Godisna programa na OUD"Boro Menkov" Kriva Palanka

Page 1

Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

Врз основа на член 25, алинеја 2 и член 59 од Законот за ученичко-студентски стандард (Сл.весник на РМ бр.52/05), член 6,11,12,16 од Статутот на Домот, и План и програма за воспитно-образовната дејност во ученичките домови со Решение на Министерот за Образование бр.184071/2 од 01.05./99, Управниот одбор на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка, на седницата одржана на ден 13.09.2012 година предлага до Совет на Општина Крива Паланка да донесе

Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка во учебната 2012/2013 година

1. Вовед Домот е установа во областа на ученичкиот стандард кој ги задоволува следните социјални потреби на учениците, воспитаниците: сместување, исхрана, грижа за здравјето, спортско-рекреативни, потреба од помош и поддршка во учење и постигнување на успех во рамки на своите способности и посебни потреби. Домот е дефиниран како воспитно-образовна установа и својата работа ја остварува според утврден и донесен план и програма за работа. ОУД “Боро Менков” Крива Паланка во почетокот функционира како дом за деца без родители и деца на паднати борци. Подоцна со одлука на собранието на општина Крива Паланка во 1964 год. почнува да работи како ученички дом, сместен во неспосредна близина на гимназијата. Конечниот изглед го добива 1984 год. Минатата учебна година во домот беа сместени 46 ученика од средно и 3 ученика од основно образование од општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Располага со сопствена библиотека, спортско игралиште, кујна за исхрана со трпезарија, спални соби, занимална со компјутери, читална, подрумски простории, трпезарија за Народна кујна, двор со тревна површина. Во просториите на домот се сместени 2 канцеларии на Државен просветен инспекторат. Во Домот се сместени ученици од различни возрасти и степен на образование, од основно и средно училиште. Оваа учебна година се сместени 50 ученика од oпштините Крива Паланка, Ранковце и Кратово, 5 ученика од основно образование и 45 ученика од средно образование. Распоредени се во две воспитни групи и тоа во првата воспитна група, составена од ученици од основно образование, од прва година и трета година од средно образование каде има 19 ученици или вкупно 24 ученици, а во втората воспитна група 26 ученици, составена од учениците од втора и четврта година од средното образование. Според пол од вкупно 50 ученика 18 се женски, а 32 се машки. Средниот успех на учениците од претходната учебна година е 2,91.

Учебна 2012/2013 година

1


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

- Преглед на бројот на учениците сместени во домот според возрасна и полова структура Воспитна група Пол Возраст ж м Прва 14 10 I 1 1 III одд. 1 VIII одд. 2 I година 6 3 III година 5 5 Втора 7 19 II година 3 13 IV година 4 6 Вкупно 21 29

Вкупно 24 2 1 2 9 10 26 16 10 50

Воспитно-образовната дејност во Домот се одвива според изготвен план и програма за воспитно-образовна работа, со непосредно учество на воспитаниците, воспитувачите, во соработка со училиштата и непосредната локална средина и локалната самоуправа. Од Годишната програма за работа на Домот за учебната 2012/2013 година произлегуваат програми за подрачјата на воспитно-образовната работа, според стручната ангажираност на вработените воспитувачи и ќе бидат сообразени со потребите на воспитаниците, можностите и специфичностите на домот. Учењето, слободните активности, културно-забавниот живот се дефинирани како воспитно-образовна работа која се реализира со утврден план и програма за работа според Законот за ученички стандард. Во годишната програма се наведени главните правци по кои треба да се движи домот во текот на учебна 2012/2013 година. Тука се прецизирани активностите на ниво на домот, носителите на тие активности, роковите на реализација, одговорностите на субјектите во домот, очекуваните резултати и ефекти. Содржините во годишната програма на домот се: -Цел и задачи на воспитно-образовната работа, -Основни програмски подрачја на воспитно-образовната работа, -Принципи на воспитно – образовната работа, -Услови за реализација на програмата : општи усови (материјални услови, кадровски услови, организациски можности), педагошки услови (воспитни групи, формални и неформални групи, домот како целина, домска заедница, слободни активности, куќен ред, правила на однесување, педагошки мерки, воспитувач), -Следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовниот процес, - Општествено-културна дејност (Соработка со родители, Соработка со училиштата, поврзаност со локалната средина, хуманитарна дејост) - Проектни активности - Приоритетни задачи и активности

