ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ Одржана Шеста седница на Совет за развој на Источен плански регион
На ден 20.07.2018 година се одржа Шестата Седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Берово. На седницата беа присутни министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, претставничката на УНДП во Македонија г-ѓа Луиза Винтон, како и претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Стопанската комора на Македонија. На Седницата беше дадена согласност за воспоставување на Меѓурегионален технолошки парк во Источен и Вардарски плански регион. На донесувањето на оваа согласност претходеше кратка презентација од страна на претставник од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој ги потенцираше најважните општествени придобивки од ваквите паркови, ги претстави можните сценарија за обликот на функционитање на идниот парк, како и чекорите кои што следат понатаму во процесот на неговото воспоставување. Советот на Источниот плански регион избра приоритетен проект со кој Центарот ќе аплицира на грантовата мрежа за поддршка на Центрите за развој на планските региони финансирана од УНДП, а која е наменета за подобрување на општинското владеење. На Седницата беше претставена и Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и руралниот развој, односно беа презентирани проектите кои што беа поднесени за финансирање од страна на Центарот, на предлог на општините. Градоначалниците дискутираа и околу Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, при што низ консултативен пристап ги избраа и предлог проектите кои што ќе бидат поднесени за финансирање.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК За кофинансирање на проекти на занаетчиски комори и фондации и здруженија на граѓани за развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија Предмет на јавниот повик е кофинансирање на проекти на занаетчиски комори и фондации и здруженија на граѓани кои се однесуваат на развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија. Финансиската поддршка се однесува за следните видови на проекти: -организирање на обуки, -организирање на форуми, -консултациски услуги и -промотивни активности (организирање на саеми и манифестации). Согласно Програмата за конкурентност, иноваии и претприемништво за 2018 година дел II област А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 1.2.-Кофинансирање на проекти на занаетчиските комори и еснафите за развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/2018) предвидени се средства во вкупен износ од 1.210.000 денари. Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект изнесува 150.000,00 денари. Право на учество на јавниот повик имаат занаетчиските комори регистрирани согласно Законот за занаетчиство („Службен весник на Република Македонија“ бр.215/2015), активни фондации и здруженија на граѓани формирани со цел развој, поддршка и промоција на занаетчиството регистрирани според Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016). Начин на доставување на барањата Наведената документација во јавниот повик целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страна ја потврдува подносителот на барањата со своерачен потпис и печат. Рок и период за реализација на проектите Барањата за кофинансирање на проекти со коплетната документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, заклучно со 15.08.2018 година. Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://economy.gov.mk/Upload/Documents/Јавен%20Повик%20за%20кофинансирање%20на%20прое кти%20за%20развој%20и%20промоција%20на%20занаетчиството%20во%20Република%20Македониј а.pdf
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА Правилник за условите за одобрување на ветеринарна амбуланта, ветеринарна клиника, ветеринарна болница и ветеринарна служба на одгледувалиште. Службен весник на Република Македонија, Број 124, од 5 јули 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Решение за продолжување на важноста на Решението за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 124, од 5 јули 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Решение за продолжување на важноста на Решението за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 124, од 5 јули 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Договор за воспоставување меѓуопштинска соработка. Службен весник на Република Македонија, Број 125, од 6 јули 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Правилник за содржината на програмата за стопанисување со шуми. Службен весник на Република Македонија, Број 126, од 9 јули 2018, пoнеделник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за времетраењето на прегледите во специјалистичко-консултативните амбуланти и на давањето на специјалистичко-консултативните услуги со користење на медицинска опрема во здравствените установи во мрежата на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита. Службен весник на Република Македонија, Број 126, од 9 јули 2018, пoнеделник (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА Решение за ставање во примена на базата на податоци од дигиталните катастарски планови. Службен весник на Република Македонија, Број 126, од 9 јули 2018, пoнеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 126, од 9 јули 2018, пoнеделник (www.slvesnik.com.mk) Објава за висина на минималната плата во бруто износ во Република Македонија за јули 2018 година, заклучно од исплатата на платата за март 2019 година. Службен весник на Република Македонија, Број 126, од 9 јули 2018, пoнеделник (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 127, од 10 јули 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Објава за движењето на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец јуни 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 127, од 10 јули 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Објава за движењето на индексот на трошоците на животот во Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 127, од 10 јули 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Упатство за начинот на постапување на министерствата и другите органи на државната управа во процесот на подготвување на стратешкиот план и годишниот план за работа. Службен весник на Република Македонија, Број 131, од 17 јули 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 135, од 25 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 135, од 25 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење на матичната евиденција во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 135, од 25 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (*). Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 30 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 30 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување на Законот за безбедност на производите. Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 30 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување на Законот за заштита на потрошувачите. Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 30 јули 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.14 Јули 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ АВГУСТ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Август Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Август
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Образец
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/8
WWW.INVESTINEASTREGION.MK