227

Page 1

ПОРТА

227 ДЕКЕМВРИ 2014

Редакцијата на „Порта 3“ на своите читатели им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници

Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

PORTA

BROJ 43 SABOTA 30.09.2006 g. CENA 30 DEN.

e-mail:porta3@mt.net.mk

PORTA

Proektirawe, istra`uvawe, izveduvawe, kontrola i nadzor na objekti od niskogradba, visokogradba i hidrogradba

BROJ 61 SABOTA 30.06. 2007 g. CENA 30 DEN.

Tel: 3109 311, 3132 923, 3132 924

PORTA

IZLEGUVA DVA PATI MESE^NO

IZLEGUVA DVA PATI MESE^NO

IZLEGUVA DVA PATI MESE^NO

Proektirawe, istra`uvawe, izveduvawe, kontrola i nadzor na objekti od niskogradba, visokogradba i hidrogradba

e-mail:porta3@mt.net.mk

ARHITEKT @IVKO POPOVSKI

BROJ 76 PETOK 15.02. 2008 g. CENA 30 DEN.

Tel: 3109 311, 3132 923, 3132 924

e-mail:porta3@mt.net.mk

Proektirawe, istra`uvawe, izveduvawe, kontrola i nadzor na objekti od niskogradba, visokogradba i hidrogradba

Tel: 3109 311, 3132 923, 3132 924

IZGLASAN NOVIOT ZAKON ZA ZA[TITA OD BU^AVATA

Se slu~uvaat slu~uvaat improvizacii poradi koi ostanuvame ostanuvame trajno osakateni za odredeni vrednosti

Sti{ete se, }e sleduvaat visoki kazni

Str.12

Complete solutions Trimo Makedonija dooel Skopje

tel: +389 23 22 15 46, mob. +389 71 85 19 42 e-mail: trimo_mk@yahoo.com, www.trimo.si

Str.3

Kolku e zelen na{iot prostor

(Str. 2)

ARHITEKTITE RAN^O HRISTOV I MIODRAG BATO RADOWI] OD ATELJE „AJVAR#

DGKM DRU[TVO NA GRADE@NITE KONSTRUKTORI NA MAKEDONIJA

Dr`avata ne treba da ni pomaga, tuku da ne ni odmaga

Partizanski odredi 24, P.Fah 560,1001 Skopje Mkedonija

Str.14

GOCE AXI-MITREVSKI, PROFESOR NA ARHITEKTONSKIOT FAKULTET OD SKOPJE

Nagradata „Andrej Damjanov“ za profesor Aleksandar Nikoqski

Mora da ja izdvoime elitata me|u arhitektite

(Str 8)

Toni |ubre vrz prirodata i sovesta 12)

Str.3

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ#

ZAVOD ZA ISPITUVAWE NA MATERIJALI I RAZVOJ NA NOVI TEHNOLOGII „SKOPJE#- SKOPJE

(STR.

GRADE@EN INSTITUT „MAKEDONIJA“ AD SKOPJE

30 godini tradicija

30 godini tradicija tel/fah 3 114 360 3 114 165

liting@mt.net.com www.liting.com.mk

tel/fah 3 114 360 3 114 165

ORIGINALNI AL.PROFILI OD ALUMIL-GRCIJA SO CERTIFIKAT I PO NAJPOVOLNI CENI SAMO VO PRODA@NITE SALONI NA SIBAKS-MS VO \OR^E PETROV

ORIGINALNI AL.PROFILI OD ALUMIL-GRCIJA SO CERTIFIKAT I PO NAJPOVOLNI CENI SAMO VO PRODA@NITE SALONI NA SIBAKS-MS VO \OR^E PETROV

liting@mt.net.com www.liting.com.mk

Lexan & plexy

GRADE@EN INSTITUT „MAKEDONIJA“ AD SKOPJE

R

Building excellence every day

Broj

100 sabota 14.02.2009

godina v. cena 90 den. g

www.porta3.com.mk Tel: 3109311, 3132 923, 3132 924 e-mail:porta3@t-home.mk e-mail:porta3@porta3.com.mk

100

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

BROJA SO VAS

Kинеска „ЛЕКЦИЈА“

цена: 90 денари

од градежништво

БРОЈ 139 ПЕТОК 10.09.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

ISSN 1409-7389

за

магнет посетители

ДАНОК НА СПАЛНА СОБА!

90 денари / БРОЈ 200 / ПЕТОК 08.02.2013 година IX

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Cidade de Deus

неформално социјално домување

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

26 јули

1963 - 2013

90 денари / БРОЈ 210 / ПЕТОК 26.07.2013 година IX

броја

со ва

с

200

ЗВОНКО ТАСЕВСКИ:

Архитектите не смеат да дозволат рамнодушност и затапеност

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ#

ZAVOD ZA ISPITUVAWE NA MATERIJALI I RAZVOJ NA NOVI TEHNOLOGII „SKOPJE#- SKOPJE

30 godini tradicija tel/fah 3 114 360 3 114 165

liting@mt.net.com www.liting.com.mk

DGKM DRU[TVO NA GRADE@NITE KONSTRUKTORI NA MAKEDONIJA Partizanski odredi 24, P.Fah 560,1001 Skopje Mkedonija

„ЖИВА“ ЗГРАДА

И виенчаните прават грешки!

КАМЕНОТ

КАКО ЕЛЕМЕНТ ВО ГРАДИНАТА

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА... БЕСПЛАТНО!

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 196 / ПЕТОК 30.11.2012 година VIII

PORTA

GRADE@NI[TVO ARHITEKTURA EKOLOGIJA

Centrala 032/458-034; Direktor 032/458-059

Centrala 032/458-034; Direktor 032/458-059

GRADE@EN INSTITUT „MAKEDONIJA“ AD SKOPJE

90 денари / БРОЈ 157 / ПЕТОК 20.05.2011 година VII

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ#

ZAVOD ZA ISPITUVAWE NA MATERIJALI I RAZVOJ NA NOVI TEHNOLOGII „SKOPJE#- SKOPJE

ПОГЛЕД НА МАКЕДОНИЈА НИЗ ХЕКСАГОНИТЕ НА ПЧЕЛИНОТО ГНЕЗДО

ALUMIL.D.O.O. SKOPJE ul.Prvomajska 74a, 1000 SKOPJE Tel./Faks: 02/2460-350 02/2466-200 e-mail: info.skopje@alumil.com www. alumil. com

СКОПЈЕ ЕМ КОПИЛЕ, ЕМ ПОДЕЛЕНО

PIXEL - Еколошки пример

ПОРТА ПОР РТА ГРАДЕЖ НИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

10

90 ДЕНАРИ

ГОДИНИ ЗАЕДНО!


Изолациски панели

Изолациони панели и фасади Спортски центар „Јане Сандански“, Скопје

CE Glass отвора фабрика од најсовремен тип

Спортска сала, Краљево, Србија

Фабрика за вода, “MG MIVELA”, Трстеник, Србија

„...изолациски материјал со високи перформанси, со херметички спојки и без празнини во меѓупросторот кои сите заедно ги унапредуваат термалните перформанси на обвивката на објектот. Ова значително ја намалува потрошувачката на енергија...“

Што претставува X-dekTM? Кровни решенија од рамен тип, кои се протегаат на голема површина, од Kingspan врз основа на концептот на композитни панели. Изолацискиот материјал е во вид на IPN пена и овозможува одлични термални и својства во случај на пожар.

Инвеститор: CE Glass Industries Архитект: Новак Епитезирода (Novák Építésziroda) Место: Затимаз (Szatymaz), Унгарија Добавувач на панелите: KS1000XM (Кровни панели од рамен тип кои се протегаат на голема површина)

www.kingspan.mk

KS1150TL (

ѕидни решенија)

KS1000FA (акустични ѕидни панели)

Како наследник на Зиланк (Szilánk), CE Glass Industries прерасна во една од најголемите фирми кои работат со големопродажба на стакло, негова обработка како и производство на машини во југоисточна Европа во последните 25 години. Брзиот развој на регионот ја наметна потребата од нова, современа фабрика која ги задоволува актуелните и идни барања за соодветен енергетски учинок. Производствениот капацитетот на фабриката изнесува 5 милиони квадратни метри стакло годишно. Kingspan беше вклучена во целиот процес на проектирање, изведба и примопредавање на производствената хала од 13.000 квадратни метри, салата за логистика од 8.000 квадратни метри како и на административниот објект со зелени карактеристики.


ГОДИНА X

БРОЈ 227 ПЕТОК 26.12.2014 Редакција:

Инвестирајте во „енергетска ефикасност“

10 години Порта 3

ИНФО 07

08

ААМ - СУШТИНСКИ СЕГМЕНТ НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТОНСКА ИСТОРИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО 08

АДИНГ ВО КАЗАХСТАН: ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИШТА СО ЦЕМЕНТНО-БЕТОНСКИ КОЛОВОЗ

ГРАДЕЖНИШТВО 16

ТРАНСПОРТНА АРТЕРИЈА НА ДЕБАР СО ОСТАНАТИТЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА

УРБАНИЗАМ 24

16

28

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УРБАНА СРЕДИНА

АРХИТЕКТУРА ИНФО 28

СКОПЈЕ: УЧИМЕ И ЧИТАМЕ ОД ГРАДОТ (ОБЈЕКТИ/АРТЕФАКТИ КАКО СИМБОЛИ НА ГРАДОТ)

ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ 32 ФРЕНК ГЕРИ: ГОЛЕМ ПАРИСКИ МОМЕНТ ЗА КАРИЕРАТА НА АРХИТЕКТОТ

АРХИТЕКТУРА ИНФО 40

32

40

ПРОСТОР ВО КОЈ СЕ СЛАВИ УМЕТНОСТА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ЦРТЕЖ

ШКОТСКА: НАДАЛЕКУ ПРЕПОЗНАТЛИВ АРХИТЕКТОНСКИ ИДЕНТИТЕТ

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 59 АГРИКУЛТУРНА, САМООДРЖЛИВА ГРАДИНКА ВО ВИЕТНАМ

44

ЕНТЕРИЕР 62

ОД ЕКСПЕРИМЕНТ ДО РЕАЛИЗАЦИЈА

ЕКСПЕРТ 72

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 76 SURREY MEMORIAL - БОЛНИЦА ДИЗАЈНИРАНА ЗА ГРИЖА

72

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

Печати: Маркетинг:

ЗАГАДУВАЊЕТО - НУЖНО ЗЛО?!

АРТ 92

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ЕКОЛОГИЈА 84

ПРОШЕТКА ПО „МУЗЕЈСКАТА ПАТЕКА“ ВО ЊУЈОРК

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Анастасија СПАСОВСКА Билјана САВИЌ Наталија ЗАФИРОСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Мирче КОКАЛЕВСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ТАЛЕНТ БЕЗ ГРАНИЦИ

ДОСТОЕН РАСТ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

лектор: Костадинка СОЛЕВА

АРХИТЕКТУРА 44

ТЕХНОЛОГИИ 80

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

80

Рубриката „енергетска ефикасност“ е иницирана од ПроКредит Банка во партнерство со Порта3. Со Еко Кредитите од ПроКредит Банка по повластени услови можете да ги реализирате сите Ваши проекти кои заштедуваат енергија и имаат помала емисија на CO2 во атмосферата.

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

92

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


10 години Порта3

Книгата беше

Т

окму пред девет години кога го одбележувавме првиот роденден на „Порта 3“, на пригодниот уводник по тој повод му дадов наслов „Книгата останува отворена“. Тој наслов го позајмив, пак, од она што го напишав во уводникот на првиот број на „Порта 3“ кој излезе ова време пред десет години или попрецизно, на 29 декември 2004 година. Тогаш, понесени од идејата дека и на овие простори може да има весник или списание, тематско или еснафско, како сакате, некои луѓе сметаа дека тоа мора да се направи. Идејата беше на сегашниот генерален директор на „Адинг“, Благоја Дончев. Партнерот во нејзината реализација беше мојата маленкост. Падна договор. „Адинг“ во најголем можен дел ќе го спонзорира, или поедноставно, ќе го поддржува излегувањето на „Порта 3“. А јас со новинарската екипа да се грижиме за новинарскиот дел. Наидовме на сесрдна поддршка и кај Печатницата „Европа 92“. Оттогаш наваму овие две компании се главните „виновници“ што „Порта 3“ сè уште е „отворена книга“. Се разбира, и со големата поддршка на десетина компании кои речиси цело време се со нас, но и десетици други кои повремено ни даваа поддршка, знаејќи дека ваквиот вид списанија, за да опстанат на пазарот мораат, во прв ред, да ја имаат поткрепата од еснафот. А тој разбра дека нему му е место на страниците на „Порта 3“. И така, со големата поддршка на луѓето што ги водат тие компании и кои веруваат во она што го произведува „Порта 3“ и во нејзината работа, стигнавме на прагот на 11. година. 4

4

ПОРТА

26 декември 2014

За првата година од списанието добивме многу честитки и посакувања, „Порта 3“ да расне и да стане сè подобра и подобра. Беше речено дека таа „пополнила празнина во пишаниот збор“, дека „успеа да влезе во медиумските води со нови идеи и нови погледи, се доближи до читателот со желба не само да го информира туку и да го едуцира“, дека „иако не е сосема стручно списание, сосема е надвор од клишеата во новинарството во земјата, кое во голем дел е опседнато со политики и скандали“. Се кажа дека е „видлива тенденцијата на Редакцијата да ги афирмира, пред сè, домашните стручни лица од областа на архитектурата и градежништвото, а истовремено редовно се прикажуваат и надворешни архитекти со светско реноме заедно со нивните дела. Таа е освежување за науката, развојот и технологијата“.

Имаше посакувања, „Порта 3“ да почне да излегува на убава хартија и да има квалитет кој прилега на таков вид списанија... Имаше идеи за воведување нови рубрики: хортикултура, внатрешно уредување, заштита на културното наследство... Низ што сè поминавме во изминатите десет години? Одговорот на сите кои се во „Порта 3“, околу неа и пошироко, им е јасен, затоа што сите сме дел од она што се случува и се случуваше во државава. Го делевме и го делиме и доброто и лошото во водењето на бизнисот во овие тешки времиња. А издавањето медиум не е помалку бизнис од оној што го имаат други компании. „Порта 3“ почна како списание кое излегуваше двапати месечно, со формат кој одговараше на тогашниот концепт. Списание со мноштво вести од Скопје, државата, Балканот и од светот. Се


10 години Порта3

и остана отворена читателите. Она што го изгубивме со промена на дизајнот и форматот на списанието и преминувањето на квалитетен печат, големата информативност, сега одново се враќа преку електронското издание. Па така, печатеното и електронското издание меѓусебно се надополнуваат. Секако, ова бараше нова жртва. За да можеме да се справиме со потребата од нови дополнителни трошоци, се одлучи печатеното списание наместо двапати, да излегува еднаш месечно. Носењето на бизнис одлуките се тешка работа, но веруваме дека таа беше исправна. Првите впечатоци се дека ваквиот чекор се покажа успешен. Се зголеми бројот на читателската публика. Имаме речиси десет илјади регистрирани пријатели на електронското издание. Веруваме дека најмногу од нив се младите. Но, исто така успеавме да го стабилизираме тиражот на печатеното издание на ниво кое одговара на потребите на читателите. За изминативе десет години „Порта 3“ испечати 227 броја. Илјадници страници. Низ нив продефилираа стотици авторски имиња, од новинари, студенти, асистенти, професори, експерти во разни области од државава и од странство. Мора да се искаже голема благодарност до нив, зашто без нив „Порта 3“ ќе беше посиромашна. Нивното учество потврдува дека „Книгата била и останува отворена“. Благодарност и за поддршката од компаниите што сфатија што значи таа за „Порта 3“, за нив, но и за фелата пошироко.

Мирче АДАМЧЕВСКИ

ПОРТА

227 ДЕКЕМВРИ 2014

Редакцијата на „Порта 3“ на своите читатели им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници

ГР А ДЕ ЖН И ШТВО А Р Х И ТЕ КТУР А Е КО ЛО ГИ ЈА

PORTA

e-mail:porta3@mt.net.mk

PORTA

Proektirawe, istra`uvawe, izveduvawe, kontrola i nadzor na objekti od niskogradba, visokogradba i hidrogradba

BROJ 61 SABOTA 30.06. 2007 g. CENA 30 DEN.

Tel: 3109 311, 3132 923, 3132 924

PORTA

IZLEGUVA DVA PATI MESE^NO

IZLEGUVA DVA PATI MESE^NO

IZLEGUVA DVA PATI MESE^NO

BROJ 43 SABOTA 30.09.2006 g. CENA 30 DEN.

Proektirawe, istra`uvawe, izveduvawe, kontrola i nadzor na objekti od niskogradba, visokogradba i hidrogradba

e-mail:porta3@mt.net.mk

ARHITEKT @IVKO POPOVSKI

BROJ 76 PETOK 15.02. 2008 g. CENA 30 DEN.

Tel: 3109 311, 3132 923, 3132 924

e-mail:porta3@mt.net.mk

Proektirawe, istra`uvawe, izveduvawe, kontrola i nadzor na objekti od niskogradba, visokogradba i hidrogradba

Tel: 3109 311, 3132 923, 3132 924

IZGLASAN NOVIOT ZAKON ZA ZA[TITA OD BU^AVATA

Se slu~uvaat slu~uvaat improvizacii poradi koi ostanuvame ostanuvame trajno osakateni za odredeni vrednosti

Sti{ete se, }e sleduvaat visoki kazni

Str.12

Complete solutions Trimo Makedonija dooel Skopje

tel: +389 23 22 15 46, mob. +389 71 85 19 42 e-mail: trimo_mk@yahoo.com, www.trimo.si

Str.3

Kolku e zelen na{iot prostor

(Str. 2)

ARHITEKTITE RAN^O HRISTOV I MIODRAG BATO RADOWI] OD ATELJE „AJVAR#

DGKM DRU[TVO NA GRADE@NITE KONSTRUKTORI NA MAKEDONIJA

Dr`avata ne treba da ni pomaga, tuku da ne ni odmaga

Partizanski odredi 24, P.Fah 560,1001 Skopje Mkedonija

Str.14

GOCE AXI-MITREVSKI, PROFESOR NA ARHITEKTONSKIOT FAKULTET OD SKOPJE

Nagradata „Andrej Damjanov“ za profesor Aleksandar Nikoqski

Mora da ja izdvoime elitata me|u arhitektite

(Str 8)

Toni |ubre vrz prirodata i sovesta 12)

Str.3

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ#

ZAVOD ZA ISPITUVAWE NA MATERIJALI I RAZVOJ NA NOVI TEHNOLOGII „SKOPJE#- SKOPJE

(STR.

GRADE@EN INSTITUT „MAKEDONIJA“ AD SKOPJE

30 godini tradicija

30 godini tradicija tel/fah 3 114 360 3 114 165

liting@mt.net.com www.liting.com.mk

tel/fah 3 114 360 3 114 165

ORIGINALNI AL.PROFILI OD ALUMIL-GRCIJA SO CERTIFIKAT I PO NAJPOVOLNI CENI SAMO VO PRODA@NITE SALONI NA SIBAKS-MS VO \OR^E PETROV

ORIGINALNI AL.PROFILI OD ALUMIL-GRCIJA SO CERTIFIKAT I PO NAJPOVOLNI CENI SAMO VO PRODA@NITE SALONI NA SIBAKS-MS VO \OR^E PETROV

liting@mt.net.com www.liting.com.mk

Lexan & plexy

GRADE@EN INSTITUT „MAKEDONIJA“ AD SKOPJE

R

Building excellence every day

GRADE@NI[TVO ARHITEKTURA EKOLOGIJA Broj

100 sabota 14.02.2009

godina v. cena 90 den. g

www.porta3.com.mk

100

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

BROJA SO VAS

Kинеска „ЛЕКЦИЈА“

цена: 90 денари

од градежништво

БРОЈ 139 ПЕТОК 10.09.2010 година VI www.porta3.com.mk e-mail: porta3@porta3.com.mk Тел: 3109 311, 3132 923, Факс: 3132 924

ISSN 1409-7389

за

магнет

посетители

ДАНОК НА СПАЛНА СОБА! ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Cidade de Deus

неформално социјално домување

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

26 јули

1963 - 2013

90 денари / БРОЈ 210 / ПЕТОК 26.07.2013 година IX

вас

200

ЗВОНКО ТАСЕВСКИ:

Архитектите не смеат да дозволат рамнодушност и затапеност

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ#

GRADE@EN INSTITUT „MAKEDONIJA“ AD SKOPJE

ZAVOD ZA ISPITUVAWE NA MATERIJALI I RAZVOJ NA NOVI TEHNOLOGII „SKOPJE#- SKOPJE

30 godini tradicija tel/fah 3 114 360 3 114 165

liting@mt.net.com www.liting.com.mk

DGKM DRU[TVO NA GRADE@NITE KONSTRUKTORI NA MAKEDONIJA Partizanski odredi 24, P.Fah 560,1001 Skopje Mkedonija

„ЖИВА“ ЗГРАДА

И виенчаните прават грешки!

КАМЕНОТ

КАКО ЕЛЕМЕНТ ВО ГРАДИНАТА

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА... БЕСПЛАТНО!

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 196 / ПЕТОК 30.11.2012 година VIII

PORTA

Tel: 3109311, 3132 923, 3132 924 e-mail:porta3@t-home.mk e-mail:porta3@porta3.com.mk

Centrala 032/458-034; Direktor 032/458-059

Centrala 032/458-034; Direktor 032/458-059

90 денари / БРОЈ 157 / ПЕТОК 20.05.2011 година VII

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ#

ZAVOD ZA ISPITUVAWE NA MATERIJALI I RAZVOJ NA NOVI TEHNOLOGII „SKOPJE#- SKOPJE

ПОГЛЕД НА МАКЕДОНИЈА НИЗ ХЕКСАГОНИТЕ НА ПЧЕЛИНОТО ГНЕЗДО

ALUMIL.D.O.O. SKOPJE ul.Prvomajska 74a, 1000 SKOPJE Tel./Faks: 02/2460-350 02/2466-200 e-mail: info.skopje@alumil.com www. alumil. com

броја со

Денес, ако ја земете „Порта 3“ во раце ќе видите дека многу посакувања од нашите читатели кои беа искажани на првата годишнина, се реализираа. Можеби списанието со текот на времето изгуби во делот на информативноста, но затоа доби на друг план, не губејќи во квалитетот на содржините. И не само тоа. Се воведоа нови рубрики, иако тоа нè чинеше повеќе пари, преминавме да се печатиме на офсет печат, токму како што е тоа случај во светот со ваков вид списанија. Следејќи ги модерните времиња, „Порта 3“ не можеше да остане имуна на новите тeхнологии. Низ страниците на списанието струеја свежи идеи од млади соработници, кои полека се вклучуваат во него. Токму тие беа носителите на идејата да се направи збогатено електронско издание на списанието за поголема комуникација со

90 денари / БРОЈ 200 / ПЕТОК 08.02.2013 година IX

разбира, полно и со теми од областа на градежништвото, архитектурата и екологијата. Имаше шаренило од текстови кои извираа од секојдневното работење на општините, компаниите, власта. Беа третирани регионални и светски настани... Токму затоа „Порта 3“ сè уште е „отворена книга“. Дотолку повеќе што на нејзините страници се отвори простор за науката, за мислења и ставови на експертите. Имаше и полемики. Доволно е овде да ја споменам серијата текстови, која течеше повеќе од една година, а беше посветена на проектот „Скопје 2014“. Од тие текстови може да се направи цела книга, на чии страници би можело да се прочитаат искажувања на десетици, десетици архитекти, урбанисти, академици, историчари на уметност, за „Бурето барок“, како што носеше наслов едно од мислењата по тој повод.

