ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Информативен настан за објавен ЈАВЕН ПОВИК БР. ВТОР МСИП 02/2018, за доставување на барања за користење на средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги Министерството за финансии заедно со Центарот за развој на Источен плански регион на ден 08-ми Октомври, 2018 година (понеделник) во општина Штип организираа Информативен настан за објавениот Јавен повик бр. втор МСИП 02/2018, за доставување на барања за користење на средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги. Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка во форма на под-заеми на единиците на локалната самоуправа наменета за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура со цел да се подобри транспарентноста, финансиската одржливост и реализацијата на таргетираните општински услуги во општинитеучеснички. Средства наменети за оваа цел во рамките на Компонента А „Општински инвестиции“ се во износ од 8 милиони евра. Во рамки на оваа финансиска поддршка предвидено е доделување на под-заеми за општините наменети за финансирање на инвестиции во областа на водовод и канализација, патна инфраструктура (вклучувајќи изградба и рехабилитација) и други инвестиции кои имаат потенцијал за генерирање приходи, односно остварување заштеди во комуналните услуги или во други области кои се од висок приоритет за општините– учеснички. Видовите на инвестиции вклучуваат водоснабдување, канализација вклучувајќи мали пречистителни станици, управување со цврст отпад, подобрување на енергетската ефикасност на општински објекти, локални патишта, пазари, улично осветлување, атмосферска канализација и рехабилитација и ограничена изградба на училишта, градинки и други установи за ран детски развој. Договорот за заем за Вториот проект за подобрување на општинските услуги (ИБРД – 8156 МК) е финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, Министерството за финансии. Образецот – Барање за користење на средства и Проектното фише, заедно со Упатството за користење на Вториот МСИП заем, вклучувајќи го Оперативниот прирачник на проектот може да се подигне од веб страната на Министерството за финансии, односно на линкот - https://www.finance.gov.mk/mk/view/announcements
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ Врз основа на член 25 од Закон за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Правилникот за управување на инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Правилникот за ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“, Фондот за иновации и технолошки развој на 22.10.2018 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Опис на инструментот за поддршка Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија. Дополнително се очекува со овој инструмент да се поттикне културата на преземање на ризик и иновација, и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на „потврден концепт“ (proof of concept) до предкомерцијална (предпазарна) фаза и со реален план за комерцијализација. Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со солидно очекување за комерцијализација.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
Целта е поттикнување на иновативноста кај компаниите, имплементирање на иновативни решенија и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст, како и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односно комерцијални активности преку формирање на спин-оф претпријатија. Со јавниот повик е предвидено ко-финансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатите 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот (средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за ко-финансирање од страна на апликантот). Подобни активности за финансирање Активности за истражување и развој Развој на пилот линии Активности за тестирање Услуги поврзани во интелектуална сопственост Дизајн Времетраењето на проектот Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 12 (дванаесет) месеци. За повеќе информации, можете да го погледнете Правилникот за инструментот за поддршка на новоосновани трговски друштва „старт ап“ и „спин оф“. Награден фонд За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен износ од 1.000.000 (еден милион) евра, односно 61.500.000 (шеесет и еден милион и петстотини илјади) денари. Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.12.2018 година, до 23:59 часот. Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк: http://www.fitr.mk/startapuvaj/#toggle-id-1
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
3
ЛЕГИСЛАТИВА
Правилник за начинот на внесување, пријавување, исправка и бришење на податоците од регистарот на вистински сопственици, начинот на користење, начинот на изразување на висината на уделот (индикатор за утврдување на сопственоста), начин на одржување и администрирање, техничките барања (потреби) за воспоставување на регистарот на вистински сопственици; Службен весник на Република Македонија, Број 186, од 8 октомври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за издавање на привремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија; Службен весник на Република Македонија, Број 186, од 8 октомври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) План за распределба на меѓународните транспортни дозволи за 2019 година; Службен весник на Република Македонија, Број 187, од 9 октомври 2018, вторник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата; Службен весник на Република Македонија, Број 189, од 15 октомври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас; Службен весник на Република Македонија, Број 189, од 15 октомври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица; Службен весник на Република Македонија, Број 189, од 15 октомври 2018, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.17 Октомври 2018 ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВАAТ ВО МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2018 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Ноември Рок
до 10-ти во месецот
до 25-ти Ноември
Образец
МПИН
ДДВ-04
Даночен обврзник
Опис
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/11
WWW.INVESTINEASTREGION.MK