дигаат им ги пробива ушните тапанчиња на сите станари од зградата. Притоа, неретко се случува рушејќи ги ѕидовите да ги разнишаат и носечките столбови, АБ-платната или темелите на зградата. После нивните интервенции зад нив остануваат шут, прашина, пукнатини по ѕидовите на соседите, уништен терацо во влезовите, демолирани инсталации и остатоци од врати, прозорци и радијатори. - Виновни се и инвеститорите што мислат дека рушењето на ѕидовите е банална работа која може секој да ја направи и дека на тоа може најлесно да се заштеди. Тие се консултираат со инженери за тоа кои ѕидови можат да се елиминираат без последици, при реновирање на становите. Потоа сами бараат мајстори и се ценкаат со нив. Но, многу ретко ангажираат професионални екипи за оваа фаза при реновирањето на становите. Мислам дека не се работи за тоа дека им е скапо, туку сметаат дека тоа се фрлени пари. Како поинаку да го објасните тоа што инвеститорите без проблем можат да дадат и две до три илјади евра за менување на електрична инсталација, а немаат неколку стотици евра плус за стручно рушење на старите преградни ѕидови?!? - е став на архитектот Бојан Атанасовски. Тој со реновирање на станови се занимава веќе седум години и
досега не сретнал инвеститор кој воопшто се заинтересирал за професионална екипа. "Никому не му паѓа на ум ниту да праша дали некој од мајсторите има некаква дозвола за работа, дали е некаде пријавен, дали некој гарантира за неговата работа. Доволна е усната препорака дека работникот му е познаник на некој ваш пријател или роднина, или дека работел кај некого што вие го познавате. Интересно е што реновирањето на старите станови, што во принцип е многу потешка работа отколку градењето нови куќи, сите го потценуваат", вели тој. - Никој не ги ни прашува работниците дали имаат лиценца за рушење, санација, адаптација и реновирање на стари објекти и делови од нив. Не знаат ни дали воопшто некој ја издава во Македонија, ниту дали на некого таа му е потребна за да реновира станови. Најголем дел од нив се приучени мајстори, кои најчесто се школувале за некоја друга професија и потоа безработицата и кризата ги натерале да станат градежници. Тие немаат знаење и се спремни да работат најтешки физички работи за да преживеат - вели Благица Панева, дипл.град.инж. од ИВ КОНСТРАКШН - Скопје, една од ретките професионални фирми која се занимава со реновирање на станови кај нас. "Поскапи сме од аматерите и затоа кубуриме со работа. Но, когаш - тогаш ќе дојде и време кога на Македонија ќе и требаат професионалци", смета таа.
Ѕидовите во Хрватска се "топат" веќе дваесет години Во светот старите ѕидови професионално се елиминираат на неколку начини. Еден од нив е рушењето со термоласерски уред, успешен во пракса веќе неколку децении. Интересно е што овој начин на рушење се применуваше во поранешна СФРЈ, а потоа во времето на транзицијата го прогласивме за скап и неисплатлив, и се вративме на рушењето со мускули што е поевтино. Постарите граѓани на Македонија можеби се сеќаваат
17 декември 2010
3
О ТА
17
градежништво
Освен во Македонија, нестручното елиминирање на старите ѕидови и меѓукатни конструкции, се применува само уште во БиХ, Србија, Албанија и на Косово. Земјите од регионот се трудат да фатат чекор со земјите во ЕУ, па за реновирањето на старите објекти сè повеќе ангажираат екипи на професионалци 18
3
О ТА
17 декември 2010
на рушењето пред дваесет години на концертната сала "Истра" во строгиот центар на Загреб, на чие место подоцна се изгради новата сала на Младинскиот центар. Тогаш за да се изведат три сали, сцена со купола висока 25 метри, атриумски двор и таван со кафулиња, клубови и простор за редакциите на младинските гласила, најпрвин требало да се сруши шеснаесет метри високата кула чии ѕидови биле дебели 35 см. Најголем проблем на инвеститорите бил да пронајдат градежна работна организација која внимателно ќе го изведе рушењето, со што нема да се оштетат околните згради и нема да се создаде врева која ќе им пречи на станарите што живеат во нив. Уплашени од сериозноста на зафатот, 11 градежни претпријатија од просторите на екс-СФРЈ одбиле да го изведат рушењето, а некои пак, ја подигнале цената три до четири пати повеќе од вообичаената. Постоечката сала "Истра" имала конструкција од плоснати армирано-бетонски носачи дебели 35 см. Бидејќи се наоѓала во град, среде други објекти не можела да се руши на класичен начин со експлозив или со компресори. Сè било изведено со само неколку работници, а соседството воопшто и не дознало каков голем градежен зафат се изведува. За рушењето сведочеле само триесетина сини боци за кислород, како и големиот градежен уред "Рекпак". Но, објектот тогаш предизвика големо интересирање кај сите што се занимаваат со градежништво. "Голем број од нив дојдоа специјално на градилиштето за да гледаат како под дејството на високата температура на уредите за рушење се растопуваат ѕидовите. Работниците од градилиштето велеа дека се чувствуваат како да се дел од филмски кадар кога во самракот на денот,
градежништво качени на голема височина ги дробеа армирано бетонските ѕидови како сирење", објаснува Дамир Петровиќ, еден од изведувачите на овој објект.
Ласер кој ги дроби ѕидовите како сирење Термоласерот е уред што го разорува бетонот. Температурата од 3500 степени Целзиусови ги топи силикатите во бетонот и создава лава која се слива низ ѕидовите. Во ласерскиот пиштол има електрода која согорува со помош на кислород, па така се развива висока температура. Ласерски пиштоли во склоп на еден термоласер може да има повеќе, па рушењето се забрзува. Силата на термоласерот зависи од квалитетот и бројот на шипките во електродите. Термоласерот може да реже ѕидови кои се дебели дури еден метар, а заедно со него се користи машина која хидраулички
ги дроби ѕидовите во кои ласерот прави дупки. Ова е скапа метода за рушење, а може да се исплати единствено ако електродите што се трошат за неколку секунди сами ги произведувате. Употребата на ласерот има голема предност во градежништвото во однос на класичните облици на рушење. Термоласерот е бесшумен, работи брзо, без прашина и вибрации и може лесно да реже бетон, метали и други површини дури и под вода. "Овој начин на рушење се применува во светот кај објектите што се оштетени во елементарни непогоди. Уредот е прикладен за транспорт и едноставен за ракување. Безопасен е, доволно ви е да имате обична заштитна облека кога ракувате со него", вели Звонимир Вуиќ, претприемач и сопственик на градежно претпријатие во БиХ, кое е специјализирано за рушење и за санација на стари објекти.
Гасеница за рушење и рециклажа Освен со ласер, во светот, за рушење на стари објекти, како и делови од нив, се користат и современи мини багери-гасеничари. Хрватскиот "Еурко" е една од фирмите што рушењето на објектите го изведуваат со најсовремени багеригасеничари, опремени со специјални хидраулични алати за дробење на бетон и сечење на арматурно железо. На овој начин професионално и контролирано се изведуваат сите фази на отстранување на старите ѕидови и меѓукатни конструкции, а материјалот настанат со рушењето на градежните објекти, се рециклира во мобилната дробиличарка и може повторно да се користи во градежништвото за различни намени. - Ако сакаме да бидеме дел од
ЕУ, мораме да воведеме ред и во оваа гранка во градежништвото. Каков било градежен зафат кој треба да се направи во новите и во старите објекти, мора да го изведуваат професионалци во согласност со сите градежни прописи. Одамна помина времето кога викавме комшии и братучеди за да ни помогнат да ја суредиме нашата куќа. Денес сè повеќе се работи професионално. Ние имаме професионална екипа, набавивме и модерна опрема, со што станавме конкурентни на нашиот пазар - вели менаџерот на ГП "Интер Кроациан Груп", Славиша Ковач. И во Словенија одамна сè што е поврзано со рушење и реновирање на старите ѕидови во објектите, се изведува со современа апаратура и под строг надзор. Во Црна Гора се прават барем обиди да се среди хаосот. За жал, кај нас не е така Наталија НОВАКОВИЌ-ДОБРЕВСКА
17 декември 2010
3
О ТА
19
градежништво
Санација на свлечиште на магистралниот пат М5 на делницата Битола - Ресен
Армирана земја со висо
С
травотните слики на свлечиштето што во февруари 2010 година се појави на магистралниот пат М5 на делницата Битола – Ресен, ги обиколија сите медиуми во Македонија. Оштетувањето на значајната магистрала, како и јасно изразените пукнатини со големина од речиси еден метар, се појавија како резултат на лизгањето на земјиштето што зафати површина од приближно 4000 м2. На дел од магистралниот пат буквално беа откинати две сообраќајни ленти во должина од околу 55 м. Оштетувањата од вакви размери предизвикаа загрозување на сообраќајот, така
20
3
О ТА
17 декември 2010
што патниот правец Битола-Ресен беше веднаш затворен за употреба и пренасочен на стариот пат. Кога станува збор за оштетувања на вака значаен патен правец, многу е важна квалитетна и брза санација, што во конкретниот случај се бараше од страна на Агенцијата за државни патишта. По извршениот увид на локацијата од страна на професори од Градежниот факултет во Скопје, беше изработена проектна програма по која се работеше проектот за санација. Според зададената динамика за проектирање беше предвидено целата проектна документација заедно со геомеханичките
истражни работи да се изработи за многу кратко време, што е секако дополнително усложнување на и така сложената санација на свлечиштето. Задача на тимот проектанти од компанијата ГЕИНГ Кребс унд Кифер беше да предложат решение со кое во најкраток можен рок ќе се изведе трајна санација на патот, што подразбира нè само изведба на квалитетен насип, туку и изведба на ефикасен дренажен систем, а согласно зададените параметри во проектната задача. Пред почетокот на проектирањето беа извршени теренски проспекции на локацијата со детално геодетско снимање,
како и детални геомеханички истржувања на целата зона зафатена со свлечиштето.
Аналогија на работата на армираниот бетон Од добиените податоци е констатирано дека причина за активирање на свлечиштето се зголемените врнежи во изминатиот период кои допринеле за водозаситување на почвата. Имено, на почвените материјали при водозаситување во голема мерка им се намалуваат или ги губат јакосните својства кои влијаат на стабилноста на средината што често доведува
градежништво
Задача на тимот проектанти од компанијата ГЕИНГ Кребс унд Кифер беше да предложат решение со кое во најкраток можен рок ќе се изведе трајна санација на магистралниот пат М5 на делницата Битола - Ресен, што беше оштетен со свлечиштето во февруари годинава. Со него е предвидена изведба на квалитен насип и ефикасен дренажен систем, во соогласност со зададените параметри во проектната задача.
очина на четирикатница до лом во почвата. Со идејните решенија беа разгледани неколку варијанти за санација, меѓу кои изведба на мостовска конструкција, санација со армирано- бетонска потпорна конструкција и изведба на насип од армирана земја. Анализите на насипот во сите разработени варијантни решенија се вршени во современите софтверски пакети Плаџис, ГГУ Стабилит и Гео 5, со примена на метод на гранична рамнотежа и метод на конечни елементи. Притоа се анализирани различни состојби на експлоатација на магистралниот пат преку аплицирање на статички и динамички товари врз насипот
на патот и предвидените потпорни конструкции. Така, за секоја варијанта е добиена претстава за напонско-деформабилната состојба, како и за локалната и глобалната стабилност на насипот и околниот терен. Изработена е и сеизмичка анализа заради констатирање на сеизмичката отпорност на конструкцијата на сеизмички влијанија - земјотреси врз база на сеизмичките карактеристики на регионот. Врз основа на анализираните идејни решенија во идејниот проект се одлучи санацијата да се изведе со изведба на насип од армирана земја и изведба на дренажен систем со примена на дренажен
геокомпозит. Системот армирана земја редовно се применува во светот, а сè почесто и во нашата држава. Принципот на работа на системот е по аналогија на работењето на армираниот бетон. Во насипите од армирана земја геомрежата ја има функцијата на арматура, исто како челичната арматура во армирано-бетонските конструкции. Геомрежите се производи со високо јакостни карактеристики изработени од полимерни соединенија (полиестер, поливинил алкохол, арамид и сл.) или од специјално обработен челик отпорен на влијанија во почвена средина. За санација на свлечиштето
геомрежите се користени во комбинација со габиони кои пак претставуваат челични кошеви исполнети со камени блокови. Со вака изведениот насип се добива флексибилна конструкција која ја обезбедува стабилноста на насипот и дава природен изглед. Ваквите потпорни конструкции имаат многу предности во однос на армиранобетонските, тие се економски поисплатливи, обезбедуваат висок квалитет на стабилизација на насипот, се избегнува изведба на бетонски елементи, а со самото тоа се забрзува и целата изведба на насипот.
17 декември 2010
3
О ТА
21
градежништво
По изведбата на дренажата и насипот изведена е коловозната конструкција со тампонски материјал обвиткан во геомрежа и асфалтни слоеви БНС и АБ помеѓу кои е ставена полимерна мрежа, заради намалување на влијанието на деформациите помеѓу постоечкиот и новоизградениот дел од патот.
