Во овој број: СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ за ГРАДЕЖНИШТВО
ИНТЕРВЈУ: Крсте ГАКОВ
Мебелот како алтер его Прва куќа од контејнери во Штип ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
цена: 90 денари БРОЈ 151 ПЕТОК 25.02.2011 година VII www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924
Парижани против Френк Гери
БРОЈ 151 ПЕТОК 25.02.2011
рубрика
ГОДИНА VII
Драги читатели, Во овој број : СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ за ГРАДЕЖНИШТВО
Mакедонски дизајниран мебел. „Мебелот не е само спој на дрво, иверица, метал или стакло, и не е само парче кое го пополнува вашиот простор. Мебелот сте вие. Мебелот ве отсликува вас како личност“, вели Крсте Гаков, сопственик на компанијата „Гакови“, каде што мебелот се третира како уметничко дело. Стразбур е хармонија на средновековната и модерната архитектура. Живописната река Ил со многуте мостови, Катедралата со нејзината "breathtaking" убавина, специфичната германска архитектура на куќите, се тука да го исполнат уживањето на кој било посетител. Екологијата на дело. Во Штип се гради куќа од стари бродски контејнери. Влатко Зејтиников се решил за изградба на живеалиште од ваков тип од еколошки и економски причини. Изградбата на куќа од бродски контејнери значително ги намалува трошоците во однос на изградба на бетонска куќа со иста површина, а и ја зачувува околината со тоа што не произведува штетни гасови при градењето. По повод светската изложба ЕКСПО која треба да се одржи во 2015 година во Милано на тема „Храна за планетата, енергија за животот“, градот распиша конкурс под наслов „Генерација која се развива“. На конкурсот пристигнале 250 трудови од целиот свет, а меѓу нив и проектот Фарма реалити (Farma reality) на авторскиот тим Аpts architect во кој учествува и македонскиот архитет Александар Петров. „Како лебдечки облак кој се надвиснал над Париз“, така славниот архитект Френк Гери го опишал своето дело за Фондацијата „Луј Витон“. Но, парижани се против градењето музеј на Луј Витон затоа што го блокира јавниот премин низ паркот Булоњска шума. Јан Густав Странденес, меѓународен експерт за животна средина, вели: Ни треба нов возач во автомобилот наречен Земја. Треба брзо да се реагира, но резултатите нема да бидат видливи набргу.
Од Редакцијата
Редакција: ИНТЕРВЈУ: Крсте ГАКОВ
Мебелот како алтер его Прва куќа од контејнери во Штип ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
цена: 90 денари БРОЈ 151 ПЕТОК 25.02.2011 година VII www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3151 311, Факс: 3132 924
Парижани против Френк Гери
Насловна страница: Макета на објектот за музеј на Фондацијата „Луј Витон“ Автор: Франк Гери
ИНТЕРВЈУ 08
Крсте Гаков - компанија „Гакови": Мебелот како алтер его
ГРАДЕЖНИШТВО 16
Штипјанец гради куќа од стари бродски контејнери
EKO УРБАНИЗАМ 24
Милано во екот на ЕКСПО 2015: Урбаните фарми - регенерација на предградските населби
АРХИТЕКТУРА 30
Репортажа од Стразбур: Хармонија на средновековната и модерната архитектура
АРХИТЕКТУРА 38
Парижани против градењето музеј на Луј Витон
ТЕХНОЛОГИИ 44
Добредојде за таблет-уредите
ЕКОЛОГИЈА 54
Јан Густав Странденес, експерт: Ни треба нов возач во автомобилот наречен Земја
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Игор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВА Владимир Б. ЛАДИНСКИ Трајче СТОЈАНОВ Сашо КУЗМАНОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Даниела МЛАДЕНОВСКА Билјана САВИЌ Драган РИСТОВ Александра ШЕКУТКОВСКА Кире КИПРОСКИ Сузана ВАСИЛЕВА Павлинка АТАНАСОВА Елена ПЕТРОВСКА графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка Солева Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл. град. инж Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх. Издавач: “Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk Печати: Европа92 - Кочани Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
Дилатациони профили од алуминиум и не'рѓосувачки челик за затворање на фуги, од грчкиот производител
ACP hellas
Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria
ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk
Biznis Centar
` до денес Торус инженеринг има Од основањето во 1997 год. па се изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.
Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk
Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема
3
25 февруари 2011 ПОРТА
5
интервју
Македонски дизајн на мебел
Крсте ГАКОВ, Компанија „Гакови“:
Мебелот како алтер Господине Гаков, кои се причините што ве испровоцираа мебелот повеќе да не го доживувате како функционална приказна, туку како уметничко дело? Искрено, не би рекол дека нешто конкретно ме испровоцирало за да започнам мебелот да го доживувам повеќе како уметничко дело, отколку како фунционална приказна, бидејќи мене сè ме провоцира. Во секој дел од моето живеење пронаоѓам инспирација, но секогаш внимавам во мојот инспиративен крик да ја задржам функционалноста, зашто 8
3
ПОРТА
25 февруари 2011
мебелот сам по себе и треба да е фунционален. Но зошто на таа функционалност да не се додаде и ниска на уметност? Зошто масата да биде само маса, а не и скулптура? Зошто плакарот да е само плакар, кога неговото лице можеме да го направиме како една голема уметничка слика поставена на ѕидот од нашата спална или дневна соба? Се сеќавам, од средината на минатиот век па некаде до доцните осумдесетти години беше во тренд, а и секое домаќинство кај нас поседуваше по еден регал, парче мебел во кое задолжително
имаше две врати со стакло каде што беа изложени тацни, шолји, керамички чинии со мотиви од Германија или Врњачка Бања, кристални пепеларници купени во Чешка и по некоја слика од свадба. Во средишниот дел имаше „дупка“ во која беше поставен телевизорот со неизбежното милје над него. Е сега, гледано од денешна дистанца тоа е нула од мебел, но во тоа време беше ин, и ја имаше фунционалната вредност (никој не можеше да види што сè има внатре, освен споменатите сувенири). На еден таков регал кој го поседуваше еден пријател,
на почетокот на деведесеттите години, јас ги заменив стаклените и останатите врати со дрвен дезен и на нивното место поставив врати со црвена, жолта, сина и бела боја, но ги поставив така што на крајот добив една голема Мондријанова слика чиј оригинал се наоѓа во колекцијата на Арманд Бартос. Тој плакар или регал, ако повеќе сакате, и ден-денес е на истото место.
Кога го создадовте своето прво уметничко парче мебел? Кажете ни нешто повеќе за вашите почетоци во однос на оваа
интервју
его ваша љубов и професија.
За почетоците и не можам со точност да ви одговорам. На седум-осум годишна возраст правев кајчиња од кора од бор во дрвниот комбинат во Кавадарци, а на 10 години испровоциран што мојата мајка цвеќињата ги поставуваше на подот во собите, направив постаменти изработени од даски од употребени палети. Со 14 години почнав секојдневно да го посетувам локалниот столар и го учев занаетот, а веќе со 17 години го создадов моето прво посериозно парче мебел кревет за мојата соба. Креветот
беше поставен дијагонално во собата и имаше облик на кајче.
но дали е? Дали е скапо нешто што ве чини среќен и исполнет?
спротивно мислење. Впрочем за вкусовите не се дискутура.
Што ве мотивира да го започнете овој бизнис кај нас, и да дадете свој влог во развојот на македонскиот дизајн на мебел?
Според Вас, кога едно парче мебел престанува да биде секојдневен детаљ од вообичаениот ентериер, а кога преминува во креативно и естетско доживување?
Што за Вас подразбира квалитетно и културно домување кога е во прашање ентериерот и мебелот?
Мотивацијата за отворање на компанијата што ќе се бави со дизајн и изработка на мебел дојде како нормален тек на нештата, како што јас љубам да кажам „one thinng leads to another“, но мислам дека пресуден беше моментот кога се појавија првите цедеа и цеде плеери, некаде на почетокот од деведесеттите години на минатиот век. Конечно, сите ние имавме производ кој дава прекрасен звук, кој е мал и компактен, но нема каде да го чуваме. Па така, ние започнавме со изработка на држачи за цедеа од масивно дрво со несекојдневен дизајн. Можам да се пофалам дека бевме први во Македонија, а ако не и во бивша Југославија. Најнапред за себе, за роднините и пријателите, но кога сето тоа тргна малку посериозно, нашиот производ го понудивме на специјализираните продавници за музички цедеа, но и поголемите маркети за електроника и бела техника. На почетокот на деведесеттите години ја отворивме компанијата „Време”, а подоцна ја преименувавме во „Гакови и Ко“.
Мебелот не е само спој на дрво, иверица, метал или стакло, и не е само парче кое го пополнува вашиот простор. Мебелот сте вие. Мебелот ве отсликува вас како личност, па дури и ако сакате мебелот е вашето алтер его. Значи при купувањето на мебел, луѓето треба да се водат од тоа кои се, а не од цената или трендот. Треба да се пронајдат себеси во мебелот и да го третираат како дел од себе.
Во креирањето на вашите дела комбинирате неконвенционални материјали и форми. Кога знаете дека нема да ја преминете „пристојната“ граница во однос на ова комбинирање, бидејќи очигледен e ризикот во естетска смисла да не се премине во своја спротивност? Ниската што е толку мала, а ја одделува убавината од вулгарноста при креирањето, секогаш постои и секогаш ве притиска и ограничува во истото. Но, таа е секогаш тука, и треба да биде тука како водилка. За да се избегне моментот
Под поимот квалитетно и културно домување јас подразбирам внимавање на најситните детали кои нашиот живот го чинат поубав, покомотен и поедноставен. На пример, ако некој има повеќе од еден рачен часовник, во секој случај би требало да има и посебна полица за часовници, или посебен механизам на извлекување за други работи како што се здолништа или марами.
Кој е предизвикот за Вас да употребувате рециклирани материјали како основа за некои ваши дела? Точно е дека во некои од моите дела користев и рециклиран материјал како основа за создавање на некој дизајн, но тоа дојде само по себе без никаква претходна интенција. Кога моите родители го реновираа купатилото во семејната куќа пред дваесет години, гледајќи ја старата када, ми дојде идеја да пресечам две третини од неа и задниот заоблен дел да го искористам
НЕКОНВЕНЦИОНАЛНОСТ Крсте Гаков е сопственик на компанијата „Гакови“ што произведува и дизајнира елементи за ентериер, препознатлива на нашите простори по неконвенционалниот дизајн на своите производи, а мебелот го доживува како уметничко дело Кои се најчесто ваши клиенти, односно на која социјална/економска/ образовна категорија припаѓаат? Наши клиенти се оние што не живеат со стереотипи и не се заложници на униформираноста. Значи, луѓе кои си го сакаат и почитуваат сопствениот живот и не сакаат да си дозволат мебел кој не ги прави среќни. Така треба да е со сите луѓе, без разлика на нивната социјална, економска или образовна категорија. Точно е дека постои фама за дизајниранот мебел дека е скап,
на перверзија, јас секогаш претпочитам да разговарам со своите клиенти (доколку се работи за креирање мебел за веќе познати инвеститори), и при тој разговор кој вообичаено е со широк спектар на теми, се обидувам да допрам до сржта на нивното размислување, за подоцна да го вметнам при креирањето во самиот мебел во кој ќе уживаат. Доколку, пак, се работи за мебел кој е креиран и создаден за продажба, тогаш ниската станува невидлива, па така на одредени клиенти им се допаѓа и се пронаоѓаат себеси, додека други имаат
како основа при создавање на арт деко фотелја, која ја поставив на метална конструкција. Истото тоа се случи и со барабанот од стара машина за перење алишта од која создадов клуб маса, а од стара приколка за запрежна кола прекрасен брачен кревет.
Кои од современите европски и светски школи и дизајнери на мебел ги почитувате? Искрено, јас сите ги почитувам, од Мис Ван дер Рое, преку Ле Корбизје, Карим Рашид, до најпочитуваниот и
3
25 февруари 2011 ПОРТА
9
интервју најангажираниот во последно време,
Филип Старк. Истовремено, јас неизмерно ги почитувам и сите оние сè уште непознати млади дизајнери, кои се наоѓаат во некое престижно училиште во Италија, но јас се викам Крсте Гаков, и сите ние сме дизајнери кои си ја работиме нашата работа и притоа оставаме сопствен белег.
Дали гледате некаква подобра иднина за развојот на македонскиот дизајн на мебел? Секако дека има иднина за македонскиот дизајн. Има толку многу млади дизајнери кои работат надвор, а и во некои македонски компании, и нивната работа барем мене ми влева надеж за подобра и поубава иднина за подобра Македонија. Секако дека на тоа треба да се работи, и во најскоро време треба да се оформи некаква комора, здружение кое навистина ќе се труди да ја презентира нашата работа, како во земјата така и надвор. Но, ќе напоменам, треба здружение кое навистина ќе се грижи, но не на начин на кој се грижат овие неколку здруженија и кластери кои сега постојат, а не ми е јасна нивната смисла.
Колку е кај нас потценет авторскиот дизајн на мебел? Во моментов дизајнот на мебел и воопшто индуструскиот дизајн кај нас не е ценет. Ретко која од големите компании за производство на мебел ангажира студио кое ќе им изработи дизајн. Тие тоа го решаваат со ангажирање архитекти кои нè ретко прават само копи пејст на некоја кујна, маса или комода видена на некој саем или во некое списание. Додека други, можам слободно да кажам, повеќето од приватните инвеститори кои сакаат да им се изработи мебел по мерка, одат кај столари кои работат незаконски по подруми, гаражи и шупи, а тие секогаш копираат производи од списанија. Но, секако, поместување кон подобро има. Последен е примерот кога менаџер на една од поголемите компании во Македонија, кој патем е странец, дојде во нашето ателје со барање да се изработи производ кој ќе се издвојува со својот дизајн од останатите производи кои се наоѓаат на пазарот, а притоа мора да ја отсликува нивната 10
3
ПОРТА
25 февруари 2011
КАРАКТЕР „Мебелот не е само спој на дрво, иверица, метал или стакло, и не е само парче кое го пополнува вашиот простор. Мебелот сте вие. Мебелот ве отсликува вас како личност“
интервју долгогодишна традиција од 60 години постоење на светско ниво. По неколкудневно истражување, ние настапивме со идеја за изработка на еден голем часовник изработен од метал. Идејата беше преку металот да ја симболизираме цврстината, преку моментот на корозија една патина/старина која зборува за долгогодишното нивно постоење, а наместо бројки употребивме зборови и цитати кои покажуваа дека тоа е компанија која се грижи за единката како дел од тимот што го создава и надградува брендот низ годините.
Добитник сте на бројни награди од оваа област, сте учествувале на меѓународни конкурси за дизајн. Кажете ни нешто околу овие награди и конкурси?
наткасна Flow
„Изместена“
Велите дека творештвото на Пит Мондријан е инспирација за мебелот да го третирате како уметничко дело? Јас секогаш велам дека Пит Мондријан е главниот виновник и дека тој ме „зафркна“ при одредување на, условно речено, правецот на моите дизајни. Минимализмот, правите линии и различната големина на квадрати и правоаголници вклопени во една прекрасна целина, го претставуваа моето Јас. Јас се видов во неговите прекрасни дела, и еве сега по 25 години, можам да кажам дека 70% од моите дизајни се поставени на таа основа.
Во моето дваесетгодишно постоење и творење како дизајнер, имам добиено награди за некои од моите дизајни како во земјава така и надвор. Вообичаено, тоа се конкурси кои ги распишуваат одредени агенции или ателјеа кои, пак, се под покровителство на некои од врвните светски компании од областа на производство на мебел или пак производи за домаќинство. Едни од моите најнаградувани производи се масата наречена „изместена” и закачалката наречена „3Д“ (инспирирана од Мондријан) кои добија награди кај нас, САД, Германија и во Италија. Во моментот ги очекуваме резулатите од три конкурси во САД каде конкуриравме со наш дизајн за клупа, маса и часовник.
Дали планирате да организирате изложба на која ќе ги претставите своите дизајнирани дела? Одлично прашање. Идејата за организирање изложба на овие простори кај мене постои веќе 7-8 години, но морам да кажам дека досега надлежните институции немале слух за организирање на една таква изложба. Се надевам, а тоа ни е една од главните цели за оваа година - да организираме изложба во која ќе ги презентираме сите наши досегашни дизајни, но и новите што секојдневно ги создаваме Дејан Буѓевац
3
25 февруари 2011 ПОРТА
11
скопје Уставниот суд ќе го преиспита планот Стара железничка станица
За зграда од километар, процедура до милиметар
Н
ишто не смее да се гради на просторот што е опфатен со ДУП „Стара железничка станица“, односно околу Јужниот булевар, затоа што Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста и законитоста на ова планско решение. Иницијативата ја поднел архитектот Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на општина Центар и иницијатор за преиспитување и на планот за Малиот ринг. Грчев ја обжалил скратената постапка за донесувањето на планот, бидејќи немало нацртплан. Тој исто така смета дека не смее да се гради зградата долга еден километар и широка 26
метри, предвидена за деловнотрговски центар, токму врз трасата на Јужниот булевар, што во овој случај би се градел подземно. Судот ја прифатил иницијативата и ќе разгледа дали планот бил донесен како што треба. Сепак, ќе се преиспитува само формалниот дел, односно постапката, фазите и чекорите за донесувањето. Уставните судии не можеле да расправаат за содржината, односно за тоа дали некоја градба треба да се наоѓа во планот или не. Ова ја отвора можноста да се повтори ситуацијата како со деталниот урбанистички план за Малиот ринг. Ако се укине сегашното решение поради процедурални пропусти, општината Центар без никакви проблеми ќе може повторно да ги предвиди истите урбанистички решенија, вклучувајќи ја и оспоруваната километарска зграда, но овој пат ќе мора да ги спроведе сите
чекори, и нацрт-план, и јавна анкета, и конечна верзија. Со планот се предвидува обновување на урнатиот објект на Старата железничка станица во својот автентичен изглед, како што беше пред земјотресот во 1963 година. Обновената железничка станица ќе биде влез во нов деловно-административен комплекс, долг околу еден километар, а ќе се гради меѓу железничката и неизградениот хотел „Радисон“, на местото каде што сега поминува Јужниот булевар. Сообраќајницата, пак, ќе треба да се премести под земја, а ќе биде поврзана со постојната сообраќајна мрежа преку три нови кружни сообраќајници, ротонди. Комплексот, според Деталниот план, ќе биде висок 16 метри и ќе има 4 ката, односно приземје, два ката и поткровје. Дел од просториите се наменети за комерцијални дејности. Во продолжение на двата краја од
комплексот се предвидуваат катни гаражи сообраќајно поврзани со подземното парче на Јужен булевар. Улицата ќе биде широка 31,5 метри, од кои, две ленти по 3,75 метри во двата правца, и две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата. Во средината би требало да се смести и коридор за трамвајска пруга. На ниво на постојната сообраќајна мрежа, новиот објект ќе се поврзе со три ротонди. Два помали кружни тека ќе се градат на местото на надвозникот што ќе се урива. Со едната ќе се поврзат улиците Мито ХаџивасилевЈасмин и Кочо Рацин, а со втората улиците Железничка и Бихаќска. На другата страна од комплексот ќе се гради голема ротонда која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците Мито ХаџивасилевЈасмин и Железничка со улиците Свети Климент Охридски, Водњанска и Васил Ѓоргов.