СКОПЈЕ ЕМ КОПИЛЕ, ЕМ ПОДЕЛЕНО

PIXEL - Еколошки пример

ПОРТА ПОР РТА ГРАДЕЖНИШ ТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 ДЕНАРИ

ЗАЕДНО! 10 ГОДИНИ 26 декември 2014

ПОРТА

5

5


инфо

СОЊА ЧЕРЕПНАЛКОВСКА, ЛИЛЈАНА ХАЏИЕВСКА-АНТОВСКА И ВЕСНА ПОПОВСКА

Стандардизацијата е централен столб во економската и индустриската активност Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА Што подразбира современата стандардизација?  Модерната или како што вие ја нарековте современата стандардизација произлегува од индустријализацијата и е управувана од желбата за поголема продуктивност и ефикасна алокација на ресурси. И стандардите, и процесот на стандардизацијата, станаа единствена инфраструктура за економски и социјален развој. Тие функционираат како платформа за технолошки иновации и индустриски развој. Стандардизацијата е плод на Индустриската револуција и претставува модерно орудие за справување со предизвиците на 21 век. Со неа се постигнува редукција на различностите, сигурност на материјалот, поврзување на мрежи – интероперабилност, безбедност, олеснување на трговијата, подобро управување. Стандардизацијата помага во развојот на бизнисот и стратегиите на компаниите, преку воведување на стандарди внатре во самата компанија заради поквалитетни производи и поголема продуктивност. Основни цели на современата стандардизација се осигурување, дека производот, процесот или услугата се соодветни за нивната намена, здравје, безбедност и заштита на животната средина, економичност и ефикасност, економична употреба на материјалите, а сè со цел да се отстранат бариерите во трговијата, коензистентна употреба на терминологија, симболи и референтни документи. Какви сè тела за стандардизацијa постојат?  Современата стандардизација се одвива на повеќе нивоа. Меѓународна стандардизација која е активност во областа на стандардизацијата во која се вклучени соодветните тела за стандардизација од државите членки на меѓународната заедница, и тоа Меѓународната организација за стандардизација – ISO, Меѓународната електротехничка комисија - IEC, додека прва и најстара меѓународна организација за стандардизација е ITU – Меѓународната Унија за телекомуникации, порано позната како Меѓународна Унија за телеграф. Европската стандардизација, пак, е активност во областа на стандардизацијата во која се вклучени соодветните тела за стандардизација од европските држави. Во втората половина на 20 век, формирани се Европскиот комитет за стандардизација – CEN, Европскиот комитет за електротехничка стандардизација - CENELEC и Европскиот институт за телекомуникациски стандарди - ETSI. Регионална стандардизација е активност во областа на стандардизацијата во која се вклучени соодветните тела за стандардизација од земјите што припаѓаат на одреден географски, политички или економски регион. Национална стандардизација е активност 6

6

ПОРТА

26 декември 2014

во областа на стандардизацијата што се спроведува на ниво на поединечна држава.

каде нема европски и меѓународни стандарди се креираат изворни македонски стандарди.

Каде е Македонија на полето на стандардизацијата? Дали нашите стандарди се совпаѓаат со меѓународните и европските или, пак, кај нас ситуацијата е поинаква?  Во март 2003 година, основан е Институт за стандардизација на Република Македонија, како посебна јавна установа (ИСРМ), врз основа на Законот за стандардизација и Одлуката на Владата на Република Македонија. Целта на ИСРМ е да се воспостави, раководи и одржува национален систем на стандардизација, којшто ќе одговори на потребите од областа на стандардизацијата на пошироката заедница. Преку еднакво претставување на сите заинтересирани страни во работата на техничките работни тела на ИСРМ и нивното учество во подготовката на македонските стандарди, ИСРМ овозможува транспарентност на постапката за подготвување на македонските стандарди. Воспоставувајќи партнерски односи со органите на државната управа, во рамките на ИСРМ се усвојуваат и се издаваат македонски стандарди за поддршка на техничкото законодавство. По однос на прашањето дали нашите стандарди се совпаѓаат со меѓународните и европските, одговорот е да. ИСРМ ги презема европските и меѓународните стандарди со индосирање и во референтната ознака го додава префиксот МКС. По однос на европските стандарди ИСРМ во чекор ги следи сите новини и промени, и таа бројка обично се движи над 98 отсто на прифатени европски стандарди. Во оние области

Каква е постапката за подготовка на стандарди и стандардизациски документи?  Подготовката на стандардите без разлика дали тие се меѓународни, европски или национални, се базира врз основните принципи консензус, отвореност, транспарентност, национална посветеност и техничка кохерентност. Стандардите не ги подготвуваат телата за стандардизација, туку експертите од дадената област, организирани во технички тела. Телата за стандардизација имаат задача да ја координираат и организираат работата на техничките тела и да осигурат примена на основните принципи. Подготовката на стандардите се состои од неколку фази. Првата фаза е предлог за подготовка на стандард кој го доставува која било заинтересирана страна до националното тело за стандардизација. Втората фаза опфаќа постапка на прифаќање на предлогот од соодветните технички тела. Доколку станува збор за подготовка на стандард на европско ниво, Националните тела за стандардизација ги стопираат сите национални активности кои се од делокругот на предложениот проект, тие не иницираат нови проекти ниту ги ревидираат постоечките национални стандарди во таа област. Третата фаза е подготовка на нацрт текст на стандардот од страна на експертите од техничкото тело. Откако овој нацрт текст биде одобрен од техничкото тело, следува четвртата фаза на ставање на стандардот на јавна расправа. Во текот на оваа фаза, секоја заинтересирана


инфо страна може да коментира и да дава сугестии на нацрт текстот на стандардот. Овие собрани коментари се анализираат од страна на техничкото тело и на основа на нив се подготвува финална нацрт верзија. Во оваа фаза пет, финалниот нацрт стандард се става на формално гласање. Претпоследната фаза шест е публикување на стандардот. Кога станува збор за европски стандард, тогаш тој во рок од шест месеци откако е публикуван на европско ниво мора да биде усвоен на национално ниво. Националните тела за стандардизација членки на ISO, немаат обврска да ги усвојуваат сите меѓународни стандарди, туку само оние за кои има интерес. Со цел да се обезбеди актуелност на стандардите, тие се ревидираат во рок од пет години од денот на нивното објавување, што е фаза седум. Во книгата „Основи за стандардизацијата и сродните активности“, што пред неколку месеци ја промовиравте, зборувате за инфраструктурата за квалитет, што сè таа опфаќа?  Инфраструктурата за квалитет, со сите свои компоненти, обезбедува сообразност на производите и услугите со задолжителните барања, заштита на интересите на потрошувачите и бизнисите, и придонесува во одржувањето на квалитетот на производите и услугите. Системот

за инфраструктура за квалитет ги вклучува стандардизација, акредитација, метрологија, оцена на сообразност и надзор на пазарот. Акредитација е формално признавање на оспособеноста за извршување на одредени активности. Во постапка за акредитација може да се вклучат сите лаборатории кои изведуваат тестирање или калибрација, тела за сертификација на производи, системи и персонал и инспекциски тела. Метрологијата е воспоставување на прецизно, веродостојно и докажливо мерење. Една од најважните задачи на метрологијата е да ги остварува, да ги чува и одржува националните еталони и со калибрација или меѓулабораториска споредба да ја обезбедува нивната следливост. Оцената за сообразност е процес за усогласеност со основните барања, утврдени во релевантните директиви, односно законски и под законски прописи. Типични примери на активностите од оцена на сообразност се земање примероци, лабораториски испитувања, инспекција, верификација, сертификација. Надзор на пазарот ги вклучува активностите на државните органи, кои имаат задача да следат дали сите производи, кои се пласираат на пазарот, се во сообразност со одредбите на релевантната легислатива. Органите за надзор на пазарот ќе вршат надзор преку документацијата, а

доколку е потребно и физички и лабораториски контроли, врз основа на соодветни примероци. Додека пак Стандардизацијата е централен столб, а стандардите се важни алатки со кои се служат управувачките структури во организациите, како и алатки кога производот го обликуваме, испитуваме или сертифицираме, и не само за производот, туку и кога се работи за технолошки или производствени системи, или системи за давање услуги. Сите ние, секојдневно се среќаваме со знакот „СЕ“ на производите. Може ли накратко да ни кажете што значи тој знак?  Да, овој знак се среќава на многу производи во нашето опкружување, вклучувајќи од компјутери, до апарати за домаќинство, заштитна облека и опрема, медицински помагала. На знакот „СЕ“ подлежат сите призводи кои се опфатени со Директивите на ЕУ од Новиот приод. И оваа ознака „СЕ – Conformity European“, покажува дека производот е сообразен со суштесвените барања на европската регулатива, со оваа ознака се укажува дека производот е безбеден и дека производителот ги следел потребните процедури за оцена на сообразноста. Производите што ја имаат оваа ознака можат слободно да циркулираат низ целата европска економска област.

ААМ - суштински сегмент на македонската архитектонска историја

А

социјација на архитекти на Македонија е основана во 1952 година во Скопје како Друштво на архитекти на Македонија. Од 1980 до 1999 година, организацијата работи како Сојуз на архитекти на Македонија (САМ), а од 1999 година како Асоцијација на аритекти на Македонија (ААМ). Асоцијацијата на архитекти на Македонија е членка на Меѓународната унија на архитекти (UIA) и од 2008 година, благодарение на Министерството за култура на Р. Македонија, е членка посматрач на Архитектонскиот совет на Европа (ЕСЕ). Во рамките на Асоцијацијата на архитекти на Македонија дејствува и Архитектонската академија - АА во која членуваат дваесет и пет највидни архитекти - доајени на македонската архитектура и три почесни члена. Членовите на Академијата се добитници на наградата за животно дело и големи достигнувања на полето на архитектурата „Андреја Дамјанов“. ААМ е организатор на Биеналето на македонската архитектура - БИМАС, кое е воспоставено во 1981 година и на кое се презентира двогодишната продукција на македонските архитеки.

Една од многуте значајни манифестации на БИМАС е изложбата на Биеналето на студенти по архитектура – БИСТА, што традиционално ја организира Архитектонскиот факултет во Скопје. Асоцијацијата ги доделува следните награди: 1. „Голема годишна награда за архитектура“ за најуспешно реализиран објект во тековната година. Покровител на оваа награда е Претседателот на Р. Македонија. 2. „Гран при на БИМАС“ (Биенале на македонската архитектура) за најуспешен реализиран објект. 3. Награда „Андреја Дамјанов“ за животно дело и достигнувања од областа на архитектурата. Конкурсот како повод – став на УО на ААМ Архитектонски конкурс во Македонија е

уништена историја која долго време била создавана од безброј генерации архитекти, наши родители, баби и дедовци. Македонци. Голем број на архитекти, колеги, членови на ААМ имаат учествувано на низа архитектонски конкурси распишани од ресорните министерства, и тие во неколку наврати беа спроведени на непрофесионален начин од непрофесионалци. Од тие причини ААМ апелира до сите архитектонски -проектантски здруженија да не земаат учество на овие архитектонски конкурси затоа што тие се спроведуваат проформа. Претходно нарачателите имаат свој готов проект, и за него бараат поддржатели преку кои ќе биде спроведен проектот. Тие поддржатели се штетни за македонската архитектонска историја, и општо за целата македонска архитектонска сцена. ААМ е радикално против оваа практика!

26 декември 2014

ПОРТА

7

7


градежништво

АДИНГ ВО КАЗАХСТАН

Изградба на автопатишта со цементно-бетонски коловоз

Автопат Астана - Шчучинск

В

о 2007 година во Казахстан започна грандиозен потфат за реконструкција и изградба на инфраструктурната мрежа на земјата. Почетниот акцент наменски е ставен на мрежата на автопатишта со која треба да се обезбеди ефикасна врска помеѓу 14 регионални центри на земјата. По успешната изградба на првата експериментална делница на автопат со цементно-бетонски коловоз, од Астана кон Петропавловски,

Слободан МИНИЌ, дипл.град.инж. се донесува стратегиска одлука со која сите нови автопатишта трба да бидат изградени со коловози од цемент-бетон. Оваа инвестиција, секако, е поскапа за околу 30% во однос на патиштата со асфалтно-бетонски коловози, но е по погодна за локалните климатски услови и за понатамошното одржување. Во 2010 година започнуваат градежните работи на транзитниот коридор „Западна Кина - Западна Европа“ низ Казахстан, популарно Бетонска база

8

8

ПОРТА

26 декември 2014

наречен „патот на свилата“. Од местото Хоргос на границата со Кина па до границата со Русија, трасата се протега во должина од 2.787 км. Во 2012 и 2013 година започнува работењето на насоките Астана-југ (кон Караганди и Алмати), Астана-исток (кон Павлодар), а во подготовка е насоката Астана-запад (кон Актау), кој според обемот исто така се мери во илјадници километри. Ова се грандиозни финансиски и градежни зафати во кои се вклучени домашни и странски градежни фирми. Компанијата АДИНГ, преку својата филијала во градот Алмати, во 2008 година се вклучува во првиот проект, односно 57 км долгата делница АстанаШчучинск, каде што пласира адитиви за бетон како и учество на свои стручни лица во изградбата. По почетниот успех во своето ангажирање, компанијата станува составен дел на поголем број на проекти за изградба на бетонски автопатишта низ пространствата на Казахстан. Македонската компанија „рамо до рамо“ со другите домашни и светски компании од Турција, Азербејџан, Италија, Германија, Иран... учествува во изградбата на делниците: Тараз-граница на Јужноказахстанска


градежништво област, обиколница на градот Шимкент, влезна делница во градот Туркистан, потоа делница на потегот Астана-Караганда, две делници на потегот Алмати-Капчигај, делница на потегот Астана-Павлодар итн. Современата технологија на изградба на автопатишта со завршни цементнобетонски коловози подразбира употреба на најмодерна техника за таа намена. Со моќна градежна механизација, во многу кратки временски рокови, во земјените насипи успешно се вградени количини кои се мерат во милиони кубици, успешно се изградени стотици илјади кубици стабилизирана постелка и тампони од природен чакал, десетина илјади кубици базен слој на цементна стабилизација и на крајот стотина илјади кубици бетон во цементно-бетонскиот коловоз. Бетонските бази имаат капацитет на производство од 240 м3 бетон за еден час. Рецептурата за бетон, покрај стандардното учество на песок, чакал, цемент и вода, задолжително содржи и адитиви за бетон со кои се овозможува бетонот да ги исполнува бараните карактеристики за овој вид на бетон. Потребно е да се задоволат условите како што се: одложен почеток на врзување на бетонската смеса поради долгиот транспорт со кипери, подобра вградливост на бетонот кој е со многу низок водоцементен фактор (w/c = 0,36-0,39), контролирано врзување на вградениот бетон, отпорност на мраз, висока почетна и крајна цврстина и слично. За постигнување на проектираните карактеристики на бетонот, од производствената програма на АДИНГ се употребени адитивите СУПЕРФЛУИД-М1 и ПОРОЧИНИТЕЛ, како и матерјали за заштита на свеж бетон ЗАШТИТА-Б произведен на парафинска основа и ЗАШТИТА-Б3 произведен на акрилна основа. Финишерите со кои се вградува бетонот претставуваат, исто така, најново достигнување во областа на машинството. Овие машини кои тежат и до 140 тони, и во чиј состав е влезена и електрониката, можат да го вградуваат доставениот бетон во вид на цементно-бетонски коловози со широчина до 16 м и дебелина до 40 см. Во Казахстан се градат неармирани коловози со широчина од 9,25 м, 11,00 м, 13,50 м и 14,75 м и дебелина од 25-28 см, во зависност од предвидените оптоварувања на коловозот и протокот на сообраќај. За разлика од старата технологија за изградба на цементно-бетонски коловози во вид на етапно бетонирање на независни, но меѓусебно врзани бетонски плочи, со новата технологија бетонот се вградува со хомогена непрекината постапка. 

Доставување на бетон со кипери на делницата Тараз – гр. ЈУКО

Финишер за бетон на делницата Тараз - гр. ЈУКО

Заштита на свеж бетон: ЗАШТИТА-Б3 26 декември 2014

ПОРТА

9

9


градежништво

План за распоред на спојници во коловозот

Сечење на спојници 10

10

ПОРТА

26 декември 2014

Подоцнежната непречена дилатација на цементно-бетонските коловози поради температурните промени и разлики, се обезбедува со формирање на спојници кои се имплементираат со сечење на бетонот на точно определени места. Овој пат ќе дадеме посебен осврт на темата спојница, што е многу важен елемент во конструкцијата на коловозите. Во зависност од температурните и временските услови, сечењето на бетонот започнува два или повеќе часови после неговото вградување. Попречните спојници се сечат со длабочина од 30-40% од дебелината на бетонот на растојание од 5 м, точно на половина од веќе вградените можданици, додека подолжните спојници се сечат со длабочина од 40-45% од дебелината на бетонот на половина растојание на вградените сидра, и тоа една спојница за коловози со широчина до 10 м, две спојници за коловози со широчина до 13,5 м и три спојници за коловози со широчина поголема од 13,5 м. При одредување на положбата на спојниците треба да се тежнее да се формира поле со приближен квадратен облик и со површина не поголема од 30 м2. Исто така, при позиционирањето на


градежништво подолжните спојници треба да се избегнува преклопување со патеката на движење на тркалата на возилата по коловозот. Можданиците и сидрата се втиснуваат во свежата бетонска маса со помош на механизам кој е во состав на финишерот, на длабочина која изнесува точно половина од дебелината на бетонскиот коловоз. Можданиците се направени од мазен челик и целосно се премачкани со синтетичка боја со дебелина на премазот од 0,3 мм или се обвиткани со ПЕ фолија, заради спречување на соединување на бетонската смеса со челикот. Сидрата се направени од ребраст челик и делумно по средината се премачкани заради претпазливост од појава на корозија доколку случајно дојде до продор на вода низ спојницата. Всушност, можданиците слободно лежат во коловозот, додека сидрата треба да остварат многу силна врска со бетонот. Улогата на можданиците е да го примат врз себе оптоварувањето што се јавува поради прекинатиот континуитет на бетонскиот коловоз, заради исечените места за спојници, и со тоа да ја спречат денивелацијата на формираните бетонски плочи. Димензионирањето на можданиците и нивното меѓусебно растојание кое се движи од 25-50 см, зависи од предвиденото оптоварување. Ребрестите сидра, освен што го примаат оптоварувањето, го обезбедуваат и спречуваат меѓусебното раздвојување на бетонските плочи. Тие се поставуваат на меѓусебно растојание од 1,0 - 1,2 м. Формирањето на спојниците се прави во неколку фази. Првата фаза е сечење на бетонот и се нарекува засек кој се работи на веќе спомнатите длабочини и со широчина од 4 мм. Засекот подоцна му овозможува на бетонот да го продолжи контролираното пукање по целиот попречен пресек, со што се формираат бетонските плочи кои под оптоварување можат слободно да дилатираат, а меѓусебно остануваат целосно во коловозот и се поврзани со можданиците и сидрата. Во следната фаза, после седмиот ден на созревање на бетонот, се работат засеци со широчина од 8 мм и длабочина кон внатрешноста на спојницата од 3,5 см, а потоа се врши изработка на таканаречените „фаски“, односно се врши засекување на острите рабови на спојницата на површината на бетонот. После потполното созревање на бетонот, односно после 28 дена старост кога влажноста на бетонот паѓа под 5%, се пристапува на постапката за целосно херметизирање на спојниците и тоа на следниот начин: спојниците целосно се чистат и се обезпрашуваат со компримиран воздух, се премачкуваат со прајмер БИТЕК-П заради силната адхезија на бетонот 

Спојница заштитена со ПЕ фолија

Mаханизам за втиснување на спојница

Mаханизам за втиснување на сидра 26 декември 2014

ПОРТА

11

11


градежништво Пример на попречен пресек за спојница

со китот со кој се исполнуваат спојниците, се поставува неопренско црево во спојниците заради спречување на неконтролиран одлив на китот. На крај се врши вградување на китот БИТЕК-А со жешка постапка со што се врши потполно запечатување на спојницата. Со херметизација на спојницата се спречува продор на вода и негативно влијание на евентуалниот мраз во внатрешноста на спојницата врз хомогеноста на бетонската структура. За квалитетна изработка на цементнобетонски коловози, потребно е големо познавање на бетонот како градежен матерјал, висок степен на обученост за користење на современата механизација како и почитување на правилата на технологијата за овој вид градежништво. 