Санираниот насип на магистралниот пат во неговиот највисок пресек е изведен од 24 реда армирана земја и достигнува височина од преку 12 м, што би било еднакво на висината на една четирикатница. Со цел да се спречи негативното влијание на водата врз насипот изведен е дренажен систем поставен на контактот помеѓу матичната карпа и насипот.
22
3
О ТА
17 декември 2010
градежништво
Едноставна и брза санација Евентуалната санација на ваквите конструкции е едноставна и брза. Поради сето ова во основниот и изведбениот проект е разработено токму вакво решение. Армираната земја се изведува со поставување на геомрежите по целата основа на насипот, а потоа преку нив се нанесува тампонски материјал кој се набива најчесто во слоеви од по 25-30 см до пропишаната збиеност. По формирање на 2 вакви слоја повторно се нанесува геомрежа по целата површина на последниот слој од тампон и се повторува истата постапка со нанесување на нови слоеви тампон и геомрежа. На лицето на вака изведениот насип се поставуваат габиони кои во случајов се поврзани со геомрежите и формираат една целина. Вака изведениот насип од армирана земја, од аспект на стабилност, има висок фактор на сигурност при дејство на статички и динамички товари, како и
висока сеизмичка отпорност. Санираниот насип на магистралниот пат во неговиот највисок пресек е изведен од 24 реда армирана земја, односно се достигнува височина од преку 12 м, што би било еднакво на висината на една четирикатница. Со цел да се спречи негативното влијание на водата врз насипот, изведен е дренажен систем поставен на контактот помеѓу матичната карпа и насипот. Дренажниот систем е изработен од дренажен геокомпозит и перфорирана дренажна цевка, која продолжува со отворен канал до реципиентот. Дренажниот композит претставува геомрежа обложена од двете страни со геотекстил, кој е водопропустлив и го спречува навлегувањето на почвен материјал во геомрежата, а ја пропушта водата. Зафатената вода преку дренажната цевка се одведува од телото на свлечиштето. На ваков начин ефикасно се штити насипот од
појава на високи порни притисоци и водозаситеност. По изведбата на дренажата и насипот, изведена е коловозната конструкција со тампонски материјал обвиткан во геомрежа и асфалтни слоеви БНС и АБ помеѓу кои е ставена полимерна мрежа, заради намалување на влијанието на деформациите помеѓу постоечкиот и новоизградениот дел од патот. За да се следи однесувањето на насипот и коловозната конструкција се поставени репери за геодетско набљудување, а за следење на нивото на подземна вода во околниот терен се изведени пиезометри. Со проектот за техничко набљудување е предвидено набљудувањето во првата година да се врши поинтензивно, а потоа согласно динамиката на тековните активности за одржување на патот. Санацијата на свлечиштето ја изведе градежната компанија Бетон, со што беше санирана целата делница со изведба на
канал за водата од дренажата. Градежните активности заедно со организацијата на градилиштето траеа нешто повеќе од еден месец, со што се заврши изведбата на еден од највисоките насипи од армирана земја во државата и Балканот. Со санацијата на магистралниот пат М5 се стекна искуство во реализацијата за изведба на системите од типот армирана земја. Се отвори можност за презентирање на современите светски принципи на проектирање и градење потпорни конструкции и преку нивна практична примена, со што како држава правиме голем чекор во приближување кон современите трендови во градежништвото во областа на геотехничкото инженерство проф.д-р Љупчо ДИМИТРИЕВСКИ, дипл.град.инж.
м-р Дарко ИЛИЕВСКИ, дипл.град.инж.
Борис БОГОЕВСКИ,
дипл.инж. по геотехника
Äóðè è ïî 100 ãîäèíè íàøàòà âèçè¼à íåìà äà çàñòàíå. Íîâè ïîãëåäè êîí ñâåòîò, çàñåêîãàø. Ãåðìàíñêè îêîâè çà ïðîçîðöè è âðàòè.
part of Gretsch Unitas Gruppe Óë. 29 Íîåìâðè 60 1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à Òåë.: + 389 (0)2 3246-586 Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586 kaeski@gu-skopje.com.mk
3
BMW Welt- Ìóçå¼îò íà ÁÌ âî Ìèíõåí, Ãåðìàíè¼à 17 декември 2010 О ТА
23
ар итектура
И
КИНА
ЗЛАТЕН СОН НА КРАЈБРЕжЈЕТО
24
3
О ТА
17 декември 2010
нспирирани од успехот што го постигнаа со изградбата на комплексот Marina Bay Sands во Сингапур, Safdie Architects проектираа нов станбен и трговски комплекс со површина од околу 200 000 квадратни метри, во заливот Qinhuangdao, Кина. Проектот наречен Golden Dream Bay претставува одговор на зголемената побарувачка за луксузни и квалитетни станбени објекти во Кина. Истиот ќе содржи над 2.200 станови, со вкупна површина од над 325.000 м2 станбен простор. Покрај тоа, во вкупната површина се пресметани и 7.000 м2 простор за рекреција, како и приближно толку деловен простор кој ќе биде наменет за трговски единици. Објектите се проектирани така што секое место има повеќе или помалку спектакуларен поглед кон заливот или околината. Скалестиот дизајн на самите објекти, големите прозорци и прекрасно уредените зелени простори многу придонесуваат за тоа. Tерасите што каскадираат, како и хортикултурно уредените простори, претставуваат врв на луксузот на овој „Златен сон“.
ТАЈВАН
КУЛА ОД фАНТАЗИЈА
П
обедници на меѓународниот конкурс за дизајн на кула во Тајван се Dorin Stefan Birou Arhitectura (DSBA). Нивниот концепт наречен „лебдечки опсерватории“ е одбран меѓу 237 пристигнати решенија, од вкупно 25 земји. Според условите на конкурсот, објектот треба да има најмалку 300 метри висина и да има слична програмска функција како Ајфеловата или CN кулата. Авторите од DSBA предвиделе осум „купеа“ со капацитет од 50-80 посетители, кои овозможуваат фрапантни панорамски глетки над градот Taichung и Taiwan Strait, што ги двои Тајван и Кина. Останатиот простор е наменет за музеј, канцеларии, конференциска сала, ресторани и
информативен центар. DSBA предвиделе објект кој претставува „технолошко дрво“ со осум „лифтови“ во форма на цепелини, кои се движат нагоре и надолу по должина на целата основа. Прашањето на енергетската ефикасност проектантскиот тим го решава со воздушни турбини по должина на „стеблото“ на објектот, како и фотонапонски панели на соодветни локации во екстериерот, со што се добива доволно количество на електрична енергија за зградата да функционира самостојно. Секоја од осумте опсерватории е самоодржива, а со помош на балони со хелиум спакувани во политетрафлуороетилен опсерваториите се движат по вертикална патека.
ар итектура
ХОЛАНДИЈА
ОД ЦРКВА ДО СТАН
О
ваа дрвена црквичка на брегот на Рот во Ротердам која датира од 1930 година, претставува пример за неадекватна ревитализација на црква и нејзина пренамена во дом за живеење. Нејзини автори се Ruud Visser Architects и Peter Boer, кои ја почитувале желбата на нивниот клиент објектот да го пренаменат во луксузно живеалиште за четиричлено семејство. Создавањето на функционален животен простор од 3.000 м2 тие го сфатиле како предизвик и создале станбен објект со површина колку за 6 куќи.
САД
НОВА ЧЕТИРИКАТНИЦА ЗА МУЗЕЈОТ НА УМЕТНОСТИ
MFA
(Museum of Fine Arts) во Бостон, од минатиот месец има ново четирикатно крило, кое го проектираа Foster + Partners. Со тоа оваа институција доби 53 нови галерии и простории за изложување на американската уметност. Foster + Partners заедно со CBT внимателно го проучија проектот на целиот комплекс, дело на Guy Lowell од 1870 година. Тие успеаа да го трансформираат искуството на посетителите, правејќи ја зградата отворена и поврзувајќи ги петте најзначајни колекции на музејот во една лесно разбирлива просторна целина. Блиската и обемна соработка на архитектите со претставници од музејот е од клучно значење за осмислувањето на внатрешниот простор, во кој сега ќе можат да се изложат над 5.000 експонати.
БИЛИОНЕРИТЕ НАРАЧАА „КРАСТАВИЧКА“ АНГЛИЈА
подготви: Леонида Пенка БАША
Б
раќата Simon и David Reuben, кои се на листата на најбогати лица на Sunday Times, се нарачатели на резиденцијален објект во Paddington Basin, во западниот дел на Лондон. Објектот наречен кула краставичка ќе има 41 кат и ќе биде 17-та највисока зграда во Лондон. Покрај планираните 222 станови, во него ќе има место и за луксузен хотел со 90 соби, како и „небесен“ бар, со панорамски поглед на хоризонтот на Лондон. Бидејќи се работи за урбанистички строго контролиран дел на градот, потребно е многу време за ваков амбициозен проект да добие дозвола за градба толку блиску до најпознатите културни обележја во непосредна близина. Сепак, браќата Reuben се оптимисти. Тие ја нагласуваат зголемената потреба за станбени, деловни и трговски објекти во овој регион и очекуваат кулата да биде комплетно изградена до 2016 година. 17 декември 2010
3
О ТА
25
ар итектон ка работи ни а
Тројца студенти од Македонија победија на „Concrete Student Trophy“ во Австрија
ПРВО место за кул Оваа година во конкуренција од 14 трудови, првата награда ја освоија студентите од Македонија: Дарко Тасевски (студент по градежништво на Техничкиот универзитет во Виена), Есат Шехи и Дамјан Гранков (студенти по архитектура на истиот универзитет) со проектот „Freefolding Upwards“ (Слободно преклопување нагоре). Второто место им припадна на студенти од Техничкиот универзитет во Грац со проектот „Neun Grad“ (Девет степени). И двата проекта имаат убедливо јасни и едноставни форми.
П
роектот „Freefolding Upwards“ на Есат Шехи, Дамјан Гранков и Дарко Тасевски од Техничкиот универзитет во Виена, според мислењето на стручното жири беше најдобар заради својот јасен архитектонски концепт составен од композиција на триаголници. Целата конструкција е замислена од префабрикувани бетонски елементи кои ќе можат да бидат повеќекратно користени. За да се постигне таа цел, тимот предложи добро осмислени начини за поврзување на елементите со користење на методи како кај спрегнатите конструкции и со помош на вградени челични елементи. Друга причина за одлуката на жирито беше и складноста помеѓу структурата и материјалот бетон. Тимот е награден со 4000 €. На овогодишниот „Concrete
26
3
О ТА
17 декември 2010
Student Trophy“ се бараше идејно решение за мултифункционална, привремена бетонска структура со пристапна платформа која ќе овозможува панорамски перспективи од кампусот на Техничкиот унверзитет во Грац. Повод за темпорарна структура беше 200-годишнината од постоењето на овој универзитет, а услов беше градбата да стои само една година во кампусот со особено внимание на локалитетот на универзитетот, урбаното и просторното развивање, како и ширењето на инфраструктурата. Оваа година главни критериуми за оценување на проектот беа иновативноста во обликувањето, особено од технички и технолошки аспект, изводливоста и времето за кое може да се изгради градбата, рентабилноста, начинот и брзината на демонтажата и понатамошното
користење на префабрикуваните бетонски делови.
Темпораритет и структура FREEFOLDING UPWARDS е структурално обележје кое го претставува Техничкиот универзитет во Грац како центар на развојни иновативни технологии. Победничката македонска тема е панорамска кула од бетон во висина од 17 метри направена од бетон до која е дојдено преку експериментална игра со различни концепти. Појдовна точка е триаголен модул каде повеќе елементи сочинуваат еден тетраедар. Преку игра со повеќе такви тетраедри во вертикална насока е добиена една многу густа и стабилна структура. Со редуцирање на неколку триаголни елементи структурата станува порозна
и отворена, но истовремено ја добива функцијата на коленеста конструкција. Главни носечки елементи се два идентични коленесто-прекршени ѕидови, ротирани меѓусебно за 180 степени. Секој од ѕидовите се состои од 5 идентични префабрикувано-бетонски елементи со триаголна форма, а двата ѕидови се споени меѓусебно со трета коленеста конструкција која служи за поврзување и спрегнување на кострукцијата, додека од друга страна нејзините елементи претставуваат проодни плочи на кои се наоѓаат трибини кои нудат разни можности. И оваа конструкција се состои од неколку префабрикуванобетонски елементи со триаголна форма. Овие три конструкции претставуваат структура со голема торзиона жилавост и отпорност на сеизмички товари.