Учебна 2012/2013 година

2


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка 2. Цел и задачи на воспитно-образовната работа Визијата кон која се стремиме е ученички дом каде ќе има модерни, едукативни, материјални и безбедни услови учениците и вработените да развиваат свој идентитет, да бидат креативни и иновативни со компетенции за тимска работа, социјални, интелектуални и информатичко-комуникациски вештини. Мисија на домот е поддршка на личниот развој и оптимални способности за учење преку развивање на вештини, знаења и однесувања за култура на живеење на воспитаниците и вработените. Од визијата и мисијата на домот произлегуваат целите на воспитно-образовната работа. Домот, како составен дел на воспитно-образовниот систем на Република Македонија заедно со училиштата, работи на остварување на општата цел на основното и средното образование, оспособувајки ги учениците за натамошно образование и живот во услови на брз развој на науката и технологијата и динамичните промени на општествениот развој . Покрај оваа општа цел Домот ке работи и на остварување на следните посебни цели: -ќе се грижи за здравјето на воспитаниците сфатено во холистичка смисла: здрав физички, ментален и социјален развој, -воспитаниците ке се воспитуваат во духот на основните слободи и права на човекот и за живот во демократска заедница, -ќе се развиваат интелектуалните и работните способности со цел оспособување за доживување и развивање на естетските вредности, -воспитаниците ќе се воспитуваат врз начелата на демократскиот морал и културна толеранција и разбирање, -домот ќе настојува да создава услови и можности за развој на индивидуалните способности на секој поединец, -воспитувачите ќе го следат,стимулират и насочуваат напредувањето на воспитаниците во воспитно-образовниот процес и ќе ги мотивираат за постигнувањена што подобри резултати во процесот на учењето. Домот ќе работи на создавање на педагошки и други услови за слободен индивидуален развој и заеднички социјални активности, ќе обезбеди организација за самостојно и групно учење, ќе изградува чувство за одговорен однос кон обврските во училиштето и домот, ќе создава пријатна атмосфера во домот со чувство за заеднички живот и работа, задоволување на образовните и културните потреби, збогатување на формите на спортско-рекреатвно живеење во домот, изградување на култура на домување, исхрана, одржување на општа и лична хигиена и создавање навика за правилно самостојно и организирано користење на слободното време. Задачите на воспитно-образовната работа во домот се конкретизирани во програмите за работа за работа на воспитувачите кои се изготвени според Планот и програмата на воспитно-образовната дејност на ученичките домови во РМ. Реализација на целите и задачите се одвива со следниот стил на работа: поддршка и почит на личноста на ученикот-грижа за интелектуално, емоционално, телесно и социјално здравје на учениците; негување клима на соработка преку секојдневна ефективна комуникација помеѓу воспитаниците, вработените и родителите; учество на домот на локални манифестации и едукативни и забавни настани од Републиката; работа на проектни активности преку кои се промовираат претприемнички вештини кај младите и ефективно користење на слободното време. Учебна 2012/2013 година

3


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

3. Основни програмски подрачја на воспитно-образовната работа Воспитно-образовната работа се реализира преку програмски подрачја со одредени теми и содржини и тоа: Програмата за физичко и здравствено воспитување преку обработка на 42 содржини на следните теми: 1. Запознавање со здравствената положба и изработка на досие за секој ученик 2. Создавање услови за психо-физички развој и формирање позитивни навики кај учениците 3. Унапредување на менталното здравје 4. Организирање на живот и работа во домот 5. Запознавање со хуманитарна работа Програма за интелектуален развој на учениците со 28 содржини на следните теми: 1. Развивање навики за интелектуална работа 2. Создравање услови за подготовка за настава 3. Учење на материјалот зададен во училиште Естетско воспитание со 4 теми и 21 содржина и тоа: 1. Запознавање со животот и делата на истакнати личности од повеќе области 2. Естетско уредување на животната и работната средина 3. Организација на работата на групите за интерес 4. Организација на излети и екскурзии Работно воспитание и општествено-корисна работа со 17 содржини на следните теми: 1. Развивање и формирање навики и исполнување на обврските кон училиште 2. Развивање работни навики и исполнување на обврски во Домот 3. Општествено корисна работа Граѓанско воспитание ќе се реализира со 19 содржини од следните теми: 1. Воспитување за хуманистички вредности 2. Негување на добри меѓусебни односи 3. Развивање позитивен однос кон материјалните, духовните вредности и природата 4. Организациона поставеност на власта во Република Македонија