Залевање на спојница со кит - жешка остапка

Подготовка на спојница за залевање о кит

12

12

ПОРТА

26 декември 2014

Изглед на површината на цементно-бетонски коловоз со херметизирани спојници


градежништво

26 декември 2014

ПОРТА

13

13


градежништво

Испитување на физичко-механички карактеристики на бетонот

Б

етонот како еден од најупотребуваните материјали во градежната индустрија, кој се применува во речиси сите градежни објекти, подлежи на голем број испитувања кои ги дефинираат неговите карактеристики. Испитувањето на физичко-механичките својства на бетонот се состои од: • Испитување на јакост на притисок • Испитување на јакост на затегнување • Испитување на модул на еластичност Сите наведени испитувања се вршат со специјална хидраулична преса со помош на различни додатоци, врз примероци во облик на: - Коцки со големина на страната a=100, 150, 200, 250 и 300 mm, - Цилиндри со однос помеѓу

14

14

ПОРТА

26 декември 2014

висината и дијаметарот 2:1 со големина на дијаметарот d=50, 100, 150, 200, 250 и 300 mm, - Призми со квадратен попречен пресек d/d и должина L=4d, 5d со d=100, 150, 200, 250 и 300 mm. - Готови бетонски производи (ивичници, блокови, плочи) Примероците кои се изработени од свеж бетон, пред испитувањето се негуваат во базени со вода или во климатизирани уреди при температура од 20±2ºC и релативна влажност ≥ 95%. Вообичаено староста на бетонот при испитување се дефинира како старост на: 1, 3, 7, 14, 28, 60 и 90 дена, во зависност од намената, типот технологијата и соодветната мешавина (рецептура). Основна физичко-механичка карактеристика на бетонот е неговата јакост на притисок која е во директна врска

Менка РИСТОВСКА, дипл.град.инж., ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје

со останатите механички карактеристики. Таа може да се определи точно на пробни тела изработени од свеж бетон, или приближно на веќе вграден бетон во конструкциите. Бројот на контролни тела зависи од обемот на производството, видот на конструкцијата, условите за работа и сл. И покрај малата јакост на затегнување на бетонот, оваа механичка карактеристика се почесто е предмет на испитување. Се определува на пробни тела изработени од свеж бетон или извадени од стврднат бетон, изложени на чисто аксијално затегнување, или затегнување при свиткување. Согласно ова, јакоста на затегнување може да биде: 1. Јакост на затегнување при цепење (Бразилска метода), 2. Јакост на затегнување при смолкнување, 3. Јакост на затегнување при свиткување Друга механичка карактеристика која


градежништво при контрола на квалитетот на бетонот во изградени конструкции со вадење на пробни тела од конструкциите. Сите овие испитувања ја карактеризираат способноста на бетонот да се спротивстави на деформациите и разрушувањата предизвикани од дејството на надворешните сили. Бидејќи бетонот е основна суровина при изградба на патишта, згради, темели, мостови, брани и сл., овие испитувања се од голема важност за постигнување на квалитет на бетонските конструкции според одредени пропишани правила и прописи, и можност да се избегнат несакани појави од оштетувања, дефункционалност на бетонските елементи, па дури и рушење на цели објекти. која е значајна при испитувањето на квалитетот на бетонот, е неговиот модул на еластичност. Се испитува со помош на изработени пробни тела од свеж бетон – цилиндри (d/H=150/300 mm) или со извадени цилиндри од конструкцијата. Испитувањето се врши на тој начин што се оптоварува и растоварува пробното тело на хидраулична преса, и притоа се мерат настанатите деформации. Дел од испитувањата на механичките својства на бетонот наоѓаат поширока примена кај фабриките за производство на бетон, каде производителот е должен за секој вид на бетон кој го произведува редовно да ја испитува јакоста на притисок, и врз основа на добиените резултати да ја контролира добиената марка на бетон. Исто така, овие испитувања наоѓаат примена и

26 декември 2014

ПОРТА

15

15


градежништво

МЕЛНИЧКИ МОСТ

Транспортна артерија на Дебар со останатите делови од Македонија Со изградбата на хидроенергетскиот објект брана „Шпиље“ и формирањето на Дебарско Езеро, создадена е потреба за премостување на двете страни на езерото. Проблемот е надминат со изградбата на Мелнички мост, кој претставува врска на Дебар со останатите делови од Македонија и Албанија. Добре ТАСЕВСКИ, дипл.град.инж. Јасминка МИЛАНОВСКА, дипл.град.инж.

УВОД

Секој патник кој патувал во есен кон Дебар, по регионалниот пат Р-409, симнувајќи се од Маврови анови, од левата страна наишол на незаборавна слика на горска шума во зелена, жолта и црвена боја, која само природата може така да ја наслика. Малку потоа се наидува на несекојдневен кањон, на чија десна страна извира реката Радика. 16

16

ПОРТА

26 декември 2014

Таа со своите мали притоки заедно со Гарска Река, која ја зголемува нејзината моќ со вливањето кај Бошков мост, се главните приливи за формирање на Дебарско Езеро. Природата е наш идеал за размислување дека, потокот сам, во фигуративно значење на зборот, е со ограничен продуктивен успех. Но здужувањето на низа потоци, придонесува кон многу поефикасни резултати.

Заклучок: ако не сме свесни за здужувањето, треба да учиме и да ја копираме природата, доколку егото тоа ни го дозволува. Со изградбата на хидроенергетскиот објект брана „Шпиље“ и формирањето на Дебарско Езеро, создадена е потреба за премостување на двете страни на езерото. Проблемот е надминат со изградбата на Мелнички мост, кој претставува транспортна артерија на Дебар со останатите делови


градежништво од Македонија и Албанија. Изградбата на мостот е извршена во периодот 1969-1970 год., според проектната документација изработена од професор Никола Хајдин од Белградскиот универзитет, а реализирана од ГП „Пелагонија“ под раководство на Цветан Таневски - Цони, со инвестиција на Електростопанство на Македонија.

ОПИС НА КОНСТРУКЦИЈАТА

Според проектната документација, мостот е изведен како две континуирани независни конструкции преку четири полиња со меѓусебен распон 68 + 2 х 83 + 68 и преку две полиња со меѓусебен распон од 33 + 33 метри. Вкупната должина на мостот е 368 метри, и припаѓа на групата подолги и поатрактивни мостови во Македонија. Капителот од столбот „Е“ е заеднички потпирач за двете конструкции на кои се поставени две неподвижни и две подвижни лежишта. Првата мостовска конструкција, од конструктивна гледна точка, претставува континуирана спрегната армирано-бетонска конструкција составена од коловозна плоча и два главни челични носачи со отворена форма. Таа се потпира на столбовите „А“, „B“, „C“, „D“ и „E“ праволиниски лоцирани, за разлика од втората конструкција која е лоцирана во преодна и кружна кривина со R=30 м. Во локалитет на вториот дел од мостовската конструкција, зголемените торзиски влијанија се надминати преку формирање на затворен челичен носач кој заеднички функционира со армиранобетонската коловозна плоча. Долниот строј на мостот се состои од два крајни армирано-бетонски столбови со класична форма на изведба и пет средни столбови во форма на платна со димензија 1,40 х 6,00 м (столбови „В“ и „С“) и 1,60 х 6,00 м („D“, „E“ и „F“) фундирани на трикаскаден систем на фундаменти. Фундирањето на масивниот столб „А“ е извршено на длабина од 8,0 м во однос на теренот, со димензии на фундаментот 6,40 х 8,40 х 2,00 м, со изведба на потпорна плоча - сидро со димензии 2,00 х 6,80 х 4,20 м, за обезбедување на висока хоризонтална крутост, со што крајниот столб е приспособен за прифаќање на хоризонталните сили.  26 декември 2014

ПОРТА

17

17


градежништво РЕГИСТРИРАНИ ОШТЕТУВАЊА

Од направената анализа пред и по отворањето на конструкцијата, регистрирани се: - Површинска и длабинска деградација на сите столбови од атмосферски и агресивни влијанија; - Зголемени конструктивни оштетувања на капителот над столбот „Е“ во локалитет на неподвижните лежишта (потпирање на линискиот носач) и локалитет на подвижните лежишта од кружниот челичен носач; - Како резултат на дополнително зголемената крутост на столбот „F“ од дополнително формираниот насип, појавени се пукнатини по цела дебелина на попречниот пресек во локалитет на теренот и во длабина од 1м, под теренот со отклон на врвот на столбот кон Дебар од сса 50 см; - Катастрофално оштетување на лево крило од столбот „G “, со целосна деформираност на крилото; - Нефункционирање на десно подвижно лежиште (одвоена конструкција од лежиште) и целосна деформација на лево подвижно лежиште (од температурни и торзиски влијанија); - Уништен дилатационен зазор од главната дилатациона фуга со вклештување на праволинискиот и кружниот носач; - Појавена локална корозија на внатрешни и надворешни локалитети од челичната конструкција.

САНАЦИЈА

Санационите работи се реализирани според проектната документација изработена од страна на „Балкан консалтинг“, ревидирана од Катедрата за челични и армирано-бетонски конструкции од Градежен факултет - Скопје, под надзор од „Диви“ и изработка од „Синтек“ - Скопје. Благодарение на огромното искуство поврзано со санација, 18

18

ПОРТА

26 декември 2014


градежништво зајакнување и заштита на мостовските конструкции, вијадукти, надвозници, подвозници, надземни и подземни премини на преку 430 објекти лоцирани во Македонија, Косово, Црна Гора и Украина, организацијата на градилиште и пристапот до елементите на мостовската конструкција без проблем беа надминати уште во старт на работите. Во организациониот период најголем проблем беше нивото на водата на Дебарско Езеро, и обезбедување на регулирање (пренасочување) на сообраќајот. Формирањето на пристап до елементите за санација, зајакнување и заштита, извршено е преку монтажа на класично скеле и висечка скела Систем „СИНТЕК“, кој се покажа како практичен и успешен на многу објекти. Столбовите вон нивото на вода „B“ и „F“ лесно се санирани според вообичаениот систем на џекетирање со слој од 15 см, кој на одделни локалитети достигнуваше во слој од 22 см. За столбовите што делумно со својата висина беа под нивото на водата, се формираше прстен со висина од 100 см и дебелина од 30 см, анкеруван за постојната подлога. Наставката на зајакнувањето беше со џекетирање од армиранобетонски слој со дебелина од 15 до 20 (22) см. Истите столбови по снижувањето на нивото на водата, благодарение на разбирањето од страна на ЕВН, со џекетирањето дополнително се оствари до проектираната состојба. На масивниот столб „А“ дополнително е извршена санациона обработка на конструктивни пукнатини со ширина и до 3,0 см. Столбот „G“ наметна посериозни приблеми со катастрофални деформации кои завршија со целосно зајакнување на левото крило и делумно елиминирање на факторите поврзани со дополнителни можни активности. Главен проблем во целиот систем поврзан со санација и зајакнување на Мелнички мост беа подвижните лежишта над столбот „Е“. Проблемот беше во тотално уништен  26 декември 2014

ПОРТА

19

19


градежништво

дилатационен зазор. Неподвижниот и подвижниот локалитет од мостовската конструкција беа навлезени една во друга во длабина од 4 см, и вертикалните делови од носачите преклопени до 10 мм. Проблемот беше, која е големината на напонската состојба и како од неа да

20

20

ПОРТА

26 декември 2014

се ослободи системот без последици. Ослободувањето беше со постепено растоварување преку формирање на резови на вертикалните лимови од подолжните челични носачи со ширина од по 3-5 мм. Но за да се ослободи напонската состојба во попречен правец, конструкцијата

мораше да се стабилизира (зајакне) од попречни поместувања под дејство на торзиски оптоварувања. Со голема внимателност и висок стручен пристап кон главниот проблем, ангажираната екипа супер успешно го надмина. Остварен е доста голем ангажман


градежништво

во промени на пешачката и монтажа на одбојната ограда, поставен е нов светлосен систем на мостот, нови тротоари, изолација на мостот што е битен фактор за неговата трајност како и на коловозната плоча, новоформирани дилатациони зазори, додатни попречни

зајакнувања на отворената и затворената челична конструкција. Термо и антикорозивна заштита на водоводен цевковод, антикорозивна заштита на армирано-бетонската конструкција и челичните елементи, промена на подвижни лежишта со сите дополнително

оформени челични елементи вклопени во подвижните лежишта итн. Покрај нашиот ангажман посебна благодарност заслужуваат професорите од Катедрите за геомеханика, челични и мостовски конструкции од Градежниот факултет - Скопје. 

www.gf.ukim.edu.mk

26 декември 2014

ПОРТА

21

21


градежништво

A

B

C

D

E

1

1

2

2

3

3

4

4 Жикол Групација

22

22

ПОРТА

26 декември A 2014

B

C

D

E


градежништво

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

26 декември 2014

ПОРТА

23

23


урбанизам

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (4)

Организација на урбана средина

Токио

Процесот на развој на индустријата во Македонија овозможи забрзан развој на урбаната средина. Во услови на неможност за ефикасна контрола на приливот на население во градовите, се предизвика дисбаланс во просторот и концентрирање на население во градовите, особено во главниот град Скопје, со напуштање на селските огништа и празнење на селата. Развој и деградација како паралелни процеси.

У

рбаната средина во Македонија, како сложен систем, се развива со различен интензитет во време и простор.Резиме на развојот низ времето: различно ниво на просторен развој на градските населени места; процеси на идустријализација и урбанизација;голем прилив на население во градовите; лесно зафаќање на рамните терени за развој на градовите; несоодветна инфраструктурна опременост на градовите во однос на приливот на население; бесправна градба; период на транзиција;зголемување на потребата за порамномерен развој на просторот, во услови кога тоа реално е многу тешко да се постигне;нагласен развој на главниот град Скопје. Се презентираат некои аспекти на урбаниот простор. 24

24

ПОРТА

26 декември 2014

проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх. Токио


урбанизам Битола

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА УРБАНАТА СРЕДИНА

Глобалното општество се карактеризира со развој на градовите како резултат на процесот на урбанизација, со депопулација на руралната средина. Присутните миграции на населението можат да се третираат на локално, национално, регионално и на глобално ниво, како процеси на концентрација и депопулација. Миграциите се одвиваат од селата кон градовите, но се јавуваат и миграции од помалите кон поголемите градови и кон главните градови на државите, како и миграции од едни во други земји, од помалку развиените кон поразвиените. Постојано движење на населението во светски рамки. Процес кој продолжува и натаму. Процесот на развој на индустријата во Македонија овозможи забрзан развој на урбаната средина. Во услови на неможност за ефикасна контрола на приливот на население во градовите, се предизвика дисбаланс во просторот и концентрирање на население во градовите, особено во главниот град Скопје,со напуштање на селските

Штип

огништа и празнење на селата. Развој и деградација како паралелни процеси. Развојот на градското население во Македонија, следен низ пописите од 1953 до 1994 година, е со постојан пораст на градското население. Според пописот од 1953 година, градското население изнесува 31,3% од вкупното население, во 1961 година е 38,6%, во 1971 година изнесува 48,8 % , во 1981 година е 55,2%, во 1991 година е 58,1%и во 1994 година градското население изнесува 58,7% од вкупното население, што претставува евидентен пораст на градското население (Национален извештај за човекови населби за Конференцијата на Обединетите нации Хабитат 2, 1996, стр. 14).

УРБАНИ СОДРЖИНИ

Во согласност со Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 63/2012), намената на земјиштето е утврдена со шест групи на класи на намени: А- домување; Б- комерцијални и деловни намени; В- јавни институции; Г- производство, дистрибуција и сервиси; Д- зеленило,

спорт, рекреација и меморијални простори и Е- инфраструктура (член 30). Секој град има различни квантификации и поврзувања на намените во рамки на урбаното ткиво. Покрај зонско надоврзувањепо хоризонтала, организирани како зони со компактна намена, урбаните намени можат да се организираат со навлегување на комплементарни намени во зоните или да се организираат во различни просторни композиции по вертикала во рамки на урбани структури, со надополнување на намените повертикала, со што во рамки на градот се јавуваат мултинаменски динамични структури. Можност за различно креирање на градскиот организам според потребите на жителите, карактеристиките на теренот и поставеноста на урбаните мрежи односно мрежата на сообраќајници.

УРБАНИ МРЕЖИ

Секој град има соодветна урбана мрежа составена од сообраќајници третирани каколиниски системи. Со потенцирање на урбаните мрежи се формираат урбани блокови односно урбани содржини за различна намена, со што се оформува специфична урбана мрежа за секој град. Приказ на урбани мрежи на неколку градови.

ГРАДОТ КАКО СИСТЕМ

Секој град е специфичен систем кој се развива со текот на времето. Градот како сложена структура е предмет на истражување на многу научни дисциплини и се врши согледување на неговите перменентни трансформации низ времето од разни агли на перцепција. Градот се создава со генерации, со вклучување на многу творци и секој на свој начин дава одреден белег на градот, прави мозаик на лицето на градот, кој се таложи со времето. Урбаниот изглед и архитектурата се одраз на секое време, и од таа гледна  Урбани мрежи

26 декември 2014

ПОРТА

25

25


урбанизам Крушево

точка може да се направи согледување на секој временски период на творење ако има етапност во градоградењето. Ако таа етапност и последователност временски е континуирана, можат да се согледаат урбаните слоеви во развојот на градовите. Ако има мешање на таа урбана еволуција, тогаш слоевите се со нијанси и нема можност да се следат урбаните процеси како целина со просторно-временските траги во ткивото на градовите.За дасе согледа реалниот придонес кон квалитетот на живеењето на граѓаните во градот, потребно е да се вреднуваат ефектите од планираната и реализиранатаурбана изградба во ткивото на градовите во одреден временски период.

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ГРАДОВИ

Според Законот за просторно и урбанистичко планирање (член 4) се утврдени 10 начела при планирање и уредување на просторо. При изработување и донесување на основните и деталните урбанистички планови за градовите, некои

Велес

од утврдените принципи се применуваат со поголем интензитет и посветеност за разлика од други кои се декларативно вклучени во плановите, но секако тоа зависи од одвивањето на целокупната постапка за изработување и донесување на плановите.При планирањето, особено треба да се внимава на вториот и третиот принцип (рационално користење и уредување на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните). Водени од иницијативата на инвеститорите за максимално зафаќање на градежните парцели, се форсира максимален ефект од локацијата дури и со неповолни влијанија врз условите за хумано живеење на соседните објекти и граѓани, а тоа е најчесто присутно кога се предвидуваат нови објекти со релативно големи волумени во близина до постојните, со што се намалува квалитетот на средината. Во основа, во текот на планирањето треба да се согледаат различни варијанти на организирање на просторот и треба да се примени стручно избалансирана варијанта, која ќе ги има во вид сите принципи.

Во тоа се состои и професиналниот пристап при планирањето, кој треба да биде доминантен во процесот на планирање,бидејќи со изработување и донесување на урбанистички планови се обезбедува и хуманизација на просторот (член 3 на законот). За градовите во Македонија се донесени соодветни генерални и детални урбанистички планови, а динамиката и опфатот на измените и дополнувањата на плановите е според потребите за урбан развој утврдени на ниво на општина.

СКОПЈЕ КАКО НЕТИПИЧЕН ПРИМЕР НА УРБАНА СРЕДИНА

Скопје е град на промени, контрасти, град со нетипичен урбан развиток, кој го прекинал развојот на урбаното ткиво неколкупати во својата историја и продолжил да се трансформира низ времето. Прекините во развојот се повод за сумирање и согледување во која насока ќе се одвива натамошниот урбан развој. Тоа Скопје го доживеа со земјотресот од 1963 година. Половина век искуство во

Центар на Скопје 1968, синтезна верзија

Скопје

26

26

ПОРТА

26 декември 2014


урбанизам Охрид

развој на градот Скопје после земјотресот. Град кој се развива по трауматски период на природна катастрофа. Со оглед на тоа што градот нема континуиран развојкако другите градови, Скопје се третира како специфичен град по својот развој. Постземјотресните привремени населби со монтажни објекти лоцирани на повеќе локалитети, со постепено доградување и надградувањена монтажните објекти, се трансформираа како интегрирани станбени населби. Привременоста и постојаноста слоевито се надоврзуваат. Досега прилично е напишано, говорено, анализирано, согледано за урбаниот развој на Скопје низ времето. Одржувани се советувања, трибини, тркалезни маси со тематика за просторниот развој на Скопје, за неговото урбано ткиво распослано во Скопската котлина и покрај Вардар. Различни доживувања и искуства. Контрасти. Големи предизвици. Спецификите и вредностите треба да се нагласат, зачуваат и унапредат, а негативностите да се намалат. Голем дел на сообраќајниот систем на градот не е реализиран според планираното и сите делови на градот немаат соодветна комуникација. Треба да се преоцени и целисходноста од обемот на урбаното подрачје на градскототкиво (од Сарај до Драчево). Потребно е да се разработи и организацијата на контактната зона

на градот и околината. Потребата за зголемување на квалитетот на ткивото на градот е присутна со различен интензитет во различни делови на градот. Има и големи контрасти, различни нивоа на уредување и различни слики на градот, од урбано уредени до деградирани простори. Градското ткиво сè повеќе се изградува, се згуснува. Скопје како да ја заборава својата историја, своето трусно тло, како да започнува да има амнезија дека е град кој се развива над трусно подрачје, што бара специфични услови за просторен развој. Искуството со интернационализацијата на просторниот развој на Скопје после земјотресот,сугерира континуитет на истражувањата за развојот на Скопје како нетипичен град. Повод за пренесување на искуства и во други постземјотресни градови. Развојот на урбанистичката и архитектонската мисла и практика после земјотресот, третманот на професијата, нивото на јавноста при обликување на градот, треба да се негува, промовира и унапредува. Искуствата со практицираната отвореност на Скопје и глобализацијата на идеи е солидна подлога за натамошно унапредување на таквото искуство. Потребен е континуитет во просторот.

