ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Одржана работилница „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје“ На 13 септември 2018 година во Туристичкиот инфо центар „Пониква“ се одржа работилница на тема „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје“. Работилницата беше реализирана во соработка со Македонското еколошко друштво, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија поддржана од Швајцарската Конфедерација. Оваа работилница е дел од процесот за воспоставување на нови заштитени подрачја во брегалничкиот регион, кој се води со примена на партиципативен пристап. Целта беше информирање на засегнатите страни на локално ниво за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и креирање на заедничка визија на локалното население за Осоговскиот регион. Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Кочани и Претседател на Советот за развој на Источен плански регион г-дин Николчо Илијев, чие присуство на работилницата ја потврди поддршката за прогласување на Осогово за заштитено подрачје на градоначалниците од целиот регион. На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, ЈП Македонски шуми, претставници од засегнатите локалните самоуправи и претставници од здруженија на граѓани од општините Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ Ј А В Е Н П О В И К бр . 0 5 / 2 0 1 8 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година
ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки: Код на мерката: Meрка 112; Назив на мерката: Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност; Максимална вредност на прифатлици трошоци: до 600.000,00 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник. КОРИСНИЦИ Право на користење на средства имаат следните субјекти: Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати. Поддршката е условена со задолжително исполнување на предвидените активности од Деловниот план за мерка 112. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА Барањата се поднесуваат baranje.ipardpa.gov.mk
електронски
по
извршена
регистрација
на
e-
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Крајниот рок за доставување на барањата е 19.10.2018 година. Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://mzsv.gov.mk/CMS/Upload/docs/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0 %BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%2019092018.pdf
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Закон за изменување и дополнува-ње на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор; Службен весник на Република Македонија, Број 164, од 5 септмври 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; Службен весник на Република Македонија, Број 164, од 5 септмври 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Одлука за давање согласност на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење; Службен весник на Република Македонија, Број 164, од 5 септмври 2018, среда (www.slvesnik.com.mk) Закон за дополнување на Законот за градење; Службен весник на Република Македонија, Број 168, од 11 септмври (www.slvesnik.com.mk)
2018, вторник
Годишна програма за националната инфраструктура на просторните податоци за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 170, од 13 септмври 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување на Програмата за развој на туризмот за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 170, од 13 септмври 2018, четврток (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Правила за снабдување со елек-трична енергија; Службен весник на Република Македонија, Број 172, од 14 септмври (www.slvesnik.com.mk)
2018, петок
Програма за изменување на Прог-рамата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година; Службен весник на Република Македонија, Број 172, од 14 септмври 2018, петок (www.slvesnik.com.mk) Правилник за формата и содржината на образецот на барањето и потребната документација за основање на приватна агенција за вработување; Службен весник на Република Македонија, Број 173, од 17 септмври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на приватни агенции за вработување; Службен весник на Република Македонија, Број 173, од 17 септмври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.16 Септември 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ OKТОМВРИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Октомври Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Октомври
Даночен обврзник
Опис
МПИН
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
ДДВ-04
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Образец
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/10
WWW.INVESTINEASTREGION.MK