Учебна 2012/2013 година

4


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

Бројот на предвидените содржини во воспитно-образовните подрачја се дадени во следниот преглед: Воспитнообраз.подрач. Физ.и здр.восп.

Содржини IX X XI XII 6 5 6 5

I 2

II 6

Интелектуално

5

7

5

6

1

3

1

-

-

Естетско восп.

2

1

1

2

1

3

5

2

4

-

Работно восп.

2

4

2

3

1

1

2

1

1

-

Граѓ.воспитание 2

3

3

2

=

1

4

1

3

-

5

14

16 9

11

-

Вкупно:

17 23 17 18

По месеци III IV V 4 5 3

Вкупно VI -

42 28 21 17 19 127

4.Принципи на воспитно – образовната работа Од специфичностите на овој ученички дом произлегуваат целите и задачите на работењето, како и принципите од кои се поаѓа при воспитно-образовната работа и тоа: -принцип на демократичност и со негово применување и меѓусебно респектирање на сите субјекти во домот ќе владее демократска клима за живот и работа, без поставување на бариери меѓу вработените и воспитаниците. -принцип на взаемна соработка помеѓу воспитувачите, воспитаниците и родителите, -принцип на позитивна воспитна насоченост, -принцип на откривање, почитување и задоволување на потребите и интересите на воспитаниците, -принцип на индивидуализација и диференцијација, -принцип на хармоничност во делувањето на воспитните фактори, и -принцип на делување на домот како отворен систем.

Учебна 2012/2013 година

5


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка 5. Услови за реализација на програмата Општи услови Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ е сместен на улица „8-ми Октомври“ бр.61 во Крива Паланка. Според проектната документација и извршената јавна набавка се очекува реконструкција на дел од домот, а домот е поделен на 4 дела и тоа: крило А каде спалните соби можат да се најмуваат за дополнување на средствата на домот, крило Б или ламела каде се сместени хол и кујна и трпезарија. Трпезаријата е поделена на 2 дела, дел за ученици и дел за корисници на Народна кујна од чии средства исто така се надополнува буџетот на домот. Крило В од домот или спалните соби на воспитаниците и подрумските простории ќе бидат реконструирани на почетокот на учебната година со јавната набавка извршена во текот на летниот период од страна на МОН, сектор за капитални инвестиции, а во соработка со Градоначалник на Општина Крива Паланка.

Колектив на ОУД „Боро Менков

Добрe Прокоповски Одговорен воспитувач

Сашко Ристовски Воспитувач

Марија Николовска Кувар

Валентина Јовевска Директор

Бранко Тодоровски Воспитувач

Ненад Петровски Воспитувач

Виктор Димитриевски Домаќин

Горка Митровска Хигиеничар

Учебна 2012/2013 година

Слаѓана Давитковска Садомијач

6


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка Организациска структура на вработените во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка УПРАВЕН ОДБОР

