Брошура - Брегалница

Page 1

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН


БРЕГАЛНИЦА И СОНЦЕТО ДОАЃААТ ОД ИСТОК ...Тука е тој оган под овие улави води, под овој бигор и зло самото што се плоди. Под овие води тешки и зрели тримеѓници црна црно што ги дели. Под овој венец од сончеви глави под оваа далга со карпи што се дави. Под овој екот, заклињања и злоби, и ова дрво на брегот од дамнина што коби. Тука е тој оган под оваа кожа, под овие тримеѓници, овие три ножа. Секогаш и сегде семожен и морен, ѕвезда е во срце и мрак е во корен. Ацо Шопов (Долго доаѓање на огнот)


НЕШТО МНОГУ СИЛНО ЗА ОКОТО И ПОВЕЌЕ ЗА ДУХОТ И ДУШАТА ЧОВЕЧКА

Н

екои говорат за вековна традиција, други за децениско постоење, кога е во прашање регионот поврзан со реката Брегалница, како простор каде човекот барал и секогаш наоѓал интерес да битисува, се зборува за милениуми. Овој простор има некаква митска привлечност, постои моќ или блаженство што со секој чекор, секоја педа по него буди посебно љубопитство. Нешто многу силно и за окото и повеќе за духот и душата човечка. Сета мистичност и долга традиција на човековото цивилизациско присуство на овој простор, веројатно ја потсилува животната артерија на регионот, реката Брегалница. Потврдени траги од човековиот интелект цврсто се врзани за неа и нè враќаат 6.000 години пред Христа, одбележувајќи ги првичните форми на човековото организирано живеење, за пак, по течението на Брегалница од Пијанец и Малешевијата, преку, зрновското и кочанското поле, до изворите на Кежовица, сè да потсетува на историја. Како да се мешаат сцени од крунисувањето на пеонските кралеви, триумфалните минувања на Филип и Александар; од вредните раце на рударите Саси до орните жетвари во оризовите полиња, од покрстувањето на првите Словени и создавањето на првото слово словенско од Константин Брегалнички до Кирил и Методиј.

Овде е сè историја! Овде е почетокот на сите почетоци!


6

7

ВЕКОВНОТО НАСЛЕДСТВО КАКО

ИНСПИРАЦИЈА

Ч

овековата природа не е биолошки утврден и вроден збир на нагони, ниту е безживотна сенка на културни клишеа на кои се прилагодува, таа е производ на човековата еволуција. Брегалничкиот регион е вистински пример за специфичен развој и единствена историја. ТУКА СЕ РОДИ СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ „… ме зедоа мене со голема радост и ме доведоа во градот Равен на реката Брегалница. Јас им напишав триесет и две букви. Малку ги учев, а тие самите многу додаваа...“

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Тоа се зборовите на Кирил, првиот сесловенски просветител, дадени како сведоштвото во познатата Солунска легенда за првото описменување на Словените. Научниците се во полемика каде е точно градот Равен и каде, во IX век, доаѓа Кирил Филозоф за да ја создаде азбуката описменувајќи ги првите Словени. Едно е сигурно и непобитно – доаѓа на Брегалница. Ете зошто просторот на денешниот Брегалнички регион со право се смета за место на сите почетоци, на создавањето на словенската писменост и култура и почеток на примањето на христијанството од страна на најбројниот народ во Европа, Словените. Традицијата на просвета и образование не застанала тука: сведоштвата говорат за континуиран развој на просветата и образованието. На овој простор интензивно се следи аманетот на првите просветители преку Лесновската препишувачка школа во XII век, првите библиотекари на Балканот, Браќата Костенцеви, првиот автор на педагошки книги, Јосиф Ковачев... Овој регион денес го има најрепрезентативниот продолжувач на традицијата, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

од „Солунска легенда“ за Кирил Филозоф


8

9

ПОСТОЈАНА АРХЕОЛОШКА ПОСТАВКА МУЗЕЈСКИОТ КОМПЛЕКС АНЕВИ-ГОЧЕВИ

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

остојаната археолошка поставка во овој музејски комплекс е местото каде што е раскажана историјата на Брегалничкиот регион. Континуитетот на човековото опстојување во Брегалничкиот басен најдобро е сублимиран и презентиран преку археолошкиот материјал експониран во постојаната музејска постановка на Завод и Музеј - Штип. Над 1.200 археолошки предмети - експонати го отсликуваат богатото културно-историско минато на Брегалничкиот регион низ милениумите и вековите од времето на неолитот, па сè до XVIII век. Занаетски систематизираното и заштитено археолошко богатство Ве остава без здив, па за миг помислувате дека за да се види, повеќе никаде не треба да се патува: сè е овде содржано. Од првите бронзени предмети на нашите предци, изработени како алатки за работа и лов, па сè до златни кочии, накити, монети, лични предмети, во секој од нив се крие период, приказна, историја на едно време. Сепак, предизвикот наречен Брегалнички регион, кој дише во еден здив и во себе крие мноштво тајни, Ве повикува на лице место да го почувствувате сèуште присутниот дух на некогашната стара цивилизација. Неподелено е мислењето на научната јавност дека пазувите и подножјето на Плачковица во себе ги кријат најстарите и најзначајните бисери на доцноантички и ранохристијански локалитети во овој регион: Баргала и Мородвис.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

П

ОПШТИНА ШТИП


10

11

БАРГАЛА

аргала, дефинитивно, е еден од најподатливите археолошки локалитети на Балканот. Влегувањето низ големата порта на овој доцноантички град за секој посетител го означува почетокот на едно патување во кое тој и самиот станува дел од историјата на ова магично место. Својот процут го имала во периодот од IV до VI век кога важела за силен црковен, културен и економски центар на просторот на средниот тек на реката Брегалница. Затоа, денес се сврстува во редот на најзначајните ранохристијански епископски градови на овие простори. Епископската базилика е трикорабна со нартекс, егзонартекс и баптистериумкрстилница. Северниот кораб на базиликата е послан со полихромен мозаик со претстава на геометриски орнаменти, а во средината издолжен крст. Објектот изобилува со богата архитектонско-декоративна скулптурна и мермерна пластика. Според археолошката евиденција која се вклопува со историските извори кон крајот на VI век и почетокот на VII век, градот страда при аварословенската инвазија на Балканот. Сакралните и другите објекти на градот се делумно или целосно разурнати, меѓутоа животот на овој простор не замрува. Во градот покасно никнува една од најзначајните средновековни населби. Сведок за тоа се раносредновековната црква „Свети Ѓорги“ и големата некропола крај неа.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Б