Активности за зголемување на квалитетот на урбаната средина: - промовирање на развој на одржлива

урбана средина, со повисок квалитет и со рационално користење на урбаното подрачје на градовите; - поефикасна изработка на урбанистички планови на градови,со поедноставен начин на изработување и донесување на плановите со понагласена улога на локалната самоуправа и спроведување на планските решенијасо примена на принципот на максимален волумен; - организирање на постојното урбано подрачје на градовите со примена на урбана ревитализација на деградирани простори и развој на динамична урбанаструктура; - при изработка на урбанистички планови на градови треба да се согледуваат повеќе сценарија на планирање, со примена на принципите на одржлив развој; - при планирање и при реализација да се организира и уредува просторот созголемување на квалитетот на средината, со умерено ниво на внесување на нови објекти во постојните урбани амбиенти; - промовирање на јавните содржини и простори, а не на индивидуалните барања; - натамошен развој на градовите со потенцирано внесување на соодветни хумани, еколошки, асеизмички, енергетски, комуникациски и естетски карактеристики на урбаната средина.  (Продолжува) 26 декември 2014

ПОРТА

27

27


архитектура инфо

Скопје: учиме и читаме од градот - Објекти / артефакти како симболи на градот Анастасија СПАСОВСКА

С

копје како град доживува брз развој после Втората светска војна, но неговото срце запира оној кобен јули во 1963 година. Тоа е моменткрстосница во историјата на градот, не поради рушевините туку поради вербата на населението за негова повторна изградба и солидарноста што пристигнува од сите делови на светот. Интересна е наративата на градот во периодот после 1963 година, што сè се менува, што останува неизменето, но најважно, како сето тоа влијае на граѓаните на Скопје. Фокус на истражувањето е градското подрачје на Скопје -трансформациите, замислените рамки и објектите што го сочинуваат градското јадро и животот во него. Несреќната случка што го срамнила градот во 1963-тата, го става Скопје во центар на меѓународното внимание: 87 нации праќаат помош со цел одново да се изгради разрушената престолнина. Нејзините граѓани пронајдоа енергија и волја меѓу прашината на урнатините и беа решени да го видат градот како повторно се издигнува. Чувството и потребата за помош беа олицетворение, пример на човековата волја, надеж и разбирање. Скопје, во тоа време, беше именуван како „град на солидарноста“. Oва е увертирата на серија истражувања под наслов "Learning from the City", преку кои група млади архитекти, социолози и активисти, под менторство на Сузана Милевска, истакнат теоретичар на уметноста, се обидоа да ги прочитаат скриените кодови на градот. Алекандар Балдазарски, Дарко Крстевски, Анастасија

28

28

ПОРТА

26 декември 2014


архитектура инфо

Спасовска, заедно со Ивана Драгшиќ од Плоштад Слобода, како и други соработници во претходните фази, поттикнати од темата нематеријални споменици, се фокусираа на Градскиот ѕид како пример и се обидоа да ги расчленат неговите значења. Денес, Градскиот ѕид е најголемата населена станбена структура изградена по нацртите на Кензо Танге. Тој претставува масивна композиција од шесткатни блокови и дванаесеткатни кули позиционирани околу градското јадро. Луѓето што живееја во двоетажните вернакуларни куќи со дворови, одеднаш најдоа дом во нови, целосно опремени станови во урбани згради. Тие го започнаа својот живот на исто место, но во потполно различен град. Замислен како дел од метаболистичкиот план на Танге, Ѕидот требаше да биде врска со останатите мегаструктури и заедно со нив да ја претстави визијата

за новото Скопје. Бидејќи изградбата на Градскиот ѕид е само делумно изведена, денес тој постои како една структура сама за себе. Поставен во самиот центар на градот, Градскиот ѕид претставува просторна, административна и визуелна граница на таканаречениот Мал ринг. Sид по дефиниција е структура која дефинира одредена област, пренесува товар или дава засолниште и сигурност. Во многу современи култури ѕидовите претставуваат бариери кои оневозможуваат прогрес или влез. Ако го земеме за пример Пинк Флојдoвиот ѕид, или можеби некој физички пример како Берлинскиот ѕид, тогаш тој може да биде симбол на изолација и репресија. Понатаму, ѕид може да се однесува и на отежната човечка ментална или физичка состојба - ѕид како непреодна граница. Тој може да е и колективна површина за експресија,

како што е ѕид со графити, или пак виртуелен ѕид - како оној на Фејсбук. Што претставува овој ѕид, денес? Одговорот на ова прашање групата го бара во дијалог меѓу колективното и индивидуалното. Значењето на ѕидот во просторот „меѓу“, во паралелата на нашите психо-географии и урбаните факти. Несомнено, ѕидот е структура која го дефинира фрагментираното ткаење на градскиот пејзаж. Едноставно, претставува точка на спој. Ставено во историски контекст, ѕидот е нова страница во градскиот наратив, како современа интерпретација на тврдината Кале, нов лик. Неговата појава е карактеристична и свесно присутна. Атмосферите и социјалните простори што тој ги создава се дел од неговото битие и функција. Ѕидот е колективен симбол на обновата, новата визија и урбаниот  26 декември 2014

ПОРТА

29

29


архитектура инфо

живот. Во исто време, тој е именител на сите индивидуални чувства и претстави на неговите станари и граѓаните. Од социолошки аспект, во контекст на неговата функција како станбена зграда и нејзините социјални импликации, значењата на Градскиот ѕид се многубројни. Во овој момент, Скопје претрпува драстични промени кои ја засегаат неговата изградена структура. Околното ткаење на Градскиот ѕид епилептично се згуснува, ревносно испишувајќи нов слој во градската историја, кој како масло во вода, се одделува од своите референтни предци. Тука не станува збор за логичен дисконтинуитет туку за небрежност, негрижа и лудило поради што се напластува уште еден суштински слој – овој пат ѕид како реминисценција на урбаното кој им пркоси на заканувачките промени.

30

30

ПОРТА

26 декември 2014

Надоврзувајќи се на горните редови од истражувањето, во линија на нематеријални/ материјални споменици, како еклатантен пример го имаме Градскиот трговски центар – антологиски објект од постземјотресниот период и градителско наследство на македонската модерна архитектура. Она што се појавува во градот како одговор, логично продолжување на реизградбата на постземјотресно Скопје, се дела од локални автори со големи визии. Во атмосфера на полет и можности, врвни македноски творци се образуваат надвор и учејќи од најдобрите носат свежи идеи кои се читаат од изграденото творештво. Не можеме да зборуваме за Скопје без да го посочиме Градскиот трговски центар на Живко Поповски како модерно живеење и современи идеи преточени во објект. За него, професор Јасмина Сиљановска

ќе рече: „Овој објект во времето кога се градеше беше еден од најсовремените во Европа, беше првиот претставник на т.н. концепт на отворена естетика што го започнаа германските и холандските архитекти. Живко Поповски работеше во Холандија и беше близок со тогаш најголемите архитекти, како Ван дер Бруек, и нивните идеи - кои тектонски ја поместија архитектурата - ги донесе во Скопје“. Градскиот трговски центар е, на некој начин, критика на дотогашниот интернационален стил кој владеел во архитектурата во Европа и во светот во почетокот на 60-тите години на 20 век. Бездруго, со тоа што сосема одговара на времето, духот и пред сè местото на кое е изграден, останува светски. Поврзувајќи се со постоечката оска исток- запад, поставена со планот на обновата, решението на Градскиот трговски центар го почитува локалниот контекст и притоа создава нова локална вредност. Најголемиот дел од неговата површина е отворен простор кој го поврзува паркот „Жена-борец“ и кејот на реката Вардар, плоштадот „Македонија“ и источниот дел од градот. Во ГТЦ има слобода на движење, тој е отворен трговски центар. Архитектонски, ГТЦ претставува реинтерпретација на класичната идеја за агора, со што, покрај неговата комерцијална намена, тој е и функционален јавен простор. Градскиот трговски центар, во однос на вариететот на значења е дефинитивен пандан на неговиот претходник Градски ѕид. Од аспект на неговото постоење како објект/артефакт, тој е и референца и лик на Скопје. И повеќе од тоа, објект кој е и внатре и надвор. Единствен по својот вид, огромен волумен кој неверојатно нежно се вклопува во контекстот. Сè уште свеж како простор и идеја, денес ГТЦ е и коментар на постоечките трговски центри-конзерви. Од социо-културен аспект, тој е еден од симболите на Скопје, со идентитетско значење, врежан во емотивната меморија на граѓаните и нивната смисла за урбано. Како паралела на неодамнешните промени, новиот значенски слој на Градскиот трговски центар овој пат би се напластил и во физичка смисла, брутално обидувајќи се постоечката нарација да се замени со нова. „Го сакам ГТЦ“ е моментално активна иницијатива, реакција на проектот за рефасадирање и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро. Преку оваа платформа, медиумите и социјалните


архитектура инфо мрежи, низа сликари, поети, актери, архитекти порачуваат да се престане со експериментите во градот, газењето по авторските права и насилното бришење на целокупната колективна меморија за Скопје. Во линија на реафирмација и поддршка, неодамна се одржа настан насловен „Читаме: луѓето ко книги, зградите ко луѓе“ – дел од долгорочниот истражувачкокураторски процес на Филип Јовановски и Ивана Васева – „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“, каде што повеќе професионалци и архитекти се собраа со цел да изнесат 111 тези за Градскиот трговски центар. Тука, настрана од гореспоменатите карактеристики на морфологијата, позицијата и конструкцијата на објектот, се зборуваше и за сцени, доживувања и спомени проткаени во неговото порозно тело. Се говореше за пасарелата која е негов составен дел, а всушност не е само негова,таа се излева, припаѓа и на плоштадот, на градот. Архитект Доминика Бошкова истакна: „Дали ова би се случило во Берлин со Мисовската Национална галерија или пак во Париз со Центарот Жорж Помпиду? Зошто ги кинеме страниците од нашите учебници и учиме исклучиво од туѓи... “. Овие истражувања и опсервации укажуваат на нужноста од потврдување и втемелување на вредностите од нашето

културно наследство, во кое несомнено е вклучено и наследството од модерната и постмодерната, и нивно реактуализирање во конструктивниот дискурс. За потребата од препрочитување на страниците на историјата на македонската архитектура, го имаме Градскиот трговски центар како потврда и повик. Архитектурата како и сè што е физичко, секако, има век. Со тоа би навлегле во други полемики за нејзината трајност и потреба, но несомнено е дека симболите на еден град се оние кои ние како негови граѓани, треба да ги сочуваме и заштитиме како би можеле да се препознаеме. Една од вродените особини на градот како организам е да расте, неговото ткаење и ахитектурата тоа го овозможуваат кога

се солидарни со минатото и имаат отворен и визионерски поглед кон иднината. Градскиот ѕид и Градскиот трговски центар се подеднакво наш идентитет колку што е и македонската трдиционална куќа. Овие објекти како градски артефакти остануваат да бидат препознаени во нематеријалното, она што не подлежи на разорувачките сили на константната ентропија, и така тие продолжуваат да постојат. Еден град е онолку побогат колку што има преплет на слоеви и значења, фрагменти историја. Скопје е составено од парчиња град со различен карактер и од објекти кои раскажуваат најразлични приказни. Кога секоја од нив е читлива, само тогаш градот може да се восприеми во сета негова целосност. 

26 декември 2014

ПОРТА

31

31


убави градови...

ФРЕНК ГЕРИ

Голем париски момент за кариерата на архитектот Оригинална фигура на современата архитектура. Планер, голем архитект, творец кој обликува... кој создава движење од инертен објект... или чувство на движење...

О

д 8 октомври годинава до 26 јануари идната година, во Центарот Помпиду во Париз се одржува ретроспективна изложба под назив „Френк Гери, прва голема ретроспектива во Европа“. После претходната презентација на Френк Гери во 1992 година во Центарот Помпиду, оваа ретроспективна изложба, поддржана од „Венси“, фирмата што го изгради музејот Луј Витон, дава глобален осврт на неговата работа. Го опфаќа периодот од 1960 година до денес, кој е претставен на формален и архитектонски јазик, преку оригинални

32

32

ПОРТА

26 декември 2014

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх. документи на 60 главни проекти, 225 цртежи и 67 модели. Посветена е на неговата кариера, која почнувајќи со мал обем, со експериментални дрвени куќи во Јужна Калифорнија, кулминира со изградбата на музејот на Фондацијата Луј Витон во Булоњската шума, за кој некои критичари велат дека е најголема технолошки софистицирана, уметнички мотивирана зграда во неговиот творечки опус. Претседателот на Франција Франсоа Оланд, на отворањето го нарече објектот „катедрала на светлото“, како и „чудо на интелигенција, креативност и технологија“. Во ретроспективата во Музејот Помпиду, вклучени се и помалку познати

урбанистички проекти на градови, станбени проекти, како и досега не објавени фотографии за суровите моменти од градскиот пејзаж, кои окото на архитектот ги прави убави. Тој избрал модели и оригинални цртежи за да ја прикаже еволуцијата на неговите идеи. Ги опишува зградите како еден предмет, една форма. Ги развива своите неправилни форми. Во нередот, постои ред. Интересно е што сценографијата на оваа изложба е потпишана од самиот архитект.

ЅВЕЗДЕНА ЛИНИЈА НА КАРИЕРАТА Френк Гери е роден во семејство на полски Евреи, како Ephraim Owen


големи архитекти...

Goldberg, во 1929 година во Торонто, Канада. Грубоста на антисемитизмот ја почувствувал рано во својата младост. Добиената психолошка траума, го навела да го смени името и да се одвои од традициите на еврејското семејство. На 17-годишна возраст, со родителите, се преселил во Лос Анџелес, САД. Студирал архитектура на Универзитетот на Јужна Калифорнија, потоа урбанизам на Харвардскиот универзитет. Работел две години во Лос Анџелес кај Бекет (Welton Becket,1902- 1969), потоа кај архитектот Груен (Viktor Gruen,1903 – 1980). Во 1961 година престојувал во Париз. Работел кај францускиот архитект Андре

...значајни објекти

Ремонде (Andre Remondet, 1908 - 1998). Во Париз ја проучувал работата на современите европски автори, творечката интерпретација на органските форми, како и романските цркви и нивните специфичности. Посебно го проучувал Ле Корбизије (1887 – 1965). Во 1962 година се вратил во Лос Анџелес и отворил сопствено биро. Денеска тоа е една од водечките архитектонски фирми во светот (со повеќе од 200 архитекти на почетокот на 21 век). Во тек на 70-тите години на 20 век, соработувал со современи уметници од Лос Анџелес кои имале силно влијание врз него. Влијание врз развојот на неговата кариера имале и големите архитектонски имиња

како Валтер Гропиус (1883 – 1969), Мис ван дер Рое (1886 – 1969), Марсел Броер (1902 – 1981). Креативноста и интересот на Гери за уметноста биле големи. Активностите во неговата професионална, исклучително успешна кариера, главно се насочени кон архитектурата, урбанизмот, скулптурата и дизајнот. Плод на неговите успешни креации се создадените постмодерни, деконструктивистички, хајтек архитектонски дела. Во последните години, Гери работи и како професор по архитектура. Од 1988 година тој е професор на Универзитетот Јел, а од 2011 година на Универзитетот во Јужна Калифорнија. 

26 декември 2014

ПОРТА

33

33


убави градови... СЛАВЕН АРХИТЕКТ, КУЛТНИ ОБЈЕКТИ

Први проекти во неговата кариера се разни индивидуални објекти, трговски центри и сл. Во 60-тите години на 20 век, се чувствува влијанието на Френк Лојд Рајт (1867 – 1959), како и на кубизмот. Уште во раниот период на своето творештвото се покажал како мајстор на комплекси, обединувајќи неколку различни објекти во едно цело. Во периодот 1969 - 1973 година, Гери креирал серија на мебел од брановиден картон за пакување. Открил дека со повеќекратно превиткување, во разни правци, картонот станува долготраен. Мебелот придонел за неговата слава во 70-тите години. Го нарекол „Easy Edges“ (Лесни рабови). Во тој период Гери развил свој вид на деконструктивистички стил, на обликување на архитектонските конструкции во необични скулптурални форми. Во 1979 година, експериментирал со сопствената куќа во Санта Моника. Се свртел кон постмодернизмот, остроумно обновувајќи го својот индивидуален дом, изграден во 1920 година. Користел „евтини материјали“, како жица, шперплоча и брановиден лим. При реконструкцијата, објектот бил аголно продолжен, контра на традиционалниот колонијален стил. Го оградил со мрежеста ограда. Новината предизвикала возбуда кај соседите, создала архитектонска војна, која привлекла внимание кај печатот и му донела слава на архитектот. Како растела славата на Гери, така неговата работа добивала поголеми размери. Се реализираат нови сè позначајни објекти во САД и во другите земји во светот. Проектирањето на куќата што танцува во Прага (1995), музејот на Гугенхајм во Билбао (1997), концертната сала Волт Дизни во Лос Анџелес (2003), станаа култни објекти. Привлекоа многу туристи и станаа атракција на свој начин. Неговото досега најпознато дело, Музејот Гугенхајм во Билбао, стана симбол на градот, пресвртница во современата архитектура и во кариерата на Гери. После овој проект широко му се отворија нови можности, добива големи проекти, почнува да го освојува светот. Во 2011 година го претстави својот прв облакодер во Њујорк, потоа Опусот Хонг Конг во Кина (2011)....Неговиот последен завршен објект, музејот на Фондацијата Луј Витон во Париз, отворен во октомври оваа година, предизвика големо внимание кај целокупната културна јавност во светот. Некои од неговите изведени објекти се дадени како прилог на овој текст*. 34

34

ПОРТА

26 декември 2014


...големи архитекти ЕКСПЕРИМЕНТИ СО КОМПЈУТЕР И МИСЛИ ВО МЕТАФОРА

Потпирајќи се на компјутерското моделирање, тој експериментира. Понекогаш избира екстравагантни решенија. Пример е гигантскиот двоглед, кој претставува влез во Центарот Хиат (Венеција, Калифорнија, 1975 -1991), или рибниот ресторан во форма на риба во Кобе, Јапонија (1986), или можеби силуетата на парот што танцува во зградата во Прага, наречена „Џинџер и Фред“ во чест на познатите холивудски танчери ... Гери мисли во метафори, не е против ако и другите го прават тоа. Неговото дело е отворено за толкување и метафора. Ова го издвојува од многу негови врсници. Гери вели: „Кога го сфатив потенцијалот на компјутерската технологија, која се распространува насекаде, сакав да се испитам самиот себе, да видам што може да направи програмата. Имав среќа, имав некого што знаеше како се користи, што не беше случај со мене. Тој седеше со мене. Јас правев макети и ние ги вклучивме во компјутерот. Моите цртежи се сложени. Јас можам лесно да ги исцртам со една линија. Но имате повеќе можности кога користите компјутер, кој овозможува да ги направите цртежите поточни и поубави, имате повеќе слобода. Со други зборови, компјутерот работи на вашето творештво, не му дозволувате да стане творец“. Со оригиналност се одликуваат делата на Гери и во другите области на уметноста, во скулптурата, во дизајнот на мебел, на предмети за домаќинство, во ентериерот („Титан кафе“ во Њујорк, 2000).

РИБАТА, ЛАЈТМОТИВ НА НЕГОВОТО ТВОРЕШТВО

Желбата да се изведе совршенството на формата и подвижноста на рибата, се смета за лајтмотив на творештвото на Гери и неговото уметничко разбирање за архитектурата. Опсесијата од рибата oстанала од најраното детство. Од моментите кога фасцинирано го посматрал движењето на рибата, што требало да биде подготвена за празниците Шабат, Пасха... (традиционално еврејско јадење „Gefilte fish“, кое го подготвувала неговата мајка). Овој лајтмотив во метафорска форма може да се проследи во сите подоцнежни дела на Гери: рибен ресторан во форма на риба во Кобе, Музеј Гугенхајм во Билбао ... во скулптурите: риба со стаклени лушпи во музеј во Минеаполис, скулптура на риба (35 м) во Олимпиското село во Барселона (1992).... во дизајнот на предмети, во ентериерите и др. Употребата на листови од сребрест титаниум, што од 90-тите е карактеристика за неговите објекти, е идеја добиена од крлушките на рибата.  26 декември 2014

ПОРТА

35

35


убави градови... ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИЛИ НАЈГОЛЕМ? ПОВЕЌЕ ОД СТО НАГРАДИ

После скоро шест децении творење, со исклучителна популарност во последните три децении, денес тој ужива статус на „архитектонска ѕвезда“ („starchitect“). Иако е еден од водечките, ако не и најголем архитект во светот, го одбива овој популистички назив. Во интервју дадено во 2009 година, во британскиот весник Индепендент, објаснува зошто не му се допаѓа терминот. „Јас не сум starchitect, јас сум AR-chitect“, вели тој. „Има луѓе кои проектираат објекти кои не се технички и финансиски добри и оние што тоа го прават. Едноставно две категории“. Гери во својата работа има постигнато голем финансиски успех. Неговите објекти се извонредно скапи. Има добиено повеќе од сто награди, вклучувајќи ги и престижната Прицкерова награда (1989), National Medal of Arts (1998) на САД, AIA Gold Medal (1999), Royal Gold Medal (2000) од Британија....На Венециското биенале (2008) му беше доделен Златен Лав за животно дело. По тој повод беше кажано дека, архитектот од Лос Анџелес, дизајнерот на концертната сала Волт Дизни и музејот Гугенхајм во Билбао, ја трансформирал современата архитектура… ја ослободил од границите на „кутија“ и ограничувањата на современата градежна практика… Неговата работа е предмет на бројни статии и монографии. Познатиот режисер Сидни Полак, кој е негов долгогодишен пријател, во 2005 година го снимил биографскиот филм „Скици“ (Esquisses). Во нивниот дијалог, Гери ги објаснува прашањата што ги носи во својата архитектура и урбанизмот. Како да се хуманизира архитектурата? Како да се пронајде малку воздух после првата индустриска криза? Успехот останува важен за Гери, чии комплексни проекти се предизвик за бизнисот. Тој јасно чувствува дека противречностите и проблемите во архитектурата во 2014 година, не е негово да ги решава. Некои критичари се помалку позитивни во своите написи. Но тој е несомнено оригинална фигура на современата архитектура. Планер, голем архитект, творец кој обликува. Кој создава движење од инертен објект...или чувство на движење. Музејот Гугенхајм во Билбао го направи 36

36

ПОРТА

26 декември 2014

еден од најпознатите архитекти во светот, Фондацијата Луј Витон, отворена во октомври оваа година, беше поздравена од нејзиниот сопственик како ремек-дело, Центарот Помпиду во Париз организира прва голема ретроспектива на неговата кариера во Европа... несомнено е дека 85-годишниот архитект Френк Гери, го достигна својот ѕвезден статус...

А тој, продолжува да работи со својот молив, со компјутерската поддршка, со своето искуство, енергија и креативност... во октомври е отворена и првата негова зграда во Латинска Америка, Музејот на биодиверзитет во Панама, поставен е камен-темелник на Фондацијата Лума во Арл... во градба се повеќе од 20 негови објекти во целиот свет. 