ар итектон ка работи ни а
ата од триаголници
17 декември 2010
3
О ТА
27
ар итектон ка работи ни а ДАМЈАН ГРАНКОВ во 2004 година се запишал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а следната година заминал за Виена каде веќе шеста година студира на тамошниот технички факултет. Во моментов го изучува деветиот (од вкупно 10) семестар на Мастер студиите по архитектура. Како гледавте на конкуренцијата во врска со конкурсот? - Конкурсот беше распишан во летниот семестар во 2010 година. Тој имаше форма на Иса проект во кој учествуваат минимум еден студент на градежен и еден на архитектура. По завршувањето на овој дел, добивме одреден број на кредити. До официјалниот крај на семестарот беше јасно дека покрај тешкотиите на почетокот веќе имаме видлива предност меѓу колегите на Техничкиот универзитет во Виена. Со останатите учесници од Техничкиот универзите во Грац немавме контакт и не знаевме што не очекува. На самото доделување на наградите ние и самите се уверивме дека нашиот проект е најдобар во конкуренција на овие два факултета. Што значи да се добие една ваква награда? - Мене наградата ме стимулира да учествувам на што е можно повеќе конкурси во иднина. Овој успех сега покажа дека во нормалниот свет вистинскиот труд и работа се адекватно вреднувани и наградувани. Знаете ли дали ќе се реализира проектот? - Во условите на конкурсот се предвидени само парични награди за најдобрите проекти, без обврска за реализација. Победникот на истиов конкурс од 2007 година, во 2009 од магистратот за урбанизам на Виена доби понуда за реализирање на неговиот проект. Тогаш темата беше пешачки мост меѓу 13-тиот и 14-тиот кварт во Виена. Неговиот проект е веќе изграден и пуштен во употреба. За нашиот проект сега треба да одлучи Техничкиот универзитет во Грац, бидејќи самата локација е во нивниот кампус, а и овогодишната тема беше по повод 200 години од нивното постоење. Значи тие ќе одлучат дали ќе го реализираат или не. Дали по студиите планирате да работите во Австрија? - Да имав ваков факултет, услови, и трудот да беше вреднуван како овде, немаше никогаш да си одам од Скопје. За жал, во Македонија ништо не е ни приближно така. Затоа после завршување на факултетот планирам да останам во Виена, каде има доволно работа и за студенти и за дипломирани архитекти. Во Македонија едноставно не сме платени доволно.
28
3
О ТА
17 декември 2010
ар итектон ка работи ни а ДАРКО ТАСЕВСКИ
Тешко ли е да се студира градежен (1987) потекнува од факултет во друга земја? - Градежниот факултет се вбројува во Битола. Моментно неколкуте најтешки факултети, без е апсолвент на Градежниот факултет разлика каде се студира. Градежниот факултет на Техничкиот универзитет при Техничкиот во Виена е многу добро рангиран на универзитет европско ниво и критериумите за во Виена. полагање се доста високи. Студиите траат 10 семестри, а просечно време на студирање е 13 семестри. Во просек годишно се запишуваат по околу 300 студенти, а само една четвртина (7080 студенти) годишно ги завршуваат студиите. Голем број од студентите се откажуваат уште по првата година, и се префрлаат на виши градежни школи или на други полесни факултети. Дополнителна бариера за нас како странски студенти претставува германскиот јазик, поради што на почетокот е тешко да се фати чекор со другите колеги, на кои им е потребно помалку време за учење, додека ние треба прво да ги преведуваме материјалите. Дали наградата отвора нови можности за учество и на други конкурси? - Ние како тим функционираме многу добро, и за нас добивањето на оваа награда претставува поттик да продолжиме да учествуваме и на други конкурси. Наградата отвора и нови можности, нè само за конкурси, туку и за соработка со организациите што ги распишуваат конкурсите, бидејќи често победниците се бараат да ги пренесат своите искуства со цел да се подобрат ваквите конкурси. Што ќе правите по завршувањето на факултетот? - По завршување на студиите, доколку имам можност, планирам да продолжам на докторски студии. Мислам дека тоа ќе биде една голема борба да се стигне до таа можност, бидејќи како странски студент, во Австрија е тешко да се дојде до стипендија. Во однос на работната кариера, Австрија е земја со многу развиена градежна индустрија. Австриските градежни компании се меѓу најреномираните во Европа, и тие се вклучени во реализацијата на најкомплексните проекти по целиот свет, а преовладуваат во Источна Европа и на Балканот. Јас веќе сум работел во некои од најголемите градежни компании во Австрија, и можам да потврдам дека квалитетот на градење е на високо ниво, а се користат и најнови технологии. Како млад инженер, може да стекнам големо искуство во овие компании кое потоа ќе го пренесам во Македонија.
ЕСАТ ШЕХИ (1981) средното образование го завршил во Зеф Љуш Марку во Скопје, потоа заминал во Тексас во САД. Во 2001 година се запишува на Архитектонскиот факултет во Скопје каде завршува само прва година. Во 2004 година преку трансфер на студенти заминува на Архитектонски факултет при Техничкиот универзитет вo Виена. Во моментов ги завршува мастер студиите на овој универзитет. По ваквата награда, има ли заинтересирани фирми кои ви нудат работа? - Реткост е фирмите сами да пријдат и да ви понудат работа. Но, убавото во тоа е што членовите на жирито беа од реномирани архитектонски и градежни фирми во Австрија. По врачување на наградите имаше мала размена на визит картички и персонални информации, што упатува на заклучок дека наградата е добар вовед или предност во понатамошната потрага по работа. Има ли можности за добра работа во Австрија? - Доколку архитект или градежник има што да понуди, во смисла на знење или иновативност во браншата, тоа значи дека е подготвен за тимска работа. Можностите за стекнување работа се големи, неограничени, а во најголем дел тие зависат нè само од знаењето, туку и од искуството и идеите што се претставени токму низ разни форми на презентација. Колкава е просечната плата на еден архитект во фирмите во Австрија? - Платите се движат од 8 до 15 евра на час за студенти кои работат во некое архитектонско биро. Што се однесува за дипломирани архитекти, цената се движи и над 15 евра за еден час. Значи со проста математика може да се пресмета колку би заработиле за еден месец. Иако ова звучи примамливо, сепак не треба да се заборави дека овде има и високи персонални давачки, како и данокот што секој мора да го плати. 17 декември 2010
3
О ТА
29
ар итектон ка работи ни а
Главен предизвик во креирањето на концептот е привременоста (темпораритет) бидејќи конструкцијата треба да трае една година, по што ќе биде отстранета. Затоа и авторите уште од самиот почеток размислувале во правец на еден едноставен модул од префабрикуван армиран бетон. Целата структура е едноставна и со самото тоа овозможува лесен транспорт, флексибилност и монтажа. Со цел кулата да може да се монтира и демонтира во минимално време, деталите за поврзување на поединечните елементи се дизајнирани така што работата на градилиштето е сведена на минимум. Во најголем дел елементите се поврзани со челични лимови и бетонски спојки, кои подоцна можат да се размонтираат за само неколку дена. Комуникацијата помеѓу поединечните делови на кулата и земјата претставува одделен концепт и овозможува многу интересно движење по целата кула. Главните скалила се поставени спирално (околу самата кула) и служат за поврзување на двете горни трибини и најгорната панорамска платформа. Долната трибина пак е достапна преку друг тип скалила кои се независни од главните. На проодните плочи кои имаат наклон од 50 степени се поставени префабрикувани трибини и специјални плочи за лежење, кои се изработени од текстил-бетон. Овој материјал се одликува со голема отпорност при многу мали димензии (дебелини од 5 сантиметри), а наместо челична арматура кај него се користат снопови од тенки карбонски влакна Драган РИСТОВ
Во Австрија по петти пат се одржа студентскиот натпревар „Concrete Student Trophy“. Овој натпревар е во организација на австрискиот сојуз за цементна индустрија, а финансиски е поддржан од трите најголеми градежни компании во земјата. Неговата цел е да се поттикне интердисциплинарното работење на студентите по архитектура и градежништво и меѓу нив да пронајде нови таленти и иноватори. 30
3
О ТА
17 декември 2010
еко огија ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ Ул. „Љубо Петровик“ 33, Скопје Тел/Факс: 02 26 27 391 Мобилен: 070 311 470
Б
www.kb.com.mk
Контакт-центар: (02) 3 296 800
17 декември 2010
3
О ТА
31
еко огија
Trimo Makedonija dooel Skopje t: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 42 trimomakedonija@trimo.com.mk, www.trimo.si
liting@t-home.mk
070 387 535 070 385 585
Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com
канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги
„ГВ“ ДООЕЛ
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти
ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје
15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф
32
3
О ТА
17 декември 2010
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
А
рхитектите од словенечкото биро „ОФИС Архитекти“ добија задача да го изградат новиот фудбалски стадион во Белорусија, нов дом на еден од сè популарните фудбалски клубови на Стариот континент, Бате Борисов. Изградбата на стадионот ќе стартува во првите месеци од 2011 година, а се очекува во втората половина на 2012 година, новата „Бате Борисов Арена" да биде пуштена во употреба. Стадионот во градот Борисов ќе биде со 4 ѕвезди според стандардите на УЕФА, а покрај спортскиот објект, истиот ќе вклучи и дополнителни 3200 м2 јавна површина на која ќе бидат изградени дополнителни објекти. Најголем дел од средствата за изградба на стадионот се обезбедени од клупската каса, но добар дел издвои и Владата на Белорусија. Стадионот има современ дизајн, со заоблена купола која дава впечаток на еден затворен објект. И покрај тоа што не се работи за голем објект од калибарот на големите европски фудбалски арени, сепак, екстериерот му дава сосема друга димензија која пред сè визуелно дава слика за еден навистина габаритен објект. Површината на теренот ќе биде 68х105 метри, според правилата на ФИФА, а бидејќи ова ќе биде класичен фудбалски стадион без атлетска патека, ќе имазелен појас кој ја зголемува површината на игралиштето на 85х105 метри. Трибинскиот простор ќе биде подигнат на 17 редови во просторот на двете најголеми трибини, додека двете помали зад головите ќе имаат по 27 редови. Горната галерија на западната трибина ќе биде резервирана за медиумите, затоа што се гради посебна новинарска ложа (40 места), додека на источната трибина ќе биде ВИП делот со ВИП ложата. На западната страна во подтрибинскиот простор ќе се сместат и неколку услужни капацитети, а исто така ќе биде оставен простор за комерцијални објекти на источната и на северната страна. Фоајето под трибините ќе содржи тоалети, снек-барови, соба за прва помош и други содржини. Стадионот ќе добие 250 ВИП места, а во ВИП делот надвор од гледалиштето ќе има и посебни два ВИП салони во кои ќе биде стациониран по еден бар. Во источниот дел од стадионот е планирана и изградба на современа кугларница. Сашо КУЗМАНОВСКИ
орт ки ра ови
Стадионот на Бате Борисов го дизајнираа Словенци ФАКТИ ЗА "БАТЕ БОРИСОВ АРЕНА" - Борисов Седишта: 13.087 Период на изградба: 2011 - 2012 Цена на градба: 20 милиони евра Дизајнери: Ofis arhitekti, Slovenia
17 декември 2010
3
О ТА
33
урбаниза
В
аленсија, кој е главен град на истоимената провинција, се наоѓа на источниот брег од Пиринејскиот полуостров. Во текот на своето формирање, тој се развива во рамките на едно утврдување шест километри оддалечено од морето. Како источен стратешки центар Валенсија и нејзините жители биле под закана на многубројни освојувачи. Покрај освојувачите, закана за валенсијците отсекогаш претставувала и реката Турија. Таа неколкупати во својата историја ја поплавувала Валенсија, така што валенсијците во повеќе случаи биле ставени во ситуација на различен начин да се справуваат со овој феномен. Освен стандардниот заштитен кеј, кој најчесто се користи во повеќето градови како против поплавна заштита, жителите и властите во Валенсија се одлучуваат за едно трајно решение кое го реализираат во втората половина на минатиот век. Како што валенсиските банкари имале смелост да го финансираат патувањето на Колумбо во 1492 година, така и нивните сожители, четири века подоцна, валенсијските архитекти и урбанисти имале смелост, после големата поплава во 1957 година, да се изборат за едно визионерско и трајно урбанистичко решение. Тие успеваат реката Турија и нејзиниот слив во Средоземното Море да го пренасочат во јужниот дел на градот, градејќи сосема ново корито. И така, испразнетото корито кое дотогаш го делело градот на две половини, ќе прерасне во зелена и пешачка инфраструктурна зона која ќе овозможи обединување на градот. Со овој потфат Валенсија на полето на светскиот урбанизам претставува успешен пример за смело интервенирање во просторот и пример за храбро и правилно справување со градските проблеми од климатски карактер. Во рамките на овој заштитен простор со должина од седум километри се развиваат нè само парковски содржини долж коритото, туку се сместуваат и клучните јавни културни содржини на Валенсија. Оваа зона прераснува во вистинска пешачка
34
3
О ТА
17 декември 2010
Градините на Турија „Хемисферик“ – ИМАКС кино комплекс, планетариум и ласериум. Изграден е во форма на око и зафаќа површина од околу 13 000 м2
Град на смели луѓе Валенсиските банкари имале смелост да го финансираат патувањето на Колумбо во 1492 година. Четири века подоцна, веднаш по големата поплава во 1957 година, валенсиските архитекти и урбанисти предложиле храбро визионерско и урбанистичко решение со кое реката Турија и нејзиниот слив во Средоземното Море се пренасочува во јужниот дел на градот во ново корито. Празното речно корито кое дотогаш го делело градот на две половини, ќе прерасне во зелена и пешачка инфраструктурна зона која ќе овозможи обединување на градот. Со овој потфат Валенсија на полето на светскиот урбанизам претставува успешен пример за смело интервенирање во просторот и пример за храбро и правилно справување со градските проблеми од климатски карактер. 17 декември 2010
3
О ТА
35
урбаниза
Лидер во развојот на планерската мисла Валенсија претставува пример за регионален центар во Кралството Шпанија со исклучително смело изработени урбанистички решенија во текот на нејзината градска историја. Иако, како регионален, економски, политички и културен центар, спаѓа во рангот на малите метрополи, таа претендира за лидер во современиот концепт во развојот на планерската мисла.