ОПШТИНА КАРБИНЦИ


12

13

МОРОДВИС – ЦРКВИШТЕ

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

ородвис, како некогашно црковно седиште, а денес археолошки локалитет со богата духовност, е простор кој многу лесно секој љубопитник го враќа векови наназад во времето на зачетоците на христијанството. Како епископски центар во периодот на својот процут, во VI и VII век и подоцна, дури владее првиот македонски цар Самоил, Мородвис запечатил траги кои денеска му даваат посебно значење во историјата и традицијата на овој простор. Најимпресивна во целиот комплекс е откриената црква од V век која според начинот на градба, мермерниот под и столбовите и капителите со претстави на средновековни мотиви потврдува дека спаѓа во редот на ретките градби од таков тип на Балканот. Од Мородвис и Баргала, како два значајни центри во зачетоците на зацврстувањето на христијанството ќе бидат испратени претставници, епископи, за да учествуваат на Петтиот вселенски халкидонски собир (552 година). Факт кој непобитно потврдува дека историјата и настаните кои тука се случувале биле од исклучително значење за конечното зацврстување на христијанството на поширокиот простор на овој дел од Балканот.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

М

С. МОРДОВИС - ОПШТИНА ЗРНОВЦИ


14

15

ВИНИЧКО КАЛЕ

иница го има Виничкото кале. А Виничко кале на светското културно наследство му ги откри и остави како трајно богатство теракотните икони. Калето денес има значајно место во богатата археолошка карта на Брегалничкиот регион. Како важно стратешко место низ вековите Виничко кале и неговите ѕидини, заедно со мноштво од пронајдениот археолошки материјал, сведочат за интензивен живот во различни периоди од: енеолит, железно време, рана антика, македонско-хеленистички период, римски период, доцна антика и богато средновековие. Тоа е ризница и извор од кој овој простор ја црпи сета историја и духовност. Значаен период од животот на Виничко кале е ранохристијанскиот, а како најексклузивен наод од овој период се токму теракотните релјефи, популарно наречени „икони“ - единствени од ваков вид во светот. Теракотите, покрај тоа што ја поставија Виница на светската археолошка карта, имаат и исклучително значење при промоција на овој регион, затоа што досега се изложувани во најзначајните светски музеи и галерии во Ватикан, Москва, Минхен, Париз, Рим и др.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

В

ОПШТИНА ВИНИЦА


16

17

ПАЛЕОНТОЛОШКО-АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ „ПИЛОВО“ С. БУРИЛЧЕВО - ОПШTИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

К

Безбројните археолошки наоди и споменици потврдуваат дека поширокиот регион на Кочанското Поле во античко време бил густо населен. Палеонтолошките откритија потврдуваат сосема различна и многу побогата лепеза од растителен и жив свет кој егзистирал на овој простор пред илјадници години. По својата местоположба и форма посебно интересен е локалитетот во близина на селото Бурилчево. Во него се откриени фосилни остатоци од полжави и школки (Cerithium vellicatum belardi, Nummulites fabiani, Tellina dekortta), кои ја потврдуваат претпоставката дека пред илјадници години на овој дел се протегале огромни водени пространства. Сето ова претставува основа и предизвик за Палеонтолозите во иднина да го задоволат своето но и љубопитството на јавноста за тоа што крие ова место, сведочејќи за некогашниот геолошки, рељефно видоизменет простор и жив свет.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

очанско Поле, плодната рамнина која регионот со векови го одржува и храни, за овдешниот човек значи живот, егзистенција, а за секој посетител на прв поглед е прекрасна слика, импресија која долго се задржува во потсвеста. Во зависност од годишното време Кочанско Поле има свој израз, своја слика која природата ја менува и пресоздава. Сепак, под тие умешно поделени парцели со оризови насади се крие цела историја.


ИСАР

Т

19

ОПШТИНА ШТИП

ој е главниот симбол, чуварот на некогашниот пеонски Астибо, подоцнежниот византиски Стипион и денешниот Штип. Низ вековите горделиво „се кипри“ над градот овенчан со тврдина која во различни периоди имала различна форма и големина, но секогаш, како и секоја друга тврдина, била едно: утврдување каде властелата ги бранела своите интереси. Тврдината Исар во секое време со свој владетел од пеонските до доцноантичките, од Самоила до византиските и од Крале Марко до последното освојување од Османлиите, плетела легенди кои останале до денденес да сведочат за непокорливиот дух на овој човек и овој простор. Токму таква е и последната приказна за неговото конечно освојување, кога Бајазит одамна веќе го беше прегазил Балканот, Исарот останал под опсада цела една година неосвоен. Тоа опстојување на Исарот под налетите на освојувачот го крепела тајната која ја поврзувала тврдината со реката Брегалница – тунелот од врвот на Исарот низ неговата утроба до коритото на реката во неговото подножје од каде бранителите кришум црпеле вода и им одолевале на нападите на освојувачот. Со доаѓањето на пролетта на 22 март, денот на Светите четириесет маченици доаѓа моментот за продолжување на традицијата. Ретка на Балканот и единствена во Македонија „четрсе“ е обичај којшто е произлезен од чествувањето на христијанскиот празник „Свети четириесет маченици“, во народот уште познат и како „Младенци“ и постари пагански верувања. На тој ден илјадници луѓе од утро до мрак се искачуваат на Исарот од каде кон реката Брегалница секој за себе симболично, за среќа, фрла по четириесет каменчиња. Тој ден сè е во знакот на четириесет: четириесет фрлени каменчиња, четириесет поздравувања, па дури и четириесет ракивчиња. Последното каменче младите го носат дома и го ставаат под перница, со надеж дека ќе им се јави на сон идниот животен сопатник. Нека е на здравје – добро е да се види и да се доживее.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

18


20

21

АРХИТЕКТУРА

С

РЕГИОН СО БОГАТА ГРАДИТЕЛСКА ТРАДИЦИЈА

редновековниот период, покрај другото, е специфичен и по развивањето на силна градителска дејност во Брегалничкиот регион. Тоа посебно е изразено преку градењето на цркви каде што до израз во потполност дошло византиското влијание. Како потврда за постоење на традиција за градење, но и за убавината на македонското црковно градителство, сè уште сведочат црквите „Св. Ѓорги“ во Г. Козјак (Општина Карбинци), во Мородвис, Жиганци, Теранци. Сите тие, заедно со другите сочувани објекти, го потврдуваат неимарскиот дух и вештината на градење на луѓето од ова поднебје.