Книговодителнадворешен

ДИРЕКТОР

Домаќин

КУВАР

ХИГИЕНИЧАР

ОДГОВОРЕН ВОСПИТУВАЧ НА ВОСПИТУВАЧИ

ОДГОВОРЕН ВОСПИТУВАЧ НА II ВОСПИТНА ГРУПА

ОДГОВОРЕН ВОСПИТУВАЧ НА I ВОСПИТНА ГРУПА

САДОМИЈАЧ

а). Материјални услови До почетокот на учебната година извршена е поправка на водоводна и електрична инсталација, варосување, застаклување на скршени стакла, поправка на врати, дезинфекција и дератизација, уреување на трпезарија и спални соби за учениците. Елаборатот за заштита и спасување е предаден на одобрување од страна на Дирекција за заштита и спасување. Во домот се планираат следниве набавки за учебна 2012/2013 година со сопствени средства, средства од проекти на Министерство за образование, Општина Крива Паланка, ИПА програма или проекти иницирани во текот на учената година: - со спроведена јавна набавка од страна на МОН реконструкција на крило В, спалните соби на учениците, со поставување на нови подови, врати, варосување, реновирање на подрум и ставање во функција на руинираното парно греење. - Обезбедување на педагошка документација и материјали за работилници - Набавка на компјутерска опрема и опрема за центри за учење - Набавка на храна за тековна 2013 година - Кујна и прибор за кујна - Набавка на шкафови за спални соби - Зголемување на книжен фонд во библиотека и опремување на читална - Обезбедување на материјални средства, училишен прибор и помагала за помош и поддршка на деца со поттешкотии - Обезбедубување на материјали за хигиена во домот - Обезбедување билети за такси превоз за неопходни потреби - Обезбедување на телефонски услуги и оддржување на интернет - Обезбедување на дрва и течно гориво за затоплување преку парно греење - Набавка на потребна опрема за хидрофор - Набавка на потребна опрема за користење на соларна енергија - Набавка на материјали за реновирање на фасада на крило В - Инсталирање видео-надзор, осветлување на зграда и панични светла - Оградување и реновирање на спортско игралиште на домот - Поправки на инвентар и опрема во текот на учебната година - Обезбедување на помагала за реализација на програми - Обезбедување на списанија за воспитувачи и ученици - Обезбедување на книговодствени услуги - Обезбедување на стручни услуги за оддржување на парно греење. Учебна 2012/2013 година

7


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

б). Кадровски усови Воспитно- образовниот кадар се состои од 2 воспитувачи на неопределено време, 1 воспитувач на определено време и еден воспитувач кој е вработен во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка. Техничкиот персонал се состои од домаќин-економ, за кој ќе биде побарана согласност од Министерство за образование и наука, готвач на неопределено време, хигиеничар на неопределено време и садомијач за кој исто така ќе биде побарана согласност од МОН. Во текот на учебната година се очекува да се стави во употреба парното греење, а за оддржување на истото се планира вработување на хаус-мајстор со лиценца за парногрејач, следствено Правилникот за организација и систематизација на работните места во домот. Ред Бр. 1.

Работно место

Име и презиме

Директор -Валентина Јовевска

2.

Воспитувачи

3.

Домаќин-економ

4.

Готвач

5.

Хигиеничар

- Добре Прокоповски, неоп. време - Бранко Тодоровски, неоп. време - Сашко Ристовски – оп. време - Ненад Петровски – неопр. време, од ООУ „Јоаким Крчовски“ - Виктор Димитриевски – определено време -Марија Николовски-неопределено време Горка Митровска неопределено време

6.

Садомијач

Слаѓана Давитковска- определено време

Вид на образование Филозофски Факултет-група педагогија VII -1степен -Проф.по Биологија Проф.по Историја Проф.по Хемија Проф. по одд.настава Средно образование, IV степен Средно угостителско училиште Основно образование Средно образование III степен

Во текот на учебната година ќе се изведува професионално усовршување на наставен кадар, по изготвена програма за професионално усовршување со интерни обуки и добивање интерни сертификати, усовршување со обуки од МОН, БРО или невладини организации и други организации и усовршување според проектот „Широки детски хоризонти“ на кој повторно ќе аплицира домот во соработка со Домот за деца без родителска грижа „Олга Стојанова“ Дупница, за кој се очекува финансирање од ИПА фондови за меѓугранична соработка. Темите од планот за интерни обуки, изведувани од самите воспитувачи, а по претходна подготовка и советување со директор, литература и стручни лица од областа на образованието се следниве: Создавање Центри за учење, Култура за учење на 21 век, Разрешување на конфликти со преговарање и посредување, Формирање Клуб за медијација, Претприемничко учење, Автентично учење, Етички кодекс за оценување на постигањата на учениците, Менторинг програма во учење на наставни премети, Ученичко Досие, Воспитувачко портфолио.

