ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Завршна прес конференција на Проектот „ЗЕЛЕНИ ЗГРАДИ ЗА ЗАЕДНИЧКА ЗЕЛЕНА ИДНИНА - ГРЕЕН“ На 29 јуни 2018 година (петок), Центарот за развој на Источен плански регион и Обласната Админинстрација Благоевград оддржаа завршна прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка БугаријаМакедонија 2014-2020.
Центарoт за развој на Источен плански регион, како водечки партнер во Проектот ГРЕЕН на завршната прес конференција ги промовираа резултатите постигнати во рамки на проектот ГРЕЕН пред предствници од општините во состав на двата региони, медиумите и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион. Вкупниот буџет на проектот е 408.680,66 ЕУР. Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Администрација Благоевград.
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно-технолошки акцелератори
Врз основа на член 25 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Фондот за иновации и технолошки развој на 29.05.2018 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно-технолошки акцелератори. Oпис на Инструментот за поддршка Целта на овој Инструмент е да обезбеди финансиска поддршка за воспоставување, работење и инвестирање на деловно-технолошките акцелератори во согласност со одредбите на Законот за иновациска дејност. Се очекува дека деловно-технолошките акцелератори (во натамошниот текст: „акцелератори“) ќе ја играат клучната улога во националниот систем за иновации преку обезбедување на ресурси кои ќе придонесат за забрзан и одржлив раст и развој на новооснованите старт-ап претпријатија. Поддршката, преку овој Инструмент, ќе биде доделена за воспоставување (опционално) и работење на акцелератор, имплементацијата на пред-инвестициона програма и инвестиции. Акцелераторите ќе обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, кои вклучуваат: канцелариски простор (опционално) и административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции. Новооснованите старт-ап претпријатија кои ги користат услугите на акцелераторот стекнуваат статусот на корисници на деловно-технолошкиот акцелератор (во натамошниот текст: „корисници на акцелераторот“). Преку овој Инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 75% (седумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проектот, за максимален износ од 500.000,00 (петстотини илјади) евра за оперативни трошоци (повеќето во фаза 1, а дел во фази 2 и 3) и инвестиции (во фази 2 и 3). Преостанатиот износ на вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од апликантот(ите).
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Критериуми за подобност на апликант Субјекти кои се подобни за финансирање според овој Инструмент се правни лица кои обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како што се: канцелариски простор (опционо) и административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за деловна поддршка, како и финансиски инвестиции (во натамошниот текст: „акцелераторски услуги“). Подобни активности за финансирање Финансиската поддршка се обезбедува за следните видови на активности: Управување со акцелератори; Административна и техничка поддршка на работата на акцелераторот; Обезбедување канцелариска и административна поддршка на корисниците на акцелераторот; Менторство, обука и советување на корисниците на акцелераторот; Подготовка и спроведување на настани (демо денови, пристап до пазарот, воспоставување на мрежи, пристап до финансии итн.); Почетни инвестиции; Натамошни инвестиции; и Други активности поврзани со обезбедување деловна поддршка на корисниците на акцелераторот. Времетраење на проектот Времетраењето на проектот за кој се доделени средства преку овој Инструмент може да биде до 36 (триесет и шест) месеци, за воспоставување и работење кумулативно. Во случај на новооснован акцелератор, периодот на воспоставување на акцелераторот може да се продолжи до 6 (шест) месеци. Се поттикнуваат пократки периоди на воспоставување. Поради оправдани околности, Фондот може да одобри продолжување на периодот за спроведување на проектот до 12 (дванаесет) месеци. За повеќе информации, можете да го погледнете Правилникот за Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловнотехнолошки акцелератори. Вкупен буџет За финансирање проекти под овој инструмент обезбеден е вкупен износ од 1.700.000 (еден милион и седумстотини илјади) евра, односно 104.550.000 (сто и четири милиони и петстотини и педесет илјади) денари. Средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на апликантот.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Начин на аплицирање За да аплицира апликантот треба да:
се регистрира на следниот линк: fitr.mk/akcelerator да ги поднесе пополнети, потпишани и печатирани обрасците за Проектна апликација, Буџет на проектот, Изјава на апликантот за прифаќање на условите на Фондот и Изјава за животна средина; поднесе биографии од менаџерите на Акцелераторот, биографии од оперативниот тим на Акцелераторот, листа на експерти/ментори вклучени во работата на Акцелераторот; поднесе извод од Тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија (не постар од 6 (шест) месеци; доколку е применливо, биланс на успех поднесен во Централен регистар на Република Македонија за претходните две години, освен за јавни институции и новоосновани претпријатија кои се регистрирани во истата година кога е поднесен предлог проектот. Во случај предлог проектот да содржи стратешко партнерство, апликантот треба да достави договор за соработка со регулирани права и обврски со организации/физички лица со меѓународно искуство во воспоставување и управување на деловно-технолошки акцелератор. Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната e-мaил адреса: akcelerator@fitr.mk Проектната апликација, Буџетот на проектот и биографиите на главните лица ангажирани на проектот се пополнуваат и доставуваат и на англиски јазик.
Рок за аплицирање Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 27.07.2018 година, до 23:59 часот. За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти кои се пополнети во обрасците определени за јавниот повик од страна на Фондот, доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 102, од 1 јуни 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 102, од 1 јуни 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Одлука за давање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосреднан спогодба. Службен весник на Република Македонија, Број 102, од 1 јуни 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Правилник за водење евиденции за високото образование. Службен весник на Република Македонија, Број 102, од (www.slvesnik.com.mk)
1
јуни
2018,
петок
Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби во 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 103, од 4 јуни 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели. Службен весник на Република Македонија, Број 105, од 6 јуни (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
2018,
среда
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Програма за изменување и дополнување на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери во Република Македонија за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 106, од 7 јуни 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Решение за продолжување на важноста на Решението за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 108, од 11 јуни 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за изменување на Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и Кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација. Службен весник на Република Македонија, Број 109, од 12 јуни 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за начинот и постапката за спроведување на внатрешната контрола во Агенцијата за храна и ветеринарство. Службен весник на Република Македонија, Број 109, од 12 јуни 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Службен весник на Република Македонија, Број 114, од 21 јуни 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.13 Јуни 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ ЈУЛИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот. Обрасци кои се поднесуваат во месец Јули Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Јули
Образец
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/7
WWW.INVESTINEASTREGION.MK