С. ПАНТЕЛЕЈ - ОПШТИНА КОЧАНИ

а луѓето од овој регион со сигурност може да се каже дека покрај тоа што се трудољубиви, чесни и вредни домаќини, тие пред сè се богобојажливи. Почитта кон Бога и верата им се забележува во секоја постапка, независно дали станува збор за работа, веселба, тага или среќа. Ете така, многу често и имињата на своите населби ги посветувале на одредени светци. Таков е примерот со селото Пантелеј, кочанско. Сосема нормално, поврзано со верата во бога, најмаркантниот објект овде е манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“. Тој со своето значење кое го има за месното население и пошироко и со историската и, пред сè верска улога, заслужува посебно внимание. Најстара во комплексот е манастирската црква „Света Богородица“ градена 1872 година, на темелите на стара црква од XIV век. До неа се наоѓа манастирот „Свети Пантелејмон“, граден 1885 година. Посебна вредност на овој манастир се фрескоживописот и дел од иконите кои се работени од познатиот сликар Димитар Андонов – Папрадишки. Манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ денес претставува религиозно-туристичко место кое секоја година, посебно во летните денови, привлекува голем број верници и туристи.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

З

МАНАСТИР „СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН“


МАНАСТИР „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“

М

ОПШТИНА БЕРОВО

акедонија навистина е библиска земја. Таа посветеност во православието и христовото учење ја среќаваме по целиот Брегалнички регион. Свое место во продуховеноста на Македонецот има и чинот на изградбата на манастирот „Свети Архангел Михаил” во Берово. Преданието за неговото градење го потврдува тоа на начин кој раѓа восхит кај секој вистински верник. Поточно, во времето на османлиското владеење кај беровчани се јавило провидение и желба да создадат место каде својата љубов и вера во Бога ќе ја изразуваат на достоен начин. Редот налагал одобрение да се побара од тамошниот бег, кој пак за да ги одврати од намерата, им поставил невозможни услови: црквата да се изгради за четириесет дена, да биде умешно скриена од погледите на минувачите и како благодарност за неговата „добрина“ нему да му се даде најубавата беровчанка. Кога волјата е силна, а верата е над сè тогаш сè е можно. Вредните беровчани ги исполниле условите како што било барано, само ветената девојка, одбивајќи да стане турска жена, побегнува. Години подоцна таа ќе се врати за да се посвети на манастирот кој веќе се изградил станувајќи основач на сестринството кое до ден денес постои.

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

23

Приказната за настанувањето е навистина прекрасна исто колку што е и манастирот. Тоа е слика од бајките која никого не остава рамнодушен. Уште при влезот на овој продуховен простор посетителот е внесен во еден поинаков свет, светот на молитвата. Она што посебно импресионира во овој комплекс е архитектонското решение на истиот, каде доминантно место има црквата на која и претходи голем трем и сето тоа во простран манастирски двор кој од северната, јужната и западната страна е обграден со конаци изградени според традиционалната стара малешевска архитектура. Покрај интересната легенда за градењето на манастирот со него се поврзани речиси сите историски настани значајни за Малешевијата (Разловечкото - 1876 и Кресненското востание - 1878).

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

22


24

25

С. ЛЕСНОВО

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

ако од бајките украдена слика, простор кој наликува на еден мал свет, посебна планета во овој универзум. Овде природата и човековата доблест и вера во доброто како да изградиле посебен свет. Сместено на југозападната страна од Осоговските Планини во кратерот од згаснат вулкан лежи Лесново. Балканската Етна по далечното смирување станала прибежиште на најзначајните духовници на Балканот од времето на раното средновековие: Гаврил Лесновски, Јован Рилски, Прохор Пчински и Јоаким Осоговски. Од нив започнува приказната, откако тие, како со магично стапче, му вдахнале дух на добрина и убавина на овој простор во кој, после нивното испосништво – пустиножителство, свое живеалиште и прибежиште ќе најдат жителите на селото Лесново, но и Лесновскиот манастир кој ќе прерасне во значаен центар на ширењето на писменоста и верата во XI век. Дела пишувани во Лесновската препишувачка школа денес се наоѓаат во музејските депоа на сите европски центри претставувајќи раритетни книжевни споменици од непроценлива вредност. Посебна приказна од овој склоп на необичности на Лесново претставуваат мноштвото пештери издлабени од човековата рака. Од таму, во потрага на квалитетна карпа за изработка на воденичен камен, месното население со векови ја обезбедувале својата егзистенција. Сведоштвата говорат дека годишно од Лесново ширум Балканот биле испорачувани и до 2.000 воденични камења. Денес тие претставуваат туристичка атракција во организираниот комплекс за посета, заедно со манастирот, музејот и лесновската куќа.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

К

ОПШТИНА ПРОБИШТИП


БЕЗИСТЕН

26

Б

27

ОПШТИНА ШТИП

Како еден од ретките, остаток е од османлиската архитектура, изграден 1662 година со цел да служи како главна чаршија за продавање на луксузни и скапоцени стоки. Сепак, низ вековите, менувајќи ја својата намена, ќе послужи за многу нешта. Меѓу другото, благодарение на стамената и цврста градба, едно време, кога Австро-унгарците и Пиколомини и Карпошовите востаници сакале да го освојат Штип, на Турците им послужил и како скривалиште. Денес е најрепрезентативниот објект, значаен споменик на културата и постојана уметничка галерија. Лоциран е на десниот брег на реката Отиња во централниот дел на градот.

СААТ-КУЛА

К

ОПШТИНА ШТИП

ој би рекол дека Саат кулата во Штип е изградена како семејна феудална - турска беговска куќа. Необична е по изглед, но според легендата сосема одговарала на идејата на бегот сопственик кој градејќи ја, некаде во втората половина на XVI век, сакал од погледите на многуте љубопитници во неа љубоморно да ја сокрие убавината на неговата ќерка. Денес е еден од ретко сочуваните профани објекти граден од делкан, кршен камен (пешчар). Во XIX век штипјани Кулата ја пренамениле во градски часовник со доградена просторија за механизамот и ќулав за ѕвоното. Оттогаш таа му пркоси на Исарот како посебен симбол на Штип.

ВЕ КОВ НОТ О НА С ЛЕДСТ ВО К АК О ИН СПИ Р АЦИ ЈА

езистен денес е најмаркантниот храм на уметноста, центарот на сите културни збиднувања во Штип. Тоа е простор каде настапувале и излагале светски познати уметници кои со себе, без исклучок, понесуваат импресии за цел живот. Исклучителниот впечаток е, пред сè, резултат на архитектониката и акустичноста на овој велелепен објект.