Учебна 2012/2013 година

8


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка в). Организациски можности Организациските можности на домот зависат од стручноста и перманентното професионално усовршување на кадрите, структурата на учениците, работното време, видот и обемот на работите, организација на воспитно-образовната работа, соработката со родителите, училиштата, Општина Крива Паланка, Меѓуопштински центар за социјални работи, Полиција, Центарот за култура, Музеј на градот, Агенција за вработување, Црвен крсти други институции и организации. Во текот на учебна 2012/2013 година со тимска работа на воспитнообразовниот кадар се планира домот да изготви Самоевалуација и Развоен план. Врз основа на овие програмски документи подетално ќе се согледа кои промени му се потребни на домот во иднина. Исто така се планира аплицирање за донации на шкафчиња во детските спални соби во крило В, реконструкција на крило А и Б, согласно изготвената проектна документација од страна на МОН. Се очекува објектот Г, магацински простор во дворното место да биде легализиран и од безбедносни и естетски причини реновиран или отстранет. Советот на воспитувачите изготви задолженија за вработените во однос на организација на работата за 2012/2013 година и тоа: 1. Директор-развој на процедури за работа во домот кои ќе бидат усвоени од Совет на воспитувачи и донесени од Управен одбор, изготвување и следење на програма за професионално усовршување на воспитен кадар, следење и вреднување на реализација на воспитно-образовната работа и целокупната работа во домот со инструменти и изготвување на извештаи, претставување на домот во локалната средина, изготвување и потпишување меморандуми за соработка со институции и организации и остварување на соработката, 2. Бранко Тодоровски – аплицирање на ученици во домот, изготвување на инструменти за следење на успех, одговорен воспитувач на втора воспитна група, записничар на Совет на воспитувачи, одговорен за групата за историја и географија и Програмата за интелектуален развој и Граѓанско воспитание 3. Добре Прокоповски- одговорен воспитувач на воспитувачи, на слободни активности биолошко – еколошка група, Програма за естетско воспитание 4. Ненад Петровски – одговорен за учениците од основно образование од прва воспитна група и одговорен за Физичко и здравствено образование, слободни активност мал фудбал и пинг понг 5. Сашко Ристовски – одговорен за прва воспитна група, I и III година од средното образование, помош на домаќин во реализација на набавки, записничар на Управен одбор, слободни активности-хемија и математика и ликовно и Програмата за Работно воспитание и општествено-корисна работа 6. Виктор Димитриевски – одговорен за набавки, сместување на ученици и оддржување на објектот и парно греење 7. Директор, Бранко Тодоровски и Сашко Ристовски – изработка на Извештај и Годишна програма и анекси кон годишна програма, извештаи и записници, Самоевалуавија и Развоен план 8. Горка Митровска, Слаѓана Давитковска, Директор и Виктор Димитриевски – Хигиена 9. Марија Николовска, Сашко Ристовски, Виктор Димитриевски и Директор исхрана 10. Дирекор, Бранко Тодоровски, Добре Прокоповски: Истражувачка работа - Тим за промени, изработка на План за јавни набавки и Финансиски план. Учебна 2012/2013 година

9


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

Педагошки услови а. Воспитни групи Во домот се формирани 2 воспитни групи со одговорниот евоспитувачи Ненад Петровски и Сашко Ристовски за прва воспитна група и Бранко Тодоровски за втора воспитна група. Одговорен воспитувал на воспитувачите е воспитувачот Добре Прокоповски се до негово заминување во пензија во текот на учебната година. Составот на воспитните групи и успехот на почетокот на учебната година се дадени во прегледот: Возр.

Бр.на ученици ж м се

основ. 3

2

5

I–год. III-год Вкуп.