Лицитација за изградба на нова зграда на општината Центар
М
инистерството за транспорт и врски распиша јавна објава за учество на јавно наддавање за отуѓување на локација во општина Центар во Скопје. На неа ќе треба да се гради нова општинска зграда. Во сооштението на Министерството се вели дека станува збор за локација опфатена со ДУП „Дебар маало 1“ наменета за изградба на државни институции со компатибилна класа намени за
12
3
ПОРТА
25 февруари 2011
деловно - комерцијален простор до 40 проценти. Вкупната површина на парцелата изнесува 7.528 квадратни метри. Рокот за пријавување на заинтересирани инвеститори на јавното наддавање е до 22.03.2011 година. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.480 денари за квадратен метар. По изградбата на објектот, инвеститорот ќе биде обврзан да го предаде на општина Центар. К.С.Т.
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
скопје Поставен дисплеј на улицата Македонија
Скопскиот воздух се дише и се чита
Н
а улицата Македонија за првпат е поставен инструмент за прикажување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Дисплејот „аирпоинтер“ поставен на голем столб со голем плазма екран, ќе врши мерења на сулфурен диоксид, јаглероден моноксид, азотни оксиди и честички помали од 10 микрометри, но ќе ја покажува и температурата и влажноста на воздухот во градот, како и брзината и правецот на ветерот во центарот на градот. Според градоначалникот Коце Трајановски, дисплејот е дел од заложбите на град Скопје за заштита на животната средина и за информирање на граѓаните за квалитетот на воздухот. Градските власти планираат уредот да го поврзат со официјалната интернетстраница на градот, за да можат податоците да се гледаат и таму. Локацијата на улица Македонија е првото релевантно мерно место во градот, а потоа ваков уред ќе биде поставен и во Кисела Вода и во останатите скопски општини. Според градските власти, поставувањето на дисплејот на некоја сообраќајница би претставувало само индикативно мерење на состојбата на самата улица, а квалитетот на воздухот се мерел подалеку од сообраќајниците. Набавката на дисплејот чини околу 5 милиони денари, а испораката, монтажата и едногодишната гаранција е на скопската фирма „Фармахем“.
се гради лизгалиште во рамки на спортскиот центар „борис Трајковски“
На мраз цела година
С
тандарден терен за хокеј долг 56, а широк 26 метри, се гради до спортската сала „Борис Трајковски“, како најнов дел од истоимениот спортски центар. На лизгалиштето ќе може да се изведува и уметничко лизгање, а тоа ќе им биде достапно и на рекреативците, нè само на спортистите. Мразот ќе се одржува со машини кои ќе гарантираат дека игралиштето ќе може да биде во функција преку целата година. Неговата набавка, воопшто целата реализација на проектот ја обезбедува СРЦ „Борис Трајковски" од сопствениот буџет. Само за игралиштето од спортскиот центар платиле 340.000 евра. На терен веќе се вршат изведбените активности за игралиштето, просторот е ограден и се поставуваат неопходните подземни инсталации. Во меѓувреме е пристигната и дел од опремата потребна за хокеј, набавена од Канада. Според управата на центарот, игралиштето и сите негови придружни елементи, како опремата и слично, имаат сертификат од Европската хокеарска федерација. Тоа значи дека и кај нас ќе можат да се одржуваат меѓународни натпревари, и тоа под отворено небо и внатре во салата, со оглед на тоа што игралиштето ќе биде од монтажен карактер.
апликативни софтверски пакети:
• • • • • •
Дизајн, развој и имплементација на апликативни софтверски решенија Развој на веб апликации Изработка на физибилити студии Консалтинг од областа на ИТ Обука Техничка поддршка на крајните корисници
• • • • • • • •
Финансово работење Магацинско работење Материјално работење Основни средства Пресметка на плата со персонална евиденција Комерцијално работење Благајничко работење Пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба во градежништвото • Матично книговодство во свињарството • Информациони системи од повеќе области
Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: elikosoft@t-home.mk www.elikosoft.com.mk
скопје
Главниот проект во главниот град без застој
„Скопје 2014“ подновен, дотеран и светнат
Н
ов споменик, осветлување и најава за нови фасади. Ова се последните активности во рамките на проектот Скопје 2014 за целосна преобразба на центарот на главниот град. Коњаничката скулптура на војводата Карпош е поставена на левата страна од кејот на Вардар во непосредна близина на Камен мост, каде што овој војсководец бил погубен со набивање на колец во отоманскиот период затоа што кренал востание. Статуата се наоѓа пред новата градба на Археолошкиот музеј, која исто така полека го добива својот облик, веќе се градат последните катови. Статуата на Карпош е висока пет метри и е направена во леарницата РЖ
Институт во Скопје. Автор на идејното решение е Војдан Запров. Постаментот, пак, има висина од три и пол метри, проектиран е од ИНПУМА, изработен од фирмата „Конструктор“, а како материјал е користен камен травертин. На него има бронзени релјефи со површина од десет квадратни метри. Освен што се постави овој споменик, деновиве се комплетираше и постаментот на споменикот на Климент и Наум, веднаш до Камениот мост. Изградбата на некои згради привршува, па дојде времето да се разгледуваат можностите за нивното осветлување. Министерството за култура веќе склучило договор за да се осветли музејскиот комплекс „Македонска борба“, кој ги
опфаќа музеите на ВМРО и на жртвите на комунизмот. За оваа активност ќе се потрошат 13,5 милиони денари, а фирмите што се ангажирани имаат рок од осум месеци да ја завршат работата. Од министерството најавуваат дека ќе бидат осветлени сите четири страни на зградата, како и нејзината купола. Светлото треба да ги нагласи стилските карактеристики на објектот, а светилките да имаат природно бела боја, која најсоодветно ќе ја прикаже материјализацијата на фасадата. За да се потенцираат столбовите, ќе се постават тесноснопни светилки во нивното подножје, потоа посебно внимание ќе се обрне на пластиката на прозорските рамки, а ќе се употребат и
широкоснопни светилки кои ќе придонесат за елегантниот изглед на фасадата ноќе. Кај куполата, пак, ќе има светилки на кои ќе може да им се менува бојата. Таа фасада се подготвува за осветлување, додека тие на потегот од плоштадот Пела до плоштадот Македонија за комплетна промена. Веќе е распишан конкурс за избор на идејно решение. За зградата на Пелистер и кај кафулето „Тренд“ веќе е избран новиот изглед и за нив ќе треба да се најде изведувач на градежните работи. Се очекува сите тие да бидат во стилот на новите градби од проектот Скопје 2014, односно да имаат барокен или неокласичен изглед. Според планот, објектите околу плоштадот би требало да блеснат со нови фасади веќе наредната година. К.С.Т.
14
3
ПОРТА
25 февруари 2011
7
7
причини зошто да изложувате на Real Ex 2011
посетители на Real Ex 2011? 1 Промовирајте ги своите проекти и недвижности пред потенцијални купувачи од ЈИЕ рубрика 11- 5- Март, 5 Март, 2011 -2011 Скопје, - Македонија Скопје, Македонија - Сите што планираат да купуваат Скратете го циклусот на враќање на инвестицијата, сретнувајќи голем број купувачи на едно место 2 7-10 7-10 Март, Март, 2011 -2011 Тирана, - Тирана, Албанија Албанија недвижнини 3 Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба - Семејства Откријте нови можности на пазарот на недвижности во ЈИЕ 4 сти Меѓународен Меѓународен Саем иСаем Конференција и Конференција за Недвижности за Недвижности - Млади брачни парови 5 Сретнете се и контактирајте со лидерите на пазарот на недвижности во регионот на ЈИЕ - Локални инвеститори 6 Искористете ги предностите на нашите уникатно организирани нетворкинг настани за да сретнете - Меѓународни инвеститори голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори за вашите проекти на недвижности 7 Разменете искуства со водечките експерти во индустријата
7 7
е на Real причини причини Ex зошто 2011 зошто да изложувате да изложувате на Real Ex 2011 на Real Ex 2011
посетители на Real посетители Ex 2011? на Real Ex 2011? Меѓународен Форум инвестиции и развој лни купувачи од Промовирајте ЈИЕги своите проекти ги своите и недвижности проекти предзапотенцијални и недвижности купувачи пред одна ЈИЕнедвижностите потенцијални купувачи од ЈИЕ 1 Промовирајте 1 Исто така Сите што планираат Сите да што купуваат планираат да купуваат RealEx гала вечера олем број купувачи Скратете го циклусот на едно го на враќање циклусот место на инвестицијата, на враќање сретнувајќи на инвестицијата, голем број купувачи сретнувајќи на едно место голем број купувачи на едно место 2 2 Скратете учествувате на недвижнини недвижнини Два интерактивни ја директната јапродажба директната и можностите продажба засеминари продажба и можностите за продажба 3 Зголемете 3 Зголемете Семејства - Семејства нови можности нови на пазарот можности на недвижности на пазарот во ЈИЕна недвижности во ЈИЕ 4 Откријте 4 Откријте Млади брачни парови Млади брачни парови - на сти во регионот на се иЈИЕ контактирајте се и контактирајте со лидерите на пазарот со лидерите на недвижности вопазарот регионот нана ЈИЕнедвижностиво регионот на ЈИЕ 5 Сретнете 5 Сретнете Локални инвеститори - Локални инвеститори нетворкинг6 настани Искористете гиза предностите да сретнете гина предностите нашите уникатнона организирани нашитенетворкинг уникатно настани организирани за да сретнете нетворкинг настани за да сретнете 6 Искористете Меѓународни инвеститори инвеститори - Меѓународни ашите проекти голем број голем нананедвижности клиенти, број на партнери клиенти, и потенцијални партнери инвеститори и потенцијални за вашите проекти инвеститори на недвижностиза вашите проекти на недвижности искуства со водечките искуства експерти со водечките во индустријата експерти во индустријата 7 Разменете 7 Разменете
------> ------> ------>
п -
-
ции и развој на недвижностите Меѓународен-Форум за инвестиции и Форум развој на недвижностите за инвестиции и развој на недвижностите >Меѓународен --> ------>така -------вечера Исто така Исто RealEx гала RealEx гала вечера ------> ------> Два учествувате учествувате на ------> Двана интерактивни семинари интерактивни семинари
Кој ќе учествува на Real Ex 2011? Градежни компании: - Локални градежни компании ќе Кој учествува ќе градежни учествува на Real Ex 2011? на Real Ex 2011? Меѓународни компании -Кој Градежни Градежни компании: компании: градежни друштва --Специјализирани Локални градежни компании градежни компании - Локални градежни компании градежни компании - Меѓународни - Меѓународни
градежни друштва градежни друштва - Специјализирани - Специјализирани Инвеститори: Владини институции: Помошни дејности: Локални инвеститори Министерства и агенции за дизајн и проектирање -Инвеститори: - дејности: - Компании и институции: Инвеститори: Помошни Владини институции: Владини Помошни институции: дејности:за имотно-правни прашања Помошни Меѓународни инвеститори Општини Консултанти -- Локални - Министерства -Компании за дизајн истерства и агенции Локални инвеститори инвеститори Компании за дизајн и агенции и Министерства проектирање и агенции и проектирање Комп и приватни инвестициони фондови Јавни претпријатија Агенции за недевижности --Банки - Општини тини Меѓународни инвеститори инвеститори за имотно-правни прашања прашања - Консу - Меѓународни - Консултанти - Општини --Консултанти за имотно-правни
и претпријатија приватни и приватни инвестициони фондови инвестициони фондови претпријатија за недевижности претпријатија за недевижности - Банки - иБанки - Агенции - Јавни - Јавни - Агенции
TT::+389 411 igor.cuckov@leoron.net W:leoron.net leoron.net 25 февруари 2011 .cuckov@leoron.net +389(0) (0) 23 23T298 298 :W: +389 411 leoron.net (0) EE ::23 igor.cuckov@leoron.net 298 411 E : igor.cuckov@leoron.net W:
- Агенц
15 leor 3 W:
ПОРТА
градежништво
Влатко ЗејтиНикОВ:
Неверојатна екологија на дело
Штипјанец гради куќа од стари бродски контејнери К
онтејнерите припаѓаат на групата модуларни објекти. Се нарекуваат и станбени, затоа што имаат иста намена како и станбените објекти. Во светот се користат уште од средината на 80-тите, а денес поголемите западни држави дури и
16
3
ПОРТА
25 февруари 2011
субвенционираат доколку се одлучите да направите ваков дом. Причина за тоа е што физичкото уништување (топење) на еден метален карго контејнер чини многу повеќе, и пред сè ја загадува животната средина. Поучен од светското искуство, Влатко
како дојдовте на идеја да правите ваква куќа од контејнери?
Барајќи евтина градба, прво наидов на монтажни објекти, кои беа градени врз база на контејнери. Пребарав по интернет и забележав интересни податоци за градби од бродски контејнери. Се изненадив кога видов нè само куќи, туку и студентски домови, хотели, градинки, па дури и цели населби. Пронајдов една веќе изградена куќа од контејнери, со базен исто така од контејнер, која нè само што не изгледаше дека е од контејнери, туку беше со прилично модерен дизајн. Ова ме поттикна да побарам податоци за трошоците за градење на една ваква куќа.
кои се предностите, а кои недостатоците во споредба со класичните куќи?
Предноста во градењето на ваква куќа е, прво што е економски поисплатлива, дури за 40 отсто од класична бетонска градба. При градењето на оваа куќа нема трошок за бетон, а со тоа и нема емисија на штетни гасови при подготовка на бетонот. Контејнерите се купени половни, подготвени за рециклирање, така што е заштедено и при испуштање емисија на гасови во самиот процес на нивно рециклирање. За недостатоци засега немам пронајдено податоци.
како реагираа соседите кога ги донесовте контејнерите?
На прв поглед, на сите им изгледаше чудна идејата за куќа од контејнери, сепак ова е несекојдневен тип на куќа за нашите простори. Меѓутоа, со самото градење и постојано следење на текот на градбата, веќе имам и позитивни реакции од соседите и од пријателите.
Зејтиников од Штип почна со конструкција на куќа од стари бродски контејнери. Прв е во Штип, а можеби и во Македонија. Станбениот контејнер е со димензии 12,2м х 2,6м х 2,4м. Основната конструкција му е челична рамка која ги следи
правоаголните облини, а во самата рамка се вградени подни, ѕидни и кровни облоги. На врвот и на дното од конструкцијата се наоѓаат отвори за закачување и товарање на контејнерите. Со спојувањето на два или повеќе контејнери можат да се изградат
градежништво
заштеда! колку ќе ве чини ваквата куќа во споредба со класична од цемент и арматура?
Во споредба со класичната бетонска градба, на квадратурата што ќе ја добијам, заштедата на финансиски средства е околку 40 отсто. Ако пресметате колку чини една куќа и ако го додадеме и времето за градба, тогаш заштедата е неверојатна.
какви се условите за живот на ниски и високи температури, дали изолацијата може да биде споредлива со класичните куќи?
Како и кај класичната градба, така и овде, доколку нема изолација ќе биде ладно во зима и топло на лето. Со соодветна изолација се решава проблемот со ниските температури во зима и топлината на лето. Со изолацијата што ќе ја поставам, планирам дури и да заштедам на енергија до 0.25КW на 1 м².
Причината поради која Влатко Зејтиников се решил за изградба на живеалиште од ваков тип е од еколошки и економски карактер. Изградбата на куќа од бродски контејнери значително ги намалува трошоците во однос на изградба на бетонска куќа со иста површина, а и ја зачувува околината со тоа што не произведува штетни гасови при градењето. Влатко Зејтиников
кога ќе биде завршена куќата од контејнери?
Поради ниските температури е пролонгирано завршувањето на проектот. Инаку, во нормални услови куќата се гради за два месеци. Доколку временските услови ме послужат, куќата треба да биде готова до пролет.
има ли интерес од други штипјани да направат ваква куќа?
Откако ја разбраа мојата идеја, неколку од моите познаници и пријатели имаат желба да изградат ваков тип куќа. Особено кога е во прашање заштедата. Нашите родители правеле и сè уште се прават куќи кои одземаат цели децении од животот. Но, со ваква градба се добива нешто навистина комотно, брзо за реализација, со можност да се посветите и на нешто друго во животот. комплексни и атрактивни објекти. Бидејќи конструкцијата е веќе готова, се заштедува на време во изградбата и квалитетот на објектот. Поради преголемата застапеност на стари контејнери кои би требало да подлежат на рециклирање, достапноста и
исплатливоста за нивна набавка е повеќе од очекувана. За набавка на еден контејнер, во зависност од оддалеченоста на земјата во која се наоѓа, потребни се од 800 до 1500 евра. Станува збор за модулар (карабин) од 30м². Значи, за 1м² цената е
просечно 35 евра. Оваа цена е за 65 отсто пониска од цената за класична бетонска градба. Пред да се впушти во оваа екоавантура, Зејтиников истражувал и дошол до интересни податоци. При бетонската градба, емисијата на СО2 е 900 кг на еден тон бетон.
За просечна куќа од 200 м² изградена со бетон и цигла се потребни 35 тони бетон, 70 тони песок, 120 тони цигла, 10 тони железо и пет тони дрвена граѓа. Емисијата на СО2 при градењето на оваа куќа би била 31 тон од бетонот, околу 15 тони од
3
25 февруари 2011 ПОРТА
17
градежништво Првиот еко дом во Лондон
18
3
ПОРТА
25 февруари 2011
Студентскиот дом во Холандија
градежништво
циглата, 11 тони од железото вкупно 56 тони емисија на СО2. Во споредба со оваа градба, при градењето со контејнери, немаме емисија на СО2, бидејќи станува збор за веќе користени контејнери подготвени за рециклирање. Зејтиников почнал да ја гради куќата пред повеќе од три месеци. Куќата се наоѓа во месноста Пребег, на парцела со површина од 1.334 м², наменета за индивидуално живеалиште. Градбата е започната со фундамент со носечки столбови за контејнерите. Долниот простор е планиран за гаражно место и подрумски простории и зафаќа површина од 88 м² во основа, а контејнерскиот дел составен од три контејнери е со површина од 100 м², додека вкупната зафатнина на куќата е 150 м². Преостанатиот дел од парцелата е предвиден за зелена површина.