...значајни објекти

*Прилог: некои од изведените објекти на архитектот Френк Гери: - Музеј за дизајн Витра, Германија (1987); - Центар за забава во Евродисн (1988 – 1992); - Центар за ликовни уметности во универзитетот Толедо (1990-1992); - Музеј на уметноста Фредерик Веисман, Минеаполис, Минесота, САД (1993) - Спортски центар во Анахаин (Калифорнија, 1993-1995); - Американски центар во Париз (1990 -1994);

- Кинотека на Франција (1994); - Куќа која танцува, Прага, Чешка (1995); - Музеј Гугенхајм во Билбао, Шпанија (1997) - Станбена населба Дизелдорф, Германија (1999); - Спортски центар во Анахаин (Калифорнија, 1993-1995); - Банка во Берлин (1996-1999), - Нова царина во Дизелдорф (1999); - Кула Гери во Хановер (2000 – 2001); - Experience Music Project, Seattle, SAD (2000); - Музеј на толеранција Ерусалим, Изреал (2002);

- Концертна сала Волт Дизни, Лос Анџелес, САД (2003); - Онколошки центар во Данди, Велика Британија (2003); - Павилјон Џеј Прицкер и пешачки мост БП, Чикаго, Илиноис, САД (2004); - Зграда IAC, Њујорк, САД (2007); - Уметничка галерија, Торонто, Канада, (2008); - Центар за рак, Архус, Данска (2010); - Облакодер во Њујорк (2011); - Опус Хонг Конг во Кина (2011); 26 декември 2014

ПОРТА

37

37


рубрика

MAJSTOR KOMPANI

BOSILOVO

070-214-396

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

38

ПОРТА

26 декември 2014

majstorkompani@gmail.com

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


рубрика

Б

26 декември 2014

ПОРТА

39

39


архитектура инфо

МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТОНСКИ ЦРТЕЖ НА ФОНДАЦИЈАТА ЧОБАН ВО БЕРЛИН

Простор во кој се слави уметноста на архитектонскиот цртеж

Наталија ЗАФИРОСКА

О

бвиткан во бетон изгравиран со скици, Музејот на архитектонски цртеж на Фондацијата Чобан во Берлин ја предизвикува конструкцијата со цел да создаде простор кој ќе ја слави уметноста на архитектонскиот цртеж. Зад реализацијата на овој проект стои името на Сергеј Чобан (Sergei Tchoban), германски архитект со руско потекло, роден во 1962 година во Санкт Петерсбург. Чобан ја развива страста кон архитектонскиот цртеж за време на неговите студии на Руската академија на уметностите во неговиот роден град.

40

40

ПОРТА

26 декември 2014


архитектура инфо Интензитетот и квалитетот на Музејот на архитектонскиот цртеж на Фондацијата Чобан е одличен за својата програма, при што средбата со него навистина дава инспирација да посегнете по моливот и да почнете со цртање

Тука тој ја открил љубовта кон старите мајстори и таму самиот почнал активно да се занимава со цртање. Купувањето на цртеж од Pietro di Gottardo Gonzaga во 2001 година, го означило почетокот на создавањето на неговата колекција. Во 2009 година ја основал фондацијата, која преку прикажување на дотогашната збирка имала за цел да ги охрабри архитектите почесто да го применуваат цртежот како незаменлива алатка. Подоцна, одборот на фондацијата одлучил да изгради музеј во кој Чобан ќе ја приложи својата архива, но истовремено ќе обезбеди простори за предавање и изложување. Фирмата во Москва (SPEECH Tchoban & Kuznetsov) го развила дизајнот додека неговото претставништво во Берлин (NPS Tchoban Voss)  26 декември 2014

ПОРТА

41

41


архитектура инфо

одговарало за изведбата и надзорот. Денес, музејот вдомува неколку стотици листови од различни периоди, од 16 век па сè до денес, од Cerceau до Frank Gehry. Музејот е сместен на локацијата на Pfefferberg, поранешна пиварница составена од низа на објекти во тула кои денес претставуваат значајни културни институции во градот. Конкретната негова локација е на западниот влез на Pfefferberg помеѓу Schönhauser Allee и Teutoburger Platz во Prenzlauer Berg. Оваа област се развила уште во 1990 година од страна на невладини организации, при што се претвора во центар на културната сцена во Берлин. Денеска многубројни студија,

42

42

ПОРТА

26 декември 2014

работилници, агенции, галерии како и разни простори за настани се сместени токму во индустриските објекти околу реномираниот Архитектонски Форум Aedes, каде се наоѓа истражувачкиот и собирен центар Aedes Network Campus Berlin. Волуменот составен од четири поместени кубуси, наликува на наредени папки малку накривени една во однос на друга, со што се прави директна релација на архивската природа на музејска зграда. Музејот на архитектонскиот цртеж е исклучителен пример од современата уметност во поглед на конструкцијата, дизајнот како и изборот на материјали. Иако со незанемарлив моќен израз на формалниот јазик, објектот сепак

сензитивно посредува меѓу индустрискиот контекст и станбените објекти од 19 век. Пергаментната боја на бетонот се усогласува со пастелниот екстериер на околните згради. Но, не само со бојата туку и со висината од 22 метри, што е типична за зградите во Берлин, само суптилно, а сепак скулптурално ја завршува низата на објекти. Дури и драматичната стаклена кутија на последниот кат која конзолно е издадена од волуменот, може да се толкува како храбро завршување на типичен берлински блок. Инаку, основата зазема околу 490 квадратни метри во кои се сместени влезната партија, две соби за изложување, музејскиот депозитар како и сала за состаноци.


архитектура инфо За разлика од соседните објекти во комплексот Pfefferberg, каде вековно старите структури инкубираат врвна модерна уметност и дизајн, музејот мобилизира современа структура која има за цел да зачува стари дела. Со пресликувањето на зборови и слики на самата фасада, Чобан сака да го потенцира поврзувањето со местото. На тој начин, цртежите што се изгравирани на обвиката на објектот комуницираат со неговата функција како складиште на историска архитектонска репрезентација. Имено, земени се два фрагменти од првите цртежи на колекцијата на Чобан. Тоа се скиците од Pietro di Gottardo Gonzaga (1751–1831) кој бил

активен во Русија, и тие се аплицирани на фасадата на првиот, третиот и четвртиот кат, додека вториот кат е обвиткан со фрагменти од цртежи на Angelo Toselli (1765–1827), италијанси архитект кој творел во Русија. За да се изведе овој впечатлив ефект во лиената армирано-бетонска фасада, Чобан и неговиот тим одбрале и скенирале одредени пресеци од цртежите, за потоа со нивно мултиплицирање и редење да се добие одреден модел и мотив. На секоја од различните фасади има еден мотив кој се повторува во хоризонтален опсег, слично како нерегуларно редење на ќерамиди. Повеќе од само означувачи, бетонските фасади истовремено се и носечка структура. Зградата е изградена како голема армирано-бетонска школка која откако била целосно завршена, се вметнале меѓукатните плочи во внатрешноста. Европските критичари не само што го пофалија дизајнот на музејот, туку и ја поздравија улогата на Чобан како патрон. Единствена замерка е дадена во однос на отворите, кои поради својата нерегуларност и произволност овозможуваат мал продор на светлина. Како и да е, интензитетот и квалитетот на Музејот на архитектонскиот цртеж на Фондацијата Чобан е одличен за својата програма, при што средбата со него навистина дава инспирација да посегнете по моливот и да почнете со цртање. 

26 декември 2014

ПОРТА

43

43


архитектура

ШКОТСКА

Надалеку препознатлив Иако не постои како самостојна држава, ниту ќе биде во догледно време бидејќи гласачите на неодамна одржаниот референдум гласаа за останување во Велика Британија, Шкотска има надалеку препознатлив идентитет. Од чудесната природа, легендата за чудовиштето од Лох Нес, вискито, гајдите и карираните килтови до тенисерот Енди Мареј...

44

44

ПОРТА

26 декември 2014


архитектура

архитектонски идентитет ...и култниот филм на Мел Гипсон „Храбро срце“, сите тие се некои елементи кои го дефинираат она што ширум светот ја издвојува Шкотска. Референдумот од 18 септември привремено ја стави оваа земја во фокусот на светската јавност, што беше и повод да се запознае малку подобро уште еден сегмент на шкотскиот идентитет - архитектурата на Шкотска.  м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Србија)

26 декември 2014

ПОРТА

45

45


архитектура

Ш

котска е земја со богата историја. Во неа се пронајдени траги на градби од добата на неолитот, најстарите остатоци на куќи се стари преку девет илјади години, додека остатоците од цели населби имаат преку шест илјади години. Сепак, карактерот на она што го нарекуваме шкотски архитектонски историски идентитет го дава големиот број тврдини, замоци и цркви кои главно потекнуваат од средниот век. Архитектурата на најголемиот број објекти од тој период, како куќите и останатите „обични“ објекти, се карактеризира со употреба на локални материјали. Ѕидовите на куќите се граделе со систем на сува градба, редење на камен, додека дупките најчесто се пополнувале со трева, која не била долготраен материјал и често морала да се менува, некогаш и на секои две или три години. Кровот се правел од дрвена конструкција, која често била сокриена со материјал како што е сламата, трската или тревата. Она што ја одликува архитектурата на обичните градби е присутноста на основните принципи на одржливост во архитектурата. Обложувањето со трева и трска имало задача да ги подобри термичките карактеристики на објектот. Една од најзначајните градби од периодот на средниот век е катедралата во Глазгов, чиј почеток на градба датира од 1136 година. Објектот претставува совршен пример на шкотската готика. Дел од идентитетот на народот што живеел на британскиот остров го чинат и замоците и тврдините. Еден од најпознатите замоци во Шкотска е замокот Керлаверок. Изграден во 13 век, со својата триаголна основа опкружен со вода, претставува еден од најинтересните примери на фортификациската архитектура на средниот век. Изѕидан заради контрола на трговијата во тој период, од 17 век бил напуштен. Денес, претставува еден од најзначајните шкотски споменици. Најпосетениот замок е Единбуршкиот, после лондонската кула тој е најпосетениот споменик во Велика Британија. Се наоѓа на височинка над Единбург и со својот изглед претставува симбол на главниот град на Шкотска. Како и секој замок, имал одбранбена улога и бил вклучен во голем број битки за шкотската независност од XIV век сè до 1745 година.

46

46

ПОРТА

26 декември 2014


архитектура Идентитетот на шкотската архитектура се поврзува за едно име - Чарлс Рени Мекинтош. Роден е во Глазгов во 1868 година, и тој е најзначајниот претставник на уметничкиот правец Сецесија (Art Nouveau) во Велика Британија. Бил фасциниран од јапонската уметност и нејзиниот однос кон едноставната форма и природните материјали што и сам ги користел. Повеќе користел текстури и сенка како одраз на креативното изразување отколку орнамент кој е користен на Запад. Во западната култура мебелот е виден како начин на покажување на богатството на сопственикот, а вредноста на објектите е гледана по бројот на часови кои биле потребни за да се направи објектот, додека во јапонската култура фокусот во дизајнот бил во функционалноста и квалитетот на просторот. Неговиот пристап бил да создава за потребите на луѓето, не како масовна продукција туку за поединци како уметничко дело. Во својот пристап ги соединил шкотската традиција и воспитувањето, изразноста на сецесијата и едноставноста на јапонските форми. Покрај мебелот што го дизајнирал, се занимавал и со архитектура. Проектот што му донесол меѓународна репутација е Уметничката школа во Глазгов (1897-1909). Иако неговата кариера била релативно кратка, имал изразени квалитети и влијание врз архитектурата, и денес претставува неизоставно име во книгите за современа архитектура. Денес, најпозната градба и икона на модерната архитектура во Шкотска е зградата на Парламентот, проектирана од каталонскиот архитект Енрик Миралес. Зградата има репутација на ремек-дело на апстактниот модернизам и најдобро дело на каталонскиот архитект. Според зборовите на архитектот, формата е инспирирана од шкотскиот пејзаж и цртежите на цвет од споменатиот архитект Мекинтош. Интересно е што според некои истражувања на јавното мислење, овој објект бил четврти на листата за рушење, додека стручната јавност го сметала објектот за брилијантно архитектонско решение кое добило бројни награди, а една од најзначајните е Стерлинговата наградата на RIBA во 2005 година. Архитектот Енрик Миралес немал можност да го види завршено своето дело во 2004 година, и да го добие признанието во 2005 година, бидејќи починал во 2000 година.  26 декември 2014

ПОРТА

47

47


архитектура

48

48

ПОРТА

26 декември 2014


архитектура Секако, најпознатата жена - архитект на светот Заха Хадид и нејзиното студио се автори на Музејот на транспорт „Риверсајт“ во Глазгов. Глазгов е град кој има репутација на индустриски град во сенка на попознатиот Единбург. Ваков објект му бил потребен и заради големиот број посетители, а иконите на архитектурата главно ги имаат, што е феномен кој го започнал уште Френк Гери со познатиот пример, пионерот во брендирање на просторот со архитектура – Музејот Гугенхајм во Билбао. Зборувајќи за формата на објектот, Музејот на транспорт во Глазгов има облик на тунел кој ги поврзува брегот и градот, отворен на краевите. Најзначајната фасада, онаа кон брегот, има облик на бран. На краевите, фасадата се состои од стаклени површини кои овозможуваат продор на светлина во внатрешноста на објектот, но и визуелна конекција со околината. Музејот е отворен во 2012 година, а за една една година го посетиле над два милиони луѓе. Уште еден објект е значаен во современата архитектура на Шкотска, а тоа е Библиотеката на универзитетот Абердин. Проектот е на данското студио

„Шмит Хамер Ларсен“. Во септември 2012 година, кралицата Елизабета Втора свечено ја отворила новата библиотека. Објектот има 15.500 квадратни метри и претставува современ простор за учење и истражување на студентите, научниот кадар и посетителите. Во основа формата на објектот е едноставна, ја прави еден кубус со стаклена фасада која е „прошарана“ со неправилни вертикални елементи кои придонесуваат за динамичноста на објектот преку ден но и во текот на ноќта. Внатрешниот простор го карактеризира присуството на спирален атриум кој се протега на осум катови колку што има објектот. Објектот има и сертификат за енергетска ефикасност според стандардот Бриам (BREEAM), британски стандард во зелената градба. На крај, покрај иконичната архитектура и наградените проекти, треба да се споменат и скромните проекти кои презентираат на некој начин есенција на модерната архитектура на Шкотска, заснована на традиционалните форми на тоа поднебје. Архитектонското студио на Оливер Чемпмен од Единбург, дизајнирало 14 единици за дневна грижа на луѓе со посебни потреби,

каде фокусот бил ставен на создавање домаќински и пријатен амбиент за корисниците. Објектите со својот изглед потсетуваат на традиционални станбени куќи од тој крај. Нивната форма е сведена и едноставна, правоаголни објекти со кос покрив, кои не ја нарушуваат околината туку природно се вклопуваат во пејзажот во кој се наоѓаат. Просторниот распоред на објектите на парцели претставува ненаметлива целина која потсетува на традиционална населба со поголем број станбени куќи, кои совршено му прилегаат на шкотскиот пејзаж. Архитектурата на Шкотска веројатно не е историски богата како архитектурата на некои други земји од северот на Европа, но претставува добар пример на традиционално рационалното градежништво кое зрачи со логика. Покрај сите замоци и цркви, Шкотска секогаш ќе биде попозната по своите пејзажи, а среќа е што низ историјата Шкотите разбрале дека покрај толку богатиот пејзаж што го има нивната земја, архитектурата мора да има задача што подобро и ненаметливо да се вклопи во таа околина. Изгледа во тоа и успеале. 

26 декември 2014

ПОРТА

49

49


50

50

ПОРТА

26 декември 2014


Подем кој трае повеќе од 35 години!

З

а време на своето постоење, компанијата „Прототип“ од Скопје прерасна во една од најзначајните градежни фирми во Р. Македонија и пошироко. Во својот богат и плоден пат на постојан подем, кој трае повеќе од 35 години, „Прототип“ ги достигна највисоките точки во сферата на градежништвото. Сè ова се темели врз јасно зацртаните принципи на работа: долгогодишно искуство, динамична и квалитетна изградба по цена приспособлива за сите вкусови и коректен и професионален пристап. Главна насока на компанијата се континуираните инвестиции во идни унапредувања, амбициозни развојни планови со перманентно воведување на нови технологии, опрема и машини, обезбедување на високопрофесионален кадар, со основна цел поголема продуктивност и примена на новите технологии. Во секторот Алуминиумски конструкции

и стакло, „Прототип“ проектира и изведува секаков вид на стаклени фасади, вентилирани и спајдер фасади, алуминиумски огради, како и врати и прозорци од алуминиумски профили и ПВЦ профили. Застаклувањето се врши со изработка на двослоен и трослоен термопакет со аргонско полнење, сигурносни стакла, сите видови енергетски стакла со термоизолационен коефициент од 0,6 до 1,1 W/m²K, изработка на стаклени огради, стаклени прегради и стакла за звучна изолација, како и изработка на декоративни пескарени стакла. Во изведба на фасадите, „Прототип“ користи и алуминиумски композитен панел, кој претставува обложувачки материјал, карактеризиран со исклучителни естетски и термоизолациони својства. Секторот за челични конструкции врши изработка и изведба на секаков вид браварски работи од носечки челични конструкции, процесна опрема, антенски

столбови, изработка на хоризонтални и вертикални резервоари, соларни системи за топла вода, до сигурносни врати, огноотпорни врати, гаражни врати и галванизација. Во рамки на овој сектор дејствува и одделот за лимарски работи кој извршува кровопокривачки работи и вентилациони канали. Во секторот за реклами се изработуваат најразлични тотеми, пилони, билборди, светлечки реклами, подготовки за пескарење, изработка на реклами штандови, патокази, инфо табли, сообраќајни знаци и други рекламно-информативни производи. „Прототип“ може целосно да ги задоволи строгите критериуми на инвеститорите и проектантите од сите области и притоа да се вклучи во реализација на секаков вид. Сите активности кои ги извршува компанијата се координирани од висок стручен кадар, земајќи ги предвид светските стандарди, енергетската ефикасност и заштитата на човековата околина.

26 декември 2014

ПОРТА

51

51


градежништво

Топ 10 најимпресивни градежни потфати на сите времиња

Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

10. QINGDAO HAIWAN BRIDGE,

Qingdao, China / 2011 Со должина од 42,5 километри мостот е најдолг во светот. Мостот The Qingdao Haiwan го поврзува градот Qingdao во Источна Кина со предградијата во Huangdao, долж водите на заливот Jiazhhou. Во Гинисовата книга на рекорди, влезен е како најдолг мост преку вода во светот. При градењето на мостот, користени се 450.000 тони челик и 2,3 милиони метри кубни бетон. Мостот е проектиран така што може да издржи најсилни земјотреси, тајфуни и удар на бродови. Се држи на 5.238 бетонски столбови.

9. BURJ KHALIFA (КУЛАТА ВО ДУБАИ),

Дубаи, Обединети арапски емирати / 2010 Кулата е висока 828 метри, и во моментов е највисоката зграда и најголемата слободно стоечка структура во светот. Има 163 ката и зафаќа вкупна површина, со сите катови, од 3,3 милиони метри квадратни. Има 27 тераси. Проектирана е да издржи налети на ветер од 160 км/час. Преку 22 милиони часови е работено ден и ноќ, додека зградата не е завршена.

52

52

ПОРТА

26 декември 2014


градежништво 8. ENGLISH CHANNEL TUNNEL (АНГЛИСКИОТ ТУНЕЛ ПОД ЛА МАНШ),

Теснецот кај Довер / 1994 Наречен како едно од седумте светски чуда на модерниот свет од American Society of Civil Engineers. Тунелот е долг 50 километри, а најголемата длабочина што ја достигнува е 76 метри. Ова е вториот најдолг тунел во светот и го има најдолгиот подморски дел од кој и да било друг тунел. Граден е шест години од 13.000 инженери, техничари и работници со 11 специјални машини за изведба на тунели. Машините имале вкупна тежина од 12.000 тони, малку повеќе од Ајфеловата кула. Десет луѓе, од кои осум англичани загинале при неговата изградба. Всушност, изградени се три тунели, два за возови и еден сервисен кој служи за спасување, ако има потреба. Низ тунелот секојдневно проаѓаат 400 возови.

7. GOLDEN GATE BRIDGE,

Сан Франциско / 1937 Овој мост е оптегнат на 27.572 кабли со вкупна должина на каблите од 128.747 километри и има вкупно 600.000 заковки. Долг е 2,1 километар и го поврзува Сан Франциско со останатиот дел од заливот. Препознатлив симбол на Сан Франциско, наречен историски градежен симбол од American Society of Civil Engineers. Конструиран е од градежниот инженер Џозеф Штраус (Joseph Strauss), додека архитектот Ирвинг Мороу (Irving Morrow) ги проектирал стопите на мостот со елементи на арт деко. Челичните кабли се проектирани од Леон Моизеиф (Leon Moisseiff).

6. HOOVER DAM,

Река Колорадо / 1936 Браната е направена на реката Колорадо во Црниот кањон и е граница помеѓу сојузните американски држави Аризона и Невада. Наречена е едно од седумте светски чуда на модерниот свет и историски градежен симбол од American Society of Civil Engineers. Центаралата Хувер дава четири билиони kWh струја секоја година. Преградувајќи ја реката Колорадо, браната го прави езерото Мид (Mead), најголемото вештачко езеро на западната хемисфера. При изградба на браната загинале преку 100 работници. Иако е изградена во време на претседателот Рузвелт, контроверзно е наречна по Херберт Хувер кој го наследил Френклин Рузвелт. Се наоѓа близу градот Булдер (Boulder), па ја нарекуваат и браната Булдер. Проектирана е од инженерот Џон Л. Саваж (John L. Savage). Во темелите е широка 200 метри, а на завршетокот се стеснува на 14 метри.  26 декември 2014

ПОРТА

53

53


градежништво 5. ПАНАМСКИ КАНАЛ,

Панама / 1914 Долг е 77 километри и ги поврзува Атланскиот и Пацифичкиот Океан, овозможувајќи пловидба на бродови меѓу Јужна и Северна Америка. Пред тоа бродовите пловеле околу ðртот Кејп Хорн и вртеле околу 15.000 километри. Наречен е едно од седумте светски чуда на модерниот свет и историски градежен симбол од American Society of Civil. Висинската разлика меѓу највисоката точка и морското ниво изнесува 26 метри. Низ каналот проаѓаат преку 15.000 бродови секоја година. Секоја од подвижните порти, што го регулира нивото на водата во каналот, тежи по 750 тони и ги полни коморите со 52 милиони галони вода, за да можат бродовите да пловат. Проектиран е од Фердинанд де Лезепс (Ferdinand de Lesseps) француски конструктор, кој го проектирал и Суецкиот канал. Преку 40.000 работници работеле при изгрдба на каналот. Го започнале Французите, а го завршиле Американците.