6 5 14

3 5 10

9 10 24

II-год IV-год Вкуп. Се вк,

3 4 7 21

13 6 19 29

16 10 26 50

Успех на почетокот на учебната 2011/2012 година Одл. Мн.д. Доб. Дов. Недов. Прва воспитна група 3 1 1 описно 2 1 6 / / 5 5 2 2 12 5 Втора воспитна група 1 3 6 6 1 1 2 6 1 1 11 13 2 5 19 22

С.успех 3 оп. 3,10 3.53 2,40 3,01 2.90 2.63 2.77 2,89

25 20

одл мнд

15

доб дов

10

недов 5 0 1

Учебна 2012/2013 година

10


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка Во домот се сместени 50 ученици, од кои 5 семејства имаат по повеќе деца сместени во домот и тоа 4 семејства имаат по 2 деца и 1 семејство има 3 деца или вкупно во домот се застапени деца од 44 семејства. Целосни семејства, со 2 родители се вкупно 35, а 9 семејства со по 1 родител и тоа 5 без мајка и 4 без татко. Според воспитни групи во прва воспитна група има 6 нецелосни семејства, а во втора воспитна група 3 нецелосни семејства. Од 44 семејства корисници на социјална помош се само 1 семејство, во 7 семејства има по еден вработен член, 2 семејства користат пензија, а 35 семејства немаат вработени членови. Образовната струтура на семејствата е следнава: од 39 мајки 5 се со средно образование, а останатите се со основно образование. Од вкупно 40 семејства каде има само татко 1 е со високо образование, 8 се со средно образование, а 31 се со основно образование.

враб пензија соц пом невраб

б. Формални и неформални групи Во рамките на Домот и воспитните групи ќе се формираат повеќе формални групи со определена цел и тоа: Комисии за успех, хигиена, дисциплина, културнозабавен живот, спортско рекреативен живот. Содржините на работата на комисиите и групите се дадени во програмите на воспитните групи и одговорните воспитувачи со одделните интересни групи. Зависно од начинот на учење, смените, смеровите и со цел постигање на подобар успех и резултати или усвојување на некоја техника за полесно совладување на определени содржини и друг вид на повремени активности се очекува формирање на повеќе неформални групи.

Учебна 2012/2013 година

11


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

в. Домот како целина Во соработка со учениците и Советот на воспитувачите ќе се изработи програма за активностите за време на викендите, при заеднички излети и групни посети на културно-уметнички или спортски настани. Во ваквите ситуации значаен субјект на воспитно влијание е домот како единствена целина и грижата за воспитаниците ја презема еден или повеќе воспитувачи, не водејќи сметка за припадноста на воспитаниците кон одредена воспитна група. Во учебна 2012/2013 година ќе бидат изведени 2 еднодневни екскурзии со сите воспитаници, една во некој од ученичките домови во Македонија и една локална екскурзија во околината на Крива Паланка. Домот со фудбалскиот тим ќе учествува на смотрите на лигата на домовите за квалификација во Домијада 2013, а се планира да учествува и тим на пинг-понгари. Во мај 2013 година се планира учество на домот на Домијада, традиционална манифестација на сите ученички и студентски домови во Македонија каде се презентираат достигањата на воспитаниците во слободните активности. Во учебна 2012/2013 година се планира одбележување на патрониот празник на домот на почетокот на месец мај со посебно изготвена програма и обезбедени средства од страна на домот или барање спонзорство. г. Домска заедница Домската заедница како највисок орган на ученичкото здружување е составена од сите воспитаници кои на демократски принцип ќе изберат свое раководство, комисии кои ќе работат според изготвени програми кои во себе ке ги содржат сите прашања поврзани со животот и работата на воспитаниците во домот. Воспитниот персонал ќе ја помага работата на домската заедница со инструктивносоветодателна помош и ќе овозможи услови за непречена самостојна работа. Во рамки на домска заедница ќе работи тим за изработка на Web страна и рекламен материјал за презентирање на домот во локална средина и пошироко. Во текот на целата година домот ќе работи на промовирање на условите за што поголем одзив на ученици на конкурсот за сместување во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка. Домот преку посебна програма на Домската заедница ќе обезбедува и хуманитарна помош за учениците сместени во домот. д. Слободни активности Слободните активности во слободното време се одликуваат со доброволно определување за учество. Слободните активности се организираат во почетокот на учебната година, со свои програми за работа. Одговорни воспитувачи се: за мал фудбал и пинг понг одговорен ќе биде Ненад Петровски, историско-географска и ликовна група Бранко Тодоровски, Сашко Ристовски одговорен за хемиска и математичка интересна група, а воспитувачот Добре Прокоповски ќе ја води био-еколошката група. Работата на слободните активности ќе се одвива по изготвена програма и распоред за работа и е составен дел од програмите на секој одговорен воспитувач. Учебна 2012/2013 година

