ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
„Проект за подобрување на болничката средина на ЈЗУ Клиничката болница Штип преку набавка на амбулантни возила“ Центарот за развој на Источен плански регион како имплементатор на „Проект за подобрување на болничката средина на ЈЗУ Клиничката болница Штип преку набавка на амбулантни возила“, од грант на Јапонска амбасада обезбеди две амбулантни возила за ЈЗУ Клиничка болница Штип. Набавката на двете амбулантни возила FIAT NEW DOBLO 1.3 Multijet Amb. ќе овозможи обнова на возниот парк на клиниката со соодветни медицински опремени возила. Со тоа целиот процес на транспорт и нега кај пациентот ќе биде на повисоко ниво. Со помош на новите возила ќе се зголеми безбедноста и удобноста на пациентите од Источниот плански регион, особено при транспортот на клиниките во Скопје, но и на специјализираните клиники во Охрид, Битола и Прилеп. ЈЗУ Клиничката болница Штип пружа медицинска нега на жителите од Источниот регион и на дел од жителите кои живеат во Вардарскиот регион. Вкупниот број на потенцијални пациенти изнесува околу 250.000. Транспортот на пациентите во постоечките возила го зголемува ризикот од влошување на нивната состојба, а недостатокот на соодветно греење и ладење во возилата дополнително влијае врз можните компликации за здравјето на пациентот чија состојба е веќе загрозена од здравствени причини. Возилата често се расипуваат на пат, со што транспортот на пациентот се оддолжува дури и до десетина часа по правец. Ризикот од несреќи, повреда и смрт е зголемен пред сè за пациентите, но и за медицинскиот тим кој го придружува пациентот при транспортот во друга клиника. Немањето на соодветна медицинска опрема го усложнува процесот за следење на здравствената состојба на пациентот од страна на медицинскиот тим и пружање итна помош на пат. За таа цел на 09.03.2018 год. во хотел Холидеј Ин со амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда се потпишаа договорите за набавката на возилата кои се очекува да бидат донирани на ЈЗУ Клиничка болница Штип во средината на месец Мај 2018 год. Со оваа активност уште еднаш се покажува дека Центарот за развој на Источен плански регион, покрај соработката со општините во регионот работи и со останати чинители во регионот, при што се допринесува за поголем степен за реализација на Програмата за развој на Источен плански регион.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ Јавен повик за финансирање проекти за социјално претприемништво „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”
Елиминацијата на апсолутната сиромаштија е еден од главните приоритети на ООН. Првата цел на Милениумската кампања на ООН е искоренување на екстремната сиромаштија и гладта во светот до 2030 година. Владата на Република Македонија ги поддржува овие цели. Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ве покануваат да учествувате на Повикот за финасирање на проекти за социјално претприемништво „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”. Основна цел Основна цел на повикот е да се поттикне развој и примена на иновативни решенија во различни сегменти од општеството за подобрување на квалитетот на живеење. Непосредна цел Развој и примена на системско и одржливо решение за обезбедување на храна за лица (семејства) со реална потреба од поддршка од заедницата и институциите. Притоа, ќе се придонесе и кон зајакнување на социјалната кохезија, како и генерирање на општествена вредност, при што заедницата ќе има конкретна полза од претприемачките активности. Какви проекти бараме? Иновативно решение (пр. платформа) за мобилизирање на храна од пазарните вишоци, ефикасна дистрибуција, администрирање на мрежата (инфраструктура) и учесници, достава до точки каде пристапуваат семејства со потреба за ваква помош. Решението треба да опфати и модел на взаемна интеракција на сите субјекти/учесници во системот.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Кој може да учествува? На повикот може да учествуваат правни лица: сите микро, мали и средни претпријатија, граѓански организации и кои се социјално одговорни и/или имаат за цел својата дејност да ја прошират кон социјалното претприемништво. Учесникот на повикот треба да ги исполнува следните услови : Да е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија согласно Законот за трговските друштва или Законот за здруженија и фондации. Да е микро, мало или средно претпријатие согласно класификацијата во Законот за трговските друштва; Да е со мнозинска македонска сопственост (со 50,1% или повеќе) Да не е претпријатие во потешкотии и навремено да ги сервисира своите обврски кон добавувачите/партнерите. Начин на пријавување За да се пријави на #ОброкЗаСите, натпреварувачот на повикот треба да: Се регистрира на следниот линк fitr.mk/obrokzasite и да ги поднесе пополнети, потпишани и печатирани обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот и Изјава дека се согласува со условите на Фондот; Поднесе најмногу 5 биографии на клучните луѓе на проектниот тим; Поднесе Тековна состојба од Централниот регистар не постара од 6 месеци. Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната e-мaил адреса: obrokzasite@fitr.mk. Рок на пријавување Пријавувањето на повикот #ОброкЗаСите е до 21.05.2018 година, до 23:59 часот. За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог-проекти кои се пополнети во обрасците определени за #ОброкЗаСите од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.fitr.mk/obrokzasite/
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Одлука за давање согласност на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година. Службен весник на Република Македонија, Број 40, од 5 март 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Програма за изменување на Програмата за управување со водите за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 40, од 5 март 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Решение за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија Службен весник на Република Македонија, Број 40, од 5 март 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за дополнување на Правилникот за премер на недвижности. Службен весник на Република Македонија, Број 41, од 6 март 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала. Службен весник на Република Македонија, Број 45, од 13 март 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Објава за движењето на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец февруари 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 45, од 13 март 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за издавање кована пара за колекционерски цели. Службен весник на Република Македонија, Број 46, од 14 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели. Службен весник на Република Македонија, Број 46, од 14 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 48, од 19 март 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Национална стратегија за заштита на природата (2017-2027). Службен весник на Република Македонија, Број 50, од 21 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 21 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за определување на вредност на поенот за пресметување на годишниот надоместок за 2018 година Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 21 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за постапката за именување и разрешување на членовите на Комисијата за заштита и благосостојба на животните, содржината на Деловникот за работа на Комисијата и висината на надоместокот за работата на Комисијата. Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 21 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување на Законот за заштита од пушењето. Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 21 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита. Службен весник на Република Македонија, Број 51, од 21 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Програма за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 53, од 23 март 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Одлука за давање на согласност на Одлуката за висина на надоместок за извршени услуги од јавните овластувања на Занаетчиската комора на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 54, од 26 март 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Упатство за изменување на Упатството за начинот на изготвување на програмата за градби кои не се предвидени со урбанистички план односно урбанистичко планска документација. Службен весник на Република Македонија, Број 55, од 27 март 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Годишна програма за изменување на Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 56, од 28 март 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.10 Март 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Април Рок до 10-ти во месецот
до 25-ти Април
Образец
МПИН
ДДВ-04
Даночен обврзник
Опис
Поднесете месечна пресметка за интегрирана Работодавaчи наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/4
WWW.INVESTINEASTREGION.MK