3. АКВАДУКТОТ ВО СЕГОВИЈА,

4. BROOKLYN BRIDGE,

Бруклин, Њујорк / 1883 Прв мост во светот кој користел носечки челични кабли. За првпат се користел експлозив за да се направат фундаментите под вода. Најголем висечки мост во светот до ден денешен. Секој ден преку него поминуваат 144.000 возила. Пред да започне проектот да се изведува, главниот инженер умира и работата ја презема неговиот син Вашингтон Реблинг (Washington Roebling) кој цело време додека мостот се градел не излегол од својата соба, каде што живеел, затоа што бил осакатен од декомпресија.

54

54

ПОРТА

26 декември 2014

Шпанија, околу 50 година нова ера Проектиран е да пренесува вода од реката Фуенте Фриа (Fuente Fria), која била близу планините до градот Ла Ацебеда (La Acebeda) на растојание од 17 километри. Долг е 15 километри. Има 167 арки, 88 двојни и 79 самостојни. Наречен историски градежен симбол од American Society of Civil во 1999 година. Не се знае кога е точно изграден. Се мисли дека е изграден во времето на императорот Трајан, или пак нешто подоцна во 80 година од нашата ера во време на императорот Домицијан. Аквадуктот се користи до ден денешен. За изградбата на аквадуктот се употребени 24.000 гранитни блокови без користење на малтер за поврзување.


градежништво

2. КИНЕСКИОТ ЅИД,

Кина, 475 година пред наша ера - 15 век наша ера Преку две илјади години ѕидот се градел, преизградувал, проширувал. Започнал да се гради во 475 година пред нашата ера како заштита од инвазија на Хуните. Долг е 8.850 километри. Малтерот што се користел за поврзување на камењата во ѕидот е направен од оризово брашно. Правен е од камен, тули, набиена земја, дрво и други материјали. Некои од кулите изградени на ѕидот се на висина од 980 метри над морското ниво. Ѕидот е висок 7,8 метри, а широк просечно 5 метри. На места е широк 9 метри. Мит е дека може да се види со голо око од месечината.

1. ГОЛЕМАТА ПИРАМИДА,

Гиза, Египет / 2504 година пред наша ера Позната како Големата пирамида од Гиза, пирамидата на Куфу или Кеопсовата пирамида е најстара и најголема пирамида во Гиза. Најстара е од седумте светски чуда на стариот свет и единствена која е останата. Висока е 146,5 метри и била најголема структура направена од човекот преку 3800 години. Се претпоставува дека е градена околу 20 години. При градењето се употребени 2,3 милиони камени блокови, просечната тежина на еден блок е 2,5 тони, а најголемите блокови тежат помеѓу 25 и 80 тони. Донесени се од далечина од преку 800 километри. Се претпоставува дека преку 30.000 работници работеле на нејзината изградба. 

26 декември 2014

ПОРТА

55

55


Систем 76 MD - систем со среден дихтунг Нуди многу повеќе

Т

ри аспекти играат важна улога кај топлинската изолација на прозорците: топлинската изолација на прозорската рамка, изолациското стакло со дистанцери помеѓу стаклото, и спојот прозорец - ѕид. Новата генерација на ПВЦ прозорски системи – Систем 76 МD, постигнува одлични вредности на топлинска изолација уште во својата стандардна изведба – Uf=1,0 W/m2K, додека во варијантата ProEnergyTec постигнува одлични Uf=0,73 W/m2K. Максималната топлинска изолација постигната уште кај стандардните системи, потенкиот изглед на профилот со намалена висина на рамката и крилото за постигнување на што повеќе дневна светлина и поголеми соларни придобивки, ултрамодерните застаклувања до 48 мм дебелина на стаклениот пакет, и ефикасниот дизајн за поедноставна изработка – сето ова е сплотено во новата

56

56

ПОРТА

26 декември 2014

генерација на профили под имињата: TROCAL 76, KBE 76 i KÖMMERLING 76. Profine Group разви нов трендовски систем за ПВЦ прозорци и врати со инсталациска длабочина од 76 мм, од каде што и доаѓа името на новиот систем, Систем 76. Тоа е најзначајната развојна иновација на овој производител на профили во последните 15 години, и прв чекор кон големата инвестициска офанзива во новиот дијапазон на профили. Оваа серија на профили има сè што е потрбно за да стане водечки стандарден систем со најголем удел на пазарот. Најпрво во варијанта со бочни дихтунзи, и присутен само на пазарот во Централна Европа, Системот 76 MD во варијанта со среден дихтунг е достапен и во Македонија под бренд имињата: TROCAL 76 MD, KBE 76 MD i KÖMMERLING 76 MD. За овој систем Profine инвестираше во развој преку 50 нови профили и придружен прибор. Системот 76 MD е достапен и во варијанта со најновата технологија на исполна на профилот - ProEnergyTec.

Во овој случај, изолационата комора е исполнета со пена за да се подобри топлинско-изолацискиот ефект. Освен тоа што даваат подобра топлинска изолација, однапред исполнетите ПВЦ профили го олеснуваат и производството, а подоцна при рециклирање на прозорците со ProEnergyTec исполна, пената многу лесно се одвојува од поливинилхлоридот, овозможувајќи на тој начин потполно рециклирање на ПВЦ профилите. Во комбинација со алуминиумскиот статички профил (варијанта AluClip Pro) или во варијантата со лепење (крило и стакло), Системот 76 може да се вгради без никакво зацврстување, било во крилото или во рамката на прозорецот, што придонесува за уште подобра топлинска изолација и под стандардните 1,0 W/m2K. Одличните вредности на топлинската изолација не ја постигнуваат својата цел доколку прозорецот нема еднакво добри вредности на непропустливост на воздухот и отпорност на удар од ветер. Системот


76 MD со своето иновативно дихтување оневозможува создавање на провев во какви и да било услови, а прашината и дождот со сигурност ги задржува надвор. Класата за непропустливост на воздухот на новиот систем е IV, а клaсата за отпорност на удар од ветер е C5/B5. Со други зборови, ова значи дека прозороцот може да издржи удар на ветер со брзина од 250 км/ч, што е брзина на ураган од IV категорија, а без трајни деформации и промени на карактеристиките на прозорецот. Системот 76 MD е плод на повеќедецениско искуство и синергија на инженерите од TROCAL, KBE i KÖMMERLING. Освен техничките својства на профилите, големо внимание е посветено и на звучната изолација и сигурноста. Звучната изолација станува сè позначајна имајќи го предвид сè поголемиот степен на загаденост од бучава, особено во градовите со поголеми сообраќајници. За жал, заштитата на населението од бучава е занемарена и потценета тема. Системот 76 MD е проектиран така што, со иновативната техника на запечатување и со звучно изолациските стакла, ќе понуди најголеми вредности за заштита од бучава - вредности кои вообичаено ги поврзуваме со системите на највисоката ценовна класа - со Rw до 47 dB, што претставува речиси петпати намален осет на бучава со затворен прозорец. Сигурноста, исто така, станува значајна тема при купување нови прозорци, бидејќи прозорците, балконите и терасите се најчестите места на провали. Системот 76 е дизајниран да понуди најголема можна заштита од провали - до RC 2, бидејќи има дизајн оптимизиран за противпровални окови и за прифаќање на сигурносното стакло. А резултатот, на провалникот му е многу тешко насилно да го отвори прозорецот или да го искрши

стаклото, а тоа е доволно за успешно откажување на искусните провалници. Profine со Системот 76, исто така големо внимание посвети на самиот изглед на прозорецот. Така, тој е достапен во варијантите AluClip, AluClip Pro i Add On, каде се спојува најдоброто од светот на алуминиумот и поливинилхлоридот. Притоа, алуминиумот нуди фасцинантна безвременска елеганција, бројни варијации

во дизајнот и многу висока стабилност, а поливинилхлоридот извонредна топлинска и звучна изолација. Исто така, новиот систем сега нуди и далеку најголем дијапазон на бои, дрвен декор и металик структурни ламинирани фолии – вкупно 87. После сè, со право можеме да утврдиме дека Системот 76 нуди многу, многу повеќе, за едно сосема модерно искуство на живеење.

26 декември 2014

ПОРТА

57

57


U w do

0W,/(7m 3K) 2

Sistem 76 MD

Nova generacija PVC prozora i vrata.

58

58

ПОРТА

26 декември 2014profine

BH d.o.o. ▪ Magistralni put A 33 ▪ Živinice ▪ www.profine.ba ▪ profine.bh@profine-group.com


енергетска ефикасност

Агрикултурна, самоодржлива градинка во Виетнам

Проектот за оваа градинка е своевиден предизвик кој функционира како самоодржлив систем, сместен во екстремно тропска клима, учејќи ги најмладите жители за важноста на еден одржлив систем, образование и дизајн Драгица ФАРРЕН, дипл.инж.арх. (Англија)

А

рхитектонското студио Vo Trong Nghia од Виетнам, дизајнира едно интересно и енергетско решение за детска градинка. Името на проектот е „Агрикултурна градинка“ (Farming Kindergarten) и е дизајнирана да прими 500 деца од околината на Biên Hòa (Виетнам). Виетнам е држава со земјоделска традиција, којашто полека се придвижува

кон производствена економија со голем број фабрики кои, за жал, континуирано ја уништуваат природата. Зголемениот број на суши и поплави ги загрозуваат резервите на храна, додека огромниот број на возила создаваат големо загадување во градовите. Брзата урбанизација ги одзема зелените површини и игралишта на децата, а со тоа се уништува една витална врска со природата. Проектот за оваа градинка е своевиден предизвик, предвиден да ги стабилизира

овие проблеми. Тој функционира како самоодржлив систем, сместен во екстремно тропска клима, учејќи ги најмладите жители за важноста на еден одржлив систем, образование и дизајн. Оваа градинка е лоцирана до фабрика за производство на чевли. Нејзината форма е организирана во една континуирана вкрстена спирала, која се издигнува и спушта до теренот, покриена со зелен покрив со трева и земја за обработка,  26 декември 2014

ПОРТА

59

59


енергетска ефикасност каде што децата од најмали години можат да одгледуваат зеленчук, овошје и да играат безгрижно и слободно под небото. Со формата на градинката како континуиран троен прстен, остварени се интересни затворени дворови за безбедно играње на теренот. Зелениот кровен покрив е целосно отворен за прошетки и настава на отворено, каде што децата непосредно ќе можат да остварат убава и корисна врска со природата. Сите внатрешни функции на градинката се сместени под овој интересен покрив. Кога се спушта до ниво на терен, тој служи како рампа за стигнување до врвот на зелените градини, кои стануваат клучно место каде што децата се едуцираат за важноста на одгледување на сопствени природни производи и важноста да се чува природата. Во оваа градинка е употребен модерен

60

60

ПОРТА

26 декември 2014


енергетска ефикасност

Vo Trong Nghia

енергетско-ефикасен систем. Употребен е зелен покрив за изолација, зелена фасада за сенка и соларно загревање на водата за користење. Вкрстено проветрување е овозможено со тенки континуирани прозорци од двете страни на просториите, додека отпадната вода од фабриката за чевли во соседството е рециклирана за одводнување на зеленилото и како отпадна вода во казанчињата во тоалетите. Овие мерки за самоодржливост се видливи во дизајнот на градинката поради едукација на децата од најмала возраст за важноста на штедење на природните ресурси и заштита на природата. Со овие мерки, градинката функционира без помош на клима уреди, иако се наоѓа во екстремно остра тропска клима со високи температури. После 10 месеци од функционирање на овој објект, извештајот е дека зградата штеди 25% енергија и 40% питка вода во споредба со објектите со традиционален метод на конструкција, што значи голема заштеда за негово функционирање. Овој проект е наменет за децата на работниците од соседната фабриката за чевли, кои имаат ниски примања и затоа изведбата е со низок буџет и нискобуџетни - технолошки конструкции со употреба на локални материјали, за да се намали конструктивниот импакт врз природната средина и да се овозможи заштеда во целокупниот трошок. Дизајнот на оваа градинка е прототип на владата на Виетнам за промоција на зелени објекти, како дел од нејзината енвиронменталистичка стратегија за зачувување на природата и околината во државата.  26 декември 2014

ПОРТА

61

61


ентериер

BARCODE CAFE - ТЕТОВО

Од експеримент до реализација

Комплексноста на овој проект претставуваше една движечка сила на проектантскиот тим на BMA (Besian Mehmeti Architects), да се направи нешто невообичаено, а истовремено функционално и одржливо, нешто што ќе предизвикува позитивни мемории кај сите посетители корисници, бидејќи тие се оние за кои и се прави архитектурата

У

лицата Дервиш Цара во централното градско подрачје во Тетово, во последно време прераснува во главно собиралиште на младите од градот. Уште еднo во низата е BARCODE CAFE, дело на веќе докажаниот и афирмиран проектантски тим на BMA (Besian Mehmeti Architects) составен од Бесиан Мехмети, Арменд Хабипи, Стефан Атанасоски и Никола Кунгуловски. Потребата од дополнително проширување, зголемување на понудата и капацитетот на локалот биле појдовните барања на клиентот, чиишто префинети барања и идеи биле вклучени и понатаму во проектантскиот процес. Се започнало од тоа да се направи нешто специфично, невидено, во една доза можеби и екстравагантно, но во секој случај восприемливо за човечко око - прифатливо. „Претходните правени студии, истражувања на параметричкиот дизајн, 62

62

ПОРТА

26 декември 2014


ентериер Енис ХОЏА, дипл.инж. арх.

директни и индиректни искуства во студиото на BMA беа еден поттик, а истовремено и предизвик за внесување на таквиот дизајн во рамки на овој проект за внатрешно уредување, нормално, дополнително охрабрени и од клиентот, таквиот екперимент да се реализира“, вели Бесиан Мехмети. Параметричкиот дизајн (параметричка архитектура) во концептот на уредување на просторот е внесен преку интерпретацијата на баркодот во обработката на плафонот како нов начин на прикажување на врската со името на локалот, а нормално и созадавање на препознатлив елемент и мемориска слика кај

секој посетител. Оваа дрвена параметричка обработка на плафонот го зазема влезниот и двата бочни модули во просторот веднаш над шанкот и со своите димензии зафаќа 60% од вкупната површина на плафонот. Истовремено се користи индустрискиот дизајн со употреба на необработен метал, видливите инсталации, металните завршетоци на ентериерната обработка - шанкот, користењето на необработена метална мрежа за опшивање на дел од ѕидовите до парапетна висина, како и нејзина употреба кај плафоните. Употребата на дрвото во подната обработка, зачувувањето на тулата - елемент од претходниот концепт 

26 декември 2014

ПОРТА

63

63


ентериер и нејзиното дополнително користење, употребата на топлите бои, завршната ѕидна обработка со црна боја за табла го дополнуваат овој простор кој плени со својата релативна едноставност и пријатно чувство. „Со дополнителната интервенција и проширувањето се добива еден П облик на просторот во кој шанкот го зазема централно место, и кој со својата позиција и димензии истовремено ги опслужува корисниците и ги насочува кон останатите делови од просторот. Тој заедно со параметричката обработка на плафонот ја создаваат првата впечатлива, но не и последна препознатлива слика за овој простор“, потенцираат од BMA. Во внатрешното уредување на просторот се внимава и во изборот на ентериерната опрема – мебел (високи и ниски столици, маси, табуретки, фотелји итн.) со чија поставеност и организација се овозможува создавање на различни амбиенти и катчиња во рамки на еден простор, во секој случај меѓусебно компонирани и ненаметливи едно на друго. Изборот на декоративни детали, амбиенталното осветлување дополнително го збогатуваат овој простор. „ Комплексноста на овој проект претставуваше една движечка сила на проектантскиот тим на BMA, да се направи нешто невообичаено, а истовремено функционално и одржливо, нешто што ќе предизвикува позитивни мемории кај сите посетители - корисници, бидејќи тие се оние за кои и се прави архитектурата. Финалниот

64

64

ПОРТА

26 декември 2014


ентериер продукт, задоволството кај клиентот и корисниците, ни даваат дополнителен мотив дека за секоја издржана идеја и екпсеримент, постои и реализација. Токму тоа успеавме да го постигнеме со овој проект за внатрешно уредување“, дообјаснува завршувајќи го разговорот Мехмети, а она што дефинитивно може да се почувствува во овој простор е тоа што овие стремежи на Бесиан се во целост остварени. Нескриена желба на секој архитект е реализираниот проект да создава позитивни реакции во однос на својата функционалност, естетска и обликувана урамнотеженост, да емитира пријатни чувства кај секој посетител и корисник. Уште поголемо е задоволството кога до самата реализација ќе се стигне ако се започнало од еден експеримент во кој постои сомнеж дека може да биде и успешен и финализиран како проект. 

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМ

КРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Дознајте повеќе на:

pcb.com.mk/ekokredit 26 декемвридознај 2014 повеќе ПОРТА

65

65


репортажа

Казахстан

Р

епублика Казахстан се наоѓа во Средна Азија, има површина од 2.724.900 km2 (поголема од површината на Западна Европа) и според пространството се наоѓа на деветто место во светот. Според последниот попис има 17.221.000 жители, кои претставуваат околу 130 различни народности и етнички групи. Најмногу се Казаси, а веднаш по нив Руси. На запад излегува на Касписко Море, на север се граничи со Русија, на исток со Кина и на југ со Киргистан, Узбекистан и Туркменистан. Климата е остра континентална. Повеќе од четвртина територија заземаат степите, половина пустините и полупустините, а преостанатата четвртина планини, мориња, езера и реки. Казахстан е една од најбогатите држави според природните ресурси со 99 елементи од периодичниот Менделеев

66

66

ПОРТА

26 декември 2014

Слободан МИНИЌ, дипл.град.инж. систем на елементи. Зазема прво место во светот според истражените резерви на цинк, волфрам и барит, второ место според сребро, олово и кроматим, трето според бакар и флуорит, четврто според молибден, шесто според злато. Има значителни резерви на нафта и гас, и е најголем светски производител на ураниум. Низ поголемиот дел од историјата, просторот на денешен Казахстан го населувале номадски племиња, а првите индикации на државност се наѕираат кога просторот во 18 век станал дел од Руската империја, а подоцна Советски Сојуз. Република Казахстан ја прогласи независноста на 16 декември 1991 година, како последна советска република која го стори тоа. После транзициската криза во деведесеттите години на минатиот век, Казахстан доживува економска преродба врз основа


репортажа

срцето на Централна Азија

на искористувањето на наоѓалиштата на нафта и силниот земјоделски сектор. Во последната деценија, бруто домашниот производ по глава на жител пораснал од 700 на 8.000 долари. Поголемиот дел од населението, главно, е распоредено по урбаните области, каде посебно се издвојуваат главниот град Астана и старата престолнина Алмати. Градот Акмола, во срцето на Казахстан, не бил од големо значење сè до 1997 година кога бил прогласен за главен град под името Астана. Лежи на реката Ишим во пространа област на степи. Локацијата на градот е во јужен Сибир и со оглед на климата тој се наоѓа на второ место на најстудените престолнини во светот, веднаш после монголскиот Улан Батор. Просечните зимски температури се -15OC,

а не ретко се спуштаат и до -40OC. Лете надминуваат и преку +35OC. Астана може да се опише како далечна населба каква замјаните никогаш не виделе. Град на 21 век подигнат без никаква стилска врска со зградите што тука постоеле и претходно, и без никаков однос спрема околниот терен. За планирање на градот, чија изградба сè уште трае, е задолжен јапонскиот архитект Кишо Курокава. Проектирањето на одделни објекти е доверено на големи имиња, како што се Норман Фостер или Манфреди Николети. Градот доживува брз економски развој, изградба и доселување на нови жители. Јужно од престолнината, на 1.200 км, во сосема поразличен амбиент е градот Алмати, основан во 1854 година. После губењето на статусот главен град,  26 декември 2014

ПОРТА

67

67


репортажа ја задржал позицијата на центар на бизнисот и главните економски текови. Речиси сите позначајни домашни и странски компании имаат свои централи во овој град. Стариот дел на градот е персонификација на советски град од 30-тите години на минатиот век, со улици преполни со дрвореди, рационално проектиран како сплет на улици кои се сечат под прав агол. Во рамките на планинскиот венец Тјен Шан со највисокиот врв Хан Тенгири (7.100 м), со површина од 324,8 km2, Алмати се простира на надморска височина со неверојатен распон од 500 до 1.700 метри над морето. Новоизградените квартови на градот со својата архитектура во потполност ги отсликуваат современите проектантски трендови во хармонија со бетон, челик и стакло. Алмати, исто така, бил и останал културно средиште на државата. Во градот постојат 14 театри, седум концертни сали, 32 музеја, 20 уметнички галерии, 39 библиотеки, два дома на детското творештво, 18 кина, постојана поставка на циркус, две филхармонии, 11 бендови, 13 ансамбли, 115 споменици на историјата, архитектурата и монументалната уметност, 920 спортски објекти и многу ресторани и ноќни клубови. И порано, а особено после VII Зимски азизски игри одржани во 2011 година, непосредно над градот се наоѓа комплетна понуда за користење зимски спортови во туристичките ски центри Медеу и Чимбулак. Во трката за организација на XXIV Зимски олимписки игри 2022 година, Алмати и Пекинг се кандидати помеѓу кои во јуни 2015 година ќе се одлучува кој ќе биде домаќин. Освен овие центри, поголеми градови во Казахстан се: Шимкент, Караганди, Актобе, Тараз, Павлодар, Оскемен, Семеј. Во Кизилордиската област, една од десетте области со кои Казахстан е административно поделен, се наоѓа познатиот космодром Бајконур од кој е изведен првиот човечки лет во вселената. Казахстан, земја со единствена изворна култура на номадските народи, обилува и со богати разнолики пејзажи на недопрена природа: од непрегледни степи до длабоки кањони и планински езера. Има 10 национални паркови, од кои секој за себе поседува посебна и својстена убавина и вредност. Доколку имате намера да ја посетите оваа голема земја во Централна Азија, ќе имате можност да запознаете многу срдечни и гостољубиви луѓе.  68

68

ПОРТА

26 декември 2014


рубрика

26 декември 2014

ПОРТА

69

69


рубрика

Предизвик на природното совршенство - акустика и естетика во хармонија.

Создавањето простор е предизвик помеѓу формата и функционалноста. Да се чуе звукот. Да се доживее акустично. Да се види естетиката. Ние ги разбираме Вашите предизвици.