ПРИРОДА

28

29

НА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

П

она што го полни окото ја храни душата и ја гаси жедта за убавото

остои нешто кое никогаш не може да се изгуби или потроши. Тоа е убавината. Брегалничкиот регион токму неа ја има во изобилие, распослана на секоја педа како божествен дар. Тоа е богатство кое во огромни количини се прима и никогаш не завршува. Природата како посебност на Брегалничкиот регион во основа е комбинација од низински-рамничарски дел и планински дел. Секој во различен период од годината со својата специфика мами и привлекува. Овде убавината се открива полека, со трпение, низ мирисот и боите кои ги опиваат сите сетила. Во најголемиот дел недопрена, невина и чиста во себе крие, но и несебично нуди ослободување на сите телесни и духовни дамари враќајќи ги кон изворното, првичното спојување на човекот со природата. Прекрасен спој на снежните врвови на Осогово, зелените и бујни панински предели со иглолисна, дабова и букова шума на Малешево и Пијанец, богатите пасишта и расцветани ливади на Голак, плодните ниви, оризови и житни полиња на Кочанско и Зрновско Поле и ораниците и накитените градини со плодови и здравје: овде за секого има сè и од сите за секого. Природата дала, а човекот го сочувал и облагородил.

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

аа е артерија што обединува спротивности. Брегалница од дамнини до денес ја чува исконската желба за живот. Обединува планини, полиња, долини, спојува потоци, реки, поврзува луѓе во една судбина. Таа шири возбуда, ги контролира чувствата, ги потсилува емоциите, таа храни, живот е таа, го спојува Истокот во едно. Со каква ли промисла е создадена ваква убавина? Дали за да го награди и возвиши човекот, дали да му даде живот, да биде извор на сите потреби и задоволства! Малешевските Планини небаре некаде од најдлабоките делови од својата утроба ја црпат сета магичност на овој свет нудејќи ја на дланка на секој посетител. Таа свежина на изворот, тој опоен мирис на високите букови стебла, таа питомина маѓепсува и смирува, го буди најчовечкото во човека. Од такво место извира Брегалница. Оттука, под врвот Ченгино кале на планината Кадиица од 1.720 m надморска височина, започнува долгата приказна наречена Брегалница: променлива - истовремено и мирна и брза, потем - и тивка и шумна, секогаш - бистра и мразна, исто како и историјата која низ вековите околу неа се создавала. „Брегалница и сонцето доаѓаат од исток“.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИО Н

Т

РЕКА БРЕГАЛНИЦА


30

Т

ПЕХЧЕВСКИТЕ ВОДОПАДИ

31

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

оа е првиот репрезент на убавините кои Брегалница ги создава на својот пат. Распослани се на поширокиот регион на Равна Река и го претставуваат најпривлечното место во целата лепеза на блаженства кои природата ги дарила. Природата дала, а човекот облагородил и создал услови за целосно нејзино ползување: простори за одмор, пешачки патеки, ливади преполни со разновидни билки, чаеви и, секако, водопадите од кои најголемиот надминува висина од 15 m. Сето тоа плени со својата свежина и чистота. Дали тоа ги привлекло и првите словенски просветители, па дошле овде пред 11 векови? Кирил Филозоф сведочи: „Ме зедоа мене и ме доведоа во градот Равен“. Научниците се поделени во мислењето дали е тоа ова место, но денес на секој љубопитник му останува можноста да дојде во Равна Река и да се увери дали почетоците на словенската писменост тргнале од оваа питомина крај Пехчевските Водопади или пак, едноставно, убавината создава легенди кои долго се одржале заедно со ова прекрасно парче убавина.

ОПШТИНА ВИНИЦА

ека водата е живот, но и извор на убавина, потврдуваат водопадите на Џуџевска Река. Просторот околу овој популарен излетнички комплекс претставува необичен микрокосмос - свет во кој задоволство можат да најдат оние кои уживаат во звуците на природата. Шумот на водопадот и сета разиграност која водата ја предизвикува врз останатиот дел од природата: бујната вегетација, разновидната шума, мноштвото птици и нивниот пој, остава впечаток како да го контролира ритамот на животот околу водата, која буквално извира од сите страни. Џуџевски Водопади ги прави уште попривлечни за посетителите и нивната местоположба. Се наоѓаат во близина на магистралниот пат Виница – Берово. Лесно достапни се - до нив се доаѓа преку добро прооден шумски пат.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИОН

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Д

ВОДОПАДИ НА ЏУЏЕВСКА РЕКА


32

33

БЕРОВСКО ЕЗЕРО

ога секој миг на задоволство преминува во трајно сеќавање, тогаш тоа искуство мора да е поврзано со Беровското Езеро. Идилична слика во која доминира зеленилото. Боровите стебла кои гордо вишнеат над брегот се отсликуваат оставајќи одраз на превртена магична слика. Ја бојат водата, го хранат воздухот, опиваат со привлечност на која тешко се одолева. Околината и самото езеро нудат задоволства за секого. Езерото изобилува со риба и затоа љубителите на овој спорт редовно го имаат на својата маршрута. Уредените патеки за пешачење, минувајќи низ непрегледно виски стебла од борови и буки, ги водат љубителите на планинарењето до бујни ливади преполни со ароматични растенија и шумски плодови. Овој бисер на Малешевските Планини со сите потенцијали што ги нуди, како природни но и уредени терени и капацитети, е вистинска воздушна бања која на окото и на душата на секој посетител му нудат спокојство, но и доживување кое ретко каде може да се пронајде. Беровско Езеро е една од најголемите лачни брани во Македонија и се наоѓа на надморска височина од 1.000 m.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИО Н

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

К

ОПШТИНА БЕРОВО


34

35

БРАНА ГРАТЧЕ

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

очанска Река во севкупниот природен амбиент и понуда на кочанчани им подарила необична привлечна реткост која нуди многу задоволства. Позната е како Брана Гратче, синоним за простор каде сите потреби за одмор и доживување со природата се слеани во едно. Извонредно живописната клисура, мошне атрактивната околина и бујната вегетација заедно со езерото создадаваат одлични услови за рекреација, риболов, одмор и уживање. Прошетките по уредените патеки, можноста за спортски риболов и, над сè, чистиот воздух кој тивко се спушта од падините на Осоговските Планини се повеќе од привлечни, тие кај секој посетител создаваат зависност од повторна и следна посета на Гратче. Како неизбежен елемент од оваа привлечност на само еден километар од мотелот Гратче, на патот кон селото Јастребник, се наоѓа водопадот на Голема Река. Сликата која таму Ве затекнува потврдува дека природата знае и на од човека создадените благодети да им вдахне убавина, да облагороди и сета убавина да ја слее во едно. Токму затоа водопадот на Голема Река е едно од најпривлечните места за одмор и рекреација.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИО Н