Една од движечките сили, која го натерала Зејтиников да направи ваква куќа е токму еко компонентата. Освен тоа, за малку пари и кратко време, ќе добие одличен дом со добра изолација и перфектни услови за живот. Впрочем, ако ги посетите веб сајтовите на интернет кои нудат идеи за уредување на вакви домови, ќе бидете изненадени до каде оди човековата фантазија.
иСтОрија На кОНтејНер ДОМОВите Првата куќа изградена од контејнери е направена во САД во 1985 година. Оваа конструкција од 3 контејнери од по 6 метри е патентирана како уникатна градба од таков тип. Првото масовно живеалиште - населба, е конструирано во Заливската војна во 1991 год. од страна на американската војска. При изградбата се користени
контејнери кои се покажале нè само погодни за живеење, туку и отпорни на куршуми. Во 2002 год. во Англија е изграден Container City. Градбата траела 8 дена, употребени се 30 контејнери, изградени се 22 простории. Просторот е искористен за живеалишта и работни простории. Се наоѓа во Лондон, Trinity Buoy Wharf.
Во 2004 година во Холандија е изграден студентски дом од контејнери. Оваа градба има добиено награда за еколошка револуционерна конструкција. Контејнери се користени и за изградба на училишта, детски градинки, хотели и друго. Сето ова докажува дека градбата од контејнери е погодна за живеење исто како и бетонската градба, па дури и нуди соодветни погодности. Контејнерската градба е
поцврста и поиздржлива од класичната градба. По степенот на издржливост, се наоѓа на петто место по отпорност од природни катастрофи (земјотреси, силни ветрови до 200 километри на час). Во 2002 година во Австралија е основан Совет за еколошка градба (Green Building Council of Australia - GBCA) кој еколошките градби ги рангира со „зелена ѕвезда“. За вака изградените живеалишта можат да се добијат максимум пет зелени ѕвезди. Со препорака од GBCA, секој градител што ќе добие повеќе од три зелени ѕвезди добива субвенција за фотонапонски соларни панели и класични соларни панели од владата на Австралија. По пример на Австралија, ова се применува и во Нов Зеланд, а и во некои држави во САД Драган риСтОВ
интервју
Александар Папеш, главен менаџер на Вурт Македонија
Докажан партнер на неколку илјади деловни субјекти во повеќе индустриски сектори
ЦЕЛ Наша цел е корисниците на алат никогаш да немаат потреба да го одложат, прекинат или презакажат процесот на работа поради откажување на некој од алатите со кои работат. Господине Папеш, лани одбележавте неколку јубилеи, меѓу нив и 15-годишниот јубилеј на Вурт во Македонија. Што всушност претставува Вурт за Македонија? Да, точно е. Минатата година беше во знакот на три многу значајни јубилеи за Вурт. Се навршија 65 години од основањето на фирмата во Германија од Адолф Вурт во далечната 1945 година. Тогаш тоа била мала семејна фирма од три вработени, меѓу кои и неговиот син Рајнхолд Вурт. Токму 75-от роденден на проф. Рајнхолд Вурт беше вториот значаен повод за одбележување во 2010 година. Името на проф. Рајнхолд Вурт не е значајно само поради тоа што е основач на семејната фирма со татко му, туку уште повеќе што во изминатите шест и пол децении успеал да создаде извонредно успешна деловна приказна... Денес, во 84 земји во светот постојат преку 400 фирми на Вурт во кои се вработени 20
3
ПОРТА
25 февруари 2011
повеќе од 62.000 вработени. Преку 3 милиони партнери ја имаат деловната доверба во соработката со Вурт во светот. Помеѓу овие 400 фирми во изминатите 15 години се вбројува и Вурт Македонија. Со тоа, ги комплетираме трите значајни датуми на Вурт за 2010. Се разбира, за нас најзначајно беше тоа што овие јубилеи ги одбележавме во опкружување со нашите најзначајни деловни партнери за сите овие 15 години, како и особената чест што ни ја укажаа колегите од регионот и секако највлијателните личности на групацијата денес - г-ѓа Бетина Вурт и г. Петер Цурн.
Како се развиваше вашата компанија кај нас, со оглед на тешките услови за стопанисување? Дали сте задоволни од резултатите во работењето? Како и сите фирми во почетокот, и Вурт Македонија во изминатите 15 години поминал низ неминовните фази на својот
развој. Од неколкумина вработени, кои на почетокот ги правеле почетоците на овој пазар во сите сегменти на работењето, до фирма со педесетина вработени, со сопствена дистрибуција, продажба, сервис, продавница... Ако некој денес каже дека е задоволен од резултатите, веројатно ќе предизвика реакција на недоверба, завист или сомнеж. Во исто време, треба да се запрашаме што навистина влијае на резултатите во нашето работење. Јас можам со сигурност да кажам дека постигнатите резултати минатата година се меѓу најдобрите остварувања што Вурт ги постигнал во Македонија, но во исто време, далеку сме од очекуваните планови и секако од можностите што стојат пред нас. Само да појаснам, Вурт во моментот е посакуван и докажан партнер на неколку илјади деловни субјекти во повеќе индустриски гранки - автомобилската, металната,
дрвната и градежништвото. Во својата програма, Вурт нуди решенија за своите деловни партнери во сите сегменти на нивните деловни процеси. Од сврзувачки материјали (штрафовски артикли во сите формати, цврстини и изведби), производи од техничка хемија (пур пена, силикони, лепила...), до рачен алат од програмата ZEBRA® и високопрофесионален алат од програмата MASTER®. Она што ги одликува сите артикли од понудата на Вурт е нивниот висок квалитет и сертифицираност за нивната употреба. Само за пример, рачниот алат ZEBRA® има практично неограничена гаранција. Корисникот на овој алат при евентуално оштетување на алатот во неговата правилна употреба треба само да побара од комерцијалистот на Вурт со кој соработува за негова замена. Марката MASTER® е заштитен знак на електрични, пневматски и акумулаторски алати за
интервју
најразлични намени. За оваа програма, Вурт Македонија нуди 3-годишна гаранција со сопствен сервис и одржувања на машините. Со поголемите корисници веќе имаме договори со кои имаме целосен сервис и поддршка вклучително и заменски алат. Наша цел е корисниците на алат никогаш да немаат потреба да го одложат, прекинат или презакажат процесот на работа поради откажување на некој од алатите со кои работат. Се разбира, во овој случај нивната работа е завршена полесно, побрзо и без рекламации. Во нашата програма се вклучени и моторните масла и мазива од брендот TRIATLON®. Оваа програма е избор на поголем број потрошувачи во Македонија во изминатите 3 години. Програмата вклучува синтетички, полусинтетички, минерални и хидрокракувани масла за сите видови моторни возила, како и хидраулични масла за сите технолошки процеси каде
овој вид на масла се неопходни.
Која е иднината на Вурт Македонија кај нас и во регионот? Вурт во Македонија, а и во регионот станува сè повеќе присутен со новитети и артикли кои се технолошки напредни и овозможуваат брза, квалитетна и постојана изведба. Од оваа година, Вурт во Македонија веќе нуди две извонредно важни групи на производи. Најпрвин, за производителите од дрвната индустрија, ја донесовме програмата на GRASS®, висококвалитетни шарки, подигнувачи, механизми за фиоки и други елементи за производство на кујни, плакари и други производи од дрво и стакло. Фирмата GRASS® од 2004 година станува дел од групацијата Вурт, а во 2007 година кон GRASS® се припојува и фирмата MEPLA®. Со ваквите здружувања, оваа програма станува подостапна во глобални
рамки до производителите на висококвалитетен намештај. Овој тренд, се разбира, од оваа година ќе биде овозможен и во Македонија благодарение на Вурт. Вурт во регионот од минатата година, а од минатиот месец и во Македонија, вклучува во својата програма уште еден извонредно значаен и квалитетен добавувач. ZIKA® е производител од Израел на заварувачки материјали - жица за заварување и електроди. Станува збор за извонредно значајна програма во металната, авто и градежната индустрија. Покрај Со2 жицата за заварување, која има масовна употреба, програмата вклучува и базични, рутилни и електроди за прохром како и електроди за заварување на градежни машини во градежништвото, рударството и други специфични потреби. Во подготовка се уште новитети кои се од значење во градежништвото. Станува збор за група артикли кои
овозможуваат извонредни резултати во термичката заштита при монтажа на прозорци и врати - нешто што во земјите на Европската Унија претставува стандард и законска обврска. Исто така, обезбедувањето на пасивна противпожарна заштита е услов и стандард нè само за индустриските објекти, туку и за сите објекти со поголема важност (јавни објекти, хотели, болници, трговски центри...). И оваа проблематика сè уште нема прецизна законска поддршка, така што е препуштена на проценка - избор на инвеститорите.
Што им овозможува Вурт на своите коминтенти? Вурт инвестира многу во знаењето на своите вработени. Тоа не е декларативна, туку суштинска цел. Обврската толку широк асортиман на артикли и области да биде достапен на нашите деловни партнери не може да се случи само
3
25 февруари 2011 ПОРТА
21
интервју
Колекцијата на Вурт содржи повеќе од 12.000 уметнички дела Во вашите простории изложена е слика од познатиот португалски сликар Хозе Ди Гуимарес? Од каде потекнува овој однос кон уметноста во компанијата Вурт?
Александар Папеш
со презентирање на информација за техничките карактеристики на еден артикл. Важно е да се познаваат процесите, нивната специфика и вистински потреби, да се пронајде вистинското решение за нив и токму тука е предноста што Вурт ја има, и ја негува. Нашите комерцијалисти се најдобрите соработници на нашите деловни партнери, нудејќи им решение за нивните деловни предизвици. Во време на навистина тешки услови на работење, можноста да ја зголемите продуктивноста, со висок квалитет и намалени рекламации се цел на секој успешен деловен субјект. Соработката во оваа смисла веќе е резултат со повеќе значајни компании во Македонија и нивниот број од ден на ден сè повеќе се зголемува. Ваквиот тренд само потврдува дека сме ја одбрале вистинската стратегија од која немаме намера да отстапиме.
Ве има на целата земјина топка. Тоа е предност или маана, особено 22
3
ПОРТА
25 февруари 2011
во кризни години во светот, како што се изминативе? Јас на тоа гледам како на предност. Можноста да ги размените искуствата и знаењата со колеги од целиот свет ви дава предност пред оние што искуствата ги стекнуваат само со сопствената пракса. Во исто време, станува збор за групација со извонредно големи вложувања во развој на нови артикли кои го следат трендот на технолошки развој. Се разбира, кризата има влијание на сите трендови во една средина, но од друга страна, ниту една криза не го запрела развојот ниту животот целосно. Вурт во процесите во кои наоѓа примена има удел не поголем од неколку проценти, така што овие трендови можат да го успорат развојот во некој од сегментите на делување, но не на сите. Само за илустрација, влијанието на кризата во 2008 година во Шпанија предизвика намалување на бројот на комерцијалисти кои ја поддржуваат градежната индустрија. Сега, за среќа, и ова е зад нас и работите полека
се враќаат во нормала.
Дали ќе учествувате на овогодишниот Саем за градежништво? Што ќе им понудите на учесниците и посетителите? Вурт повеќе години има сопствен пристап во комуникацијата со своите деловни партнери. Двапати во годината ја подготвуваме манифестацијата ОТВОРЕНИ ВРАТИ, неколкудневни средби во нашите простории на улица „Првомајска бб“ во Скопје, каде нашите почитувани партнери имаат можност да присуствуваат на демонстрација на најголемиот број артикли со кои располагаме, практична примена на некои артикли и машини, сето тоа во пријатна атмосфера пропратено со дружење, музика, закуска... Оваа година, ОТВОРЕНИ ВРАТИ ќе бидат уште поатрактивни и поинтересни. Она што во моментот ќе го кажам е дека целосно ќе се посветиме на очекувањата и потребите на нашите партнери. Но, за тоа нешто повеќе наскоро...
Проф. Рајнхолд Вурт е вистински познавач, љубител и поддржувач на уметноста. Тој, почнувајќи од средината на седумдесеттите години на минатиот век, започнал да ја реализира својата пасија со создавање на значајна колекција од уметнички дела. Денес, колекцијата содржи повеќе од 12.000 уметнички дела, од кои поголемиот дел се наоѓаат во четирите музеи во Германија целосно реализирани од фондацијата „Вурт“, како и во неколку седишта на фирмите на Вурт низ Европа. Покрај големата колекција и поддршка на сликарството и вајарството, под покровителство на фондацијата на проф. Вурт постои и успешно настапува Големиот Симфонски Оркестар на Нациите, во кој членуваат припадници на 19 различни нации. Во знак на внимание и поддршка на нашиот 15-годишен јубилеј, г. Петер Цурн, од името на Вурт Групацијата ни ја подари оваа прекрасна слика од познатиот португалски сликар Хозе Ди Гуимарес, која ние со особена чест ја поставивме во влезот на нашите простории за да биде достапна на сите што доаѓаат кај нас. Поддржувајќи ја оваа доблесна корпоративна култура на Групацијата, Вурт Македонија одбележувајќи го сопствениот јубилеј го поддржа и издавањето на првото цеде на нашиот млад, но веќе во светот познат и респектиран виолинист, Ѓорѓи Димчевски. Само за потсетување, маестро Ѓорѓи Димчевски по оформувањето на своето музичко образование, најпрвин настапува во Келн, Германија, за да од пред три години, по извонредно компетитивна селекција од повеќе од 150 музичари, биде избран за концерт мајстор на Оркестарот на Операта во Валенсија, Шпанија. Таму, тој постојано работи со веројатно најзначајните диригенти денес - Лорин Мазел и Зубин Мехта. Претпромоцијата на ова цеде се одржа при одбележувањето на нашиот јубилеј и досега беше достапно на најголемиот број наши деловни партнери, а веќе наредниот месец во Скопје ќе се одржи и промоција на јубителите на музицирањето на Ѓорѓи Димчевски.
рубрика
■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија
ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk
■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др
TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, office@tondach.com.mk
23
3
ПОРТА
03 ноември 19 декември2010 2010
3
25 февруари 2011 ПОРТА
23
еко урбанизам
Милано во екот на ЕКСПО 2015
Урбаните фарми регенерација на предградските населби
П
о повод развојот на Милано во контекст на манифестацијата ЕКСПО што ќе се одржи во 2015 година и ќе ја разработува темата за храната, минатата година од страна на градот бил распишан конкурс под наслов „Генерација која се развива“ (Una comunita per creshere). На конкурсот пристигнале вкупно 250 трудови од целиот свет, а меѓу нив и проектот Фарма реалити на авторскиот тим со
24
3
ПОРТА
25 февруари 2011
заедничко име Аpts architect. Во овој тим учествуваа: Иван Павловиќ (Босна и Херцеговина) во коавторство сo Александар Петров кој живее и работи во Италија, а во соработка со Клодијан Омури (Албанија), Доротеа Церезони (Италија, Македонија) и Антонио Ангелило (Италија) како консултанти. Нивниот проект има експериментално значење и се занимава со изнаоѓање на некои не многу конвенционални решенија
во контекст на денешната голема економска криза, нè само за градовите, туку и пошироко. Авторите, во согласност со темата на ЕКСПО 2015 „Храна за планетата, енергија за животот“, ја отворија темата за можниот однос меѓу економската криза во градовите и самата популарност на реалното шоу „Фарма“, односно популарноста на тоа реално шоу кое веќе претставува дел од секојдневниот урбан живот, па затоа, според нив, тие две
сосотојби се надополнуваат едена со друга... Го поставуваат прашањето „Колку имаме рурално во нашето урбано?“.
ПРЕДГРАДИЕ
Поконкретно, нивниот проект се однесува на едно предградие во источниот дел од Милано чиј развој, за разлика од многуте други населби кои се веќе добро стабилизирани и функционално дефинирани, се шири на неиздефинирано урбано
еко урбанизам
УРБАНИЗИРАЊЕ Проектот Фарма реалити има експериментално значење, а се занимава со изнаоѓање на не многу конвенционални решенија кои би одговориле на новите потреби за социјализација на предградските и неиздефинирани простори, и за урбанистичко поставување на руралното
ФАРМА РЕАЛИТИ По повод светската изложба ЕКСПО која треба да се одржи во 2015 година во Милано на тема „Храна за планетата, енергија за животот“, градот распиша конкурс под наслов „Генерација која се развива“. На конкурсот пристигнале 250 трудови од целиот свет, а меѓу нив и проектот Фарма реалити (Farma reality) на авторскиот тим Аpts architect во кој учествува и македонскиот архитект Александар Петров. ткиво од станбени објекти и генерира слабости (зони кои се спорни во нивното користење, со нејасна сопственост, и честопати маргинализирани како такви). Се работи за зони и места каде што јавниот простор се совпаѓа со сите неартикулирани простори, дополнително добиени од отпадот направен од користењето на постоечкото земјоделско земјиште. Овие простори повремено ги користат локалните пензионери со ниски социјални
примања, како диви ботанички градини каде што го поминуваат најголемиот дел од своето време.
ФАРМИ
„Торете ди Тено“ е дел од мрежата на 58 фарми во сопственост на општината, кои го претставуваат базичниот и концептуален план за светската изложба ЕКСПО. Градот планира овие фарми да ги искористи во функција на урбаното преструктуирање, мотивирано од големиот настан
кој ќе се случи во 2015 година. Од друга страна, преку темата храна, оваа манифестација сака повторно да ја врати улогата што земјоделството ја имало во минатото, нè само во смисла на поддршка на локалната економска база, туку и на сите можни социјални соодноси кога е во прашање заедничкото производство на храна и други продукти. Градот Милано сака квалитетно и максимално да го искористи овој настан, па
заради тоа е насочен во анализа на производството на храна и останатите продукти, и ги испитува сите можни опции и форми на дистрибуција на продуктите преку разни дополнителни или алтернативни форми, кои би биле прифатливи за трговците, и во согласност со принципите на одржливост (економски, безбедносни, транспортни). Според авторите на проектот Фарма реалити, во овој случај фармите би биле
3
25 февруари 2011 ПОРТА
25
еко урбанизам
значајни референци за градот.
Тие ќе обезбедуваат продукти од урбаните ниви и градини (ФАРММАРКЕТ), но ќе бидат и носечки точки на целиот алтернативен агрикултурен систем кој делумно веќе е спонтано присутен. Се верува дека овие урбани фарми можат да ја подигнат социјалната состојба и физичката благосостојба на старите лица (пензионерите).