Knauf Cleaneo систем – акустика и естетика во хармонија. 70

70

ПОРТА

26 декември 2014


Бела Македонија

Г

радот Дебар се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, простирајќи се во југоисточниот дел на Дебарско Поле, во подножјето на планината Дешат, на надморска височина од 625 метри. Непосредно во јужниот крај на градот се наоѓа браната Шпилје изградена на вливот на реката Радика во Црн Дрим. Дебарскиот регион е вистинско природно богатство. И тоа од две причини. Од една страна, не може да остане незабележано чистото синило на небото во овој крај и раскошот на пространата белина на околните планини во исклучително снежните зими, а од друга страна, фактот за природниот ресурс на калциум карбонат (гипс) кој е карактеристичен за оваа област. Интересен е фактот што овој дел на Балканот и Европа отсекогаш давал висококвалитетни суровини. Во радиус од околу стотина километри и денес, освен чистиот бел радички гипс, се наоѓа и белиот прилепски мермер со светско реноме, како и други ретки и скапоцени природни богатства. Токму ова нè поттикна да го посетиме дебарскиот регион, каде на малата височинка крај реката Радика се ископуваат огромни количини гипс за потребите на фабриката и светскиот бренд за производство на градежни материјали - Кнауф. Компанијата Кнауф потекнува

од Германија, а во јуни 1994 година во Македонија основа комерцијално-техничка канцеларија, надлежна за македонскиот пазар, а во 1997 година Кнауф откупува акции од фабриката „Радика“ во Дебар и започнува со изградба на денес, веќе модерна и моќна фабрика. При посетата на фабриката во Дебар, имавме можност да разговараме со господин Бурхан Мурати, кој е одговорен за применување на нови технологии во фабриката Кнауф Радика. Неговото раководство се залага за постојано следење на светските трендови, како и за испитување на производите што излегуваат од неа. Раскажувајќи ни за историјата на користење на гипсот (калциум карбонатот) во дебарскиот регион, Мурати временски не врати назад речиси две илјади години, во римското време, од кога по текот на Радика се користеле наслагите на калциум карбонат покрај самото корито. Постојат проверени податоци дека селенитниот (кристален) гипс се користел од Римјаните уште пред две илјади години, што уште еднаш говори за фактот што овој дел од Балканот и Европа отсекогаш давал висококвалитетни природни суровини. Традицијата е продолжена од антиката па сè до денес. Во меѓувреме, во 1957 година, во некогашната СФРЈ, е основан индустрискиот погон Радика, каде гипсот се користел главно во медицински и

ортопедски цели, и за керамичката индустрија. Залихите на алабастер и кристален гипс во овој регион се огромни и со врвен квалитет, што е реткост во Европа, па оттука логичен е и постојаниот пораст на експлоатацијата на тие богатства. Особено видлив е напредокот по изградбата на модерната фабрика во 1997 година, под капата на светскиот бренд Кнауф, која за Македонија не претставува само инвестиција туку и носење на огромно знаење и врвно искуство. Производите од гипс се најпопуларната линија под брендот на Кнауф, чии предности се докажани. Имено, гипсот претставува потполно природен и здрав материјал, а доказ за тоа е што тој наоѓа примена и во медицината. Покрај тоа, Кнауф употребува гипс кој придонесува за удобност и сигурност во живеењето, преку обезбедување изедначена клима, пренос на топлина и огноотпорност при опасност од пожар. Исто така, една од многубројните предности на гипсот се таканаречените „пори за удобност“, што овозможуваат гипсените градежни материјали успешно да ја регулираат влагата во просторијата. Денес во фабриката Кнауф-Радика се вработени повеќе од 190 луѓе, и таа, повеќе од секогаш, претставува гордост и движечка сила на целиот регион, а се очекува и уште позасилен успех во наредните години.

26 декември 2014

ПОРТА

71

71


експерт

„АРХИТЕКТОНСКИ“ ЗВЕЗДИ

Талент без граници Листата на несудени архитекти кои творат и ја стекнуваат својата слава во други уметнички дисциплини е навистина долга. Верувам дека нивната започната едукација во архитектурата има придонесено за нивните остварувања во новите усвоени дисциплини. д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ,

дипл.инж.арх. (Велика Британија) It’s a Wonderful Life

В

о пресрет на новогодишните и божиќните празници љубителите на филмот, особено класичниот, не можат а да не се присетат на филмот што се смета за еден од најдобрите на сите времиња - „Ова е прекрасен живот“ (It’s a Wonderful Life) во режија на Френк Капра (Frank Capra) од 1946 година со Џејмс Стјуарт (James Stewart, 1908-1997) и Дона Рид (Donna Reed) во насловните улоги. Во оваа семејна драма-фантазија, ангел му помога на сочуствителен но очаен деловен човек да осознае каков би бил животот доколку тој никогаш не постоел. Улогата во овој филм резултирала во една од петте номинации за наградата Оскар на Џејмс (Џими) Стјуарт. Иако не го добил Оскарот за овој филм, тој е добитник на Оскар за својата улога

72

72

ПОРТА

26 декември 2014

во филмот „Филаделфиска приказна“ (The Philadelphia Story) во 1941 година и на Почесен Оскар за животно дело во 1985 година. Џејмс Стјуарт бил навистина сестрана личност: глумец кој се смета за најдобриот во светот од периодот на класичните филмови; музичар кој свирел хармоника; пилот и активен учесник во Втората светска војна, кој од обичен војник се издигнал до рангот на бригаден генерал во Американските воздухопловни сили; поет; итн. Она што е веројатно помалку познато за овој великан на филмот е дека тој се стекнал со диплома по архитектура на универзитетот Принстон, каде особено се истакнал со својот дипломски труд на тема проектирање на аеродроми, а врз основа на која добил стипендија за постдипломски студии. За жал, глумата, музиката и воздухопловството му го одвлекле

неговото внимание од архитектурата. Слична животна патека имала уште една филмска звезда. Само една година помлад од Џејмс Стјурат, британскиот актер Џејмс Мејсон (James Mason, 1909-1984), се стекнал со диплома по архитектура од прва класа (највисока оценка) на Универзитетот во Кембриџ како студент на најстариот колеџ на универзитетот, Питерхаус (Peterhouse, Cambridge), основан во 1284 година од Бискупот од Или. Со три номинации за Оскар (еден за главна улога и две за споредни улоги) тој ќе биде запаметен по улогите на Јулие Цезар, Фелдмаршалот Ервин Ромел, Капетанот Немо и улогите во над 100 филмови за време на својата 40 години долга филмска кариера. Џејмс Мејсон бил познат по својот пацифистички став и одбивањето да земе учество во Втората светска војна, придонел во


експерт очувувањето на филмското наследство и бил голем љубител на домашните миленичиња, особено мачките. Како анегдота од неговиот живот се споменува дека тој успеал да спаси две камени скулптури на лавови кои ја украсувале капијата на претходно продадениот семеен дом во Англија пред тој да биде срушен, а за да ги пренесе во својот дом во Швајцарија. За разлика од Џејмс Стјурат и Џејмс Мејсон, помладите генерации на глумци се чини дека ги напуштиле студиите по архитектура пред нив да ги завршат, за да се посветат на својата алтернативна кариера. Во оваа група спаѓаат американската глумица и модел, Коуртни Кокс (Courtney Cox, 1964), попозната по нејзината улога како Моника Гелер (Monica Geller) во телевизиската серија „Пријатели“ (Friends), која ги напуштила студиите по архитектура и внатрешна архитектура само по една година студии на Моунт Вернон колеџот во Вашингтон, ДЦ (Mount Vernon College, Washington, DC) и боливудската ѕвезда, модел и Мис на светот во 1994 година Аишварја Раи (Aishwarya Rai, 1973) која исто така ги напуштила своите студии по архитектура на Рачна колеџот за уметности и комерција во Мумбаи (Rachna College of Arts and Commerce, Mumbai). Љубителите на хип-хоп музика и на поновите филмови сигурно го знаат О’Шеа Џексон (O’Shea Jackson, 1969), кој е попознат под своето уметничко име Ајс Кјуб (Ice Cube). Тој освен како пеач-рапер, композитор и глумец, се јавува и како музички продуцент, сценарист и режисер. Пред да се посвети на музиката, тој судирал архитектонско цртање на Институтот за

технологија во Феникс (Phoenix Institute of Technology, Phoenix) каде се стекал со сертификат по (техничко) цртање (Certificate in Draughtsmanship). Нешто помлад од Ајс Кјуб, Хенри Олусеган Адеола Самјуел (Henry Olusegun Adeola Samuel, 1963) е исто така попознат под своето естрадно име Сил (Seal). Овој пеач и композитор на соул, ритам и блуз, завришил двогодишни дипломски студии по архитектура во Лондон пред да стане познат по своја музичка кариера со над 30 милиони продадени албуми во светот и бројни меѓународни хитови, вклучително со „Бакнеж од Роза“ (Kiss from a Rose) која е една од песните користени во филмот „Бетмен засекогаш“ (Batman Forever) од 1995 година. Архитектурата, или поточно Факултетот за архитектура (School of Architecture) при Политехниката на улица Регент во Лондон (Regent Street Polytechnic), сега Универзитетот од Вестминстер (University of Westminster), одиграле значајна улога во создавањето на една од најпознатите музички групи во доменот на прогресивна рок музика од минатиот век „Пинк Флојд“ (Pink Floyd). Тука, како студенти на архитектура се сретнале Роџер Ватерс (Roger Waters, 1943), музичар, пеач, лирицист, мулти-инструменталист и композитор, Ник Мејсон (Nick Mason, 1944), тапанар, и Ричард Рајт (Richard Wright, 1943), клавијатурист, средба која резултирала во создвањето на оваа група. Музиката го надминала интересот за архитектура, така што тие ги напуштиле студиите по архитектура по првата година, со тоа што Ричард Рајт се префлил да студира музика на Лондонскиот колеџ за

музика (London College of Music). Половина век по запишувањето на Факултетот по архитектура, Ник Мајсон се вратил на, сега, Факултетот за архитектура и изградена средина при Универзитетот од Вестминстер, за да го прими својот Почесен докторат (Honorary Doctorate of Letters). Со над 250 милиони продадени албуми до 2013 година, „Пинк Флојд“ ги оставаат зад себе незаборавните концепт албуми како „Темната страна на месечината“ (The Dark Side of the Moon), „Посакувам да си тука“ (Wish You Were Here), „Животни“ (Animals), „Ѕид“ (The Wall) и „Последен исечоци“ (The Final Cuts). Друг познат естраден уметник со „корени“ во архитектурата е и Артур Ијра „Арт“ Гарфанкел (Arthur Ira “Art” Garfunkel, 1941), познатиот американски пеач, поет глумец и библиофил, кој веројатно е уште попознат по своето партнерство во фолк рок дуетот „Сајмон и Графанкел“ (Simon and Garfunkel) со Пол Сајмон (Paul Simon), преку кои оставиле незаборавни хитови како „Звукот на тишината“ (Sound od Silence), „Розмари и Тајм“ (Rosemary and Thyme) „Госпоѓа Робинсон“ (Mrs. Robinson), „Мост преку немирната вода“ (Bridge Over Troubled Water), „Сисилија“ (Cecilia) и „Ел Кондор паса“ (El Condor Pasa) меѓу другите. Арт Гарфанкел почнал да студира архитектура за да дипломира историја на уметностите (Bachelor of Arts in Arts History) на колеџот Колумбија (Columbia College) и за подоцна да магистрира на математика (Master of Arts in Mathematics) на Колумбија универзитет (Columbia University), каде и ги завршил и испитите во рамките на докторските студии по математика на

Pink Floyd

Ice Cube

Art Garfunkel 26 декември 2014

ПОРТА

73

73


експерт Thomas Hardy

Учителскиот колеџ (Teachers Collеge). Симон кој дипломирал англиска литература и Гарафанкел припаѓале на исто братство за време на своите студии на Колумбија универзитетот во Менхатен (Manhattan). Враќање во историјата може да ни укаже и еден исклучителен литерарен талент со интерес во архитектурата. Станува збор за англискиот писател и поет Томас Харди (Thomas Hardy, 1840-1928) кој живеел и творел на преминот на XIX и XX век. И покрај доброто потекло од страната на татко му (еден од неговите претци бил Ле Клемент Харди заменик-гувернер на Островот Џерси (LeClement Hardy, lieutenant-governor of the Isle of Jersey), а друг Сер Томас Харди (Sir Thomas Hardy) соработник и најдобар пријател на Адмиралот Хорацио Нелсон (Admiral Horatio Nelson), неговите родители биле доста сиромашни. Како резултат на ова, тој не бил во можност да ја продолжи својата формална едукација или пак да отпочне кариера на службеник. Од тука делумно следејќи ги стапките на татко му, кој бил мајстор ѕидар и градежен предприемач, Томас Харди станал ученик/ чирак на локалниот архитект Џон Хикс (John Hicks) кој специјализирал во областа на реставрација на цркви во Дорчестер (Dorchester). По четири години поминати како ученик/чирак во бирото, тој ја напуштил архитектурата за да се посвети на својата литературна кариера, но притоа да ги понесе со себе и стекнатите искуства, што подоцна ќе му помогнат при создавањето на неговите романи и поеми. Веројатно најголем успех надвор од, но „најблиску“ до архитектурата постигнал американскиот моден дизајнер 74

74

ПОРТА

26 декември 2014

Tom Ford

и режисер Томас „Том“ Форд (Thomas “Tom” Ford, 1961), кој првин се запишал да студира историја на уметноста на Њујорк Универзитетот (New York University), за само по една година да ги напушти, а подоцна да се запише на престижната Парсонова нова школа за дизајн (Parsons The New School for Design) за да студира внатрешна архитектура, од каде дипломирал на архитектура и покрај тоа што последната година на студиите ја поминал студирајќи за моден дизајнер. Анегдотите говорат дека при разгворите за вработување тој кажувал каде студирал, но дека криел дека дипломата му е во архитектурата за да може да се вработи како моден дизајнер. По успешен период како моден дизајнер и креативен директор во Гучи (Gucci) тој создал своја фирма воспоставувајќи ја етикетата Том Форд, по што се испробал и како филмски режисер. Неговото филмско деби со филмот „Ерген“ (A Single Man) било повеќе од успешно со оглед на тоа што филмот бил номиниран за Оскар. За разлика од Том Форд, Алфред Матју Јанковиќ (Alfred Matthew Yankovic, 1959), попознат под своето естрадно име „Виерд (Чудниот) Ал Јанкович“ (“Weird Al” Yankovic), кој по татко е од југословенско потекло, направил естрадна кариера која не се потпира на диплома по архитектура стекната на Калифорнискиот политехнички државен универзитет (California Polytechnic State University) во Сан Луис Обиспо (San Luis Obispo). Овој американски пеач, композитор, музичар, пародист, продуцент, сатирист, глумец, музички видео директор, филмски продуцент и автор, само во периодот 1976 - 2007 година има продадено

"Weird Al" Yankovic

Art Garfunkel

над 12 милиони албуми вклучително со 4 златни и 6 платинумски плочи и 14 номинации за Греми наградата (Grammy Award) од кои три резултирале со награди. Листата на несудени архитекти кои творат и ја стекнуваат својата слава во други уметнички дисциплини е навистина долга. Верувам дека нивната започната едукација во архитектурата има придонесено за нивните остварувања во новите усвоени дисциплини. Едно е сигурно, сите тие ја имаат согледено својата подобра иднина во други области надвор од архитектурата, и загубата на нашата професија е добивка на други дисциплини. Ова исто така ја поддржува тезата дека ние архитектите сме полимати, и дека нашиот талент нема граници. Ви ја честитам Новата 2015 година и Ви посакувам среќни божиќни празници со најубави желби за долг живот, добро здравје и многу успеси во Вашата кариера, каде и да Ве однесе таа!  *Од двонеделно до месечно списание со печатена и дигитална верзија и веб страница во период од 10 години е исклучителен успех во која било средина, а особено во една транзициона. Предизвик и чест е да се биде дел од овие постигнувања, и тоа скоро од самиот почеток на овој издавачки потфат. Посакувајќи многу идни јубилеи, искрени честитки за овој 10-годишен на „Порта 3“. Владимир Ладински


експерт

26 декември 2014

ПОРТА

75

75


дрвна архитектура

Surrey Memorial -

болница дизајнирана за грижа Новиот оддел за интензивна нега при болницата Surrey Memorial е замислен и создаден како влез во постоечкиот болнички комплекс. Градбата на објектот е со едноставна но моќна форма, комбинирајќи четири природни материјали - дрво, стакло, керамика и камен. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

Н

овиот оддел за интензивна нега во болницата Surrey Memorial, кој беше отворен на 1 октомври 2013 година, претставува најзначаен објект досега во Британска Колумбија, Канада, во кој се употребени најмногу дрвени елементи во конструктивна и неконструктивна форма. Употребата на дрво во објекти од јавен карактер е стимулирано и поддржано од локалните власти со посебно законско уредување од 2009 година. Покрај поддршката на властите, употребата на дрвото во градежништвото е поддржано и од научните истражувања кои потврдуваат дека употребата на природни материјали, дневна светлина и погледи придонесуваат за подобрување на здравјето на пациентите и нивно побрзо закрепнување. Новиот оддел за интензивна нега при болницата Surrey Memorial е замислен и создаден како влез во постоечкиот болнички комплекс. Градбата на објектот е со едноставна но моќна форма, комбинирајќи четири природни материјали - дрво, стакло, керамика и камен. Во новите простории се испланирани оддел за итна помош, оддел за интензивна нега, оддел за неонатална нега и простории за медицинско училиште и лаборатории со најнова технологија. Новиот оддел за интензивна нега е петпати поголем од стариот дел, кој е еден од најфреквентните во Британска Колумбија. Негата на пациентите е вградена во суштината на дизајнот на објектот со тоа што во сите простории е предвидено да има доволно дневна светлина и доволно простор за посети од најблиските членови на семејството. Проектот на новите простории се фокусира на едноставност и ефикасност со тоа што просториите за пациентите се одвоени од чекалните со „јадро“ каде се наоѓаат простории за медицинскиот персонал.

76

76

ПОРТА

26 декември 2014


дрвна архитектура

Дрвото е избрано како градежен и украсен материјал заради неговите естетски, физички, механички и психолошки својства. Затоа неговата употреба е концентрирана во јавните простории како влезот, холот и повеќето ходници. Со ова се остварува поврзување на ентериерот со природата, со што се намалува стресот и вознемиреноста на пациентите. Холот на болницата, каде што се поминува подолго време, е проектиран со големи дрвени конструктивни столбови и дрвени облоги на ѕидовите. Во нормални околности, објекти со големи димензии како што е овој, не можат да добијат дозвола за градба заради непотполна заштита од пожари. Но двокатниот нов објект е поврзан со постоечкиот десеткатен објект кој е изграден од армирано-бетонска конструкција. Со 120 минутна заштита од пожари, соодветна одделеност на новиот од стариот објект и дополнителни мерки за заштита од пожари, новиот објект доби одобрение за употреба на дрво како конструктивен материјал. Дрвената конструкција на кровот се состои од горен дел на лепени ламелирани рожници кои се потпираат на основа од лепени носачи. Двете конструкции премостуваат до шест метри преку  26 декември 2014

ПОРТА

77

77


дрвна архитектура

линијата на екстериерниот стаклен ѕид. Масивната кровна конструкција се потпира на два големи ламелирани носачи во вид на дрво, кои се изработени од четири лепени ламелирани елементи поврзани со свиени челични врски. Во основата столбовите се споени, додека во средината се разделуваат на два дела издигнувајќи се во лобито во вид на гранки од дрво. Секој конструктивен елемент се состои од пар ламелирани елементи, прицврстени во основата со челична основа и разделени меѓусебно со специјални челични раздвојувачи. Четирите конструктивни закривени елементи се поврзани во две точки преку хоризонтални челични прстени и на крајот преку дијагонални челични јажиња. Оваа конструктивна поставеност не дозволува природната тенденција на дрвeната структура меѓусебно да се раздели или да се искриви од вертикалните товари. Покрај тоа што објектот е одлично проектиран со масивните дрвeни носачи и големиот повеќеслоен дрвен кров, со што обезбедува стабилност во својата финална позиција, изнаоѓањето начин објектот безбедно да се подигне на градилиште претставувало значителен предизвик. По повеќе понудени решенија, избраниот начин се состоел во исправување и стабилизирање на масивните столбови, поврзување со челичната основа на дното и потоа прицврстување на целата конструкција со големите челични прстени. Овој проект докажува дека Канадскиот здравствен систем ја препознава улогата на дрвото како материјал за широка употреба во здравствените објекти, и дека со своите квалитети може и позитивно да влијае на пациентите и да создаде исцелителна средина.  78

78

ПОРТА

26 декември 2014


дрвна архитектура

*На крајот од тековната 2014-та, покрај сите останати причини за веселба, се потсетуваме на уште еден значаен јубилеј, 10 години „Порта 3“. Списанието „Порта 3“ со својата раскошна лепеза на обработени теми овозможува разновидност и квалитет на пазарот на македонското медиумско издаваштво. За оваа цел би сакал срдечно да му се заблагодарам и да му честитам на тимот што неуморно и посветено вложува во квлитетот на ова списание. Воедно и ги охрабрувам со нови сили и свежи идеи да ја дочекаат 2015 година за да биде уште поуспешна од изминатата. Честитки упатувам и до сите читатели на „Порта 3“ за среќна Нова година со надеж за многу здравје, љубов, успех и радост. Срдечни поздрави

www.fabrikakarpos.com.mk

26 декември 2014

ПОРТА

79

79


технологии

AIG IT СВЕТОТ ВО 2014 ГОДИНА

Достоен раст Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

ФЕВРУАРИ 2014

• Satya Nadella е назначен за извршен директор на една од најголемите IT компании во светот - Microsoft. По ерите на Бил Гејтс, подоцна и на Стив Балмер, на чело доаѓа релативно млад кадар. Сè укажува на тоа дека Microsoft фрлил се на картата „промени и иновации“.

МАРТ 2014

• Март традиционално е резервиран за објавување на годишните верзии на AutoCAD, а потоа и на останатите Autodesk апликации. Овогодишната 2015 верзија дефинитивно се збогува со менито Classic, а како освежување ни донесе променет интерфејс.

АПРИЛ 2014

• На 8 април замре поддршката на веројатно најпопуларниот и најупотребуван оперативен систем во историјата на IT индустријата - Windows XP. Замирањето на поддршката, покажа колку всушност Windows оперативните системи се подложни на вируси и хакерски напади. Апокалиптични беа прогнозите за судбината на огромен процент банкомати низ светот кои работеа на овој софтвер.

