E-BILTEN FINAL BR.15- AVGUST

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.15 Август 2018

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Работилница на тема: „Стратешки партнерства за домашните компании на глобалните пазари“ На ден 29.08.2018 година (среда) Центарот за развој на Источен плански регион присуствуваше на работилница на тема: „Стратешки партнерства за домашните компании на глобалните пазари “, која се одржa во новите простории на Фoндот за иновации и технолошки развој во Скопје. Работилницата беше фокусирана на претприемничките искуства и можните партнерства на македонските компании за глобалните пазари, како и нивно еквити финансирање што ја водеше Дејвид Батсон инвеститор, успешен претприемач и основач на „Not for Sale“, „Z Shoes“, „Rebbl“, „Dignita“ и други успешни компании, а воедно е и редовен професор на на катедрата за претприемништво и иновации на Универзитетот „Сан Франциско“. Дејвид Батсон има работено како приватен банкар во областа на управување со еквити инвестиции во технолошката индустрија. Тој е наградуван автор кој е публикуван во академски и популарни списанија и ревии. Во неговите пет книги зборува за моменталната состојба на претприемништвото кое стои на крстопат помеѓу бизнисот и опшштеството. Тој е опишан како од „еден од водечките авторитети во Америка во поглед на етиката во бизнис светот“ (USA (Today) Weekend). Теми на работилницата беа: -предавање на Дејвид Батсон – „Градење партнерства и можности за финансирање“ -предавање на Дејвид Батсон – „Претприемничко управување на глобалните пазари“.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата. Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 5 - Финансиска поддршка за сертифицирање на ХАЛАЛ систем („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/2018 и 130/2018) предвидени се средства во вкупен износ од 2.200.000 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите активни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови: -

Работење во траење од најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговскиот регистар); Имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија; Намирени обврски кон државата и вработените.

Доколку претпријатието кое аплицира за субвенционирање на трошоци по основ на оваа мерка престане со вршење на дејност пред истекот на 1 година од датумот на добивање на средствата (освен во случај на смрт или трајна неспособност), во тој случај основачот на фирмата има обврска да врати 80% од доделените финансиски средства по основ на предвидените намени во период од 12 месеци. По истекот на 1 година од датумот на добивање на средствата Министерството за економија преку Централниот Регистар на Република Македонија ќе провери дали претпријатието кое било субвенционирано во 2018 година е сеуште активно. Доколку се утврди дека претпријатијето престанало со вршење на дејност Министерството за економија ќе поведе постапка за враќање на средствата.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

Горенаведената документација се доставува во оригинал или копии. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат. Еден апликант може да користи субвенции само еднаш по овој Јавен повик. По исцрпувањето на расположивите средства Министерството за економија ќе објави Известување на www.economy.gov.mk и на www.konkurentnost.mk. Kраен рок за доставување на барањата со комплетна документација е 01.10.2018 година. Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://economy.gov.mk/doc/2442

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА  Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 150, од 14 aвгуст 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Програма за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделтвото за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 150, од 14 aвгуст 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk)  Правилник за начинот на обезбедување на финансиска поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата. Службен весник на Република Македонија, Број 153, од 17 aвгуст 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување на Програмата за изградба, опремување и одджување на објекти за детска заштита за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 154, од 20 aвгуст 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

3

ЛЕГИСЛАТИВА

 Решение за ставање во примена на базата на податоци од дигиталните катастарски планови. Службен весник на Република Македонија, Број 155, од 22 aвгуст 2018, среда (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и / или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад. Службен весник на Република Македонија, Број 157, од 24 aвгуст 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Одлука за давање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредба спогодба. Службен весник на Република Македонија, Број 157, од 24 aвгуст 2018, петок (www.slvesnik.com.mk)  Програма за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 158, од 27 aвгуст 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.15 Aвгуст 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Септември Рок

до 10-ти во месецот

до 25-ти Септември

Образец

Даночен обврзник

Опис

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/9

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.