УРБАНИСТИЧКО ПОСТАВУВАЊЕ НА РУРАЛНОТО Проектот, според авторите, има 26
3
ПОРТА
25 февруари 2011
за цел да обезбеди нè само доследен одговор соодветен на комплексната зададена градежна задача и програма, туку и да експериментира со еден просторен и животен модел, кој би понудил квалитетен и напреден одговор на новите потреби за социјализација во предградските населби. Инаку, обликот на објектот/ фармата предвидува создавање на еден дарежлив колективен простор заштитен од бучава и надворешни влијанија. Исто како што се случувало на
големите фарми во минатото. Севкупниот хоризонтален дистрибутивен систем би бил насочен во централниот двор кој би располагал со најразлични содржини и услуги. Во центарот на овие социјални случувања ќе бидат лоцирани поголем дел од сервисните услуги, подземните гаражи и дворовите, кои ќе создадат поврзување сo фармата и зоната на спонтаните ниви во насока од паркот Каве-Боско кон градот. На тој начин ќе биде засилена оската север-исток и југ-запад,
што преовладува во проектот. Првото циркуларно тело од два ката содржи станбени единици со поголема потреба од директен однос со земјиштето. Тие се поставуваат по должина на периметарот на градежната парцела следејќи ги улиците и постоечката состојба. Концентрацијата на проектот во само три блока од осум ката за сите станбени единици со мала квадратура, дозволува да се редуцира можноста за окупирање на просторот, ослободувајќи на тој начин
еко урбанизам
поголем простор за разни јавни активности и за обработливи ниви. Употребата на мешано типолошко решение со хоризонтална (згради во линија) и вертикална (објекти во кула) дистрибуција на животните ќелии резултира ефикасно, особено во поставувањето на станбени комплекси каде што треба да се комбинира високата густина на населението со создавањето колективни или отворени простори надвор од станбените, притоа задржувајќи ги високите стандарди за
осветлување, вентилирање и создавање услови на добра енергетска ефикасност. Високите тела се поставени на начин да ја поддржуваат циркулацијата на воздухот во внатрешниот градежен систем, избегнувајќи ги сенките врз предвидените ниви или местата за колективни активности.
РАЗВОЈ НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР Приватните градини и овоштарници би биле колективна матрица на околниот пејсаж и би биле
силно интегрирани со дизајнот на зградите. Управувањето на јавниот простор би се реализирало преку еден организационен модел, кој би бил базиран на еманципација на станарите. Би постоел еден центар, кој најверојатно би бил лоциран во внатрешноста на фармата. Тој би овозможил да се управуваат, следат и даваат информациите со кои ќe се подигне свеста зa заедничките цели, a воедно ќе ги вклучи жителите во одржување и користење на јавните површини.
За секој станар би била доделена една гаража и едно обработливо земјиште, кое ќе располага со градинарски алатки и систем за наводнување. Секогаш кога некој од станарите ќе посака да се откаже од обработливото земјиште, тоа ќе биде доверенo на трети лица. Центарот ќе се труди да овозможи знаење, материјали и инструменти за самото одгледување и одржување на тие градини подготви: Дејан Буѓевац
3
25 февруари 2011 ПОРТА
27
архитектура инфо
70 номинации за ArchDaily награди 2010
A
rchDaily е најпосетената веб-страница за архитектура. Изборот за „архитектонски дела на годината“ што овој сајт го организира се смета за релевантен, бидејќи гласачите се архитекти од целиот свет. Номинациите за ArchDaily наградите што се доделуваат за остварени архитектонски дела заврши, заклучно со 31 јануари. Во тек е гласањето на победникот во секоја од четиринаесетте категории. Во конкуренција влегуваат сите предложени дела кои се изградени во текот на минатата година, по пет во секоја од следниве категории: обновување, индустриски објект, јавен објект, објекти на едукативни центри, објекти на културни центри, угостителски објект, резиденцијален објект, музеи и библиотеки, објекти на институции, приватна куќа, религиозни објекти, ентериер, спортски објект и деловен објект.
САД
Квинс библиотека во Њујорк
О
вој месец беше одобрен дизајнот на студиото „Steven Holl Architects“ за библиотеката Квинс, што ќе се гради спроти седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, на почетокот на 2012 година. Архитектите од ова студио се познати по драматичните решенија и иновативните одговори на комплексните барања од клиентите, а нивните објекти прераснуваат во препознатливи симболи за градот. Зградата на библиотеката преку светлата и артистичката надворешност зборува за знаењето и рефлексиите на просветленоста. Просторот во објектот, освен полици и читални, во својот распоред содржи и галерија, повеќенаменски јавни простори, како и неопходни простории за администрација и персонал. Покрај отворениот простор кон паркот, главната глетка е насочена кон Менхетен.
ГЕРМАНИЈА
Полска Капела
„С
ензуална конекција со животот и размислувања подлабоки од формата и конструкцијата“ е мотото на Питер Цумтор, архитектот на „Bruder Klaus Field Chapel“. Конструкцијата што е сочинета од 112 стебла, е инспирирана од вигвам (индијански шатор). На неа се излиени 24 бетонски слоеви, секој со дебелина од околу 50 сантиметри, со што се создава бетонски ѕид. Внатрешната дрвената конструкција е опожарена, така што внатрешноста на објектот добива поцрнета и уникатно текстурирана празнина. Отворот на покривот е посебна атракција, бидејќи ја прави оваа капела исклучително импресивен религиозен објект. Кога времето е сончево, посетителот има чувство дека се соочува со огромна ѕвезда, додека ноќе, ѕвезденото небо создава чувство на близина со Бога.
28
3
ПОРТА
25 февруари 2011
архитектура инфо
ШВЕДСКА
Хотел на дрво
В
о местото Харадс, село на северот на Шведска, близу до поларниот круг, се наоѓа необично ноќевалиште - хотел на дрво. Има форма на коцка со димензии 4х4х4 метри, а како лесна алуминиумска структура е прикачена на стеблото на самото дрво. Надворешноста е огледална, со што се постигнува ефектот на камуфлажа во околината. Самото стакло е премачкано со супстанца која рефлектира сјај кој го перцепира само птичјото око, благодарение на што птиците се во состојба да реагираат на неговото присуство во просторот. На тој начин, објектот не го нарушува природниот живот во околината. До објектот се стигнува преку висечки мост прикачен на околните дрвја. Ентериерот е во целост изработен од иверка. Внатрешноста содржи дневна соба, мала бања и кревет за две лица, како и тераса на покривот. Прозорците што овозможуваат поглед од 360 степени се највпечатливиот елемент.
ШПАНИЈА
„Хемероскопиум“
Н
а архитектите од „Ensamble Studio“ во Мадрид, Шпанија, им била потребна цела година за проектирање, а само седум дена за изградба на резиденцијалниот објект „Хемероскопиум“, благодарение на претходно изведените елементи во бетон. Се работи за просторна градба од тешки блокови поставени во навидум нестабилна композиција. Седум елементи во хармонична скала, подредени според нивната тежина, се надоврзуваат во спирала. Ваквиот архитектонски израз претствува пресвртница во која формата го отстапува местото на голиот простор. Хемероскопиум на грчки јазик означува „место каде сонцето заоѓа“. Ова име е алузија за место кое постои само во фантазијата.
ИНДИЈА
Магнет за љубители на луксузот
З
апочна изградбата на еден необичен објект во Мумбаи, Индија. Имено, архитектите од студиото „Hafeez Contractors“ се автори на кула која ќе биде висока 300 метри, со 82 ката, а под овие катови се планира гаражен простор од 12 ката. Фасадата од бетон и стакло е дизајнирана така што треба да ги издржи можните климатски промени во текот на следните пет века. Намената на овој објект, со изразено естетска форма на магнет, е примарно резиденцијална. Кафулињата, рестораните, теренот за јавање коњи и сауните се само дел од предвидените содржини кои ќе ги уживаат жителите на овој луксузен објект. подготви: Леонида Пенка Баша
3
25 февруари 2011 ПОРТА
29
архитектура
В
гнезден помеѓу Вогезите и Рајна, Стразбур, а и целата Алзашка област, се мал регион со голема репутација. Градот "par excellence", како што го нарекол Гете, живописен, иновативен, шармантен, преполн со приказни за историјата, цврсто закотвен во модерна Европа, преку фестивалите, уметноста, културата и традицијата, успеал да го зачува својот идентитет. За повеќето од нас, препознатлив по Европскиот суд за човекови права, Европскиот парламент и Советот на Европа. Всушност, Стразбур претставува една неверојатно атрактивна, не само туристичка дестинација. Стразбур не ги крие своите убавини. Живописната река Ил со многуте мостови, Катедралата што го одзема здивот со својата убавина, специфичната германска архитектура на куќите, се тука да го исполнат уживањето на кој било посетител. Без разлика дали ќе шетате по тесните улички, замислувајќи дека сте дел од некоја бајка, или ќе уживате во храната во некој од многуте ресторани, направени од дрво, обложени со традиционални алзашки ткаенини, во стариот дел на Стразбур постои некоја привлечна атмосфера на која никој не може да остане рамнодушен. Историскиот центар на градот, всушност е мал остров, обиколен со реката Ил. Во 1988 година, за првпат, целиот центар ќе се најде на листата на УНЕСКО под името Големиот остров (Grande Ile). Прошетка низ оваа област е најдобриот начин да се доживее вистинската атмосфера на Стразбур.
Хармонија на средновековната и модерната архитектура Стразбур не ги крие своите убавини. Живописната река Ил со многуте мостови, Катедралата со нејзината "breathtaking" убавина, специфичната германска архитектура на куќите, се тука да го исполнат уживањето на кој било посетител (Специјално за Порта3 од Стразбур)
Розовиот ангел Во срцето на Големиот остров, прво нешто што ќе забележите е Готската Катедрала Нотр-Дам. Колку повеќе ја набљудувате нејзината фасада, ќе се уверите дека не е само височината она што за првпат ви го одвлекува вниманието - УБАВА Е! Веднаш ќе ја забележите една од светски најпознатите розети, преубав дизајн, убава и правилна комбинација на форми, 30
3
ПОРТА
25 февруари 2011
Европски парламент
Ивана Чушков Иванова, дипл.инж.арх.
готска катедрала Notre-Dame-De Strasbourg
архитектура едноставно, целиот фронт на црквата претставува поема. Погледот од камбанаријата е прекрасен, се гледа стариот град, специфичните кровни завршетоци, кровните прозорци, кои некогаш биле пушкарници и одвреме-навреме погледот ќе ви го попречи по некоја кула или црква. Пол Клодел ја опишува како „розикаво-црвен ангел кој лебди над градот“. Легендата вели: почувствувајте го „мистериозниот ветер“ кој одвреме-навреме дува околу Катедралата. А, приказната за „мистериозниот ветер“, е најдобро да ја слушнете сами. А, да - да не го заборавам и астрономскиот часовник, вистинско чудо во архитектонска и техничка смисла, дизајниран од Жан - Батист Швилге.
СтраЗБур - траДициОНалеН, НО СеПак МОДереН
Музеј Le Vaisseau
Во целиот историски центар, но најмногу во областа Мала Франција, долж реката Ил, ќе ги забележите куќите со видлива дрвена конструкција на фасадите, каде некогаш живееле кожарите, рибарите и мелничарите. Не треба многу за да ја забележите двојната француско-германска култура. Шетајќи и воодушевувајќи се на шармантната средновековна архитектура, ќе дојдете до самиот крај од Мала Франција, односно до Покриените мостови. Иако во моментов се реконструираат, сосема е видливо дека повеќе не се „покриени“, но сепак го задржале своето име како такво. Тие гледаат кон четирите кули од 14 век - дел од поранешните ѕидини, кои некогаш ја гарантирале независноста на Стразбур. На само неколку метри од мостовите се наоѓа "Vauban Dam" (Great Lock ) со атрактивната панорамска тераса, од каде посетителите имаат одличен поглед на градот и мрежата на канали. На плоштадот околу катедралата се наоѓа Maison Kamemerzell вистински скапоцен камен во круната на архитектурата на
3
25 февруари 2011 ПОРТА
31
архитектура
Maison Kammerzell
Parc de l'Orangerie La Petite France
Стразбур. Според временскиот период во кој е подигната и припаѓа на германската ренесанса, иако стилски наликува на средновековната. Најголемиот плоштад во срцето на историскиот центар е Place Kleber. На северната страна се наоѓа палатата Aubette, дело на Жак Франсоа Блондел, која во 2006 година, по долготрајна реконструкција, повторно е отворена за посетителите. Работата во внатрешноста, дело на Тео Ван Дузбург, Ханс Арп и Софи Т. Арп, денес е наречена „Систинска капела на апстрактната уметност“. Врска помеѓу историскиот дел и новиот дел на градот е Place de la Republique, во таканаречената „германска четврт“. Оваа област претставува нова форма на урбанистичко планирање, со широки патишта, монументални објекти со административен и културен карактер, како и луксузни приватни куќи. Пејзажното уредување, исто така, имало клучна улога во имресивната шема на новото урбанистичко планирање. Рајнската (Царска) палата, Универзитетската библиотека, Националниот театар се дел од новата германска архитектура. Градот хармонично ги комбинира средновековната со модерната архитектура. Иако, во суштина премногу традиционален, модерната архитектура постои и секојдневно се развива. Зградите како Европскиот парламент, Музејот на современата уметност, новата болница и јавниот сообраќаен систем, даваат впечаток на град од 21 век.
Град на културата Од современата уметност на класичната слика, од археологија до илустрација; Традиционалниот Алзашки музеј, во кој се изложени експонати кои ја претставуваат регионалната култура; Историскиот музеј; оној во Нотр-Дам каде што може да се видат средновековните скулпторски ремек-дела; музејот на илустраторот Томи Унгерер; музејот на декоративната уметност; археолошкиот музеј, музејот на современата уметност 32
3
ПОРТА
25 февруари 2011
архитектура итн. Сите овие под една капа едноставно Музеите на Стразбур. Музеј кој би го издвоила по својата специфичност е детскиот научен музеј "Le Vaisseau". Тој претставува педагошка установа замислена и реализирана од Генералниот совет на областа Бас-Рин. Отворен е во февруари 2005 година. Образовно, а воедно и рекреативно место каде што децата преку игра можат да осознаат сè што е во полето на нивниот интерес. Листата на теми кои се опфатени е огромна. Основната идеја лежи во основата на концепцијата дека кај децата постои интерес за науката, доколку таа е презентирана на забавен начин. Нивното мото е „Наука преку забава“. Музејот претставува една огромна игротека, од каде ни вие не би сакале да си заминете.
светилки, необични украси на прозорците и излозите, карусели, купохоличари, топло вино, традиционални колачи и што е најважно добро расположение. Божиќните маркети се едни од најпознатите во Франција, благодарение на традиционалниот дух на трговците, што го започнале сето ова уште во 16 век. Секако, внимание ќе ви привлече и Божиќната елка висока 30 метри, која традиционално се поставува секоја година на Place Kleber. Дури и музеите нудат посебна Божиќна програма за децата, преку раскажување приказни, различни работилници, со цел да научат малку повеќе за божиќната магија и традицијата.
Инаку, Стразбур е најатрактивен град во Франција за време на Божиќните празници. Божиќни фестивали, маркети, илјадници
Многу векови наназад штрковите се дел од Алзашкото сценарио. Секогаш во огромен број, тие секоја пролет се враќаат од
Штркот - симбол на Стразбур и Алзашката област
Африка да ја најават пролетта во Алзас. Поради видливо намалениот број во последните години, се прават напори штрковите да се вратат тука и да ги утврдат своите гнезда на дрвјата или оџаците. Во паркот Orangerie има посебно место за овие бели птици, каде што можат да растат и да се репродуцираат. Штрковите често може да ги забележите како слободно летаат, или пак, во гнездата на дрвјата надвор од паркот. Тие се тука и во зимскиот период и се миленици на aлзашкото население, бидејќи симболизираат среќа и верност. И за крај, нешто поразлично од историја, архитектура, уметност и сè она што се вика туристичка атракција... „Си беше еднаш еден град во Алзас кој создаде полиња за игра“ Зад ова мото стои организација која веќе долго време организира семинари, конференции, настани, тематски "team building", како
и тематска забава за поединци, фамилии, ученици, студенти, туристи. Идејата е градење на тимот, вклучувајќи ги тимската работа и конкурентноста, во една динамична и пријателска атмосфера под наслов „Лов на богатство“. Ќе добиете прашалник во зависност од темата што сте ја одбрале. Прашалникот се пополнува така што ја истражувате зададената област, одговарате на прашањата, воедно истражувајќи го и културното наследство во историскиот дел на Старзбур и на крајот секој тим како награда добива традиционален подарок од организаторот. Шармантен, харизматичен, романтичен. Еден разигран свет на бои, вкусови, звуци. Исклучително богато културно наследство, интензивен уметнички живот, двојна култура, престолнина на Европа. Богата историја, богата кујна, уникатна атмосфера, град на УНЕСКО. Права атракција. Не може да ви биде досадно!
Äóðè è ïî 100 ãîäèíè íàøàòà âèçè¼à íåìà äà çàñòàíå. Íîâè ïîãëåäè êîí ñâåòîò, çàñåêîãàø. Ãåðìàíñêè îêîâè çà ïðîçîðöè è âðàòè.
part of Gretsch Unitas Gruppe Óë. 29 Íîåìâðè 60 1000 Ñêîï¼å, Ìàêåäîíè¼à Òåë.: + 389 (0)2 3246-586 Ôàõ: + 389 (0)2 3246-586 kaeski@gu-skopje.com.mk
3
BMW Welt- Ìóçå¼îò íà ÁÌ âî Ìèíõåí, Ãåðìàíè¼à 25 февруари 2011 ПОРТА
33
архитектура
К
уќата Сан Патрицио се наоѓа 700 км северно од градот Мексико Сити, во Гарза Гарција, Нуево Леон предградие на Монтереј, дел од градот наменет исклучиво за домување, на ридест терен, свртена кон Мексиканскиот Залив. Куќата е изградена во 2007 година, на парцела од 1253 м2, додека самата куќа има површина од 772 м2.
куќа сан Патрицио, Мексико Теренот им овозможил на архитектите од студиото rdlp Arquitectos, под водство на архитектот Родриго де ла Пена, да обликуваат куќа со прекрасни визури кои се протегаат на север кон градот Монтереј и на југ кон планината Сиера Мадре Ориентал. Самиот клиент побарал да му се изгради куќа во која просторот ќе биде флексибилен и ќе има повеќе функции. Важен услов
при градбата бил сите волумени на просториите подеднакво да доминираат однадвор, но сепак да се задржи нивната приватност одвнатре. Основата на куќата е правоаголна, ориентирана кон оската север-југ, за да се обезбеди сите простории да имаат подеднакво добри визури. Главниот влез е архитектонски нагласен и поставен блиску до сервисната улица. Куќата
е поставена на западната страна од парцелата, оставајќи простор за поголемо зеленило од другите три страни.