Ботаничката градина „Умбракле“ е линеарен ботанички комплекс предвиден како пикторесен пасаж со егзотични дрвја и растенија, типични за регионот Валенсија. Во отворениот простор се наоѓа и отворен галериски изложбен простор каде се поставени современи уметнички скулптури на познати светски скулптори.
36
3
О ТА
17 декември 2010
и велосипедска инфрастуктурна оска со ширина од 160 метри која минува низ центарот на Валенсија со крајна дестинација - морскиот брег.
Град во град „Градините на Турија“ се всушност еден линеарен мултинаменски комплекс од различни структури, сите наменети за култура, спорт и рекреација, детска игра, изложби на отворен простор и ботанички градини. Конкретно, покрај 107-те скулптури лоцирани во „Градините на Турија“ во коритото се лоцирани и „Палатата на музиката“, забавниот паркот „Гуливер“, повеќе фудбалски и рагби игралишта, скејт парк, и можеби најзначајниот комплекс „Градот на науките и уметностите“. Toj е еден од јавните урбани полови со активности кои ги привлекуваат жителите и посетителите на Валенсија. Овој „Град во град“ е сместен во поранешното речно корито и отсликува еден комплекс на објекти наменет за културнонаучни случувања, а неговите високи архитектонско обликувани естетски вредности го формираат новото обележје на градот и регионот. Главен архитект на овие чудесни футуристички творби е жителот на Валенсија, но и еден од најнаградуваните и светски реномиран архитект Сантијаго Калатрава. Овој значаен архитект и градежен инженер, светската славаја ја стекнува со капитални проекти на различни континети и земји, а круна на неговата досегашна кариера претставува „Ciutat de les Arts i les Ciиncies“.
урбаниза
Палатата на уметностите „Рена Софија“ е впечатлива со својата форма инспирирана од шлемот на Дон Кихот, еден од славните јунаци на Сервантес
Градот на науките и уметностите
Градот на науките и уметностите претставува архитектонско-урбанистички комплекс на повеќе современи објекти кои се сместени во јужниот дел од стариот тек на реката Турија. Автор на сите творби е архитектoт Сантијаго Калатрава, освен на Океаниумот што го проектирал Феликс Кандела. Музејот на науките Принц Фелипе има површина од 40.000 квадратни метри распространет на четири нивоа
„Агората“ - недовршениот плоштад во кој се предвудуваат одржување на концерти и спортски настани
Паралела меѓу Гаудиевата Барселона и Калатравината Валенсија Интересна е паралелата со соседната каталонска престолнина, Гаудиевата Барселона со Калатравината Валенсија. И двата града им ја одаваат честа на своите најдобри архитекти да го дадат својот печат на матичните градови. И двајцата архитекти ги создаваат највпечатливите амблематични зданија во двата града, создаваат градби сосема уникатни по својата форма, по својот јазик на изразување, по својот безвременски карактер, по величественоста, по смелоста, големиот талент. Антонио Гауди и Сантијаго Калатрава ги пренасочуваат 17 декември 2010
3
О ТА
37
урбаниза
Мостовите на Валенсија
Валенсија е град формиран во 138 година пред новата ера од римскиот император Јулиј Брут. Помеѓу осмиот и тринаесетиот век градот е дел од Маорската држава, а дури во средниот век, овој град станува престолнина на Кралството Валенсија. Арапското и средновековното наследство го согледуваме во утврдениот стар дел од градот, опкружен со ѕидини и градски порти кои и денес се сосема добро сочувани. Најпознати се Торес дел Кварт и Торес де Серанос на западната и источната страна од утврдувањето. Покрај дванаесете контролирани влезови со камени кули, во системот на одбрана спаѓа и природното течение на реката Турија, што речиси една половина од утвдениот град го опкружува со своето широко корито. Мостовите, што всушност во прво време биле и влезни стратешки точки на градот, овозможиле перспективно ширење на градот. Еден од најстарите зачувани мостови на реката е мостот на Светото Тројство изграден во 1402 година. Како еден од најстарите мостови, тој ја поврзувал градската порта Тринидат со истоимениот манастир од другата страна на реката. Мостот Серанос е изграден еден век подоцна и го поврзувал градот со римското утврдување Сангунтум. Во принцип, сите средновековни мостови биле линк со соседните градови, и интересно е што градот многу подоцна се шири кон морето. Ширењето на градот кон морето и неговиот раст воопшто е поврзано со освојувањето на новите континенти во 16 век, со развојот на трговијата со свила и конечно, со забрзаниот раст на поморството што ќе ја зајакне политичката и економската моќ на Валенсија. Една од причините што Валенсија се развива многу подоцна од другите приморски медитерански градови, се и честите поплавувања од реката Турија којашто значително ги поместувала песочните крајбрежни појаси и на тој начин ја отежнувала изградбата на постојано пристаниште. Како вистински врски и поттикнувачи за развој на градот Валенсија претставуваат и останатите мостови кои се градат на реката Турија. Понте Реал или Кралскиот мост се изградил кон крајот на 16 век поврзувајќи го плоштадот Тетуан со Кралските градини. Од позначајните мостови кои се градат во исушената Турија, се Пуенте де лас Флорес (Мостот на цвеќињата) изграден во 2002 година. Составен е од пешачки дел изведен на дрвена платформа со клупи ориентирани кон паркот, тампон зона со цветен појас (со вкупен број од 27 000 различни видови цвеќиња ) и две автомобилски сообраќајни ленти. Од современата историја на мостовите на Турија претставува остварувањето на Сантијаго Калатрава. Тоа е мостот на изложбите или Мостот на Калатрава како што е популарно познат во Валенсија, изграден во втората половина на деведесеттите години од минатиот век. Новите мостови на Валенсија го означуваат продолжувањето на традицијата на градење нови конективни оски на оваа регионална метропола, овозможувајќи градот плански да се шири и развива, и на тој начин просторните квалитети да се префрлаат од едната на другата страна од градот. Инфраструктурното поврзување на урбаните содржини претставува основа за планско и добро обмислено развивање на градовите. Валенсиските урбанисти, како во минатото така и денес, успешно си ја завршуваат својата домашна задача, поставувајќи ги стратешките цели за развој на својот град преку визионерскиот пристап и смелите градежни интервенции. Најзначајни геоурбани градежни потфати во последново столетие се пренасочувањето на речното течение на Турија (сушејќи го седумкилометарскиот завршен дел и создавањето на Градините на Турија) и изградбата на новата метро линија која актуелно е во изградба и го поврзува стариот дел од градот со Градот на науките и уметностите. 38
3
О ТА
17 декември 2010
градските полови гравитации на сосема нови жаришта и на тој начин урбанистите се водат по тие нови сили и нови центри на собирање на луѓето приспособувајќи се на новосоздадените услови. Тоа приспособување подразбира инфрастуктурно непречено поврзување на тие нови јавни полови во градовите со останатите урбани клетки. Приспособувањето, исто така значи и постоечките соседни изградени градски зони да комуницираат со овие јавни центри во еден чист и препознатлив, хармоничен и архитектонски дијалог. Ако тој нов јавен пол е доволно оддалечен од старото градско ткиво и постои можност да се оддели со нови содржини и структури за конектирање, тогаш задачата на овие поврзувачки зони е од извонредно значење. Тоа доаѓа од фактот што овие транзитни зони мораат да бидат нè само простори на поврзување на одделните градски зони, туку треба да бидат и зони кои ќе бидат и крајна дестинација на граѓаните. Градините на Турија во овој контекст, исклулчително добро си ја одигруваат својата улога. Значи, освен како главна алтернативна пешачковелосипедска оска на Валенсија, овој зелен појас на поранешната река Турија, претставува конечна дестинација на сите оние што ги користат нејзините спортскорекреативни комплекси, забавните паркови, музеите, операта, имакс комплексот, агората и океаниумот. Ова ново прибежиште на валенсијците е во голема мерка искористено поради широката лепеза на активности на оваа зона, но исто така претставуваат и магнет за посетителите на Валенсија. Празниот и неизграден дел помеѓу Градот на уметностите и науките и новиот речен слив на Турија, перспективно создава извонредни услови за проширување на овој југозападен дел од градот заокружувајќи една компактна урбана целина д-р Александар АНДОВСКИ,
доц. при Универзитет МИТ- Скопје
наука
ГЕРМАНИЈА (3)
100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (99)
Книга 2: Достигнувањата на одделните земји – резимирани извадоци
а
Егон Аерман (1904-70), со челично-стаклените структури ја усовршува рационалистичката концепција на Мис ван дер Рое, за што сведочат следните објекти: - Текстилната фабрика во Блумберг (1951), со јасно расчленетата структура на фасадата и со слободностоечки оџаци; - Германскиот павилјон на Светската изложба во Брисел (1954-58), составен од осум транспарентни кубуси со квадратни основи, кои меѓусебно се поврзани со галерии, ходници или патеки; - Дистрибутивниот центар во Франкфурт на Мајна (195861), каде што и покрај употребениот натур-бетон се задржува концепцијата на расчленета фасадна структура со бри-солеи, и - Седиштето на Оливети за Германија во Франкфурт на Мајна (1968-72). ХАНС ШАРОУН (1893-1972) е познат архитект уште од пред Војната, кога гради станбени објекти во еден вид органска архитектура со живописно искривени линии, како што е вилата Шминке во Лебау (1933). Негов најголем зафат од тој период е големата населба Сименсштат во Берлин (1930) со објекти кои имаат чисти едноставни фасадни површини. По Војната, тој стекнува слава како со станбените така и со гледалишните
и образовните објекти, од кои поважни се: - Училиштето во Дармштат (1951), што има слободно поставени прекршени волумени, со кои се создава една нова експресија; - Филхармонијата во Берлин (1957-63), чија архитектура се базира на концепцијата за т.н. тоталтеатар на Валтер Гропиус. Во неа, сегментите од гледалиштето го заобиколуваат оркестарот од сите страни, при што внатрешната експресија се одразува и врз надворешниот облик на објектот; - Проектот за театар во Касел (почеток на 60-тите години од минатиот век), со неправилно прекршените облици ја комплетира типичната архитектура на Ханс Шароун. Паул Шнајдер-Еслебен, како творец се одликува со релативно самостојно творештво. Во духот на архитектурата на Мис ван дер Рое, тој го гради еден од првите високи објекти во Германија, административно-управната зграда на фирмата Манесман во Диселдорф (1952-58). За разлика од смиреноста на Мис ван дер Рое, тој воведува извесно напрегање во силуетата, што е видливо кај следните две реализации: - Објектите за сообраќајни потреби, со гаражна куќа во Диселдорф (1950), и
- Аеродромските објекти за Келн и Бон (1972), од чија јасна функција произлегува исто така јасната и едноставна, но сепак динамична архитектура на хоризонтали. Седиштето на хемиската фабрика БАСФ во Лудвигсхафен (1953-57) претставува прв облакодер во Германија по Втората светска војна. За неговата изградба, фирмата ХентрихПечниг и партнерите прави посебни истражувања во поглед на организационите, структуралните и сигурносните техники, во времето кога челикот во Германија како градежен материјал за високи објекти сè уште не се употребува. Врз основа на тие студии е добиена архитектонска форма која ги обединува достигнувањата на Гропиус и Мис ван дер Рое. Фирмата Хентрих-Печниг и партнерите прави оригинална интерпретација на идејата на Мис ван дер Рое за градење на високи објекти, преку реализацијата на облакодерот Тисен во Диселдорф (1957-60). Овој објект, висок 24 ката, има волумен расчленет на три плоскати призми. Оваа фирма подоцна гради голем број општествени објекти, административно-деловни кули, образовни и станбени објекти, така што стекнува слава и надвор од Германија, дури до Јужна Африка. Бернард Пфау, во непосредна близина на облакодерот Тисен го подига театарот во Диселдорф (1960-69), чија архитектура е составена од кубични извиткани форми, кои се повлекуваат една над друга, создавајќи динамична експресија.
а
Сл.1. Е. Аерман. Германскиот павилјон на Светската изложба, Брисел Сл. 2., 2а. Х. Шароун. Филхармонијата, Берлин. Изглед и внатрешност Сл.3., 3а. Хнетрих-Печниг и партнери. Облакодерот Тисен, Диселдорф. Основа и панорама Сл.4. Б. Пфау. Театарот во Диселдорф 17 декември 2010
3
О ТА
39
еко огија
Кина
Недостаток на природен гас
В
о 2011 година Кина можеби нема да биде во состојба да задоволи околу 35% од своите
потреби за природен гас. Потрошувачката на природен гас во 2008 година ја надмина испораката, а потрошувачката значително ќе расте и во наредните 10 години, според прогнозите на кинеските стручњаци за природен гас. Годишната потрошувачка во 2015 година би можела да достигне
150 милијарди m3, а во 2020 година преку 200 милијарди m3. Истовремено, недостатокот, т.е разликата помеѓу потрошувачката и снабдувањето, во 2015 година се прогнозира на 38 милијарди m3, а во 2020 година дури 110 милијарди m3, пренесува рускиот портал “Oil and Gas Euroasia”.