12


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

Квантификација на бројот предвидени часови на одделни интересни групи по месеци

Вид Хемија и мат. Биолош.екол. Исторгеогра Ликов. Мал фудбал Пинг понг Шах Пикадо Вкупно

Интересни групи Месечна реализација XII I II III IV 4 2 4 4 4

IX 2

X 4

XI 4

3 4

4 4

5 4

4 4

1 2

4 4

5 4

1 3

1 4

1 5

1 4

1 1

1 4

3

4

4

4

1

16

21

23

21

8

Пред. V 5

VI 1

36

4 4

5 4

1 2

36 36

1 5

1 4

1 5

1 1

10 36

4

5

3

4

1

33

21

24

20

24

7

187

Забелешка

ѓ. Куќен ред Со цел да се педочи во кој временски интервал од деноноќието со што ке се +активират воспитаниците и каде да го прават тоа ќе се изготви куќен ред. Со тоа се придонесе да се почитуваат потребите на секој поединец за активност, но и за одмор. Се настојува одредбите во куќниот ред да имаат поголема педагошка вредност, да бидат искажани како афирмативни искази, а во рамките на куќниот ред ќе се изградат правила на однесување од страна на учениците со водење на одговорно лице-директорот : во трпезарија, соби, ходници, дворот, надвор од домот. Во изготвување на распоредот за одвивање на активностите се зема предвид и мислењето на учениците, под водство на воспитувачите. Куќниот ред со предвидените активности ќе биде истакнат на огласната табла во домот. e. Водење на педагошка документација и евиденција Педагошка документација е главната книга на учениците во која учениците се запишуваат од страна на одговорните воспитувачи на воспитна група. Главната книга на учениците е документ од трајна вредност. Педагошката документација и евиденција во домот се води на македонски јазик со употреба на кирилското писмо. Педагошка евиденција опфаќа: дневник за работа на домот воден од страна на одговорен воспитувач на воспитувачи, дневник за план и подготовка на секој воспитувач, дневник за работа на секоја воспитна група, дневник за изведување на слободните активности за секој воспитувач. Учебна 2012/2013 година

13


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

6. Следење, вреднување и унапредување воситно-образовниот процес Цел Следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно-образовниот процес овозможува да се процени и анализира степенот на реализација на програмата за работа на домот. Врз основа на добиените сознанија во одреден временски период ќе се превземаат мерки за унапредување и подобрување на квалитетот на воспитнообразовната работа во домот. Реализатори на овој дел од програмата се директорот и воспитниот кадар. Во домот оваа учебна година приоритет е следењето на поведението на учениците во училиште и во домот и подобрување на успехот на учениците според нивните можности и способности. Добиените податоци ќе ги анализира Советот на воспитувачите. 7. Општествено-културна дејност Општествено-културана дејност во Домот ќе се реализира низ повеќе форми и тоа посети на установи приодбележување на значајни дати и празници, посета на театарски претстави, презентации од едукативен карактер, забавни настани. а. Соработка со родителите Соработка со родителите ќе се одвива преку: постети, состаноци, писмени и тлефонски известувања, индивидуални и групни разговори , учество на родителите во работата на Советот на родителите и Управниот одбор, учество на родители во организирање на екскурзии, хуманитарни акции, свечености и др. б. Соработка со училишта и домови од земјата и пошироко Преку соработката со училиштето ќе се добијат поцелосни сознанија за целокупниот живот и работа на учениците. Соработката ќе се одвива низ повеќе форми и активности: - корелација во изготвување на програми за работа - запознавање на наставници и класни раководители за условите за престој во домот -запознавање со материјалната и социјалната положба на учениците што престојуваат во во домот -разговори во врска со успехот, поведението, редовноста на наставата и надминување на проблеми во врска со дисциплината, асоцијално поведение и девијантно однесување на учениците во домот, училиштето и надвор од него. Домот ќе има соработка со другите домови од земјата и пошироко преку меѓусебни посети на воспитувачи, ученици и директори со цел размена на искуства и одбележување на значајни дати, како патрониот празник, Домијада и презентации на проектни активности. Учебна 2012/2013 година