аМБиеНталНа ВиЗура
Во внатрешноста таа е поделена со еден голем ѕид на два дела. Ѕидот ги дели социјалните сфери на семејството: од една страна се наоѓаат дневната соба, кујната и трпезаријата, додека од другата се
Игра на светлина и форми
34
3
ПОРТА
ПрОСтраНОСт Застаклените ѕидови на дневната соба создаваат чувство на отвореност, додека водата во базенот, синото небо и зелената трева го зголемуваат чувството на пространост 25 февруари 2011
архитектура спалните соби и бањите. Најголем е кубусот на дневната соба. Од неа, од три страни се шири поглед кон надворешноста. Пред дневната соба се поставени големи тераси, одделени од неа со стаклени шибер врати со големина од пет метри. Вратите во летно време се отворени така што визуелно овие простори делуваат како еден. Пејсажот е обогатен со одразот на куќата во водите на базенот што лежи долж визуелниот правец,
пред дневната соба, спрема улицата. Светлосните ефекти на водата од базенот се шират и внатре во куќата, создавајќи необична атмосфера. Застаклените ѕидови на дневната соба создаваат чувство на отвореност, додека водата во базенот, синото небо и зелената трева го зголемуваат чувството на пространост. Терасите се поплочени со мермер, а околу базенот надворешниот простор е обложен со дрво кое
преоѓа во зелена површина. Во задниот дел, подалеку од улицата, се наоѓаат кубусите на спалните соби. Една родителска соба, како и работната соба со свои санитарии, се сместени во приземниот дел, додека уште две спални соби, до кои се доаѓа по скали, со своите санитарии и гардероби се наоѓаат на катот. Фасадите имаат нагласени вертикали и хоризонтали, додека големите стаклени
површини на покривната бетонска плоча и` даваат изглед како да лебди во воздухот. Белината на ѕидовите на одредени места е разбиена со темни нијанси на вулкански камен. Куќата е преплавена со светлост, а белата боја апсолутно доминира нагласувајќи ја нејзината ведрина. ангел СитНОВСки, дипл.инж.арх.
ФАСАДНО СКЕЛЕ
16 €
/m²
цена без ДДВ
• производство EU • сертификат DIN EN 12810-1:2003 • во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...
Бул.Александар Македонски ББ, Скопје тел/факс: 2535-099 и 2580-852 e-mail: info@akustik.com.mk
AKUSTIK
е компанија формирана во 1991 година, посветена кон поддршка на индустријата во Македонија. заедно со октопус, овозможуваме специфични решенија, услуги и производи во делот на градежните активности.
Саем за градежништво
BUILD&CONSTRUCT
Скопски саем, 01-05 Март 2011, хала бр.1
е првата Хрватска компанија која е специјализирана за градежни работи и интервенции на висини и на недостапни места. со непрекинато вложување и професионално усовршување, Octopus се разви во една од водечките компании во регионот специјализирана за изведување на работи на санации на косини, клизишта, градежни јами и останати работи кои бараат знаење и вештина во работите со посебни барања. особено се издвојуваат геотехничките работи (вградување на геотехнички сидра и млазен бетон) за стабилизација на карпестите косини и градежните јами, и поставување на заштитни мрежи за заштита од одрони кај сообраќајници. Тимот на обучени алпинисти, заедно со софистицираната механизација и примената на најмодерни методи и градежни елементи, овозможува едноставна, брза и “чиста“ изработка дури и на најсложените градежни активности.
тел: +389 2 3112064 факс: +389 2 3224032 contact@tehnoinvest.mk www.tehnoinvest.mk
архитектура
За граѓаните на француската метропола проектот на Френк Гери за Фондацијата „Луј Витон“ е спорен, затоа што го блокира јавниот премин низ паркот Булоњска шума
Парижани против „Н
алик на лебдечки облак кој надвиснува над Париз“ - вака славниот архитект Френк Гери поетски го опишал своето дело за Фондацијата „Луј Витон“. И објаснува, додека барал инспирација за својот проект, движејќи се низ улиците на Париз, се вратил низ времето, во времето на Марсел Пруст. Во зависност од светлината,
38
3
ПОРТА
25 февруари 2011
Цртеж на Френк Гери, Фондација „Луј Витон“, Парис, Франција, 2006 градбата непрекинато се менува. Но, оваа креација на Гери не ја гледаат сите на овој начин, па затоа идниот музеј на Витон, вреден 100 милиони долари, стигнал и на суд. Ако пресудата биде позитивна, можно е идниот музеј LVMH да се сруши, иако неговото бетонско јадро е веќе готово. Имено, граѓаните на парискиот кварт во близина на паркот
Jardine d’Acclimatation (северниот дел на Булоњска шума) прво поднеле тужба дека градбата од 46 метри е превисока, што било отфрлено. Меѓутоа, судот ја земал предвид нивната следна поплака, односно дека градбата им го блокира јавниот премин низ големиот парк Булоњска шума до западниот дел на градот. Во одбрана на 81-годишниот Гери, застана парискиот архитект Жан
Нувел: „Вчудоневиден сум од себичноста и од незнаењето на моите сограѓани. Историјата на Париз е историја на архитектурата, а еден ден и овој музеј ќе биде прогласен за национален споменик“. Приврзаниците на Гери потсетуваат како парижаните своевремено се бореле против Ајфеловата кула, центарот Помпиду, пирамидата во Лувр... И парискиот градоначалник
архитектура
Френк Гери Бетран Делано смета дека тужбата е бесмислена. А делото на Гери е од глобална важност. Но, според станарите на овој дел од Париз, паркот ќе биде уништен од натрупаниот бетон, а тие го одбрале овој кварт токму заради мирот на нивните деца.
СјајНи Метали
Френк Овен Гери (1929) е архитект познат по својот скулптурален
пристап во архитектонскиот и градежениот дизајн. Најпознат е по зградите и објектите со големи облини честопати прекриени со сјајни метали. Негово најпознато дело и најизразит пример на неговиот стил е музејот „Гугенхајм“ во Билбао, Шпанија, кој е обложен со плочи од титаниум. Френк Гери во 1951 година завршил студии по архитектура на University of
Southern California, а потоа се вработил кај архитектот Виктор Груен во Лос Анџелес. Во 1956/57 година студирал урбанизам на Graduate School of Design на Харвардскиот универзитет, а веќе во 1962 година ја формирал својата фирма во Лос Анџелес.
Дела и НаграДи
Негови најзначајни дела се Милениумскиот парк во
Чикаго, ДЗ Банката во Минхен, Американскиот центар во Париз, Дизниевата концертна сала во Лос Анџелес, Рокенрол музејот во Сиетл, кулата Гери во Хановер, Куќа која танцува во Прага... Добитник е на Прицкеровата награда во 1989 година, Златната медалја на AIA во 1999 година, Златната медалја на RIBA во 2000 година... подготви: Д. БуѓеВац
3
25 февруари 2011 ПОРТА
39
еко урбанизам
Trimo Makedonija dooel Skopje t: +389 23 22 15 46, m: +389 71 85 19 42 trimomakedonija@trimo.com.mk, www.trimo.si
liting@t-home.mk
070 387 535 070 385 585
Тел.: 02 3122284 alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk
HY PERDESMO®
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА
Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com
канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги
„ГВ“ ДООЕЛ
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти -2
ќ“ лам.2, 1/1 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје
15
, 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
3
25 февруари 2011 ПОРТА
41
А
встралиското дизајнерско студио Thoughtspace го направи високо квалитетниот ентериер за студиото на најголемиот светски сервис Би-би-си во Сиднеј, Австралија, креирајќи мошне динамичен простор од 2000 м². Новото претставништво има голема пространост на канцеларии од отворен тип, дополнети со работни салони и алтернативни работни простори. Централната кујна е инспирирана од популарниот светски бренд BBC Earth (Земја). Впечатливата комбинација на материјали, под од
Новото студио на
во Сиднеј
ентериер
42
3
ПОРТА
25 февруари 2011
природно бамбусово дрво, мебел од рачно ткаен ратан, светилки во комбинација со зелен под како имитација на трева, му даваат тон на просторот што е инспириран од Земјата. Изборот на мебел го доловува целиот концепт - столиците во форма на лист, ниските столици во форма на камен, висечките столици и гарнитурата од ратан. Со ова се создава еден идеален простор наменет за собирање, состаноци и работа. Идејата на дизајнерите е дека треба да има елемент на „забава и лежерност“ во делот за работа покрај
основните функционални аспекти на ентериерот. Проектантите соработувале со тимот од маркетинг и комуникации, со цел да развијат соодветен дизајн и соодветен работен простор за новиот објект. Крајниот исход дава импресивен резултат на ентериерот, ексцентрични сали за состаноци, домашни катчиња, динамичен работен простор, а сето ова успешно ја претставува оваа истакната медиумска компанија. Сандра ДОНчеВа дипл.инж.арх.
архитектура
КОНКУРС ЗА ИЗЛОЖБА „ПОДМЛАДУВАЊЕ“
Младите подмладуваат В
о текот на месец мај оваа година, ќе се одржи архитектонска изложба наречена „ПОДМЛАДУВАЊЕ“. Идејни творци на концептот и организатори на изложбата се тројца млади дипломирани архитекти: Јане Стојаноски, Невенка Манчева и Весна Митаноска. Нивната идеја за изложбата поаѓа од стварноста дека насекаде низ Македонија постојат објекти кои ја изгубиле својата основна намена и останале напуштени од различни причини, а истовремено постојат објекти кои останале во функција, но се наоѓаат во незавидна состојба. Значаен дел од нив зафаќаат атрактивни локации, поседуваат исклучителен потенцијал за развој, а исто така поседуваат и одредени архитектонски квалитети. Целта на ваквиот архитектонски проект е да се поттикне размислувањето и дискусијата за третманот на овие објекти, за можностите што ги нудат, и како тие повторно да заживеат и евентуално да придонесат во развојот на заедницата.
КРАЈНИ МОЖНОСТИ
Според замислениот концепт, предмет на разработка би биле објекти по слободен избор на учесниците. Изборот на објектите треба да биде образложен од аспект на потенцијалите што тие ги нудат. Разработката на трудовите би била на ниво на концепт, со акцент на истражувањето во однос на програмирањето (намената и предвидување на содржини), како и во третманот на наследената изградена структура во одредено опкружување или во постоечкиот урбан контекст. Според замислата
на организаторите, се очекува препознавање на архитектонската вредност, односно што е тоа што треба да се сочува како наследство за наредните генерации, што е тоа што може да трпи одредени промени, а што може и треба да се отстрани. Неоптоварени со прашањето на реализација и изводливост, учесниците имаат целосна слобода да ги истражат крајните можности кои ги нудат предметните објекти и да предложат визија за нивната иднина.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Критериумите за учество ги исполнуваат сите млади дипломирани архитекти, на возраст до 35 години, индивидуално или во тимови. Трудовите презентирани на изложбата не треба да бидат претходно објавувани. Форматот и видот на презентација на трудовите би бил определен во зависност од расположивиот материјал, при што секој учесник ќе добие доволно простор за сеопфатно презентирање на својата идеја. Секој труд ќе биде претставен со пано и паноа кои ќе содржат скици, дијаграми, цртежи, просторни прикази и сл., како и макета. Придобивките од ваквата активност се согледуваат во актуeлизација на проблемот со третманот на овдешното градителско наследство, неговото одржување, анимирање и осовременување, како и промоција на млади архитекти. Студентите заинтересирани за конкурсот подетални информации можат да добијат на адресата:
sites.google.com/site/podmladuvanje/ home/organizacija подготви: Леонида Пенка Баша
3
25 февруари 2011 ПОРТА
43
добредојде за технологии
Т
ехнологијата не е ни малку наивна работа. Безмилосно го менува животот на човекот, докажано на подобро. На тој пат има и колатерални жртви, но ним не им се посветува премногу внимание. Пример кој секогаш го посочувам се дактилографките. Некогаш неопходен профил во секоја компанија, денес само поим во
речниците. Откако се појавија компјутерите, секој може да напише писмо, па нивната професија стана непотребна. Верувам дека дваесетгодишниците и не знаат што значи дактилографија. Значи, технологијата може некому да му ја одземе работата, но некому и да му донесе нова. Сите промени се случуваат навидум неприметно, тивко, но сепак малку повеќе внимание и нема да ни избега ниту еден детаљ. Да видиме како технологијата ни го смени животот.
КОМПЈУТЕРСКА ПИСМЕНОСТ
Во средината на деведесеттите години од минатиот век компјутерите станаа дел од нашето 44
3
ПОРТА
25 февруари 2011
секојдневие, и дома, и на работа. Се појави потреба од компјутерска писменост, па се напишаа многу книги, се понудија многу курсеви и се појавија доктори и амбуланти за компјутери. На почетокот на милениумов интернетот стана доминантен медиум на комуникација, па сите побрзаа
да се стават онлајн. Се појавија интернет провајдери, продавници, чет-соби, електронски медиуми, мрежни и веб администратори, итн. Денес, секој има веб страница или барем профил на некоја социјална мрежа. Од 2005 година па наваму, сведоци сме на огромна експанзија на мобилните компјутери - лаптопови.
ЛАПТОП
Некогаш беше незамисливо дека ценовно лаптоповите ќе
бидат на ниво на стандардните десктоп компјутери, но денес незамисливото е веќе реалност. Кога веќе се релативно евтини, а и не зафаќаат простор, лаптоп има скоро секој возрасен член на едно модерно семејство. Лаптоп се продава и во поголемите маркети, а можеме да заборавиме на времето кога редовно менувавме или надградувавме компјутерски компоненти на нашите десктоп компјутери. Лаптопот е како
пери-носи, се користи додека трае. Потоа? Се разбира, нов. Во овој период компјутерските сервисери изгубија на цена. Во деведесеттите ги немаше доволно, па секое детиште од улица се вработуваше како сервисер или склопувач на компјутери. Но, сега се во заборав, бидејќи на цена се мрежните
инженери. Па нормално, мрежа има во секое семејство без разлика дали е ЛАН или интернет, бидејќи семејствата имаат повеќе компјутери, па би сакале да се прикачени едни на други, а и интернетот е сè поприсутен.
МАЈЛСТОУН
Од пред некој месец на сцена се појавија и таблет-уредите и ова претставува вистински мајлстоун, бидејќи по сè изгледа тие ќе направат разлика. Таблет е електронски уред во вид на рамен екран, кој извршува функции блиски на компјутерите, а во
даден случај и на телефоните. Настанаа како резултат на напредокот во „тач скрин“ и лаптоп технологијата. Откако развивачите успеале да ги намалат димензиите на лаптоп компјутерите до вистински минијатури, се појавија нетбуковите, лаптопови со димензии на екран од 7 до 10 инчи. Најавени како компјутери за забава и за секаде, нетбуковите изгледа доживуваат вистински
таблет-уредите технологии
дебакл со појавата на таблетуредите. Главни виновници се визионерите од „Епл“, кои го исфрлија иПад таблет на пазарот и забележаа вратоломни профити. Денес, во Македонија покрај иПад, Киндл - електронскиот читач на книги на Амазон, ГалаксиТаб на Самсунг и ДелСтрик, има и мноштво на „но-нејм" таблетуреди од кинеските освојувачи. Цените се од 6.000 до 40.000 денари, и горе-долу се достапни за сите категории на граѓани. Таблет-уредот по сè изгледа ќе ни стане најверен другар, со кој ќе пристапуваме на интернет од секаде (па и од тоалет ако сакате) и ќе прелистуваме интернет содржини или ќе четуваме. Ќе го користиме пред спиење како книга, бидејќи ги има особините, а има и софтвер кој ни овозможува да читаме електронски книги. Ќе прегледуваме и едитираме мултимедијални содржини (слики, видео и музика). Ќе создаваме и едитираме документи, итн. Во бизнисот тој служи и како Органајзер, но и како архива на документи. Пред некое време имавме можност да го видиме и министерот Ивановски како користи таблет на една седница на Парламентот. Можеби конечно со таблет-уреди ќе се намали обемот на печатени материјали, кои се користат во Парламентот. Истото важи и за фирмите. Големиот
ТАБЛЕТ Од пред некој месец на сцена се појави и таблет-уред во вид на рамен екран, кој извршува функции блиски на компјутерите, а во даден случај и на телефоните. Тој е резултат на напредокот во „тач скрин“ и лаптоп технологијата
Историски некаде меѓу работите, своето заслужено место го добија и мобилните телефони. Наместо луксуз, мобилниот телефон
телефони го запреа развојот на фиксната телефонија, а со тоа и на инфраструктурата од бандери и кабли. Каблите полека ги снемува заедно со кабловската телевизија. Видете што се случи со дигиталната телевизија. Се појави пред пар години, а веќе е дел од секое семејство заедно со телевизорите со тенки екрани чии дијагонали веќе надминаа еден метар. Нашите дневни соби се преуредени. Ги нема масивните постолја за телевизорите, а и гарнитурите за седење не се веќе на метар оддалечени од
стана секојдневна состојка. Со револуционерниот ајФон, се сменија многу нешта. Мобилните
точката на гледање ТВ. Ги нема миленцињата, ниту вазните како декор врз телевизорите.
интерес за нив создаде тренд на големи допирно-сензитивни екрани и кај мобилните телефони.
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
Семејството поминува повеќе време во дневната. Татковците вртат по каналите, мајките на трпезариската маса доработуваат нешто на лаптоп (или играат некоја онлајн игра), тинејџерите седат полулегнати со своите таблет-уреди, четуваат преку безжичниот интернет, додека помалите вртат СМС пораки со закачки по другарчињата. Сите гледаат дигитална телевизија со кристално чиста слика и живи бои. За викенд застануваат пред телевизорот и со помош на играчка конзола од типот Кинетик ИксБокс виртуелно играат тенис, фудбал или што и да е. Ова е реалност, сега и овде во Македонија. Тоа што следи е сигурно возбудливо. Важно, треба да се биде во тек со технологијата, бидејќи прави разлика. И тоа голема. Трајче Стојанов
3
25 февруари 2011 ПОРТА
45
експерт
С
КАКО ДО ОДРЖЛИВО ПАРКИРАЊЕ ЗА 21 ВЕК?