К

ОПШТИНА КОЧАНИ


36

37

БРАНА КАЛИМАНЦИ

ајневеројатните рибарски приказни се создадени токму тука, на браната Калиманци. Како вештачка акумулација изградена на реката Брегалница своето реноме кај страствените риболовци го има изградено поради богатството и разновидноста на рибниот фонд, од кои најзастапени се крапот, кленот и бојникот. Пристапноста и добрата местополжба ја прави многу популарна кај рибарите и таа трае, продолжува со децении. Заради тоа таа е посетена не само од вљубеници на овој спорт од регионот, туку и пошироко. Така, покрај основната намена, производство на струја и како акумулација за наводнување на Овчеполието, Калиманци им го нуди и ова несекојдневно задоволство на посетителите.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИО Н

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Н

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ШУМСКО БОГАТСТВО

38

39

Б

регалничкиот регион има широки и силни „бели дробови“ кои го напојуваат со чист и здрав воздух. Во споредба со останатите региони во однос на целокупниот шумски фонд во Република Македонија, Брегалничкиот регион учествува со 18%. Тоа зборува дека има солиден шумски потенцијал и тоа градирано по општини тргнувајќи како најбогата Делчево, па Македонска Каменица, Кочани, Пробиштип, Зрновци, Чешиново-Облешево... Споменатите подрачја главно се прекриени со столетна бука, бор, даб и затоа, со право, покрај тоа што претставуваат воздушна бања, тие се главниот извор на сета чистота и природност на Регионот. Меѓу другото, шумите од Брегалничкиот регион се дом за разновидна флора и фауна привлечна за посетителите од повеќе аспекти. Речиси сите планини, тргнувајќи од Малешевските, Пијанец, Осоговските, Плачковица, имаат ловни резервати каде љубителите на ловот на крупен и ситен дивеч наоѓаат свое задоволство.

ДАБ – БЕЛИ

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

околку сте решени да одберете посебност која симболично би го одразувала карактерот на Брегалничкиот регион ќе паднете во недоумица, која од привлечностите го заслужува тоа. Сепак, од природните реткости кои метафорично говорат за суштината на постоењето и битисувањето, сам по себе се издвојува „Дабот“ во село Бели. Името го добил поради местоположбата: се наоѓа на северната страна на селото Бели, на ридот кај манастирот „Св. Илија“. Ова дрво, како споменик на природата е импресивен по својата големина, старост и изглед и затоа заслужува сечие внимание. Тој е еден од најстарите дабови во Европа. Со својата грандиозност ова седумвековно старо дрво од далеку наликува на дланка со раширени пет прсти. Обемот на дрвото е околу 10 m, а распонот на гранките близу 100 m. Ако навистина староста на дабот е седум векови, како што се проценува, тогаш, без исклучок, Дабот во Бели го прогласуваме за хроничар и најверен сведок на судбината на овој народ и на стотиците ора, веселби и настани кои по повод празникот Свети Илија овде под него се имаат случено.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИО Н

Д

С. БЕЛИ - ОПШТИНА КОЧАНИ


40

П

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

41

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Ретка привлечност на Осоговијата претставуваат планинските ледини во подножјето на Руен кои се покриени и изобилуваат со вегетација, полски цвеќиња и бујна трева. Токму затоа во есенскиот период се преполни со луѓе кои собираат најразновидни типови шумско овошје, лековити билки и чаеви: малини, боровинки, капини, кантарион, мајчина душица, ајдучка трева. Руен има и богат и див животински свет, а пониските делови изобилуваат со шуми од кои најзастапена е буката. Ловниот резерват е богат со високотрофеен дивеч: обичен елен лопатар, срни, муфлони и диви свињи во текот на целата година го привлекуваат вниманието на ловци од целиот свет. Посебна димензија на природните богатства дава податокот дека постојните рудни наоѓалишта потврдуваат присуство на олово-цинкови руди, кварцити, опализиран туф, потоа дацити и андезити и битуменозни шкрилци. Терцијалните вулкански дејности на просторот на денешните општини Пробиштип и Македонска Каменица меѓу другото, создале големи рудни богатства кои се основа за егзистенцијата на тукашниот човек.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИОН

ланините во Брегалничкиот регион во најголемиот дел се погодни и привлечни за љубителите на планинарењето и пешачењето. За оние кои го љубат поекстремниот дел од ова задоволство препорачливи се Осоговските Планини и врвот Руен (2.252 m), највисоката точка на целиот планински масив. Сурови но привлечни, со свежи планински лета и остри студени и многу снежни зими кои во поголемиот дел од годината се под снег, па затоа, особено делот на Пониква, која е привилегија на три општини (Кочани, Пробиштип и Македонска Каменица), станува интересна за љубителите на белите спортови. Сите субјекти подеднакво вложуваат напори да ги искористат потенцијалите кои ги дава Пониква за искористување на овој дел од Осоговието. Од година во година посетеноста расте во текот на сите сезони, а највеќе во зима. На посетителите на располагање им стојат ски-лифтови и повеќе други услужни капацитети.


42

43

Н

ГОЛАК

ародот од овие краишта покрај питомоста и трудољубивоста низ вековите го краси и голема мудрост. Сочувал една поговорка: „Бог создава и пресоздава“. Воодушевувајќи ѝ се на моќта на природата да се преобразува и обновува, генијалноста на народниот дух многу одамна бил предизвикан така што, по стравотниот пожар кога некогаш бујна со вегетација, столетни борови и дабови дрвја, планина се претворила во голини, ја прекрсти во Голак. Највисок врв ѝ е Чавка (1.536 m). Тоа пресоздавање на Голак му донело убавини со поинаква димензија, тој се трансформирал во вистинска ризница на ендемски растенија, палета од разновидни билки и плодови од кои целиот простор е опиен од прекрасни мириси и разновидни ароми.

Споменатите потенцијали овозможуваат развој на алтернативен и селски туризам, планински мотоциклизам. Така, мирисот на ливадите, свежеста на потоците и реките, шумноста на водопадите, моќната привлечност на столетните шуми за кратко време, но со сите сетила најдобро ги доживуваат посетителите на две тркала - велосипедистите. Оваа предност е препознаена и почнува да добива на актуелност со изградбата на „Патеката на Железната завеса“ која како меѓународен проект е дел од понудата на вљубениците во велосипедизмот во дел од Брегалничкиот регион. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово, низ Малешевските Планини.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИОН

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Посебна приказна плетат познатите „Јудови Ливади“. Вгнездени во пазувите на планината Влаина, во подножјето на Буковик и врвот Орловец во себе кријат еден од ретките ендемски видови на растение на Балканот и пошироко „муволовката” (Drosera Rotundifolia).