СИНГАПУР
Започна со работа најголемата постројка за биодизел во светот
N
este Oil го започна производството во својата постројка за биодизел во Сингапур, која е најголема во светот. Постројката со годишен капацитет од 800 000 тони ќе произведува NExBTL дизел, кој според компанијата придонесува во намалување на емисијата на стакленички гасови за 40-80%. Биодизелот од оваа постројка може да се меша со конвенционално дизел гориво, но може да се употребува и самостојно, и истото е компатибилно со сите дизел мотори кои во моментот се употребуваат во светот. Neste Oil гради слична ваква фабрика и во Данска, која треба да почне со работа во вториот квартал од 2011 година. Основниот процес кој се користи во производството на биодизел, е процесот на естерификација. Во комерцијалното производство на биодизел, масните киселини кои се наоѓаат во отпадните индустриски масла, животински маснотии и сл., стапуваат во реакција со алкохол, и некој хидроксид во улога на катализатор. Притоа, производството на биодизел ќе биде поголемо, доколку конценрацијата на масни кислелини во суровината е поголема.
РУСИЈА
Подземен “ЕКО-ГРАД 2020”
А
рхитектонското студио Ab Elise проектираше подземен град, кој би се изградил на длабочина од 550 метри, во напуштен сибирски рудник. Називот на проектот е “ЕКО-ГРАД 2020”. Градот ќе се простира во дијаметар од 1 km во рудникот за дијаманти Мир, и ќе може да вдоми 100 000 луѓе. Се планира да биде покриен со застаклен штит, со што на граѓаните ќе им се овозможи заштита од суровата сибирска клима, а од друга страна преку фотоволтаици оваа површина ќе обезбедува електрична енергија за самиот град.
40
3
О ТА
17 декември 2010
еко огија
ЦРНА ГОРА
Зелено светло за хидроелектраните на Морача
В
ладата на Црна Гора го усвои документот со кој се одобрува изградба на хидроцентрали на Морача, по пат на концесија. За реализација на проектот се предвидени три сценарија. Комплетната документација веднаш ќе биде доставена до квалификуваните понудувачи, од кои понудите се очекуваат до 15 април 2011 година. Квалификувани се следните понудувачи: италијанските А2А и ENEL, кинескиот Sinohydro, и Електропривреда Црне Горе. За изградба на овие објекти ќе бидат потрошени околу 540 милиони евра, а хидроелектраните чие годишно производство би изнесувало околу 721 GWh, ќе бидат изградени за шест години. По изградбата, електраните ќе бидат дадени под концесија за период од 25 години или подолго, во зависност од условите во понудите.
ЧЕШКА
Соларен бум
В
исоките државни субвенции во Чешка ја поттикнаа изградбата на соларни електрани, така што до денес во погон се 11000 соларни електрани во оваа земја, со вкупен инсталиран капацитет од 1034 MW. Притоа, само од почетокот на 2010 година се изградени околу 5000 електрани со вкупна инсталирана моќност од околу 600 MW. Чешката Регулаторна комисија за енергетика смета дека поради наглата изградба на нови соларни електрани, би можело да
БУГАРИЈА
Гас од шкрилци
А
мериканската компанија Direct Petroleum, специјализирана за производство на гас од шкрилци, го објави откривањето на значајното наоѓалиште за гас од шкрилци во централна Бугарија. Според нејзините проценки, се работи за околу 300 милијарди m3 гас од шкрилци. Резултатите се добиени преку проучување на податоци познати од поодамна, подготви: Даниела МЛАДЕНОВСКА
но занемарени со оглед на фактот што не била достапна технологија за производство на гас од шкрилци, како и поради спреченоста за изведба на нови истражни дупки. Иако сè уште не е познато колку од проценетите количини би биле комерцијално достапни, се работи за големи резерви, па сигурно ќе биде исплатливо и помало комерцијално производство, кое би можело да започне за 4-5 години, колку што е потребно за завршување на подготвителните работи.
дојде до големо покачување на цената на електричната енергија. Во таа насока, Владата веќе усвои мерки за контрола на порастот на цената на електричната енергија, меѓу кои и воведување на данок од 26% за соларната енергија. Но, на ова се противат од здружението на фотонапонската индустрија, кои тврдат дека веќе од следната година цената на електричната енергија од други извори ќе се намали, така што цената на електричната енергија за крајните корисници нема да расте поради соларните електрани, т.е не повеќе од 1,5% за домаќинствата и 5% за компаниите.
Direct Petroleum, до крајот на 2011 година ќе започне со производство на гас од шкрилци на една друга локација во Бугарија, т.е на полето Девенци што има резерви од 6 милијарди m3 гас, јавува бугарскиот весник „Новините”. Во исто време, станува извесно дека двата големи енергетски проекти во Бугарија, нафтоводот БургасАлександрополис и доградбата на два реактора во НЕ Козлодуј, се веќе отпишани од плановите на големите американски компании, Chevron и Westinghouse. 17 декември 2010
3
О ТА
41
еко огија
42
3
О ТА
17 декември 2010
еко огија
Постигнат договор на климатската конференција во Канкун
Зелен фонд ќе ги штити неразвиените од променетата клима Светските еколошки организации ги поздравуваат напорите на меѓународната заедница, но нагласуваат дека следната година во Јужна Африка ќе бараат да се постигне законски обврзувачки договор за колку да се намалат емисиите на штетни гасови во атмосферата
Н
а двонеделната конференција за климатски промени што се одржуваше од 29 ноември до 10 декември во мексиканскиот град Канкун, е постигнат консензус за намалување на емисиите на штетните гасови што ги предизвикуваат климатските промени и за формирање зелен фонд кој е наменет за помош на земјите во развој што веќе ги чувствуваат последиците од тие промени. Државите членки на Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации (UNFCCC) чии претставници присуствуваа во Канкун го одобрија текстот што го подготви домаќинот, Мексико, и покрај противењето на Боливија. Нацрт-документот предвидува понатамошно големо намалување на емисиите на јаглерод во атмосферата, но не воспоставува механизам за остварување на ветувањата што ги дадоа земјите. Како што пренесоа светските медиуми, Зелениот климатски фонд што го договорија Обединетите нации ќе располага со околу 100 милијарди долари годишно, до крајот на 2020 година, пари наменети за да се заштитат сиромашните нации од влијанието на климатските промени и да им помогне за развој со ниско ниво на јаглеродни емисии. 17 декември 2010
3
О ТА
43
еко огија
44
3
О ТА
17 декември 2010
Посебна Комисија ќе им помага на државите, штом ќе усвојат планови за климатска заштита. - Ова е нова ера во меѓународната соработка во областа на климатските промени - ја пренесоа медиумите изјавата на мексиканската министерка за надворешни работи, Патрисија Еспиноза, по завршувањето на двонеделните преговори на кои на виделина излегоа несогласувањата меѓу богатите и сиромашните држави. Боливија даде забелешки дека во текстот на договорот премалку се бара од развиените држави, кога станува збор за емисиите на штетни гасови. На конференцијата во Канкун учесниците се изјаснија и за продолжување на Протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година. Во Канкун првпат официјално беше прифатено дека просечната температура на воздухот не смее да порасне повеќе од два Целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот период. Според германскиот министер за екологија Норберт Ретген, одлуките од Канкун се важен темел на патот кон нов договор за климата. - Канкун ги оправда очекувањата. Меѓународната заедница покажа дека може да биде ефикасна - вели Ретген. Британскиот премиер Дејвид Камерон смета дека сега светот треба да го исполни ветеното. - Ни претстои многу тешка работа пред климатскиот самит во Јужна Африка, наредната година - вели Камерон. Постигнатиот договор во Канкун сепак разочара некои од земјите присутни на конференцијата. Тие тврдат дека документот го остава отворено прашањето дали земјите ќе бидат законски обврзани да направат одредени намалувања на емисиите на стакленички гасови. - Преговорите и во иднина ќе бидат напорни - вели за BBC кинескиот претставник Кси Зенхуа. Како што пренесува BBC, Зелениот климатски фонд на почеток ќе ги канализира парите преку Светската банка, како што побараа САД, Европската Унија и Јапонија. Мерките што ќе ги преземаат земјите во развој ќе бидат под лупата на меѓународната заедница и ќе подлежат на верификација
само кога ќе добиваат пари од западните земји, додава BBC.
Чекаме законски обврзувачки договор Од светската организација за заштита на дивиот свет (WWF) се оптимисти во врска со постигнатиот договор и велат тоа е добра основа за следната година во Јужна Африка да се постигне законски обврзувачки договор. - По минатогодишната средба во Копенхаген владите дојдоа во Канкун под силен притисок на јавноста, да делуваат во борбата против климатските промени. Се надевавме дека Канкун ќе постави основа за прогрес и сега земјите одовде си заминуваат со чувство на добра волја и поставена нова цел. Главните тешкотии остануваат, во голем дел со Русија и со Јапонија кои се противат на предложените мерки. Но, и тие ќе се соочат со растечкиот притисок од јавноста дека е потребно продолжување на Протоколот од Кјото. Земјите што го потпишаа Кјото, пак, уште посилно признаа дека треба да ги намалат емисиите за 25 до 40 проценти до 2020 година и оти тоа е само прв чекор кој треба да се преземе за да се постигне целта - порастот на температурата да се задржи во рамките под 2 Целзиусови степени, a Европската Унија, Индија и Кина треба да покажат лидерство за законски обврзувачкиот договор што претстои коментираат од WWF Елена КУЗМАНОВСКА
Се постигна... - Фонд што ќе ги канализира парите од Западот кон земјите во развој - Формално признание дека емисиите на стакленички гасови мора да се намалат - Заложба да не се сечат и да се заштитат шумите
Не се постигна... - Поголеми намалувања на штетните емисии - Механизам за намалување на емисиите - Легалниот статус на новите светски договори
наука
17 декември 2010
3
О ТА
45
STO природни камени панели интервју Во хармонија со природата
Уште старите Римјани, поседувале вештина за обложување на ѕидовите од тула со природен камен. Бројните монументални архитектонски споменици, изработени од овој период, преживеале со векови. Денес овој племенит изглед, дефинира тренд кој владее во архитектурата, а фасадната површина обложена со природен камен, представува синоним за долговечност и постојана вредност.
Тренд се фасадите од природен камен
Исто така фасадите од природен камен им даваат репрезентативен карактер на зградите, онака како што всушност посакуваат и многуте инвеститори. За да се исполнат сите побарувања во поглед на топлинската заштита, економичноста и естетиката, денес на ѕидот најчесто се поставува песочник, травертин , гранит и многу други слични видови природни камења во комбинација со топлински изолациони состави. Каменоломот што го води подружницата на STOHemmstone, нуди широк избор на најразлични видови, природен камен за фасада, кои поседуваат широк спектар на различни нијанси од бои и површински текстури. Сепак ако и оваа широка палета не може да ги задоволи најспецифичните вкусови, бараниот и вградениот тип на камен може да биде и од друг производител, но ако истиот биде соодветен на STO термоизолационите системи.
STO Therm состави со природен камен
Термо-контактниот фасаден систем со природен камен е едноставен и ефектен. Каменот се лепи на термоизолацијата, вградувањето е брзо и со минимални трошоци, системот е екстремно отпорен , а тежината на целиот ситем е околу 35 кг/м²
STO Ventec Stone Претставува вентилиран фасаден состав со природен камен, чии изглед е речиси без фуги, а површината е од многу лесни плочи (тежината на целиот ситем е околу 35 кг/м²) кои се лепат на лице место.
STO Verotec Stone
Вентилиран фасаден состав за топлинска изоација со панели од природен камен, кој има нагласени фуги. Системот е масивен , без видливи точки од прицврстувањето и со привлечен изглед. Плочите од природен камен се лесно менливи, а минималната тежина на целиот систем е 40 кг/м²
Н.Рибароски, дипл.инж. • Алпос-СТО
Sto
Градете свесно.
