WebQuest Наставна содржина: Лековити растенија Возраст: IV одделени Предмет:
Природа Време за реализација: два наставни часа
Вовед Во еден убав пролетен ден Марија ги одведе своите другари кај баба и на село. Кога влегле во убавата селска куќа децата почувствувале силна, пријатна, но непозната миризба. Бабата на Марија им објанила дека на таванот суши лековити билки за чаеви. На заминување секое од децата добило по една кесичка со гранчиња од чаеви. Ајде да видиме кои чаеви им ги дала бабата, за што се користат и каде самите можат да си наберат?
Задачи За да откриеме кои чаеви баба и на Марија ги дала на децата, зошто се користат и каде можат да ги соберат треба да ги направите следните работи. Секој ученик поединечно да најди повеќе информации за лековитите растенија (камилица, кантарион и планински чај) 1. Како изгледа (преку слика од интернет)
2. Како се собира 3. Како се приготвува 4. За што се употребува
5. Кои се разликите помеѓу овие чаеви
Процес Дознајте повеќе за лековитите растенија преку пребарување на посочените интернет страни (линкови). ●
Снимете по една фотографија од лековитите растенија од посочените линкови. ●
Откако ќе ги соберете информациите од зададените задачи направете една презентација во Impress во четири слајда. ●
Ресурси Слика од камилица Камилица Слики од кантарион
Кантарион Слики од планински чај Планински чај
Заклучок Преку реализирањето на поставените задачи ќе се запознаете со три лековити билки, ќе се здобиете со знаење како да ги собирате, како да ги употребувате и како да ги разликувате помеѓу себе.