МАЈ 2014

В

о годината кога ArchiCAD слави 30 години постоење, светот доживеа тешки премрежја како ширењето на вирусот Ебола, украниската криза, мистериозното исчезнување на летот 370, појавата на Исламска држава, израелските напади на Газа, балканските поплави, како и медиумските мега настани: светското првенство во Бразил и спуштањето на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко. Во ваква бурна година, IT настаните практично беа потиснати во втор план. Она што ја одбележа годината во IT AIG индустријата е достојниот раст на технолошките компании, стратешките аквизиции што ги извршија софтверските гиганти од типот на Autodesk, Trimble, Bentley Systems, Nemetschek, растот на технологиите BIM (Building Information Modeling) и 3D Printing и други. Краткиот редослед на поважните настани од IT AIG индустријата би изгледал вака:

ЈАНУАРИ 2014:

• Славиме точно 30 години од појавата на првиот Macintosh компјутер. Во далечната 1984 година, Стив Џобс го претстави она што во тоа време беше првиот PC со интегриран графички интерфејс и глувче. • Кинескиот IT гигант Lenovo, ја купи Motorola Mobility од Google стекнувајќи се на тој начин со напредна телекомуникациска технологија и значајни патенти. Lenovo во 2005 година го купи PC бизнисот на IBM, но најави дека ќе купи и дел од бизнисот со сервери. 80

80

ПОРТА

26 декември 2014

• Autodesk објави дека планира да издаде open-software платформа за 3Д принтање наречена Spark, но и да произведе сопствен 3Д принтер. На дело, овој уред (наречен Ембер) можеше да се погледне на презентација во рамки на Autodesk University 2014.

ЈУНИ 2014

• GRAPHISOFT го објави ArchiCAD 18 во неговата јубилејна 30-та година. Покрај многуте унапредувања, најважната новина во апликацијата е CineRender енџинот, кој со своите фотореалистични рендер способности претставува вистинско доживување за бенефит на корисниците.


технологии

на технолошките компании

ЈУЛИ 2014

• Allplan на Nemetschek слави 30 години на сцената. По тој повод, објавен е јубилеен пакет за архитекти и инженери во кој е вклучен Allplan 2015 со специјален додаток на објекти и материјали. • Autodesk направи исклучително неочекувана аквизација – го купи проектантското студио The Living со цел тестирање на новите технологии на компанијата во реалниот свет. 

26 декември 2014

ПОРТА

81

81


технологии АВГУСТ 2014

• Bentley Systems ја купи BLUERIDGE Analytics, компанија позната по мошне иновативната SITEOPS апликација за оптимизација на проектите во однос на локацијата.

СЕПТЕМВРИ 2014

• Trimble ја купи Gehry Technologies, IT компанијата на Френк Гери, која преку своите софтвери и консултантски услуги му помогна на познатиот архитект да ги испроектира своите најзначајни дела.

ОКТОМВРИ 2014

• Nemetschek го купи Bluebeam Software, водечка компанија во САД за дигитална колаборација на проекти позната по ултра популарниот Bluebeam софтвер базиран на pdf-базираниот процес на работа, размена и соработка помеѓу тимовите. Bluebeam има над 650.000 корисници и го користат над 70% од водечките инженерски компании во САД.

НОЕМВРИ 2014

• Trimble го објави SketchUp 2015, исклучително популарна 3Д апликација која со над 30 милиони уникатни активации минатата година стана најкористена 3Д апликација во светот. Во исто време компанијата го објави и MEP моделерот за апликацијата.

ДЕКЕМВРИ 2014

• Autodesk воведе бесплатни едукациски лиценци од своите апликации за школите и студентите/учениците низ светот. • Во периодот од 2 до 4 декември во Лас Вегас се одржа Autodesk University 2014, конференција на која учествуваа над 25.000 учесници од целиот свет. Годината што следи ќе биде повторно исполнета со значајни IT настани. Одличните финансиски резултати, побарувачката, новите технологии и глобалните прилики ќе го овозможат тоа.  *Во изминатите десет години „Порта 3“ се потруди технолошките новини да ги пренесе до своите читатели. Тоа ќе го прави и во иднина. Нека е честит јубилејот и многу изданија во годините што следат.

Dekada na uspe[no rabotewe 82

82

ПОРТА

26 декември 2014


технологии

26 декември 2014

ПОРТА

83

83


екологија

КОЛКУ ГОДИНИ ЖИВОТ ГУБИМЕ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО?

Загадувањето - нужно зло!? Според пресметките на Институтот за јавно здравје на Македонија, доколку концентрацијата би се намалила за 5 µg/m3, 13 смртни случаи на годишно ниво би биле избегнати, а со намалување на концентрацијата од 20 µg/m3, дури 117 смртни случаи и 420 заболени би биле избегнати Даниела МЛАДЕНОВСКА

К

валитетот на воздухот во Европа во последните децении значително се подобри. Па сепак, концентрацијата на штетните гасови и честички сѐ уште е доволно висока за да претставува опасност за здравјето. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето на Европската агенција за заштита на животната околина (ЕУА) со седиште во Копенхаген. ЕУА испитала околу 14 илјади индустриски постројки и електрани, со цел да ги пресмета трошоците што

84

84

ПОРТА

26 декември 2014

произлегуваат од загадувањето на воздухот. А тие, според резултатите, за 2012 година изнесуваат најмалку 59 милијарди евра, а најмногу 189 милијарди евра, во зависност од моделот на економските штети. Особено во градовите, каде живее најголем дел од европското население, измерениот процент на штетни состојки како озон, азотен диоксид и ситна прашина многу често ја надминува дозволената граница. „Половината од трошоците предизвикани од загадувањето ги создава еден процент од индустриските погони. Тоа е застрашувачки“,

вели директорот на ЕУА Ханс Брујнинкс. Второто откритие е дека меѓу 30-те најголеми загадувачи на воздухот се наоѓаат 26 термоцентрали - најмногу од Германија, а потоа од Полска, Бугарија и Романија. Во глобални рамки, а и на ниво на земјите членки на Европската Унија, фосилните горива, особено јагленот, сè уште имаат доминантна улога. Иако повластените тарифи за енергијата произведена од обновливите извори, овозможија интензивен раст во оваа индустрија, сепак ниските цени на светскиот пазар на јаглен во


екологија актуелниот период, во комбинација со речиси неактивниот пазар за тргување со јаглеродни сертификати, ја обезбедија и понатаму доминантната позиција на фосилните горива. Ниските цени на јагленот, пак, наспроти високите цени на гасот, во моментот обезбедуваат поповолна позиција за јагленот, и покрај значително повисоките инвестициони трошоци и подолгиот период потребен за изградба на термоцентрали на јаглен. „Но и хемиската и челичната индустрија произведуваат големо количество на

штетни состојки во воздухот“, вели Арне Фелерман од Европското биро за заштита на околината. Структурата на економијата исто така влијае на квалитетот на воздухот. Економија ориентирана кон услужни дејности е помалку загадувачка во споредба со економија во која во бруто домашниот производ значителен удел имаат производствените дејности, особено доколку се работи за енергетски интензивни индустриски гранки со сериозно негативно влијание врз животната средина. Сепак, здруженијата за заштита

на животната средина се надеваат дека студијата на ЕУА ќе предизвика промени во начинот на размислување. „Но, општеството исто така плаќа и поради загубата на работни денови, поради штетите од слабите жетви, како и поради сѐ поголемата потрошувачка на енергија“, пренесува Deutsche Welle. Поради тоа, мора да се постави прашањето: што ќе се случува со индустријата? Сакаме ли да ги достигнеме енергетските цели или ќе го прифатиме загадувањето како нужно зло? И колку сето тоа ќе нè чини?

КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ?

единица БДП (едно од највисоките нивоа во земјите од Централна и Источна Европа). Јагленот предизвикува највисоки трошоци во однос на животната средина, споредено со другите главни фосилни горива, со далекусежни ефекти врз климатските промени и квалитетот на водата и воздухот. Прво, производството на електрична енергија од јаглен генерира двојно повисока емисија на јаглерод диоксид споредено со природниот гас, и дури трипати повисока емисија во споредба со биомасата.

Во продолжение е даден преглед на концентрациите на неколку индикатори преку кои се следи квалитетот на воздухот во Македонија, при што како споредбени вредности се земени и соодветните податоци од земјите на ЕУ27, и Хрватска како земја која е најнова членка на Унијата и истовремено држава од регионот. Со оглед на лошиот квалитет на воздухот во Романија и Бугарија веќе објаснет во наведеното истражување од ЕУА, исклучена е споредбата со некоја од овие земји. 

Во Извештајот на Европската агенција за заштита на животната околина не се презентирани податоци за земјите што не се членки на Унијата. А состојбата е навистина загрижувачка. Особено во регионот на т.н. Западен Балкан, кој се карактеризира со висока енергетска интензивност. Македонската економија, пак, се одликува со релативно високо ниво на потрошувачка на енергија и емисии на стакленички гасови по

26 декември 2014

ПОРТА

85

85


екологија 2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

ЕУ27

8,2

8,1

8,1

8,0

7,8

7,2

7,3

Македонија

5,4

5,4

5,2

5,4

5,6

5,4

5,2

Хрватска

5,2

5,2

5,2

5,5

5,3

4,9

4,7

Табела 27: Емисија на јаглерод диоксид (tCO2/жител) Извор: Светска банка

ЕМИСИЈА НА CO2 ПО ЖИТЕЛ

Главен индикатор за глобалните емисии е јаглеродниот диоксид. Според дефиницијата на Светска банка, емисиите на CO2 потекнуваат главно од согорувањето на фосилните горива, како и од производството на цемент. Како индикатор за квалитетот на воздухот е концентрацијата на јаглерод диоксид, а се интерпретира како tCO2 по жител.

ЕМИСИЈА НА SO2 ПО ЖИТЕЛ

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

ЕУ27

24

19

18

18

14

13

12

12

Македонија

48

48

48

48

54

53

/

/

Хрватска

15

15

13

14

14

15

13

14

Табела 28: Емисија на сулфур диоксид (tSO2/жител) Извор: Eurostat 86

86

ПОРТА

26 декември 2014

Главен индикатор на локалното загадување на воздухот е емисијата на сулфурен диоксид, која е предизвикана од различни извори како на пример согорувањето на јаглен, нафта и биомаса, понатаму од металургијата и другите индустриски процеси и сл. Индикаторот се изразува како емисија на tSO2 по жител. Во емисијата на SO2 во Македонија доминира секторот за производство на електрична енергија, со оглед на сериозното учество на лигнит со значаен процент на сулфур.

КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ЦВРСТИ ЧЕСТИЧКИ (PM10)

Концентрацијата на цврсти честички се однесува на суспендираните честички


екологија помали од 10 микрони во дијаметарот, а кои имаат способност да навлезат длабоко во респираторниот тракт со сериозни последици по здравјето. Податоците се однесуваат за урбани подрачја со над 100.000 жители. Вредностите го претставуваат просечното годишно изложување на овие честици на просечен граѓанин во урбана средина.

СКОПЈЕ - ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГЛАВЕН ГРАД ВО ЕВРОПА

Скопје е вториот најзагаден главен град во Европа, се наведува во неодамна објавеното рангирање на магазинот Technologist. Според ова рангирање, Скопје е на врвот веднаш после Сараево, кој води на листата најзагадени градови во Европа со индекс на загадување на воздухот од 117. Скопје има индекс на загадување 80, а веднаш потоа следува Софија со индекс 68, Истанбул 59 и Никозија со индекс на загадување 53. Прв во светот град со најзагаден воздух е Аваз во Иран. Неодамна Институтот за јавно здравје подготви Студија која покажа дека просечната годишна концентрација на честички од прашина PM10 во Скопје e 64 µg/m3. Пресметките велат дека доколку концентрацијата би се намалила за 5 µg/m3, 13 смртни случаи на годишно ниво би биле избегнати, а со намалување на концентрацијата од 20 µg/m3, дури 117 смртни случаи и 420 заболени би биле избегнати.

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

ЕУ27

31,8

31,3

31,4

30,6

29,9

29,0

27,5

26,8

Македонија

94,2

94,7

95,1

96,7

99,6

96,9

91,1

82,3

Хрватска

38,3

36,8

36,8

36,2

36,3

34,3

3,6

29,6

Според последните анализи на Светска банка, 1.350 луѓе годишно во Македонија умираат како резултат на загадувањето на воздухот со ситни честички (PM10). Доколку загадувањето на воздухот се сведе на ниво на граничните вредности на ЕУ, над 800 смртни случаи би биле избегнати. Анализите покажуваат дека загадениот воздух ја чини економијата на земјата 253 милиони евра, односно 3,2% од БДП. 

Табела 29: Концентрација на PM10(µg/m ) Извор: Светска банкa 3

26 декември 2014

ПОРТА

87

87


хортикултура

Божиќното дрво во Њујорк Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Б

ожиќното дрво во центарот „Рокфелер“ претставува симбол за новогодишните и божиќните празници во Њујорк повеќе од седум децении. Оваа година на 3 декември, елката беше свечено осветлена во присуство на илјадници луѓе на Плоштадот Рокфелер, и таму ќе го краси плоштадот до 7 јануари следната година. Официјално оваа традиција во центарот „Рокфелер“ започнала во 1933 година. Има приказна која вели дека за време на градењето на центарот, група работници подигнала шест метри висока елка, која во тоа време била накитена со венци од хартија и лименки. Изборот на дрвото започнува порано, така што со хеликоптер се оди во потрага во околината на Њујорк, Пенсилванија,

88

88

ПОРТА

26 декември 2014


хортикултура

Конектикат, Вермонт, Охајо, па се до Отава во Канада. Тоа е од видот норвешка смрека (Picea abies) со димензии од 20 до 30 метри височина. Откако ќе се избере дрвото следува најтешката операција, транспортот и поставувањето. Транспортот најчесто се одвива со огромен камион со кран, а движењето по улиците на Њујорк ограничува дрвото да не биде повисоко од 34 метри. Дрвото се фиксира со сајли од четири страни, а во основата со челик, и целата елка се украсува со повеќе од 45.000

лед светилки во различни бои. Најголемото божиќно дрво во историјата на оваа традиција е накитено во 1999 година со висина од 30 метри. Последните неколку години осветлувањето и украсувањето на дрвото се емитува во живо во САД, секоја среда по Денот на благодарноста. Ѕвездата што го красела дрвото во 2004 година била со три метри во дијаметар, а тешка 250 килограми. Таа претставувала „Ѕвезда од Сваровски“, а ја изработил германскиот

уметник Михаел Хамерс. Иако многумина не би се сложиле со гестот на сечење дрво за декорација, сепак и во оваа приказна за божиќното дрво Рокфелер има позитивна страна. Оваа година осми пат по ред божиќното дрво ќе биде донирано на хуманитарната организација „Habitat for humanity“. По завршувањето на спектаклот дрвото ќе се искористи за изработка на дрвени носечки столбови и внатрешни ѕидови за куќи во Бриџпорт за оние на кои најмногу им е потребна помош.

26 декември 2014

ПОРТА

89

89


совети

90

90

ПОРТА

26 декември 2014


ентериер

26 декември 2014

ПОРТА

91

91


арт

Прошетка по „музејската

С

лавната Петта авенија во Њујорк, нареченa и „најскапа авенија во светот“, е дом на исклучителни њујоршки зданија и чуда. Петта авенија во Њујорк започнува уште во Гринич, во близина на Вашингтон Сквер, и поминувајќи од источната страна на Централ Парк, претставува еден вид граница меѓу Западен и Источен Менхетн. Оваа важна релација во Њујорк е позната по прескапите локали, стоковни куќи, продавници на најпознатите дизајнерски имиња на светот, и е позната по тоа што во текот на прошетките во некои од нејзините „ќошиња“ се доаѓа до најпознатите симболи на Њујорк, како што се Empire State Building, New York Public Library, Flatiron Building, The Plaza Hotel и други знаменитости на градот. Сепак, она што е можеби најубаво на Петта авенија е „музејската патека“, која прошетката по оваа авенија ја прави уникатна, а за љубителите на музеите навистина незаборавна.

92

92

ПОРТА

26 декември 2014

THE FRICK COLLECTION

Иако „музејската патека“ официјално започнува со најпознатата и најголема музејска целина - The Metropolitan Museum of Art, за почеток на оваа прошетка може да се земе една друга фасцинантна колекција која се наоѓа на аголот на Источна 70. улица и Петта авенија. Тука се наоѓа приватна збирка која претставува музејски бисер - колекција на уметнички дела на The Frick Collection. Оваа колекција се наоѓа во зграда која ја подигнал американскиот индустријалец Хенри Клеј Фрик (1849-1919), голем вљубеник во уметноста и филантроп. Посетата на овој објект е специфична музејска прошетка, бидејќи уште од влезот на зградата посетителите доживуваат еден посебен мир и елеганција од некои минати времиња, условена од самата куќа, која била животен простор на семејството Фрик, со тоа што Хенри Фрик куќата ја изградил со идејата дека еден ден таа ќе стане јавна колекција од уметнички дела што тој ги собрал. Оваа оаза на мирот во


арт

патека“ во Њујорк

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Њујорк, во своите 16 соби чува некои од ремек-делата на западната уметност (Рембрант, Енгр, Тарнер, Вермер, Ел Греко...), а истовремено посетителите уживаат во уникатен амбиент кој никого не го остава рамнодушен.

THE METROPOLITAN MUSEUM OF ART

По Фриковата колекција, „музејската патека“ нè доведува до уличниот број 1000, во еден од најголемите музеи на светот, The Metropolitan Museum of Art, или како њујорчани го нарекуваат – „Мет“. Музејот е жива енциклопедија на светската уметност, кој во своите 17 музејски оддели, чува над два милиони експонати. „Мет“ е толку голем што ако навистина уживате во историјата на уметноста, тука ќе сакате константно да се враќате. Самата зграда на музејот, која се наоѓа до Централ Парк и зазема во должина четири улични блокови, била изградена во неколку фази, почнувајќи од 1874 година. Гледано од надвор, оваа прекрасна бела градба не ја открива целосно својата големина. Тоа може да се открие само кога ќе се тргне во гледање на самите збирки, од Египет, античка Грција и Рим, преку уметнички колекции од сите пет континенти, па до современата уметност и колекции за костими, мода и дизајн. Иако е невозможно да се погледне и посети сè што вреди на „музејската патека“ во текот на еден или неколку дена, прошетката може да продолжи од Метрополитен „нагоре“, по Петта авенија, кон уште еден музеј кој претставува рај за љубителите на уметноста, но и на архитектурата - The Solomon R. Guggenheim Museum. 

26 декември 2014

ПОРТА

93

93


арт

NEUE GALLERIE

На патот до него, треба да се посети и Neue Gallerie, во која е претставена колекција на австриската и германската уметност на 20 век. Исклучителна колекција во не многу голем простор, во која може да се видат Климт, Кокошка, Шиле, но и Киршнер,

94

94

ПОРТА

26 декември 2014

Ото Дикс, Кандински, Кле и други. Овие експонати на модерната уметност се одличен вовед во уметноста на модерните времиња, односно во „Гугенхајм“. Иако постојат кафулиња и ресторани во сите музејски простори во Њујорк, заради специфичниот „шмек“ треба да

се направи една кафе пауза во едно од кафулињата на оваа галерија, во добро познатото Kafe Sabarski или во нешто поновото Kafe Fledermaus (Лилјак) и да се почувствува нешто од атмосферата на Виена од крајот на 19 и почетокот на 20 век во срцето на Њујорк.


арт

THE SOLOMON R. GUGGENHEIM MUSEUM

По паузата во „Ноје галерија“, на ред доаѓа убавицата на Петта авенија, исклучително моќна зграда на архитектот Френк Лојд Рајт - The Guggenheim Museum, која ќе ви посака добредојде во сета своја белина и необичност. Колекцијата што оваа градба ја чува во себе е, исто така, импресивна. Метаморфозата од приватни колекции во музејот започнала уште во 1937 година, кога Соломон Р. Гугенхајм ја основал фондацијата за да ја изложи јавно личната колекција на уметнички дела. Денес, „Гугенхајм“ има свои колекции ширум

светот, во четири музејски комплекси (Њујорк, Венеција, Билбао, Абу Даби). Њујоршкиот „Гугенхајм“ чува дела од колекцијата на Соломон Р. Гугенхајм, основачот на музејот и уште седум различни колекции кои биле донирани на музејот во текот на седумдесет години од неговото постоење. Прошетката во ова здание е искуство во уметничка и архитектонски смисла, генијално замислено со кружно, спирално качување, дури и нема да забележите дека веќе сте се качиле на петтиот кат од музејот. Погледот од ѕидовите на кои се делата на Кандински, Пикасо, Франц Марк, Леже, Шагал,

импресионисти и многу други уметници, често се врти кон покривот на музејот, кој е ремек-дело за себе, или долу кон приземјето каде често може да се видат престижни изложби на современи уметници. „Музејската патека“ продолжува до 110. улица, до Музејот на африканската уметност, а од „Гугенхајм“ до „Африканскиот“ музеј, тука се The Jewish Museum, Copper Hewitt National Design Museum, El Museo del Barrio и The Museum of the City of New York. Секоја од овие колекции има многу што да каже за градот во кој се наоѓаат или на исклучителните човечки достигнувања во целиот свет. 

Покрив на столетието ВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 95 26 декември 2014 ПОРТА Факс: +389(0)33/361780 | office@tondach.com.mk | www.tondach.com.mk 95


излог 1

2

1. Шест метарска висока елка, направена од 3600 индивидуално пресечени картони. Оваа креација на дизајнерот Giles Miller е изложена во атриумскиот дел на Музејот за дизајн во Лондон. 2. Рачна изработка на стаклени лампиони, во чија внатрешност се поставени ливчиња хартија со принтани музички ноти. 3. Лампионичиња изработени од лушпи од кикиритки, обоени и декорирани во форма на новогодишните ликови. 4. Рачна изработка на новогодишна елка од дрвени трупци закачени за ѕид и украсени со лампиони и сијалички по цела висина. 5. Креативна рачна изработка на новогодишна елка, изработена од виткана метална жица, која претставува скулптура во просторот, а воедно и го заштедува сечиј буџет. Покрај елката во прилог ви претставуваме и рачно изработени висечки венчиња. подготви: Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА, дипл.инж.арх.

3

4 96

96

ПОРТА

26 декември 2014


излог 5

26 декември 2014

ПОРТА

97

97


инфо

98

98

ПОРТА

26 декември 2014


рубрика

26 декември 2014

ПОРТА

99

99



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.