3
О ТА
17 декември 2010
Н
еодамна, во Скопје, на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) свечено беше отворена единствената Школа за обновливи енергии, како една од активностите на германскиот Центар за енергетска ефикасност и обновливи енергии ( www. gec.mk). Школата работи по принципот на германските Соларни школи, a целта е да се пренесат германските искуства во тие области. Формирана е преку јавноприватно партнерство со DGS - Германското друштво за соларна енергија (Deutsche Gesellschaft fuer Sonnenenergie), германската фирма за производство на сончеви колектори „Феникс“ и GTZ - Германското друштво за техничка соработка. Носител на Школата во Македонија е Факултетот за бизнис економија од Скопје (www.fbe.edu.mk). Наставата во Школата опфаќа различни видови обуки меѓу кои за соларна термија - загревање на вода со користење сончева енергија, фотоволтаик за добивање струја од сончевата енергија и курс за енергетската ефикасност во градежните објекти. Школата е опремена со најсовремени наставни помагала, како симулациски уред за следење на работата на соларните колектори, лиценцирани софтвери за симулација, мерни инструменти, термовизиска камера, примерок на целосен систем за соларно греење на вода и т.н. Обуката ја изведуваат предавачи од Германија согласно наставните програми на германските Соларни школи и литература преведена на македонски. Токму ова беше повод за разговор со директорот на Германското друштво за сончева енергија д-р Уве Хартман, кој покрај присуството на официјалното отворање на Школата го одржа и четвртиот курс во неа. Седиштето на ова друштво е во Берлин. Како што вели д-р Хартман, Друштвото има тесна соработка со
германската влада по овие прашања, тој и неговите експерти работат во Соларни школи, издаваат списанија, прават стручни експертизи... За неговите очекувања од Школата во Македонија вели дека се надева во следните четири до пет години уште многу такви курсеви да се органиираат и знаењата од оваа област да се прошират низ убавата Македонија. Господине Хартман, како експерт за соларната и воопшто за обновливите извори на енергија и познавач на состојбите со тие видови енергија во светот, во Германија и во Македонија, како ја оценувате актуелната состојба во Германија со користењето на обновливите видови енергија? - Ситуацијата во оваа област во Германија е одлична, ако се гледа развојот последните години, посебно во областа на производство на електрична струја. Тоа значи дека учеството на струјата произведена од обновливи извори достигнa до 20 проценти во вкупното производство. Во Германија се водеше бурна расправа за работата на атомските централи. Дури беше предвидено некои од нив да се затворат во наредните 10 години, но потоа таквите решенија се одложија. Дали сте вие приврзаник на изградбата на атомски централи или на користење на обновливи извори енергија? - Ова е директно прашање и сакам такви прашања. Ситуацијата е комплексна и деликатна. Ние, како DGS (Германско друштво за соларна енергија) секако се залагаме за почитување на договорот од 2000 година, со кој се предвидува затворање на сите атомски централи во Германија до 2020 година. Ние стоиме цврсто за исполнување на тој договор. Како што кажав ситуацијата е деликатна бидејќи, фактички тајно, е направен договор на владата со големите концерни за производство на струја за продолжување на работата на атомските централи. Меѓутоа, сакам да
интервју
Сонцето е најдобрата алтернатива за Македонија
Уве Хартман - директор на Германското друштво за сончева енергија
Во Македонија, посебно, има смисла користењето на фотоволтаик за произведување на струја. Особено земајќи предвид каква голема сончева радијација имате.
17 декември 2010
3
О ТА
47
интервју
напоменам дека тоа не е конечно решение, бидејќи ќе дојдат жалби, тужби и сл. Тоа решение не е конечно. Сакам да кажам дека оваа варијанта што сакаат да ја направат, со продолжување на работата на постојните атомски централи, не служи за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на Германија, туку единствено служуи за зголемување на профитите на големите концерни кои произведуваат струја од атомска енергија. Според договорот што го споменав, од 2000 година, од 22 атомски централи што беа тогаш во Германија, пет се затворени и не се предизвика нарушување на снабдувањето со струја. Од 17-те атомски централи кои останаа да работат, две имаа сериозни технички дефекти, но и покрај тоа снабдувањето со струја не се наруши. Вие повеќе пати доаѓате овде и претпоставувам дека сте запознати со состојбите. Како ја оценувате ситуацијата со користењето на обновливите извори на енергија во Македонија? - Ситуацијата практично е нула, ако ги исклучиме хидроцентралите. Мене посебно ме загрижува производството на струја од мазут и јаглен кои многу влијаат врз загадувањето на воздухот. Тоа значи дека јас посакувам за снабдување со струја да се изградат погони за нејзино производство од ветерна енергија и од фотонапонски ќелии. Сакам да напоменам, во однос на сертификатите за емисиите на CO2, тие досега се поделени, но од 2013 година тие ќе треба да се купуваат. Не знам како ќе се однесуваат тие што произведуваат струја од мазут или јаглен, кога ќе треба да ги купуваат. Според мене во Македонија, посебно, има смисла користењето на фoтоволтаични ќелии за произведување на струја. Особено земајќи предвид каква голема сончева радијација имате. Што мислите Вие за искористувањето на тие потенцијали од сончевата радијација? - Прво, би кажал за фотнапонските ќелии. Македонија има околу 25.000 квадратни километри 48
3
О ТА
17 декември 2010
површина. Една теоретска претпоставка: aко се затворат сите извори на енергија кои сега ги има во Македонија и се стават (користат) само фотоволтаици, тогаш за производство на истото количество струја е потребна една површина од само 160 квадратни километри со фотоволтаици, значи теоретски се покрива целата потрошувачката. Следно што би можело да се направи е да се намали потрошувачката на струја за топла вода, бидејќи како што слушнав прилично струја се троши за загревање на водата. Па наместо тоа, барем делумно да се користи соларна енергија за термички потреби. Значи не фотоволтаици, туку термички да се користи сонцето, што технички е сосема едноставно, евтино и не бара некои посебни услови. Кај нас има идеи да се гради атомска централа или пак да се учествува во изградбата на централата во Белене. Може ли да споредите колкава е инвестицијата да се направи фотонапонска централа на тие 160 км2 или да се изгради една атомска централа? - Значи, за фотонапонска централа ќе ви требаат околу 10 милијарди евра. За атомска централа меѓу 5 и 10 милијарди евра, бидејќи никој не знае колку на крајот ќе чини таа. Најмалку пет, а можеби и 12 милијарди евра. Но, да не заборавите дека фотонапонската централа нема такви трошоци за експлоатација, за разлика од атомската централа, каде што никој не знае, на пример, каде ќе го носи атомскиот отпад и колку чини тоа. Значи трошоците за одржување на атомската централа се многу поголеми. Да не се заборави, а тоа е актуелен факт, дека Кина забрзано гради атомски централи, го купува целиот ураниум во светот и никој не знае колкави ќе бидат цените на тоа гориво. При отворањето на Школата рековте дека во Германија има многу добра правна регулатива за обновливата енергија и Вие би сакале тоа искуство да го пренесете во Македонија. Знаете ли до каде е Македонија во оваа област? - Секако, но прво би кажал за искуствата во Германија. Прво во 1990 година, а потоа во 2000
година има донесено Закон за обновливи енергии. Значи, таму се дадени откупните цени тарифите за откуп на енергијата од сонце, геотермија, од биомаса и од хидроцентрали. Овој закон им дава правна сигурност на инвеститорите дека ќе работат, ќе ги користат постројките со обновлива енергија за профит. Од тоа ќе имаат профит, бидејќи без профит никој не работи. Значи тоа е клучно прашање, било да се работи за атомска или за централа на јаглен или фотонапонска, никој нема да инвестира ако нема профит. Таква правна сигурност за Македонија е од одлучувачко значење за вакви инвестиции. Меѓутоа, секако, ова некој мора да го плати. И Германија нема пари да го плати ова од буџетот, да стимулира, па решението беше најдено во минимално покачување на струјата за сите потрошувачи, и таа разлика во цената да се употреби во оваа цел.
на објектите и сл. И со Правилникот во 2009 година уште повеќе се симнаа максималните за тоа колку може градежен објект да троши примарна енергија, паралелно, какви треба да бидат градежно физичките делови на објектот и уште повеќе која техника треба да се примени. На пример, ако има стакло вградено во 80-тите, да се смени со ново и сл. Македонија во секој случај би требало да направи правилник за штедење ебергија, да се постави едно ниво како што беше кај нас пред 10 до 15 години и од таму да се почне, меѓутоа мора да има некаков акт. Видов дека има некои стандарди и пресметки на одделни градежни делови, надворешни ѕидови и сл. Но тоа не е правилник каде што е дефинирана максималната потрошувачка. И можеби по пет години нов правилник или нивелирање на постојниот со што ќе се заострат тие критериуми. Чекор по чекор
Вие сметате дека Македонија со многу малку пари може да произведува, да постигне големи резултати на полето на енергетска ефикасност. Но, како да се постигне тоа?
Македонија има површина од околу 25.000 квадратни километри. Теоретски, ако се затворат сите извори на енергија кои сега ги има во Македонија и за производство на струја се користи фотоволтаик, тогаш е потребна една површина од само 160 квадратни километри, која ќе ја покрие целата сегашна потрошувачка на струја во државата.
- Едноставно, ако имате постоечки објект кој е голем потрошувач на енергија, со мала инвестиција драстично ќе ја намалите потрошувачката, тешко е така намалената потрошувачка уште повеќе да ја намалите, како што е направено во Германија. Првиот чекор е со мали инвестиции драстично да се подобри состојбата. Во Македонија има расправи за енергетски пасоши, за пасив хаус, а нема вистински акции. Како во Германија го решивте овој проблем? - Во 1985 година направивме прв Правилник за штедење енергија. Тој ја дефинираше горната граница на трошењето енергија на новите објекти годишно. Во 90-тите години со нови правилници или со корегирање на постојните, каде што тој критериум претрпуваше измени. Во 2000 година се направи квалитативна промена на Правилникот, бидејќи во претходните правилници не беше земена предвид техничката опрема што служи за греење, вентилирање
еко огија
ФАСАДНО СКЕЛЕ
16 €
/m²
цена без ДДВ
• производство EU • сертификат DIN EN 12810-1:2003 • во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...
Бул.Александар Македонски ББ, Скопје тел/факс: 2535-099 и 2580-852 e-mail: info@akustik.com.mk
AKUSTIK 17 декември 2010
3
О ТА
49
Три решенија за мини стан
овети "Купивме стан во населба Расадник и не знаеме како да го организираме просторот. Дали тој повеќе одговара за деловен простор или за стан за живеење? Ако одлучиме да живееме во станот, би сакале покрај дневниот престој да постои и одделна спална соба блиску до лоџата или пак на местото од кујната. Како визуелно да ја намалиме должината на ходникот низ кој се влегува во станот?"
50
3
О ТА
семејство Трајковски од Скопје
П
росторот би можел да се организира како целина составена од мини амбиенти. Овие мали архипелази меѓусебно се поврзуваат со истата боја на ѕидовите и подовите. Спалната соба се подига на мал подест одделен од остатокот на дневниот простор со транспарентен ѕид од плексиглас или пескарено стакло. Просторот што се ослободува под издигнатиот под од спалната соба се користи како комода од страна на дневната и трпезаријата. Горниот раб се проширува со полица. Дневната соба се опремува со гарнитура за седење со ногарки, подигната од подот, која ќе делува лесно, како да лебди во просторот. Наспроти трпезариската маса, на ѕидот се поставува огледало кое визуелно ќе ја прошири собата. Транспарентниот преграден ѕид меѓу спалната соба и трпезаријата, како и прозорецот во дневната, пропуштаат светлина за кујната, трпезаријата и влезниот дел од станот. Ходникот визуелно ќе се намали ако се бојоса во бела боја, опреми со огледало и обезбеди со светлина со вадење на вратата што води кон дневниот простор. Скриеното осветлување над спуштената таванка со брановидна форма ќе го зголеми ефектот. Доколку спалната се постави на местото од кујната, ќе мора да се направат промени во инсталацијата и кујната да се премести поблиску до дневниот престој. Заедно со трпезаријата и дневната ќе сочинуваат интегрален простор. Удобна полуседалка, голема работна маса и доволно количество на светлина се совршени елементи за пријатно работно катче. Канцелариите организирајте ги во делот на станот блиску до лоџата, а оформете ги со транспарентни преградни ѕидови кои ќе овозможат природната светлина да влезе и во делот на отворената кујна со пулт. Основните принципи за опремување на мали станови важат и овде. Облиците и боите сведете ги на минимум, а мозаикот на бои како пачворк употребете ги за детали.
Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.
bibisavic@yahoo.com 17 декември 2010
те но огии
■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија
ГРАДЕжЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА” Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk
■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др
TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, office@tondach.com.mk
51
3
О ТА
03 ноември 19 декември2010 2010
17 декември 2010
3
О ТА
51
ек
ерт
3-ти декември - Меѓународен ден на лицата со хендикеп
„Одржи го ветувањето: промовирај ја хендикепираноста во јавноста во рамките на милениумските развојни цели кон 2015 и понатаму“ е мото на овогодишниот Меѓународен ден на лицата со хендикеп
Негрижата и неинформираноста како хендикепи на општеството Годишното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп беше воспоставено во рамките на Меѓународната година на хендикепираните лица организирана од Обединетите нации во 1981 година. Целта на одбележувањето на овој ден е да се промовира разбирање на проблемите поврзани со хендикепираноста, а со фокус на правата на хендикепираните лица, како и на придобивките што може да се реализираат преку нивна интеграција во сите аспекти на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во рамките на заедниците во кои овие лица живеат и работат.
52
3
О ТА
17 декември 2010
Определбата за севкупно и ефективно учество на хендикепираните лица во општеството и нивниот развој биле зацртани во World Programme of Action Concerning Disabled Person, усвоена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1982 година. Преку оваа и други програми, Обединетите нации ги промовираат правата и добросостојбата на лицата со хендикеп, а со цел да се реализира социјална правда и еднаквост на овие лица во сите аспекти на развојот на општеството.
С
веста за правата и потребите на лицата со хендикеп, претходно во СФРЈ, а потоа и во Република Македонија, се чини дека нешто побавно се развива во споредба со развиените земји во светот. Во која мерка ова е резултат на распадот на СФРЈ и политичкосоцијално-економските проблеми кои претходеа и произлегоа од ова, како и последователниот период на бесконечната транзиција, навистина е тешко да се коментира без продлабочени студии. Правата на лицата со хендикеп дополнително се афирмирани преку меѓународната Конвенција за правата на лицата со хендикеп на Обединетите нации усвоена пред четири години на 13ти декември 2006 година, чиј потписник е и Република Македонија. Преку оваа меѓународна Конвенција се реафирмираат веќе постојаните меѓународно признати човекови права утврдени со Универзалната декларација за човекови права, Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни договори за човекови права, со тоа што се гарантира дека истите ќе важат и за лицата со хендикеп (UN Enable, 2010).