44

О

ПЛАЧКОВИЦА

45

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Сепак, пештерите не се привлечни само за авантуристите, туку и за оние кои сакаат да ѝ се воодушевуваат на генијалноста на природата и нејзините подземни креации. Најголемиот дел од пештерите се достапни за посетители. Најимпресивна е Големата Пештера со испитана должина од 600 m. Пештерите Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали. Токму таму, надвор од легендите и приказните за богатства, и понатаму најголемото богатство кај нив остануваат пештерските украси кои се навистина разновидни и пленат со својата убавина. На планината Плачковица се наоѓаат и трите привлечни кањони: Камник, Козјак и Зрновка во кој се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водотеци, водопади, преслапи, високи карпи... До сите нив е обезбедена основна инфраструктура (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор). Спокојно сместено во подножјето на Плачковица, Зрновско Поле за секое годишно време има своја боја: на пролет кога нивите со ориз се полнат со вода – полето е пресоздадено во езеро каде се капат и отсликуваат зраците и убавината на македонското сонце; во лето полето се исткајува со најразлични бои и нијанси претставувајќи вистинско виножито; во есен доминира жолтата боја – сè позлатува; зиме надвладуваат белината и тишината обвиени во чистиот свеж воздух кој питомо се спушта од падините на Плачковица, додека Брегалница веќе смирено протекува во последниот дел од своето самостојно патување.

ПРИ РОДА Н А БР ЕГА ЛНИ ЧК ИО Т Р ЕГИО Н

ваа планина е вечна инспирација за народниот гениј. Со векови плетел и сè уште плете легенди и преданија кои се резултат на нејзината богата историја но и мистичност. За авантуристите и трагачи по возбуда најпривлечен дел на планината Плачковица се пештерите. Некои легенди својата приказна ја поткрепуваат и со името на оваа планина која одговара и асоцира на плен и „пљачка“. Божем во нејзините пазуви во мноштвото пештери било сокривано богатството од различни походи во различни периоди. Сè уште најомилена е легендата која вели дека токму во една од пештерите на Плачковица, во нејзиниот најдлабок дел е сокриено богатството и саркофагот на најпознатиот освојувач на сите времиња, Александар Македонски.


46

47

ТРАДИЦИЈАТА КАКО СЕКОЈДНЕВИЕ И ПРОМОЦИЈА Според односот кој го имаат кон трајните вредности речиси сите центри од овој регион го заслужуваат епитетот средини со долга и богата традиција. Голема е листата на манифестации, обреди и одбележувања кои бележат континуирано децениско постоење. Токму во обидот да се сочуваат трајните вредности на традицијата овдешниот човек најмногу вложил во себе, во обидот да го сочува сопствениот дух, добродушноста, чесноста и домаќинлакот. Затоа, секој добронамерник тука без исклучок се пречекува со насмевка и со искрено добредојде. ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

е постои подобар начин да се навлезе во сржта на народниот бит, обичаите и духот на народот од присуство на свадбена веселба. Свадбените обичаи се најавтентичниот доказ за богатството на традицијата. Таму најдобро може да се препознае суштината на постоењето на еден народ. Вистинската можност за таквото задоволство го дава одржувањето на манифестација „Пијанечко-малешевска свадба“. Свадбените обичаи, песните, танците и сите придружни елементи кои го карактеризираат овој чин овде изворно се претставени и од фолклорен и етнолошки аспект, но навистина се привлечни и забавни за обичниот современ човек и посетител како можност за обновување на подзаборавената традиција. Свадбените ритуали во Пијанец и Малешево започнуваат од четврток, а завршуваат во понеделник. Тоа се денови испреплетени со песни, верувања, обреди, емоции. Да се биде дел од оваа прекрасна манифестација значи да се доживеат традицијата и обичаите врзани за свадбата во нејзината изворна моќ.

„Цреша се од корен корнеше, мома се од маќа делеше. Проштавај мајко, проштавај, проштавај мила роднино. До сега сам маќа слушала, од сега ќе слушам свекрва...“ Тоа е народна песна со која симболично се означува разделбата на невестата од мајчиниот дом. Без неа во Малешевијата не бидува свадба, а свадба не бидува ако не се изгази и „Малешевското оро“, ако не се вкусат малешевското сирење и сливова ракија и уште многу нешта врзани за традицијата за која има многу да се зборува, ама подобро е ако изворно се доживее.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

Н

ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБА


48

ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ (ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО)

49

Велат дека се родило овде на овој простор. Машко е, настанато и негувано во пијанечка етнографска целина. Едно од најтешките е и претставува комбинација од единаесет ритми, ама е најубаво, велат, и единствено на Балканот. Пијанец на македонската фолклорна ризница во наследство има подарено вистински фолклорен бисер - машкото оро „Копачка“. Ако е така и ако знаеме дека на Голак имаме сведок за традицијата од негување на фолклорот, олицетворен во Голачките фолклорни средби, тогаш треба ли да се прашаме со кое оро се отвора оваа манифестација! Секако не. Во мноштвото специфични програми на учесници од целиот свет бездруго доминира „Копачка“, но не изостануваат и другите ора и танци. Секоја година на 8 август во прегратките на манастирот „Свети Пантелејмон“ на Голак на 1.800 m надморска височина доминираат богатството и колоритот на македонските песни, игри и танци. Како круна на сè традиционално се развиорува и заедничкото оро и песна, на начин на кој сите се слеваат во едно. Манастирскиот ручек и дружење во слава на светецот и манастирот пак е приказна за себе која останува долго да се прераскажува.

Македонецот е питом човек. Насекаде и во секоја прилика својата отвореност и срдечност ја докажува при првата средба со пружање на раката и изразот: „здраво живо“. Токму користејќи ја таа карактерна црта во Истибања се изгради една долга традиција на дружење, веселба и пријателство. На неа и на посветеноста и негувањето на фолклорот Истибања изгради свој бренд кој ја има прославено надалеку по светот. Тоа е силна и голема традиција која остави печат што ова место крај Виница веројатно до века ќе го следи. „Истибањско здравоживо“ – фолклорен фестивал кој во картата на манифестации од таков тип го има епитетот најизворен. Тоа е најстариот фолклорен фестивал на Балканот основан уште во далечната 1975 година. Како членка на меѓународните фолклорни организации IOB и CIOFF „Истибањско здравоживо“ претставува вистински репрезент и потврда на нашата грижа за зачувување на изворно фолклорно богатство. Меѓународниот карактер е само квалитет повеќе и можност за презентација на нашиот фолклор пред пошироката меѓународна јавност.