46
3
ПОРТА
25 февруари 2011
поред пишувањата во медиумите, најавената модернизација на пракиралиштата на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје, предвидува значајни подобрувања во обезбедувањето на пракиралиштата преку нивно оградување, соодветно осветлување, оградување и инсталација на системи за постојан видео надзор, како и преасфалтирање, соодветно одбележување, изградба на пералници за возилата, и настрешници за дел од паркираните возила. Во минатиот број на Порта3 беа презентирани искуствата од британската „Парк Марк“ (Park Mark) програма за акредитација на паркиралишта, што ги исполнуваат минимално пропишаните стандарди за побезбедно паркирање (Safer Parking Scheme), а врз основа на оценка од „Полициски архитектонски офицер за врска“ (Police Architectural Liaison Officer). Станува збор за национални, но доброволни стандарди надгледувани од страна на непрофитната професионална организација „Британска асоцијација за паркирање“ (British Parking Association – BPA) во име на „Асоцијацијата на главни полициски офицери“ (Association of Chief Police Officers – ACPO). Се разбира, „Парк Марк“ програмата за акредитација на паркиралишта кои обезбедуваат побезбедно паркирање укажува на само еден, но многу важен аспект, за тоа како едно паркиралиште во Велика Британија може да се модернизира. Технолошкиот напредок и развитокот на еколошката мисла во изминатиот период отвораат нови можности за унапредување на паркиралиштата и за определбата истите да придонесат кон резлизација на определбите на одржливиот развој. Во овој контекст, во британската пракса може да се идентифицираат низа дополнителни мерки за модернизација и иновација
експерт на паркиралиштата преку кои овие градби ќе придонесат за одржливиот развој.
клиМатСки ПрОМеНи
Во време карактеризирано со глобални климатски промени, еден од позначајните проблеми што се јавуваат во урбаните средини се ненадејните поплавите (flash flooding). Ваквите поплави најчесто се резултат на немањето доволен капацитет во системот за канализација да ја прифати сета атмосферска вода која се создава, најчесто, како резултат на поројни дождови или долготрајни обилни
комбинација со резервоар, или пак со примена на систем за забавеност при одлевањето на атмосферската вода во главната канализациона мрежа.
ПерФОрираНи Ќелии
Во првиот случај станува збор за завршна обработка на паркиралиштето да се користи порозен асфалт, порозни плочи или пак порозни системи на поплочување направени од непорозни материјали, кои кога ќе се постават оставаат мали процепи низ кои атмосферската вода може да се пренесе во
атМОСФерСка ВОДа
Втората опција се базира на поставување на горенаведениот или сличен резервоар за атмосферска вода под паркиралиштето, но со примена на непорозна завршна обработка, така што атмосферската вода преку низа сливници се приклучува на резервоарот, а оттаму со преливен одвод во главната канализациона мрежа. Овој пристап, исто така бара редовно одржување и чистење на сливниците што треба да имаат вграден сепаратор за масло и песок за да се спречи
се користат природните ресурси, а користењето на вода од водоводната мрежа се сведува на минимум, без оглед на тоа дали станува збор за индустриска вода или пак, што е уште поважно, вода за пиење.
НаСтреШНици
Локалното водоснабдување дополнително може да се подобри со рециклирање на дождовница во случаи кога се користат настрешници на паркиралиштата. Настрешниците можат да бидат и со зелени кровови за да се намали визулениот импакт за
ОДрЖлиВ раЗВОј Во време карактеризирано со глобални климатски промени, еден од позначајните проблеми што се јавуваат во урбаните средини се ненадејните поплавите. Доколку паркиралиштата се дел од проблемот, тие мора да бидат дел и од решението преку нивно соодветно проектирање и изградба според принципите за одржлива изградба. Ваквиот пристап подразбира изградба на паркиралишта со примена на порозни материјали во комбинација со резервоар за атмосферски води, или со непорозни материјали во комбинација со резервоар, или пак со примена на систем за забавеност при одлевање на атмосферската вода во главната канализациона мрежа врнежи. Во голема мерка овој вид поплави се карактеристични за урбаните средини, особено оние густо изградени и асфалтирани или поплочени, а со минимални зелени површини. Во отсуство на зелени површини каде што барем дел од атмосферската вода би можела да се апсорбира по природен пат, целата оваа вода останува на површината и се обидува да се слее во постојните сливници и шахти за атмосферска канлизација. Се разбира, тие имаат ограничен капацитет и кога истиот ќе се надмине доаѓа до појава на овие поплави. Со оглед на тоа што паркиралиштата најчесто се големи непорозни асфалтирани или поплочени површини, тие значително можат да придонесат за евентуалната појава на ненадејни дождови. Доколку паркиралиштата се дел од проблемот, тие исто така, можат да бидат дел и од решението преку нивно соодветно проектирање и изградба според принципите за одржлива изградба. Ваквиот пристап би подразбирал изградба на паркиралишта со примена на порозни материјали во комбинација со резервоар за атмосферски води, или со непорозни материјали во
подолните слоеви. Се разбира, подлогата за завршната обработка, исто така треба да биде од порозни материјали како чакал и слично. На овој начин, атмосферската вода не би се задржала на површината. Ваквиот пристап овозможува под паркингот да се постават резервоари за прифаќање и складирање на атмосферската вода. Тие најчесто се направени од перфорирани блокови (ќелии) од синтетички материјали обвитакни со хидроизолациони мембрани и преливни одводи поврзани на главната канализациона мрежа (идеално за атмосферска канализација). Ваквиот пристап овозможува релативно рамномерна абсорпција на водата по површината на паркиралиштето, но ефикасноста е условена од редовно одржување и чистење. Присустсвото на лисја по површината лесно може да ја попречи абсорбцијата, а нередовното чистење на песокот и поситните одпадоци може да доведе до запушување на порите на материјалите што треба да го овозоможуваат одводнувањето на атмосферската вода, како и на резерварот.
загадувањето на складираната вода со масло, но и за да се намали ризикот за запушување на резервоарот со песок. Третата наведена опција е слична на претходната, со таа разлика што наместо резервоар за атмосферска вода, истата се собира во предимензионирани одводни цевки пред да се испушти во главната канализациона мрежа. Овој пристап овозможува атмосферската вода времено да се складира и постепено испушти во главната канализациона мрежа со што се намалува ризикот од ненадејни поплави, не само локално туку и пошироко. Последниов пристап, иако вообичано најекономично може да се реалзира, само делумно придонесува во резлизација на определбите за одржлив развој, особено во случаи кога паркиралиштето вклучува перална за возила. Во овие случаи, најдобро е да се применува првиот или вториот наведен систем во комбинација со систем за рециклирање на водата што се користи за миење на возилата. Во ваков случај, возилата се мијат со комбинација на атмосферска вода и рециклирана филтрирана вода од миењето на возилата. На овој начин најефикасно
оние што гледаат на паркингот од повисоките катови, да се забави протокот на водата, но и да се овозможи поголемо озеленување на урбаните простори. Алтернативно, наместо зелени кровови, настрешниците можат да бидат опремени со /или напрвени од ќелии за конверзија на сончевата енергија во електрична. Истите можат да се користат како дополнителен енергетски извор за полнење на новата генерација еколошки електрични возила. Со оглед на времетрањето потребно за полнење на истите, кое се движи некаде од 45 минути за брзо, до повеќе часови за нормално полнење, паркиралиштата се идеални локации за оваа намена и со тек на време, најверојатно ќе станат „бензински пумпи“ на иднината. На пример, во Велика Британија веќе се реализира програмата за изградба на национална мрежа од неколку илјади станици за полнење на електричните возила со која ќе се оформи појдовната инфраструктура за поширока примена на овие возила во иднина. д-р Владимир Б. лаДиНСки, дипл.инж.арх.
3
25 февруари 2011 ПОРТА
47
ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ Ул. „Љубо Петровик“ 33, Скопје Тел/Факс: 02 26 27 391 Мобилен: 070 311 470
www.kb.com.mk
Контакт-центар: (02) 3 296 800
Б
МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (103)
ГЕРМАНИЈА (7)
наука Г. Бем. Стоковната куќа Пик и Клопенбург, Берлин
Книга 2: Достигнувањата на одделните земји - резимирани извадоци Новиот експресионизам прави скулптурална архитектура, која ги комбинира традиционалните и новите елементи, што како постапка се среќава и во шпанската архитектура од истиот период. Од 1980 до 1995 година, оваа насока е под силно влијание на Доменикос Бем, при што на практичен начин е применета од неговиот син Готфрид Бем, а потоа од Хајнц Бинефелд и други. Новиот модернизам, како појдовна основа за своите композиции ги зема техничките компоненти на објектите. Како најшироко движење во тогашната германска архитектура, тој вклучува голем број архитекти, од кои позначајни се: Г. Бениш, Јоаким Ширман, Ото Штајдле и др. Една друга варијанта на новиот модернизам е деконструктивизмот, каде што понекогаш се сместуваат и наведените автори. Новиот модернизам на Гинтер Бениш има моќна експресија, постигната со геометриски форми, композициска чистота и перфекција на деталите, така што се приближува до германскиот експресионизам од 50-тите години, рускиот конструктивизам и високиот квалитет на италијанскиот дизајн. Поголем дел од тие поставки можат да се видат кај живописната архитектура на Штајдле и Кајслер: Кејот на издаваштвото во Хамбург(1987-90) и Универзитетот во Улм. Новиот универзитет во Улм (1990-91) со своите крила и павилјони создава композиција од улици и плоштатчиња, каде што покрај главната улица е поставен 400 м долгиот
блок подигнат од дрвена конструкција. Дрвото како обновлив градежен материјал, авторите го користат за да создадат одржлива архитектонска концепицја, која користи сончева енергија и природна вентилација. Интересен е фактот што во Германија, за разлика од нејзините соседи, кон крајот на ХХ век, конкурсите веќе ја немаат улогата на филтер и критика на архитектурата. Секој нов и апстрактен светски тренд ,,покорно” се копира од домашните безначајни имитатори. Единствено старата/нова престолнина Берлин, останува активно поле за натпревар на значајни меѓународни конкурси. Таквиот недостиг на самодоверба се рефлектира во извесен страв од создавање на сопствен архитектонски профил. На меѓународните конкурси за големите работи во Берлин победуваат видни архитекти од светот, како што се: Р. Пијано со Потсдамер плац, Н. Фостер со реконструкцијата и ревитализацијата на Рајхстагот и А. Роси со станбените блокови. Даниел Либескинд (по потекло полски Евреин, 1946-) е типичен пример на архитект без татковина, кој гради на различни меридијани. Во 1989 година, тој отвора свое биро и победува на конкурсот за доградбата на Берлинскиот музеј (1983-98). Основата на овој објект во облик на цикцаклинија претставува типичен пример на германскиот неоекспресионизам, но исто така и симбол на холокаустот.
Штрајдле и Кајслер. Универзитетот, Улм
Д, Либескинд. Доградба на Еврејскиот музеј, Берлин
3
25 февруари 2011 ПОРТА
49
еко инфо еВРоПски ПаРлаМенТ
рециклирање на отпад од електронски и електротехнички уреди
Е
`
вропскиот парламент поддржа нови цели на полето на собирање и рециклирање на отпад кој потекнува од електронски и електротехнички уреди, но се нагласува дека производителите не смеат сами да ги покриваат трошоците за собирање на таквиот отпад од домаќинствата. Европската комисија проценува дека секој Eвропеец годишно генерира помеѓу 17 и 20 килограми ваков тип отпад, во кој е вклучено буквално сè: светилки, компјутери, телевизори, мобилни телефони, ладилници. Европарламентарците се изјасниле дека со правилата мора да бидат опфатени сите видови опрема, освен точно определени исклучоци како што се големите инсталации, воена опрема и возила. Сега се на потег земјите членки, чии министри за животна средина треба да се сретнат во месец март годинава. (HINA)
ВаШинГТон
Намалување на енергетската потрошувачка
С
о комбинација од енергетски ефикасни мерки и примена на обновливи извори на енергија, според најновиот извештај на WWF (World Wildlife Fund), би се задоволиле најголем дел од енергетските барања на светот до 2050 година. Решението што го предлага оваа организација, една од водечките во светот во областа на заштитата на животната средина, се состои од два дела. Првиот е сериозно имплементирање на енергетската ефикасност што би донело до намалена потрошувачка на енергија во 2050 година од 15% во однос на 2005 година, и покрај економскиот пораст и порастот на популацијата во светот. Вториот дел од ова решение се однесува на замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија, и дополнително менаџирање на нивното користење преку т.н Smart grid концепти. (World Wildlife Fund)
ВаРШаВа
руско - Полска електрана
П
олската државна компанија PGNiG и рускиот гигант „Газпром“ планираат до 2017 година да изградат заедничка гасна централа кај градот Елк во североисточна Полска. Заедничката работна група која ќе работи на анализите за овој проект ќе се формира до крајот на февруари 2011 година. Интересот на Полска за овој проект е огромен, нè само поради фактот што 400MW електрана ќе го зголеми производството на електрична енергија во земјата, туку како голем потрошувач на природен гас електраната ќе придонесе за исплатливост на изградбата на гасовод во овој дел на земјата. Досегашната потрошувачка од 250 милиони Nm3 не била исплатлива за изградба на гасовод. Изградбата на електраната ќе чини 500 милиони евра, и тоа би била прва инвестиција на „Газпром“ во Полска.
50
3
ПОРТА
(Warshaw Business Journal) 25 февруари 2011
еко инфо ВИКИЛИКС
Нафтените резерви на Саудиска Арабија преценети за 40%
М
еѓу многуте информации кои ги лансираше сајтот Викиликс, фактот што можеби резервите на нафта на Саудиска Арабија се неточни, односно лажирани, предизвика бранувања на берзите. Сајтот наведува дека во 2007 година, поранешниот директор за експлоатација во државната компанија Saudi Aramco, му кажал на американскиот конзул во Ријад дека компанијата ги зголемила бројките на расположивите резерви за околу 40%, со цел привлекување на странски инвестиции. И додека аналитичарите веруваат дека и во скора иднина Саудиска Арабија и членките на ОПЕК ќе испорачуваат нафта со релативно стабилни цени, не е мал бројот на оние што веруваат дека веќе во 2012 година нè очекува сериозно покачување на цената.
Брисел
Европско обединување на пазарот на енергија
(Forbes)
В
о рок од три години Европската Унија има намера да го обедини пазарот на енергија и да инвестира милијарди евра во изградба на електрични инсталации и гасоводи. Во заклучокот од енергетскиот самит на ЕУ одржан на 4 февруари оваа година во Брисел, се вели дека пазарот на електрична енергија треба да се обедини во 2014 година. Европската комисија бара во иднина 27-те земји членки меѓусебно посилно да го координираат поттикнувањето на обновливите извори на енергија. На тој начин во Европа ќе се заштедат околу 10 милијарди евра. Ставот на еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер е јасен. Тој се залага за воспоставување внатрешен европски пазар за енергија, во кој со нова инфраструктура ќе тече еколошка електрична енергија, на пример од ветерници од Велика Британија и Шкотска кон Хамбург и Келн, или пак соларна енергија од Северна Африка преку Италија и Швајцарија до Минхен и Штутгард. (Deutsche Welle)
Денвер
Истрага за гасот од шкрилци
А
мериканската агенција за заштита на животната средина (Environment Protection Agency) започна истражување за влијанието на контроверзните методи кои се користат за производство на гас од шкрилци. Проблемот на хидраулично фрактурирање ќе биде предмет на истражување на меѓународен научен тим. Интересот ќе биде првенствено насочен кон циклусот на користењето на водата, а со цел анализирање на влијанието врз животната средина. Осум од девет компании кои ја користат оваа технологија се согласиле да достават податоци за потребите на истражувачите. Агенцијата настојува да ја убеди и деветата компанија, американската Halliburton, да дозволи увид во податоците. Еколошките здруженија тврдат дека хемикалиите што се користат за ослободување на гас од одредени формации на карпи имаат негативно влијание врз водата и здравјето на луѓето.
подготви: Даниела МЛАДЕНОВСКА
(UPI)
3
25 февруари 2011 ПОРТА
51
екологија
ОДРЖЛИВО УПРАВУ В
52
3
ПОРТА
25 февруари 2011
КАПАЦИТЕТ Депонијата „Дрисла“ има извонредна локација, поседува веќе изградени помошни објекти, и нешто што е многу важно - има огромен капацитет за депонирање на најмалку 16 милиони тони цврст отпад, кој и по петнаесет години експлоатација е искористен само со 14%
екологија
У ВАЊЕ СО ОТПАДОТ С
поред некои црни сценарија до 2050 година Земјата може да личи на пациент во кома, приклучена на машини за одржување во живот. Луѓето беспоштедно ги исцрпуваат последните ресурси на планетата и ако продолжи сегашниот тренд за најмногу 50 години планетата ќе биде опустошена и неспособна да го одржува животот. Оваа алармантна ситуација е резултат на долгогодишното масовно загадување, неконтролираното исцрпување на природните ресурси и адаптацијата на природата кон човечките потреби. Меѓутоа, и понатаму огромни количини отпад се исфрлаат во природата без дополнителна обработка и искористување. На овој начин се деградира околината и човековото здравје. Исто така, неповратно се губат опциите како што се добивање енергија од отпад, преработка на отпадот со цел добивање на секундарни суровини, вадење на опасните материи од отпадот, искористување на биолошки разградливиот отпад итн. Значи, потребни се мерки со кои ќе се контролира создавањето на секаков вид отпад и негово исфрлање во природата. Уште попотребно е да се промовираат начини како отпадот да се преработува и искористува со што ќе се заштити животната средина, а воедно ќе се добива дополнителен профит за компаниите.
ПРЕПОРАКИ
Во поглед на рециклирањето, проценето е дека околу 63% од комуналниот отпад е биоразградлив, а околу 80% од комуналниот отпад може да се рециклира. Но, поради тешкотиите при собирањето, одделувањето и наоѓањето на пазар за материјали, сè потешко станува изведувањето на овој проект од економска гледна точка. Треба да се обезбеди темелна анализа, константен
мониторинг, и да се организираат јавни трибини, сè со цел одржливо управување со отпадот! За намалување на количината на отпадот треба да се промовираат следниве препораки: избегнување на создавање отпад преку одржливо конзумирање; намалување на отпадот преку производство и конзумирање на продукти кои генерираат помалку отпад; повторна употреба било за оригиналната употреба или пак за алтернативна; и квалитативна превенција на отпадот преку трансформирање на создадениот отпад во помалку токсичен. Во поглед на собирањето на отпадот (шематски) има многу опции, и тие зависат од општината каде се собира отпадот, но има три начини каде тие се складираат пред собирање: контејнери, кутии, вреќи (ќеси).
ОПШТИНИ
Исто така има три начини на собирање на комуналниот отпад од страна на надлежните претпријатија: да се постават посебни контејнери за отпад во кои граѓаните ќе можат истовремено со самото фрлање на отпадот и истиот да го селектираат (source segregation); собирање при кое отпадот се селектира во моментот на собирање од страна на комуналните претпријатија (kerbside sorting); собирање на рециклирачки отпад заедно со останатиот отпад и негово селектирање во инсталациите за преработка (co-mingled collection). Кој било начин да се избере, треба да се земат предвид два клучни фактори: пазарите за рециклирани материјали и рециклирачките квоти што општините мораат да ги исполнат. Треба да се избере начин кој на општината ќе и обезбеди максимизирање на собраните рециклирачки материјали, бидејќи само на тој начин ќе се остварува поголем приход за општината на локално ниво, и севкупно на ниво на целата држава. Нормално, за овој
систем да биде комплетен треба да се изградат инсталации, каде што отпадот ќе се преработува, со можност истите да бидат што поблиску до местата на собирање, на пример: неколку инсталации во градот Скопје (на 4 страни од градот исток, запад, север, југ), со што ќе се олесни транспортот и ќе се зголемат капацитетите за преработка.
