ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Одржана Петта седница на Совет за развој на Источен плански регион На ден 25.04.2018 година се одржа Петтата Седница на Советот за развој на Источен плански регион во Општина Пробиштип. На Седницата беше донесена одлука за давање согласност за отпочнување на процедура за прогласување на заштитени подрачја Осоговски Планини и Ченгино Кале во Источниот плански регион. На донесувањето на оваа одлука претходеше кратка презентација од страна на претставници од Македонското еколошко друштво, кои ги потенцираа најважните придобивки на ваквите подрачјата, како и за чекорите кои што следат понатаму во процесот на прогласување на заштитено подрачје. Советот на Источниот плански регион даде целосна поддршка на Центарот да аплицира за проекти преку Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, на која ќе се разработуваат проекти од областа на туризмот со партнерите од Општина Белица и Општина Гоце Делчев. На Седницата се дискутираше и за обврските што ги имаат општините кон Центарот за развој на Источен плански регион по основ на веке завршените проекти и за динамиката на нивно плаќање имајки ја во предвид неликвидноста на дел од општините. На седницата беа присутни претставници од Македонското еколошко друштво, Националниот координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, како и претставници од Инпума.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
Јавен повик за финансирање на проект „Предизвик за изработка на информациски систем на управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај“ Какви решенија бараме Предлог проектите треба да понудат системско решение за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај согласно техничката спецификација дадена во прилог на овој повик. Предлог проектот треба да прикаже иновативно решение за имплементација на софтверското решение во насока: кориснички интерфејс, практичност во користењето, безбедност, механизми за заштита од злоупотреба. Исто така натпреварувачите можат да предложат различна имплементација на дел од техничката спецификација, со цел подобра организација на техничкото решение. Времетраењето на проектот не треба да надминува 9 (девет) месеци Предложените проекти треба да резултираат со софтверско решение кое на иновативен начин ќе ги инкорпорира сите горенаведени функционалност цо цел обезбедување на ефективна и ефикасни јавни услуги. Буџет на проектот Максималниот буџет на предлог проектот може да изнесува 5.000.000,00 (пет милиони денари, износ кој целосно ќе биде покриен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Доколу нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно Правилата за натпревари и предизвици, Фондот го задржува правото да не додели награда. Кој може да аплицира? Предизвикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија активни во областа на информациските технологии кои сакаат да понудат иновативно решение сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност, претпријатие и/или здружение. Натпреварувачот треба да биде правен субјект кој ги исполнува следните услови: Да е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија согласно Законот за трговските друштва;
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Да е микро, мало или средно претпријатие, согласно класификацијата во Законот за трговските друштва; Да е во доминантна сопственост на македонски државјани; Да не е капитално поврзан (согласно со Законот за трговските друштва) со друго претпријатие каде што збирните годишни приходи на двете претпријатија надминуваат 10.000.000,00 (десет милиони) евра во претходните две години, освен во случај на капитална поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа; да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двесте илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis); да нема аклумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis); Да не е претпријатие во потешкотии. Начин на пријавување За да се пријави на предизвикот секој натпреварувач треба да: Се регистрира на следниот линк fitr.mk/pristapp и да ги поднесе пополнети, потпишани и печатирани обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава дека се согласува со условите на Фондот. Поднесе најмногу 5 биографии на клучните луѓе на проектниот тим Поднесе Тековна состојба од Централниот регистар не постара од 6 месеци Поднесе Биланс на успех за претходната година. Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и потпишани и печатирани (во PDF формат) да се испратат на следната e-мaил адреса: pristapp@fitr.mk Рок на пријавување Пријавувањето на предизвикот трае заклучно со 20.05.2018 година, до 23:59 часот. За разгледување ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти кои се пополнети во обрасците определени за овој предизвик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.fitr.mk/pristapp/#toggle-id-5
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Одлука за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 59, од 2 aприл 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за влегување во сила на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 59, од 2 aприл 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 59, од 2 aприл 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Одлука од Здружение за заштита на авторски музички права - ЗАМП. Службен весник на Република Македонија, Број 59, од 2 aприл 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на интерресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите. Службен весник на Република Македонија, Број 60, од 3 aприл 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за изменување на Правилникот за начинот на водењето, формата и содржината на педагошката евиденција и документација во средните училишта. Службен весник на Република Македонија, Број 61, од 4 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 62, од 5 aприл 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Закон за пријавување и евиденција на обврски. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување на Законот за заштита на личните податоци. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството. Службен весник на Република Македонија, Број 64, од 11 aприл 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)
Одлука за издавање на времена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 65, од 12 aприл 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за начинот на издавање на изводи од матичната евиденција со електронски потпис. Службен весник на Република Македонија, Број 66, од 13 aприл 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Годишна програма за дополнување на Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистич ки планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко– проектни документации за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 73, од 23 aприл 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.11 Април 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ МАЈ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Maj Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Мај
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Образец
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/5
WWW.INVESTINEASTREGION.MK