ПЕХЧЕВСКИ ПАВЛОВДЕН (ОПШТИНА ПЕХЧЕВО)

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Мноштво прекрасни епитети се набројуваат кога се спомнува Малешевијата. За тамошните жители се вели дека се пред сè чесни, трудољубиви, дружељубиви и над сè вистински домаќини. Kаде и да зачекорите по Малешево ќе наидете на искрено добредојде, отворени порти, богати трпези и весели и добри домаќини. Во тоа секако не изостанува и Пехчево, особено во деновите кога се прославува Павловден, денот на патронот-заштитник на овој крај. На 13 јули во рамките на празникот се одржува и традиционалниот Етно саем – „Пехчевски Павловден“. Токму тука доаѓа до израз богатството и топлината на пехчевската куќа и домаќини, преку презентирање на секојдневниот труд и резултатите од него. Изобилство од домашни ракотворби од вредните раце на малешевската жена инспирирани од традицијата и поднебјето; традиционална храна која има единствен вкус и која не можете да ја одминете; земјоделски производи кои само чистата природа на овој планински крај може да ги создаде и, секако, веселба, песна и игра која е составен дел од секоја прослава. А веселба не бива без музика. Пехчевци затоа, со цел да ја промовираат традиционалната музика, го возобновија Фестивалот на дувачки оркестри. На Фестивалот земаат учество сите попознати оркестри од регионот.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО (С. ИСТИБАЊА - ОПШТИНА ВИНИЦА)


50

51

ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ

С

ОПШТИНА БЕРОВО

емејното огниште, домот и посветеноста кон него ја открива грижата и односот кон негувањето на културата на живеењето на овдешните богобојазливи луѓе. А нашиот човек од секогаш бил посветен кон верата и, едноставно, бил домаќин. Тоа секако е и главната карактеристика на малешевците. Велигден пак е христијански празник кој веројатно има најдолга традиција од сите останати православни чествувања кај нас. Берово по тој повод има една посебност. Изразувајќи почит кон страдањата на Исус, беровчани секоја година на Велигден организираат манифестација која претставува натпревар за избор на најцврсто јајце (качор), но и за најубаво украсено јајце како симбол на верата во единствениот бог. Културно-уметничката програма е неизоставен дел од манифестацијата, со презентација на дел од фолклорните традиционални ора и песни.

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Б

ОПШТИНА БЕРОВО

еровчани особена почит негуваат кон Богородица како нивен заштитник. По тој повод, а за сопствена промоција создадоа и манифестација која претставува интегрирана презентација на културното наследство на целиот регион. Обединувајќи повеќе сегменти од богатата традиција во три концертни денови во дневна и вечерна програма на „Етно плоштад фестивал“ настапувааат преку 200 учесници од повеќе земји. На фестивалот учествуваат врвни уметници од цел свет кои се претставаат со традиционална стилизирана фолклорна музика и танц, со што манифестацијата се вбројува во редот на најдобрите етно фестивали во регионот. Во состав на Фестивалот се одржува и Интернационалниот саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“, на кој своите изработки ги презентираат занаетчии од Македонија и од странство.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ


52

53

В

IN VINICA VERITAS ОПШТИНА ВИНИЦА

истината е сокриена во мудроста на народот. На нашиот човек низ вековите му недостасувала слобода, понекогаш и леб, ама мудроста, духовитоста отсекогаш била богатство кое го имал во изобиле. Духовното богатство и богатството на народната мудрост се забележува на секој чекор и кај секој човек покрај Брегалница. Дел од неа, пренесувана како наследство, пресоздадена во традиција ја бележиме во Виница каде со децении се организира „In Vinica Veritas“, Фестивал на хумор и сатира. Во име на традицијата секоја година во октомври Виница наликува на борилиште каде на мегдан излегуваат најострите пера, хумористи, сатиричари и карикатуристи од Балканот. Одмерувајќи си ги силите ги жигосуваат секојдневните прилики и неприлики во општеството, но и однесувањето на обичните луѓе токму онака како што народниот мудрец низ вековите го правел тоа на свој начин и во специфични услови.

ОПШТИНА ВИНИЦА

ознато е дека животот е постојан натпревар со нешто. Луѓето од овие краишта во својата лексика за натпревар употребуваат зборче трка. Кога ќе ти речат „ај да се тркаме“ значи да се надмудруваме кој колку и што може. Е токму тоа најизворно е содржано во манифестацијата „Тодорови трки“ која Виница традиционално си ја организира по повод празникот Тодорица. Некогашната традиција на народни собири кога за време на празниците сè било подредено на дружењето преку натпревар, надмудрување и веселба сè со цел да се олесни на душата и на телото, најизворно е содржана токму во оваа манифестацијата. Сè наликува на огромна арена: се натпреварува во трчање во вреќа, трчање со лажица и јајце во устата, скокање во далечина, влечење јаже, јавање на магаре, надмудрување до бесвест. Доколку сакате да се вратите на изворите на старото дружење и вистинските народни собири, повелете на Тодорица во Виница.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

П

ТОДОРОВИ ТРКИ


ТРАДИЦИЈА НА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ОРИЗ

54

55

Е

дна од спецификите карактеристични за рамничарскиот дел од течението на Брегалница е негувањето на посебен култ за одгледување на оризот како земјоделска култура која е значаен извор на егзистенција на населението. Затоа речиси во сите општини каде оризот е доминтен, во чест на оваа доходовна култура се организираат манифестации кои во својата основа ја имаат традицијата на одгледување на оваа култура.