ДРИСЛА
Депонијата „Дрисла“ има извонредна локација (се наоѓа на само 15-тина километри од центарот на Скопје), поседува веќе изградени помошни објекти, и нешто што е многу важно - има огромен капацитет за депонирање на најмалку 16 милиони тони цврст отпад, кој и по петнаесетгодишната експлоатација е искористен само со 14%. Обемот на генерирање на цврст комунален отпад во Република Македонија во стратешките документи е предвидено да изнесува околу 600.000 тони на годишно ниво. Доколку сакаме максимално да ги искористиме можностите што ни ги нуди „Дрисла“, треба итно да ја осовремениме и да ја оспособиме за еколошки безбедно депонирање по економски прифатливи цени. Ова се однесува на неселектирано собраниот комунален отпад од сите 17 општини на Скопската котлина, како и од заинтересираните општини на околните градови. Време е „Дрисла“ да почне да работи со полна пареа. Со оглед на незаинтересираноста за управување со комунален отпад во нашата држава, воедно и кон заштитата на животната средина и одржливиот развој, единствено решение за ситуацијата со комуналниот отпад би била: без никаков влог да се реши ситуацијата со отпадот, односно тотална странска инвестиција! Никола Нешкоски,
дипл.еко-инж. за животна средина
3
25 февруари 2011 ПОРТА
53
екологија
Јан Густав Странденес, меѓународен експерт за животна средина
Треба брзо да се реагира, но резултатите нема да бидат видливи набргу. Потребни се огромни инвестиции сега, без да знаеме кога ќе ни се вратат. Треба да размислуваме најмалку 30 години однапред. Но, не ни се чека. Нашата нестрпливост не тера да донесуваме одлуки кои се неприфатливи
Ни треба нов возач во автомобилот наречен Земја
Ж
ивееме и секогаш сме живееле во ограничен свет во кој мораме внимателно да ги користиме ресурсите. Без заштитата на животната средина не можеме да зборуваме за економски развој или за социјална стабилност, како и за борба против сиромаштијата. Со овие зборови Јан Густав Странденес, меѓународно признат експерт за животна средина, ја отвори својата презентација на конференцијата на движењето БЕЛЛС во Белград. - Ништо ново, нели? Верувам сте го слушнале ова многу, многу пати досега. Го кажа Рејчел Карсон уште во 1960 година. Го повторуваа и во 70-тите, и во 80-тите, и денес, а ќе го повторат и во 2012 година на конференцијата Рио плус 20 во Рио де Жанеиро. Ќе беше подобро ако послушавме првиот пат. Сега немаше да мораме да го повторуваме. Но, денес е различно од пред 50 години. Затоа што денес целиот свет ја слуша оваа порака и се интересира за неа - нагласи норвежанецот Странденес, виш консултант на Северната алијанса за одржливост. Според него, промената на начинот на нашиот живот врз
54
3
ПОРТА
25 февруари 2011
принципите на одржливост во едно праведно глобално општество, не зависи од знаењето, ресурсите или од друго, туку само од политичката волја, па затоа изборот што ќе го направиме денес, ќе не одведе напред во вистинската или во погрешната насока. Тој се осврна на климатските промени, нагласи дека климата секогаш се менувала, на пример во последните 14 илјади години просечната температура на Земјата се зголемила за 3,5 Целзиусови степени. А сега, според најзагрижувачките сценарија што се појавуваат, таа ќе порасне од 2 до 5 степени во следните 70 до 100 години. - Не е проблем промената, туку брзината со која таа се одвива. А брзината е очигледно предизвикана од човекот. Светот ќе постои и за 100 години, но тогашните генерации можеби нема да имаат волку избор колку што имаме сега. Затоа мораме да дејствуваме денес - порача Странденес. Тој објасни дека еден американски биолог во 1986 година пресметал дека луѓето пополнуваат 25 отсто од капацитетот на растителните
видови за преработка на јаглеродниот диоксид со фотосинтезата. Со оглед на тоа што нашиот животен стил не се променил на подобро, односно не станал поодржлив, се претпоставува дека до 2030 година луѓето ќе го пополнат целиот тој капацитет, што значи дека нема да остане ништо за другите животински видови, со исклучок на домашните животни. А бидејќи човекот не може да живее надвор од екосистемот, овие пресметки се можни само аритметички, не во реалноста.
Има доволно за сите Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) работи на утврдување на „планетарните граници“, што се дефинираат како простор со кој луѓето можат да располагаат без да ги нарушуваат екосистемите. Но и на тамошните научници им е јасно дека околу 60 отсто од екосистемите се деградирани или се користат неодржливо од луѓето. Поради тоа годишно се губи 0,01 отсто од биодиверзитетот, или во превод, секоја година исчезнуваат неколку стотици растителни и
животински видови засекогаш. Не треба да не загрижува растот на населението, бидејќи наталитетот сега опаѓа и во земјите во развој. Така, ако пред 30 години се претпоставувало дека до крајот на 21 век на Земјата ќе има 20 милијарди луѓе, новите пресметки даваат цифра од 9 милијарди, бројка што планетата може да ја издржи. Не постои ниту недостиг од храна. Сега годишно се произведуваат 8,6 милијарди тони храна за 6,7 милијарди луѓе, односно во просек по 3,5 килограми на ден по човек. - Дури и да се зголеми населението на 10 милијарди без да се произведува повеќе храна, просекот ќе биде 2,5 килограми храна по човек дневно, а тоа е многу повеќе отколку што можеме да изедеме. Не е проблем количеството, туку распределбата. Слично е и со водата за пиење. Годишниот хидролошки циклус ни дава 577.000 кубни километри вода. Тоа се 577.000 милијарди литри вода за пиење секоја година, која погрешно се користи и до која многу луѓе немаат пристап - потенцираше Странденес, објаснувајќи ги наодите од истражувањата.
екологија
Прашањето што неминовно се наметна е како да се справиме со оваа состојба? Дали ни треба ново водство? Нов возач во возачкото седиште на автомобилот што го нарекуваме планета Земја? - Треба брзо да се реагира, но резултатите нема да бидат видливи набргу. Потребни се огромни инвестиции сега, без да знаеме кога ќе ни се вратат. Треба да размислуваме најмалку 30 години однапред. Но, не ни се чека. Нашата нестрпливост не тера да донесуваме одлуки кои се неприфатливи - одговара норвешкиот експерт.
Одржлив развој Потребно е време за да се сфати ситуацијата, објаснува Странденес. Така, кога пред 25 години Обединетите нации го промовираа концептот на одржлив развој, луѓето се потсмеваа со него и го критикуваа, го нарекуваа научно неприфатлив, но тој до денес нè само што опстана, туку има силно влијание врз најголемиот број глобани агенди. Одржливиот развој има економски, социјален и еколошки елемент. Тој се дефинира како координиран и
повторлив процес со кој треба да се постигнат економските, еколошките и социјалните цели на балансиран начин, и на национално и на локално ниво. Но проблем е што координацијата оди тешко, а развојот може да биде одржлив само ако се внимава на тоа, на сите нивоа. Бизнисот е најважен, а бидејќи тој ги создаде проблемите на планетата, само тој може и да ги реши. Странденес го истакна примерот со Реј Андерсон, сопственик на најголемата фабрика во светот за теписи за домашна и за стопанска употреба. Неговата фабрика била типична индустрија, што троши многу енергија, односно нафта. Затоа донел одлука да не се трошат повеќе ресурси отколку што планетата може да обнови, ниту една капка повеќе нафта од нивото на одржливоста. Неговата филозофија на промената подразбирала менување на работата, од експлоатирачка на обновлива, од линеарна на кружна и слично. Така, од 1994 до 2008 година го намалил испуштањето штетни гасови за 90 отсто, а искористувањето на водата за 70 отсто во САД, и за 40 отсто во капацитетите
надвор од САД. Истовремено профитот му се зголемил двојно и со заштедите од енергијата си ги вратил парите од инвестицијата за почисто производство.
Одржлива потрошувачка Но не се само бизнисмените, односно големите индустријалци тие што треба да се променат за светот да се подобри, продолжи Странденес. Обичните луѓе исто така можат да направат големи промени. - Сè што треба да направиме е да преминеме на одржлива потрошувачка. Тоа значи да го купуваме и да го искористуваме само тоа што ни треба, односно да не земаме повеќе отколку што ни треба. На тој начин ќе заштедиме многу ресурси без воопшто да си го нарушиме начинот на живот. Одржливото производство може да остане такво само ако го следи и одржлива потрошувачка - порача Странденес. За жал, не се движиме во таа насока. Од 1990 до 2004 година користењето енергија во светот се зголемило за 30 отсто, испуштањето јаглерод диоксид за 25 отсто, а вкупниот светски
бруто домашен производ за 50 отсто. Енергетската ефикасност, пак, бележи скромен напредок. Сите студии покажале дека потрошувачите најмногу внимание обрнуваат на продажната цена на производот, наместо на тоа колку навистина чини неговата употреба во одржлива смисла. Поради тоа, Странденес порачува дека е поефикасно кога одржливоста се постигнува со правила и со регулативи, отколку кога се остава на индивидуалниот избор, но важна е и едукацијата за одржлива потрошувачка и за одржлив начин на живот. - За да го направиме вистинскиот избор и тој да биде поддржан од луѓето, и да ги подобри животите на сите, треба да се потпреме на повеќе вредности. Еден од столбовите за тоа е да му овозможиме на поединецот доволно информации за да направи избор и за да ги сфати последиците од својот избор. Имануел Кант уште пред 250 години ни кажал како да ги постигнеме сите овие цели и рекол: имајте храброст да го примените тоа што го разбирате - заклучи Странденес. катерина СПаСОВСка-трПкОВСка
3
25 февруари 2011 ПОРТА
55
арт инфо Скопје
„Созревање“ на Константиновски
С
вечена промоција на книгата на архитектот Валентино Константиновски, симболично насловена како „Созревање“, се одржа на 17 февруари во Музеј на Град Скопје. Авторот Валентино Константиновски ја издаде оваа книга како обележје на неговото професионално созревање во архитектурата во хронолошки распон од 17 години. Во книгата се опфатени триесетина проекти, а промоцијата беше дополнета со стилски уредена изложба, односно со визуелизација на делата и проектите опфатени во книгата. Архитектот Валентино Константиновски, по повод промоцијата, изјави дека ја гледа намената на својата книга како „инспирација за помладите генерации и за нивно созревање преку архитектурата“.
Виена
Накит во духот на југендстил
У
гледниот виенски музеј „Леополд“ од 25 февруари е домаќин на досега најголемата австриска изложба на накит, создаден во духот на југендстилот. Изложбата наречена „Сјајот на една епоха. Европскиот накит на југендстилот“ опфаќа накит од Покраинскиот музеј „Хесен“, но и вредни уметнички дела од многубројни приватни збирки. Збирката на музејот „Хесен“ се засновува на збирката на уметнички ракотворби на холандскиот дворски златар Карел А. Циторен кој со колекционерство започнал во 1952 година. За осум години собрал повеќе од стотина предмети, најмногу накит. Во збирката се наоѓа и брошот на глумицата Сара Бернар што најверојатно е изработен по нацртотот на сликарот Алфонс Мука.
Белград
Богдан Богдановиќ како инспирација
В
о белградскиот музеј „25 Мај“ е отворена изложбата „Град и смрт“ посветена на животот и делото на познатиот југословенски и српски архитект и книжевник Богдан Богдановиќ. Изложбата е организарана од страна на студенти од Архитектонскиот факултет во Белград. Главна тема на изложбата се текстовите на Богдановиќ на тема градот и неговата меморијална архитектура. Градителското и писателското дело на овој архитект, урбанист и книжевник не е само познато на просторите на бивша Југославија туку и во светот. Богдановиќ го креирал поимот мал урбанизам, залагајќи се за проектирање и уредување на градовите по мерка на човекот. Од 1964 до 1987 година бил професор на Архитектонскиот факултет во Белград, а основач е на Школата за филозофија на архитектурата во местото Мали Поповиќ.
56
3
ПОРТА
25 февруари 2011
арт инфо Каиро
Националното богатство - жртва на немирите во Египет
Д
ва од осумте антиквитети кои неодамна исчезнаа од Музејот во Каиро, конечно се пронајдени, изјави Захи Хањас, првиот човек на Советот за старини на Египет. Кражбата на вредните предмети од египетското културно наследство била извршена од намерници кои упаднале во музејот, искористувајќи ги немирите што се создадоа заради масовните протести на Плоштадот Тахрир во Каиро. Инаку, исчезнатите предмети од националното богатство на Египет се претежно поврзани со ерата на фараонот Акенатен, а меѓу нив е и статуа на Тутанкамон. По останатите артефакти сè уште се трага.
Лондон
Конкурс за дизајнирање маици на „Квин“
Л
огото на британската група „Квин“ е четириесет години еден од најпрепознатливите во историјата на рокот, а во овој период спроти почетокот на обележување на јубилејот на потпишување на првиот дискографски договор, групата ги повикува своите обожаватели самите да дадат свој придонес за нивиот дизајн. Веќе е отворен конкурсот за дизајнирање маици кои ќе бидат официјални производи на бендот до крајот на оваа година, до кога треба да се појават и сите нивни редовни албуми во ремастерирани изданија. Конкурсот отворен до 19 април годинава, е отворен за уметници, илустратори, аниматори, модни и останати дизајнери. За изборот на најдобар дизајн ќе одлучуваат непосредно членовите на бендот Брајан Меј и Роџер Тејлор, а авторот на најдоборото дело ќе добие 1500 долари.
Рамала
Пикасова слика во Палестина
П
подготви: Дејан Буѓевац
алестинските љубители на уметноста ќе добијат ретка можност да видат едно дело од Пикасо кое во април ќе биде изложено благодарение на позајмицата од еден холандски музеј. Музејот „Ван Абе“ во Ајндховен ќе ја испрати сликата „Биста на жена“ (Buste de Femme, 1943) на Меѓународната уметничка академија во Рамала, а патувањето на Пикасовото дело до Западниот брег ќе биде филмски документирано, вклучувајќи го и моментот на преминување на израелската граница и другите контролни пунктови. Во Рамала за сликата на славниот шпански мајстор се подготвува посебна просторија во која температурата ќе биде константно контролирана. Ова е прво дело од Пикасо изложено на палестинските територии, а изложбата насловена „Пикасо во Палестина“ е заеднички проект на музејот „Ван Абе“ и академијата во Рамала.
3
25 февруари 2011 ПОРТА
57
портрет
„Different“, 2009 - дигитален принт
„Портрет на Уметникот како културен работник“, 2010
Креативно сместување З
оран Попоски (1974, Скопје) е млад македонски уметник и теоретичар, кој ги истражува и ги претресува концептите на сопствениот, културниот, психосоцијалниот,
ЈАВЕН ПРОСТОР
користи како „материјален поттик за продукција на критички и партиципативен креативен процес”. Тој користи разни ситуационистички тактики, ја истражува сопственоста на јавниот простор, како и моќта
Неговата визија е изложување на јавноста во нови културни содржини и зголемување на свеста кај граѓанинот за инспиративни цели поврзани со низа теми, од еколошки до хуманитарни националниот идентитет преку јавно прикажување и реконтекстуализирање на личното реално искуство. Тој, малограѓанските, деструктивните, бирократските карактеристики на денешните општествени сиситеми ги 58
3
ПОРТА
25 февруари 2011
на граѓанинот да ја пишува својата урбана меморија и урбаниот пејсаж кој им припаѓа на сите жители на еден град. Попоски магистрирал уметност во нови медиуми (Универзитет ДУК, Австрија), под менторство на Волфганг Суцл и прочуениот
Арон Леви, куратор на павилјонот на САД на Венециското биенале за архитектура во 2008 година. Попоски досега има реализирано повеќе од 40 изложби во САД, Германија, Франција, Турција, Порторико, Италија, Словенија, Шпанија, Австрија, итн. Во неговите видеа, перформанси и дигитални графики, тој ги истражува прашањата на идентитетот, територијата, архитектурата и јавниот простор. Во принцип, неговата уметност се однесува на прашања кои го активираат урбаниот јавен простор, и сето она што значи јавност. Значи, уметноста како јавен „интерфејс“ кој ги разгледува темите на релациската естетика, културната регенерација, медиумската архитектура и уметничкото делување во јавниот простор; разновидните аспекти
на културниот идентитет, преку граничната мобилност и можното креативно самопозиционирање во јавниот простор.
АКТИВНОСТ
Како уметник, а истовремено и како теоретичар, минатиот месец тој учествуваше на меѓународната конференција во Данска, на тема „Јавни интерфејси“. Конференцијата беше организирана од Центарот за дигитално урбано живеење, Истражувачкиот центар за дигитална естетика и Катедрата за естетички студии на Универзитетот во Архус, и на неа, освен Попоски, учествувале теоретичари, архитекти, урбанисти, социолози и уметници од Данска, Британија, Шпанија, Германија и САД. Инаку, само во 2010 година,
Зоран Попоски
„Крилја на молец“
„Ненад“
Современ автопортрет
во урбаната географија Попопски имаше учествувано на неколку значајни меѓународни манифестации и изложби. Така, во месец февруари, тој беше учесник на колективната изложба во баскискиот град Сондика (Шпанија), со проектот „Клупи за рецепти“ што го изработил заедно со Маркуз Вернли Саито од Швајцарија/Јапонија и Ева Петрич од Словенија/ Австрија, под заедничко име З+Е+М Колектив. Проектот претставува мултимедијална инсталација во јавниот простор во која се потенцира големиот креативен и утописки потенцијал на храната, како една од идентитетските ознаки на Сондика, преку поврзување на познатото со туѓото, на приватното со јавното. Експериментирањето со гастрономските нарации станува
метафора за давањето и земањето, како и за заедничка акција. Потоа, во месец август, Попоски учествуваше на групна изложба во галеријата „Концептарт“ во Берлин, Германија. Изложбата, насловена „Простори помеѓу“, беше фокусирана врз индивидуалното перцепирање на лиминалните простори (физички, психолошки, духовни, социолошки, политички), како линии на демаркација, или како прагови кои треба да се преминат - простори кои се одликуваат со неодреденост, отвореност и двосмисленост, мобилност, транзиција, но и дезориентација. Значи, се истражуваат можностите за надминување на (не)променливоста на улогата на границите во современите глобални конфигурации. Во ноември 2010 година, тој се
претстави со самостојна изложба во галеријата на Pacific Northwest College of Art, во Портланд (Орегон, САД). Изложбата под наслов „Запознавање“, се состоела од хепенинг и инсталација фокусирани врз создавање дијалог помеѓу поединци од различни културни средини со посредство на храна, интернет апликации за комуникација и музика.