14


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

в. Соработка сo локална средина и локална самоуправа Соработката со локалната средина и локалната самоуправа ќе се одвива со обострано учество на прослави по повод државни празници, прослава на денот на домот, како и учество во самостојни и заеднички работни акции за подобрување на условите за живот во домот и градот Крива Паланка. Носители на овие активности ќе бидат сите ученици преку интересните групи, Домска заедница, Советот на воспитувачите, Управниот одбор и останатите вработени. -Во долната табела се дадени бројот на предвидените состаноци на воспитната група, Домската заедница, Советот на воспитувачите.

Вид на актив. Сост. на 1 восп. група Сост. на 2 восп. група Домска заедница

IX

X

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

Совет на родители Совет на воспитувачи Управен одбор Вкупно:

Предвидени состаноци по месеци XI XII I II III IV V VI VII VIII

1 1

1 1

1

1

5

4

4

1

1

1

1

5

5

1

1

10

1

1

10

1

1

8

1

4

4

4

Учебна 2012/2013 година

Заб

3

1

1

Вк.

1

1

7

1

1

1

8

4

5

1

55

15


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

Организацијата на животот и воспитно-образовната работа во домот се дадени со нормативи за режим на денот кој ги содржи следните елементи: -време и норми сврзани со основните биолошки потреби на воспитаниците (спиење,јадење,одржување на лична хигиена,учење,слободно време,одмор идр.), - дневна и седмична артикулација на работата и одморот на учениците. Вработените во домот своите работи и работни задачи ке ги извршуват според распоред за работа за учебната 2012/2013 година, а истиот е истакнат на огласна табла во домот. Ќе се изготвуваат распореди за работа согласно промена на потребите, а работното време за сите вработени ќе биде евидентирано во Книга за евиденција за работа. Р.б 1 2 3 4 5 6 7

Видови

активности

Дневно часови

Подготовка за настава (+1 час за учење во слободен избор) 4 Настава 5 Работа во интересни групи 1 Променливи активности и рекреација во слободно време 1,5 Културни активности 2 Пладневен одмор 1 Ноќен одмор 8

Седмично часови 20 25 7 10 14 7 56

8. Проектни активности Во учебна 2012/2013 година се планира реализација на следните проекти: - проектот „Широки детски хоризонти“ на кој домот планира повторно да аплицира, во соработка со Домот за деца без родителска грижа „Олга Стојанова“ Дупница, за кој се очекува финансирање од ИПА фондови за меѓугранична соработка - ученички проекти според СИВАП методологија - програма за учење на англиски јазик од страна на волонтер од Мировен корпус - Разрешување на конфликти - заеднички проекти иницирани во текот на учебната година со домови, училишта и здруженија на граѓани, Општина Крива Паланка, Меѓуопштински центар за социјални работи, полиција, Центар за култура, други институции и организации. Очекувани ефекти со реализација на програмите на проектите се промени во домот во согласност со модерните токови на воспитнообразовниот процес и животот воопшто.

Учебна 2012/2013 година

16


Годишна програма за работа на ОУД „Боро Менков“Крива Паланка

9. Приоритетни задачи и активности Приоритетните задачи и активности кои се предвидени да се реализираат се: - Развој на Домот за да стане ефективен преку професионално усовршување на воспитниот кадар - Развој на Домот за да стане ефикасен преку подобрување на услови за работа - Создавање на пријатна, безбедна и здрава средина преку реновирање на инфраструктура на домот во сите три крила. Во склад со материјалните можности овие приоритетни задачи и активности се планира да се реализираат учебната 2012/2013 година и тоа професионално усовршување на наставен радар на темите од разрешување на конфликти, набавка на шкафови во спални соби на ученици, поправка и набавка на ЛЦД проектор, компјутери и друга техничка опрема, реконструкција на крило В, уредување на двор на домот, воведување на соларно греење на вода, воведување на хидрофор, бојадисување на фасада на крило В и реновирање на спортско игралиште.

Септември, 2012 година Крива Паланка

Учебна 2012/2013 година

Директор _________________ Валентина Јовевска

17


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.