Никулци на промените Првите никулци на овие промени почнаа да се пројавуваат во втората половина на 70-тите години од минатиот век, кога во доменот на изградената средина почнаа да се вклучуваат рампи на одредени новопроектирани и новоизградени јавни и станбени објекти во Скопје (како на пример, Градскиот трговски центар, станбените кули од фугована тула во Капиштец, и др.). Гледано од временска дистанца, некои од овие први обиди се чини дека биле повеќе симболични отколку практични, со оглед на тоа што дел од рампите се толку стрмни што дури и на лица без хендикеп би им било многу тешко да ги совладаат. Во втората половина на 80-тите години почна повеќе да се обрнува внимание на оваа проблематика. Во овој период беше изграден веројатно и првиот станбен објект
во Република Македонија со специјално проектиран стан за лице со хендикеп, за потребите на тогашната Воено-градежна дирекција. Станува збор за станбениот објект спроти Детската амбасада на улица Илинденска на архитект Василка Ладинска од „Македонија проект“ Скопје, кој беше добитник на Републичката награда на весникот „Борба“, како и на Големата награда на Биеналето на Македонската Архитектура (БИМАС). Кон крајот на 1980 година, се објавија и Југословенските стандарди (ЈУС) за спуштени рабови на улиците со цел да се олесни движењето на лицата со пречки во мобилноста. Во 90-тите за хендикепираните се грижевме само преку градење рампи на влезовите од зградите. Тогаш полека почна да расте интересирањето на пошироката јавност за решавање на проблемите со кои се соочуваат овие лица. Невладините организации, како што е „Полио Плус“, преку своето делување и лобирање во рамките на македонскиот парламент, презедоа повеќе акции, меѓу кои беше и укинување на бариерите во просторот и воведување на наменските паркинг-плацови за лицата со хендикеп.
„Пристапност – прирачник за обезбедување непречен пристап до отворените простори и објектите“, што придонесе за продлабочување на сознанијата во оваа област преку поголем број препораки за тоа како да се подобри пристапноста во изградената средина. Уште поголем напредок во оваа проблематика е постигнат преку објавување на Правилникот за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лицата со инвалидност до и во градбите, во Службениот Весник на Република Македонија број 39 од 20.03.2009 година.
Интервенциите во просторот не се доволни Напредокот во доменот на регулативата беше пропратен и со едукативни активности во рамките на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје и на Факултетот за архитектура и дизајн при „Универзитетот Американ колеџ Скопје“, како и
ек
ерт
преку зголемување на бројот на интервенции во просторот со кои се промовира пристапноста во просторот. Такви примери сретнуваме во деловниот објект на „Полио Плус“, скалишниот лифт кај специјализираната продавница „Медикус“ во близина на Клиничкиот Центар, лифтплатформата на јужната страна од паркингот пред објектот на Т-Мобилe, ново пуштената лифт-платформа во средното училиште „Михајло Пупин“, сите во Скопје, како и бројни други примери низ земјата. На 29-годишнината од воспоставувањето на манифестацијата на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, може да се констатира напредок во однос на грижата за потребите на лицата со хендикеп. Но, во Македонија треба уште многу да се направи за изградената средина да стане достапна за сите нејзини жители и посетители, без разлика на нивните способности или возраст. д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.
Регулатива и публикации Во Службениот Весник на Република Македонија, број 68 од 28.10.1999 година беше објавен Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот, што во VIII поглавје ги покри и Стандардите и нормативите за планирање мерки за создавање услови за движење на инвалидизирани – хендикепирани лица. Во истиот Службен Весник беше објавен и Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, што исто така во VIII поглавје ги покри и Стандардите и нормативите при проектирање на објекти за инвалидизирани – хендикепирани лица. Овие појдовни стандарди и нормативи беа релативно ограничени во својот опсег. Неколку години подоцна беше објавена и публикацијата
17 декември 2010
3
О ТА
53
арт ин
о
ЛОНДОН
Сузан Филипс добитничка на Тарнеровата награда
Ш
котската уметница Сузан Филипс е овогодишниот добитник на престижната Тарнерова награда за современа уметност. Ова угледно британско признание и чек на 25.000 фунти, таа ги доби за тројната обработка на шкотската народна
песна од 16 век „Lowlands Away“. Откако е востановена Тарнеровата награда во 1984 година, ова е првпат звучна инсталација да победи на овој натпревар. „Потпирајќи се врз силните карактеристики на звукот и човечкиот глас, Сузан Филипс на пеењето
му приоѓа како физичко и скулптурално искуство“, се вели во соопштението на жирито. За Тарнеровата награда можат да конкурираат британски уметници помлади од 50 години, а меѓу досегашните добитници на ова признание се и Демијан Херст и Трејси Емин.
Првиот македонски модерен скулптор во Даутпашин амам
СКОПЈЕ
В
о Националната галерија на Македонија – Даутпашин амам, во тек е изложба посветена на првиот македонски академски скулптор, Димо Тодоровски (1910-1983). Со околу триесетина скулптури во бронза и гипс, како и дваесетина слики на едно место е претставено творештвото на еден од основачите на македонската модерна уметност, покрај Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски. Делата претставени на оваа изложба организирана по повод сто години од раѓањето на Тодоровски се сопственост на Музејот на современа уметност, Националната галерија, МАНУ и на приватни колекции. Најстарото дело наречено „Ќеманеџија" е од 1942 година.
РЕН
Blu со нов мурал во Франција
И
талијански уметник познат под псевдонимот Blu го заврши новиот мурал во Рен во Франција. Овој уметник, кој го крие својот идентитет, на уличната уметничка сцена е активен од 1999 година, и е препознатлив по своите големи мурали по надворешните ѕидови. Во својот најнов мурал реализиран на ѕидот на еден паркинг, претставил страшило направено од отпаден материјал, кое личи како да штотуку го открива своето срце. Се верува дека авторот тука алудира на ликот Тин Ман од филмот „Волшебникот од Оз“.
54
3
О ТА
17 декември 2010
арт ин
о
ВИЕНА
Рекордна посетеност за Фрида Кало
СКОПЈЕ
Рециклирање од Дијана Томиќ-Радевска
Во Kunstforum, кој во изминатите месеци во своите изложбени простории беше домаќин на голема изложба на мексиканската уметница Фрида Кало, до 1ви декември е забележана рекордна посета од 340.000 посетители. Изложбата на слики и цртежи на оваа авторка, која беше трајна инспирација на многу други уметници, се состоеше од 140 дела, а нејзин раритет беа фотографиите на американскиот фотограф Николас Мураи кој ја снимил Фрида Кало во мексикански амбиенти.
В
о Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје, во тек е изложбата на Дијана Томиќ Радевска „Рециклирање“. Главната цел на проектот е создавање нова дескриптивна, естетска и семантичка содржина и претстава, во која се обновува некогаш искористениот предмет. На тој начин, некогаш употребените телефонски, рекламни, хотелски, стари картички, ЦД-а, со посредство на креативна интервенција, добиваат нова ликовна улога на разменувачи на говорен или писмен јазик. Се менува и функцијата на самиот предмет - отпадниот материјал кој може да заврши на ѓубриште, авторката го трансформира во ново уметничко дело.
АМСТЕРДАМ
Кралицата Беатрикс продадена за 409.000 евра
П
ортретот на холандската кралица Беатрикс изработен во 1985 година од американскиот уметник Енди Ворхол, неодамна беше продаден за 409.000 евра на аукција на Christie's во Амстердам. Купувач на сликата е холандската фондација Triton која се занимава со организирање на изложби. Портретот е дел од серијата портрети „Четири кралици“, создадена во 1985 година. На сликата, со димензии 127/106 см, кралицата Беатрикс е прикажана во сиво-ровози тонови, кои создаваат илузија за флуоресцентност.
подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
17 декември 2010
3
О ТА
55
ортрет
Дигитални траги
56
3
О ТА
17 декември 2010
фото: И.Димеска
ортрет
Проектот "Colloring the city", во ArtPoint Gallery, Виена, Австрија кој се состоeл од фотомонтажи и цртежи, 2009 година
од куршуми
Александра ПЕТРУШЕВСКА, сликар, графички дизајнер
Александра Петрушевска, својата животна траума и лична судбина од воениот конфликт во 2001 година, ја насочи во еден визуелен бележник во кој сликите на урнатините и исчезнувањето на нејзиниот дом стануваат интензивно сликарско доживување и графичко истражување
А
лександра Петрушевска е млада авторка која на македонската ликовна сцена е препознатлива по нејзиниот циклус Арачиново 2001. Во прашање е една лична траума која се случила за време на воениот конфликт во с. Арачиново во 2001 година, кога на авторката и` е уништен домот во кој дотогаш живеела. Исчезнува нејзината куќа, а Петрушевска како граѓанка на Македонија добива нов психосоцијален статус на живеење - внатрешно раселено лице во сопственото место на живеење. На тој начин, својата животна судбина таа ја насочува во еден уметнички „проект во процес“, во еден визуелен бележник во кој сликите на урнатините и исчезнувањето на нејзиниот дом стануваат интензивно творечко
истражување, но кое е ослободено од препознатливата содржина и од таквата медиумска патетика.
Претворање на трауматската пукнатина во визуелно тактилен знак Со своите ѕидни тапети креирани со препознатлив детаљ (трага, дупка) дигитално умножен во бескрајни вертикални и линерни содржини, Петрушевска успеа за овие години да создаде еден специфичен ликовен јазик, кој не претставува само уметничко надминување на деструктивните глетки и спомени од минатото и на „затекнатиот момент”, туку осмислена реакција во која повторно се проткајува ироничното прашање дали нечија лична траума и мачна
приказна „може барем накратко да нè вознемири“. Овие ѕидни „дезени на пукнатини“, дигитално „испеглани“ и дуплирани, всушност ја укинуваат знаковноста и значењето на трауматската пукнатина и ја претвораат во визуелно тактилен знак, кој уште еднаш ја потврдува глобалната логика на бескрајното трошење/ умножување на која било состојба кога ќе се стави во хиперреалната и метазирачка симулација. Бескрајно умножениот знак го укинува она што навистина знакот симболично го претставува.
Дезениран град Минатата година, Петрушевска се претстави во ArtPoint Gallery во Виена со својот проект „Colloring the city“. Таа таму
изложи фотомонтажи и цртежи изработени од препознатливи виенски урбани квартови, на чии архитектонски објекти им го промени надворешниот дизајнерски изглед вметнувајќи ги своите „ѕидни дезени“. На тој начин, своите тапети ги креира во нови графички и визуелни дизајни приспособени на нови средини, градови, но и во однос на други алтернативни простори. За овие дела самата таа вели дека се „простори и градби кои претходно имале своја препознатлива даденост и изглед, добиваат поинаква функција, односот со гледачот станува поспонтан, а воедно се губи и се надминува официјалната граница меѓу гледачот, делото и просторот“. Дејан БУЃЕВАЦ 17 декември 2010
3
О ТА
57
арт и дизајн
Ентериерот ја охрабрува интуитивната навигација во просторот на секој патник
Сензибилно патување во сингапурскиот аеродромски терминал
С
поред архитектонските критичари, австралиското студио Woodhead, со својот проект за ентериер на меѓународниот аеродром Changi Terminal 3 во Сингапур, успеа да ја долови „суштината“ на Сингапур, и да креира едно незаборавно визуелно искуство. Се работи за најновиот изграден Терминал 3 на еден од најважните аеродроми на светот, аеродромот Changi во Сингапур, кој е прв на листата на најдобри аеродроми во светот во 2010 година, според британската истражувачка компанија Skytrax.
58
3
О ТА
17 декември 2010
Тој претставува голем центар на авијацијата во Азија, најголем во регионот на Далечниот Исток и е главен аеродром во Сингапур. Аеродромот се наоѓа во Шангај, околу 20 километри североисточно од центарот на Сингапур. Целата дизајнерска филозофија на овој ентериер во целост им припаѓа на најновите естетски и технолошки обележја на 21 век, и претставува важен модел кој ја одразува економската важност на аеродромот со јасно фокусирање на карактеристиките и специфичностите на градот и
регионот. Самиот Терминал 3 започна со работа во јануари 2008 година. Како архитектонски проект е вреден 1,75 милијарди долари. Содржи 380.000 квадратни метри, распоредени на седум ката, од кои три нивоа се под и четири над земја: L1 Arrivals, L2 Departures, L3 Landside Retail Mezzanine and L4 Viewing Platform. Во него се организирани 150 малопродажни места наменети за разни услуги. Тие се групирани во една компактна и единствена шопинг-информативна улица, која го подобрува и го проширува
распоредот и видливоста на поставените деловни простории. Во создавањето на просторот, архитектите од студиото Woodhead се воделе од четири водечки принципи во имплементирањето на целиот дизајнерски концепт: јасност, природна светлина, надворешни погледи и одржливост. Овие елементи имаат единствена цел – природно, едноставно и тактилно движење на патниците и посетителите низ Терминалот 3. Тој е дизајниран за лесно одржување, почнувајќи од самите
арт и дизајн
е едно од водечките австралиски студија кое се занимава со архитектура, ентериер, урбан дизајн и планирање, повеќе од 80 години. Студиото функционира во Австралија, Азија и Европа, соработувајќи со познати архитектонски и дизајнерски асоцијации и студија во светот. Добитници се на бројни домашни и меѓународни награди. Автори се на следниве познати проекти: Sydney International Airoport Terminal One во Сиднеј, Royal Womens Hospital во Мелбурн, Southern Cross University Foundation Building во Билинга, Stanley Plaza's facade во Хонг Конг, Pinnacles Desert Discovery Centre во Сервантес, Западна Австралија, Central Land Council, во Алис Спрингс, Fujitsu Workplace во Мелбурн...