ВИДЕО
Неговиот видео перформанс „Портрет на уметникот како културен работник“, неодамна беше прикажан на неколку локации во Њујорк, во рамките на годишната конференција на Collage Art Association, најголема организација на уметнички школи од САД, која по повод стогодишнината од своето постоење организираше
четиридневна конференција во Њујорк (9-12 февруари). Се работи за перформативен триптих кој претставува авторефлективна студија за сопствената уметничка пракса фокусирана во јавниот простор како дискурзивна акција. Оваа година, неколку негови графики ќе бидат изложени како постери на улиците ширум Ирска, во текот на овогодишната предизборна кампања, како дел од поголем проект на ирската организација UpStart за промовирање на креативноста во јавниот простор. Исто така, Зоран Попоски е автор на теориска книга за уметноста во нови медиуми реализирана во јавен простор, под наслов „Простори на моќта“, а во издание на Темплум. Дејан БУЃЕВАЦ
3
25 февруари 2011 ПОРТА
59
трендови
И
нститутот Пантоне колор ја прогласи црвеникаво-розовата нијанса, која го добила името според англиското име на билката орлови нокти (Honeysuckle), за боја во 2011 година во ентериерот, дизајнот и модата. Познатиот Институт, кој има патентирано и заштитено повеќе од 3.000 бои, традиционално ги поставува светските стандарди во индустријата, а проценките се темелат на проучување на трендовите помеѓу дизајнерите, производителите и купувачите.
иНтеНЗитет
Година на надеж, ведрина и позитивна енергија. Интензитетот на црвено-розовата боја ни влева чувство на безгрижност, надеж за иднината, енергија за животот. Претставници од Институтот изјавуваат дека овие тонови се многу посакувани, бидејќи позитивно влијаат на расположението. Црвено-розовите нијанси ќе доминираат во ентериерите, но и во модниот дизајн. Многу модни креатори веќе ја прифатија оваа боја, и сметаат дека ќе биде апсолутен хит во 2011 година. Ова е идеална боја за внесување енергија во домот, која влева самодоверба и стимулира позитивно расположение, и го неутрализира целиот стрес на кој секојдневно сме изложени. Добро изгледа во комбинација со топлата црвена, оптимистичката портокалова, но и со веселата жолта боја. Оваа боја добро одговара и со белата, но одлично изгледа и во комбинација со црна боја.
Црвенорозовата боја доминантна во 2011
ВеДриНа
Цикламата, како што ја нарекуваме, е стимулативна боја која одлично прилега во ентериерното уредување, зголемувајќи го адреналинот, внесувајќи радост во домот. Сепак, кога станува збор за уредување на домот, треба да се внимава, бидејќи нè секогаш сме расположени за силни тонови, земајќи го предвид бурното секојдневие. Затоа, црвено-розовата боја креира особена емотивна нота со бежови тонови кои, пак, се камелеонски и се приспособуваат на секоја боја. Бежовата боја ја истакнува ведрината на розовата боја, истовремено балансирајќи ја нејзината специфична игривост која ја поседува. Силно розовата се користи и за акцентирање во просторот, истакнувајќи ги посакуваните детали, креирајќи контраст во бел простор. Во последно време и апаратите за домаќинство го следат трендот на боите, претопувајќи се со останатите елементи во домот. Извршниот директор на Инситутот, Леатрис Ајсмен вели дека 2010 беше година на тиркизната боја, што е логично според бурните настани и големата економска криза во светот. Се работи за боја која одговара на кризните времиња кога луѓето треба да се смират, овозможувајќи ни ефикасно бегство од секојдневните проблеми. Оваа година, сепак сме подготвени за нешто поинакво, но не премногу силно. 60
3
ПОРТА
ирина јаНкОВСка 25 февруари 2011
треНД Познатиот американски Институт Пантоне колор ја избрал црвеникаво-розовата нијанса за боја на 2011 година во ентериерот, дизајнот и модата
а а а 1
Б
енкси е познат британски уметник на графити и политички активист. Денес, тој е еден од најекспонираните медиумски автори на улична уметност во светот. Инаку, името Бенкси е всушност псевдоним, кој, се претпоставува, го користи Робин Гуннингхам, за да креира сатирична улична уметност, заради која честопати е под закана од полицијата. Идентитетот сè уште со сигурност не му е откриен, но таа мистерија ја прави неговата уметност уште повеќе карактеристична и заводлива. За себе, тој самиот вели: „Не сум во можност да коментирам за тоа кој може, а кој не може да биде Бенкси, но секој што е опишан како добар цртач, мене не ми звучи како Бенкси." Својата кариера како уметник на графити ја започнува кон крајот на 80-тите години од минатиот век, најпрво цртајќи графити во британското подземно метро, за потоа да продолжи на улици, ѕидови, мостови и
занимливости сите останати видови јавни површини низ целиот свет. Познат е по своето критичко непочитување кон владата на Велика Британија, кое го искажува метафорично преку своите графити, а владата неговите дела ги смета за чист вандализам. Во една од ретките промоции во јавноста, Бенкси се има појавено во „Тејт“ галеријата, облечен како старец, и притоа залепил една слика на ѕидовите од галеријата како знак на протест поради војната во Ирак. Запрашан за својата техника, Банкси изјавил: „Јас користам сè што е потребно. Понекогаш тоа значи само доцртување на мустаќи на лицето на девојката од некој билборд, а понекогаш тоа значи препотување со денови над сложен цртеж. Клучот е во ефективноста".
ТЕХНИКА
Матриците му се традиционално исцртани со рака или испечатени на листови или картон, пред да бидат шематски исечени. Заради природата на работата
и таинствениот идентитет, не е прецизно јасно што користи како техника за генерирање на сликите во матрицата, иако се претпоставува дека користи компјутер за некои од своите слики. Во својата книга „Wall and Peace“, спомнува дека кога почнал да ги црта графитите бил премногу бавен, дека бил фаќан на дело и дека не можел да го заврши графитот само со едно цртање. Затоа, тој одлучил да смисли серија на сложени матрици, за да го минимизира времето и совпаѓањето на боите. Најчести теми, кои ги обработува во своите графити преку еден црн хумор, се критичката претстава на војните, членовите на кралското семејство, односите во владеачката гарнитура и глобалното загадување на земјата. Честопати микса свои идеи со класични уметнички дела од светски познати сликари, како што е на пример творештвото на Моне. Бенкси не ги продава своите слики од уличните графити, а
може да се изброи на прсти колку пати дал интервју, откривајќи дека дури и неговите родители веруваат дека тој работи како сликар и декоратер.
ОСКАР
Оваа година, неговата мистериозност е ставена на тежок испит: номиниран е за Оскар во категоријата за Најдобар документарен филм за филмот "Exit Through The Gift Shop". Затоа, главното прашање кое се поставува е, доколку тој го добие Оскарот, дали ќе се појави на сцената за да ја прими наградата, иако тешко е да се поверува дека ќе ја жртвува својата анонимност заради триесетте секунди оскаровски говор и аплауз. Во предвечерието на печатењето на овој број на ПОРТА 3 веќе ќе се знае дали Банкси ќе го добие Оскарот и дали ќе се појави на сцена, можеби овој пат облечен во животински костим. Александра Петровска,
дипл.инж.арх.
Мистериозните графити на Бенкси ИГРА Идентитетот сè уште со сигурност не му е откриен, но таа мистерија ја прави неговата уметност уште повеќе карактеристична и заводлива
3
25 февруари 2011 ПОРТА
61
совети - Дали можете да ни дадете предлог како во стан со една голема соба, мала дневна и кујна, да организираме модерен дом за млад брачен пар без деца? Би сакале одделна спална соба, дневна, трпезарија и кујна. Семејство МариНОВи пред
НОВО реШеНие За ДВОСОБеН СтаН
С
о цел да се подобри функционалното решение на станот, потребно е ослободување на неговиот централен дел со што ќе може да се формира пријатен простор за дневен престој. Конструктивниот склоп не претставува ограничување за реорганизација на просторот. Кујната останува на истото место, но се отвора кон дневната соба со пулт и расклопна мини трпезариска маса. Дневниот простор така изгледа поголем, бидејќи ги спојува трпезаријата, кујната и делот за одмор и дружење. Големата соба сега се намалува и се преуредува во спална. Пред неа се формира мал дегажман со гардеробен плакар и големо огледало. Спалната соба е доволно голема за во неа да
62
3
ПОРТА
25 февруари 2011
се смести брачен кревет со фиока за чување постелнина. Едноставните форми на мебел, како за спалната така и за дневната соба, добро ќе се вклопат со топлите бои на завесите, прекривките и нежните тонови на ѕидовите. На пазарот сè повеќе се нуди мебел од масивно дрво во нова интерпретација, а делува лесно и модерно. Дабот се смета за крал на дрвото. Мебелот изработен од него, со јасни линии и елегантна форма, е универзален за сите времиња. Амбиентот надополнете го со бројни индиректни извори на светлина кои ќе создадат пријатна атмосфера. Билјана СтеВкОВСка-СаВиЌ, дипл.инж.арх.
bibisavic@yahoo.com
потоа
Коцка заглавена меѓу два сини диска
В
о светот постоеле многу обиди за атрактивни архитектонски решенија на хотелски капацитети и тој е преполн со такви реализирани визии. Доволно е да се фрли поглед на Дубаи, на Париз или новите концепти за хотели во Кина. Кај сите нив е заедничко што се прави обид да се направи невозможното. Секоја од овие градби настојува да биде специфична, да се издигне повисоко, надворешно да се
модифицира до степен кога вложените пари ќе ја задоволат човековата фантазија. Но, германската практичност уште еднаш излезе на виделина, кога со едноставни линии успеа да го направи најпрепознатливиот германски хотел „Радисон блу“ во Франкфурт, пуштен во употреба во 2004 година. Тој се смета за единствен хотел изграден во кружна форма, а изгледа како да е вметнат во квадратен сендвич. Дизајнот на
најчудните градби на светот
хотелот е дело на лондонскиот архитект Џон Сајферт, додека за внатрешното уредување се погрижиле американецот Адам Тихани и италијанецот Матео Тун. Имено, самиот Сајферт вели дека ова е единствениот стаклен хотел кој се состои од коцка заглавена меѓу два сини диска. Хотелот располага со 428 соби распоредени на 17 катови и поседува апсолутно сè што се нуди како иновација на планот на хотелиерството. Се споменуваат
лебдечки мостови, водопади од стакло, винска кула... Уште со самото отворање хотелот ја добил престижната награда за зелена инвестиција, заради бројните технички „чуда“ кои штедат енергија, вода и минимално ја загадуваат околината. На врвот од кружниот диск на овој чудесен хотел, се наоѓа кровна тераса која нуди фантастична панорама на центарот на Франкфурт. Драган риСтОВ
3
25 февруари 2011 ПОРТА
63
ИЗЛОГ
Холандскиот дизајнер Robert Bronwasser ја осмислил оваа закачалка за капути во облик на дрво. Таа собира дури и до 20 капути.
софа дизајнирана од студиото Younes Duret, која овозможува седење над полицата за чување книги.
64
3
ПОРТА
25 февруари 2011
Оваа интересна полица направена од глина, која може да најде своја примена во кујнскиот простор, ја создал шведскиот дизајнер Mans Salomonsen. Наменета е за чување овошје, зеленчук и растенија во горната зона. Полица во форма на грозд за складирање вино... од Robert Bronwasser.
подготви: Сандра ДОНчеВа дипл.инж.арх.
Повеќенаменска полица во форма на дрво. може да служи за чување книги, цедеа, списанија, но и како закачалка... Дизајнот е на X-Abitare.
3
25 февруари 2011 ПОРТА
65
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 12/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 04/2011 Назив на договорниот орган: АД ТЕЦ НЕГОТИНО, с. Дуброво, 1440, Неготино. ПРЕДМЕТ: Изведба на коси кровови – 2. Контакт тел/факс: 043 361-586, 043 361-875, лице за контакт: Никола Ангеловски. Јавно отворање на понудите на ден 03.03.2011 год. БРОЈ: 07/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Вршење на овластен градежен надзор на објекти инвестирани од Град Скопје. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 24.03.2011 год. БРОЈ: 18/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма за комплетна изведба на бунари за технолошка вода за поливање на јавните зелени површини на територија на општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 01.03.2011 год. БРОЈ: II-3/2011 Назив на договорниот орган: Агенција за млади и спорт, ул. “Френклин Рузвелт“ бр. 34, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на Основен и Изведбен проект со ревизија за повеќенаменска спортска сала во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Контакт тел/факс: 3296-171, 02 3117-693, лице за контакт: Љупчо Трајчев. Јавно отворање на понудите на ден 01.03.2011 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 13/2011 КОНКУРСИ ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 14/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Конкурс за избор на идејно решение за Реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на Плоштад “Пела“, објект со адреса на: ул. “Вељко Влаховиќ“ бр. 2 и ул. “11ти Октомври“ бр. 4. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 11.03.2011 година. ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 05-215/2011 Назив на договорниот орган: Општина Илинден, ул. “9“ бб, 1041, Илинден. ПРЕДМЕТ:
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 18/2011
Закон за изменување и дополнување на законот за градење Закон за изменување и дополнување на законот за просторно и урбанистичко планирање
Реконструкција на објект на Дом на култура во н.м. Кадино. Контакт тел/факс: 2571-703, лице за контакт: Весна Стојановска. Јавно отворање на понудите на ден 01.03.2011 год. БРОЈ: 01/2011 Назив на договорниот орган: Општина Центар Жупа, Центар Жупа бб, 1258, Центар Жупа. ПРЕДМЕТ: Изработка на урбанистички планови и ревизија на истите. Контакт тел/факс: 070 558-975, 046 840-353, лице за контакт: Рамис Сулејмановски. Јавно отворање на понудите на ден 01.03.2011 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 14/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 05/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Надградба и реконструкција на објект – Управна зграда на Министерство за транспорт и врски во Скопје, локација: Центар – Мал Ринг, КII 9513 КО Центар 1. Контакт тел/факс: +389 02 3145-530, 3226392, лице за контакт: Елена Ангеловска. Пријавите за учество да се достават најдоцна до: 14.03.2011 година. БРОЈ: 13/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на инвестиционо техничка документација во сите фази од областа на градежништвото, машинството, електриката, инфраструктурата, високоградбата, нискоградбата, еколошките елаборати и архитектурата. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 04.04.2011 год. БРОЈ: 18/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Санација и реконструкција на тротоари. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 02.03.2011 год. БРОЈ: 19/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Санација и реконструкција на улици. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 04.03.2011 год.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА Број на огласот за кој се однесува поништувањето: 53/2010 Назив на договорниот орган:
Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација за објекти: Бејбунар Блок 7.10 и Бејбунар Блок 7.11 во Охрид. Контакт тел/факс: 3213-776, 3225-094, лице за контакт: Зоран Дамјанов.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 15/2011 ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 148/2010 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: 1. Изработка на архитектонско – урбанистичко идејно решение за уредување на тематски парк за рекреација, забави и панорамско разгледување на градот – панорамското тркало во централно градско подрачје на Скопје – мал ринг. 2. Дали постапката е спроведена од Централно тело: Не 3. Дали конкурсот е реализиран од група на договорни органи: Не 4. Референтна номенклатура (ОПЈН) Прогласување на најдобро рангиран учесник/учесници и награди 1. Број на учесници на конкурсот за избор ја идејно решение: 2 2. Име/имиња на најдобро рангираниот учесник/ учесници на конкурсот за избор на идејно решение: Име Презиме Доц. Др. Арх. Јован Стефановски Мр. Арх. Ивана Стефановска Цветковска 3. Дополнителни информации (доколку е потребно) 4. Датум на доставување до Биро за јавни набавки: 23.12.2010.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 171/2010 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: 1. Изработка на идејно решение за дизајн на постамент за поставување на скулптурите во склоп на Парк на цивилизациите – дел од Градски парк. 2. Дали постапката е спроведена од Централно тело: Не 3. Дали конкурсот е реализиран од група на договорни органи: Не 4. Референтна номенклатура (ОПЈН) Прогласување на најдобро рангиран учесник/учесници и награди 1. Број на учесници на конкурсот за избор на идејно решение: 2 2. Име/имиња на најдобро рангираниот учесник/ учесници на конкурсот за избор на идејно решение: Име Презиме Богдан Настески – Герман 3. Дополнителни информации (доколку е потребно) 4. Датум на доставување до Биро за јавни набавки: 07.02.2011
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува
известувањето: 171/2010 Назив на ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 20/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Атмосферска канализација Ф 800 мм по ул. “Александар Урдаревски“ за гробишта Бутел – прв дел. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 07.03.2011 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 17/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: III-2/2011 Назив на договорниот орган: Агенција за млади и спорт, ул. “Френклин Рузвелт“ бр. 34, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на Затворена спортска сала во Јавна Установа Дом за деца “11 Октомври“ во Општина Центар. Контакт тел/факс: 3296-171, 3117-693, лице за контакт: Љупчо Трајчев. Јавно отворање на понудите на ден 17.03.2011 год. БРОЈ: 01/2011 Назив на договорниот орган: ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. “Лазар Личеноски“ бр. 27, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни и градежнозанаетчиски работи за изградба на управна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје, според Изведбен проект со сите фази. Контакт тел/факс: 02 3240-351, 02 3116-776, лице за контакт: Луиза Накова Кардулоска. Пријавите за учество да се достават најдоцна до: 03.03.2011 година. БРОЈ: 01/2011 Назив на договорниот орган: Општина Брвеница, ул. “Маршал Тито“ бб-с. Брвеница, 1216, с. Брвеница. ПРЕДМЕТ: Склучување на рамковна спогодба за изградба на улици, тротоари, платоа и други урбани површини, изведување на водоводни линии као и фекални и атмосферски канализации во н.м. во општина Брвеница. Контакт тел/факс: 044 456-015, 044 456670, лице за контакт: Хаќим Рамадани. Јавно отворање на понудите на ден 07.03.2011 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 18/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 24/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на паркинг – Зоолошка градина. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 10.03.2011 год.
ДООЕЛ ТАТЈАНА
www.porta3.com.mk
јавни набавки
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
рубрика
3
25 февруари 2011 ПОРТА
67
www.ading.com.mk состојка на секоја градба
Посетете го нашиот штанд на саемот за градежништво
Build&Construct
Скопски саем, 01-05 Март 2011, хала бр.1