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“

ознато е дека ако дојдеш во Кочани, а не бидеш понуден со пилаф, значи дека не си добредојден, ама тоа никому до сега му се нема случено. Едноставно, Кочани е препознатлив во светот по производството на ориз, но и по специјалитетите кои овде со векови се подготвуваат од него. Затоа кочанчани ги создадоа „Деновите на кочанскиот ориз“ како манифестација која го слави оризот како симбол на овој регион. И со право: со неа се негува материјалното и духовното културно наследство поврзано со оризот и неговиот пат од нива до трпеза како вековна земјоделска култура во Кочанско. Таа ги прикажува културните вредности, природните и туристичките капацитети на Кочани. Манифестацијата се одржува во последната седмица од септември, а содржи фолклорни концерти и дефилеа, изложба и дегустација на традиционални јадења од ориз на која се подготвуваат карактеристични и популарни јадења од кочански ориз.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

П

ОПШТИНА КОЧАНИ


56

57

„ЗАЖНЕЈУВАЊЕ НА ОРИЗОТ“

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

ногумина сметаат дека оризовите полиња се најубави кога се полнат со вода, оти наликуваат на мали езерца. Други пак мислат дека најубави се кога оризот почнува да класи, бидејќи тогаш наликувало на разбранувано море. Трети, оние кои се најбројни, а меѓу нив се земјоделците оризопроизводители, се убедени дека оризовите полиња се најубави пред жнеење, затоа што тогаш позлатуваат и го најавуваат крајот на сезоната. И навистина пред да стане „бело злато“ како што го нарекуваат во овој крај, златниот класт на оризот е причината што на 21 септември, на Мала Богородица, кога е општинскиот празник на Чешиново-Облешево, се организира манифестацијата „Зажнејување на оризот“. Тоа е величествена промоција на оваа култура, но и на трудот на производителот кој со генерации го одгледува и од него се прехрануват. Најимпресивен дел од манифестацијата е моментот на зажнејување на првиот сноп со претходно благословување на родот и престојната жетва по што следи ритуал изведен од жетвари облечени во народни носии, кои преку пеење на типични трудови песни посветени на жетвата традиционално со срп ги зажнејуваат првите кластови ориз. За миг сè наликува на времето кога на рака, со мака, но со песна оживуваа оризовите полиња. Денес оваа манифестација е вистинска атракција и повод да се доживее традицијата најизворно и мошне впечатливо.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

М

ОПШТИНА КОЧАНИ И ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО


58

59

ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ (ДАФ)

о редот на културни збиднувања кои на ниво на држава имаат создадено свое место, реноме и значење е секако Драмскиот аматерски фестивал. ДАФ традиционално веќе 36 години се одржува во Кочани негувајќи го аматерскиот и алтернативниот театар. Илјадниците претстави кои се изведени на овој фестивал го одразуваа најкреативното од оваа благородна уметност и тоа на аматерска основа, која освен програмата за возрасни, вклучува и театарски претстави за деца и млади. Ова ѝ дава посебен квалитет на манифестацијата бидејќи не само што мотивира создавање уметност за најмладите, туку создава и навика за следење на културни содржини кај најмладата популација. На овој фестивал учествуваат реномирани театарски групи од целата држава и од странство. Секако, убавината и големината на ДАФ, како државна манифестација поддржана и од Министерството за култура на Република Македонија, е што продолжува да трае со цел да го мотивира и стимулира творештвото на драмските аматери, а особено на младите.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

В

ОПШТИНА КОЧАНИ


60

ПАСТРМАЛИЈАДА

Д

61

ОПШТИНА ШТИП

олга е традицијата негувана со децении, а поврзана со некогашните маалски фурни во Штип каде за секој празник во зимскиот период се печеа највкусните пастрмалии. По старите штипски сокачиња крај некогашните маалски фурни сè уште се чувствува примамливиот мирис на специјалитетот од тесто и ситно сечено зачинето место, наречен пастрмалија. Иако фурните времето ги однесе во заборав, пастрмалиите остана со истиот вкус дури и уште попримамливи, само сега подготвувани во штипските ресторани.

ФЕСТИВАЛ НА МУЗИКА „МАКФЕСТ“

П

ОПШТИНА ШТИП

остои една мисла која остана запаметена и вели: „Ако не постоеше тогаш Макфест мораше да се измисли“. И, навистина Штип веќе 27 години го има Фестивалот на музика „Макфест“. Тој е чувар на музичката традиција на овој град и овој народ. Како најстара манифестација Фестивалот три децении ги афирмира македонскиот јазик, музиката и традицијата продуцирајќи над 800 нови композиции. Поголем дел од нив се веќе евергрини и антологиски хитови. Краен продукт и запис од Фестивалот се стотиците носачи на звук кои сведочат за квалитетот и популарноста на оваа манифестација која традиционално се одржува во првата половина на октомври. Ова е фестивал на кој настапувале најголемите балкански и европски ѕвезди и на кој се испеани најубавите песни напишани на македонски јазик.

Т РАДИЦИ ЈАТ А К АК О С ЕК ОЈДНЕВИЕ И ПР О МОЦИЈА

Традицијата на старите мајстори и неповторливиот вкус на пастрмалијата ја изроди и најмладата манифестација во Штип, „Пастрмалијада“. Најмасовна е и во својата идејна основа ја има промоцијата на препознатливиот специјалитет за Штип - пастрмалијата како бренд на кој се надоврзуваат и развојот на угостителството, туризмот и промоцијата на регионот воопшто. Во деновите дури трае „Пастрмалијадата“, а месец на нејзиното организирање е септември, Штип е центар на сите случувања на Балканот. Сладокусците на старата добра пастрмалија, но и добрата забава, во огромен број го преплавуваат градот во потрага по уште едно незаборавно доживување.


Центар за развој на Источен плански регион Општина Берово Општина Виница Општина Делчево Општина Зрновци Општина Карбинци Општина Кочани Општина Македонска Каменица Општина Пехчево Општина Пробиштип Општина Чешиново-Облешево Општина Штип

www.rdc.mk/eastregion www.berovo.gov.mk www.vinica.org www.delcevo.gov.mk www.zrnovci.gov.mk www.opstinakarbinci.gov.mk www.kocani.gov.mk www.makedonskakamenica.gov.mk www.pehcevo.gov.mk www.probistip.gov.mk www.cesinovo-oblesevo.gov.mk www.stip.gov.mk

Издавач: Центар за развој на Источен плански регион Координатор: Дарко Шумански Текст: Кирил Панајотов Лектор: Вангелија Цавкова Фотографија: Наце Попов Дизајн: Зоран Ефремов, Европа 92 - Кочани

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 930.85(497.73) 502.2(497.73) ПАНАЈТОВ, Кирил Брегалнички регион / [текст Кирил Панајотов ; фотографија Наце Попов]. - Штип : Центар за развој на Источен плански регион, 2012. - 64 стр. : илустр. ; 22 см ISBN 978-608-65253-3-0 а) Брегалнички регион - Културно наследство б) Брегалнички регион Природно наследство COBISS.MK-ID 92092682


ИСТОЧЕН

РЕГИОН ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н T: +389 32 386 408 E: eastregion@rdc.mk www.rdc.mk/eastregion

Поддржано од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија во име на Германското Федерално Министерство за Економска Соработка и Развој (BMZ)


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.