Проектот за ентериерот на Changi Airport Terminal 3 во Сингапур на студиото Woodhead, претставува модел на 21 век за тоа како доаѓањето и заминувањето од аеродром преминува во едно сосема поинакво патувачко доживување, дизајнерски пристап фокусиран на потребите на патниците во секоја смисла. Овој проект беше еден од оние што влегоа во потесниот избор на наградата за урбан дизајн WAN AWARDS 2010 употребени материјали, па сè до изборот на мебелот. Самата поставеност на ентериерот ја охрабрува интуитивната навигација и овозможува лесна ориентација во просторот и едноставен начин на решавање на потребите на патниците. Концептот на архитектите претставува „сензибилно патувачко искуство", а со него се земаат предвид потребите на патниците во секоја фаза, од доаѓање па сè до заминување, како и поврзување на комуникациите на терминалната зграда со останатите
интегрирани функционални зданија, вклучувајќи го и патничкиот хотел. Патниците имаат отворен визуелен пристап до аеродромската писта, вклучувајќи го и полетувањето и слетувањето на авионите, со што уште повеќе се заокружува „вкупно патничко искуство“ и „севкупна смисла на отвореност“. Над нив се простира Skylight покривната конструкција составена од 919 прозорци со специјално дизајнирани рефлектирачки панели, кои автоматски ја приспособуваат
светлината однадвор и овозможуваат оптимална количина на рамномерно осветлување во терминалната зграда. Истите панели, ноќе, создаваат релаксирачко вештачко осветлување. Посетителите на Changi Терминал 3, што пристигнуваат или заминуваат, чекаат или подигнуваат багаж и слично, се соочени со четири спектакуларни каскадни водопади и со пет ката висока вертикална градина наречена „Greem Wall“, којa опфаќа 300 метри по должината
на главната зграда. Зелениот ѕид е покриен со вегетација која ја симболизира тропската бујност на сингапурскиот пејзаж. Централната циркулација на движењето на патниците и на вработените е поврзана со три главни зони за престој, и е именувана како „Крстопати“. Таа е во стилот на „lounge“ просториите и баровите во луксузните хотели - опремена е со удобно стилско седење и декорирана со сингапурски пејзажни елементи. Дејан БУЃЕВАЦ 17 декември 2010
3
О ТА
59
нај удните градби на ветот
Молитва на местото
60
3
О ТА
17 декември 2010
нај удните градби на ветот
најблиску до Господ
На гробиштата во скопското село Бразда, стои црква направена од извиткани железа. Нејзините "ѕидови" не го сопираат погледот. Низ нив, во далечината се гледа Водно и градбите на Скопје под него. Овде чиниш сè станува меко и метафизичко. Во треперењето на воздухот и сонцето, црвено обоената арматура станува природно средство на изразување, а формата на градбата се отвора транспарентно во просторот. 17 декември 2010
3
О ТА
61
нај удните градби на ветот
Н
еобичен декември, сончев и топол. Разногласие од звуци, треперења и вибрации. Долгите сенки од дрвјата осветлени од доцното есенско сонце, паѓаат по ретката трева и избраздената земја. Воздухот е преполн со мириси на земја, трева, темјан. Сончевите зраци се прекршуваат во бледата магла низ која се пробива звукот на камбаните. Доаѓаат луѓе, носат некој драг од кого наскоро ќе се збогуваат. Ове е реалниот свет на Бразда, селото на чекор од Скопје, но далеку од забревтаниот ритам на нашата метропола. Во него се наоѓа една од најчудните градби во Македонија и во светот. На ова место, на гробиштата стои црква, направена од извиткани железа. Ја замислил архитектот Ванѓел Божиновски. Нејзините “ѕидови” не го сопираат погледот. Низ нив, во далечината се гледа Водно и градбите на Скопје под него. Овде чиниш сè станува меко и метафизичко. Во треперењето на воздухот и сонцето, црвено обоената арматура станува природно средство на изразување, а формата на градбата се отвора транспарентно во просторот.
Празно, а сепак полно Архитектонски црквата е решена во форма на впишан крст, со еден кораб и купола. На источниот дел има олтарна апсида, со нагласен источен и западен дел. Во калотата од куполата е насликан Христос-Пантократор. Ѕидовите што се од арматура извиткана во неправилна форма, со многу кривини, на сите четири страни се пресечени со отвори. Отворите се само маркери на крстови од исток и од запад и бифори од север и од југ. Ги заменуваат прозорците означувајќи нешто што не е отвор, туку трага на светлина и небо во испреплетената фасада. На западниот дел се наоѓа влезот преку кој се влегува во оградениот простор. Над бифората на северниот ѕид, одвнатре и однадвор има поставено метални плочи со цитати од Евангелието. Подот е од плочи од елоксиран 62
3
О ТА
17 декември 2010
нај удните градби на ветот алуминиум и во него се гледа одразот на целата конструкција.
Простор кој живее и се менува Транспарентните ѕидови, чиј концепт и материјализацијата се сменети, но суштината е останата, се направени од закривени парчиња арматура. Тие се став за константно менување на просторот, простор кој е жив и променлив. Просторот е празен, а сепак изгледа полн и комуницира со посетителите со помош на константната игра на светлината. Транспарентност наспроти масивност. Целиот објект изгледа необично и во професионална смисла не може да биде сведен на равништето „ми се допаѓа или не“. Таквото штуро оценување им припаѓа на други појмовни рамнини за тоа што е и како настанува архитектурата. Каква суштина треба да се бара во рамките на архитектурата на аналогии, во рамките на кои чистите и транспарентни форми симболички претставуваат сосема други вредности? Или поинаку, каква суштина треба да се докаже надвор од рамките на аналогијата во рамките на архитектурата каде што формите пред сè имаат значење?
Субјект на слободата на изразот
Просторот на црквата што ја проектирал архитектот Ванѓел Божиновски е празен со физичка содржина, но е полн со трансцедентална енергија. Со посетителите комуницира со помош на константна игра на светлината
Се препуштаме на експериментот на архитектот Вангел Божиновски. Тој наместо класичните обрасци за обликување на просторот формирал „нова” просторна обвивка. Поставил форма која станува субјект на слободата во изразување, но го задржува духот на црквата во созвучието на воздухот и сонцето. Објектот претставува израз на “слободно”, во суштинското поимање на битието создавање кое го исполнува човековото постоење. Создавањето на црквата, пак, е приказна која има своја историја. Таа ќе ни ја раскаже архитектот Вангел Божиновски во некоја друга пригода Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.
17 декември 2010
3
О ТА
63
„Космички ангел“
„Космички лист“
скулптурален дизајн на комода со оригинален и необичен механизам на отворање на вратичките, како крила на пеперутка. Ова парче мебел е претставено од француската компанија Roche Bobois.
64
3
ПОРТА
17 декември 2010
ИЗ
ЛО
Г
о
и ки анге
о ек ија на вети ки која Ross Lovegrove ја дизајнираше за ита ијан ката ко анија Artemide н ира ијата за овие брановидни ор и тој ја нао а во војата рет тава за универзу от
AP е и ето на то от на равен од едно ар е дрво што ја он киот дизајнер Shin Azumi го креираше за ита ијан киот бренд Lapalma
подготви: Сандра ДОНЧЕВА дипл.инж.арх. 17 декември 2010
3
О ТА
65
јавни набавки СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 154/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 02/2010 Назив на договорниот орган: узеј на акедонија у ур и ка бб ко је ПРЕДМЕТ: ана ија и рекон трук ија на окривот над из ожбените а и во узеј на акедонија ко је Контакт тел/факс: 02 3116-439, лице за контакт: Ѓоре Давитковски. Јавно отворање на понудите на ден 27.12.2010 год.
СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 155/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 06/2010 Назив на договорниот орган: ген ија за е ектрон ки ко уника ии у Ди итрија у ов ки бр ко је ПРЕДМЕТ: зведува е на градежни и градежно занает и ки работи за изградба на ад ини тративен објект на ген ијата за е ектрон ки ко уника ии оред зведбен роект о ите ази Контакт тел/факс: 3289-212, 3224-611, лице за контакт: Виолета Стјеповиќ Поп Ацева. Јавно отворање на понудите на ден 24.01.2011 год. БРОЈ: 39/2010 Назив на договорниот орган: Државен универзитет Д ти у р те и ирков бб ти ПРЕДМЕТ: ана ија и ада та ија на кат а тавен ентар авадар и Контакт тел/факс: 032 550-048, лице за контакт: Виолета Шаклева. Јавно отворање на понудите
СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 156/2010
на ден 27.12.2010 год. БРОЈ: 43/2010 Назив на договорниот орган: Државен универзитет Д ти ти ПРЕДМЕТ: зградба на е и објекти и и нивни де ови Контакт тел/факс: 032 550-021, лице за контакт: Виолета Шаклева. Јавно отворање на понудите на ден 27.12.2010 год. БРОЈ: 44/2010 Назив на договорниот орган: Државен универзитет Д ти ти ПРЕДМЕТ: екон трук ија на а у Контакт тел/факс: 032 550-021, лице за контакт: Виолета Шаклева. Јавно отворање на понудите на ден 27.12.2010 год. БРОЈ: 49/2010 Назив на договорниот орган: авно рет ријатие за то ани ува е о танбен и де овен ро тор на е уб ика акедонија у р е ико ов бр ко је ПРЕДМЕТ: зработка на роектна доку ента ија за објект катна гаража а инг во ко је Контакт тел/факс: 3213-776, 3225-094, лице за контакт: Зоран Дамјанов. Јавно отворање на понудите на ден 10.01.2011 год. БРОЈ: 35/2010 Назив на договорниот орган: штина етрове у бб етрове ПРЕДМЕТ: зработка на роектна доку ента ија за изградба на кана иза иона режа за одведува е на ко уна ни от адни води о уред за ре и тува е на ко уна ни от адни води Контакт тел/факс: 02 2562-239, лице за контакт: Дарко Тинтоски. Јавно отворање на понудите на ден 28.12.2010 год.
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 171/2010 Назив на договорниот орган: рад ко је бу инден ка бб ко је ПРЕДМЕТ: зработка на идејно решение за дизајн на о та ент за о тавува е на ку турите во к о на арк на иви иза иите де од рад ки арк Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 24.01.2011 година.
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 07-19/2010 Назив на договорниот орган: ген ија за државни атишта у Да е руев бр ко је ПРЕДМЕТ: он у тативни тру ни ана изи и и е а ри роектира ето изградбата и одржува ето на државните атишта во е уб ика акедонија тру ни кон у та ии ри ри ре ните работи за изработка на те ни ката доку ента ија тру ни кон у та ии ри изработка на те ни ката доку ента ија ре ензија на изработена те ни ка доку ента ија дава е на кон у тативни тру ни и е а и ана изи ри граде ето одржува ето надградбата ре аби ита ијата на ко овозните кон трук ии на атиштата и објектите на нив и о отреба да врши контро ни гео е ани ки а а тни и бетон ки и итува а Контакт тел/факс: 3118-044, 3220535, лице за контакт: жаклина Стефановска Богдановска. Јавно отворање на понудите
ДООЕЛ ТАТЈАНА
на ден 26.01.2011 год. БРОЈ: 29/2010 Назив на договорниот орган: ужба за о шти и заедни ки работи на адата на е уб ика акедонија бу уз ан о и ов ки иту бр ко је ПРЕДМЕТ: зработка на ревидирани деен и зведбен роект за ентериерно уредува е на објектот за државни ин титу ии тавен уд на е уб ика акедонија Државен ар ив и ар ео ошки узеј Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Понудите да се достават најдоцна до: 04.01.2011 во 10.00 часот.
СЛУжБЕН ВЕСНИК БР. 159/2010 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 163/2010 Назив на договорниот орган: рад ко је бу инден ка бб ко је ПРЕДМЕТ: зградба на ин ра труктура водоводна ека на режа за авови и ажа Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 27.12.2010 год. БРОЈ: 77/2010 Назив на договорниот орган: штина ар ош бу артизан ки одреди бр ко је ПРЕДМЕТ: зработка на етири дета ни урбани ти ки анови и ревизија на и тите Контакт тел/факс: 02 3079-694, лице за контакт: Душко Бужаровски. Јавно отворање на понудите на ден 30.12.2010 год.
Тел.: 02 3122284 alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk
H YP E RD E SM O® 66
3
О ТА
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА 17 декември 2010
рубрика
17 декември 2010
3
О ТА
67